wordpress.com · web view2020/05/06  · триењето е контактна сила која...

14
ЧАС 63 ТРИЕЊЕ (стр.148-149) Сте се запрашале ли некогаш зошто толку лесно се лизгаме кога ке застанеме на мраз?Или пак зошто книгата набрзо ке запре ако ја турнеме по површината од масата? Тоа е така бидејки на неа делувала некоја сила која не дозволила да се лизга подолго. Станува збор за силата на триење. Онаа сила што се создава на допирните површини помегу две тела кога тие ке почнат да се движат во спротивни насоки и при тоа го забавува нивното движење. Што ке се случеше ако книгата ја турневме по мраз? - Точно книгата ке се лизгаше подолго време! - Но зошто? Тајната се крие во различната рапавост на двете површини. Мразот е мазен, а масата е рапава. Затоа и ОТПОРОТ што се јавува при триењето е различен. Мазните површини имаат многу помала сила на триење, во споредба со рапавите. Па затоа и отпорот кој се јавува при триењето е помал кај мазните, а поголем кај рапавите површини или тела. На овој час го воведувам зборот триење , како сила која ги забавува нештата. Вежба за учениците – тријте ги дланките на рацете една од друга, но брзо, за да почувствуваат како се создава топлина.(Во тетратките запишете што почуствувате?)

Upload: others

Post on 01-Feb-2021

9 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

ЧАС 63 ТРИЕЊЕ (стр.148-149)

Сте се запрашале ли некогаш зошто толку лесно се лизгаме кога ке застанеме на мраз?Или пак зошто книгата набрзо ке запре ако ја турнеме по површината од масата?

Тоа е така бидејки на неа делувала некоја сила која не дозволила да се лизга подолго.

Станува збор за силата на триење. Онаа сила што се создава на допирните површини помегу две тела кога тие ке почнат да се движат во спротивни насоки и при тоа го забавува нивното движење.

Што ке се случеше ако книгата ја турневме по мраз?

· Точно книгата ке се лизгаше подолго време!

· Но зошто?

Тајната се крие во различната рапавост на двете површини. Мразот е мазен, а масата е рапава. Затоа и ОТПОРОТ што се јавува при триењето е различен.

Мазните површини имаат многу помала сила на триење, во споредба со рапавите. Па затоа и отпорот кој се јавува при триењето е помал кај мазните, а поголем кај рапавите површини или тела.

На овој час го воведувам зборот триење, како сила која ги забавува нештата. Вежба за учениците – тријте ги дланките на рацете една од друга, но брзо, за да почувствуваат како се создава топлина.(Во тетратките запишете што почуствувате?)

Каде се среќаваме со триење во секојдневниот живот? Насекаде!?(Запишете неколку примери во тетратките).

Вежба за дома-Туркајте играчка автомобил (држејќи ја, но бавно). Ако го сторите тоа многу брзо, што ќе се случи? Каде има триење?

Триењето е сила што има спротивна насока на движењето.

Забелешка: триењето е контактна сила која прави отпор на движењето на површината. Постојат неколку видови на триење кои се јавуваат помеѓу цврсти или течни површини. При триењето се ослободува топлинска енергија (работите се загреваат).

Играчка

Туркање Триење

Насока во која се дижи играчката

Погледнете го видеото и лесно ке научите што е триење!

https://www.youtube.com/watch?v=PNDRIicw4E0&feature=emb_rel_end

Заклучете дека триењето е сила која дејствува во обратна насока на движењето. Понекогаш треба да се намали, а тоа го правиме со подмачкување. Пример во фабриките каде што се користат големи машини, контактните површини се премачкуват со масло за да се намали триењето и машната подобро да работи.

Ученици научете ја лекцијата и одговорете на барњата зададени погоре!

Се што не е јасно прашајте ме! Овој материјал треба да го завршите до 20 Мај!

ЧАС 64 МЕРЕЊЕ НА ТРИЕЊЕТО (стр. 150-151)

Учениците на овој час ќе истражуваме каде е корисно триењето.

• Секој ученик нека ги погледне ѓоновите на своите чевли (или на разните чевли кои ги имате дома) и нека опишат какви се. Ако тие имаат шари на дното споредете ги со другите. (патики, балетанки, чизми, папучи и др.) Објаснете во вашите тетратки зошто некои чевли (пр. патиките) може да имаат повеќе шари од обичните чевли. Споредете со други обувки и предложете причини за овие разлики, поврзувајќи го триење потребно за време на носењето на соодветните чевли.

