Списание Биди Зелен 18.11.2014

24
МЛАДИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД РАЗВИВАЊЕ НА ЛИДЕРСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ КАЈ МЛАДИТЕ ПРАЗНЕЊЕ БАТЕРИИ

Upload: cvetko

Post on 06-Apr-2016

257 views

Category:

Documents


15 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Списание Биди Зелен 18.11.2014

МЛАДИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД

РАЗВИВАЊЕ НА ЛИДЕРСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ КАЈ МЛАДИТЕ

ПРАЗНЕЊЕ БАТЕРИИ

Page 2: Списание Биди Зелен 18.11.2014

Биди ЗеленЕкологија и одржлив развојИмпресум:Здружение на граѓани за одржлив развој и заштита на животна средина - Гоу Грин Скопје

СПИСАНИЕ БИДИ ЗЕЛЕНЕкологија и одржлив развој

УРЕДНИК:Фране Јовановски

РЕДАКЦИСКИ КОЛЕГИУМ:Антонио ЈовановскиЕмилија ЈосифоскаБранкица ВасилеваМаријана АспровскаМарко Соколовски

ДИЗАЈН И ПОДГОТОВКА:Григор Унковски([email protected])

ЛЕКТОР:Мила Голчева

СОДРЖИНА

Моето влијание врз животната среди-на и учество во климатските промени

стр. 4

Загадување на воздухот резултати и заклучоци од истражување за вело-сипедската култура и инфраструктура

стр. 6

Т-мобиле и Гоу Грин овозможија сис-тем за управување со отпадни бате-рии за 350.000 граѓани

стр. 12

Доделени мали кантички за батерии стр. 14

Едукативно видео за опасноста од помал електронски отпад

стр. 15

Резултати од музичко-едукативниот настан ,,Празнење Батерии”

стр. 16

Совети за зелено живеење стр. 18

Мисијата и визијата на Гоу Грин стр. 20

2

Page 3: Списание Биди Зелен 18.11.2014

3

ЗЕЛЕН ПОЗДРАВСписанието Биди Зелен е наменето за вас: основците и средношколците. На еден по-инаков начин, лично ќе можете да се информирате за загадувањето, животната среди-на, климатските промени и тоа надвор од училишната клупа.

Во овој број на списанието ќе го надоградиш твоето претходно знаење за загадувањето на земјините сфери, влијанието врз κлиматсκите промени и κаκо ти можеш да придоне-сеш за сето тоа да се намали, неутралузира и спречи. Освен теоретсκи информации, ќе најдеш и праκтични примери од младите ширум Р.Маκедонија кои се аκтивно вκлучени во проеκтите и аκтивностите на Биди Зелен. Биди во тек со аκтивностите на Биди Зелен и примени ги советите за зелено живеење и намалено загадување.На κрајот на списа-нието ќе ги пронајдеш информациите за тоа κаκо ТИ можеш да се приκлучиш во Биди Зелен, со какво искуство ќе се стекнеш, кои карактеристики ќе ги развиеш и кои се придобивките од твоето аκтивно членување во Биди Зелен.

Се надевам деκа ова Биди Зелен списание ќе ги исполни твоите очеκувања, дека ќе се стекнеш со нови знаења за загадувањето и начинот на κој тоа ги засега младите, и деκа по неговото читање ќе бидеш мотивиран/а за зелена промена.

Од Цветκо Биди Зелен

Page 4: Списание Биди Зелен 18.11.2014

4

Секој од нас има одреден начин на живот и навики кои ги применува секојднев-но. Стануваме наутро, се тушираме, доручкуваме, одиме на училиште, се враќа-ме дома, менуваме облека, излегуваме на кафе со пријателите, гледаме ТВ итн.

Несвесно во текот на денот, додека ги извршуваме нашите секојдневни актив-ности ние влијаеме врз животната средина, глобалното затоплување и климат-ските промени. Како е тоа можно?

Ајде да разгледаме неколку примери:

Туширање и миење заби – овие се хигиенски навики кои секој од нас ги практи-кува. Без разлика дали ќе се истушираме за пет минути, или пак ќе ја наполниме кадата со топла вода, дали ја оставаме чешмата додека ги четкаме забите или не, влијаеме на потрошувачката на вода и на електричната енергија која ја трошат пумпите за вода.

