word1

26
Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот --------------------------------------------------------------- -------------------------------------------------- Врз основа на член 21-а* од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Р.М. број 4/96, 18/99, 53/2001 и 45/02), Министерот за транспорт и врски донесе ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат стандарди и нормативи во урбанистичкото планирање, кои задолжително се применуваат при изработка на Генерален урбанистички план (во понатамошен текст ГУП), Детален урбанистички план (во понатамошен текст ДУП), Урбанистичка документација за населено место (во понатамошен текст УДНМ) и Општ акт (во понатамошен текст ОА) според член 25* од Законот за просторно и урбанистичко планирање (во понатамошен текст Законот). Член 2 Со стандардите и нормативите во урбанистичкото планирање се утврдуваат начелата за организирање на просторот во услови на одржлив развој (Агенда 21), естетско обликување на просторот и рационално користење на истиот, при што обврзно се заштитува Јавниот интерес и Соседското право во просторот. Член 3 При планирањето на просторот, обврзно да се почитува историското, културното и градителското наследство, со акцент на планови за ревитализација на старите градски јадра или посебни локалитети -целини со амбиентални вредности. При планирањето потребно е да се постави јасен концепт, а за ДУП обврзна е квалитетна композициона поставка. При планирање на косите терени обврзно е да се почитуваат визурите и ведетите, како и да се почитува и заштитува културниот пејсаж. Член 4 Јавниот интерес во просторот се заштитува со поставување регулациони и градежни линии во плановите кои не смеат да се повредат. Регулационите линии (РЛ) го дефинираат просторот на сообраќајниот коридор, односно инфраструктурните водови. Регулационата линија се утврдува врз основа на карактерот на сообраќајницата (види поднаслов СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ 1

Upload: frimen19

Post on 01-Nov-2014

64 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Врз основа на член 21-а* од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Р.М. број 4/96, 18/99, 53/2001 и 45/02), Министерот за транспорт и врски донесе

ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1 Со овој правилник се пропишуваат стандарди и нормативи во урбанистичкото планирање, кои задолжително се применуваат при изработка на Генерален урбанистички план (во понатамошен текст ГУП), Детален урбанистички план (во понатамошен текст ДУП), Урбанистичка документација за населено место (во понатамошен текст УДНМ) и Општ акт (во понатамошен текст ОА) според член 25* од Законот за просторно и урбанистичко планирање (во понатамошен текст Законот).

Член 2Со стандардите и нормативите во урбанистичкото планирање се утврдуваат начелата за организирање на просторот во услови на одржлив развој (Агенда 21), естетско обликување на просторот и рационално користење на истиот, при што обврзно се заштитува Јавниот интерес и Соседското право во просторот.

Член 3При планирањето на просторот, обврзно да се почитува историското, културното и градителското наследство, со акцент на планови за ревитализација на старите градски јадра или посебни локалитети -целини со амбиентални вредности.При планирањето потребно е да се постави јасен концепт, а за ДУП обврзна е квалитетна композициона поставка.При планирање на косите терени обврзно е да се почитуваат визурите и ведетите, како и да се почитува и заштитува културниот пејсаж.

Член 4Јавниот интерес во просторот се заштитува со поставување регулациони и градежни линии во плановите кои не смеат да се повредат. Регулационите линии (РЛ) го дефинираат просторот на сообраќајниот коридор, односно инфраструктурните водови. Регулационата линија се утврдува врз основа на карактерот на сообраќајницата (види поднаслов СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА) или потребната широчина на инфраструктурен коридор. Градежната линија (ГЛ) може да се поклопува со регулационата линија или да е повлечена паралелно или косо во однос на истата. Градежната линија може да има кружна или елипсовидна форма во зависност од потребите на композиционото решение и можноста за прегледност на крстосниците. Од аспект на општите климатски услови во Македонија се препорачува, долж сообраќајниците, односно во зоните на изразита пешачка фрекфенција, поставување трем, при што се утврдува покрај Градежна линија (ГЛ) и Градежна линија на приземјето во тремот (ГЛТ).

Член 5Соседското право во просторот е правото на еколошки чиста средина, право на сообраќаен пристап, право на осончување, право на аерација, право на семејна интимност, а за објекти на косите терени и право на визура, а кои права влегуваат во вкупната вредност на објектот како сопственичко право кое е загарантирано со член 8 од Уставот на Р.М како темелна вредност. Овие права задолжително се заштитуваат. Соседското право се заштитува врз основа на градежните линии, растојанијата до

1

Page 2: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

соседниот објект или ограда, висината на горниот венец на објектот, видот и нагибот на кровот и други параметри кои задолжително се утврдуваат во одредбите за спроведување на планот (види поднаслов УРБАНИСТИЧКИ СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ).

Член 6Изразите кои се применети во овој правилник го имаат следното значење:

Регулациона линијасе искажува во ГУП и ДУП, ја дефинира наменската употреба и претставува гранична линија помеѓу различни намени на градежното земјиште, односно линија која дефинира урбан и инфраструктурен коридор.

Градежна линијасе искажува во ДУП и претставува линија на која задолжително се поставува објектот на ниво на приземје.

помошна градежна линијасе искажува во ДУП и претставува линија со чија помош се дефинира крајната можност за градба на ниво на приземје.

венец на прв катпретставува обликовен фасаден елемент кој визуелно висински го издвојува приземјето и мезанинот (во колку го има) од катовите на објектот.

горен венец на објектотпретставува обликовен фасаден елемент кој визуелно висински го издвојува најгорниот кат од кровната маса.

бруто планска површинапреставува површина со една намена ограничена со регулациони линии.

нето планска површинапретставува површина дефинирана со градежните линии.

