Православна Светлина (08)

59

Upload: mystical-talandon

Post on 25-Mar-2016

266 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Списание на Повардарската епархија на МПЦ

TRANSCRIPT

Page 1: Православна Светлина (08)
Page 2: Православна Светлина (08)
Page 3: Православна Светлина (08)

P r a v o s l a v n a S v e t l i n a

Spisanie za pravoslavna vera, obrazovanie i kultura;

broj VIII, декември 2008, izleguva ~etiri pati godi{no.

Izdava~: Povardarska eparhija na Makedonskata Pravoslavna Crkva, Veles.

Glaven i odgovoren urednik: Mitropolit Povardarski g. Agatangel.

Spisanieto izleguva so blagoslov na

Negovoto Visokopreosve{tenstvo

Mitropolitot Povardarski

g. Agatangel

Ureduva~ki odbor: |akon Vlatko Stoimenov,

ѓакон Jani Mulev, dipl. politikolog Nikola Cilakov. Dizajn i kompjuterska podgotovka:

Nikola Cilakov. Lektura: Kosovka SaveskaPe~ati: “1kniga” - Veles.

www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: [email protected]

С о д р ж и н а :

Божиќно послание од Митрополит АгатангелХристовата светлина како виделина на светотОд ризницата на светите отци; за покајанието

Живеејќи со светата причестНашиот однос кон духовникот или исповедникот?

За честото причестување II делМир без вистина

Фарисејство Перфекционизам Ревност и љубов

Одговорностите на сопружниците Житие на свети Василиј Рјазански

Големото чудо на Мајката Божја во Сирија Коледе и бадник Благ Спасителу

Дневникот на една мајка - I I делПесни од децата од веронаука. . .

Page 4: Православна Светлина (08)

2

„Голема е тајната на побожноста - Бог се јави во тело“ 1 Тим. 3, 16.

Возљубени наши духовни чеда!

На денешниов торжествен и величествен ден, ние православните христијани, го прославуваме најрадосниот настан во историјата на Христијанската црква, а тоа е раѓањето на Спасителот Господа Исуса Христа, Кој со Своето величествено дело и снисходливост кон човечкиот род, ги загреа срцата на пастирите во Витлеемската пештера, ги зарадува мудреците од Исток и го утеши сето Адамово потомство. Затоа, сите кои ја спознаа оваа вистина, еднодушно го воспеаја новородениот Богомладенец, Го возвеличија Богочовекот Христос, зашто во сиромашната и едноставна Витлеемска пештера се роди Спасителот на светот, се појави избавителната Светлина, која го осветлува патот до портите на Царството небесно. Богочовекот Христос го зеде телото човечко за да го ослободи човештвото од оковите на гревот, темнината и незнаењето, па дарувајќи ни спасение да нè упати кон правда, вистина и духовна величина. Да се радуваме заедно браќа и сестри Македонци и да Го воспеваме Новородениот Христос, Кој се јави за да донесе меѓу луѓето мир, слога и братска љубов. Бог се симна на земјата за да му даде можност на човекот да се воздигне високо на небесата. Да се радуваме и веселиме зашто Спасителот се роди преку непорочната Дева Марија и со тоа се исправи исконската неправда и се победи прародителскиот грев кој се пренесува врз човечката природа од Адама, па сè до денеска. На денешниот ден се роди долго очекуваниот Емануил за кого зборуваа и пишуваа старозаветните пророци. Заблеска на хоризонтот ѕвездата што го најавуваше изгревањето на „Сонцето на правдата“. Се јави Утешителот на тие што страдаат, Избавителот на угнетените, Лекарот на болните, Надежта за правдољубивите и Востановувачот на еднаквоста меѓу луѓето во целиот свет. Ете, зошто денешниот ден е ден за славословие, за радост и благодарење. Сонцето на правдата доаѓа за да

му даде мир на измаченото човештво, да го упати кон правда и љубов и со

†АГАТАНГЕЛ

ПО МИЛОСТА БОЖЈАМИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ,

ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ОДНОСНО ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, ПО

ПОВОД РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО - БОЖИК, ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА

Page 5: Православна Светлина (08)

3

животворните зраци на божественото учење да ги загрее човечките срца и души. Затоа пријдете браќа и сестри и сите заедно со ангелската војска да му оддадеме слава на Господа, да воскликнеме од благодарност за неизречивата милосрдност и за Неговата бескрајна премудрост.

Драги браќа и сестри Македонци!

Во годината што изминува Македонската православна црква и нејзините верни чеда имаа особена причина за радост и благодарење кон Бога. Ние, како Повардарска епархија удривме камен темелници за почеток на градба на повеќе парохиски цркви, осветивме повеќе цркви и манастири, продолживме со реновирање или градба на неколку манастирски комплекси, ја интензивиравме изградбата на новата величествена црква во центарот на Велес, посветена на македонските учители и просветители Светите браќа Кирил и Методиј, и со огромна Божја помош и закрила континуирано ја одржувавме Црковно-народната кујна во Велес, која, преку нахранување на нашите несреќни и сиромашни браќа и сестри се надеваме дека ќе ни даде нови и добри духовни плодови, полезни за наше спасение и духовна преродба. Ја користам оваа прилика, драги браќа и сестри да ве повикам уште еднаш на уште еден духовен напор, за преку вашето бесценето дарување на Црковно-народната кујна на дело да ја покажете вашата хуманост и добрина. Празниците всушност затоа и постојат, за преку нивното благодатно значење и спасоносна длабочина да се изградиме себеси како подобри луѓе, а се разбира преку нашата несебичност и добрина и да му посведочиме на светот дека ние Македонците навистина сме Божји народ, а нашата татковина Македонија е библиска земја по која чекореле и проповедале славните Христови апостоли, кои, пак, на светот му дарувале спасоносен начин на живот и избавување од сите

Page 6: Православна Светлина (08)

4

тогашни и сегашни цивилизациски зла.

Верни чеда на Македонската православна црква!

На денешниот величествен и торжествен празник, испраќајќи ви го нашиот архипастирски благослов, и ние, заедно со вас, чувствуваме огромна национална и црковна радост. Искрено и со целото свое битие длабоко Му благодариме на Бога, на Неговата света промисла, но и на оние благочестиви наши браќа и сестри, кои храбро трудејќи се и совесно извршувајќи си ја својата работа, несебично придонесоа во македонските основни училишта да се слушне топлиот Божји глас. Воведувајќи ја веронауката како редовен предмет во образовниот систем на Р. Македонија, на нашите ученици, пред сè, им се даде одлична можност да добијат подобро, поквалитетно и поправедно воспитание и образование. Генерациите што ќе ја изучуваат веронауката повеќе нема да бидат верски неписмени и верски индоктринирани генерации. Општо погледнато, преку изучувањето на веронауката, овие генерации ќе добијат извонредна духовна, цивилизациска и културолошка наградба. Овие македонски граѓани, преку запознавањето на верата на нашите татковци, подобро ќе се запознаат себеси, поправилно ќе го изградат својот автентичен идентитет, морално ќе се осознаат, па, вака, на правилен начин градејќи се себеси правилно ќе го изградат и своето татковинско општество. Учејќи и воспитувајќи се од божествената библиска толеранција ќе научат да го почитуваат феноменот на животот, како и секој што во некој поглед е поразличен од нив. Библијата, воедно, нè учи дека Бог го создал човекот според свој образ и подобие, што значи дека при создавањето, покрај божествените својства како што се љубовта, добрината, мудроста и правдољубивоста, на човекот му е дарувано и да учествува и да му сотрудничи на Бога во создавањето на нов живот. За нас православните христијани животот и семејството се тесно поврзани меѓу себе, па затоа Повардарската епархија апсолутно ја подржува кампањата за поттикнување на македонските семејства за добивање на трето дете, и во исто време не ги благословува сите девијантни појави кои насилно го прекинуваат животот, како што се убиството, самоубиството, чедоморството и абортусот. Зголемувањето на македонските семејства не само што ќе нè спасат како народ од историско изумирање, туку и ќе ја зголемат жизнената радост во нашите домови и непосредно, во нашите срца.

Драги браќа и сестри!

Испраќајќи ви го со овие желби нашиот архипастирски благослов, на вас, мили духовни чеда, овде во нашата татковина и надвор од неа, му се молиме на новородениот Богомладенец да останете цврсти во нашата прадедовска православна вера и Светиклиментовиот дух секогаш да биде во вашите души и мисли. Трудете се да останете верни борци во чувањето на нашата национална и црковна слобода и да дадете сè од себеси за да ни цути и напредува нашата татковина Република Македонија и нашата мајка закрилница Македонската православна црква.

Xристос се роди - навистина се роди!

Page 7: Православна Светлина (08)

5

HRISTOS SE RODI!

Page 8: Православна Светлина (08)

6

„Не дојдов за да го нарушам Законот и Пророците, туку да ги исполнам“. Вака им зборуваше Господ Исус Христос на своите апостоли, но и на фарисеите, кои постојано се обидуваа да Го обвинат, дека отстапува од основните принципи на Мојсеевиот Закон. Христологијата нè учи дека во личноста Христова целосно се споени и Божјата и човечката природа. Христос е целосен човек, но и целосен Бог. Во Него, Божјата и човечката природа се проникнуваат неразделно, но и неслиено. Ова е догматот со кој е заклучен IV вселенски собор во Халкидон. Доколку не било вака, доколку Христос би бил само Бог, а не и целосен човек, тогаш воплотувањето на Синот Божји и Неговото појавување во светот ќе нема смисла. Бог, и покрај Неговото воплотување, за нас луѓето би бил далеку. Со еден збор, воплотувањето на Христа би било едно големо промашување. Таквиот Христос и Неговото Евангелие, би проповедале само уште еден нов морализам и филозофија, рамни на многуте што постојат во историјата на човештвото. Токму од овие причини, но и за да покаже дека е целосен човек, Господ Исус Христос во потполност го исполнувал Законот. Меѓу другото, Он според Законот Мојсеев се обрезал во осмиот ден од Неговото Рождество. Што всушност претставува Обрезанието и кога за прв пат тоа се појавило? Обрезанието потекнува од нашиот праотец Авраам, каде преку отстранување (сечење) на крајот од членот на човечкото тело, се става печатот Божји врз избраниот народ. Бог му заповедал на Авраама, ова да го направи врз секое машко дете од неговите потомци. Обрезанието е знак дека Авраам и неговите потомци имаат со Бога склучено сојуз, односно завет. Значи, оној што е обрезан го чува и внимава на законот и заветот склучен со Бога. Обрезанието како обврска постоело сè до формирањето на Новозаветната црква, кога тоа е заменето со крштението и благодатта која произлегува од него.Апостол Павле вели дека со крштението на човекот, престанува да важи обрезанието. Со воскресението на Христа, законот отстапува пред благодатта, односно благодатта го зазема местото на законот. Законот повеќе нема смисла, тој е симбол за ропството и несовршеноста на човекот, а благодатта добиена од Воскреснатиот Господ при крштението, кое претставува облекување во Христа, примање на Неговиот Ум и влез во Црквата Негова, ја растоварува личноста од тешкото бреме и од формалноста и ја гарантира и остварува нејзината слобода. Се поставува прашањето, тогаш зошто ние го славиме Обрезанието Господово? Зарем има смисла, да се слави нешто, што веќе престанало да важи? Одговорот е следен. Ние кога го славиме Обрезанието на Господа Исуса Христа, всушност го славиме Неговото воплотување, односно Неговото вочовечување. Господ Исус Христос, кога се обрезал, се покажал како целосен човек. Човек, кој не дошол за да сруши нешто, кој не се бунтува против никого, туку обрезувајќи се, се покажал Себеси како

Личност која гради и надградува, Личност која носи ново вино во нови мевови, од едноставна причина што Неговото Раѓање и Неговото појавување е исклучителна

ОБРЕЗАНИЕ ГОСПОДОВО

ѓакон Влатко Стоименов

Page 9: Православна Светлина (08)

7

и оригинална „новост“. „Нема ништо ново под сонцето, освен појавата на Господа Исуса Христа како човек“. Со Неговото раѓање и воскресение, на човекот кој дотогаш бил окован во гревот и врз кого почивала смртта и ништожноста, широко му се отворил патот кон вечноста, духовната слобода и Царството Небесно. Човекот престанал да лее страшни солзи како нашиот праотец Адам. Човекот добил можност да се радува на животот, да ја надмине тагата и на крајот на краиштата, човекот, усвојувајќи го животот Христов, добил можност да личи на Христа, односно да биде бог - не според природа, туку бог според благодат. Пред човекот е отворена целта, а таа е, неговиот живот да биде Богочовечки. Значи кога го славиме Обрезанието Господово, всушност го славиме човештвото Христово - вистинскиот хуманизам, а тоа е човечкиот живот да стане теоцентричен, односно богонасочен - Богочовечки.

Светлината како поим, постојано го привлекувала вниманието на човекот низ сите времиња и кај сите народи. Затоа таа опфаќа едно големо поглавје во изучувањето на духовноста на човекот, а култот на светлината зазема значајно место во историјата на религијата. Веднаш треба да се каже дека, постојат два вида на светлина: физичка - создадена и духовно-есхатолошка светлина, која е несоздадена. Физичката светлина се појавила едновремено со космосот (1. Мој. 1, 3). Таа ни помага да можеме, со своите физички очи, низ мракот да видиме сè што ни е потребно. Несоздадената духовна светлина ги осветлува духовните очи. Таа извира од Бога и е светлина на Откровението (Откр. 21, 23). Таа е толку светла, така што, со нејзиното присуство, човекот нема потреба ниту за сонцето, ниту за физичката светлина (Откр. 22, 5). Тоа е така, зашто таа се јавува како рефлекс на несоздадените Божји енергии и како присуство на Божјата благодат. Нејзин Извор и нејзина Суштина е Бог, Кој е вистинска Светлина, како во Стариот, така уште повеќе во Новиот Завет. Поради опасноста од идолопоклонството, на човекот во Стариот Завет оваа претстава му се давала во симболи, во прототипови, а не во директни слики и реални откровенија. Така, го гледаме огнот во пустината на планината Хорив (2. Мој. 3, 2-4); потоа, тука е повикот кон Мојсеј на Синај (2. Мој. 19, 18), каде што бил даден Законот. Така, го гледаме и огнениот столб, кој ги водел Евреите низ пустината. Таков е и огнот, кој ја изгорува неправдата и нечистотијата (5. Мој. 4, 24); таква е и светлината, која им свети на праведниците. ,,Светлината на праведниците свети секогаш, а светилото на нечесните згаснува“ (Изрек. 13, 9). Уште поочигледно, преку својата визија, пророкот Давид истакнува: ,,Ти си се облекол во светлина како со облека, си го прострел небото како шатор“ (Псал. 103, 2), или, ,,во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ќе гледаме светлина“ (Псал. 35, 9). Уште подетално, пак, се изјаснува пророкот Исаиј: ,,Ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак - народите; а над тебе ќе засветли Господ, и славата Негова ќе се јави над тебе. И народите ќе дојдат кон твоето видело, царевите - кон светлината

HRISTOS SE RODI!

Page 10: Православна Светлина (08)

8

што изгрева над тебе“ (Иса. 60, 2-3). Во философијата на древните Елини го гледаме ѕиркањето на светлината, во форма на идеја (кај платонизмот) или на други сенки. Сепак, мора да се каже, дека за човекот од Стариот Завет (освен за Мојсеј), било недостапно гледањето на несоздадената светлина, па затоа таа овде се јавува како некаков надворешен атрибут. Во Новиот Завет, Божјата светлина се јавува како сила, која од основа и онтолошки го менува светот: Синот дојде и ни ја подаде светлината на разумот, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ,,лицето Негово светеше како што сонцето сјае во својата сила“ (Откр. 1, 16). Преку Господа Исуса Христа, несоздадените Божји зраци продираат во светот - космосот; небото слегло на земјата, а земјата се издигнала до небото. Жителите на земјата станаа деца Божји, зашто домот на Отецот ,,има многу места за живеење“ (Јован 14, 2). Преку Него се открива вистината и светлината. Вистината примила Тело и постанала Живот. Оној, Кој е роден пред сите векови, во времето се раѓа како Човек во темна пештера, која со Неговото раѓање постанува посветла и од најосветлената зграда во светот. Пламенот на Христовата светлина го растури мракот на незнабожечката ноќ и ја избриша темнината на незнаењето и заблудата. Вистината прима Тело, станува Живот, а христијаните се причестуваат со крвта на Вистината и светлината на Животот. Сега, преку светите Тајни, луѓето стануваат ,,деца на светлината“ (Ефес. 5, 8) и благодатта. Сега и свети Јован Богослов отворено говори за Бога како светлина, или за Христа Господа како за ,,Светлина на светот“ (Јован 8, 12). Извор на светлината е Бог, Кој се открива како светлина. Светлина е и Синот Божји, Единородниот, Кој е роден од Отецот на светлината. Поради тоа светата Црква ја пее химната: ,,Светлино тивко, на бесмртната слава, на бесмртниот Отец небесен...“. Он Самиот за Себе вели: ,,Јас сум Светлина на светот“ (Јован 8, 12). Тоа значи: Господ Исус Христос го отвора патот кон Отецот на светлината и на ,,секој добар дар“ (Јаков 1, 17). Он се воплотил, за да биде светлина на светот и да ,,го осветлува секој човек, што доаѓа во светов“ (Јован 1, 9). Оваа светлина се шири преку слушањето на Евангелието, преку Христовата наука, која делува како светлина, и тоа тројно. Прво, гносеолошки, или сознајно, како светлина на разумот. Поради тоа се истакнува: ,,Синот Божји дојде и ни даде светлина, и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог“ (1. Јов. 5, 20). Со Своето раѓање Он го осветлил светот со светлината на богопознанието. Ни го донел знаењето за Бога, за Неговата суштина, за Неговите својства и за односите кон човекот и светот, ни ја открил вистината за Триединиот Бог, за тоа, дека Бог е љубов... Ни го донел знаењето за човекот, за неговата вредност како дете - син Божји, како лик и подобие Божјо. Второ, Господ Исус Христос ни донесе и радост. Он ги поздравил жените - мироносици со поздравот: ,,Радувајте се!“ (Матеј 28, 9). Сега, од Божјото воплотување струјат цели извори на радоста. Тие ни даваат сила, за да станеме Божји деца.Трето, Христовата светлина ни донесе живот, вистински, благодатен живот во чистота, добрина, светлина, правда... Освен тоа, Христовата светлина се прима и преку светите Тајни, преку кои се соединуваме и со Светиот Дух, Кој е Оган и Кој очистува. Ваквата Христова светлина од основа го преродува човечкото битие, поради што наидуваме и на сликовито опишување на овој процес: ,,Како што зраците на сонцето, минувајќи низ призмата на оловните облаци, на небото насликуваат слики на искри, исто така и зраците на несоздадената Божја енергија - Сонцето на Света Троица, минувајќи низ призмата на нашето битие, слободно и делотворно ги пренесуваат, на еклисиолошки и

вселенски план, оние седум бои на христијански искри, кои ја врзуваат земјата со небото и човечката природа со Бога. Така, Божјиот камен на благодатта,

Page 11: Православна Светлина (08)

9

ја претвора неплодната смоква на нашата онтолошка кора, во вечно зелено овошје, кое донесува плод на Откровението, кој не е ништо друго, туку самиот лик на Словото“. Ваквата светлина го преродува човекот-верник, блеска преку неговите добродетели, остварени врз единството на неговиот живот во Христа и во благодатта на Светиот Дух. Првите силни пламени на Христовата светлина, биле Неговите ученици - светите Апостоли, потоа нивните следбеници - апостолските Отци. Златниот христијански век, ни дава посебно заглавие во ширењето на Христовата светлина во историјата на христијанството. Како блескави и силни светила ни се дадени: свети Атанасиј Велики, свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Григориј Ниски; додека на полето на проповедништвото, посебно богатство на христијанска светлина ни се дава преку свети Јован Златоуст и многу други. Нивните пламени засветлиле во Ерусалим, Рим, Александрија, Антиохија и во многу други краишта низ светот. Таа моќна Христова светлина, со своето дејство го облагородила и преродила човештвото. Со силата на Божјата благодат, таа го удрила својот печат на сите гранки на човечката активност, како и на целокупната култура, наука, уметност... Кажано со други зборови, најубавите дела на целокупното човечко творештво, на полето на архитектурата, сликарството, музиката и книжевноста, се плод на силното христијанско вдахновение. Посебен сјај Христовата светлина има во добродетелите на Христовите подвижници. Така преобразени со светлината на Христовата благодатна енергија, светителите се јавуваат како Божји пријатели и светлат, подобно на Христа за време на Преображението на гората Тавор. Поради ваквата улога и вредноста на светлината, сите ние, христијаните, повикани сме со својата вера и своите добродетели, односно, со својот благодатен живот во Христа и преку Христа, да ја прегрнеме оваа светлина, да го доживееме она, што го доживеале безбројните Христови следбеници. Должни сме, да го доживееме она, што го доживеал и свети Симеон Нов Богослов, кој за ова го вели следново: ,,Јас се причестувам со оган, иако сум трева! Но, гледај чудо! И во огнот сум незапалив, како некогаш несогорливата капина, која ја видел Мојсеј во пустината“. Поради тоа сме повикани да станеме ,,синови на светлината и синови на денот“ (1. Сол. 5, 5-6). Затоа христијанската должност ни наложува, да ги употребиме сите свои сили, та преку животот во Христа, да стекнеме напредок во човекољубието, за да можеме во воскресението да се радуваме на Царството небесно, каде што сите Божји синови ќе засветлат како сонце.

Подготвил:протоереј Златко Ангелески

HRISTOS SE RODI!

