Студентско Списание Излез број 5

40
Студентско списание Година 1/Број 5 Maj 2011 Тираж: 2.000 примероци Земи залет! Ние и системот, Форум – Толеранција, Можности, Култура, Литература... Ранг листа на веб страниците на факултетите УНИФЕСТ 2011 – Неразнишан театарски Вавилон Затворен лавиринт? Изгубени низ административните ходници на државните факултети

Upload: izlez

Post on 06-Mar-2016

295 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Независно студентско списание Излез izlez.mk

TRANSCRIPT

1

Излез | мај 2011

Студентско списание Година 1/Број 5 Maj 2011 Тираж: 2.000 примероци

Земи залет!

Ние и системот, Форум – Толеранција, Можности, Култура, Литература...

Ранг листа на веб страниците на факултетите

УНИФЕСТ 2011 – Неразнишан театарски Вавилон

Затворен лавиринт?Изгубени низ административните ходници на државните факултети

2

Излез | мај 2011

Овој проект е делумно подржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата, и заклучоците, или препораките изнесени овде се на авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Стејт Департментот на САД.

„Излез“ го прослави својот прв роденден! Ланскиот мај излезе првиот број, а пред вас сега е петтиот. Голема благодарност до сите студенти кои дадоа свој придонес во создавањето на она што беше „Излез“ досега и до сите оние кои ја поддржаа нашата работа. Благодарност и до читателите, се надеваме дека ќе нè читате и во следната академска година и дека ќе го препознаете и помогнете стремежот на „Излез“ да биде двигател на напредни идеи и позитивни промени кај студентската популација.

3

Излез | мај 2011

Содржина04

05

08

10

11

12

13

14

16

18

20

Кратки вести

Затворен лавиринт?

Образовниот парадокс согледан преку пренесување на

знаењето

Каде сè (треба да) се слуша студентскиот глас

Од збор во живот

Соочи се со различноста

Трпе, Трпана и толеранцијата

Станете моќни преку толерирање

Еднакви и разделени

Балканот во очите на Европа: „Буре барут“ без реприза

За да го смениш системот, прво треба да се смениш себеси

Auto nomos - како закон на себството

Ранг листа на веб страниците на факултетите

Кој што заборави?!

Младите можат, Летна школа – ЕМСА

Yes инкубатор; ТАКСО: Поддршка за граѓанското општество

Американско катче, Патуваме во Европа – Проект на МОСТ

УНИФЕСТ 2011 – Неразнишан театарски Вавилон

Будни во сонот

Литература

Стрип

22

24

26

27

28

30

31

34

36

39

Импресум - Излез

Главен и одговорен уредник:Даниела АтанасоваУредници:Ана ЛакалискаБилјана ДијанисиеваКоста Бојчески (Литература)Дамјан Цветков-Димитров(Технологија)Нино ДомазетовиќРедакција:Елена ТимчеваОливер ВасилевскиОлимпија ХристоваМими НиколиќВесна ИлиевскаДалибор СтајиќНикола ЏилвиџиевФросина АнтоновскаНина ГеоргиеваВики МладеноваЗорица ПеткоскаАфродита Николова

„Излез“ има простор за твоите идеи!- Споделете го вашиот примерок со колегите -

Маја ТомовскаБорјана Мојсовска Катерина НиколовскаЈулијана АтанасоваЛектура:Драгана ЕвтимоваЈасмина ПетровскаФотографии:Викторија БачвароваВесна ИлиевскаДалибор СтајиќДамјан Цветков-ДимитровИван ДургутовскиРоска Вргова Илустрации:Далибор СтајиќСтрип:Томи ЏуровскиГрафички дизајн:

(Мартин Панев/Нерсес Малакјан)За издавачот:Здружение „Студентска организација Излез“

Печати:Печатница Европа 92, КочаниКонтакт: [email protected]

Контактите на авторите и се познати на редакцијата.

4

Излез | мај 2011 Кратки вести

Кој ли може да замисли какви сè таленти, со какви сè уметнички интереси, се кријат помеѓу студентите запишани на нашите факултети. И покрај тоа што понекогаш ќе посетиме ќе слушнеме за некој културен настан, тешко дека во сегашните услови можеме да имаме целосна претстава со што сè се занимаваат креативно надарените студенти. А кои се тие услови? Па, отсуството на простор, кратко кажано, простор што ќе ги обедини културните и уметничките аспирации на студентите и ќе им даде почва за развивање и афирмирање. Токму поради немањето на студентски културен центар, студентското движење „Слободен индекс“ реши да ги пренесе културните случувања на улиците, на отворено, како еден чин на протест, но и благородна иницијатива да им се даде прилика на студентите кои творат да се изразат. На 13 до 14 мај, во Градскиот парк и на плоштадот во Скопје, се случи „Студентска пролет: изрази се!“, со еден куп културни настани: поетски читања, изложби на фотографии, графики, цртежи, ракотворби, концерти со акустични инструменти, оригами работилница, флешмоб, сликање на платно итн. Се надеваме дека пораката освен до студентите ќе стигне и до оние кои имаат средства и моќ да го исполнат легитимното барање за студентски културен простор. Инаку, иницијативата е дел од бранот на Пролетен отпор кој се организира од Меѓународното движење на студентите, во чиј склоп дејствуваат и „Слободен индекс“

Д.А.

Студентска пролет: изрази се!Студентската креативност на виделина

Фасцинатно е сознанието дека дури и во нашава земја, во која животниот век на волонтерските и независни иницијативи е најчесто краток, поточно во нашиот главен град, постои независен и прогресивен медиум кој успеал да опстои цели дваесет години само благодарение на

ентузијазмот на ангажирани поединци, вљубеници во, и промотори на, добриот звук и алтернативната сцена. Канал 103 прославува дваесет години постоење, под мотото „20 години слободни“, и за таа цел организира повеќе настани, се разбира музички, во нивниот карактеристичен дух и со поддршка на многу истакнати македонски бендови и артисти. Централниот настан се одржа во саботата, на 14 мај, во Младинскиот културен центар. Бројните посетители имаа можност да ги слушнат Мизар, Т.Б. Трачери, Беј Д Фиш, Стринг Форсис, Легијата, Д` Џон и Вселенските бунтовници, Милко, Картер, Роботек, Дисфилхармонија, Девојка, Фонија, Канон и други. Просторот на МКЦ беше целосно искористен, па во галеријата и холот беше поставена специјална изложба и аудио инсталација на тема „20 години слободни”. Активностите поврзани со овој голем јубилеј ќе продолжат до крајот на годината. Честитки за тимот на Стотројка, тие се доказ, но и гаранција,

дека добрата музика и уметност секогаш ќе имаат свои поддржувачи и кај нас.

Д.А.

20ти роденден на Канал 103

Она што дефинитивно не треба да остане незабележано, особено не во очите на македонските студенти е посетата на Скопје на еден од најдобрите и најбараните маркетинг гуруа во светот, Питер Фиск. Посетата ќе биде во склоп на бизнис конференцијата под име „Биди новиот маркетинг лидер“ која ќе се одржи на 27 мај, а на која поканети се сите студенти и сите млади претприемачи. Питер Фиск и неговата маркетинг стратегија станаа дел од успешната приказна на едни од најдобрите светски брендови меѓу кои и Microsoft, Coca Cola, Volkswa-gen, Nike и други. Доколку и вие сакате да бидетедел од успешната приказна, организаторот на настанот како дел од својата општествена одговорност нуди посебни подобности за сите заинтересирани студенти. Повеќе инфо на: www.kon-ferencii.com

Н. Д.

Маркетери, внимание! Дали сте новиот маркетинг лидер?

За првпат во Македонија, оваа година од 20 до 22 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Лан Фест конференцијата, чија цел е на едно место да ги обедини сите релевантни субјекти од домашниот ИКТ сектор. На настанот се очекува да се оствари интеракција помеѓу македонските ИКТ бизниси, образовните институции, младите професионалци, како и студентите, кои се добредојдени на овој настан и истиот можат да го искористат за збогатување на нивните знаења преку присуство на многубројните предавања, како и за остварување на контакти за понатамошно градење на нивната кариера. Повеќе за настанот може да дознаете на www.lanfest.mk.

Н.Д.

LAN FEST 2011

5

Излез | мај 2011 Ние и системот

Дисфункционалноста на администрацијата на факултетите е веќе толку интегриран дел од искуството што значи студирање, што ние како студенти ја земаме здраво за готово и непријатните искуства ги претвораме во трагикомични приказни преку кои се поврзуваме со колегите. А што друго и ни преостанува? Безмилосните турканици пред шалтерите на Студентски прашања; одењето од врата до врата во деканатите; безбројните ливчиња, формулари и уплатници со цени од кои боли глава; неажурираните веб страници на факултетите... Сите овие елементи го прават административното меурче кое лебди некаде во меѓупросторот на брзите промени на законите и побарувањата на модерното живеење, и неможноста на факултетите да излезат на крај со - самите себе. А каде е студентот во целиов лавиринт?

Затворен лавиринт?

