tolkuvanje na masonite

5
Основни податоци за Живко Груевски: Во средината на 70-тите години најпознатите југословенски и балкански магазини пишуваа за него. Го претставуваа и го дефинираа како убедливо “најмлад вокалист”, кој во летните месеци со својот “бенд” настапува на јадранската ривиера. Музицираат на повеќе популарни “гитаријади” и игранки низ тогашна Југославија. Во 1976 година со групата Листен настапува на првиот “Поп-рок фест” во Скопје. Останува забележан и како прв вокалист на култните Леб и сол во нивната прва персонална постава. Со почетокот на универзитетските студии се јавува на формална аудиција и редовно е ангажиран како бас-баритон во професионалниот хор на тогашната Радио- телевизија Скопје (РТС). Добрите познавачи на силниот југословенски музички живот од тие години сигурно се сеќаваат дека во 1980 година настапува со “октет” на (во тоа време) реномираниот “Опатиски фестивал”. Во Кристалната сала на хотелот Кварнер во Опатија. Хотелот со најубавата тераса на јадранскиот брег... Неговата сестрана, амбициозна и динамична личност го доведува во ситуација набрзо по дипломирањето на Универзитетот Свети Кирил и Методиј да добие многу ценета работа во една од најуспешните увозно-извозни компании во тоа време, Макотекс, во секторот за извоз на текстил и конфекциски производи, со посебна задача за ориентираност кон северноамериканскиот пазар. Веќе профилираниот претприемачки дух го мотивираат веќе во 1985 година да почне да работи за канадската компанија Arly Fashion од Монтреал и американската Irwin Fashion од Њујорк како нивен претставник за Југоисточна Европа, со формално седиште во Виена (Австрија). Годината 1987 е интересна и важна година како за него, така и за претприемништвото во Македонија. Во сојузните органи на Југославија го регистрира официјално претставништво на канадската фирма Arly Fashion, со централно седиште во Скопје! Ова се смета за прво странско претставништво отворено во Скопје. Само две години подоцна и својата прва јоинт-вентуре компанија, нам сите познатиот, YUCAN Trade International. Ќе се согласиме дека оваа компанија во светста на младите македонски претприемачи сооздаваше бурна енергија дека може да се успее. Влеваше енергија за храбри чекори, а самата компанија и нејзините основачи беа свовиден наш гуру во првите години на премин од стариот систем во она што денес го викаме пазарна економија. Таа компанија во тоа време беше единствената “приватна” компанија. Брзо влегува во кругот на петте најголеми извозници на конфекциски производи од тогашна социјалистичка Југославија! YUCAN забрзано отвора свои фирми-ќерки во Лондон, Франкфурт, Виена, Белград, Софија, Никозија ...

Upload: biljanasikleska

Post on 28-Apr-2015

42 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: Tolkuvanje Na MASONITE

Основни податоци за Живко Груевски:

Во средината на 70-тите години најпознатите југословенски и балкански магазини пишуваа за него. Го претставуваа и го дефинираа како убедливо “најмлад вокалист”, кој во летните месеци со својот “бенд” настапува на јадранската ривиера.Музицираат на повеќе популарни “гитаријади” и игранки низ тогашна Југославија. Во 1976 година со групата Листен настапува на првиот “Поп-рок фест” во Скопје.

Останува забележан и како прв вокалист на култните Леб и сол во нивната прва персонална постава.Со почетокот на универзитетските студии се јавува на формална аудиција и редовно е ангажиран како бас-баритон во професионалниот хор на тогашната Радио-телевизија Скопје (РТС).Добрите познавачи на силниот југословенски музички живот од тие години сигурно се сеќаваат дека во 1980 година настапува со “октет” на (во тоа време) реномираниот “Опатиски фестивал”. Во Кристалната сала на хотелот Кварнер во Опатија. Хотелот со најубавата тераса на јадранскиот брег...Неговата сестрана, амбициозна и динамична личност го доведува во ситуација набрзо по дипломирањето на Универзитетот Свети Кирил и Методиј да добие многу ценета работа во една од најуспешните увозно-извозни компании во тоа време, Макотекс, во секторот за извоз на текстил и конфекциски производи, со посебна задача за ориентираност кон северноамериканскиот пазар.Веќе профилираниот претприемачки дух го мотивираат веќе во 1985 година да почне да работи за канадската компанија Arly Fashion од Монтреал и американската Irwin Fashion од Њујорк како нивен претставник за Југоисточна Европа, со формално седиште во Виена (Австрија).Годината 1987 е интересна и важна година како за