Page 12: Православна Светлина (08)

10

Во Светото Писмо ни се укажани многу патеки на покајанието, а тоа е пат до спасението. Првата патека е - исповедта на гревовите. Ти си грешник? Не очајувај, туку пристапи и принеси покајание. Ти си згрешил? Тогаш, кажи пред Бога: ,,Јас згрешив!“ Каков е трудот? Каков е товарот? Каква е жалоста? Каква е тешкотијата да се каже: јас згрешив! Ако ти самиот за себе не кажеш дека си грешник, зарем ѓаволот нема да те нарече дека си таков? Надмудри го и лиши го од таа чест, а неговата чест се состои во тоа - постојано некого да обвинува. Зошто да не го надмудриш, со тоа што ќе го исповедаш гревот; зошто да не го избришеш престапот, кога знаеш дека против тебе постои таков тужител, кој не може да молчи? Ти си згрешил? Дојди во црквата и кажи пред Бога: ,,Јас згрешив!“ Ништо друго од тебе не се бара, освен да признаеш дека си згрешил. Божјото Писмо говори: ,,Говори, за да се оправдаш“ (Иса. 43, 26) или со други зборови, кажи го гревот, за да го оправдаш гревот. За ова не се потребни ни труд, ни многу зборови, ни пари, ни друго нешто слично. Изговори збор, откриј го гревот, па речи: ,,Јас згрешив“. Но, некој ќе приговори, како ќе знам, ако јас прв го кажам гревот, дека истиот ми е простен? Во Светото Писмо постои пример и за таков човек, кој го исповедал гревот и го избришал, но и таков, кој не го исповедал - и бил осуден. Првиот пример е Давид, а вториот Каин... Втората патека е - оплакувањето на гревовите. Ти си згрешил? Плачи и ќе го избришеш гревот! Каков труд е тоа? Ништо друго поголемо не се бара од тебе, освен да плачеш поради гревот. Никој не ти заповеда да го разделиш морето, ниту да влегуваш во пристаниште, ниту да патуваш, ниту да одиш на далечен пат, ниту да трошиш пари, ниту да се бориш со разбранувано море... Што се бара од тебе? Плачи поради гревот! Но, ти ќе речеш: ,,Како да се осигурам дека, ако плачам, ќе ми биде простен гревот?“. И за тоа постои доказ во Божјото Писмо - царот Ахав! Третата патека е - смирението. Ти изложувам многу патеки на покајанието, за да можам, преку нивната различност, да ти го олеснам спасението. Биди смирен, и ќе ги разрешиш оковите на гревот. И за ова постои доказ во Божјото Писмо, во параболата за митарот и фарисејот (Лука 18, 10-14). Митарот, со наведната глава, се молел и говорел: ,,Боже, биди милостив кон мене грешниот“. Со таквото смирение митарот се оправдал себеси. Фарисејот излегол од храмот, губејќи ја својата праведност. И зборовите ги победиле делата. Едниот, со делата ја загубил праведноста, а митарот, со зборови стекнал праведност. Впрочем, тоа не било ни смирение. Зашто, смирението се состои во тоа, кога некој ,,голем“ се понижува себеси; а признавањето на митарот не било смирение, туку вистинска вистина; неговите зборови биле праведни, зашто тој навистина и бил грешник... Сега ќе продолжиме понатаму и ќе ја покажеме четвртата патека на покајанието. Тоа е милостината - царицата на добродетелите, нашата најдобра заштитничка, која брзо ги издигнува луѓето во небесните дворови. Големо дело е милостината... Голем полет има

милостината: таа го пресекува воздухот, ја поминува месечината, се искачува повисоко од сончевите зраци, достигнува до небото...

Од ризницата на светите отци

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ

П О К А Ј А Н И Е Т О И М А П О В Е Ќ Е П А Т Е К И

Page 13: Православна Светлина (08)

11

СВЕТИ НИКОЛАЈ ЈАПОНСКИ

З А П О К А Ј А Н И Е Т О

HRISTOS SE RODI!

Петтата патека кон покајанието, која исто така е угодна на Бога, и со чија помош можеш да се ослободиш од гревовите е - молитвата. Моли се секој час, не омалаксувајќи во молитвата, грижливо моли го Божјото човекољубие, а Бог нема да се оглуши за оној, кој постојано Му се моли, туку ќе ти ги прости гревовите и ќе ги исполни твоите молби. Ако се молиш, и ако твојата молитва е услишена, продолжи да се молиш, принеси благодарност на Бога, а ако не си услишен, издржи во молитвата, за да бидеш услишен. И немој да говориш: ,,Многу се молев, и не бев услишен“, зашто и тоа често се случува за твоја корист. Бог знае дека ти си мрзлив и безгрижен, и ако го добиеш тоа, за што си се молел, ќе заминеш и повеќе нема да се молиш; а вака, потребата те принудува почесто да разговараш со Бога и да се занимаваш со молитва. Ако ти, во таква потреба, си мрзлив и не се молиш, тогаш, што би се случило, кога не би имал никакви потреби? Бог тоа го прави поради твоја корист, сакајќи никогаш да не ја оставаш молитвата. Затоа, издржи во молитвата и не биди мрзлив, зашто молитвата може многу да направи, и не ì пристапувај на молитвата, како кон безначајно дело. А дека молитвата донесува прошка на гревовите, и тоа можеш да го дознаеш од светото Евангелие (Лука 11, 5-13). И така, Писмото те учи да се молиш и никогаш да не омалаксуваш, туку и тогаш, кога нема да го добиеш она, за што си се молел, треба да истраеш во молитвата, сè додека не го добиеш бараното. И многу други патеки на покајанието ќе најдеш во Светото Писмо... Ако имаме само една патека, нема да можеме да тргнеме по неа... Колку пати и да паднеш на улица, секогаш стануваш. Точно така! Колку пати и да згрешиш, покај се за гревот и не очајувај... Ти си во длабока старост и си згрешил? Влези во црквата, покај се: тука е болница, а не судница; тука не испитуваат, туку даваат прошка...

(Втора и Трета беседа за покајанието, Творения, том II, Спб, 1896)

Возљубени браќа и чеда мои! Како што патникот, кој поминал големо патешествие, има потреба од место и време за одмор, така и нашето страдално човештво, има сè поголема потреба од одмор. Ќе започне Великиот Пост. А што значи постот? Постот е прегледување на своите постапки. Постот е подвиг, покајание, но и време за вистински одмор за нас, кои страдаме. Вистински одмор и утеха во животот, ние можеме да стекнеме само преку сериозна проверка на своите постапки, но и преку покајание, кое треба да произлегува од нашето срце. Вистински одмор можеме да стекнеме само преку вистинско, а не формално, покајание. Впрочем, ако се каеме формално или во својата фантазија, невозможно е да достигнеме совршенство. На пример, може ли човекот да постане чист, а никогаш да не се измие, или да фантазира дека се мие? Или, пак, може ли човекот да ја засити својата глад, доколку не јаде, а фантазира во своите мисли дека јадел? Не, сигурно дека не може, зашто, како е можно да се очисти, или да се најаде, ако навистина не се допре до вода, или ако не касне парче леб. На таков начин, невозможно е да се добие вистинска утеха формално или фантазирачки. Спасението и искупувањето - тоа е реалност и вистина. Пред сè, да се обратиме во своето срце. Откако ќе погледнеме во него, да го отвориме без никакви тајни и да се покаеме пред Небесниот Отец! Само тогаш ќе можеме да се соединиме со Христа, нашиот Господ, кога нашето срце ќе биде искрено, а нашата вера - огнена. Доколку ние не ја достигнеме оваа тајна, ние никогаш нема да стекнеме

Page 14: Православна Светлина (08)

12

Присуството на Литургија и причестувањето во неделите и на големите празници, секогаш било во срцето на христијанскиот живот, настан што му дава на животот евхаристиска димензија и централно место. Но причестувањето - примањето на Христа во себе - никогаш не може да биде рутина, ниту нешто што заслужуваме, без разлика каков живот живееме. На пример, Исус Христос достоинствено нè предупредува против приоѓањето кон олтарот ако сме во непријателство со некого. Он ни вели: „остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Мат. 5, 24). Во една од своите параболи (поучни приказни), Он опишува личност која е исклучена од свадбеното празнување зашто не носела свадбена облека. Парталавата облека е метафора за живеење на живот кој ја сведува совеста на партали (Мат. 22, 1-14). Примањето на Христа во Причеста за време на Литургијата е камен темелник на живеењето во заедница со Бога, со луѓето, и со целото создание. Бог нè подучува дека љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот го содржат целиот Закон. Еден од начините да се опише некој сериозен грев е да се каже, дека тоа е некое дело што ја нарушува нашата заедница со Бога и со нашиот ближен. Ова е причината поради која испитувањето на совеста - доколку е неопходно, одењето на исповед - е дел од подготовката за Причестување. Ова е тековен процес во кој се обидувам да го видам мојот живот и моите постапки со јаснотија и чесност - да се погледнам себеси, моите избори, и моите насоки како познати на Бога.

Испитувањето на совеста е можност за спомнување не само на сторените тешки гревови, туку дури и на зачетоците на гревовите.

целосна утеха. А уште е полошо, ако некој, во деновите на строгиот пост, не погледнува во себе и не се кае вистински, а извршува само формално покајание, ги лаже и Бог и луѓето. Таквите луѓе не само што не стекнуваат никаква утеха, туку само си наметнуваат врз себе уште поголеми таги. Доколку таквиот човек пристапи кон светата Тајна Причест, извршува двоен грев и врз себе навлекува уште поголем гнев. Така учи и свети апостол Павле. Возљубени мои браќа и чеда! Доколку ви се случило да ги лажете Бог и луѓето, откријте ја таа тајна! Доколку вие имате омраза едни кон други - отфрлете ја; доколку се гневите едни врз други - простете си и измирете се! Во овие дни и јас пристапувам кон светата Тајна покајание. Според мојата маловерност и нечесност, од знаење и незнаење, и јас имам премногу згрешено пред вас, па затоа, ве молам: простете ми! Доколку и вие, во било што ми згрешивте, јас, иако не знам за тоа, со радост ви простувам. Зашто Христос рекол дека, ако некој некому не му ги прости гревовите, нему нема да му биде простено ни на Небото.

(Слово на свети Николај Јапонски (Касаткин), во почетокот на Великиот Пост, март, 1908 година)

Избор и превод од руски јазик:протоереј Златко Ангелески

Ж и в е е ј ќ и с о с в е т а т а п р и ч е с т

Page 15: Православна Светлина (08)

13

Зборот совест потекнува од грчкиот глагол што значи „да се има општо знаење“ или „да се знаеш со“ некого, сфаќање што води до идејата да се сведочи за некого, особено за себе. Совеста е скриена дарба што нè води во изборот, што нè устројува по Божјата волја, и која нè обвинува кога ќе ја прекинеме заедницата со Бога и со нашиот ближен. Совеста е одраз на божествениот образ во срцето на секој човек. Во книгата „Свештениот дар на животот“, отецот Џон Брек, истакнува дека „образованието на совеста се стекнува во голема мера преку нашето потопување во подвижничкото предание на Црквата: тоа е животот со молитва, свештено и литургиско празнување, и изучување на Светото Писмо. Воспитувањето на нашата совест исто така зависи и од нашето стекнување мудрост од оние кои се понапреднати од нас во верата, љубовта, и Богопознанието“. Совеста е Божјиот тивок глас во нас кој нè повикува на начин на живеење кој го открива Божјото присуство и нè поттикнува да ги одбиеме оние дела кои ја уништуваат заедницата и причестувањето.

Клучни елементи во исповедта

Отецот Александар Шмеман утврдува три клучни моменти во исповедта:

Односот кон Бога: Прашања на самата вера, можни дилеми и отстапувања, невнимание кон молитвата, запоставување на литургискиот живот, постот итн. Односот кон ближниот: Основни ставови за себичноста и себељубието, рамнодушноста кон другите, недостаток на внимание, интерес, љубов. Сите дела на вистинска омраза - завист, сплеткарење, суровост итн., - мора да бидат спомнати и, ако е потребно, нивната грешност да му се покаже на покајникот. Односот кон нас самите: Гревовите на телото со христијанското видување на чистотата и целомудрието, почитување на телото како икона на Христа итн. Злоупотребата на нечиј живот и средства; недостаток на било каков вистински напор за подлабок живот; злоупотреба на алкохол или дроги; евтино сфаќање за „забава“, живот фокусиран на разонода, неодговорност, негрижа за семејните односи итн.

Начини за себеиспитување

Во напорите да ја испитаме совеста, можеме да се послужиме со средства кои ќе ни помагаат, ресурси кои ќе помогнат во формирањето и испитувањето на совеста. Меѓу нив се Десетте Заповеди, Блаженствата и разни молитви, како и листа на прашања напишана од искусни исповедници. Во оваа мала брошура, ќе разгледаме само едно од овие средства. Тоа се Блаженствата, кои даваат куса содржина на Евангелието. Секое Блаженство открива одреден аспект на заедницата со Бога. Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството небесно. Сиромаштијата на духот е мојата свест дека ми треба Божјата помош и милост повеќе од било што друго. Тоа е спознание дека не можам да се спасам самиот себе, дека ниту парите ниту моќта ќе ме поштедат од страдање и смрт, и дека без разлика, што и да постигнам и стекнам во овој живот, ќе биде далеку помало од она што го посакувам, ако дозволам желбата за поседување да ме завладее. Благослов е да се знае дека дури и она што го имаме не е наше. Тоа е живот слободен од надмоќта на стравот. Додека надворешните форми на беда се менуваат од личност до личност па дури и од година во година во индивидуалниот живот, зависејќи од нечиј повик и одредени околности, сите оние кои го живеат ова Блаженство, бараат со срце и душа попрво да ја живеат Божјата волја, отколку сопствената. Мајката Христова е пример за смирение на духот во нејзината безусловна согласност кон Божјата волја: „Нека ми биде според зборовите твои“ (Лука 1, 38). Слично, на свадбената веселба во Кана, на оние кои чекаа на масите, таа им вели: „Сè што ќе ви рече,

HRISTOS SE RODI!

Page 16: Православна Светлина (08)

14

направете“ (Јован 2, 5). Оној кој живее според овие зборови е беден по дух. Прашање за размислување: Ние сме бомбардирани од реклами, кои постојано нè потсетуваат на можноста да поседуваме работи и да уживаме во сите видови на желби и искушенија. Целта на сиромаштијата на духот се чини е многу голема. Дали се молам правилно за Бог да ми даде сиромаштија на духот? Кога сум искушуван да купам работи за кои немам потреба, дали се молам да добијам сила за да оддолеам? Дали ги запазувам црковните пости што ќе ми помогнат да се укрепам за да го живеам ова Блаженство? Дали навистина сакам да ја знам и прифатам Божјата волја во мојот живот? Дали сум подготвен да бидам сфатен како чуден и глупав од оние во чии животи владеат вредностите што се во спротивност на Блаженствата? Блажени се оние што плачат, зашто ќе се утешат. Плачот е дел од истата облека како и бедноста на духот. Без бедноста на духот, јас ќе бидам засекогаш чувар на она што го имам за себе, за да ме чува мене, или за оној мал круг на луѓе кој го сметам за свој. Последица на бедноста по дух е станувањето сочувствителен кон болката и загубите на другите, не само на оние кои ги познавам и за кои се грижам, туку и на оние кои се туѓи за мене. „Кога ќе умреме“, вели свети Јован Лествичник, игумен кој живеел во VII век, во манастирот „Света Екатерина“ близу планината Синај, „нема да бидеме осудувани поради тоа што не сме правеле чуда. Нема да бидеме обвинети што не сме успеале да станеме богослови или созерцатели. Но сигурно ќе мораме да му објасниме на Бога зошто постојано не сме плачеле?“ Прашање за размислување: Дали плачам со оние што плачат? Дали сум плачел за оние кои починале од моето семејство? Дали ги отворам моите мисли и чувства кон болката и загубите на другите? Дали се обидувам да направам простор во мојот ум и срце за несреќите во животите на другите кои се далеку од мене, кои не го зборуваат мојот јазик, ниту ја имаат мојата вера? Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата. Кротоста често се меша со слабоста, иако кротката личност не е ниту неодлучна, ниту страшлива. Библиски гледано, кротоста е правење избор и покажување на сила попрво со божествена, отколку општествена појдовна точка. Кротоста е суштинскиот квалитет на човечкото битие во односот со Бога. Без кротоста, ние не можеме да се устроиме себеси според Божјата волја. Наместо смирение ние ја претпочитаме гордоста - гордост од она што сме, гордост од што го правиме и што го сакаме, од она што сме го постигнале, гордост од националната или етничка група на која ì припаѓаме. Кротоста нема ништо заедничко со слепата послушност или со општествената еднаквост. Кротките христијани не си дозволуваат себеси да бидат влечени од струите на политичката моќ. Таквите обезглавени личности се отсекле себеси од својата совест, од Божјиот глас во нивните срца, и ја отфрлаат својата Богомдарувана слобода. Кротоста е особина на следењето на Христа, без разлика на какви ризици сме изложени. Прашање за размислување: Кога ја читам Библијата или делата на светителите, дали сфаќам што значат тие за мојот живот? Кога ќе увидам дека она што го читам не соодветствува со начинот на кој јас живеам, дали дозволувам таквиот текст да ме предизвика? Дали се молам за Божјото раководство? Дали барам помош за итни прашања во верата? Дали планирам да избирам и прифаќам идеи што би ми помогнале да се вклопам во групата (да бидам дел од неа)? Дали се плашам од критиките и исмејувањето на другите за моите заложби да живеам според Евангелието? Дали ги слушам другите? Дали ја зборувам вистината дури и во тешки околности? Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат. Во Неговото учење за Страшниот Суд, Христос зборува за гладот и жедта: „Гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте“ (Мат. 25, 35). Нашето спасение зависи од нашата

грижа за најнезнајната личност исто како што би сториле и за Самиот Христос. Да се биде гладен и жеден за нешто не е умерена желба, туку очајно копнеење.

Page 17: Православна Светлина (08)

15

Да се биде гладен и жеден за правда значи нужно да се посака она што е чесно, исправно и вистинско. Праведната личност живее исправен живот, живее морален, непосрамен живот, коректен и со Бога и со ближниот. Праведен општествен поредок би бил оној во кој никој не е напуштен или отфрлен, во кој луѓето живеат во мир со Бога, еден со друг, и со светот кој ни е даден од Бога. Прашање за размислување: Дали ме вознемирува тоа што живеам во свет кој е во многу нешта спротивен на Царството небесно? Кога се молам, „Да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја како на небото така и на земјата“, дали се молам за тоа, мојот живот подобро да ги рефлектира Божјите приоритети? Која е најнезначајната личност во моето секојдневие? Дали се трудам да го видам ликот Христов во него или во неа? Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани. Една од опасностите од стекнување на праведност е тоа што некој може да стане самопрогласен праведник. Па така, следното скалило на Блаженствата е заповедта за милостивост. Ова е квалитет на способноста за себежртвена љубов, на великодушни дела направени за оние кои имаат потреба. Двапати во Евангелијата Христос ги кажува како Негови, зборовите на пророкот Осија: „Милост сакам, а не жртва“ (Ос. 6, 6; Мат. 9, 13; 12, 7). Гледаме сведоштва за милостивост, од многу примери во новозаветното раскажување на Христовиот живот - простување, излекување, ослободување, поправање, дури и исцелување на раната на човекот повреден од свети Петар во неговиот обид да Го заштити Христа, и ветувајќи му го Рајот на разбојникот кој бил распнат на крст до Него. Пак и пак Христос вели дека оние кои ја бараат Божјата милост мора да им простат на другите. Ова начело е содржано во единствената молитва која Христос им ја кажа на Неговите ученици: „Прости ни ги нашите долгови, како и ние што им ги простуваме на нашите должници“ (Мат. 6, 12). Он ги повикува Неговите следбеници да ги сакаат своите непријатели и да се молат за нив. Моралноста во поучната приказна за Добриот Самарјанин се состои во тоа што, ближниот е личност која му доаѓа на помош на туѓинецот во неволја (Лука 10, 29-37). Додека Христос го критикува лицемерието и ги предупредува немилостивите дека тие сами се осудуваат на Пекол, во ниту еден пасус од Евангелието не го слушаме како оправдува нечија смрт. На Страшниот Суд, Христос ги прима во Царството Небесно оние кои биле милостиви. Самиот Он е Милост. Прашање за размислување: Кога ќе видам туѓинец во неволја, како реагирам? Дали Христовата милост е очигледна во мојот живот? Дали имам волја да им простувам на оние кои бараат прошка? Дали сум великодушен во делењето на моето време и материјални богатства со оние кои имаат потреба? Дали се молам за моите непријатели? Дали се обидувам да им помогнам ако тие имаат потреба? Дали јас сум бил некому непријател? Милостивоста е сè поотсутна дури и во општествата со христијански корени. Во Соединетите Американски Држави, смртната казна беше повторно воспоставена во повеќето држави и имаше жестока поддршка од многу христијани. Дури и во малите држави што ги укинаа егзекуциите, смртната казна често се применува врз неродените деца - абортусот е тежок морален проблем. Во однос на болните, старите и хендикепираните, фразите, како што се, „убиство од милост“ и „асистирано самоубиство“ се денес често употребувани. До која мерка сум бил под влијание на слоганите и идеологиите кои ја промовираат смртта како решение и го маскираат убиството со милост? Што правам јас за да го направам моето општество погостопримливо, погрижливо, кое се обидува да го заштити животот? Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога. Мозокот напредуваше во светот, додека срцето назадуваше. Срцето обично се сметаше како место на Божјото дејствување во нас, како центар на човечкиот идентитет и совест, кој е поврзан со нашата моќ да љубиме, срж не само на физичкиот, туку и на духовниот живот - како основа на човечката душа. Во нашето општество фокусирано на мозокот, треба да бидеме изненадени што Исус Христос не рекол: „Блажени се оние кои имаат блескав ум“. Наместо тоа, Он ја благословува чистотата на срцето. Грчкиот збор за чистота, katharos (καθαρος), значи неизвалкан, неопетнет;

HRISTOS SE RODI!