Изгубени низ административните ходници на државните факултети

ЛавиринтФотографија: Викторија Бачварова

5

Излез | мај 2011

6

Излез | мај 2011

Верче Стојановска моментално студира меѓународен бизнис и менаџмент на Метрополитен колеџот во Денвер, Колорадо, но нејзината приказна започнала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет. „Дојдов во Америка со поинаква цел, ама амбициозноста си го направи своето. Ќе ги прескокнам деталите од макотрпното двегодишно работење и штедење и ќе удрам директно на мојот академски почеток, овојпат во Америка“ - рече таа. Накусо, Верче пристигнала на колеџот и доживеала

своевиден културен шок - на одделот за студентски прашања топло и смирено ја пречекала службеничката Кели, ја прошетала низ факултетот, и одговорила на сите прашања, се напиле кафе и до крајот на денот, Верче веќе ја имала донесено одлуката дека таму продолжува нејзиниот академски пат. Во август 2009 год. официјално станала студент на колеџ во Америка. Меѓутоа, тука започнува заплетот: „Откако ја раскажав мојата македонска студентска биографија на колеџот во Денвер, бев советувана да побарам да биде директно испратен соодветен документ од факултетот во Македонија со кој ќе ги потврдам и докажам моите две години студирање. Со таквиот

документ ми беше речено дека ќе ми се признаат повеќе кредити, ќе ми се намалат трошоците, ќе ми се убрза студирањето и ќе дипломирам побрзо од очекуваното. Се прерадував. И замислете, тој документ се викал уверение! Лист хартија на кој лежат положените испити, печат на задната страна и потпис од Деканот. Епа, да се соберат трите најбитни алатки на еден факултет како овие, верувајте, е тешка мисија.“ Мајката на Верче била клучниот играч во перипетиите кои се развлекувале цели четири месеци по

ходниците на факулетот, само за едно ливче хартија да го премине Атлантикот. „Уверението беше стокмено, плате-но, преведено и завере-но. Одговорните на Факултетот „Блаже Ко-нески“ имаа проблеми со неговото испраќање на факултетот во Ден-вер. Oд „Студентски пра-шања“ ме испратија до Деканатот, каде чекав добри две седмици за да добијам повратен одговор. На крајот ми рекоа дека не можат да испратат никаков документ на ниту еден факулет без барање од факултетот кој има потреба од документот. Разбирливо. Ама, тоа веќе беше направено од моја страна.“ Службе-ничката Кели упорно се обидувала да стапи во контакт со Филолошкиот факулет, што по теле-фон на кој никој не кревал слушалка, што по електронска пошта на која сè уште нема одговор. Префрлањето и признавањето на кредитите на Верче се случило цели 9 месеци по почетокот на целата

постапка и покрај сите напори, или, би рекле, за нивни инает. Верче сега уште три семестри ја делат од дипломирање. Протагонистката на втората приказна што ќе ја раскажеме побара да остане анонимна, бидејќи сè уште студира во Македонија, и тоа на Архитектонскиот факултет. Се работи за студентка која, слично на Верче, сакала да ги продолжи своите студии во странство, па пред три-четири месеци храбро тргнала во откривање на административните предизвици на кои требало да одговори за да го оствари својот план. И на странскиот факултет на кој сакала да се префрли требало да студира архитектура, па имало можност положените

6

Излез | мај 2011 Ние и системот

7

Излез | мај 2011

испити во Македонија да и се признаат и таму да продолжи од кај што застанала овде. Странскиот универзитет од неа барал само да приложи официјален до-кумент од Архитектонскиот факултет со опис на предметите кои ги слушала. Таков список на предмети со нивни опис обично има во студиската програма или т.н. „прирачник за студии“, кој студентите од други факултети (како на пример Филолошки и Економски) го добиваат заедно со индексот, уште на почетокот на бруцошкиот стаж. Студиската програма треба да биде објавена и на веб страниците на факултетите (што е редок случај кај нас) и да им биде достапна и на идните студенти кои врз основа на неа ќе го изберат факултетот на кој ќе студираат. Но, за вработените во администрацијата на Архитектонскиот факултет, издавањето на еден таков документ како да било рамно на откривање државна тајна. И покрај тоа што се обратила до сите можни инстанци - продекан за настава, декан, проректор за настава - нашата студентка не можела да дојде до студиската програма - сместена во една книга што се чува кај секретарката на Факултетот, која кога ја посетивме љубезно ни објасни дека студентите без проблем можат да го копираат делот од книгата што им е потребен. Копијата потоа се заверува со посебен восочен печат и станува официјален документ. Зошто оваа едноставна постапка не можела да се примени и за да се исполни барањето на студентката чие сведоштво го пренесуваме, останува енигма. Единственото објаснување што го добила, или наслушнала, е дека студиската програма на факултетот сè уште била во фаза на акредитација. Секретарката на Факултетот ја демантираше оваа информација и ни ги покажа официјалните решенија како доказ дека акредитацијата била завршена лани во февруари (кога првата ЕКТС генерација веќе стигнала до трета година!). На прашањето зошто во тој случај некои студенти не можеле да добијат опис на предмети, таа одговори дека неодамна се правеле измени во студиската програма и дека веројатно нивните барања се поклопиле со тој процес. Вистина е дека Архитектонскиот факултет подоцна од сите други факултети почна со спроведување на ЕКТ системот. Меѓутоа, нејасно е како можела првата генерација по ЕКТС да студира три години, а во меѓувреме да се запишат уште две генерации студенти, без готова и акредитирана студиска програма. Промените во програмата не се спорни, но нелогично е тие да бидат пречка за еден студент да добие опис на предметите кои веќе ги ислушал и положил, бидејќи во случајов важна е информацијата за она што било, а не за она што ќе биде. За жал, вторава приказна нема среќен крај. Откако безуспешно тропнала на сите врати по неколку пати, два пати платила за уверение за положени испити и чекала долго време за да го добие, проректорката за настава на Универзитетот престанала да одговара на нејзините меилови, деканот и се развикал, и со неа се однесувале „на начин кој тешко може да се нарече човечки“, рокот поминал и нашата студентка се откажала од својата намера. Останува овде да ги заврши студиите, а кога и кажавме дека сепак е можно да се добие тој документ со опис на предметите и дека студиската програма наскоро ќе биде достапна и на веб страницата

на Архитектонскиот факултет која е во изработка, разочарано одговори: „Не ми се верува дека требаше јас таму да молам, да се малтретирам, да давам пари за ништо за сега одеднаш сè да стане толку едноставно, кога ми завршија сите рокови. Не знам дали во меѓувреме навистина го решиле проблемот или само се правдаат.“ Уште една пречка со која студентката по архитектура се соочила во обидот да се префрли на странски факултет било непостоењето договор за соработка и размена на студенти меѓу двата факултети. Дознала и дека Архитектонскиот факултет нема потпишано таков договор со ниту еден факултет од странство. И спoред истражувањето „Сонуваме да патуваме“, спроведено од Младинскиот образовен форум во периодот април - декември 2010 год., Архитектонскиот и Машинскиот се единствените факултети кои немаат потпишано ниту еден договор за билатерална соработка со странска високообразовна институција. Во изминатите пет години, Архитектонскиот факултет нема реализирано никаков проект за размена на студентски или академски кадар. Значи, на идните архитекти им е ускратена можноста да ја користат можеби највредната придобивка од ЕКТ системот - мобилноста. Вакви приказни во кои студентите играат улога на своевидни „пионери“, бидејќи благодарение на нив се воспоставуваат правила кои порано факултетите ги немале, веројатно има многу. Дали како резултат на немање протокол, на незнаењето на вработените кои првпат се соочуваат со вакви случаи, а многу често и поради отсуството на добра волја кај нашите бирократи, знаат да поминат месеци додека разните инстанци да се договорат кој е надлежен и како треба да се постапи по одредено барање. Секако доколку во меѓувреме не ви се смачи и не се откажете. Нашиот совет е да бидете упорни, со надеж дека во вашиот случај решението нема да дојде предоцна. Ако с сè повеќе и повеќе студенти ги бараат своите права и се обидуваат да излезат од лавиринтот како победници, пречките една по една ќе се рушат, а администрацијата може конечно ќе се освести и ќе сфати дека постои за да им служи на студентите.

Ана ЛакалискаДаниела Атанасова

Филолошки факултет „Блаже Конески“

7

Излез а| мај 2011 Ние и системот

8

Излез | мај 2011

Образовниот парадокс согледан преку пренесување на знаењето

Успешен ли е новиот високообразовен систем во создавање трајни знаења кај студентите?

