utms.ccutms.cc/estudent/images/ii_ciklus/plan/upatstvomr.docx · web viewПо барање на...

28
УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДБРАНА НА М-Р ТРУД Пријава на тема и тези за магистерски труд Пријава за изработка на магистерски труд се поднесува до наставно-научниот совет на соодветниот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, по претходно положување на предвидените испити и стекнување 90 ЕКТС (за студентите на модулот 4+1, 30 ЕКТС). Заедно со пријавата, кандидатот задолжително доставува и Уверениe за положени испити и Потврда за измирени финансиски обврски кои ги обезбедува од Студентски евиденции до менторот. Кандидатот се консултира за дефинирање на темата и тезите, како и подготовка на Пријавата со професорот кој го избира како ментор. Пријавата за магистерски труд содржи: пријава од кандидатот со наслов на темата, биографија на кандидатот, образложение на научната и стручната оправданост на темата, скица на истражувањето или тези на магистерскиот труд и преглед на литературата. Насловот на темата на магистерскиот труд во пријавата на кандидатот задолжително се пишува на македонски и англиски јазик. Пријава во електронска форма студентот ја презема од е-студент, а по пополнувањето со личните податоци и потребните информации за предлог темата ја испраќа на секретарот на постдипломски студии на УТМС, електронски, на адреса:

Upload: others

Post on 04-Jan-2020

11 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

УПАТСТВО

ЗА

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДБРАНА НА М-Р ТРУД

Пријава на тема и тези за магистерски труд

Пријава за изработка на магистерски труд се поднесува до наставно-научниот совет

на соодветниот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, по

претходно положување на предвидените испити и стекнување 90 ЕКТС (за студентите на

модулот 4+1, 30 ЕКТС). Заедно со пријавата, кандидатот задолжително доставува и

Уверениe за положени испити и Потврда за измирени финансиски обврски кои ги

обезбедува од Студентски евиденции до менторот.

Кандидатот се консултира за дефинирање на темата и тезите, како и подготовка на

Пријавата со професорот кој го избира како ментор.

Пријавата за магистерски труд содржи: пријава од кандидатот со наслов на темата,

биографија на кандидатот, образложение на научната и стручната оправданост на темата,

скица на истражувањето или тези на магистерскиот труд и преглед на литературата.

Насловот на темата на магистерскиот труд во пријавата на кандидатот задолжително се

пишува на македонски и англиски јазик. Пријава во електронска форма студентот ја

презема од е-студент, а по пополнувањето со личните податоци и потребните информации

за предлог темата ја испраќа на секретарот на постдипломски студии на УТМС,

електронски, на адреса: [email protected]. Еден примерок од Пријавата, заедно со

потврдите од Студентски прашања во хард копија во два примерока студентот доставува

до предлог менторот, кој треба да ја одобри Пријавата со потпис.

Кандидатот може да пријави магистерска тема од предметите кои се дел од

соодветната студиска програма на втор циклус на која студирал. Исто така, кандидатот

може да избере ментор од листата на акредитирани ментори објавена на веб страната на

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Структурата на Скицата за изработка на магистерски труд опфаќа:

1. Актуелност на проблематиката на истражувањето (образложение на научната и

стручната оправданост на темата)

2. Предмет, проблем, појава и цел на истражувањето

Page 2: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

3. Динамика и примерок на истражување

4. Методи и техники на истражување

5. Хипотетска рамка

6. Очекувани резултати

7. Библиографија

При пријавувањето на темата и тезите за магистерски труд, кандидадот во списокот

на литература треба да наведе најмалку 60 наслови на книги и списанија од домашни и

странски автори, објавени во последните 10 години, со исклучок на одредени капитални

дела објавени пред овој временски период.

Користената литературата треба да биде наведена по азбучен редослед.

Референцирањето се врши според Chicago – Style Citation.

(http://www.chicagomanualofstyle.org/tools_citationguide.html)

Рокови и постапка

Пристигната пријава до секретарот на постдипломските студии на УТМС се

доставува до секретарот на соодветниот факултет, кој ја пријавува на дневниот ред за

разгледување на наредната седница на наставно научниот совет на конкретниот факултет,

доколку од предложениот ментор од страна на кандидатот ги добие сите документи.