Додатна активност: Зошто е толку тешко да се оди на мраз? Кои се разликите помеѓу зимските и летните гуми?

Откако ке ја научите лекцијата добро во вачите тетратки напишете по три примери каде што триењето е корисно.

Составете план за експеримент со кој ке го измериме триењето во дадениот експеримент.

Заклучете дека триењето е извонредно корисна сила и движењето без неа би било невозможно.

Овој материјал треба да го завршите до 20 Мај!

ЧАС 65 ПОВТОРУВАЊЕ ЗА СИЛИ И ТРИЕЊЕ

1. Одговори на прашањата:

а). Со кој инструмент се мери масата на телата и предметите?

_____________________________________________________

б). Во која единица се изразува масата?

_____________________________________________________

в). Со кој инструмент се мери тежината на телата и предметите?

______________________________________________________

г). Во која единица се изразува тежината?

_______________________________________________________

2. Учениците од шесто одделение мереле маса и тежина. Пополни ја табелата се резултати. Не заборавај да ја запишеш и единицата во која се изразуваат масата и тежината.

ПРЕДМЕТ

МАСА

ТЕЖИНА

ВРЕКА СО БРАШНО

400

ПАКЕТ СО СОК

25

УЧЕНИКОТ ТРАЈЧЕ

52

КАМЕН

1

3. Под секоја слика напиши која сила дејствува:

4. Во оваа вежба треба да ги откриеш силите што се во рамнотежа и силите што не се .

Погледни ја илустрацијата и потоа подвлечи го точниот збор за да биде вистинито секое тврдење дадено подолу:

А) Силите што дејствуваат на ситуацијата на сликата можеме да речеме дека се сили на туркање – влечење.

Б) Силите што дејствуваат на ситуацијата на сликата дејствуваат во иста – спротивна насока.

В) Силите се еднакви – не се еднакви по големина.

Г) Силите се – не се во рамнотежа.

Д) Поголема од силите е таа што е насочена во лево – десно

Ѓ) Помала од силите е таа што е насочена во лево – десно

Е) На сликата е прикажано движење во лево – десно

5. Објасни го дејството на силите на предметите прикажани на секоја од сликите.

А).

Б).

В)

Г)

Овој материјал треба да го завршите до 20 Мај!

6. Јован летал змеј

А) Од каде змејот добива енергија за да може да лета?

Б) Што ке се случи со змејот ако одеднаш ветерот престане да дува?

В) Што мислиш, зошто змејовите се прават од многу лесни материјали?

7. За сњкоја ситуација објасни дали силата на триење е корисна или нејзиното постоење создава проблеми.

СИТУАЦИЈА

Корисна

Проблем

Автомобилот кочи и забавува

Чорапите се литат(кинат)

Моливот станува тап

Добиваш плускавец од твоите чевли

Топката што си ја шутнал престанува да се тркала

Облеката станува чиста кога ја триеш со сапун

8. Заокружи Т за точно и Н за неточно по секое тврдење.

А) Силата на триење овозможува телата кои се допираат со своите површини да се движат полесно. Т Н

Б) Силата на триење не може да ги придвижи телата. Т Н

В) Силата на триење го спречува лизгањето на телата во текот на нивното движење по подлогата. Т Н

Г) Силата на триење е поголема помегу две тела ако ги триеме слабо притиснати едно до друго отколку кога се посилно притиснати. Т Н

9. Во оваа вежба треба да ги проучиш и да извршиш анализа на резултатите добиени од истражувањето поврзано со силата на триење.

Емина и Мира мереле колкаво растојание ке помине дрвен блок ако се пушти да се лизга по една штица. Еве ги резултатите кои ги добиле тие.

МАТЕРИЈАЛ ВРЗ ШТИЦИТЕ

РАСТОЈАНИЕ ШТО ГО ПОМИНАЛО БЛОКОТ ВО САНТИМЕТРИ

КАРТОН

75

НАЈЛОН

120

ШМИРГЛА

25

САЛФЕТИ

50

А) На која од површините по кои се движеше телото му дејствуваше најголема сила на триење?

Б) Како го заклучи тоа?

В) Зошто токму потаа површина силата на триење беше најголема?

Г) На која од површините по кои се движеше телото му дејствуваше најмала сила на триење?

Д) Како го заклучи тоа?

Ѓ) Зошто токму потаа површина силата на триење беше најмала?