Со оглед на постоењето на исцрпни психолошки истражувања за мотивацијата, вниманието, учењето, помнењето и заборавањето, се наметнува прашањето дали при конструирањето на нашиот образовен систем бил земен предвид барем мал дел од тие резултати. Доколку образовниот систем треба да изгледа како фабрика која има годишна норма за производство на високо образовани кадри кои ќе поседуваат само дипломи, тогаш е во ред. Но, доколку се држиме до вистинските образовни вредности кои подразбираат пренесување на знаење, градење вистински вредности, формирање на една психофизички стабилна личност, тогаш далеку сме од тие идеали. Дефиницијата за учењето гласи дека тoa e сè она што не е дадено со биолошкото наследство, значи сè она што е стекнато како вештини и навики - нашите знаења, некои мотиви, различни особини и целата наша личност. Тоа дава јасна шанса која можат да ја искористат сите луѓе кои сакаат да стекнат знаења. Тргнувајќи од сопственото искуство, но и од непосредната интеракција

со моите колеги, можам со сигурност да кажам дека со новиот образовен систем не се пренесуваат знаења, односно тие знаења се со само привремен карактер. Начинот на полагање на испитите или колоквиумите, што би значело колоквиумска недела во која од понеделник до петок се полагаат пет различни предмети, не носи успех и трајно зачувување на знаењата. Тоа најмногу го согледав од поврзаноста на предметите од прва и втора година каде за полесно совладување на предметите од втора година ни беа потребни знаења од претходната година кои ниеден од студентите не ги поседуваше. Во тој мал временски период до колоквиумаската недела нема доволно време да се запази сложениот когнитивен процес за помнење кој се манифестира преку следниве функции: 1. задржување на ученото (ретенција) 2. препознавање (рекогнација) 3. повторување (репродукција)

Сега ќе ги разгледаме и причините за заборавањето, или една од најважните причини, а тоа

8

Излез | мај 2011 Ние и системот

9

Излез | мај 2011

е видот на нашата активност што следува по учењето. Постои судир, инхибиција, помеѓу две сукцесивно (едноподруго) спроведени учења или ретроактивна инхибиција. Степенот на дејствување на ретроактивната инхибиција зависи од неколку услови од кои ќе наведам само три: 1. сличноста на материјалот - ако сличноста е поголема и заборавањето на претходниот материјал ќе биде поголемо; 2.времето поминато меѓу двете учења - ако временскиот интервал е поголем, заборавањето ќе биде помало; 3. важноста на физичките активности во формирањето на една психофизички здрава личност, преку предметот физичко образование кој е исклучен од наставната програма без никакво образложение. Никој не ја спомнува улогата на професорите во стимулирање на мотивацијата кај студентите, што според мене е многу важен фактор за стекнување знаења. Голем дел од професорите не дозволуваат интеракција за време на предавањата, изостануваат примери за полесно¬ совладување на новостекнатите знаења, вежбите по сите предмети се веднаш по самите предавања, повеќето од професорите не успеваат да поминат ни половина од материјалот, литературата сè уште е на странски јазици и генерално методите на предавање се застарени.Сето ова укажува на фактот дека новиот систем кој е само ископиран од западните општества е поставен на нездрави основи. Ова секако личи на генерализација, но морам да напоменам дека постојат исклучоци кај одредени професори, коишто се во просек по еден на семестар.

По поминати две години во високото образование, легитимно е секој да се запраша дали имаме некаква корист од нашето време поминато во оваа институција. Ако имаат корист само оние студенти кои имаат натпросечна интелигенција, којашто за жал скоро во целост е детерминирана од наследниот фактор, тогаш која ќе им биде сатисфакцијата на оние со просечна интелигенција кои ќе се најдат со диплома во рацете и без никакво стекнато знаење и вештина од нивниот академски живот. Веројатно сите веруваат во мислењето дека сè се учи од праксата, па нека му ја мислат кога ќе се вработат. Јас не се сложувам со ова мислење и мислам дека високото образование треба да биде една теориска и практична подготовка за нашите идни професии. Во секој случај можам да заклучам дека оние кои се релевантни фактори во конструирањето на образовниот систем воопшто нe ги зеле предвид психолошките сознанија за пренесување и задржување на знаењето. А навистина е парадоксално да се изучува една наука како што е психологијата и да се занемарат нејзините истражувања во врска со учењето коишто се скоро сведени на егзактност. Можам да заклучам само дека во моментов имаме еден квазиобразовен систем кој не е блиску ни дo западниот, ниту пак до оној стариот, кој, пак, по моја слободна проценка имаше доста поголем ефект во делот на пренесување и задржување на знаењата и создаваше квалитет наспроти денешниот квантитет. Го пишувам овој текст затоа што не сакам времето да покаже дека сум во право, туку сакам нешто под итно да се смени.

Оливер ВасилевскиФилозофски факултет

9

Излез | мај 2011 Ние и системот

„Студентски баркод“ – Викторија Бачварова

10

Излез | мај 2011

Квалитетниот образовен процес претставува темел за развитокот на едно современо општество. Предуслов за квалитетен високообразовен процес е студентите да бидат сфатени како рамноправни партнери во истиот. Сите важни и одлучувачки процеси на еден факултет се условени колку од управата, толку и од студентите на таа институција. Она што многумина не го знаат е постоењето на можноста студентите да учествуваат во одлучувачките процеси на својот факултет. Верувале или не, и ние се стремиме кон демократија! Нашата образовна демократија се темели на безмалку научно-фантастичната кратенка - ННС. Што би било тоа? Таканаречениот „Научно-наставен совет“ претставува највисоко одлучувачко тело на еден факултет. Во него членуваат сите редовни и вонредни професори, координатори на настава, како и претставници од студентите. Одобрување на магистерки трудови, нови вработувања или измени на статутот се само дел од темите што го засегаат ова институционално тело. 10 до 15 отсто од учесниците во ННС се студентски претставници кои се дел од Студентскиот парламент, и по предлог на студентите или, пак, по пат на легитимно гласање се избираат како претставници со мандат од две години. Според Студентскиот правобранител, Никола Главинче, членството во ННС претставува најголема функција што може да ја има еден студент. Тоа е единственото место каде што студентите може да ги претстават своите добро аргументирани ставови, предлози или забелешки. Но, колку е вреднувано и почитувано студентското мислење во научно-наставните совети? Дамјан Цветков-Димитров, кој во изминатата година бил студентски претставник во ННС на Филозофскиот факултет, смета дека студентското учество и мислење на таквите собири не е доволно вреднувано, т.е тоа е речиси безвредно. Тој тврди дека студентите доаѓаат на седници заради некакви политички притисоци или бенефиции (гратис карти за забави, кино и сл.) и најчесто молчат или не го искористуваат своето право на глас. Во поглед на гласањето, студентите ги добиваат темите на расправа и гласање пред самиот почеток на собирот, па најчесто не се во можност добро да ги разгледаат за на крај разумно да го дадат својот глас. Студентскиот правобранител вели дека не може во целост да ја негира ваквата „очајна“ состојба на научно-наставните совети. Иако студентите имаат рамноправно

право со останатите учесници во одлучувачките процеси (освен оние кои се однесуваат за избор на научни звања), тој смета дека тие не го искористуваат доволно тоа свое право. Доколку секој факултет со непосредно гласање и вистинска заслуга го избере својот претставник во ННС, знаејќи и верувајќи дека истиот добро ќе ги пренесе нивните проблеми и ставови, тогаш оваа состојба не би постоела. Добри организаторски способности и ораторски вештини и, секако, добра аргументирана поддршка е добитната комбинација која би требало да ја поседува секој избран студентски претставник. Само така студентскиот збор и глас би се слушнал, студентските желби и молби би

биле исполнети. Во однос на задоцнетото добивање на темите за дискусија и гласање, студентскиот правобранител вели де-ка секој учесник мора да го добие дневниот ред нај-малку четири до пет дена пред научно-наставниот совет, а доколку тоа не се случи, тие имаат потполно право да бараат одложу-вање на собирот. Нo сепак, едно е она што го пишува во правил-никот, а за жал, токму спротивно е она што навистина се случува. Со ваквата констатација се сложува и Мартин Алексоски од Младинскиот образовен форум, според кој ситуацијата на теренот се сведува на избор на

студентски претставници на нетранспарентен начин, без отворен повик и под строга контрола на тесните раководства на монополски поставените т.н. студентски парламенти. „За жал, во Македонија, студентските парламенти со своите акти (правилници и статути) ги уредуваат постапките за избор на студентските претставници во сите органи и го задржуваат делегатскиот систем на претставување, затскриен зад параван-институцијата наречена Студентски парламент. Слободните, непосредни студентски избори за студентски парламент кој е инклузивен, демократски и отворен за претставници на сите студентски организации, неформални групи и индивидуалци е промената која мора да се случи за студентите вистински да се вклучат во процесот на носење одлуки во високото образование и за прв пат да почнат да ги остваруваат своите студентски права“, рече тој.

Претставници и на повисоко ниво

Од МОФ ни открија дека Законот за високо образование и статутите на универзитетите предвидуваат учество на студентите во одлучувачките процеси и на повисоко, универзитетско ниво. Така, студентски претставници има во Универзитетскиот сенат (нивниот број е точно определен со статутот на секој Универзитет, но најчесто минимум 10 отсто од вкупниот број сенатори се студенти), кој ги носи најзначајните одлуки за универзитетот и академската заедница. Претседателот на Студентскиот парламент е член на Ректорската управа, орган кој ги подготвува актите кои се усвојуваат на Сенатот, а има и други важни надлежности, како утврдување на предлогот на висината на кофинансирање и партиципација на студентите. Постојат и стручни тела и комисии, чии членови од редот на студентите ги бира Студентскиот парламент. Комисиите се особено важни тела, бидејќи тука се води дискусијата за разни прашања, како на пример наставата, финансиите, соработка со странски универзитети, информатичка технологија, студентски стандард итн. Согласно ова, велат од МОФ, станува јасно дека листите за гласање на студентските избори треба да бидат долги, со кандидатски листи и програми на сите заинтересирани формални и неформални студентски организации и групи, кои ќе го претставуваат студентскиот глас во сите овие органи на високообразовниот систем.