нето развиена планска површинапретставува површина дефинирана со градежните линии зголемена со површината од сите катови. На оваа површина се додава површината на поткровјето и тоа 70% од катната површина на објектот за прво ниво на поткровјето и 30% од катната површина на објектот за второ ниво на поткровјето. При тоа, за домување катната висина условно се утврдува од 2,8 до 3,2м. а за комерцијална намена и друга јавна намена* катната висина условно се утврдува од 3,5 до 5,5м. Второ ниво на поткровје се утврдува за објекти пошироки од 15м.

урбан блок(од законот)

урбан модул(од законот)

урбанистичка парцелапретставува површина дефинирана со линии и точки на прекршување утврдени со геодетска подлога на која може да се гради еден објект или комплекс.

коефициент на искористување на земјиштето (Ки)претставува однос помеѓу нето развиената планска површина и бруто планската површината во рамките на регулационите линии.

процент на изграденост на земјиштето (Пи)претставува однос помеѓу нето планска површина и бруто планската површината во рамките на регулационите линии, помножена со 100.

коефициент на просторностпретставува однос помеѓу зафатнината на објектот или објектите во м3 и бруто планската површината во рамките на регулационите линии.*

магистрална улица

2

Page 3: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

претставува сообраќајница која се состои од два коловози со најмалку по две сообраќајни ленти и разделно зеленило меѓу коловозите, а крстосниците се решаваат во повеќе нивои. Во помали населени места се дозволува без разделно зеленило, а крстосниците се решаваат во ниво со примена на меѓусебна координирана семафорска сигнализација.

собирна улицапретставува сообраќајница која се состои од најмалку две сообраќајни ленти, а вкрстувањето со другите сообраќајници е на исто ниво.

сервисна улицапретставува сообраќајница која се состои главно од две сообраќајни ленти, а вкрстувањето со другите сообраќајници е на исто ниво.

станбена улицапретставува сообраќајница која се состои од две сообраќајни ленти, а врските со другите сообраќајници е на исто ниво.

пешачка улицапретставува површина на која се одвива исклучиво пешачко движење и сообраќај на интервентни возила (возила за специјална намена: ПП возила, полиција, итна медицинска помош)

сообраќаен пристаппретставува површина која овозможува пристап на пешаци и возила до одредена урбана парцела.

2. УРБАНИСТИЧКИ СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ

Член 7Регулационата линија (РЛ) ја поставува планерот. Во случај каде што се поклопува регулационата линија со градежната линија се дозволува отстапување од регулационата линија на горниот дел од објектот над венецот на првиот кат, кој во ваков случај не може да биде пониско од 4,5м од тротоарот. Отстапувањето се пропишува со одредба во планот, а во зависност од широчината на сообраќајниот коридор и не може да биде поголемо од 1,5м. Ова отстапување мора минимално да биде повлечено за 1,5м. и од разделната линијата со соседот (во колку објектот оди до оградата на соседот). Сообраќајниот коридор кој е дефиниран со регулациони линии не може да биде потесен од 8,5м.

Член 8Градежната линија на објектот (ГЛО) ја поставува планерот. На градежната линија обврзно се поставува објектот со крајната вертикална рамнина на приземјето или слободностоечките столбови (во колку планирањето е тремовско). Дозволено е отстапување на дел од 30% од должината на објектот, кој не мора да лежи на градежната линија и е повлечен внатре во парцелата.Планерот може да постави и помошни градежни линии, како крајни лимити за поставување на идниот објект. Отстапувањето од градежните линии е дозволено за горниот дел од објектот над венецот на првиот кат и се пропишува со одредба во планот, зависи од минималните растојанија до оградата на соседот и не може да биде поголемо од 2м.. Ова отстапување мора да биде повлечено од линијата на соседот за минимум 1,5м (во колку објектот оди до оградата на соседот).Поставувањето на помошните градежни линии и дозволеното отстапување на горниот дел од истите мора да овозможи и во зимскиот период 1 час осончување на соседниот објект, односно осончување на просториите за дневен престој и спиење.

3

Page 4: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Планерот може да постави и градежна линија на тремот (ГТЛ), ова особено за централните градски јадра. Во ваков случај приземјето на објектот е на нивото од тротоарот и задолжително се поставува на градежната линија на тремот и не смее да ја наруши. Минималното растојание од градежната линија на објектот до градежната линија на тремот е 3м.Делот од објектот под приземјето може да излегува од градежните линии без ограничување до оградата према соседната урбана парцела и према регулационата линија. Во ваков случај нивото на приземјето не може да биде поставено повисоко од 0,9м. над котата на тротоарот.Во случај на надградба на постоечки објект дозволено е отстапување вон градежните линии за димензиите на носечката конструкција –столбовите, утврдени со статичката пресметка.

Член 9Минималните растојанија на најистурениот дел од објектот, освен стреата на објектот, до оградата на соседот е 3м.Во случај на надградба на постоечки објект дозволено е отстапување од ова растојание за димензиите на носечката конструкција -столбовите, утврдени со статичката пресметка. Во плановите потребно е да се утврдат зоните во кои објектите, односно урбанистичките парцели можат да се спојуваат. Во овие зони објектите може да се протегаат од сосед до сосед или при спојување на урбанистичките парцели да се третираат како еден објект. Правото на спојување може да се оствари исклучиво со заемна согласност на два или повеќе соседи, сопственици на урбанистичките парцели.

Член 10Во подрачја наменети за домување, во случај урбанистичката парцела да има фронт према улицата помал од 12 метри, објектите задолжително се спојуваат во двокуќи или низ. Низот не може да биде подолг од 42м.При поставување објекти во низ минимален фронт на една урбанистичка парцела према улицата не може да биде помал од 6м. а површината на урбанистичката парцела не може да биде помала од 100м2. При поставување објекти како двокуќи минималниот фронт на една урбанистичка парцела према улицата не може да биде помал од 9м. а површината на урбанистичката парцела не може да биде помала од 135м2.

