Револуција магазин бр.88

58

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 07-Mar-2016

250 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Поттикнува да мислиш!

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр.88
Page 2: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA10 Avgust 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

10 Avgust 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Славе Ангелов, Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

Sodr`ina

Zarem komunizmot zavr{i vo 2006-ta? 5

Niz lustracija da se gradi demokratija 9

Da nau~ime od lustracijata vo Germanija 15

Lustracija za manipulacija 20

Repriza na terorot od komunizmot 23

Makedonskite lustratori 25

Intervju so premierot na Italija - Mario Monti 37

Ma~o-skoni se vra}a vo italijanskata politika 44

Evergrin na „site vremiwa“ 8 50

G Gvatemala - predizvik za avanturistite 55

88MAGAZIN

REVOLUCIJA

Page 4: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA10 Avgust 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Koga minatoto ve bara...

Page 5: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Zarem komunizmot zavr{i vo 2006-ta?

Honeste vivere, alterum non laedere, suum cuigue tribuere!

Nemo plus iuris transfere potest quam ipse habet!

Nullum crimen sine lege, nullum crimen sine poena!

Конфузни латински изреки или нешто повеќе?

Дефинитивно нешто повеќе. Повеќе за еден млад правник, со нула пракса, 100% теорија, набилдана од факултетските амфитеатри. Алфа и омега на правниот систем, легитимитет, легалитет, правна држава и владеење на право.

Да не звучам како оние елоквенти, кои тресат празна слама пред лаици, ќе бидам прагматична.

Постулатите на правната државаОд дамнешни времиња, јасно било дека моќта корумпира, а апсолутната моќ, апсолутно корумпира. Луѓето барале механизми да се заштитат сами од себе, а и меѓусебно од левијатанските владејачки гарнитури, повикувајќи се на почитување на божјото слово, традиционалните обичаи, за на крај, поточно денес, со оглед на стадиумот на мисловната еволуција, ние, граѓаните, се крстиме во правдата, првиот реквизит на цивилизацијата.

Кога постои злоупотреба, кршење, загрозување на човековите права и слободи, се активира судската заштита. Независното судство суди врз основа на устав и закон. Човекот можеби слета на месечината, но сè уште е когнитивно ограничен, не само за откривање на апсолутната, туку и правната вистина.

Page 6: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.88

Вистината за фактите на случајот, за она што навистина се случило во минатото. Единствените информации, судот ги добива од доказите, па затоа, е неопходно истите да имаат определен квалитет и доказна вредност, за да може врз основа на нив, да го релативизира невозможното, односно, да го види минатото.

Бидејќи судските постапки, како и луѓето се дисфункционални во наполно утврдување на вистината, правото се ориентира кон друга вредност - правичноста.

Под тоа во кратки црти се подразбира дека правото полесно толерира погрешно ослободување, отколку казнување на невино лице. Бидејќи зборот на власта (судот, јавното обвинителство, полицијата...) е грандиозно неспоредлив со зборот на еден поединец, постои гаранција на човековите права и слободи, како средство за спречување на злоупотреби на државната власт (мислам на извршната) и нејзиното влијание врз исходот на постапката.

Едно од правата на обвинетиот во

казнената постапка е презупцијата на невиност, или тоа значи дека никој нема да се смета виновен, пред неговата вина да се утврди со правосилна судска одлука.

Кршење на УставотКаква врска има ова со лустрацијата? Па треба да има папочна, но се плашам дека нема ни обична.

Да тргнеме од официјалниот наслов на контроверзниот закон...Гласи: Закон за определување на услови за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Ограничувањето на вршење на јавна функција, по својата природа, колку и да сакаме да филозофираме, е казна, санкција. Казнената постапка, по нашите закони, а и целиот нормален свет, ја води суд. Кај нас постои комисија, извршна власт.

Начелото на поделба на власта на законодавна, извршна и судска не е коинциденција, или естетика, туку на крај на краиштата, е гаранција од

Page 7: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

злоупотреба на власта. Комисијата за лустрација, делува како квази-судска институција, која со изрекување на казнени санкции, навлегува во овластувањата на судот. Бидејќи таа со последниот закон за лустрација, не остава простор за крајниот збор да го има судот, пред кој прогласените за кодоши, ќе можат да се жалат.

Кредибилитетот на лустраторитеДа не го заборам фактот, што според истоимениот закон, Комисијата ја сочинуваат 11 членови, кои ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници од редот на личности со висок личен и професионален интегритет. Под овој квалитет, практиката подразбира, најверојатно, лица блиски до политичките партии. Лица со политичко портфолио донесуваат одлуки со правни последици, е несфатливо за секој правник.

Зарем комунизмот заврши во 2006 година???

Да не спомнувам дека Комисијата

одлуките ги носи во форма на решение, а не пресуди, при што според словото на Уставот кривичната одговорност може да се утврди само со пресуда, и тоа правосилна.

Што друго „кријат“ одредбите на Уставот? Во чл.14 е наведено следново: „Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна“.

Практично, цитираниот член се повикува на забрана за ретроактивно дејство на прописите, а тоа е случај со законот за лустрација, кој повикува на примена во периодот од донесување на Декларацијата на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија-АСНОМ за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, до денот на започнување на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Page 8: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.88

Оваа одредба, внесува два проблема. Прво, ретроактивно дејство, и второ, мистификација на целта на лустрацијата. Наместо расчистување со духовите од минатиот општествено-политички систем, примената на законот навлегува и во новото доба- демократизацијата на Македонија, финализирана со донесување на Уставот од 17 ноември 1991 година.

Законот за слободен пристап до информации е донесен 2006 година, што коинцидира со доаѓање на политичката гарнитура на премиерот Никола Груевски. Навистина запрепастува фактот што се добива импресија дека комунистичкиот режим трае до неговото заземање на политичката сцена. Со оваа теза, се навредуваат во најмала рака темелните вредности на Уставот од 1991 година, меѓу кои и владеењето на правото.

Друг, можеби не и последен елемент на изненадување е доказната сила на документите на службите врз основа на кои се утврдува одговорноста на „кодошите“. Службите со кои соработува Комисијата за лустрација, се македонските полициските служби, кои се и трпат силно влијание од политички Белград, со оглед на тоа што досиеата се таму, и тоа оригиналните, кои честопати и политички мотивирани спроведувале истраги и постапки кон луѓе, без да ги почитуваат одредбите.

Сомнежот во полицијата денеска е истиот како до 1990 година

Со кој легитимитет Комисија ќе ги заснова своите решенија на документи, податоци, собрани на политички мотивиран начин од служби, кои

сееле страв и сомневање во нивната вистинитост. Дури и во демократска Македонија, сè уште провејува сомнежот во вистинитоста на исказите, добиени со информативните разговори со полицијата, поради можноста од нивно стекнување со користење на брутални методи по човековиот психички и физички интегритет, а не пак, кога во претходниот режим тортурата можеби се применувала како основно правило за добивање на исказ.

Па и според актуелниот Закон за кривична постапка, исказите дадени во полицијата не се сметаат како доказ и врз нив не може да се заснова судската одлука. Се поставува прашањето: Со кој разум тогаш решението на Комисијата за лустрација ќе се заснова на контроверзни докази? Дотолку повеќе, граѓаните повикани на информативни разговори во полицијата сè уште се сметаат за слободни, и тие не можат да бидат принудени да дадат исказ, додека законот за лустрација оди чекор понатаму.

Уништување на граѓанскиот секторПредвидува обврска за лицата од невладините организации, кои се принудени да дадат изјава дека не биле соработници со тајните служби, со што, државата флагрантно ја крши слободата на здружување, со нејзиното инволвирање во работењето на граѓанскиот сектор.

Лустрацијата е добар истерувач на ѓаволи и духови од минатото, но, и како секој егзорцист, треба да користи внимателни методи. Добра идеја, но лоша имплементација е полошо од лоша идеја, а добра имплементација.

Тамара Славеска

Page 9: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

„...Поради тоа што лустрацијата ги крши човековите права и ги казнува луѓето, затоа што нивните имиња се појавуваат во некои весници, кои можат, но и не мораат да бидат точни, верувам дека не е корисно низ лустрација да се гради демократијата. Лустрацијата го охрабрува настанокот на методи како што се политизација на самиот Закон, менталитет на правење црни списоци, етикетирање, чистки на политички противници, идеја дека оние кои мислат спротивно треба да се казнат“.

Ова е изјава на Тина Розенберг, позната американска теоретичарка и новинарка.

Што е лустрација?Лустрација е историски термин, кој првин означувал повеќе видови на ритуали за прочистување на античките Грци и Римјани.

Поимот лустрација е изведен од латинскиот збор „lustratio“ што значи „чистење од гревовите“, Старите Римјани, секои пет години, приредувале државни церемонии на жртвување, со цел за прочистување од гревовите и покајание на целиот народ.

Римјаните поимот го наследиле од Грците, кај кои, пак, се користи зборот „katharsas“, кој меѓу љубителите на мудроста означувал морално чистење на душата и на духот.

Лустрацијата по Втората светска војнаВо модерното општество, пак, поимот лустрација се дефинира како „отстранување на опонентите на демократијата и оние кои ги кршеле човековите права во поранешниот режим“.

Niz lustracija da se gradi demokratija

Page 10: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.88

Аналогно на ова можеме да потврдиме дека лустрацијата означува соочување со стореното, прочистување (од лошите спомени, лошите дела), а сето тоа со цел, истото да се остави зад себе, да се расчисти со тоа и да се продолжи мирно напред, без прозивки на минатото.

Методи слични на денешната лустрација се среќаваат по Втората светска војна, по падот на фашизмот, а се применувале во некои европски земји - во Франција тоа е процесот на епуратион или очистување, во Италија е позната дефашизацијата, а во Германија -денацификацијата.