Секретарот на соодветниот факултет материјалите за седницата на наставно-научен

совет им ги доставува на членовите на ННС најдоцна 2 дена пред нејзиното одржување.

На самата седница доколку се прифати темата се потврдува предложениот ментор

или се назначува друг ментор од листата на соодветни ментори (доколку предложениот

ментор е зафатен) и комисија за оценка на магистерски труд, како и термин за одбрана на

тезите за најмалку 7 дена од денот на одржување на седницата. За

прифаќањето/одбивањето на темата секретарот на факултетот му доставува на кандидатот

одлука за прифатена/одбиена тема.

По спроведената одбрана на тезите записникот, изготвен од комисијата, се

доставува до Секретарот на соодветниот факултет, кој го доставува до Службата за

студентски евиденции, за да го вметнат во досието на кандидатот, заедно со Пријавата и

потврдите.

Page 3: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

По имплементација на укажаните забелешки под менторство, студентот го

спроведува истражувањето и го заокружува магистерскиот труд со што завршува

менторската фаза. Менторот трудот го доставува (електронски) до назначената комисија.

Комисијата го разгледува трудот и работи на негово конечно дообликување со

студентот. По завршување на комисиската фаза претседателот на комисијата поднесува

записник за одобрување на трудот до ННС, а менторот го поставува трудот на детектор за

плагијати. По добивање на извештајот за плагијат, одобрен со потпис од страна на

менторот, на наредната седница на наставно-научен совет на соодветниот факултет се

поднесува Извештај на комисијата за оценка на трудот за одобрување на трудот од

претходниот став и извештајот за плагијат по што се закажува датум за одбрана на

магистерскиот труд најрано 7 дена од одржувањето на состанокот и не порано од 30 дена

од закачувањето на детектор за плагијати. Истовремено се назначува записничар и

протокол координатор на одбраната, а на веб страницата на Универзитетот се известува за

јавна одбрана.

Во случај на неодобрување на извештајот за плагијати од страна на менторот

(висок процент на плагијат) постапката, по одлука на менторот, се враќа во почетна

менторска фаза или темата сосема се отфрла.

Најмалку 5 дена пред јавната одбрана кандидатот ги поднесува укоричените

трудови (пет) и едно ЦД на секретарот на постдипломски студии на соодветниот факултет

заедно со изјава на кандидатот за оригиналност на трудот, како и лиценца и изјава на

лектор за лекториран текст (лиценцата да е нотарски заверена). Укоричените трудови и

ЦД-то се доставуваат на протокол координаторот на одбраната. Сите одлуки за време на

процедурата ги изработува и заведува секретарот на соодветниот факултет.

Понатамошната постапка околу записничарот и протокол координаторот е

пропишана со посебна Процедура за одбрана на магистерскиот труд-објавена на веб

страната на УТМС.

Структура на магистерскиот труд

Магистерскиот труд треба да ги содржи следниве делови:

1. Насловна страна(-ици), пример во Прилог

2. Апстракт

Page 4: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

3. Содржина

4. Вовед

5. Главен текст

6. Заклучок

7. Референци

8. Прилози

Насловна страна

Насловните страници се пишуваат во Аriel и не се нумерирани. Ги содржат

следните елементи:

Име на Универзитетот;

Име на факултетот

Степен на студии

Логото на универзитетот на средина

Име и презиме на кандидатот

Наслов на магистерскиот труд

под насловот пишува: магистерски труд

Звање, име и презиме на менторот

Скопје, година

o Следат уште две страници со информации за број на индекс на студентот и

комисија за одбрана на трудот (во прилог).

Апстракт

Апстрактот претставува запознавање на потенцијалниот читател на магистерскиот

труд за теоретските аспекти и истражувачките пронајдоци во трудот. Се пишува на

македонски и на англиски јазик на една страница (до 300 збора). Завршува со клучни

термини (5 - 7 термини) на крајот на истата страница. Овие страници не се нумерирани.

Содржина на магистерскиот труд

Page 5: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

Содржината е задолжителен елемент на магистерскиот труд. Тој ги опфаќа

имињата на сите поглавија, под поглавија и нивните целини (ако постојат), нумерирани и

со обележан број на страни на кои започнува одредено поглавје.

