Револуција Магазин бр. 101

56

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 16-Mar-2016

261 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Магазин за политика, економија и култура

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција Магазин бр. 101
Page 2: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA23 Noemvri 2012

2

Page 3: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

23 Noemvri 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Славе Ангелов, Наташа Димеска, Елена Павловска, Олгица Трпевска, Кристина Димовска, Емилија Петреска, Маја Мојсоска, Соња Ничевска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, АвстријаGiorgi Janelidze, Тбилиси, Грузија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов, e-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:М-р Митко Јованов Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 76 52 93 89

Ekskluzivno od Tbilisi za „reformatorot“ koj tepa{e, ubiva{e, i

zatvora{e mediumi

Kako ovena rozata na Mihail Saaka{vili

Portret za ~ovekot koj go porazi manipulatorot Saaka{vili

Petdnevnata avantura na Saaka{vili vo Ju`na Osetija

Saaka{vili - proma{ena amerikanska investicija

Intervju so germanskiot ekonomist Verner [in za krizata vo evrozonata

[est pravila vo vozeweto koi }e vi go spasat `ivotot

„Pre`ivean“ ili studentski `ivot

Sentimentalniot Juda na Borislav Peki}

101MAGAZIN

REVOLUCIJA

5

12

18

23

27

37

43

48

53

Page 4: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA23 Noemvri 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154

Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Vasko Nikolov

Page 5: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Ekskluzivno od Tbilisi za reformatorot koj tepa{e, ubiva{e i zatvora{e mediumi

Текстот е напишан специјално за онлајн магазинот „Револуција“ од Giorgi Janelidze, познат грузиски новинар чија специјалност е истражување на прекршувањата на човековите права во Грузија.

Вовед

Шок за граѓаните кои веќе станаа недоверливи во владеењето на Михаил Саакашвили, следуваше во зимата 2006 година. Имено, високи полициски службеници беа инволвирани во убиството на млад човек. Токму затоа во ноември 2007 година, Грузијците повторно се вратија на улиците да протестираат против владата.

Тогаш, истата вечер, специјална единица упадна во приватниот телевизиски канал IMEDI и тоа директно во емитувањето на емисијата во живо, притоа соработниците во телевизијата, новинари сниматели, беа тепани а со гумени куршуми беше пукано и врз недолжните граѓани.

Најголемиот јунак на „Розевата револуција“

Претседателот кој воспостави режим во Грузија и владееше девет години, се до први Октомрви годинава, Михаил Саакашвили, е еден од тројцата јунаци на таканаречената „Револуција на розите“, на тогашната опозиција, која ја презема власта на мирен начин, што беше единствен случај во историјата на јужен Кавказ.

Сепак, преземањето на власта од „розевите револуционери“ не беше целосно мирна. Во тие студени ноемвриски денови, еден автомобил на војската беше напданат и загинаа

Page 6: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.101

неколкумина војници. За случајот не се отвори истрага, бидејќи новите власти сметаа дека револуцијата беше мирна и треба така да остане, да не се фрли дамка на „розевата револуција“.

Ветувања од кои произлегоа лаги

Многу ветувања - тоа се случуваше во Тбилиси после заземањето на власта од „розевите револуционери“.

Уште на почетоктот имаше и скептици дали е добро за државата ваквата промена на власта. Сепак многу Грузијци гледаа на промените позитивно и со надеж, бидејќи државата до тогаш беше удавена во корупција, со државата владееја криминалци, дури и од затворите.

Затоа тогаш изгледаше како да нема спас за Грузија да се извлече од дното, но спасителот дојде. Добивме нова влада, со нов, млад, симпатичен премиер кој требаше да ја извади државата од дното. Довербата беше голема, сите го подржуваа новодојдениот месија, за државата да ја изгради и води напред во прогрес.

„Револуцијата на розите“ ги јаде своите деца

Наскоро се случи смртта на премиерот Зураб Жванија, кој беше моторот на „розевата револуција“, заедно со “железна дама “ - Нино Бурджанадзе, успеваше да ја балансира хиперактивната природа и високо-емотивната природа на претседателот Саакашвили. Премиерот Зураб Жванија е убиен под неразјаснети околности во 2005 година. До сега официјално е потврдено дека станува збор на труење со гас.

Првични успеси: Мистериозни убиства на млади луѓе

Веднаш на почетокот се прокламираа реформи. Поради недостаток од електрична енергија државата беше во мрак, но ние добивме електрична енергија-какво прекрасно чуство кое го доживеавме во 21 век?!. Започна градба на улици и станови. Светската банка ја прогласи Грузија за прва држава реформатор. (хммм)

Корупцијата во средните слоеви одеднаш исчезна. Криминалот исчезна.

Човек можеше да оди среде ноќ и ништо да не му се случи, да биде безбеден. Можевме дури и автомобилот на улица да го оставиме без да го заклучиме.

Но, се случуваа трагични настани

Page 7: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

кои до денеска не се објаснети, имено млади луѓе беа убиени од полицијата, а ниту за еден случај не е поведена истрага.

Саакашвили бараше од грузиското министерството за внатрешни работи „нулта толеранција за криминалот, затвор за сите кои ги окрвавеле рацете. А во меѓувреме судовите паднаа под влијание на владата, а резултатот беше: повеќе од 95 проценти од судските истраги и процеси завршија во полза на државното обвинителство.

Започна и првата голема возбуда во односите со Русија, владата на Саакашвили почна да ги заострува односите со Русија, која пак возврати со депортирањена грузиските мигранти и работници, и тоа со карго-авиони во кои немаше седишта.

„Реформаторот“ почна да убива тепа и затвора медиуми

Сепак ние граѓаните на Грузија имавме трпение и покрај сите инциденти што се случуваа од практикувањето и начинот на владеење на Саакашвили, бидејќи државата имаше две главни цели – зачленување во ЕУ и НАТО, и трпевме за да не го попречиме тој процес.

Следниот шок за граѓаните кои веќе станаа недоверливи во владеењето на Михаил Саакашвили, следуваше во зимата 2006 година. Имено, високи

Page 8: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.101

полициски службеници беа инволвирани во убиството на млад човек. Токму затоа во ноември 2007 година, Грузијците повторно се вратија на улиците да протестираат против Владата. Тогаш, истата вечер, специјална единица упадна во приватниот телевизиски канал IMEDI и тоа директно во емитувањето на емисијата во живо, притоа соработниците во телевизијата, новинари сниматели, беа тепани а со гумени куршуми беше пукано и врз недолжните граѓани.

Војна со Русија за да ја задржи власта

Токму овие денови кога граѓаните излегоа на улица да протестираат, за владата беа од клучно значење за да ја задржи власта, бидејќи таа можеше се да загуби или пак да преземе и да направи нешто за да се спаси. Токму затоа во август 2008 година следуваше воена интервенција во Јужна Осетија и Абхазија и почна кратката војна со Русија. На владата и успеа пак луѓето да бидат обединети.

Пред руските тенкови да навлезат во Јужна Осетија и на грузиска територија, мнозинството Грузијци не знаеа дека претседателот Саакашвили претходно повеќе денови наредил да се исценираат провокативни акции против Русија и нејзиниот сепаратистички режим во Јужна Осетија, за потоа да нареди на грузиските воени трупи да влезат и да маршираат во главниот град на Јужна Осетија-Џинвали.

Статус кво ситуацијата во Јужна Осетија беше изгубена, иако законски грузиската влада имаше право согласно Уставот да ги испрати своите тенкови во отцепените региони, за да воспостави ред согласно Уставот.

Сепак градот Џинвали не беше фатен на спиење, бидејќи населението на Јужна Осетија одамна беше евакуирано. Сепак, светот се разбуди следното утро со следната порака: 20 проценти од територијата на Грузија беше надвор од контрола на владата.

Русија сакаше да ја отргне Грузија од патот таа да влезе во НАТО, затоа таа планираше случај за да ја реализира

таа цел. Русија добро знаеше дека НАТО – членките не посакуваат држава во своите редови која има проблеми со територијалниот интегритет. Истото тоа добро го знаеше и Саакашвили.

Page 9: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

Лично ќе се кастрира заради државата

Тогашниот премиер а сегашен претседател на Русија Владимир Путин тогаш му се закани на Саакашвили дека ќе му ги отсече тестисите. На тоа Саакашвили возврати дека е спремен да му ги испрати гениталиите на својот ривал Путин, ако тој ќе ја поврати територијата која е дел од Грузија-Јужна Осетија и Абхазија.

Од оваа лична политичко-еротска к о м у н и к а ц и ј а се роди голема лична омраза меѓу Саакашвили и Путин, но од истата најмногу страдаа граѓаните.

Шпио-манијата

По војната со Русија започна хајка со апсење на наводните руски шпиони-Грузијци кои наводно соработувале

со разузнавачките руски служби. Сите уапсени беа обвинети со истото обвинение: „Шпионажа во полза на трета странска земја“. Процесите беа тајни, подведени како строга државна тајна, никој независен фактор не смееше да присуствува во нивното одвивање.

Во една ноќ беа упасени тројца грузиски фоторепортери. По повеќенеделни протести на колегите-фоторепортери, тие беа пуштени, но воедно етикетирани како шпиони. Подоцна се дозна дека

нивното апсење било одмазда на Саакашвили поради некои фотографии кои тие ги направиле а кои за него не биле пријатни.

Шпио-манијата стана уникатен белег на режимот на Саакашвили. Секој од граѓаните е потенцијален шпиун, и е сомнителен дека е шпиун,

иако затоа режимот нема докази. Беа уапсени научници, деловни луѓе поради шпионажа. Владата на Саакашвили беше присутна насекаде со своите “тајни служби”.

Page 10: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.101

Рекатирање, малтретирање, мачење

Луѓето беа принудени политички и финансиски да и помогнат на Владата во фалсификувањето на изборите. Богати Грузијци мораа на владејачката партија да и донираат пари, автомобили, вили, куќи....

Притиснатите бизнисмени мораа донациите да ги официјализираат пред

нотар во два часот по полноќ, кога е време за спиење а нотарите мораа послушно да си ја завршат обврската.

Околу 200 луѓе беа затворени бидејќи одбиле да ги удоволат барањата на режимот.

Злогласниот затвор борј 8 го порази автократот

Да ја заокружам сликата на овие страни за режимот на Саакашвили, на крајот да напишам и за затворот број 8. Овој затвор беше изграден според западните стандарди со пари на ЕУ и други интернационални институции. Токму во овој зтавор умираа дневно затвореници поради тешки болести и насилство.

Двајцата поранешни правобранители во нивните годишни извештаи напишаа за

присуство на постојано малтретирање и омаловажување на затворениците, што е еден од најдобрите докази дека режимот не ја зборува вистината и не го чуствува народот за свој.

Ваквата ситуација едноставно веќе неможеше да продолжи да фунцкионира стана ептен не поднослива, затоа на државата и е беше потребна нова

влада, нови луѓе, и рестратирање на политиката.

Непосредно пред парламентарните избори на први Октомври годинава, се појави видео со докази за мачење на затвореници. Иако, сеуште постојат дискусии дали тоа е автентично, сепак тоа беше почетокот на крајот за режимот на Саакашвили.

Саакашвили со своите политички партнери (Обединетото националното движење) ги изгуби изборите и е во

опозиција, иако до 2013 година тој ќе ја врши должноста претседател на државата. Кога му истекува мандатот.

Од другата страна, премиер е Биѕина Иванишвили, бизнисмен кој ја создал својата бизнис-империја кон крајот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век во Русија, и инвестирал повеќе од две милијарди долари до сега во Гризија.

Најголема непознаница за критичарите на Биѕина Иванишвили, е прашањето дали тој е човекот на Русија кој треба да ја донесе Грузија назад, на „разумните позиции“, а тоа подразбира, надвор од влијанието на НАТО.

Официјално, Биѕина Иванишвили се залага за спроведување на реформите и одење по патот кон НАТО и ЕУ.

Истотака и некогаш популариот политичар на Грузија Михаил Саакашвили, кој беше

Page 11: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

поставен од странство, се залагаше, но времето покажа дека тоа беше само формално.

Но, за да биде фер, морам да кажам дека на први Октомври по одржаните параламентарни избори, за прв пат во Грузија трансферот на власта беше спроведен на мирен начин.

Тоа беше еден мал тест за демократија во Грузија, што ја положи режимот на Саакашвили. Повеќе поради тоа што мораше, него што сакаше.

Автор: Giorgi Janelidze

Кратка биографија за авторот на текстот:

Giorgi Janelidze, познат новинар и филмски продуцент од Грузија, роден пред 38 години во Тбилиси.