За време на паѓањето на европските комунистички земји, во периодот меѓу 1989-1991, терминот означува процес која го ограничува учеството и постапките на поранешните комунисти и посебно шпиуните, или како што нашиот народ милува да вели „кодошите“ , кои имале поврзаност со комунистичката тајна полиција.

Еден од процесите, кој им се препорача на сите поранешни социјалистички

земји, на патот кон Европска Унија, беше процесот на лустрација.

Лоши искуства од лустрацијатаЛустрацијата често е нарекувана и „лов на вештерки“, бидејќи „трага по грешките од минатото“. Ваквиот назив доаѓа, пред сè, поради повеќе лошите, отколку добрите искуства, кои земјите од Источна Европа ги имале во текот на спроведувањето на лустрацијата.

Станува збор за мошне чувствителен и контраверзен процес. Процес кој со себе носи позитивни, но и негативни последици. Затоа во јавноста има широка и голема дебата околу моралноста на овој процес, кој ги крши или не, човековите права.

Приврзаниците на процесот тврдат дека лустрацијата не е нешто што се однесува на секојдневниот живот на граѓаните, таа не е важна само за поединечни луѓе, туку е значајна за развитокот на целото општество. Според нив, таа е важна бидејќи ја спречува манипулацијата со минатото , а во случајот со балканските

Page 11: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

земји, токму таквата манипулација е честа појава во сите политички режими.

Опонентите на лустрацијата, тврдат дека луѓето не можат да бидат осудувани поради грешките кои ги сториле во минатото, грешки во кои тие биле цврсто убедени дека се вистинските постапки, живеејќи во едно поинкаво време, поинаков општествен систем и поинаква реалност.

Низ лустрација да се гради демократијата

Лустрацијата е, всушност, етичка категорија. Таа се однесува на утврдување на одговорноста за поддршка на репресивната политика, па од друга страна се наметнува прашањето, дали се имало избор да не се поддржи ваквиот вид на државно уредување и владеење.

Европските аналитичари, кои го изучуваат процесот на лустрација во Источна Европа, посочуваат за опасностите кои ги носи лустрацијата со себе.

Тина Розенберг, позната американска

теоретичарка и новинарка, ќе напише:

„...Поради тоа што лустрацијата ги крши човековите права и ги казнува луѓето, понекогаш и само затоа што нивните имиња се појавуваат во некои весници, кои можат, но и не мораат да бидат точни, верувам дека не е корисно низ лустрација да се гради демократијата. Лустрацијата го охрабрува настанокот на методи како што се политизација на самиот Закон, менталитет на правење црни списоци, етике тирање, чистки на политички противници, идеја дека оние кои мислат спротивно треба да се казнат“.

Сепак, Парламентарното собрание на Советот на Европа, на членовите на Резолуцијата број 1096 од 1996 година, им ја препорачува лустрацијата и предупредува дека, пропуштањето на овој процес може да доведе до повторно насилство.

Процесот на лустрација во Македонија

Во Република Македонија, како увертира за донесувањето Закон за лустрација

Page 12: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.88

беше донесувањето Закон за пристап до досиејата на тајната служба, објавен на 5 јули 2000 година, а предложен од тогашниот министер за внатрeшни работи, сега покојната Доста Димовска. Законот се применуваше од јули 2000 г. до јули 2001 г., односно во периодот кога РМ се наоѓаше во најголемата безбедносна криза и беше очекуван малиот интерес за овој процес.

Во декември 2006 година, по иницијатива на Стојан Андов, во собраниска процедура влегоа дополнителните услови за вршење на јавна функција. Условите се да не бил информатор, доушник или шпиун на тајнте служби од минатиот режим.

Политички лустраториКомисијата за верификација на фактите е формирана врз основа на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција, донесен од Собранието на Република Македонија на 29 јануари 2008 година,

со цел утврдување на исполнувањето на дополнителен услов за лице кандидат за носител или носител на јавна функција, за нивна несоработка со органите на државната безбедност и правните последици од таквата соработка. За утврдување на овој процес беше основана комисија.

Комисијата за верификација на фактите е избрана од Собранието на Република Македонија на 15 јануари 2009 година, а согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција, од 1 јуни 2009 година членовите функцијата ја вршат професионално.

При тоа дел од членовите беа предложени од власта, а дел од опозицијата.

Комисијата брои 11 члена, а претседателот и замениик претседателот ротационо се бираат секои шест месеци.Во моментов претседател на Комисијата

Page 13: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

е Томе Аџиев, а негов заменик е Агим Мехмети. Останатите членови на комисијата се Новица Велјановски, Шпенд Винца, Јанаќе Витановски, Благоја Гешоски, Чедомир Дамјановски, Даут Даути, Вецко Здравески, Ѓорѓи Малаковски и Марија Милошевска.

Комисијата ја следеа скандали, бојкоти, протести уште од првиот ден на нејзина работа. Со еден збор политичко собрание во мало. Од една страна се членовите предложени од опозицијата, од друга членовите од власта, а меѓу нив „битка“.А, да не ги споменеме и скандалите со криење на документи од страна на Аџиев, бојкотирањето на истиот поради наводиот притисок што го вршел итн.

Па, без разлика дали сте ЗА или ПРОТИВ лустрацијата, комисијата ја изгуби довербата за да го спроведува процесот.

Двосмислен процесЕксперитите тврдат дека процесот на лустрација во Македонија одамна требало да се случи, а дека не смее да се заборави ниту на рехабилитацијата на политичките затвореници.

Подржувачите сметаат дека крајно време беше, доста беше чекање. Многу невини луѓе пострадаа, имаше убиени, осакатени, луѓе останаа без своите семејства, без работата, беа понижувани. Повеќе од 1.100 луѓе од Македонија беа однесени само на Голи Оток, ниту виновни, ниту должни. А, тоа остави длабока рана во нашето општество.

Токму затоа, лустрацијата треба да заврши што побрзо, со целосно почитување на законските прописи, и покрај тоа што законот има повеќе неодговорени прашања, но тоа е друга тема.

Македонија започна да го следи примерот на многу поранешни комунистички држави, кои имаат донесено слични закони, со цел да се справат со неправдите од минатото, кои произлегуваат од

политички мотивирани судски постапки.

Но, таму секој оној за кој беше утврдено дека бил поранешен полициски соработник, беше обврзан да поднесе оставка на функцијата, а за возврат му се гарантираше анонимност.

Манипулација Процесот на „кодошење“ и „соработка со тајните служби“- секако не е доволно разјаснет и дефиниран. Имено во пораешниот режим, службите за државна безбедност имале клучна улога во заштитата на државата од секакви облици на загрозување, во буквална смисла на зборот. Па,обврска на сите граѓани била „задолжителна соработка полицијата”, вклучувајќи ги и службите за државна безбедност заради „заштита на државата“.

Прибирањето на иформации за поединечни луѓе е од витален интерес за државата и за националната безбедност (на полулегален и легален начин), а тоа и денес е основна цел и постулат во работата на службите за државна безбедност и полицијата, воопшто.

Но, поимот за доброволност на граѓаните за соработка со службата за безбедност и полицијата е релативна категорија. Таа денес добива на значење и важност, додека во поранешниот систем се поистоветувала со обврска, нешто што морало да се прави.

Друга работа е ако целта на субјектите на лустрацијата т.е. соработниците на службите за државна безбедност биле поврзани со стекнување определена имотна корист или погодности при вработување или напредување во кариерата.

Значи, една работа е да посочиш некого за виновен, затоа што обврската кон државата тоа ти го наложува (нешто што имало огромна важност во тогашното општество), во која со право или не – сте верувале, а друго е „кодошење“ и

Page 14: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.88

уништување на туѓи животи поради профит, пари, материјален и општествен напредок.

Точно е дека треба да се соочиме со минатото, точно е дека треба да ги

исчистиме грешките од истото. Но притоа треба да внимаваме да не направиме уште поголеми грешки коо негативно ќе се одразат по безбедноста и стабилноста на државата денеска и во иднина.

Елена Павлоска

Page 15: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

„Мисијата на чистење на општеството од злосторствата на Штази, е успшно завршена, иако има уште досиеа кои не се процесуирани. За тоа и нема потреба, бидејќи преостанатите досиеа се на личности кои биле ставени во околности да мораат да соработуваат со тајната полиција. Но, тие денеска немаат никакво влијание во општеството, кое би се базирало на нивната соработка со Штази“.

Ова го изјави Јоахим Гаук, раководителот на комисијата за лустрација на Германија, кој денеска е претседател на Германија.

Уништувањето на ШтазиПо падот на режимот во Источна Германаија (ДДР) структурите на тајната полиција Штази, се обидуваат да се адаптираат на новото време и да ја

задржат моќта и понатаму да влијаат во општеството.

Попречувањето на ваквите намери, е еден од поголемите предизвици пред владата на западна Германија предводена од Хелмут Кол во 1989 година. Оваа задача е една од главните точки во плановите во спроведувањето на процесот на обединување на двете тогашни Германии.

Главната задача на Владата на Хелмут Кол е да спречи уништување на досијета од моќните структури на тајната полиција, и можноста тие да се адаптираат на новата ситуација за да продолжат да имаат влијание во општеството. За да се исечат „корењата“ на структурите на Штази, да се оневозможи било

Da nau~ime od lustracijata vo Germanija

Page 16: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.88

какво нивно идно влијание, владата во Бон, дава наредба да се одземат сите материјални и финансиски ресусрси кои се во рацете на соработници на Штази, а кои непосредно пред распадот на режимот, се префрлени во приватни раце за повторно да бидат во функција на сопствена заштита преку разни форми на влијанија во општеството.

Поставената задача од Владата во Бон, не било тешко да се изврши, бидејќи постоела силна политичка волја и поддршка. Токму затоа, не се родија тајкуни во поранешниот ДДР, како што тоа се случи кај нас, полуписмени личности да поседуваат големи богатства стекнати на криминален начин. Зошто токму тие личности кои успеале да го приграбат така ефтино тоа што било претходно државна сопственост, е предмет и задача на лустрацијата.

