Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

24
Бр. 2, година I, декември / 2012 година ООУ Димо Хаџи Димов” - Скопје Месечно списание за еколошка едукација Општина Општина КАРПОШ КАРПОШ Посвојување Посвојување на осамените на осамените Македонска Македонска пастрмка пастрмка Галичкиот Галичкиот дел на Бистра дел на Бистра 12 2 година а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а а Рачиња Рачиња на првачиња на првачиња Видови Видови вегетаријанци вегетаријанци Темјанушка Темјанушка

Upload: opstina-karpos

Post on 10-Mar-2016

250 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Месечно списание за еколошка едукација - ООУ„Димо Хаџи Димов“

TRANSCRIPT

Page 1: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

Бр. 2, година I, декември / 2012 година

ООУ „Димо Хаџи Димов” - СкопјеМесечно списание за еколошка едукација

ОпштинаОпштинаКАРПОШКАРПОШ

Посвојување Посвојување на осаменитена осаменитеМакедонска Македонска

пастрмкапастрмка

Галичкиот Галичкиот дел на Бистрадел на Бистра

12 д2 годинаааааааааааааааааааааааааа

РачињаРачињана првачињана првачиња

ВидовиВидовивегетаријанцивегетаријанци

ТемјанушкаТемјанушка

Page 2: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 2

Креативност

Првачињата од Димо

ги употребија последните

златни одблесоци на есента

за да ги оживеат своите

естетски афинитети.

а зл

Рачињана

првачиња

Page 3: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

3број 2, секември 2012

Уреднички збор

Месару, ај измери ми килограм лицемерност со коска!Недалеку од планината, крај гра-

дот, долго време постоеше сви-њарска фарма од која се снабду-ваше со месо целиот велеград.

Секоја деценија се зголемуваше бројот на свињи, паралелно со ширењето на наталитетот на градот, а месната инду-стрија која и припаѓаше на истата фир-ма, постојано измислуваше разни мес-ни производи за да го задржи љубопит-ството на муштериите. Една од рекла-мите ја имаше оваа реченица:

- Ајде дечиња, кревко мевце, хм, хм!Ќерката на сопственикот на фарма-

та и на фирмата штотуку направи седум години. Еднаш таа престојуваше таму и тој саботен ден го помина со едно ма-лечко прасенце со кое мошне се збли-жи. Оттогаш шоферот на семејството секојдневно го донесуваше девојчето на фармата за да си игра со малото пра-се. И детенцето и прасенцето сосема се зближија, така што и двете често се ше-таа по околните падини на планината. Прасето и кога стана возрасна свиња од двесте килограми, продолжи да се милува со девојчето. Ана ја милуваше свињата, ја галеше, ја бакнуваше, и зборуваше разни ситници од домот и од училиштето. Еднаш дури и свињата на-брка едно лошо песиште кое сакаше да го нападне девојченцето. Праска, свињата на Ана, сосем се зближи со својата другарка, та почна дури и да за-бегува натаму-наваму, барајќи ја и ко-га таа беше на училиште.

Еден ден, кога цела изутрина се слу-чуваше општ колеж на израснатите свињи од фармата, истата судбина ја снајде и Праска. Верната другарка заврши на купиштата крваво месо во некоја од месарниците на градот. Ана тој ден долго време плачеше по своја-та другарка. Цела недела имаше страш-ни болки во слепоочниците и не отиде на училиште. Се будеше во ноќта, пла-чеше, заспиваше, па пак се будеше и пак плачеше. Кој да верува дека во очите на едно мало дете може да се скрие толкаво солено море од болки?!

* * *Две жени, сосетки од петтиот кат на

зградата во чие приземје беше сместе-на месарница, се симнуваа по скалите и двете решени да купат троа мевце за компир манџа. Патем ја озборуваа Светлана од третиот кат на соседниот влез за тоа дека се обидува да си го уништи семејството со макробиотичка-та исхрана. Ја нарекоа помодарка и се-ланка, а и најдоа и други слабости ка-ко основа за уште озборувања.

Влегоа во месарницата и почнаа да се распрашуваат за тоа кое месо е најсвежо и најскоро донесено. Малку се пошегуваа со касапот Симе дека вре-ме е да се ожени, чунки секоја жена ќе сакала касап за маж оти така семејство-то ќе се хранело катаден со месо. По-тоа, откако ги потрошија сите шегобиј-ни мајтаплаци, почнаа дијалог свој-ствен само за во месарница, а можеби и на други места каде што се спомену-

ва месото, чие и да е: - Леле, Стојанке, гледај го овој

свински бут, путер - рече Мирка.- Кревко е месото, сочно, бргу ќе се

вари – одговори Стојанка.- Ах, што би направила една крва-

вица – рече едната.- Има да замириса цела зграда, си-

те да ни завидуваат. Сосетките Мирка и Стојанка саде месо јадат - се надовр-за другата.

- Оној мојот сака покрваво месо, по-живо. Вели, кога живеел во село, кога колеле свиња, ја мачеле и ја гледале како вришти, а потоа нејзиното месо го јаделе полуживо, како ловци од неоли-тот.

- Ах, мажишта едни, саакаат да нè импресионираат дека се бестрашни и силни, ама како мали мачиња се пред една жена лавица.

Се изнасмеаја, платија за месото што некогаш и припаѓаше на Спаска, и без да прекинат со зборување, муа-бетот го продолжија кој знае уште за што, дури и самите не знаат. Месото по-делено во двете торби на сосетките тре-переше, како сè уште да се сеќаваше на милувањата на својата малечка дру-гарка.Ана, пак, целиот свој живот стана

поборник за заштита на животните. По-некогаш, и на стари години во сон ќе и се појавеше нејзината другарка од дет-ството. По тие сни, кога се будеше, за-бележуваше дека перницата на која спиеше, сосема е мокра од солзите кои, замислете, можат да течат и од со-ништата од изворите на невиното дет-ство.

* * *Предавањето на една невладина ор-

ганизација која се бореше против зло-употребата на животните, штотуку за-почна во едно училиште во кое се спро-ведуваше кампања за здрава исхрана. Предавачот, еден дебел маж на педесе-тина години, го почна предавањето:

- Дали сте знаеле дека свинското месо по својата структура е идентично со месото на човекот?

- Затоа еден со друг си се нарекува-ме „свињо една“ – му шепна Марко од седмо на Тане од осмо, по што настана воздржано смеење.

Предавањето продолжи со разни податоци:

- Човековите црева, според должи-ната и поставеноста, најпогодни се за вегетаријанска исхрана. Разложување-то на месната храна трае подолго и по-мачно, така што се оптоваруваат орга-ните за варење. Секој ден се колат пе-

десет милиони жи-вотни за исхрана. Всушност, еве зошто треба да се храниме со вегетеријанска исхрана: за да се на-бави месо, треба да се убијат животни, а за животните се потребни пасишта. Понатаму, за да се создаде пасиште, се палат шуми, па така Земјата се загрева и останува без кислород, по што тоа зем јиш те станува пустина. Така, за жи-вотните е потребно многу храна, па зар не е поедноставно да се сади зеленчук за исхрана на луѓето, отколку постоја-но да се убиваат животни? Замислете колку животни цел живот се затворени во боксови, сè додека еден ден не ста-нат обичен куп месо од кој одлетала кревката душичка. Како ли се чувству-ва кравата кога ќе и го одведат малото теленце? Сметате дека животните не-маат чувства? Се лажете! Па, зар не ги чувствувате емоциите на животните ко-га се галат со вас?

Штом заврши предавањето во учи-лиштето, предавачот и неговиот по-мошник заминаа во една од нив често посетена кафеана за да ручаат. Го по-викаа келнерот, нарачувајќи:

- Донеси раженчиња, кебапчиња и свински кременадли!

Кој знае, нарачателите, а тоа сме сите ние, можеби нарачале месо од емо тивната Праска чија душа се лулее некаде над нас, барајќи си ја својата телесна растргнатост.

* * *Човештвото уште од своето изгреј-

сонце почнало во својата преплашена негрижливост да продуцира и постоја-но да ги проширува границите на гро-биштата што постојано ги создава. Ку-пишта нечиста совест се погребани во тие гробишта. Колку животни останале без својата душичка поради исхраната на човекот? Како ли може овој „благо-роден“ монструм да се храни со месото од своите пријатели - животните? Всуш-ност, домашните животни се создадени за таа намера – за „облагородување“ на софрата со купишта печено месо кое мириса на насилна смрт. Жртвите на чо-векот, животните, не знаат англиски ја-зик, македонски, руски или кој било друг јазик за да ја изразат својата бол-ка поради лицемерноста на нивниот пријател - човекот.

