troicnik 23, december 2008

66

Post on 11-Apr-2015

554 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Списание на Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква.

TRANSCRIPT

Page 1: Troicnik 23, december 2008
Page 2: Troicnik 23, december 2008
Page 3: Troicnik 23, december 2008

СО БЛАГОСЛОВНА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВОМИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г . ИЛАРИОН

ВОВЕДНИК 3

архимандрит Јустин КелискиПОКЛОНУВАЊЕТО НА МУДРЕЦИТЕ 7

КАКО ДА СЕ ЖИВЕЕ ПОБОЖНО 12

Митрополит Брегалнички г. ИларионСЛОВО ПРОТИВ БАЈАЧИТЕ 16

СТАРЕЦ ЈАКОВ ЦАЛИКИС 20

свештеник Сергиј ФилимоновПРАВОСЛАВНИОТ ПОГЛЕД НА ОНКОЛОГИЈАТА 24

ЗА ЖИВОТОТ НА ДРЕВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ 29

свештеник Влатко МирасчиевДЕПРЕСИЈА 33

СМИСЛАТА НА СТРАДАЊАТА ВО ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ 37

Св. Кипријан КартагинскиЗА ДОБРОДЕТЕЛТА НА ТРПЕНИЕТО 43

ЖИТИЈА НАЧЕТВОРИЦАТА ПУСТИНОЖИТЕЛИ 49

Света Царица-Маченица Александра РомановаЗА БРАКОТ И СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ 56

свештеник Климент МишањВОЦРКОВУВАЊЕ НА ДЕЦАТА 60

ТРОИЧНИК - списание за православна вера култура, уметност, образование и воспитание, година VI, број 23,излегува четири пати годишно. Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип.Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Климент Мишањ, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин Дизајн: ѓакон Тони Петрушевски, e-mail: [email protected]Печати: Европа 92, Кочани

ТРОИЧНИК, број 23

Page 4: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 4

„Дева денес Го раѓа надсуштествениот,и земјата Му принесува пештера на Непристапниот.

Ангелите со пастирите Го славословуваат,а мудреците со ѕвездата патуваат,оти заради нас се роди младо дете –

Предвечниот Бог.”

Денес вселената со радост се исполнува, денес секое создание се весели и радува, денес по обилното Свое милосрдие се

раѓа во светот Оној Кој го создаде, денес Христос се роди од Девствена Девојка. Оној кој во вечноста седи во слава, на божествениот престол, Кој во своите раце го држи жезолот на правдата, се смири и се облече во човечко тело, за да ја освети и обнови човечката природа која поради гревот стана подложна на распаѓање и смрт. Оној Кој по својот лик и подобие го создаде човекот, сега се овоплоти и стана човек, дојде на земјата, се роди, за да го воздигне човекот на небото, избавувајќи го од рацете на најлутиот мачител _-ѓаволот, за да го воздигне човекот во слава и чест, какошто и му доликува на едно создадено боголико битие. Стана видлив по тело, не само за ангелите, туку и за луѓето и животните, Оној Кој е Творец и Создател, Син Божји и Цар Небесен, стана видлив за сите, скромно и смирено се роди во пештера, во сиромаштво, легна во јасли Оној Кој Небесата неможат да Го соберат, таму каде што е храната за бесловесните животни, беше повиен Оној Кој на луѓето врзани со гревови и пороци, им донесе ослободување и победа. Слаткиот Младенец беше положен во слама, бидејќи за Него немаше место кај луѓето. Никој не беше достоен да го прими во својот дом, зашто Тој требаше да го исчисти човештвото од неговата нечистотија, мораше да се роди онаму каде што има чистота, невиност и добродушност, таму кадешто има смирение и едноставност. Во царските палати и во куќите, тоа го немало. Во срцата на народот тоа го немало. Само пастирите и мудреците биле украсени со овие добродетели,

единствено тие паднале, Му се поклониле и принеле дарови од својата земна ризница, и со своите топли срца го препознале својот Спасител, Кој е воспеван од ангелите небесни, а на земјата му е близок на секој човек. Се роди во сиромаштво, за да ни даде вечно богатство. Се роди како смирено Дете, за да ни покаже дека само чистото срце и смирениот ум можат да го видат Бога. Св. Јован Златоуст вели: „Размисли само каква глетка би била, кога сонцето би се симнало од небото, кога би се движело по земјата, и кога со своите зраци би ја осветлувало земјата. А кога таквата случка би ги ужаснувала сите оние кои создадената светлина така ќе ја гледаат, замисли како е да се гледа Сонцето на правдата како од нашето тело, како човек, испушта зраци и ни ја просветлува душата?”

Дојдете сите верни да Му се.поклониме на витлеемскиот Младенец!

Да се поклониме и зарадуваме во овој ден на светлината, зашто денес царуваат мирот и слободата, денес во нашите срца и мисли треба да замолкнат сите кавги, поделби и нечовечни однесувања, кои нѐ одалечуваат од Предвечниот Младенец, Кој треба да се роди во нашите срца, кои како чисти јасли чекаат во нив да биде положен.

Дојдете возљубени христољупци, со светиот пост, да ја очистиме витлеемската пештера од секоја осквернетост и нечистотија, зашто токму во нашите души треба да се роди Пречистото Дете, Единствениот Бог, пред Кого, слично на мудреците, треба да Му ги принесеме нашите духовни дарови – добродетелите, почисти и посјајни од злато, пораспламтени и пораскадени од ливан, поблагомирисни и попријатни од смирна.

Дојдете благочестиви христијани, да Му се поклониме на Новородениот заедно со пастирите, оти „за Бога нема побогата жртва од добрата волја”, вели свети Григориј Двоеслов.

Дојдете возљубени христоносци, да се поклониме пред воплотеното Слово, Кој со своето човекољубиво раѓање го започна својот подвиг за спасение на човечката природа. Соединувајќи се со тело, стана тело и совршен човек, ги соедини и луѓето со Духот, за да бидат едно пред Бога и ангелите, еден народ Божји, кај кого нема да има кавги и расправии, поделби и разделување, ниту на етничка ниту пак на политичка основа, но да бидеме едно пред Бога, како едно тело и една

ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

Page 5: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 5

Page 6: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 6

душа, соединети и сплотени еден во друг, за да се покажеме пред Нашиот овоплотен Господ како едно стадо и еден Пастир, една Црква, Света, Соборна и Апостолска, која ќе го слави Бога со една уста и едно срце, како едно Тело Христово. „Бидете помеѓу себе едномислени; не мислете за високи работи, туку држете се смирено; не мислете дека сте мудри.” (Рим. 12, 16).

Затоа дојдете сите верни да го славиме Господа и заедно со сите небесни сили да воскликнеме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја. Да се потрудиме да ги отвориме нашите духовни очи и ќе видиме како небесата ја откриваат славата Божја. Да ги отвориме вратите на нашите срца и ќе го чуеме гласот ангелски, кој нѐ повикува да се поклониме пред Богомладенецот. Денес сѐ е преисполнето со радост, зашто заради нас се роди Дете Младо, Предвечниот Бог.

Христос се раѓа, славете Го;Христос доаѓа од небото, пресретнете Го;

Христос е на земјата, возносете Го.Пеј Му на Господа цела земјо, и веселопофалете Го, луѓе, зашто се прослави!

Мили чеда во Господа!

Со небесна радост го очекуваме овој светол празник, овој торжествен ден на светлината, кога конечно човекот се помири со Бога и ангелите. Божиќ е уште и празник на децата и младите, чии-што души изобилуваат со чистота и незлобивост. Затоа и во овој предбожиќен број на нашето списание, повторно се обраќаме кон нашите млади читатели. За да ги поттикнеме со голема храброст и ревност, заедно со пастирите да го прослават Спасителот на светот, зашто „Оној Кој е роден од Дева, донесе блаженство наместо грижи и радост наместо тага”, вели Св. Јован Шангајски. Поклонете се на Царот и заедно со мудреците принесете му дарови од својата млада богожедна душа. Дарувајте го со вашиот благочестив христијански живот, за наместо пропадливо богатство, да примите вечно, и наместо земно небесно.

Дојдете исто така и вие кои живеете во сиро-маштво и немаштија, и принесете Му го вашето трпение и скромност, вашата љубов и почит и ќе добиете радост во вашите души. Дојдете сите вие кои имате маки, разочарувања, тешкотии, болести и неволји, принесете му ги вашите молитви и вера и Он ќе ве удостои да бидете наследници на Царството Божјо. Дојдете сите луѓе, сите народи по целиот свет, дојдете и поклонете се и Он ќе ви дарува мир во вашите души, мир во земјата и

светот, зашто само Христос е вистински Миротворец Кој со Својот Крст ги соединува луѓето и народите, а преку Христа и ние пребиваме во мир, не само меѓусебно, туку со Нашиот Бог Отец (Ефес. 2, 14-22). Зашто Евангелието Христово е Евангелие на мирот, а Црквата Негова е место на помирување и содинување на луѓето со Бога. Секоја богослужба, секоја Света Тајна, секоја молитва, претставува извор на внатрешен и надворешен мир.

Дојдете и примете дел од вечноста, насладу-вајте се со благодатта Божја, бидете причесници со бесмртното Тело и божествената Крв, зашто богата духовна трпеза ни приреди Нашиот Отец Небесен. Богато Нѐ наградува и сѐ ни простува. Бидејќи особена миротворна сила извира од Божествената Литургија, и затоа секој верник кој свесно учествува во Вечерата Господова, во Божествената Литургија, и кој се соединува со Христа преку Светата Причест, го продолжува Неговото миротворно дело во светот - жртвувајќи се себеси за браќата, простувајќи им на непријателите, помирувајќи ги скараните. Господ бара Неговиот народ да биде кроток, милосрден, смирен, праведен и исполнет со љубов кон сите, па дури и кон непријателите, да биде апостол на мирот во овој свет.

Затоа возљубени читатели, да дадеме сѐ од себе во овој привремен живот, сета наша енергија и сила да ја искористиме во борбата за придобивање на Царството Небесно, за Небесниот Ерусалим, бидејќи токму тоа и ни претстои во овие божиќни пости – лута борба против непријателот на нашето спасение, кој во овој динамичен свет војува против нас.

Но, имајќи го Богомладенецот во себе, да се трудиме со вера, молитва и пост, да ги победиме сите наши непријатели и искушенија, да се исполниме со благопријатниот мирис на Богомладенецот, та заедно со небесните сили и сите светии да поитаме кон Оној, Кој заради нас слезе од Небесата и со радост го исполни секое тажно срце, прогонувајќи ги сите земни грижи, да ги отвориме нашите души и од студена разбојничка пештера да ги претвориме во топло живеалиште на Богомладенецот, а нашите срца, во богопријатни и чисти јасли, во кои ќе биде повиен нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Нему Му прилега секоја слава, чест и покло-нение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Page 7: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 7

ПОКЛОНУВАЊЕТО НА МУДРЕЦИТЕархимандрит Јустин Келиски

Кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во деновите на цар Ирод, ете дојдоа мудреци од исток (Мт. 2, 1), – не од

некоја определена источна земја, туку од разни земји, како што тоа се гледа во делата на светите Отци, кои на разни начини говорат за тоа. Некои од светите Отци мислат дека мудреците биле од Персија. Така мислат: свети Јован Златоуст, свети Кирил Александриски, блажен Теофилакт и други. А така мислат затоа што во тоа време таму многу била ценета науката на ѕвездочитачите,[1] и таму никој не можел да стане цар додека претходно не ја изучел таа наука. Други пак, од Отците сметаат

дека мудреците биле од Арабија. Така сметаат свети маченик Јустин Философ, свети Кипријан, свети Епифаниј. А така сметаат затоа што таа земја била многу богата со злато, темјан и измирна. А некои свети Отци мислат дека мудреците дошле од Етиопија, зашто од таму некогаш дошла во Ерусалим царицата на Саба, всушност на Етиопија, да ја чуе премудроста на Соломон (3 Цар. 10, 1-13), што е, според толкувањето на блажен Јероним, било праобразец на ова доаѓање на мудреците кај духовниот Соломон – Христос, кој е Божја Премудрост.[2] А и Давид говори: Етиопија ќе ги испружи своите раце кон Бога (Псалм. 67, 32).

празници

Page 8: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 8

Ковчег со моштите

на тројцата мудреци

Впрочем, сите спомнати земји се на исток и граничат една со друга; тие изобилуваат со злато, темјан и мириси; во сите нив многу било застапено маѓепсништвото и ѕвездочитањето; при што на мудреците во тие земји не им било непознато Валаамовото пророштво за ѕвездата која требало да засвети, а кое пророштво се предавало од род во род усно и писмено. Може да се смета за најверојатно ова: еден од мудреците бил од Персија, втор од Арабија, а трет од Етиопија. За тоа имаме укажување во пророштвата на св. цар Давид, каде што е речено: „Царевите Тарсиски и островјаните ќе донесат дарови, царевите Арабиски и Савски ќе дадат данок (Псалм. 71, 10). А ова Давид го претскажа, како што претпоставуваат толкувачите на Светото Писмо, за мудреците кои требало да дојдат при Христа со дарови. Давидовите зборовите „царевите Тарсиски” значат „прекуморски”, зашто Тарсис означува „море”, па така под тоа треба да се разбере Персија, земја „зад морето”. Зборовите пак: „цареви Арабиски” јасно укажуваат на Арабија. А зборот „Савски” укажува на Етиопија, во која градот Сава е престолнина. Така значи овие три мудреци = волсви беа од Персија, Арабија и Етиопија.

Тие се нарекуваат волсви не во таа смисла дека се занимавале со демонски гатања, магии и баење, туку затоа што кај Арапите, Сиријците, Персијците, Етиопјаните и другите источни народи било обичај; своите мудреци и ѕвездочитачите да се нарекуваат волсви = маги. И овие три мудреци = волсви не биле, значи, од средината на гатачите и магионичарите, туку од средината на најмудрите ѕвездочитачи и философи. А се нарекуваат тие и цареви, не во смисла на големите цареви кои имаат под своја власт многу земји, туку како оние кои добиле од нив власт во својот град или во некое кнежевство. Зашто, Светото Писмо ги нарекува поглаварите на градовите „цареви”, како што тоа се гледа од четиринаесетата глава на Првата книга Мојсеева. Од кои пак, градови биле овие три цара, нема сигурни податоци; само тоа се знае, дека се од источните земји, дека биле тројца, според бројот на трите донесени дарови: злато, темјан и измирна. Иако секој од нив доаѓал од својата земја, но водени од една ѕвезда, тие, по Божја промисла, се сретнаа, па кога сознаа дека имаат заедничка намера, го продолжија патот заедно одејќи по ѕвездата, за која некогаш претскажа преславниот ѕвездочитач Валаам, кога рече: Ќе излезе ѕвезда од Јаков и ќе се подигне човек од Израилот (4 Мојс. 24, 17). А каква ѕвезда била таа? Свети Јован Златоуст и Теофилакт тврдат дека тоа не била ѕвезда од небесните видливи ѕвезди, туку некоја Божествена и ангелска сила која се јавила во вид на ѕвезда. Зашто сите ѕвезди постојат од почетокот на создавањето

на светот, а таа ѕвезда се појавила на крајот на вековита, при воплотувањето на Бог Словото. Сите ѕвезди имаат свое место на небото, а оваа ѕвезда се гледала во воздухот; сите ѕвезди обично се движат од исток кон запад, а оваа ѕвезда необично се движела од исток кон југ во правец на Ерусалим; сите ѕвезди светат само ноќе, а оваа ѕвезда и дење светела како сонце, неспоредливо надминувајќи ги небесните ѕвезди и со светењето и со величината; сите ѕвезди со другите светила постојано се движат, а оваа ѕвезда повремено се движела, а повремено стоела, како што блажен Теофилакт вели: „Кога одеа мудреците, одеше и ѕвездата; а кога тие се одмораа, и таа стоеше.”

За времето; кога се појавила таа ѕвезда – различни толкувачи, различно мислат. Едни велат дека таа се појавила токму во ноќта и часот кога Спасителот се родил од Дева. Но, секако, не е така. Зашто, ако ѕвездата се појавила во тоа време, како тогаш мудреците од толкава далечина можеле да стигнат до Ерусалим за толку краток рок? Јосиф, по изминувањето на четириесет денови по Раѓањето на Богомладенецот и по законското очистување во храмот, веднаш, не задржувајќи се во својата куќа во Назарет, откако го зел само најпотребното за пат, итно тргнал во Египет. Иако некои и говорат дека тие мудреци употребиле брзи коњи, бргу го поминале својот пат и на тринаесетиот ден по

Page 9: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 9

Христовото Раѓање стигнале во Витлеем. Но, тоа е неверојатно. Зашто, пред си, тие биле цареви, а не брзоодци и патувале со дарови и со многу слуги, како што му доликува на царското звање и чест, а исто така и со запрежни коли и други ствари потребни за патување. Во тој случај, како може тие за тринаесет денови да стигнат до Витлеем од Персија, Арабија и Етиопија? Покрај тоа. тие биле задржани некое време во Ерусалим од Ирод, додека Ирод да ги собере сите првенци од свештениците и книжевниците и тие да разјаснат дека Христос треба да се роди во Витлеем Јудејски. Други толкувачи, меѓу кои и свети Епифаниј, велат дека ѕвездата се појавила во часот на Христовот Раѓање, но дека мудреците дошле да се поклонат по две години и го затекнале Христа како двегодишно Дете. Ова мислење е засновано на тоа што Ирод наредил, да се убијат сита деца од две години и помали, според времето што го дознал од мудреците. Но, за ова мислење свети Теофилакт вели дека очигледно е неточно, зашто целата Црква сигурно знае дека тие мудреци Му се поклониле на Христа во Витлеем, кога Христос си уште бил во пештерата. А по две години Христос не само што не се наоѓал во Витлеем, ниту во Палестина, туку во Египет. зашто по сведоштвото на апостол Лука, после очистувањето во четиресеттиот дан во храмот каде што старец Симеон го сретнал Господа и сѐ е извршено според Божјиот закон, свети Јосиф и Пречиста Дева со Детето веднаш се вратиле во Галилеја, а не во Јудеја, во својот град Назарет, а не во Витлеем; и од Назарет, по наредба од Ангелот, отпатувале во Египет. Како тогаш мудреците можеле, по две години да го најдат Христос во Витлеем?

Древниот пак, грчки историчар Никифор[3] вели, дека ѕвездата се појавила на исток две години пред Христовото Раѓање, и дека мудреците патувале до Ерусалим две години, па така стигнале токму на часот на раѓањето. Навидум и овој историчар се сложува со она што пишува во Евангелието за колежот на децата од две години и помали. Но и ова мислење не е веродостојно. Зашто, каква потреба би ги натерала тие мудреци две години да патуваат од источните земји, кога оттаму може за два или три месеци да се дојде до Ерусалим? Дури тие, како цареви, и да патувале споро и долго, и во тој случај тие не можеле да бидат на патувањето повеќе од шест или седум месеци, зашто источните земји, како Персија, Арабија и Етиопија, не се толку далеку од Ерусалим, за патувањето да може да трае две години.

Кое мислење за времето на појавата на ѕвездата е најверодостојно? Сметам, мислењето на свети Јован Златоуст и свети Теофилакт. Овие

учители говорат вака: „Ѕвездата им беше покажана на мудреците пред Христовото Раѓање. Бидејќи требало да поминат многу време на пат, затоа ѕвездата им се јавила долго време пред Раѓањето на Спасителот, за тие да би можеле навремено да стигнат во Витлеем и да Му се поклонат на Христа додека сѐ уште бил во повој.”

Да согледаме дека овие свети учители не определуваат време од две години за таа ѕвезда, туку само велат: „долго време пред”, како да велат: „неколку месеци пред.” Врз основа на таквото тол-кување на овие свети учители, може да изведеме и ваков благочестив заклучок: ѕвезда се појавила на исток во оној ден и час, кога со благовестието од Архангелот и слегувањето на Светиот Дух, Бог Логосот стана тело, зачнувајќи во Пречистата, девствена утроба. Така значи, девет месеци пред Христовото Раѓање, на самиот ден на Благовестието мудреците ја здогледале ѕвездата на исток, и прво со двоумење се чуделе и размислувале; каква ли е таа ѕвезда? Откако сфатиле дека тоа не е некоја случајна ѕвезда, туку има некоја Божествена сила, мудреците се сетиле на древното пророштво од Валаам и претскажувањата на Еритрејската сибила [4] дека во Израил ќе се роди Господ и Царот на вселената. И тие заклучиле дека тоа е Неговата ѕвезда, која одамна е претскажана.

Откако црврсто поверувале дека тоа несомнено е така, мудреците добро се подготвиле за пат и тргнале. Патувајќи, како што е кажано, се сретнале еден со друг и заедно го продолжиле патот еднодушно. Меѓутоа, почнал да изминува девет-месечниот рок од појавувањето на ѕвездата и се приближувал часот на Христовото Раѓање. А и тие се приближиле кон пределите Палестински и конечно стигнале во престолнината на Јудеја – Ерусалим и тоа на самиот ден на Христовото Раѓање. А кога се приближувале кон Ерусалим, ѕвездата која ги водела, одеднаш се сокрила од нивните очи. Зашто; ако ѕвездата засветела и во Ерусалим, луѓето, несомнено, би ја здогледале и би тргнале по неа заедно со мудреците кон Христа. Тогаш и Ирод и завидливите еврејски старешини на синагогата би дознале каде се наоѓа родениот Христос и предвремено би Го убиле од завист. Но Божјата промисла која на најдобар начин го устројува нашето спасение, ѝ нареди на ѕвездата да се сокрие, и за оние што ја барале душата на Детето да не дознаат каде се наоѓа пештерата, и заради тоа што очите на злонамерните биле недостојни да ја видат онаа чудесна ѕвезда; а и за да ја испита нивната вера: дали ќе им поверуваат на зборовите од тие мудреци кои благовестуваат за доаѓањето на Месијата и дали ќе посакаат да Го познаат Христос, Спасителот на светот? За тоа блажен Теофилакт

Page 10: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 10

размислува вака: „Зошто дошле мудреците?“ - За осуда на Евреите, зашто кога волсвите, иако незнабошци, поверувале, каков изговор тогаш би можале да дадат Евреите? Волсите дошле од толку далечни земји да Му се поклонат на Христа, а Евреите, имајќи Го во својата средина, Го гонеле".

Кога мудреците влегле во престолнината Ерусалим, тие прашале за новородениот Цар: каде е Царот Јудејскиот што се роди? Зашто, ја видовме неговата ѕвезда на исток и дојдовме да му се поклониме (Мт. 2, 2). Оваа нова вест веднаш го зачудила народот, а го вознемирила и царот Ирод и сите Ерусалимски старешини. Царот откако ги собрал сите старешини од свештениците и народни книжевници, ги прашал: „каде ќе се роди Христос?“ (Мт. 2, 4). Тој се уплашил за да не му го одземат царството и размислувал како да го убие новородениот Цар. Кога дознал дека Христос треба да се роди во Витлеем, тој ги повикал мудреците и од нив дознал за времето кога се појавила ѕвездата. Потоа, ја прикрил измамата и со лукава намера и зла мисла, им рекол на мудреците: „Одете

и испитајте точно за детето, па кога ќе го најдете, јавете ми за да му се поклонам и јас.“ (Мт. 2, 8).

Кога мудреците заминале од Ерусалим, веднаш се појавила ѕвездата, која ги водела и тргнала пред нив, а тие многу се израдувале на нејзиното повторно појавување. И одела пред нив се додека не ги довела во Вилтеем, до пештарата и застанала над местото каде што било Детето, односно ѕвездата застанала и слегла од височините и се приближила до земјата. Инаку, тие не би можеле да распознаат над кое стои таа, ако не се спуштила пониску. Така вели и блажени Теофилакт, следејќи го свети Златоуст: „Тоа беше необичен знак, зашто ѕвездата слезе од височините и се спушти до земјата, покажувајќи им го местото на мудреците. Зашто, ако таа остала во височините, како тогаш тие би можеле да го дознаат она посебно место каде што се наоѓал Христос? Зашто секоја ѕвезда под својата светлина има многу места. И како што ти често ја гледаш месечината над својата куќа, така и мене ми изгледа дека таа се наоѓа и свети над мојата куќа; и на сите им изгледа како само над нив да стои

Page 11: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 11

во единството; во тоа тие со срцето веруваат, со даровите исповедаат.”

Откако примиле во сон вест од Ангел кој им јавил да не се враќаат кај злобниот Ирод кој имал намера да Го убие новородениот Цар, мудреците по друг пат заминале – секој во својата земја и таму станале учители и Христови проповедници, според веродостојното сведоштво на Никифор. Зашто, проповедајќи го доаѓањето на Христос, Синот Божји во светот, тие ги учеле луѓето да веруваат во Него, како што и самите верувале. И нема сомневање дека тие по смртта се удостоиле да бидат вброени во соборот на светите. Нивните имиња се: првиот - Мелхиор, стар и обелен, со долга коса и брада; тој донел злато за Царот и Господарот. Вториот - Гаспар, млад и без брада, со румено лице; тој донел темјан за вочовечениот Бог. Третиот - Валтазар, црномурест во лицето и со голема брада; тој донесе измирна за смртниот Човечки Син.

Нивните тела, по многу години, биле пренесени прво во Цариград, потоа во Медиолан,[5] а конечно во Келн,[6] во чест на воплотениот Христос Бог, кому со Таа што го роди, нека Му е и од нас слава во вековите. Амин.

Превод: ѓакон Тони Петрушевски

Белешки:

1 Ѕвездочитачи – астрономи, астролози: според движењето на ѕвездите и другите небесни тела и според нивната положба ги претскажувале идните настани и учеле дека од тоа зависат судбините на луѓето.

2 Толкување на пророкот Исаија.

3 Никифор Калист, историчар од XIV век, напишал "Историја на Црквата".

4 Сибили биле пророчици од незнабошците. На некои од нив, како на сибилата Кумејска, сибилата Еритрејска, древните христијански писатели им припишувале претскажувања за Спасителот, и воопшто за времињата на Новиот Завет.

5 Медиолан, денешен Милано, голем град во северна Италија; престолнина на древна Лигурија.

6 Келн (порано Колонија Агрипина), древен град на Рајна, во Германија, во кој почиваат делови од чесните мошти на светите три мудреци.

месечината или која било ѕвезда. Така и оваа ѕвезда не би можела јасно да го покаже Христос, ако не се спуштила и застанала над главата на Детето.”