Студирал ТВ-новинарство и филм на државниот Универзитет во Тбилиси и на баварската академија за ТВ-новинарство и високата школа за филм при универзитетот во Минхен, Германија.

Тој денеска е раководител на видео-порталот HRIDC.tv (http://hridc.tv/?lang=eng) на Центарот за човекови права.

Посебна специјалност на ТВ-новинарот и продуцент Giorgi Janelidze, е снимање документарни филмови за повредата на човековите права на граѓаните во Грузија.

Фотографија: Nino Gvedashvili

Page 12: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.101

Kako ovena rozata na Mihail Saaka{vili

Портрет: Михаил Саакашвили е на чело на Грузија од времето на таканаречената „Розова револуција“ во 2003-та година. По повеќедневни демонстрации на главно млади Грузијци против тогашниот претседател. Тогаш Саакашвили влета во парламентот со роза в рака и го презема раководењето. За Западот долго време беше „примерно момче“ во спроведувањето реформи. Сега неговата роза венее.

По познатата Револуција на розите во 2003 година, беа одржани вонредни претседателски избори на кои победи Михаил Саакашвили, по што беше прогласена победа на демократијата.

Во 2008 година, по петдневната војна со Русија, во земјата беа одржани вонредни парламентарни и претседателски избори на кои уште во првиот круг победи повторно Саакашвили. Неговата партија Обединетото Национално Движење на Грузија, кое го издигна национализмот и непријателството кон Русија на највисоко ниво, на тие избори освои над 60 отсто од гласовите на пропорционалната листа и 71 од можните 75 места, кои се избираа на мнозинските листи.

Најмладиот „болшевички диктатор” на светот е роден на 21 декември 1967

година во Тбилиси. Неговиот татко Николоз, кој е лекар, денес раководи со една болница во Грузија, а мајка му Гули Аласанија е историчарка и предава на Државниот универзитет.

Саакашвили дипломирал право во Киев во 1992 година, подоцна се школувал и во Франција, а благодарение на американската стипендија стекнал дипломи на универзитетите „Колумбија“ и „Џорџ Вашингтон“. Првата адвокатска работа ја добил во американската компанија „Патерсон, Бекнап, Веб и Тајлер“ во почетокот на 1995 година, а потоа на Менхетен го запозна грузискиот дипломат Зураб Жваниа. Стариот пријател на Шевардназе го викнал младиот адвокат да се врати во татковината.

Page 13: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Семеен живот

Веќе 13 години Саакашвили е во брак со Холанѓанката Сандра Роелофс. Имаат два сина, Едвард и Николоз. На помладиот му е кум украинскиот претседател Виктор Јушченко, голем пријател на Саакашвили. За зелено-оката прва дама на Грузија малку се знае. Таа вели: „Моја најважна должност е да бидам добра мајка и сопруга“.

Велат дека во кавкаското соседство, каде што на власт се лидери по теркот на некогашните комунистички апаратчици, дипломецот на американскиот универзитет „Колумбија“, оженет со Холанѓанка, кој одлично говори англиски, кој во 2004 на 36-годишна возраст стана најмлад европски претседател, беше тип на политичар по мерка на Запад.

Положи заклетва и сврти накај Вашингтон

Тешко е да се прогнозира, но во моментот кога нареди „коцката да биде фрлена“ тој речиси ја прокоцка својата кариера и ги оправда предупредувањата дека зад ликот на модерен и умерен политичар се крие тврдокорен националист.

Кога во март 2004 година 36-годишниот адвокат, Михаил Саакашвили, ја положи заклетвата и стана претседател на Грузија и најмлад државник во Европа, политичките аналитичари заклучија дека е тој чиста спротивност на Едуард Шевардназе, прекалениот советски кадар кој со земјата раководел повеќе од едно десетлетие.

Саакашвили ја презеде власта, ги отвори картите и призна дека сосема се свртува кон Вашингтон. На грузиските војници Белата куќа им упати најдобри инструктори, а Москва само немо го набљудуваше силното проамериканско скршнување на поранешната република на СССР.

Младиот државник ветуваше процут на земјата, тврдејќи: „Народите од сите делови на Советскиот Сојуз стекнаа

независност, но никогаш тие држави не ги доживуваа како свои.

Локалните елити ја презедоа власта и стекнаа корист од независноста. Сега, целата перцепција мора да се смени. Ние сме мал, но важен дел на светот“.

И вети дека ќе се справи со корупцијата во Грузија, ќе ја подобри економската состојба и ќе го гарантира територијалниот суверенитет (проблем поврзан со Јужна Осетија). Но, што се случи оттогаш до сега.

„Вундеркинд“ кој ги направи пола грузијци социјалци

Саакашвили првин стана шеф на Парламентарната комисија за реформа на изборниот систем, но школуваниот Грузиец набрзо напредуваше во

Page 14: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.101

најпопуларен политичар, па дури и во личност на годината! Кон крајот на 2000 година, Саакашвили е министер за правосудство, а медиумите во Тбилиси го нарекоа „вундеркинд“ (чудо од дете).

Кон средината на 2001 година, своите колеги во владата ги обвини за примање мито, јавно изјавувајќи дека Шевардназе не може да се бори со корупцијата во највисокиот државен врв. Поднесе оставка, а по Револуцијата на розите, во 2004 година излезе на претседателски избори и стана претседател на Грузија, добивајќи повеќе од 96 отсто од гласовите.

Пред осум години оваа мала, планинска земја, поттикната од мирољубива револуција, се издигна од постсоветскиот хаос и почна да се трансформира во западна држава. Сега, се соочува со клучен тест- колку нејзината млада демократија може да го надмине авторитарното минато.

Се чинеше дека следуваат големи и брзи реформи, но не се случи тоа. „Во луѓето има насобрано многу горчина, некои негови реформи дури беа и понижувачки. Грузија има 4,5 милиони жители, а повеќе од половината живеат од социјална помош. Бунтот е неизбежен“, говорат денес политичките аналитичари. Минатата недела на улиците на Тбилиси излегоа речиси сто илјади луѓе.

„Животите на милиони Грузијци денес се вистинска ноќна мора. Земјата не може да се извлече од сиромаштијата, државата се наоѓа во клинч помеѓу Москва и Вашингтон. Американците не

се откажуваат од желбата да завладеат со Кавказ, а Путин е решителен да го задржи своето економско, политичко и воено влијание во тој дел на светот“.

Подоцна многумина негови сопатници се одвоија од него, најчесто поради лични спорови. Приврзаниците, пак, го нарекуваат 40-годишниот претседател нагалено Миша. „Никој не веруваше дека грузиската полиција може да

не биде корумпирана. Порано секој граѓанин мораше да смета на тоа дека полицијата бара мито. Тоа е минато. На тоа му ставивме крај за само два месеца“, изјавил Саакашвили.

Иако претседателот Михаил Саакашвили и неговите најблиски ја елиминираа секојдневната корупција, ја претворија презираната полиција во доверлива сила и ги направија владините служби ориентирани кон граѓаните, лесни за користење - тие не дозволија развој на политичка конкуренција, велат нивните критичари.

Во меѓувреме, до Саакашвили стасаа обвинувања дека диктаторски раководи со земјата, осомничен е за политички убиства, тврдат дека е неспособен да

Page 15: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

го разреши сепаратизмот, најболниот проблем на постсоветската република. Абхазија и Јужна Осетија, двете грузиски

региони прогласија независност и натаму се надвор од контролата на централната власт во Тбилиси.

„Многу години зборуваме за незаконски третман. Тие постигнаа многу добри нешта, но не успеаја да изградат демократски систем и да ги заштитат човековите права“. „Мала група луѓе од извршниот сектор ги донесува сите одлуки и нема контрола или рамнотежа на оваа власт“. Ова се дел од обвинувањата на адреса на Саакашвили.

Саакашвили ја убедуваше Грузија дека е направен голем исчекор во развојот на економијата, повторуваше дека Светската банка ја има прогласено Грузија за најголем реформатор и дека благодарение на економските реформи и привлекувањето странски инвестиции се зголемува стандардот на граѓаните.

Заплашување, купувањето гласови и полнење на кутиите

Но „Фридом хаус“, во оценката за

демократијата во Грузија ќе истакне дека „Грузија не е изборна демократија“, дека е земја во транзиција со полудемократски,

односно со „хибриден режим“ и дека следните избори ќе бидат сериозен тест за демократскиот капацитет на земјата, во која граѓаните во анкетите изјавуваат дека треба се оневозможи „заплашувањето на опозициските избирачи, купувањето гласови и опасноста од полнење на кутиите“.

Саакашвили не е економски реформатор, приказната за големиот број странски

инвеститори не е точна, бидејќи тие не инвестираат во земја во

која не владее правото. Саакашвили има воспоставено фасадна наместо вистинска демократија и никој не смее да ја финансира опозицијата или ако на тоа се осмели ќе биде итно санкциониран од страна на власта. Но, за среќа, во Грузија сé уште постои и една независна телевизија, во која еден од сосопствениците е Руперт Мардок.

Во таквите земји доминантната идеологија на политичките елити на власт е популизмот, а начинот на кој тие победуваат на изборите не се смета за демократски. Бидејќи, сепак, се случуваат избори на кои една владејачка политичка елита ја легитимира својата власт со волјата на мнозинството, тие режими се познати и како изборни автократии, во кои шансите на опозицијата за победа на изборите се сведени на минимум. Токму таква земја беше Грузија до одржувањето на последните парламентарни избори, иако во неа, и плурализмот на економските елити и медиумскиот плурализам се на далеку повисоко ниво.

Page 16: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.101

Претседателот Саакашвили постојано говореше за големиот успех што го постигнува земјата на економски план. Во 2008 година Светска банка ја прогласи Грузија за топ-реформатор. По војната, земјата влезе во рецесија, но веќе во 2010 година бруто националниот производ во Грузија беше зголемен за 11,7%, во 2011 за 7% а невработеноста сведена на 16 отсто.

Саакашвили нагласуваше дека неговата влада три пати го зголемила бруто домашниот производ на земјата од 2003 година до денес, буџетот на владата е многу пати поголем од оној во 2003 година и дека од парите во буџетот се градат инфраструктурни проекти, се обезбедуваат плати, редовно се зголемуваат и се плаќаат пензиите, се инвестира во земјоделството, туризмот, образованието, обновени се 150 болници итн.

Го разочарал и Вашингтон со несмасното владеење

Америка инвестираше многу во Грузија и во демократијата, обезбедувајќи помош од 3,37 милијарди долари од 1992 до 2010 година, поставувајќи го населението на земјата од 4,5 милиони, високо на листата за помош по глава на жител, покажуваат податоците на Конгресниот истражувачки сервис.

Грузија, сместена на Кавкаските Планини во сенката на Русија и Иран, е верен американски сојузник, испраќа војници во Авганистан и обезбедува енергетска безбедност со нафтоводот што носи нафта од Азербејџан преку Грузија до Турција. Грузија ја цени Алијансата, а владата и опонентите

на сличен начин дарежливо трошат на лобирање во Вашингтон. Светска банка годинава објави книга на 100 страници,

опишувајќи ги реформите во Грузија за да можат другите земји да извлечат полза од нејзиното искуство.

Но, Саакашвили, тврдат политичките коментатори од Запад, од почетокот бил само потрошна стока. На чело на државата дошол со револуција која не ја водел. Денес малкумина се согласуваат дека крахот на Шевардназе во Грузија беше уште еден чекор на западниот капитал кон новите простори. Со тој чекор, речиси сосема транспарентно, раководел Џорџ Сорос, американски финансиер и филантроп кој ги плаќал младите демонстранти од „Кмара“, копија на српскиот „Отпор“.

Привидната демократија тогаш, како што тврдат аналитичарите, сосила е „втерана во народот“, а резултатите од државниот систем паднаа на најниски гранки. Грузија стана финансиски зависна од помошта на Вашингтон, платите на државните службеници и на војската

Page 17: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

стасуваа директно од американскиот континент.

Но, големо разочарување кај Американците предизвика сознанието дека младиот Саакашвили не може да ја води земјата, дури ни со нивната несебична помош. Иако успеа да ја врати побунетата република Абхазија под јурисдикција на Тбилиси, популарноста постојано му паѓаше.

Како што тоа секогаш се случува, опозицијата сега ја повика на востание човекот кој некогаш бил јастреб на Саакашвили, негова десна рака, специјалец за највалканите и најкрвави задачи.