Елена Тимчева,Студии по новинарство

Правен факултет „Јустинијан Први“

Ние и системот

Каде сè (треба да) се слуша студентскиот глас?Институционалните можности за вклучување на студентите во одлучувачките процеси на факултетите и универзитетите и нивната искористеност.

11

Излез | мај 2011

Форумот за академска слободна комуникација „Сократовци“, за кој веќе пишувавме на izlez.mk, беше доста активен овој семестар. Групата професори и студенти чија заедничка цел е да го размрдаат и променат на подобро образовниот систем во нашава земја досега организираа две добро посетени и инспиративни трибини (едната на тема автономија, а другата за односот студенти-професори). Организираа и проекција и дебата за филмот „Друштво на мртвите поети“, а додека се подготвуваше текстов веќе се објави и најава за уште една проекција - на филмот “A Clockwork Orange”. Покрај тоа, тие секоја среда редовно одржуваат состаноци на Филозофскиот факултет на кои се обидуваат да ги насочат енергијата и незадоволството на учесниците од постојната состојба во образованието во конструктивни чекори кои ќе донесат конкретни резултати. Впечатоците од досега најпосетениот нивен настан, дебатата за филмот „Друштво на мртвите поети“, подолу ги споделува Олимпија Христова, активен член на АСК „Сократовци“. Нејзината порака ја пренесуваме за да ви го доближиме овој досега невиден феномен, дружба на професори и студенти кои ја враќаат дебатата на нашите факултети и ве покануваат со вашите идеи да се придружите и да го овозможите неговото опстојување. (Д.А.) Дружината Сократовци, Сократовците - to be, и не-Сократовците на 20 април годинава се собраа на Филозофскиот факултет. Можеби за прв пат, студенти и професори од повеќе факултети заедно гледавме филм – „Друштво на мртвите поети“ (Dead Poets Soci-ety). Филмот на моменти ми побудуваше и скриен страв дека можеби некој ќе нè опомени што пуштаме ваков филм кој повикува на размислување и бунт во самите простории на факултетот. Тој страв посебно ме обземаше кога глумците во филмот ќе повикаа на предизвикување на традиционалното, ригидното и закоравеното и испливување на автономното и слободното. По два часа филм полн со емоции и премислување, се впуштивме во дискусија која ја започна нашиот голем писател, Венко Андоновски. Ни кажа дека филмот е еден од неговите омилени, кои ги има гледано по седум или осум пати. Тој го почитува професорот Китинг од филмот, иако не е како него (тој така за себе вели!). Китинг, пак, е професор кој освојува со насмевки и провокации - од оние добронамерните провокации кои тераат на побуна заради напредок, побуна заради победа. Всушност, најголемата радост за еден професор е ученикот да стане подобар од учителот - ова го потенцираше писателот. „Знаете ли дека вечерва ние сме овде не само онака, како по дома да изгледаме едно филмче заедно? Со овој чин всушност ние се опираме, правиме побуна!” Ах, оние кои дојдоа да те видат и слушнат токму тебе, писателе, кој вообичаено во своите книги и колумни тагуваш толку човечки за моралот и повикуваш

на морален бунт, можеби малку се подисплашија. Тие само очекуваа да прочитат во живо од тебе уште некој ред кој ќе им направи топло на душичката дека не се и тие единствените бунтовници (од оние бунтовници по дома и против СÈ постоечко), и така утешени да си заминат со мирна глава. Веројатно не знаеа дека меѓу другото ќе бидат повикани на акција, на секојдневно влечење камења и прво со нив уривање, а потоа градење нешто ново. Ова звучи заканувачки, ама ајде да дообјаснам. Нема да го рушиме системот. Полека, има време и за тоа ако веќе навистина е потребно. Ќе ги рушиме прво нашите ѕидови, највисоко издигнати во нас и наспроти блиските до нас. Ова многу метафорички звучи и морам да признаам по малку здодевно затоа што постојано некој нè повикува на рушење ѕидови (етнички, верски, партиски, расни - изградени од повикувачите на рушење). Затоа, ќе ја замениме споредбата, секој сам за себе со она што ќе треба да си го сруши. Да, ние пак бевме сите искрени, отворени и го кажавме она што сме го стуткале во душата и не сме го пуштале да мрдне надвор. Ако, се насобрало. Сè беше кажано во моментумот: „Ете, конечно и мене ме слушаат, и јас си го кажувам своето!”. Се повикуваше на одговорност и се поставуваа прашања: дисциплина

наспроти слобода, слобода во дисциплина и дисциплина во слободата. И мислам дека на сите ни стана јасно дека едно без друго не можат. Што понатаму? Поттикот и инспирацијата се на маса, но она „си го кажав своето” бара храброст и жртва. Навистина. Ако не, ете така, ќе си биде кажано, па може дури да направиме и збирка на филозофија, емоција, поезија, па и песна. Ама сите овие и во обратната насока може да тргнат. Знаете која. Од збирка, во живот.

Олимпија ХристоваПравен факултет „Јустинијан Први“

Дебата на АСК „Сократовци“

Од збор во живот

Ние и системот

12

Излез | мај 2011

Надвор од мојата кожа не сум повеќе ЈАС така како што јас се гледам, туку ЈАС како што другите ме доживуваат. Ако ЈАС се бунтувам против слободниот избор на другиот, тогаш ЈАС се соочувам со опасноста да бидам дискриминирана и нетолерирана. Во интерес на текстов најдов повеќе формулации на терминот толеранција. „Толеранција значи отвореност за туѓи различни сфаќања и ставови дури и за сосем спротивните“, „толеранцијата не треба да биде пасивна и некој да се поднесува, туку и активна - што значи почитување на другиот и прифаќање на сите негови идеи и ставови колку и да се различни од нашите“, „толеранција е стрпливост, трпеливост, поднесување на туѓите мислења, попустливост, обѕирност“, но и „дозволено отстапување од прописите“. Соодветниот збор во македонскиот јазик за терминот толеранција е трпеливост. Оваа именка произлегува од глаголот трпи. Следствено на ова, во слободна дефиниција би можеле ли да ја дефинираме толеранцијата како трпење и поднесување на човековата различност? Да. Кога станува збор за слободните права на жителите на оваа планета, тогаш - да! Секојдневно толеранцијата се дефинира на следниот начин: „го/ја трпам додека не ми пукне филмот“. Меѓутоа, толеранцијата е многу повеќе од тоа. Не се однесува на никакво воздржување од карање или на игнорирање на некоја личност заради одбегнување конфликт. Но, терминот толерирање не треба да се измеша ни со терминот прифаќање. Толеранцијата не е отфрлање на нашите ставови и прифаќање на туѓите, туку нивно обострано почитување со оглед на различноста, како и разбирање на фактот дека не сите сме исти.

Ниту нашите најслични карактеристики, како иста боја на кожа, ист пол, иста вера, исто убедување, исто работно место, исти интереси и навики, па дури и крвно сродство не се доволни за да нè изедначат или да ги избришат останатите разлики помеѓу нас. Замислете колку поголем, пак, треба да биде прагот на толеранција во случај кога со некои луѓе немаме ниту една од наведениве заеднички карактеристики. Зарем бидувањето поинаков е причина за омраза и нетрпеливост помеѓу луѓето? За жал, бездруго е така, иако не би требало. За среќа, толеранцијата се учи и се применува. Таа се стекнува преку контакти со луѓе, пред сè преку контакти со различни профили на луѓе. Ако некој не изгледа така како што изгледам јас, не се моли на мојот Бог, следи нечија друга политичка идеологија, има различни егзистенцијални услови и поинакви животни навики, убедувања и однесувања, тоа не значи дека ЈАС сум таа што треба да толерира, наместо ЈАС да бидам таа што ќе биде толерирана. Од другата страна на огледалото е секогаш друга личност. Надвор од мојата кожа не сум повеќе ЈАС така како што јас се гледам јас, туку ЈАС како што другите ме доживуваат. Ако ЈАС се бунтувам против слободниот избор на другиот, тогаш ЈАС се соочувам со опасноста да бидам дискриминирана и НЕтолерирана.

Не суди, почитувај. Не сме и не можеме сите да бидеме исти, но токму разликите меѓу нас нè прават побогати.