Според ова чудо се гледа дека таа ѕвезда не била од обичните на небесниот свод, туку претставувала посебна Божја сила. Така значи, мудреците кога влегле во куќата Го нашле Оној кого го барале, како што вели Евангелието (Мт. 2, 11). Врз основа на тоа некои мислат дека мудреците го нашле Хрисос не во пештерата, туку во некоја куќа во градот, бидејќи Евангелието не спомнува пештера, туку куќа. Според тоа мислење, Евангелието како да вели: „Кога многубројниот народ, што беше дошол заради пописот, се разотидел, тогаш се испразнила и општата гостилница и другите куќи на Витлеемските жители, па Мајката со Детето била преведена од пештерата во некоја куќа. Но, светиот мученик Јустин, св. Јован Златоуст, св. Григориј Ниски и Ероним велат дека Господ останал во пештерата каде ште се родил до времето на очистувањето во четириесеттиот ден, и дека и мудреците го нашле таму. Тоа се случило така за земните цареви да дознаат дека царството на новородениот Цар е во сиромаштво, во смирение, и во презирањето на славата на овој свет, а не во богатствата, алчноста и палатите. Сето тоа така се случило и за да може уште посилно да се пројави нивната голема вера, со која тие не се поколебале кога го виделе Оној, заради кого поминале толку долг и тежок пат и се надевале дека ќе Го најдат во царски палати, а го нашле во таква сиромаштија.

Откако Го нашле Господа во пештерата, мудреците Му се поклониле, т.е. не со обичен поклон, туку со поклон што на Бога му припаѓа, Му се поклониле не само како на човек, туку и како на Бог. Свети Иринеј и папата Лав Велики велат: „тие мудреци, таинствено просветени од Господовата благодат, кога го здогледале Младенецот, познале и поверувале дека е Тој – Бог, и затоа Му се поклониле, не само како на Цар, туку и како на Бог, со поклонување кое Му припаѓа на Бога. Заради тоа е напишано: паднаа, па ги отворија своите ризници и му принесоа дарови (Мт. 2, 11), исполнувајќи ја заповедта: „Не излегувај пред Господа празен” (2 Мој. 23, 15). А какви дарови се тоа? Злато, темјан и измирна: злато како на Цар, темјан како на Бог, измирна како на смртен човек бидејќи Евреите со измирна го помазувале телото на умрениот, сакајќи да го зачуваат нераспаднато. На тој начин тројцата цареви му оддале чест со даровите на Едниот од Св. Троица и со тие дарови исповедале дека во Него се две природи: Божјата и човечката. За тоа свети Лав вака говори: „Тие принесуваат темјан на Бога, измирна на човек, злато на Цар, правилно почитувајќи ја Божествената и човечката природа

Page 12: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 12

Кога ќе се разбудиш…

Принудувај се себеси секогаш да стануваш рано и во одредено време. Без посебна причина не спиј повеќе од 7 часа. Штом

се разбудиш од сон, истиот миг вознеси ја својата мисла кон Бога со молитва и со стравопочит осени се со крсниот знак, помислувајќи на распнатиот Господ Исус Христос, кој заради нашето спасение умре на Крстот. Веднаш стани од постела, облечи се, и не си дозволувај себеси да се излежуваш долго во креветот. Облекувајќи се, имај на ум дека се наоѓаш во присуство на Господ Бог и на Ангелот

Чувар, и спомнувај си за падот на Адам, кој се лишил од облеката на невиноста, и барај од Господ Исус Христос благодат за во Него да се облечеш.

Потоа веднаш почни ги утрените молитви. Преклонувајќи ги колената, моли се внимателно, со стравопочит и најдлабоко смирение, какошто е и потребно пред погледот на Семоќниот. Моли од Господа вера, надеж и љубов, благослов за денот што настапува, а исто така и сила благодушно да го примаш сѐ она што Нему Му е благоугодно, тој ден да ти го испрати или допушти на тебе, и да ги поднесеш сите тешкотии, несреќи, возмутувања, напасти, маки и болки душевни и телесни, од

љубов кон Господа Исуса Христа. Цврсто одлучи да правиш сѐ заради Бога, и сѐ да примаш од Неговата Татковска рака, и посебно реши да го правиш токму она доброто, а да го избегнуваш токму она лошото.

Секое утро, барем петнаесеттина минути посвети на кратко размислување за вистините на верата, особено за непоимливото таинство на Вопло-тувањето на Синот Божји и за страшното Второ доаѓање Негово, за пеколот и за рајот. Размислувај вака – можеби овој ден е последен ден од мојот живот – и во сѐ постапувај така, какошто би постапил, подготвувајќи се да застанеш тој ден пред Судот Божји. Благодари Му на Бога што сѐ уште си жив и не си умрел во своите гревови. Колку ли луѓе излегле минатата ноќ пред страшниот Суд Господов! Исто така заблагодари Му на Бога што сѐ уште имаш време да примиш благодат и милосрдие, и средства за покајание и задобивање на Царството Небесно. Секое утро помислувај за себе дека токму денес почнуваш со молитви и размислувања, и ако времето ти дозволува, читај некоја духовна книга и читај ја сѐ додека срцето не ти

КАКО ДА СЕ ЖИВЕЕ ПОБОЖНО

духовни поуки

Page 13: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 13

дојде состојба на умиление (покајна молитвена трогнатост). Кога доволно ќе подразмислиш за едно место, читај понатаму и грижливо внимавај на она што Господ Му го говори на твоето срце.

Кога ќе тргнеш по својата работа…

…Потоа, занимавај се со делата свои и сиот твој труд и дела нека бидат во слава Божја – спомнувај си дека Бог постојано те гледа, дека ги гледа сите твои постапки, занимања, чувства, помисли и желби, и дека ќе ти даде голема награда за сите добри дела. Не започнувај ниту едно дело, а да не се помолиш на Господ Бог, затоа што сѐ она што го правиме или говориме без молитва, потоа се покажува или погрешно или штетно, и нѐ изобличува преку делата на начин за кој не сме ниту свесни. Самиот Господ рекол: “Без мене не можете да направите ништо!”. Во своите трудови биди секогаш спокоен и радосен, затоа што успехот им припаѓа на оние кои ќе поверуваат во Господовиот благослов! Сѐ што ти е тешко, исполнувај го како епитимија за гревовите во духот на послушноста и твојата смиреност. А, во текот на своите трудови кажувај кратки молитви, особено Исусовата молитва – “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!” – и спомнувај си за Исуса, Кој во потта на Своето лице го јадел лебот Свој, работејќи со праведниот Јосиф.

Ако твоите трудови завршуват со успех, по желбата на срцето твое, благодари Му на Господа, а ако завршуваат неуспешно, имај на ум дека тоа Бог го допушта и дека сѐ што прави Он – е добро.

Секогаш и во сѐ...

…Секогаш и во сѐ сеќавај се на Господ Бог и на Неговата света љубов кон нас грешните. Во сѐ труди се да ја исполнуваш Божјата волја и да Му служиш само на Единиот Бог, работи и трпи сѐ заради Бога. Грижи се тоа, не да те величаат и љубат луѓето на овој век, туку да Му служиш на Господ Бог и совеста твоја да не те изобличува во гревот. Грижливо бдеј над себеси – над чувствата, помислите, движењето на срцето и своите страсти; кога станува збор за твоето лично спасение, ништо не сметај дека е безначајно. Во времето додека си спомнуваш за Бога, умножувај ги своите молитви, за и Бог да се сети на тебе кога ти на Него ќе заборавиш. Во сѐ нека ти биде учител нашиот Господ Исус Христос, на Кого гледајќи со окото на умот свој, прашувај се самиот себе почесто – што би направил или помислил Исус Христос во тој случај. Биди кроток, тивок, смирен, молчи и трпи по примерот Исусов. Он нема да ти додели крст, кој ти нема да можеш да го носиш - Он Самиот ќе

ти помогне во носењето на крстот. Не помислувај дека било кое добро ќе го стекнеш без мака и болка душевна. Проси од Господа благодат, да ги исполнуваш што е можно подобро пресветите заповеди Негови, иако ти изгледаат многу тешки. Кога пак ќе ја исполниш било која заповед Божја, очекувај искушение, зашто љубовта кон Христа се испитува преку совладување на пречките. Ниту на кратко не седи без работа, секогаш биди во некоја работа и со нешто занимавај се, зашто оној кој не се труди, недостоен е да се нарече човек. Осамувај се по примерот Исусов, Кој се осамувал од останатите луѓе и Му се молел на Небесниот Отец. Ниту кога ти е тешко на душата, ниту кога ќе се оладиш кон молитвата и кон вршењето благочестиви дела, не ги оставај побожните дела, зашто и самиот Господ Исус Христос трипати се молел кога душата му била нажалена до смрт. Извршувај сѐ во името на Господ Исус Христос, и така секое твое дело ќе биде побожно.

Избегнувај ги и најмалите гревови, зашто оној кој не се чува од малите, неодминливо паѓа во големи и тешки гревови. Ако не сакаш да те вознемируваат лоши помисли, смирено примај ги душевното понижување и телесната мака, не само во одредено време, туку на секое место и во секое дело. Секоја помисла која те оддалечува од Господ, а особено блудната помисла, отфрли ја од срцето колку што можеш побргу, како што од својата облека ја тресеш брзо и самата прашина која на неа паѓа. Кога ќе ти дојде таква помисла, помоли се: “Господи помилуј! Господи, помогни ми! Господи, не ме оставај и избави ме од искушението!” Или на друг начин. Но, во искушението не се возмутувај. Оној што ти го испраќа со него да се соочиш, ќе ти даде и сила да го победиш. Биди со смирен дух, надевај се на Бога: Ако Бог е со тебе и за тебе, кој е против тебе? Моли се на Бога да го оттргне од тебе сѐ она што го потхранува твоето самољубие, иако тоа за тебе би можело да биде и многу тешко и горко. Посакувај да живееш и да умреш за Единиот Господ Бог и целосно да Му се предадеш. Кога ќе доживееш некое бесчестие, срам од луѓето, помисли си дека Бог ти го испратил тоа за твоја слава и така во бесчестието ќе бидеш без тага и возмутување, како и во слава. Ако имаш храна и облека, биди задоволен со тоа, по примерот Исусов, кој заради нас станал сиромав.

Никогаш не влегувај во кавга, и многу не се брани и не се извинувај. Ништо не зборувај против претпоставениот и ближниот без потреба или обврска. Биди искрен и со едноставно срце, со љубов примај поуки, совети и понижувања од другите, макар и да си многу паметен.

Page 14: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 14

Не биди злобен, завидлив, претерано строг на збор и на дело. Она што не си го посакуваш на себеси, не го прави ниту на другите, и што за себеси посакуваш од другиот, сам најпрвин направи го за другите. Кога некој ќе те посети, вознеси го своето срце кон Господа и моли го да ти даде кроток дух, смирен, прибран, и биди нежен, скромен, внимателен, благоразумен, а за околностите слеп и глув. Помисли дека Христос се наоѓа помеѓу оние со коишто си и со коишто разговараш. Не зборувај ништо непромислено, цврсто држи во умот дека времето е кратко и дека човекот ќе мора да одговара за секој бескорисен збор. Повеќе слушај отколку што ќе зборуваш: преку многуговорливоста нема да се спасиш од гревот. Моли од Господа благодатен дар – да знаеш кога да молчиш, а кога да зборуваш. Не биди љубопитен и жеден за новости, тие го расејуваат духот. Ако на некој му помогнеш со своите зборови, признај го тоа како дар Божји.

Кога си сам со себе, испитувај се себеси дали си направил работи полоши од порано, дали си паднал во грев, кој порано не си го направил? Ако згрешиш, веднаш побарај прошка од Бога, смирено, понизно, надевајќи се во добрината Негова, и поитај да принесеш покајание пред духовниот отец и да се исповедаш, зашто секој грев, оставен без покајание, е смртен грев. Притоа, ако не се смируваш и

понижуваш поради гревот кој си го направил, наскоро пак ќе паднеш во истиот.

Труди се на секого да му правиш добро, какво и кога можеш, не мислејќи на тоа дали другиот ќе го почитува тоа или не, дали ќе ти биде благодарен поради тоа. И радувај се, не толку тогаш кога на некој ќе му направиш добро, туку тогаш кога без злопамтење ќе ги поднесеш жалостите од другите, особено од оние на кои си им правел добро.

Тој што на првиот збор нема да ти покаже послушност, не го принудувај со расправија, користи го сам доброто што тој го изгубил, зашто незлобивоста ќе ти донесе голема корист. Но, кога нешто штетно се шири од еден на многумина, не трпи, туку барај не своја, туку корист за сите. Заедничкото добро е поважно од личното.

Кога вечераш, сети се на последната вечера на Исус Христос, молејќи Му се да те удостои со небесната вечера. Пред да легнеш да спиеш, испитај ја совеста своја, барај светлина за спознавање на своите гревови, размислувај за нив, барај прошка за нив, вети дека ќе се поправиш, одредувајќи јасно и точно во што имаш намера да се поправиш. Потоа, предај се на Бога, како да можеби ти таа вечер ќе отидеш пред Него. Довери ѝ се со молитва на Мајката Божја, на Ангелот Чувар и на светителот чиешто свето име го носиш. Замисли си ја постелата

Page 15: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 15

своја како да е твој гроб, а покривката твоја – мртовечка покривка. Крстејќи се и бакнувајќи го крстот на себе што го носиш, заспиј под заштита на пастирот Израилски, кој нема да задреме ниту да заспие. Ако не можеш да заспиеш или ако бдееш во ноќта, сети се на зборовите: “Во полноќ се слушна глас: Женикот доаѓа… Или сеќавај се на последната ноќ во која Исус се молеше на Отецот со крвава пот. Моли се за оние кои таа ноќ се наоѓаат во тешки болести и смртни маки, за оние кои страдаат и спијат, и моли го Господа да не те покрие со вечна темнина.

Во болестите, надежта пред сѐ положи ја во Бога и често сеќавај се и размислувај за страдањата и смртта на Господ Исус Христос, заради закрепнување на духот свој во болното страдање. Постојано кажувај ги молитвите што ги знаеш и можеш, барај од Господа прошка за гревовите и трпение во болеста своја. На секој начин воздржувај се од роптање и раздразливост, вообичаени за време на болеста. Господ Исус Христос претрпел за нас најтешки болки и страдања, а ние што сме претрпеле за своето спасение?

Што почесто можеш оди во храмот на служба Божја. Особено труди се да одиш на Света Литургија. Неделните и празничните денови неизоставно посветувај ги на побожни дела. Наоѓајќи се во храмот “држи во умот дека се наоѓаш

во присуство на Бога, ангелите и сите светии, а останатото време, по Литургијата, посвети го на благочестиво читање и на други дела со побожност и љубов. Денот на раѓањето и на својот Ангел, особено посвети ги со такви дела. Секоја година и секој месец превземај строго испитување на својата совест. Исповедај се и причестувај се со Светите Тајни, со Телото и Крвта Христови, што е можно почесто, со благослов на духовниот отец. Кон Светата Причест пристапувај секогаш со вистинска глад и вистинска жед на душата, со понизност на срцето, со стравопочит, смиреност, вера, надеж и љубов. Што почесто можеш, размислувај за страдањата и смртта на Господ Исус Христос, молејќи Го со многуте добрини Свои да ги покрие сите твои гревови и да те прими во Своето Царство. Името Исусово секогаш имај го на усните, во умот и во срцето. Што почесто можеш размислувај си за големата љубов кон тебе од Господ Бог, во Троица славен и почитуван, за и ти самиот да го засакаш Него со целото твое срце, со сета своја душа и со сета сила своја. Правејќи го сѐ ова, ќе имаш мирен живот на земјата и блажен живот на Небесата во вечни векови. Благодатта на Нашиот Господ Исус Христос да биде со тебе! Амин.

Превод: ѓакон Емил Атанасов

Page 16: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 16

Возљубени христијани, нашиот Господ Исус Христос, заради нас и нашето спасение, ни го остави на земјата најголемото,

вистинско и постојано чудо – Светата Православна Црква. Веќе и самото земно постоење на Црквата, којашто ниту за две илјади години не можеле да ја надвладеат никакви сили на злото, ги потврдува сите ветувања Божји за историскиот пат на нашето спасение. Таму каде што е Бог, таму е и Неговата благодат, Неговата сила, Неговата светост и Неговата победа. А до Бога можеме да стигнеме само преку Неговата Света Црква, како што нѐ поучува и Св. Кипријан Картагински: „Кој ја има Црквата за своја мајка, го има и Бога за свој Отец.”

Само Светата Црква е наша вистинска благочестива Мајка, која постојано се грижи за нас, нашиот живот и нашето спасение. Таа секојдневно се грижи и за здравите и за болните, со солзи ги мие нашите гревовни рани, бидејќи знае дека токму тоа е нејзина првенствена грижа во овој свет. Но Црквата, најмногу страда и плаче, а тогаш и Христос страда, кога некое нејзино чедо, наместо во вистинската болница, кај вистинскиот Лекар и кај вистинската Мајка, оди кај тие што се откажале

од Бога, се откажале од Црквата, се откажале од верата и се здружиле со лажниот лекар – ѓаволот и неговите соработници и слуги. А тие демонски слуги и пријатели се токму бајачите и гатачите, кои со своите магии секојдневно му служат и му се поклонуваат на ѓаволот, сѐ до нивната вечна погибел во пеколот.

Бајачите се демонослужители, бидејќи тие со нивните магии, се молат на ѓаволот, кадат на неговиот мрачен жртвеник, а како жртва ја принесуваат човечката душа, која поради некоја мака или неволја, наместо да се обрати кон Бога внатре во Црквата, барајќи и лутајќи, налетува на бајачите, гледачите или лажните „исцелители” и на нивниот бог – ѓаволот. Но тие не можат да им помогнат. Не може ѓаволот, кој дише со омраза кон нас христијаните, да ни биде лекар и доброчинител. Како може оној кој сака да ја уништи нашата душа, да ни го оздрави телото?

Демоните сакаат да прават само зло. Исполнети со злоба кон луѓето, особено кон нас христијаните, тие се трудат да нѐ заведат по патот на гревот и пороците, за на тој начин да го освојат нашето срце и да ја поробат нашата душа. Тогаш тие навлегуваат

СЛОВО ПРОТИВ БАЈАЧИТЕМитрополит Брегалнички г. Иларион

Page 17: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 17

внатре во човекот, потчинувајќи го на нивната гревовна волја. На тој начин, поробениот човек не е ниту свесен дека е роб на гревот и смртта, не е свесен дека демоните му шепотат на увото и му ги подметнуваат нивните мисли, при што човекот е убеден дека се тоа негови сопствени мисли. Така, ѓаволот станува невидлив советник на човекот, негов неразделив „пријател”, правејќи го сличен на себеси. Бајачите и гатачите се всушност демонски сојузници, кои постојано ја извршувааат волјата на нивниот татко - ѓаволот. Секогаш кога бајат, гледаат или „исцелуваат”, тоа го прават со демонската сила, со цел да заробат што е можно повеќе души во адот. Бајачите не можат да лечат и да прават добро. Дури кога и би можеле, цената која што ќе ја платиме е нашата душа, нашата вечност. Св. Јован Златоуст вели: „Каква е ползата ако го лечиме телото, а душата ја убиваме, каква е придобивката, овде да се прими мала утеха, а таму да бидеш испратен со бесовите во мака и вечен оган?”.

Затоа возљубени, мора да се трудиме да имаме христијански однос кон сите неволји, маки и болести, кои Бог допуштил да нѐ снајдат. Св. Апостол Павле вели: „Ние сме и наследници Христови, но само ако со Него страдаме, та со Него и да се прославиме.”( Рим. 8, 17). Причина за нашите искушенија и неволји, најчесто се нашите гревови или пак поради тоа што сме се оддалечиле од Бога, Евангелието и Црквата. Нашиот вистински христијански однос кон болестите подразбира – смирено и трпеливо да ја прифатиме волјата Божја, да ја согледаме својата гревовност и немоќ, да ги препознаеме гревовите поради кои болеста е и допуштена, да се покаеме и да го промениме нашиот

лош начин на живот.

Дарот на исцелување е присутен кај свети-телите, како дар Божји, кој им се дава поради нивното строго подвижништво и свет живот. Но, како тие всушност исцелуваат? Светителите најнапред ја исцелуваат човековата душа, а дури потоа телото. Кај луѓето кои тие ги исцелуваат, се изменува самиот нивни живот, се зајакнува верата, душата се исчистува од страстите и пороците, што всушност и сведочи дека светителите не делуваат со својата сила, но со благодатта на Светиот Дух.

Но какви се бајачите, гледачите и лажните „исцелители”? Тие сакаат да прават „чуда”, да „исцелуваат” секакви болести, да разговараат со Пресвета Богородица, Св. Петка, Св. Недела или со некој друг светител, но без претходно да ги исчистат своите души од страстите, гревовите и пороците, својствени за секој човек. Затоа, Светите Апостоли и Светите Отци нѐ советуваат да бидеме внимателни, да не одиме кај нив и да не им веруваме: „Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот”. (1. Јн. 4, 1); „Помисли човеку,” - вели св. Јован Златоуст, „за тоа, дека од болестите нема да те спасат бајачите и гатачите, туку, ако им се обраќаш, само ќе направиш голем и тежок грев. Ако, оставајќи го Бога, одиш кај демоните, каква милост очекуваш од Него, и како во молитвата ќе го повикаш? Зашто, душата своја ја погубуваш, и што ќе Му одговориш на Бога, кога поради болести, напуштајќи го Бога, одиш кај бајачите?”

Барањето на помош од бајачи, гледачи и исцелители е голем грев. Бог преку светиот пророк

Фреска „Патување кај бајач” од храмот Св. Николај, во с. Крупиште, XVII век.

Page 18: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 18

Јеремија вели: „А вие не слушајте ги вашите пророци и вашите бајачи, вашите јасновидци, вашите маѓепсници и вашите вражачи… Затоа што тие ви пророкуваат лага, за да ве оддалечат од земјата ваша, па Јас да ве изгонам и вие да загинете… Јас не сум ги пратил, вели Господ; и тие лажно пророкуваат во Мое име”. (Јерем. 27, 9-10; 15). Да се прибегнува кон духовите на темнината, кон противниците Божји и смртните непријатели на човечкиот род, да се бараат нивните услуги, да се бара од нив некакво откровение за својата идна судбина – што е тоа, ако не отстапништво од Бога и непријателство кон Него? Поради таквите гнасни гревови – гатање, магии, вражање – Бог во минатото осудил на истребување и цели народи. Затоа, Светата Соборна и Апостолска Црква Христова ги одлачува од црковно општење сите кои што вршат такви дела и кои што бараат помош од нив. Шестиот Вселенски Собор, во својот 61. канон, оние кои се занимаваат со гатање и прорекување на судбината ги осудува на шест години без Причест, а доколку не престанат со магијската пракса, наре-дува да бидат одлачени од Црквата засекогаш. Анкирскиот помесен собор, во својот 24. канон, ги одлачува од Црквата на определено време сите оние кои во своите домови носат бајачи, додека пак помесниот собор во Лаодикија, во своето 36.

правило, ги одлачува од Црквата сите оние кои што носат амајлии. Св. Василиј Велики вели: „Гатачите подлежат на шестгодишна епитимија, оние кои се упорни во ова се исклучуваат од Црквата, а оној кој се покајал подлежи на епитимија”.

Посетувањето на бајачите нѐ оддалечува од Христа и од Мајката Црква, ја ослабнува нашата вера во Промислата Божја и во силата на молитвата, ја ослабнува нашата надеж во молитвеното застапништво на светителите, со еден збор, нѐ држи во оковите на паганството.

Господ во Евангелието за нив нѐ поучува: „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи. По нивните плодови ќе ги познаете… Не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган” (Матеј 7, 15-19). А Бајачите секогаш се претставуваат за побожни луѓе, кои сакаат да му помогнат на народот, но тие се всушност грабливи волци, кои тоа го прават само од интерес и печалба, само колку да ги заблудат и прелажат, ако е можно и избраните, односно христијаните. Поголем број на луѓето кои ги посетуваат, имаат некоја мака, а бајачите тоа многу добро го знаат, и затоа, на најнечовечен

Page 19: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 19

начин, сакаат тоа да го искористат. Меѓу нив има и такви, кои ги лажат луѓето, други пак се со некакви психички болести, а третите се директни сојузници со ѓаволот.

Вообичаено е за бајачите, гледачите и сличните на нив, да шират непријателство и омраза помеѓу луѓето, притоа нарушувајќи ја најважната Божја заповед: „Возљуби го Бога и ближниот свој како самиот себеси”. Така, на пример, ако отиде некој кај бајач или бајачка, за да дознае нешто за своето здравје или за некој друг проблем, вообичаен одговор е дека има непријатели и завидливци, како на пример соседот, другарот, пријателот или пак свекрвата, снаата итн., коишто му направиле некаква „магија”. Најчесто тоа е демонска клевета, која има за цел да го наруши мирот во семејството или соседството. Ѓаволот настојува на секој можен начин да ни го одземе мирот, за да бидеме во непријателство со блиските, да се караме, навредуваме, проколнуваме, само за да нема мир и слога во семејствата, децата да станат против своите родители и обратно, брат против брата си, мажот против жената и обратно, снаата против свекрвата, само со цел од тие кавги и расправии да дојде до растурање на семејството, тага, очајание, па дури и до самоубиство. Тогаш ѓаволот се весели и се радува, гледајќи нѐ како преку бајачите ја исполнуваме неговата пеколна волја. Затоа не треба да се обраќаме кај нив, дури и тогаш кога мислиме дека сме „урочени” и дека е тоа дело на некој наш ближен. Да не одиме кај нив ниту тогаш кога ќе видиме во нивните куќи и лажни „цркви”, икони, кандила и свеќи, да не им веруваме и да не ги слушаме ниту тогаш кога нѐ праќаат да палиме свеќи во црквите, да преспиваме во манастирите и да отвараме цркви, да бараме „свети води”, да колеме јагне за „курбан” за некој празник и да се помажуваме со неговата крв, што е гнасно и одвратно пред Бога и претставува исмејување и омаловажување на Христовата Жртва на Крстот. Тие честопати и на самиот чин на Светата Литургија припаѓаат, икаат, испуштаат чудни „крици”, се тресат и сл., сакајќи да привлечат внимание од луѓето, но со тоа само докажуваат дека се служители на ѓаволот, бидејќи на најрадосните моменти од богослужбата им ги одземаат радоста, мирот и спокојството на верниците и воедно ја реметат богослужбата. Зарем тоа не покажува дека се против Бога и се слуги на нечестивиот, а многупати знаат да речат во такви моменти дека ги мачат светители. Та зарем светителите се мачители? Сето тоа тие тоа го прават само за да нѐ уловат во ѓаволските мрежи, да нѐ залажат дека ете, и тие се христијани, имаат икони, „цркви” и слично, дека и тие веруваат во Бога, дека се

Божји слуги кои ја извршуваат Неговата волја. Но, Господ во Евангелието за нив вели: „Мнозина ќе Ми речат во оној ден: „Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме?” И тогаш Јас ќе им кажам: „ Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите беззаконие!”(Мт.7,22-23).