На овој свет сме да ја облагородиме сопствената поединечна душа, да ста-неме подобри, посвесни, похумани, да напластуваме разбирање за сè околу нас, да ги почитуваме делата на Бог (Deus sive natura). Колењето животни предизвикува болка и кај животното и кај касапот. Светот е една огромна бол-ка која ја создава човекот. Таа болка постојано крвари како свежо месо од некое животно кое човекот го чувал во кафезот на сопствената душа.

Главен и одговорен уредник,Марјан Костовски,

наставник по македонски јазик

н(пккпнк

Page 4: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 4

Eколошки потези и акции

Мигови за акција!

1 ООУ „Димо Хаџи

Димов” – Скопје доби покана да учествува на еко-конферен-ција во Египет за промените и за активностите во нашата сре-дина од страна на ЕНО-здруже-нието на интер-национално ни-во на тема Еко-логија.

2 Од страна на НВО ОРТ во септември беше спрове-

дена обука за одговорните во училиштата за проектот Собе-ри пет за да добиеш петка. Присутните беа запознаени со целта на ова НВО-едукација која се однесуваше на учени-ците вработените во училишта-та и родителите и на нивната соработка со локалната среди-на за собирање на ПЕТ-амба-лажа за рециклирање и за чу-вање на средината во која се живее. Работилницата траеше два дена и ги обучуваше на-ставниците за правење проек-ти и за доставување на целни идеи до определени донатори.

3 Наставници од одделенска настава, наставници по англиски

јазик, како и наставници што го пре-даваат предметот Природни науки од ООУ „Димо Хаџи Димов” на 21. но-ември беа на семинар под наслов Зе-лен пакет – Јуниор каде што се за-познаа со нова алатка за работа во содржините низ сите предмети од прво до шесто одделение. Научено-то од семинарот наскоро ќе им го пренесат на учениците, наставници-те и на родителите од училиштево.

4 Наставата, меѓудругото, води постојана грижа за посочу-

вање на природните особености на Македонија.

5 Акцијата за собирање пластични шишиња трае со несмален интензитет. Сепак сметаме дека можеме да со-

береме многу повеќе пластичен материјал што, пак, може да ни донесе задоволство чиста околина.

Page 5: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

5број 2, секември 2012

Eколошки потези и акции

7 Низ наставата на-ставниците ги употре-

буваат планираните со-држини кои се однесува-ат на штедењето!

8 Ред е да се спомене и постојано да се нагла-

сува негата за собното цвеќе кое со голема љубов се чува во сите кабинети на училиштето.

6 На денот на дрвото се засадуваа и многу малечки дрвца! Наставникот Велибор со своите ученици.

Page 6: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 6

Eколошки потези и акции

Штедење енергија

Може да се заклучи дека посочената група испитаници во голема мера станува свесна за потребата од штедење енергија.

Во врска со трошењето енергија, групата „Штедење на енергија” од ООУ „Димо Хаџи Димов” - Скопје, на 15. октомври 2012 спроведе анкета и направи анализа на резултатите од анкетата. Всушност, стана збор за следново:

Анкета за ученици Размислете и одговорете!Наведете примери на нерационално, по ваше мислење, трошење енергија. Пополнете ја табелата *Дали само од економски причини (помалку трошење енергија - помал трошок) треба да се штеди енергија?

Од анализата на спроведената анкета „ТЕСТ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА” на вработените од ООУ „Димо Хаџи Димов” – Скопје беа добиени следниве резултати:

Најголем процент од анкетираните се наоѓаат во групата на Добар пример за сите преостанати.

На темата „Како да ја заштедиме енергијата?” работеше и одделенска настава, и тоа еко-тимот за енергија и за вода (одговорен наставник Марица Петроска). По спроведена анкета во трето, четврто и петто одде-ление, беа добиени следниве резултати:

Page 7: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

7број 2, секември 2012

Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет

Повик за дружењеБарање за масовно

посвојување на осаменитеДецата умеат да го прочитаат говорот на животните. Неодамна едно де-

те, набљудувајќи ги кучињата што шетаат по улиците, во нивните очи го прочитало овие пораки:

Иако немам педигре, имам право на достоинствен живот. Зар заслу-жуваат да живеат само оние што имаат родовник составен од познати

предци? Посвојте ме, така ќе ја сфатите вистинската љубов.

Чавка – најупорен родител Во македонската народна

литература можат да се сретната поговорките: Чавка умот му го ис-пила, По чавки ли зјапаш?, Чавка не и ги вади очите на друга чавка, Му лета умот по чавките..., и слич-но.

Низ овие поговорки стану-ва збор за Corvus monedula која претставува една од најмалите птици од фамилијата врани. Тело-то и е со црна и со сива боја а жи-вее во Европа, западна Азија и во Северна Африка. Се движи во чифт и така лета заедно со јатото. Се храни со разни остатоци од храна-та што ја расфрлаат луѓето, со ри-би исфрлени на бреговите, со сè што ќе најде. Таа е и мршојадец. Се гнезди на дрвја, на згради, под мо-стови, на бандери.

Во гнездото носи 4-5 јајца кои ги квачи околу

17-18 дена. Пред летнувањето на малечкото чавче, ако тоа падне од гнездото, неговите родители го бранат и го заштитуваат.

Еднаш во пролет, во ООУ Димо Хаџи Димов, мислам дека тоа беше во 2009 година, едно малечко бе-ше паднало од гнездото кое се на-оѓаше на една голема елка. Кога некое од децата случајно ќе се при-ближеше до малечкото, една воз-расна чавка го напаѓаше минува-чот, удирајќи го во главата со клу-нот. И јас намерно поминав крај малото пролетарче за да се стекнам со тоа искуство. Веднаш врз моја-та глава атерираше една чавка која

силно ме ѕвекна, така што веднаш го напуштив опас-ното место. Ситуацијата се среди дури вечерта, кога луѓето од обезбедувањето го качија чавчето на дрво-то во гнездото.

Посочените кучиња веќе се третирани во скопскиот стационар, така што се-га се подготвени за вдомување. Со нив можете да се запознаете, да си поигра-те и да си земете барем едно за по дома. Се движат низ Порта Влае. Доаѓа зи-мата, ќе им биде студено, затоа побрзајте, активирајте ја вашата хуманост!

1мгб

Хвшонбрчнмст

Осаменици кои им се познати на жителите на населбата Влае

Page 8: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 8

Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет

ПЕГАВАТА УБАВИЦА

Опис :Главата на македонската пастрм-

ка и е доста долга и зашилена, а устата е длабоко всечена. Горната вилица е тесна и достигнува до под задниот крај на окото. Има двоен ред заби. Бојата на телото е карак-теристична. Црвените дамки, при-сутни кај повеќе салмониди, овде отсуствуваат. Наместо нив, овде има темно црвени дамки, густо расфрле-ни по телото, освен по гр-бот, каде што воопшто ги нема. Достигнува маса до 3 кг., но сепак моите иску-ства, кои се повеќе од ме-родавни, покажаа дека во нашите реки, иако во по-мал број, живет вистински убавици и од преку 4 кг.

Место на живеењеМакедонската пастрмка е распростанета во студе-

ните планински потоци и реки со чиста, бистра вода, богата со кислород. За живот македонската пастрмка бара песокливо и каменесто дно. Ги населува: горни-от тек на реката Вардар со притоките од горниот тек, потоа горните текови на притоките од средниот тек на Вардар, реките: Треска со притоките, Лепенец, Кади-на Река, Пчиња со притоките, Тополка, Бабуна со при-токите, Брегалница со притоките. Извесно е и нејзи-ното присуство и во реките Бошава и Дошница.

Македонска пастрмка (Salmo Macedonicus)Прилогот и фотографиите се на Велибор Јованоски, наставник од одделенска настава ООУ „Димо Хаџи Димов” - Скопје

Page 9: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

9број 2, секември 2012

Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет

Занимливости:• Делфините од реката Ама-

зон имаат розева боја на телото.

• На островот Света Елена живее желка стара 179 години. На островот е пристигната во 1882 го-дина, а стручните лица проценува-ат дека тогаш желурокот имал око-лу 50 години. Засега, во поглед на здравствената состојба, овој при-мерок не гледа на едното око.

• Првите диносауруси се појавиле пред околу 230 милиони години (тријас), а изумреле пред околу 65 милиони години. Тие би-ле најголемите копнени животни на планетава и достигнувале висо-чина до 20 метри. Имало два вида: тираносаурус (забестиот) и оној со долг врат и дебелкава снага – ди-плодокус. Исчезнале од голем дожд од метеорити кои паѓале на земја-та неколку илјади години.

• Синиот кит е најгласното водно животно. Неговиот глас до-стигнува до 188 децибели, така што може да се слушне на далечи-на и од 700 километри.

• Највисоки копнени живот-ни се жирафите. Мажјаците порас-нуваат и до 5 метри и тежат до 900 кг., а женките се пониски и посла-би.

• Нојот од Северна Африка, и покрај тежината од 150 кг., може да трча и околу 70 ким на час.