Розата на Саакашвили овена

Значајно е дека покрај Саакашвили и натаму верно стои шефицата на парламентот Нино Барџаназе. Четириесетгодишната лидерка на Демократската партија, за време на Револуцијата на розите е нарекувана „осамена танчарка“. Откако Шевардназе ја поднесе оставката, опозиционерска шефица ја извршуваше претседателската должност и многумина очекуваа дека токму таа ќе ја преземе државничката функција по изборите во 2004 година. Но, Американците имаа друг кандидат.

Денес, нивниот штитеник неуверливо се обидува да се одбрани и вели: „Сето ова е невешта имитација на револуцијата која ме донесе на власт. Јас и понатаму бескомпромисно ќе се борам против корупцијата, против плановите и беззаконието! Нема да се мешам во работата на правосудните органи, но сите кои крадеа, без оглед на позицијата, треба да одговараат!“.

Но, Саакашвили незапирливо тоне. Аналитичарите се прашуваат: зошто овенала неговата Револуција на розите? Многумина предупредуваат дека ниту сличните настани во Украина, наречени Портокалова револуција, не резултирале со трајни и стабилни промени.

Двете побуни веќе ги покажаа своите слабости, а причините за неуспехот лежат во фактот дека основната желба на сите „бојадисани револуционери“ била, пред сé, бегство од влијанието на Москва и тргање под заштита на Вашингтон. Вистинските промени и реформи, економски и социјални, фрлени се во втор план.

Саакашвили, пак, и потаму е уверен дека зад народниот бунт и демонстрациите стојат „надворешни непријатели“: „Можеби нередите ги испровоцираа руските власти. Москва се обидува да ги организира внатрешните предавници, Русите не нé сакаат нас Грузијците, бидејќи застанавме на свои нозе, сами се заштитуваме, ја градиме нашата независна држава и го јакнеме нашето стопанство!“.

Автор: Олгица Петревска

Page 18: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.101

Kako ovena rozata na Mihail Saaka{vili

Најбогатиот човек во Грузија, Биѕина Иванишвили (56), започна да го живее својот политички сон, во мигот кога го предизвика децениското владеење на претседателот Михаил Саакашвили. Токму на изборите кои се одржаа на 1 октомври 2012 година, тој ја презеде власта во Грузија.

Промените кои ги правел уште додека власта била во рацете на Саакашвили, огромните средства кои ги донирал за сиромашните, за подобрување на начинот на живот, му ја донеле големата победа на овој тивок и љубезен политичар. Токму во него грузискиот народ го гледа својот месија.

Од сиромашно селанче до милијардер

Човекот кој се наоѓа на 153-то место на листата на најбогати луѓе во светот, решил да се посвети на еден не толку профитабилен “бизнис“, односно решил да ја поправи состојбата на својата држава, да ја изведе од ќорсокакот во кој е навлезена.

Често изјавувал дека домот е свето нешто за него, место каде не се повикани ниту пријателите, ниту бизнис партнерите. Но, со повикувањето на медиумите во својот замок во 2010 година со првите остри критики упатени кон поранешниот премиер а сега претседател на Грузија-Саакашвили, овој тивок милијардер го најавил својот иден политички ангажман и го прекршил ова свое правило.

Според него демократијата во Грузија, е уништена до тој степен, што мора или да се бега од земјата или да се земат работите во свои раце. Токму како одговор на ова негово противење на

децениското владеење на Саакашвили, бил протеран од земјата, му било одземено државјанството, а една од неговите банки била ограбена, но тоа, воопшто, не ја намалило неговата одлучност да ја промени ситуацијата на нарушена демократија во Грузија.

Биѕина Иванишвили во првото свое интервју за BBC во 2011 година гордо изјавил : „Додов да ја спасам својата земја“. Иако решителен демократ, токму неговата несигурност во ова интервју, изјавите дека воопшто не е сигурен пред камерите и дека има чувство на трема, го доближиле до народот.

Народот започнал да го гледа како некој кој е еднаков на нив, некој кој се гади од камерите и новинарите. Народот го доживувал како она момче кое трчало босо во селото Чорвила во Западна Грузија.

Иванишвили потекнува од скромно

Page 19: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

работничко семејство, кое живеело од скромната плата на таткото, кој работел како чувар во една браварска компанија. Тој во младоста морал да пешачи дури три километри од своето село до училиштето.

Одличните оцени, но и амбицијата која ја имал во изобилие, го навеле да се запише на универзитетот во Тбилиси, каде што студирал инженерство и економија и за прв пат научил руски јазик.

Инаку, новиот спасител на Грузија има енормно богатство, стекнато во банкарскиот бизнис, но и бизнисот со метали во Русија, кое голем дел го поделил со своите сограѓани.

Во 1982 година се преселил во Москва, каде морал да се избори за својот статус, биејќи грузиските студенти таму биле многу исмевани и потценувани, а сé како последица за закоравените комунистички верувања.

Со украдени пари го почнал бизнисот

Токму во студентските денови дошол до

заклучок дека современиот свет не може повеќе да функционира без компјутери, па започнал потрага по помошници со кои би можел да го оствари својот сон за увоз на компјутери.

Со контактирање на стари еврејски познаници од универзитетот во Тбилиси, успеал да се поврзе со други Евреи кои живееле во Израел, па успеал со украдени и позајмени пари да донесе два компјутери во Москва. Овие компјутери тој успеал за рекордно време да ги продаде за 40 000 рубљи, што било цената на два автомобила.

За само 18 месеци со своите партнери заработил повеќе од 80 000 долари, сума која била вртоглаво висока во тие времиња и ја отворил својата прва банка – „Rossiisky Kredit“.

Дури потоа тој започнал свој бизнис со метали, а дури две децении подоцна се вратил во својата родна земја, со богатство кое се проценува на неколку милијарди американски долари. Многумина тврдат дека енормното

Page 20: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.101

богатство го заработил со затајување данок, но и со други бескрупулозни зделки.

Поради своите блиски врски со Кремљ за многу кратко време успеал да го продаде целиот свој имот и да живее слободно, занимавајќи се со своето омилено хоби – психоанализата. Прво заминал да живее во Париз, но потоа се вратил во своето родно место.

Тој сега живее во футуристички челичен замок, кој наликува на сцена од некој филм на Џејмс Бонд, заедно со својата сопруга и четирите деца. Бракот кој трае повеќе од 21 година, како и двете албино деца, тој ги заштитува целосно од јавноста.

Еден од неговите синови е познат рап - изведувач во Грузија. Поседува своја приватна зоолошка градина во која има најретки видови на зебри, пингвини,

фламингоси и пауни. Но, во светот е познат и по својата уметничка колекција на највредните дела, која брои повеќе од 800 уметнички дела. Поголемиот дел од овие дела тој ги чува во Лондон, бидејќи според него Грузија е премногу ризична земја за чување на ваков вид богатство.

Филантроп

Тој повеќе од 21 година на најразлични начини ја помагал Грузија. Со изградба на златни куполи, купување на чизми за припадниците на армијата, до подароци за најдобрите рудари во своето родно место, а и основал уметнички училишта, каде младите можеле да се запознаат со класиците на сликарството, добро позната љубов на Иванишвили.

Неговиот начин на живот, целосно сокриен од очите на јавноста, му овозможил да се среќава со обичните

луѓе и низ разговор да ги дознава нивните проблеми, но и да ги решава за најкраток можен рок. Со тоа станал најголемиот филантроп во Грузија.

И наместо да ужива во своето богатство, да живее во било кој дел од Земјината планета, тој решил да остане во Грузија и да го живее својот политички сон, сон за воспоставување демократијата и за подобрување на условите за живот. Својата желба за помагање ја оправдува со изјавата: „Моите пари не се богатство, вистинско богатство е мојата земја“.

Page 21: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

Ветување: За две години ќе ја вратам Грузија во нормала

Власта ја презел на многу драматичен начин со кампања во која тврдел дека Грузија е една тоталитарна држава, која само има маска на демократска. Тој тврдел дека владеењето на кланот на Саакашвили и неговите блиски мафијаши, кои само ја уништуваат државата, мора да престане. Овој вид на искрен и јавен напад кон власта, до тогаш бил целосно незамислив, токму тоа според експертите му донело најмногу поени кај народот, кој молкум ги искажувал тие критики повеќе од една деценија.

Токму Саакашвили сам го признал поразот на чудење на сите, дури и му честитал. Тој му го вратил и државјанството, што според многумина можеби има некој таен мотив, бидејќи во острата меѓусебна кампања, тие еден кон друг упатувале толку многу лоши зборови, што некогаш се добивал впечаток дека зборуваат за

иднината на две различни држави, за гласовите на два различни народи.

Но, Иванишвили со своите изјави дека сака да биде премиер на Грузија само две години, кои би му биле сосема доволни за да ја приклучи земјата кон НАТО, да ги поправи односите со Москва, но и да ја подобри економската состојба на земјата предизвикале лавина реакции. Најголем дел од реакциите ја преиспитувале неговата способност, неискуството кое може да го наведе да направи катастрофални грешки. Затоа себе си се опкружил со амбициозни, успешни политичари, но и бивши амбасадори во ОН, со цел подобро да донесува одлуки.

Тој покрај предизвикот да ја води земјата, се наоѓа пред уште еден предизвик, а тоа е да ја води својата коалиција „СОН“, составена од сосема различни партии, со тотално различни идеологии. Според експертите ова е преголем предизвик за него, бидејќи во неговата коалиција

Page 22: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.101

мора, пред сé, да ги усклади ставовите на одредени личности кои се занимавале со криминал, личности кои се изразити хомофоби, ксенофоби, но и личности кои се изразени националисти.

Својата коалиција тој мора да ја задржи целосна и да издржи на притисоците кои може да ги има уште една година, додека трае мандатот на претседателот Михаел Саакашвили.

Многумина, исто така, го критикуваат за неговата прозападна ориентација и за блиските односи кои ги воспоставил со САД.

Додека го критикуваат, тој постојано тврди дека создава услови за создавање на слободни медиуми, но и од своето богатство ја финансира промената на Грузија, бидејќи според многумина има повеќе богатство од неколку буџети на оваа мала држава, постојано испраќајќи извештаи до граѓаните.

Тој, исто така, наоѓа начини за стимулирање на производството на светски познатото грузиско вино, со што би заживеала, барем малку, економијата.

Исто така, за време на својот мандат тој ќе мора да ги порекне и тврдењата дека е продолжена рака на Москва и конечно да обезбеди добрососедски односи со оваа земја, која има премногу инвестирано токму во Грузија.

Но, Русија исто така има и одредени стравови, токму со оваа транзиција на политичката моќ во Грузија, поради можноста таа да се префрли во другите мали држави од поранешниот Советски сојуз и целосно да ги дестабилизира и промени амбициите на Русија да владее со целиот регион.

Експертите тврдат дека токму со оваа промена на власта во Грзуија, може да настане една нова револуција во овој регион, слична на Арапската пролет. Токму Иванишвили мора да ја реши децениската загатка со Москва - или Грузија да остане независна или да ја изгуби својата независност, но да ги добие назад териториите на Абхазија и Јужна Осетија.

Автор: Наташа Димеска

Page 23: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

Саакашвили направи сериозна грешка со напаѓањето на Јужна Осетија. Многу западни лидери сфатија дека е несигурен сојузник. САД не можеше да го убеди НАТО да ја прими Грузија, а откако Обама стана претседател на САД, американската надворешна политика се промени. Саакашвили се соочи со опаѓање на поддршката во земјата, а светските сили го држат на дистанца.

Petdnevnata avantura na Saaka{vili vo Ju`na Osetija

Причините за конфликтот

Пред распадот на Советскиот Сојуз, Јужна Осетија беше управувана како автономна област, автономен регион во Советската Република Грузија. Првиот воен конфликт меѓу Грузија и Јужна Осетија избувна во јануари 1991 година, кога Грузија испрати војници да го совладаат сепаратистичкото движење на Јужна Осетија.

Сепаратистите беа помогнати од воените единици на поранешниот Советски Сојуз, кои во тој период потпаднаа под руска команда. Бројот на загинатите лица во овој конфликт надминуваше 2.000 лица.

Војната резултираше со отцепување на Јужна Осетија од Грузија и стекнување на де-факто независност. Со договорот од Сочи во 1992 година, бил прогласен официјален прекин на огнот, а Цкинвали бил изолиран од грузиската територија околу него, со стационирани мировници од Русија, Грузија и Јужна Осетија, кои

ќе вршат контрола.

Примирјето беше почитувано сè до 2003, кога „Револуцијата на Розата“, го собори претседателот Едуард Шеварданзе, а Михаил Саакашвили дојде на власт.

Главни приоритети на новиот претседател беа да ја внесе Грузија во НАТО, да ги зајакне безбедносните сили, но и повторно да воспостави власт во Јужна Осетија и Абхазија, на што Русија остро се спротистави.