Затоа, возљубени христијани, да не ѝ веруваме лекомислено на нивната лажна духовност и да не ги посетуваме, бидејќи тоа е директна навреда за Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Кој за да нѐ избави од канџите на ѓаволот, страдаше, беше прикован на крст и погребан. Ако ги посетуваме и слушаме, тогаш плукаме на раните Христови и на Неговата пролиена Света Крв. Доколку се случило да бидеме нивна жртва, време е да се покаеме и својот грев да го исповедаме на свештеник, кој ќе нѐ посоветува како да постапуваме во иднина. Светата Црква е единствена духовна болница, која со благодатта Божја ги лекува нашите телесни и духовни рани. Единствено Црквата се грижи за нашиот живот и само преку неа можеме да стасаме до вечноста. За сите наши проблеми во ова тешко и материјалистичко време, молитвено да Му се обраќаме само на Бога. Он најдобро знае што ни е потребно и особено се радува кога го слуша нашиот молитвен глас, кој извира од дното на нашето срце. Св. Димитриј Ростовски вели: „Како што никој не се спасил од оние, кои не влегле во Ноевиот ковчег, така и никој нема да се спаси ако не е во закрилата на Црквата”.

Возљубени христијани, вистината, помошта и утехата треба да ги бараме само во Црквата Христова, таму каде што е вистинската благодат Божја која се испраќа само преку свеште-нослужителите (свештениците), каде што храмот е осветен и се служи Света Божествена Литургија. Да го измениме нашиот живот според евангелските заповеди, да се покаеме, да се молиме, да постиме, да бдееме и стражариме над нашите души, да не ги осудуваме другите, да прибегнуваме кон спасоносното оружје – крсниот знак и постојано да се бориме против гревот и страстите со помош на благодатта Божја.

О, Господи Преблаг и Милосрден, погледни на нас, Твоите чеда, кои страдаме во овој свет, чуј ги нашите воздишки, погледни на нашите слабости, прости ни ги прегрешенијата, исцели ги нашите болести и направи нѐ жители на Твоето Царство, та и ние заедно со сите небесни служители, да ти оддаваме непрестајна слава, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

Page 20: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 20

Блажениот старец Јаков (Цаликис) Евбејски се родил на 5 ноември 1920 г. во Ливиси, Мала Азија (современа Турција),

во семејство кое од седум поколенија имало јеромонаси, епископ и светител. При крштението тој бил наречен со името на дедото по таткова линија - Јаков Цаликис. Неговите благочестиви родители Ставрос и Теодора страдале од нападите на турците, и во почетокот на 20-тите години од 20. век семејството заедно со другите жители на Ливиси било принудено да ја напушти земјата на своите предци. Малку порано турците го фатиле Ставрос Цаликис и заедно со другите задржани грци бил испратен на принудна работа, на изградба на градот Трапезунд, така што тој и не знаел, дека сите жители на Ливиси бегале. По Божјата благодат семејството се сместило на островот Евбеја, каде што биле заминати бегалците од Ливиси. За еден од впечатоците од тоа време кој длабоко го ранил, старецот раскажувал подоцна: „Иако тогаш уште бев мал, но добро помнам, како по пристигнувањето во пристаништето Пиреја (главното пристаниште на Атина) ние првпат слушнавме некој да хули на светиња. Извикав: Што е ова, зошто дојдовме овде? Подобро е да се вратиме и да нѐ убијат турците, отколку да го слушаме ова! Во Мала Азија ние никогаш не се соочувавме со таков грев.”

Погледнувајќи во минатото, старецот за вре-мето на своето раснење секогаш се присетуваше со чувство на голема благодарност кон родителите, особено кон мајката, која, по неговите зборови, „имаше монашка душа.” Таа многу се грижела во сѐ да ја запази скромноста и умереноста, така што семејството живеело „смирен, аскетски живот.” Децата се воспитувале во љубов и почитување кон постарите, и пред да пристапат кон причестување со Светите Христови Тајни, за што се подготвувале со строго постење, тие им целивале рака на роди-телите и на другите постари во заедницата.

Од млади години малиот Јаков ја чувствувал близината на Бога, и, уште не разбирајќи ја смислата на некои изрази, секогаш ги избегнувал грубите деца кои зборувале и се однесувале недолично. Во Грција негова прва станица бил магацинот. Нивниот „дом”, во кој тој живеел со мајката и бабата, бил ограден од другите со покривки. Негова омилена „играчка” била

кадилницата, која тој самиот ја направил од парче керамида. Со неа тој одел низ „домот”, кадејќи го своето семејство, потоа ја поткревал покривката и ги покадувал соседите, повторувајќи: „Алуја, алуја!” Навечер тој со бабата одел во саканото место – мал параклис, за да ги одржуваат незгасливите кандила. Таму бабата на внукот му ги прераскажувала житијата на светите, му зборувала за роднините – јеромонаси. На шест години малиот Јаков посакал да ја научи Божествената литургија наизуст, вклу-чително и сѐ што кажуваат и пеат свештеникот и хорот на неделните воскресни богослужби. Неговиот благочестив ум бил како сунѓер и лесно запомнувал сѐ што било сврзано со Црквата, верата, благочестието и богослужбите. Момчето имало толку смирен карактер, што неговите врсници го викале „монахот” и „отец Јаков.”

Во Фаралд, на Евбеја, Јаков го запишале на училиште. При училиштето имало мал параклис на света Параскева. Јаков сакал да оди таму. Преку ден тој одел да учи, а навечер – да ги пали

СТАРЕЦ ЈАКОВ ЦАЛИКИС

современи свети ликови

Page 21: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 21

кандилата и да се моли. Кога научил да чита, Јаков голем дел од своето време го минувал над црковните богослужбени книги. Сите жители на селото го почитувале како избран за да Му служи на Бога, иако имал само девет години. Тој живеел како аскет, станувал ноќе и правел бденија. А дење тој ги повторувал покајниот канон и други химни. Имал прекрасен глас и многу добро пеел. За време на богослужбите Јаков чувствувал голема духовна сладост што го утешувала.

На таа возраст нему му ги довериле клучевите од храмот: селото немало свој свештеник, тој доаѓал од соседното село еднаш на две недели. Селаните ја чувствувале блискоста на момчето со Христа и Неговите светии, и кога имале некакви потешкотии, тие од него барале помош. Го повикувале Јаков да ги помазува со (свето) масло и да чита молитви над болни, над жени кои имале породилни маки, над демоноопседнати и со други проблеми. Јаков не можел повеќе да учи во училиште, бидејќи морал да работи, за да му помогне на семејството.

Во почетокот на 1940-ите години, во годините на германската и италијанската окупација, преживувањето на и без тоа вечно сиромашните бегалци станало уште поочајно. Гладот бил вообичаена појава. Јаков со своите дваесетина години, постојано размислувал за сѐ построг живот. Тогаш почнал да пости според правило, кое потоа го практикувал многу пати. Од неделата навечер до сабота тој ништо не јадел. Во сабота се причестувал со светите Христови тајни и потоа јадел малку леб и масло. Само еднаш седмично – во неделата – неговата трпеза била малку пообилна. Но често се случувало тој да не јаде ништо и во тие денови. Еднаш кај него дошле гладни деца, друг пат – болни и немоќни старци и Јаков им го давал она што го имал. Тој многу страдал и постепено ослабнувал од гладувањето. Дури и тогаш тој продолжил да работи.

Во тие години тој издржал неколку силни искушенија. Заради сиромаштијата, тој немал обувки и кога одел да пее во црква, некои од луѓето го укорувале со груби зборови. Натажен од тоа, Јаков сакал да го остави пеењето. Еднаш ноќе му се јавил светиот маченик Георгиј, покровителот на храмот, во кој прислужувал Јаков, и му рекол: „Дете мое! Јас не сакам да заминеш. Пеј во мојот дом, како и до сега!” Потоа неговата мајка Теодора се разболела од неизлечива болест. На своите четириесет го-дини, заради тешкиот живот, таа изгледала како на седумдесет или осумдесет. Четири дена пред својата смрт, таа на блиските им претскажала кога ќе премине во другиот свет; рекла дека ангелот – чувар ја подготвил од порано. Сѐ се случило така,

како што претскажала. Таткото на Јаков умрел по неколку години.

Пред да ја оствари својата детска желба – да му послужи на Господа во монаштво, Јаков морал да го исполни својот граѓански долг кон државата – да го отслужи определениот рок во армијата. Тој бил повикан во 1947 г. и служел во Пиреја, недалеку од Атина. И овде, како и во селото, многумина не го разбирале Јаков и прво му се потсмевале. Со текот на времето, сепак, мнозинството од неговите пријатели во службата стекнале кон него почит и во случај на потреба – му се обраќале за помош. И подоцна некои од нив го посетувале во манастирот. Старецот вака велеше за тоа: „Добродетелниот живот секогаш служи како пример и дава плод, дури ако тој се појавува и по неколку години… Ако јас им се придружев во нивните забави, што добро ќе излезеше од тоа?” Кога слушнал за благочестието на Јаков, командирот на одделението мајорот Поликарп Зоис го повикал кај себе. Откако се убедил во вистинитоста на она што го слушнал и се восхитил од цврстината на неговата вера, тој го зел за свој аѓутант. Зоис и неговото семејство биле благочестиви луѓе и многу го ценеле Јаков. Тие дури сакале да го посинат, бидејќи немале свои деца, но Јаков, заради својата намера да отиде во манастир, морал да ги одбие.

По отпустот од армијата, Јаков, за да собере мираз за својата сестра Анастасија (обврска, која останала на него по смртта на татко му), прифаќал секаква работа што ќе му понуделе. Притоа, тој многу време посветувал на обновување и поправање на храмовите и параклисите крај селото, кои биле оштетени откако тој заминал во армија.

За неколку години Анастасија се омажила и Јаков конечно можел да се замонаши. Расказите од бабата за роднините – монаси кои живееле во Светата Земја, оживеале во неговите спомени и Јаков решил да тргне таму, за да стане монах. „Пред тргнувањето во Светата Земја решил задолжително да го посети манастирот на свети Давид, за да го испроси неговиот благослов, помош и застапништво – раскажувал подоцна старецот за промислителната улога на таа посета. – „Кога се приближив до манастирот, видов како местотото одеднаш се преобрази, стана друго, не такво, какво што сме навикнати да го гледаме, кога заедно со селаните одевме таму за празникот на свети Давид. Пред мене се исправи величествен манастир, необично прекрасен… Крај оградата на манастирот ме чекаше преподобен старец со белоснежна брада. Тоа беше светиот (Давид Евбејски). Јас го поздравив и реков: „Старче, какво е ова прекрасно место! Како сето тоа овде станало вакво? Јас никогаш не сум видел

Page 22: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 22

ништо слично!” Тој одговори: „Ова е република на подвижници. Секој има свој дом – келија.” – „Старче, би можел ли да ми дадеш таква? Тие мене многу ми се допаѓаат”. – „Чедо, ако би останал, би имал иста таква, но ти дојде да се поклониш и да заминеш.” – „Старче, ќе останам.” Само што ветив дека ќе останам, видов, како ѕидините на манастирот се отворија, велегов внатре, а ѕидот веднаш остана како што беше претходно.”

Со влегувањето на преподобниот во мана-стирот, видението исчезнало. „На местото каде што ја видов републиката на подвижниците, сѐ стана такво какво што беше претходно. Дива шума… Го видов манастирот таков како што беше во реалноста – целиот во урнатини. Отидов во манастирот како обичен поклоник, но преклонив глава и му ветив на светиот дека ќе му служам од сето срце».

Во конаците на манастирот тогаш живееле па-стири со своите семејства. Овде живееле и тројца монаси, но посебно. На доаѓањето на Јаков не се израдувале ниту монасите, ниту пак пастирите. Тие на различни начини се обидувале да го изгонат. Јаков бил вознемирен, но чувствувал, дека тоа била Божјата волја – да остане да живее овде. Затоа, тој трпеливо ги поднесувал опасностите. Преподобен Давид му се јавил и го уверил Јаков дека е на прав пат. Младиот игумен Никодим прво не можел да го остави посебното жителствување и да уреди општо живеење. Освен тоа тој бил принуден често да го напушта манастирот, за да служи во други храмови како парохиски свештеник. Кога во манастирот дошол Јаков, тој конечно ги оддалечил пастирите од манастирот и во заедницата почнале да служат секојдневно. Игуменот не чекал долго за да го потстриже Јаков, бидејќи ги видел неговите духовни дарови и го согледал повикот на младиот послушник. Потстригот бил извршен на 30 ноември 1952 г. Младиот монах бил назначен за економ на манастирот; тој ги чувал клучевите, манастирските книги и раководел со целиот имот. Кога се покажала потреба уште од еден свештеник, нешколуваниот, но мудар и срдечен игумен Никодим го испратил Јаков кај митрополитот Григориј, епископ на Халки, за да го ракоположи. На 18 декември 1952 г., Јаков бил посветен во ѓаконски чин, а по еден ден бил ракоположен за презвитер.

Кога се вратил во манастирот, отец Јаков почнал да служи Света Литургија практично секој ден, заедно со сите други секојдневни богослужби. Со благослов на митрополитот, тој бил задолжен да служи Литургија и во малите села. Колку и да изгледа чудно, прогонувањето од браќата и нивните помошници продолжило и сега. Иако бил економ и во свештенички чин, отец Јаков живеел

во најлошата келија. Нејзините ѕидови биле со многу дупки. Една зима, кога се разбудил по својот вообичаен одмор, видел дека неговиот врат бил полн со снег. Навистина, неговата облека, откако стана монах, беше малку подобра, а најде и неколку пара обувки, на кои самиот им стави нови подметки од стари автомобилски гуми.

Отец Јаков понекогаш помислувал да го најде местото кадешто живеел свети Давид, за таму да се осами и да се оддалечи од искушенијата со кои се соочувал во манастирот. Во почетокот на 1953 г. тој тргнал да ја бара пештерата на светиот и бил многу радосен кога ја нашол. Но тој знаел, дека не може да го остави манастирот кој без него можел да пропадне и затоа решил колку што може почесто да ноќева во пустото место. Тој велел: „Се трудев мојата духовна борба да биде тајна. Чекав да се стемни и кога отците во своите келии се готвеа да спијат, излегував низ задната врата на манастирот и одев кон пустината на светиот.” Во една темна ноќ старецот заскитал, така што морал да се про-бива низ грмушки. Истоштен и изгребан, тој го молел Бога да му го покаже патот во пустината. Од безбројните ѕвезди на небото „Бог ми да даде една” и таа со својата светлина му го покажала патот во пустината. И слично се случувало многу пати, но само кога било неопходно. Во друга прилика отец Јаков добил помош од свети Давид. Како срамежлив и скромен, отец Јаков малку се плашел од темнина и затоа тој постојано го молел свети Јаков да биде соприсутен во времето на молитва во пештерата, за да не се плаши.

Една ноќ, додека се молел, пештерата одеднаш се наполнила со скорпии. Тие ги покриле подот и ѕидовите. Отец Јаков се исплашил, но бргу се соземал и разбрал дека тоа било само искушение од ѓаволот. Се осмелил и со вера во Христа, тој им заповедал да застанат и да не се приближуваат. Со мал камен околу себе нацртал круг и им заповедал да не ја преминуваат цртата. Тој ја продолжил својата молитва до мугрите, а ниту една скорпија не го прекршила зборот на Божјиот човек. Друга ноќ отец Јаков, совладан од умор, заспал. Преподобен Давид му се јавил и откако го утешил, му рекол да одмори. Кога се разбудил, старецот се исполнил со љубов кон Бога и Неговите светии, восхитувајќи се на нивната љубов и грижа. Некогаш отец Јаков се враќал во манастирот за утринската служба. Тој ќе го измиел лицето со вода и ѕвонел на црковното ѕвоно. Целиот свој живот отец Јаков останал верен на својот аскетски устав (типик), засилувајќи го своето подвижништво кога се засилувале искушенијата. Освен воздржанието во храна и јадење, тој правел илјада земни поклони секој ден. Ѓаволот, не можејќи да го спречи духовното

Page 23: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 23

растење на Јаков, прибегнал кон крајни мерки. Во октомври 1952 г., кога отец Јаков го средувал деспотиконот (келија за владика), му се нафрлиле ужасни демони со ѕверски изглед. Тој се обидел да се осени со крстниот знак и да повика кон Божјата Мајка, но секогаш демонот го попречувал. Го биеле немилосрдно. Најпосле успеал да ја ослободи едната рака за крстниот знак и демоните веднаш исчезнале низ прозорецот. Поминало некое време пред Јаков да може да стане, накривнувајќи во својата келија. Така му случило уште неколку пати и тоа сѐ повеќе го ослабнувало здравјето на монахот.

Тој многу страдал физички. Од младоста неговиот 'рбет не бил во ред, боледувал од крајниците, бубрезите, простатата. Крајното подвижништво и нападите од демоните ги заостриле сите тие болести. Но, долго време старецот не барал помош од лекари. Кон крајот на 1967 г. (тогаш имал 47 години) еднаш од болка се онесвестил. Го однеле во болница, каде што доктори и свештеници го убедувале да се согласи на операција, како што тие мислеле, од слепо црево, но сепак, се покажало многу посложено и полошо. По молитвите на свети Давид и Јован Руски, отец Јаков го сместиле во салата за операции. Пред да заспие под дејство на опојните средства, тој ги видел двајцата свети како влегуваат во собата. Тоа била една од многуте посети, со кои тој бил удостоен во болницата, во периодите меѓу бескрајните операции. Негова најсериозна болест била болеста на срцето, која му причинувала мачна болка во градите. Времето минувало, а неговата состојба се влошувала. Докторите и младите монаси кои во манастирот дошле по отец Јаков, го убедувале да го ублажи подвижништвото, за да закрепне телесно. Иако ја ценел нивната љубов и грижа, сепак не го прифаќал предлогот. Старецот продолжувал да јакнее во добродетелите, а луѓето сѐ повеќе се приклонувале кон него, како кон извор на жива вода во пустина. Во тоа време тој веќе имал благослов за служба како духовник и за исповед. Тој на луѓето им служел неуморно, до целосно истоштување.

Кон него постојано прибегнувале луѓе кои сакале да се исповедаат, барале совети, исцелување и изгонување на демони. Тој се молел над болниот и го осенувал крстообразно со главата на преподобен Давид. Болниот заминувал и набргу неговата болест поминувала. Старецот се чувал себеси од искушението на гордоста, припишувајќи ги чудесните исцелувања на благодатта на светиот и на неговите свети мошти.

Откако го востановил манастирот на свети Давид, избрал старец за свој духовен наследник и им подарил исцелување и мир на илјадници

страдални души, отец Јаков се подготвувал да замине од овој свет. Му се молел на свети Давид, тој да ја придружува неговата душа на тој пат, а на едно свое чедо му рекол дека „ќе одлета како птица.” На 21 ноември 1991 г., откако отслужил Света Литургија на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица и примил многу духовни чеда на исповед, мирно ја предал својата душа во рацете на Господа. За неговото упокоение преку телефон им било соопштено само на неколку луѓе, но веста се распространила бргу како пожар и верните низ цела Грција го оплакувале упокоението на духовниот отец во Христа. Илјадници христијани присуствувале на погребот на отец Јаков. Сите патишта кон манастирот биле исполнети со коли. Пристигнала и полиција за да одржува ред. На крајот на погребот толпата луѓе смело извикувале: „Свет, ти си свет!” И по своето упокоение блажениот старец Јаков продолжува молитвено да се застапува за верните и да пројавува небесни знаци за својата смелост што ја нашол пред лицето Божјо.

превод од руски: ѓакон Тони Петрушевски

Page 24: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 24

(продолжение од минатиот број)

Во наше време, ниту една болест кај луѓето не предизвикува толку ужаси и очајувања, како ракот. Онколозите

честопати се сведоци на тешките емотивни реакции при појавата на злокарактерните неоплазми, кои психолошки се поврзани со претставата за неизлечивоста на оваа болест.

Меѓутоа, во последно време психолошките проблеми во онкологијата добиваат нови карактеристики, и тоа пред сѐ, благодарение на успесите во дијагностицирањето и лечењето. Кога ќе се појават услови за манифестирање на болеста во претклиничка фаза и можности за потполно лекување, на дневен ред доаѓа неопходноста од широко разгледување на проблемот на психо-логијата на човекот, кој не чувствува дека е болен, но принуден е да оди на лечење, а сето тоа е поврзано со опасноста по животот.

Болните со клиничко манифестирање на онколошката болест, во првите етапи се обидуваат својата состојба да ја објаснат како чиста случајност. Тие очекуваат таа постоечка состојба да заврши и се обидуваат да се излечат со обични средства. Кога ќе им се јави помисла дека кај нив е можна појавата на онколошка болест, тие, или ја отфрлаат како неприфатлива, или, пак, ја прифаќаат и се повлекуваат во себе и со страв го очекуваат понатамошниот развој на настаните. Во овој период на болеста, карактеристична е наклонетоста на болниот кон самоанализа и затвореност. Мал е бројот на болните, кои во оваа фаза се опфатени со паника и веднаш се обраќаат на лекар. Поголем број од нив чека неколку месеци, додека не се појават нови симптоми на болеста, кои дури тогаш ги принудуваат да се обратат кон лекарот. Кај болните, кои се негрижливи кон самите себе или, напротив, се плашат од можната застрашувачка дијагноза и ја одбегнуваат посетата на лекарот, до обраќање за медицинска помош доаѓа под влијание на околината.

По првата посета на лекарот почнуваат да се менуваат психолошките околности. Од овој период, расположението на болниот, во голема мера, зависи од впечатокот кој врз него го оставил лекарот.

Општо сфатено, во овој период можно е да се оекуваат два типа на реакции во развојот на настаните. Едната група на болни е наклонета кон страв и паника, па кога ќе им се предложи да одат во болница, паѓаат во депресија. Во тој случај, лекарот е должен на болниот да му ја објасни смислата на лечењето. Другата група на болни, која не искажува никакви надворешни знаци на неспокојство, исто така бара внимание. Под маската на надворешно спокојство, кај луѓето, кои по природа се затворени, може да се крие тешка психичка реакција на околностите. Постојат и болни кои безволно и нередовно ги посетуваат поликлиниките и ги одбегнуваат испитувањата. Тие не гледаат причина за грижа, па затоа не ги почитуваат препораките на лекарот. Со таквите болни мора упорно да се работи, докажувајќи им ги причините за испитувањата и неминовноста на лекувањето, а понекогаш мора да им се разоткрие и сериозноста на нивната состојба, без оглед на отсуството на тешките знаци на болеста.

За болниот, првиот контакт со лекарот секогаш со себе носи силна емоционална нијанса. Болните имаат надеж дека нивните стравови се залудни и дека болеста може да се излечи со обични лекови. За време на амбулантното испитување, лекарот се труди да му помогне на болниот да ги надмине своите емотивни доживувања.

Периодот кога болните се наоѓаат на стационарно лекување, обично е поврзан со духовна потиштеност. Болните се свесни дека се наоѓаат во онколошка установа, остро реагираат на својата состојба и на судбината на соседот од болничката соба. Личниот контакт на лекарот со болниот и помошта на свештеникот претставуваат залог за поволна позадина на лечењето.

ПРАВОСЛАВНИОТ ПОГЛЕД НА ОНКОЛОГИЈАТА

свештеник Сергиј Филимонов

православието и медицината

Page 25: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 25

Одбивањето на лечењето или операцијата сѐ уште не се ретка појава и тоа најмногу сведочи дека лекарите недоволно ја сфаќаат етичката задача на онкологијата. Познато е дека лошата информираност на болниот за карактерот на болеста, претставува една од сериозните причини за нивното одбивање да се лечат. Утврдено е дека постојат неколку главни причини, поради кои онколошките болни одбиваат или одлагаат да се лечат. Меѓу нив се: претерано брзиот и еднократен предлог за операција од страна на лекарот без доволно авторитет, расправа за целта на хируршкото лечење, кое се води во присуство на болниот, избор на методи без доволно испитување, притисокот на роднините и др. Овие причини за одбивање имаат посебно значење во случај кога се работи за помали тумори, кои не причинуваат никакви забележителни клинички манифестации. Во такви случаи, како по правило, неопходно е активното хируршко лечење, иако болниот самиот за себе мисли дека е здрав. Кога ќе му се предложи планот за лечење, таквиот болен, обично, бара да добие малку време за да размисли и за да се посоветува со ближните. Се случува

некои болни, по првиот разговор со лекарот, да престанат да го посетуваат, за да се појават по извесно, дури и подолго време, но овојпат со симптоми на запуштена болест. Во овој случај, лекарот мора да пројави упорност и да инсистира на повторно доаѓање на болниот. Испитувањата на поликлиниката мораат да бидат што е можно покуси, не само заради потребата да се започне што побргу со лечење, туку и од чисто психолошки став. Лекарот цело време треба да го има во предвид фактот дека пред него се наоѓа пациент, кој нема симптоми на болеста и кој сомнева во неопходноста на лечењето. На болниот не треба да му се остави време за сомневање и тој мора, колку што е можно побргу, да се смести на стационирано лекување.

Дали на лекарот му е дозволено да ја открие дијагнозата, доколку пациентот упорно не сака да се согласи со предложеното испитување и лечење? Во такви случаи, прифатливо е на болниот да му се соопшти дека постои сомневање за онколошко заболување и дека е потребно подетално испи-тување. Кога веќе ќе се најде во болница, пациентот, кој нема манифестирани симптоми на болеста, се сретнува со тешко болни, со сложени

Page 26: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 26

операции и со зрачења, чие влијание честопати може да биде премногу непријатно. Поради тоа, лекарот е должен да објасни дека на лекување не се наоѓаат само пациенти со злокарактерни (малигни), туку и оние доброкарактерни (бенигни) тумори. Неопходно е на болниот да му се нагласи дека, доколку се почне подоцна со лечење, тоа ќе биде сѐ потешко за него. Пожелно е таквите болни да бидат оперирани набргу по хоспитализацијата. Освен тоа, болниот мора да биде советуван да не разговара со другите пациенти за поединостите во текот на болеста, за нејзиното лечење и краен резултат и во разговорот со нив да не навлегуваат во медицински теми, зашто сето тоа ќе има контраефекти за него.

