the ohrid academy of humanism aleksandr … · стремежи на човекот за...

36
THE OHRID ACADEMY OF HUMANISM ALEKSANDR SOLZHENITSYN, RUSSIA ОХРИДСКА АКАДЕМИЈА НА ХУМАНИЗМОТ АЛЕКСАНДАР СОЛЖЕНИЦИН, РУСИЈА WORLD AWARD FOR HUMANISM, 2009 СВЕТСКА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ, 2009

Upload: others

Post on 26-Dec-2019

36 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

THE OHRID ACADEMY OF HUMANISM

ALEKSANDR SOLZHENITSYN, RUSSIA

ОХРИДСКА АКАДЕМИЈА НА ХУМАНИЗМОТ

АЛЕКСАНДАР СОЛЖЕНИЦИН, РУСИЈА

WORLD AWARD FOR HUMANISM, 2009

СВЕТСКА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ, 2009

THE OHRID ACADEMY

OF HUMANISM

ALEKSANDR SOLZHENITSYN

RUSSIA

Winner of world price of humanism

2009

OHRID - MOSCOW, 2009

ОХРИДСКА АКАДЕМИЈА

НА ХУМАНИЗМОТ

АЛЕКСАНДАР СОЛЖЕНИЦИНРУСИЈА

Добитник на светската награда за хуманизам2009

ОХРИД - МОСКВА, 2009

ПРЕДИСЛОВИЕ

Согласно Статутот и Кодексот на Охридската Академијана хуманизмот, во почетокот на април 2008 година, Сове-тот на Академијата во полн состав, под раководство нанејзиниот претседател, амбасадорот Јордан Плевнеш, до-несе едногласна Одлука, Светската награда за хуманизамза 2009 година, да му ја додели на големиот руски писател,докажан лидер на Православието и непомирлив борец зачовековите права, добитник на Нобеловата награда закнижевност во 1970 година, академик, Александар Исае-вич Солженицин.

За ваквото решение на Академијата, покрај македонскатајавност, веднаш беше известен и вонредниот и ополно-моштен амбасадор на Руската Федерација во РепубликаМакедонија, неговата екселенција, господинот ВладимирДмитриевич Солотински, со молба по дипломатски патодлуката да му биде пренесена лично на господинот Со-лженицин.

За решението на Охридската Академија, преку Мини-стерството за култура на Република Македонија, беше ин-формирана и Македонската амбасада во Москва, чиј штопретставник, тогашниот амбасадор Златко Лечевски, сопосредство на Министерството за култура на Руската Фе-дерација, оствари контакти со Фондацијата-Солженицинво Москва, по што беше добиена и личната согласност нагосподинот Солженицин за прифаќање на наградата.

По ова, Охридската Академија изготви соодветна Програ -ма за активности за одбележување на животот и делотона познатиот писател во Охрид и Македонија, со евенту-ална можност лауреатот да допатува во нашата земја во

4

јануари 2009 година и лично да ја прими наградата, којатрадиционо се доделува на православниот христијанскипразник Водици. За голема жалост, господинот Алексан-дар Исаевич Солженицин не дочека да ја прими наградата,бидејќи во меѓувреме, на 4 август 2008 година, по чи на воМосква.

Изразувајќи сочувство и длабоко жалење по повод загу-бата на големиот писател, Охридската Академија на хума-низмот, почитувајќи го пртходно прифатеното решениена нобеловецот, реши наградата на Александар Солжени-цин да му ја додели постхумно и по тој повод се обрати донеговата сопруга, госпоѓата Наталија Солженицина, сомолба, наградата и соодветните артефакти да и бидатврачени нејзе.

Предлогот беше прифатен со задоволство и предавањетона Охридската награда на хуманизмот пригодно беше из-вршено во октомври 2010 година во Москва во Фонда-цијата-Солженицин од страна на претседателот наАкадемијата, амбасадорот Јордан Плевнеш, а во присуствона претставници на амбасадата на Република Македонијаво Москва, Фондацијата Солженицин и претставници накултурниот јавниот живот на рускиот главен град.

Во оваа свечена пригода, госпоѓата Солженицин, заблаго-дарувајќи се за укажанат чест од страна на македонскатадржава и посебно на градот Охрид, се согласи во иднинаФондацијата-Солженицин и таа лично активно да зематучество во организирањето и одржувањето содржини иманифестации посветени на животот и делото на нејзи-ниот славен и светски познат сопруг.

Охрид, јануари 2011 година

5

Aleksandr Isayevich SolzhenitsynАлександар Исаевич Солженицин

(1918 - 2008)

Почитуван Алаександар Исаевич,

Благодарение на Амбасадата на Руската Федерација во Репуб-лика Македонија и на љубезноста на Неговата Екселенција,амбасадорот Владимир Дмитриевич Солотински, Ве известу-ваме дека Охридската Академија на хуманоста - Македонија,има чест Вам да Ви ја додели престижната Светска награда захуманизам за 2009 година.

Оваа награда, Академијата, формирана на 19. 01. 1991 година,ја воведе во својот Кодекс за работа и дејствување од 2007 го-дина и прв нејзин добитник беше господин Даисаку Икеда одЈапонија, еден од најголемите живи мислители во источнатахемисфера - филозоф и хуманист, чии живот и дело се посве-тени на афирмација на универзалните човекови вредности;духовни, морални и верски, на слободата и правата на луѓетово светот без разлика на националната и верска припадност.

Наградата, пак, за 2008 година му беше доделена на Португа-лецот, Мануел де Оливеира, легенда на светскиот филм, којсвојот стоти роденден го прослави во Македонија, со шумотна брановите на светите води на Охридското езеро - лулка наевропската христијанска меморија, меѓу поклониците на не-говите прославени филмски дела, кои ги толкуваат и величатхуманите релации меѓу луѓето и народите од сите светски ме-ридијани.