Page 18: Православна Светлина (08)

16

недопрен, неповреден, совршен; слободен од расипување или од нешто што осквернува или истленува. Што е, тогаш, чисто срце? Тоа е срце ослободено од себичност, срце способно да плаче, срце кое е жедно за правда, милостиво срце, срце што љуби, срце кое не е управувано од страстите, срце неразделено, срце кое е свесно за образот Божји во другите, срце кое го привлекува убавина, срце кое е свесно за Божјото присуство во созданието. Чистото срце е срце во кое нема презир кон другите. „Една личност навистина има чисто срце тогаш, кога сите човечки битија ги смета за добри и ниедно создание не му се чини нечисто или осквернето“, вели свети Исаак Сириски. Спротивно на чистотата на срцето е секоја похота за богатство, за признанија, за моќ, за одмазда, за сексуално искористување – без разлика дали е тоа преку дело или помисла. Духовните добродетели кои го штитат срцето се сеќавањето, свесноста, претпазливоста, будноста, вниманието, надежта, верата и љубовта. Молитвеното правило во секојдневниот живот помага во исцелувањето, чувањето и обединувањето на срцето. „Секогаш чувај го својот ум собран во своето срце“, - нè учи големиот учител на молитвата, свети Теофан Затворник. Исусовата молитва - умносрдечната молитва - е дел од традицијата на духовниот живот, која помага да се помести центарот на сознанието од умот во срцето. Очистувањето на срцето е настојување умот да се стави под контрола на срцето, кое го претставува аналитичкиот и организацискиот аспект на свеста. Тоа е, од момент во момент, молитвена дисциплина која бара да се биде толку свесен за присуството на Бога, што нема да има простор во срцето за омраза, алчност, похота, или одмазда. Очистувањето на срцето е долготраен подвиг во кој бараме побогоцентричен живот, срце просветлено со присуството на Светата Троица. Прашање за размислување: Дали се грижам да не читам или да не гледам работи кои ја возбудуваат похотата? Дали избегнувам да користам зборови кои ја валкаат мојата уста? Дали се интересирам за убавината на луѓето, природата и уметноста? Дали сум саркастичен кон другите? Дали ритамот на молитвата е дел од мојот секојдневен живот? Дали внимателно се подготвувам за Причест? Дали ги запазувам посните денови и периоди? Дали сум свесен и благодарен за Божјите дарови? Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји. Христос е често нарекуван Цар на Мирот. Неговиот мир не е пасивна состојба - Он ги благословува миротворците. Миротворецот е личност која помага при исцелувањето на нарушените односи. Низ Евангелието Го гледаме Христос како дарува мир. Во Неговиот последен говор, пред Неговото апсење, Он им вели на апостолите: „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам... Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои“ (Јован 14, 27). По Воскресението, Он ги поздравува Своите следбеници со зборовите: „Мир вам!“ (Јован 20, 19). Он ги советува Своите следбеници, кога влегуваат во некоја куќа, првото што ќе го направат да биде благословот: „Мир на таа куќа“ (Лука 10, 5). Христос е најчуден кога вели: „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч“ (Мат. 10, 34). Оние кои се обидуваат да живеат според мирот Христов може да се најдат во неволја, како и сите оние кои умреа со маченичка смрт. За жал, за повеќето од нас мирот за кој тежнееме не е Царството Божјо, туку малку подобрена верзија на светот што веќе го имаме. Ние сакаме да се ослободиме од конфликтите без да ги елиминираме духовните и материјалните фактори кои нè довеле до тие конфликти. Миротворецот е личност која е свесна дека целта никогаш не се одвојува од средствата; смоквите не растат на трња; ниту, пак, општеството е настанато од омраза и насилство. Миротворецот е личност која е свесна дека сите луѓе, дури и оние за кои се смета дека се водени од зли духови, се создадени според Божјиот образ и се способни за промена и преобразување. Прашање за размислување: Во моето семејство, во мојата парохија, и меѓу моите

соработници, дали сум јас виновен за гревовите кои предизвикале или од кои се продлабочиле поделбите и конфликтите? Дали барам прошка кога ќе сфатам дека

Page 19: Православна Светлина (08)

17

сум згрешил, или го оправдувам она што го правам, без разлика каква болка или штета им нанесувам на другите? Дали сметам дека контактирањето со противниците е само губење на време? Дали ги слушам со внимание и почит оние кои ме иритираат? Дали се молам за благосостојба и спасение на противниците и непријателите? Дали дозволувам да ми влијае врз градењето на став она што другите ќе го кажат и она што новинарите ќе го известат за оние кои никогаш не сум ги запознал? Дали преземам позитивни чекори да ја надминам поделбата? Има ли луѓе кои мислам дека не го носат образот Божји во себе и поради тоа се вродено лоши? Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е Царството Небесно. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат, и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно - заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата. „Мораме да го носиме Христовиот Крст како венец на славата“, напишал свети Јован Златоуст во четвртиот век; „зашто сè што е постигнато меѓу нас е стекнато преку него... Кога и да изобразиш знак на крстот на твоето тело, помисли на тоа што значи Крстот и остави го настрана бесот и секоја друга страст. Биди храбар и биди слободен во душата“. Во древниот свет, христијаните биле гонети обично поради тоа што се сметало дека тие го поткопуваат општествениот поредок, и покрај тоа што во многу аспекти тие биле пример за граѓанска послушност и добро однесување. Но христијаните се воздржувале од култот на обожување на императорот, не принесувале жртви на боговите кои биле почитувани од нивните соседи, и биле критикувани за нивното одбивање да војуваат или да пролеваат крв во било каква форма. Не е тешко да се претпостави дека заедницата која живеела според такви вредности, иако добро се однесувала, ќе биде сметана за закана од страна на власта. „Заповедите од Императорот и од другите авторитети мора да се почитуваат доколку не Му се противат на Небесниот Бог“, рекла света Ефимија (16. IX ст.ст.) во 303 година, за време на владеењето на Диоклецијан. „А ако, пак, се противат на Небесниот Бог, не само што не треба да им се покоруваме, туку да им се противиме“. По измачувањето, света Ефимија била убиена од мечка - смрт со која биле убиени илјадници христијани во четвртиот век, иако најголемиот број христијански маченици припаѓа на дваесеттиот век. Во многу земји верскиот прогон продолжува и понатаму. Прашање за размислување: Дали стравот игра поголема улога во мојот живот отколку љубовта? Дали ја кријам својата вера, или ја живеам на плашлив, малодушен начин? Кога добивам заповед да направам нешто што се коси со Христовото учење, кому се покорувам? Дали сум свесен за оние кои страдаат поради правда во мојата држава и на било кое друго место во светот? Се молам ли за нив? Правам ли нешто за да им помогнам?

Пронаоѓање на исповедник

Како што секој доктор не е добар лекар, така и секој свештеник не е добар исповедник. Понекогаш се случува свештеникот, да е добар во други области, но сепак да не е погодна личност за исповедување. И покрај тоа што лошите свештеници се исклучок, нивното постоење мора да се забележи. Бог ни дал слобода и ì дал на секоја личност совест. Свештеникот нема улога да го заземе местото на совеста или да стане нечиј наредник. Добриот исповедник ќе ни помогне подобро да го слушаме гласот на совеста и да станеме послободни во интензивниот Богоцентричен живот. За среќа, не е тешко да се најде добар исповедник. Обично твој исповедник е свештеникот кој ти е најблизок, оној кој те гледа најчесто, оној кој најдобро ги познава околностите во твојот живот: твојот парохиски свештеник. Не одложувај ја својата исповед поради тоа што гледаш дека тој е релативно млад, дека има недостатоци, или дека во себе нема некој редок духовен дар. Имај предвид дека секој свештеник и самиот оди на исповед и можеби има да исповеда многу повеќе од тебе. Ти не му се исповедаш нему, туку на Христа во негово присуство. Тој е

HRISTOS SE RODI!

Page 20: Православна Светлина (08)

18

сведок на твојата исповед. Не барај зашто нема ни да најдеш безгрешна личност за да ти биде исповедник. (Православната Црква се труди да го разјасни ова ставајќи пред лицето на оној што се исповеда икона од Христос.) Она што твојот исповедник ќе ти го каже како совет може да биде забележливо проникнувачко, или остро, или да ти се чини како клише и да не биде многу значајно, сепак речиси секогаш ќе има нешто што може да ти помогне само ако ти имаш волја да го слушнеш. Понекогаш постои сугестија или проникнување што ќе стане пресвртница во твојот живот. Ако тој наложи епитимија – вообичаено, засилена молитва, пост и милосрдни дела - треба да прифатиш кротко, освен ако има нешто во епитимијата што тебе ти се чини дека е повредување на твојата совест или на учењето на Црквата како што ти го разбираш. Не замислувај дека свештеникот ќе те цени помалку поради она што му го откриваш на Христа во негово присуство, или не мисли дека тој внимателно ќе ги запамти сите твои гревови. „Дури и неодамна ракоположен свештеник набрзо ќе сфати дека не може да запамти 99 проценти од она што му го кажуваат луѓето на исповед“, ми кажа еден свештеник. Тој вели дека е засрамувачко за него што луѓето очекуваат тој да памети сè што тие му кажале во претходните исповеди. „Кога ќе ме потсетат, тогаш понешто се присетувам, но без потсетник мојот ум е празен. Дозволувам зборовите што ги слушам да поминат низ мене. Исто така, многу од она што ќе го слушнам во една исповед е слично со она што го слушам во други исповеди - исповедите се мешаат меѓусебно. Единствените гревови кои лесно ги паметам се моите“. Еден свештеник ми кажа за своите тешкотии соочувајќи се со очекувањата што понекогаш стануваат очигледни во исповедта. „Јас не сум психијатар. Немам посебни дарови. Јас сум исто така само грешник кој се труди да остане на Патот“. Еден руски свештеник кој е духовен отец на многу луѓе, еднаш ми кажа за радоста која често ја чувствува слушајќи исповеди. „Не дека се радувам што некој има гревови за исповедање, но кога доаѓаш на исповед тоа значи дека тие гревови се во твоето минато, а не во твојата иднина. Исповедта претставува пресвртна точка, а јас сум среќникот што ги гледа луѓето како го прават тоа!“

Превод од англиски:Никола Цилаков, дипл. политиколог

Наслов на изворникот:Confession: The Healing Sacrament by Jim Forest

Page 21: Православна Светлина (08)

19

„Бидете ми духовник“ Отче Ѓеорѓиј, повторно ќе Ви го поставиме прашањето кое веќе беше на страниците на нашето списание, но овој пат ќе треба да добиеме подетален одговор. Зошто е потребен исповедник - духовник и која е неговата улога? - Да се биде христијанин, да се живее според Божјите заповеди денес е многу сложено доколку не се потпреме на искуството од другите луѓе. А религиозното искуство, пред сè, се содржи во црковното предание. И носители на тоа предание се исповедниците, чија најважна функција е пастирството. При тоа, сакам да нагласам дека свештениците можат да бидат различни: паметни, глупави, образовани, необразовани, но сите се должни да се оспособат себеси да им помагаат на луѓето да дојдат до суштината на црковната традиција. Задачата на свештеникот како исповедник е – да му помогне на човекот да научи да го осмисли својот живот на христијански начин. Иако по правило, поголем дел од луѓето немаат сериозно искуство за разбирање на самите себеси, ниту, пак, за да се проценат себеси од морален аспект. Исповедникот е повикан да му помогне на човекот да научи да ги изразува своите мисли, чувства, а во текот на исповедта да му помогне да научи да се проценува себеси од гледна точка на црковното предание. Општо кажано, задача на исповедникот е да му помогне на човекот да влезе во црковниот живот и да го научи да биде христијанин. Всушност, треба да се нагласи дека во односот на исповедникот и верникот особено значење има факторот личност. Потребно е да постои согласност. Тоа не е толку важно кога свештеникот крштева, помазува, венчава. Но, кога станува збор за исповед, тоа е посебно значајно. Има такви случаи, кога човекот води длабок духовен живот, ама не може да најде исповедник, бидејќи еден свештеник одговара некому, а некому не, тоа е индивидуална работа. Ако зборуваме за поимот исповедник - тоа е секогаш свештеник кој го исповеда овој или оној. Тоа не е духовен отец (духовник), тоа е сосема друг термин. Ајде да поразговараме за овој поим подетално - Поимот духовен отец често го мешаат со поимот исповедник. Значителен дел од современите христијани не располагаат со реален опит во духовниот живот, а во исто време читаат многу книги, кои условно би ги нарекол репринтни изданија. Книгите зборуваат за манастирскиот духовен живот, за духовната дејност на прочуените пастири, такви какви што се оптинските старци, свети Теофан Затворник, свети Јован Кронштадски. Се разбира, во таквата литература често се среќава поимот духовен отец. Ако се свртиме кон изворот на појавувањето на тој начин на духовно раководство, ќе го добиеме следново. Тоа пред сè се формира во манастир. А што е манастирот? Тоа е таков вид на заедница од луѓе, кои заминуваат од светот и живеат посебен начин на живот. Нивната основна преокупација не е добивање на лебот насушен, не е решавање на секојдневни проблеми кои настануваат во општеството, туку преобразување на самите себеси. Задачата на монахот е многу длабока. Христијанинот кој живее во светот, се грижи што поретко да ги реализира своите помисли во лоши постапки. Задачата на монахот, од тој аспект, е главна задача. Тој се

Н а ш и о т о д н о с к о н д у х о в н и к о т и л и и с п о в е д н и к о т

Протоереј Ѓеорѓиј Митрофанов

HRISTOS SE RODI!

Page 22: Православна Светлина (08)

20

стреми кон тоа, да ги испитува дури и лошите помисли. И ете при такви многу строги барања од себеси, кај монахот се јавува потреба постојно да се наоѓа во комуникација со човек кој има голем духовен опит, кој напредувал во таа духовна дејност. И еве, живеејќи во манастирот еден покрај друг во совршено идентични надворешни услови, имајќи можност да се исповеда било во кој ден кај поискусен монах, во манастирската средина се создава сфаќањето за духовниот отец - т.е. поискусниот монах, кој на крајот, во огромна мера, врз себе ја зема одговорноста за човекот. Всушност, не само што постојано се исповеда, тој и секојдневно зборува дури и за најскриените свои помисли. А духовниот отец од своја страна многу строго го исправува неговиот живот, во некои ситуации обврзувајќи го, дури и за најмали ситници, да постапува според неговиот благослов. Смислата на монаштвото, уште, се состои и во доброволното отсекување на сопствената волја. Далеку од тоа дека секој, па дури и искусен монах, зема врз себе такво послушание. Тоа многу ретко се среќава дури и во манастирите (ако зборуваме за вистинско искуство на духовно очинство). Но многу луѓе кои влегуваат во црковниот живот, таканаречени неофити (новокрстени, нови во верата), сакаат одеднаш и во полна мера да ги реализираат принципите кои ги читале во книгите. Ним им се чини дека одеднаш можат да бидат како совршени монаси, кои можат да ја отсечат сопствената волја, а нивните свештеници се должни да бидат оптински старци во светов. Таквите луѓе повеќе пати почнуваат да бараат духовен отец, менувајќи еден па друг, тие почнуваат да емитираат со својот свештеник односи на духовно чедо со духовен отец. Колку е лесно човекот да западне во прелест, заблуда. И ете тие претстави видени со умот, прочитани во книгите честопати се препрека во устројувањето на нормални (кои одговараат на духовното ниво, начинот на живот и даровите на дадениот свештенослужител) односи со исповедникот. Мора да се каже дека тоа ги дезориентира и самите свештенослужители, на кои им се задава веднаш да постанат нечии духовни отци. Во тој случај треба да се сетиме на религиозниот писател Сергеј Јосифович Фудел (1900-1977). Тој вели дека е неопходен дистанциран однос, при читањето на светите отци. Не треба да се губи чувството за реалност, не треба целосно да се поистоветуваме себеси со прочитаниот текст и според него да го градиме својот живот. И уште еден значаен детаљ. Многу често не е пожелен прост исповедник, кој му помага на човекот сам да се развива, туку духовен отец, кој врз себе ја зема одговорноста за сите негови постапки, тоа е нехристијанско, туку чисто советски рудиментирано тежнеење кон тоталитарен авторитет. Тоа е многу распространето во нашето општество, бидејќи десетици години живеевме во атмосфера, кога семоќниот безличен колектив и безличната семоќна држава одлучувале за нас сè, како да го устроиме нашиот живот. И тоа во нас создало поразителен недостаток од одговори. Ние сме навикнале да живееме по рецептот на земските авторитети, понекогаш со тоа се оптоваруваме и заморуваме, но при тоа не помалку свесни за неоспорната вистина дека главните проблеми на нашиот живот ги решава некој друг. Системот на вредности се измени, но многу луѓе не го напуштаат уверувањето дека сè во животот се одвива според наредби одозгора, овој пат не од земското политбиро, туку од небесното. Значи, човекот кој само што стапил на патот на христијанскиот живот, може да се советува да не бара никакви духовни отци, туку да се потруди секогаш да се исповеда кај еден свештеник. - Токму така, својот духовен живот можеме да го започнеме оттука што редовно ќе посетуваме еден храм, во кој полесно ќе се сосредоточиме и ќе се погрижиме да одиме да се исповедаме кај одреден свештеник, кој подобро ќе нè разбира и добро ќе нè насочува. И постојано исповедајќи се пред него, духовно да растеме. Треба да се додаде, дека на свештеникот сериозно влијае тоа, кога кај него доаѓаат духовно сериозни, трпеливи

парохјани кои му веруваат. Таквиот пристап го стимулира во духовниот живот. Јас по себе знам: некогаш одиш на исповед без посебни желби и инспирација за

Page 23: Православна Светлина (08)

21

исповед, и одеднаш кај тебе дошле луѓе на покајание, за кои гледаш дека се поинтелигентни и од тебе самиот, па тие те инспирираат. Тоа е многу важно. И ете во таква реципрочна работа на свештеникот и на христијанинот, кој кај него се исповеда, постепено можат да настанат односи кои претставуваат однос на духовник и духовно чедо. Но тоа е долг и сложен процес.. Често прашуваат: како да најдеме исповедник? Одговорот е - молете се. Но постои и друга варијанта: луѓето одат по црквите, се обидуваат, бараат, што да ги посоветуваме? - Наоѓањето на исповедник е обострано дело. Многу зависи од свештеникот, но многу и од мирјанинот. Мирјанинот треба да разбере, дека ако сака да има исповедник, тогаш самиот треба духовно да се потруди. Да не ги менува храмовите, да не ги премерува свештениците, туку кога ќе почувствува кај некој свештеник, барем мало внимание, да се обиде да почне со него да работи. Не еден месец и не една година, туку за тоа е потребно да се потроши повеќе сила. Затоа кога човекот духовно ќе порасне, со помошта од свештеникот со кого Господ го споил во овој живот, тој почнува сè подобро да ја разбира и околината и свештеникот. Затоа не треба да се тргне по патот на надворешни промени... Ако не успее вака, тогаш може да се замине од тој свештеник; свештеникот се покажал лош, или, пак, тој е добар но не сте ускладени. Може да се премине кај друг свештеник, но тоа треба да се направи само во краен случај. Кога човекот во одреден свештеник сака да види свој исповедник, дали треба да му пријде и да му се обрати со такво прашање? - Знаете, кога луѓето доаѓаат кај мене и ме прашуваат да им бидам духовен отец, јас веднаш одговарам, дека би можел да се обидам да бидам ваш свештеник кај кого ќе можете секогаш да се исповедате, исповедник. Вие ќе доаѓате на исповед, а што ќе излезе, не знаеме. А не можам да ви ветам дека ќе ви бидам духовен отец, јас немам такво искуство. Не знам како изгледа од страна, но јас имам парохјани кои кај мене се исповедаат многу години, а за кого од нив сум духовен отец, а за кого исповедник – јас не знам. Ми се чини дека се однесувам како духовник, со кого тие изградиле длабоки меѓучовечки односи. Ама кој од нив сега ме нарекува духовен отец, не можам да знам, бидејќи луѓето тоа многу подобро го чувствуваат отколку јас. Затоа можете да дојдете и да го прашате свештеникот: бидете мој духовен отец; па тој или постојано ќе ве исповеда или ќе ви биде исповедник. Но сепак ако со свештеникот не се усогласат односите и случајно запознаеш друг свештеник и почувствуваш дека нешто те привлекува кон него, дека би можел повеќе да ти даде. Дали може да се отиде кај друг духовник? И дали за тоа треба да се разговара? - Како што веќе реков, во односите на исповедниците и верниците личниот елемент има големо значење. За ова се потребни и мудрост и деликатност, бидејќи при таквиот однос може да биде навреден свештеникот. Во принцип може да се замине од еден свештеник кај друг, доколку постои таква потреба, а луѓето мора да се обидат да се објаснат. Разберете, овде нема никакви императиви. Овде е неопходен индивидуален пристап, само треба да одлучиме што е правилно. Христијанството не ни ја одзема слободата. Многу христијани би сакале да се одречат од тој тежок, но истовремено благодатен дар на слободата, наоѓајќи се во услови на силна контрола. Но тоа е неправилно, христијанинот не може да се замисли без слободата. Најдов исповедник и сакам кај него да се исповедам. Но имам многу неважни и важни прашања кои треба со него да ги решам. Имам потреба од некој неформален разговор. На исповед не оди лесно, не успеваш сè да кажеш, а мислам дека треба да одам со своите прашања кај него на советување. По службата, многумина го чекаат свештеникот за да поразговараат со него. И често помислуваш дека кутриот отец е растргнат од сите страни, и подобро е да го побараш друг пат? Како во ваков случај да изградиме однос со исповедникот? - Честопати луѓето не ја разликуваат исповедта од духовниот разговор. За исповед треба да се подготвуваме за да можеме конкретно да ги искажеме своите мисли. Исповедта треба лесно да се одвива, како разговор со свештеник, и не треба

HRISTOS SE RODI!