Истиот феномен, транзициски богаташи,

познати под називот Тајкуни, изникнаа во Србија, Бугарија, Хрватска, Русија, нешто помалку и во Полска, Чешка, итн. Овие тајкуни ги финансираат и одржуваат во живот структурите на поранешните тајни полиции во дел од споменатите држави, кои пак се распоредени во полицијата, армијата, судството и другите државни органи. Така беше, и се уште е во поголем дел од државите од Балканот и Југоисточна Европа.

Човекот кој ја демонтира ШтазиНо не и во обединета Германија. Јоахим Гаук, сегашниот претседател на Германија, е човекот кој беше една деценија на чело на Комисјата за евиденцијата на Државната безбедносна служба на поранешна Источна Германија.

Првично, Гаук беше именуван на оваа сензибилна и значајна функција од тогашниот канцелар Хелмут Кол и

Page 17: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

претседателот Ричард вон Вајцекер, подоцна да биде и избран од Бундестагот, да го води процесот, познат кај нас под поимот лустрација.

Минатиот труд на ГаукЗошто токму Гаук? Причините се во неговото минато, минат труд исполнет со борба против режимиот во ДДР, и жртва на истиот. Тој е роден во 1940 година во Росток, Источна Германија, родителите му биле образовани личности. Наскоро по завршувањето на Втората светска војна, во 1951 година, пред неговите очи, двајца агенти на тајната полиција, го киднапираат татко му. Причината, антисоветска активност и шпионирање. Подоцна татко му е осуден и протеран во логор за принудна работа во Сибир.

Тоа бил тежок период за Гаук, неговата мајка, и двете сестри, бидејќи

се етикетирани како семејство на затвореник и непријател на режимот. Мајка му одвај да можела да најде работа за да го прехрани семејството. Прва и голема желба на Гаук му била да студира новинарство. Сепак тоа за него останува само сон, бидејќи како син на непријател на режимот, вратите на факултетите му се затворени.

„Во комунизмот така беше, некој може да студира медицина, ако неговите родители, се лекари. Можете да студирате право, ако фамилијата од која потекнувате, е лојална на режимот“. Ова го изјавува Гаук од деведесетите години на минатиот век.

Затоа на Гаук му преостанува да студира теологија. Теологијата не му била предизвик за да стане свештеник, туку се посветил на филозофија, чиј предмет на

Page 18: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.88

изучување и цел била да се спротивстави на марксизмот и ленинизмот во нивното негирање на религијата.

Во периодот на комунистичката диктатура во Источна Германија, интелектуално прибежиште за голем дел од младите личности, кои биле во немилост на режимот поради нивните ставови и борба за демократија и слобода, им биле студиите по теолгија.

Револуционерот Јоахим ГаукВо 1989 година Гаук ги предводи демонстрациите против режимот во ДДР. Паролата гласи: „Ние сме народот“. На плоштадите се собираат граѓаните, нивната бројка постојано расте. Токму Гаук ги води црковните миси во црквите, кои, истотака се претвораат во упоришта против режимот. По падот на режимот, Гаук застанува на чело на комитетот, кој ги презема под своја контрола објектите на тајната полиција. Тој е избран и во привремените органи кои ја преземаат власта. Подоцна, по обединувањето, на првите парламентрани избори, избран е за пратеник во Бундестагот. Поднесува оставка од пратеничката функција наскоро по е изброт за шеф на Комисијата задолжена за обелоденување на злосторствата на Штази, за кои сведочат илјадниците тајни досиеа.

Во една зграда, која во времето на ДДР важела за конспиративно место и била користена од Штази, на улицата Лајпцишка во Берлин, започна прочиствувањето на општеството од идеолошкото минато, во сега веќе поранешниот ДДР.

Во деновите на распадот на режимот во ДДР, челниците на Штази, успеале да уништат дел од досиета, но сепак тоа не ги спасило. Гаук предлага дел од соработниците на Штази, кои поседуваат

информации и се упатени во тајните на методите и вештините со кои се служел Штази, да ги преземе во комисијата и да бидат ставени во функција на откривање на директните наредбодавци на злосторствата.

Предлогот бил прифатен и тој станал дел од законот. За успешно спроведување на процесот на лустрација, на комисијата и се ставени на располагање искусни правници, безусловна подршка од Сојузното министерство за внатрешни работи, обезбедена е со потребните материјални ресурси.

Лустрација на наредбодавците

Во текот на спроведувањето на лустрацијата и во Германаија се воделе бурни и емотивни дискусии во Бундестагот, медиумите и јавноста. Но обезбедените услови за работа на Комисијата гарантирани со закон, овозможуваат процесот на лустрација да биде отпорен на било какви политички влијанија. По поминати два мандати на чело на комисијата, Гаук изјавува дека мисијата на чистење на општеството од злосторствата, е успешно завршена, иако има уште досиеа кои не се процесуирани.

Според него, и нема потреба, бидејќи преостанатите досиеа се однесуваат на личности кои биле ставени во околности да мораат да соработуваат со тајната полиција. Но, тие денеска немаат никакво влијание во општеството, кое би се базирало на нивната соработка со Штази.

Главната задача на комисијата била лустрација на наредбодавците на извршените злосторства. А таа задача била успешно завршена. Во 2000 година завршува вториот мандат на Гаук на чело на комисијата и тој е еден од

Page 19: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

најпочитуваните личности во Германија. Тој и понатаму продолжува да се бори за демократија и правата на граѓаните.

Годинава тој е избран за претседател на Германија со подршка од владејачката и главната опозициска

Социјалдемократската партија. Крајната левица, поранешните комунисти, не го подржаа Гаук. Тој факт за Гаук беше уште еден доказ за неговата успешно завршена мисија да се заштити општеството од структурите на Штази, на што тој беше многу горд.

М-р Митко Јованов

Page 20: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.88

Додека светот ужива во спортскиот настан од највисок ранг, Македонија создава нова олимписка дисциплина – лустрација на 100 метри, без пречки.

Ударна медиумска вест деновиве е онлјн објавувањето на новите 12-мина соработници на тајните служби (познатите „кодоши“), обелоденети минатиот петок од страна на Комисијата за верификација на фактите. Сепак, и покрај „неопходноста“ за ваквиот акт, се чини дека меѓу граѓаните ловот на вештерки наидува на поголема рамнодушност од очекуваната.

Иако немаат цврсти докази, голем дел од граѓаните веруваат дека самиот лустрациски процес е алатка за да се

убијат две муви со еден удар – да и се покаже на Европа дека земјата ги превзема потребните чекори за влез во големото семејство, и истовремено, на „легитимен“ начин да се отстранат политичките неистомисленици.

На последниот список од Комисијата за верификација на фактите се најдоа лица кои извршувале високи јавни функции – поранешен претседател на Уставен суд, професори, поранешни директори, поранешен пратеник во Собранието на РМ, висок полициски функционер и новинари. Дали оваа звучност е случајна, или е намерно избрана, за да се создаде впечаток дека се ловат „крупните риби“ кои „заработиле“ работејќи против интересите на државата?

Lustracija za manipulacija

Page 21: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

Друг момент кој е на тапет во целиот овој хаос, е јавноста или т.н. транспарентност на лустративниот процес. На веб страната на Комисијата за верификација на фактите „кодошите“ не се објавени само со име и презиме, туку јавно достапни се нивните таткови имиња, нивните матични броеви и детално се наведени нивните активности од кои е изведен заклучокот дека соработувале со тајните служби против државните интереси, со што директно се загрозува идентитетот и на други лица освен лустрираните.

Иако низ документите може да се види цензурата на дел од податоците, описите во нив се толку очигледни, што црните полиња изгледаат како залудно потрошено време. Само за пример, во документот за Сејфредин Назми Харуни, меѓу останатите редови, стои:

„...Изворот во разговор со лицето ЦЕНЗУРА, слаткар од с.Градец, гостиварско, е информиран дека лицето ЦЕНЗУРА, сега лекар од с. Градец во 1973 година, додека бил како студент во Загреб заедно со една поголема група

студенти во која имало студенти од САК Косово и СР Хрватска, биле во посета на НР Албанија...“

И сега, бидејќи с.Градец е милионско населено место, во кое тој период имало стотици лекари и илјадници слаткари, постарото локално население нема да има поим за кој станува збор во документот, нели?

Сепак, и покрај големата критика од сите страни, оправдувањето е на место – законот предвидува јавно обелоденување. Законот не е стар колку и државата, најновиот закон е донесен пред неколку месеци. Дали тоа е само олицетворение за семоќноста на одредени струи на македонската политичка сцена, кои ја применуваат античката максима – ако законот не ти ја потврдува теоријата, смени го законот?!

Се чудам, дали некому ќе му никнеа рогови ако постапката се водеше далеку од јавноста и медиумите, исто легално и легитимно, без да се крева непотребна прашина околу тоа? Или пак, кога веќе

Page 22: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.88

е јавно, да им се дадеше шанса да ја изнесат и својата страна од приказната, и тоа пред суд?

Форсирањето на веста за лустрацијата многу потсеќа на агресивните предизборни кампањи на нашево тло. И овој пат толпата се обидува сугестивно да се хипнотизира и да се креира посакуваното јавно мислење.

„Транспарентноста“ во овој случај служи за дискретно да ја пренесе пораката: „Се бараат предавниците кои и наштетиле на нашата земја. Ние ги најдовме и им пресудивме. Вие СО СВОЈ РАЗУМ одлучете дали сме во право.“ Ете го манипулативниот елемент дека ова е демократија, и дека нели,сепак народот (кој е секогаш разумен и никогаш не потпаѓа под туѓо влијание) го има

последниот збор.