Поводот за определбата, токму Вие да бидете третиот добит-ник на Светската награда за хуманизам 2009, устоличена водревниот Охрид, градот на УНЕСКО и лулка на словенската иевропска цивилизација, култура и писменост, заложени од

7

ПИСМО ДО АЛЕКСАНДАР СОЛЖЕНИЦИН

светите браќа Кирил и Методиј, произлезе од Вашите животи дело и Вашата личност, целосно посветени на исконскитестремежи на човекот за слободен духовен и хуман развој нанеговите ум и мисла.

Овие заложби, содржани без исклучок, во Вашето опште-ствено и творечко книжевно дело, познато и вреднувано вошироки светски рамки, не им се туѓи ниту на Македонците -библиски и словенски народ, напојуван од изворите на исто-ријата и традициите на Александар Македонски, Цар Самоили преподобните учители Климент и Наум, чие универзалнопросветителско дело се одвивало токму во Лихнидос - градотна светлината, еден од најпознатите центри на Правосла-вието. Тој не без основа се нарекува “Втор Ерусалим”, а дејно-ста на прославената Охридска Архиепископија е со големозначење и во пошироката православна екумена.

Право, нашиот избор на лауреат да Ви припадне Вам, црпимеи од традициите на вековните историски, културни и рели-гиски врски меѓу рускиот и македонскиот народ, втемелениод древните времиња на Кнезот Владимир и покрстувањетона Русија и првите роднинско-семејни врски меѓу руското имакедонското благородништво, оличени од мажењето на ма-кедонската принцеза Александра на рускиот двор.

Релациите меѓу нашите народи на државен и особено на кул-турен план, не престануваат низ вековите. Обостраниот ин-терес засилено се пројавува кон крајот на 19. и во почетокотна 20. век, кога по распадот на Отоманската Империја, Маке-донија доживува национално просветлување, барајќи од го-лемата Русија поткрепа за своите самојстоност и држава, предналетот на туѓите империјално-колонијалистички апетити занејзината територија и гео-стратешка положба на Балканот.

Познат е интересот за историјата и за судбината на Македо-нија и на македонскиот народ од страна на високиот руски

8

дипломат и општественик од тоа време, Павел Миљуков, какои научниот интерес на Виктор Григорович за македонскотонародно и книжевно творештво. Нивните патешествија, пре-стој и научни истражувања во Македонија, или како што тиемилуваат да подвлечат, “на Славјанскиот југ”, остануваат занавек врежани во меморијата на македонските генерации,како што остануваат сведоштвата за престојот и едукацијатана низа македонски културни дејци и општественици воСанкт Петербург и во Москва. Во тој контекст да ги споменемеКрсте Мисирков, Димитрија Чупоск, Константин Миладинов,Рајко Жинзифов, и редица други.

Исто така, нашите земји со заедничка нишка ги поврзува и не-колкугодишната антифашистичка борба и големите човечкии материјални жртви на обата народа во Втората светскавојна, во која Вие бевте активен учесник и жив сведок нанајголемите злосторства на дваесеттиот век и на поноватасветска историја. За тоа, илустративно сведочат и најголе-миот дел од Вашите книжевни дела од тоа време.

Почитуван Александар Исаевич,

Тргнувајќи од сето тоа, не се чудни ниту желбите, ниту стре-межите на македонските современици за осознавање на Ва-шите живот и дело, оличени преку страдањата и премрежјатана Вашите прогонство и дисидентство, преточени на високовреднуван уметнички и творечки начин во Вашите книжевнидела, какви што се: Архипелагот Гулаг, Еден ден на Иван Де-нисович, Одделот за рак, Двесте години заедно и другитворби, одамна преведени и објавени на македонски јазик.

Пораките на Вашиот творечки гениј, осведочени и овенчанисо Нобеловата награда во 1970 година и значајната Рускадржавна литературна премија, како и со други награди и при-знанија во Русија и надвор од неа, за Вашата беспоштеднаборба против комунистичката идеологија и суровиот совет-

9

ски режим и Вашиот познат општествен меѓународен ангаж-ман за почитување и заштита на политичките и други чове-кови права, достоинства и слободи, се апотеоза на глобалнатапотреба од хуманост во овој разбарнуван и толку различенекономско-социјален свет. За истите идеи се залага и сака даги афирмира и Охридската академија на хуманизмот, чии чле-нови едногласно изразуваат желба да ја прифатите нивнатаодлука за лауреат на оваа награда.

За Ваша информација, оваа награда, која се состои од со-одветни Свечена повелба и Кутија во знакот на големите тра-диции на резбата во дрво на Македонија, што се доделувасекоја година на 19. јануари во древниот македонски езерскиград Охрид, со обраќање и писмена порака на добитникот. По-крај ова, се доделува и симболична награда во артефактотЗлатна маска, од богатата охридска археолошка ризница. Ака-демијата по овој повод издава и соодветна книга на македон-ски и на англиски, односно руски јазик, во која издржано сеприопштуваат одредници од биографијата и творештвото налауреатот. Чинот на доделувањето на наградата е проследенсо богат меѓународен медиумски публицитет и одржување наповеќе соодветни манифестации, кои коинцидираат со одр-жувањето и на Светскиот славистички конгрес во Охрид, конкрајот на оваа година.

Почитуван Александар Исаевич,

Уверувајќи Ве дека прифаќањето на оваа награда, за Акаде-мијата ќе претставува исклучителна чест, а за мирољубивиотмакедонски народ составен од различни етнички и културнипопулации и верски конфесии, со несомнена гордост, го оче-куваме Вашиот потврден одговор.

Во прилог на писмово Ви доставуваме и соодветни печатениматеријали за Академијата, наградата, Охрид и Македонија.

10

На крајот, примете ги нашите срдечни поздрави и желби Гос-под да Ви дарува здравје и долг живот.