Член 11При планирањето на подрачјата наменети за домување се утврдува норматив од 20м2 по жител нето развиена планска површина, како минимум.

Член 12При планирањето на подрачјата според наменската употреба се утврдуваат нормативи дадени во следните табели:

ДОМУВАЊЕ СО ПОСЕБНА НАМЕНА(ДС)

ВИД НОМЕНКЛА

ТУРА

ТЕРМИНОЛОГИЈА

Норматив (минимална вредност) Радиус на опслужу-вање во метри

ЗАБЕЛЕШКАКомплекси Под објектха м2/ж м2/кор м2 м2/ж м2/кор

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11Домување со посебна намена

Детски дом

Установа за прифаќање незгрижени деца

1,20 0,3 80 800 0,02 8 Број на корисници 100-150

Ученички дом

Установа за прифаќање деца без

1,20 0,3 80 800 0,02 8 Број на корисници 100-150

4

Page 5: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

родители и воспиту-вање запоставени деца

Домови за глуво-

неми деца

Установа за оспособу-вање дефектни деца

0,90 0,09 601 500 0,0 15 20 Број на корисници 150

Дом за млади и возра-сни

Дом за слепи

Установа за школување и оспособу-вање слепи

0,50 0,05 50 100 0,01 20

Општо прифати-

лиште

Установа за сместување застранети лица

0,15 0,015 15 500 0,005 10 Површина на комплексот 0,3-0,5ха. по легло 10-15м2

Рабо-тничко

прифати-лиште

Установа за сместување работници

0,2 0,002 20 500 0,005 15 Површина на комплексот 0,2-0,3ха.бруто развиена градежна површина 15-20м2/кор.

Медицинско-педа-

гошко совету-валиште

Установа во која се добиваат совети за профилот на организац-ијата на опште-ството

- - - - - - - Површина на комплексот и големина на објектот според специфична програма

Дом за стари лица

Дом за пензионе

ри

Установа за домување на пензионирани лица

0,3 0,006 30 150 0,03 15 Површина на комплексот 0,3-0,5ха. бруто развиена градежна површина 15-25м2/кор

Дом за стари

изнемо-штени лица

Установа за домување на стари и изнемо-штени лица

0,2 0,4 20 100 0,02 10 Површина на комплексот0,2-0,3ха.бруто развиена градежна површина 10-15м2/кор

ОПШТЕСТВЕНА ИНФРАСТРУКТУРА - АДМИНИСТРАЦИЈАОБЛАСТ НОМЕНКЛАТУРА ТЕРМИНОЛОГИЈА ЗАБЕЛЕШКА

1 2 3 4Јавна управа Градско собрание,

дирекции, заводиУстанови за раководенје со градските,стопанските, просторните, културните, и комуналните служби

Површина на комплексот 0,2-0,5ха. големина на објект 8-12м2 бруто развиена градежна површина по 1 службеник во администрацијата

СУД Установа за заштита на правните и општествените норми

Површина на комплексот 0,1-0,3ха. големина на објектот според специјална програма

БАНКА Установа за финансии, кредитно работење

Површина на комплексот 0,1-0,3ха. големина на објектот според специјална програма

ПОШТА,ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

Установа што обавува функција на комуникации

Површина на комплексот за М. З. 0,025-0,5ха., за реон и град 0,1-0,2ха. бруто развиена градежна површина 500-2500м2

Општествено – политички организации

Синдикат, комора, здруженија, политички

партии, стручни организации

Установи за општествено-политичка активност

Површина на комплексот 0,1-0,3ха. големина на објектот според специјална програма

Јавна безбедност Установи за одрзување јавен ред и обезбедување

Големина на објектот 500-1500м2. бруто развиена

5

Page 6: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

градежна површинаПротивпожарна служба Служба за противпшожарна

заштитаПовршина на комплексот0,3-1,0ха. големина на објектот според специјална програма

ОПШТЕСТВЕНА ИНФРАСТРУКТУРА – ПРЕДШКОЛСКО ОБРАЗОВАНИЕ И ВОСПИТУВАЊЕ

ВИД НОМЕНКЛА

ТУРА

ТЕРМИНОЛОГИЈА

Норматив (минимална вредност) Радиус на опслужу-вање во метри

ЗАБЕЛЕШКАКомплекси Под објектха м2/ж м2/кор м2 м2/ж м2/кор

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11Пред-школ-ска

Детски јасли

Установа во која престојуваат деца до 3 г. возраст додека им се родителите на работа

0,25 0,3 30 400 0,06 7 500 Површина на комплексот 0,1-0,3ха. бруто развиена градежна површина 500-750м2. број на деца 4% од бројот на жителите, 25-30% од децата ја користи установата

Детска градинка

Установа во која престојуваат деца од 3-7 г. возраст додека им се родителите на работа

0,30 0,4 35 550 0,08 8 300 Површина на комплексот 0,25-0,36ха.,бруто развиена градежна површина 600-800м2.број на деца 6% од бројот на жителите, 30-40% од децата ја користи установата

ОПШТЕСТВЕНА ИНФРАСТРУКТУРА – ШКОЛСКО ОБРАЗОВАНИЕ И ВОСПИТУВАЊЕСТЕПЕННА ОБРАЗОВАНИЕ

НОМЕН-КЛАТУ-РА

ТЕРМИНО-ЛОГИЈА

Норматив (минималнана вредност) Радиус на опслужу-вање во метри

ЗАБЕЛЕШКАКомплекси Под објект

ха м2/ж м2/кор м2 м2/ж м2/кор

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11Основно Основно

училиштеУстанова во која децата од 7-14 години добиваат основно образование

1,20 1,6 20 160 0,2 2 500 Површина на комплексот 1,8ха. бруто развиена градежна површина 3000-5000м2

Средно Гимна-зија Установа во која младината од 14-18 години добива средно образование

1,60 0,4 25 200 0,04 3 120 Површина на комплексот 1,4-2,1ха. бруто развиена градежна површина 3500-6000м2

Средни и стручни училишта:Технички, медицински со практична обука, училишта во стопанство, музички училишта, училишта за

Установа во која младината од 14-18 години добива средно стручнобразование

2,00 0,5 30 250 0,05 5 120 Површина на комплексот 1,5-2,5ха. бруто развиена градежна површина 3500-6000м2

6

Page 7: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

занаетии други уч.