него, така и за претприемништвото во Македонија. Во сојузните органи на Југославија го регистрира официјално претставништво на канадската фирма Arly Fashion, со централно седиште во Скопје! Ова се смета за прво странско претставништво отворено во Скопје.Само две години подоцна и својата прва јоинт-вентуре компанија, нам сите познатиот, YUCAN Trade International.Ќе се согласиме дека оваа компанија во светста на младите македонски претприемачи сооздаваше бурна енергија дека може да се успее. Влеваше енергија за храбри чекори, а самата компанија и нејзините основачи беа свовиден наш гуру во првите години на премин од стариот систем во она што денес го викаме пазарна економија.Таа компанија во тоа време беше единствената “приватна” компанија. Брзо влегува во кругот на петте најголеми извозници на конфекциски производи од тогашна социјалистичка Југославија! YUCAN забрзано отвора свои фирми-ќерки во Лондон, Франкфурт, Виена, Белград, Софија, Никозија ...Понатаму... Со суштинските промени кои настануваат со распаѓањето на југословенската федерација тој ги диверзифицира своите бизнис, но и сè посилните социјални активности. Основа партнерски: Yucan Petrol, ексклузивен агент на Shell Petroleum Co.; YUCAN Engineering, лиценца за World Trade Association; авангардниот Yucan Shopping Centre, како и МАТ-Македонски авиотранспорт а.д.…Многумина хроничари во тоа време знаеја дека мојата нова идеја во Скопје и низ Македонија на директен или индиректен начин е поврзана со името на Живко Груевски, личноста на која во денешниот број на “Капитал” ја посветив главната приказна. Како што ни велите, “приказната на бројот”...

Page 2: Tolkuvanje Na MASONITE

Живко Груевски, и тогаш а и денес, е силно активен во социјалниот живот на нашата, тогаш млада суверена држава. Во граѓанскиот и невладиниот сектор, во специјализираните асоцијации и слично.Член е на одборот на Институтот Отворено општество Македонија, соосновач и член на одборот на American Chamber of Commerce (AmCham), претседател на одборот на tink-tank институтот EvroBalkan…. Она што посебно е интересно, и е прилично зад кулисите, за кое сите медиуми се интересираат во секоја пригода, е неговата мистична улога, за која малкумина и слушнале, на долгогодишен учесник и неформален координатор на “Молитвениот појадок со претседателот на САД” во Вашингтон.На пример, посебно провокативно зазвучи и информацијата дека заедно со својата сопруга, Соња Груевска, беа единствените од овој дел на Европа присутни на една од прославите во Вашингтон по повод свадбата на ќерката на тогашниот претседател, Џорџ Буш!Чест гостин е на организирани слични собири (“Европскиот молитвен појадок” – European Prayer Breakfast) од Европскиот парламент во Брисел, како и на германскиот во Берлин.И како што вообичаено велиме, ништо не е случајно во животот... Во 1998 година од канадската држава Живко Груевски е наименуван за почесен конзул на Канада во Република Македонија. Оваа функција и во актуелниов момент ја извршува беспрекорно, посветено, со многи идеи и креација. Стручно ја обработува и во својот магистерски труд и издадената книга Consular Diplomacy – Transformation of Diplomacy and the Role of Honorary Consuls.Современите меѓународни односи во глобализираниот свет и модерните дипломатски трендови се негова тема на научно инстражување и на неговите докторски студии.Во последните години како визитинг-предавач овие теми ги предава на магистерските студии на Универзитетот Американ колеџ-Скпје.Никогаш не бил директно ангажиран во политиката, а секогаш дискретно блиску до највисоките политички кругови. Балансирано комуницира и позитивно се прифаќа од сите политички партии, од сите етнички заедници, од позицијата и од опозицијата.Од 1991 година до денес, веројатно, нема позначаен дипломатски, државен или деловен прием или собир на кој не бил поканет и не бил драго виден гостин. Неговото граѓанско мислење и став за актуелните состојби во регионот сакале да ги слушнат повеќето дипломати, политичари и државници кои ја посетувале земјава или тука го “одработувале својот амбасадорски мандат.Живко е инспиративен и компетентен соговорник на најразлични теми! Со лична дарба, богато животно искуство, но и префинета “дипломатска” техника, тој лесно воспоставува контакт и пријателска комуникација со луѓе од различни профили. Иако е тоа практички немерливо, сепак, верувам дека припаѓа на онаа мала група луѓе со акумулиран најголем број квалитетни и трајни лични познанства и пријателства со проминентни светски личности од сферата на бизнисот, политиката, благородништвото, науката, уметноста... на сите светски меридијани и метрополи.Лондон денес е многу важна честа дестинација негова дестинација! Многу важна за нашата денешна длабоко суштинска приказна! Приказна за храмот и потрагата по вистината, кој откако влегол во него, станува важен простор за него, за нас и за Македонија... Ќе видите зошто...!?