Со почит,Охрид, април 2008 година

Јордан Плевнеш - Претседател на Охридската Академија

Александар Петрески - Градоначалник на градот Охрид

Паско Кузман - Генерален секретар на Академијата

Лилјана Плевнеш, Драган Јањатов, Зоран Велјановски - Чле-

нови кореспонденти

11

12

Вниманию

Академика,Господина Александра Исаевича Солженицына

г. Москва, Российская Федерация

Уважаемый Александр Исаевич,

Благодаря помощи и содействию Посолъства Российскои Фе-дерации в Республике Македонии и любезности Его Превос-ходителъсвта посла Владимира Дмитриевича Солицинского,сообщаем Вам о пресуждении Вам престижной Всемирной на-грады за гуманизм за 2009 год Охридской Академией гума-низма, Македонии.

Настоящая награда Академии, основаной 19.01.1991 года,была учреждена в Кодексе работы и деятелъности от 2007года, и её первым лауреатом стал господин Даисаку Икеда,Япония, один из величайших мыслителей современного Вос-тока – философ и гуманист, чья жизньи деятельности посвя-щены утверждению универсалыных человеческих ценностей:духовных, моральных и религиозных свобод и прав людей вовсем мире, не зависимо от их национальной и религиознойпринадлежности.

Премия за 2008 год пресуждена Мануэлю де Оливеиру, Пор-тугалия, легенде мирового кинематографа, который своисотый день рождения отпраздновал в Македонии, на волнахсвятых вод Охридского озера – колыбели европейской хри-стианской истории, среди поклонников его известных кино-картин, затрагибающих и возвеличивающих гуманныеотношения между людыми и народами, представителей всехюирот и меридианов.

13

Поводом для присуждения именно Вам третьей Всемирнойнаграды за гуманизм 2009 года, учреждения в старом Охриде,городе ЮНЕСКО и колыбели славянской и европейской циви-лизации, культуры и письменности, основанных святамибратьями – просветителями Кириллом и Мефодием, сталаВаша жизнь и деятельност, Ваша личность, полностью посвя-щенные исконным стрмлениям человека к свободному духов-ному и гуманному развитию личности и мысли.

Эти стремления, без исключения содержащиеся в Вашей об-щественной и литературной деятельности, известные и вы-соко ценимые в широких мировых кругах, не чужды ни маке -донцам – библейскому и славянскому народу, возрошего наистоках и традициях Александра Македоского, Царя Самуилаи преподобных учителей Климента и Наума, чья универсаль-ная просветительская деятельность проходила именно вОхриде, ранее Лихнидосе – городе света, одном из известней-ших центров православия. Он не без оснований называется“Вторым Иерусалимом”, а деятельност правосланвой Охрид-скои Архиепископии имеет огромное значение в боле широ-кой православной экумене.

Право выбора именно Вас лауреатом награды черпаем и изтрадиционной многовековой исторической, культурной и ре-лигиозной связи между русским и македонским народами,восходящей ещё к древним временам князя Владимира и кре-щения Руси, и первых семейно-родовых связей между русскойи македонской знатью, восплощенных в браке македонскойпринцесс Александры при русском дворе.

Отнощения между нашими народами на государственномуровне и особенно в области культуры не прекращаются ве-ками. Взаимный интерес особенно проявляется в конце XIX –начале XX веков, когда после распада Османской Империи Ма-кедония переживает период национального возрождения,ища от великой Росии поддержки своей самостоятельности и

14

государственности, в условиях возрастающих империально-колониальных аппетитов на её территорию и геостратегиче-ское положение на Балканах.

Известен интерес к истории и судьбе Македонии и македон-ского народа со стороны высокого русского дипломата и об-щественного деятеля того времени Павла Милюкова, а такженаучный интерес Виктора Григоровича к македонскому на-родному и литературному творчеству. Их путешествия, пре-бывание и научные исследования в Македонии, или как онилюбили подчеркивать “на славянском юге” навеки врезалисьв память многих поколений македонцев, также живы свиде-тельства о пребывании и обучении ряда македонских куль-турных и общественных деятелей в Санкт-Петербурге иМоскве. В данном контексте позвольте упомянуть Констан-тина Миладинова, Райко Жинзифова, Дмитрия Чуповского,Крсте Мисиркова и ряда других. Также наши страны и народысвявывают и несколько лет антифашистской борьбы и огром-ные человеческие и материальные жертвы во Второй миро-вой войне, активным участником которой были и Вы, став иживым свидетелем величайших преступлений двадцатоговека. Об этом ярко свидтельствует и значительная частьВаших литературных произведений и том природе.

Уважаемый Александр Исаевич,

Исходя из вышесказанного, не удивительны ни желания истремления македонских современников ознакомиться, про-никнуться Вашей жизнью и деятельностыю, полных страда-ний, перемежающихся Вашим изгнанием и диссидентством,воплотившихся высоко художественным и творческим обра-зом в Ваших литературных произведениях, а именно: Архи-пелаг Гулак, Один день Ивана Денисовича, Ракавый корпус,Двести лет вместе и других произведениях, давно переведен-ных и опубликованных на македонском языке.

15

Послания Вашего творческого гения, признанного и увенчан-ного Нобелевской премией и высочайшей Государственнойпремией, а также другими наградами и прзнаниями в Россиии зарубежом, в борбе против коммунистической идеологии ижестокого советского режима и Ваша широко известная об-щественная международная деятелыносы по защите и уваже-нию политических и иных прав человека, достоинства исвободы, являются апофеозом глобальной потребности в гу-манности в этом хаотичном и столь неоднородном социально- экономическом мире. К тем же идеям стремится, утверждаяих, и Охридская академия гуманизма, чьи члены единогласновыражают желание, чтобы Вы приняли их решение о выдви-жении Вас лауреатом данной награды.

Позвольте сообщить Вам, что настояшая награда, состоящая иТоржественного постановления и Ларца в знак богатой тради-ции резьбы по дереву в Македонии, вручается каждый год 19 ян-варя в старом македонском городе на берегу озера Охриде, приличном обращении или письменном послании лауреате. Такжевручается и сомволическая награда – Золотая маска, предмет ис-кусства из богатого охридского архиологического кладезя. Поэтому поводу Академия публикует и соответствующую книгу намакедонском, английском, а в данном случае и русском языках,в которой излагаются общие факты и данные биографии и твор-чества лауреате. Церемония вручения награды широко освеща-ется международными СМИ и сопровождается проведениеммногим мероприятий, перекликающихся и с Всемирным съез-дом славистом в Охриде, запланированного на конец этого года.