• Ако се најдете во контакт со мечка, вклучете музика на ва-шиот мобилен телефон ако сакате таа да избега.

• Полжавите се најголеми спијачи. Можат да хибернираат и до три години.

• Шарата на секоја зебра е уникатна. Не постојат две исти зе-бра со еднаков распоред на цр-но-белите линии.

• Јазикот на камелеонот е двапати поголем од целото негово тело. Сепак, треба да знаеме дека тој му служи за ловење инсекти.

• Свињите и кучињата нема-ат потни жлезди. Своето тело го ла-дат со плазење на јазикот.

• Мачките кои на телото има-ат три бои, да знаете, секогаш се од женски пол.

• Црвот има пет срца. Е тоа е јуначиште, а не ние!

• Слоновите живеат во групи од повеќе женки, бидејќи живеат во матријархат. Мажјаците се поја-вуваат повремено во крдото.

• Срцето на мачката чука од 110 до 140 пати во минута.

• Камилата може да живее без вода од 20 до 40 дена.

• Потполошките достигаат зрелост на старост од 8 недели. Се гнездат на пасишта и во шуми, а во гнездото положуваат до 15 јајца. Се испилуваат по 18 дена квачење. Јајцата од потполошка се мошне здрави за пиење.

• Срните можат да живеат и до 18 години.

• Догата по име Ѕевс, која потекнува од Данија, долга е два метра и 23 см., а во височина из-раснала до еден метар и десет сан-тиметри.

• Вообичаено е да се видат морски ѕвезди со по пет краци. Но, постојат и морски ѕвезди од 50 кра-ци.

• Шуштењето во лето кога ќе се најдете во природа е, всушност, песна на скакулците мажјаци кои ја произведуваат со удирање на нозете една од друга со цел да се доближат до женката.

• Змиите отровници, кога би се каснале себеси, не би се отруле. Тие се имуни на сопствениот отров.

• Мрзливците (хрчаците – ова е српски назив за ова животно) додека спијат нивниот биолошки часовник сосема запира. Односно, во тие момент им опаѓа ритмот на срцето и на дишењето.

• Мажјаците од видот морска мачка ги носат во својата уста јај-цата од кои треба да се изведат ма-лечките. За тоа време чуварот на своето потомство не може да се храни.

• Птицата албатросс, која на земја одвај се движи а на небо е вистински мајстор во летањето, по-некогаш додека лета знае и да си поспие.

• Еден вид пијавица има три-есет и два мозока.

• Кога некој делфин од јато-то ќе стане болен, преостанатите го носат на површината на морето за да може да диши.

• Слоновите дневно можат да изедат и до 250 кг. растителна хра-на.

• Една третина од храната предвидена за човекот зависи од опрашувањето на пчелите кое го вршат врз цветовите на растенија-та.

Навики, начин на хранење и распространетост:

Македонската пастрмка е ви-стинска кралица во водата. Кога се храни, се движи со голема брзина и сето тоа го прави со голема прет-пазливост, особено големите при-мероци. Најчест коментар на рибо-ловците и љубителите на природа-та е тоа дека во водата нема ништо, потценувајќи ја можноста за при-кривање и камуфлирање на пастр-мката. Небаре секој поголем камен е потенцијално живеалиште на па-стрмката. Се храни со риби (особе-но покрупните примероци пастрм-ки), меѓу кои преовладуваат видо-ви кои ги населуваат пастрмските води, потоа ларви од водени инсек-ти, инсекти кои паѓаат во водата и што летаат ниско над неа, икри од други риби, жаби, полноглавци, црви и.т.н. Најмногу се храни во предвечерје, ноќе и во рана зора.

(продолжува)

Навики начин на хранење и

Page 10: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 10

Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет

Досега македонското овчарско куче – караман официјално се има претставено на четири кинолошки манифестации. На изложбите се до-делува традиционалниот подарок за најубавиот караман и за најубава ка-раманка - Златен околувратник. По-чесната награда „Златен околуврат-ник“ претставува метафорична бе-лешка на еден стар македонски оби-чај: заштитниот околувратник да му се става на најдоброто куче на бачи-лото со цел да му се продолжи работ-ниот и животниот век.

Извадоци од предлог-стандар-дот за македонскиот караманГенерален впечаток: Куче со

снажна, збиена конституција и со складни пропорции на сите делови на телото. Доста е подвижен, издрж-лив на физички напори и со изостре-ни сетила. Разликата меѓу половите е видливо изразена. Мажјаците се покрупни, помасивни, робусни и со широка глава. Женките се со помала

и со поелегантна конституција.Тој е неподмитлив чувар на ста-

дото, лицата или на објектите дове-рени на чување. Недоверлив е спре-ма непознати, а лаењето му е силно, длабоко и пробивно. Верноста му е карактеристична особеност и се врзува за еден човек.Важни пропорции: Телото е

правоаголно. Должината на телото кај мажјаците е за 9-11%, а кај жен-ките за 11-13% поголема од височи-ната на гребенот. Длабочината на градите е 40% од височината на гре-бенот. Соодносот меѓу муцката и че-репниот дел е, кај мажјаците 37:63%, а кај женките е 38:62%. Однесување / Темперамент:

Неподмитлив чувар, недоверлив спрема непознати, смирен е и трпе-лив, водлив, дружељубив со деца, а според темпераментот, тој е храбро и по потреба остро куче.Крзно: Должината на влакната

на гребенот е околу 10 см. Во однос на влакната на трупот, влакната на задниот дел на бутовите, на вратот и на опашот се подолги, додека на гла-

вата и на предните делови на нозете се кратки. Има груба текстура, Крз-ното е средно-дебело, а подвлакно-то е густо.Боја: Бојата е црна, црна со ка-

феави нијанси, или црна со палежи. Белини се дозволени на градите, ка-ко и до лактите на предните нозе, на шепите на задните нозе и на самиот врв на опашот. На белиот фон дозво-лени се и црни дамки.Висина и тежина: Мажјаците се

високи од 65-75 см., а женките од 58-68 см. За мажјаците просечната те-жина е 45 кг., а за женките 40 кг.

Марјан Костовски(продолжува)

овчарско и со поелегантна конституција

зн

вата и на предните делови на нозете

Досега македонскотоо

Победници на државната ревијална изложба за македонскиот караман за 2012 г.: Кербер и Видра

Двомесечното караманче Ага беше најубаво кучен-це за 2012 год.

Караманите се многу силни кучиња

Трета државна ревијална изложба за македонскиот караман

Македонското овчарско куче - КараманМакедонското овчарско куче - Караманна кинолошки изложбина кинолошки изложби

Page 11: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

11број 2, секември 2012

Заштита и согледување на богатството на растителниот свет

Трепет

Билки кои во Македонија сена работ на исчезнување

Пред исчезнува-ње денес во Македонија се наоѓаат растенијата: кантарион, жалфија, ај-дучка трева, мечкино уво, камилицата и планински-от чај. Причина за тоа е несовесното берење на овие лековити билки.

Всушност, бера-чите на чаеви, не треба да ја берат целата билка, ту-ку да оставаат барем по-ловина од билката за да може понатаму побезбол-но да се обновува.

Опустошувањето на ова флора ќе доведе до осиромашување на ед-на многу важна растител-на реалност која низ ми-

лениумите го лекувала човекот од разни боле-сти.

Планинскиот чај е едногодишна билка која расте на 1500 м. над-морска височина на Бал-канот. Расте на карпи или на карпести пукна-тини, а цвета од јуни до август. Се бере додека не расцутел. Денес луѓе-то и вештачки го одгле-дуваат. Во народната ме дицина се користи против грип, настинки и го зајакнува имунолош-киот систем. Богат е со антиоксиданси со кои може да се бори против ракот и остеопорозата.

лчс

ермкитантдмпгкамр

Чаеви против настинките на зиматаЧовековиот имунолошки систем во зима е доста

заслабнат, па затоа мора да користи продукти и на-пивки кои ќе му помогнат за да се заштити од грип и од настинки. За таа цел во ова пригода ќе се за-познаеме со некои чаеви кои ќе ни бидат од голема помош.

Чај од бозелАко не сте алергични на цветот од бозел, напра-

вете чај од него. Овој чај може да ве ослободи од инвазијата на вирусите за доста брзо време. Кори-стете го уште при првите знаци на настинка.

Ѓумбир и медНаправете чај од ѓумбер и засладете го со мед.

Овој чај ќе ве затопли, ќе ве испоти, па така ќе ве ослободи од треската. Влијае врз затнатите синуси и ја намалува слузта. Доколку правите чај од свеж корен од ѓумбер, најпрвин излупете ја кората, а по-тоа издробете го и ставете го во чајникот. Овој чај можете да го закиселите и со малку лимон.