А на народот, само уште тоа му фалеше. Најнакрај, покрај константното отежнување на живеачката поради редовните поскапувања, постојаната потрага по работа и неизвесноста дали утре ќе биде полошо, кому му е грижа кој соработувал, а кој не, со тајните служби на претходниот систем?

Како да ако не се направеше тоа, Македонија немаше да може мирно да спие, ниту пак да сонува за идните споменици на плоштадот во Скопје... Ама тоа е, мора да им се најде нова предизборна занимација на граѓаните, турските серии и предизборните препукувања стануваат досадни и монотони!

Славица Ѓоргиева

Page 23: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

Repriza na terorot od komunizmot

Секојдневно се зборува за лустрацијата, медиумите постојано одекнуваат со нови информации, со нови имиња кои соработувале со државните служби.

Овие имиња се обвинуваат, им се прилепуваат етикети на предавници, на шпиони, но никој не се распрашал колку има вистинитост во целата приказна?

Постојано се зборува за лошиот начин на работа на комисијата, за лошите начини на кои се одлучува за обележувањето на некој како кодош, за немањето на еден шаблон или конструкција која би важела за сите и по која ќе се одредува кој е кодош, а кој не. И кога ќе слушнеме за хаосот кој влијае во таа комисија, која работи на сличен начин како кодошите во минатото, зборува за некого, го оцрнува пред јавноста не давајќи му можност за да се одбрани и рушејќи му ја приватноста со шпекулации, мораме да се запрашаме кој овде е вистинскиот кодош?

Дали е уставно да се нарушува приватноста на некого, да се деградира некој и јавно да се омаловажува без затворена постапка, без можност да се докажe неговата вина, првенствено пред

комисијата, а потоа пред јавноста?

Зошто познати личност во јавноста се ставаат на мета, се става под знак прашалник сé што постигнале и сé што имаат и се припишува единствено на нивните кодошки способности, на нивната, така наречена, соработка со државните служби?

Сите ние сме заинтересирани да се најдат вистинските виновници, оние кои бесправно уништиле цели семејства, оние кои успеале без никаква грижа на совеста да испратат повеќе од 1 100 Македонци на Голи Оток, но никој од нас не сака, сега во 21 век, да се обележуваат некои луѓе неосновано.

Сите сакаме да се покажат и казнат оние кои допринеле за прераната смрт на генијалните Ристо Шишков и Живко Чинго и кои ја осакатиле македонската уметност за многу дела кои можеби ќе биле создадени. Но, казната треба да се изврши на вистинскиот начин. Бараме да се откријат и лустрираат наредбодавците, а не извршителите кои можеби биле ставени во позиција да мораат да ги прифатат наредбите од шефовите на тогашната државна

Page 24: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.88

безбедност.

Бидејќи секаде постои правилото дека секој е невин сé додека не се докаже спротивното, а дали некој на овие луѓе им даде можност да докажат било што, да приложат некои докази. Не! Нивните имиња беа веднаш пласирани во јавноста и сега колкава и да е нивната невиност, тие, сепак, ќе живеат на некој

начин извалкано и сите погледи кон нив ќе бидат исполнети со недоверба и сомнеж.

Затоа што и „кодошите“ ,чии имиња се наоѓаат на листата објавена од страна на комисијата за лустрација, имаат семејства и тие сега го проживуваат теророт на комунистичкото време.

Наташа Димеска

Page 25: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

Makedonskite lustratori

Минатиот труд и капацитетот на македонските лустратори можете сами да ги оцените од нивнмите биографии кои ви ги приложуваме во продолжение на текстот.

Истотака оставаме на вас да донесите суд дали овие личности со минатиот труд што го имаат зад себе, се дораснати да се справат успешно со спроведување на процесот на лустрацијата, како и од нивните постапки и делувања од како стапија на должноста.

Можеби требало прво македонските лустратори да бидат лустрирани со оглед на тоа што најголем дел од нив кариерите ги направиле во минатиот комунистички систем и тоа на високи функции со големи државни привилегии. Притоа кај секој објективен граѓанин се наметнува дилемата како може тие да биле на државни функции во комунистичкиот период а притоа да немале доприни точки на соработка со државните служби за безбедност, кога тоа во тој период ниту теоретски не било возможно.

Разгледајте ги биографиите на македонските лустратори и воедно прочитајте го текстот со наслов: Да научиме од лустрацијата во Германија, во кој е содржана и биографијата на Јоахим Гаук, човекот кој го спроведувал процесот на лустрација во источна Германија, а кој денеска е претседател на Германија.

Комисијата за верификација на фактите брои 11 члена, а претседателот и заменик претседателот ротационо се бираат секои шест месеци. Но, досега и покрај тоа што одамна е истечен мандаот на сегашниот претседател Томе Аџиев и неговиот заменик, сепак тој и натаму ја врши функцијата, негов заменик е Агим Мехмети. Останатите членови на комисијата се Новица Велјановски, Шпенд Винца, Јанаќе Витановски, Благоја Гешоски, Чедомир Дамјановски, Даут Даути, Вецко Здравески, Ѓорѓи Малаковски и Марија Милошевска.

Следува биографија на сите членови на комисијата, за да подобро ги запознаете и ја утврдите нивната компетентност.

Page 26: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.88

Томе Аџиев

Томе Аџиев е роден на 13.05.1953 година, во Битола. Средно образование стекнал во Гимназија „Јосип Броз Тито”- Битола, каде што матурирал во 1973 год., а со високо oбразование се здобил на Правниот Факултет при универзитетот „Св.Климет Охридски” во Битола. Неговото официјално звање е дипломиран Правник (од 1982 год.)

Работно искуство:- Од 1984 год. до 1995 год. во Основен Суд -Битола;- Од 1995 год. до 2009 год. работи како адвокат;

Професионални делувања (според неговата официјална биографија):

- Работи како приправник и стручен соработник;- Професионално се занимава со сите области од правото без исклучок, а најмногу време има посветено на казненото и граѓанското право;

Исто така, член е на повеќе здруженија на граѓани, а особено е активен во спортски здруженија, здруженија кои се залагаат за подобрување на човековите права и слободи и хуманитарни здруженија.

Томе Аџиев е актуелниот претседател на комисијата, но неговиот мандат е проследен со низа на скандали, па и бојкоти од страна на останатите членови на комисијата.

Новица Велјановски

Вељановски е најстариот, а воедно и најискусниот член на комисијата. Роден е во 1939 година во селото Ржаново, Струга, но поголемиот дел од својот живот го поминува во Скопје.

Средно образование завршил во

Учителска школа во Битола, која ја завршил во 1958 година, а со високо образование се стекнал на Правниот Факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, Скопје. Тој поседува повеќе стручни и професионални звања, меѓу кои дипломиран правник од 1969 година,

Page 27: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

доктор на правно историски науки од 1980 година,Виш Научен Соработник од 1984 година, Научен Советник од 1989 година, редовен професор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” Скопје од 1999 година.

Работното искуство му се состои од просветна дејност во повеќе училишта за основно образование, а бил и соработник во Институт за Национална Историја од 1972 година до пензионирањето во 2002 година.

Проф. д-р Новица Велјановски со научна работа се занимава веќе педесетина години. Првите негови прилози се објавени во 1967 година. За овој период тој објавил над 300 научни трудови во вид на монографии, студии, статии, документи и слично. Како самостоен автор е на десетина монографски трудови, во кои се обработувани разни научни проблеми од нашето историско минато.

Негова преокупација била државноправната историја на македонскиот народ, односно конституирањето и развојот на македонската државност, но проучувал и други прашања од поблиското и подалечното минато на Македонија и историјата на македонскиот и другите народи и национални заедници кои живеат во Македонија. Има истражувано во повеќе земји во Европа, САД и во републиките од поранешната СФР Југославија.

Во два мандата бил член на Редакцијата на Гласникот на ИНИ, а бил главен уредник на истиот. Бил вклучен во работата на Проектот Повеќетомна историја на македонскиот народ. Навреме ги завршил сите научни проекти кои му биле доверени. Во негова редакција како претседател (главен редактор) на Редакцијата на Повеќетомната историја Институтот за национална историја го објави до сега најголемиот проект - петте

Page 28: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

28 BR.88

тома од Историјата на македонскиот народ кои излегоа од печат од 1998 до 2002 година.

На Петтиот том бил редактор и коавтор. Исто така е еден од авторита на Историјата на Македонскиот народ скратено издание, кое излезе од печат во 2008 година, во редакција на д-р Тодор Чепреганов, а по повод 60 годишнината на Институитот за национална историја на македонски и на англиски јазик.

Автор е на делот за НОБ во Македонија 1941-1945 и на делот на повоениот период 1945-1991 година, односно до осамостојувањето на Р. Македонија. Во проектот „Македонски историски речник” бил член на редакцијата, односно, уредник на делот „Македонија по 1944 година“, а како директор на Институтот го водел целиот проект.

Учествувал на стотина научни собири и научни конференции во земјата и во странство.

За својата научна работа е добитник на повеќе општествени признанија и награди. Во 1994 година ја добил наградата за наука на град Скопје „13

ноември”, во 1995 наградата за наука „Гоце Делчев“ и во 1996 наградата за наука од фондацијата „Михајло и Цвета Апостолски”.

Од 5 декември 1995 година до 5 декември 2001 година бил директор на Институтот за национална историја и како што е спомнато, во неговиот мандат биле објавени „Македонскиот историски речник”, „Петтомната историја на македонскиот народ“ и биле отворени последипломските студии на Институтот.

Од 1 октомври 1999 година, предавал Национална историја на македонскиот народ на Педагошкиот факултет во Скопје, а од 1 октомври 2002 година, предметот Архивско законодавство на Институтот за историја-група историја и архивистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. “Кирил и Методиј” во Скопје. По покана предавал на Карловиот универзитет во Прага како визитинг професор и на Универзитетот „Франтишек Палацки” во Оломоуц, Чешка Република, како и на Универзитетот во Љубљана, Р. Словенија.