Постои и една група на болни, кои по леку-вањето се чувствуваат полошо, отколку претходно, па тие не можат да се ослободат од мислата дека залудно се согласиле да се лечат, бидејќи пред тоа тие не се сметале за болни. Лекарот би требало да ја има предвид и оваа можност и за истата да предупреди. Според тоа, мислењето за неизлечивоста на канцерот претставува главен извор на стравот, по кој следуваат и другите тешки психолошки промени. Како што веќе спомнавме, задачата на лекарот е да ги искористи сите можности, со кои би го разнишал таквото убедување. Постојат многу начини сето тоа да се направи, а меѓу нив, секако, најважен е индивидуалниот разговор на лекарот со болниот и со неговите роднини и ближни.

ОДГОВОРНОСТА НА ЛЕКАРОТ - ОНКОЛОГ ЗА ЖИВОТОТ НА ПАЦИЕНТОТ

Често се случува свештеникот да биде повикан кај болниот тогаш, кога веќе е доцна. Постојат два начини на кои болниот, а особено неверникот, може да изреагира на „трагичното” соопштување за својата дијагноза: да се подготви за понатамошно прилагодување на животот по операцијата (или без операција), или да дигни рака врз себе и самоволно да го прекрати својот живот. Дали лекарот-онколог е одговорен, доколку неговиот пациент го заврши животот со самоубиство? Посредно - да. Зошто? Затоа што задачата на секој лекар е да го лечи не само телото, туку и душата на пациентот. Онкологот секогаш има можност, доколку не е во состојба сам да се избори со психичките тешкотии на својот пациент, да повика психијатар или психолог. Исто така, лекарот може да повика и свештеник, кој ќе му помогне поинаку да ја образложи болеста и да почувствува каков однос има болниот кон вечноста. Задоцнетото обраќање за помош кон свештеникот, отежнато е и со лишување на болниот од можноста да добие претсмртни поуки и да се исповеда, а тоа, пак, ја отежнува неговата состојба во идниот живот. Лекарот треба да има во предвид, ако свештеникот отпуштил дел од гревовите на пациентот, тогаш тој за нив нема да одговара по смртта, но ако свештеникот не успеал тоа да го направи, гревовите ќе отидат заедно со душата на оној свет, каде што повеќе нема да има можност за покајание, па дури

Page 27: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 27

и ако душата би посакала да се ослободи макар и од еден грев, тоа за неа таму ќе биде невозможно. На таков начин, улогата на лекарот и медицинските сестри, меѓу другото, се состои и во благовремено повикување на свештеникот, додека свеста на болниот е сѐ уште јасна, додека сѐ уште може да се исповеда и да се причести. Сакаат ли тоа лекарите да го признаат или не, и од нив зависи дали чове-чката душа по смртта ќе замине во рајот или во пеколот. Покајанието на човечката душа е скриено од нашите очи и тоа е голема тајна. Меѓутоа, во моментот на покајанието пред свештеникот, или во моментот на подготовката за исповед, во човечката душа доаѓа до големи промени. Господ го познава човечкото срце и ги гледа тие промени во човекот, а тоа може да го промени и неговиот удел во вечноста.

ЛИЧНОСТА НА ЛЕКАРОТ

СИЛНО ВЛИЈАЕ ВРЗ ПАЦИЕНТОТ

Се разбира, одговорноста за тоа каде ќе се најде душата на болниот по смртта, не паѓа само на лекарот, туку и на самиот пациент. Доколку лекарот му предложил на болниот помош од свештеник, доколку му говорел за животот на душата во идниот свет, потоа сѐ зависи од добрата волја на самиот болен. Меѓутоа, бидејќи во ова време, иако живееме во доминантно православна земја, сѐ уште не се искоренети атеистичките предрасуди, може да се случи таквите разговори да бидат штетни за кариерата на лекарот, па затоа, најдобро е за овие прашања да разговара свештеникот. И покрај тоа, личноста на лекарот премногу силно влијае на пациентот. Познати ни се многу примери кога, неколку зборови за молитвено закрепнување, кои излегле од устата на лекарот, им дале голема моќ на душите од пациентите. И иако ситуацијата сега очигледно е изменета, така што пациентот слободно може да го повика свештеникот во болницата, не би требало да заборавиме дека првите лица, со кои

пациентот таму се сретнува, се токму лекарите и медицинскиот персонал.

Еден од најтешките моменти за лекарот - онколог претставува прашањето: кога и како да им се соопшти на пациентот и на неговите роднини дијагнозата за неизлечивоста на неговата болест и за нејзината злокарактерност, бидејќи на сите сосема им е јасно дека во почетокот тоа е радикална операција, а потоа долготрајно лечење, чиј краен резултат, во најмногу случаеви, нема да биде оздравување, туку - смрт. Од една страна - медицинска, лекарот, настојувајќи да ја поштеди психата на пациентот, се труди веднаш да не ја соопштува точната дијагноза и постепено ги подготвува на адекватен начин да ја примат трагичната вест. Од друга страна - религиозната, одложувањето води кон губење на време, кое пациентот можел да го употреби во подготовка за вечноста, па тоа време за него неповратно е загубено. Меѓутоа, не постојат готови рецепти како да се постапува во слични ситуации. Сѐ зависи од искуството, интуицијата, непоколебливото зачувување на етичките принципи и воцрковеност на лекарот, што, пак, битно влијае врз животниот пат на секој негов пациент. Не треба да се заборави дека разговорите со онколошки болните бараат почитување на извесни правила. Како прво, сѐ додека дијагнозата морфолошки не е потврдена, не смее да има место за било какви мислења за суштината на болеста - ниту пред болниот, ниту пред неговите роднини. Дијагностицирањето на ракот е тешко и, воглавно, бара примена на специјални и сигурни методи на испитување. Покрај тоа, секој болен, кај кого се сомнева постоење на злокарактерен тумор, мора да се консултира со онколог, но да помине и специјални и дополнителни испитувања. Овде ни најмалку нема место за лекарска лесномисленост, која болниот би можело да го чини живот. А често се случува токму упатувањето на болниот на дополнителни испитувања кај онкологот или во онколошката установа, да предизвикаат негова преплашеност,

Page 28: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 28

па дури и да доведат до појава на канцерофобија. Освен тоа, не е доволно едноставно да се напише упат, туку на болниот треба да му се објасни дека се упатува во високоспецијализирана установа, каде што постојат сите услови за прецизна дијагностика и каде што не се упатуваат само онколошките болни, бидејќи постојат голем број на предканцерозни заболувања, со кои, исто така, се занимаваат онколозите и, на крајот, да се нагласи дека без совет на специјализиран стручњак, не е можно правилно да се организира и спроведе лечењето на пациентот.

Искуството потврдува дека, во случаите кога постои злокарактерен тумор и кога претстои неопходност од операција, најдобро е прво да се разговара со роднините, па дури потоа со болниот, зашто повеќето луѓе, откако ќе им се предложи операција, сакаат за тоа да продискутираат со своите ближни. Кога станува збор за самиот болен, лекарот би требало да му соопшти дека, сите сестрани испитувања на искусните лекари, кои ги разгледале сите околности, покажале дека не постои друг излез, освен операција. Притоа, на пациентот треба да му се нагласи дека станува збор за излечива форма на болест, не именувајќи ја болеста. Колку чудно и да звучи, повеќето болни не бараат да им се именува дијагнозата. ако, пак, на тоа инсистираат, би требало да им се каже дека имаат гранична форма на болест, која понатаму би можела да премине во рак, доколку благовремено не се отстрани заболениот орган. Меѓутоа, доколку болниот е колеблив или одбива да биде опериран, на лекарот не му преостанува ништо друго, освен отворено да му сооппшти дека кај него е дијагностицирана излечива форма на рак.

МОЖЕ ЛИ РАКОТ ДА СЕ ИЗЛЕЧИ СО ПОМОШ НА ЦРКОВНИТЕ СВЕТИ ТАЈНИ?

Дали „религиозното лечење” може да ги исцели злокарактерните тумори, ако тој термин можеме да го сметаме за коректен? Слободно може да се каже дека, во голем број на случаи можеме да одговориме со „да”. За тоа сведочат фактите за излекување пред иконите на Пресвета Богородица, пред моштите на светите Божји угодници или другите светињи. Понекогаш со човекот се случува, по молитвите, да не биде излечен од туморот, но туморот на некој начин да „запре” или ,,замрзне” во оној стадиум, во

кој човекот со молитва се обратил кон Бога. Постои една група на болни, кои ги пречекориле сите рокови, кога болеста морала да метастазира и да премине во друга фаза, но кај кои сѐ „запрело.” Тоа претставува манифестација на дејството на Божјата благодат, која телесно и душевно го закрепнува човекот, сразмерно со неговата вера и надеж во Творецот.

На крајот, напоменуваме дека лекарот-онколог и онколошкиот пациент би морале да знаат дека е возможен и спротивниот процес - пребрзано малигнизирање на туморот (од доброкарактерен да постане злокарактерен). Најчестата причина за таквото нешто е делувањето на екстрасенсите, маговите, биоенергетичарите и останатите шарлатани, на кои болниот им се обратил. Тогаш се манифестира дејствувањето на другата сила - сатанската, која, според самиот свој карактер е спротивна на дејствувањето на Божјата благодат. Платата за таквата постапка е - малигнизација.

превод од руски: протоереј Златко Ангелески

Page 29: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 29

Оригиналниот текст на преведениот дел што следува, настанал во првите векови на Христијанството и има посебно зна-

чење за преведувачот на чија што душа, во времето кога настанал преводот, дејствувал Божиот збор, оживувајќи го во оној час, кога проникнала во него. Било сосема очигледно дека тоа не е „мртов збор на хартија”, туку сила која воскреснува од мртвите. На повидок била величествената смисла на животот – вечноста и бесмртноста. За тоа сведочила новородената способност за мислено општење со христијаните од тоа време. Тоа било до таа мерка живо, да се замислив себе како се наоѓам помеѓу оние, кои деноноќно пеат химни и псалми во слава на Божја, го читаат Светото Писмо, се одрекуваат од се сувишно, од „љубов спрема мудроста, тежнеејќи не кон смртното, туку кон бесмртното потомство кое се раѓа само од оние чија што душа е заљубена во Бога”.

Така самиот Збор Божји затропал на вратата од човечкото срце, сакајќи да го „најде она што е изгубено и да го собере растуреното”. И така започнавме ние, желни за Вистината, во нашите денови да доаѓаме во Божјата градина – Црквата, повикани од Бога, на Негов несватлив и таинствен начин. Секој непогрешливо знаел дека треба да дојде „на гората каде што Бог ќе се погрижи”. Навистина, Бог се погрижил. Најпрвин невидливо и нечујно не упатил на сигурно место, а потоа ги поставил Своите слуги да не воведат во тајната на животот по Духот.

Веднаш штом пристигнал Божиот збор во Рим, сјајот на побожноста ги озарила умовите на оние кои ја слушале проповедта на апостолот Петар, така да посакале почесто да им се проповеда. Но, ниту не можело да ги задоволи, па започнале да го молат Марко, Петровиот сопатник, од кого што имаме Евангелие, да им остави и писмен споменик на она учење кое им било усмено проповедано. Од својата молба не отстапувале, додека не им била исполнета желбата. Така со својата молба постигнале да се напише Евангелие, кое ние го нарекуваме Евангелие

според Марко. Апостолот, дознавајќи за тоа, преку откровение од Духот Божји се зарадува за големата ревност на Римјаните и одобри напишаното Еванге-лие да се чита по црквите. За ова пишува и Климент во шестата книга „Хипотеоза”, а тоа го сведочи и ерусалимскиот владика Папиj. Петар го споменува Марко во своето Прво послание, како што вели – составена во Рим, нарекувајќи го тој град со пре-носно значење Вавилон, и вели: „Ве поздравува Црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој” (1 Петр. 5, 13).

Се зборува дека овој Марко прв бил испратен во Египет, да го проповеда евангелието кое сам го напишал и прв ја основал Црквата во Александрија. Дека проповедта на Марко имала успех, се гледа по тоа што многу нови христијани му пристапиле, кои се одликувале со мудар и строг живот. Тоа го запазил Филон, па се нафатил да ги опише нивните разговори, заедници, трпези и целиот начин на нивниот живот.

Велат дека Филон за време на царот Клаудиј водел разговори со апостолот Петар во Рим, кој во тоа време таму проповедал. Тоа и не е неверојатно, бидејќи Филоновиот запис, којшто покасно ќе го наведеме, а напишан подоцна, односно после тој состанок и содржи црковни прописи кои и денес постојат кај нас. Бидејќи он во тој состав на најточен можен начин го опишува животот на нашите испосници, тогаш без сомневање тој бил не само очевидец, туку и сам го одобрувал почитувањето на Апостолот и светите луѓе, дотолку повеќе што тие биле од еврејско потекло и се задржале многу еврејски обичаи. Во својата книга со наслов „За животот на молитвеникот”, Филон уште во воведот нагласува дека нема да каже ништо надвор од вистината ниту нешто ќе додаде, туку ќе опише се како што е. Еве ги неговите зброви: „Молитвениците се нарекуваат терапевти, а нивните жени терапевтиди”. Филон смета дека се така наречени, бидејќи, покрај лекарите ја лечеле духовната состојба на лицата кои доаѓале во нивно друштво, исцелувајќи ги од зли страсти; или што му

ЗА ЖИВОТОТ НАДРЕВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ

историја на црквата

Page 30: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 30

служеле на Бога сосема чисто и искрено. Нема да навлегуваме во тоа дали Филон сам им го наметнал тоа име на молитвениците, сакајќи со тоа да го покаже нивниот начин на живот, или навистина така се нарекувале во почетокот, додека името Христијани сеуште не било распространето. Филон го сведочи на прво место нивното одрекување од добрата, а штом би чекореле по патот на таквиот живот, вели тој, веднаш би го поделиле својот имот со ближните, а потоа, разрешени од сите грижи, би се населиле надвор од градските бедеми и би живееле по полињата и градините, бидејќи добро знаеле дека за нив би било не само бескорисно, туку и штетно кога би се мешале со луѓе кои поинаку мислат. Така постапувале христијаните од она време, обземени со силна и жива вера, подготвени да живеат угледувајќи се на Пророците... И во самите Дела апостолски се вели дека сите ученици,

послушајќи ги апостолите, го распродале својот имот, па тогаш се делело на секој по потреба, така да помеѓу нив, никој не страдал. „Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние, што имаа ниви или куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа, и ги клаваа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби” (Дела 4, 34 – 35).

Понатаму Филон сведочи за нив со овие зборови: „Овие луѓе живеат по разните краеви на земјата; бидејќи требало и Грција и варварските земји да учествуваат во совршеното добро; но најмногу ги имало во Египет, во сите познати краеви, но најмногу околу Александрија. Најдобрите од нив, доаѓајќи од сите страни, се собираа на едно возвишено место над Мареотидското езеро, тоа им било нај омилено место, заради чистиот воздух

Page 31: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 31

и безбедноста”. Потоа Филон ги опишува некои нивни општини и цркви кои биле подигани во секоја општина и вели: „Во секоја куќа се наоѓало по едно посветено место, кое се нарекувало капела или манастир; тие кои таму престојуваа се занимаваа со тајните на возвишениот живот, не внесувале ништо, ниту јадење, ниту пиење, ниту што друго неопходно за телесните потреби, туку се служеле со законите и пророштвата, преземени од Пророците и химните кои ја зголемуваат и усовршуваат мудроста и побожноста”.

И понатаму вели: „Тие се зафатени од утро до мрак, читајќи го Светото Писмо, изнесувајќи ги мислите на Отците во преносна смисла, бидејќи сметале дека зборовите се символи од сокриена природа, кои треба да се разберат со помош на мислење. Кај нив постојат записи од старите луѓе, кои ги основале нивните заедници и во тие списи има многу толкувања во алегориска смисла, тие им служеле како примери за подржување на нивниот начин на живот”.

Вака можел да каже само човек кој го слушнал толкувањето на Светото Писмо, а тие стари книги кои ги спомнува, најверојатно се Евангелијата и Апостолските Посланија, а можеби и толкувањата на старите пророци, кои продолжуваат со Посланието до Евреите, а тоа го има и во другите Апостолски посланија на Павле. Што се однесува до новите псалми, вака пишува: „Тие не се ограничуваат само на размислување, туку составуваат песни во слава Божја, во различни метрики, подесувајќи го гласот според тоа и барајќи го одговарачкиот ритам”.

Во истото дело Филон изнесува уште многу други работи, но јас го одбрав само она што најдобро ќе го осветли црковниот живот. Ако некој не наоѓа дека Филон, пишувајќи за ова, мислел исклучиво на евангелскиот општ живот, би му советувал да прочита уште неколку негови зборови заради лично убедување, каде што неоспорно, доколку е добронамерен, да дојде до докази за тоа. Бидејќи вака пишува: „Оние, тежнеејќи кон духовно совршенство, си поставуваат задача, која почива на издржливост; од таму после изградува се друго. Пред заоѓањето на сонцето ниту јадат, ниту пијат; според нивното мислење светлоста и припаѓа на мудроста, бидејќи таа е достојна за светлост, а телесните потреби и доликуваат на темнината, па затоа целиот ден го посветувале на мирољубие, а за потребите на телото ја посветувале ноќта. Некои помеѓу нив, по три дена не вкусувале ниту јадење ниту пиење, само ако осетат жед на знаење, а некои обземени со созерцание од кое се раѓаат догмати, не вкусуваат ништо двојно време, па дури и тогаш се задоволуваат само со најопходно јадење и пиење.

Веруваме дека овие возвишени зборови на Филон се однесуваат на Христијаните. Но, ако некој и понатаму не верува, туку бара очигледни докази, нека зане дека нема да ѓи пронајде на друго место, туку во самото христијанство, засновано на Евангелието. Бидејќи вели, дека помеѓу тие луѓе за кои станува збор, се наоѓаат и жени, од кои што многу се заветувале на девтвеност до староста, да би ја сочувале потребата не по потреба, како некои хеленски свештенички, туку доброволно, од ревност и љубов спрема мудроста, во која живеат, трудејќи се да се одречат од телесните уживања и тежеејќи не кон смртта, туку кон бесмртното потомство, кое се раѓа само од оние, чија што душа е заљубена во Бога.

Малку потоа, уште појасно го изнесува и ова: „Тие го толкуваат Светото Писмо алегориски, пронаоѓајќи ја смислата што се подразбира. Според нивното мислење, целото устројство е слично на живо битие: зборовите го претставуваат телото, а нивната таинствена смисла – душата. Така должноста на спомнатото друштво била, да во зборовите ја пронајде чудната убавина на предметите, која може да се постигне со умот”.

Што треба да кажеме за нивните состаноци за да разговараат, за мажите и жените кои живееле одвоено, обичај кој и денес постои. Особено во деновите на спасоносните Христови страдања, кои ние обично ги поминуваме во пост, со бдеење и внимателно слушање на божествените книги. Сето тоа детално го опишал Филон, предавајќи ни го оној начин на живот, кој и денес се чува. Особено внимание заслужува описот на сеноќните бденија, кои се одржувале во очи на големите празници и обредот кој трае за време на бденијата; се споменува пеење, како што е кај нас обичај: еден предводи со умерен и милозвучен глас, тој го започнува псалмот, а останатите молчат, а кога дојде до последните стихови, тогаш сите гласови стапуваат во прекрасна хармонија. Филон го на-ведува и тоа дека во тие денови сите спиеле на гола земја и ниту пиеле вино, ниту јаделе месо, туку само пиеле вода, а лебот го праевле со сол и исопом. Потоа го опишува поредокот на нивната ерархија, ги наведува лицата кои ги вршеле црко-вните должности, зборува за ѓаконскиот чин и за најголемиот од сите, епископскиот.

Кој сака повеќе да дознае за тоа, ќе најде во делата на самиот писател; самиот Филон тоа го опишал, мислејќи исклучиво на првите проповедници на евангелската наука и преданието на самите Апостоли – тоа е сосема јасно.

(Од „Историја на Црквата” кн. 2, Евсевиј Кесариски)

Превод: Теолог Александар Зашев

Page 32: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 32

Свети Николај ги храни атонските отци„Што правите?„ – прашаl непознат свештеник. – „Дали е тоа целата пченица што ја имате? Нема повеќе?”

Отците од Атонскиот манастир одговорија дека тоа е навистина сѐ што имаат. Било декември и тие не можеле да купат повеќе поради окупацијата од фашистите. Потребни биле 10.000 оки пченица за годишен опстанок на манастирот, а тие не можеле да купат ниту една ока.

Непознатиот свештеник зел неколку зрна во својата рака, ги благословил и ги фрлил врз другата пченица. Тој ги благословил четирите страни на хоризонтот, манастирот и морето и тогаш посакал да си замине.

„Од каде доаѓаш?” – го прашале отците. – „Остани да јадеш леб и маслинки.”

– „Доаѓам од многу далеку, од Мира во Ликија” – рекол тој и си отишол.

Еден од браќата во меѓувреме отишол по храна што би му ја понуди на гостинот, но старецот, за кој се утврди дека бил заштитникот на манастирот, исчезнал. Останатите 150 оки благословена пченица траеле уште половина година, со други зборови, од декември, кога св. Николај им се јавил, па сѐ до следниот јули, кога дошло време за новата жетва.

Од „Атонски Старечник”

превод од англ.: Гордан Алексовски, студент по теологија

Page 33: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 33

Секојдневно, сѐ почесто се среќаваме со неоправдана нервоза, тага, повлеченост, изолираност... Црната хроника ги препла-

вува медиумите, а не се ретки ниту самоубиствата. Во нашиот денешен динамичен живот, сѐ помалку време имаме за соседите, пријателите, децата... Честопати можеме да слушнеме како некој нема волја за ништо, дека е во некоја безнадежност, страв и сл. Ако прашаме некое медицинско лице да нн ја каже дијагнозата според овие симптоми, лесно ќе ја дефинира како депресија, но во црковната терминологија, постои уште еден израз за истите тие симптоми, а тоа е унинието.

Депресијата не е исто што и тагата. Меѓутоа, ако тагата се појави без никаква причина, ако никако не престанува, ако ни е тешко да работиме, да се дружиме, да спиеме, со еден збор, ако повеќе не му се радуваме на животот - тогаш тоа веќе не е нерасположение или обична тага, туку депресија или униние, која претставува сериозно душевно пореметување и влијае на целокупниот човечки живот.

Поимот “униние”, па дури и поимот “дух на униние” е стар словенски збор кој повеќекратно, но и со повеќе значења, се појавува во црковните богослужбени книги. Така, во еден молебен канон означува тага, плашливост; во утрената молитва на Пресвета Богородица се преведува како мрзливост, на друго место означува тага и сл. Но, најчесто овој збор се изговара во молитвата на Св. Ефрем Сирин, која многупати и на секоја богослужба за време на Велигденските пости се чита пропратена со големи поклони. Овде таа означува малаксаност, но и мрзоволие. Според Православната Енциклопедија, поимот “униние” означува умор, тромост и малаксаност на духот, при што душата пасивно се препушта на една сива, потиштена безволност. Тоа е состојба на душата во која е парализирана секоја конструктивна дејност. Унинието претставува бегство од вистинскиот живот, кој бара совладување на она што нн е непријатно. Значи, со други зборови, кој бара активна духовна борба со пре-

чките и искушенијата на патот кон остварување на личниот духовен идеал и спасението на душата.

Имено, додека човекот е млад, ако е сѐ во ред, тогаш одвнатре, помалку или повеќе тој чув-ствува еден неисцрпен извор на некаква енер-гија (слободно дефинирајте ја како елан или како детска радост). Подоцна, таа сепак се губи. Нѐ оптоваруваат грижите на овоземниот живот, или пак нашите гревови, или пак неуредниот и нездравиот живот, како духовно - така морално и физички. Така, постепено и незабележително човекот ја губи онаа ревност (физичка и духовна) која одвнатре му дава сила. Му останува само силата на неговата одлука, волја или желба.

Во суштина, депресијата е демонска стапица, која нѐ свртува против нас самите. Демоните нí дошепнуваат како животот е бесмислен, како луѓето се себични, расипани и лукави, и како е тешко (па дури и невозможно) да се пронајде добар човек. Слушајќи ги сите овие дошепнувања во својот ум, луѓето ја губат волјата и ревноста за добри дела, кои пак нѐ исполнуваат со чувство на вредност, смисла и радост. Затоа, треба одлучно да се бориме против тие помисли, како што мудро нѐ поучуваат светите Варсонуфиј и Јован: “Ако сакаш да се спасиш, не им верувај на своите помисли, зашто демоните во тебе го сејат семето на злото и создаваат лажни претстави. Затоа ти никого не осудувај, туку секогаш труди да му служиш на ближниот. Не им верувај на демоните, зашто стварноста не е онаква каква што тие ја претставуваат. Тие сакаат само на секој можен начин да те возмутат. Никогаш не се сомневај, туку сѐ истрпи со радост и насмевка, зашто голема е наградата за трпението”.

Депресијата е почеток на уште поголемо зло. Ако на време не се “ослободиме” од неа со Божја помош и со помош на Светите Тајни на Црквата, нѐ чекаат многу позамрсени и посложени проблеми. Во потешки случаи, таа може да го турне човекот во очајание и да предизвика самоубиствени нагони, кои не секогаш завршуваат со самоубиство, но сепак го

ДЕПРЕСИЈА - МОДЕРНА ФРАЗА ИЛИ

ЗАСТРАШУВАЧКА РЕАЛНОСТ?свештеник Влатко Мирасчиев

искушенија на современоста

Page 34: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 34

уништуваат човекот одвнатре, го прават неговиот живот пекол уште овде на земјата.

Депресија или унинието може да се јави кај секој човек, без разлика на возраста, инте-лeгенцијата, социјалната состојба или раса. Но, кај луѓето кои по природа се поемотивни, плашливи, со мала доза на самопочит, оние кои тешко поднесуваат неправди и критики - кај нив депресијата почесто се јавува. Исто така, надворешните фактори како: развод, распад на семејството или пак смртта на некој ближен, губењето на работното место, сексуалното насил-ство, злоставување во детството - доведуваат до тешка депресија. Голем проблем е што во општата популација има многу заблуди, митови и незнаења за депресијата. Најчести илузии поврзани со депресијата се дека таа ќе пројде сама по себе, па поради тоа не е потребно нејзино лекување; дека депресијата е нешто што ги напаѓа само слабите и беспомошните.... Но, депресивните луѓе гледаат со “други очи”. Честопати животот им се чини бесмислен, немаат интерес ниту волја за вообичаените дневни активности и напредок во животот и верата...

