urnek seminarska

31
ФОН – Прв Приватен Универзитет Скопје, Р. Македонија Постдипломски студии Насока: Европско право и право на ЕУ Семинарска работа на Тема: Политичките односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија по Предметот: Правни аспекти на надворешната и безбедносната политика и внатрешните работи на ЕУ

Upload: kristijan-ristevski

Post on 22-Nov-2014

180 views

Category:

Documents


11 download

TRANSCRIPT

Page 1: urnek seminarska

ФОН – Прв Приватен УниверзитетСкопје, Р. Македонија

Постдипломски студииНасока: Европско право и право на ЕУ

Семинарска работа на

Тема: Политичките односи помеѓу Република Македонија и Европската Унија

по

Предметот: Правни аспекти на надворешната и безбедносната политика и внатрешните работи на ЕУ

Ментор: Изработила:Проф. д-р Бојан Шопов Билјана РустановаПроф. д-р Димитар Билјаноски досие бр. 8738Проф. д-р Лејла Паскалова

Page 2: urnek seminarska

Содржина:Вовед........................................................................................................................................3

Политичките односи помеѓу Европската Унија и Република Македонија.......................4

Спогодба за стабилизација и асоцијација.................................................................5

Процес на пристапување кон Европската Унија.....................................................7

Либерализација на визниот режим на Европската Унија кон Република

Македонија................................................................................................................. 9

Учество на Република Македонија во заедничката надворешна и безбедноста

политика на ЕУ.........................................................................................................11

Хронологија на односите меѓу Република Македонија и Европската Унија................12

Користена литература..........................................................................................................21

2

Page 3: urnek seminarska

Вовед

Во општествената теорија и во практиката, меѓународните односи најчесто се

поврзуваат со државата. Во структурата и функционирањето на социјалниот механизам –

држава, постои една специфична поделба во остварувањето на вкупното политичко

дејстување на тнр. Внатрешна и надворешна политика. Во основа предмет на овие две

димензии на политиката е делувањето на државата како најмоќен инструмент за

политичко дејствување во насока на дефинирање и остварување на општонационалниот

интерес на определно општество.

Со оглед на фактот дека надворешната политика има големо значење во

дејстувањето на секоја држава, може да се каже декана светско ниво се формира цела

мрежа од меѓународни активности во која се препознатливи националните особености.

Истовремено, како последиц на големите интеграциони процеси што го зафатија светот по

Втората светкса војна можеме да зборуваме за регионални надворешни политики, или за

надорешна политика на големи интеграциони целини, како на пример, надворешната

политика на Европската Унија како политика на сите земји што ја сочинуваат.

Ефектите од надворешната политика се дел од збиднувањата во сферата на

меѓународните односи со соодветно значење и цели. Надворешно-политичката димензија

на политиката на секоја земја и на сите заедно, претставува предизвик за научното

истражување со цел да се согледаат нејзините принципи наа егзистенција и на делување,

да се регулира нејзиното функционирање во актите на секоја држава, да се определат

нејзините цели, како и да се предвиди нејзиниот иден развој.

Со ваквото проучување и интерес се создава солидна основа за проучување и на

меѓународните односи и на меѓународната стварност. Надворешната политика тука пред

3

Page 4: urnek seminarska

се, се третира од аспект на делувањето на еден од најзначајните аспекти на меѓународните

односи – државите кои стапуваат во меѓусебни односи на меѓународната сцена и

прдизвикуваат соодветни последици во нејзиното опстојување

Политичките односи меѓу Европската Унија и Република

Македоносија

Членството во Европската Унија е стратешки интерес на Република Македонија од

нејзиното осамостојување. Oд воспоставувањето на дипломатските односи со ЕУ во

декември 1995, Република Македонија се легитимираше како партнер од доверба и

вистински сојузник на Европската унија, при тоа не прескокнувајќи ниту една

институционална етапа во приближувањето кон Унијата: од склучување на Спогодбата за

соработка1, преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација2, до стекнувањето на

кандидатскиот статус3.

Во декември 2005 година, со стекнувањето на статусот земја-кандидат за членство

во ЕУ, Република Македонија влезе во клучна фаза од процесот на европската

интеграција. Одлуката на Европскиот совет за доделување на кандидатскиот стаус беше

политичко признание за напредокот кој го постигна Република Македонија во

остварувањето на реформските процеси и во градењето на отворено, демократско

општество.