Чај за детоксикацијаНа еден литар зовриена вода се става една ка-

фена лажица жалфија да врие три минути. Потоа се трга течноста од оган и се ставаат една кафена ла-жица жолт кантарион и една кафена лажица нане. Течноста се поклопува со поклопец да отстои 10 ми-нути. Чајот се пие само топол.

НанеЧајот од нане се користи за спречување на грче-

вите кај малите дечиња. Овој чај се прави на тој на-чин што ливчињата од билката нане се ставаат во чајникот, а потоа се прелеваат со зовриена вода.

Потоа се остава да отстои околу 15 минути. Исто та-ка ова билка (неколку ливчиња) можете да ја ста-вите и во гравот кој го вариме за да ги избегнеме сите тешкоти околу дуењето на стомакот.

КамилицаЧајот од ова билка се приготвува така што ису-

шени цветови од камилица се прелеваат со зоврие-на вода та се остава да отстои некое време. Не до-зволувајте чајот да врие зашто така се губат важни-те состојки (етеричните масла). Дозата е: седум гра-ма цвет со 200 мл. зовриена вода. Чајот од камилица помага во работата на бубре-

зите, благотворно влијае врз крвотокот и врз срце-то. Помага за подуен стомак и за тешкотии кај жолч-ката.

Фото:

Риа Давковска

– седмо

2

Page 12: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 12

Заштита и согледување на богатството на растителниот свет

ДабМакедонскиот даб е дрво кое расте од 10 до 20 ме-три. Има кожести листови, елипсовидни, плитки но остро назабени. Желадот е крупен и созрева во втора-та година. Во Македонија живее на суви подлоги со карбонатен состав. Дабот е доста цврсто дрво. Во све-тот постојат повеќе видови, а во Македонија има осум вида. Од нив најпознати се три вида од кои се прават вински дрвени садови

Белиот даб Горун (Qu er cus petraea Liebl) рас-те на надморска височина од 900 до 1.100 метри. Успева во плитки песокли-ви и отцедни шумски почви и може да достигне старост од 700 години.

Дабот Благун или Медуњаво дрво (Quercus pu bes cens Willd) расте во пониските делови од Маке-донија каде што владее субмедитеранска клима. Успева во скромни почви и е издржлив на ниски тем-ператури. Доживува ста-рост од 500 години.

Стежер е вид даб кој мошне ретко се среќава во Македонија и се разли-кува од другите дабови. Расте во алувијално-колу-вијални почви богати со влага. Успева во рамничар-

ски предели близу до реките. Стагнира со растот за време на су-ши. Достигнува старост од 2.000 години.

Специфичните еко-лошки карактеристики на климата и на почва-та му даваат широка распространетост на дабот, па затоа Маке-донија слободно може-ме да ја наречеме земја на дабови.

Дабот е и свето др-во кај Македонците. Во минатото крај стеблата на одредени дабови биле практикувани пред христијанските обичаи. Познат е и да-

бот во Додона каде што луѓето ос-та вале дарови. Дабот и денес не се сече ако се најде во вакафско ме-сто (свето место). Затоа, ако нека-де од далеку забележите мала да-бова шумичка која во височина до-минира во пределот, кога ќе се приближите, ќе забележите дека таму има црква. Се смета, според народните верувања, дека голем грев е да се сече даб од вакви ме-ста.

Ова дрво поради издржли-воста и цврстината, како и поради долготрајниот живот, се смета за симбол на издржливост и на долго-вечност. Неговите лисја имаат апо-тропејски својства, така што све-шетениците во минатото пророку-вале според нивното шумолење.

Денес мошне проширена практика е куќите да се китат со дабови гранчиња пред Бадник за да се стимулира плодноста и бе-риќетот.

(тоУвио

МpпдсУепр

квкРвв

срршо

лнтрддмн

вмнбпо

Ела

Елата е зимзелено дрво кое спаѓа во фамилијата борови. По-стои во Европа, Северна и Средна Америка, Азија, Северна Африка. Расте од 10 до повеќе десетици ме-

три. Имаат исправени цилиндрич-ни шишарки долги до 25 см. кои, кога се распаѓаат, испуштаат се-миња кога ќе узреат. Постојат по-веќе видови ели, а се разликуваат меѓу себе по обликот и по големи-ната на шишарките. Во југоисточна Европа постои и енедемичен вид, таканаречена македонска ела (Abies borisii-regis).

Елата не е погодна за дрве-на граѓа, но се користи за правење иверица. Најмногу се користи како празничен новогодишен симбол во христијанскиот свет. Некои видови ели (на пример, сребрената ела) поради својата убавина се користат за украсување на паркови и трев-ници. За ден на елата е прогласен 18 јуни.

тнкмвмнЕт(

нипх

Елова шума на Караџица

Page 13: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

13број 2, секември 2012

Заштита и согледување на богатството на растителниот свет

Занимливости:• Дивото какао расте во ама-

зонската прашума. Станува збор за дрво кое расте до 15 метри, има големи кожести лисја, додека цве-товите му изникнуваат од стебло-то. Има жолто-зелени плодови слични на краставица и зреат пре-ку цела година.

• Постојат и дрвја кои одат. Се движат низ плитките води на прашумите во Амазонија, сè доде-ка не наидат на погодно место со цврста земја за која се закачуваат со своите корени. Тогаш ја завр-шуваат прошетката.

• Грмушката или џбунот се разликува од дрвото бидејќи има повеќе стебла. Ова растение е со низок раст и најмногу може да по-расне до пет-шест метри.

• Тропскиот ползавец од фа-милијата пипери, наречен црн пи-пер, се употребува како мирудија. Станува збор за џбунесто растение кое има плодови во форма на зр-на. Успева во Бразил, Индија и Гвајана. На пазарите среќаваме црн пипер кој се добива од недоз-реани бобинки, додека може да се најде и бел пипер кој се добива од целосно зрели црвени бобинки.

• Листовите на билката ки-селец содржат оксална киселина, затоа не се препорачува да ја зе-маат луѓе со проблеми во бубрези-те.

• Ориганото потекнува од Медитеранот. Претставува род со околу 20 видови на ароматични растенија од фамилијата усно-цветни.

• Соковите од растението низ него се движат со брзина од 50 см. на час.

• Мамутовото дрво живее до 5000 години, костенот 2000 годи-ни, а смреката 1200 година. Дабот, елата и липата доживуваат ста-рост од 1000 год., маслинката 700 год., а јаболкниците до 200 годи-ни.

• Фиданките на дрвјата виш-на и слива за една година можат да израснат и повеќе од еден ме-тар.

• Цвеќињата имаат влијание во намалувањето на депресиите кај човекот.

• Кафето достигнува висо-чина од 2 до 5 метри. Му одговара тропска клима.

Ајдучка трева Ајдучката трева (Achilea

millefolium L.) е повеќегодишна билка со пријатна миризба. Нејзи-ните бели ситни цветови се наоѓа-ат на врвот на билката и се собра-ни еден до друг па се добива впе-чаток дека во прашање е еден цвет. Расте на суви и на умерено влажни клими, и тоа до надморска височина од 1800 метри. Таа е чест жител на ливади шумички, крај па-тиштата и може да се пронајде низ цела Европа.

Уште од многу одамна се користела во народната медицина. Се употребува кај заболувањата на желудникот и на цревата. Се препорачува против дијареа, ко-лит, хемороиди, против воспалена слузница во грлото, а се користи и за прекинување на крварење. Со-држи етерично масло кое користи против болки и грчеви во стомакот. Се користи против бубрежни забо-лувања, а бидејќи е и добар диу-ретик, го регулира вишокот на теч-ности.

За да приготвиме чај од ај-

дучка трева, треба да го направи-ме следново: Една супена лажица од самите цветови, а може да упо-требиме и делови од стеблото, се попарува со 300 мл. жешка вода. Садот се покрива и се остава да от-стои 20 мин. Потоа се процедува и се пие пред јадење околу полови-на час.

Темјанушка

Темјанушката (Viola) е скриено-семеник е распространет низ све-тот во 800 вида кои, пак, се рас-поредени во 21 род. Во Македо-нија е позната како ендемско рас-тение Алшарската темјанушка која името го добила по локалитетот Алшар. Мошне е позната и тро-бојната темјанушка (Виола трицо-лор хортенсис) која, според името, на својот цвет си има аплицирано три бои, од кои најчесто виолето-вата, жолтата и белата. Таа е до-биена со вкрстување од еден гра-динар (Лорд Џејмс Гамбер). Овој вид темјанушка цвета од мај до август. Во плодот, кој се рас-пукнува на три дела, се наоѓаат семчиња кои можат да се посеат,

така што од нив очекувајте возрас-на билка дури наредната година. Ако ја одгледувате во собни усло-ви, ќе добиете добар придружник за вашата душа.