Тој има голем број и на објавени трудови.

Шпенд Винца

Винца е роден 18.08.1958 година во село Велешта, Струга. Средно образование завршил во гимназијата во Струга, а високо oбразование стекнал на Косовскиот универзитет во Приштина, каде дипломирал на отсекот за филозофија и социологија во 1981-та година.

Работно искуство:

- Работел во НИГП Рилиндија во Приштина во неделникот „Зери”(1983-1994)

- Во Македонското Радио и Телевизија (програма на албански јазик)(1995-2009)

Тој е новинар и уредник, раководител на политичкиот неделник „Зери” за изданието за Европа и Швајцарија. Работи како новинар и дописник од Струга и Охрид.

Соработувал со многу весници и магазини, кои се издаваат во Македонија, Косово, Албанија, Хрватска како и со изданијата

Page 29: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

29

на албанската дијаспора.

Во својата новинарска работа посебно се ангажирал за сферата на правата и слободите, за што има посетено и повеќе курсеви. За својата досегашна работа

има добиено повеќе награди и пофалби. Од својата досегашна навинарска работа ја има подготвено книгата со интервјуа, репортажи, реакции и натписи „Трагови на едно време”, која чека за издавање.

Јанаќе Витановски

Јанаќе Витановски е роден 11.05.1955 во Скопје, но живее во Неготино. Средно oбразование завршил во гимназијата во Неготино, а високо oбразование стекнал на Правниот Факултет при „Св.Кирил и Методиј”-Скопје. Се здобил со звање дипломиран правник.

Работно искуство:

- Работел во Фабрика за градежни материјали „8-ми Ноември“; - Извршен совет на Општина Неготино ;

- Здружение на возачи - Неготино;

Page 30: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

30 BR.88

- Општина Неготино;

- Собрание на Р.Македонија;

Учествувал на многубројни меѓународни и домашни конференции, форуми и семинари.

Благоја ГешоскиБлагоја Гешкоски е роден на 10.07.1972 година, во Прилеп, каде што и живее. Средно образование завршил во ЕМУЦ „Ристе Ристески Ричко” во Прилеп, високо oбразование стекнал на Дефектолошкиот Факултет - Белград, Р.Србија и при Институт за дефектологија на филозофскиот факултет „Св.Кирил и Методиј” – Скопје.

Тој се здобил со звањето: дипломиран дефектолог и магистер по дефектологија.

Работното искуство му опфаќа работа во приватна фирма во која е сопственик, а

исто така, во периодот од 2002 до 2007 година е пратеник во Собранието, после тоа работи во Општина Кривогаштаникако соработник.

Активно е вклучен во проблематката околу правата на лица со инвалидитет, објавил неколку научни трудови, учествувал на меѓународни и домашни дефектолошки научни собири. Учествувал на меѓународни семинари, обуки од областа на одбраната и безбедноста, како и цивилна контрола на тајните безбедносни служби.

Чедомир Дамјановски

Дамјановски е роден на 30 април 1956 година во Скопје. Средно образование завршил во 1974 година во Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“- Скопје, а високо образование во 1981 година, кога станал дипломиран правник, завршувајќи го Правниот Факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ од

Скопје.

Од 1984 до 2009 г. тој работи во Собранието на Република Македонија.

Професионални делувања: - Стручен соработник во Комисија за прашања на изборите и именувања,

Page 31: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

31

Комисија за уставни прашања;- Секретар на Комисија за екологија, млади и спорт;- Советник во Кабинет на претседателот на Собранието (во областа на правото);- Раководител на одделение во Кабинетот на претседателот на Собрание;

Други активности: - Три месечен стаж во Совет на Европа – Стразбур;- Претседател на дисциплинска комисија во Ракометна федерација на РМ;

Даут Даути

Даут Даути е роден на 31.03.1961 година во село Бојане, Скопје. Средно oбразование завршил во Гимназија „Зеф Луш Марку“ во Скопје, а високо oбразование стекнал при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје на Факултетот за интердисциплинарни

студии по новинарство. Се здобил со звањето дипломиран новинар од 1987 година.

Работно искуство:- Весник „Флака е велазеримит” , подоцна „Флака” (1998-2004);

Page 32: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

32 BR.88

-„Инфоцентар” (2005-2007);- Медиски центар за мултикултура „Толеранција” - Проект координатор (2008);

Тој е новинар, уредник и главен уредник од 1998 до 2004 година. Аналитичар за мониторирање на медиуми во месечната публикација „Медиумско огледало”. Бил диписник на Радио Дојче Веле во редакцијата на емисиите на албански јазик. Соработувал со многу домашни и странски весници, списанија и други публикации: „War and peace report”, „Transition”, IWPR, „Мултиетнички форум” и други. Во 1998 година беше прогласен за најдобар новинар на годината на весникот „Флака е велазеримит” („Fla-ka e vëllazërimit”) за известувањето од политичко-безбедносната криза во Албанија во 1997 година.

Во 2002 година ја доби највисоката

новинарска награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за објавените колумни „Преку црвената линија“ во весникот „Дневник”.

Тој е тренер за млади новинари во школата по новинарство при Македонскиот институт за медиуми „МИМ”. Тој е раководител на Медиски центар за мултикултура „Толеранција“, Скопје.

Бил член на Бордот на Хелсиншки комитет за човекови права во Македонија. Бил член на Советот за заштита на човековите слободи и права (со седиште во Гостивар). Бил член на Хелсиншки комитет на граѓаните во Македонија.

Автор е на литературни (проза и поезија) и публицистички дела, а и добитник на литературни награди за проза и поезија на литературните конкурси.

Вецко Здравески

Вецко Здравески е роден на 20.08.1973 година, во Кичево. Тој е дипломиран политиколог и магистрант на Меѓународни политички односи и сигурност при СУ Св. „Климент Охридски“.

Работно искуство :- 1994 – 1998 година во ЕЛС - Општина Кичево;- 1998 - 2000 година во Радио Кичево;

Page 33: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

33

- 2007 - 2009 година во Министерство за локална самоуправа;

Има учествувано на различни семинари, конференции,курсеви и форуми во

Македонија и надвор од неа. Има членувано и работено во повеќе Здруженија на граѓани од областа на културата , спортот и други здруженија.

Ѓорѓи Малаковски

Не постои официјална биографија за овој историчар на официјалната страна на Комисијата за верификација на фактите, но на сите нам ни е познат како еден од авторите на контраверзната Македонска енциклопоедија, која предизвика голем

револт кај албанската етничка група.

Поради оваа причина неговото учество во комисијата беше негирано и оспорувано од албанскиот политички блок.

Агим Мехмети

Исто така, не постои официјална биографија ни за овој член на

лустрциската комисија на официјалниот сајт. Овој новинар од Скопје беше

Page 34: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

34 BR.88

педложен за прв претседател на комисијата од опозициската ДПА, а

денеска е заменик на претседателот на Комисијата.

Марија Милошевска

Марија Милошевска е родена во 1950-та година во Скопје. Средно образование завршила во гимназија во 1968-та, а високо oбразование стекнала при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”-Скопје. Таа е дипломиран професор по историја на книжевноста.

Работно искуство:

- Средното медицинско училиште, Д-р Панче Караѓозов во Скопје (1972-1973);- Архив на Македонската Академија на Науките и Уметностите ( 1974-1998);- Министерството за одбрана (1998-1999);- Министерството за образование и наука (1999-2002) за мултулатерална соработка со меѓународните организации: НАТО, ОХЦХР, УНЕСКО, ЕУ, ОБСЕ, ОДИХР, СТО;- НАТО научна програма;- Член на Комитетот за зачленување на РМ во НАТО (2000-2006);

Професионални делувања:

- Професор по математика;- Архивист истражувач;- Помошник министер за меѓународна соработка;- Советник на министерот за образование;- Раководител на одделение Наука за мир;- Раководител на Одделение за мир и правата на децата на сите етнички заедници (2002-2009);- Национален претставник на Светската федерација за наука (2001-2009);- Национален претставник во ОХЦХР на ООН и УНЕСКО за Светската програма за Образование за човекови права, мир, толеранција, мултикултурна кохезија и недискриминација (2004-2009);- Лице за контакт на Меѓународната конференција за образование на УНЕСКО (2004-2008);- Член на мешовитата Ад Хок (Ad Hoc) група на РМ за спроведување на Декадата за образование за човекови права на ООН (2003-2004);- Член на Владиното меѓуресорско тело за човекови права (2006-2009);

Page 35: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

35

Таа има завршено специјализација во Париз, Франција (1982-1983) како стипендист на Француската Влада. Се занимава со истражување, анализа и примена на универзалната декларација

за човекови права и слободи и правата на малцинствата. Работи и со примена на резолуциите на Советот на Европа во доменот на човековите права и слободи и правата на малцинствата.

Подготви: Елена ПавловскаИзвор: kvf.org.mk

Page 36: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA10 Avgust 2012

36

Page 37: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

37

Intervju so premierot na Italija - Mario Monti

Европа мора да ја врати заемната доверба

Во интервју за магазинот „Spiegel“, италијанскиот премиер Марио Монти вели дека Европа покажува знаци на „психолошко расформирање” во должничката криза и дека лидерите прават премалку за да ја спречат истата. Тој исто така предупредува дека владите не можат да си дозволат да станат „целосно обврзани” спрема парламентот во одлуките за политиките да се зачува еврото.

Г-не премиер, еврото уште еднаш се најде под притисок и гласините кои што зборуваат за можен расцеп на општата зона на валутата стануваат се посилни. Дали сосема се откажавте од планот да имате летен одмор?

Имам само шест дена и се надевам дека и тие нема да исчезнат. Сепак, прилично сум рамнодушен кога станува збор за

летото. Како и да е, секако, постои ризик кога е во прашање Грција...