Вишо Виши училишта од сите профили

Установа во која се добива вишо стручно образование

1,80 0,4 25 200 0,04 4 150 Површина на комплексот 1.5-2,5ха. бруто развиена градежна површина 3500-6000м2

Високо Факултет Установа во која се добива високо стручно образование

- - - - - - 150 Површина на комплексот и големина на објектот според специфична програма

Академија музичк, драмска,

ликовна и др.

Установа во која се добива високо стручно образование

- - - - - - 150 Површина на комплексот и големина на објектот според специфична програма

ОПШТЕСТВЕНА ИНФРАСТРУКТУРА – КУЛТУРА ВИД НО

МЕНКЛАТУРА

ТЕРМИНО-ЛОГИЈА

Норматив (минимална вредност) Радиус на опслужу-вање во метри

ЗАБЕЛЕШКАКомплекси Под објект

ха % м2/ж м2 % м2/ж

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11Основна забава

Народен универзи

тет

Установа во која се одвива културно-забавен живот

0,5 0,25 0,1 - - - 120 Површина на комплекс0,5-1,5ха.големина на објектот според специјална програма

Дом на млади

Установа во која се одвива општествено-воспитен, забавен и културен живот на младината

- - - - - - 100 Површина на комплекс и големина на објектот според специјална програма

Кино Установа од воспитно-забавен карактер

- - - - - - 800 Број на посетители 40 на 1000 жители, големина на објект 1,5-2,0 м2 по седало, површина на комплекс 4-6м2 по посетител

Сала за собири

Универзална сала за општествена работа

- - - - - - 500-1500 Површина на комплекс 0,1-1,0ха.сала за минимум 2000 места

Кул-турно воспи-тен карактер

Театар Установа за драмска уметност

- - - - - - 1500 Површина на парцела и оголемина на објектот според специјална програма

Концер-тна сала

Сала за музичка уметност

- - - - - - Површина на парцела и оголемина на објектот според специјална програма, 8 места на 1000 жители

7

Page 8: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Библиотека за

возрасни и деца

Класирана збирка на книги, часописи, ракописи и др.

- - - - - - 500-1500 Површина на комплекс0,2-1.0ха.големина на објектот според специјална програма на 1000 жители минимум 1000 книги

Музеј Систематски приказ на уметнички, научни и други збирки

- - - - - - 1500 Површина на парцела и оголемина на објектот според специјална програма

Изло-жбена

галерија

Сала за стално или повремено излагање уметнички дела

- - - - - - 1000 Површина на парцела и оголемина на објектот според специјална програма

ОПШТЕСТВЕНА ИНФРАСТРУКТУРА – ЗДРАВСТВОВИД НОМЕНКЛАТУРА ТЕРМИНОЛОГИЈА ЗАБЕЛЕШКА

1 2 3 4Превентива Диспанзери антитуберкулозни, кожно-

венерични, за ментална хигиенаУстанови специјализирани за превентива и лечење

Површина на комплексот 0,05-0,15ха. објектот според специфична програма

Куратива Амбуланта Установа за општ преглед на болни Површина на комплексот 0,05-0,1ха. големина на објектот 200-500м2,бруто развиена градежна површина 0,02-0,05м2/ж.

Поликлиника Установа во која се вршат сите специјалистички прегледи

Површина на комплексот 0,2-0,5ха. големина на објектот со бруто развиена градежна површина 0,05-0,2м2/ж.

Општа болница Установа за испитување, интервенции и лечење по разни специјалности по одделенија

Капацитет 200-400 легла. Површина на комплексот 2,0-4,0ха. величина на објектот според специјална програма. Бруто развиена градежна површина 100м2/легло

Апотека Фармацевтска служба, снабдување , приготвување и издавање на готови лекови

Бруто развиена градежна површина 150м2

Посебна (пратечка) Станица за итна помош Постојана дежурна служба за давање на итна помош

Површина на компллексот 0,3ха. бруто развиена градежна површина 0,1ха.

Завод за трансвузија Установа каде што се зема крв од Површина на

8

Page 9: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

доброволни дарители и се испраќа според потребите на одредени места

комплексот 0,5ха. бруто развиена градежна површина 0,2ха.

ОПШТЕСТВЕНА ИНФРАСТРУКТУРА – СПОРТ ОБЛА-СТ

НОМЕНКЛАТУРА

ТЕРМИНО-ЛОГИЈА

Норматив (минимална вредност) Радиус на опслужу-вање во метри

ЗАБЕЛЕШКАКомплекси Под објект

ха % м2/ж ха % м2/ж

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11Спор-тски центри

Општо-градски стадион

Репрезентативен центар со комплекс терени

5,0 0,5 0,5 0,5 0,15 0,15 Површина на комплекс 5-18ха. или 0,5-0,8 м2/ж

Физичка култура

Детски игралишта

Организирани простори за игра на деца

2,0 10 2 0,1 - 0,1 200 Површина на комплекс 2,0-2,5ха. или 2,5 м2/ж

Одбојка, кошарка, фудбал

Терени за игра на возрасни

2,0 10 2 0,1 - 0,1 500 Површина на комплекс 1,2-2,0ха. или 1,5-2,0м2/ж

Фискул-турна сала

Простории за користење во текот на целата година

2,0 10 2 0,1 - 0,06 Површина на комплекс 0,3ха

Специјални терени

Пливачки базени

(покриени, откриени,

лизгалишт)

