Студентско организирање

42

Upload: mladinska-nezavisnost

Post on 18-Dec-2014

660 views

Category:

News & Politics


2 download

DESCRIPTION

Studentsko organiziranje i korupcija

TRANSCRIPT

Page 1: Студентско организирање
Page 2: Студентско организирање

Презентација на минати активности

МЛАДИНСКИОБР АЗОВЕНФОР УМY OU T HEDU CAT IONALFORU M

Page 3: Студентско организирање

За Младински Образовен Форум Младински образовен форум е невладина,

непартиска и непрофитна организација основана во јуни 1999 година.

Мисија на организацијата е да нуди можности за аргументирано учество на младите во јавни дискусии на теми кои ги засегаат и со тоа да допринесат во етаблирање на отворено и демократско општество.

Page 4: Студентско организирање

Студентска програма

Студентската програма е најмлада програма во МОФ основана во 2006та година и е настаната како производ на зголемените потреби за реформите во полето на високото образование, заштитата на студентските права, борбата против корупцијата и младинскиот активизам на универзитетско ниво.

Програмата работи на институционални, но и креативни и социјални активности преку кои сметаме дека може да се стимулира активност кај пасивното студентско движење.

Page 5: Студентско организирање

Главни активности во периодот 2003-2008

Период Активност

Декември 2003 Студентски форум - ,,Студентите за себе”

2004 Проект за ,,Вистински студентски правобранител”

2004 Антикорупција во високото образование

Мај 2004 Јавна презентација на кандидатите за ректор на УКИМ.

Октомври 2004 Настан “Quo Vadis Student”

Октомври 2004 Бојкот на студентските избори

2005- 2008 Anticorruption student network- SEE

2006 Отворање на студентската програма

2007 Петиција за студентски парламент

Page 6: Студентско организирање

Антикорупција во образованието

Page 7: Студентско организирање

Настан“Quo vadis student”

Page 8: Студентско организирање

Не препишувај – акција насочена кон студентите

Page 9: Студентско организирање
Page 10: Студентско организирање

Бојкот на студентските избори

Page 11: Студентско организирање

Бојкот на студентските избори

Главна причина: Монополистичкиот систем на студетнско управување и репрезентација, исклученост на изборна комептитивност и изборна плуралност.

Момент за запознавање на студентите со идеите на плурализам, демократско претставување во студентското организирање, подигање на свеста на студентите во врска со нивната (потенцијална) моќ и позиција во општеството.

Резултати: без цензус, само 10% од студентите излегоа на гласање, што јасно го подигна прашањето на легитимитет кај новиот лидер.

Page 12: Студентско организирање

Петиција за студентски парламент

Page 13: Студентско организирање

Држава со малку простор за образовна корупција

ШТО ДА НАПРАВИМЕ ???

Page 14: Студентско организирање

Што е образовна корупција?

Многу повеќе од:Искористување на авторитетот, функцијата или позицијата која ја поседувате за стекнување со материјални добра.

Образовната корупција вклучува и: стекнување со лични добра, поволности и

бенефиции стекнување со лични добра, поволности и

бенефиции, за сметка на одземање на истите од други лица

Page 15: Студентско организирање

Форми на образовна корупција?

Барање и изнудување поткуп за полагање испит Плаќање поткуп за полагање испит Сексуална злоупотреба за полагање испит Услуга за услуга на релација професор – професор Нетранспарентно трошење на студентските пари

[универзитетски такси, принудни такси за студентски сојузи, такси за КЗЖ во студентски домови]

Нетранспарентно трошење на државните пари

Page 16: Студентско организирање

Форми на образовна корупција?

Продавање книги од страна на професорите, нефискално

Препишување на испити Приватни часови за студенти Плагијатизам Непотизам Неистрајни процедури во откривањето на случаите на

корупција Натранспаретна и нелегална распределба на

студентски легла

Page 17: Студентско организирање

Образовен систем без корупција:

Еднакви можности за пристап до образовните добра Правичност во распределбата на образовните

програми и материјали Правичност и транспаретност во критериумите за

избор на повисоки и специјализирани тренинзи Правичност при акредитација, при која сите институции

се оценувани по професионални стандарди, подеднакви за сите, и изложени на јавна оценка

Page 18: Студентско организирање

Образовен систем без корупција:

Правичност во распределбата на јавните добра и услуги

Баланс и либерален пристап кога во прашање се културни малцинства и географска распределеност

Функционални професионални и етички кодекси за административниот и академскиот персонал, како и за студентите

Обезбеден плурализам во студентското организирање Обезбедена заштита на правата на студентите

Page 19: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Структурни реформи:

Закон за високо образование (професионална агенција за акредитација, евалуација и спроведување испити, учество на студентите во управувањето на студентите, заштита на правата на студентите, самоевалуација, студентски парламент)

Статути на универзитети (студентски парламент, студентски правобранител)

Студентски правобранител (измена на уредување) Дигање јавна свест

Page 20: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Конкретни мерки за превенција и откривање:

Функционален универзитетски етички кодекс Академски кодекс на однесување на наставниот кадар Студентски кодекс на однесување Испитен правилник Активни студенти (студентски плурализам) Hot Line за пријавување корупција

Page 21: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Закон за високо образование[Студентски парламент]

АМАНДМАН IIВо член 3 став (2) во алинеја 7 сврзникот и се брише, а по алинеја 8

се додава нова алинеја 9 која гласи:„- обезбедување учество на студентите во управувањето,

особено во врска со прашања кои се од значење за квалитетот на наставата и студентскиот стандард.”