Уважаемый Александр Исаевич,

Позвольте заверить Вас, что принятие данной награды пред-ставляет исключительную честь для Академии, а для миро-любивого македонского народа, разнообразного по своемуэтническому, культурному и религиозному составу – предмет

16

несомненной гордости, и мы с нетерпением ожидаем Вашегоположительного ответа.

После получения Вашего письменного подтвеждения Акаде-мия примет окончательное решение и делегация во главе с еёпрезидентом – выдающимся македонским писателем и дип-ломатом господином Йорданом Плевнешем, вылетит вМоскву не позднее середины 2008 года, где и планируетсяогласить имя лауреате награды. Момент вручения награды,19 января 2009 года, что почти совпадает с Вашим 90-летнимюбилеем, сопровождался бы празднованиями и мероприя-тиями, посвященными лауреату Всемирной награды за гума-низм 2009 г.

В приложении к настоящему письму представляем Вашемувниманию и соответствующие материалы об Академии, на-граде, Охриде и Македонии.

В конце, примите наши искренние поздравления и пожела-ния, да благословит Вас Господь крепким здоровьем и дол-гими годами жизни.

С уважением,

Йордан Плевнеш - Президент Охридской Академии гуманизма

Паско Кузман - Генеральный секретарь Академии

Лилјана Плевнеш, Драган Янятов, Зоран Велјановски - Члены-

корреспонденты Академии

Охрид, Апрель, 2008 года

ОД ЖИВОТОПИСОТ НА АЛЕКСАНДАР ИСАЕВИЧ СОЛЖЕНИЦИН

Александар Исаевич Солженицин е истакнат руски писател,публицист и општествен деец. Дисидент, еден од духовнителидери на Руското православно-патриотско движење, којсвојата слава и популарност ги доби, пред сé со бескомпро-мисната борба против тогашната комунистичка идеологија исоветскиот режим, а исто така и со ангажирањето за реша-вање на еврејското прашање во Русија и СССР.

Познатиот руски литературен критичар и публицист, МихаилБерг, за Солженицин меѓу другото ќе напише: “Ако за Лав Ни-колаевич Толстој зборуваа како за огледало на руската рево-луција, постојат не помалку причини Александар Солженицинда го сметаме за огледало на руската контрареволуција”.

При сета тривијалност на ваквите споредби и непродуктив-ност од докажување на спротивното, тешко е да се најде лич-ност во руско-советската книжевна историја од дваесеттиотвек, која сторила повеќе за уривање на најголемата “империјана лагата”, отколку што тоа го направи рускиот Евреин, Алек-сандар Исаевич Солженицин.

Животот и работата на овој познат руски писател, хуманисти борец за елементарните човекови права и слободи, лауреатна Нобеловата награда за книжевност, но и личност со впе-чатлив политички ореол во втората половина на минатиотвек, го привлекува вниманието на целокупната светска јав-ност, а неговите дела своевремено предизвикуваа вниманиеи беа преведувани и во нашата земја, како што се неговите ро-мани: Одделот за рак, Архипелагот Гулаг Август четиринае-

сеттата, Во првиот круг, Еден ден на Иван Денисович и други.

17

Рускиот прозаист, драматург и поет, Александар Исаевич Со-лженицин е роден на 11 декември 1918 година во Кисловодскна Северен Кавказ. Иако неговите родители биле од селанскопотекло, сепак имале за тоа време солидно образование. Когапочнала Првата светска војна, таткото на Александар, ИсакСолженицин, од Московскиот универзитет, каде што работел,заминал како доброволец на фронтот, а оттаму се вратил сотри медали за храброста пројавена во борбите. Но, за иронијана судбината, загинал на лов и тоа половина година пред ра-ѓањето на синот Александар. Мајка му, Таиса Захарова, роденаШчербак, по смртта на сопругот, за да се исхрани себе и ново-редениот син, работела како дактилографка. Кога Александарнаполнил шест години, тие се преселиле во Ростов на Дон.Детските години на Солженицин течеле едновремено со вос-поставувањето на советската власт во Русија. Во тие годинизапочнала и крвавата војна што заврши со победа на болше-виците под раководството на Владимир Илич Ленин.

Од школските денови на Солженицин се спомнува епизодатаза тоа дека тој околу вратот носел крвче и никако не сакал дабиде член на пионерската организација. Неколку пати во учи-лиштето бил казнуван за присуство на богослужба и одење воцрква, но подоцна под влијание на училиштето ја прифатилкомунистичката идеологија и во 1936 година пристапил вокомсомолската организација. Веќе во погорните класови нагимназијата се заинтересирал за литературата и почнал дапишува есеи и стихови. Особено го интересирале историјатаи општествениот живот. Веќе во 1937 година имал замислено“голем роман за револуцијата” во Русија од 1917 година. Но,несакајќи литературата да му биде и основно занимање воживотот, Солженицин се запишува на Физичко-математич-киот факултет во Ростов, кој го завршува со високи оценки икако стипендист на Сталин, истовремено не запоставувајќи јаи литературната љубопитност на својата ерудитна природа.Факултетот го завршил во 1941 година, а само една годинапред тоа се запишал вонредно и на Факултетот за литература

18

и историја во Москва. Широкото образование и богатата ин-телектуална надареност на младиот Солженицин ги обеди-ниле овие две, во суштина спротиставени, вокации. Во обетеобласти на својата професионална определба тој покажал за-видни резултати во работата.