Page 24: Православна Светлина (08)

22

да се меша едно со друго. Напоменувам дека во Руската црква до XVII век христијаните се исповедале неколку пати годишно, и свештениците биле послободни. И денеска, на пример, во Грчката и во Српската црква не исповедаат сите свештеници, ниту, пак, луѓето се исповедаат пред секоја причест, тоа е многу поретко отколку кај нас. При тоа тие почесто разговараат со свештеникот отколку што се исповедаат. Кај нас, пак, со свештеникот луѓето раговараат само на исповед. Со сè што му се насобрало во душата човекот оди на исповед. И самиот не може толку да се кае, а другите да ги задржува. Тоа е проблем! Но постои и друг проблем. Како пријатен духовен соговорник и пријатна личност, свештеникот едноставно ги привлекува не само жените, туку и мажите, но со жените се случува почесто. Тоа понекогаш добива сурови форми, особено кога станува збор за познати свештеници. Завршува богослужбата, парохјанките седат и чекаат да дојде отецот: „ајде да го почекаме, можеби нешто ќе ни каже, ќе ни се обрати, ќе нè потапка по рамо, ќе нè погали по главата....“ Притоа нивните мажи седат сами дома, запоставените деца играат со топка околу храмот, а тие чекаат разговор со исповедникот. Тоа е психологизација на односите, кога човечката радост, дури и непросветлена од духовниот живот, сè покрива од разговорот со очекуваниот човек. Тоа треба да се избегнува. Со текот на времето можеме да се исполнуваме со христијанска љубов кон својот исповедник, но најчесто стихијните душевно-емоционални пориви ги прифаќаме како љубов. Не треба да се поаѓа од личноста на свештеникот, туку од тоа, колку тој ќе ти помогне да се развиеш како христијанин. А не да си угодува, не да се радува на себе, и не да ти се умилкува со своите чисто човечки квалитети. А што ако јас имам важно прашање, на пример заминување на ново работно место? - Препорачувам разговор и духовна беседа, а степенот на важност на прашањето ќе ја одреди самиот христијанин. Уште поважно е да се забележи дека многу свештеници сакаат да советуваат многу категорично: така и никако поинаку. „Ајде заедно да решиме, ајде да се посоветуваме како треба“; - ете тоа е поправилен пристап, отколку безапелационата наредба: „благословувам да постапиш така и така“; Тоа јас не го прифаќам. Овде треба да се напомене дека сè зависи од Бога, но треба да постапуваме така како сè да зависи од нас. Всушност ние треба да бидеме Божји соработници, а не само потрошувачи на Неговите благодатни сили. Денеска често бараат благослов за сè и сешто. Што е тоа благослов и кога е неопходен, а кога не? - Обраќајќи се за благослов, ние бараме да ја дознаеме Божјата волја за самите нас во нашиот живот и за некои наши замисли. Само кога би ја знаеле Божјата волја и би ја исполнувале, крајниот резултат ќе биде да не грешиме пред Бога. Ако помниме дека благословот е опит да се осознае Божјата волја и да се исполни, тогаш разбирливо ќе биде дека честото стремење да се добие благослов за нашите различни почетоци го профанизира благословот. Основните вистини на христијанското учење сепак нам ни се многу добро познати. Ако сме христијани, благословено ни е да живееме христијански, да Го љубиме Бога и своите ближни. Во исто време, во секојдневниот живот од една страна се јавуваат едни или други епизоди, средби, проблеми, христијански решенија кои тешко можеме да ги разбереме. Во тој случај ние најпрво му се обраќаме на свештеникот да ни благослови христијанско решение на дадената ситуација. Затоа треба да Го молиме Бога да ни ја открие Неговата волја за решавање на конкретниот случај, да имаме доверба во свештеникот, а најважното од сè е да бидеме подготвени да го прифатиме тоа решение, за да се исполни благословот кој сме го добиле. Ако христијанинот ги почитува тие услови, поретко ќе бара благослов. А ако добие благослов, безусловно ќе го исполни. Една моја познаничка, психолог, на разговорот со исповедникот гледа многу

позитивно. Но во него гледа само еден од патиштата кои човекот како психолог ги наоѓа во својот живот. Некој оди на тренинзи, некој на сеанси кај психотерапевт,

Page 25: Православна Светлина (08)

23

а некој во црква кај исповедник... - Тоа што психоанализата им помага на луѓето да ги отстранат своите душевни трауми е очигледно и многу добро, доколку психоаналитичарите помагаат некому. Забележувам дека психоанализата е распространета кај протестантите и во секуларизираните земји и ја презема функцијата на исповедта. Психоаналитичарот настапува како исповедник, но само формално. Безусловно, како во психоаналитичната сеанса, така и во исповедта, постои психотерапевтски елемент. Зборувајќи за проблемите кои го мачат, човекот го симнува својот товар. И тука завршува психоанализата. А духовништвото оди понатаму. Од една страна, растоварен преку разговорот со свештеникот кој го разбира, сочувствува со него, а од друга страна христијанинот на исповед добива нешто што не може да го добие за време на сеанса со психотерапевт: благодатната Божја помош, која се дава преку тајната на покајанието. Покајанието за гревот кое се јавува во Црквата дава не само условно психолошко, туку безусловно онтолошко простување на гревовите лично од Самиот Бог. Психоанализата е сурогат на исповедта. Тоа не значи дека таа е лоша. Едноставно не треба да застанеме на тоа ниво. Има случаи кога човек не може да си најде исповедник иако со години го бара. Но има и христијани кои свесно избегнуваат таков вид на општење со свештеникот бидејќи се плашат дека нема да можат да исполнат некои строги услови, кои ќе им бидат зададени! - Вистинското општење со исповедникот бара од човекот големи внатрешни напори. Но ете луѓето не сакаат да вложат такви напори. Тие свесно се откажуваат од тој напор и се понижуваат себеси. Пред сè, самиот човек треба да биде строг кон себеси и не е работа на исповедникот да зазема улога на егзекутор. Во раководењето свештеникот треба да биде деликатен, но доследен. Ако луѓето го избегнуваат духовното раководство затоа што тоа многу ги обврзува, како тогаш ќе ги исполнуваат своите обврски кон Бога? Тоа е грев, и просто ограничување на себеси во интензивниот духовен живот. Затоа треба да го надминеме тој страв. Можеби зад таквиот страв стои несреќно искуство со млад псевдостарец, кое го ограничило и одвратило човекот уште на почетокот со неговите ригорозни изискувања. Овде може да се советува само едно: повторно да побара друг свештеник. Според досега кажаното произлегува дека за духовното растење на христијанинот е неопходен духовник? - Јас би рекол, многу пожелно е. Ќе ја објаснам таквата аналогија: можеме да се самообразуваме или да учиме во училиште. Искуството покажува дека во поголем број случаи образованието добиено во училиште според некој систем е подобро од самоукоста. Точно е дека постојат и такви самоуки генијални луѓе кои со самообразование постигнуваат многу повеќе, но најчесто се случува обратното. Црквата е одреден систем, а служителите на Црквата се луѓе кои се повикани да му помогнат на човекот побрзо, поинтензивно да го минува патот на духовниот развој. Затоа сепак христијанинот има многу поголеми шанси за духовен раст кога има духовник, отколку без него.

Превод: Катерина Пипилева, дипл. теолог

Наслов на изворникот:Журнал „Фома“

http://www.duhovnik.ru/main/to_talk?id=194

HRISTOS SE RODI!

Page 26: Православна Светлина (08)

24

ГЛАВА 2

ЗА ТОА ДЕКА Е КОРИСНО И СПАСОНОСНО ЧЕСТОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ

Христијанинот и пред да се причести и кога се причестува и откако ќе се причести со Божествените таинства добива голема полза и за душата и за телото. Оној кој се причестува, пред да се причести треба да се подготви, т.е. да се исповеда пред духовниот отец, да се смири, да се поправи, да посвети внимание на својот духовен живот, да се чува од страсни помисли, колку што е можно, и од секое друго зло. Оној кој на тој начин се воздржува, се моли, бдее, станува попобожен и кога прави било какво друго добро дело, размислува за тоа каков страшен Цар треба да прими во себе, и особено треба да размисли дека во зависност од тоа како се подготвувал, толку и благодат ќе добие од светата Причест. Очигледно е дека колку почесто некој се подготвува за Причест, толку поголема полза и ќе има. Кој може да сфати какви сè дарови добива христијанинот кога ја прима Божествената Причест? Или како нашиот слаб јазик може да го искаже тоа? Затоа повторно ќе ги спомнеме божествените и свети учители на Црквата, за да ни објаснат со својот слаткоречив и боговдахновен јазик. Свети Григориј Богослов вели: „Најсветото Тело Христово кога се прима достојно, претставува оружје за оние кои војуваат; за оние кои се одалечиле од Бога – враќање; немоќните ги зајакнува, здравите ги весели, болните ги лекува, ни го чува здравјето, преку него полесно се поправаме, со поголемо трпение ги поднесуваме трудот и неволјите, во љубовта сме поревносни, во знаењето попрецизни, во послушанието – поподготвени, и подобро ги примаме благодатните дејства. А за оние кои недостојно се причестуваат, последиците се сосема спротивни, бидејќи тие не се запечатени со чесната Крв на нашиот Господ. Како што вели самиот Григориј Богослов: „Оттогаш Агнецот се заколува; и се запечатуваат со чесната Крв делото и словото, т.е. навиките и дејството – столбовите на нашите врати (под врати се подразбираат – движењата и помислите на умот), кои лесно се отвораат и се затвораат од созерцанието“. Со други зборови, лесно се отвораат за созерцание и повторно се затвораат од созерцавање на возвишени и недостижни нешта. Преподобен Ефрем Сириски пишува: „Браќа да бидеме ревносни во безмолвието, постот, молитвата, солзите, богослуженијата, ракоделието, општењето со светите отци, во послушание кон вистината, во слушањето на Светото Писмо, за да не пресуши нашиот разум, но најмногу од сè да се трудиме да бидеме достојни за причестување со Божествените и Пречисти Тајни, за да се очисти нашата душа од појавување на неверни и нечисти помисли, та Господ Кој се вселува во нас да нè избави од лукавиот“.

Божествениот Кирил Александриски вели дека, благодарение на Божествената Причест, духовните крадци – злите духови – немаат дозвола за влез преку

Преподобен Никодим Светогорец и свети Макариј Коринтски

ДУШЕПОЛЕЗНА КНИГА ЗА

ЧЕСТОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО

СВЕТИТЕ ХРИСТОВИ ТАИНСТВА

Page 27: Православна Светлина (08)

25

чувствата во нашата душа: „Под врати на совршениот дом (душата) се подразбираат нашите чувства, преку кои во срцата на сите луѓе влегуваат разни нешта изливајќи во нив голем број на желби. Пророкот Јоил, пак, чувствата ги нарекува прозорци: „Ќе влегуваат и низ прозорците како крадачи“ (Јоил 2, 9), бидејќи не биле помазани со Крвта Христова. И повторно во Писмото се вели, дека откако ќе биде заклан агнецот, „нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и праговите на куќата“ (2. Мој. 12, 7), укажувајќи на тоа дека со чесната Крв Христова ние го чуваме тој наш земски храм, т.е. нашето тело, и ја изгонуваме старата непослушна и умртвена природа со тоа што се насладуваме причестувајќи се со Животот, оддалечувајќи ги на тој начин од нас нашите непријатели преку помазувањето со Крвта Христова“. Божествениот Кирил и на друго место сведочи дека благодарение на Причеста ние се очистуваме од секоја душевна нечистотија и стануваме подготвени и ревносни за добри дела: „Чесната Крв Христова не само што нè избавува од гниење, но и од секоја нечистотија, скриена во нас, и не нè остава мрзливи, но нè прави и поревносни во Духот“. Свети Теодор Студит на чудесен начин ја опишува ползата што секој ја добива од причестувањето: „Голема сила имаат солзите и умилението, но пред сè и над сè – Причестувањето со Светињите, и гледајќи ве вас како сте мрзливо расположени кон тоа, јас многу се чудам. Ако е недела вие пристапувате на Причест, а ако се служи Литургија некој друг ден, никој не се причестува. Иако во манастир оној што има желба би можел и секој ден да се причестува. Сега Литургија се служи поретко (не секојдневно), но вие и понатаму не се причестувате. Говорејќи го ова јас не настојувам да се причестувате туку така, бидејќи е напишано: „Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува Телото Господово“ (1. Кор. 11, 28-29). Не ве учам на ова, тоа никако! Туку имајќи желба за причестување, колку што е можно да се очистуваме и да се удостојуваме за тој дар, бидејќи се принесе за причестување Лебот кој слезе од Небото. И кој јаде од тој Леб, ќе има живот вечен (Јован 6, 56). Гледаш ли колку е чудесен тој дар? Не само што умре за нас, но и Самиот Себеси се принесе за наша храна. Што друго може да биде поголем знак за вистинска љубов? Што друго може да биде поспасоносно за душата? Покрај тоа, обичната храна и пиење никој не одбива да ги прима секој ден, а доколку не ги прими – страшно се натажува. Што се однесува, пак, не до обичниот леб, но до Лебот на животот и не до обичниот пијалак, туку до Чашата на бесмртноста, ние кон нив се однесуваме како кон неважни и апсолутно непотребни работи. Што може да биде побезумно од тоа? Всушност, како и да сте правеле досега, ве молам за во иднина да внимавате знаејќи ја силата на дарот и колку што е можно поочистени да се причестувате со Светињата. И ако се случи да сме зафатени со некоја друга работа, штом ќе го слушнеме ѕвоното, да ја оставиме таа работа и со голема желба да отидеме и да се причестиме со Даровите. И тоа (како што мислам или поточно, како што е навистина) ќе ни биде од голема полза, бидејќи подготовката за Причест ќе нè чува во чистота. Ако сме рамнодушни кон причестувањето, тогаш како ќе се бориме со страстите. Нека ни биде Причеста водач во вечниот живот“. Значи, браќа мои, ако правиме онака како што ни заповедаат божествените Отци и ако се причестуваме редовно, не само што ќе ја имаме Божјата благодат за помошник и соработник во овој краток живот, но на помош ќе ги имаме и ангелите Божји и Самиот Владика на ангелите, а освен тоа далеку од себе ќе ги отфрлиме и нашите противници – злите духови, како што вели свети Јован Златоуст: „Како лавови, што издишуваат оган, така и ние си заминуваме од Светата Трпеза, станувајќи страшни за демоните, имајќи Го во себе нашиот Возглавител Христа и љубовта што Он ни ја покажал. Таа Крв прави да заблеска царскиот лик на душата наша, раѓа неискажлива убавина, не дозволува да згасне благородноста во душата, непрестајно оросувајќи ја и хранејќи ја. Таа Крв, достојно примена, ги прогонува од нас злите духови, а ги привлекува ангелите,

HRISTOS SE RODI!

Page 28: Православна Светлина (08)

26

заедно со нивниот Владика. Бидејќи злите духови ќе избегаат, а ангелите ќе се собираат кога ќе ја видат Крвта на Владиката. Таа е спасение за нашите души, од Неа душата се радува, со Неа се украсува и со Неа се стоплува. Таа го прави нашиот ум посветол од огнот. Таа ја прави нашата душа почиста од злато. Оние што се причестуваат со таа Крв, стојат заедно со ангелите и небесните сили, облечени исто како и тие со царска облека и имајќи духовно оружје. Но не ви го кажав најважното: оние што се причестуваат се облечени во Самиот Цар“. Гледаш ли, брате мој возљубен, колку чудесни дарови добиваш, ако редовно се причестуваш, гледаш ли како при редовното причестување се просветува умот, се осветува разумот и се чистат сите душевни сили? Ако сакаш да ги умртвиш и телесните страсти, причестувај се редовно и ќе се насладиш од тоа. За ова сведочи и свети Кирил Александриски: „Оној кој верува во благословот од причестувањето не само што се избавува од смртта, туку и од болестите кои се во нас. Бидејќи Христос Кој се вселува во нас го умртвува во нашите органи невоздржливиот плотски закон и го оживува стравопочитувањето кон Бога, а ги умртвува страстите“. Значи, без редовното причестување ние не можеме да се ослободиме од страстите и да се воздигнеме на височината на бестрастието. Така и Израилците: ако не посакаа да ја јадат пасхата во Египет, не ќе можеа да се ослободат од него. Египет го претставува страсниот живот. И доколку не се причестуваме редовно со Чесното Тело и Крв на нашиот Господ (и секој ден, доколку е можно), ние не сме во состојба да се ослободиме од духовниот фараон. Божествениот Кирил Александриски го потврдува истото: „Тоа што Израилците, бивајќи робови и работејќи под власта на Египќаните, го направиле (јаделе Пасха), тоа значи дека и човечката душа не може да најде слобода и да го избегне ѓаволското ропство, освен преку Причестувањето со Христовото Тело и Крв. Бидејќи Самиот Христос рекол: „И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни“ (Јован 8, 36). И повторно истиот светител вели: „Принесувајќи на жртва јагне, тоа го направиле изобразувајќи Го Христа, затоа што поинаку и не можеле да се ослободат“, зашто слободата се добива само со Христовата сила“. Значи, доколку сакаме да го напуштиме Египет, т.е. гревот кој нè следи и фараонот, духовниот поробител, како што вели свети Григориј Богослов, и сакаме да ја наследиме ветената земја, тогаш треба слично на Израилците кои за свој водител го имаа Исус Навин, да Го имаме нашиот Господ Исус Христос преку редовното причестување, за да ги победиме Хананејците и другите народи (безбројните телесни страсти) и Гаваонците (помислите кои нè напаѓаат), за да стигнеме во градот Ерусалим, што значи свештен мир (за разлика од светскиот мир). Според зборовите на нашиот Господ: „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои“ (Јован 14, 27). Т.е. „Ученици мои, Јас ви давам свештен и свет мир, кој се разликува од световниот мир, кој често за цел го има злото“. Пребивајќи во тој свет мир, ние се удостојуваме во нашето срце да Го примиме Светиот Дух, како и апостолите, кои останале во Ерусалим по заповед на Господа, кога добиле благодат и совршенство од Светиот Дух на празникот Педесетница. Зашто мирот е дар кој во себе ги содржи и сите останати божествени дарови, во мирот живее Господ, бидејќи како што вели светиот пророк Илија, Бог не бил во големиот и силен ветар, ниту во земјотресот, ниту во огинот, туку во струењето на тивкото и мирно ветре – таму бил Господ (види 3. Царства 19, 11-12). Меѓутоа, никој не може да се здобие со тој мир, доколку нема други добродетели, бидејќи добродетелта не може да се стекне без исполнување на заповедите, а заповедите, пак, не може во потполност да се исполнат без љубов, а љубовта не се обновува (зајакнува) без Божествената Причест. Значи, без Божествената Причест попусто се трудиме.

Многумина самите од себе често изискуваат разни добродетели, надевајќи се дека ќе се спасат благодарение на нив и без редовно причестување. А тоа е

Page 29: Православна Светлина (08)

27

речиси невозможно, бидејќи таквите не сакаат да ì се покорат на Божјата волја, според која треба редовно да се причестуваат, согласно со црковниот чин, на секоја отслужена Литургија, кога се собираат во храмот. На таквите луѓе Бог преку пророкот Еремија им вели: „Зашто две зла изврши Мојот народ: Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода“ (Јерем. 2, 13). Со други зборови, го оставиле изворот на добродетели и дарови од Светиот Дух и во себе ископале кладенче со пукнатина одоздола, кое не може да ја задржи водата. И повторно Бог говори преку пророкот Исаија: „Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, кои како народ, божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог; сакаат од Мене праведен суд, сакаат да се приближат до Бога: ‚Зошто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш‘ - Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и од другите барате тешки трудови. Ете, вие постите за караници и расправии и за да ги биете со рака сиромасите; вие не постите во тоа време така, што гласот ваш да биде чуен во висините. Таков ли е постот, што Јас го определив: човек ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господа?“ (Иса. 58, 2-5). Со други зборови, тие Мене ме бараат секој ден и сакаат да ја дознаат премудроста на Мојата Промисла, како народ кој за себе мисли дека е праведен и дека ги зачувал заповедите Божји и говори: „Зошто Ти, Господи, не гледаш дека ние постиме? Зошто Ти не сакаш да знаеш дека страдаме?“ И одговара Бог: „Не ве слушам, затоа што кога постите повторно ги исполнувате вашите лоши желби. Таков пост и такво страдање Јас не сакам. Па и доколку место кревет од ткаенина, распостелеш вреќа со пепел, ни таквиот пост Јас нема да го примам“. Но трудовите се прифаќаат и добродетелите донесуваат полза само тогаш, кога се извршуваат според волјата Божја. А волјата Божја се состои во тоа да работиме онака како што ни заповеда Господ, Кој ни вели: „Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6, 54). Тоа не е обична заповед, но заповед над сите заповеди, бидејќи е неразделив и составен дел од сите останати заповеди. Значи, возљубен мој, ако сакаш во своето срце да го разгориш божествениот ерос (έρως) и да се здобиеш со љубов кон Христа, а со неа и со сите останати добродетели, редовно пристапувај кон Светата Причест – и тогаш ќе се насладуваш со она што го сакаш. Бидејќи невозможно е некој да не Го возљуби Христа и да не биде возљубен од Него, доколку редовно се причестува со Неговото Свето Тело и Крв. Тоа се случува природно. И послушај како се случува тоа. Некои не можат да сфатат зошто родителите ги сакаат своите деца, како и тоа зошто децата исто така ги сакаат своите родители. Одговараме: Никој никогаш не се намразил самиот себеси и своето тело. А бидејќи децата го добиваат своето тело од родителите и посебно затоа што се хранат со мајчинската крв во мајчината утроба, како и по раѓањето (бидејќи млекото не е ништо друго освен крв која станала бела), затоа и велам дека за нив (за децата) природен закон е да ги сакаат своите родители, како и за родителите да ги сакаат своите деца. Бидејќи децата се и зачнати од телата на своите родители. На истиот начин и луѓето кои редовно се причестуваат со Телото и Крвта на нашиот Господ, природно ќе ја разгорат во себе ревноста и љубовта кон Него – од една страна, затоа што живоносното и животворното Тело и Крв толку ја загреваат љубовта кај оние кои се причестуваат (па дури и кај оние со најжестоки срца), колку што се причестуваат редовно; а од друга страна, пак, затоа што нашата љубов кон Бога не е ништо туѓо за нас, туку е природно засадена во нашето срце, штом се раѓаме по тело и се преродуваме по дух во светото Крштение. И при најмалиот благопријатен момент, тие природни искри за миг ќе се разгорат во пламен, како што вели премудриот во Божествените нешта, Василиј: „Истовремено со појавата на животот (човекот) се всадува во нас и

HRISTOS SE RODI!