1 Со овој договор Европската заедница и Република Македонија одлучија да ја зајакнат економската соработка, да го унапредат развојот и разнообразноста на економската и трговкстасоработка, за да се поттикне подобра балансираност и подобрување на структурата на нивната трговија и зголемување на нејзиниот обем, како и подобрување на добросостојбата на нивните популации.2 Спогодбата за стабилизација и асоцијација беше потпишана во април 2001год., а стапи на сила три години подоцна.3 Република Македонија стана земја-кандидат за членство во Европската Унија во 2005год.

4

Page 5: urnek seminarska

Целта на Република Македонија на среден рок е целосно да ги исполни европските

стандарди за функционална демократија и просперитетна пазарна економија, оспособена

да ги преземе обврските од членството во ЕУ. Агендата за пристапување на државата во

ЕУ е рефлектирана во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 4(законодавни измени и мерки за институционално зајакнување на краток и среден рок),

Претпристапната економска програма5 (мерки за исполнување на копенхашките

економски критериуми) и Националниот план за развој (инвестициони приоритети за

остварување на развојните цели на државата).

Главните краткорочни цели на Република Македонија во односите со Европската

Унија се отпочнување на пристапните преговори и либерализација на визниот режим на

ЕУ кон граѓаните на Република Македонија.

Спогодба за стабилизација и асоцијација

Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европските заедници и нивните

земји-членки (ССА) е постојната правна рамка која ги регулира односите на Република

Македонија со Европската унија.

Република Македонија беше прва од земјите од регионот која склучи Спогодба за

4 Националната програма за усвојување на правото на ЕУ претставува целосен план на активностите поврзани со усогласување на законодавството кои државата треба да ги исполни со цел да се квалификува како членка на ЕУ. Со оваа програма се добиа јасна слика за спроведување на потребните политики, реформи и мерки. Освен поврзаноста на правните прописи со законодавството на ЕУ, во програмата постои и јасна слика за поврзаноста на предложените национални закони и соодветните подзаконски акти. 5 Претпристапната економска програма претставува сеопфатен документ за економската политика на Република Македонија, подготвена од институциите во РМ и координирана од Министерството за финансии. Фокусот на ПЕП е на развојот и подобрувањето на управувањето со јавните финансии, како и на бројните структурни реформи кои Владата на РМ ги презема со крајна цел интензивирање на економскиот раст и развој, како и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

5

Page 6: urnek seminarska

стабилизација и асоцијација со Европската унија (ССА).  Спогодбата, која беше

потпишана во април 2001 и стапи на сила во април 2004 година, претставува основна

правна рамка за билатералната соработка се до зачленувањето во ЕУ и ја зајакнува

регионалната соработка, го унапредува проширувањето на пазарите и економските односи

помеѓу страните и ги воспоставува основите за техничката и финансиската помош. Со неа

се унапредија институционалните механизми за одржување на редовен дијалог со Унијата.

Таа е составена од  следните 10 глави: Општи начела; Политички дијалог; Регионална

соработка; Слободно движење на стоки; Движење на работници; Основање; Давање

услуги; Капитал; Приближување на законодавството и спроведување на законите; Правда

и внатрешни работи; Политика на соработка; Финансиска соработка и Институционални,

општи и завршни одредби.

Советот за стабилизација и асоцијација e највисокото институционално тело кое

заседава еднаш годишно на ниво на министри за надворешни работи. Комитетот за

стабилизација и асоцијација е оперативно тело кое го следи исполнувањето на

обврските кои произлегуваат од ССА, во чии рамки се формирани 7 поткомитети:

Поткомитет за правда, слобода и безбедност; Поткомитет за иновации, информатичко

општество и социјална политика; Поткомитет за транспорт, животна средина, енергетика

и регионален развој;  Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција; Поткомитет за

економски и финансиски работи и статистика; Поткомитет за земјоделство и рибарство и

Поткомитет за трговија, индустрија, царина и даноци.Парламентарната соработка во

контекст на ССА се одвива во рамките на Заедничкиот парламентарен комитет.

Со потпишувањето и стапувањето на сила на овој договор, Македонија може да се

користи со сите права кои им се признати на државите со асоцијативен статус. Најзначајо

е тоа што РМ може да користи стручна и финансиска помош за спроведување на

стрктурните реформи кои се услов за стапување во полноправно членство.