Според една античка ле-генда, божицата Кибела откако се вљубила во убавото момче Атис, решила да го стави во цели-бат како свештеник. Момчето, од друга страна, се вљубило во Сага-ритида, ќерката на богот Сага-риј. Љубоморната Кибела ја уби-ла својата симпатија, по што, од пролеаната крв по земјата, порас-нале убави темјанушки.

За темјанушките постојат и верувања кои се интересни и пре-дизвикуваат внимание. Така на пример, ако во сон се китите со темјанушки, сакате да бидете во центарот на вниманието. Поната-му, ако некому му подарите темја-нушка, ви претстои голема радост во семејството. Во однос, пак, на боите, темјанушките ги имаат овие значења: бела – хармонија, жолта – материјална добивка, сина – за-доволство, црвена – радосен на-стан. Сите бои на темјанушката имаат позитивна конотација. Ви преостанува, штом ќе го прочита-те овој прилог, да отидете на цве-тен Пазар за да си купите неколку темјанушки во саксии. Потоа, ба-рем една подарете, онака, колку да се потсетите дека љубовта е да-рување внимание!

тнАвз

гсАбдррлпн

вд

Симбол на љубовта во „Димо“ – темјанушкаФ

ото:

Риа Давковска

Page 14: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 14

Заштита на воздухот, водата и почвата

Магнетна терапија Колку што постои плане-

тата Земја, толку време постои и магнетизмот. Магнетната руда доаѓа на површината преку лава-та каде што се меша со азотот од атмосферата. Така, оладената лава во себе го чува природниот магнетизам од земјата.

Во одамнешното минато старите народи го користеле маг-нетизмот за лекување, а и за афирмација на виталноста на ор-ганизмот. Се верувало дека магнето го продолжува човекови-от живот. Да наброиме каде се користел магнетизмот како сред-ство за подобрување на човеко-вото здравје:

- Кралицата Клеопатра но села накит од магнет за да си ја зачува својата убавина;

- Египетќаните го користе-ле магнето за да спречат секаков вид крварење на телото;

- За време на кинеската ди-настија Хан, која владеела од 200 год. пне., се користело магнет за намалување на отоците околу зглобовите;

- Плиниј (23 – 89 год. н.е.), римски историчар, забележал по-даток дека магнетот се користел за лекување на очни болести;

- Парацелзус, швајцарски алхемичар, сметал дека со магне-тот можат да се лекуваат разни болести и др.

Денес јачината на магнет-ното поле е значително намалена и изнесува 0,5 Гауси. Заслабено-то магнетно поле доведува до на-

малување на имунолошкиот си-стем кај човекот, како и до про-блеми во централниот нервен си-стем. Затоа денешниот човек има нарушен сон, раздразлив е, има болки во грбот и сл.

Употребата на магнет до-ведува до врзување со слободни-те канцерогени радикали во ор-ганизмот, па така во телото на човекот се создава алкална сре-дина која е непопуларна за виру-сите и за бактериите. Тие ја на-малуваат болката, го подобрува-ат расположението, крвниот при-

тисок, а истовремено создаваат нормални органски процеси.

Денес се користат магнет-ни алки кои во Македонија ги увезува Сабона од Скопје. Тие помагаат при следниве пробле-ми: артритис, реума, подобру-вање на имунитетот, намалување на болките во зглобовите, мигре-на, менструални болки,, регули-рање на притисокот итн.

Прилогот го подготвиИлија Ристовски, седмо 4

Спокоен чекор

Зрачење Зрачењето прет-

ставува облик на енергија која може да биде создадена од природата, но и од човекот. Тоа се созда-ва од природата во вид на сончево зра-чење, од радиоактив-ни материи од почва-та (уран), а човекот ги ствара преку рен-гентските апарати. Зрачењето го има во водата што ја пиеме, во воздухот, во хра-ната, во човечките те-ла. Осумдесет про-центи од зрачењето што е врз чо-векот е од природни извори, а са-мо дваесет од вештачките извори на зрачење (медицинските х-зра-

ци). Зрачењето може да влијае

врз телото на повеќе начини, а негативните последици од тоа

зрачење можат да се забележат дури по повеќе години. Тоа може да биде сосем незначително, но мо-же да претставува и смртна закана, прет-ставувајќи се преку разни смртоносни заболувања.

Постојат три основни начини како да се заштитите од зрачењата:

- Да го скра-тите времето кое го поминувате покрај изворот на зрачење.

- Да го зголемите растојани-ето од изворот на зрачење.

- Да ја зголемите заштитата меѓу вас и изворот на зрачење.

ззпмнжссрз

тко

тпи

Page 15: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

15број 2, секември 2012

Заштита на воздухот, водата и почвата

Затвори ја славината на чешмата во бањата додека миеш заби или лице. Може да се

изгубат дури 9 литри вода за 1 минута, само ако ја оставиш водата да тече додека се ми-еш.

Подобро туширај се кратко време, одколку да се бањаш во кадата, бидејќи така ќе за-

штедиш дури 400 литри вода неделно. Докол-ку мора да се бањаш во када, тогаш барем на-полни ја до пола.

Поправете ја чешмата што е расипана и ка-пе вода од неа, бидејќи така се троши ду-

ри 90 литри вода неделно, што за подолг пе-риод ќе чини многу повеќе одколку да купите нова чешма.

Нетреба да ги преполнувате садовите со во-да кога готвите или правите кафе или чај.

Наполнете и зоврите вода само толку колку што ви е потребно.На тој начин ќе заштедите и електрична енергија.

Користете ги машините за перење алишта и садови само кога се целосно полни.Кога

работи машината полупразна, се губат и вода и електрична енергија.

Доколку имате навика да пиете студена во-да тогаш подобро изладете шише со вода

во фрижидер отколку да ја оставите водата да тече за да добиете ладна вода

Во бањата поставете казанче со штедлив си-стем на испирање на веце шољата така

што наместо 9 литри на едно пуштање, ќе тро-ши само 6 литри.

Штедиме вода во домот

ТАБЕЛА:

Пример за штедење вода во бањата

Лука Стојановиќ, 5в

Page 16: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 16

Заштита на воздухот, водата и почвата

Десет начини како да се заштеди електрична енергијаАко за еден мо-

мент се осврнеме на секојдневните рабо-ти во нашите животи ќе забележиме дека речиси сите имаат врска со енергијата. Електричната енер-гија е една од неоп-ходностите за де-нешниот модерен живот. Речиси да е невозможно да се замисли денешниот живот без телеви-зија, радио, топла вода, компјутери, без осветление… Бенефитот од електричната енер-гија е голем и често не се внимава како се користи електричната енер-гија. Сепак, со порастот на цената на електричната енергија и нејзи-ното севкупно влијание врз живот-ната средина, свеста за нејзиното рационално користење е зголеме-на. Сè со цел порационално кори-стење, има неколку работи кои се-кој може да ги примени за да има енергетски поефикасен дом, а со тоа и помали сметки за електрична енергија. Мерките претставени во текстот не баарат дополнителни инвестиции и нивната ефективност зависи од тоа колку сме готови да се придржуваме до нив.

1 Еден од најголемите потро-шувачи во домот е рерната.

Вклучувајте ја само кога е неоп-ходно. Значително помалку енер-гија ќе се потроши ако се користи ринглата а не рерната.

2 Машината за перење е исто така еден од поголемите

потрошувачи на електрична енер-гија во домот. Доколку е делумно наполнета за истата енергија, ќе испере помалку облека. Исто така денес е возможно со помош на не-кои детергени да се пере и на по-ниски температури што би значе-ло помала потрошувачка на енер-гија.

3 Добар дел од работите што важат за машината за перење

на алишта важат и за машината за перење на садови. Таа треба да се пушта во употреба само кога е це-лосно наполнета. Исто така, до-колку има опција за кратко и еко-номично миење, треба да се одбе-ре таа опција.

4 Систем за греење. Доколку системот за греење е опремен

со термостат, треба да биде поста-вен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до

17 целзиусови степе-ни со што би се гене-рирарала дополнител-на заштеда. Така, на тој начин наутро за кратко време системот за греење би постиг-нал 20 степени.

5 Не оставајте ги на „stand by“ или пуш-

тени мониторот или компјутерот кога не се во употреба. Со само-то тоа тие трошат енергија речиси исто

како да работите.

6 Ладилникот треба да биде поставен на студено место по-

далеку од каков било топлински извор. Кога се вели топлински из-вор, се мисли на шпорет, печка или слично. Исто така, пожелно е да не биде изложен на сончево зрачење.

7 Користете ја рационално топлата вода од бојлерот. По-

желно е кога еднаш ќе се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја ис-користат водата во побрз времен-ски период. Што повеќе се чека, толку повеќе бојлерот би се изла-дил и би морало повторно да се вклучува за да се загрева. Со оглед дека бојлерите имаат мини-мум грејачи од 3 KW, тогаш повеќе од јасно е за колкава заштеда ста-нува збор.