Page 30: Православна Светлина (08)

28

семето Логосно (σπερματικός λόγος), кое на природен начин во нас ја раѓа способноста да Го љубиме Бога. Таа сила (т.е. логос) раѓа внимателно исполнување на Божјите заповеди, го храни познанието (на Бога) и благодатта Божја нè приведува кон совршенство. Треба да се знае дека подвигот на љубовта е еден, но ги исполнува и вклучува во себе и сите други заповеди“. Значи, таа природна сила – да Го љубиме Бога – се зацврстува, се зголемува и се усовршува преку честото Причестување со Телото и Крвта на нашиот Господ. Затоа и свети Кипријан пишува дека мачениците кога оделе на страдање пред сè се причестувале со Пречистите Тајни и, откако ќе се поткрепеле преку Светото Присоединување, толку многу ја разгорувале во себе Божјата љубов, што на местото за измачување оделе како овци на колење, и наместо Телото и Крвта Христови, со кои се причестувале, ја проливале сопствената крв и го предавале своето тело на разни маки. А ти, христијанину, кое добро си го посакувал, а не си го добил преку Светата Причест? Сакаш ли да славиш секој ден? Сакаш ли да го славиш светото Воскресение кога и да посакаш и да се радуваш со неискажлива радост во овој тежок живот? Тогаш непрестајно прибегнувај кон Таинството и причестувај се со претходна подготовка, и ќе почнеш да се насладуваш со она, што го посакуваш. Бидејќи, вистинската Пасха и вистинскиот празник на душата е Христос, Кој се принесува како жртва во Таинството, како што вели апостолот, а со него и божествениот Златоуст: „Четириесетницата е само еднаш во годината, а Пасха – три пати неделно, а понекогаш и четири, поточно онолку колку што ќе посакаме, бидејќи Пасха не е пост, туку Принос (просфора) и Жртва, која се принесува на секое собирање. А дека тоа е вистина, слушни што вели светиот апостол Павле: „Затоа, очистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ (1. Кор. 5, 7). Така, секогаш кога со чиста совест пристапуваш кон Таинството, ти славиш Пасха. Не кога постиш, туку кога се причестуваш со таа Жртва. Ете и огласените постат секоја година, но не ја празнуваат Пасха, затоа што не се соединуваат со Приносот (просфора), т.е. не се причестуваат“. И спротивно на тоа: „И оној кој не пости, кога се причестува, ако пристапува со чиста совест кон Таинството, празнува Пасха – било да е тоа денеска, утре или било кој ден. Бидејќи подготовката не се вреднува според бројот на деновите, но според чистотата на совеста. Значи, најдобрата подготовка не се состои во тоа да одброиш осум, или петнаесет, или четириесет денови, па тогаш да се причестиш, туку во тоа да си ја очистиш совеста. Па така оние кои постат пред Пасха (Велигден), но не се причестуваат на Пасха, таквите луѓе, како што вели свети Јован Златоуст, не празнуваат. Оние кои не се подготвени на секој празник да се причестуваат со Телото и Крвта Господови, не можат да слават како што треба ни во недела, ниту, пак, на друг празник во годината, бидејќи тие луѓе ја немаат во себе причината и поводот за славење, којшто е Преслаткиот Исус Христос и ја немаат таа духовна радост која се раѓа од Божествената Причест. Се мамат себеси оние кои мислат дека Пасхата и другите празници се состојат во богатите трпези, во многубројните свеќи, ароматичниот темјан, сребрените и златни украси со кои тие ја украсуваат црквата. Зашто Бог не го бара тоа од нас, бидејќи тоа не е првостепено и најважно, како што вели и Он преку пророкот Мојсеј: „И сега, Израиле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се боиш од Господа, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш и да Му служиш на Господа, твојот Бог, од сè срце и со сета душа; да ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, и наредбите Негови, кои денеска ти ги заповедам, за да ти биде добро“ (5. Мој. 10, 12-13). Секако, не станува сега збор за тоа да судиме, дали се добри или не даровите кои ги принесуваме во храмот од побожност. Меѓутоа, покрај добрите дарови, пред сè треба да принесеме и послушание кон светите заповеди на нашиот Господ и тоа послушание го ставиме пред сите други приноси, како што вели и светиот пророк и цар Давид: „Тогаш ќе

ти бидат угодни жртвите на правдата“ (Псал. 50, 19). И светиот апостол Павле во своето Послание до Евреите го сведочи истото,

Page 31: Православна Светлина (08)

29

само со други зборови: „Поради тоа, влегувајќи во светот, вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а телото Ми го приготви“(Евр. 10, 5). Што значи: „Господи! Ти не сакаш да Ти принесувам други жртви и приноси, Ти само сакаш да пристапам кон Божествената Тајна и да се причестувам со Сесветото Тело на Твојот Син, што Ти си го приготвил на Светиот Престол, зашто таква е волјата Твоја“. Затоа, сакајќи да нè поучи на какво послушание треба да бидеме подготвени, апостолот вели: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“ (Евр. 10, 9); „Одлучив да ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; и Твојот закон е во срцето мое. Ја објавувам Твојата правда во големото собрание; не ì бранев на устата моја“ (Псал. 39, 8-9). Т.е. целосно подготвен одам да ја исполнам волјата Твоја и да го исполнам законот Твој со сето срце мое. Затоа, ако сакаме да се спасиме, тогаш треба со радост и љубов, како синови Божји, да ја исполнуваме волјата Божја и заповедите Негови, а не со страв како слуги. Бидејќи стравот го чува исполнувањето на старите заповеди, а љубовта - евангелските. Со други зборови, оние кои биле под законот ги исполнувале заповедите и правилата од страв, за да не бидат казнети и подложени на маки. А ние, пак, христијаните, бидејќи повеќе не се наоѓаме под законот, треба да ги исполнуваме евангелските заповеди не од страв, туку од љубов, како што треба синовите да ја извршуваат волјата Божја. А волјата на Бога Отца од самиот почеток се состоела во тоа да создаде Тело за Единородниот Свој Син, нашиот Господ Исус Христос, да се воплоти Неговиот Син и да ја пролие Својата Крв за спасение на светот, како што вели апостолот; та да можеме ние, христијаните, непрестајно да се причестуваме со Неговото Тело и Неговата Крв, и преку честото Причестување уште во овој живот да се сочуваме од ѓаволските замки, а кога ќе излезе нашата душа да се возвиши како гулаб, во слобода и радост на небесата, та да не можат да ì пречат духовите поднебесни. А тоа го потврдува и божествениот Златоуст, кој вели: „Ако оние, кои треба да го напуштат овој свет, со чиста совест се причестат со Таинствата, тогаш, кога ќе умрат на небото ќе бидат пречекани и спроведени од самите ангели, благодарение на тоа што се причестиле“. Затоа, и ти брате мој, бидејќи не знаеш кога ќе дојде смртта – дали денес, или утре, или, пак, во овој час – затоа секогаш треба да бидеш причестен со Пречистите Таинства и да бидеш подготвен. А ако е Божја волја сè уште да останеш во овој живот, тогаш со благодатта од Светата Причест ќе поминеш живот исполнет со радост, мир и љубов. Но доколку Божја волја е да умреш, тогаш благодарејќи на Светата Причест слободно ќе поминеш низ митарствата на злите духови, кои се наоѓаат во воздухот, и со неискажлива радост ќе се населиш во небесните живеалишта. Значи, доколку секогаш си соединет со Преслаткиот Исус Христос, Семоќниот Цар, тогаш уште овде (на земјата) ќе живееш блажен живот, а и кога ќе се упокоиш, злите духови ќе побегнат од тебе како молња, а ангелите ќе ти ги отворат небесните врати и свечено ќе те спроведат до самиот Престол на Блажената Троица. О какво блаженство, со кое се насладуваат христијаните од редовното причестување и во овој и во идниот живот! Сакаш ли ти, христијанину, да се очистиш од оние најмали согрешенија, кои ти, како човек, ги извршуваш со своите очи или уши? Тогаш пристапувај кон Причеста со страв и скрушено срце, и ќе се очистиш и ќе ти биде простено. А во ова нè уверува и светиот Анастасиј Антиохиски: „Ако правиме некои мали, човечки и простливи престапи, извршени кришум со јазикот, ушите, очите или од суета, или со тага, гнев или нешто слично, тогаш, укорувајќи се себеси и исповедајќи се пред Бога, да се причестуваме на тој начин со Светите Тајни, верувајќи, дека Причеста нè очистува од сето тоа“ – меѓутоа, не од тешките и зли и нечисти гревови, кои сме ги извршиле. За тоа сведочат и многу други светители. Светиот Климент вели: „Причестувајќи се со Чесното Тело и Чесната Крв Христови, да Му заблагодариме

HRISTOS SE RODI!

Page 32: Православна Светлина (08)

30

на Оној, Кој нè удостои да се причестиме со Неговите Свети Таинства и да Го замолиме да не ни бидат за осуда, туку за спасение и за отпуштање на гревовите“. Свети Василиј Велики вели: „И удостој нè неосудено да се причестиме со Пречистите и Животворни Твои Таинства за отпуштање на гревовите“. А божествениот Златоуст вели: „За да им биде Причестувањето за трезвеност на душите и отпуштање на гревовите“, т.е. светите Таинства да им послужат на оние кои се причестуваат за очистување на душата и простување на гревовите. Иако исповедта и исполнувањето на епитимијата може да донесат простување на гревовите, сепак за целосно ослободување од гревовите неопходна е Божествената Причест. При лечење на засмрдена рана најпрво се отстрануваат црвите, потоа се отсекуваат загноените делови и на крај се става мелем за исцеление, бидејќи, ако раната се остави без мелем може да се врати во претходната состојба. Истото се случува и со гревот: исповедта ги отстранува црвите, преку исполнувањето на епитимијата се отсекуваат загноените делови, и на крај, преку Божествената Причест, која доаѓа како мелем, се добива исцеление од гревовите. Зашто ако не се причести, несреќниот грешник се враќа во претходната состојба, и тогаш на човекот му станува многу потешко отколку порано (види Матеј 12, 45). Слушаш ли, христијанину мој, колку дарови добиваш од честото причестување? И најмалите гревови ти се простуваат, и раните ти се исцелуваат, и ти целиот стануваш здрав. Што друго може да биде поблажено од тоа, секогаш да се подготвуваш и да се причестуваш, и благодарение на подготовката и на помошта од Божествената Причест, да бидеш секогаш слободен од гревовите, и ти земниот, да бидеш чист на земјата, како што се чисти ангелите на небото? И која друга среќа може да биде поголема од оваа? А ќе ти кажам уште нешто поголемо. Ако ти, брате мој, пристапуваш редовно и достојно се причестуваш со тоа нетлено, препрославено Тело и Крв на нашиот Господ Исус Христос, стануваш сотелесник и тајник Христов, и животворната сила и дејство на Пресветото Тело и Крв при воскресението на праведните ќе го оживотворат и твоето тело, и тоа ќе воскресне негнилежно, според зборовите од светиот апостол: „Ќе го преобрази нашето понизено тело, така што ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата, преку која што Он може и да потчинува под Себе сè“ (Филип 3, 21). Целата таа слава и дарови, тие големи и натприродни добрини, за кои досега зборувавме, ги добива секој христијанин, кога со чиста совест се причестува со Божествените Таинства на Преслаткиот наш Исус Христос, - и многу други, уште поголеми, за кои поради малиот простор, нема да зборуваме. Најпосле, кога христијанинот се причестува, тогаш, размислувајќи за тоа со какви страшни и небески Таинства се соединил, тој внимава на себе, да не ја изгуби благодатта, се плаши од своите помисли, ги собира и чува, поставува почеток на построг и подобродетелен живот и, колку што може, се оддалечува од секое зло. И кога повторно ќе си спомне дека за неколку дена треба повторно да се причести, го зголемува вниманието, додава подготвеност кон подготвеноста, воздржание кон воздржанието, бдение кон бдението, труд кон трудењето и се подвизува, колку што е можно. Па така тој буквално е притеснет од две страни: првин, затоа што штотуку се причестил, а второ, затоа што наскоро треба повторно да се причести.

Превод: свештеник Љупче Миланов

Наслов на изворникот:Преп. Никодим Святогорец, Свт. Макарий Коринфский. Книга душеполезнейшая о непрестанном причащении

Святых Христовых Таин. Сумы, 2001.

Page 33: Православна Светлина (08)

31

Трагичното искуство на последните поколенија му донело на светот силна жед за мир. Сега мирот се смета за богатство кое е поголемо и од многу идеали за кои порано луѓето со радост ја пролевале својата крв. За ова многу придонесува фактот што војната честопати не е она што била во минатото – конфликт помеѓу неправдата и правдата, туку станала конфликт без смисла, помеѓу неправда и неправда. Искуството со лагата и лицемерието кое разните партии го употребувале за да се покажат праведни во очите на своите приврзаници, довело до тоа, луѓето да изгубат вера во постоењето на правдата и да не успеваат да видат пред себе нешто, кое вреди да се брани. Па така, војната, во било која форма, изгледа како нешто сосема апсурдно. Ова противење, на еден дел од човештвото, на било каков судир би било достојно за восхит, кога би било плод на духовно здравје. Кога неправдата, омразата и лагата би престанале да постојат, тогаш мирот би бил исполнување на човековата среќа. Единството би бил природен а не вештачки резултат. Но, се забележува нешто сосема различно. Денес, кога сите зборуваат за мир и единство, самољубието и омразата, лагата и неправдата, славољубието и алчноста се во својата кулминација. Сите – секој на свој начин – зборуваат за љубов кон човештвото. Но, никогаш не постоело поголемо лицемерие од оваа таканаречена љубов. Љубовта кон нешто теоретско, измислено, како што е поимот „човештво“, е исто така теоретска и измислена. Нема врска со љубовта кон конкретниот човек кого го гледаме пред себе. Оваа љубов кон одредена личност, кога постои, е единствената вистинска љубов. Таа е љубов кон нашиот ближен која Христос ја бара од нас. Овој конкретен човек со својата несовршеност и слабости, наместо да биде сакан, тој е омразен во нашево време повеќе отколку во било кое друго. Не само што е омразен, туку е и осудуван и понижуван и сметан е за „предмет“ без некоја посебна вредност, средство за постигнување на „повисоки цели“, дел од масата. Оние кои најмногу зборуваат за љубов кон човекот и човештвото, за мир и единство, се токму оние кои го мразат својот ближен, најмногу своите познаници. Тие го сакаат човекот – производ на својата фантазија, тие не го сакаат конкретниот човек. Ова обожување на идолот „човек“ е всушност самодопаѓање, уживање во самиот себе. Па затоа би било наивно некој да верува дека пацифистичкото расположение кое го карактеризира човештвото денес, произлегува од љубовта. Овие зборови за љубов се лицемерие и себеизмама. Желбата за мир произлегува од губењето на идеалот, од страв и од љубов кон удобноста. Тоа е желба да нè остават на мир да уживаме во земските богатства. Тоа е заедничка соработка заради достигнување на доброто, кое личностите одделно не би можеле да го добијат. Таа е сеопшт плод на нешто што станало

Сведоштвата на западните учители не ги признавам, ниту ги прифаќам.

Претпоставувам дека се расипани, зашто во предметите од православната вера

не може да има компромис. (Свети Марко Ефески)

Александар Каломирос

Мир без вистина

Page 34: Православна Светлина (08)

32

страст на целата земја: телесност и материјализам. Тоа е производ на потребата. Мирот за кој зборува светот е безусловна капитулација на сè што е добро, свето и велико, диктатура на тесноградоста, медиокритетството и млакоста. Тоа е бришење на личноста на поединецот и народите, мармалад од компромиси и калкулации, море од лицемерие, рамнодушност кон вистината и предавство на сè што е свето. Војната е ужасно нешто, резултат на човечкиот пад, и никој нема намера да ја фали. Но мирот за кој светот се ценка е нешто бескрајно пострашно. Треската е многу непријатно нешто, но барем покажува дека организмот реагира на нешто што му е туѓо. Мирот што сакаат да го воспостават, за жал не е оној што доаѓа од победата над злото, туку оној што доаѓа од поразот. Отсуство на треска во мртов организам... На крај, мирот кон кој тежнеат луѓето не е само мир на оружјето, туку и мир на совеста. Тие сакаат да го помират доброто со злото, правдата со неправдата, добродетелта со гревот, вистината со лагата, за да здобиеме лажен мир на совеста.

Превод од англиски јазик:Ѓакон Јани МулевНаслов на изворникот:A. Kalomiros, Against false union, Seattle, 2000

„Буквата убива, а духот оживотворува“ (2. Кор. 3, 6). Многу христијани не го разбираат тоа и, не знаејќи ја целта на христијанските подвизи, мислат дека само во нив ќе најдат спасение. Треба да се спомнат зборовите Господови кон апостолите Јован и Јаков, кога тие, следејќи го примерот на пророкот Илија, сакале да спуштат оган од небото врз самарјаните кои не беа Го прифатиле Господа. Он им рече на апостолите: „Не знаете од каков Дух сте вие“ (Лука 9, 55; 4. Цар. 1, 10). Се разбира духот на Новиот Завет - Царството Божјо во душата на христијанинот е поинаков, отколку духот на Стариот Завет. За последниов било карактеристично површно исполнување на законот – општо сите правила на Мојсеј. И оние, кои ги исполнувале, веќе се сметале само заради тоа за праведници. А во тие закони и правила имаше толку многу несовршенства, како на пример: „око за око, заб за заб“ (2. Мој. 24, 20 ). Дури и кај најголемите праведници на Стариот Завет сè уште имало несовршенство. Патријарсите и царевите живееле во полигамија: многу пагански жени имал и Соломон; Мојсеј, заштитувајќи го Евреинот, сметал дека е возможно да се убие Египќанецот. Праотецот Господов - цар, пророк и голем псалмопевец Давид имал многу жени, пролеал река од крв и истовремено извршил два смртни грева - прељуба и убиство. Ете зошто Господ така го разликувал Стариот од Новиот Завет и укажувал на неопходноста од внатрешно усовршување, на неопходноста од развивање на способност да се види состојбата на својата душа „со внатрешното око“. Најжално е тоа што во христијанството, рамо до рамо со присуството на духот на Новиот Завет, во голема мера е зачуван и духот на Стариот. Кај многу верници, кои одат во црква, преовладува убедување дека, да се биде

христијанин, значи понекогаш да се посетува храмот и во одредена мера да се

Николај Пестов

Page 35: Православна Светлина (08)

33

запазуваат црковните обреди. И тоа е сè. Многумина ли од нив знаат за целта на животот на христијанинот - стекнување на Светиот Дух Божји и развивање на сите христијански добродетели во себе. Колку често некои од монасите и световните христијани се стремат да ја спасат својата душа само со аскетски подвизи, игнорирајќи го смирението, кротоста и Христовата љубов. И во овие случаи тие често пропаѓаат во очигледна прелест или стануваат лицемери и се жестоки, крути, настојчиви и сурови кон ближните при отсуство на Христовата љубов. Во суштина, само надворешното – површно христијанство е токму фарисејството, кое толку остро го осудуваше Господ, додека беше на земјата: „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија. Така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте исполнети со лицемерност и беззаконие“ (Мат. 23, 25-28). Не треба да се мисли дека сите книжници и фарисеи од времето на Христа биле некакви, очигледно порочни луѓе. Самиот Господ говорел за нивната праведност (Mат. 5, 20), иако ја сметал за апсолутно недоволна за влегување во Неговото Царство. И, навистина, многу од книжниците и фарисеите се одликувале со такви надворешни добродетели, какви што, можеби, многумина од нас не можат да ги забележат во себе. И, сепак, сите тие добродетели се апсолутно недоволни за наследување на Царството Небесно. Како што пишува Таврическиот епископ Михаил: „Господ, изобличувајќи ги фарисеите, укажувал, дека нивното запазување на малите обичаи им служело само како залажување на очите, само како лицемерна маска, за да го нарушат најглавното и најсуштественото“, - пред сè неопходноста од покажување на љубов и милосрдие кон ближните. За тоа пишува и светиот и праведен отец Јован Кронштатски: „Ние гледаме луѓе кои, само по име се христијани, а според делата вистински незнабожци“. И така, нема полоши од тие лажни христијани, кај кои ревноста за надворешна обредност не се комбинира со љубов кон ближните и со смирение, кои не ја гледаат несреќата на ближните, не размислуваат за нив, имајќи круто, студено, „скаменето“ срце. Да не се залажуваме и само со милосрдни дела, како што пишува светиот и праведен отец Јован Кронштатски: „Милостината е добра и спасителна, кога се соединува со очистување на срцето од гордост, злоба, завист, суета, мрзливост, стомакоугодување, блуд, лага и измама и други гревови. А ако човек не се погрижи за поправање на своето срце, надевајќи се само на својата милостина, тогаш тој малку полза ќе има од неа, бидејќи тоа што го гради со едната рака, со другата го разрушува“. Господ нè предупредува за таквото фарисејство, во кое комарецот го цедат, а камилата ја проголтуваат (Мат. 23, 24). Утро, ден, вечер. Приквечер светлината се намалува. Така е и во човештвото и за светлината на христијанската вера. Господ велеше: „Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18, 8). Зошто е тоа така? Еден христијанин вака одговорил на тоа прашање: „Потсмевањето и насилството на безбожниците не можат да ја поколебаат верата. Неа ја колебаат само недостојните постапки на верниците. Од кого ќе се бара повеќе за намалувањето на верата, за разрушувањето на храмовите, - од безумните ли, кои говорат дека ’нема Бог‘, или од оние кои се нарекуваат христијани, а се туѓи на Неговиот дух, и кои своите ниски дела ги покриваат со возвишени зборови?“

Превод од руски јазик: Миле Иваноски, апсолвент на Факултетот за руски јазик

Налов на изворникот: Николай Пестов, „Путь к совершенной радости“, 1996 г., 184 с.