6

Page 7: urnek seminarska

Процес на пристапување кон Европската Унија

Процесот на преговори за членство во Европската унија за Република Македонија

ќе значи окончување на процесот на приближување кон Унијата, усвојување на нејзините

придобивки и вредности, како и целосно приспособување на македонските институции

кон функционирањето на институциите на Унијата. Преговорите, како обемен потфат кој

се одвива со брза динамика, наложуваат целосна подготвеност на државните органи и

институции и на структурите воспоставени за координација и водење на преговорите пред

започнувањето на самите преговори.

      Земјата кандидат којашто поднесува барање за членство треба да го прифати во целост

правото на Европската унија (acquis), но за определени правни акти може да преговара за

преоден период. Тоа значи дека Република Македонија ќе се обврзе во целост да го

прифати правото на Европската унија со датумот на пристапување, со преодни периоди за

определени акти - за што ќе се постигне согласност при преговорите. 

      За секоја земја кандидат се основа меѓувладина конференција (МВК )со одлука на

Советот на ЕУ во која се дефинирани деталите поврзани со организацијата: место на

одржување, формирање на секретаријат, покривање на трошоци за средби, како и

фреквенцијата и нивото на одржување на средбите. Земјата-членка којашто претседава со

ЕУ е претседавач на МВК, а Европската комисија е медијатор во процесот. 

      МВК се среќава на ниво на претседатели на делегации. Вообичаено е земјата кандидат

да ја претставува членот на Владата на земјата кандидат кој ќе биде назначен за тоа и

најмалку двапати годишно да има по една меѓувладина конференција. Посуштествените

преговори се одвиваат на ниво на заменици на претседатели на делегации. Од страна на

7

Page 8: urnek seminarska

Европската унија на ова ниво се претставени постојаните претставници на земјите-членки

во Европската заедница, а од страна на земјата кандидат - главниот преговарач и/или

други високи службени лица на земјата кандидат. 

      Најголемиот и најтешкиот дел од работата - усогласувањето, односно подготовката на

преговарачките стојалишта - се одвива на ниво на работни групи, т.е. меѓу работната

група за проширување во Советот на ЕУ и работните групи на земјата кандидат за

подготовка на преговорите по одделни поглавја.

Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија очекува почеток

на преговорите за членство. Наредната фаза во процесот на пристапување е добивање на

датум за преговори за членство во Унијата. 

      Процесот на преговори за членство во Европската унија за Република Македонија ќе

значи окончување на процесот на приближување кон Унијата, усвојување на нејзините

придобивки и вредности, како и целосно приспособување на македонските институции

кон начинот на функционирање на институциите на Унијата. Преговорите истовремено ќе

значат и создавање основи и подготовка за идно успешно функционирање на Република

Македонија како земја-членка на Унијата.

      Во месец февруари 2008 година, Советот на министри на Европската унија го усвои

Партнерството за пристапување нa Република Македонија за 2008 година. Партнерството

за пристапување содржи 8 (осум) клучни приоритети кои се услов за добивање на датум за

преговори. Република Македонија очекува да го започне процесот на преговори за

полноправно членство во Европската унија во текот на 2009 година. 

 

Либерализација на визниот режим на Европската Унија кон Република Македонија

8

Page 9: urnek seminarska

Дијалогот за либерализација на визниот режим на ЕУ кон Република Македонија

беше официјално отворен на 20 февруари 2008 во Скопје6, за време на посетата на

тогашниот потпретседател на Европската комисија и комесар за правда, слобода и

безбедност, Франко Фратини.

Во рамките на дијалогот, Европската комисија во мај 2008 година го претстави

Патоказот за Република Македонија7, кој содржи критериуми што треба да бидат

исполнети за да се постигне визната либерализација. Барањата се однесуваат на

безбедноста на документите; гранично управување, азил и миграција; јавен поредок и

безбедност и надворешни односи и човекови права.