Човекот во кој преовладеал духот на унинието, честопати самиот на себе си зборува како е неспособен за ова или она, ги гледа другите, се споредува со нив и осознава дека секоја трка и секое натпреварување т.е. споредување го губи. Изгледа дека сите други секогаш се пред него, и тој никако не може да фати чекор со нив. Но, секој човек е уникат, неповторлива личност, и како таков, тој е скапоцен сам по себе. Освен тоа, секој човек од Бога ги добил своите таланти кои само тој ги има. Човекот кој размислува за тоа како тој не може да го постигне истото што и другите, го губи од видот она што само тој го има, а другите го немаат. Поради тоа, Светите Отци велат дека човекот не треба да се споредува со другите, бидејќи секој од Бога ги добил своите таланти, некој помалку, а некој повеќе. Повеќе од сигурно е дека секој од нас има некои свои дарови кои би можел да ги развива. Проблемот лежи во тоа што ние не обрнуваме внимание на она што го имаме, туку го сакаме она што го немаме. Треба да го прифатиме своето место и улога во светот кои секогаш се по Божја промисла, да бидеме благодарни на Бога за она што Он нí го дал и да се трудиме да ги умножуваме нашите

Page 35: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 35

сопствени таланти и дарови, за коишто Бог ќе побара одговор од нас.

За нас е неопходно да сфатиме дека демонот многу се радува на унинието, дека очајот е сатанска сила и една отровна мисла која ја умртвува ревноста и животот на душата, и ја фрла во смртна тага и немарност. Оваа измама на лукавиот ги поробува само неупатените, оние кои не ја познаваат доволно Христовата Личност и Неговата бескрајна добрина. Бог вели: “Не ја сакам смртта на грешникот, но да се обрати тој и да биде жив”. Затоа, поради неупатеност, депресијата често не ја препознаваат ниту лицата кои страдаат од неа, а ниту пак нивната најблиска околина - дури и кога таа причинува сериозни брачни, семејни, професионални и социјални потешкотии.

Св. Нектариј Оптински вели дека има луѓе кои никогаш не се обраќаат кон Бога, никогаш не се молат, но одеднаш стануваат меланхолични и загрижени. Имаат чувство дека ниедно друго човечко битие не може да им помогне да се избават од таквата бедна состојба. Некој можеби ќе може да ги сослуша, но не и да го разбере нивниот очај. Сепак, депресијата не е животен

став, начин на живот, стил на однесување или карактерна особина - туку духовна болест. На депресивниот не може да му се помогне со помош на “мудри” совети во стилот на: расположи се, биди оптимист, не се секирај, биди среќен... Не може да му се помогне ниту со прашања од типот: што пак сега ти фали? Кога ќе се соочиш со животот?, или пак со примедби во стилот: “Време ти е да пораснеш” и сл. Човекот мора да биде строг кон себе, а благ кон другите - вели старец Алексиј. Исто така нн советува дека треба да се усовршуваме во кротоста, бидејќи е невозможно да одиме по патеката на духовниот живот притоа не разликувајќи ги искушенијата, зашто Бог не допушта искушенија кои ги надминуваат човечките сили. Така е во духовниот живот - прво искушение, а потоа радост. Значи најпрвин треба да се поклониме на Крстот на Голгота, а потоа да го прославиме и величаме Христовото Воскресение. Мора секогаш да имаме на ум дека ништо не може да ни се случи а да не е во согласност со Божјата волја, односно сѐ што Бог ни испраќа во животот е за наше добро и за спасение на нашите души - вели св. Нил Сорски. Верата во Божјата Промисла

Page 36: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 36

му дава на човечкиот живот поголема смисла, а кадешто има смисла за живот - нема простор за депресија.

Нашиот живот, како Божји дар, подразбира истрајност во сѐ, а не отстапување - без оглед дали искушението е големо или мало. Бидејќи таа победа се остварува со борба, а не со предавање. Таму каде што нема борба нема ниту добродетели - вели св. Јован Кронштатски. Затоа е потребно трезвено соочување со конкретните проблеми, притоа не покорувајќи се на моменталната состојба. Само на тој начин можеме да ги победиме сите стравови и несигурности кои доаѓаат при сознанието за некоја болест. Мораме да постанеме свесни за нашата духовна заболеност. Тоа што важи во случај на телесната болест кога човекот, сфаќајќи дека се разболел, оди кај лекар за да се излекува, важи и во случај на духовната болест. За жал, живееме во времиња кога најголем грев е тоа што луѓето, во својата самозадоволност и егоизам, повеќе не се во состојба да ја препознаат сопствената духовна заболеност, мислејќи дека се духовно здрави и дека никој не им е потребен. Но, токму кога човековиот ум ќе престане да функционира на правилен начин, односно кога ќе престане да размислува и расудува според евангелските заповеди, доаѓа до појава на вакви аномалии. Луѓето честопати велат: “Кога моите блиски би се однесувале поинаку, кога моите деца би биле подобри, кога мојот брачен другар не би го работел тоа и тоа, кога би..., јас тогаш можеби и би можел да живеам христијански и да останам имун на штетните влијанија кои нѐ опкружуваат”. Душата која е во состојба на униние ги избегнува луѓето, верувајќи дека се тие извор на нејзината несреќа, а не сфаќа дека причината

за нејзината болест е во неа самата - нѐ поучува св. Серафим Саровски. Честопати, имаме впечаток дека решението на надворешните проблеми би нѐ направило подобри. Меѓутоа, надворешните проблеми никогаш нема да исчезнат. Ако сега имаме грижи во врска со кариерата, подоцна ќе надојдат грижи во врска со бракот, одгледувањето на децата, па потоа со нивната иднина... Да не ги споменуваме сите останати проблеми поврзани со работното место и општествениот живот. Искушенијата никогаш нема да престанат и затоа ние мора да се соочиме со нив. Ние заборавиме дека Бог ги допушта искушенијата заради наша духовна корист, за да нѐ исчисти од секаква нечистотија, и затоа запаѓаме во неволји и униние.

Да се потсетиме на Христовите зборови: Дојде-те при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам (Мат. 11, 28) и добро да размислиме. Сигурно ќе видиме нови подобри можности и ќе почнеме повеќе да ги почитуваме ближните, а и себеси како образ Божји. Во тој случај, ние ќе ја победиме болеста, а не таа нас. Треба само да бидеме сигурни во тоа, да веруваме и да се молиме. Зашто молитвата не е само че-кање нешто да ни се случи, туку таа претставува постојано издигнување од немоќта и истрајност во верата. Не смееме да н се предаваме на немарноста, тагата и мрзливоста, туку спротивно на тоа, сето наше внимание и енергија да ги насочиме кон исполнување на евангелските заповеди. Но, ќе рече некој: Како ќе ги исполнувам заповедите Божји, кога сум слаб и грешен? Како што нѐ поучува св. Исаиј - Ако човекот реши да ги остави своите гревови, ако искрено се покае и побара помош и милост од Бога, покајанието ќе го препороди во нов, свет живот, а Господ ќе го укрепи со Својата благодат, и нему подвигот ќе му стане лесен и пријатен...

Од погоре произнесеното, би можело да се каже дека човекот е здрав само како целовито битие, па токму поради тоа, во депресијата треба да се лекува телесната, психичката, социјалната и духовната димензија ако сакаме да постигнеме исцеление и спречување на појавата на депресија. Со други зборови, да му објасниме на болниот (верникот) дека има надеж за него, а тоа е: среди-шно место во неговиот живот да не зазема болеста туку Живиот Бог, и така да му се отвори духовниот пат кон надежта, исцелението и спасението на душата

Page 37: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 37

„Долготрпението е мајка на сите добра”

(Преп. Варсонуфиј Велики)

Христијанскиот однос кон страдањата

Може ли Христијанинот во неволјите да Го моли Бога да го избави од нив, или пак да ги моли другите да се помолат за

него?

На тоа прашање преподобните Варсонуфиј Велики и Јован одговараат вака: “Оние кои дости-гнале совршенство, не го оттргнуваат од себе гневот Божји, зашто сета своја надеж ја полагаат во Бога. Но ние кои живееме со телесен живот и сѐ уште чувствуваме потреба за овоземните работи, ќе се осудуваме себеси како грешници и ќе го отстраниме од себе гневот Божји со молитви и псалми, молејќи го Бога да ни прости, а во иднина ќе се грижиме да Му благодариме на Бога. Зашто потоа, кога сето тоа ќе мине, нашите гревови ќе навлечат на нас уште поголеми страдања, зашто без покајание и милостина не е можно да се ослободиме од страдањата”.

Како што се гледа од одговорот на Преподо-бните, постојат два случаи. Оние кои се послаби со духот треба да се молат и кајат поради своите гревови (дури и поради оние гревови за кои сѐ уште не постанале свесни), како би го ублажиле со тоа гневот Божји и би отстраниле од себеси некои нови и можеби уште потешки страдања.

Но силните со духот Христијани не сметаат дека е можно да се оттргнеме од страдањата, зашто тоа е волја Божја, а таа е секогаш блага, како и да се манифестира.

Преподобен Антониј Велики во врска со тоа го пишува следното: „Како што е неумесно да не му се заблагодариме на лекарот за излекувањето на телото, дури и тогаш кога ни даваат горки и непријатни лекови, исто така е неумесно да не Му благодариме на Бога за она што нам ни се чини жалосно, само затоа што не разбираме дека сѐ станува по Негова Промисла и заради наша корист”.

А Преподобен Исак Сириски вака говори за праведникот: „Ако нему му се случат неволји, тој е

уверен и точно знае дека тие ќе му донесат венец на победа. И затоа ги прима весело и трпи со секоја радост, зашто знае дека Самиот Бог на корист му ги одредува тие страдања, по Своето тајно промислување за она што не можеме за себе да го знаеме”.

Во случаите кога на Христијанинот ќе му се случи некаква несреќа или неволја, Светите Отци секогаш советуваат тоа да се поднесе трпеливо и добородушно, да не се оттргнуваме од неа, и смирено да се сметаме себеси достојни за уште поголеми несреќи од оваа.

Кај светиот Леонид Оптински еднаш дојде еден лончар, инаку негово духовно чедо. Некој му ги симнал тркалата од колата, со која на пазарот ги носел направените лонци. Тој му рече на старецот дека знае кој е крадецот и дека може да ги пронајде тркалата. „Остави, Семјонушка, не ги гони своите тркала – му одговори старецот – тоа Бог те казни. Носи ја Божјата казна па преку мала неволја ќе се избавиш од поголеми. А ако не сакаш да го истрпиш тоа мало искушение, ќе бидеш казнет со многу поголемо”. Лончарот го послуша старецот и по неговото сведочење, подоцна навистина му се заканувале многу неволји, но Господ секогаш го избавувал од нив. Не треба да се надеваме дека страдањата можат да се спречат без молитва и покајание, со помош на некаква светиња од која се очекува спасението, како што незнабошците ја користат амајлијата. Така, во едно семејство често се случувале несреќи, па мажот и жената дојдоа во Оптинската пустина и побараа помош од својот земјак, еромонахот Гаврил. Нему му падна на ум да им помогне во неволјата со херувимскиот темјан, но најнапред појде да побара за тоа благослов од старец Леонид. „Навистина си чудак – му рече старецот, - зарем тука ќе помогне херувимскиот темјан? Кадешто е гневот Божји, таму Господ не ја штеди ниту Својата светиња. Тука е потребно искрено покајание за гревовите, поради кои е и испратен гневот Божји, и поправање”.

Кога несреќите се последица на гревот, тогаш единствено средство за избавување од нив е покајанието и доброволната казна, т.е епитимијата.

Покрај тоа, како што вели Свети Игнатиј

СМИСЛАТА НА СТРАДАЊАТА ВО ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

православен духовен живот

Page 38: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 38

Брјанчанинов: „За време на страдањата не барај човечка помош. Немој да го губиш скапоценото време, не ја троши силата на својата душа на барање на таа слаба помош. Очекувај помош од Бога. По Неговиот збор, во свое време ќе дојдат луѓе и ќе ти помогнат”. Кога веќе нема доволно сили за трпение, Светите Отци ни препорачуваат разни начини за стекнување на издржливост во страдањата. Потребно е да се сетиме на најтешките моменти во нашиот живот и да ја споредиме со нив тежината која моментно ја носиме. Исто така, можеме да се присетиме и на тешките страдања и несреќи кои ги трпат другите луѓе (на пример во затворите, по болниците од тешки и неизлечиви болести, умирањето од глад итн.), и тогаш наши-те сопствени страдања можат да ни се чинат ништожни.

Преподобени Исак Сириски вели: „Секогаш држи ги во својот ум најтешките страдања кои ги поднесуваат луѓето и благодари за малите и ништожни неволји кои тебе те снаоѓаат, и секогаш биди подготвен да ги поднесуваш со радост”.

И во моментот кога човекот со благодарност ќе ги прими од Бога страдањата кои му се испратени, тој веднаш по нив влегува во таков мир и таква среќа, што сѐ околу него станува светло и радосно. Доволно е само да се посака тоа, и Бог ќе испрати. Поради тоа храбрата душа инстинктивно бара жртва и случај да пострада, и така духовно да зајакне преку искушенијата.

Воедно, Христијанинот треба да има во предвид дека радостите, како и неволјите, честопати се

со краток век и се сменуваат една со друга. За тоа вака пишува св. Филарет Московски: „Плачот поради привремената немаштија не е жртва која на Бога Му е угодна. Нашите постојани жалби не само што не се богоугодни, туку се дури и грешни. Речено ни е да не тагуваме како оние кои немаат надеж. Наша задача е крстот кој ни се дава да го носиме со љубов, со детско смирение и христијанско трпение, а не да го мериме и споредуваме со дру-гите, ниту да се жалиме поради недостатоците, туку бодро да пазиме на себе и да се храбриме, за да не изнемоштиме и да се лишиме од приготвената награда за трпението. Затоа, ако трпиш страдања без вина, благодари Му на Бога”.

Свети Игнатиј Брјанчанинотв вели: „Вежбањето во прекорувањето на самиот себеси постепено преоѓа во навика. Кога оној кој ја стекнал таа навика ќе го снајде некаква неволја, навиката веднаш доаѓа до израз и страдањето се прифаќа како заслужено”.

А Свети Теофан Затворник пишува: „За секоја непријатност заблагодари Му на Бога и не заборавај дека таа ти е испратена заради твоја корист”. „Ако внимателно погледнеме, главната причина за секое вознемирување – вели преподобен авва Доротеј – е тоа, што ние самите себе не се прекоруваме. Оттаму потекнува секое растројство и од таа причина ние никогаш немаме мир”.

Преподобен Пимен Велики вели: „Оној кој себеси се прекорува, каде и да тргне и што и да му се случи, било штета, било срам, било некоја друга неволја, тој веќе однапред се смета себеси достоен

Page 39: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 39

за сето тоа и никогаш не се вознемирува. Може ли да има поголемо смирение од ова?”

„Ако го поднесуваш страдањето со трпение, со тоа сведочиш за својата верност на Христа, за својата предаденост на Спасителот и за својата љубов кон Оној Кој воскресна од мртвите и сите нѐ повикува кон Себе”.

Светите Отци дури забрануваат и да се жалиме на временските услови и да говориме како е „премногу ладно” или „премногу топло”. Да не го забораваме и тоа дека Господ никогаш не нѐ остава. Он е со нас во најтешките и најжалните мигови.

Голема добивка за Христијанинот е кога ќе се научи во животот подеднакво да прима од Господа сѐ што му се испраќа – слатко и горко, лесно и тешко, радосно и жалосно, и неизмерно благодарејќи Му на Бога да си говори себеси: „Јас не сум достоен за уделот со кој сега ме награди Господ”.

Еве што пишуваше за односот кон страдањата една Христијанка: „Господ е со мене. Он ме љуби. Од што ќе се плашам? Колку радост донесуваат тие зборови.

Господ сѐ знае и ме љуби. Он ќе ја покрие мојата грешка ако е така подобро за мене.

Болна сум и ме чекаат големи страдања. Но Господ сѐ знае и ме љуби. Ако Он ми испраќа страдања, тогаш Он со мајчинска нежност ќе ми испрати и помош, и нема да дозволи да страдам повеќе од што можам да издржам.

Господ сѐ знае и ме љуби. Ако е потребно, ќе ми испрати барем една сродна душа.

Овие зборови можат да се применат во сите животни околности, во сите состојби на душата. Но, за тоа е потребна чиста и цврста врска на душата со Господа”.

Сепак, по зборовите на старец Силуан, страдањето не донесува корист, ако човекот не се смири.

И овоземната среќа може да биде големо бо-гатство, ако е проследена со постојано сеќавање на Бога и не го исклучува напорот на духовниот живот. Така и страдањата можат да бидат големо зло, ако човекот од нив станува огорчен и самиот себеси се спушта на ниски духовни гранки, а не се препородува ниту пак го прифаќа благотворното дејство на своите страдања. Тоа е одговор на мно-гу распространетото убедување дека Црквата и Евангелието ја осудуваат секоја овоземна среќа и ги повикуваат луѓето на страдање заради страдањето”.

Од сето речено, исто така може да се изведе заклучок дека човековиот однос кон страдањата е добар показател за неговата близина со Бога и

Page 40: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 40

поседувањето на основните христијански добро-детели: верата, смирението и покорноста на Божјата Промисла.

Смислата на страдањата

Каква и да е причината поради која ни се испраќаат страдањата, сите тие секогаш ни служат нам на корист, за спасение на нашата душа и за простување на нашите гревови, а ако Христијанинот страда поради својата праведност, тогаш тие страдања му донесуваат венец во Царството Небесно.

Ако страдаш, тоа е добар знак. Зарем не знаеш дека кога некој ќе ги помоли оците да се помолат за него, или кога Го моли Бога да му помогне, тогаш се умножуваат страдањата и искушенијата и неволјите негови? Според тоа, немој да бараш спокојство на телото, ако Господ не ти го испраќа, зашто спокојот на телото Му е немил на Господа, Кој рече: „Во светот ќе имате маки” (Јован 16, 33). Знај дека оние кои во сѐ бараат удобност, на крајот ќе ги слушнат овие зборови: „Ти си го добил своето добро уште додека беше жив” (Лк. 16, 25). Ако некој не поднесува незгоди, нема да види ниту слава. Зарем не знаеш дека многу неволји ги снаоѓаат праведниците (Пс. 33, 20) и дека преку нив тие се испитуваат како злато во оган?

Според тоа, ако сме праведни, нашата праведност ќе биде проверена во неволји, а ако сме, напротив, грешни, тогаш ќе ги истрпиме неволјите затоа што сме ги заслужиле, зашто трпението гради искуство (Рим. 5, 4). Да се сетиме на сите Светии, да се сетиме дека тие трпеле страдања правејќи добрини… Луѓето ги мразеле и навредувале до самата нивна смрт… Во страдањата, во немаштијата, во угнетувањето или во болестите и телесните напори, за сѐ што те снашло благодари Му на Бога”.

Преподобен Исак Сириски пишува: „На Бога не Му било угодно оние кои ќе Го возљубат да живеат удобно додека се во тело, туку Негова волја е тие, додека се во овој свет, да трпат страдања, тегоби, напори, немаштија, осаменост, болести, навреди, жалост на срцето и неудобност на телото. Господ знае дека оние кои живеат во телесна удобност не можат да престојуваат во Неговата љубов. А кога болеста, оскудноста, исцрпеноста на телото и стравот за сопственото тело ги преокупираат твоите мисли и те спречуваат да се надеваш и довериш на Господа, тогаш знај дека во тебе живее телото, а не Христос.

Поради тоа секоја жалост, која ќе те снајде јавно или тајно, со голема внимателност и без

Page 41: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 41

умислување сметај дека по правдина си ја заслужил. И за сѐ благодари”.

Во секојдневните примери можеме да видиме колку често луѓето кои не искусиле ништо, не можат да ја сфатат туѓата несреќа и стануваат рамнодушни кон страдањата на другите луѓе, колку често ја губат свеста за возвишената цел и смисла на животот и тонат во калта на секојдневието. Таа состојба на потполна самоувереност и затапеност, честопати во малограѓанската свест се доживува како среќа.

Задонската подвижничка Матрона Наумовна постојано говореше: „Несреќите во животот се слатки колачи кои ни се испраќаат од рајот”.

„Во суштина, Христијанинот треба да се одрече од трагичното сфаќање на зборот „несреќа” и изразот „несреќен случај”, зашто секое страдање, соединето со трпение, е добро и корисно” – пишува преподобен Петар Дамаскин. „Она што луѓето го нарекуваат несреќа, всушност е Божјо милостивно поучување и вразумување на човекот или испитување на христијанската вера”.

Св. Јован Тоболски вели: „Ако човековата волја би била насочена кон добродетели, ако вистински би била покорна на волјата Божја и усогласена со неа, тогаш напорите, болестите, неволјите и другите непријатности кои секој човек ги доживува во животот за него не би биле казна, зашто тој би ги поднесувал со радосно и добродушно срце од љубов кон Бога, расудувајќи и цврсто верувајќи дека сето му се случило по волја Божја и по Негово допуштение заради некоја, за човекот непозната, добра цел”.

Мудрата игуманија Арсенија пишува: „Кога Господ ќе му помогне на човекот да се ослободи од страстите, тогаш страдањата му постануваат радост во животот, зашто неговата душа е над нив, не ги чувствува, туку само согледува, гледа и чувствува голема помош Божја која го зацврстува духот во страдањата и животните искушенија; ја гледа големата премудрост на Неговите патишта кои човекот го водат во слобода преку страдањата, и во самите страдања го чистат, исправаат и секогаш го изведуваат на вистинскиот пат. Тогаш душата чувствува и сила и радост и Му благодари на Бога за страдањата. Тогаш таа гледа дека страдањата се ништожни во споредба со оние добра кои Он преку тие страдања ѝ ги дарувал”.

Ете зошто една праведничка говореше: „Од сите радости, најголема на светот е радоста на страдањето”. А праведниот свештеник Јован пишува: „Ги имаме сите причини да се жалиме кога немаме страдања, зашто ништо не нѐ прави толку слични на Господа како носењето на Крстот Негов”.

Сепак, секогаш треба да имаме во предвид дека радосното поднесување на страдањата е можно само со помош Божја. Тоа за Христијанинот е дар Божји. Преподобен Петар Дамаскин вака пишува за тоа: „Да се трпат навредите со радост и без злоба, да им се прави добро на непријателите, да се полага душата своја за ближниот и слично на тоа, сето тоа се дарови Божји и им се испраќаат на оние кои се стремат кон тие дарови и преку страдањето се трудат ги добијат од Бога”.

Значи, неволјите и несреќите трагично ги доживува само оној кој нема доверба во Бога, кој не е свесен за својата гревовност, кој не ја чувствува неопходноста за очистување на своето срце и спасение на својата душа, кој не знае колку е немоќен да го достигне сето тоа со сопствени сили.

Старец Силуан Атонски вели: „Ако те снајде некаква неволја, размислувај вака: „Господ го гледа моето срце, а ако Му е Нему угодно, ќе ми биде добро и на мене и на другите”, и така душата твоја постојано ќе биде мирна. А ако некој ропта: „Тоа не е така, тоа не чини”, никогаш нема да има мир во неговата душа, макар и многу да пости и да се моли. Има многумина кои многу страдаат од сиромаштија и болести, но не се трудат да постанат смирени, и затоа страдаат без корист… Смири се и ќе видиш дека твоите неволји ќе се обратат во спокојство, така што и самиот ќе сфатиш и ќе речеш: зошто јас порано толку се мачев и страдав? А сега се радуваш зашто си се смирил, зашто те посетила благодатта Божја”.

Истиот старец го говори и следново: „Страдањата неизбежно ја следат љубовта и раснат во душата онолку колку што во неа расне љубовта Христова. Тоа е разбирливо: љубовта Христова (во христијанската душа) го опфаќа сиот свет и силно и болно ги преживува страдањата на целиот свет, какошто ги преживуваше и Христос кога плачеше гледајќи го Ерусалим и предвидувајќи ги сите негови идни несреќи” (Лк. 19, 41).

Преподобен Исак Сириски вели: „Кој без стра-дања извршува добри дела, нему му се отворени вратите кон гордоста”.

Но, Господовата грижа за човекот и помошта во стекнувањето на смирението се разлиени насекаде во светот. И, како што говори игумен Јован: „Сите околности и ситуации во овоземниот живот имаат за цел да го смируваат човекот, да ја мелат и бришат гордоста на неговите чувства и неговиот разум, просветувајќи го со свеста за милоста Божја или удирајќи го поради самодоволноста, самосталноста и самоувереноста.

Со каква ли ужасна гордост би се исполнил човекот кога не би го смирувало сѐ она што

Page 42: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 42

сега го смирува на земјата: смртта, болестите, телесните страдања, беспомошноста (во многу случаи), слабоста, душевните маки и притисоци, понижувањата, напорите, неопходноста на претешко учење во сите обласи, незнаењето, неразумноста, одвратното манифестирање на внатрешните страсти, судот на совеста…”

А епископот Варлам кон ова додава: „Нам не-што почнува да ни се смета на небото дури кога со секое смирение ќе истрпиме некое страдање без вина, без роптање, знаејќи дека е тоа Божјо допуштение и искушение. Преку тоа душата се исчистува од духовна изопаченост. Без големо и невино страдање, без крст, никој нема да влезе во рајот. Патот Божји е секојдневен крст”.

Преку страдањата се истребуваат нашите гревови. „Ако нема страдание, нема ни спасение” (велеше преп. Серафим). И не само страдање кое го испраќа Бог, туку секој духовен напор, секое доброволно лишување, секое ускратување на нешто на самиот себеси, секоја жртва, сето тоа истиот момент се разменува за духовни богатства во нас: што повеќе губиме, дотолку повеќе добиваме. Ете зошто им е тешко на богатите да влезат во Царството Божјо. Затоа што кај нив не се врши оваа размена на земните, привремени, трулежни добра за небесно, непропадливо богатство.

Голема е силата на очистувањето во стра-дањата и голема е нивната смисла. Нашиот духовен

раст зависи главно од тоа како ги поднесуваме страдањата. Но страдањата не треба ниту да ги бараме, ниту да ги измислуваме.