Во 2004-та, избувна кратка војна, кога Грузија испрати 300 специјалци на територијата на Јужна Осетија, наводно да го решат проблемот со шверцот. Ова

Page 24: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.101

не и се допадна на Русија, која дотогаш сакаше само да ја зачува статус-кво ситуацијата, и реши да ја поддржи Јужна Осетија и да ñ помогне во конфликтот.

Бидејќи 87,5 % од населението во Јужна Осетија има руско државјанство, на основа на тоа дека биле поранешни државјани на Советскиот Сојуз, тогашниот претседател на Русија,

Медведев, изјави дека „ќе ги заштитува животите и достоинството на сите руски државјани, без разлика каде се наоѓаат”.

Русија, исто така, обезбедуваше поголем дел од годишниот буџет на покраината, а освен тоа, нејзината администрацијата и безбедносните сили фактички беа контролирани од Русија.

Војната ја искористи да ја зајакне власта

Откако во 2008, Саакашвили беше ре-

избран, вети дека ќе ја врати контролата врз покраината, назад од Русија. Тој ја имаше поддршката на САД, кои пак имаа свои интереси - нафтоводот кој поминува

низ Грузија и ја снабдува Европа.

Од 2004 до 2008 година, Грузија постојано п р е д л а г а ш е поширока автономија за Абхазија и Јужна Осетија, но во рамките на обединетата држава Грузија, но предлозите беа одбиени од страна на сепаратистите, кои бараа целосна независност за територијата.

Авантурата на Саакашвили во Јужна Осетија

На 7-ми и 8-ми август, по неколку недели зголемени тензии, претседателот Михаил Саакашвили, ги испрати грузиските сили да одговорат на нападите од страна на сепаратистите во Јужна Осетија, етничка енклава во северниот дел на Грузија.

Трупите го нападнаа главниот град

на областа, Цкинвали, како и други пет градови, со автоматско оружје и артилерија, сакајќи повторно да ја преземат територијата.

Москва, која ја поддржува сепаратистичката влада на покраината повеќе од една деценија, возврати со целосна инвазија, испраќајќи авиони и оклопни тенкови во Јужна Осетија и целејќи на клучните воени и транспортни

Page 25: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

центри на територијата на Грузија.

Русија, исто така, го зголеми и своето воено присуство во Абхазија, друга отцепена покраина, во северозападниот дел на земјата. Руските војници веќе беа присутни во двете покраини, како мировници, распоредени пред 15 години.

Кога во грузиски напад на Јужна Осетија, беа убиени руски војници, Москва интервенираше експресно.

Откако грузиските сили го зазедоа градот Цкинвали, кој беше уништен за време на борбите, руските војници, со огромна колона на тешки тенкови, ги преминаа планинските премини од Русија и влегоа во Јужна Осетија, наводно, како хуманитарна интервенција, за да спроведат мир и да ги одбранат луѓето во оваа област.

Повторно избувна борба во Цкинвали и со денови руските и грузиските воени портпароли тврдеа дека имаат контрола врз градот. И двете страни ги користеа нивните воздушни сили.

Руските војници потоа се префрлија надвор од Јужна Осетија и го окупираа грузискиот град Гори, од каде напаѓаа воени и економски цели во останатиот дел на Грузија. Гори заврши во истата состојба како и Цкинвали.

Многумина беа убиени или повредени во овие напади. Грузијците, исто така, тврдеа дека руските авиони

бомбардирале бродови на нивните пристаништа на Црното Море и биле нападнати нафтоводите и гасоводите во земјата.

Саакашвили објави воена состојба во Грузија, ги мобилизираше резервисти и најави итно повлекување на контингентот на земјата од Ирак. Грузија имаше испратено 2.000 војници во Ирак, третиот по големина контингент, по САД и Велика Британија.

Мировен план

На 10-ти август меѓународните набљудувачи, почнаа да инсистираат за мирно решавање на конфликтот. Беше извршен огромен дипломатски притисок

врз двете страни. Со ракувањето на Кондолиза Рајс со Саакашвили, за време на конфликтот, САД отворено ñ се спротистави на Русија.

Иран, кој граничи со кавкаскиот регион, се понуди да посредува во спорот,

Page 26: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.101

додека Кина повика на прекин на огнот, за кој изјави дека „е традиција за време на Олимписките игри“.

Иако ЕУ се обиде да биде неутрална, со посредство на француското претседавање со Европската унија, на 12-ти август страните постигнаа договор за прелиминарен прекин на огнот, потпишан од страна на Грузија на 15-ти август во Тбилиси и од Русија на 16-ти август во Москва.

Неколку недели по потпишувањето на договорот за примирје, Русија почна да ги повлекува своите војници од Грузија. Руските сили остануваат стационирани во Абхазија и Јужна Осетија, под билатерални договори со соодветните власти.

По потпишувањето на примирјето, Русија ја призна независноста и на двете покраини, Јужна Осетија и Абхазија, што беше остро критикувано од страна на светските сили, кои сметаат дека ова сериозно го нарушува територијалниот интегритет на Грузија.

Грузија го отфрли овој потег и го нарече анексија на нејзини територии и владата веднаш објави дека ги прекинува сите дипломатски врски со Русија.

Според „Human Rights Watch“, и двете страни извршиле сериозни прекршувања на меѓународните човекови права, како и на хуманитарните права.

Иако претседателот на Јужна Осетија, Едуард Кокоити, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврдеа дека над 1500 луѓе, главно цивилно население, биле убиени за време на борбите, „Amnesty Internation-al“, тврди поинаку.

Според извештајот на организацијата,

413 Грузијци биле убиени, а потврдена е смртта на 133 лица во Јужна Осетија.

Лов на предавниците

Уште пред да заврши војната, се појави прашањето, за одговорноста за вооружениот конфликт. Повеќето меѓународни организации, експерти и набљудувачи, ја посочија Грузија, согласувајќи се дека таа го започнала конфликтот, со нападот на Цкинвали, но дека и Русија одговорила со несоодветни мерки.

За таа цел беше составена независна мисија за утврдување на фактите, која објави дека и двете страни ги прекршиле меѓународните закони, поради несоодветна реакција на провокациите и нападите.

По завршувањето на конфликтот, грузискиот претседател, Саакашвили, уапси десетици лица, новинари, фотографи и интелектуалци, осомничени дека се руски шпиони, дека набавувале документи за плановите и движењето на претседателот и потоа ги продавале на руските воени разузнавачи.

Владата вели дека и три години по војната, останува сериозната закана од Русија, која се обидува да ја спречи Грузија да се приближи кон Европа и да се приклучи на НАТО.

„Никој нема било какви сомнежи, дека ние сме главната цел, на огромната земја, раководена од поранешни агенти на КГБ“, изјави Саакашвили по апсењата.

Тој тврдеше дека неговиот ривал, рускиот премиер Владимир Путин, поранешен КГБ агент, „лично ги планира разузнавачките операции“ и „добива големо задоволство од тоа“.

Сепак, шпионажата не постои само

Page 27: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

Saaka{vili - proma{ena amerikanska investicija

во паранојата на Саакашвили. Сванте Корнел, истражувачки директор на Институтот за Централна Азија-Кавказ изјави дека шпионските активностите на Русија се проширени „во различни сектори на грузиската држава и општество“.

Саакашвили направи сериозна грешка со напаѓањето на Јужна Осетија. Многу западни лидери сфатија дека е

несигурен сојузник. САД не можеше да го убеди НАТО да ја прими Грузија, а откако Обама стана претседател на САД, американската надворешна политика се промени. Саакашвили се соочи со опаѓање на поддршката во земјата, а светските сили го држат на дистанца.

Автор: Соња Никчевска

Михаил Саакашвили е грузиски политичар, сега го троши третиот претседателски мандат на Грузија. Тој ќе биде запаметен како најмладиот претседател на држава во Европа (со само 36 години), но и по неговиот начин на преземање на власта во Грузија. Имено тој беше водач на позната Револуција на розите (кај нас позната и како Розева револуција).

Живот, образование, професија

Михаил Саакашвили е роден во Тбилиси, главниот град на тогашната Грузиска Советска Социјалистичка Република, на 21 декември 1967 година, во познато грузиско семејство.

Неговиот татко, Николоз Саакашвили, е лекар кој практикува медицина во Тбилиси и е директор на локалниот Банеологичен центар. Неговата мајка, Гиули Аласанија, е историчар и предава на државниот универзитет во Тбилиси.

За време на студирањето, тој служел скратена воена служба во 1989-1990 година, како дел од Советските гранични трупи на аеродромот Борјспил во Украина.

Саакашвили дипломирал на Институтот за меѓународни односи (Одделот за меѓународно право) на Државниот универзитет во Киев (Украина) во 1992 година.

Важно е да се напомене дека во 1993 година се оженил за Холанѓанката

Page 28: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

28 BR.101

Сандра Роелофс, исто така експерт за човекови права, со која има два сина - Едуард (роден 1995 година) и Николоз (роден 2005 година).

Тој кратко време работел и како офицер за човековите права во Државниот Совет на Грузија, непосредно по соборувањето на претседателот Звиад Гамсакурдиа (прв претседател на Грузија по прогласување на независност од Советскиот Сојуз), пред добивањето на стипендија од Стејт Департментот на САД (преку додипломска програма за стипендии „Едмунд С. Маски“).

Тој добил диплома од Правниот Факултет во Колумбија во 1994 година и следен настава на Правниот факултет, при универзитетот „Џорџ Вашингтон“ наредната година. Во 1995 година, тој исто така добил диплома од Меѓународниот институт за човекови права во Стразбур, Франција.

По дипломирањето, додека стажирал во адвокатска фирма во Њујрок, во почетокот на 1995 година, на Саакашвили му пришол Зураб Живаниа, стар пријател од Грузија, кој дошол во име на претседателот Едуард Шеварнадзе и му понудил да влезе во политиката.

Дел од партијата на Шевардназе

Саакашвили го прифатил предлогот на својот пријател и учествувал на изборите во декември 1995 година, па заедно со Живаниа освоиле места во парламентот, како дел од Унијата на граѓаните на Грузија, партијата на тогашниот претседател Шевардназе.

Саакашвили бил претседател на парламентарната комисија што била задолжена за креирање на новиот изборен систем, независно судство и

неполитички полициски сили.

Анкетите потврдуваат дека во тоа време се претворил во вториот најпопуларен човек во Грузија, веднаш зад претседателот Шевардназе. Тој бил прогласен и за „Човек на годината“ од страна на панел на новинари и адвокати за човековите права, во 1997 година.

Во јануари 2000 година, Саакашвили бил назначен

за заменик-претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На 12 октомври 2000 година, Саакашвили станал министер за правда во владата на претседателот Шевардназе. Тој иницирал големи реформи во грузискиот систем за кривична правда и вовел реформи во затворите.

Со ова заработил пофалби од меѓународните набљудувачи и активисти за човекови права.

Page 29: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

29

Но, во средината на 2001 година тој бил вклучен во големи контроверзии заедно со министерот за безбедност, Вахтанг Кутателдзе, кога шефот на полицијатата на градот Тибилси, Лосеб Алавидзе, ги обвинил за профитирање од корумпирани бизнис зделки.

Саакашвили поднесе оставка на 5 септември 2001 година, велејќи „Сметам дека е неморално за мене да останам како член на владата Шевардназе“.

Тој изјавил дека корупцијата навлегла во самиот центар на грузиската влада и дека Шевардназе немал волја да се справи со тоа, предупредувајќи дека „актуелните случувања во Грузија ќе ја претворат земјата во криминална енклава за една или две години“.

Розева револуција (Револуција на розите)

Во Грузија се одржале парламентарни избори на 2 ноември, 2003 година. Покрај тоа, на национално ниво бил одржан референдум за тоа дали идниот парламент треба да се намали до 150 членови.

Во јули 2003 година, американскиот претседател Џорџ Буш го испратил поранешниот државен секретар Џејмс

Бејкер да се сретне со двајцата лидери на опозицијата (Саакашвили и Живаниа) и претседателот Шевардназе.

Бејкер на претседателот му дал писмо од Буш во кое остро се нагласува потребата за слободни избори. Бејкер предложил формула за претставување на различните партии пред изборните комисии на

секое ниво. Шевардназе се согласил, но веднаш почнал да маневрира против формулата на Бејкер.

На 3 ноември, Меѓународната набљудувачка мисија за изборите, составена од парламентарното собрание на ОБСЕ и Советот на Европа, Европскиот парламент и Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), заклучила дека парламентарните избори во Грузија,

одржани на 2 ноември 2003 година, не ги исполниле заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори.