При изработката на тезите или содржината на магистерскиот труд, треба да се

користат децимални кодови (1, 1.1, 1.1.1.; нема потреба да се оди подетално од трето ниво

на расчленување) за насловите на поглавјата и поднасловите; а за да се нагласи

хиерархијата и односите помеѓу различните делови од магистерскиот труд треба да се

користи нивно поместување во десно. Потребно е да постои нумерација на бројот на

страницата, каде што се наоѓа соодветниот наслов или поднаслов во главниот текст.

Вовед

Во воведот на магистерскиот труд треба да се даде одговор на определбата за

изработка на мгистерски труд на конкретната тема од аспект на актуелност на

проблематиката на истражувањето, односно да се даде образложение за научната и

стручната оправданост на темата. Во воведот може да се даде осврт и на методологијата

на истражување, односно начинот на кој што е конципиран самиот труд. Се препорачува

воведот да се напише откако ќе се извршат сите истражувања и ќе се согледаат добиените

резултати односно, откако ќе се напише главниот дел на трудот.

Главен дел

Главниот дел е најзначаен и најголем дел од трудот. Тој содржи целини (поглавија)

кои се во врска (директна или индиректна) со насловот на трудот. Првите поглавија се

однесуваат на теориските, потоа следи методолошкиот пристап на истражувањето, додека

на крај се анализираат добиените податоци од спроведеното истражување. Секое

поглавије може да се подели на помали целини. Стилот на пишување е научен, но треба да

му се сугерира на кандидатот во својот речник да внесува минимален број на странски

зборови и изрази (само таму каде што тоа е неопходно).

Заклучок

Заклучокот се пишува на крај и претставува сублимат на претходно напишаното.

Методолошки гледано секој заклучок има отприлика 3 основни целини: првиот дел се

однесува на краткото резиме на она што е кажано напред во текстот, вториот дел се

занимава со резултатите од истражувањето и со идните тенденции во развојот на одреден

Page 6: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

процес или појава; третиот дел е личен осврт на самиот истражувач (сопствен став за

одредени прашања, што е најчесто дел од магистерскиот труд).

Користена литература

Во овој дел се наведува список на користена литература. Користење на содржини

од сајтот енциклопедија „Википедија” не е дозволено.

Литературата се наведува според преферираниот стил на цитирање (Chicago – Style

Citation) по азбучен ред, а додека изворите од интернет се наведуваат на крајот на

списокот на литературата. Ако постојат повеќе наслови од ист автор тогаш хронолошки се

подредуваат според годините на издавање. Литературата се пишува во оргинал, без

скратеници, а ако некој наслов е на странски јазик (некој од нестандардните јазици) се

пишува во оргинал или само во превод. Насловите кои се цитираат во текстот

задолжително се наведуваат и во списокот на литература и обратно, оние што се наоѓаат

во списокот на литература се цитирани во текстот.

Прилог

Прилогот ги опфаќа додатоците на магистерскиот труд. Во него се додаваат

истражувачките инструменти, табели со преглед на податоци и други документи кои се

користени во истражувачката постапка, а во трудот на посебни места авторот се повикаува

на нив, изјавата за оригиналност на магистерскиот труд, изјавата за лекториран текст и

нотарски заверената лиценца за лектор. Страниците на документите кои се дел од

прилогот НЕ СЕ НУМЕРИРАНИ.

Цитирање

Текстови и податоци изворно користени или преземени од друг извор (дефиниции

и одредени набројувања), треба задолжително да се означат како цитат во текстот на

истата страна (in text citation) на која се споменува и истите да се поместат на крајот од

магистерскиот труд во делот референци, коректно цитирани. Начинот на цитирање во

текстот е даден подолу, со напомена дека при цитирањето задолжително треба да стои и

бројот на страницата од каде е преземен соодветниот цитат.

Цитирање на книги :

Page 7: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

Презиме и почетната буква од името на авторот, (во заграда година на издание).

Наслов на делото. Име на издавачот. Место на издавање

Миленковски А, Ѓоргиевски М. (2014) Туристичка географија на Република

Македонија. УТМС. Скопје

Цитирање на текст од списание :

Презиме и почетната буква од името на авторот, (во заграда година на издание).