Согласно досегашните постигнувања и планираните активности во релевантните

области се смета дека во текот на 2009 година, Република Македонија може успешно да го

заврши дијалогот за визна либерализација со Европската комисија. Веќе се исполнети

поголем дел од барањата: Република Македонија е прва земја во регионот во која се

воведени високо квалитетни биометриски пасоши, лични карти, возачки дозволи;

Стратегијата за интегрирано гранично управување8 од 2003 година заедно со Акцискиот

план9 е целосно имплементирана, зајакнати се активностите во однос на напредната и

6 Истовремено се потпишани договори за олеснување на визниот режим и реадмисија помеѓу Европската Заедница и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Република Македонија, на 18 септември 2007 год., со одобрение на Европскиот парламент на 24 октомври 2007 и заклучен од Советот на 8 ноември 20077 Во документот се наброени условите што треба да ги исполни Македонија за укинување на визниот режим за нејзините граѓани при патување во земјите-членки на ЕУ. Тие се лоцирани во областа на безбедноста на документите, интегрираното гранично управување, пресметката со корупцијата и организираниот криминал и почитувањето на човековите права.8 Со овој документ беше предвидено формирање погранична полиција со најмногу 3.200 припадници, што ќе ја сочинуваат професионалци од полицијата и армијата. Согласно стратегијата, припадниците на оваа единица ќе треба да минат дополнителна обука и ќе носат лесно пешадиско оружје.9 Акцискиот план се однесува на реализацијата на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 год.

9

Page 10: urnek seminarska

специјализираната обука на граничната полиција; операционализација на дигиталниот

полициски радио систем ТЕТРА; зајакната е соработката со FRONTEX; визната политика

и визниот режим се во голема мерка хармонизирани со листите на ЕУ, воспоставен е

визен информациски систем, истиот е поврзан со повеќе дипломатско- конзуларни

претставништва и веќе е започнато со издавање на визи преку визниот центар; зајакнати

се капацитетите во областа на азилот и миграцијата преку воспоставувањето на

Прифатниот центар за баратели на азил; постигнати се конкретни резултати во борба

против нелегалната миграција, трговијата со луѓе, организираниот криминал и

корупцијата, потврдени со последниот извештај на State Department на САД и

Transparency International, итн.

На 28 ноември 2008 година, Европската комисија објави Иницијална оценка за

исполнување на барањата од Патоказот, при што констатира дека Македонија постигна

многу добар напредок во сите области и е најнапредната од сите земји опфатени со

процесот. Со објавувањето на иницијалнот Извештај се заокружи првата фаза од

дијалогот.

Во функција на верификација на постигнувањата на Македонија во релевантните

области за визната либерализација, Европската комисија спроведе две оценски мисии, со

учество на експерти од земјите-членки на ЕУ. Првата оценска мисија се спроведе во

периодот од 19-23 јануари 2009, за областите безбедност на документите и јавен ред и

безбедност, а втората во периодот од 16-20 февруари 2009 за областа гранично

управување, азил и миграција. Се одржа и експертски состанок за областа надворешни

односи и човекови права, како и регионален семинар за заштитата на личните податоци,

со учество на претставници на Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Експертите

ги потврдија иницијалните оценки од Извештајот на ЕК за исполнување на барањата од

10

Page 11: urnek seminarska

Патоказот од страна на Македонија и дадоа сугестии за натамошни активности.

Со финализацијата на оценските мисии и експертските состаноци се заокружи и

втората фаза од дијалогот. Европската комисија подготвува сеопфатен Извештај за

исполнувањето на барањата од Патоказот. Македонија очекува овој Извештај да и`

овозможи на Европската комисија да ја почне правната процедура во Советот на ЕУ за

укинување на визите за Македонија за време на Чешкото претседателство, и стапување во

сила на безвизниот режим до крајот на 2009.

Учество на Република Македонија во заедничката надворешна и

безбедноста политика на ЕУ

Република Македонија активно се вклучува во Заедничката надворешна и

безбедносна политика на ЕУ. На покана на ЕУ, Република Македонија се придружува кон

декларациите, изјавите, заедничките позиции на ЕУ, со што ја усогласува својата

надворешна политика кон онаа на ЕУ. Исто така, Република Македонија е контрибутор во

Европската безбедносна и одбранбена политика. Земјата придонесува во развојот на

воените и цивилните капацитети на ЕУ за управување со кризи (учествува во воената

операција АЛТЕА во БиХ, декларираше капацитети за учество во идни воени и цивилни

мисии на ЕУ за кризен менаџмент) и ја зајакнува соработката со Унијата на планот на

борбата против тероризмот, организираниот криминал, контролата на оружјето и други

видови безбедносни ризици, кои ги надминуваат националните граници и за кои е

потребно заедничко делување.