Михаил Саакашвили тврдел дека тој

Page 30: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

30 BR.101

победил на изборите. Ова било потврдено од страна на независното паралелно броење на гласовите (ПВТ) спроведено од страна на ИСФЕД (Меѓународното здружение за фер избори и демократија,

мониторинг група за локални избори).

Саакашвили и другите грузиски лидерите на опозицијата тогаш ја формирале „Обединетата Народната алијанса“, во ноември 2003 година, која ги обединувала партиите Обединетото Национално Движење, Обединетите демократи, Унијата на Националната солидарност и младинското движење „Кмара“ - во алијанса против владата на претседателот Едуард Шевардназе.

Токму Обединетото Национално Движење и неговите партнери од опозицијата одиграле централна улога во ноември 2003 година за време на политичката криза, која завршила во принудена оставка на претседателот Шевардназе.

Имено, Саакашвили и обединетата опозиција ги прифатиле само

извештаиите на ИСФЕД и ПВТ како „официјални“ резултати и ги повикале Грузијците да демонстрираат против владата на Шевардназе и да се вклучат во ненасилна граѓанска непослушност

п р о т и в властите.

Г л а в н а т а цел на демократските о п о з и ц и с к и партии била соборување на Шевардназе и повторување на изборите.

Во средината на ноември, м а с и в н и антивладини

демонстрации започнале низ

улиците на Тбилиси, а наскоро му се придружиле речиси сите поголеми градови на Грузија, во усогласена кампања на граѓански отпор.

Над 100.000 граѓани се појавиле низ улиците, слушајќи ги говорите на Саакашвили и другите опозициски фигури.

Организацијата „Кмара“ (Доста е!)- младинска организација и неколку невладини организации, како и Институтот „Слобода“, биле активни во сите протестни активности.

Владата на Шевардназе била поддржана од страна на Аслан Абашидзе, полу-сепаратистички лидер на автономниот регион Аџарија, кој испратил илјадници негови поддржувачи да одржат про-владини контра-демонстрации во Тбилиси.

Page 31: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

31

Оваа револуција е невидена дотогаш во еден турбулентен регион како Грузија. Имено, никој не бил повреден, ниту една капка крв не била пролеана.

Демонстрантите барале оставка од Едуард Шевардназе, човекот кој владеел со Грузија повеќе од 30 години, почнувајќи како шеф на Комунистичката партија од нејзината советската ера, па сé до нејзин претседател со два мандати.

Претседателот Шевардназе, тогаш ги преупредувал демонстрантите дека ризикуваат предизвикување на граѓанска војна и распоредил неколку стотици војници низ улиците на Тбилиси.

Во тој момент, студентските демонстранти одлучиле да им дадат црвени рози на војниците. Розите биле симбол на нивните мирни, ненасилни намери.

Поради розите што луѓето ги носеле со себе, додека протестирале, овие протести биле неречени Револуција на розите или кај нас прифатена како Розева револуција.

Протестите на опозицијата ја достигнале својата кулминација на 22 ноември, кога претседателот Шевардназе се обидел да ја отвори новата седница во парламентот со новата влада. Оваа седница се сметала за нелегитимна од страна на главните опозициони партии.

Заедно со илјадници негови приврзаници Саакашвили се упатил низ дрвените врати на на парламентот, каде Шевардназе држел говор.

Саакашвили кренал црвена роза над неговата главата и извикал; „Оставка!“. Тој мавтал со розата во лицето на 75-годишниот претседател на Грузија, кој го прекинал говорот и бил принудуден да избега со неговите телохранители од задната врата.

Претседателот подоцна прогласил вонредна состојба и почнал да мобилизира војници и полицајци во близина на неговата резиденција во Тбилиси.

Сепак, елитните воени единици одбиле да ја поддржат владата и претседателот.

Многу војници ги спуштиле своите пушките пред

демонстрантите.

„Луѓето ги бакнуваа п р и п а д н и ц и т е на полицијата и војската, тоа беше навистина с п е к т а к у л а р н о ”, изјавуваше Глигори Канделаки, тогашен 21-годишен студент.

Во вечерните часови на 23 ноември, Шевардназе се сретнал со лидерите на опозицијата-

Page 32: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

32 BR.101

Саакашвили и Зураб Жваниа, да разговараат за ситуацијата, на средба организирана од рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов.

По средбата, претседателот ја најавил својата оставка. Тоа предизвикало еуфорија на улиците на Тбилиси. Повеќе од 100.000 демонстранти ја прославувале победата цела ноќ, заедно со огномет и рок концерти.

Претседателката на парламентот и сојузничка на Саакашвили, Нино Бурџанадзе, го презела претседателството до одржување на новите избори. Врховниот суд на Грузија ги поништил резултатите од парламентарните избори, одржани во ноември 2003 година.

Интересен е фактот што на 5-годишницата од револуцијата, Нино Бурџанадзе формирала нова опозициона партија, која, исто така, неслучајно ја нарекла „Демократско движење -Обединета Грузија“.

Бурџанадзе, една од клучните фигури и во револуцијата во 2003, преговараше со други водечки личности од опозицијата, со цел за промена на власта на Саакашвили и за воведување нов бран на демократски реформи.

Портокаловата револуција, која следеше по спорните украински претседателските избори во ноември 2004, се вели дека е делумно инспирирана од грузиската Розева револуција.

Претседател на Грузија

На 4 јануари 2004, Михаил Саакашвили победил на претседателските избори во Грузија со повеќе од 96% од гласовите, со што стана најмладиот претседател на држава во Европа, со само 36 години.

Неговите двајцата главни сојузници во Розевата револуција, исто така, се здобиле со нови функции, па Зураб Жваниа, станал премиер, а од друга страна, Нино Бујандзе останала на својата позиција како претседател на парламентот.

Живаниа починал во февруари 2005 година, како последица од труење со гас од расипана греалка.

Саакашвили својата кампања ја базирал на платформата за спротивставување на корупцијата и подобрување на платите и пензиите. Тој ветил дека ќе ги подобри односите со надворешниот свет.

Page 33: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

33

Иако тој бил етикиран за силно про-западно ориентиран со намера да побара членство на Грузија во НАТО и Европската унија, тој, исто така, зборувал за важноста на подобри односи со Русија.

Саакашвили положил свечена заклетва како претседател на Грузија, во Тбилиси на 25 јануари 2004 година.

„Јас не сум про-американски или про-руски, јас сум про-грузиски насторен“- рече претседателот во својот инаугарациски говор.

На 28 март, 2004 година, нови парламентарни избори биле одржани, а големо мнозинство освоила партијата на Саакашвили.

Саакашвили со својот потег ги оставил

американските дипломати збунети, бидејќи тие долго време го подржувале соборениот лидер, Едуард Шевардназе.

Барајќи поддршка, Саакашвили отишол подалеку од американскиот Стејт департмент.

Тој го ангажирал Ренди Шеунеман, сегашен врвен советник за надворешна политика на сенаторот Џон Мекејн, како лобист и го користел Даниел Кунин од УСАИД и НДИ (Национален демократски институт) како советник со полно работно време.

На 24 февруари 2004 година, Обединетото Национално Движење и Обединети демократи се соединиле. Новото политичко движење беше именувано како Национално движење - Демократи (НДД).

Саакашвили беше реизбран на грузиските претседателски избори на

5 јануари 2008 година. Во 2010 година, тој имаше 67% рејтинг и покрај тоа што беше критикуван од опозицијата за неговите наводни авторитарните тенденции и изборен фалсификат.

Втора Револуција на розите

Во мај 2004 година, се случи т.н. „Втора револуција на розите“, која се одржа во Батуми, Аџарија. По неколку месеци на екстремни тензии помеѓу владата на Саакашвили и Аслан Абашидзе, виртуелен диктатор на автономниот регион, илјадници граѓани, мобилизирани од Обединетото Националното

Движење и организацијата „Кмара“, протестираа против политиката на Абашидзе на сепаратизам и

Page 34: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

34 BR.101

милитаризација.

Абашидзе ги користел безбедносните сили и паравоените групи за да ги растури демонстрациите на улиците на Батуми и Кобулети. Сепак, тој не успеал да ги задуши протестите и тие постојано се зголемувале.

На 6 мај, 2004 година, сите демонстранти од Aџарија се собрале во Батуми, и покрај тоа што насилно биле растерани претходниот ден.

Грузискиот премиер Зураб Живаниа и министерот за внатрешни работи, Гиорги Барамидзе, отвориле преговори со аџаријанскиот министер за внатрешни работи, Јемал Гогитидзе, за да ги повлече своите сили од административната граница на реката Чолоки и да им дозволи на грузиските специјални сили да влезат во регионот.

Абашидзе поднел оставка иста вечер и побегнал во Москва. Претседателот Саакашвили го посетил градот Батуми следниот ден и бил пречекан од страна на граѓаните кои прославувале низ улиците.

Се ближи ли крајот на Саакашвили?

На 2 октомври 2012 година, Саакашвили го призна поразот на парламентарните избори во Грузија, а мандатот на претседател на државата му истекува во 2013 година.

Сепак, неговите години на оваа позиција ги означија годините што доаѓаат за Грузија. За некои тој секогаш ќе биде херој на Розевата револуцијата. За други, тој е лидер кој набрзина предизвика опасна војна со Русија.

Автор: Елена Павловска

Page 35: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA

35

23 Noemvri 2012

Page 36: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA23 Noemvri 2012

36

Page 37: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

37

Intervju so germanskiot ekonomist Verner [in za kri-zata vo evrozonata

Во интервјуто за „Spiegel“, германскиот економист Ханс-Вернер Шин, предупредува од опасностите поврзани со продолжување на политиките на сегашната финансиска помош, зошто тој верува дека Грција и Португалија треба привремено да ја напуштат еврозоната и зошто финансиските пазари се сé, освен ирационални.

Spiegel: Господине Шин, канцеларката Ангела Меркел се чувствува како економистите да ја оставија на цедило. Таа еднаш рече дека советот кој го добила од економист бил „колку е поразличен, толку ќе добива“. Дали можете да видите од каде доаѓа?

Шин: Не.

Spiegel: Се извинувам?! Економистите имаат сосема различни идеи за тоа како може да се спаси еврото. Вие, на пример, предложивте дека земјите

треба привремено да ја напуштат еврозоната, додека повторно не се воспостави нивната конкурентност. Други, пак, советуваат помош за долгот од еврозоната. Како политичарите треба да се справат со вакви контрадикторни совети?

Шин: Постојат разлики во препорачаните совети, но помалку разидувања во анализите. Денес постои значителен договор во врска со дефицитот на еврото.

Spiegel: Но, не за тоа како еврото може да се спаси или за тоа дали,

Page 38: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

38 BR.101

Evropska Unijaвоопшто, може да се спаси.

Шин: Се надевам дека тоа може да биде решено. Кризата на еврото продолжува во фази и секогаш ни е кажувано дека не постои алтернатива на наредната фаза, бидејќи во спротивно еврото ќе се распадне. Значи, наводно немаше алтернатива кога Европската централна банка ги одобри целните заеми, кога ја присили германската централна Бундес банка за купување на државни обврзници од јужно европските држави против своја волја и кога беа одобрени огромни средства за спасување. Сега, се планира да се создаде банкарска унија за да ги здружи долговите на банките во јужна Европа. Нареден чекор би било воведување на евро обврзници...

Spiegel: ...што германската влада жестоко го одбива.

Шин: До времето кога Франција би била погодена од кризата, како што сите стравуваат дека ќе се случи, германската влада нема да може да го одбие ова барање. Овој развој на крајот ќе доведе до систем кој има многу малку заедничко со пазарната економија. ЕЦБ и европскиот механизам на стабилност, наследникот на актуелниот фонд за спасување, тогаш ќе го насочат протокот на капитал – со дозвола од владите од еврозоната – во земји каде не сака да оди. Ова ќе резултура со пораст на загуби низ Европа, а ќе биде продолжено со расфрлање пари кон јужна Европа. Понатаму, тоа ќе создаде значителен раздор, бидејќи тоа ги категоризира земјите во кредитори и должници.

Spiegel: Алтернативата за која Вие се залагате, во која одредени земји ќе се повлечат од монетарната унија, ќе предизвика огромен

метеж: Компаниите и банките можат да банкротираат и Европа може да падне во длабока депресија во годините кои доаѓаат. Дали тоа не Ве вознемирува?

Шин: Не се согласувам со прогнозата.

Ако Грција излезе од монетарната унија, тогаш Грците би ги купувале нивните производи повторно, а богатите Грци би инвестирале. А, ако Португалија ја напушти, ќе има слични позитивни искуства.