Мими НиколиќФилолошки факултет „Блаже Конески“

Соочи се со различностаТолеранција - почитување на правото на различност

Излез | мај 2011Форум - Толеранција

13

Излез | мај 2011

Кога и да нè замолат да смислиме типичен Македонец, ако не го крстиме Трајче, ќе го крстиме Трпе. Генезата на овие две имиња е од глаголите „трпи” и „трае”, барем според општонародното сфаќање. Трпењето и траењето се неизмерно проткаени во македонскиот менталитет и мисловен цајтгајст, слично како сармата и гравот. Не може да си Македонец без да трпиш и траеш. На прв поглед, ова нема многу допирни точки со толеранцијата. Меѓутоа, толеранцијата доаѓа од англискиот глагол „to tolerate“ и најдобро е преведена со терминот „трпи”. Така што логично е да се заклучи дека Трпе како име е еквивалент на Толерантко, на истиот начин на кој што тврдам дека сите лица со име Виктор се мои имењаци (Виктор, Никола, Победник. Тоа значи). Еве ви еден виц за Трпе и Трпана. Трпе и Трпана Трпевски се стереотипичен млад брачен пар, којшто живее во некое скопско предградие. Први комшии им се уште еден стереотипичен млад брачен пар, односно Артим и Лабина Исмаили. Трпе и Трпана потајно не можат да ги смислат Артим и Лабина, но ни Артим ни Лабина не ги мирисаат Трпе и Трпана. Едните се „сљаво-мачедонци“, а другите „шиптарана“. Меѓутоа, кога и да помине медиумско комбе, Трпе, Трпана, Артим и Лабина се лика и прилика за толеранцијата, меѓуетничкиот и меѓуверскиот соживот и тие се жив доказ за успехот на мултиетничка, мултикултурна и рамковна, европска и евро-атлантска Македонија. Браос бе Трпе, Трпана, Артим и Лабина. Се мразите а сепак живеете во соживот и толеранција. Камелеоните на страна, не е работава за шега. Меѓуетнички тензии постојат меѓу различните етнички и социјални групи во Република Македонија, а се маскирани под тенкиот превез на толеранцијата, односно трпењето. Ова се случува бидејќи толеранцијата е само покривач под кој беснеат нерешени меѓуетнички прашања. Факт е дека малцинските заедници не прават напор да се интегрираат во македонското општество и факт е дека македонскиот народ со презир гледа кон квотите и процентите, коишто ги наметна рамковниот договор, оневозможувајќи ја интеграцијата. Она со што во моментов се соочува Македонија е гетоизација и поделба на населението на „наши” и „ваши”.

Толеранцијата не е решение на проблемот, а ниту решение се најразличните рамковни квоти за етничките малцинства во државните институции. Не може да се очекува од просечниот Македонец да е толерантен кога при барање на работно место, а посебно во оваа безработица, е третиран како тринаесетто прасе. Одреден број Албанци, Турци, Роми и други малцинства мора да бидат примени на работа пред етничкиот Македонец да биде дури земен во предвид. Овој наш Македонец, чии можности се ускратени на непазарен начин, прибегнува кон непазарни методи на реагирање, меѓу кои ќе се најдат ксенофобијата и поделбите на „наши” и „ваши”. Нормално е да го презира својот албански сосед, кога последниов има статус сличен на заштитен вид, даден од власта во обид да се прибере неговиот глас. Згора на тоа, постојано е бомбардиран од медиумско-експертската машинерија, која го повикува на толеранција. На крајот, не може да трпи и не може да се толерира. Решението е просто, како што може и да се очекува. Со постигнувањето на вистинска еднаквост наместо „туркање” на малцинските заедници, може да се постигне не толеранција, туку вистинско прифаќање на индивидуалците. Мора да се напушти идејата дека заедниците и групите имаат права. Права може да имаат само поединците и тоа, сите поединци исти права. Било какво поинакво размислување и делување е перверзија на концептот за правата.

Никола Џилвиџиев Правен Факултет „Јустинијан Први”

Трпе, Трпана и толеранцијатаКој е толерантен, а кој прифаќа и зошто?

Не се трпи веќе

Фотографија: Далибор Стајиќ

Форум - Толеранција

14

Излез | мај 2011

Што ако ви кажам дека толеранцијата и сите нејзини негативни синоними, како „трпење”, „издржување”, „допуштање”, претставуваат нешто позитивно, но само во случај кога таа е форсирана да расцвета во потполна разгореност и, нормално, да не ги уништи учесниците. Значи се обидувам да ве убедам дека непријатното, клаустрофобично чувство што го имате кога се наоѓате во ситуација да издржите или трпите нешто само поради некоја таканаречена „виша причина“ е позитивно самото по себе, дури таа причина и да не се реализира во ваша корист. Важно е да се нагласи дека авторот на овој текст во никој случај не поддржува трпење поради: неспособност, апатија, мрзеливост, кукавичлук или пиреј. Толеранцијата што ја промовирам е издржување кога имате моќ и волја да делувате, кога тоа е во реонот на вашите можности, но сепак слободно решавате да воспоставите контрола. Способноста да толерираме нешто е во основа најдобриот тренинг за нашата способност да се самоодредиме и за нашата самоконтрола, а има ли подобар тренинг од тоа да ги ставите вашите најдлабоки етички убедувања во статус на чекање, зауздани, за да може некоја процедурална задача да се истурка? Денес, за свесен или несвесен тренинг на самоконтролата ја имаме најразвиената тренинг сала во историјата на човештвото - интернетот. Од безбедноста, комфорот и опуштената средина на вашиот дом, значи вашата тврдина, можете да ги праќате вашите идеи / војници до другите тврдини. Тој процес претставува отворање на вентил кој само што не прснал од акумулација на притисок од пред последниве неколку децении. Притисокот настанува поради тоа што долго време било можно луѓето да се изолираат од други војници / идеи, и самите нивни идеи да стануваат сe поекстремни, подготувајќи се за соочување со непријателот кој секојдневно експоненцијално расте во фантазијата, каде што е неограничен. Тренинг салата мора да ја искористиме за да ги истренираме идеите – војници и на тој начин да станеме помоќни, а и поспособни да разбереме широк спектар на умови.

Присутноста на (за нас) радикално девијантни идеи, луѓе, настани и уметност во секојдневниот живот и неизбежните средби со нив ќе создадат од нас флексибилни космополити, способни да разбереме поголем опсег на сфаќања и психолошки склопови дури и без да се сложиме со нив. Некои ќе кажат дека едноставно отрпнуваме на стимули, но спротивниот тренд е очигледен преку интернетот. Отрпнувањето е стерилно, не создава и не стимулира. Денес можеме да забележиме многу повеќе социјално активни луѓе, спремни да го прошират својот став, барајки слични луѓе, но и неизбежно трпејќи влијанија од радикално различни. Погрешните слики за светот и луѓето, што порано беа можна во информациски вакумираните тегли во кои живеевме, сега се загрозени од сите страни. Денеска се соочуваме со непријателот и кога

Како да станете моќни, преку толерирање!

Интернетот нуди досега невидени можности за вежбање на сопствената самоконтрола и толерантност.

14

Излез | мај 2011 Форум - Толеранција

15

Излез | мај 2011

доволно често ќе се соочуваме, ќе забележиме дека тој е антропоморфен, ако не и човек, во буквална смисла. Просторот за надреално фантазирање за тоа колку непријателот е опасен и злобен се стеснува. Кога нешто познаваме и кога истото станува дел од нашето секојдневие, многу потешко е, ако не и невозможно, да сме агресивни кон него. Надреалното демонизирање на непријателот станува опсесивно компулсивна процедура што предизвикува задоволство со сличен карактер како гледањето хорор филмови. Во етички, политички, религиски и социјален контекст, тој хорор-филм процес на фантазирање го оневозможува нашиот развиток и нe ретардира, пресекувајки ја слободата за самоодредување. Сепак, тие што се страсни и опседнати со апсолутноста на нивните етички ставови во основа

се константно ангажирани во крстоносна војна. Најпосветените од нив сметаат дека и еден човек на планетата со изместен став е премногу. Вашето присуство на интернет неизбежно подразбира изложеност на најширока разноликост од информации, а воедно претставува и безбедна платформа за ослободување од стресот создаден од разликите. Анонимноста што интернетот ја овозможува при комуникација со поголем број луѓе може да ве стави во состојба на привремена немост на егото и да ви дозволи сеопфатен поглед врз вашата личност, пливајќи низ мислењата и лагите на другите милиони луѓе. Во вакви ситуации нема да се ставаат само конструктивни, веќе интелектуално ангажирани луѓе, туку и луѓето што само доаѓаат за да поиграат некоја игра на интернет или да видат цени за некој производ. Поради самата генерална функционалност и широк спектар на употреби, интернетот ги привлекува сите освен најтврдокорните лудити, опседнати со генијалноста на дрвеното тркало. Можно е да гледаме една хиперзабрзана и ултраефективна верзија на концептот „средсело” или „кооперација”, само што сега не сме ограничени само на умереноста на нашите соселани. Хронично информациски интровертните луѓе ќе тежнеат да останат исти во каква било средина и да се наоѓаат, но сепак повеќе пукнатини во стакленото ѕвоно се јавуваат кога сме поврзани со светот. Сите треба да се запознаеме со девијантните екстреми и радикални гледишта кои постојат, без разлика како сме ние расположени. Моќта се раѓа од способноста да контролираме и да се контролираме ефективно. Најдобар начин да започнеме со развој на таквата моќ е да се соочиме со поларната спротивност од нашите гледишта, бидејќи ако тоа не го сториме, ќе изгниеме во нашиот безбеден стаклен кукавичлук.