Објекти за повремено користење и во текот на целата година

0,20 1,3 0,4 0,5 0,3 0,1 Површина на комплекс 0,32ха

СТОПАНСКА ИНФРАСТРУКТУРА – КОМУНАЛНИ УСЛУГИОБЛА-СТ

НОМЕНКЛАТУРА

ТЕРМИНО-ЛОГИЈА

Норматив (минимална вредност) Радиус на опслужу-вање во метри

ЗАБЕЛЕШКАКомплекси Под објект

ха % м2/ж м2 % м2/ж

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11Градски сообраќај

Гаражи, депои,

работилници за возила на јавниот

градски сообраќај

Комплекс во градот за гаражирање, поправка на возила на градски сообраќај

0,5 0,05 0,05 300 0,03 0,03 Површина на комплекс 0,5-1.5ха.големина на објект според специјална програма

Водовод Изворишта, црпни

станици, инсталации

за пречистува

ње

Постројки за снабдување на градот со вода-мрежа и објекти

4,0 0,4 0,4 - - - Број на посетители 40 на 1000 жители, големина на објект 1,5-2,0м2 по седало, површина на комплекс 4-6м2 по посетител

Канализација

Црпна станица,

инсталација за

пречистување

Постројки за одвод на отпадни води -мрежа и објекти

1,5 1,15 0,15 - - - Површина на комплекс 0,1-1.0ха. сала за минимум 2000 места

9

Page 10: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Енергетика

Топлана, изворни станици,

дистрибуција,

трафостаници

Постројки за дистрибуција, електроенергетска мрежа и објекти

- - - - - Површина на парцела и оголемина на објект според специјална програма

Посебни претпријатија

Претпријатија за

одржување на патишта

и зелени површини

Опрема, складишта и механизација со сервис

1,5 0,15 0,15 300 0,3 0,3 Површина на парцела и оголемина на објект според специјална програма, 8 места на 1000 жители

Претпријатие за градска

хигиена

Опрема и механизација со сервис за одржување хигиена на градот

0,7 0,07 0,07 300 0,3 0,3 Површина на комплекс 0,2-1,0ха.големина на објект според специјална програма на 1000 жители минимум 1000 книги

Претпријатие за

погребални услуги

Опрема за погребување

0,2 0,02 0,02 800 0,008 0,008 Површина на парцела и оголемина на објект според специјална програма

Топлана Постројки за далечинско греење

- - - - - - - Површина на парцела и оголемина на објект според специјална програма

Јавна бања Објект за одржување на лична хигиена

- - - - - - -

Јавнисанитарни

јазли

На јавни и фреквентни места

- - - - - - -

Член 13При планирањето планерот ги утврдува коефициентот на искористеност на земјиштето и процентот на изграденост на земјиштето, при што не смеат да се надминат параметрите утврдени во табелата за вид и степен на наменската употреба.

ВИД НА НАМЕНСКА УПОТРЕБА СТЕПЕН НА ИСКОРИСТЕНОСТ

основна наменска употреба

подетална наменска употреба

карактеристики горна границаПи Ки Кп

Подрачја за домување (Д)

исклучително/чисти подрачја за домување (ДЧ)

подрачја наменети за еднодомни и дводомни објекти и објекти за пратечки дејности, кои служат за дневните потреби на станарите

20 0,4 -

општи подрачја за домување (ДО)

подрачја наменети за повеќедомни објекти, со пратечки објекти од општествена инфраструктура и објекти од занатски дејности

60 1,6 -

подрачја за домување за посебни намени (ДС)

подрачја наменети за објекти за домување со групно населување, како што се домови за самци, ученички или студенски домови, домови за пензионери, заводи за социјална заштита

40 1,2 -

10

Page 11: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

подрачја за домување со земјоделски стопанства (ДЗ)

подрачја кои се претежно наменети за станбени и нестамбени земјоделски објекти

60 1,2 -

подрачја за викенд куќи (ДВ)

подрачја кои се наменети за станбени објекти и се користат за годишен одмор и одмор

20 до 40

0,2 до 1,2

-

подрачја за производни дејности (ПП)

индустриски подрачја (ПИ)

подрачја кои се претежно наменети за комплексни индустриски објекти

80 2,4 10

други производни подрачја (ПД)

подрачја кои се претежно наменети за занатско и друго производство, како и за складишта и магацини

80 2,8 10

Подрачја од општествена инфраструктура (ОИ)

подрачја за образование и воспитување (ОВ)

подрачја кои се наменети за објекти за образование и научно истражувачка работа

80 2,4 10

подрачја за спорт (СТ)

подрачја кои се наменети за спортски сали и спортски игралишта и терени

60 2,4 10

подрачја за здравство (ЗД)

подрачја кои се наменети за објекти за здравство, здравствено-болничко и заводско згрижување

40 2,4 -

подрачја за култура (КТ)

подрачја кои се наменети за објекти за култура и забава, музеи и библиотеки

100 3 -

подрачја за јавна управа (ЈУ)

подрачја кои се наменети за објекти за потребите на јавната управа

100 3 -

подрачја за свечености и верски обреди (СВ)

подрачја кои се наменети за објекти за одвивање свечености и верски активности и обреди

80 2,4 -

Подрачја со мешана намена (М)

подрачја на урбани средини (МЦ)

централни подрачја кои се наменети за трговски, хотелски, бизнис-апартмански и слични угостителски објекти, објекти за извршување лични услуги, култура и јавна управа и објекти за домување

100 5 -

општи мешани подрачја (МО)