На институтот ИФО проучувани се околу 70 девалвации на валутата и заклучено е дека закрепнувањето ќе започне по една или две години. Ние, се разбира, сугерираме привремен излез. Грција и Португалија треба да станат 30 до 40% поефтини за повторно да бидат конкурентни. Ова се обидува да се постигне со мерките на штедење во рамките на еврозоната, но не функционира.

Ќе ги доведе земјите на работ на граѓанска војна пред тоа да успее. Привременото излегување многу брзо ќе ги стабилизира овие земји, ќе се создадат нови работни места и ќе го ослободи населението од запрегата на еврото.

Page 39: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

39

Spiegel: Но, кој знае што ќе се случи со населението во случај на излез?

Шин: Треба да престанеме со прогласување крај на светот со излезот. Наместо тоа, треба да го обликуваме излезот како уреден процес со релативна помош на банките за земјата која е во прашање, за купување на чувствителен увоз. Моментално сме сведоци на катастрофа во Грција – а тоа не е катастрофа предизвикана од излез, туку од останување во еврозоната.

Spiegel: Како планирате да се

осигурате дека повлекувањето на една земја нема автоматски да

предизвика бран на шпекулации за таргетирање нов потенцијален кандидат?

Шин: Пазарите не се глупави – тие не ги соединуваат државите. Јасно го видовме тоа со Ирска. Од крајот на минатата година каматната стапка на Ирска е опадната значително во споредба со останатите земји во криза, бидејќи Ирска ги намали своите цени

за 15%, овозможувајќи повторно да се генерира

тековниот вишок.

Spiegel: Португалија и Шпанија не се Ирска.

Шин: Таквите земји се во можност да ги убедат инвеститорите. Шпанија треба да девалвира за 20%. Тоа може да се постигне во рамките на еврозоната. Грција и Португалија спаѓаат во посебна категорија. Тие се две единствени земји кои трошат повеќе отколку што произведуваат.

Spiegel: Вие сега апелирате до финансиските пазари да бидат поразумни. Сепак, тие често претеруваат и се однесуваат неразумно.

Шин: Каде сте го виделе тоа?

Spiegel: Мали настани се обично доволни да предизвикаат остри зголемувања на каматните стапки на обврзниците за земјите во јужна

Page 40: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

40 BR.101

Evropska UnijaЕвропа.

Шин: Но, пазарите реагираат рационално при трема и прават лоши инвестиции во јужна Европа. Минатата зима, каматните стапки во некои случаи се зголемија над 6.5%. Пред воведувањето на еврото овие земји морале да плаќаат каматни стапки помеѓу 10% и 15%. Каматната стапка го одразува ризикот дека инвеститорите нема повеќе да ги видат нивните пари. Што е ирационално во тоа?

Spiegel: Ако инвеститорите се плашат дека монетарната унија се распаѓа, тие ќе ги повлечат своите пари. А тоа, всушност, ќе предизвика распаѓање на еврозоната.

Шин: Не, ако земјите ја сменат буџетската политика. Ако на инвеститорите им понудат нешто во замена за заемот и ако убедливо тврдат дека немаат намера да ги превземат нивните долгови, тогаш нема да има разлики во каматните стапки.

Spiegel: Велите дека долгорочните последици од тековната политика за спасување се поопасни од ризиците поврзани со промена на курсот сега. Дали тоа е наука – или прашање на верба?

Шин: Јас покажувам на опасност која многумина не ја гледаат и настојувам на тоа. Земјите-членки на еврозоната ставиле на располагање кредити во вредност од 1,400 милјарди евра, кои ќе послужат како помош, 700 милјарди евра од страна на Бундес банката преку нивните целни заеми.

Згора на сé, постои и ЕСМ со 700 милјарди евра, кои би требало да се зголемаат на 2,000 милјарди евра со помош на приватни инвеститори. Ова ги стабилизира пазарите на капитал, но

ја нарушува стабилноста на останатите стабилни европски држави и ја брише заштедата на пензионерите и даночните обврзници. Ние постепено се лизгаме кон стапица од која нема да можеме да излеземе. Овој ризик, според мое мислење, е најдобриот ризик.

Spiegel: Но, други економисти дошле до поинакви заклучоци кога ја анализирале состојбата. Искрено, кога Вие би биле на местото на канцеларката, не би го избрале полесниот пат, како што прави таа?

Шин: Јас многу добро разбирам дека политичарот секогаш треба да го премости јазот до наредните избори, дури и ако долгорочната опасност се зголеми, како резултат на тоа. Но, како економист мојот хоризонт е поширок.

Spiegel: Зарем не е разумно да се биде исклучително внимателен во ваква ситуација?

Шин: Не можете да ме убедите дека има смисла да стоиме настрана и да гледаме, како што се создаваат поголеми ризици. Ние го дестабилизираме нашиот политички систем со прекумерната политика на спасување...

Spiegel:… но, не и ако спасувањето успева.

Шин: Мислам дека тоа не е толку веројатно, бидејќи може да ни даде погрешни цени и да резултира со недостаток на конкурентност во земјите кои добиваат јавен заем. Не можеме да ги спасиме зависниците од дрога, ако ги исполнуваме нивните барања за повеќе дрога.

Spiegel: Предлозите од економистите, исто така, се среќаваат со скептицизам, бидејќи угледот

Page 41: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZINBR.101

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

41

во нивната област е сериозно нарушен во последниве неколку години. Многу малку економисти ја предвиделе економската криза, па не е ни чудо што политичарите многу малку ги вреднуваат нивните совети.

Шин: Мал број економисти ја предвидеа кризата, тоа е точно. Но, многумина предупредија на опасни движења на финансиските пазари. На пример, во 2003 година, посветив еден дел во мојата книга која се заминава со системите на конкурентност, недостаток на банкарска регулатива. Имаше, исто така, и американски економисти, како што се Мартин Фелдстејн и Роберт Шилер, кои постојано предупредуваа дека балонот на американскиот финансиски пазар на крајот ќе пукне.

Spiegel: Но, сигурно нема да негирате дека сé до последнава декада поголемиот дел од економистите имаа мислење дека финансиските пазари треба да се либерализираат колку што е можно повеќе.

Шин: Не во Германија. Водечките германски поборници на финансиската теорија на пазарот како Мартин Хелвиг, како мене, секогаш категорично бараа силна регулација на финансиските пазари.

Spiegel: Во САД, економистите се карактеризираат со неограничена верба на пазарите, а тука во Германија се познати по своето спротивставување. Минатото лето, две групи на економисти, со сосема спротивни ставови, излегоа во јавноста за прашањето со еврото: едната група во која припаѓате Вие, строго се спротивстави на европскиот

банкарски сојуз, додека другата го поддржуваше овој потег. Дали беше ова успешна иницијатива?

Шин: Вие зборувате за противречности таму каде што ги немало. Двете групи беа против здружување на долгот на банките во Европа. Втората група зборуваше во корист на заедничка банкарска регулаторна агенција, но првата група допрва ќе коментира за ова. Вистината е различна од тоа како ја доживуваш: 495 економисти ја предупредија германската влада против

спасување на јужно европските банки со германски даночни пари.

Spiegel: Ова го поткренува прашањето: Зошто не напишавте жалба?

Шин: Јас не напишав, но потпишав. Авторот беше Валтер Крамер од Универзитетот во Дортмунд. Неколку дена подоцна, јас и Крамер напишавме статија за франкфуршкиот „Allgemeine Zeitung“, во која и двајцата бевме за заеднички банкарски регулативен режим. Би можеле да признаеме дека ова е, исто така, дел од првата јавна

Page 42: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

42 BR.101

Evropska Unijaжалба.

Spiegel: Дали ова не укажува дека жалбата е погрешен начин да се започне јавната дебата?

Шин: Идејата не беше да се започне јавна дебата, туку да се разбуди јавноста. Видовме закана дека одлуките донесени на самитот во јуни, можат да го отворат патот кон колективизација на долгот на банките од јужна Европа. Долгот на банките кои се долго во криза е три пати поголем од националниот долг. Кој,

настрана од банките доверители, треба да ги превземе овие оптоварувања?

Spiegel: Сепак, не треба да се забележи дека препораките на економистите се соочуваат со значителна неизвесност, особено кога станува збор за комплексен проблем како што е кризата со еврото. Вашиот колега Герт Вагнер, претседател на германскиот институт за економски истражувања, вели: „Секој кој кажува дека точно знае што треба да се направи е виновен за симулирање на знаење во историски уникатна ситуација“. Зарем не сте

до некаде претенциозни?

Шин: Професорите по економија не се платени за да се мешаат за време на криза.

Spiegel: А, вие знаете што точно треба да направите?

Шин: Ги одмерувам ризиците и донесувам одлука. Ако не го правам тоа, не би ја вршел својата работа како економист.

Spiegel: Дали за овие совети кои ги дадовте, подоцна би можеле да кажете дека направивте грешка?

Шин: Премногу брзо го поддржав еврото,бидејќи мислев дека тоа ќе го ослободи континентот од бескрајно флуктуирачкиот курс. Згрешив што верував дека нациите од Европа ќе се придржуваат до договорот од Мастрихт и да не ги здружуваат долговите од јужна Европа. Постарите колеги веќе имаа укажано на ваква опасност во тоа време.

Spiegel: Дали некогаш сте разлмислувале да станете политичар?

Шин: Не, мојата професија како економист ја сфаќам сериозно и чувствувам посветеност кон вистината. Ова е некомпатибилно со обврската да застанувам во партиски строј. Имам за цел да им помогнам на Германците и европејците успешно да го пребродат патот кон европската интеграција и ова ќе го направам поефикасно, ако не се вмешам во политичка партија.

Spiegel: Господине Шин, Ви благодарам за интервјуто.

Подготви: Маја Мојсоска

Page 43: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

43BR.101

„Pre`ivean“ ili studentski `ivot

Можеби насловот ќе ги поттикне студентите да кажат:„Па, нели е исто?!“ Но, разликата е тоа што во забавното шоу „Преживеан“ (Survivor) вие се борите за награда која вреди, додека за време на студентскиот живот, вие како студент се борите само за опстанок.

Како по некоја традиција, студентските домови се постојано критикувани од страна на студентите на кои веќе им се смачило од бедниот живот, па решиле да си ја ослободат маката јавно и да ја споделат со останатите „сеирџии“ низ разни фотоприказни. Додека некои, пак, сè уште чекаат некој друг тоа да го направи наместо нив. И додека така едни на други си ја предаваат топката, си реков да напишам збор два, иако да бидеме реални можно е уште следниот ден да добијам „клоца“ од студентскиот, па можам слободно народски кажано „да си се сликам“ (тоа би дошло како новогодишна честитка).

Како бруцош, почнувате да сфаќате некои работи кои предходно сте ги знаеле, но поради суета или не знам што сте решиле да ги игнорирате. Оние кои досега биле сигурни во себе, ќе почнат да се сомневаат во речиси сè. Уште во првиот

ден ќе сфатите дека ако не „покажете заби“

и ако не сте снаодливи, едноставно не ви е местото

во студентски дом. Постојано ќе се среќавате со ситуации кои не секогаш ќе бидат пријатни, но дали ќе бидете подготвени да го проголтате тој преголем залак за вас?!

Сум ја имал/а таа „среќа“ па сум дел од студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу полесно би било да ви кажам дека над домот надвиснал некој темен облак, кој никако да ја осветли собата во која сум сместен/а, отколку да кажам дека ми е пријатно додека јадам во придружба на моите нови најдобри пријателки – лебарките. Но, за да не добиете некој шлог во следните секунди ќе ви ја кажам фразата, која да бидеме искрени се кажува само за мала утеха - Не е сè така црно.

Испадна како да пишувам дневник, наместо некоја вест или, пак, фантасична сторија, но за „Стив“ верувајте има милион работи кои можат да се вметнат

Page 44: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

44 BR.101

и да се направи еден бестселер, па да покажеме дека сме подобри и од еден „Хари Потер“.

Овие информации кои ќе бидат напишани во следните неколку редови се добиени од искуство, не се никако проверени, затоа што искрено кажано, немам ни волја да навлегувам повеќе.

„Стив“ е приказна сама за себе. Полна со комични настани, расправии, раѓање на нова љубов, раскинување на некоја стара, па и тук-таму по некоја тепачка. Кога ќе почнете да живеете овде, сфаќате дека не сте повеќе центарот на вниманието на мама и на тато. Овде ќе треба да дадете сè од себе да останете незабележителен, или, пак, ако сте навистина генијалец, да ве памтат по добро.