...бидејќи се чини дека банкротот е неизбежен...

...но по долгиот период на подготовки, постигнавме главно добри резултати на неодамнешниот самит на ЕУ на крајот од јуни – одлуки кои би требало да им дадат претстава на пазарите за тоа

Page 38: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

38 BR.88

Evropska Unijaколку е солидна евро-зоната.

Но тие не помогнаа да се намали притисокот врз Италија и Шпанија. Минатата седмица, шефот на Европската Централна Банка, Марио Драги, изјави дека ЕЦБ е подготвена, веројатно заедно со европските фондови за финансиска помош, да купат државни обврзници од должничките земји-членки, но само во некое неодредено време во иднина. Дали сте разочарани од неодлучноста на банките?

Единствено што можам е да го прифатам ставот на ЕЦБ дека пазарот за државни обврзници во евро-зоната претрпува период на „тешко неисправно работење”. Вистинa е и тоа дека некои земји се соочуваат со исклучително високи трoшоци финансирајќи го својот долг. Токму тоа го кажував некое време.

Само по себе е очигледно дека банките се повлекуваат назад кон нивните национални граници, така што им ја отежнуваат состојбата на оние земји кои што страдаат од недоверба во пазарот. Овие проблеми мора да се решат брзо така што не би имало понатамошна неизвесност што се однесува до способноста на евро-зоната да и се спротивстави на кризата.

Нели мислите дека решението претставено од ЕЦБ го намалува притисокот врз погодените земји да ги расчистат нивните државни финансии?

Не, доколку ги прочитате барањата на европските фондови за финансиски откуп, или дури и изјавата на ЕЦБ од минатиот четврток, мора да признаете дека таквите грижи се неосновани. Тоа е токму таква недоверба, што не спречи

да тргнеме по вистинската патека кон решението. Мора брзо да го надминеме тоа и повторно да почнеме да си веруваме едни на други.

Постои ли некаква причина за да направиме така?

Мислам дека постои. Актуелната влада на Италија осигура брзо намалување на дефицитот во буџетот, помина низ структурни реформи и го зголеми потенцијалот на развој. И покрај големите жртви, Италијанците го прифатија овој правец на дејствување.

Во Германија преовладува значаен скептицизам за набавката на државни обврзници од страна на ЕЦБ. Нели размислувате дека оние кои ја финансираат банката се загрижени за прифаќањето на неограничени гаранции за подмирување на долговите?

Одлуките со кои се соочува Германија во моментов не се лесни и ги разбирам тешкотиите со кои германските политичари се судруваат. За да останат во функција со општата валута, сите земји треба да спроведат реформи и да ги скројат нивните буџети на начин што нема да претставува товар за останатите. Поради тоа прогресот кој што беше постигнат е толку многу важен за да ја гарантира буџетарната дисциплина – како што, на пример, се случи со фискалниот договор.

Тоа се уште некако не е од голема помош за еврото.

Сите ние направивме грешки, дури и со формирањето на еврото, дури и во една рана фаза кога Франција и Германија во 2002 и 2003 ги прекршија правилата наметнати од Договорот за стабилност и

Page 39: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

39

развој и станаа лоши примери за другите. Сега мораме да создадеме поодговорен сојуз на валутата.

Токму поради тоа беше побарано од вас да ја превземете лидерската улога во Италија. Најпосле, Рим е еден клучен играч во Европа.

Неколку години, ние очигледно и не игравме главна улога. Сметам дека е сосема нормално што третата најголема економија во евро-зоната сега стана многу поактивна кога станува збор за постигнување консензус за одлуки кои ја чекаат Унијата.

Вашиот состанок со францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Мариано Рахој минатата недела пројави загриженост дека јужната алијанса беше создадена за подобро да се

спротивстави на барањата кои доаѓаа од северот.

Меѓу двата состаноци, бев исто така и во Финска. Од сите три земји, најмногу време поминав таму. Во случајов, не станува збор за север или југ, туку се работи за валутата која што ја употребуваат 330 милиони Европејци. Колку посплотено дејствуваме, толку побргу ќе ја најдеме насоката назад кон безбедната патека, со помалку трошоци за сите нас. Токму сега, зборував на телефон со канцеларката Ангела Меркел, која ме покани во Берлин кон крајот на август.

Како и да е, во глобала изгледа дека односите меѓу Италијанците и Германците се некако матни. Многумина се жалат за германската нефлексибилност и ароганција. Како ја објаснувате оваа атмосфера?

Page 40: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

40 BR.88

Evropska UnijaТоа беше навистина вознемирувачко за мене во изминативе месеци и јас и кажав на канцеларката Меркел за огорченоста која расте тука во парламентот – спрема ЕУ, спрема еврото, кон Германците и понекогаш и кон самата канцеларка. Тоа, сепак, е проблем кој што не ги опфаќа само Германија и Италија.

Тензиите кои што ја пратеа евро-зоната во последните години покажуваат знаци на психолошко расформирање во Европа. Мора да работиме напорно за да ставиме крај на тоа. Ако ја споредиме Европа со катедрала, во тој случај еврото би било нејзината најсовршена купола до овој момент.

Таква каква што, за жал, стравуваме дека еден ден би можела да се сруши.

Доколку еврото стане факторот за разнишување на Европа, тогаш фондацијата за европскиот проект е уништена. Затоа, должноста од најголема важност на националните лидери е да му ја објаснат на својот народ вистинската ситуација на Европа и да не се предадат на старите предрасуди.

Дали верувате дека овој проблем се уште е возможно да се реши?

Да, и во тој поглед има борбена линија меѓу Северот и Југот, постојат заеднички предрасуди. Ова е многу вознемирувачко и мора да се бориме против тоа.

Сигурен сум дека на повеќето Германци инстинктивно им се допаѓа Италија, исто како што Италијанците им се восхитуваат на Германците за нивните квалитети. Но исто така имам впечаток дека мнозинството Германци на некој начин веруваат дека Италија веќе примила финансиска помош од Германија или

Европската Унија, што едноставно не е случај. Ниту едно евро.

Како би му објасниле на сопственик на мал бизнис во Германија, кој што веќе е одговорен за разновидни откупни пакети со неговите/нејзините пари од данокот, дека таа личност, индиректно преку Европската Централна Банка, треба да овозможи гаранции за реструктуирањето на банка која банкротирала во Сиена?

Би се обидел да и објаснам на таа личност дека реалноста понекогаш изгледа сосема различно со нечија перцепција за одредена работа. Реалноста е, имено, исто така, дека Италија, во поглед на нејзината економска големина повеќе или помалку го овозможи истиот процент на помош за Грција, Ирска, Португалија и до скоро шпанскиот банкарски сектор. Но исто така погледнете ги и чистите придобивки од оваа помош.

Мислите дека таа помош на задолжените држави исто така и оди во прилог и на Германија?

Она што Германија и Франција го направија за спасот на Грција во голема мера им помогна на германските и француските банки, кои долго време беа главни кредитори на Грција и грчките банки. Сепак, тоа всушност не се однесува на Италија воопшто.

Гледано на овој начин, Италија не само што не примила никаква помош, туку ние дадовме и повеќе од Франција и Германија ако го земеме во предвид чистиот доход. Оваа година нашиот национален долг ќе достигне до 123.4% од нашиот бруто домашен производ. Без исплаќањето на помошта, тој би бил 120.3%. Би му го објаснил ова на

Page 41: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

41

германски бизнисмен.

И мислите дека тоа ќе помине кај германскиот бизнисмен?

Исто така ќе му објаснам дека Германија профитира од фактот дека државните обврзници во Федерална Република Германија се толку евтини и дека понекогаш можат да се издаваат со негативни каматни стапки. Тоа е поради ризикот од евро-колапс што ја прави огромна разликата меѓу каматните стапки на Италија и тие на Германија.

На овој начин, високите каматни стапки што Италија сега треба да ги плати ги субвенционираат ниските каматни стапки што ги плаќа Германија. Без овој ризик, Германија би плаќала на некој начин повисоки каматни стапки. Згора на тоа, никој не може да порекне дека Германија, само поради тоа што е голема, толку продуктивна и успешна, е најголемиот корисник на заедничкиот

пазар.

Дали сте уверени дека распаѓањето на евро-зоната се уште може да се спречи?

Да, се уште е возможно, но тоа нема самото да падне од небо.

Меѓутоа, исто така нема изгледи дека проблемите ќе се решат со нивно понатамошно преплавување со пари. Тоа создава простор за дишење за неколку дена, но потоа притисокот на финансискиот пазар повторно ќе нарасне. Дали може да се избега од овој магичен круг?

Да.

Без постојано фрлање нови пари врз него?

Точно, тоа не може. Ќе помогне доколку се подобри комуникацијата што следи

Page 42: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

42 BR.88

Evropska Unija

по одлуките за евро-зоната.

Но проблемите овде се планините од долгови, а не прес-конференциите.

Но тука ги имаме овие грешки со нецелосно идентични информации кои се распространети, што води до нови турбуленции на пазарите. Сепак, многу посериозен е фактот дека има неколку земји – и тие се наоѓаат на север од Германија – кои секогаш кога ќе постигнеме консензус на Советот на Европа (тело на ЕУ кое што ги претставува лидерите на 27-те земји членки) два дена подоцна кажуваат работи кои што го ставаат во прашање овој консензус.

Мислите на Финците како и на останатите?

Разбирам дека мораат да покажат грижа кон нивниот парламент. Но на крајот на краиштата, секоја земја во Европската Унија има парламент како и уставен суд. И, се разбира, секоја влада треба

да се ориентира спрема одлуките кои се донесени од парламентот.

Но секоја влада има задача и да го едуцира својот парламент. Ако се придржував кон начелата на мојот парламент во потполно механички правец, тогаш немаше дури ни да бидам способен да се согласам со одлуките кои што беа постигнати на последниот самит на ЕУ во Брисел.