11

Page 12: urnek seminarska

Хронологија на односите меѓу Република Македонија и Европската

Унија

Хронолошки, на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и на Апликацијата за

членство во ЕУ претходи период на развој на блиски билатерални односи кои ја

карактеризираат соработката помеѓу Република Македонија и Европската Унија. Како

поважни ги издвојуваме следните настани:

• во октомври 1992 година, Република Македонија назначи свој претставник во Брисел10;

• на 22-ри декември 1995 година, Република Македонија и ЕУ воспоставија дипломатски

односи кога ЕУ ги отвори преговорите со Република Македонија во насока на склучување

на Спогодба со широк опфат на соработка на полето на трговијата, финансиските

операции и транспортот11;

• во февруари 1996 година, Република Македонија ја подигна својата постојана Мисија во

Брисел на амбасадорско ниво;

• на 10-ти март 1996 година, Република Македонија стана полноправен партнер во PHARE

Програмата (Poland and Hungary: Assistance for Reconstruction of their Economies)12;

• на 20-ти март 1996 беа започнати преговорите за склучување на Спогодба за соработка

помеѓу Република Македонија и Европските заедници, како и Спогодба за транспорт;

10 Спогодувајќи се за употреба на ‘‘Поранешна Југословенска‘‘, пред своето име Република Македонија11 Воспоставувањето на дипломатски односи меѓу РМ и ЕУ не беше можно се до склучувањето на Времената спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година;12 Ова е првиот билатерален договор потпишан меѓу земјава и Европската унија;

12

Page 13: urnek seminarska

• на 20-ти јуни 1996 година, во Брисел, беа склучени Спогодбата за соработка помеѓу

Република Македонија и Европските заедници и Спогодбата за транспорт. Истите беа

потпишани на 29-ти април во Луксембург;

• во ноември 1997 година, во сила стапи Спогодбата за транспорт, додека за Спогодбата за

соработка помеѓу Република Македонија и Европските Заедници истото се случи на 1-ви

јануари 1998 година;

• во почетокот на февруари 1998 година, во Охрид, согласно Спогодбата за соработка, се

одржа првиот политички дијалог на министерско ниво;

• на 11 март 1998 година се потпиша Спогодбата за трговија и текстил (иако, истата беше

на сила од 1-ви август 1997 година). Спогодбата важеше до 31-ви декември 1998 година.

Сепак, почнувајќи од 1-ви јануари 2000 година на сила е обновената Спогодба за трговија

и текстил;

• на 21-ви и 22-ри март 1998 година, во Скопје, се одржа првиот состанок на заедничкиот

Совет за соработка. Советот се формираше со цел да ја следи реализацијата на на

Спогодбата за соработка, постигнувањата и развојот во структуралните реформи, како и

да дава сугестии и насоки во врска со одредени специфични прашања;

• на 5-ти март 1999 година, во Брисел, се одржа вториот состанок на Советот за соработка.

• во јуни 1999 година, беше усвоен Извештајот за можноста за отпочнување на преговори

за новата ССА ;

• на 24-ти јануари 2000 година беа усвоени директивите на Европската Комисија

предложени до Советот на ЕУ, што се однесуваат на подигнувањето на нивото на

13

Page 14: urnek seminarska

соработка помеѓу Република Македонија и ЕУ, како и на формалното започнување на

преговорите за потенцијално членство во ЕУ;

• во март 2000 година, со отворањето на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и

со назначување на прв шеф на Делегацијата, односите меѓу Република Македонија и ЕУ

беа подигнати на амбасадорско ниво;

• на 5-ти април 2000 година, согласно Лисабонската Одлука на Европската Комисија,

официјално започна првата рунда на преговорите помеѓу Република Македонија и ЕУ за

ССА . Преговорите за ССА се реализираа во значително краток период (април - ноември

2000) низ 3 рунди на главни преговори и 5 средби на експертско ниво односно технички

преговори;

• во јуни 2000, за време на седницата на Европскиот Совет во Фиера, беше прифатена

перспективата (одредбата) за потенцијално членство13;

• на 24-ти ноември 2000, на Самитот во Загреб, беше парафирана ССА ;

• во декември 2000 година, стапи ви сила Регулативата на Советот за воведување на

трговски исклучителни мерки, како и за вклучување на Република Македонија во

Регионалната Програма CARDS за 2002 - 200614;