Јадеме оброк – треба да имаме предвид и за потеклото на храната, од што подалеку доаѓа производот толку повеќе ресурси се трошат за негов транспорт(електрична енергија, гориво, работници итн.). Ако не го јадеме цел оброк и ја фрламе храната, ја зголемуваме побарувачката на нови производи во фрижидерот. Дома-училиште-дома – дали одиме со автомобил, автобус, вело-сипед или пеш, ние влијаеме врз издувните гасови кои (не) ги испушта нашиот избор на транспорт. Облека – доколку сме навикнати често да менуваме и купу-

Моето влијание врз животната средина и учество во климатските промени

Page 5: Списание Биди Зелен 18.11.2014

5

ваме облека значи дека нашиот гардеробер е прилично полн, па оттука и потре-батада го обновуваме почесто. Со тоа влијаеме врз побарувачката на производи и придонесуваме за потрошувачкото општество.

Кои термини најчесто се повторуваат?

Електрична енергија – водата, храната, транспортот, производите, сите тие кон-зумираат одредено количество на енергија за да ни бидат достапни. Најголем дел од електричната енергија во Македонија доаѓа од рудниците за јаглен, а јагленот испушта јаглероден диоксид (СО2) и со тоа влијае врз загадувањето на воздухот, како и за глобалното затоплување и климатските промени.

Побарувачка на производи – со нашиот начин на живот влијаеме врз производ-ството на поголем или помал број производи во супермаркетите и трговските центри, а тоа влијае врз количеството на отпад кој ќе се генерира од тие произ-води, како и потрошувачката на електрична енергија во целиот процес на про-изводство и диструбиција до продажните места, но потоа и транспорт до депо-ниите. Зголемената побарувачка на производи значи зголемено исцрпување на природните ресурси и користење поголемо количество енергија. Користење-то на енергија влијае на количеството на јагледорен диоксид кој се емитува во воздухот. Јаглеродниот диоксид ја менува атмосферата на планетата Земја и предизвикува глобално затоплување. Глобалното затоплување ги предизви-кува климатските промени. Последиците од климатските промени се зголеме-ни суши, поплави, болести и вируси, недостаток на храна и вода, исчезнување на растителни и животински видови итн. Секој од нас прави еколошка трага. Личното влијание врз животната средина и глобалното затоплување (personal carbon footprint) е збир на ресурсите кои ни се потребни за да може да го прак-тикуваме нашиот животен стил. Според одредени истражувања, просечен евро-пеец живее како да постојат 4,2 планети земји. Сакате да дознаете колку планети земји се потребни за вашиот стил на живеење? Кликнете “старт” и одговорете ги прашањата на www.footprint.wwf.org.uk

Page 6: Списание Биди Зелен 18.11.2014

6

Македонија има најзагаден воздух во Европа, а нивото на загаденост на возду-хотвеќе со години е над европските стандарди, ова го потенцираше Светска Бан-ка во најновиот извештај за зелен раст на Македонија. Во Македонија има 1.350 смртни случаи како последица на загадениот воздух, односно ПМ10 честичките, и тоа ја става Македонија на петтото место во Европа според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух.

Загадување на воздухот резултати и заклучоци од истражување за велосипедската култура и инфраструктура

Проектот “Младите за пониски емисии на ЦО2 – Младите на велосипед” кој е поддржан од Град Скопје и Амбасадата на Франција има за цел да го намали влијанието на младите врз животната средина и да поттикне возење на вело-сипед. Во периодот 26 септември – 16 октомври се спроведе анкета за велоси-педска култура и инфраструктура и на 17 октомври се организираше младинска дискусија за резултатите од истражувањето. Анкетата ја одговорија 954 млади на возраст од 14 до 22 години.

ПМ10 честички се со дијаметар од 10 ми-крони и содржат прашина од патиштата и индустриите, како и честички созда-дени при согорување . Најчести извори на ПМ10 честички се моторните возила, индустриските капацитети, градилиштата и користењето неквалитетни горива за затоплување на домаќинствата.

Page 7: Списание Биди Зелен 18.11.2014

7

Дали имаш велосипед?

14

18% 18% 19% 14%7% 3% 4% 5%

11%

15 16 17 18 19 20 21 22

Колку години имаш?