Духовните луѓе ги жалат они кои во светот грешат, не се кајат поради своите гревови и живеат со удобен и расеан живот, полн со забави и задоволства. За нив се вели: „Господ ги оставил”. А за оние кои трпат неволји велат: „Господ ги посетил”.

Разумот на Христијанинот не треба да се вознемирува и поради страдањето на невините деца. Тука исто така постојано е присутна Божјата премудрост, благост и промисла. Најчесто Господ сака преку страдањето на невините деца да ги вразуми нивните родители или ближни, да ги одврати од гревовниот пат и да ги изведе на патот на покајанието.

Покрај тоа, треба да се сетиме и на она што Господ Му го рече на св. Антониј Велики.

Св. Антониј долго размислуваше за множе-ството несреќи и искушенија кои ги снаоѓаат луѓето, за страдањето на невините деца и за другите, за човекот тешко разбирливи прашања. Тогаш ги слушна зборовите: „Антониј, тоа се Судови Божји. Нивното испитување не е корисно за душата. Внимавај на себеси”.

Избор и превод:

Братството на Манастирот: „Св. Гаврил Лесновски”

Page 43: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 43

Во намерата да збо-рувам за трпението, драги браќа, и да

ја истакнам и неговата корист и предност, откаде да почнам попрво, но од тоа што гледам, дури и во овој миг, дека вам ви е неопходно трпение за слушање, така што ниту токму тоа што го слушате и учите не можете да го правите без трпение? Дури тогаш, имено, дејствено се учи Словото и поуките за спасение, ако трпеливо се слуша она што се говори. И не наоѓам, предраги браќа, помеѓу останатите патишта на небесната наука, преку кои начинот на живот се управува кон постигнување на награда од Бога за нашата вера и надеж, што е во поголема мера или покорисно за живот или позначајно за слава, но ние, кои се потпираме на упатствата Господови, во богобојазлива и верна послушност, во најголема мера со сето внимание да го чуваме трпението.

И философите изјавуваат дека копнеат за него, но во толкава мера е кај нив трпението лажно, колку што е нивната мудрост лажна. Бидејќи, од каде би можел да биде мудар или стрплив оној, кој не ја познава ниту мудроста, ниту стрпливоста Божја? И самиот Бог за оние кои мислат за себе дека се мудри во светот ги опоменува и вели: “Ќе ја разорам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните” (Исаија 29, 14).

Исто така и блажениот апостол Павле, исполнет со Дух Свети и испратен да ги повика и поучи незнабожците, сведочи и зборува: “Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа; оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството” (Кол. 2, 8 – 9). И на друго место вели: “Ако некој помеѓу вас мисли дека е мудар, во овој свет нека стане

луд, да би постанал мудар. Бидејќи мудроста на овој свет е лудост пред Господа. Зашто е напишано: Он ги фаќа мудрите во нивното лукавство. И повторно: Господ ги знае мислите на мудрите дека се луди” (Алузија на киничките философи, кои оделе со едно разголено рамо). Според тоа, ако во нив нема вистинска мудрост, не може ниту да има вистинско трпение. Зашто, ако е мудар оној којшто е смирен и кроток – а гледаме дека философите не се ниту смирени ниту кротки, туку се премногу задоволни со себе си (а токму со тоа самозадоволство Бог не е задоволен) – јасно е дека

трпението не постои таму каде што е присутна закоравена дрскост на претераната слобода и бесрамно фалење на откриените и полуголи гради.

А ние, драги браќа, кои што не сме философи со зборови, туку со дела, кои не ја истакнуваме мудроста со облека, туку со живот, кои во поголема мера го познаваме сознанието за добродетелите, отколку фалбите, кои не зборуваме за големи работи, туку ги исполнуваме во животот, како слуги и почитувачи Божји, со духовно послушание го покажуваме трпението, кое што го учиме од небесните поуки. Навистина, оваа наша добродетел ни е заедничка со Бога. Трпението започнува од таму, од каде што доаѓа неговата слава и достоинство. Трпението во својот почеток и својата потполна големина го има Бога за втемелител. Човекот мора да го сака она што му е мило на Бога: Божјото Величие ја препорачува добродетелта која ја сака. Ако Бог ни е Господ и Отец, да се стремиме кон трпението Господово и Очево, бидејќи слугите треба да бидат послушни и синовите не смеат да бидат изроди.

А какво и колкаво е Божјото трпение! Бидејќи, поднесувајќи ги трпеливо паганските храмови,

ЗА ДОБРОДЕТЕЛТА НА ТРПЕНИЕТО

Св. Кипријан Картагински

светоотечка ризница

Page 44: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 44

земните претстави, кои востановени од луѓето, ја навредуваат Неговата Величина и Достоинство, бидејќи Он прави да започне денот и светлоста се раѓа од сонцето подеднакво и за добрите и за лошите, и дождот ги натопува земните предели и никого не го лишува од своите добрини, туку подеднакво им испраќа дожд и на праведните и на неправедните, без разлика. Гледаме дека по заповед Божја постои еднаквост на трпението и кон престапниците и праведниците, кон верните и неверните, благодарните и неблагодарните, на сите годишните времиња им се покоруваат, стихиите им служат, ветровите дуваат, изворите течат, жетвата изобилно расте, винските плодови созреваат, дрвјата раѓаат изобилни плодови, шумите зеленеат, ливадите цветат. И иако Бог понекогаш се разлутува, најмногу од непрестаните навреди, го контролира својот гнев и стрпливо го чека еднаш засекогаш одредениот ден за наплата, и бидејќи во Негова власт е осветата, повеќе сака долго да го чува трпението, поднесувајќи навистина милостиво и одложувајќи, за ако е возможно, долготрајната злоба да се измени, како човекот, извалкан од нечистотијата на гревот и злото, па макар и доцна, би се вратил кон Бога, на што и Самиот опоменува, зборувајќи: “Оти, Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку да се обрати и да биде жив” (Eзек. 18, 32). И повторно: ”Обратете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден,

долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото” (Јоил 2, 13). Блажениот апостол Павле, сеќавајќи се на тоа и повикувајќи ги грешниците на покајание, наведува и вели: “Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајание? Но, според твојата упорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд Божји, Кој секому ќе му даде според неговите дела” (Рим. 2, 4-6). Рекол дека е праведен судот Божји, бидејќи е бавен, бидејќи долго и многу се одложува, за да му се помогне на човекот со долготрпението Божјо. Безбожникот и грешникот ги снаоѓа казна дури тогаш, кога покајанието за гревот повеќе нема да им користи.

И за да можеме подобро да разбереме, драги браќа, дека трпението е Божјо својство и дека на Бога се уподобува секој што е благ, трпелив и кроток, Господ, давајќи во своето Евангелие заповед за спасение и притоа делејќи Божји совети, со кои ги учи учениците на совршенство, рекол вака: “Сте слушнале дека е кажано – љуби го својот ближен и мрази го непријателот. А Јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, за да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и

Page 45: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 45

над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните. Оти ако ги љубите оние што ве милуваат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и митниците? И, ако ги поздравувате само своите браќа, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен” (Матеј 5, 43-48). Рекол дека ќе постанеме совршени синови Божји, ни покажал и не научил дека ќе се усовршиме со обновеното небесно раѓање, само ако трпението Божјо пребива во нас, само ако Божјата сличност која што Адам ја уништил со гревот, се пројавува и засветлува во нашите дела. Каква слава е да се биде сличен на Бога, каква и колкава е среќата да го имаме помеѓу добродетелите она што може да се изедначи со божествените вредности!

А ова, драги браќа, Исус Христос, Нашиот Бог и Господ, не го поучувал само со зборови, туку го исполнил и со дела. И Он, кој рече дека слезе на земјата за да ја изврши волјата на Отецот, помеѓу останатите добродетели со кои ни дал докази за Божјото Величество, го сочувал и трпението на Отецот со истрајност сѐ да поднесе. Со еден збор, секое Негово дело, од самото доаѓање, цврсто беше запечатено со трпението, бидејќи Божјиот Син, слегувајќи пред се од небесната висина на земјата, не презирајќи ја облече човечката плот и иако Самиот бил без грев, не презирајќи ги понесе гревовите на другите; одрекувајќи се од бесмртноста на извесно време, се удостоил да постане смртник, за да пострада невин заради спасение на престапниците. Господ се крстил од слуга, и Он, Кој ќе даде простување на гревовите, не одби да го измие телото во купелот на обновувањето. Четириесет дена пости Он, преку Кој останатите се хранат: не јаде и не гладува, за да гладните за Слово и Благодат, се наситат со небесниот леб. Се сретнува со ѓаволот којшто го искушува и не превзема ништо освен зборови, задоволен со тоа што го победил непријателот. На учениците не им заповедал како Господар кој има власт над робовите, туку како добар и кроток ги сакал со братска љубов; се удостоил дури и да им ги измие нозете на Апостолите, за со својот пример да покаже, како би требало да постапува сотрудникот со еднаквите и рамните, кога Господ вака постапува со робовите. И не треба да се чудиме што се покажал таков пред послушниците, Он, Кој до самиот крај можел долготрпеливо да го поднесува Јуда, да јаде заедно со својот непријател, да знае дека помеѓу своите има непријател, а да не го открие, не отфрлајќи го неговиот предавнички целив. А кога требало да ги поднесува Евреите, каква непроменливост на душата, какво трпение! Неверните ги приведува кон верата со убедување,

се грижи за неблагодарните со услужливост, на хулителите благо им одговара, милостиво ги поднесува гордите, понизно се покорува на гонителите, убијците на пророците и вечни-те отпадници од Бога, се до часот на Крстот и страдањата гледа како да ги поврати.

Во самиот час на Страдањето и Распнувањето, пред да му ја пролијат крвтта и да го усмртат, какви пцовки и навреди трпeливо сослушал, какви срамни исмејувања поднесувал! Дочекал да Го навредуваат и плукаат Него, Кој неодамна со својата плунка му ги отвори очите на слепиот! Го бичувале Него, со чие Име денес слугите Негови го бичуваат ѓаволот и ангелите негови, се овенчал со трнов венец Он, Кој мачениците со вечни цветови ги овенчува, примил шамар Он, Кој им дарува вистински награди на победниците, бил лишен од облека Он, Кој другите ги облекува во облека на бесмрттноста, вкусил жолчка Он, Кој донел храна небесна, оцет се напил Он, Кој ја подигнал чашата на спасението. Невин и Праведен, бил фрлен меѓу злосторници, вистината била поттисната со лажни сведоштва, му било судено на Оној Кој ќе суди и Словото Божјо немо било одведено на колење. И во часот на Господовото распнување, иако ѕвездите се помрачиле, стихиите се вознемириле, земјата се затресла, ноќта го прекинала денот, а сонцето ги сокрило своите зраци и очи, за да не го гледа злосторството на Евреите, Он не зборува, не се мрда, својата Големина не ја разоткрива дури ни за време на страдањата, туку до крај непрестајно и постојано с поднесува. Така во Христа се собира потполното и совршено трпение.

И после сѐ, дури и своите убијци, само ако се обратат и дојдат при Него, ги прифаќа; и спасоносно трпелив, добронамерен заради спасението, пред никој не ја затвора Црквата своја. На противниците, богохулниците, на вечните непријатели им дава не само опростување на гревовите, туку и дар на Царството небесно, само ако се покајат за престапите, ако го признаат стореното недело. Што може да се нарече потрпеливо, поблагонаклоно од ова? Крвта Христова му дава живот дури и на оној кој ја пролива крвта Христова. Такво и толкаво е Христовото трпение; а да не било толкаво и такво, Црквата не би го имала апостолот Павле.

Заради тоа, драги браќа, ако сме во Христа, ако сме во Него облечени, ако Он е патот на нашето спасение, да ги следиме Христовите спасоносни стапки, да постапуваме по примерите Христови, како што поучува светиот апостол Јован, зборувајќи: “Оној кој зборува дека во Христа пребива, должен е и да оди како што Он одеше”. Исто и Петар, во своето послание наведува: ”Оти Христос пострада

Page 46: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 46

за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки: Он не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама; кога на Него хулеа, Он не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не заплашуваше, туку се потпираше на Оној, Кој праведно суди” (1. Петр. 2, 21 – 23).

Сите Патријарси, Пророци и сите праведни, носејќи го ликот Христов, од сите свои вредни добродетели, најмногу внимание обрнувале на тоа храбро, постојано и присебно да го сочуваат трпението. Така, Авел прв го поставува и го осветува почетокот на мачеништвото и страдањето, не се оттргнува и не се брани од својот брат убиец, туку кроток и благ, трпеливо загинува. Така Авраам, воздигнувајќи се кон Бога и поставувајќи корен и темел на верата, искушан преку синот, не се сомнева ниту побунува, туку се покорува на заповедите Господови со сето трпение на својата верност. И Исак, кој ја изобразува по сличност жртвата Господова, кога татко му го води на ко-лење, се покажува трпелив. И Јаков, избркан од брат му си отиде од домот, а потоа со поголемо трпение и молитва воспостави слога со својот брат, сега уште понепобожен, уште побесчувствителен гонител, давајќи му дарови на помирување. Јосиф, кога браќата го продале и изгониле, не само што трпеливо им прости, туку кога дошле кај него, милостиво и изобилно им дал жито без надокнада. Мојсеј, иако неблагодарниот и расипан народ често го навредувале, а за малку и ќе го каменувале, сепак благ и трпелив го моли Бога за нив. А во Давид, од чија што лоза по плот се родил Христос, какво огромно и чудесно и христијанско трпение имало. Можел да го убие Саула, својот гонител и оној кој што бил жеден за неговата смрт, често го имал во раце; но кога Саул му бил изложен и

предаден, Давид повеќе сакал да го поштеди. Не сакал на непријателот да возврати со иста мера: напротив, кога Саул бил убиен, Давид го осветил. На крај, има толку убиени Пророци, толку маченици почестени со славна смрт – сите тие на небото дошле со победнички венци, заслужувајќи ги со трпение! Всушност, не може да се добие венец за маките и страдањата, ако не му претходи трпението на маките и страдањата.

За појасно и потполно да се спознае, драги браќа, колку е корисно и неопходно трпението, тогаш нека се помисли на осудата Божја, која што веднаш уште на почетокот на вселената му се случи на Адама, кој ја заборавил заповедта и го прекршил дадениот закон. Тогаш ќе знаеме колку мораме да бидеме трпеливи во овој свет, ние кои овде се раѓаме да се мачиме во неволји и борби. “Бидејќи ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: - не јади од него – затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа се до крајот на својот живот; трње и троскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, се дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш! (1. Мој. 3, 17 – 19). Сите сме врзани и впрегнати со оковите на осудата, сѐ додека не го исплатиме долгот со смртта и не заминеме од овој свет. Неопходно е да бидеме во тага и ридање во сите денови на нашиот живот, неопходно е да го јадеме лебот со пот и мака.

Според тоа, секој кога се раѓа и го прима гостопримството на овој свет, го започнува животот со солзи: иако уште ништо не знае и ништо не познава, тој уште на самото раѓање умее да плаче. Со природна прозорливост ги оплакува грижите на смртниот живот и неискусната душа со плач

Page 47: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 47

и ридање уште на самиот почеток сведочи за маките и бурите на светот во кој влегува. Значи, човекот се поти додека овде живее и се мачи; а додека се потиме и мачиме, ништо не може да ни донесе поголема утеха отколку трпението: таа утеха е прикладна и неопходна за сите во овој свет, а особено за нас, кои сме највеќе изложени на ѓаволските напади, кои, стоејќи секојдневно на бојното поле, во постојана борба со исконскиот и искусен непријател, кои сме приморани, освен со различни и непрестајни борби со искушенијата, во војната која преставува прогон, да останеме без татковина, да пропаднеме во темнина, да поднесеме окови, да го положиме животот, да претрпиме меч, ѕверови, оган, распнување – сите видови маки и казни и тоа трпеливо во верноста и храброста, како што самиот Господ нй учи и вели: “Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот” (Јов. 16, 33). Ако пак ние, кои се одрековме од светот и ѓаволот, почесто и посиловито ги трпиме неволјите и светските и демонски возмутувања, колку повеќе пак треба да го чуваме трпението, со чија што помош и сотрудништво го поднесуваме сй она што е против нас!

Спасоносната заповед на Нашиот Господ и Учител гласи: “кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен” (Матеј 10, 22). И повторно: “Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи” (Јован 8, 31-32). Треба да поднесеме и да истрпиме, предраги браќа, за да можеме, примени во надежта на вистината и слободата, да ја достигнеме самата вистина и

слобода, зашто тоа, што сме христијани, е прашање на верата и надежта, а за да можат надежта и вера-та да вродат со плод, потребно е трпение. Зашто ние се стремиме не кон сегашната слава, туку кон идната, како што нѐ опоменува и апостол Павле говорејќи: “Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се на-деваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме” (Рим. 8, 24-25). Очекувањето и трпението се неопходни, за да го исполниме она што го започнавме и она во што се надеваме и веруваме, со Божја помош и да го достигнеме.

Исто така, на друго место истиот Апостол ги упатува и поучува праведните, делотворните и оние кои од каматата Божја си собираат себеси богатства на небото, да бидат трпеливи, говорејќи им: ”Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе ожнееме, не заморувајќи се. И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера” (Гал. 6, 9 – 10). Опоменува да не малаксуваме заради нетрпеливост во делотворноста, та човекот одвратен и победен од искушенијата, да не се откаже на половина пат до славата и така да пропаднат извршените добри дела, бидејќи она што започнало да станува совршено, престанува тоа да биде, како што е и напишано: “Кога и да погреши праведниот, нема да го избави неговата праведност” (Језек. 3, 12), и пoвторно: “држи што имаш, за другиот да не го земе твојот венец”. Тој глас нй охрабрува трпеливо и храбро да истраеме, та оној кој се стреми за венец, а славата му е веќена дофат, да го овенча долготрајното свое трпение.

Превод: Александар Зашев

Page 48: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 48

Кого Господ го љуби,

нему му допушта и искушенија

Светите Отци ни советуваат да Му благодариме на Бога за неволјите кои ни се испраќаат, и во сво-ите молитви да исповедаме дека сме достојни за казна поради нашите гревови.Таквото прифаќањe на неволјите, несомнено ќе ни послужи за исчи-стување на нашите гревови и како залог за ве-чно блаженство. Ние, поради нашата падната и заболена природа, најмногу се грижиме за подо-брување на нашиот овоземен живот, а Бог ни насочува кон вечен живот. На тој вечен живот ние потполно би заборавиле, кога нашиот земен живот не би бил потресуван од неволјите; кога неволјите, кои повремено ни ги испраќа Промислата Божја, не би ни потсетувале дека си привремено и овоземно минува и дека нашата главна грижа треба да биде она што е вечно. Светото Писмо вели „Кого Господ го љуби, него и го казнува”.

Неволјите ја лечат душата

и ја приближуваат кон Господа

Кого Господ ќе засака и кого ќе посака да го избере за блажена вечност, нему му испраќа не-престајни страдања, особено кога избраната душа е заразена со љубов кон тихувањето. Делувањето на неволјите е слично на делувањето на отровот. Како што телото по земањето на отровот умира, т.е. престанува да живее на овој свет, така и душата кога ќе ги искуси неволјите, умира за овој свет, за телесниот живот, кој настанал како резултат на падот и всушност претставува вистинска смрт. Поради тоа, кој ги отфрла неволјите, тој го отфрла и спасението, зашто Самиот Господ рече: „Кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене” (Мат. 10, 38), и кој го чува животот свој

на овој свет, ќе го загуби во вечноста. Зборовите Христови се вистинити и секако ќе се исполнат, поради што и ние треба да се распнеме себеси по Неговите зборови, или поточно, на крстот на Неговите зборови, иако телото на секој начин му се противи на распнувањето. За добродушно и храбро поднесување на неволјите треба да имаме вера, односно да веруваме дека секоја неволја ни снаоѓа по допуштение Божјо. Ако ниту влакно од нашата глава не паѓа без волјата на Нашиот Отец Небесен, дотолку повеќе без Негова волја не може да ни се случи нешто поважно од паѓањето на едно влакно од главата. Значи, во неволјите се раѓа добро расположение на душата кога се препуштаме на волјата Божја и се молиме таа секогаш над нас да се извршува. Исто така, во неволјите ни утешува благодарноста, кога Му благодариме на Бога за се што се случило со нас. Напротив, роптањето, жалбите и телесното расположение, односно според стихиите на овој свет, само ги умножува неволјите и ги прави неподносливи. Свети Исак Сириски рече дека „оној болен, кој за време на операцијата му се спротивставува на хирургот, само ги умножува своите маки”. Според тоа, да Му се покориме на Бога не само со зборови, туку и со мислите, со срцето и со делата. Да го презреме светот и неговото мислење, зашто Спасителот ни говори: „Кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели” (Мк. 8, 38). Од угодувањето на светот се губи одлучноста во стремежот кон Бога, а од презирањето кон светот Христијанинот Му станува близок на Бога и со голема одважност Му се обраќа на Неговиот дом, верувајќи на Неговите зборови како на Зборови Божји, кои ни го покажуваат патот на спасението и вечниот живот.

Превод:

Братството на Манастирот „Св. Гаврил Лесновски”

ЗА ТРПЕЊЕТО НА СТРАДАЊАТА И НЕВОЛЈИТЕ

(од писмата на св. Игнатиј Брјанчанинов)

Page 49: Troicnik 23, december 2008

ЖИТИЈА НА ЧЕТВОРИЦАТА ПУСТИНОЖИТЕЛИ

Page 50: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 50

Преподобниот отец наш Прохор, по-двизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина,

му беше јавен на светот како светилник при цару-вањето на благочестивиот цар Диоген (1067-1071). Родителите на свети Прохор, Јован и Ана, побожно живееја во село во Овчеполскиот крај. Тие беа тажни, зашто немаа деца. Со силна желба за деца, тие срдечно вознесуваа топли молитви кон Бога и даваа многу милостина на сиромашните и на црквите. И Господ погледна на нивните молитви и милостини, и им дарува утеха и голема радост: Ана зачна во староста и роди син, кој на крштението го доби името Прохор. А кога Прохор наполни осум години родителите го дадоа да учи. Просветуван од Божјиот Дух, Прохор многу напредуваше во учењето и со тоа многу ги радуваше своите благочестиви родители.

Кога Прохор ја изучи книжевната мудрост подобрo од своите врсници и стана полнолетен, родителите намислија да го оженат својот син единец, за да добијат наследници. Но, преподобниот не сакаше да се окова со светските окови, зашто душата го влечеше кон Небото и неговото срце Го љубеше Бога над сите светски убавини и земни привлечности. Горејќи со пламена љубов кон Господа, тој копнееше деноноќно да Му служи со умот и срцето, со духот и телото. Затоа ја сакаше црквата и нејзините богослужби, и секој ден одеше во неа на молитва. Тоа беше најслатка храна за неговата побожна душа. Слушајќи ги зборовите на Господ Христос во Евангелието: „Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој Ме љуби, нека го земе својот крст, и нека врви по Мене” – Прохор, поткрепуван и осветлуван од Божјиот Дух, реши да го остави светот и сите убавини на светот и целиот да се посвети на Бога. Кога излезе од црквата во која ги слушна овие Господови зборови, тој целиот свој имот го раздаде на сиромаси и отиде во пустината, пеејќи со пророкот Давид: „Жедна е мојата душа за Бога – живиот Бог. Како срна што бара потоци, така мојата душа Те бара Тебе, Боже!” (Пс. 41, 2, 1).

Кога пристигна во Нагоричанската пустина, во Жеглиговскиот крај, Прохор најде во неа мала пештера и покрај неа мал извор на вода, и тука се насели. И почна да се подвизува со прекрасен и спасоносен подвиг, имајќи Го секогаш пред душевните очи Бог Творецот и Спасител. Храна му беа билките и тревата, но и од нив земаше само

Преподобен Прохор Пчињски01 ноември/19 октомври

Page 51: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 51

еднаш во три денови. Со молитвата пак, постојано ја хранеше својата душа. Живеејќи на таков начин, преподобниот помина во пустината триесет и две години и за тоа време не виде човечко лице. А, се дружеше со животните кои понекогаш доаѓале.

По Божјата промисла се случи следното: Диоген, кој требало да стане цар, дојде на лов во пустината каде што преподобниот се подвизуваше. Кога здогледа една срна, тој почна ја гони. Срната бегајќи, дотрча до пештерата на преподобниот, кој често ја хранеше. Кога ја виде срната многу уплашена, преподобниот ја праша: „Зошто бегаш?” – Тогаш пристигна и Диоген, па кога го виде старецот со долга коса и брада, облечен во искината облека, тој се запрепасти и веднаш потрча назад. А светиот пустиник, провидувајќи со духот дека Диоген наскоро ќе стане цар, го повика, говорејќи: „Диоген, врати се! Не плаши се! Застани! Та и јас сум човек.” – Кога ги слушна овие зборови од преподобниот, Диоген се врати, и со страв падна пред нозете на чудниот старец, барајќи благослов од него. Светиот старец го благослови и пророчки му рече: „Диоген, веднаш оди во Цариград, зашто Бог ќе те воздигне на царскиот престол. А, тогаш не заборавај ме мене. Оваа облека пак, што ја носиш, остави ја во посебна одаја и често оди да ги видиш, присетувајќи се и на мене – старецот кој живее во оваа пустина.

Диоген го послуша старецот и веднаш отпатува во Цариград. И пророштвото на светиот старец се исполни: по некое време Диоген стана цар. И постапи како што му рече светиот пустиник: својата поранешна облека ја остави во посебна одаја. Но, набргу ги заборави. Триесет години потоа, преподобен Прохор му се јави на Диоген во сон и му рече: „Диоген, зошто ги заборави својата поранешна облека и мене, старецот? Погрижи се да ми изградиш макар мал храм.

Откако се разбуди , царот го опфати страв и веднаш отиде да ја види својата стара облека; и се присети на си што му рече преподобниот старец. И сакајќи да ја исполни желбата на преподобниот, царот отиде во пустината каде што некогаш го сретна светиот подвижник гонејќи срна. Кога при-стигна во Жеглиговскиот крај, царот не можеше го пронајде светиот старец. Зашто, пред тоа, по Божја промисла, старецот премина на планината Козјак. А тоа беше вака: „Ангел Господов му се јави на преподобниот Прохор и му рече: „Бегај од овде длабоко во пустината и насели се во Козјак.”