подрачја кои се наменети за објекти за домување, производни и трговски објекти и објекти за услуги

60 1,2 -

посебни подрачја (МП)

подрачја кои се наменети за објекти за посебни намени, како трговски центри, сајмишта, туристички подрачја за домување наменети за хотелски, апартмански, и слични објекти, како и подрачја за логорување и кампови

80 2,4 10

подрачја на мали населби (МН)

подрачја кои се претежно наменети за објекти за домување и објекти за земјоделски стопанства со пратечки објекти на општествена и услужна дејност

60 1,2 -

селски подрачја (МС)

подрачја кои се наменети за објекти за земјоделие и шумарство, престој и занатско-

20 0,4 -

11

Page 12: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

индустриски објектиПодрачја за спорт и рекреација и зелени површини (З)

подрачја за спорт и рекреација (ЗС)

подрачја кои се наменети за рекреација и рекреативни паркови

- - -

паркови (ЗП) подрачја кои се наменети за месни паркови, локални паркови, тематски паркови и парковски потези

- - -

други зелени површини (ЗД)

подрачја кои се наменети за репрезентативни уредувања, елементи за расчленување и еколошки значајни подрачја –природни резервати

- - -

капалишта (ЗК) подрачја кои се наменети за капалишни паркови, регионални капалишта и локални капалишта

- - -

ПОСЕБНИ НОРМАТИВИ

Планерот во графичките прилози и во одредбите на планот утврдува и други параметри кои го заштитуваат јавниот интерес и соседското право и тоа:

Член 14Планерот ја утврдува висината на приземјето и максималната височина на објектите. Се дозволува приземјето да биде издигнато над нивото на тротоарот до 1,2м. Во централните градски подрачја и долж улиците со изразито пешачко движење каде регулационата и градежната линија се поклопуваат, приземјето може да биде издигнато максимум 15см. од нивото на тротоарот.Максималната височина се утврдува во метри и претставува растојание од тротоарот покрај улицата на која се води објектот до горната кота на горниот венец на објектот. Во случај на поставување објекти на коси терени над 10% пад се утврдува висина на објектот до горната кота на горниот венец и кота на слемето на кровот како апсолутна кота. Горната кота на горниот венец не мора да се поклопува со котата на нивото на поткровјето и може да биде повисоко или пониско.За објекти во исклучително чисти подрачја за домување (ДЧ), во подрачја за домување со земјоделски стопанства (ДЗ) и во подрачја за викенд куќи (ДВ), максималната височина се лимитира на 10,5м. до горна кота на горен венец.За објекти во општи подрачја за домување (ДО), во подрачја за домување за посебни намени (ДС) и во општи мешани подрачја (МО), максимална височина до горна кота на горен венец изнесува 21м. При коси терени над 10% пад, заради заштита на визурите од објектите кои се поставени погоре, прво се утврдува котата на слемето, а потоа, врз основа на максималниот дозволен основен агол на кровот, се утврдува горната кота на горниот венец како апсолутна кота.Планерот ја утврдува и долната кота на венецот на прв кат, или котата на нивото на прв кат. При тоа се утврдува максимална кота на нивото на прв кат од 6м. сметано од нивото на тротоарот. Оваа висина овозможува мезанин чија површина претставува дел од нето развиената планска површина. Се утврдува мезанинот да зафати површина максимум 70% од површината на приземјето и да биде поставен во зоната према дворот на објектот. Мезанинот не може да излезе надвор од рамките на приземјето.

Член 15

12

Page 13: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Обврзна е заштита на визурите при коси терени со пад над 10%. Правото на заштита се однесува на визурите од катот на објектот кој се наоѓа погоре. При вакви терени се пропишува задолжително употреба на четвороводен кров со утврден максимален основен агол на кровните површини.

Член 16Максимален нагиб на кровот кој се дозволува изнесува 350 и претставува основен агол на кровната површина . Слемето на кровот претставува пресек на рамнините повлечени према дозволениот основен агол, почнувајќи од крајната горна точка на горниот венец. Се дозволува еднаш прекршување на косата кровна површина. Првата косина максимално може да биде поставена под агол од 700, а втората рамнина под агол не помал од 200 и да заврши до слемето утврдено со основниот агол. Во овој волумен возможно е поставување на повеќе нивои со корисна површина, во зависност од ширината на објектот, а осветлувањето и проветрувањето се врши со баџи со висина на грбината од максимум 2,8м. од нивото на поткровјето, но не повисоки од 0,6м под слемето. Баџите не можат да излегуваат вон рамнината на објектот. Баџите на другите нивоа мора да бидат повлечени каскадно (види графички прилог) од баџите на подолното ниво.Корисната површина на поткровјето се пресметува до вертикалната замислена рамнина со висина од1,8м. поставена на подот до пресекот со косата плафонска површина.

Член 17Максимална дозволена широчина на стреата е 1,2м. Стреата на објектот се дозволува да излегува над тротоарот но мора да е минимум 0,3м. оддалечена од ивицата на коловозот. Во оваа димензија е вклучен хоризонталниот олук, односно коритото за одведување атмосферски води.

Член 18Објекти за ветеринарно здравство се лоцираат во зоната на стопански активности, како самостојни објекти, оддалечени најмалку 100м. од објектите кои по своите карактеристики припаѓаат на друга наменска употреба.