HRISTOS SE RODI!

Page 36: Православна Светлина (08)

34

„Ги прелистував каталозите на IKEA и размислував: Кој сервис (за кафе или чај) ме карактеризира мене како личност?“ (од филмот „Fight Club“ – „Боречки клуб“)

Перфекционизмот (од фр. perfection) е убедување во тоа дека усовршувањето, како сопственото така и усовршувањето на другите луѓе, претставува цел кон која е должен да се стреми човекот. Самиот поим перфекционизам кој произлегол во протестанството кон средината на XIX век, подоцна бил трансформиран во класичниот перфекционизам на И. Кант, Г. Лајбниц, на марксистите и подразбирал, пред сè, внатрешно усовршување на моралните норми, развивање на талентите и дарбите. Суперчовештвото на Ниче е исто така еден вид на перфекционизам.

Во што е тогаш разликата помеѓу учењето Христово, кое се состои во неговите зборови: „Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Мат. 5, 48) и класичниот перфекционизам? Во христијанството за добро се смета само она, што се прави исклучиво и во името на Бога, а усовршувањето е себеочистување со Божја помош од сите пороци на нашата природа. „Наскоро ќе видиш дека нема ништо заедничко помеѓу Евангелското добро и доброто на паднатата човечка природа. Доброто на нашата падната природа е помешано со зло, и токму затоа самото тоа се претворило во зло, како што се случува и со вкусната и здрава храна, кога ќе се помеша со отров. Пази се од правење на добри дела на паднатата природа! Правејќи го тоа добро, ќе го предизвикаш своето паѓање, ќе предизвикаш во себе високо мислење и гордост, ќе достигнеш најголема сличност со демоните“ (Свети Игнатиј Брјанчанинов, „Принос кон современото монаштво“). Треба да се признае дека од христијанска гледна точка, било кое правилно и добро дело не е совршено, бидејќи е затруено од нашето лично несовршенство. Сличните недостатоци се надоместуваат преку смирение и себеукорување. Во перфекционизмот, како по правило, целта е зголемување на апстрактните морални норми на поединецот преку силата и ресурсите на паднатото човештво, без било какви дополнителни расудувања. Современиот перфекционизам се разликува од класичниот. Тој во значителна мера дегенерирал до високите животни стандарди на секојдневниот живот, до размислувања во границите на „сè или ништо“, до непотребна концентрација на неуспесите и непопустливоста. Според мислењето на Гордон Флет, професор по психологија на универзитетот Јорк во Торонто, перфекционизмот е психичко растројство, кое се изразува преку одреден вид на „фаќање за ситници“ и преку обидите да се доведе некое дело до некој одреден идеал, до „совршенство“. Таквите луѓе, како по правило, се неподносливи за околината, немаат пријатели и не ни помислуваат дека се психички болни, а во длабочината на срцето се крајно горделиви и се сметаат себеси за посебни и достојни. Нив ги има во доволен број

насекаде, притоа и во сферата на образованието („синдром на одлични ученици“, кои се пројавуваат во трката за повисоки оценки, во стравот од губење на статусот

Јеромонах Спиридон (Баландин)

Перфекционизмот - религија на ХХ век?

Page 37: Православна Светлина (08)

35

на „паметни“ или, кои не ги оправдале надежите на родителите и учителите, во нивната најсилна желба - да се запишат на престижен факултет) и во манијакалниот туризам, а исто така и во стремежот на бесконечно себеразубавување, било преку фитнес или преку многубројни пластични операции. Во кариерата (тука особено често перфекционистите ги следи невроза и депресија) тоа заболување се појавува во одговорноста која е доведена до апсурд, кога човек искрено смета дека никој освен него не е во состојба правилно да ја исполни дадената работа, со часови се труди најмалата задача да ја доведе до „совршенство“ и на крај излегува дека е неефикасен работник. На Западот јасно изразените перфекционисти работат само под команда и под надзор на тајм менаџери. Да забележиме дека, откако го изгубило вториот дел од Христовите зборови: „Но бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Мат. 5, 48), со текот на времето, човештвото крајно го примитивизирало првиот дел. Дури и Калвин објавил доктрина за тоа дека, показател на предизбраноста на човекот за спасение е неговиот успех во професионалната работа, од каде се развиле и современите претстави за пазарот, конкуренцијата и личниот успех во западното општество. Погледнете кон што може да доведе погрешната протестантска догматика! И ако подоцна, од една страна, кај философите се слушаат идеи, дури и за зголемување на моралноста, развивање на општочовечките добродетели и таленти, сепак, од друга страна, во современиот перфекционизам постои незапирлив стремеж само кон материјален комфор, телесна убавина и висока позиција во општеството. Оној што ги достигнал овие цели, тој е „совршен“. Овој животен и егоцентричен перфекционизам, болното себеизразување, религијата на потрошувачкото општество, саркастично и остроумно го исмеал Чак Поланик во книгата „Боречки клуб“, која талентирано ја екранизирал Дејвид Финчер во 1999 година. Главниот херој во книгата, перфекционист, кој постепено полудува среде урбаното опкружување на белите околувратници - кој осознава дека целиот свој живот го потрошил купувајќи масички за кафе со дизајн на „Njurunda“, меки гарнитури „Haparanda“ дизајнирани од Ерика Пекари, фотелји „Johanneshov“, обвиткани со пругасто платно „Strinne“, хартиени столни фенери „Rislampa/Har“, обвиткани со необелена хартија, кутии за шапки „Hemlig“, ѕидни часовници „Vild“ од оксидиран челик (како би можел да се снајдам без нив? - се прашува себеси херојот на книгата), комплет од покривачи „Mom-

HRISTOS SE RODI!

Page 38: Православна Светлина (08)

36

mala“ дизајнирани од Томас Харила и уште безброј други високостандардни глупости. „Не сакам повеќе да сум комплетен, не сакам веќе да сум задоволен, не сакам веќе да сум самото совршенство“ - извикува тој и избира пат на разрушување на сето тоа за да се ослободи од тиранијата на перфекционизмот и култот на модните брендови, за да престане да биде ненаситен „потрошувач“. Се разбира, конкретниот проблем не се решава со разнесување на сопствениот стан со експлозив, со организирање на боречкиот клуб и на терористичкиот проект „Хаос“. Само догматски исправното, православно обраќање кон Христа нè ослободува од власта на овој свет: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети, и Јас ќе ве успокојам“ (Мат. 11, 28). Животот во Црквата, очистувањето на душата од пороци и страсти со благодатта на Светиот Дух, правење добри дела во името на Христа - ете го патот на вистинската слобода на човекот и себеизразување преку љубовта кон Бога. Фактот на огромната популарност досега, како на книгата, така и на филмот (само на еден веб-сајт за млади „Во Контакт“ во групите посветени токму на тој филм има повеќе од 11.000 луѓе), кој стана своевиден манифест, сведочи за важноста на проблемот. Луѓето ја чувствуваат вистината на јазикот на уметноста, острите протести, но за жал, како и Тајлер Дерден, честопати не го гледаат правилното решение, за што вина има и свештенството. Опасната привлечност на современото општество кон богатствата на овој свет остро ја критикува и неверојатно популарната трилогија „Матрикс“, првиот и најуспешен филм кој се појави на екраните исто така во 1999 година. Интересно совпаѓање и на нумерологијата. Во филмот нашата цивилизација е претставена чудовишно потчинета (луѓе – батерии) и заробена во таа состојба на лажни сетилни наслади од свет што не постои во реалноста. Перфекционизмот се осудува како бездушен кариеризам и софистициран материјализам и во романот на Лорен Веисбергер „Ѓаволот носи Прада“ - сите наши симпатии бесомнено се на страната на Андреа, која се ослободува од магијата на гламурозниот живот на перфекционистка, претпочитајќи ја својата лична слобода, живот и човечност. Според моето мислење, современиот перфекционизам не е ништо друго, туку тиранија, религија на XXI век, култ на современото човештво, обединувајќи ги низ целиот свет заедниците, кои се стремат кон „совршенство“, во стотици милиони луѓе. Храмови на култот се бутиците и супермаркетите каде се случува постојаниот „празник на купување“, каде жедните можат да се „причестат“ и да ги заменат потрошените работни часови со седење на модерни масички за кафе и на хартиени фенери кои се распослани насекаде низ плоштадите според законот на психолошко влијание на експертите. Жреци на култот се бренд-менаџерите кои се пробиваат на пазарот со гламурозни називи привлечни за очите. Еден од водечките експерти во конкретната област, Самвел Аветисјан, на прашањето на дописникот на списанието „Експерт“, дали бренд-менаџерот е нешто слично на месија, тој скромно одговорил: „Повеќе од пастир, духовник, колку и да звучи тоа цинично. И денес луѓето во недела, минувајќи покрај црквите, ги посетуваат салоните на IKEA, решавајќи ги всушност, истите тие психотерапевтски проблеми“. Забележете дека оваа контратрадиција, основана на испревртен и изобличен стремеж на човекот кон духовно совршенство, сама по себе претставува замена на вредностите и, како што ми се чини, изгледа како идеална, сосема необременета средина со било каков морал за живото антихристијанство.

Превод од руски јазик: Миле Иваноски, апсолвент на Факултетот за руски јазикНалов на изворникот:Религия и СМИВсеукраинский журнал «Мгарскій колоколъ» № 66, июль 2008

Page 39: Православна Светлина (08)

37

„А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку треба да биде кроток кон сите, поучлив и незлобив“ (2. Тим. 2, 24). Нашите побожни браќа и сестри, народот Христов, исто така мораат да внимаваат да не бидат заведени од духот на светот и да не ја мешаат неразумната ревност со вистинскиот дух на евангелската љубов. Свети Нектариј, само во неколку реченици, ни дава опис на вистинскиот зилот (ревнител) Христов: „Зилотот според учењето, мотивиран од љубовта кон Бога и неговиот ближен, сите работи ги прави со милосрдност и скромност; не прави ништо што би можело да го нажали ближниот; таквиот зилот е просветлен од учењето и ништо не го поттикнува да отстапи од она што е морално исправно“ (види во Себепознание, стр. 135-136). Зилотот благословен од Христа е пример за вистински христијанин, на кого главни карактеристики се горешта љубов кон Бога и ближниот, благост, верска толеранција, простување, учтивост во однесувањето, и главно, сите плодови на оној што пребива во Светиот Дух. Спротивно на ова, оној кутар христијанин, кој е инспириран од ревност не според учењето, е „деструктивен човек“, кој буквално го испревртува

Ревност и љубовОд Митрополитот Кипријан Оропоски и Филиски

Page 40: Православна Светлина (08)

жниците

38

Евангелието на благодатта и љубовта. Ајде да видиме како го гледаат светителите на Православната црква зилотот, чијашто ревност не е според мудроста:

Неговата ревност е „оган кој пали, оган што уништува“; „Му претходи пропаста, а го следи пустошот“; „Тој Го преколнува Бога да испрати оган од небесата и да ги изгори сите оние, што не ги прифаќаат неговите начела и убедувања“; Тој „се одликува со омраза кон оние од други религии и вероисповеди, завист и постојан гнев, насилнички отпор кон духот на Божествениот закон, неумерена тврдоглавост во одбраната на неговите ставови, страсна ревност за доминирање во сè, славољубие, кавги, препирки, и со љубов кон немирот“ (свети Нектариј, на истото место).

Православната духовност секогаш сметала дека од суштинско значење е ревноста да оди рака под рака со љубовта, за да не стане ненормална: „Ревноста за побожност (или запазување на Црквата и Светото Предание) е добра работа, но само кога е искомбинирана со љубов“ (Свети Јован Дамаскин, Грчка Патрологија, Vol. SCIV, col. 1436). Величественото послание на свети Дионисиј Ареопагит до монахот Димофилос, во коешто тој на боговдахновен начин ги изложува крајностите на наметливата ревност, покажува дека ова „искушение“ помеѓу побожните е древно. А сега да ги споредиме со демонот на неразумната ревност, зилотите на Светоотечката побожност, повикувајќи се на нивните Светоотечки поуки: „Ние нема да ги прифатиме вашите бесни напади, кои се туѓи на автентичната ревност (незавидни побуди), дури и ако ги повикате Финес и Илија илјада пати“ (Свети Дионисиј Ареопагит, Грчка Патрологија, Vol. III, col. 1096C, „Послание до Димофилос Монахот [или Терапевтес, термин што го употребува свети Дионисиј за монасите], 5). Исто така, нашиот Спасител, преку апостолот Павле, „нè учи дека треба со благост да ги поучуваме оние кои го отфрлаат учењето Божјо“; „зашто оној што не знае, треба да биде поучен, а не казнет, исто како што не ги казнуваме слепите, туку ги водиме под рака“ (на истото место). Никогаш да не заборават благочестивите верници дека критериум на автентичноста на нашата љубов не е неразумната ревност, туку откажувањето од сите наши страсти: „Труди се подеднакво да ги сакаш сите луѓе, и за кратко ќе ги истераш сите твои страсти“ (Свети Таласиј, грчко Добротољубие, II том, стр. 213, и Грчка Патрологија, Vol. XCI, col. 1441B). Нашата ревност кон побожноста, како и секој друг духовен напор, има сомнителна чистота и вистинитост ако таа не го поттикнува срцето кон љубов и смирение: „Зашто секое тежнеење и секоја упорна работа што не завршува во љубов и скрушен дух е залудна, и донесува бескорисни резултати“ (Свети Симеон Нов Богослов, Катихези I, Sources Chretiennes, Vol. 96, pp. 143-145). Па оттука: „Ревноста за побожност е добра работа, но само кога е искомбинирана со љубов!“ Од Orthodox Tradition, Vol. XIII, No. 2 (1996).

Превод од англиски јазик:Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:Zeal and Love

by Metropolitan Cyprian of Oropos and Filiwww.orthodoxinfo.com

Page 41: Православна Светлина (08)

жниците

39

жниците

Одговорностите на сопругот

Мажот е глава на жената... Знаеме дека секоја организација, секоја институција – било тоа да е Црква, парохија, манастир, или, во светот, банка, акционерско друштво, училиште – мора да има глава, водач. Истото се однесува и на успешниот брак, зашто семејството е исто така единка, духовна и физичка организација. Според Светото Писмо и Светото Предание, водач во бракот е сопругот. Повторно, зборовите на свети Павле: Мажот е глава на жената... Тој е водачот. Тој го претставува начелото на авторитет во семејството. Исто како што свештеникот е духовен водач на парохијата, одговорен пред Бога за парохјаните, со тоа и духовен авторитет во парохијата, исто така мажот е свештеник во неговото семејство, одговорен за уредувањето на семејниот живот. Ова не значи дека тој е нешто повеќе од неговата жена. Пред Христа, сите сме еднакви; нема ниту машки пол ниту женски. Всушност, бракот е рамноправен сојуз. Да нема забуна: нема место за било каков шовинизам во Православието. Ниту, пак, тоа што е глава не му дава на мажот било каков диктаторски, тирански, своеволен или апсолутен авторитет над неговата жена и деца. Но, како и со секоја важна позиција, одредени одговорности одат и со оваа, а тие се многу тешки, многу комплицирани, но исто така многу провокативни и потенцијално креативни одговорности. Светото Писмо ни кажува дека мажот мора да си ја сака неговата жена како што Христос, исто така, ја засака Црквата и се предаде Себеси за Неа (Ефес. 5, 25). Најголем дел од христијаните-сопрузи малку знаат што значи овој вид љубов. Во светот, под поимот „љубов“ обично се мисли на физичка љубов или сентиментална, романтична љубов. Ова нема никаква врска со христијанското сфаќање за љубовта. Да си спомнеме на Христовите зборови кон Неговите следбеници: Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. Тогаш, љубовта, од христијански аспект, значи жртва и самоодрекување. Мажот мора да води голема грижа, да мисли, да внимава и да биде претпазлив во врска со неговата жена, како Христос што се грижи за Црквата. Претпазливоста на мажот може да трае и до самата смрт. Зашто како што Христос се подложи на смрт заради Неговата љубов кон Црквата, така и сопругот-христијанин мора да предаде сè – дури и неговиот живот, ако треба – за неговата сопруга. Повторно, свети Павле вели: Мажот е глава на жената како што Христос е глава на Црквата... Знаеме каква глава беше Христос: Он им ги миеше нозете на Неговите ученици. Според нашиот Спасител, да бидеш глава, да бидеш прв, значи да служиш – да бидеш прв во давање љубов, во разбирање, во трпение, во заштита на семејството. За ваков водач или глава е повикан да биде мажот. И кога тој е ваков водач, тогаш е реален маж, вистински маж, верен на неговата божествено назначена природа. Мудрата сопруга ќе го охрабрува нејзиниот сопруг да биде ваков маж; самата таа нема да се обидува да ја заземе позицијата на авторитет. Психолозите велат дека гневот на жената, што го чувствува кон мажот, кој ì дозволува да го преземе водењето на семејството, е најдлабок од сите. И сега откриваме дека многу од случаите на деликвенција, па дури и ментални болести доаѓаат од семејствата каде што таткото престанал да биде водач, извор на сострадание, љубов и заштита.

HRISTOS SE RODI!

Page 42: Православна Светлина (08)

40

Должноста на мажот да ì дава љубов на неговата сопруга и семејство не му дозволува да ја заплашува жена си. Тој не смее да ја третира жена си како наемен слуга – како што прават многу мажи. Еве што вели за ова свети Јован Златоуст: „Слугата, навистина, можеби некој е способен да го врзе со страв; не, дури ни него, зашто и тој набрзо ќе те напушти. Но партнерот на нечиј живот, мајката на нечии си деца, основата на нечија радост, никој никогаш не треба да ја врзува со страв и закани, туку со љубов и добар карактер. Каква заедница е таа, каде што жената се тресе пред нејзиниот маж? И какво задоволство ќе има сопругот ако тој се однесува со неговата жена како со роб? Да, дури и ако пострадаш заради неа, не ја карај; зашто ниту Христос не ì го направи ова на Црквата“. Мажи, сопрузи, за нас вистинската љубов почнува кога себеси се даваме за другите. Ние први почнуваме да сакаме – во христијанска смисла – кога први даваме. Еднаш некој сопруг му се пожалил на свети Јован Златоуст дека неговата жена не го сака. Светителот му одговорил; „Оди си дома и сакај ја“. „Но ти не разбираш“, му рекол сопругот. „Како можам јас да ја сакам кога таа не ме сака?“ „Оди си дома и сакај ја“, му одговорил светителот. И имал право. Каде што нема љубов, мораме да дадеме малку љубов, и тогаш ќе ја најдеме. Честопати сопрузите му се жалат на свештеникот дека нивните сопруги не ги сакаат. Тогаш свештеникот открива дека сопругот воопшто не сака да даде љубов; тој само си седи назад и очекува да биде сакан, како некој вид на идол, кој чека да му служат и да му се поклонуваат. Таквиот сопруг треба да открие дека единствениот начин да добие трајна љубов во бракот е самиот тој да ја даде, зашто во животот обично го добиваме она што го даваме: ако даваме омраза, добиваме омраза; но ако дадеме љубов, ја добиваме назад, за возврат. Отците на Црквата ни кажуваат дека сопрузите-христијани мора да си ги сакаат нивните сопруги повеќе од нивните секуларни ангажмани, зашто нема поголем успех од среќен дом, и ниту еден успех што ние мажите ќе го постигнеме не ќе има значење ако не успееме во домот. Нашите семејства го заслужуваат најдоброто. Има мнозина од нас мажите денес, кои се најдобри пред очите на светот, а најлоши во домот. Поради ова, Отците на Црквата ни велат најмногу да ја вреднуваме дружбата на нашите сопруги, и да имаме поголема желба да бидеме дома со нив, отколку да бидеме во продавница. Сопрузи и идни сопрузи, да си ги ставиме при срце овие зборови на Французинот од дваесеттиот век, Андре Моруи: „Јас се врзав себеси за живот; Јас избрав; отсега па натаму моја цел ќе биде, не да барам некого, кој ќе ми угодува, туку да му угодувам на оној, кого го избрав...“

Одговорноститенасопругата

Свети Павле вели: „Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа... Како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè“ (Ефес. 5: 22, 24).