13 Во Санта Марија де Феира (Португалија) Европскиот Совет оддржува состанок на кој се потврдува дека и понатаму неговата најзначајна цел ќе биде целосна интеграција на земјите од регионот главните политички и економски текови на Европа и дека ‘‘сите засегнати земји се потенцијални кандидати за членство во ЕУ‘‘14 Од 1991 год. ЕУ преку разни програи за помош има посветено околу6.8 милијарди евра за земјите од Западен Балкан. Во 2000, помошта беше рационализирана преку нова програма наречена КАРДС (Помош на заедниците за реконструкција, развој и стабилизација) усвоена со регулатива на Советот. КАРДС-програмата содржи многу постратрешки пристап за помош на земјите кои се во процесто на стабилизација и асоцијација, т.е Спогодбите за стабилизација и асоцијација.

14

Page 15: urnek seminarska

• на 16-ти февруари 2001 година е парафирана Времената Спогодба за регулирање на

трговските одредби од ССА ;

• на 9-ти април 2001 година, во Луксембург, беше потпишана ССА . Истовремено, беше

потпишана и Времената Спогодба за трговија и трговски прашања помеѓу Република

Македонија и ЕУ . Истата стапи на сила веќе на 1-ви јуни 2001 година;

• во јануари 2002 година - Дополнителен Протокол за вино и алкохолни пијалоци и

Спогодба за трговија со текстилни производи;

• на 1-ви и 2-ри јули 2002 година, во Скопје, се одржа последниот (петти) состанок на

Советот за соработка помеѓу ЕУ и Република Македонија;

• На 20 февруари во Р.Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија

Романо Проди кој го повтори ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во

Унијата;

• Спогодбата за асоцијација и стабилизација стапи на сила на 1 Април 2004 година откако

ја ратификуваа сите земји членки на ЕУ;

• Во февруари 2004 година Македонското Собрание усвои „Декларација за поднесување

на апликација за членство во Европската Унија;

• На 22 март 2004 на свечена церемонија во Даблин, Република Ирска, Владата на РМ го

поднесе барањето за членство во Европската Унија;

15

Page 16: urnek seminarska

• Владата на Република Македонија на 6 септември 2004 година ја усвои Националната

стратегија за европска интеграција15;

• На 1 октомври 2004 Претседателот на Европската комисија Романо Проди го предаде

Прашалникот на Владата на Република Македонија;

• На 31 Јануари 2005 година Владата на Република Македонија ги финализира одговорите

од Прашалникот на Европската Комисија за апликацијата на Република Македонија за

членство во ЕУ;

• Делегација на Република Македонија на 14 Фебруари 2005 во Брисел, ги предаде

Одговорите на прашалникот од Европската Комисија на претседателот на Европската

комисија Хозе Мануел Баросо;

• Дополнителните Прашања на Прашалникот на Европската Комисија кои беа добиени на

22 Април 2005, се одговорени, усвоени од Владата на РМ и пратени во Брисел на 10 Мај

2005;

• На 9 Ноември 2005 Европската комисија го објави мислењето за кандидатурата на

Република Македонија за членство во Европската унија. Во мислењето се препорачува

доделување на статус кандидат за членство во ЕУ;

• На 17 Декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и

додели статус на кандидат за членство во Европската Унија;

15 Националната стратегија за европска интеграција претстаува документ изработен од страна на Владата на РМ кој содржи збир на приоритети и долгорочни насоки за процесот на европска интеграција на земјава. Таа ги определува целите кои Македонија треба да ги исполни во голем број области, како што е владеењето на законот, економските и социјалните реформи, хармонизација со легислативата на ЕУ, како и промените во јавната администрација

16

Page 17: urnek seminarska

• Во март 2006 е оддржан форум - Европска Унија-Западен Балкан на ниво на министри за

надворешни работи во организација на Австриското претседателство со Европската Унија,

Салцбург;

• Во јуни 2006 год., во Луксембург е потпишана Хоризонталната спогодба меѓу РМ и

Европската заедница за некои аспекти на воздухопловните услуги;

• Во септември 2006 год., е оддржан третиот состанок на Комитетот за стабилизација и

асоцијација, во Скопје;

• Во  ноември 2006 год. е објавен Редовниот извештај на Европската комисија за

напредокот на Република Македонија во 2006 г.;