Каков вид на транспорт најчесто користиш?

Имам

Немам

Позајмувам

Друго

87%

7%

3%

2%

Автомобил

Велосипед

Пешачам

Автобус

12%

16%

24%

Друго 3%

45%

Page 8: Списание Биди Зелен 18.11.2014

8

Колку пати неделно возиш велосипед?

Дали би оделе со велосипед доколку крајната дестинација е подалеку од 5 км?

Дали сметате дека би биле побезбедни ако користите заштитен шлем (кацига) или доколку возите на функционална вело-инфраструктура?

Еднаш до два пати

40%

Друго

26%

Три до пет пати

19%15%

Секој ден

Функционална вело-инфраструктура 68%

Заштитен шлем (кацига)

32%

Да

Не

Друго

77%

17%

6%

Како го доживуваш велосипедот?

Средство за рекреација

50%

Превозно средство

26%

Општествен статус

1%

Ослободување од стрес

14%

Друго

8%

Page 9: Списание Биди Зелен 18.11.2014

9

Дали сметате дека велосипедистите треба да носат заштитна опрема (шлем), во спротивно да бидат казнети?

Кои се главните проблеми со кои се соочувате додека возите велосипед?

Дали имате безбедни услови за паркирање на велосипедите?

Да

Не

Друго

21%

75%

4%

Да

Не

Друго

21%

75%

4%

72%51% 63%

35%

11% 8% 10% 7% 7%

Page 10: Списание Биди Зелен 18.11.2014

10

Дали вашите родители го поддржуваат законот за добивање возачка дозвола на 16 години?

Дали го поддржувате законот за добивање возачка дозвола за автомобил на 16 години?

32%

26%

19% 36%6%

ДаНе се заинтересирани

НеДруго

Да

Не

Друго

50%

47%

3%

Какво превозно средство користат вашите родители за на работа?

Автомобил

65%

Велосипед

4%

Автобус

14%

Пешачат

11%

Друго

5%

1-2 пати неделно

28%

3-5 пати неделно

15%

Секој ден

13%

Нема да го користам

35%

Друго

8%

Доколку вашиот град има вело-систем (позајмување и враќање на станица), колку често би го користеле?

Page 11: Списание Биди Зелен 18.11.2014

11

Главни заклучоци кои произлегоа од истражувањето се следните:

Најважни фактори од кои зависи дали младите би избрале велосипед:1. Безбедност на рутата2. Практичност и време3. Растојание до крајната дестинација

Постои недостаток на сообраќајна култура и почитување на секој учесник во сообраќајот.

Автомобилот не е реална потреба на тинејџерите.

Доколку кацигата се воведе како задолжителна опрема, ќе се намали бројот на велосипедистите.

Со законот за добивање возачка дозвола на 16 години се поттикнува автомо-билска култура и не се поттикнува здрав живот.

Родителите немаат доверба во своите деца и не иницираат разговор во врска со нивната подготвеност за возење автомобил на 16 години.

Нема безбедни услови за паркирање на велосипедите.

Во зградите е потребно да се одреди организиран простор за чување на вело-сипедите и поголема практичност при маневрација.

Кар-пулинг опција (споделување на автомобил) не би функционирала за ти-нејџерите бидејќи родителите немаат доверба во туѓинци.

Кар-пулинг опција (споделување на автомобил) би можела да фукнционира кај 22+ и повозрасните доколку се разберат последиците и придобивките.

За младите да го користат вело-системот на позајмување потребно е да има:1. станици за подигање и враќање на велосипедот низ целиот град2. едноставна процедура за подигање и враќање на велосипедот3. да е најевтина опција за транспорт

Како сметате дека би можеле да се подобри велосипедската култура и ус-ловите за возење велосипед во Македонија?

66%

27%

58%

29%

49%

28% 28%

5%

Page 12: Списание Биди Зелен 18.11.2014

12

Т-мобиле и Гоу Грин овозможија систем за управување со отпадни батерии за 350.000 граѓани

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија станаа партнери на проектот Гоу Клин, кој вклучува 7 општини и 78 училишта, спроведен од младинската еко-лошка организација Гоу Грин. Преку проектот, опфатени се над 15.000 ученици од основните и средни училишта од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Прилеп, Штип и Кичево. Проектот има за цел да ги информира и поттикне младите да се однесуваат одговорно кон животната средина преку селектирање на отпадни батерии и нефункционални мобилни телефони.