Свети Прохор го послуша гласот на ангелот Господов, и кога отиде во Козјак, најде мала пе-штера и се насели во неа. И таму живееше уште триесет години, подвизувајќи се со пост и молитви и угодувајќи Му на Бога со исполнувањато на

Неговите свети заповеди. Со таквиот богоугоден живот тој го стекна големиот дар на пророштво и чудотворство. И тогаш, веќе во длабока старост, му се јави во сон на царот Диоген. Царот патувајќи го најде местото на подвигот на Божјиот угодник и таму, во Нагоричане, (близу до денешно Куманово), му изгради храм. Но, царот многу жалеше што не знае каде почиваат неговите мошти. Затоа, срдечно го молеше свети Прохор, да му ги открие своите мошти. И свети Прохор му се јави во сон и му кажа неговите мошти да ги бара во Козјачката пустина. Царот испрати многу војници да ги бараат моштите на светецот. И ги бараа многу денови, но напразно. Еден старец, стоејќи на врвот на Козјак, од каде што можел да се види цел Козјак вдолж и попреку, виде бел орел како ја надлетува пештерата во која беа светите мошти на пустиникот Прохор. Таму се упатија со царот Диоген сите кои трагаа по моштите на преподобниот и ги најдоа во пештерата моштите на светецот – нетрулежни. Царот и сите со него паднаа ничкум пред светите мошти, па со голема стравопочит и побожност, ги зедоа и ги понесоа со пеење на црковни песни. Ја преминаа реката Пчиња и дојдоа во новоизградениот Нагоричански храм, кој беше далеку од пештерата во која ги пронајдоа светите мошти. А утредента, кога дојдоа во храмот, не ги најдоа светите мошти, кои самите се беа вратиле во својата пештера. Тие повторно ги донесоа, но светите мошти повторно се вратија. Така се случи три пати. Тогаш царот реши светецот да го однесе со себе во Цариград; и го товарија светото тело на мазга. Но, мазгата не сакаше да тргне од место. Царот во тоа ја виде желбата на светиот отец Прохор и нареди, па беше изградена нова црква на реката Пчиња..

Новоизградената црква беше осветена во при-суство на царот и многу народ, а покрај црквата и манастирот. Царот ја зеде левата рака на светецот и ја однесе со себе во Цариград, а сето останато тело го остави во новиот манастир. Таму до денес негнилежно почиваат светите и чудотворни мошти, од кои тече свето и исцелително миро за утеха, помош и исцелување на сите кои со вера и љубов му пристапуваат на светиот Божји угодник – преподобниот и богоносен отец наш Прохор Пчињски.

Преподобен Прохор Пчињски се упокоил на 14 септември 1067 г., но поради големиот празник Воздвижение на светиот крст, празнувањето на неговиот спомен е пренесено на 19 октомври/01 ноември.

По неговите молитви, Господи Исусе Христе, помилувај и спаси не.

Page 52: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 52

Преподобен Јоаким се подвизувал во вто-рата половина на XI век, на Осоговска планина, на местото Сарандопор (затоа е

нарекуван и Сарандопорски). Сакајќи го од младоста подвижничкиот живот во осаменост, тој тргнал од родниот крај кон пустината на Осоговската гора.

Воден од Божји ангел, една вечер Јоаким пристигнал во домот на еден болјарин во селото Градец. Во малата црква на тоа село, тој најпрво топло се помолил на Бога, па седнал пред црквата да се одмори од долгото пешачење. Кога го ви-деле таму некои болјари, му пристапиле. Tој ги замолил да му покажат некое место во планината, што би било погодно за подвиг и осамување. Тие му укажалe на подножјето на Осоговската Планина, покрај реката Скупица. Tаму, крај потокот наречен Бабин Дол, се наоѓала една осамена пештера, погодна за живот каков што посакувал преподобниот. Кога слушнал за тоа место, свети Јоаким му се заблагодарил на Бога и на Пресветата Владичица, па тргнал кон тоа место. Кога стасал на местото наречено Сарандопор, се населил во пештерата и останал таму до крајот на животот.

Во таа пештера преподобниот се подвизувал многу усрдно и строго, минувајќи ги деновите и ноќите во постојана молитва, бдеење, колено-преклонувања и топли солзи. Пред крајот на зем-ниот живот, го посетиле некои ловци. Светителот ги благословил, па тој ден тие уловиле многу богат лов. Тогаш преподобниот ги замолил повторно да го посетат. Кога дошле повторно, го нашле мирно упокоен во Господа. Тие чесно го погребале, а и подоцна доаѓале на гробот. Преподобен Јоаким се упокоил, како што тој соопштил во свое јавување на сон, „осум години пред големиот мрак (т.е. затемнување на сонцето)” односно 1115 г.

Во времето на византискиот цар Михаил I Комнин (1143-1180) преподобниот Јоаким бил многу прославуван, па тогаш било обновено и местото каде што се подвизувал.

Таму пристигнал и вдовецот свештеник Теодор од с. Осмидол, овчеполско. Тој се замонашил со името Теофан и собрал многу браќа. Тие изградиле црква и манастир посветен на свети Јоаким. За прв игумен на братството бил избран јеромонахот Теофан. Потоа, светителот му го открил на Теофан местото каде што биле неговите свети мошти, а

му покажал и дрво во шумата, од кое требало да направи ковчег и во него да ги пренесе светите мошти во манастирот. Сето тоа отец Теофан го извршил со беспрекорна послушност. Браќата со свечена литија ги пренеле моштите на преподобниот Јоаким во манастирот. Светите мошти ги положиле во црквата посветена на свети Јоаким. Преку нив почнале да се случуваат многубројни чуда, како во тоа време, така и подоцна, до денешни денови.

Најраните зачувани икони на св. Јоаким се од 14 век, во Земенскиот манастир, Лесновскиот манастир, како и во црквата во кривопаланечкото село Псача.

Преподобен Јоаким Осоговски29/16 август

Page 53: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 53

Преподобниот Јован Рилски се родил во 876 г. во селото Скрино, на падините на Осоговска планина, крај реката Струма.

Рано останал сираче. Како дете бил пастир кај некои богати луѓе. Еднаш изгубил една од кравите и теле. Момчето долго плачело и се молело, Бог да му помогне. Кога ги нашол кравата и телето, заради голема бура, реката Струма веќе била надојдена. Младиот пастир се помолил, на водата ја ставил својата горна облека, напишал на неа крст, го зел на раце телето и поминал со него, како по копно, на другиот брег на реката, каде што била и кравата. Богаташот, скриен во шумата, кога го видел тоа чудо, го наградил момчето и го отпуштил од својот дом.

На 25-годишна возраст Јован го раздал својот имот и заминал од родното село. Прво отишол во манастирот „Св. Димитриј,” под врвот на ососговската планина – Руен. Таму примил монашки постриг. Свети Јован добро знаел, дека без да помине низ основните искушенија и борба со страстите во општожителен манастир, без правилно духовно раководство и без да се научи на послушание и смирение, не е можно некој да премине кон повисоки духовни подвизи, какви што се осамувањето, тихувањето и воопшто – пустиножителството. Со текот на времето тој чувствал си поголем копнеж за осамен живот. Затоа, излегол од манастирот и се подвизувал на висока и гола гора, хранејќи се само со диви растенија. Неговата колиба била направена од гранки. По кратко време, разбојници го нападнале ноќе и откако го претепале, го изгониле оттаму. Тогаш тој нашол длабока пештера и се вселил во неа. Таму наскоро пристигнал и неговиот внук, свети Лука. Местото било толку пусто, што преподобниот Јован појавувањето на Лука прво го сметал за демонска измама. Но, кога разбрал дека момчето бара душевно спасение, со љубов го примил. Сепак, тие недолго живееле заедно: братот на преподобен Јован ги нашол подвижниците и присилно го зел својот син. На патот кон дома, момчето умрело, каснато од змија. Братот се покајал и барал про-стување од преподобниот.

Дванаесет години свети Јован поминал во пештерата, а потоа преминал во Рилската пустина и се вселил во шупло дрво. Тој многу постел, се молел и плачел; се хранел само со трева. А, еве

како луѓето разбрале за светиот пустиножител: Еднаш стадо исплашени овци трчало по стрмнините, додека не застанало на местото каде што живеел преподобниот. Пастирите, кој го следеле стадото, зачудени го гледале пустиникот: „Кој си ти?” – го прашале. – „Од каде си и како си дошол тука? Каков живот живееш и кое е твоето родно место?” Тогаш свети Јован им одговорил: „Според зборовите на апостолот, мојот живот е на Небесата, од каде што го очекувам Спасителот, нашиот Господ Исус Христос (Фил.3:20). Татковина ми е горниот Ерусалим (Откр.21:10). А, местото и градот кои овде ме воспитаа, не е ваше да ги дознаете. Но, бидејќи дојдовте тука, дозволете да ве нахранам со

Преподобен Јован Рилски31/18 август

Page 54: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 54

пустинска храна.” Сите јаделе и се наситиле. Некој од нив скришно зел од сланутокот за подоцна. По патот кон дома тој им предложил на пријателите, но во украдените мешунки не се нашло ни зрно. Пастирите зажалиле и се вратилие. Старецот со радост им простил, велејќи: „ Чеда мои, така благоволил сесилниот Бог: тука да расте и тука да се јаяде.” Оттогаш почнале да доведуваат кај преподобниот болни и опфатени од нечистиот дух, кои тој ги исцелувал со молитва. Откако станал прочуен, подвижникот заминал од саканата шуплина /во дрво/ и се населил на висока и тешко-достапна карпа, каде 7 години поминал под отворено небо. Неговата слава се пронела далеку од Македонија, дури и зад границите на Бугарија. Бугарскиот цар Петар (927-969) сакал да се види со него. Но, преподобниот Јован напишал писмо, во кое, заради своето смирение, ја одбил средбата со царот. Подо-цна пустиникот прифатил под свое раководство монаси, кои изградиле манастир со храм во пеште-рата, во која порано живеел преподобниот Јован. Тој мудро го пасел своето словесно стадо и се упокоил на 18 август 946 г., на 70-годишна возраст.

Пет години пред својата смрт, тој своерачно го напишал „Заветот до учениците.”

По неговата смрт, свети Јован бил погребен близу до Рилскиот манастир, чиј основач е токму тој. Набргу потоа, Петар наредува неговите свети мошти да бидат пренесени во градот Средец (Софија). Византискиот писател Георги Скилица сведочи дека во Средец, преку моштите бил излекуван византискиот император Мануил I Комнин (1143–1180).

Во 1183 г., за време на една од унгарско-византиските војни, унгарскиот крал Бела ІІІ го презел Средец и ги пренел моштите на свети Јован во својата престолнина Гран (Остергом). Според преданието, местниот католички архиепископ тврдел, дека не му е познато дека постои таков светец, за што свети Јован го казнил со немост. Откако се поклонил пред светите мошти и помолил простување, говорот му се вратил. Вознемирени од тоа чудо, во 1187 г. Унгарците ги вратиле моштите на светецот во Бугарија.

На 1 јули Црквата го празнува враќањето на моштите на св. Јован Рилски од Велико Трново во Рилскиот манастир. Во 1195 г. цар Асен торжествено ги пренел во престолнината Трново. Во 1469 г., откако добиле дозвола од султанот, рилските монаси ги пренеле моштите на светецот од Трново во неговиот (Рилски) манастир, каде што почиваат до денешен ден, даваајќи благодатна помош на сите верни.

Свети Гаврил Лесновски се родил во ме-стото Осечко Поле кај Крива Паланка. Неговите родители биле имотни луѓе

и биле блиски до царските советници. Тие долго време немале деца, но заради нивните деноноќни молитви со солзи, милостивиот Бог ги дарувал со

Преподобен Гаврил Лесновски28/15 јануари

Page 55: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 55

машко чедо. Детето добро напредувало во право-славната вера и не се одделувало од Светото Писмо. Кога дошло време да се жени, родителите му нашле девојка од царски род, но таа набргу починала. Тогаш Гаврил ги замолил да се оддалечи од домот и да се замонаши. Тој добил благослов и заминал. По патот се сретнал со некој ѓакон по име Тома и со него го продолжил патот. Преку ноќ на сон му се јавил Ангел Господов, кој му рекол да оди во своето родно место, во Осечко поле, и да изгради храм посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, на место што ќе му го покаже. Откако се разбудил, тој се вратил назад и им раскажал на своите родители за сонот. Тие му дале доволно пари за сите потреби и тој го изградил храмот.

Потоа преподобниот отишол во Лесновскиот манастир и откако бил испитан во смирението и послушноста, по големи искушенија, игуменот го замонашил. Со негов благослов Гаврил заминал на подвиг во некој скит во долината кон Злетово и многу денови проживеал во молитвено молчење, во самотија и бдеење. Луѓето што доаѓале кај све-тиот, добивале од него исцелување од различни болести, а многумина и од демони се исцелиле. Но, за да избега од човечката слава, преподобниот го напуштил и овој скит и преминал во местото Луково, во некоја мала шума, и таму живеел некое време. Таа шума никој не ја знаел. Но, еднаш се случило таму да помине некој козар со своите кози. Кога козарот го видел преподобниот како стои на молитва, го замолил да му ги излечи козите што биле болни. Светителот му рекол на козарот да не се грижи и кога здогледал во една дупка во камен дека има собрано дождовница, се помолил, ја прекрстил водата и му дал на козарот да ги пороси козите. Тогаш тие навистина оздравеле. По ова свети Гаврил заминал уште подлабоко во дивината и кога дошол до некое место Обли врв таму се населил и поживеал уште триесет години. На тоа место тој го завршил својот свет живот и се преставил пред Господа.

Никој не знаел каде се неговите мошти, сѐ додека преподобниот не му се јавил во сон на еден руски монах Јосиф кој се подвизувал во Средец (Софија). Овој монах бил смирен и воздржлив во сѐ, многу бодар во постот и молитвата, и угоден на Бога. Тој долго размислувал дали тоа видение не е некоја измама и се колебал. Наредната ноќ повторно се јавил преподобниот и му рекол на Јосиф: „Послушај и појди на Обли Врв и тамо ќе најдеш мошти; пренеси ги во Лесновскиот манастир.” Монахот повторно многу се исплашил и таа ноќ, исто така, не отишол. Светителот повторно му се јавил и трета ноќ и му рекол: „Бог ми заповедаше

да ти го кажам ова што ти го кажав.” Тогаш монахот станал и отишол да му раскаже на Митрополитот за тоа видение. Митрополитот ги прашал луѓето од околните села, дали во таа епархија има рид Обли Врв, а тие му одговориле дека нема такво место во нивната епархија. Митрополитот тогаш им напишал на другите епископи и ги прашал и нив во кој крај или во која земја се наоѓа Обли Врв. Тоа писмо стигнало и во Злетово.

Епископот го прочитал писмото, се распрашал за тоа и дознал дека Обли Врв се наоѓа во неговата епархија. За тоа го известил Митрополитот. Митрополитот тогаш со монахот Јосиф и со другите свештеници и презвитери и благородници, отишол во Лесновскиот манастир. Тој таму прво отслужил бдение. А кога се разденило, Митрополитот, местниот епископ, Јосиф и манастирскиот игумен и другите свештеници, отишле на гората Обли Врв. Таа ноќ светиот повторно му се јавил на Јосиф и му рекол: „Близу до тебе сум, на левата страна.” Јосиф веднаш се разбудил и застанал на молитва. А кога се разденило, Јосиф отишол на кажаното место и ги нашол таму моштите на светиот; и се поклониле на светите мошти Митрополитот со епископот и игуменот и свештениците, монасите и кнезовите. Од моштите излегувал благомирис како од миризливо цвеќе. Моштите биле пренесени во Лесновскиот манастир и многу верни од нив добиле исцеленија од различни болести. Многу години почивале моштите на светиот во тој манастир, давајќи им на оние што со вера доаѓале помош и исцелување од нечисти духови.

Во градот Кратово имало некој Ерменец, многу богат, кој имал само една ќерка со болна десна рака. Кога отишол во манастирот, тој се поклонил на моштите на светиот и раката на девојката истиот час оздравела. Така и на другиот кнез преподобниот му го исцелил слугата од нечисти духови.

По некое време, во земјата завладеал Михаил, кнез Бугарски, а потоа откако овој кнез се упокоил, власта во државата ја презел Оливер Јован, советник на дворот на српскиот цар Стефан Силни. Тој многу го почитувал и сакал преподобниот отец Гаврил. Лесновскиот манастир имал мала црква, па Јован, по молитвите на Архистратигот на Небесните Сили и преподобниот отец Гаврил, изградил голема и широка црква. Подоцна, Трновскиот Патријарх, кога разбрал за освојувањата на турскиот цар Мурат, се загрижил моштите да не бидат уништени и затоа дошол, ги зел моштите на преподобниот, ги пренесол во Трапезир и ги положил во храмот на светите Апостоли, каде што тие до денес почиваат и даруваат многу исцелувања.

Page 56: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 56

Смислата на бракот е во причинувањето на радост. Се подразбира дека брачниот живот е најсреќен, најпотполн и најбогат.

Тоа е совршена Божествена установа. Божествената замисла се состои во тоа бракот да донесува среќа, животот на мажот и жената да ги прави потполни, за никој од нив да не загуби, туку и двајцата да победат.

Ако бракот сепак не е среќен и не го прави жи-вотот побогат и потполн, вината не е во брачната врска, вината е во луѓето што се соединиле во неа.

Бракот е божествен чин. Тој бил дел од Бо-жјата замисла кога Бог го создал човекот. Тоа е најблиската и најсветата врска на земјата.

По склопувањето на бракот, првите и главни обврски на мажот се кон жената, а на жената кон мажот. Тие мора да живеат еден за друг, еден за друг и животот да го даваат. Порано и двајцата биле несовршени. Бракот е соединување на две половини во единствена целина. Двата животи се поврзани во толку блиска врска, што веќе не постојат два живота, туку еден. И двајцата, до крајот на својот живот носат света одговорност за среќата на другиот.

Денот на свадбата треба секогаш да се памети и да се издвојува од сите други посебно важни датуми во животот. Тоа е ден чија светлина до крајот на животот ќе ги осветлува сите други денови. Радоста заради склопувањето на брак не е бурна, туку длабока и мирна. Кога се соединуваат рацете и се изговараат светите свечени ветувања, над брачниот олтар долетуваат ангели и тивко ги пеат своите песни, а потоа го заштитуваат среќниот пар со своите крилја, кога започнува нивниот заеднички животен пат.

Поради вина на оние што се зеле, на едниот или на двајцата, животот во бракот може да стане и несреќен. Можноста за среќа во бракот е многу голема, но не смее да се заборави ниту на можноста за пропаѓање на бракот. Само правилен и мудар живот во бракот ќе помогне да се постигнат идеални брачни односи.

Првата лекција која човекот треба да ја научи и исполни е трпението. На почетокот од семејниот живот се откриваат, како доблестите на карактерот, така и недостатоците и специфичноста

на навиките, вкусот и темпераментот, за кои другата половина не ни претпоставувала дека постојат. Понекогаш се чини дека е невозможно да се навикнат еден на друг, дека конфликтите ќе бидат вечни и безнадежни, но трпението и љубовта совладуваат сѐ, и двата живота се слеваат во еден, поблагороден, посилен, попотполн и побогат, и тој живот ќе се продолжи во мир и спокојство.

Должност во семејството е давање на несе-бична љубов. Секој мора да заборави на своето “јас”, посветувајќи се себеси на другиот. Ако нешто не е како што треба, треба да се обвинуваме себеси, а не другиот. Неопходни се издржливост и трпение, бидејќи нетрпението може да расипе сѐ. Остриот збор може да го забави соединувањето на душите (на брачниците) за цели месеци. Од двете страни мора да постои желба бракот да се направи среќен и да се совлада сѐ што претставува пречка за тоа. И најсилната љубов треба секојдневно да се зацврстува. Најнепростива грубост е токму онаа, што ја правиме во сопствениот дом кон оние што ги сакаме.

Уште една тајна за среќа во семејниот живот е вниманието на еден кон друг. Мажот и жената мора постојано еден кон друг да покажуваат знаци на најнежно внимание и љубов. Среќата во животот се состои од одредени мигови, од ситни задоволства кои бргу се забораваат, од бакнежи, насмевки, добар поглед, срдечен комплимент и безброј мали, но добри мисли и искрени чувства. На љубовта исто така ѝ е потребен нејзиниот секојдневен леб.

Постои уште еден важен елемент во брачниот живот – тоа е единство на интересите. Ниту една грижа на жената не смее да изгледа премногу ситна, дури ниту за гигантскиот интелект на најголемиот маж. Од друга страна, секоја мудра и верна жена со задоволство ќе се интересира за работата на својот маж. Таа ќе посака да дознае нешто за секоја негова нова идеја, план, тешкотија и недоумица. Таа ќе посака да знае кој негов потфат успеал, а кој не, и да биде во тек со сите негови секојдневни работи.

И двете срца нека ги делат и радоста и страдањата. По половина нека ја делат тешкотијата од грижите. Сѐ во нивниот живот нека биде за-едничко. Тие треба заедно да одат во црква, да се молат еден покрај друг, заедно пред Бога да ја

ЗА БРАКОТ И СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ

Света Царица-Маченица Александра Романова

семејство и воспитување

Page 57: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 57

изнесуваат тежината од грижите за своите деца и за сѐ она што им е скапоцено. Зошто да не разговатаат за своите искушенија, сомнежи и тајни желби и да не си помогнат еден на друг со сочувствување и со зборови на охрабрување?

Така ќе живеат еден живот, а не два. Секој од нив во своите планови и надежи, задолжително мора да мисли на другиот. Не смеат да имаат никакви тајни еден пред друг. Мора да имаат само заеднички пријатели. На тој начин двата живота ќе се слеат во еден и ќе ги делат и мислите и желбите, и чувствата и радоста и тагата, и задоволството и болката.

Плашете се од знаците на најмало недоразби-рање или оттуѓување. Наместо човек да се воздржи, тој изговара глупав и невнимателен збор и еве, помеѓу двете срца, кои дотогаш биле една целина, се појавува мала пукнатина, која сѐ повеќе се шири, додека тие засекогаш не останат одделени едно од друго. Сте кажале нешто непромислено? Веднаш барајте прошка! Се случило некое недоразбирање? Не е важно по чија вина е, не дозволувајте тоа да остане помеѓу вас.

Воздржувајте се од кавги. Не одете на спиење таејќи во себе гневни чувства. Во семејниот жи-вот не смее да има место за гордост. Никогаш не треба да се храни чувството на навредена гордост и скрупулозно да се мери кој треба да бара

прошка. Оние кои вистински љубат, не смеат да се занимаваат со такво барање правда, тие секогаш се подготвени да се повлечат и да се извинат.

Без Божјиот благослов, ако Бог не го освети бракот, сите честитки и добри желби од пријателите ќе бидат празни зборови. Без Божјиот секојдневен благослов на семејниот живот, дури и најнежната и најискрена љубов не ќе може да даде сѐ што му е потребно на жедното срце. Без благослов од Небото, сета убавина, радост и вредност на семејниот живот можат, во било кој момент, да бидат уништени.

Во уредувањето на домот мора да учествуваат сите членови на семејството, и најпотполна семејна среќа може да биде постигната кога сите чесно ги исполнуваат своите обврски.

Еден збор опфаќа сѐ – тој збор е “љубов”. Во зборот “љубов” има цело море од мисли за животот и должноста, и кога упорно и внимателно ги изучуваме, секоја од тие мисли станува јасна и прецизна.

Кога овенува убавината на лицето и се гаси сјајот во очите, а со староста доаѓаат брчки или оставаат свои траги и белези болестите, тагите и грижите, љубовта на верниот маж мора да биде исто толку длабока и искрена како и порано. На земјата нема мерка која може да ја измери длабочината на Христовата љубов кон Неговата Црква и ниту еден

Page 58: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 58

смртник не може да сака со исто толкава длабочина, но сепак, секој маж е обврзан да го прави тоа во онаа мерка, во која љубовта може да се повтори на земјата. Ниту една жртва не треба да му изгледа преголема за неговата сакана.

Во љубовта е потребна посебна деликатност. Човекот може да биде искрен и верен, а сепак во неговите зборови и постапки да недостасува онаа нежност, која толку го плени срцето. Еве совет: не покажувајте го своето лошо расположение и чувствата на навреденост, не зборувајте гневно, не постапувајте лошо. Ниту една жена нема толку да страда заради острите или непромислени зборови што излетале од вашата уста, како вашата сопствена жена. А најмногу од сѐ, плашете се да ја растажите токму неа. Љубовта не ти дава право да се однесуваш грубо кон оној што го сакаш. Колку односите се поблиски, толку поболно му е на срцето од поглед, гест или зборови изговорени во нервоза или едноставно непромислени.

Секоја жена мора да знае дека, кога е вознемирена или има некои потешкотии, секогаш кај својот маж може да најде безбедно и тивко засолниште. Таа мора да знае дека тој ќе ја сфати, дека кон неа ќе се однесува многу тактично, дека ќе употреби сила за да ја заштити. Таа никогаш не смее да се посомнева во тоа дека тој ќе сочувствува со неа во сите тешкотии. Таа никогаш не треба да се плаши дека може да наиде на студенило или прекор кога ќе дојде да бара заштита кај него.

Ако едниот сопружник го почитува другиот – и тој е возвишен, а ако не – и тој е понижен.

Човекот треба да се советува со својата жена за сите работи и да има доверба во неа. Можеби таа нема да се разбира во работите како него, но можеби ќе предложи нешто многу скапоцено, бидејќи женската интуиција честопати работи побргу од машката логика. Меѓутоа, дури и ако жената не може да му помогне на мажот во неговата работа, љубовта кон него ја принудува да се интересира за неговите грижи. Таа е среќна кога тој бара совет од неа и така тие уште повеќе се зближуваат.

Ако денот бил успешен, таа заедно со мажот ја дели неговата радост, а ако бил неуспешен, таа, како верна жена му помага да ги преброди непријатностите и го охрабрува.

Рацете на мажот, вдахнат со љубов, треба да умеат сѐ да направат. Секој маж кој љуби, треба да има големо срце. Секој маж на жената Христијанка, мора да се соедини со неа во љубовта кон Христа. Од љубов кон неа, тој ќе помине низ искушенијата во верата. Делејќи го нејзиниот живот исполнет со вера и молитва, тој и својот живот ќе го врзе за

Небото. Обединети на земјата со заедничката вера во Христа, излевајќи ја својата заемна љубов во љубов кон Бога, тие ќе бидат вечно соединети и на Небото. Зошто срцата трошат години на земјата сраснувајќи во едно, преплетувајќи ги своите животи, слевајќи се со душите во еден сојуз, за тој да може да се достигне дури по смртта? Зошто да не се стремат веднаш кон Вечноста?