Текст и илустрации: Дамјан Цветков-ДимитровФилозофски факултет

15

Излез | мај 2011 Форум - Толеранција

16

Излез | мај 2011

Живееме во време на разлики. Различни стилови, различни мислења, различни политички партии, различни религии, различни избори и ставови, различни принципи и различни етнички заедници. Во основа, секогаш и било така, со таа разлика што денес разликите не се маргинализираат, потиснуваат и девалоризираат, туку, напротив, се потенцираат, истакнуваат и вреднуваат.И Македонија е земја на разлики. Највоочливо, земја на различни етнички заедници. Не е тајна дека нивниот односот секогаш бил, помалку или повеќе, под напој на тензија, нелагодност и притисок. Но, во обременото време во кое живееме последниве година-две, како локално, така и на глобално ниво, чинам како односите да се уште позатегнати, а разликите повторно се извишуваат како пречки кои може да нè натераат да го смениме патот. Се прашувам, живееме ли во разделено општество, во кое соживотот меѓу етничките заедници се разгледува исклучиво од аспект на политичка коректност и шуплива предизборна реторика?, дали (не)свесно ја игнорираме меѓуетничката тензија, знаејќи дека таа е симптом на подлабоки, сè уште нерешени конфликти, за чие третирање немаме ниту време (бидејќи, нели, многу поважно е да се стане дел од Европската унија и да се редизајнира Скопје), а ни сила, ни трпение?, и дали Македонија е општество на „разделени, но еднакви“, што како неизустен принцип на политичко и граѓанско дејствување и општење некако се наметна во последниве две децении? Ако ги погледнеме нештата од „птичја перспектива“, т.е. оддалеку и однадвор, тогаш тешко би се нашла причина за критикување. По кризата

во 2001 година и потпишувањето на Рамковниот договор, малцинските етнички заедници се здобија со рамноправен статус во градењето и функционирањето на државата, со пропорционална застапеност во сите сфери на државниот систем, инкорпорирање на нивниот јазик во официјалната комуникација на државно ниво и ниво на локални заедници и сл. Изгледа како 2001 да беше само мало скршнување од разумот, по што животот се врати во нормала и државата се редефинираше како оаза на меѓуетничка толеранција и соживот. Но, ако од птичја перспектива се спуштиме на земја и нештата ги разгледаме од аспект на македонското секојдневие (секојдневието на луѓето што живеат во оваа држава, а не на припадниците на македонската етничка заедница, секако), тогаш сликата добива друго обојување. Македонија е оаза на луѓе кои не комуницираат со припадници на другите етнички групи, (барем не повеќе од она што им е наметнато од општеството), оаза на невидливи Берлински ѕидови (околу Тетово, Дебар и Струга, на пример, или околу Арачиново, Јаја Паша и Љуботен), оаза на површна љубезност и наметнати, а не разбрани транзиции. Меѓуетничката толеранција сама по себе не е цел, туку средство преку кое општеството треба да премине од систем на дискриминација и нетрпеливост по дадената основа кон сосема спротивна состојба, во која припадноста кон одредена етничка група нема да има влијание врз статусот на единката во општеството, можностите кои и стојат на располагање како и квалитетот на животот што го води. Но, се чини дека кај нас нештата сопреле тука – на првиот

Еднакви и разделени

Живееме ли во разделено општество, во кое соживотот меѓу етничките заедници се разгледува исклучиво од аспект на политичка коректност и шуплива предизборна реторика? Дали (не)свесно ја игнорираме меѓуетничката тензија, знаејќи дека таа е симптом на подлабоки, сè уште нерешени конфликти, за чие третирање немаме ниту време (бидејќи, нели, многу поважно е да се стане дел од Европската Унија и да се редизајнира Скопје), а ни сила, ни трпение? Дали Македонија е општество на „разделени, но еднакви“, што како неизустен принцип на политичко и граѓанско дејствување и општење некако се наметна во последниве две децении?

Форум - Толеранција

16

Излез | мај 2011

17

Излез | мај 2011

чекор – промовирање на меѓуетничката толеранција, потенцирање на тоа колку таа е важна и процентуално репрезентирање на етничките заедници во јавниот општествен живот. Што, повторно ќе напоменам, не е лош почеток. Но, сè уште нема ни трага од иницирање на поврзување на припадниците на различните етнички заедници во секојдневниот живот на граѓаните и градење на заедничка платформа на општествено идентификување, преку која ќе се овозможи конечниот премин во демократско општество (барем по оваа основа). Длабоки пријателства помеѓу Македонци и Албанци (на пример), споделување на религиските прослави со припадници на другите религиски заедници, маалски средби преку кои се овозможува полесна интеракција помеѓу различните етнички заедници, учење на јазикот и историјата на малцинствата – сето тоа се исклучоци од нашето секојдневие, кои се неопходни за создавање на вистински интегрирано општество. Имплементацијата на закони или прописи чија цел е да се промовираат и загарантираат правата на етничките заедници во едно општество е само краткорочно третирање на проблемот, доколку во исто време не се применат и чекори за менување на перцепциите и свеста на граѓаните на тоа општество, што, за жал, е случај со нашата држава. Насилството напоено со меѓуетничка тензија што го гледаме по нашите училишта е еден од најсилните симптоми на ваквото пасивно и прошематско третирање на оваа тема. Природата на овие инциденти продира многу подлабоко од домашно воспитување, занемарување

Интегрирани училишта и во Македонија

Да бидеме искрени, имаме поделено образование. Сите добро го знаеме ова и, несомнено, на многумина им одговара оваа ситуација. Но, јас сакам да издвојам еден мошне позитивен пример од образованието, кој за жал некако останува прикриен во сенката на сите политички и академски препирања кои се случуваат деновиве. Имено, станува збор за воведувањето на двојазичната интегрирана настава во сè повеќе училишта во нашата земја. Се работи за училишта, сега за сега едно средно и две основни, каде заедно учат ученици од две различни етнички групи и каде голем дел од наставата е двојазична. Ваквата иницијатива, која веќе претставува нормална пракса во многу мултикултурни општества во Европа, кај нас започна уште пред неколку години, како резултат на работата на Нансен дијалог центарот од Скопје и нивната програма за дијалог и помирување во постконфликтни и поделени заедници. Првото вакво училиште „Фридтјоф Нансен“, во кое заедно учат Албанци и Македонци, беше отворено во општина Јегуновце, село Прељубиште во 2009 година, а по него следеа и интегрираното средно училиште „Моша Пијаде“ на истата локација, како и училиштето „Маршал Тито“, во Струмица, во 2010-тата, каде се оформи паралелка на ученици од турската и македонската националност, која го следи овој модел на интегрирано двојазично образование. Резултатите се веќе видливи. Покрај многуте нови пријателства и научени работи, конечно ќе има и генерации деца кои ќе ја добијат шансата од мали нозе да ги надминат предрасудите кои следат многумина од нас во секојдневието. Конечно нешто за што вреди да се чека и да се биде возбуден.

Весна Илиевска Филолошки факултет „Блаже Конески“

од страна на родителите или слаб и недисциплиниран воспитен режим во образовниот систем. Таа допира до самата срж на потенцираното националистичко и етничко идентификување во државава, што изгледа станува сè поважен елемент во самоидентификувањето на македонскиот граѓанин. Апсурдно е да се очекува кохерентен, продуктивен и самоодржлив развој на општество кое е поделено со јазични и религиозни бариери, преку кои граѓаните се групираат по линии на етничка припадност и се разликуваат едни од други со „ние“ и „тие“. Крајно време е да се направи дистинкција помеѓу етничката припадност на една индивидуа и нејзината граѓанска „припадност“: се разликуваме по нашето потекло и заедница, но сите сме граѓани на Република Македонија, што нè прави еднакви и рамноправни учесници во изградбата на општеството, неговото функционирање и ползувањето на придобивките. Сегрегираните општества (треба да) се дел од минатото.

Билјана ДијанисиеваФилолошки факултет „Блаже Конески“

Форум - Толеранција

17

Излез | мај 2011 Култура

18

Излез | мај 2011

Арно Трилчдипломец од Хале, Германија

Се чини дека регионот сè уште страда од западноевропските стереотипи кои, според моите сознанија, завладеале во 19 век. Меѓу обичните луѓе честопати го слушам, на пример, називот „буре барут“ како синоним за Балканот. Воената ренесанса која оживеа кон крајот на минатиот век дополнително ја зајакна негативната слика за сите балкански земји, иако некои од нив не учествуваа во воените конфликти по распадот на СФРЈ. Стереотипите, бездруго, биле создавани во обид да избега од реалноста на земјите соочени со тешки економски проблеми, не земајќи го предвид, притоа, нивното негативно влијание врз секојдневниот живот на тие граѓани. Се надевам дека земјите наскоро ќе се најдат под чадорот на Европската унија и покрај нејзината сомнителна неолиберална агенда. За нив нема друга разумна алтернатива! Ако интегративниот процес прекине, земјите и натаму ќе назадуваат во економската и социјалната сфера, а почести ќе бидат и стереотипите. Не губам надеж дека во иднина ќе се прошири туризмот во регионот, затоа што тоа е еден од најдобрите начини луѓето од Западот да се запознаат со убавините на балканските земји. Со него дефинитивно ќе се надминат стереотипите што го жигосаа регионот.