Денот на вселувањето е денот кој верувајте никогаш нема да го заборавите. Се симнувате од автобусот, наоружани до заби со куфери, тешки сто килограми, торбици наполнети со храна за сто години и по некој лаптоп колку да ја „зачини“ тежината.

Ако успеете да сé донесете сами до портите на студентскиот во ред, ако не, здравје. Не очекувајте некој да ви помогне, тоа би било како да барате вода на сред пустина (но, сепак, некогаш се среќава и по некој исклучок). Кога ќе застанете на влезот од домот, прво што ви паѓаат во очи се двете машки згради, што морам да ги пофалам.

Барем ако ништо друго машките конечно се изборија да имаат тоалет

во својата соба, а и алуминиумските прозорци и врати не се на одмет. Ако сте си ја замислиле сликата до сега, како изгледа тоа, сигурно до сега сте успеале да слушнете некоја турбо фолк песна, додека во позадина пејат Ролинг Стоунс или, пак, сега во поново време „Гангнам стајл“.

Од друга страна пак, женската зграда очигледно останала изгубена во просторот, па ако самите не си ја избелите или ако самите не си донесите некои работи, со текот на времето и вие ќе се изгубите во просторот и времето. Застанати пред сината испогребана врата, исполепена со промотивни материјали од типот „Work and Trav-

el USA“ или пак за некоја журка, прво што ќе забележете е едно мало кученце, кое изгледа е потенцијалниот портир во домот, со оглед на тоа што многупати се случило да се појавуваат „сомнителни лица“, кои имале прилика и да си помуабетат со студентите сместени во домот, затоа ќе треба да се навикнете често да гледате униформирани лица во

Page 45: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

45BR.101

портирницата.

Кога веќе ќе влезете во зградата, во зависност од тоа во кој период од денот сте, различни мириси ќе ве понесат (веќе знаете за што зборувам). Од вашата лева страна почнува првата ламела, делумно имате среќа ако сте таму. Велам делумно, бидејќи би имале убави соби ако се наоѓате во погорните катови, но колку сте погоре толку и музиката е погласна, па ако сте дошле со намера да студирате, тогаш не ви препорачувам да западнете овде. Додека, во пониските спратови и на приземје собите се претесни.

Доаѓа мојот омилен дел, втората ламела. Е, овде е целата шема во „Стив“. Овде буквално веќе со години живеат т.н. иселеници, помеѓу нас познати како бегалците за време на граѓанската војна во 2001 година. Овде не среќаваме ништо ново, сигурно досега голем број од вас слушнале за нив.

Одејќи по скалите, почнувате да чувствувате мирис на готвени манџи, печени кифли и кога тоа ќе се испомеша, па макар и да ви е омиленото јадење, ќе почне да ви се качува нагоре (сега сфаќате од каде доаѓаат лебарките). Многупати ќе се случи да ви тропнат на врата за да ве прашаат дали продавате бонови.

Сигурно, за некој кој не јаде многу ова би било супер бизнис, додека за некој на кој му дошло нож до коска боновите ќе ги продава и по 0,3. Втората ламела дефинитивно е позната по нив, па за да не се зафркните како некои, кога ќе се вселувате топло ви препорачувам да кога ќе ве прашаат дечките кои делат соби:„Дали имате веќе договорено да бидете со некој во соба?“, секогаш имајте план Б.

И конечно, од десната страна се наоѓа третата ламела. Овде да не претерам, ама владее мир. Нема иселеници и нема „музички надарени“ личности. Така што, ако сте решиле да успеете во животот, овде ви е местото (ако имате среќа и се разбира, врски).

Можеби скудно ви ги опишав ламелите, но не навлегувам во детали, бидејќи едноставно мора самите да видете некои работи и да ги почувствувате на своја кожа, за потоа да ви се изострат сетилата. „Стив“ е одлично место каде ќе научите дека сте имале некои способности, кои предходно не сте знеле дека ги имате.

Друга приказна се тоалетите. Додека во машките згради веќе има вметнато тоалет во секоја соба, во женската зграда тоа сè уште претставува мит. А, како и да не биде мит, кога тоалетите и изгледаат како да излегле од некоја фантастична приказна. Цевките веќе добиле некоја боја која не може ни да се идентификува, по вратите ќе забележете еден куп пораки од некои револтирани студенти, велејќи да др одржува хигиена, но по пет минути откако се поставени, се фрлаат во некоја од дупките наменети за вршење нужда (кога веднаш до нив се поставени кантите).

За бањањето и да не зборуваме... Некаде ќе најдете туш, некаде не. Ако биде поставен некој нов, уште истата вечер ќе се најде некој „паметен“ што ќе си го присвои.

Значи, да се разбереме во секоја соба треба да си имате решо или плинско, иако решото повеќе одговара за варење макарони и пржење помфрит (кои после некој период ќе ги почувствувате како ви растат во стомакот). Сега, ќе си речите:„Па, зошто да готвиме кога имаме менза?“

Page 46: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

46 BR.101

Мензата како да ви кажам, служи за итни случаи. Кога ќе ви снема леб, јогурт или по некоја слатка (по дифолт тоа се еклер и толумба). Овде веќе се познава кои се бруоши, бидејќи само тие редовно одат да јадат во менза, додека поискусните веќе си имаат направено мини кујна во своите соби, па дури во некои соби ќе забележите и фрижидерче

(секогаш полно со ајвар, руска салата, краставички и ракија).

Евентуално, можете да си донесете и телевизор, но лично сметам дека тоа е претерување од страна на некои студенти. Ако сме сакале да бидеме дома, зошто и воопшто да се доаѓа овде, зарем не?

Интернет може да имате во некои случаи. Ако сте во една од машките згради и користете Sun Wireless, ако сте во женската зграда и успеете да фатите некоја мрежа, па да крадете (ако ја знаете лозинката) и ако сте толку чесен човек, иако овде владеат правила, кои едноставно мора да се прекршат за да се

преживее, ќе си платите за интернет кој постојано ќе ви паѓа и кој ќе го добивате најчесто од иселениците или некој друг кој веќе со години запоседнал во домот.

Ако во ниту еден од случаиве не се препознавте, тогаш добредојдовте во клубот и придружете ми се на земјоделскиот, каде ќе морате секој ден да „венете“ и да ја мирисате прашината

од книгите кои не се пипнати со години, само за да видете дали имате некоја порака на фејсбук или, пак, да напишете некое домашно.

Боновите се страшна работа во студентскиот дом. Можете добар бизнис да направите со нив. Многумина токму поради ова седат веќе со години. На влезот од сите три згради

секојден ќе гледате нови плакати на кои пишува се

продава накит, шминка од Авон или Орифлејм или, пак, „жолта“ во замена за бонови.

И не е нешто лошо да ви кажам. И јас самата/иот се обидов неколку пати да продадам бонови, па си добив по некој плус денар за повратен билет.

По правило, најпрво почнува со работа бифето, но кога ќе отидете за да си земете нешто за јадење, најчесто ќе ве пресечат велејќи дека хранат уште не е стигната, чиниш од Изибегово да доаѓа. И така, ќе си чекаш и ќе си чекаш, можеби едно половина час за потоа да не можеш да се одлучиш што да земеш.

Дали посен бурек со сирење, месо или

Page 47: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

47BR.101

пица бурек или, пак, хот-дог, а можеби и тост од една врста. За ручек, можеби и ќе стигнеш да земеш по некој ражен, потенок и од најмалиот прст.

Мензата секој ден работи и морам да ги пофалам вработените дека секогаш ќе те пречекаат со извесна смиреност, па дури и кога ќе им се качите на глава. И кога ќе ви кажат дека го нема она што сакате да го јадете, едноставно не можете да им се налутите.

Приказнава која премногу ја одолжив ќе ја завршам со некои карактеритични лица кои го „красат“ домот. Најпрво мора да ги споменеме портирите кои никогаш не се изморуваат од гледање телевизија, ви дозволуваат да си донесете пријател/пријателка за да преспивање и кои неизбежно ќе ве „поминат низ нивниот скенер“ кога поминувате (посебно ако сте женско).

Студентскиот дом „Стив“ е познат по тоа што во него живеат луѓе кои се во тесна врска со „Пиратите“ добро познатата група навивачи за „Металург“. Група која е позната по честите испади за време на натпреварите во кои игра нивниот симпатизер.

И како заклучна личност во оваа приказна

е секако управничката. Искрено не знам колку години „владее“ во домот, но со нејзниот глас дефинитивно ќе ве „шармира“ уште првото утро кога ќе дојде в соба за да ви соопшти дека ќе ви „тутне“ и четврт/а цимер/ка. Во собата едвај место да има за тројца... Ќе слушнете најразлични приказни на кои никогаш нема да им се начудите.

Совет: Кога ќе имате потреба да се жалите, искажете го проблемот, почекајте неколку минути да ја ослободи нејзината лутина, а потоа, пак, повторете го истото и не возвраќајте, бидејќи ќе треба цел ден да го поминете во канцеларија, за на крај да излезете црвени како домат.

Има уште илјада работи, кои не успеав да ги докажам. Дел од нив можете да ги проследете од видеото, кое во јавноста се појави од пред извесно време т.н. тајно видео, направено во 2004 година од страна на четири студенти. Ако моите зборови не ви ја доловија сликата, проследете го видеото за студентскиот дом „Стив Наумов“ и „уживајте“, па ум во глава.

Писмо од анонимен студент

Page 48: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

48 BR.101

[est pravila pri vozeweto koi }e vi go spasat `ivotot

Еден од најпопуларните начини на умирање во модерниот свет се уште е при возење автомобил или при прегазување од страна на еден. И покрај фактот што автомобилите се посигурни од било кога, тие сепак се управувани од човечки суштества, кои, искрено често пати имаат проблеми со придржувањето и до минималните техники и правила потребни за управување на возило.

Но ако го читате ова, претпоставуваме дека планирате да направите се што е возможно за да преживеете во свет полн со такви возачи со тоа што ќе бидете малку попретпазливи. Па, затоа, само за вас, ова се неколку совети кои секој треба да ги знае, иако повеќето луѓе не ги знаат...

6. Никој од ретровизорите не треба да го прикажува вашиот автомобил

Ова е една од оние работи кои воопшто не одземаат време, а кои секој ги прави погрешно.

Се надеваме дека веќе знаете дека областа на било која страна од автомобилот која е невидлива за ретровизорите се нарекува „слепа

точка“. Многу честа причина за несреќа се модерните радарни системи вградени во новите автомобили кои се способни да детектираат други автомобили присутни во слепите точки, и на тој начин да ја принесат информацијата до вас во форма на ургентни звуци кои ве тераат да паничите и да се судрите и покрај се.

Како и да е, технологијата не е проблемот - неопходната опрема за елиминирање

Page 49: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

49

Artvizor

BR.101

на слепите точки постоеше и во времето кога Хенри Форд сеуште произведуваше автомобили и анти-семитски билтени. Сe што ви е потребно се вашите странични ретровизори - кои повеќето луѓе погрешно ги позиционираат.

Знаете, слепите точки можат да станат видливи во страничните ретровизори, ако овие огледала се поставени така што не го прикажуваат воопшто вашиот автомобил. Само поместете ги за агол при кој веќе не ја гледате страната од вашиот автомобил во никој од ретровизорите и оставете ги така. На тој начин, нема да се преклопуваат со централниот внатрешен ретровизор, па без разлика од каде ве поминува автомобил вие ќе го видите во

барем еден од вашите ретровизори пред да ви влезе во оптичкото поле.

Ова звучи помалку како „совет“, а повеќе како „најочигледното парче инструкции на сите времиња,“ но никој не го применува. Производителите мораат да ви дозволат сами да си ги подесувате ретровизорите (поради работи како разликата во висината на различни возачи), и повеќето луѓе едноставно не знаат како да го прават тоа. Токму затоа, истите овие инжинери трошат милиони на технологија која треба да ги елиминира слепите точки, бидејќи едноставно не успеале да ги научат луѓето како правилно да ги постават нивните ретровизори.

Page 50: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

50 BR.101

5. Обратете повеќе внимание на сообраќајот, отколку на сообраќајните знаци

Ако видевте некој да премине преку знак за свртување и да се втурне во една експлозија од железо и стакло, вие секако за не среќата ќе го обвиневте возачот кој го игнорираше знакот.

Но што ако знакот не беше таму, како на пример кај оние раскрсници каде што нема ништо освен оние изотерични трепкачки жолти светла кај кои сите би застанале и би гледале еден во друг? Секако сигурно ќе постои некој кој од време на време ќе прелета од некаде, но просечните возачи би станале екстремно внимателни како резултат на немањето јасни инструкции за тоа што да прават. Наместо тоа, тие би го повлекле следниот потег на основа на сообраќајот околу нив, а тоа е и целта на семафорите и

сообраќајните знаци - да ве натераат да застанете и разгледате.