8 Внимавајте на осветлу-вањето и дали е потребно да

биде вклучено во некоја просто-рија или не. Често децата или ти-нејџерите не внимаваат и остава-ат вклучени светилки без оглед што тие не се во собата. Свртете им внимание на тој факт и укаже-те им на важноста на тоа.

9 При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути

порано. Речиси секогаш тие се до-волно загреани и имаат акумули-рано доволна топлина за да се доврши јадењето. Така, по 5 мину-ти заштеда од секој зготвен оброк, речиси секој ден би се направила голема заштеда на сметката за електрична енергија.

10 Не оставајте го премногу време отворен ладилникот.

На секој ладилник му требаат по-веќе од 3 минути за да ја достигне саканата температура ако се држи отворен една минута.

Христијан Блажевски 5в Наставник: Благица Тодоровска

Занимливости:• Шумскиот екосистем е

природна шумска единица соста-вена од сите растенија, животни и микроорганизми кои фумкцио-нираат заедно со сите фактори на неживата природа во животна-та средина. За сево ова се грижи шумската екологија. Така, упра-вувањето над шумите е познато како шумарство.

• Електронскиот отпад прет-ставува опасност за животната средина и за здравјето на луѓето бидејќи во себе има отровни еле-менти кои се шират преку почва-та, како и преку надземните или подземните води, а преку па-лењето на тој отпад – и преку воздухот. Во електронски отпад можата да се најдат следниве апарати: ладилници, тостери, лаптопи, дотраени компјутери и компјутерски делови, телевизо-ри, mp3-плеери, електрични бор-машини и разни други електрич-ни апарати.

• За можни причинители на почестото здебелувањето на луѓето, според едни дански науч-ници, може да се смета зголеме-ното присуство на јаглен-двоок-сид во воздухот. Научникот Ларс Херсоуг, дошол до сознание дека јаглен-двооксидот влијае врз за-киселувањето на организмот, од-носно врз pH-вредноста на крвта. Киселоста, пак, влијае врз клет-ките во мозокот кои го регулира-ат апетитот во организмот на тој начин што се испушта хормонот орексин. Фактички, големото ко-личество на CO2 ја прави крвта закиселена (а не базна), по што се појавува зголемен апетит.

• Ни преостанува само да престојуваме колку што можеме повеќе во средина со чист пла-нински воздух.

• Во воздухот постојано се емитираат честички од високоф-рекфентен електросмог кој е не-видлив за сетилата на човекот. Тие честички се произведуваат преку мобилната телефонија, ра-диото, телевизијата, радарите, воената техника, преку предава-телите и сл. На пример, електро-магнетните полиња на мобилните телефони при создавањето на ед-на емисија на бранови се од де-сет до стопати поголеми од оние што ги создава еден радио пре-нос.

1нрнткзн

5тквте

Page 17: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

17број 2, секември 2012

Еколошка етика

10 Декември- меѓународен ден на животните

Има една вистина која не сакаме да ја видиме. Таа му се пров-лекува на човештвото повеќе илјад-ници години. За тоа е виновна чо-вековата суета, која не сака да при-знае каква било слабост, која на се-кој поединец му вели дека е безгре-шен, која целосно го заслепува око-то на вистината.

Во прашање е секојдневно-то убивање на животните кои чове-кот претходно ги одгледува, одна-пред знаејќи дека ќе ги искористи за сопствена исхрана. Лицемерно-ста на луѓето оди до таа мера што го измислија и терминот одгледу-вање во слободни услови. Демек, ако ги искористуваме, ама важно им оставаме поубави услови за живот додека ги одгледуваме… за колење.

Оваа планета не ни припаѓа само нам. Не сме сами… со сопстве-ната суета. Сите оние што во свое-то тело имаат душа, имаат полно право да живеат на свој начин без да бидат искористувани.

Во минатото разни катего-рии луѓе (жените, црнците, рабови-те во робовладетелството) биле за-грозени во поглед на личните чове-кови права. Тие состојби низ веко-вите се менувале. Тоа, пак, ни оста-ва простор да се надеваме дека пра-вата на животните ќе си го заземат своето вистинско место.

Во овој месец се одбележу-ва денот за правата на животните. Спомнете си за него кога на масата пред вас има парче месо во кое не-когаш постоела нечија душа која со свои очи гледала во сопствената смрт.

Симболи од екологијатаНа страницава се претставени два симбола од екологија

кои имаат цел да посочат одредена информација, значајна за сите нас. Ова е интерактивно катче. Користејќи разни извори на информации, определете што значат двата зна-ка. Потоа тоа запишете го под сликите!

Чаен колбас – добра амбалажа за лицемерно-ста на човеко-

вата душа

Опстанок

Кога одредена единка преста-нува да контактира со секојдневните услови за живот: храна, вода, клима и сл., почнува да бара начин како да дојде повторно до истите услови кои му нудат физички опстанок. Реакции-те се следниве: единката станува по-динамична, талка на сите страни за да дојде до решение на проблемот и вле-гува во опасни ситуации. Тогаш кога луѓето ги набљудуваат ваквите беспо-мошни животни кои бараат спас, пред себеси имаат две опции: или да ја ис-користат ваквата состојба и да го фа-тат животното во стапица, или безус-ловно да му помогнат. Оваа дилема е важна морална загатка!

Секојдневно забележуваме луѓе кои сакаат да ја искористат се-која животна ситуација во своја пол-за. Тие во секоја ситница, во секоја состојба наоѓаат оправданост за про-фит. Не знаат дека најчесто матери-jал ната добивка е спротивна на духов-ното богатство. Тоа искуство е уште како важна придобивка која доведува до духовно себепрепознавање.

Од друга страна, има и луѓе кои беспоштедно, безусловно и вни-мателно му помагаат на општеството а и на поединците од тоа општество. Тие ја запоставуваат личната среќа и алтруистички им се ставаат на распо-лагање на секој има потреба од некак-ва помош. Себежртвувањето за други-те го препознаваме како љубов, така што сосем е извесно дека без тоа де-нес човештвото не би постоело. Љу-бовта надвладува, ја покорува дрска-та омраза, та така денес можеме да зборуваме за бескрајноста на живо-тот. Тој е обновлив, неуништлив, раз-новрсен.

Падна и првиот снег. Целата површина е покриена со бела покрив-

ка. Белината има естетска вредност, но има нешто поради што човек пак останува рамнодушен, и покрај уба-вината на снегот. Снегулките ја по-крија секоја потенцијална храна за животните скитници. Исчезна мириз-бата на остатоците од храна, та така се прекина врската со опстанокот. Врапчињата, гугутките, гулабите, чавките и другите птици останаа гладни. И кучињата скитници загу-бија можност за исхрана. Сте се пра-шале ли како е да се биде гладен, мо-кар од „прекрасниот” снег, набркуван од кој годе, без љубов, осамен и на улица додека студената ноќ ги изѕем-нува и најтоплите мисли. Оној што не го почувствувал тоа чувство, не знае за што зборуваме во овие редови. Но, ако внимателно размислувате на ова тема, ќе видите дека не ви преоста-нува ништо друго, освен да се фати-те за работа и да барате начини како да им помогнете на малите и беспо-мошни животни.

Понекогаш ќе слушнете како некое ловечко друштво носи храна (сено, жито) во планините за да спа-си од глад одредени животни. Таа по-мош, сепак е лицемерна бидејќи моти-вот за спасување кај овие луѓе има се-бична намера: ги спасувам за да мо-жам јас да ги ловам, да ги убивам. Всушност, едно животно (човекот) не сака да им ги остави кутрите елени и фазани на други животни (волци, меч-ки). Ваквото зимско спасување е само еден вид одложување на смртта за ку-трите животни, до некоја наредна си-туација, погодна за отстрел.

Ме радува тоа што учениците од моето училиште имаат срценца колку цели планини. Ги набљудувам од прозорецот. Се приближуваат до одредена дистанца, фрлаат парчиња леб, ѓеврек и други продукти, а потоа се оддалечуваат. На местата со нафр-лана храна долетуваат разни птици кои веќе се одомаќиниле во училиште-во. Животните знаат да ја почувству-ваат гостопримливоста, умеат да ја по-чувствуваат љубовта. Преостанатите деца кои некаде брзаат воопшто не-маат намера да ги избркаат насобра-ните птици. И покрај тоа што детски-те чекори поминуваат крај купчето птици, тие воопшто не се вознемиру-ваат, зашто имаат доверба во детска-та искреност.