Page 13: Списание Биди Зелен 18.11.2014

13

Поставување кантички за собирање отпадни батерии во училници во 78 училишта и 3000 домаќинства Организирање музички настан ,,Празнење батерии” во Клуб Хавана на 24 октомври, влезница – 5 батерии или 1 стар мобилен телефон Доделување награди за најуспешните училишта и млади активисти на Гоу Грин

Т-мобиле го поддржува натпреварот за собирање на отпадни батерии и следните активности:

Проектот овозможува систем за 350.000 граѓани соодветно и практично да се ослободат од батериите и помалиот електроснки отпад. Т-мобиле  активно учествува во развивање на свеста кај граѓаните за заштита на животната среди-на и доследно ги исполнува одговорностите од Законот за батерии и отпадни батерии и Законот за отпад од електронска и електрична опрема.

Една од целите е да се подигне свеста за батериите бидејќи доколку ги фрламе батериите и старите мобилни телефони во контејнер, тие ќе завршат во локал-ната депонија. Тешките токсични метали кои ги содржат, преку подземните води, се депонираат во почвата од каде ја добиваме водата и храната. Зголеменото ниво на токсични метали кај луѓето предизвикува главоболки, стомачни болки, епилептични напади, остеопороза, стерилитет, леукемија, иритација на кожата, рак и други болести.

Page 14: Списание Биди Зелен 18.11.2014

14

Доделени мали кантички за батерии

Претставници на општините и тимот на Гоу Грин ги посетија училиштата во: Ки-села Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Кичево, Прилеп и Штип. Во наведените општини интензивно се одвива проектот за селектирање на отпадни батерии Гоу Клин. При посетата, се измери количеството собрани батерии и се поделија и мали кантички за секоја училница во училиштата. Целта на кантичките е да се развие свеста кај учениците и наставниците и соберат што повеќе отпадни батерии. .Од малите кантички потоа се префрлаат во големата канта, од каде се мери крајната количина на собрани отпадни батерии.  Според досега направената евалуација, во училиштата се собрани околу 500 кг отпадни батерии. Натпреварот трае до 1 ноември и ќе има повеќе награди на ниво на општина, училиште,локални тимови и поединци. Награди ќе добијат и училиштата од општината која ќе собере најголемо количество отпадни бате-рии. Гоу Грин кај младите ги развива следните 5 карактеристики: интегритет, емоционална интелегенција, храброст, иновативност и општествена одговор-ност. 5те поединците кои ги покажале и развиле овие карактеристики кај себе, ќе бидат наградени.

Проектот Гоу Клин се одвива во 7 општини и нивните училишта, и има за цел да ја развие свеста кај младите за потребата од селектирање на отпадни батерии и електронски отпад и да воспостави одржлив систем за управување на истите. . Во текот на проектот се приклучија нови 3 општини: Струмица, Кривогаштани и Гевгелија. Проектот е поддржан од Норвешка Амбасада во Белград, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Page 15: Списание Биди Зелен 18.11.2014

15

Едукативно видео за опасноста од помал електронски отпад

За време на припремата на музичко-едукативниот настан ,,Празнење батерии” се сними кратко едукативно видео што претставуваше воедно најава за на-станот. Целта на видеото беше да се информира јавноста за опасноста од не-соодветниот третман на отпадните батерии и отпадните мобилни телефони. Во видеото се појавуваат јавни личности, волонтери на Гоу Грин и поддржувачи на ова движење како: Сашко Коцев, Сашо Гигов - Гиш, Антонио Јовановски, Еле-онора Јовановиќ, Катерина Попева, Огнена Ристовска, Кирил Трајковски, Тино Костадиновски, Дајана Аритоноска, Јована Аврамовска и Марко Соколовски. Учеството и поддршката на јавни личности ја поттикнува изработката на нови едукативни видеа во иднина, за визуелно пренесување на пораката и информирање за одржливи решенија за заштита на животната средина. Видеото можете да ги погледнете на официјалниот јутуб канал на Гоу Грин - GoGreenMacedonia Видеото е дел од проектот Гоу Клин поддржан од Македонски Телеком, Т - Мо-биле Македонија и Норвешка Амбасада во Белград.

