Предавање 4 Енталмологија

19
ЕНТОМОЛОГИЈА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ Универзитет “Гоце Делчев“ - Штип Проф. д-р Душан Спасов

Upload: daniel-paskov

Post on 01-Feb-2016

66 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Предавање 1 по предмето Енталмологија од земјоделски факултет

TRANSCRIPT

Page 1: Предавање 4 Енталмологија

ЕНТОМОЛОГИЈА

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ Универзитет

“Гоце Делчев“ - Штип

Проф. д-р Душан Спасов

Page 2: Предавање 4 Енталмологија

Предмет: ЕНТОМОЛОГИЈА ОПШТА ЕНТОМОЛОГИЈА СПЕЦИЈАЛНА ЕНТОМОЛОГИЈА Семестар и број на часови: VI,2+2+1 часа, 6 кредити

Наставници: д-р Душан Спасов, доцент асс. м-р Билјана Атанасова

Page 3: Предавање 4 Енталмологија

Цел на предметот: ОПШТА ЕНТОМОЛОГИЈА

Општата ентомологија ги изучува инсектите и

нивната улога во земјоделството. Се проучува

анатомијата на инсектите, размножувањето и

развитокот на инсектите, како и нивната екологија,

влијанието на абиотичките и биотичките

факторите, вкупно дејство на еколошките фактори,

влијанието на надворешната средина врз

бројноста на инсектите, како и штетноста на

оделни видови инсекти.

Page 4: Предавање 4 Енталмологија

Цел на предметот: СПЕЦИЈАЛНА ЕНТОМОЛОГИЈА

Специјалната ентомологија не запознава со: 1. Систематика на инсектите; 2. Морфолошките карактеристики на видовите за сврстување во систематска категорија ред (ordo); 3. Штетните инсекти на земјоделските култури: житни, индустриски, фуражни, градинарски, штетници во затворени простори (оранжерии и пластеници), штетни инсекти во складишта, штетници на овошните култури и виновата лоза, полифагни штетници; 4. Други штетници во земјоделството: нематоди, пајаци, полжави, глодари, птици;

Page 5: Предавање 4 Енталмологија

Предмет на оценување:

Предмет на оценување во рамките на предметната програма може да биде: Посета на предавања, Успешно реализирани вежби, Успешно реализирани колоквиуми,Изработка на семинарска работа. Начин на оценување: Завршната оцена за соодветна предметна програма е изразена со квантитативни мерки. Предиспитните активности се вреднуваат со максимум 70 бодови, при што се изразени на следниов начин: - 10 поени за предавања; - 10 поени за вежби; - 20 поени за прв колоквиум; - 20 поени за втор колоквиум и - 10 поени за семинарска. Услов за полагање на завршен испит е освојување на кумулативно минимум 60% од бодовите предвидени за секоја предиспитна поединечна активност или минимум 42 поени. Завршниот испит носи максимум 30 поени.

Page 6: Предавање 4 Енталмологија

Предмет на оценување:

• На завршен испит можат да се јават оние студенти кои освоиле вкупно 42 поени од претходните активности.

• Студентите кои ќе освојат од 35 – 42 поени имаат право на поправен колоквиум.

• Студентите кои ќе освојат помалку од 35 поени треба да го презапишат предметот во наредната година и повторно да го слушаат.

• Завршното оценување се изразува квантитативно со оценка од 5 (пет) до 10 (десет). Оценката добиена од континуираното оценување и оценката

добиена од завршното оценување ја сочинуваат вкупната добиена оценка (од минимална до максимална).

Page 7: Предавање 4 Енталмологија

ЕНТОМОЛОГИЈА – наука која се бави со проучување на инсектите

во поширока смисла ги проучува и другите штетни и корисни животни во земјоделското производство – пајаци, нематоди, полжави, птици, глодари и дивеч

биолошка дисциплина која е дел од зоологијата

Грчки: “entomon” – инсект + “logos” – наука

Page 8: Предавање 4 Енталмологија

НИЗ ИСТОРИЈАТА......

Аристотел во ”Entoma”, ги издвојува инсектите како

посебна класа животни и нивната сличност ја наоѓа со

пајаците (Arachnida), стоногалките (Myriapoda) и црвите

(Vermes);

Неговата систематика за класата Insecta и денес

одговара на постоечките редови;

Ги издвојува посебно тврдокрилците во редот Coleoptera,

Pedetica - скакулци, Psychae - пеперутки и Opisthocentra -

опнокрилци;

Тој пишува за ларвите на тврдокрилците и пеперутките,

нарекувајќи ги skolex или kampi, а нивните кукли chrysalis

или nimpha;

Page 9: Предавање 4 Енталмологија

НИЗ ИСТОРИЈАТА...... Carl Line (Carolus Linnaeus) (1707-1778) има посебно место во

развојот на ентомологија; Во своето најзначајно дело е Systema

Natura, публицирано во Упсала 1758, објавува голем дел од своите

научни достигнувања.

Во втората половина на 18 век, започнува новата ера во

проучувањата на биологијата и еволуцијата, особено со појавата на

Charles Darwin (1804-1882), неговата теорија за постанок и

исчезнување на видовите, по пат на природна селекција и

зачувување на понапредните раси во борбата за живот.

Првата Катедра за ентомологија е отворена на универзитетот во Пиза

во 1790 година.

Eupteron devonicum - најстариот пронајден инсект.