Не само што среќата на мажот зависи од же-ната, туку и развојот и растот на неговиот карактер. Добрата жена е благослов од Небото, најубав дар на мажот, негов ангел и извор на безброј богатства: нејзиниот глас за него е најслатка музика, нејзината насмевка му го осветлува денот, нејзиниот бакнеж е чувар на неговата верност, нејзините раце се мелем за неговото здравје и за целиот негов живот, нејзината срамежливост е негов најдобар економ, нејзините усни негов најдобар советник, нејзините гради најмека перница на која се забораваат сите грижи, а нејзините молитви негов застапник пред Господа.

Верната жена не треба да биде фантазија на поетот, ниту убава слика, ниту ефемерно суштество кое човек би се плашел да го допре, туку таа тре-ба да биде здрава, силна, практична и вредна, способна да ги исполнува семејните обврски, а која сепак се одликува со онаа убавина, која на душата ѝ дава возвишена и благородна цел.

Прва работа што се бара од жената е верноста, верност во најширока смисла на зборот. Срцето на нејзиниот маж мора да ѝ се доверува без страв. Апсолутната доверба е основа на верната љубов. Сенката на сомнежот ја нарушува хармонијата на семејниот живот. Верната жена со својот карактер и однесување, докажува дека е достојна за довербата од сопругот. Тој е сигурен во нејзината љубов, знае дека нејзиното срце постојано му е верно. Знае дека таа искрено ги поддржува неговите интереси. Многу е важно мажот да може да ѝ го довери водењето на сите домашни работи на својата верна жена, знаејќи дека сѐ ќе биде во ред. Расипништвото и екстравагантноста на жената им ја уништиле сре-ќата на многу брачни парови.

Секоја верна жена се интересира за она што го интересира нејзиниот сопруг. Кога му е тешко, таа се труди да го охрабри со своето сочувствување и искажување љубов. Таа со ентузијазам ги поттик-нува сите негови планови. Таа не е товар на неговиот грб. Таа е сила во неговото срце, која му помага да стане сѐ подобар.

Но, не се сите жени благослов за своите сопрузи. Понекогаш жената се споредува со растението ползач, кое го обвиткува силниот даб – својот сопруг.

Page 59: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 59

Верната жена го прави животот на својот сопруг поблагороден и позначаен, насочувајќи го со силата на својата љубов кон повозвишени цели. Кога таа, полна со доверба и љубов, ќе се привие кон него, во него се будат најблагородните и најбогатите црти на неговата природа. Таа во него поттикнува храброст и одговорност. Таа му го прави животот преубав, ги ублажува неговите остри и груби навики, ако имал такви.

Меѓутоа, има и такви жени кои се слични со билките-паразити. Тие се обвиткуваат околу својот сопруг, но самите не придонесуваат ништо. Тие не подаваат рака за помош. Се излежуваат на креветите, се шетаат по улиците и сонуваат над љубовните романи. Тие се потполно бескорисни и како такви стануваат товар и за најнежната љубов. Наместо животот на сопругот да го прават посилен, побогат и посреќен, тие само им пречат на неговите успеси. Резултатот е многу беден и по неа.

Верната жена се припива и го обвиткува со-пругот, но исто така и му помага и го инспирира. Нејзиниот сопруг на сите полиња чувствува како нејзината љубов му помага. Добрата жена е чуварка на семејното огниште.

Некои жени размислуваат само за романтични идеали и ги занемаруваат своите секојдневни обврски, а со тоа не ја зацврстуваат својата семејна среќа. Чести причини за уништување и на најсилната љубов се: непедантноста и лошото водење на домаќинството.

Жената е надарена со сочувствување, дели-катност и способност да поттикнува, да инспирира. Ова прави таа да стане, во извесна смисла, Христов пратеник со мисија да ги олеснува човечките страдања и таги.

Главна обврска на секоја жена е уредување и водење на домаќинството. Таа мора да биде дарежлива и со добро срце. Жената до чиешто срце не допираат несреќите, која не ита да помогне кога тоа е во нејзина моќ, е лишена од еден од главните женски квалитети, кои ја прават основата на женската природа. Вистинската жена го дели со сопругот товарот на неговите грижи. Што и да му се случи на мажот во текот на денот, кога ќе дојде дома, мора да дојде во атмосфера на љубов. Другите пријатели можат да го изневерат, но верноста на жената мора да биде постојана. Кога настапува мрак и неприлики го опколуваат сопругот, верните очи на сопругата го гледаат како ѕвезди на надеж кои блескаат во темнината. Кога е потиштен, нејзината насмевка му помага повторно да најде сила, како што сончевиот зрак го подига наведнатиот цвет.

Со тивок благослов од Небото

ни слетуваат ангели,

кога, занемена од тага,

душата страда.

Ако силата на мажот е во знаењето, силата на жената е во нежноста. Небото секогаш го благословува домот на жената која живее заради добрини. Верната жена има потполна доверба во мажот. Таа не крие ништо од него. Не ги слуша зборовите на восхитеност од другите мажи, кои не може да му ги каже нему. Таа му го кажува секое свое чувство, надеж и желба, секоја радост или мака. Кога ќе се почувствува разочарана или навредена, таа може да падне во искушение на некои свои блиски пријатели да им раскаже за својата тага. Од тоа нема ништо попогубно, како за нејзините сопствени интереси, така и за повторното воспоставување на мир и среќа во нејзиниот дом. Несреќите за кои се жали на другите, остануваат како неизлечени рани. Мудрата жена никому нема да му ја довери својата тајна несреќа, освен на својот господар, бидејќи само тој со трпение и со љубов може да ги реши сите несогласувања.

Љубовта во жената открива многу нешта, што не ги гледаат очите од страна. На нејзините недостатоци таа става вел и ги преобразува дури и нејзините најпрости црти.

Исто колку што со текот на времето поминато во работа и грижа исчезнува привлечноста на физичката убавина, сѐ повеќе и повеќе мора да блеска душевната убавина, доаѓајќи наместо изгубената привлечност. Жената секогаш, пред сѐ, треба да се грижи да му се допаѓа на сопругот, а не на било кој друг. Кога се сами таа мора да изгледа уште подобро, а не да го запостави својот изглед, бидејќи никој веќе не ја гледа. Наместо да биде интересна и привлечна во друштво, а кога ќе остане сама да падне во меланхолија и да молчи, жената мора да остане весела и привлечна и кога ќе остане насамо со сопругот во својот тивок дом. И мажот и жената мора да даваат сѐ најдобро од себе. Нејзината пламена заинтересираност за сите негови работи и нејзиниот мудар совет по било кое прашање, му даваат на мажот сила за исполнување на неговите секојдневни обврски и го прават храбар за секоја битка. А мудроста и силата кои ѝ се потребни за исполнување на светите обврски како сопруга, жената може да ги најде само во обраќањето кон Бога…

(продолжува во следниот број)

Превод: Жаклина Трајчев

Page 60: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 60

Воцрковувањето на нашите деца е родителска должност дадена од Бога

„Внимавајте да не соблазните едно од овие мали”. Дали добро ги паметите овие Христови зборови, дали сте размислувале за тоа дека тие зборови се однесуваат на секој од нас? Зар имаме малку од оние мали, на кои треба да внимаваме? Зар се малку синови и ќерки за кои ние пролеваме безброј солзи? Можеби вие немате деца или вашите деца веќе пораснале. Можеби имате исклучително добри и кротки деца, кои седат на едно место и не пречат за време на Богослужението, но со сигурност не ја имаат сите истата среќа. Многу дечиња богослужението го претвараат во испит на трпение за своите родители, но и за другите богомолци присутни во храмот. Се прашуваме: дали се исплатува воопшто и да одиме на богослужба , бидејки за нас и за нашите деца богослужението се претвара во измачување.

Колку и да се мали нашите деца, тие од самото нивно крштевање стануваат полноправни членови на Црквата Христова, на Телото Христово. Дури детето и да не разбира ништо, за тоа што се случува во храмот, ние знаеме, бидејќи богослужението не се восприемува само рационално но и ирационално. Детето ги гледа чудата, вкусува и најповеќе го чувствува со целото свое битие присуството на Светиот Дух и Неговото дејствување во Црквата. Не треба да ги лишуваме децата од таа благодат и доживување, да не и ја скратуваме можноста, на детски начин да вкусат и да видат колку е благ Господ.

Нема општо правило за бројот на црковните служби, кои тие треба да ги посетат. Возраста на децата, нивните карактери и нивните расположенија се различни и променливи. Но во секој случај децата неможат да се воцрковуваат толку често, толку долго и да бидат толку тивки колку што сакаме ние. Тие ги немат нашите духовни мерила и со сигурност ги немаат нашите психофизички можности. Само Бог знае колку време им е потребно, за да се наситат со црковните духовни блага. Веројатно многу помалку, отколку што ни е потребно нам - возрасните, кои сме обременети со високоумие, своеволие, гнев.

Ние возрасните треба да се прилагодиме

на возраста на детето и неговите можности. Ако детето во црквата зборува на висок глас, тропа или плаче, најдобро е веднаш да се изведе надвор од црквата, за да не пречи на богослужението. Откако ќе се одмори и ќе му помине детското нетрпение, најверојатно тоа само ќе посака да се врати во храмот. Поведението, кое го попречува молитвеното спокојство во храмот не треба да се допушта, но не треба ниту пак да се накажува. За едно дете нема ништо понормално од тоа, да се однесува како дете. За да стекне благочестивост и страв Божји потребно е време и зрелост.

На малите деца треба да им се дава нешто, со кое ќе се занимаваат, ќе си играат, за да им се сврти вниманието кон едно или кон друго во храмот, да им се објасни што се случува, и да им се насочи целото внимание. Децата можат да се доведуваат на богослужбата и подоцна, но сепак тие треба да вкусат дел од светото богослужение.

Ако детето се заморува за време на бого-служението, ние не треба да го укоруваме или да го принудуваме да си ги прикрие чувствата, најдобро е да се орасположи спокојно да разговара со нас за тоа. Тоа нема како да не забележи сѐ, бидејќи дури и возрасните се расејуваат, шушкаат, зборуваат без никој да им се потскара за тоа. Добро е да му се објасни на детето дека сето тоа е искушение кое не ги одминува ниту возрасните, и во таквите случаи нашата слабост треба да ја довериме на Христа и да Го молиме да нѐ укрепи и да ги разгори нашите срца со љубов кон Бога. Ако заедно се помолиме во тој дух, детето сигурно ќе биде длабоко утврдено, и во иднина ќе знае како да се справи при таквите искушенија и тешкотии

Дали децата се проблем само за своите родители?

Тоа не би требало така да биде. Децата ѝ припаѓаат на Црквата Христова и затоа црковната општина - парохија исто така сноси одговорност за нив. Во некои црковни општини има организирано предавање по веронаука и детска градинка, каде се грижат за децата додека нивните родители се на богослужение. Таа иницијатива привлекува и

ВОЦРКОВУВАЊЕ НА ДЕЦАТАсвештеник Климент Мишањ

вероучение

Page 61: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 61

задржува многу верни семејства кои имаат мали дечиња во црквата. Не се потребни многу средства, ниту пак многу напори за да се устрои таква неделна веронаука за дечињата, а духовниот плод од тоа е изобилен. Потребна е една просторија во близината на храмот, кадешто, откако ќе постојат малку на Литургија, децата да се однесат таму. Ако можностите на парохијата не дозволуват да се ангажира специјален педагог или богослов, родителите или други доброволци од парохијата можат да го прифатат тоа служење, менувајќи се секоја недела. Малку поубаво детско уредување на просторијата и играчките ќе го направат поразнообразен и поубав престојот на децата во храмот. Тоа сето може да се организира и да се финансира со средства собрани од парохијаните или пак децата сами да си носат играчки со себе од своите домови.

Еден од најдобрите начини детето да го спознае Православието како жива традиција е посетувањето на различни цркви и манастири. Децата треба да чувствуваат, дека се одговорни членови на својата парохија, а истовремено и одговорни учесници во нејзиниот духовен живот. Треба да се поттикнуваат да помагаат во храмот и во социјалната дејност, да приготват празнична програма, изложба, а не само да се ползуваат од грижите и вниманието на другите парохјани. Христијанинот треба да чувствува одговорност кон своите собраќа во Христа, а не само да присуствува на службите. Децата треба во своите парохии да гледат пример на заемна љубов и заемна помош. Да не се окружуваат со скандали, сплетки. Децата се многу чувствителни на сите лоши духовни поведенија кои ги окружуваат.

Парохијата затоа треба да биде како едно големо семејство во кое се споделуваат радостите, празниците, но истовремено се споделуваат и немоќите, тешкотиите и осаменоста. Секоја можност за заемно општење, за средби и разговори, за излети и игри, ја осликуваат општата поволна духовна клима, во која децата треба да се чуствуваат као полноправни членови. Дури и ако во парохијата не се создадени такви услови, доволно е родителите да се организираат и да формираат една група од семејства, кои ќе се стремат кон таквото идеално однесување. Децата од сето тоа ќе имаат неизмерна полза, ако ги гледаат и другите семејства како живеат правоверно и православно.

Односот меѓу децата и парохискиот свештеник

Како треба да постапуваме, ако детето не сака да носи крст, откажува да се причестува или помазува со свет елеј и се оттргнува од богослужението и храмот?

Најважно е да не се нарушува мирот. Светињата не треба да стане причина за раздор во семејството и заладување на љубовта. Кога зборуваме за нешто со љубов, со мир, спокојство и радост, децата се заразуваат од таа љубов. Кога ќе видат дека молитвата, постот и богослужението се суштествено и животно неопходни за нивните родители, тогаш и тие започнуваат да ги ценат тие добродетели. Или пак обратно: не можеме да ги научиме нашите деца на љубов кон богослужението и кон светињата, ако и ние самите кон сите тие добродетели пристапуваме со безволност и со ладно срце. Ако родителите постат со тага, како тогаш детето ќе го возљуби воздржанието? Детето не треба постот да го запамети како период на забрана, лишување и ограничување, туку како живот во Духот Христов, живот во мир, согласност и љубов. Кон таквото живеење ние никого не можеме да присилиме, па дури ниту нашите сопствени деца. Сето тоа може да се прими само доброволно и со љубов.

Ги принудуваме ли децата кон црковниот живот, тие макар и да одат редовно на богослужби и да ги примаат Светите Тајни, внатрешно можеби ќе се спротивстават. Еден ден, кога ќе ни излезнат од

Page 62: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 62

контрола, тие ќе се спротивстават. Од нас се бара пред децата да ја откриеме убавината на духовното живеење, да им помогнеме да го откријат Христа и да заживеат со Него, за да не останат со впечатокот дека овој живот е само надворешен. Само Бог може да нѐ научи како ние можеме сето тоа да го исполниме.

Совети за причестувањето на децата

На секој православен христијанин треба да му биде сосема јасно, дека децата треба да се причестуваат од најрана возраст, за да бидат осветени од Христа, за да бидат еден дух со Него. Децата треба да имаат јасна претстава што претставува Дарот кој им се преподава на Светата Литургија. Тие Светата Причест треба да ја примаат на секоја литургија, но не како нешто обично, туку треба да знаат дека тоа што го примаат е нешто неискажливо свето, а тоа е мошне тешко да им се објасни на децата. Иако децата до седумгодишна возраст немаат никаква потреба од пост и исповед, добро е пред причестувањето со Светите Дарови, тие да побараат прошка од своите најблиски, и да им се честита по примањето на Светите Дарови, за да ја почуствуваат литургијата и причестувањето како голем празник.

Понекогаш децата можат да реагираат негативно, ако им се зборува за примањето на Телото и Крвта Христови. Со нивното вообразување

можат да си претстават тело, коски и крв и сето тоа може да ги возмути и одврати од причестувањето. Доволно е да го знаат тоа што ќе им го каже свештеникот во Евхаристискиот канон и пред самото причестување. Наместо да се впуштаме во сложени објаснувања, доволно ќе биде да им кажеме, дека го примаме Христа во вид на леб и вино, за да стане едно со нас и ние едно со Него, соучесници во Христовиот живот.

Независно од тоа какво е детето, причестувајќи го, родителите веднаш треба да бидат подготвени за изненадувања. Не е отфрлена можноста детето да се закашла, да поврати или пак да ја исплука Светата Причест. Сето тоа треба да се има предвид, за да се избегне евентуално осквернување на Светите Тајни. Се препорачува на децата да им се дава сосем малку од Причеста, а доколку нешто тие исфрлат, да се собере во марамче или салфетка и да му се даде на свештеникот веднаш или на крајот од литургијата.

Ако детето не сака да се причести, не треба да се присилува, да се заплашува или пак нешто да му се ветува. Духовно е опасно децата да се причестуваат против нивната слободна волја. Според православното разбирање, духовното расположение има поголема важност од желбата со која се пристапува кон Светата Причест. Пополезно е за децата ако набљудуваат како родителите се подготвуваат и пристапуваат кон Светите Тајни. Засилениот молитвен живот, воздржанието, заемното простување, трепетот и радоста, сето тоа не останува незабележано од самите деца. Тоа трајно се запечатува во нивниот ум и трајно проникнува во нивните души. Нема поголема и посилна проповед за децата отколку самиот живот на нивните родители. И ништо пак повеќе не може да ги одврати децата отколку родителската малодушност, нивното религиозно студенило, лицемерието и дволичноста.

Што се однесува до богослужбите, Светата Причест, домашните молитви и религиозното образование, секогаш треба да ја имаме во предвид идната перспектива. Дали детето ќе израсне во духовно здрав однос кон Христа, Црквата и Светоте Тајни, зависи од семето кое ќе го посееме ние, нивните духовни наставници. Ако децата се опкружени со молитва и љубов, пред искушенијата на времето ќе израснат како духовни личности и така ќе ја исполнат својата човечка повиканост.

Затоа: „Внимавајте да не соблазните едно од овие мали”. Секогаш за нив грижете се, секогаш давајте им чисти и свети примери на побожност, и тогаш благословот Господов ќе биде врз вашите деца, но и врз вас самите.

Page 63: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 63

Јубилеј: 160-години од осветувањето на храмот во с. Немањици

Фактот дека Македонија е земја на цркви и манастири неодминливо важи за овчеполскиот крај на чија „нива“ посеаното евангелско семе вродило со плод. Ова се потврдува со бројните изградените древни храмови, чија што обнова во денешни времиња не престанува да ја врши богољубивиот овчеполски народ, возглавен од својот епископ.

Оваа година целосно беше обновен храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Нема-њици. Обновувањето се изврши благодарение на благочестивите заложби на неколку свештеници кои потекнуваат од ова село со црковниот одбор, и секако, со учеството на севкупниот народ. Всушност, сите кои живеат или потекнуваат од село Немањици беа вклучени во санацијата на својот храм, пома-гајќи во рамките на своите можности.

На 02. 11. 2008 година (недела), Митрополитот Брегалнички, Неговото Високопреосвештенство г. Иларион на општа духовна радост, во сослужение на свештеници кои потекнуваат од Немањици и броен народ, го преосвети овој древен храм и отслужи

Света Литургија.

Храмот бил изграден во првата половина на XIX век и како негов главен мајстор се спомнува Дамјан Зографски. Црковното здание ги носи сите белези на архитектурата од своето време и претставува трокорабна базилика. Неговите размери и надворешност, но посебно ентериерот, односно засводеноста на централниот брод со украсени три слепи калоти, амвонот, владичниот престол, ѕидната орнаментика, впечатливата изработка на престолната икона, но и опременоста со сите црковни книги, сведочи за христијанската ревност на поколенијата немањчани од минатото. Храмот бил парохиска црква во која некогаш служеле 5-6 свештеници. На оградата од галеријата како година на негово осветување е испишана 1848-та, и истата ни навраќа кон сеопштиот духовно-историски амбиент на XIX век, кога македонскиот народ се борел за својата политичка и црковна слобода, кревајќи востанија и градејќи цркви. Населението пак од село Немањици во своето минато било олицетворение на македонскиот непокор и опстој пред сите освојувачки сили. Немањици било село на комити и војводи и неговото тло е натопено со нивната крв.

Но благочестивите поколенија од ова село знаеле дека силата за зачувување на својот

епархиски настани

Page 64: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 64

Во Штип прославен патронот на Македонската Православна Црква - Свети Климент Охридски

На 08. 12. 2007 година кога Православната црк-ва го празнува денот на свети Климент Охридски - Чудотворец, патрон на нашата Македонска Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на Игуменот на Лесновската Обител отец Дамаскин и повеќе свеште-нослужители од Штип, отслужи Света Архиерејаска заупо-којна Литургија во соборниот храм на свети Николај во Штип. По Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши помен за блаженоупокоениот Паријарх на Москва и Цела Русија Алексеј II. По поменот Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече славскиот колач и одража пригодно празнично слово за животот и делото на нашиот закрилник Свети Климент Охридски и Чудотворец. (фото бр. 1)

Осветен новоизградениот храм во с. Горобинци – Свети Николе

На 19. 10. 2008 година, во 17-та Недела по Педе-сетница – Св. апостол Тома, Поглаварот на Македонската Православна Црква Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Надлежниот Епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, го изврши чинот осветување на новоизградениот храм во с. Горобинци – Свети Николе, посветен на Светото Вознесение Христово.

По осветувањето беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која ерејот Киро Давчев од Свети Николе, старешина на ново-осветениот храм, беше произведен во протоерејски чин.

По Светата Архиерејска Литургија, Неговото Бла-женство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одража пригодно слово во кое, како тогашен Митрополит Брегалнички, се присети на тогашните почетоци за изградбата на овој Свет храм.

По оваа прекрасна духовна проповед, Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Неговото Блаженство г.г. Стефан за Неговото присуство и Чиноначалствување, а воедно се заблагодари на сите дарители кој ја помогнаа изградбата на овој Свет храм како и на еден од поголемите дарители г. Ванчо Симонов со неговото семејство.

На крајот, во кругот на црквата, за сите присутни беше организирана заедничка трпеза на љубовта. (фото бр. 2)

христијански идентитет ја добиваат од Бога и Неговите светии. Па затоа и уште на првобитната локација на селото која била на север од дене-шната, во месноста Старо село или Селиште, имале изградено храм посветен на светиот пророк Илија. Нивната црковна свест е изразена и со тоа што во широкиот селски атар постојат топонимите Црквиште, Манастириште, Калуѓерица, Синај, Св. Спас, Св. Троица и Св. Илија. На последните три места има по еден камен крст, според кажувањата на старите, кога си уште немало црква, таму се собирале на црковните празници. Но и подоцна на тие места биле вршени молебни.

Денешната црква посветена на Пресвета Бо-городица со својата лоцираност во средината на селото врз едно возвишение, симболично укажува дека храмот бил средиште на севкупниот живот на жителите. Храмот стар 160 години и денес сведочи за вечната определеност на христијанскиот народ од Немањици да му служи на Бога.

Во времето на богоборниот комунизам опреле-стените луѓе кои наместо на Бога им служеле на партиските идоли, се обиделе древното светилиште од дом Божји да го претворат во штала. Тогаш безумноста на расчовечените ја надминала бесловесноста на животните кои не сакале да влезат во Светињата Божја. Но, народот од Немањици и во тие времиња на безбоштво не се откажале од својата вера во Бога. И тогаш како и секогаш од него произлегувале бројни свештеници. Населението поради својата спротиставеност на комунистичкиот режим, посебно во периодот на колективизацијата, се соочило со стравотен терор од тогашната власт. Засекогаш во сеќавањето на постарите е врежана 1950-та година кога мнозина биле убиени, затворени и протерани. И во наредниот период селото било жртва на смислена политика која резултирала со негово масовно иселување.

Обновеноста на храмот нека биде потсетување за денешните и идните генерации за потребата од духовна обнова и литургиски живот во Црквата Христова. (фото бр. 3)

дипл. теолог Кирче Трајанов

Page 65: Troicnik 23, december 2008

• • • TROI^NIK • • • 65

Молебен за студентите на Меѓународниот славјански институт во Свети Николе

На 10. 10. 2008 година, Неговото Вископреосве-штенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во “Меѓународниот Славјански Институт” во Свети Николе отслужи молебен по повод новата учебна академска година, при што одржа пригодно слово.

При оваа прилика Митрополитот г. Иларион имаше краток работен разговор со Ректорот на Свети Кирило-Методиевиот Универзитет - г. Ким Алексеевич и Деканот на Славјанскиот институт во Свети Николе г. Јордан Ѓорчев. (фото бр. 4)

Преосветување на манастирот на света маченичка Недела

На 11. 09. 2008 година, на празникот на Отсе-кувањето на глвата на св. Јован Крстител, се изврши чинот преосветување на возобновениот манастир во с. Ранченци, посветен на Света мч-ца Недела. Чинот на преосветувањето го изврши Неговото Високопре-освештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штипското архиерејско намесништво.

Овој манастир е изграден во 1930 година, а сега беше извршено целосно внатрешно и надворешно реновирање.

По преосветувањето беше отслужена Света Литур-гија, по која Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, при што им се заблагодари на сите кои помогнаа при реновирањето на овој свет манастир. (фото бр. 5)

прилозите ги подготви:ѓакон Саше Ристов

Осветен нов храм во Македонска Каменица

На 26. 10. 2008 година, во 19-та Недела по Педе-сетница, кога се празнува светата маченичка Злата Мегленска, поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а во сослужение на свештенослужители од Македонската Православна Црква, го изврши чинот осветување на новоизградениот храм во Македонска Каменица, посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одража пригодно слово во кое, како тогашен Митрополит Брегалнички, се присети на тогашните почетоци за изградбата на овој свет храм.

По пригодното слово на Поглаварот, по предлог на надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, Архиепископот му додели Светиклиментов орден на г. Перо Митревски – градоначалник на општина Македонска Каменица, како најзаслужен и најактивен во изградбата на храмот.

Потоа надлежниот Архиереј г. Иларион им подели благодарници и пофалници на сите дарители кои помогнаа во изградбата на храмот.

По Светата Литургија, Неговото Блаженство, Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, заедно со Архиереите на МПЦ и клирот, го благослови празничниот ручек, заблагодарувајќи Му се на Бога, Мајката Божја, на градоначалникот на Општината, за сета убавина што ја виде тој ден и за присуството на многубројниот народ кој дојде да ја сподели небоземната радост заедно со нив.

Архиепископот г. г. Стефан, восхитен и радосен од многубројниот верен македонски народ, рече: „Сме градиле, градиме и ќе градиме храмови, а преку нив и ние постануваме духовни храмови, кои што ќе сведочат за вистината Христова”. (фото бр. 6)

Page 66: Troicnik 23, december 2008