По започнувањето на Великата татковинска војна во 1941 го-дина на СССР против фашистичка Германија, Солженицин по-ради кревкото здравје бил прогласен за ограничено способенза воена служба и не бил веднаш мобилизиран. Истата годинасе жени со колешката од Универзитетот, Наталија Реше-товска, со која заедно работат како наставници во училиш-тето во Морозовск. Но, наскоро сепак бил повикан во војска ибил упатен во офицерско артилериско училиште во градотКастрома од каде што излегол како млад поручник-резервист.Во 1943 година бил упатен на фронтот како командир на ба-терија за звучно разузнавање. За заслугите пројавени каковојник Солженицин е одликуван со Орден на Татковинскатавојна - Црвена ѕвезда. Во 1944 година е унапреден во чин ка-петан. Воените задачи, што Солженицин ги исполнувал со-весно и одговорно, не биле пречка да се занимава и со литера -тура. Тој на фронтот интензивно пишувал и своите творби гииспраќал и ги објавувал во московските литературни списа-нија и весници што и во тие воени години излегувале ре-довно.

На фронтот Солженицин продолжувал да се интересира за оп-штествените појави во СССР, но почнал и мошне критички дасе однесува кон Јосиф Висарионович Сталин, наследникот наЛенин, водачот и идеологот на Октомвриската социјали-стичка револуција. Солженицин тајно, во соработка со својотдругар од фронтот Н. Виткевич го обвинувал Сталин за “ис-кривоколчување на ленинизмот”. Советската тајна служба вотоа време, чувајќи го будно култот на Сталин, влегла во трагана неговата преписка со Виткевич, во која погрдно и со не-одобрување се изразувале за Сталин. На тој начин е откриена

19

и нивната “резолуција” во која сталинистичките методи и тор-тури биле споредувани со времето на крепосното право воЦарска Русија и во која се зборувало, по војната да се создаде“организација” за воспоставување на ленинските норми воуредувањето и раководењето на државата. Заради овие ивакви идеи, Солженицин и Виткевич во февруари 1945 годинабиле затворени.

Со ова, всушност, започнува голготата во животот на овој по-доцна светски прочуен писател и нобеловец и еден од најпо-знатите политички дисиденти во Советска Русија и една одмилионите жртви на култот на Сталин и комунистичкатаидеологија. “Престапот” на Солженицин бил вреднуван од то-гашната советска власт со осум години затвор и казнено-по-правна работа во логорот “Нов Ерусалим” во градот Калуга.Тоа е само почеток на големата логорска одисеја на Солжени-цин. Логорите се редат како во филмска приказна: Рибинск,Загорск, Марфино, Бутирки, Екибастуз и други ширум рускитебескрајни пространства и суровиот Сибир. Во логорите Со-лженицин не седел со скрстени раце, бил предводник и орга-низатор на разни видови отпор и протести, но немилосрднатасудбина му приредувала и страдања и болка. Најпрвин, во1948 година сопругата се откажала од него и побарала развод.Во 1952 година во логорот на Солженицин му бил дијагности-циран рак и бил подложен на операција. Наредната, 1953 го-дина, на 13 февруари бил пуштен од затвор издржувајќи ја воцелост првобитната казна.

За време на долгото и тешко заточеништво Солженицин по-степено се разочарал во марксистичката комунистичка идео-логија и повторно се свртел кон Бога. Ги изучил и прифатилправославните патриотски идеи, кои заговарале осуда и од-рекување од комунистичката идеологија, растурање на Совет-скиот Сојуз и создавање славјанска држава на територијатана Русија, Белорусија и на дел од Украина, како и воспоставу-вање нов државен поредок од авторитарен тип со постепен

20

преод кон демократија и насочување на сите ресурси конидна Русија во која ќе биде овозможен духовен, морален и ре-лигиозен развој на народните маси, во прв ред на оние одруска националност.

За цело време на своето заточеништво тој не ја занемаруваллитературната работа. Од тој период датираат повеќе неговистихови, поеми, пиеси и, се разбира, првиот роман Во првиот

круг.

Нобеловец-дисидент

По ослободувањето, патот низ маките за Солженицин не за-вршува. Наскоро советските власти го упатуваат на казнено-поправна работа во Казахстан. Во зафрлената казахскапровинција тој почнал да работи како учител по математикаи физика. Кон крајот на 1953 година здравјето нагло му севлошува и повторно му бил дијагностициран карцином. Вопочетокот на 1954 година е упатен на лекување во Ташкент,но по неколку месеци ја напушта тамошната болница созначително подобрена здравствена состојба. Тоа му овозмо-жува повторно да ѝ се посвети на книжевната работа. Напра-вил нова, преработена верзија на романот Во првиот круг и јанапишал пиесата Република на трудот.

Во март 1956 година Солженицин е политички и општественорехабилитиран од новата постсталинска советска власт, со ре-шение на Врховниот суд на СССР. Во образложението на вак-вото решение, меѓу другото се вели дека во “неговите постап -ки и дејствија отсуствува престап”. Сепак, тој останува лишенод можноста да се врати во Москва. Живее и работи повторново советската провинција, но овој пат во Владимирска областна Исток. Овде Солженицин се среќава со својата прва женаНаталија Решетовска, со која истата година повторно стапуваво брак.

21

Овој период од животот на Александар Исаевич на литерату-рен план може да се оквалификува како најкреативен и про-дуктивен. Во 1959 година ја напишал повеста Еден ден на Иван

Денисович, посветена на животот и страдањата на заточенитеруски селани во сталинските логори и казамати. Потоа следатрасказот Матрониниот двор и пијесата Светот кој што е во

тебе. Но, Солженицин крајно трауматично се соочува со ли-шувањето од можноста овие свои дела да ги објави, било восоветските списанија и весници, било како печатени книги.