МИСТИКА, ИНИЦИЈАЦИЈА, ВИСТИНА, СВЕТЛИНА...

Но, нашата денешна приказна и ексклузивниот разговор со Живко Груевски ќе ве внесе во некои нови димензии на спознание... Неговиот животен пат од пред 17 години е вистинскиот пат на потрага... Потрага по вистината, пат кон Истокот каде што сонцето изгрева, а светлината извира...Ова е сторија која од 1995 година до денеска некако паралелно се реализира зад македоската профана политичка, социјална и културна сфера! Сите зборуваат, но малку можат да објаснат... За нештата што како македонски граѓани сите ние денес за некои посебни случаи што ни се случуваат од крајности во крајности, секако, тешко можеме да си ги објасниме причинско-последичните врски!?Затоа почитувани, читајќи ја неговата последна книга, “Масонски мозаик”, објавена од книгоиздателството Култура пред неколку месеци, напишана во неговата животна ролја од позицијата на голем мајстор на Големата масонска ложа на Македонија, не бев рамнодушен, па го прашав за многу нешта!Со Живко Груевски денеска отворено, и без ракавици, ќе зборувам за Слободната Масонерија... За тоа што е всушност тоа, какви луѓе се всушност, Масоните, што треба да знаеме за нив? Зошто е тоа планетарно братство кое дели исти вредности? Што е тајно и дали е воопшто тајно? И како се создаде Македонскиот масонски храм!?Верувајте дека сте на прагот на една многу интересна сторија која изобилува со фрапантни факти, ставови и мислења по кои сигурно нема да останете рамнодушни...

Page 3: Tolkuvanje Na MASONITE

ИНТЕРВЈУ СО ЖИВКО ГРУЕВСКИ:

РАЗГОВАРАМ – ПРАШУВАМ, СЛУШАМ И РАЗМИСЛУВАМ...

 Какви луѓе се слободните масони!?