Марјан Костовски

кновкжбсВчгбшко

Page 18: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 18

Убавите места од Македонија

Галичкиот дел на БистраПрилогот го подготви:

Марјан Костовски

Овојпат пеш ја изодуваме планината Бистра од страната на село Галичник. На неколку кило-метри пред село Галичник скршну-ваме од асвалтот и се движиме ле-во по еден макадам пат. Кривуле-стиот пат ги поврзува сите галич-ки бачила и им служи на сточари-те да дојдат до бачило и да нато-варат канти со преубаво галичко сирење кое потоа се носи по урба-ните средини. Движејќи се во пра-вец на Лазарополе, по редослед ги среќаваме следниве бачила: Вар-дар - Градско, Русин, Смрека (кај жичарницата), Салтаница, Соло-муница, Чавкарник, Суво Поле, Кириловец, додека некаде нафд село Галичник, таму кај надвисна-

тите карпи се наоѓа Говедарник. Одењето од бачило до ба-

чило се мери со часови. Нозете не се заморуваат. Убавините на пре-делот ве оттргнуваат од секојднев-ните грижи на урбаното живеење. Како пристигнувате на секое од бачилата, така ве пречекува по-знатата македонска гостопримли-вост. Таа гостопримливост води потекло од предхристијанскиот период, кога луѓето во Македонија верувале дека душата на секој го-стин што доаѓа некогаш во мина-тото, кога престојувала во некое друго тело, живеела на штотуку посетеното место.

Бачот, оној што го прави сирењето, најпрвин ве прашува кој сте, од каде сте, што барате на-ваму, а потоа, кога ќе се увери во

вашата добронамерност, ве нуди со сирење и со разговор полн со мудрост завиткана во извесна до-за на хумор, колку да се прикаже дека соговорникот го сфаќа живо-тот како нешто убаво.

Наутро, штом овчарите ќе ги изведат стадата овци на па-сење, бачилото останува само со бачот и со помошникот кои прават сирење и кашкавал. Секој од ов-чарите со себе води по една пре-дела овци (предела – 1000 овци) и, се разбира, овчарски кучиња меѓу кои и македонскиот караман.

Овдешното сирење е по-себно по вкус бидејќи земјиштето има особено значајни материи кои навлегуваат во богатата трева на пасиштата.

Инаку, планината Бистра се граничи со шест други плани-ни: Шар Планина, Буковиќ, Сто-

вашата добронамерност ве нуди

Тргнуваме изутрина во 5 часот, а се враќаме на асфалтот вечерта во 20 часот. Целодневното одење е обид за уништување на цивилиза-цискиот ѕвер кој секојдневно ги зграпчува човековите души

Овие коњи од некое бачило преку цел ден се пуштени на пасење, а навечер сами се прибираат на бачилото

Бачило

Фото:

Влатко

Костовски

Фото:

Влатко

Костовски

Фото:

Влатко

Костовски

Page 19: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

19број 2, секември 2012

Убавите места од Македонија

гово, Крчин, Дешат и Кораб. На ова планина се наоѓа и скијачки центар, а бидејќи се граничи со

Мавровското Езеро, поголем дел од планината спаѓа во национал-ниот парк Маврово.

Не е излишно да посочиме еден вистинит настан што се случил во Га-личник, а е поврзан со кучињата:

„Постарите и искусните сточари, просто можеле да го ‘читаат’, нивно-то завивање секојпат нешто им претскажувало. Така се кажува дека пред да му ги украдат овците од бачило на Ста-

мата Бужаровски и Јована Филиповски од планината Никифорица, дома во Галичник се нашло едно такво куче што два дена и две ноќи не можеле да го смират, постојано завивало. Жените од семејството го мо-леле Стамата да го испрати кучето на бачило, оти како што велеле ’жа-лит за тамо’. Стамат со брат му Василко, излегле да го надгледуваат и да го ’итаат’ завивањето. Кога виделе дека постојано ја чува главата на-ведната и завива свртено кон планината, Стамат го испратил постари-от син на бачило да види што има таму. Уште пред да тргне син му в пла-нина, дома стигнал овчар и му соопштил на Стамата оти се нападнати од арамии:

- Еден овчар е убиен и извесен број овци и коњи се запленети.Покрај веста, Стамат со трогнатост го помилувал кучето и го нахра-

нил. По раскажувањето на бабата Стаматица Бужаровска, тоа се слу-чило во времето помеѓу 1915 и 1917 година.“

(Бужаровски, Ристо, Галичка повест, Сточарство,Наша книга, Скопје, 1976, стр.19,20)

Нема овчар од овие предели кој не слушнал за тажната народна песна за Левенди Ѓуро кој, доде-ка боледувал, барал од Солун да ја доведат неговата сестра за да се поздрави со неа пред да отпатува на вечните пасишта.

РАЗБОЛЕЛ МИ СЕЛЕВЕНДИ ЃУРО

Разболел ми се левенди Ѓуро,разболел ми се,в Бистра планина

на бачиото Соломуница.

Ој, ти бре брате, брате Стојане,јавни си коња, коња дорија,слези си долу, Солунско поле.

Солунско поле, овча наија,овча наија, село Панонија

и да ја викнеш сестра Марија.

Послуша Стојан, брата си Ѓурои ми отиде Солунско поле

за да ја викне сестра Марија.

Готви се, сестро,на свадба да одиш,

ќе ми се женит братот ми Ѓуро,ќе ми се женит братот ми Ѓуро.

Еј, ти бре, брате, брате Стојане,дал’ да облечам руво радосно,ил’ да облечам руво жалосно?

Кога втасаје Каленберица,го праша Стојан сестра Марија:-Зашчо пилиња жалосно пеет?

Овдека имат секакво пиле,затеа о слушаш жалосни песни,затеа о слушаш жалосни песни.

Кога втасаје Бистра планина:-Зашчо мирисат темјановина,Да не е умрел братот ми Ѓуро?

Овде ми растет секакво цвеќе,затеа мирисат темјановина,затеа мирисат темјановина.

Кога втасаје река Бистрицана Бачилото Соломуница:

-Зашчо се збрале купче овчари?

Да не го носет братот ми Ѓуро?Не ми го носет левенди Ѓуро,Туку го женет за црна земја

гово Крчин Дешат и Кораб На Мавровското Езеро поголем делНема овчар од овие предели кој

Понекогаш коњите од бачилата се употребуваат за лессен транспорт на суровини кои се неоп-ходни. Овие дрва најверојатно ќе бидат употре-бувани за палење оган при варење на млекото

И ова ждребе еден ден ќе му биде на услуга на бачилото

Покрај стадото овци секогаш е македонскиот караман

Овој кара-ман, според овчарот на фотогра-фијата, има избркано многу волци, а на неколку наврати и еден стар мечок

Фото:

Влатко

Костовски

Фото:

Влатко

Костовски

Фото:

Влатко

Костовски

Фото:

Влатко

Костовски

Page 20: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 20

Заштита на човековата душа

Засади дрво - Засади ја својата иднина Минатово лето деновиве беа пеколни жешки. Во

попладневните часови ретко некој се движеше по ули-ците. Еден таков ден, дедо ми и баба ми ме ставија мене и брат ми во автомобилот и заминавме за Пели-стер. Моите родители негодуваа, затоа што беше мно-гу топло. Патот нè водеше покрај високите стебла на „Молика“. Стигнавме на една ливада опкружена со многу дрвја, а на крајот од ливадата жубореше студе-но поточе. Додека игравме и уживавме во сенката на едно големо дрво, дедо ми ја раскажа приказната за тоа дрво. Кога бил на моја возраст, со учениците од неговото училиште саделе дрвја. Тогаш решив јас да засадам дрво. Кога ќе бидам баба, моите внуци ќе уживаат во неговата сенка.

Веда Андоновска IVв

Засади дрво, за подобра иднинаЈас кога живеев во стариот стан имав моја елка. Ја

добив за мојот втор роденден. Од тој мој роденден до-сега, кога имам девет години, сигурно не можете да си замислите колку е голема таа. Таа не е висока кол-ку елките во парковите, но е два метра повисока од мене. Уште како мала многу ја сакав. Одвреме-навреме ја полевав. Толку внимателно ја

чував што некогаш седев и покрај неа цел ден. Не са-кав да се селиме само поради една работа, а тоа бе-ше елката. Но мајка ми и татко ми ми рекоа дека мо-ите соседи ќе се грижат за неа. Тогаш бев сигурна дека ќе ја оставам во добри ра-

це. Иако се преселивме, јас ден-денес ја гледам и ја сакам.

Јана Настова IVв

Чувај ја природатаНе, застани, не фрлај го тоа,не, застани, земи го тоа,не оставај отпадок зад себеза да оставиш пример добар!

Размисли за околина чиста,Размисли за полиња плодни,Размисли за воздух без загаду-вање,Размисли за иднината твоја!

Чувај ја, чувај, природата!за да ни врати со убавина,за да имаме земја со многу цвеќиња,за да не слават нашите идни де-чиња!

Мија Глигорова седмо 4

Слонот простЕден слон што емногу прост, секојден јаде и пие потрипати на ден спие.

Слонот спие и ич не се мие.Прљав е како прасе, а има идругар Тасе.