Во 1961 година му се укажува првата можност, како придо-бивка од настапот на познатиот советски литературен кри-тичар Александар Твардовски, во тоа време главен редакторна списанието “Нов мир” (Нов свет), на 22 конгрес на КПСС.Солженицин прави поблага верзија на повеста Еден ден на

Иван Денисович, од која ги исфрла поострите политички фраг-менти. Твардовски високо го оценил ова дело и го поканил ав-торот во Москва. Со лично одобрување и покрај спротиста -вувањето на останатите членови на Политбирото на КПСС натогашниот советски партиски лидер, Никита Сергеевич Хруш-чов, повеста е објавена во “Нов мир” број 11. Веднаш започ-нува и нејзиното препечатување и превод на неколкустрански јазици. Наскоро по ова е објавен и расказот Матро-

ниниот двор, како и расказот Случајот на станицата Коче-

товка. Овие дела на дотогаш проскрибираниот автор Алек -сандар Солженицин во советската и странска јавност предиз-викуваат големо внимание и го носат белегот на првостепеналитерарна, но и политичка сензација. Тие резко се одликуваана фонот на останатите книжевни пројави и дела од тоа времена социјалистичкиот реализам со своите уметнички достоин-ства, но и со граѓанската смелост што ги карактеризираше.

Овој полет, за жал, за Солженицин не траеше долго. Веќе во1963 година тој ја губи поддршката на Хрушчов. Одбиен епредлогот на Солженицин да му се додели Лениновата пре-мија за литература и забрането е печатењето на неговиот

22

роман Во првиот круг. Практично, нему му е забрането јавнода настапува и да ги објавува своите дела.

Во 1965 година злогласниот советски Комитет за државнабезбедност, попознат како КГБ, извршил конфискација на це-локупната книжевна и епистоларна архива на АлександарИсаевич, со сите негови најважни антисоветски и антикому-нистчки дела и записи. Тоа, напротив, како да му дало допол-нителен импулс и поттик на Солженицин за започнувањепоширока општествена активност насочена против совет-ската власт. Тоа е време на директни средби на Солженицинсо неговите поддржувачи и истомисленици, настапи на разнитрибини, читања и манифестации. Особено зачестиле него-вите средби со странски новинари и интервјуа за странскивесници и списанија. Разбирливо, за нив далеку попривлечнабила политичката отколку литерарната димензија на дејству-вањето на веќе славниот и мошне популарен советски писа-тел и прокажан дисидент. Од тоа време датираат големиотброј сопствени изданија (“самиздати”) на романите Во првиот

круг, Одделот за рак, а во 1967 година најпознатиот Архипе-

лагот ГУЛАГ. Истата година Солженицин го објавува и рас-пространува познатото Писмо до Конгресот, наменето заСоју зот на писателите на Советскиот Сојуз. Ова Писмо ќе пре-дизвика широк одглас меѓу советската интелигенција и наЗапад. Конечно, тоа и ја прелеа чашата на трпение на совет-ските власти и во прв ред на КГБ, по што ќе почнат сериознода се занимаваат со “случајот Солженицин”. Во прилог на тоаодеше и сé поголемата популарност на советскиот дисидентброј 1 во европските земји и во САД. Во 1968 година почнуваиздавањето на неговите дела на Запад (Во првиот круг, Одде-

лот за рак и други). Шведската Академија за наука и книжев-ност во 1969 година го предлага Солженицин како кандидатза Нобеловата награда за книжевност. Таа година не ја добиванаградата, но затоа веднаш е исклучен од членство во Сојузотна писателлите на СССР.

23

Ова е мошне важен и пресуден момент во животот и биогра-фијата на Александар Исаевич Солженицин. Тој јавно и отво-рено ги прокламира своите православно-патриотски убедува -ња и мошне остро ја критикува тогашната советска власт начие чело веќе се наоѓаше Леонид Илич Брежнев, кој го симнаод врвот “опасно либералниот” Никита Хрушчов.

Во 1970 година Солженицин повторно е кандидиран за Нобе-ловата награда за книжевност. Како лауреат на оваа светскипрестижна награда Солженицин им се придружува на двај -цата претходни руски добитници: емигрантот Иван Бунин иисто така политички контраверзниот Борис Пастернак. Ситетројца руски добитници на оваа награда до денешен ден гоносат ореолот на политички, а помалку на книжевно-естетскидостоинственици, најмногу заради државните и партиско-идеолошки предрасуди. Таквиот впечаток единствено не сеоднесува на четвртиот добитник на наградата од руските про-стори, Михаил Шолохов, но него пак го засега бремето на про-блематичното авторство на награденото дело Тивкиот Дон, ане неговите книжевни и уметнички квалитети.

Голем дел од тогашната советско-интелектуална елита сме-таше дека наградата според високите исклучиво естетско-книжевни и морално-социјални критериуми неоправдано гиодминала авторите од калибарот на Михаил Булгаков, ЕвгенијЗемјатин или пак Ана Ахматова.

Советската јавност под притисок и пропаганда на државнитеи партиски медиуми, на нож го дочека ова признание за Со-лженицин. Веднаш му беше предложено да ја напуштиземјата. Тој со резигнација тоа го одби.

Прогонство и егзил

Овенчан со популарноста на нобеловски лауреат, едновре-мено оптоварен со политичките трауми во сопствената земја,

24

Солженицин сé повеќе стануваше интересен на другатастрана од “железната завеса”. Во 1971 година во Париз еобјавен неговиот роман Август четиринаесеттата, кој одфранцуската и западната читателска публика беше широкопримен, пред сé заради силно изразените православно-пат-риотски погледи на авторот. Интересен е податокот што овадело на Солженицин во Република Македонија е објавено веќево 1973 година во издание на НИП “Нова Македонија”, а вопревод на Тамара Арсовска.

Во исто време, во Советскиот Сојуз тој го објавува Писмото до

Патријархот Пимен во кое критички ги елаборира пробле-мите на Руската православна црква. Својата дисидентска ак-тивност Солженицин ја става во втор план, а активно работиврз епопејата Црвеното тркало.