Јева Витоластудентка од Рига, Летонија

Балканот е егзотично место. Ова го велам бидејќи балканската културата ми е далечна, исто како и останатите медитерански култури, но секојпат кога сум во допир со луѓето од регионот, се воодушевувам од нивните кажувања. Кога првпат посетив неколку балкански земји, многу нешта ми се чинеа слични на мојата земја, којашто не толку оддамна беше дел од Советскиот Сојуз. Овде пред сè мислам на идеолошките симболи, коишто имаа големо значење во тоа време, а нема големи разлики ниту во социјалистичката архитектура. Што се однесува на менталитетот на тамошните луѓе, ми се допадна нивната смисла за заедничко добро и за меѓучовечко разбирање, иако честопати се прашував дали е возможно да се одржат заемните културни особености со изразената гордост на нациите од регионот. Ме загрижува што националната гордост е особено присутна кај младите и мислам дека иднината на Балканот ќе биде посветла, доколку се ублажат горките татковински чувства.

БАЛКАНОТ ВО ОЧИТЕ НА ЕВРОПА: „БУРЕ БАРУТ“ БЕЗ РЕПРИЗАСтуденти од земји членки на ЕУ ги споделуваат нивните видувања за Балканот.

Македонија бележи дваесет години самостоен растеж. Нејзините врснички, пред сè од регионот на Западен Балкан, зачекорувајќи низ лавиринтот на возбудливите демократски пориви, со еднаков ентузијазам го бараат својот пат кон сложното европско семејство. Каков е впечатокот на неговите членови за балканските земји? Дали сме сè уште жртви на стереотипите од Западот и како да се ослободиме од товарот загадочни прашалници? Најпосле, во што се огледува нашата заедничка иднина? Проекциите, помалку или повеќе, различни во своите нишани, но секоја од нив со одмерена надеж и јадри очекувања.

Форум - Толеранција

19

Излез | мај 2011

Бенџамин Тејлордипломец од Дурхам, Британија

По мојата посета на Белград, Сараево и Загреб во 2007 година, долго време слушав за балканските стереотипи во Англија. Луѓето, видно исплашени, ме прашуваа колку е опасно таму, се чудеа како сум можел да патувам сам низ регионот, а неверојатно беше и тоа што Србија честопати ја мешаа со Сибир. Лошите сеќавања за минатото на Балканот беа мошне изразени меѓу моите сограѓани во Англија, но нивниот однос се промени откако за првпат ги видоа балканските природни убавини на насловните страници од туристичките списанија. Обновата на брегот на Јадранското Море овозможи голем број луѓе од Западот да уживаат во комфорот на урбаниот туризам, но тоа што мене особено ме радува е уште поголемиот број на слободни авантуристи, опортунисти и планинари, коишто самоиницијативно тргнуваат во „откривање“ на Балканот. Како учесник во студентска размена, со задоволство се сеќавам на миговите поминати со пријателите јадејќи вкусна скара и пиејќи црно кафе на градските плоштади, каде што секој оди да види, но и да биде виден. Иднината не може да се ослободи од минатото, но затоа, од друга страна, стои отворена можноста за промени. Контрастот меѓу либералната младина, културниот кич и егзотиката на далечното минато ќе подгрее сечија желба за откривање сосема поинаков свет. Балканот, во многу погледи, се покажа таков.

БАЛКАНОТ ВО ОЧИТЕ НА ЕВРОПА: „БУРЕ БАРУТ“ БЕЗ РЕПРИЗА

Барбора Странскастудентка од Нитра, Словачка

Општото мислење на Словаците за Балканот најчесто доаѓа како последица на летните одмори, коишто честопати ги поминуваат во регионот. Тоа, секако, не е вистинската слика за балканците. Само мал број луѓе имаат постојан контакт со тамошните граѓани, па затоа сме често водени од стереотипи. Сепак, патувањата се еден од ретките начини за продлабочување на нашите односи и рушење на ѕидовите меѓу нас. Тие ни овозможуваат поверодостојно да зборуваме едни за други, па така, луѓето од Балканот би можела да ги опишам како темпераментни и дарежливи, а и ми се допаѓа што се секогаш подготвени да помогнат. Ме радува што Хрватска оствари напредок на патот кон Унијата и би сакала истото да го покажат и другите земји од Западен Балкан. Засега е тешко да предвидам каква иднина претстои, но навистина очекувам добри вести!

Далибор СтајиќФилолошки факултет „Блаже Конески“

Форум - Толеранција

20

Излез | мај 2011

За да го смениш системот, прво треба да се смениш себеси„Сакам да бидам дел од најновите истражувања во светот“

Интервју со Маја Савевска

Во нејзината досегашна академска кариера Маја Савевска има три интернационални искуства, сите интересни и сите во различни академски системи. Своето студирање го започна на Правниот факултет „Јустинијан Први“, како студент по политички науки. За време на додипломските студии помина една година на Универзитетот Вашингтон во Сиетл, а по дипломирањето продолжи на магистерски студии на Оксфорд, на Институтот за меѓународни односи и Одделот за меѓународен развој. Во моментов е еден од првите десет докторанти на ГЕМ школата за докторски студии, програма на Еразмус Мундус за „Глобализација, ЕУ и мултилатерализам“ во која се вклучени повеќе европски универзитети. Маја е во Брисел, на Université Libre de Bruxelles, и оттаму најде време да зборува за своите досегашни искуства, за желбата да стане истражувач на светско ниво и за тоа дали и во кој случај би градела академска кариера во Македонија.

Маја, што значеше за тебе поминатата година во САД на студентска размена во додипломските студии?

Тоа прво интернационално искуство беше најпоттикнувачко за мене. Прва работа од која бев воодушевена беше културата, тој еден типичен начин на живеење во Сиетл во кој се заљубив. Американците имаат многу изградена култура на заедница, неверојатна способност да се организираат на тоа ниво. Едноставно се собираат, идентификуваат проблем и наоѓаат решенија. И на многу ефикасен и креативен начин собираат средства за секакви проекти. Бев сведок како во еден ден најразлични луѓе од едно соседство се собраа и целосно реновираа еден центар за деца со хендикеп. Студентите, и сите луѓе воопшто, се многу проактивни. Понатаму, ми се допадна тоа што немав никаков контакт со централизирана универзитетска администрација, со еден клик можев да добијам секаква информација и совет. На академско ниво, професорите имаат поголема слобода да го организираат својот предмет како што сакаат, додека кај нас Болоња системот нуди само еден калап во кој сите професори мораат да се вклопат и затоа сите предмети се исти . Во САД имав и поголема интеракција со останатите студенти, за разлика од Македонија каде што можеби 70 отсто од колегите не знаеја што бараат на факултетот. Таму научив и аналитички да размислувам, а она што беше ново за мене беа огромните ресурси што им беа достапни на студентите, како и содржината на предметите, фактот што работевме по најнови изданија на книги и учевме најнови теории.

Зошто се одлучи и понатамошното образование да го продолжиш во странство?

Мислам дека уште кога бев прва година на факултет знаев дека ќе сакам да продолжам со мастер студии. Интересно е тоа што во средно бев многу повеќе по природните науки, но не сакав да студирам природни науки во Македонија бидејќи на факултетите немаше услови за истражување. Втора најдобра опција ми беа политичките студии кои веднаш ги засакав и знаев дека дефинитивно ќе останам во академскиот свет и ќе се занимавам со истражувачка работа. За време на престојот во САД, се здобив со подлабоко знаење од областа и сфатив дека сакам да бидам дел од најновите истражувања во светот, а не да останам во еден парохијален систем. Сакав нешто подлабоко теоретски и решив да се запишам на Оксфорд затоа што таму предаваа експерти на кои отсекогаш им се восхитував, па тоа беше уште еден поттик да се замине таму.

И како би го споредила системот на учење во Оксфорд со претходните системи?

Не се споредува на многу нивоа затоа што во овој случај се работше за постдипломски студии, сосема поинакво искуство. Но сепак, Оксфорд е најдобриот универзитет на кој сум учела досега, една средина што ретко се наоѓа. Програмата на која бев беше многу компетитивна, а вештините со кои се здобиваш неспоредливи. Системот е таков што на институтите се одвива твојот академски живот, а на колеџите друштвениот живот. Во институтите комуницираш со врвните истражувачи од твоето поле, а на колеџот се среќаваш со најдобрите студенти во други полиња. Ништо не може да го замени сознанието дека секојдневно се среќаваш со врвните поединци од сите области. Системот не е затворен , туку отворен, затоа што си изложен на луѓе со најразлични склопови од размислувања. Ниедна од темите за кои зборувате и кои ги анализирате нема да биде иста кога секој соговорник се занимава со научно-истражувачка работа, кога разговарате со луѓе кои мораат да се водат по одредени научни правила , се добиваат многу интересни разговори. Што се однесува до обемот на работа, ритамот е навистина интензивен, мора многу да работите цело време, но затоа пак ве оценуваат најдобрите од даденото поле, фидбекот кој го добивате е целосно персонализиран. За време на часовите се раѓа неверојатна дебата, многу се учи, целиот систем е организиран така за да студентите што повеќе научат. За луѓе кои сакаат да се занимаваат со истражувања, не може да биде подобро.

Успешна приказна

21

Излез | мај 2011

21

Што би сменила во нашиот систем на високо образование?