Наслов на делото., волумен, број, Име на издавачот, место на издавање, број на страници

во трудот во списанието.

Gjorgievski M, Milenkovski A, Nakovski D. (2015): ‘Level on adaptation of tourism

development in the region of eastern Macedonia’. UTMS Journal of economics, Volume 6

Number 1. University of tourism and management in Skopje, str. 75-83

Цитирање на текстови од зборници на трудови или монографии :

Презиме и почетната буква од името на авторот, (во заграда година на издание).

Наслов на делото.. „Назив на зборникот/монографијата“, (уредници,...), Име на издавачот,

Место на издание, број на страници на трудот во зборникот/монографијата

Ѓоргиевски М.(2011)” Anallysis of the demographic potential in function of tourism”. The

influence of tourism economic development (Уредник: Kozuharov S.) The Second International

Scientific Congress – Biennale. University of tourism and management in Skopje 27th – 29th

April, 2011 Skopje, Macedonia, str. 12-18

Цитирање на закони

Име на публикацијата. (ако постои некој број и сл.), Издавач, Место на издавање, година

на издавање.

Стратегија и политика за развој на туризмот во Република. Министерство за

економија, Скопје 2009.

Page 8: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

Закон за градба и просторно планирање. „Службен весник на РМ“, 56/09,Скопје.

Цитирање на интернет сајтови :

Сајт на државниот завод за статистика на Република Македонија,

http://www.stat.gov.mk/, прегледан на ден ....

Технички упатства за пишување:

Насловните страници се пишуваат во Ariel

Проред: 1.5 pt

Основниот текст во Times New Roman со македонска поддршка фонт 12 pt.

Mаргини: лево 2.5 цм, горе десно и доле 2 цм.

Секој нов пасус да почне со опција Tab.

Текстот да се израмни на левата и десната страна –опција Justify.

Двосложните зборови се пишуваат без растојание помеѓу зборот и цртичката (на

пример, културно-историски), а ако се пишува правец или растојание помеѓу две

места, тогаш се остава растојание (на пример: север – југ или Белград – Ниш –

Скопје – Солун).

Заградите се пишуваат покрај зборот без растојание (одвоеност) – на пример

(уверение).

Сите имиња, називи, топоними,... да се пишуваат на македонски како што се

изговараат, а само кога првпат ќе се спомене, во заграда да се наведе оригиналот,

на пример: Њу Јорк или Њујорк (New York), Тајм Сквер (Time Square)...

Називите за слика, карта, скица, табела, графикон, да се пишуваат со италик,

големина како за основен текст (12 pt), а изворот за една големина помала (11 pt).

Секоја слика, карта, скица, графикон, табела (ако не се авторски труд) мораат да

имаат извор (да се напишат со една големина помала од основниот текст и да бидат

во италик).

Page 9: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

Малите слики се ставаат напоредно со текстот, опција – frame, а можат и две слики

една покрај друга. Ако и за двете слики изворот е ист, тој може да се наведе како

заеднички на средината под двете слики (во заграда).

Кај табелите називот се пишува над, а изворот под табелата (не во заграда).

Називите на карти, слики, скици, графикони се пишуваат одоздола (под), како и

изворот (во заграда).

Насловите за слики, графикони, скици, карти, табели треба да се центрираат.

Кај сликите, картите, скиците, изворот стои во заграда после текстот, а може и во

следниот ред но центрирано.

При изработувањето на линиски графикони, за некои временски низи, тие треба да

се прикажат на хоризонталната оска со еднакви растојанијата за ист временски

период, односно не може периодот од 1950 до 1980 на графиконот да има иста

должина како периодот 1980-1990.

Картата (и план) мора да има размер или размерник.

Реченицата не може да почне со бројки.

Неправилно е неколку реченици кои следуваат една по друга да почнуваат со исти

зборови. Исто така неправилно е во една реченица да се повторува ист збор.

После римски броеви не се става точка.

Да не се пишуваат скратеници, кои не се пропишани со македонскиот правопис т.е.