Со други зборови, можеби би ви било и подобро без знаците.

Не велиме дека треба да ги игнорирате сообраќајните знаци и семафорите, туку дека не треба да зависите од нив при донесувањето на секоја одлука. Само тоа што имавте предност на минување на раскрсница, нема да ве направи помалку мртви ако застанете пред сканија, а одбивањето да ја намалите брзината пред пешаците бидејќи не ја преминуваат улицата на означените места, нема да ве избави од затвор ако ги изгазите и исечете на половина со вашето Даеву.

Или едноставно, можеби треба вака да го формулираме советот: Придржувајте се до правилата, но претпоставете дека никој друг не го прави тоа.

4. Слушањето техно музика прави да возите полошо.

Секој автомобил доаѓа со стерео и звучници, но во прирачниците за возење не наоѓате многу информации за тоа што треба, а што не треба да правите со нив. Лесно е да се претпостави дека е безбедно да слушате гласна музика

додека возите, сe додека сте фокусирани на патот и не си играте со копчињата и не се огледувате на ретровизорите додека пеете. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека од изборот на песни зависи веројатно го прави вашиот возечки перформанс полош, дури и ако само сакате малку да го зачинете амбиентот во вашиот Prelude.

Page 51: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

51

Artvizor

BR.101

3. Секогаш нека ви бидат пуштени кратките светла

Според неодамнешна студија, можете да го намалите ризикот да ви се случи сообраќајна несреќа за 32 проценти едноставно само со возење со вклучени кратки светла на автомобилот. Ова звучи како логичко решение - очигледно нешто што е осветлено би било полесно

забележано, без разлика дали е ден или ноќ. И сe додека другите автомобили се управувани од уморни и расеани човечки суштества, поголемата видливост ги намалува шансите за директна конфронтација со истите. Сепак, речиси никој не вози со вклучени кратки светла во текот на денот (а автомобилите со автоматски светла не ги вклучуваат истите пред да зајде сонцето.

2. Рачна кочница за паркирање престанува да работи ако не ја користите долго време

Од сите аспекти на возењето, паркирањето треба да биде најважно. Обично, ги вадите клучевите и излегувате од автомобилот (се надеваме дека сте во парк и се надеваме дека не сте во дворот на некое основно училиште).

Ако сте на нагорнина, ве советуваме да ја кренете рачната кочница. Ако не го сторите ова, може да завршите како овој човек овде, кој е во исто време и најлош и најдобар случај за овој проблем.

Но еве нешто што повеќето луѓе не го знаат: Веројатно треба да ја кренете рачната кочница, без разлика дали сте застанати на такси паркинг или на аеродромот или на семинарот на планината Гринич, едноставно, само

за да го одржете автомобилот во добра работна кондиција.

Гледате, кочницата за паркирање исто така се нарекува и кочница за итни случаи, и како што налага името, може да се користи во ситуација кога вашите кочници престануваат да работат, или пак биле прекинати од страна на непријателски агенти. Тие го прекинуваат хидрауличниот механизам кој се користи за контрола на кочниците и го запира автомобилот со помош на кабли, кои се многу подобри од хидрауличните бидејќи хидрауличните никогаш никого не пресекле на половина во „Умри Машки“.

Сепак, проблемот со железните кабли е тоа што тие често кородираат, особено после долги периоди на неупотреба. На начинот на кој каблите за паркинг

Page 52: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

52 BR.101

кочницата се креирани, ако не ја користите кочницата често пати, се создава корозија и предизвикува

каблите да се распаднат како лошиот лик во Индијана Џонс и последниот крстоносен поход.

1. Не кочете во случај на пукање на гума

Интуитивна реакција на било кој паничен момент при возењето е притискање на кочниците со сета сила, небаре гоблини се обидуваат да излезат низ нив, а во повеќето случаи ова е коректно.

Со тоа на ум, замислете дека возите по автопат со околу 100 км/ч кога одеднаш слушате како предната гума ви испукува како да сте поминале врз нагазна мина. Веќе чувствувате дека автомобилот се стреми да излезе од контрола. Ако го следите вашиот инстинкт , веројатно ќе удрите на кочниците, но во овој случај инстинктот ве излажал.

Ако кочите за време на пукање на гума, веројатно сигурно ќе излезете од контрола (а можеби и ќе се превртите), веројатно во друго возило кое исто така

брзо се движи. Ова е особено точно ако испукала некоја од задните гуми, што е поверојатно да се случи бидејќи предните гуми побргу се трошат, а луѓето ги забележуваат и менуваат почесто, додека оставаат задните гуми да се истрошат до крај.

Решение? - Дајте гас! - Иако ова има најмалку смисол, тоа е решението. Меѓутоа, не претерувајте и со тоа, туку едноставно претиснете лесно на гаста неколку секунди за да си ја повратите контролата над автомобилот и да ја одржете во најправилна можна состојба. Гумата која ве изневери на крај сама ќе го запре автомобилот.

Подготвил: Славе Ангелов

Извор: Cracked

Page 53: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

53

Artvizor

BR.101

[est pravila pri vozeweto koi }e vi go spasat `ivotot

Јуда е еден од ликовите во романот на Борислав Пекиќ, насловен како „Време на чуда“ (1965). Романот е поделен на два дела - првиот дел го носи истото име како и романот и опфаќа во себе седум помали поглавја, а вториот дел е наречен „Време на умирање“ и содржи четири поглавја.

Секое од споменатите поглавја, наместо класичен вовед има паратекстуална (воедно и интертекстуална) забелешка, односно цитат преземен од „Светото писмо“. Тоа не е направено со цел авторот да ја покаже својата ерудиција, ниту, пак, е случајна постапка која

треба да биде одмината од читателското и интерпретативното внимание. Авторот ја користи оваа поетичка техника за да укаже на изворот на приказната развиена во поглавјето, која на креативен начин отклонува од нејзиниот книжевен прототип.

Исто како и останатите поглавја, така и поглавјето посветено на Јуда („Смрт на Хином“), кое на овие страници е предмет на мој интерес, започнува со цитат преземен од Евангелието по Матеј, гл. 27: „Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Он осуден, се покаја и ги врати триесетте сребреници и како ги

Page 54: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

54 BR.101

фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси. Тогаш се исполни реченото преку пророкот Јеремија: Ü ги зедоа триесетте сребреници, цената на Непроценливиот, Кого Го оценија синовите Израилеви.”

Пекиќ не ја следи линеарноста на приказната во евангелието, туку ги синтетизира третиот, петиот и деветиот пасус од дваесет и седмото поглавје. Тој ги припојува деловите и на тој начин создава кохерентен дел – цитат, кој навестува што сè ќе се одигрува понатаму во фикционализираната приказна за Јуда, која бездруго може да се чита како еден вид реинтерпретација на приказната за овој лик изложена во „Светото писмо“. Цитатите во романот претставуваат сигнал или неопходен клуч за декодирање на приказната, иако како што читателот ќе се вплеткува во вртлозите на приказната, така тој брзо ќе увиди дека ова е еден авторски трик – повеќе појдовна точка за интерпретирање, отколку клучен пункт на текстот.

Приказната во „Смрт на Хином“ е предадена во прво лице, а нараторот не е некој непознат или некој неидентификуван субјект, туку токму самиот Јуда Искариот (или Јехуда бен Симон, како што и самиот се претставува во воведните сентенци, кој уште бил наречен и „Јуда Писмо” или „Јуда нека се случи”). Нараторот во прво лице ја обележува приказната со извесен степен на конфесионалност (од страна на лицето кое „ни зборува”), која можеби не е експлицитно воочлива при првото читање.

Во романот на Пекиќ, (апсолутно) ништо не е случајно. Со самиот факт дека авторот ја одбрал ваквата позиција на поставеност на нараторот, тој ја навестува

аукторијалната позиционираност – целта не е да се слушне/прочита само верзијата на приказната на Месијата, ами и нејзината спротивставена, друга верзија, онаа од усните на проколнатиот и презрениот.

„Смрт на Хином“ е поглавје за предавството на Исус од Јуда, раскажано и претставено преку директниот, непосреден ракурс на вториот. Токму на овој план лежи полезноста на избраното прво лице за нарација, кое нужно подразбира блискост и интимност (со читателот) и кое ја наложува потребата и желбата да се биде чуен.

Јуда на Пекиќ претставува хуманизирана верзија на неговиот библиски прототип. Овој Јуда е длабоко самосвесен, со силно развиена аналитичка способност за продирање во луѓето и појавите, со сензибилитет и природа на еден поет, кој на своите раменици ја носи болката на светот.

Овој Јуда е всушност реконструирана фигура на предавникот, предавник кој открива како се одиграле сите настани до конечната смрт на Месијата и предавник кој повеќе не е предавник во вистинска смисла на зборот, туку е предаден, исто како и неговиот учител. Овој Јуда сака по секоја цена да ја спречи (неизбежната) смрт на Исус, тој по секоја цена сака да го избегне страшното пророштво на Јеремија и подготвен е да се судри со секакви неповолни околности, само за да ја избегне својата и туѓата смрт.

Тој всушност се плаши од смртта. Тука доаѓа до израз силно изразената способност на Пекиќ (кој еден период од неговиот живот студирал експериментална психологија) да навлегува во длабочините на психата на ликовите. Заради таквиот начин на

Page 55: Револуција Магазин бр. 101

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

55

Artvizor

BR.101

преставување, читателот честопати во текот на читањето ќе ја губи од вид границата која ја дели фикцијата од реалноста, нешто што ќе го натера да поверува дека чита канонизирана (а не фикционализирана) исповед на Јуда.

Пекиќевиот Јуда, наместо да се прикаже со плаштот на злогласниот предавник, тој се појавува со опозиција на читателовиот хоризонт на очекување. Ако Исус во „Светото Писмо“ значеше „Алфа и Омега, Почетокот и Крајот“, тогаш кај Пекиќ тој е алфа, а Јуда е омега.

„Смрт на Хином“ дава една визија за приказната видена од Јуда, предадена преку негова интенционално исконстируирана свест. Но, би било крајно редуктивно да се тврди дека целта на Пекиќ била обид за аболицирање на ликот на Јуда (поточно на неговиот чин на предавството), како начин да му се додели заслуженото место и соодветното признание.

Целта на авторот била, како што може да се претпостави, да се укаже на постоењето на потенцијалот кој го нуди и „другата страна“ на приказната, поттикнувајќи го читателот да се самоиспрашува и да се сомнева (во манирот на Акутагава во расказот „Во бујакот“).

Пекиќ не ја конструира приказната за Јуда со цел истата да ја наметне како „вистинита” (и соодветно, верзиите на евангелистите како „лажни”), туку главната замисла е да се освести читателот за постоењето и на друга верзија на приказната, која би можела да биде исто толку вистинита (и прифатлива) како и официјалната.

Секако дека не треба да се заборави дека во случајов станува збор за фикционален конструкт, што во голема мера ги ограничува ставовите во оваа

рамка на интерпретирање.

По техниката и стилот, по обидот за следење на текот на свеста на ликовите (особено евидентно во последното поглавје од вториот дел, именувано како „Смрт на Голгота“, каде во улога на наратор се јавува, секако, ликот на Исус), отсуството на интерпункција, кое укажува на начинот на нижење и течење на човековата мисла, писмото на Пекиќ стилистички и технички потсетува на модернистичката проза.

Во модернизмот најактуелно се спореше околу прашањето за односот (авто)биографизам/фикционалност во делото (иако ова е условно за Пекиќ, бидејќи неговата проза не е апсолутно и единствено модернистичка), иако и во рамките на некои други „изми”, теоретичарите (и уште повеќе интерпретаторите) наидуваат на слични проблеми.

Евентуалниот заклучок кој би се извел по однос на ова поглавје од „Време на чуда“, не би можел, а да не биде непристрасно или субјективно обоен. Но, наместо заклучок, вредно е да се спомене дека „Време чуда“ е првиот, дебитантски роман на Пекиќ, со кој тој си го пробива патот на книжевната сцена, осмелувајќи се да ризикува со пишување на тема, која била жариште на многубројни и сé уште непребродени конфликти, ставови и спротивставени мислења, кои сè уште претставуваат темел и извор на несогласувања и денес. Таквиот потфат, потход или поход, заслужува срдечно признание.

Автор: Кристина Димовска

Page 56: Револуција Магазин бр. 101