what we know about mephedrone мк

17
Научен сор. Д-р. Сци Нико Беќаровски Универзитетска клиника за токсикологија 1

Upload: niko-bekjarovski

Post on 27-Jul-2015

116 views

Category:

Health & Medicine


14 download

TRANSCRIPT

Page 1: What we know about mephedrone мк

Научен сор. Д-р. СциНико Беќаровски

Универзитетска клиника за токсикологија 1

Page 2: What we know about mephedrone мк

Mephedrone е вообичаеното име за 4-methylmethcathinone, кој е синтетизи-ран катионин од фенетил-аминската група, од кој се разликува само по кето групата на местото на еден јаглероден атом.

Meфедрон хидрохлоридот е бел прашок, додека неговата слободна база е жолтеникава течност на собна температура.

Meфедронот обично се продава како бел или дискретно пребоен, во вода растворлив прашак.

Растворен се користи oроректално или интравенски, но откриени се и капсуларни облици.

2

Page 3: What we know about mephedrone мк

Meфедронот се метаболизира до следните метаболити: normephedrone, nordihydromephed-rone, norhydroxytolyl mephedrone, 4-carboxy-dihydro mephedrone, hydroxytolyl mephedrone.

Не постојат релевантни податоци колку долго мефедронот и неговите метаболити остануваат детектибилни ,односно стабилни во биолошки примерок.

Гас хроматографијата заедно со мас спектромет-ријата, (GC-MS) и течната хроматографија во комбинација со мас спектрометријата,(LC-MS) се единствените техники за детекција на мефедронот и неговите метаболити.

3

Page 4: What we know about mephedrone мк

4

Meфедронот досега нема никакво познато медицинско дејство применливо кај човекот или животните.

Нема информации дека мефедронот се користи за производство на било каква активна супстанца во било која фармацевтска куќа во Европа.

Meфедронот најлесно може да се набави преку интернет каде се рекламира на сите страни кои содржат “HERBAL HIGHS” и “LEGAL HIGHS” производи. Моменталната цена изнесува 15 евра/грам.

Page 5: What we know about mephedrone мк

Meфедронот се користи во поединечни дози од 50–250 mg, иако поради должината на дејството често во една сеанса се користат дози помеѓу 0.5–2 грама.

Појавата на саканите ефекти е15–45 минути по орална ингестија и само за две-три минути по назална или интравенска апликација.

Корисниците рапортираат дека саканите ефекти траат околу 2–3 часа и токму затоа често се користат мултипли дози за продолжување на саканиот ефект.

5

Page 6: What we know about mephedrone мк

Мефердонот има сличен механизам на делување со другите стимулативни дроги (го блокира reuptake-от и го стимулира ослободувањето на невротрансмитерите како serotonin, dopamine и norepinephrine), поради што и се појавуваат симпатикомиметички ефекти како дилатирани зеници, хипертензија, тахикардија, агитираност. Овие ефекти се слични со ефектите кои се среќаваат при конзумирање на, MDMA (екстази) и cocaine (крек).

Досега нема објавени студии за психолошките и бихејвиоралните ефекти на мефедронот кај луѓето, но корисниците најчесто ги опишуваат следните ефекти:

Eуфорија, стимулација, зголемена музикалност, подобрено расположение, подобрени ментални

функции и умерена сексуална стимулација.

6

Page 7: What we know about mephedrone мк

Главен начин на внес на мефедронот е инхалација snorting (nasal insufflation) и оралниот внес, по растворувањето на прашокот во вода. И.В. апликација иако е можна ретко е опишана.

Несаканите ефекти вклучуваат пулсни главоболки, екстремни тахикардии, палпитации, наузеа, градна болка, bruxism (тресење на забите), aгитираност/aгресивност и параноја.

Назалната инсуфлација по извесно време доведува до сигнификантна иритација и болка во носната шуплина, што е причина голем дел од корисниците да поминат на орална ингестија.

Зголемената сексуалност не е поврзана со девијантни сексуални однесувања и манијакалност.