или итн. или год. туку цели зборови

Ако годината се наведува во заграда по неа не се става точка, на пример (1999), а во

други ситуации зад годината се става точка, на пример: Втората светска војна

започнала во 1939 година. Првата светка војна траела од 1914 до 1918 година. Кога

кај годината се пишува од мора да има до (од 1950 до 1960).

Во табелите или графиконите по наведената година мора да има точка.

Ако во заграда се пишуваат некои години кои означуваат непрекината временска

низа тогаш тоа се прави со цртичка помеѓу, без точки помеѓу бројките и без

растојание. На пример (1956-2006).

Ознаките за мерните единици (километар, метар, хектар, целзиус...) се пишуваат на

латиница (km, m, ha…)

Page 10: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

Насловите треба да бидат рангирани според обликот и големината на буквите ( и во

текстот и во содржината не мора буквите да бидат со иста големина и во тексот и

во содржината, но мора да биде ист обликот на буквите со кои се пишува

насловот), а не со броеви (пред наслов од прв ранг може да стои римска бројка).

Арапските броеви пред насловите од втор, трет ранг не се потребни.

Насловите од прв ранг одат на нова страна центрирани, а останатите не мора да

бидат центрирани.

Хедер и футер (Header and Footer) не се пожелни.

Кај децималните броеви (во сите ситуации) се пишува запирка, а не точка како во

англискиот јазик.

Обем на магистерскиот труд

Обемот на магистерскиот труд е 150 000 - 180 000 карактери, приближно 100-120 страници без прилозите.

Технички, магистерскиот труд треба да се изработи со кирилична поддршка на

Times New Roman, големина на фонтот 12.

Истражувачките инструменти и други податоци, се додаваат во делот прилози на

магистерскиот трудот. Mагистерскиот труд треба да биде лекториран. Во прилог треба да

биде дадена изјавата на лекторот дека текстот е лекториран со приложена лиценца за

лектор заверена на нотар. Mагистерскиот труд се доставува во 5 примероци и 1 CD, во

исто време. Кандидатот при поднесување на магистерскиот труд потпишува изјава дека

истражувањето претставува сопствено оригинално истражување, самостојно изработено и

дека не претставува плагијат. Во прилогот на магистерскиот труд треба да биде

приложена: изјавата на кандидатот за неплагијат (во прилог изјава), лиценцата на

лекторот и изјавата на лекторот за лекториран текст. Кандидатот го брани магистерскиот

труд најдоцна во рок од 5 години од денот на започнувањето на академската година на

генерацијата во која кандидатот е запишан.

По барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот факултет на

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, може да одреди продолжување на рокот

за изработка на магистерски труд, за времето додека траеле причините за спреченост за

работа на магистерскиот труд. По истекот на овој рок, студентот го губи правото да го

Page 11: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

брани пријавениот магистерски труд. Барањето на кандидатот запишан на втор циклус

студии за продолжување на рокот за изработка на магистерскиот труд, се поднесува

заедно со уплатница за потврдување или повторно пријавување тема. Не може на иста

седница на наставно-научен совет за ист кандидат, запишан на втор циклус на студии, да

се разгледуваат две исти молби, на пример: барање за продолжување на рокот за

изработка на магистерски труд и барање за прифаќање на тема за изработка на

магистерски труд.

Упатството за пријавување и одбрана на магистерски труд стапува во сила на денот

на донесувањето, а ќе се применува од 01.01.2016 година.

Раководител на постдипломски студии

Проф. д-р Александра Стоилковска

Page 12: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Втор циклус постдипломски студии

ОЛИВЕРА ПЕТКОВСКА

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

ЕФЕКТИВНАТА КОМУНИКАЦИЈА ВО ФУНКЦИЈА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Ментор:

Проф. д-р АЛЕКСАНДРА СТОИЛКОВСКА

Скопје, 2015

Page 13: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ВТОР ЦИКЛУС ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Студент: Оливера Петковска

Бр. на индекс 300943

Ментор: проф. д-р Александра Стоилковска

Скопје, 2015

Page 14: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Магистерски труд

ЕФЕКТИВНАТА КОМУНИКАЦИЈА ВО ФУНКЦИЈА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Автор:Оливера Петковска

Ментор:Проф. д-р Александра Стоилковска

Комисија за оценка на магистерскиот труд:

1. ______________________________

2. ______________________________

3. ______________________________

Page 15: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

Ефективната комуникација во функција на зголемување на перформансите на

вработените

Апстракт

Трудот претставува aкционо истражување спроведено во

функција на докажување на поврзаноста на ефективната

комуникација со подобрување на перформансите на вработените, а

индиректно преку тоа и со квалитетот на работата. Третирани се

тимовите на ХХХХХ кои се единствени и до сега недостижни за

другите фирми во поглед на практицирањето на мерењето на

перформансите на вработените.