Зошто не?

На самитот ми беше доделена задачата да ги провнам еврообврзниците. Ако владите си дозволат себеси да се обврзат кон одлуките што нивните парламенти ги донесуваат без да ја заштитат својата слобода да дејствуваат, најверојатниот исход би бил расцеп на Европа, наместо силна интеграција.

Силвио Берлускони се фали дека го победил комунизмот во Италија. Како Вие сакате да останете запаметен од Италијанците и Европејците?

Page 43: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Evropska Unija

43

Доколку се оди според планот, ќе ја извршувам својата функција се до април 2013, и се надевам дека дотогаш ќе успеам да ја спасам Италија од финансиско уништување – и сето ова со морална помош од неколку европски пријатели, предводени од Германија. Но, јас повторно многу јасно ќе кажам: морална поддршка, не финансиска.

И, конечно, се надевам дека едноставно Италија ќе стане по малку здодевна за надворешните набљудувачи. Ако Германија и другите земји се заинтерсирани за да обезбедат иднина за актуелната политика на Италија, тогаш...

...тие треба да направат отстапки кон Италија?

Повторно, не со финансиска помош. Но тие треба исто така да дозволат и малку повеќе слобода на делување на оние држави во евро-зоната кои што ги следат најпрецизно европските упатства.

Вашиот однос со Ангела Меркел, која многумина ја сметаат за губитник на последниот самит, се враќа на цврсти темели?

Ние негуваме пријателски, срдечен однос. Се знаеме многу години и јас бев многу воодушевен од признанието што го добив од двајцата: од канцеларката и од министерот за финансии Волфганг Шојбле за прогресот направен во италијанската политика.

Пред неколку недели, кога вашиот претходник Силвио Берлускони рече дека и тој имал срдечен однос со канцеларката, таа брзо го негираше тоа.

Во тој случај може да се опуштиме и да чекаме дали претстои и друго негирање.

Господине премиер, Ви благодариме многу за ова интервју.

Превод: Соња ДимоскаИзвор: Spiegel Online International

Page 44: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

44

Ma~o-skoni se vra}a vo italijanskata politika

Силвио Берлускони ја имаше Италија во свои раце две декади пред персоналот и политичката криза да го натераат да се повлече. Противниците можеби го мразат, поддржувачите можеби го сакаат, но една работа станува се повозможна: мачо-кловнот се подготвува за политичко враќање.

„Повторно се искачувам во рингот”, вели Силвио Берлускони, тврдејќи дека сака да ја спаси партијата. „Без мене, тие ќе пропаднат.”

Изгледа дека и навистина неговата партија има пореба од него повеќе од било кога. Неговото „жртвување за Италија” – насилното откажување од функцијата во ноември – беше непотребно, вели тој. Под власта на неговиот наследник Марио Монти, „ништо се нема подобрено.”

Тој повеќе не зборува за напуштање на неговата „посрана држава,” како што ја нарече минатото лето. Се претпоставува дека нема друго решение и дека тој мора да се врати во политиката.

Затоа е на диета и џогира редовно за да се врати во форма. Работи на ново име за неговата партија која моментално е наречена „Народ на слободата”, и бара соработници во светот на политиката и бизнисот. Како што вели, планира да изгради „галаксија од нови централно-десничари”. Луѓето во Италија го сфаќаат сериозно.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, на 75-години повторно ја бара неговата слава. Внатрешното партиско гласање кое требаше да го избере најветувачкиот

Page 45: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

45

кандидат и беше планирано за есента, сега се откажа. Неговиот лично избран наследник како водич на партијата е исто така тргнат на страна. Тој објави нова „либерална револуција.”

Меѓународните набљудувачи кои го гледаат шоуто на старецот се збунети. Зошто, се прашуваат тие, Италијанците не го избркаа овој ужасен човек еднаш засекогаш уште години наназад? Како е возможно половина од Италија да зборува за враќањето на Берлускони?

Потреба од моќСпоред професорот по економија и поранешен премиер Романо Проди, кој еднаш го избрка Берлускони од канцеларијата за две години со централно-левичарската коалиција, тој ги отелотворува сите оние кои „двојно паркираат.” А во Италија, додава тој, тоа е мнозинството:

„Овие луѓе се алергични на закони. Благодарение на Берлускони, повеќе не се засрамени поради грешките кои ги прават.“

Мора да се признае дека постојат и многу Италијанци кои го сметаат Берлускони за засрамувачки, со неговите шеги, скандали и неговата политика која ја однесе Италија во зачетокот на економска катастрофа. Тие се изморени од малиот човек кој носи потпетици високи 8цм за да изгледа повисок и кој има трансплантации на коса за да не изгледа ќелаво. Тој е човек кој дозволува проститутките да му се обраќаат како „аморе” и „драги” – како што секој може да посведочи од неговите телефонски разговори кои беа објавени на интернет. Многу Италијанци се надеваа дека неговата кариера конечно ќе заврши.

Но кавалерот, како што Берлускони

сака да го нарекуваат, е јасно дека има поинакви идеи. И покрај се, нему му треба поголема политичка моќ за да прави работи од типот на стабилизирање на неговата медиумска империја.

Тоа во последно време се руши, особено откако се откажа од премиерската позиција.

Берлускони освен тоа има потреба од време за решавање на неговите легални проблеми.

Тој не треба да е премиер за да ги работи овие работи. Но треба да биде доволно моќен за да има блокирачко малцинство во парламентот, во случај да му затреба. Тоа е причината за неговото враќање, и тој го прави тоа на неговиот препознатлив начин со истите слогани.„Постојам само јас. Јас сум единствениот кој може да спаси се,” им се обрати на неговите поддржувачи пред неколку недели.

Според Берлускони, премиерот Марио Монти не е „нормална личност како нас,” туку од оние луѓе кои не можат да сторат ништо.

Берлускони има едноставно решение за излегување од кризата: Италијанската централна банка треба да започне да печати пари – лири, ако е неопходно.

Поделено населениеКога станува збор за Берлускони, италијанското население е поделено во фанатички поддржувачи и жестоки противници.

„Тој е најсаканата личност, но и најомразената”, рече политичкиот научник Илво Диаманти.

Речиси секоја политичка дискусија во

Page 46: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

46

Италија се уште се врти околу предметот: Берлускони. Човекот е сеприсутен.

Истото се однесува и на интернет медиумите. Неговата Facebook страна има повеќе од 430 000 „лајкови.” Неговиот главен противник, Пјер Луиџи Берсани, шефот на централно-левичарската Демократска партија има само 78 000. Нашироко почитуваниот технократ Монти, во меѓувреме има нешто повеќе од 2 000 „лајкови.”

Друга страна на феноменот Берлускони е тоа што за многу Италијанци, тој го отелотворува големиот сон на богат човек кој започнал од нула, капиталистот кој ветува дека секој може да успее.

Овој син на банкар ќе продолжи да го собира она што некогаш беа десетици милијарди долари. Тој е идол, искра надеж, а за многумина тажен живот.

Уште од првиот ден, Берлускони и неговото “Forza Italia” движење го повредува политичкиот изглед на државата. Неговиот рецепт за успех беше бесрамно напаѓање и клеветење на противниците со привлекување внимание по секоја цена.

„Јас сум политички револуционер,” рече тој еднаш, додавајќи дека е „политички некоректен.”

Барем во неговиот ум, Берлускони знае и може да направи се. Во неговиот костум на економски експерт, тој изнајде едноставни начини за спонтано да ја излечи италијанската економија. Како градинар, тој има одржувано една четвртина од растителниот свет. Ги има и подучувано архитектите како да градат.

Иако филмовите се менуваат, неговата улога останува иста. Денес, тој е мачо фалбаџија кој се фали за редицата од 13

Page 47: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

47

девојки која го чека пред неговиот дом.Денес, тој е успешен бизнисмен. Денот потоа, тој е политичар кој ја споредува неговата претскажувачка моќ со онаа на Черчил, Наполеон и Мусолини. Сцените можеби изгледаат нови, но сценариото е секогаш исто: Јас сум најдобриот, и имам се што е потребно и во главата и во панталоните.

Дури и понизноста е негова улога. На вечера со бизнис шефови во 2006, тој рече:

„Јас сум Исус Христос на политиката, трпелива жртва. Издржувам се и се жртвувам себе си за секого.”

Лаги и одговориВо реалноста, Берлускони се покажа како познат лажго. Зошто даноците секогаш поскапуваа за време на неговиот период на моќ иако на сите изборни кампањи ветуваше дека ќе ги намали? Секако дека тој најсилно се спротивставува на ова.

Но што е со сите негови други ветувања: да отвори нови работни места, да канализира милијарди кон подобри училишта и универзитети, да го намали владиниот долг, да изграде мост кон Сицилија, брзо да го пре-изгради L’Aquila, градот кој беше уништен од страна на земјотрес во 2009? Не исполни ниту едно од тие ветувања.

И секогаш кога нема да може да лаже во однос на одреден проблем, тој го извлекува стариот изговор кој дури и Мусолини некогаш го користел, велејќи дека Италија едноставно не може да биде управувана. Или ги префрла обвинувањата на некој друг, без разлика дали станува збор за „комунистичките јавни извршители” или „комунистичките судии” кои го наместиле. Што може

човек да направи?

Листата на криминални постапки во кои овој само-прогласен „супермен” е замешан, е всушност импресивна.

Благодарение на амнестиите или статутите на ограничување, тој избегнал казни за лажење во суд, лажна одговорност и поткуп (дури и на судии). Понекогаш недостатокот на докази довел до негово прогласување за невин.

Едно особено непријатно судење, на кое тој беше обвинет за злоупотреба на должноста и поддржување на малолетничка проституција е моментално во тек. Тоа судење може да биде фокусирано на наводните врски со новата светски позната Руби – но, секако, тој веќе уживаше и го преживеа својот дел од сексуалните авантури.