Член 19Урбанистичките парцели можат да се оградуваат. Дозволена максимална висина на оградата изнесува 2,5м. при што долниот дел од оградата е полн со висина од максимум 0,6м. а горниот дел задолжително е транспарентен. При исклучително фрекфентни улици (магистрални и собирни) во колку нема заштитен појас, односно во колку објектите се на поблиско растојание до сообраќајницата од пропишаното (затечени состојби) се дозволува и горниот дел од оградата да биде полн, како звучна и безбедносна бариера. Према соседите полниот дел од оградата може да биде до височина од 1,8м.За објекти од јавен интерес, за објекти со специјална намена –амбасади, дипломатски објекти, болници, верски објекти, индустриски објекти со специфична технологија, нема ограничување, а условите за градба на оградата се утврдуваат врз основа на степенот на заштита на објектот, врз претходно изработен и утврден проект за оградата.Во сите случаи задолжително оградата мора да биде поставена на линија која ќе обезбеди одвивање непречен и безбеден моторен и пешачки сообраќај, со посебни услови кај крстосниците заради прегледност (види Член 26).

Член 20Во плановите се утврдува одредба со која задолжително паркирањето се решава во рамките на урбанистичката парцела, односно парцели во колку се споени, а објектот претставува една целина. При тоа се утврдуваат следните нормативи:

за еднодомни, дводомни и повеќедомни објекти на 100м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

13

Page 14: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

за домување со групно населување, како што се домови за самци, ученички или студенски домови, домови за пензионери, заводи за социјална заштита на 120м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за индустриски објекти и занатско и друго производство, на 120м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за складишта и магацини на 350м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за објекти за згрижување деца од предшколска возраст, за објекти за образование и научно истражувачка работа, објекти за здравство, здравствено-болничко и заводско згрижување, објекти за култура и забава и музеи на 100м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за објекти за потребите на јавната управа, за трговски, хотелски, бизнис-апартмански и слични угостителски објекти и објекти за извршување лични услуги на 50м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за спортски сали и стадиони на 50м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за објекти за одвивање свечености и верски активности и обреди на 50м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за трговски центри и сајмишта на 50м2 нето развиена планска површина 1 паркинг место;

за спортски игралишта и терени, за рекреација и рекреативни паркови, за месни паркови, локални паркови, тематски паркови и парковски потези и за капалишни паркови, регионални капалишта и локални капалишта на 120м2 бруто планска површина 1 паркинг место;

Во случај каде во еден објект се поставени повеќе наменски употреби бројот на паркинзите се утврдува како збир на паркинзите поединачно за секоја наменска употреба.Обврзно се обезбедува приод и паркинг место за хендикепирани лица (види Член 33).

3. СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА

Член 21Сообраќајното решение со елементите на сообраќајниците имаат суштинско значење во организацијата на просторот. Стандардите и нормативите кои се утврдуваат со овој правилник ги утврдуваат елементите на сообраќајната инфраструктура за да се овозможи повисок степен на пропулзивност, односно за непречен, ефикасен и безбеден сообраќај во населените места, за максимална заштеда на гориво и оптимална заштита на животната средина.

Член 22Техничките елементите на сообраќајниците се утврдуваат врз основа проектната брзина која се предвидува во сообраќајниот коридор:

за магистрална улица 70 до 100 км/час за собирна улица 60 до 70 км/час за сервисна улица 50 до 60 км/час за станбена улица 40 до 50 км/часЧлен 26

Бројот и широчината на сообраќајните ленти заедно со широчината на тротоарите, велосипедските патеки и заштитното зеленило ја утврдуваат вкупната широчина на сообраќајниот коридор.

14

Page 15: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Широчината на сообраќајнита лента зависи од категоријата на улицата и е обврзна при планирањето и тоа:

за магистрална улица 3,50 до 3,75м. за собирна улица 3,25 до 3,50м. за сервисна улица 3,00 до 3,25м. за станбена улица 2,75 до 3,00м.

И во услови кога е реализирана уличната мрежа, а со цел да се сочува потребната планирана широчина на сообраќајниот коридор, не е дозволено отстапување од нормативите за широчината на сообраќајните ленти и е обврзна нивната примена.Широчината на лентата за паркирање паралелно со сообраќајната лента изнесува 2,50м.Минималната широчината на пешачката улица изнесува 4,00м.Минималната широчина на пешачкиот пристап изнесува 2,50м.Широчината на велосипедската патека за еден ред велосипеди изнесува 1,00м. заштитната широчина изнесува 0,25м. а истата кон ивицата на возната лента изнесува 0,75м. Вкупната широчина за еден ред велосипеди изнесува 2,00м.Во колку велосипедската патека се планира издвоена од сообраќајницата за моторни возила, во тој случај широчината на велосипедската патека изнесува 1,50м.Минималната широчина на тротоар изнесува 1,50м.За пешачките улици, пешачките пристапи, тротоарите и велосипедските патеки задолжително во одредбите се утврдуваат покривни градежни материјали кои штетно не влијаат на животната средина и човековото здравје.

Член 23Максималната должина на „слепа“ улица изнесува 100м. Задолжително завршува со „Т“ завршеток или друг облик на проширување со потребни димензии за свртување на возилата за 1800.

Член 24Максималниот подолжниот наклон на градските улици зависи од категоријата на улицата, односно патеката и тоа:

за магистрална улица 4 (6)% за собирна улица 5 (7)% за сервисна улица 6 (10)% за станбена улица 8 (12)% пешачка улица, самостојна пешачка патека, тротоари и пристапите до сите

видови објекти 4% (висинските разлики кои произлегуваат од теренот се совладуваат со скали, групирани со по минимум 3 висини, комбинирани со рампи за инвалидизирани лица.)

Трамвајски колосек 6 (7)% велосипедска патека 8 (12)%

Вредностите во заградите претставуваат исклучителни подолжни наклони, применливи само при реконструкција на постојните сообраќајници.Најмал подолжен наклон на улиците и патеките изнесува 0,3% (заради одводнување на површинските води).

Член 25Големината на полупречниците (радиусите) на хоризонталните кривини зависи од проектната брзина на сообраќајницата. Долната граница на големината на радиусот на хоризонталните кривини изнесува:

за 30км/ч....................р=30м. за 40км/ч....................р=50м. за 50км/ч....................р=80м. за 60км/ч....................р=120м.