Page 16: Списание Биди Зелен 18.11.2014

16

Резултати од музичко-едукативниот настан ,,Празнење Батерии”

10.000 батерии се собраа на музичкиот настан органи-зиран од Гоу Грин.

На 24 Октомври во клубот Хавана, Гоу Грин органи-зираше музичко-едукативен настан наречен ,,Праз-нење Батерии”. Настанот го посетија над 2.500 млади луѓе, а се собраа 8870 отпадни батерии, 208   мобил-ни телефони, 12 батерии од лаптоп, 4 батерии од фо-тоапарат и 30 мали акумулатори од алармни уреди. Посетителите кои дојдоа без батерии или мобил-ни телефони донираа средства во Црвениот Крст за акцијата за изградба на живеалишта за две фа-милии кои немаат соодветни услови за живеење.

Целта на настанот беше да се развие јавната свест за селектирање и рециклирање на отпадни батерии и отпадни мобилни телефони. На настанот настапуваа Нокаут,,,Eye Cue”, Фанк Шуи, Марлон Брандо, ДЈ Чваре и ДЈ К-105. Водител на настанот беше Марко Новески кој го презен-тираше накратко проектот Гоу Клин 2014 започнат од 2011 година. Про-ектот Гоу Клин 2014 има за цел да воспостави одржлив систем за управу-вање со помал електронски отпад и да се развие јавната свест за опас-носта од несоодветен третман и потребата за рециклирање на овој отпад.

Page 17: Списание Биди Зелен 18.11.2014

17

Освен музичките артисти, во припремата на настанот беа вклучени и Сашко Коцев, Сашо Гигов Гиш, Тино Костади-новски, Бојан Кирковски, Кирил Трајковски и многу други. Меѓутоа, ова не е прв настан од ваков тип. Гоу Грин во 2010 ја промови-раше песната Биди Зелен и организираше концерт во Градски Парк Ско-пје, со цел да се развие свеста кај младите за заштита на животната средина. Со овој настан Гоу Грин уште еднаш докажа дека е можна позитивна промена кај младите преку музика и позитивна енергија. Гоу Клин 2014 е поддржан од Македонски Телеком, Т – Мобиле Македонија и Норвешка Амбасада во Белград.

Page 18: Списание Биди Зелен 18.11.2014

18

Додека миете заби, не ја оставајте чешмата отворена. Доколку ја оставиме во-дата да тече во период од 5 минути, се троши приближно количество енергија колку што и е потребно на една 60 ватна сијалица да свети 14 часа.

Поефтино би те чинело да купиш нова машина за перење отоклку да ги плаќаш огромните сметки за струја и вода за твојата стара машина. Денешните машини за перење се 95% поенерго-ефикасни отколку тие во 1975.

Просечната машина за перење садови троши 32,9 литри вода за едно перење.. Додека ако миеш садови рачно, за 10 минути со пуштена вода може да потро-шиш 75,7 литри.

Батериите можат сериозно да нашетат на човековото здравје и на околината кога се фрлаат во ѓубре и не се сортираат. Постојат компании, и канти за сорти-рање отпад каде може да ги фрлите истрошените батерии за потоа тие да бидат соодветно рециклирани.

Рециклирај пластика! 26 рециклирани шишиња се доволни за да се произведе едно одело од полиестер. 5 рециклирани шишиња имаат доволно синтетички влакна да се изработи ски-јакна.

Рециклирај хартија! За рециклиран 1 тон хартија се заштедуваат 26497 литри вода, 2,7293 кубни метри површина и 4100 киловати енергија.

СОВЕТИ ЗА ЗЕЛЕНО ЖИВЕЕЊЕ

Page 19: Списание Биди Зелен 18.11.2014

Подобро е да плаќаш сметки на интернет. Најголем процент од општинското ѓу-бре е од печатените сметки.

Кога си во можност, принтај двострано кога си во можност. Една просечна канце-ларија троши околу 10,000 листови хартија годишно.

Навикни се да ги гасиш светилките кога излегуваш од соба и искористи ја днев-ната светлина максимално. Во канцелариите 44% од времето се користи вештач-ка светлина.

Лаптопот троши 5 пати помалку струја од десктоп-компјутерите.