Груевски: Со вас ќе споделам едно лично искуство, чија метафорична порака, секако, го формулира мојот одговор... Пред неколку години влегов во ателјето на еден проминентен наш, македонски ликовен уметник со желба да ги разгледам неговите уметнички дела! Да одберам и да купам слика (масло на платно). Бев сосема изненаден од нетипичниот пристап на овој мајстор на уметноста, кој наместо да ми презентира, како што очекував, готови или слики во процес на изработка, ми покажа две големи папки преполни со негови цртежи-скици.Така разговарајќи со него за ова, следуваше негова кратка инструкција во смисла: “Не брзај, Живко, искористи време колку што ти треба, разгледај ги овие неколку стотини скици и доколку почувствуваш енергија и потенцијал кај некоја од нив, тогаш одбери ја... За неколку недели ќе ја насликам на платно”! Така и стана...Во следниот период додека чекав да ја добијам мојата уметничка слика често размислував за мноштвото скици во неговото работното ателје, но и на реалното сознание дека најголем број од нив засекогаш ќе останат само скици на блок-хартија. Многу помал број ќе ја “заслужат” трансформацијата во вистински уметнички дела.Ми се наметнаа инспиративни мисли со овоземскиот животен пат на нас, луѓето. Имено, на животниот почеток, веднаш по раѓањето, сите имаме дефинирани контури на нашиот физикус (кои нормално, се менливи со животната возраст). Но, интелектуално и духовно наликуваме на оние “недодефинирани скици” во ателјето на сликарот, мојот голем пријател.И така, во текот на животот начинот на којшто живееме, учиме, созреваме и се усовршуваме во “ателјето” на големиот архитект на универзумот само за малкумина од нас ќе има можности, форми и начини спакувани во шанси, да се обезбеди заслужена трансформација во целосно изградени личности со впечатлив идентитет и личен интегритет! И препознатливи човекови вредности! Трансформација од “хумани скици” во вистински “хумани уметнички дела”!Токму еден мал, но значаен дел од таквиот хуман потенцијал на човештвото, од тие “хумани уметнички дела” се и слободните масони!

 Но, која е целта или која е улогата на масонеријата во човештвото!?

Груевски: Како што музичката академија едуцира и произведува врвни музичари, архитектурата – архитекти, економските и правните науки – економисти и правници, медицината – врвни доктори, така масонеријата континуирано едуцира, надградува и усовршува “вистински Луѓе”!?

 Која е улогата на мајсторот масон?

Груевски: Постојано работи на фина “обработка на каменот потребен за градба на храмот на душата”. Најтешкиот камен за обработка е оној кој е во нас самите. Тој во почетокот, пред иницијацијата во редот, е груб и необработен, оптоварен од страсти, предрасуди, лоши навики... кршлив од разбирливи човекови стравови и збунетост. Но, работејќи вредно на неговата обработка и усовршување, крајниот идеал на мајсторот масон е да создаде “совршен камен” во самиот себе. Тој се стреми да се изгради во подобар човек, но не подобар од другите околу него, туку подобар од самиот себе и како таков, секогаш е вреден и авторитетен пример во општеството.

 Како вие ја дефинирате масонеријата!?

Масонеријата е “Наука за моралот завиена во алегорија и објаснета преку симболи”. Тука литерарниот симбол е завиен во алегорија, така што за надворешниот профан свет изгледа и се толкува како една работа, а претставува и значи нешто сосема друго и подлабоко, но само за “иницираните Масони”.Симболизмот, всушност, е “свето срце” на масонеријата. Втурнувањето во длабочините на масонското учење, толкување и значење на симболите несомнено е интелектуално патување кое трае целиот живот. Фактот дека за неполни пет години од денес (на 24 јуни 2017 година) светската Масонерија ќе одбележи цели три века од формирањето и јавното обзнанување на Првата голема ложа во Лондон (Англија) - (24 јуни 1717 година) само ја препотврдува констатацијата дека Freemasonry е една од најстарите и најголеми глобално распространети организации. Организација со секуларен, неполитички и добротворен карактер.

Page 4: Tolkuvanje Na MASONITE

Масонеријата е езотеричен-иницијациски ред, но со граѓанско-правен фундамент и легитимитет. Основната движечка идеја на делување е филантропска и длабоко хуманистичка, заснована на трите свети начела - братска љубов, добродетелство и непрекинлива потрага за осознавање на вистината.Масонските ритуали и церемонии неодвоиво го вклучуваат симболот на “Светлина” која во масонските лекции ја симболизира духовната вистина и знаењето. Масоните се во континуирана и посветена потрага по вечната светлина. Масоните не прифаќаат “живот во темнина”. Од нив се очекува со ентузијазам да работат на себеосознавање, себеусовршување и акумулирање највисоки знаења. Така “вистината” може да се разбере и како вечна потрага по знаење преку чесен однос кон самиот себе, кон својата фамилија, својата земја, кон човештвото во целина.