Пронајдени се само крилата, а врз основа на нив е извршена делумна

реконструкција на телото од рускиот палеонтолог Рохдендорф во

1961 година. Инсектот потекнува од епохата на Девон (пред 350

милиони години), но се смета дека инсектите се појавиле многу

порано во епохата на Силур (пред 500 милиони години).

Page 10: Предавање 4 Енталмологија

Значење на инсектите инсектите - значаен фактор во природната

заедница

Санитарна улога – се хранат со мртви растенија и животни;

Ги уништуваат другите живи организми и со тоа учествуваат во одржувањето на природната рамнотежа – предатори и паразити;

Служат како храна на другите животни (ред Insectivora –инсектојади; еж, крт);

Помагаат при оплодувањето на растенијата. Една петтина од голосемените растенија ги опрашува ветрот, а дури четири петтини инсектите;

Учествуваат во распространувањето на растенијата со разнесување на семето (мирмекохорни растенија – мравките се главни разнесувачи на нивното семе);

Ја разровкуваат почвата.

Page 11: Предавање 4 Енталмологија

Потекло на инсектите

Од аспект на потеклото на инсектите постојат различни мислења:

инсектите настанале од трилобитите, членконоги, кои доминирале во морињата во епохата на камбриум.

инсектите се наследници на Onychophora, членконоги, кои се слични на инсектите.

постојат претпоставки дека инсектите потекнале и од Myriapoda, и тоа од редот Symphila.

сé уште не е сигурно ниту едно од наведените мислења и прашање е дали некогаш ќе се открие тајната за потеклото на инсектите.

Page 12: Предавање 4 Енталмологија

Потекло на инсектите

Постојат милиони години, значително пред појавата на

човекот.

Во текот на еволуцијата добро се прилагодиле кон

контрастните услови и различните животни средини на

нашата планета.

Според првиот пронајден фосилен инсект, чие име е

Eopterum devonicum, првата појава на инсектите се смета

дека е во епохата на девон.

Со оглед на тоа што се смета дека инсектите со крила се

помлади од бескрилните инсекти, појавата на инсектите

најверојатно спаѓа во епохата на силур, а можеби и

значително порано.

Page 13: Предавање 4 Енталмологија

Значење на инсектите (односот на инсектите и човекот)

Голем дел од инсектите се индиферентни кон човекот; важни се оние кои му се директно или индиректно штетни или корисни.

Директно корисни: Пчели (мед, восок, прополис;, Свилената буба; Некои штитести вошки од кои се добива лак (Kerria lacca)

и црвена боја – кармин (Dactylopius coccus); Храстовата оса шишкарица – танин; Во некои земји гасениците, скакулците, ларвите на некои

тврдокрилци и други служат како храна; Индиректно корисни:

опрашувачи на растенијата, особено пчелите; природни непријатели на штетните инсекти (предаторите

и паразитите); инсекти кои се хранат со плевели;

Page 14: Предавање 4 Енталмологија

Значење на инсектите (односот на инсектите и човекот)

Директно штетни (пренесуваат болести или паразитираат на човекот):

Комарецот Anopheles maculipennis, ја пренесува маларијата;

Це-це мувата ја пренесува болеста на спиењето;

Домашната мува, Musca domestica, ја пренесува колерата, стомачниот тифус, дизентеријата;

Паразитите на човекот – болви, стеници, вошки;

Т.н. молестанти – инсекти кои му сметаат на човекот со своето присуство;

Индиректно штетни – паразитите на домашните животни (стајската мува, обадите) и штетниците на растенијата.

Page 15: Предавање 4 Енталмологија

Инсектите, освен како директни штетници, се јавуваат и во улога на пренесувачи на болести кај растенијата:

- Tropinota hirta Poda пренесува спори од гламницата на р’жта Claviceps purpurea.

- Пчелите ја пренесуваат бактериската пламеница кај јабочестото овошје (јаболко, круша, дуња) Erwinia amylovora.

- Инсектите со устен апарат за бодење и смукање од редовите Homoptera, Hemiptera, Thysanoptera, Diptera (Nematocera), пренесуваат голем број патогени микроорганизми кај културните растенија.

Значење на инсектите

Page 16: Предавање 4 Енталмологија

Систематско место на инсектите

Инсектите, заедно со пајаците (Arachnida), раковите (Crustacea) и стоногалките (Myriapoda), припаѓаат на типот членконоги (Arthropoda).

Овој тип е најголемата група животни, како по број така и по разновидноста на формите.

Неговите претставници живеат на копно, во слатките и солените води и се распространети на целата наша планета.

Page 17: Предавање 4 Енталмологија

Систематско место на инсектите

Типот Arthropoda е поделен на три поттипа:

Поттип: Trilobita – група морски членконоги кои по бројот на видовите доминирале во епохата на камбриум. Видовите од овој поттип изумреле, но имаат големо значење за филогенијата на животните. Во одреден степен на развој на науката се сметало дека инсектите настанале од овие животни;

Page 18: Предавање 4 Енталмологија

Поттип: Chelicerata – името го добиле според хелицерите, првиот пар екстремитети кои претставуваат дел од усниот апарат. Во овој поттип спаѓаат следните класи:

класа: Merostomata

класа: Pycnogonida

класа: Arachnida

Систематско место на инсектите

Page 19: Предавање 4 Енталмологија

Поттип: Mandibulata – тука спаѓаат членконоги кои имаат горни вилици за гризење (Mandibulae). Овој поттип ги опфаќа следните класи:

класа: Crustacea – ракови;

класа: Myriapoda – стоногалки;

класа: Insecta – инсекти.

Систематско место на инсектите