Исклучете ги од струја вашиот телевизор, ДВД плеер, радио и микробранова печка кога не ги користите. Кога навидум се исклучени, тие се всушност во ми-рување и користат енергија дури за да се задржи часовникот на екранот освет-лен и за далечинскиот управувач. Напишано од учениците од СУГС „Никола Карев“ - СкопјеЈована Мурџева,Стојан Лисичков,Давид Тошески

19

Page 20: Списание Биди Зелен 18.11.2014

20

Мисијата на Гоу Грин е да развива и споделува вредности и принципи за одржлив развој и да овозможува едукација и практични решенија за

заштита на животната средина.

Суштината на Гоу Грин се состои во младинската мрежа на Биди-Зелен-Клубови составена од ученици од средните училишта на територија на Република Маке-донија и пошироко. Целта на Клубовите е да го развива лидерскиот потенцијал во младите луѓе и да ги мотивира да преземат одговорност за себе и околината во која живеат. Преку Гоу Грин искуството кое е составено од 5 фази, целиме да развиеме 5 клучни карактеристики кај младите, и тоа: интегритет, храброст, ино-вативност, емоционална интелегенција и општествена одговорност.

Визијата на Гоу Грин за 2020 е:

We are an international organization that inspires young people to develop their leadership potential in environmental protection and sustainable living.

We cooperate with schools, universities and institutes that share our values and help us fulfill our mission by providing opportunities for environmental education and

knowledge.Our members are dedicated, passionate and enthusiastic.

Page 21: Списание Биди Зелен 18.11.2014

21

Биди Зелен Клуб (БЗК) претставува неформално здружување на ученици кои спроведуваат активности во согласност со статутот и целите на Гоу Грин. Уче-ниците кои сакаат да станат дел од младинската мрежа на Гоу Грин можат да се приклучат на веќе постоечките Клубови или да формираат иницијативна група. Тројца ученици кои веќе учествувале на одредени активности на Гоу Грин може да почнат иницијатива за формирање на БЗК во нивното училиште. Учениците може да станат официјална иницијативна група на собранието на Клубовите кое се одржува еднаш во полугодие на кое постоечките активни членови имаат пра-во на глас.

Ако сакате да станете дел од остварување на оваа визија приклучете се во Гоу Грин!

Младинската мрежа на Гоу Грин се состои од: Полноправни Биди Зелен Клубови

СУГС Никола Карев – Скопје. Контакт: [email protected]

СУГС Орце Николов – Скопје. Контакт: [email protected]

СУГС Раде Јовчевски Корчагин – Скопје. Контакт: [email protected]

Page 22: Списание Биди Зелен 18.11.2014

22

За потоа иницијативната група да премине во полноправен БЗК треба да ги ис-полни следните критериуми:

1

5

3

7

2

6

4

8

Да има минимум 5 активни членови

Склучен меморандум за соработка со минимум 1 основно училиште

Поставени цели и план за учебната година

Да имаат просторија за собирање (канцеларија)

Склучен меморандум за соработка помеѓу Гоу Грин и училиштето

Да имаат одговорен професор од училиштето за комуникација со Клубот

Полугодишен план на активности за секоја област и одговорности

Да одржуваат минимум еден состанок на две недели

Работата на Клубовите е регулирана со Правилник за работа на Биди-Зелен-Клубови кој е изгласан од активните членови на Клубовите. Еколошките дејности во кои Гоу Грин ги активира младите се управување со от-пад, загадување и климатски промени, обновливи извори на енергија и енегет-ска ефикасност.

Национална канцеларија - Гоу ГринУл. Јане Сандански 25, 2/91000 Скопје, РМwww.gogreen.mkЕ-маил: [email protected]Телефон: 02/3122546

Лидерското тело на БЗК го сочинуваат тим лидери со следните позиции:

Тим лидер на БЗК

Заменик тим лидер

Тим лидер за Едукација

Тим лидер за Промоција&ИТ

Тим лидер за Акција&Логистика

Page 23: Списание Биди Зелен 18.11.2014

2323

Екологијата и еколошките про-екти се приоритет во училишта-та и градинките во општина Кисела Вода. Активното учество на општината, училиштата и младите од Гоу Клин, придонесе за собирање на 70 килограми отпадни батерии во текот на проектот.

Page 24: Списание Биди Зелен 18.11.2014