znacenjeto na kolede badnik i bozik

2
Значење на бадниковите традиционални обичаи Палењето оган, пеењето на коледарски песни, бадниковите гранчиња и лепчето со паричка сите овие обичаи некогаш ги практикувале паганите, а потоа прераснале во христијански обичаи, но кое е нивното значење и зошто се практикуваат сè уште? На ден пред Божиќ и прославувањето на раѓањето на Исус Христос православните христијани практикуваат неколку обичаи и традиции што видно се изменети од некогашните практики, но сè уште можат да се видат на нашите простори. Тука спаѓаат палењето оган вечерва или ноќта наспроти Бадник, што го славиме утре, коледарски песни и коледари што одат од врата на врата во раните утрински часови пред изгрејсонце да собираат дарови од домовите на верниците. Пеење на коледарски песни и на крајот утре на Бадник во повеќето домови ширум Македонија ќе се крши лепче со паричка, а домот ќе биде украсен со бадникови (дабови) гранчиња. Сите овие обичаи се смета дека ни доаѓаат од паганските обичаи што ги практикувале племињата на овие простори пред прифаќањето на христијанската вера и религија. Меѓутоа, тие не се изгубиле поради религијата. Напротив, таа ги прифатила овие традиции и обичаи, иако се пагански, затоа што луѓето продолжиле да ги практикуваат и по постанувањето на верници во бог. Коледе е пагански празник во кој се славело раѓањето на Сонцето, односно пополека се испраќала зимата и се прославувал почетокот на зголемување на времетраењето на денот, а намалување на ноќта. Тоа не значи дека зимата завршува, туку се слави само појавата на Сонцето во зима. Во словенската митологија, Коледе е бог на зимското сонце

Upload: biljanasikleska

Post on 28-Apr-2015

48 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Значење на бадниковите традиционални обичаиПалењето оган, пеењето на коледарски песни, бадниковите гранчиња и лепчето со паричка сите овие обичаи некогаш ги практикувале паганите, а потоа прераснале во христијански обичаи, но кое е нивното значење и зошто се практикуваат сè уште? На ден пред Божиќ и прославувањето на раѓањето на Исус Христос православните христијани практикуваат неколку обичаи и традиции што видно се изменети од некогашните практики, но сè уште можат да се видат на нашите простори. Тука спаѓаат палењето оган вечерва или ноќта наспроти Бадник, што го славиме утре, коледарски песни и коледари што одат од врата на врата во раните утрински часови пред изгрејсонце да собираат дарови од домовите на верниците. Пеење на коледарски песни и на крајот утре на Бадник во повеќето домови ширум Македонија ќе се крши лепче со паричка, а домот ќе биде украсен со бадникови (дабови) гранчиња. Сите овие обичаи се смета дека ни доаѓаат од паганските обичаи што ги практикувале племињата на овие простори пред прифаќањето на христијанската вера и религија. Меѓутоа, тие не се изгубиле поради религијата. Напротив, таа ги прифатила овие традиции и обичаи, иако се пагански, затоа што луѓето продолжиле да ги практикуваат и по постанувањето на верници во бог. Коледе е пагански празник во кој се славело раѓањето на Сонцето, односно пополека се испраќала зимата и се прославувал почетокот на зголемување на времетраењето на денот, а намалување на ноќта. Тоа не значи дека зимата завршува, туку се слави само појавата на Сонцето во зима. Во словенската митологија, Коледе е бог на зимското сонце и во негова чест коледарите, кои биле исклучиво возрасни мажи,

облекувале ритуални маски и со песна и врева шетале по селата со цел да ги избркаат лошите духови во новата година, за таа да биде исполнета со сонце, среќа, сила, здравје и љубов. Затоа се пали и оган како и бадникови, односно дабови гранчиња со чадот и огнот се сметало дека со истерување на лошите духови годината ќе биде подобра од минатата. Песните што денес се пеат за Коледе не кореспондираат со старите пагански песни, што биле еротски, со цел годината да почне плодна и бериќетна кај луѓето, посевите и стоката. Обредите се правеле за да се има поголем принос на секој план и да се живее лесно и во изобилство, особено ако претходната година се соочувале со некоја природна непогода како суша, порој, угинување на стоката или, пак, во семејството умирале или не се раѓале деца. Затоа на овие обичаи им се придавало големо значење што се одржало сè до денес. Вечерта наспроти Бадник, или вечерва конкретно, коледарите ќе го најават Христовото раѓање, а првиот коледар на кој ќе му ја отворите вратата, треба да му дадете најмногу дарови. Ако е машко, се смета дека ќе ви донесе многу среќа и бериќет на вас, како и нему. Доколку не им отворате врата на коледарите, според паганските обичаи, ќе ве следи голема несреќа во текот на целата година. А ако ви се падне и паричката во лепчето, посакајте си среќа, а ние ви посакуваме сè што сакате да ви се оствари. Суеверие, обичај, традиција или не, коледарите очекувајте ги вечерва да ви го најават Христовото раѓање, а вие одберете дали ќе ги дарувате или ќе спиете мирно. Среќни божиќни празници!