Мажот и неговите жениВпрочем приказната за Берлускони и неговите жени е класична италијанска приказна.

Прво, тука е la mama Роса. Додека да умре на возраст од 97 години во февруари 2008, Берлускони и зеде се што имаше, се капеше со нејзините подароци, и пееше песни. Тој беше добриот син, додека таа беше неверојатно-заштитничката мајка која би нападнала секој кој би се обидел да го нападне нејзиното драго момче.

Кога на ред дојдоа противниците на Берлускони, како што е Проди, таа рече дека е доволно „само да ги погледне во очи.” Според неа, кутриот Силвио беше едноставно „премногу добар” за овој свет.

После мајката на ред доаѓа сопругата, или во овој случај сопругите. Изневерувањето на истите беше во ред,

Page 48: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJAPolitika

48

но тој не би се спуштил толку ниско за да зборува лошо за нив, бидејќи тоа само би ја намалила неговата чест. Поради тоа, нормално разговорливиот Берлускони не зборува многу за неговите две поранешни сопруги.

Во спротивно, тој или се фали или молчи во врска со „убавите девојки кои припаѓаат на неговата трета формација жени“. Тие не мора да бидат особено паметни или да имаат златен јазик. Она што вреди е нивниот изглед.

Особено среќните девојќи кои понекогаш дури и добиваат покана за некои од озлогласените романтични вечери во еден од неговите домови. Наградата за учествувањето во ваквите секс игри – чие постоење тој го негира, не е само купишта пари и накит. Некои девојќи дури се закитија и со работно место во некоја од неговите телевизиски станици. Дури и неговата заболекарка заврши во регионалниот парламент.

Секако Берлускони не гледа ништо нечесно во сево ова.

„Ако некогаш се случи да погледнам во лицето на убава девојка, подобро е да се возбудам заради убавата девојка отколку да сум геј,” рече тој еднаш за новинарите.

Таквите коментари очигледно налутија многумина, но постои и широко тактичко одобрение за неговите чувства.

Во текот на последните две декади, Берлускони го „преврте наопаку италијанскиот систем на вредности пофундаментално и од фашизмот на Мусолини,” вели Герхард Мумелтер, ветеранскиот италијански кореспондент за австрискиот дневен весник Der Stand-ard. ТВ станиците на Берлускони, додава тој, го „перат мозокот на гледачите веќе со години, ги израснаа луѓето во воајери и ги удавија во море од површни баналности.“

Page 49: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZINBR.88

MAGAZIN REVOLUCIJA Politika

49

Стравот од враќањетоОва се исто така дел од причините поради кои многу Италијанци се надеваат дека ерата на релативната слобода од Берлускони ќе потрае малку подолго.

И покрај намалената сеприсутност, тој сепак е човек од некоја важност и е шеф на една од најголемите партии од кои зависи поддршката на премиерот Монти.До сега, анкетите ја гледаат можноста на Берлускони да успее како скромна.

Ако се одржаа избори во недела, тие покажуваат дека тој ќе си обезбеди само 15 проценти од гласовите. Но бидејќи изборите нема да се одржат до следната пролет, се уште има многу време за пропагандната машина на Берлускони да се вклучи во полна пареа.

Политичките коментатори веќе го

претскажаа крајот на политичката кариера на Берлускони во 1995 и 2006. Тие рекоа дека тој нема никакви шанси. Рекоа дека со него е завршено. Но тој се врати и двата пати.

Диаманти, политичкиот научник, вели дека најголемите соработници на Берлускони се „кратките сеќавања на Италијанците и толеранцијата.” Тие брзо ги забораваат или простуваат неговите скршени ветувања.

Знаејќи ги овие услови, дури и сега неговите противници се исплашени кога и да го видат овој и блажен и омразен мачо кловн како им се обраќа на неговите останати поддржувачи.

„Дајте ми 51 проценти!” извикува кон ентузијастичната и навивачка група. „За да можам повторно да успеам!”

Подготвил: Славе АнгеловИзвор: Spiegel

Page 50: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

50 BR.88

Evergrin na „site vremiwa“ 8

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и

повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“.

Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на [email protected] и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

Page 51: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

51

Artvizor

BR.88

И да умрам млад - ЛАСТОВИЦА

Милион патеки прошле моиве патики,А пак под твоите прозори стојат до зори.

Какви сè очи сум оставал расплакани,А баш од твоите губам ум, плави цакани.

И да умрам млад, ич не ми е гајле,Само еден пат, со тебе до сабајле,

Да прошетаат моиве усни по твојот врат...

Отвори го пенџерчето – НУЛТА ПОЗИТИВ и МИРКО МИТРЕВСКИ

Ми се јави вчера Мече Да искочиме ми рече И три саати јас се спремавИ да јадам време немавИ јас брзав сосем гладенНо со имиџ сосем складенСпремен жени јас да шмекамПојдов автобус да чекам....А за гужва да не зборамДа се гужвам и јас морамСекој те ме гази, дрпаМе изгужваа ко крпа

Page 52: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

52 BR.88

А и мораш да се возишНе си глуп пешки да одиш.

Па и гужви нека имаНе се пешачи во зима

Отвори го пенџерчето,се задушивме, ќе поцркаме

Отвори го пенџерчето, се задушивме, гужви не трпиме...

Ти си проблем – СТУДЕНИ НОЗЕ

На тебе налетувам кога не сум бањатИли со испиени сто џин тоници.

Ради тебе запаѓам во некои чудни стањаМамурлук, депресии и несоници.

Цел еден век чим те видамМоментално болен легнувам

И нема лек ќе те следамА ти стално ќе ме избегнуваш.

Ти си проблем, што сакам да го имамТи си дрога, што сакам да ја примамТи си тајна, што смртно ме занимаТи си грев, што на душа го зимам...

Page 53: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

53

Artvizor

BR.88

Шуруп – ДУО ТРИО

Има една лоша теткицаСладолед ми дава да јадам ја,А грлото ме боли еве овдека

Црвено ми било ко јабука

Идам јас кај мојта докторкаНемојте ве молам инекција

А она ми вика:

Шуруп, шуруп и две апчиња насабајлеШуруп, шуруп трипати на ден...

Скопските девојки – Пис БрадерсИнспирација моја се девојките од СкопјеНа нивните шарми ние машките сме робје

Воглавно се црни, но ги има и плавиМомци фантазираат по тие луди глави.

Page 54: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

54 BR.88

Цела божја недела во школо тие одатНо во петок и во сабота лудо љубов водат.

Излагам на улица и паметот го губам,Па во секоја ли втора мора да се вљубам

Паметни сме убавиСлатки ко бомбони

По нас машките лудуваатКо кученца се они

Ѕвезди ни симнуваат Цвеќиња купуваат Пијачки ни плаќаат

Со коли дома – нè враќаат...

Подготви: Славица Ѓоргиева

Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“ од Македонија.

Page 55: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

55

Artvizor

BR.88

Ако барате авантура, можеби е време за патување во Гватемала. Оваа мала земја се наоѓа под Мексико и ви нуди широк избор на искуства, како и богато културно наследство. Можеби повеќе зачудувачки се неверојатните пејзажи, кои се движат од врвовите на планините до вулканските црни песоци на Брегот на Пацификот.

Иако постојат стотици одлични места кои треба да се посетат на земјата, тука се пет места кои нема да сакате да ги пропуштите!

Езерото Атитлан

Ова прекрасно езеро е длабоко повеќе од 1 000 метри и е опкружено со маркантни вулкани. Ништо не го прави поегзотично местото, како значењето на зборот атитлан: „местото каде виножитото ги добива своите бои”.

Околу езерото се многу градови на Маите, секој со свои посебни текстури, уметност и традиции. Тоа е со причина прогласено за едно од најубавите езера во светот.

Gvatemala - predizvik za avanturistite

Page 56: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

56 BR.88

Антигва

Иако Антигва не е природна дестинација, неговата архитектура и многуте урнатини се исклучителни. Овој шпански колонијален град е одлично место за шопинг, фотографија и враќање назад кон историјата.

Пропатувајте низ урнатините на еден стар манастир, откријте ги продавниците во Гватемала исполнети со слатки и уживајте во прикажаните уметности во централниот дел на паркот.

Пацифичкото крајбрежје

Иако Пацифичките плажи не се со бел песок и мирни води кои се најчесто ценети за тропски предели, тие нудат дива убавина која сите ги освојува.

Овде, океанот е и електрична енергија и благодет. Големите бранови се судруваат

со црниот вулкански песок и пеликаните кои се топат во тивките води.

Можете да уживате во сурфање, а навечер да се почестите со печени риби и кокос.

Page 57: Револуција магазин бр.88

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

57

Artvizor

BR.88

Семук Шампи

Етеричните базени во ова место што значи „света вода”, ја комбинираат јасно тиркизната вода, малите водопади и преполнувањето на животот во

дождовните шуми.

Овие тивки скалести базени се сместени на варовничка рамнина или мост.

Вулканот Санта Марија

Ниедно патување до Гватемала нема да биде комплетно без крстарење на вулкан! Иако постојат полесни врвови за искачување, како што се Ипала и Пакаја, погледот од овој вулкан е апсолутно неверојатен.

Искачувањето е тежок пат од пет часа или повеќе, но вреди да се проба. Откако ќе бидете на врвот, сончевиот зрак се

обојува со розова и златна боја. Кога паѓа ноќта, небото е исполнето со галаксии од ѕвезди. Доаѓа утрото, сонцето изгрева над долгата линија на вулкански врвови, сè додека сенката на Санта Марија не се рашири надалеку. Можете дури и да видите лава на кратерот на Сантиагито, активен вулкан сместен под Санта Марија.

Подготви: Eмилија ПетрескаИзвор: Environmental Graffit

Page 58: Револуција магазин бр.88