 Но, во профаниот живот темата за масонеријата е прекриена со плашт на контроверзни

толкувања! Завери! Разни планови ... Масоните низ историјата биле прогонувани! Какви луѓе се масоните, всушност!? Зошто е многу важен првиот масонски степен – ученик?Живко Груевски: Во највоопштена форма, апсолутно генерализирано, Масонеријата можеме да ја гледаме и како посебен “начин на живеење”. Сосема е неспорно дека базичните хумани принципи и начела, системот на морални, етички вредности кај луѓето, како и стремежот за постојано усовршување и позитивен придонес за човештвото воопшто НЕ се ексклузивно право само на масонеријата како организација. За среќа, голем дел од луѓето на Земјината топка, помалку или повеќе, ги применуваат таквите принципи и хумани вредности во својот “начин на живеење и однесување”, веројатно без и да почувствуваат потреба за “членство” во масонскиот ред. За мене и тие сите се квалитетни “градители”, односно “масони по убедување и начин на живеење”.Во конкретна смисла, масони се тие “добри луѓе” кои по своја слободна волја и согласност одлучиле да пристапат и бидат “регуларно иницирани” во масонската организација - во легитимните обединенции и редови. Масоните, сепак, се “посебни” луѓе затоа што за искрено и слободно да се определиш за масонска иницијација бара критична доза интелектуална и морална созреаност, како и подготвеност за напорна работа на себеусовршување! За “делкање и фина обработка на каменот во себе”!Токму затоа, првиот степен на ученик слободен масон (“Сина масонерија”) е целосно посветен да поучува за потребата да се воспостави контрола врз самиот себе, да се постигне ниво на урамнотежено себераководење. Овој степен симболично ја означува транзицијата од “детска” доба во созреана “полнолетна” фаза на животот, кога едноставно кажано, осознаваме дека и покрај тоа што ние секогаш ќе останеме “сопствени херои” во нашите мисли и кажувања, светот сепак, не се врти околу нас и нашето “его”.Всушност, нашето постоење и поминување низ животот нема ниту да биде забележни доколку не работиме искрено и посветено на себеосознавање и себеусовршување. Работата која се бара во првиот – ученички степен, овозможува воспоставување лична контрола и самодисциплина, можност за управување со човечките пориви и страсти, нуди вештини за урамнотежено совладување на внатрешните изрази на егоцентричност, суета и себичност.Лекциите во овој степен му помагаат на иницираниот масон да се оттурне од интелектуалната слепотија и морална стагнација! Храбро и решително со поддршка на неговите браќа да зачекори по патот на морален и духовен напредок.

 Која година сме денес?

Груевски: Година 6012 ...

 Можеме ли да објасниме зошто сме 6012 година?

Груевски: Секако. Тоа е уште еден од многубројните збунувачки податоци за профаниот свет поврзани со масонеријата. Всушност, постојат неколку различни календарски обележувања на годините поврзани со различните масонски редови, а во зависност од тоа која година ја третираат како “нулта година”, односно годината од која почнува да се пресметува времето. Тоа е по правило, поврзано со некој (за овие редови) значаен настан.Така, за мнозинството слободни масони во “Сината масонерија” тоа е моментот на создавање на светот или 4.000 години пред Исус, по древниот календар, Anno Lucis (A.L.) или во “годината на светлината”. “Шкотскиот ред” исто така ја користи годината на создавање на светот, но по еврејската хронологија – Anno Mundi (A.M.) или во “годината на светот”. Се додаваат 3.760 години на современава ера.“Кралскиот свод” календарски пресметува од годината кога е започнато создавањето на вториот храм на царот Соломон – Anno Inventionis (A.I.) или во “годината на пронаоѓање”, при што се додаваат 530 години на современава ера.

Page 5: Tolkuvanje Na MASONITE

Редот на “витезите темплари” пак, смета од годината во која е создаден нивниот витешки ред – Anno Ordinaris (A.O.) или во “годината на редот”, при што се одземаат 1.118 години од современава ера.

... Целото интервју може да го прочитате во печатеното издание на магазинот КАПИТАЛ од 12 септември 2012 година