Денешното општество, особено овде во Америка, а посебно во јавните медиуми – филмови, телевизија, списанија, книги – го презира духот на послушноста. Наместо тоа, во секоја прилика сме поттикнувани да го правиме „она што сакаме“, да се грижиме за „број еден“, да си го задоволиме секој каприц и желба. Но православниот христијански брак, како што рековме, не е дел од секуларното или световно општество. Неговата цел и целите на општеството не само што не се согласуваат; тие се дијаметрално спротивставени. Целта на христијанскиот брак е вечен живот во Рајот со Исуса Христа; целта на световното општество е задоволство, уживање сега и овде, и особено, себезадоволување и своеволие. Но преку Светото Писмо и Преданието ни е откриено дека, послушанието е всушност

катализатор за христијанско совршенство – односно, послушноста, покорноста, всушност помагаат да се забрза процесот на борба за стекнување добродетел во

Page 43: Православна Светлина (08)

нашиот живот. Од друга страна, пак, своеволието многу ја зголемува страста гордост и може да ја одвои индивидуата од христијанскиот начин на размислување и живеење. Митрополитот Антониј Храповитски пишува: „Ако сакаш да бидеш добра, интелигентна личност, а не глупава овца, само уште еден член на стадото, тогаш не се согласувај со твоите современици кои гинат духовно и телесно; не оди по патот на своеволието, туку по патот на послушноста. Само тогаш ти ќе бидеш личност. Тогаш, можеби... ти самиот... ќе ја сочуваш твојата вера и твоето срце неогрубени, душата чесна, нема да бидеш удиран и развртуван како ветроказ, како што се многуте твои современици“. Самиот Христос е најсовршениот пример на послушност, зашто преку Неговата послушност на Неговиот Отец Он отиде на страдање и смрт заради нас, и нè одведе од грев кон слобода и спасение. Сите ние, во едно или друго време, сме виделе примери на семејства каде што жената „носи панталони“. И што обично мислиме со тој груб израз? Мислиме дека жената ја презела улогата на водач на семејството и се обидува да стане глава на мажот. Ова може да се случи зашто мажот е многу слаб – или можеби премногу себичен и преокупиран за да ги преземе неговите вистински одговорности; или, пак, може да се случи зашто самата жена има духовен или емоционален проблем што ја тера да посакува авторитет и моќ. Во такви случаи честопати жената има силен и агресивен карактер што се манифестира и во нејзините односи надвор од семејството. На таквата жена ì недостасуваат најосновните квалитети на женственоста – кротост, смиреноумие и добрина. Во таква ситуација има само чувства на очај, фрустрација, незадоволство, па дури и гнев кон членовите на семејството. Една од првите работи што свештеникот мора да ги направи кога советува маж и жена кои се во таква ситуација, е да се обиде и да го убеди сопругот да почне со преземање на вистинската улога на водач во неговото семејство, и мора на некој начин да ја убеди сопругата да се откаже од авторитетот што не ì припаѓа. Треба да се каже дека овие улоги не се ексклузивни: има периоди кога е погодно за жената да покаже цврстина, или за мажот да ì биде послушен на неговата жена. Во најзрелите, високо напреднати и духовни бракови, односите на мажот и жената се развиваат во едно меѓусебно послушание.

Превод од англиски јазик:Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:Priest Alexey Young,

The Orthodox Christian Marriage www.stvladimiraami.org

41

HRISTOS SE RODI!

Page 44: Православна Светлина (08)

42

Угодникот Божји, светителот Василиј, епископ Рјазански живеел во втората половина на тринаесеттиот век. За неговото потекло – од кого и каде се родил – не се сочувале никакви сведоштва. Но во црковните химни се сочувале посочувања на тоа дека, светителот Василиј уште од детските години бил освештен слуга Господов, дека во младоста се усовршувал себеси и морално и духовно, победувајќи го во себе со стравот Божји гревовното и насадувајќи во својата душа и срце сè што е свето. Првите подвизи на својата побожност ги започнал во Муром. Таму примил монашка схима, и, кога по Божја промисла било угодно да биде поставен за епископ на епархијата Муромско-рјазанска, тој веќе блескал со големи подвизи на воздржување, кротост и смирение. Во врска со изборот на свети Василиј за епископски чин во неговото житие се вели: „По пустошењето на градот Муром од неверните луѓе дојде од Киев во Муром благоверниот кнез Ѓеорѓиј Јарославич. Овој кнез ја обнови тамошната црква на Благовештението и вториот храм на светите маченици Борис и Глеб и го постави во нивната црква, епископот по име Василиј, маж праведен и благочестив“. Откако го прими на себе високиот архиерејски чин светителот Василиј со сета ревност на вистински пастир на Црквата Христова почнал да се труди во устројувањето на својата паства: расеаните поради варварските напади ги собирал во едно стадо, изнемоштените ги укрепувал со вера, огорчените ги утешувал со цврста надеж на милоста Божја, заблудените ги

враќал на вистинскиот пат. Во таквите високи добродетелни

подвизи светителот Василиј се покажал како пастир добар, мудар и недремлив, милостив и изобилен со љубов, незлобив и смирен, непоколеблив столб на чистотата и целомудрието – пример на своето стадо во молитвите и постењето, и во светоотечките подвизи. Таквите високи подвизи и добродетели на светителот станале неподносливи за непријателот на секое добро – ѓаволот. Тој ги користел сите свои сатански итроштини за да поттикне кај лекомислениот муромски народ сомнеж во чистотата и целомудрениот живот на светителот Божји. Тој примил обличје на блудна девојка, често влегувал и излегувал од домот на светителот, му се покажувал на народот од прозорецот на светителот и, очигледно, успеал во своите замки. Еднаш болјарите и народот се собрале кај светителот навечер и виделе една девојка, како се качува по скалите кај светителот, носејќи чевли во рацете. Така направил ѓаволот. Народот, кога го видел тоа повикал: „О, епископу, не ти доликува да имаш девојки во својот дом и во својата постела“. Изненаден светителот Василиј го уверувал народот: „Невин сум за ова блудно дело, за кое вие ме обвинувате“. Народот во занес започнал линч над угодникот Божји: не се уплашил од неговото епископство, не се засрамил од неговата чесна старост, го клеветел, го исмевал и одлучил да го протера светителот од Муром. Имало и такви кои во својата лутина викале: „Да го убиеме за ова дело!“ Тогаш светителот почнал да ги моли: „Отци и браќа! Дајте ми малку време, до третиот час од денот“. Народот, поразен од кротоста на светителот, се согласил и се разотишол по своите домови. Невиниот праведник цела ноќ се молел со солзи во соборниот храм на Борис и Глеб; отслужил

Свети Василиј, епископ Рјазански (10 јуни и 3 јули)

Page 45: Православна Светлина (08)

43

сеноќно бдение и Литургија утрото. Потоа испеал молебен пред почитуваната од него икона на Богомајката во храмот на Благовештението, ја зел таа икона со себе, и, откако се предал на волјата Божја, со надеж на Божјата Мајка, отишол кај реката Ока, за да го напушти Муром засекогаш. Народот му подготвил чамец. Но светителот ја соблекол од себе мандијата, ја распослал врз водата, се качил на неа со иконата на Богомајката и, чудесно носен со силата Божја, како со бурен ветар, брзо запловил низ реката, спротивно на водниот тек. Мандијата станала за него лесен кораб, Промислата Божја и застапништвото на Богомајката – кормило. Поразени од чудото, муромците, сите, од старо до младо, повикале со солзи: „О, свети Владико Василиј! Прости ни нам, твоите грешни слуги; згрешивме пред тебе, отче, Владико свет, не зборавај нè нас, твоите слуги“. Но светителот Василиј исчезнал од пред очите на муромците за миг. Така Бог ја оправдал невиноста на Својот праведник пред народот. Така ги посрамотил замките на ѓаволот, кој сака да го погуби народот. По појадокот, во третиот час од денот (09.00 часот по наше време), светителот Василиј го оставил Муром, а во деветтиот час (15.00) истиот ден (пред вечерната) бил донесен во градот Рјазан (стариот), кои се оддалечени еден од друг повеќе од двеста километри. Чудесната Божја промисла на чудесен начин ги известил жителите на Рјазан за приближувањето кон нивниот град на светителот Василиј. Преданието вели дека жителите на Рјазан пред самото доаѓање на светителот биле собрани во храмот на вечерна богослужба, но кога излегол ѓаконот во одежди за да ја почне службата, при сите усилија не можел да го каже вообичаениот возглас, „Благослови, Владико“. Народот со чудење гледал на ова. Најпосле ѓаконот, како да се ослободил од веригите, кои ја врзувале неговата уста, и несакајќи извикал: „Владиката доаѓа, пресретнете го!“ И сиот собор од пастири со светите крстови, кнезот со болјарите и народот поитале на брегот на реката Ока за да го сретнат богообјавениот светител и, кога го виделе како плови врз мандијата со пречистиот лик на Богомајката, со голема

радост го примиле кај себе. Но не траела долго

HRISTOS SE RODI!

Page 46: Православна Светлина (08)

44

радоста на светителот Василиј и неговото паство. Тоа било време на тага, а не на радост. За време на еден разрушувачки напад на варварите, Рјазан со сите храмови бил разрушен, а на светителот Василиј Божјата промисла му одредила друго место за живеење и упокојување – тоа е денешниот град Рјазан. Преданието вели дека светиот Василиј и тука допловил по реката Ока и Трубеж (притока на Днепар) врз својата чудотворна мандија со истата муромска икона на Божјата Мајка од црквата на Борис и Глеб. Овде основал нова епископија и црквата на Борис и Глеб од тоа време станала соборна. Пастирското служење на светиот Василиј траело само десет години. Претрпените од него огорчувања, трудови и грижи, таги и маки при гледањето на неговото паство како страда под ропството на Татарите, го скратиле тешкиот живот на светителот, и на 3 јули (стар стил) 1295 година светителот Василиј се преселил во вечните живеалишта. Неговото свето тело било погребано во соборниот храм на светите Борис и Глеб. Но не без добра цел на Божјата Промисла било преселувањето на светителот Василиј од едно место на друго. Муромците ги вразумило, откривајќи им ги замките ѓаволски, а жителите на Рјазан и Перејаслав Рјазански – едните ги утешило и поткрепило во најтешкото време за нив, а на другите им дало пример за вера и трпение. За поткрепување, пак, и утешување на верниците во страшното време за Русија, времето на лажните владетели и на полските напади, на Божјата Промисла ì било угодно да го прослави Својот угодник со нетленост на неговите мошти, кои почивале во земјата повеќе од триста години. Светите мошти на светителот Василиј биле откриени од страна на архиепископот рјазански Теодорит и со достојни почести биле пренесени во соборниот Успенски храм (сега посветен на Рождеството Христово). Тоа се случило на 10 јуни 1609 година. Поради немирното време биле положени на скришно место,

под левата певница.

Во 1636 година над моштите на светителот била изградена камена гробница, и над неа била поставена иконата на Божјата Мајка „Молењето на Василиј“. Во 1753 година таа гробница била преправена во вид на ковчег со ликот на свети Василиј, а во 1783 година била украсена од страна на преосветениот епископ Симон. На местото каде што биле најдени светите мошти на светиот Василиј, во соборниот храм на светите Борис и Глеб, во 1712 година наместо старата платнена палатка била изградена камена, а во 1834 година ктиторот на храмот на светите Борис и Глеб, Симеон Панов, „по тајно откровение одозгора“ – бил подигнат железен споменик. Наоѓањето и пренесувањето на светите мошти на светителот Василиј, епископ Рјазански, било извршено од рјазанскиот архиепископ Теодорит (1605-1617). Во немирното време на Божјата Промисла ì било угодно да го прослави светителот Василиј: на 10 јуни 1609 година се случило откривањето на неговите свети мошти и нивното пренесување во Успенскиот храм на Кремљ на Перејаслав Рјазански, кој од времето на епископот рјазански Јона II (1522-1547) станал соборен. Моштите на светителот Василиј биле положени под левата певница, покрај иконостасот. Тогаш биле составени тропарот и кондакот на светителот. Од тоа време името на светителот Василиј „се спомнува во сите цркви на Рјазанската епархија“. Кон него прибегнуваат како при „постојан свој застапник, и помошник во маките и несреќите“. Во времето на архиепископот Мојсеј (1638-1651), во 1638 година над моштите на светителот Василиј била изградена камена гробница, а над неа бил поставена муромската икона на Пресвета Богородица – „Молењето на Василиј“. Познато е дека во тоа време во рјазанските храмови се извршувале молебни кон светителот Василиј. На 10 јуни 1645 година, во времето на архиепископот Мојсеј најпрво се прославило пренесувањето на моштите на светителот. Особено голем почитувач на рјазанскиот просветител се смета архиепископот Мисаил (1651-1655). По

Page 47: Православна Светлина (08)

45

негова заповед во 1653 бил направен натпис на големиот сребрен купел за водосвет: „Овој купел во Перејаслав Рјазански, во соборната црква на Успението и на светите маченици Борис и Глеб, и на светиот отец наш Василиј, епископот Рјазански чудотворец“. Во 1655 година светителот Василиј бил претставен на сребрениот крст заедно со светиот Јован Претеча и светиот Јона, митрополитот московски. Во 1712 година за време на митрополитот Стефан Јаворски над местото каде што најпрво бил погребан светителот Василиј, во црквата на св. Борис и Глеб, била изградена камена камбанарија со заложбите на писателот Никита Алтухов. Во 1722-1723 година во времето на императорот Петар I се случило формалното истражување за светителот, по кое светителот Василиј бил насликан на иконата заедно со другите руски светители. Митрополитот новгородски Димитриј (Сеченов) додека бил епископ Рјазански (1752-1757) составил служба на светителот Василиј, „земајќи ги предвид претходно напишаните тропар, кондак и канон“. Во негово време над моштите на светителот Василиј била изградена нова гробница слична на ковчег со икона на светителот. Во 1782 година ковчегот со моштите на светителот Василиј бил раскошно украсен од архиепископот рјазански и зарајски Симон (Лагов) (1778-1804). Во 1810 година при архиепископот рјазански и зарајски Теофилакт (Русанов) бил издаден указ од светиот Синод за празнување на светителот Василиј во Неделата на Сите Светии. На 4 октомври 1836 година бил торжествено откриен новиот споменик на местото каде што биле најдени моштите на светителот Василиј, кој бил подигнат со заложбите на ктиторот на Борисоглебската црква – Симеон Панов. Во 1871 година архиепископот Алексиј (Ржаницин, 1867-1876) првпат отслужил Божествена Литургија во Борисоглебската црква во денот кога се празнува споменот на свети Василиј, 3 јули. При архиепископот Паладиј (Раев, 1876-1882) со Указ на Светиот Синод во 1881 година биле утврдени денови за празнување на споменот на светителот Василиј: 3 јули – денот на неговото блажено упокојување и 10 јуни – денот на

пренесување на неговите свети мошти. Во денешно време светиот Василиј особено се почитува во Рјазанската област. Во секој храм на Рјазанската епархија има негова икона, а во повеќето храмови, освен тоа, - има фреска од светителот, како плови по водата врз мандијата со муромската икона на Богомајката во раце. Во соборниот храм секоја среда навечер се служи акатист кон него. По неговите свети молитви, Господ да нè помилува и спаси. Амин!

Торпар, глас 4:

Најпрво со епископство во Муром си бил почестен, од каде што неправедно изгонет, врз мандијата, како на лесен кораб, си заминал, врз која натприродно, како бесплотен, по водата си запловил, управуван од промислата на Севишниот и со застапништвото на Богомајката, си стигнал во богомспасуваниот град Рјазан и во него, си примил архиерејски престол; богомдаруваната ти паства рјазанска добро си ја пасел, светителу отче наш Василиј, моли Го Христа Бога да бидат спасени нашите души.

Кондак, глас 8:

Како многусјајна ѕвезда, од градот Муром си заблескал, светителу Василиј, по водите си дошол до градот Рјазан; Црквата Божја добро си ја раководел, просветувајќи ги луѓето со твоето учење и житие. Спомни ги и сега твоите чеда, те молиме, наставнику наш предобар, и за нас моли се на Христа Бога и на Неговата Пречиста Мајка, та со благодарна душа да ти повикуваме: радувај се, угоднику Христов и горешт молитвенику наш пред Бога.

Подготвил и превел од руски јазик:Ѓакон Јани Мулев

HRISTOS SE RODI!

Page 48: Православна Светлина (08)

46

Декември 2004 година, Саудио-арабиец, муслиман, се појави пред неколку новинарски агенции, за да ја раскаже следнава неверојатна приказна, која ја доживеал и која го променила неговиот живот (Оваа приказна е пренесена преку ТВ и радио-станици, интернет и е раширена преку сите медиуми ширум цела Саудиска Арабија, Сирија, Палестина и се разбира, во сите соседни држави. Пред неколку години овој човек се оженил со многу богата муслиманка, но неплодна. Како што минувале годините, и покрај сите нивни напори и големи медицински трошоци (со многу лекари), тие останале бездетни. Неговите родители го советувале да се ожени со друга жена (бидејќи локалниот закон дозволувал четири брака). Иако изморен од сè, загрижен и скршен тој не го прифатил родителскиот совет, туку со својата жена, отпатувал на одмор во Сирија. Таму изнајмиле автомобил со возач кој воедно бил и водач по местата кои планирале да ги посетат. Како што одминувал одморот, возачот забележал дека парот е полн со горчина, страдање и жалост. Зближувајќи се со нив, тој плашливо ги прашал зошто изгледаат така потиштено – да не е тоа, затоа што се незадоволни од неговата услуга? Парот му се доверил на возачот, дека причина за нивната тага е тоа што не можат да имаат деца. Тогаш возачот им рекол, кој исто така бил муслиман, дека во Сирија православните христијани, имаат манастир на Пресвета Богородица и многу луѓе кои немаат деца наоѓаат прибежиште кај Нејзината чудотворна икона. Тие одат во манастирот и добиваат масло од кандилото кое гори пред чудотворната икона. А потоа „Марија“ им дава на христијаните според нивната вера, сè што тие сакаат. Очигледно возбудени Саудио-арабиецот и неговата жена го замолиле возачот да ги однесе во манастирот „Владичица на христијаните“ во Сајданај и му ветиле: „Ако добиеме дете, потоа ќе се вратиме овде и ќе ти дадеме тебе 20.000 долари, а на манастирот 80.000 долари. Тие отишле во манастирот и направиле како што им било кажано. Подоцна, се вратиле во својата татковина и по некое време, жената останала бремена. Неколку месеци

подоцна таа родила прекрасно момче. Тоа е вистинско чудо на нашата Владичица Богородица!

Големото чудо на Мајката Божја во СиријаГолемото чудо на Мајката Божја во Сирија

Чудотворната икона на Мајката Божја во манастирот „Пресвета Сајданајска“

во Сирија

Page 49: Православна Светлина (08)

47

Набрзо, бидејќи неговата сопруга се породила, Саудио-арабиецот се вратил во Сирија за да го исполни ветувањето кое го дал. По неговото доаѓање тој му се јавил на истиот возач и го замолил да се најдат на аеродромот во Дамаск. Но, возачот, лукав и расипан, убедил двајца свои пријатели да дојдат со него на аеродромот, да го пречекаат богатиот Саудио-арабиец, да му ги земат парите и да го убијат. Додека го возеле, не знаејќи дека планираат да го убијат, им ветил на пријателите на возачот дека ќе им даде по 10.000 долари. Тие незадоволни од тоа, свртеле од патот кој води до манастирот, отишле на едно пусто место и го убиле Саудио-арабиецот, му ја отсекле главата и ги исекле на парчиња останатите делови од телото (раце и нозе). Заслепени од страв и совладани од ужасниот чин, кој штотуку го извршиле, тие ги ставиле неговите телесни остатоци во багажникот на автомобилот, плашејќи се да ги остават таму. Откако ги зеле неговите пари, часовник, и сè што имал, тие барале уште поосамено место за да го фрлат телото. На главниот пат, среде патување, нивниот автомобил се изгасил. Тројцата мажи излегле да утврдат зошто се изгаснал моторот. Еден поминувач застанал да им помогне, но тие, уплашени да не се открие нивното страшно злосторство, се направиле дека не им треба никаква помош. Поминувачот заминувајќи забележал дека капе крв на задната страна од автомобилот и повикал полиција да провери бидејќи целата таа ситуација, со тројцата мажи, му изгледала многу сомнително. Пристигнала полицијата и видела крв под автомобилот на патот, и им наредила да го отворат багажникот. Кога го отвориле багажникот, што ќе видат: Саудио-арабиецот излегол надвор, повеќе од очигледно и чудесно, жив и полн со сила и им рекол: „Токму сега, ПРЕСВЕТАТА заврши со шиењето на мојот врат, овде десно (покажувајќи им го местото на своето Адамово јаболко), откако претходно заврши со останатите делови од телото“. Гледајќи го ова, тројцата криминалци веднаш го изгубиле разумот – полуделе. Полицајците ги привеле, а криминалците почнале да пелтечат како е можно Саудио-арабиецот, кого што го убиле, му ја отсекле главата, повторно да биде жив. Саудио-арабиецот дошол на клиника да ги помине испитувањата на лекарите, кои потврдиле и посведочиле дека шевовите кои биле направени се многу совршени и нови, па тоа го потврдило чудесниот настан. Шевовите биле, а и уште се видливи! Кога Саудио-арабиецот излегол од багажникот тој се видел себеси буквално, повторно составен, и тој непрестајно го тврди и исповеда тоа – дека ПРЕСВЕТАТА го вратила неговото тело и го воскреснала со помош на Нејзиниот Син. Веднаш потоа, ги повикал своите роднини да дојдат во Сирија, и тие отишле заедно во манастирот „Пресвета Сајданајска“ и принеле молитви, пофалби и славословија, и наместо првичниот дар од 80.000 долари (како што ветил), сега дал 800.000 долари на Пресвета Богородица. Денес, кога овој човек зборува во детали за ова огромно чудо, тој ја почнува својата приказна со зборовите: „Кога бев муслиман, ми се случи ова...“ што покажува дека тој веќе не е муслиман, ниту било кој во неговото семејство. Ова чудо го вчудовиди целиот арапско-муслимански свет и целиот Близок Исток.