Ефективната комуникација која се остварува

со....................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................

Клучни зборови: деловна комуникација, комуникациски мрежи, перформанси,

анализа на работата, контрола на изведба, ефикасност

Page 16: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

Effective communication in order to increase the performance of employees

Abstract

This paper is action survey aimed at proving the linkage of effective

communication by improving the performance of employees, and

indirectly through it and the quality of work. Treated xxxxx teams that are

unique and until now unattainable for other companies in terms of the

practice of measuring employee performance.

Effective communication is

achieved ........................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

........................................................................................................................

....................................

Keywords: business communication, communication networks, performance,

analysis operation, control performance, efficiency

Page 17: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

СОДРЖИНА

ВОВЕД ............................................................................................................................. 2

ГЛАВА 1 ......................................................................................................................... 2

ТЕОРЕТСКИ ПРИОД ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО ........................................................ 2

1. Комуникација .......................................................................................................2

1.1. Процес на комуникација

1.2. .........

1.3. ........

1.4. ......

2. Ефективна комуникација .................................

2.1. .............

2.2. .................

2.3. ........

3. Перформанси на вработените

3.1. Мерење на перформанси

3.2. Алатки за мерење на перформанси

3.3. ...........

ГЛАВА 2 .................................................................................................

МЕТОДОЛОШКИ ПРИОД ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО .........................

4. Вовед во истражувањето ................

4.1. Предмет на истражувањето....

4.2. Проблем и појава на истражувањето............

4.3. Динамика на истражувањето .................................

4.4. Методи и техники на истражувањето .................

4.5. Очекувани резултати

4.6. Хипотетска рамка ...............................................

ГЛАВА 3 ......................................................................................

Page 18: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

КВАНТИФИКАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ .............................

5. Квантитативна анализа ...............

5.1. Анализа на .......

5.2. Анализа на.............

6. Квалитативна анализа и доказ на хипотезите.................

6.1. Варијабла 1.1...............................................

6.2. Доказ на хипптеза ............

6.3. Јхкабцф...........

ЗАКЛУЧОК ................................................

ПРЕДЛОГ МЕРКИ ..............................................

РЕФЕРЕНЦИ .......................................

ПРИЛОГ ...................................................................................................

Page 19: utms.ccutms.cc/estudent/images/II_CIKLUS/plan/UPATSTVOMR.docx · Web viewПо барање на студентот, наставно-научниот совет на соодветниот

И З Ј А В А

На кандидатот за оригиналност на магистерискиот труд

Кандидат: ______________________________________________________________

Наслов на магистерскиот труд:

________________________________________________________________________

________________________________________________________________________

Изјавувам дека:

1. Овој магистерски труд е оригинален и во целост е резултат на мое

истражување; не содржи делови на текст кои биле претходно објавувани и

како таков не повредува ничии сопственчки или авторски права,

2. Во целост ја преземам одговорноста за спроведеното истражување, анализа

и интерпретација на податоците и заклучоците,

3. Користените библиографки референци се јасно наведени во самиот труд и

во рамките на користената литература,

4. Доколку се користени идеи, графикони, слики или наводи на други автори,

јасно е нагласено повикувањето на изворот во согласност со пропишпаните

стандарди на Универзитетот.

5. Доколку се користени делови на текст од други автори во поголема мера,

потврдувам дека имам обезбедено дозвола од сопственикот на авторските

права да ги вклучам деловите во магистерскиот труд.

6. Овој магистерски труд (или дел од него) нема да биде објавен, ниту пратен

на објавување во ниту едно списание или публикација, до извршената јавна

одбрана на истиот.

Датум: Потпис на кандидатот:

__________ ________________________