• Во декември 2006год., е оддржан третиот состанок на Советот за стабилизација и

асоцијација, во Брисел; 

• Во февруари 2007год., се оствари политички форум - Европска Унија-Западен Балкан на

ниво на министри за надворешни работи, Брисел;

 • Во април 2007год., во Брисел е парафирана Спогодбата за олеснување на визниот режим

и на Спогодбата за реадмисија;

 • На 14-15 јуни 2007год.,во Брисел се оддржа четвртиот состанок на Комитетот за

стабилизација и асоцијација;

• На 24 јули 2007год., исто така во Брисел се оддржа четвртиот состанок на Советот за

стабилизација и асоцијација;

•На 19 септември 2007год., се потпишани Спогодбата за олеснување на визниот режим и

Спогодбата за реадмисија со ЕУ;

17

Page 18: urnek seminarska

• На 6 ноември 2007год., е објавен Редовниот извештај за напредокот на Република

Македонија во 2007, Стратегијата за проширување во 2008 и нацртот на Пристапното

партнерство;

• На 27 ноември 2007год., Собранието усвои Резолуција за приоритетите за пристапување

на Македонија во ЕУ и за отворање преговори за членство во ЕУ;

• На 27-28 ноември 2007год.,во Брисел се оддржа четвртиот состанок на Мешовитиот

парламентарен комитет Република Македонија – Европски Парламент;

• На 13 декември 2007год., во Лисабон се потпишани Реформскиот договор и Договорот

за   функционирање на ЕУ;

• На 25 декември 2007год., Собранието на Република Македонија основа Национален

совет за евроинтеграции;

•На 1 јануари  2008год., стапија на сила Спогодбата за визно олеснување и Спогодбата за

реадмисијата со ЕУ;

• На 20 февруари 2008год., во Скопје е отворен Дијалогот за либерализација на визниот

режим со Европската комисија;

• На 5 март 2008год., е бјавена Информацијата на ЕК “Западен Балкан: зајакнување на  

европската перспектива“;

• На 23 април 2008год., е усвоена Резолуција на Европскиот Парламент за напредокот на

Република Македонија во 2007;

18

Page 19: urnek seminarska

•На 28-29 март 2008год., е остварен неформален состанок на Министрите за надворешни

работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан;

• На 18-19 септември 2008год., во Скопје се оствари петтиот состанок на Комитетот за

стабилизација и асоцијација;

• На 5 ноември 2008год., е објавен Редовниот извештаj на Европската комисија за

напредокот на Република Македонија во 2008;

• Во ноември 2008год., Владата на Република Македонија усвои Скица за реализација на

препораките содржани во Извештајот на Европската комисија;

 • На 28 ноември 2008год., Европската комисија подготви "Иницијална оценка за

имплементација на Патоказот за визна либерализација на Република Македонија";

 • На 8 декември 2008год., во Брисел се одржа Петтиот состанок на Советот за

стабилизација и асоцијација;

 • На 15 декември 2008год., Собранието на Република Македонија усвои Резолуција за

приоритетите во 2009 година во процесот на пристапување на Република Македонија кон

Европската унија;

 • На 10-11 март 2009год., во официјална посета на Република Македонија, престојуваше

Премиерот на Чешката Република, Мирек Тополанек, во својство на Претседател на

Европскиот совет;

 • На 12 март 2009год., Европскиот парламент во Стразбур, со 478 гласови "за", 92

"против" и 42 "воздржани", усвои Резолуција за напредокот на Република Македонија во

2008 година, врз основа на Извештајот на европратеникот Ерик Мејер

19

Page 20: urnek seminarska

 • На 28 март 2009год., се оствари неформален состанок на ниво министри за надворешни

работи на земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, Хлубока, Чешка Република.

20

Page 21: urnek seminarska

Користена литература:

Проф. д-р Ѓорѓи Тоноввски, Современа меѓународна заедица, Скопје 2008

Проф. д-р Трајан Бендевски, Право на Европска унија, Скопје 2001

Проф. д-р Димитар Мирчев, Македонската надворешна политика

Web – страници:

www.delmkd.ec.europa

www.sep. gov.mk

www.mfa.gov.mk

www.settimes.com

www.vlada.mk

http://en.wikipedia.org/wiki/Accession_of_the_former_Yugoslav_Republic_of_Macedonia_to_the_European

21

Page 22: urnek seminarska

22