ОЖИВУВА ГОСПОД НАШИОТ БОГ, ГОСПОД ЧУВАР!

Братството на светиот ГробЕрусалимска патријаршија

Превод:Васил Ристовски, студент на Теологија

Големото чудо на Мајката Божја во Сирија

HRISTOS SE RODI!

Page 50: Православна Светлина (08)

48

Коледе и Бадник се два подготвителни празника пред Рождеството Христово - Божик. На 5 јануари, веднаш по отслужената вечерна богослужба во црквата започнува Коледе, кој е ден пред Христовото Рождество. Тогаш најпрво се осветува бадниковото дрво, а потоа се пали коледарскиот оган. Бадниковото дрво го претставува самиот Христос и ја символизира Неговата цврстина, виталност, вечност и постојаност. Токму од овие причини бадниковото дрво е од даб, кој ги има сите овие својства. Огнот кој се пали на Коледе, ја символизира светлината на верата, односно ѕвездата, која била патеводителка на Мудреците од Исток и сигурен показател на Пастирите, дека онаму каде што таа најмногу засветила се родил малиот Христос. Црквата, пак, пред големите празници е будна цела ноќ, бидејќи е нетрпелива да се сретне со својот Спасител и Бог. На коледе се пеат песни кои во својата содржина ја отсликуваат смислата на самиот празник и исто така се исполнети со добри желби и надежи за годината што претстои. Постарите во ноќта ги символизираат Пастирите во Витлеем, кои први Му се поклониле на новородениот Месија, а децата ги символизираат ангелите кои при раѓањето на Спасителот ја пееле радосната песна „Слава на Бога во височините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“, објавувајќи му на светот дека се исполни пророштвото и се роди долгоочекуваниот Спасител, ветен од Бога, уште на нашите прародители Адам и Ева. На Бадник, ноќта спроти Божик, се собира целото семејство на вечера и повторно се бдее, зашто утре е Божик. Откако ќе се прочита молитвата или ќе се испее тропарот на Божик, домаќинот на секој посебно му разделува од бадниковото лепче (кравајче) во кое е скриена ситна паричка. Што символизира ова? Лепчето е округло затоа што ја символизира вечноста и постојаноста на Христовото Раѓање и на верата. Лепчето исто така, ја претставува утробата на Пресвета Богородица, а паричката, пак, ја симболизира скапоценоста, но и бесценетоста на новородениот Богомладенец. Лепчето се крши и раздробува без нож, прикажувајќи го на тој начин натприродното и чудесното раѓање на Синот Божји од утробата на Девојка, потврдувајќи го пророштвото на Исаија кој вели: „Девојка ќе зачне и ќе роди Син и ќе се нарече Емануил што значи Бог е со нас“. Откако ќе се извади паричката, односно, откако некој од членовите на

Ѓакон Влатко Стоименов

Коледе и БадникН а р о д н и о б и ч а и

Page 51: Православна Светлина (08)

49

семејството ќе ја пронајде во своето парче, таа се става во чаша со црвено вино, символизирајќи го понатамошниот живот и мисија на Господа Исуса Христа, Кој откако го проповедаше Евангелието (Радосната вест), пострада, беше распнат, воскресна и се вознесе при Отецот во Царството Божјо. Паричката во црвеното вино го символизира токму страдањето и распнувањето на Нашиот Бог Господ Исус Христос, заради нас и нашето Спасение. Потоа од чашата во која е паричката сите членови на семејството пијат три пати, во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух, символизирајќи на тој начин дека секој од нас посебно ја прифаќа Христовата жртва и Христовиот живот, односно Неговата проповед, Неговото страдање, воскресение и вознесение. Пиејќи од иста чаша, покажуваме единство. Бадник исто така е и символ на семејството, кое пак во својата суштина е еден вид мало царство во кое се сведочи за љубовта, слогата, доброто и убавината. Затоа здравото семејство особено се потенцира во Православната Црква и честопати Отците го нарекуваат мала или домашна Црква. Не смееме да заборавиме дека Коледе и Бадник вообичаено се дел од божикниот пост. Да потсетиме, Божикниот пост трае од 27 ноември до 7 јануари, што значи, токму заради ова на Коледе и на Бадник вечерата е посна, а не од некои неразбирливи и традиционални причини. Вечерата е посна не заради „адет“, туку затоа што сè уште трае Божикниот пост.

HRISTOS SE RODI!

Page 52: Православна Светлина (08)

БЛАГ СПАСИТЕЛУ

СО КОПЈЕ СИ ПРОБОДЕНОД РЕБРОТО ТВОЕ

НОВ ЖИВОТ ПОТЕЧЕЗА СПАСЕНИЕ НА НАС ГРЕШНИТЕ

РАСПНАТ СИ НА КРСТОТГИ СОБРА НАРОДИТЕ

ИСУСЕ БЛАГИСО ПРОШКА И МИЛОСТ НЕ ПОИШ

МОЈ СПАСИТЕЛУМАЈЧИЦА БОГОРОДИЦА

ГОРКО РИДАШЕКОГА ЌЕ ТЕ ВИДАМ -

О - ВЕЧНА СВЕТЛИНО- ТИ СИ РАДОСТ И СВЕТЛИНА НА СРЦЕТО.

МРТОВ ГО ГЛЕДАМЕ ИЗВОРОТ НА ЖИВОТОТ

АНГЕЛИТЕ ИСПЛАШЕНИ ИЗВИКАА „БОЖЕ НАШ“, ЗОШТО СИ ВО ГРОБ ЗАКЛУЧЕН

О, ГОСПОДИ НАШ, ЧОВЕЧКА СМРТ ТИ ПРИМИ НО ВОСКРЕСНА ОД ГРОБ КАКО ШТО ПРОРЕЧЕ,

ОД СМРТ ГО ИЗДИГАШ РОДОТ ЧОВЕЧКИ.

СЕ БЛАГОСЛОВИ ТВОЕТО ИМЕ И СЕ ПРОСЛАВИ ТВОЕТО ЦАРСТВО,

НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ- СЕГА И СЕКОГАШ

И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ.АМИН

50

БЛАГ СПАСИТЕЛУ

Славјанка Љуткова

Page 53: Православна Светлина (08)

51

11.02.1973 год.

Денес е недела и самиот овој ден сега има сосема друга смисла. Јас постојано мислам како и на кој начин да го убедам да те види. Зашто потполно сум сигурна дека кога ќе те види, не ќе може да му одолее на твојот весел лик, и да не те земе во раце. А тој и понатаму се надева дека ќе имаме наследник. Јас сум должна да преземам сè што е во моја моќ, но тоа е само за синот, зашто ти и само ти ќе ми бидеш ќерка! Ама сè е попусто. Веќе се чувствувам премногу изморена за да имам барем зрак на надеж дека ќе забременам. Дури и немам веќе волја повторно да се заплеткувам во тој лавиринт. Влегуваш во нешто, а излез и краен резултат нема и повторно сме на почетокот. Ах, кога би завршило сето тоа веќе еднаш! Јас толку малку барам, да те имам тебе, но никако да ми се исполни таа мала желба. Јас ќе бидам упорна, зашто единственото нешто што ме тера да го правам тоа – е љубовта кон тебе и кон него.

24.02.1973 година

Драга моја, се чудиш што сум почнала да пишувам со црно пенкало. Па како да не пишувам со црно, кога во душата сè ми е црно без тебе. Сите мои обиди останаа празни. Дури и писмото што му го напишав не ми дава надеж. Но сеедно, во длабочината на мојата душа чувствувам дека сепак ќе ја исполнам својата желба засекогаш да те имам до мене. Кога ќе се сетам каква среќа ми приреди кога те видов во средата; твоите мали рачиња беа прекрстени, како да се молеле на Бога да ни се смилува и засекогаш да нè спои заедно. Во тој ден бевме кај Х. Д. Уживав во нејзината среќа што е мајка и тајно во својата душа посакував таа среќа и мене да ми се насмевне. Засекогаш да те имам во мојата прегратка. Тажни ми се деновите во исчекување на конечно решение. Но, мораме да помириме со тоа. Без жртва не можеме да дојдеме до целосна среќа. Ох, само кога тој би знаел колку ми значиш ти. И тој ја чувствува тагата во моите крупни очи, слични на твоите, па веројатно, за да ме развесели барем малку, ми ја куил плочата „Зашто ми срце рани“. А јас ја пеам и сите зборови од плочата тебе ти ги припишувам. Знаеш, ќерко, јас веќе и ти дадов име – би се викала Р..., како роса во рано пролетно утро врз ливчињата на црвената ружа. Ти си таа роса на моето утро, како што се вели во песната, а ме рани уште со твојот прв поглед. Љубовта моја, иако не си покрај мене, никогаш нема да згасне!

Дневникот на една ма jка - I I делДневникот на една ма jка - I I делБЛАГ СПАСИТЕЛУ

HRISTOS SE RODI!

Page 54: Православна Светлина (08)

52

Би сакала да се викаш онака, како што се викаше мојата мила свекрва, која нагалено ја викам „Нана“. Таа беше толку добра и цело време ме сфаќаше потполно, ја разбираше мојата болка, што не можам да ì подарам внуче. Мила моја, таа улога тебе ти ја давам. Ти на сите ќе им ја исполниш желбата. Кога ќе те видат и ќе те прифатат, знај дека на мојата среќа ќе ì нема крај. Нешто сум настината; кога би знаела дека нема да ми се оствари тој сон, најмногу што би сакала – тоа е смртта. Одговор на моето писмо што му го испратив со солзи во очите сè уште не сум добила од него, па ме обземаат црни помисли. Ама постои мал зрак на надеж, што го негувам длабоко во својата душа, дека сепак на крајот ќе бидеш наша. Не знам дали да завидувам или да се радувам што и М. сака да го реши својот проблем на овој начин. Вчера бевме кај соседите на гости. Г. очекува бебе – колку е тоа убаво и прекрасно! А кога дојдоа кај нив на гости еден пар нивни познаници, кои неодамна добиле ќерка, бев и јас толку весела и мислев на тебе како да си и ти покрај мене. Дали да му пишам дека крадешкум доаѓам кај тебе во Домот и те посетувам и дека миговите кои ги минам со тебе на кратко време, оставаат длабоки траги во мојата болна душа, која гори од љубов кон тебе.

28.02.1973 година

Денес повторно те видов, ќерко моја мила! Повторно те држев во мојата прегратка. Ги подаде рацете кон тропалката што ти ја подарив. Беше љубопитна да ја допреш одблизу па со своето раче ја приближи до устата за да ја лизнеш малку. Плунка ти течеше низ брадата, а јас те бришев со марамче. Целата бликав од радост. Знаеш, ние дури и разговаравме. Твоите крупни мили и весели очи прашално ме гледаа. Те прашав: „Душо моја, среќо моја, кога ќе те земе мајка за секогаш при себе?“ Најсреќни мигови во мојот живот се оние кога те држам во својата прегратка, а најтешки – кога морам да те дадам на твоите тетки во бело. А кога ќе се вратам дома, повторно се повлекувам во своите размислувања за тебе, за твојот лик, за среќата која е толку близу до мене; ја допирам, со неа сум – а сепак сум толку далеку, што ми се чини дека меѓу мене и тебе како да се издигнал некој ѕид и не ни дава да бидеме заедно засекогаш. Ќе се премости ли таа голема бариера што стои помеѓу тебе и мене? Се прашувам, а одговор нема од никаде. Морам самата да го најдам. Но како? Повторно да му речам дека навистина не можам без тебе? Се плашам да не ги повредам неговите чувства, зашто со својата добрина тој не го заслужува тоа. Прашално и гледа моите тажни очи кои се влажни од солзи, кои ги пролевам за тебе секој миг, штом ќе ми се појави во мислите сликата, како те држам во прегратка. Насетува дека во мојата душа се случува нешто чудно, но не ме прашува, за да не ме повреди. Нежен е, и секогаш кога ќе му спомнам дека немам волја за живот, ми влева сила, дека е покрај мене и дека барем заради него треба да имам волја за живот. Мене ми е топло околу срцето, ама ми се чини дека би била дури и повеќе од било кога посреќна, кога тој би ми рекол: „Добро, одиме да ја видиме таа наша ќерќичка“. Само си замислувам дали и кога ќе ги чујам тие зборови. Не, јас не го обвинувам за тоа што тој сè уште не може тоа да го каже, зашто навистина не е свесен за среќата што судбината ни ја наменила, кога тебе ми те прати во прегратка. Се чувствувам достоинствена и горда што токму мене ме послужи среќата за да ми те дадат. Сите велат дека си напредна, бистра и убава, и дека личиш на мене. А јас во твојот лик ги гледам цртите на мојот сопруг, заоблените обравчиња, дебелите усни кои се негови карактеристични црти, а ги имаш и ти. Единствено мое во тебе е веселиот и мил поглед на двете крупни плави очи (барем засега), како и белиот тен на лицето, а можеби

и костенливата коса. Ние заедно би биле една многу добра тројка: мама, тато и малата убавица... Дали би можела да те наречам Р... Да, ти си роса на нашиот нов

Page 55: Православна Светлина (08)

53

живот, која животот ќе ни го направи посреќен и поисполнет. Боже, ќе се оствари ли оваа среќа? Можеби премногу барам, можеби е тешко да ми се даде сè: љубов, слога, разбирање во текот на целиот наш заеднички живот, па еве сега и тебе, мила моја! Па, сите мои очекувања, празни надежи, солзни моменти кои ги поминував до сега затоа што не можев да го усреќам мојот сакан сопруг со син, кого толку многу го посакувавме, можеби сега се исплаќање на таа среќа што ќе те имам тебе, душо моја драга! Да, па дури и да родам, тоа ќе биде само биолошки момент, но ова што се случува сега во мојата душа е толку драгоцено, бурно, несфатливо. Двете желби што ги имам се апсорбирани само во една желба, а тоа е желбата да бидеш наша ќерка!

01.03.1973 година

Денес е почеток на пролетниот месец. Што ли ќе ми донесе оваа пролет? Дали наместо мартинките, што се ставаат на реверот во знак на пролетта, јас ќе се накитам со тебе, ќерко моја? Дали и овој месец ќе помине во привремени наши средби, или нешто ќе се поттикне и проблемот ќе се реши на обострана полза? Кој би го знаел сето тоа? Денес во разговорот додека ручавме со него му реков, дека доколку одам во Грција, покрај другите работи, би купила и фустанче за нашата ќерка. Ме погледна и ми рече: „В., мораме да си ја испробаме среќата“. А јас реков: „Изгубив секаква надеж. Единствена моја желба е да ја земеме неа“. Па потоа му зборував за тебе, дека те држам, дека си напредна и убава и дека личиш на него. Не можеше да поверува дека мојот лик оттогаш, кога зборував за тебе, се разведри, и почувствував дека ме сфаќа и разбира. Само ми рече: „Тешко ми е, В., што мораме и на ова да мислиме, да посвојуваме туѓо дете, бидејќи не можеме да имаме свое“. Овие зборови беа искрено кажани, меѓутоа, мене ме навреди тоа што рече „туѓо“, зашто јас те чувствувам не како туѓо, туку повеќе од родено. Но, не се налутив за тоа, зашто она што го чувствувам, бидејќи те видов, тој сè уште не го сторил. Во себе се насмевнав, па реков: „Кога ќе ја видиш, кога ќе ја донесеме дома, по извесно време, ни самиот не ќе можеш да поверуваш дека си ми го рекол ова“. Ќе мислиш дека сме ја имале одамна, дека е наша и дека ни припаѓа само нам. Зборовите кои денес ми ги упати, на извесен начин, ми даваат надеж дека ќе го остварам тој мој сон. Малку сум посмирена, и можеби, покрај сите настојувања, кои треба да ги преземам, како и досега ќе бидат без резултати, но за разлика од другите разочарувања досега, сега ќе ликувам од среќа, зашто се работи за тебе. Те имам тебе, среќо моја убава!

06.03.1973 година

Денес повторно те видов, мило мое чедо! Колку нешта се измениле од пред еден месец (од 06.02.1973 год.) кога првпат те видов, кога сè беше под голем знак прашалник. Ќе успеам ли да го наговорам него да те земеме? Сега си му веќе и позната, па можам со спокојна душа и колку што сакам да му зборувам за тебе. Колку беше весела додека те држев во мојата прегратка. Срцето ќе ми излезеше од градите, додека мојот образ го држев до твојот. Како да ја чувствуваше сета топлина на мојата душа, па така сакаше своето обравче да годопреш до мојот образ. А јас скокав од радост поради тоа. Сите, кои те видоа со мене, ми велат дека потполно си личиме една на друга. Промислата Божја ни те испрати да бидеш моја и на мојот сакан сопруг, твојот иден татко, да бидеш наша мала ќерка. За да си олеснам во моето настојување, забележав една честитка со лик на едно дете кое има потполно иста насмевка како тебе. Само мене ми се чини дека ти си далку поубава. Успеав таа слика да ја ставам на видно место, за да може тој да ја види. Му реков дека многу личи на тебе, а тој само се смешка и мило му е. (продолжува...)

HRISTOS SE RODI!

Page 56: Православна Светлина (08)

54

ТИ СИ НАШИОТ ЧУВАР

ШТО НАСЕКАДЕ НÈ СЛЕДИ

ТИ СИ РОДЕНО ДЕТЕ

ШТО ОД ДРУГИТЕ ПОВЕЌЕ ВРЕДИ!

ВЕРУВАМЕ ВО ТЕБЕ

ЗАШТО СИ ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН БОГ

ШТО ВЛАДЕЕ НАД СИТЕ НАС

И МИЛОЗЛИВО ГИ СПАСУВА НАШИТЕ ДУШИ

КОИ СТРАДААТ ОД ГРЕВОВИТЕ

И ТАГАТА ШТО ГИ ГУШИ!

НИ ПОМОГНА ДА СФАТИМЕ

ДЕКА ЧОВЕКОВАТА МОЌ Е ДОБРИНАТА

И ДЕКА И БЕЗ ОНА МАЛО ПАРЧЕ ДОБРИНА

КОЕ НИ ОСТАНА ОД ТЕБЕ

ЧОВЕКОТ НЕ МОЖЕ ДА ОПСТАНЕ!

ЕДНОСТАВНО, ТИ СИ МОЌ

БЕЗ КОЈА И ЦЕЛИОТ СВЕТ

НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ!!!

АМИН!

ОД МЕРИ И СТЕФАНИ V1 ОДДЕЛЕНИЕ.

УЧИЛИШТЕ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

И С У С ЕДЕТСКО

КАТЧЕ

Page 57: Православна Светлина (08)

55

ТОЈ ГЛЕДА СÈ

И ЗНАЕ СÈ!

ТОЈ ГЛЕДА

КАКО ГИ ГАЗИШ

ЦВЕТОВИТЕ,

СОНЧОГЛЕДИТЕ...

ТОЈ ГЛЕДА

КАКО ГАЗИШ

ПО ТИЕ ОБИЧНИ

БОЖЈИ БУБАЛКИ

ТИЕ ОБИЧНИ

СМРТНИЦИ.

А ТИ МИСЛИШ

ДЕКА СВЕТОТ Е ТВОЈ

И УЖИВАШ КОГА

НЕКОЈ ДЛАБОКО

ТИ СЕ ПОКЛОНУВА

НЕ ДЕКА ТЕ ПОЧИТУВА,

ТУКУ И СЕ ПОКЛОНУВА

НА ТВОЈАТА „МОЌ“.

ГОСПОДОВА ПЕСНА

HRISTOS SE RODI!

НО „ЈАНЗАТА“-

ТОЈ ВЕЧЕН СТРАЖАР

ПРИСУТЕН Е

ГЛЕДА, И ТИ РИНЕ

ВО ДУШАТА.

И ЗАЛУДНО ГЛЕДАШ СПАС

ВО ТОЈ ОГАН ОД ВОСОК

КОЈ ЗГАСНУВА БРЗО

И ТЕ ОПОМЕНУВА

ДЕКА СÈ ТРАЕ КРАТКО,

И ДЕКА ТОЈ ГЛЕДА СÈ

И ЗНАЕ КАКО ЌЕ ГИ СПАСИ

ЦВЕТОВИТЕ, СОНЧОГЛЕДИТЕ

И ТИЕ БОЖЈИ БУБАЧКИ

ШТО БЕЗМИЛОСНО ГИ ГАЗИШ.

ТОЈ ГЛЕДА СÈ

И ЗНАЕ СÈ!

КРИСТИЈАН ТЕВЧЕВ V1 ОДДЕЛЕНИЕ, УЧИЛИШТЕ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Page 58: Православна Светлина (08)

Naslovi od izdava{tvoto na Misionersko - humanitarnata dejnost \akonija

Page 59: Православна Светлина (08)

Naslovi od izdava{tvoto na Misionersko - humanitarnata dejnost \akonija