АМАНДМАН IVВо членот 48, по ставот (3) се додава нов став 4 кој гласи:„Универзитетите од став 1 на овој член имаат право на

делегирање на по еден дополнителен преставник на Ректорската конференција на секои 500 наставници и соработници, како и по еден дополнителен претставник на секои 2.000 студенти.”

Page 22: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Закон за високо образование[Студентски парламент]

АМАНДМАН VIВо членот 50 ставот (1) се менува и гласи:„Органи на универзитетот се: универзитетскиот сенат,

универзитетски совет, ректор, ректорска управа и студентски парламент.”

АМАНДМАН IXВо членот 56 по ставот 3, се додава нов став 4 кој гласи:„Бројот на претставниците на студентите не може да биде помал

од 20% од вкупниот број на членови на ректорската управа. Начинот на избор на претставниците на студентите во ректорската управа се уредува со деловникот на студентскиот парламент.”

Page 23: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Закон за високо образование[Студентски парламент]

АМАНДМАН X„Член 57-аСтудентски парламентСтудентскиот парламент е орган на Универзитетот кој се грижи за

заштита и застапување на правата и интересите на студентите.Седиштето на студентскиот парламент се наоѓа на универзитетот

во кој е формиран каков негов орган . Универзитет, од став 2 на овој член, е должен да обезбеди

простор и услови за работа на студентскиот парламент.Работата на студентскиот парламент се уредува со деловник кој

го донесува студентскиот парламент.Студетскиот парламент го сочинуваат непосредно избрани

претставници на студентите од редот на студентските организации и независните студентски кандидати.”

Page 24: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Закон за високо образование[Студентски парламент]

“Член 57-гСтудентскиот парламент се финансира од: средства предвидени со Буџетот на Република Македонија: средства кои студентите ги уплаќаат на солидарна основа во

висина од 5% од вкупно уплатените средства; подароци, донации, спонзорста и прилози; други извори во согласност со Закон.Студентскиот параламент финансира изведување на проекти кои

се од интерес на студентите на ниво на универзитетот или на повеќе високообразовни установи.

На крајот на секој мандат претседателот на студентскиот парламент изготвува финансиски извештај за работата на овој орган.”

Page 25: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Закон за високо образование[Студентски парламент]

Со предложените амандмани се уредува формирањето, структурата и надлежностите на студенскиот парламент.

Со законското определување на студенскиот парламент ќе се даде на значење на Студентскиот парламент како орган на Универзитет кој ги претставува интересите и заштитува правата на студентите.

Овој орган го менува досегашниот систем на монополско претставување на студентите преку една студентска организација и воведува нов систем кој бара детално пропишување на условите за избор во него, неговите надлежности и начини на финансирање и функционирање

Page 26: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Закон за високо образование[Самоевалуација]

АМАНДМАН XIIIВо член 77 се додава нов став 1 кој гласи:„Универзитетите и самостојните високообразовни установи

спроведуваат самоевалуација и оценка на квалитетот на своите студиски програми, настава и услови за работа.”

АМАНДМАН XIVВо членот 77 по ставот 4 се додава нов став 5 кој гласи:„Самоевалуацијата се спроведува на интервали од најмногу три

години. Во постапката за самоевалуација се зема предвид и оценката од страна на студентите.”

Page 27: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Студентски правобранител:

Поставеност на СП: СП е независен и самостоен орган со својство на правно лице

Професионализација на функцијата: се препорачува лицето кое ќе ја извршува оваа функција да заснова редовен работен однос. Заради постручно и поавторитативно извршување на функцијата, за СП треба да се избере дипломиран правник (да се избегне можноста лицето да биде од друг образовен профил или студент).

Воедно, заради избегнување на каков било конфликт на интереси, подобро решение е лицето избрано за СП да не биде истовремено дел од наставниот кадар на универзитетот.

Page 28: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Студентски правобранител:

Именување на заменик: се препорачува заради поефикасна работа на институцијата СП (навремено и сеопфатно реагирање по доставени поднесоци) лицето избрано за заменик, исто така, да заснова редовен работен однос.

Работните задачи на заменикот, кој е именуван од СП во постапка утврдена со Правилникот за работа, се поддршка на работата на СП, а особено овластувања при спреченост или отсуство на СП да постапува во негово име, но и да даде соодветна административна помош.

Page 29: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Студентски правобранител:

Помошници на СП: во сегашниот систем на поставеност на студентското организирање, помошници на СП се студенти кои се именувани од страна на матичниот Студентски сојуз.