7

Page 8: What we know about mephedrone мк

8

Сите достапни информации за акутната токсичност на мефедронот се од случаите регистрирани во токсиколошките информативни центри во Британија и Шведска.

Најчести нотирани ефекти се: дилатирани зеници, агитираност, тахикардија, резистетни аритмии и епилептиформни напади.

Слично со другите психостимулативни дроги токсичноста најверојатно зависи од дозата иако се уште не може да се одреди долниот праг на токсичност и кој начин на внес е поврзан со поголем ризик.

Целокупното досегашно искуство заклучно со 31.12.2010 година е лимитирано на 137 досега нотирани пациенти низ цела Европа, САД и Канада.

Page 9: What we know about mephedrone мк

Податоците од нотираните акутни труења покажуваат дека најголем број од пациентите истовремено внеле најмалку уште една супстанца со мефедронот.

Сепак аналитички се докажани и труења по конзумирање исклучиво на мефедрон.

Досега се рапортирани два смртни исходи по предозираност со мефедрон (Шведска и Г.Б), но рапортирани се уште 37 други смртни исходи во Ирска и Г.Б во кои пост мортем е детектиран мефедрон како една од супстанците која предизвикала смрт.

9

Page 10: What we know about mephedrone мк

Силниот порив за конзумирање на мефедрон е забележан кај мал дел на корисници и токму тоа е најчеста причина за внес на многу поголеми дози од неопходните, што не е карактеристика за останатите психостимулативни дроги.

Апстиненцијалниот синдром кај најголемиот број на корисници не е сигнификантен и се карактеризира со назална конгестија, недостаток на сон и касно будење.

Toлеранцијата, појавата на психолошки симптоми, а многу поретко на физички симптоми на зависност е нотирана само кај корисниците кои биле на екстремно високи дози и кои го конзумирале мефедронот секојдневно.

10

Page 11: What we know about mephedrone мк

Физичките ефекти на мефедронот доста наликуваат на ефектите при конзумирање на MDMA (екстази), но неговото кратко дејство и потребата од репетирачки дози го доближува неговото дејство до кокаинот.

Наодите сугерираат дека мефедронот

има потенцијал да предизвика зависност, но за дефинитивен став неопходни се подлабоки студии, поголем број на испитаници и секако подолг период на конзумирање.

11

Page 12: What we know about mephedrone мк

Да ги информираме здравствените работници во нашата држава за оваа нова психостимулативна рекреативна интернет дрога.

Да го детерминираме моменталното знаење за мефедронот меѓу лекарите и специјалистите од оваа област

Да го утврдиме знаењето за мефедронот меѓу хероинските зависници, третирани на нашата Клиника.

12

Page 13: What we know about mephedrone мк

Анализирани се три различни групи: 20 специјализанти по Интерна медицина 10 специјалисти кои работат со хероински

зависници 30 хероински зависници третирани на

Клиниката. Сите одговорија на следните прашања:1.Дали знаат што е Mephedrone? 2.Ако да , кои се ефектите и несаканите дејства?3.Само III група беше анкетирана дали има било

какви искуства со мефедронот?

13

Page 14: What we know about mephedrone мк

Само 5% (1/20 специјализанти) имаа основни познавања.

20% oд специјалистите кои работат со хероински зависници (2/10) имаа доволно познавања за оваа нова дрога.

30% oд хероинските зависници (9/30) веќе имаа слушнато и прочитано за неговите ефекти, дозите несаканите ефекти.

Двајца зависници (7,5%) имаа лични искуства со мефедронот во текот на нивниот престој во Лондон и Ротердам.

14

Page 15: What we know about mephedrone мк

15

Page 16: What we know about mephedrone мк

Meфедронот е нова психостимулативна дрога која рапидно се шири од Северниот кон јужниот дел на Европа.

Зависниците секогаш се барем еден чекор понапред во информациите и знаењето за новите дроги во однос на здравствените работници.

Повеќе од неопходно е континуирана медицинска едукација за запознавање и следење на најновите синтетски дроги.

16

Page 17: What we know about mephedrone мк

17