Александра С. четврто в

ГаличицаГаличица бела,варовита цела,Охрид и Преспаги разделила.

А старата Баба,Пелистер ја краси,во пелистерски очиубавина & точи.

Дијана Дурлевиќ седмо 2 (песна од 2008 год.)

Старата букаНад ридот над село,крај рекичка малараширила рацеедна бука стара.

Во нејзини гранкиптица гнездо свила,а верверичка маладом си направила.

Едно утро ранопред зима да дојдебуката ја снема,некој лош дрварнеа ја зема.

Тагуваа ситепо буката стара,деца и птиции верверичка мала.

Дијана Дурлевиќ седмо 2 (песна од 2008 год.)

Чуден лавСи бил еден лавна животните крал,кога му било ладноси ставал шал.

Кралот лав голем,силен и многу храбар,но замислете чудого исплашил еден дабар.

Малиот дабар тропна,големиот лавод страв скокна,со наведната главасе сокри под една крава.Александар Смилановски Vв

Уметноста на природата

Page 21: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

21број 2, секември 2012

Здрава исхрана

Култура на исхрана на учениците во ООУ Димо Хаџи Димов – Скопје

Училиштето е институција во која се образуваат децата од една населба. Со овој проект са-каме да го испитаме квалитетот на исхрана на учениците во на-шето училиште, како и манирите во текот на хранењето. Сметаме дека неквалитетната храна во го-лема мера влијае врз учењето и врз резултатите од него. Исто та-ка начинот на хранење е многу значајно. Навиките при јадење се од голема важност. Јадењето со затворена уста додека се џвака, мљацкањето, фрлањето на отпа-доците од храна насекаде, сето тоа ја покажува нашата култура и го покажува нашиот однос спре-ма околината.

На следниов столб е при-кажана анкета на која се гледа видот на исхраната на големиот одмор кога учениците пообилно се хранат.

Од извршената анкета, во која беа набљудувани 100 ученици, може да се констатира: 15% ја-дат сендвичи; 20% јадат кифла; 25% јадат геврек; 32% јадат пи-рошка; 8% јадат бурек.Испитувањето го зема предвид

и хранењето со грицки. Наредни-ов столбест дијаграм се однесува на хранењето на голем одмор. Имено, учениците, освен постој-на та исхрана, продолжуваат со некаков вид грицки:

Од извршената анкета, во која беа набљудувани 100 ученици, може да се констатира: 37% ја-дат чипс; .23% јадат смоки; 18% јадат чоколада; 32% јадат гриси-ни; 8% јадат переци во кесичка.На крај, може да се констати-

ра дека учениците не се хранат со вистинска храна во која има

овошје и зеленчук. Освен тоа, ја-дењето е брзо и „на нога“. Исхра-ната не нуди уживање, а начинот јадење е некултурен и остава впечаток на нецивилизирано од-несување.

Истражување е направено на избор-ниот предмет Вештини на живеење кај наставник Весна Кочовска.

Проектот го изработија:Ивана Деловска, Никола

Благоевски, Мила Јовановиќ,Јана Спасовска, Димитар Митровски, сите од седмо 1

Видови вегетаријанци Вегетаријанството е

здрав начин на исхрана во кој воопшто или сосем малку се ко-ристи храна од животинско по-текло. Овој вид исхрана има ху-мана димензија и праведен по-глед на односот човек – приро-да. Нивната фолософија има цел на животните да гледа како ед-накви на човекот. Поради такви-от став воопшто не се насилни и постојано ги решаваат пробле-мите на мирољубив начин.

Вегани - Станува збор за ри-горозни вегетаријанци кои не ја-дат ништо што потекнува од жи-вотните: јајца, млечни производи, мед. Не користат ни облека која е направена од животинско крзно или од волна. Нивната философија е немешање во личната своина на животните. Сметаат дека животни-те не ни отстапиле ништо за наша употреба.

Фрутаријанци - Овој вид веге-таријанци, како што кажува и са-миот назив (фрута – овошје), се

хранат со сите овошја, потоа со јат-касти плодови – ореви, бадеми, лешници, но притоа внимаваат да не го повредат растението.

Лакто-вегетаријанци - Овој вид вегетаријанци, освен што јадат секаков вид зеленчук и овошје, во исхараната користат и млечни про-изводи – сирење, кашкавал, кајмак итн. Овие вегетаријанци не кори-стат јајца во менито.

Ово-лакто-вегетаријан-ци - Овие луѓе, освен што ја-дат млечни производи, кори-стат и јајца во исхраната.

Песко-вегетаријанци - Во прашање се луѓе кои, не само што јадат разни растенија и овошје, користат и разни видо-ви риба на својата посна трпе-за.

Полувегетаријанци - Ста-нува збор за луѓе кои, освен што јадат овошје, зеленчук, млечни производи и риби, сме-

ат да јадат и кокошкино и мисир-кино месо. Тие не користат исклу-чиво црвени меса: телешко, свин-ско, јарешко, јагнешко.

Макробиотичари - Се хранат со зрнеста храна од разни жита. Внимаваат таа храна да биде про-изведена на органски начин, без пестициди и без вештачки ѓубрива. Не јадат рафиниран шеќер, рафи-нирано масло, бело брашно и сл.

цдс

пшовз

ншм

Фото:

Риа Давковска

– седмо

2

Фото:

Димитар

Митровски

– седмо

1

Page 22: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012 22

Симпатичната природа на природата

Смешната страна на природатаОдат по пат татко и син глушец. По некое време крај нив летнал

еден лилјак. Глувчето го видело и рекло:

- Тато, гледај, ангел!

***Одат во една ораница два црва. Ед-ниот, целиот среќен, му вели на

другиот:- Знаеш ли зошто сум толку

среќен?- Зошто – прашал другиот?- Бабата отиде на риболов!

***На една планина слетал еден орел и, за чудо, таму здогледал еден

полжав. Го прашал:- Како дојде овде на ова височина?- Со лигавење – одговорил полжа-

вот.

***Како настанала коњската мува?- Татко и е коњ, а мајка и мува.

***

Влегува еден дечко во бурекчилни-ца и порачува четврт бурек со месо. Потоа, вообичаено, продавачот

прашува:

- За носење ли ви е буреков?- Е не, тебе ќе ти го оставам – одго-

ворил дечкото.

***Берберот му ја бричи брадата на не-кој човек, а до нив седи берберово-то куче и гледа кон муштеријата.

- Зошто ме гледа кучево цело вре-ме? – прашал муштеријата.

- Во последно време многу се хра-ни со човечк уши – рекол берберот.

***

Штркчето ја прашува мајка си:- Мамо, како дојдов на овој свет?- Синко, нема да веруваш, ама тебе штркот те донесе – одговорила

мајката.

***Еден охриѓанец фатил златна риба, а таа му рекла дека ќе му исполни една желба. Охриѓанецот рекол:

- Сакам Ауди А6

- Сакаш на кредит или на лизинг – прашала рибата.

- А ти да не сакаш на масло или на свинска маст – одговорил охриѓа-

нецот.

Л У К Н Ш Р Е Л Е Ц

У Ш Р Е Т Р У П К А

Б М О Р К О В Љ Е К

Е Ш М Ш А Л У К И Р

Н К И Р И П М О К Е

И Г Д А К Л Е З Љ П

Ц В Е К Л О Ш Е Ш И

А Н А Н А С З А Р П

Пронајди ги скриените зборови!

Ќе ги пронајдеш следниве зборови: лук, кромид, праз, пиперка, лубеница, ананас, цвекло, рикула, целер, трупка, морков, зеље, кељ, зелка, рен, компир.

Page 23: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

23број 2, секември 2012

Импресум

ДиректорЗорка Ристова

Главен координаторАнета Корун

Редовен новинарски тим

Главен и одговорен уредник:Марјан Костовски, наставник по македонски јазик

Заменик на главниот и одговорен уредникАнгелика Недевска, одделенски наставник

Технички уредници: Љупчо Михајловски, родител на ученик од училиштево,Ѓорѓи Огненовски, наставник по информатика

Новинарска екипа:VII 1 - Георги Михајловски, Петар Трајчевски, Кристијан Макаровски,

Блажо Ковачевски, Димитар Митровски;VII 2 - Дијана Дурлевиќ, Риа Давковска, Марија Танчева;

VII 4 - Аника Цветковска, Кристијан Стамески;8а - Јасна Ѓорѓијоска, Олга Дамовска

Надворешен соработник: Влатко Костовски, наставник по ликовно образование

Лектура и коректура: Марјан Костовски

Седиште: ул. „Ангел Динев“ б.б. Скопје

Правен застапник: ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје;Општина „Карпош“

Електронска пошта:[email protected]

Page 24: Детски еко весник „ОКО“ бр.2 (Декември 2012 )

број 2, декември 2012

Рубрика

24 број 2, декември 2012

Рубрика

244Снежна идила во општина Карпош