Александар Исаевич ќе го следат проблеми и на личен план.Познанството со извесната Наталија Светлова и нејзинатабременост, резултираат со развод (по втор пат) со првата со-пруга Решетовска. Веднаш по ова, кон средината на 1973 го-дина, релациите меѓу власта и Солженицин крајно се заос тру -ваат. На средба со странските новинари во Москва тој ги об-разложува своите сфаќања и погледи за повеќе аспекти на оп-штествено-политичкиот и јавниот живот во земјата. Истиотден агентите на КГБ приведуваат една од неговите помош-нички, Елизавета Вороњанска, која за време на испрашува-њето го открива местото каде се чува ракописот на романотАрхипелагот ГУЛАГ. По нејзиното пуштање дома, Вороњанскасе обесува. Како одговор на овој трагичен чин, Солженицинболно повреден, веднаш дал налог за печатење на овој роман,во илегално емигрантско издание на “ЈУМКА-Прес”. Додржавно-партиското раководство на земјата го испраќа по-знатото Писмо до водачите на Советскиот Сојуз, во кое отво-рено ги повикува да се откажат од комунистичката иде о -ло гија и да направат чекори за преобразба на СССР во русканационална држава. Како одговор на таквата порака, совет-

25

ската власт спроведува засилена пропаганда и акција противсите видови дисидентство во земјата.

Во почетокот на 1974 година, на заседание на Политбиротона КПСС, на дневен ред, меѓу другото е и излегувањето во со-ветската јавност на романот на Солженицин, Архипелагот

ГУЛАГ и мерките за спречување на дисидентската и антисо-ветската дејност на авторот. По седницата, Јуриј Андропов,еден од секретарите на ЦК КПСС, од името на сите членови наПолитбирото му пишува писмо на Генералниот секретар Лео-нид Брежнев и му предлага Солженицин да биде протеран одСССР. Тој веднаш бил затворен и обвинет за “предавство нататковината”, лишен од советското државјанство и на 13-тифевруари 1974 година со авион од Москва, депортиран воСојузна Република Германија.

Набргу, во Германија ќе отпатуваат и другите членови на се-мејството на Солженицин. По куса обиколка на Северна Ев-ропа, Александар Исаевич решава да се насели во Цирих,Швајцарија. Во Париз веднаш е објавено фамозното Писмо до

водачите на Советскиот Сојуз, кое го пренесуваат сите во-дечки изданија во останатите европски земји. Но, неочеку-вано тоа предизвикува бура на незадоволство и критикиупатени на адреса на Солженицин. Рекциите биле особеноостри од страна на останатите демократски настроени диси-денти од СССР, предводени од познатиот Андреј Сахаров. Тиеписмото на Солженицин го оценуваат како антидемократско,националистичко и полно со опасни заблуди. По ова рела-циите на Солженицин со западните, во прв ред европските,медиуми заладуваат.

Како одговор, “несфатениот” дисидент ја засилува својатајавна и книжевна активност. Од хонорарите добиени за Архи-

пелагот ГУЛАГ, Солженицин го созадава Рускиот општественфонд за помош на репресираните руски граѓани и нивните се-мејства од страна на советската власт. Фондот редовно ис-

26

праќа материјална и друга илегална помош на политичкитезатвореници ширум СССР. На книжевен план, АлександарИсаевич продолжува да работи врз епопејата Црвеното

тркало и го издава мемоарскиот ракопис Се бодело телето

со дабот. Истовремено тој патува низ земјите на Европа, а во1975 година ги посетува и САД и Канада. Се задржува во Ва-шингтон и Њујорк, каде што јавно настапува на трибини иконференции, остро напаѓајќи ги советските власти. Одржалпламени говори на Конгресот на американските синдикати иво американскиот Сенат, при што апелирал САД да ја преки-нат соработката со Советскиот Сојуз, како протест заради “ко-мунистичкиот тоталитаризам”. На враќање од САД се задр -жува во Велика Британија и во Франција.

Американската реторика на Солженицин не е примена благо-наклоно во повеќе земји на Запад. По неговата посета на Шпа-нија и настапот во шпанската јавност, напредната западнакултурна елита го обвинува Солженицин за антизападни сфа-ќања и пропаганда. Тој полека ги губи популарноста и под-дршката на западно-европската јавност, што безрезервно гиуживаше пред тоа.

Во 1976 година Солженицин со семјството се сели од Европаво САД и се населува во областа Вермонт. Овде тој продолжувада работи на Црвеното тркало, со одобрение за пристап конархивата на Хуверовиот институт и емигрантските досиеја наголемиот број руски и советски граѓани, проследувани од аме-риканските тајни служби пред и по Втората светска војна, аособено во времето на Макартизмот.

Враќањето во Русија

Според зборовите на самиот Солженицин, проучувањето наовие материјали кај него предизвикало спротивен ефект. Тојконечно јавно признава дека се разочарал во западната демо-кратија и нејзината пригодност за Русија. Во своите сé по-

27

ретки јавни настапи, тој главно внимание им посветува накритиките за злоупотреба на човековите права и слободи наЗапад за разобличување на антируските сили, замаскираникако антисоветски.

Контроверзни критики и забелешки, упатени до Солженицин,подеднакво доаѓаат и од лево и од десно, но најенергичнисепак биле оние од останатите руски и советски емигранти идисиденти. Тие категорично ги оспоруваа христијанските илиберални погледи на Солженицин. Тоа придонесе тој посте-пено да се повелече во “вермонтски спокој”.

Со појавата на “перестројката” на Горбачов во СоветскиотСојуз и востановувањето на Руската Федерација по распадотна СССР при Борис Елцин, се промени и односот на рускатавласт кон дисидентот Солженицин и целопкупното негово ли-тературно творештво. Сите дела на Александар Исаевич сепреобјавени на руски јазик, вклучително и веќе култниотроман Архипелагот ГУЛАГ. Набргу следат и изданијата награндиозниот еп Црвеното тркало, полемичната Двесте го-

дини заедно, посветена на историјата на Евреите во Русија,како и други негови помали и поголеми дела.