Но, со промените во студентското организирање и планираното воспоставување на Студентски парламент, истиот ќе биде органот кој ќе ги именува помошниците. Ова се однесува и на конкурсната комисија за избор на СП, во која членовите-студенти ќе треба да бидат определни од Студентскиот парламент.

Улогата на помошниците е да бидат главната врска помеѓу СП и студентите чии права се повредени, како и првичното давање на помош.

Page 30: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Студентски правобранител:

Овластувања на СП: Доколку деканите или професорите не соработуваат со СП, односно не ги почитуваат и спроведуваат изречените мерки, потребно е највисoките универзитетски органи веднаш да реагираат и преземат мерки против нив.

Само брза и соодветна реакција ќе создаде доверба кај целната група, а законско работење на факултетскиот кадар.

Page 31: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Студентски правобранител:

Финансирање и известување: Финансирањето на инситуцијата СП се врши од буџетот на универзитетот. Поради тоа, во предлог буџетот мора да се планира ставка.

Транспаретното и отчетно работење на СП се манифестира преку обврската да доставува извештаи до највисоките универзитетски органи, кои се објавуваат на веб страна.

Page 32: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Испитен правилник:

Процедурата за изедначување на критериумите за испитување мора да биде определена во Програмата за испитување и оценување која е поделена на студентите пред/на почетокот на студиите.

Учеството на студентите е неопходно за успех на овој процес, бидејќи го охрабрува и поддржува процесот на учење и развива чувство на блискост на студентите кон определените критериуми за оценување, охрабрувајќи го разбирањето на тоа што се очекува од студентите и објаснувајќи им го исходот од испитувањето.

Page 33: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Испитен правилник:

Информирањето на студентите, слушатели на определен предмет, се врши преку доставување пишани документи кои содржат:

а) детален план на работа и програма со распоред на предавања;

б) исходот од учењето (што се очекува од студентот и кое ниво е потребно за да се заврши предметот)

в) наставната материја и бројот на ЕКТС кредитите

г) учебници и прирачници

Page 34: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Испитен правилник:

д) критериумите на испитување и методите на испитување (на пример есеј, тест, групна работа,и сл.) во предиспитните задачи и финалниот испит (траење, форма и пример на финален испит, услови за приговор кон испитот, санкции при препишување и сл.);

ѓ) приемните термини и улогата на консултациите со професорите и асистентите на катедрата

е) статусот и последиците од непроодност (услови за запишување на следна година, временско ограничување и важење на определени исполнети задачи,и сл)

ж) објавување на оценувањето по предметот

Page 35: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Испитен правилник:

Со цел кон откривање на злоупотреба поврзана со купување учебници и прирачници, учебниците треба јасно да бидат определени за секој предмет одделно, правејќи разлика помеѓу:

задолжителна литература; додатна литература; корисна литература; онаа која може да биде купена во книжарница на факултетот или

некоја специјализирана книжарница. оние кои мора да бидат достапни на студентите во факултетската

библиотека и да ги има во доволен број.

Page 36: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Испитен правилник:

На професорите, асистентите или на други лица на факултетот им е забрането да продаваат учебници.

Учебници не смеат да бидат продавани во кабинетите на професорите.

Фотокопирањето на учебници е објект на повреда на заштитата на

интелектуална сопственост. Вработените во факултетската фотокопирница ќе бидат запознаени со оваа забрана и ќе постои известување за оваа забрана истакнато на видливо место. Исклучоците од оваа забрана ќе бидат наведени.

Page 37: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Испитен правилник:

Секаков вид на дискриминација на студентите (испрашување од најновото издание, правење списоци на студенти кои купиле учебник, условување потписи за семестар и сл) е предмет на дисциплинска одговорност на професорот и останатите вработени на факултетот.

Испитите не можат да започнуваат пред 08:00, или подоцна од 19:00,а не смеат да завршат подоцна од 21:00. Студентите не смеат да чекаат повеќе од еден час за започнување на испитот. Доколку професорот задоцни повеќе од еден час должен е да закаже уште еден испитен термин во рамки на истиот испитен рок. Испитната литература мора да содржи важечки материјал, и нејзиниот опсег треба да биде во сооднос со реалниот капацитет на студентот зависно од наставната материја по предметот.

Page 38: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Испитен правилник:

Студентот има право да му се одобри секое устно испитување да се замени со писмено, освен во случаите кога вербалните способности на изразување се цел на испитувањето.

После секој испит професорот е должен да му ја образложи дадената оценка на студентот, истакнувајќи ги позитивните и негативните аспекти, во насока на унапредување на идните настапи на студентот.

Професорот има обврска да ги објави резултатите од испитот (вклучувајќи ги и оценките) најдоцна 24 часа од завшувањето на испитот.

Page 39: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Зголемување на свеста и одговорноста за антикорупција во образованието:

Page 40: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Зголемување на свеста и одговорноста за антикорупција во образованието:

Page 41: Студентско организирање

Мерки и алатки за оневозможување на корупција

Зголемување на свеста и одговорноста за антикорупција во образованието:

Page 42: Студентско организирање

Ви благодарам за вниманието

AЛЕКСАНДАРСТОЈАНОВСКИ

[email protected]