15

Page 16: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

за 70км/ч....................р=180м. за 80км/ч....................р=250м. за 90км/ч....................р=350м. за 100км/ч..................р=450м. за 110км/ч..................р=600м. за 120км/ч..................р=750м.

Минималниот радиус на хоризонталната кривина при крстосниците во зависност од категоријата на улицата изнесува:

за магистрална улица 12м за собирна улица 10м. за сервисна улица 8м. за станбена улица 6м.

Член 26При планирање на јавни патишта должината на краците на тријаголникот на прегледност на местата на меѓусебно вкрстување на патиштата или приклучување на еден кон друг пат со исто значење изнесува минимум 15м за проектна брзина од 30км/ч. Должината се смета од пресечната точка на осовината на патот во двата правца, при што објект со приземениот дел не смее да навлегува во полето на тријаголникот.

Член 27Минималното растојание на крстосниците на градските сообраќајници зависи од видот на крстосницата и категоријата на сообраќајницата. За крстосници во две нивоа (и повеќе) минималното растојание помеѓу две крстосници изнесува 600м.За крстосници во исто ниво, минимално растојание помеѓу нив изнесува:

за магистрални улици 300м за собирни улици 200м. за сервисни улици 120м. за станбени улици 50м.

Во услови кога е реализирана уличната мрежа и каде нема можност да се применат овие нормативи дозволено е отстапување со примена на решение на посебен режим на сообраќајот.

Член 28При планирањето проширувања (ниши) за автобуски стојалишта во рамките на системот на градскиот автобуски превоз се предвидува следниот норматив:

минимална должина на нишата изнесува 24м. минимална широчина на нишата изнесува 2,50м.

4. СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УСЛОВИ ЗА НЕПРЕЧЕНО ДВИЖЕЊЕ НА ХЕНДИКЕПИРАНИ ЛИЦА (од постоечкиот правилник)

Член 29Член 30Член 31Член 32Член 33Член 34Член 35

16

Page 17: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

5. СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ВО ПЛАНИРАЊЕТО А СЕ ПРОПИШАНИ СО ДРУГИ ЗАКОНИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

Член 36При планирањето треба да се применуваат стандардите и нормативите за уредување на просторот покрај водотеци, езера и акумулации, односно одредбите утврдени со Законот за води, Водостопанската основа на Р.М. во чиј состав се и Студијата за интегралниот развој на сливот на реката Вардар; Студијата за пловниот пат Дунав –Егејско Море; Катастерот на природни извори; Елаборатот за подземни води и катастерот на бунари и пумпи. При планирањето на користење на водите се почитуваат и спогодбите за водостопанските прашања склучени на меѓудржавно ниво со Албанија, Бугарија и Грција, превземени од поранешната СФРЈ.

Член 37При планирањето треба да се применуваат стандардите и нормативите за заштита на животната средина, односно одредбите утврдени со Законот за заштита на животната средина и природата и подзаконските акти што произлегуваат од истиот и тоа:

...Член 38

При планирањето треба да се применуваат стандардите и нормативите за засолнување и заштита од пожари, утврдени со Законот за ...

Член 39При планирањето треба да се применуваат стандардите и нормативите за заштита на спомениците на културата и заштита на археолошките локалитети, утврдени со Законот за ...

6. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 40При утврдување услови за градба за конкретна урбанистичка парцела мора да се задоволени сите ограничувања утврдени со овој правилник кои треба обврзно да се применат во процесот на проектирање и градба, без исклучок, а со цел заштита на јавниот интерес и заштита на соседското право. При тоа обврзна е изработка на идеен архитектонски проект со партерно и сообраќајно решение при што бројот на паркинзи мора да се задоволи. Доколку инвеститорот одлучил градбата да ја реализира во етапи по хоризонтала или по вертикала, што е дозволено, обврзно е етапноста да биде прикажана соодветно во идејниот проект.

Член 41Дозволена е пренамена на објектите, но во рамките на основната наменска употреба. При тоа обврзна е изработка на идеен архитектонски проект со партерно и сообраќајно решение.

Член 42Идејниот проект со партерното и сообраќајното решение го утврдува надлежниот орган за урбанизам во согласност со Законот и овој правилник и према истиот се изработува главниот проект кој не смее да отстапува во масите –волумените и сообраќајното решение, утврдени според ограничувачките параметри.

Член 43Затечената состојба која е утврдена со претходна планска и градежна документација новиот план максимално мора да ја почитува. Дозволено е отстапување само во случај на планирање со барања за објекти од јавен интерес, утврдени со посебен закон.

17

Page 18: word1

Правилбник за зтандарди и нормативи за планирање на просторот

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Член 44При планирање на урбани целини со затекната структура -објекти изградени со применети стандарди и нормативи во согласност со претходна планска документација, а во која не можат целосно да се применат стандардите и нормативите од овој правилник, се остава планерот да предложи оптимално планско решение и начин на реконструквција на просторот, според просторните можности и овој правилник. Начинот на реконструкција на просторот обврзно е да се прикаже во графичките прилози и да се пропише во одредбите на планот.

Член 45До стапувањето во сила на новиот Закон за градба и подзаконски акти што произлегуваат од него, при изработка на Урбанистички проекти и Архитектонски проекти, се препорачуваат стандардите во прирачникот NEUFERT; ТЕХНИЧАР 1; ТЕХНИЧАР 2 и ТЕХНИЧАР 3 (од поранешната СФРЈ)

Член 46Со стапувањето на Овој правилник во сила престанува да важи правилникот за стандарди и нормативи за уредување на просторот и правилникот за проектирање на објекти (Сл.весник на Р.М. бр.2/02...).

МА; НБ;

* Забелешка: Следат графички прилози!

18