Во почетокот на 1990 година на Солженицин му е вратено рус-кото државјанство. Истата година му е доделена Државнатапремија за литература - највисоко книжевно признание воземјата, со што се исполнети сите претпоставки некогашниот“блуден син” на советските власти да се врати во Русија, ноовојпат, во држава конечно ослободена од бремето на комуни-стичката идеологија. Солженицин тоа и го прави, на 27 мај1994 година, по точно 18 години прогонство и емигрантскиталкања по светот. Тој победнички триумфално пристигнувасо семејството во далекуисточното пристаниште Влади -восток, од каде што со воз по неколкунеделно патување и мно-губројни попатни средби со рускиот народ, се враќа во Москва.

28

Набргу е почестен со уште неколку престижни државни и ли-тературни одличја, примен за редовен член на Руската Ака-демија на науките, а во Подмосковје му е доделена државнарезиденција, во која со семејството живееше сé до својатасмрт, на 3 август, 2008 година. Новата руска држава, можебине токму онаква, за каква што мечтаеше дисидентот од Архи-

пелагот ГУЛАГ, достојно му се оддолжи на Александар Исае-вич Солженицин.

Драган ЈАЊАТОВ

29

Беседа на претседателот на Академијата,

Јордан Плевнеш пред граѓаните на

градот Охрид на 19.01.2009 година

Драги браќа и сестри, возљубени христијани!Почитуван господине Амбасадор на Руската Федерација!Мили гости и намерници!

На овој просветлен ден, на ова свето место, покрај овие синиблагословени води, што го паметат Христовото раѓање и гослават неговото крштевање, живее и се чува споменот за негокако вечен и единствен пат кон човековото спасение, дозво-лете ми да ве потсетам дека нашето македонско човекољубие,вопреки сите претрпени маки и страданија, нема граници. По-тврда за тоа е и нашата Охридска Академија на хуманизмот,која со своите лаври еве веќе по третпат, на овој ден, на овојбожји празник, овенчува венцоносец, овојпат од далечнитеруски простори, од непрегледните степи и холмови, од сибир-ските тундри и студови. Кој ако не страдалникот Солженицинможе да биде подостоен син за да го понесе ова признание,што Македонија и македонскиот народ од светата земја Кли-ментова и со заветот на светите браќа Кирил Методиј, ги на-градува оние најхрабрите и најдостојните. Мажите штодостоинствено ја поминале својата Голгота, патот на кој не по-тклекна и единствениот божји син, Исус Христос. Нам, уштекако добро ни се познати казаматите и гулазите од кои доаѓаАлександар Исаевич. Такви врвици низ историјата поминалеи многу видни македонски синови. Затоа вистината од перотона големиот руски син, писател и страдалник, ни е такаблиска и кон срцата и во душата.

Мили браќа и сестри, ини и православни,

Денеска е тој ден, што за жал поради вечното отсуство на на-шиот почитуван лауреат, тој сега не е меѓу нас и не може да ја

30

прими наградава, за што вечно ќе жалиме и тагуваме, но ве-нецот на хуманоста што заслужено му припадна, од овде, одпод бедемите Самоилови и водите охридски, во далечната, нонам блиска по род и вера, Русија, ќе ги понесе Неговата ексе-ленција и амбасадор руски, во древната македонска земја,господинот Владимир Солотински. Тој, на потомците Алек-сандрови во руската белокамена столица- Москва, ќе им јапренесе сета наша љубов, огромната наша почит, кон човекотшто сиот свој живот и сите свои страдања им ги посвети направдата и слободата, на човекот. Верен и вечен доказ за тоасе томовите и книгите испишани Солженицински и просла-вени нобеловски, што во злодоба и добробит ги читавме и сеуште ги читаме и толкувавме, небаре се катехизис и утеха засите неправди и понижувања на целокупниот славјански роди племе и на човештвото, воопшто.

Овој народ знае да памети и одблагодарува, како што знаелда трпи и страда во минатото. Затоа денеска кога го славимеи чествуваме Христовото Богојавление, да ги свртиме нашитепогледи и да ги подадеме нашите раце кон љубовта и разби-рањето, кон молитвата и прошката, зарем на тој начин и един-ствено така ќе стигнеме и до спасението.

Мили браќа и сестри,

Пригода е да ги спомнеме, и уште подобро, да ги запаметимеи словата на уште еден голем руски син , на уште еден славјан-ски гениј на пишаниот збор, великиот Фјодор Михајлович До-стоевски: “Убавината ќе го спаси светот!”

А има ли нешто поубаво од благодарноста!

Бидете благословени на библиската земја македонска, на све-тите води охридски!

Охрид Варош, лето Господово, 2009

31

PHOTO GALLERY

ФОТО ГАЛЕРИЈА

32

Македонска делегација предводена од Јордан Плевнеш - пре-

тседател на Охридската академија на хуманизмот, Амбасадо-

рот на Република Македонија во Руската федерација Илија

Исајловски, Олга Панкина и Драги Методиев на 21 октомври

2010 година во Москва на свечената церемонија организи-

рана од Фондацијата Солженицин ѝ ја врачија Светската на-

града за хуманизам за 2009 година на Наталија Солженицина,

сопруга на нобеловецот Александар Солженицин. Симболич-

ката кутија дрворез кој ја симболизира историјата на Маке-

донија како земја на универзалната љубов е дело на истакна -

тиот македонски уметник од Охрид Живко Пејовски.

33

34

35

СВЕТСКА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ, 2009

АЛЕКСАНДАР СОЛЖЕНИЦИН, РУСИЈА

Издава

ОХРИДСКА АКАДЕМИЈА НА ХУМАНИЗМОТ

Подготовка на изданието

Универзитет за аудиовизуелни уметности

ЕСРА Париз-Скопје-Њу Јорк

Медиумски покровителНВО Светски релации, Скопје

За Охридска Академија на хуманизмот

Весна Огненовска

За ЕСРА

Владимир Стојчевски

Компјутерска обработка

Александар Дичевски

Печат и доработка

Летра, Охрид

Охрид, 2011