Е) Предложи начин со кој ке ја намалиш силата на триење што дејствува на дрвениот блок при неговото движење по секоја од површините?

УЧЕНИЦИ ОДГОВОРЕТЕ ГИ ПРАШАЊАТА ЗАДАДЕНИ ВО ОВОЈ ДОКУМЕНТ И ОДГОВОРИТЕ ПРАТЕТЕ МИ ГИ НА МОЈАТА Е МАИЛ АДРЕСА! (НАПИСЕТЕ ПРАШАЊА ЗА ПОВТОРУВАЊЕ)

АКО ИМА НЕЈАСНИ РАБОТИ ПРАШАЈТЕ МЕ!

ЗА ПОЛЕСНО ДА ГИ ОДГОВОРИТЕ БАРЊАТА ПОВТОРЕТЕ ГИ ПРЕТХОДНИТЕ ЛЕКЦИИ!

Овој материјал треба да го завршите до 20 Мај!

ЧАС 66 ОТПОР НА ВОДАТА ЛЕБДЕЊЕ И ТОНЕЊЕ

Потешко е да се движиме под вода отколку на воздух. Тоа се случува затоа што во водата молекулите се поблиску една до друга во однос на молекулите на воздухот.

Кога телото се движи низ водата на него дејствува силата на триење насочена во спротивна насока од движењето. Кога некое тело се движи низ водата тоа ја турка водата од својот пат , при што водата се трие по страните од телото, дејствувајки со сила насочена спротивно од насоката на движење на телото. Силата со која водата дејствува на телото се нарекува сила на отпор на водата . Оваа сила го отежнува движењето низ водата.

На телата во вода дејствуваат и други сили. Гравитацска сила го влече телотонадолу. Спротивна насока има силата на потисок, што му овозможува на телото да остане на површината на водата.

Колку побрзо се движиме низ водата ,толку повеке се зголемува и отпорот на водата.Силата на отпорот зависи од димензиите (големината) на телото. Така, ако три тела (три топки со различна големина) се движат низ водата со иста брзина, најголема сила на отпор дејствува на топката со најголем радиус.

Големината на силата на отпор зависи и од формата на телата. Телата кои може да се движат со гоема брзина низ вода имаат хидродинамична форма.

Отпорот на водата зависи и од густината на водата. Пливањето во солена вода е мошне интересно. Поради големите концентрации на сол капачите лебдат на површината на водата и не може да потонат лесно.

Лебдење е кога некое тело останува на површината на водата.

Тонење е кога телото целосно е потопено во течноста.

Дали телото ке лебди или тоне зависи од густината на телото и силата на потисок.

Овој материјал треба да го завршите до 20 Мај!

ЧАС 75 ОТПОР НА ВОЗДУХОТ

Дали некогаш си ја извадил и си ја држел раката надвор од прозорецот на автомобил што се движи? Што почувствува?

Воздухот е смеса од гасови. Поради тоа што честичките од гасовите се одбиваат од телата кои се движат, на телата им дејствува сила. Ваквата сила се нарекува ОТПОР НА ВОЗДУХОТ. Отпорот на воздухот дејствува на телата кои се движат и ја намалува нивната брзина. Колку е поголема површината на телото или предметот што се движи , толку е поголем отпорот на воздухот.

Отпорот на воздухот дејствува и кога телата пагаат и ја намалува брзината на нивното пагање. Падобранот го користи отпорот на воздухот за да го забави пагањето. Падобранот има многу мала маса, но многу голема површина. Кога тој е отворен на неговата површина се судираат многу честички од воздухот и со тоа на него дејствува голем отпор на воздухот.

АКТИВНОСТ ЗА ДОМА(оваа активност не е задолжителна) :

ПРАВЕЊЕ ПАДОБРАН

Ќе ти биде потребно: конец, најлонска кеса, самолеплива лента, ножици, тег, часовник

Исечи поголем квадрат од најлонската кеса . Пресечи ги аглите од квадратот со цел да добиеш октагон. (фигура со осум страни).

На секој од осумте агли што ги имаш направи мал отвор. Во секој од отворите протни конец и врзи го. Внимавај должината на секој од осумте конци треба да биде иста.

Со помош на самолеплива лента залепи ги конците за тегот.

Качи се на столче и пушти го падобранот. Запиши го времето кое е потребно за падобранот да падне на земјата. Истото повтори го уште три пати. Сите резултати што си ги добил запиши ги во табела. Овој материјал треба да го завршите до 20 Мај!