Во нашиот систем...не само што не си дел од најновите истражувања, не си никаде. Како можат факултетите да се прогласуваат за истражувачки центри кога не нудат никакви услови за истражување: 1. библиотека со релевантни книги и 2. електронски списанија. На Правниот факултет имаше само неколку луѓе на кои им се восхитував, професорите Ѓорѓе Иванов, Гордана Силјановска и асистентите Ненад Марковиќ и Иван Дамјановски, нивните предмети беа добро организирани, но тие се исклучок од правилото. Нема дебата на Правниот факултет, никој, колку што знам, не проучува современи прашања, сите се занимаваат со застарени теории. Секако, имаше моменти кои многу ги сакав, кои ме подготвија да бидам добра на интернационално ниво , но не сакам да го оценувам системот според моето искуство. Секогаш ќе има исклучителни студенти кои ќе се трудат и ќе бидат лично мотивирани, но системот треба да биде така поставен што ќе ги мотивира сите студенти што повеќе да учат. Кај нас квалитетот на знаење што системот го создава кај 90 отсто од студентите е далеку од секаков меѓународен стандард. На Правниот факултет партиската припадност сè уште одредува кој ќе добие асистентско или професорско место. Се надевам дека работите ќе се променат, особено со смената на генерации. Има млади истржувачи кои делуваат како „острови на промени“ во тој нефункционален систем, тие треба да добијат подобри услови за работа и поддршка.

Ќе станеш ли и ти некогаш еден од нив?

Не ја исклучувам таа можност. Мене ми се допаѓа животот во Македонија, но во изборот на место на живеење и работа пред сè се водам од условите за истражување кои ми се достапни. Не сум врзана за ниедно место. Во моментов Македонија ја нема на мапата на светски истражувачки центри. Точно е дека сме мала земја, и сиромашна, ама тоа не е оправдување. Сум сретнала истражувачи и научници од мали земји каде што е сфатена важноста на научната работа, потребата од тоа да се биде дел од светската истражувачка мрежа. Потребна ни е стратегија за да може да ги стигнеме поголемите „сили“, а Македонија таква стратегија нема. Затоа, засега не се гледам себеси во тој систем, бидејќи мислам дека самото мое присуство таму нема ништо драстично да смени и подобри. Можеби еден ден ќе се вратам, но не пред целосно да усвојам принципи на работа и размислување различни од оние на кои се заснова системот во Македонија. Треба прво себеси да се развиеш пред да можеш да го смениш системот.

И за крај, Сиетл – Оксфорд – Брисел, кој град најмногу ти се допадна?

Па сите се различни, а НЗС им е дождот. Го имав посетено Брисел и претходно, како турист, но тогаш не ми се допадна. Сега го сакам, ако ги избегнете туристите и еврократите, супер е. Живеам во вистинскиот центар на градот, не во туристичката област, каде локалните жители се многу интересни, многу од нив зборуваат два јазика. Градот има збиена културна агенда – концерти, театри, филмови, танц ... Сиетл ми е еден од омилените градови за живеење. Таму има некаков општествен

консензус за тоа кои им се приоритетите. Повеќе е социјално ориентиран отколку пазарно. Има интересна музичка сцена, многу попусти за студенти, погоден е за возење велосипед, чист и безбеден. Навистина ми недостига. А следната година заминувам во Ворик, Англија – повторно дожд, не знам што тоа кажува за мојата личност (се смее).

Даниела Атанасова

Успешна приказна

22

Излез | мај 2011

AUTO NOMOS - Како закон

на себството

Есеј за автономијата

Текстот е посветен на на академската заедница (на студентите и професорите како нејзини еднакви припадници) и на заедничката борба за нормативно и фактичко искористување на автономијата.

Индивидуата е изложена на постојана предизвиканост. Идејата за нејзино развивање како систем за себе не претставува надминување на едноставното физичко присуство – само форма, туку започнува да биде суштинско постоење или ноторна телесна животворност. Таквата идеја, во зенитот на своето остварување ја активира онтолошката моторика и таа акција е предвидена со самиот факт на раѓањето. Еволуцијата, во основа, не поставува хиерархија на критериуми чие исполнување ќе ја обезбедат конечната резултанта, напротив, елементот на sui generis преку архетипската човекова природа ја открива „слободната волја“. Оттука, недвосмислено постои предиспонираноста кон сопствена креација или индивидуата како креатор на својот свет и одредувач на правецот на својот живот. Постои заемна функционалност во феноменологијата на она што претставува ,,слободна волја“. Имено, слободата е потик на волјата, а волјата е стремеж кон слободата.

Систематската обработка на овој феномен, доведува до Кантовиот категорички императив кој упатува на моралниот ангажман и човековата рационалност како параметри на идејата за самокреација и понатаму, управувањето со себе или самостојната одржливост. Оваа идеја, како и Кантовите сфаќања, претставуваат почетна точка, конкретен аспект (антрополошкиот), во развивањето на теориите за индивидуалната автономија. Всушност, иманентни мислители како што се И. Берлин, Џ. Раулс, Р. Дворкин, В. Кумлика и др. своите теоретски објаснувања за автономијата воопшто, ги постулираат на сфаќањата за рационалната индивидуа која е способна критички да го процени патот до самоостварувањето. Таквите сфаќања имаат различни димензии, со тоа припаѓаат на различни правци, но се единствени во нивниот либерален карактер.

Во обид на конституирање на индивидуата како автономна, клучно значење има слободата. Како соодветна илустрација може да се наведе пристапот на Берлин: личноста е свој господар, орудие на својата волја и нејзините одлуки зависат од неа самата, а не од надворешни сили – таквата личност е автономна или самоопределена, промислена, активна, со слободна волја, која ги прифаќа одговорностите за себе и способна е својот избор да го брани со повикување на своите цели, односно таквата личност е „позитивно‘‘ слободна. Проблемот на слободата не опстојува само како егзистенцијален статус, туку и како избор на околности и борба за нив, од што зависи слободното искажување

на природата на човекот. Либералистичката политичка мисла го разгледува проблемот на слободата низ призма на квантитет во едно општество .

Со примесите на општествените текови и теоретските елаборации, индивидуата станува фокус на набљудување и изведување заклучоци, започнува да биде општествена претстава, субјект на научни расправи. Како таква, таа понесува политичка одговорност, но покрај интелектуалната атрактивност, од големо значење е индивидуата да остане со своја концепција за себе и со стремежот за своја автентичност. Конечно, индивидуата останува независна, суверена целина со траење на чувството и неотуѓивото право на сопствен живот, притоа бидувајќи разумно суштество кое тежнее кон самостојност, односно автономија. Поединецот во рамките на едно општество, со оглед на индивидуалната автономија, при одвивањето на општествените односи експлицитно ја изразува својата автономија преку застапување на политичкиот етос; во таа смисла, индивидуата која е автономна, поседува морална слобода и автономијата се произнесува како експресија на политичкиот идеал, според Сартори. Исто така, во одвивањето на општествените односи, со цел да се обезбеди предвидливост и сигурност, значење има правдата како рационална доблест која претставува генератор на правно позитивните акти наметнати од државата која има пресудна улога. Така, хармонијата помеѓу правдата и правниот систем кој го дефинира државата, претставува исклучителен услов за неповредливост на граѓанскиот статус. Граѓанскиот статус подразбира еднаквост на граѓаните пред законот, гаранција на човековите права и базична правичност на општествените услови. Во случај на отсуство на правдата и практикување на автократија од страна на државата т.е. јавната власт, стапува во дејство човековото право на отпор, така што легитимирачки основ на секоја власт е степенот на нејзината усогласеност со идеалот на правдата. Затоа, неопходно е државата да негува таков режим кој ќе биде во согласност со праведното владеење. Потребно е да се нагласи дека индивидуата како титулар на својата автономија не опстанува како флуид во неопределен простор; напротив, општествената асоцијација што ги почитува слободите и правата е граѓанската заедница кон која индивидуата пристапува со чувство на припадност и лојалност. Во тој правец, се развива друга димензија во која индивидуата прифаќа општи „правила на игра‘‘ наметнати од државата, а автономијата на личноста

22

Излез | мај 2011 Погледи

23

Излез | мај 2011

е траса која води до повисоките инстанци, односно институциите или институционална автономија. Таквата зависност ја имплицира потребата едната страна да ја афирмира и штити автономијата на другата страна и обратно т.е. постои правилото на реципроцитет. Таквото правило треба да биде застапено помеѓу индивидуата и институциите, помеѓу индивидуа и друга индивидуа, институција и друга институција и најважно, автономијата треба да биде прифатена и призната од страна на државата. Во таа насока на детерминирање на државната надлежност и границата на имплементација на јавната власт, по однос на автономијата, може да се издвојат два облици на неприфатливо поведение од страна на државата, и тоа присилбата и патернализмот. Преку рестриктивните мерки од страна на државата, кога е во прашање автономијата, не е дозволиво државата да прави квалификации за тоа што е или не е морално, едноставно заради фактот на плуралност во начините на водење живот. Раз ја разгледува легитимноста на државната присилба изведена од автономијата и се обидува да ги воспостави начелата кои ќе одредат каков вид на однесување државата може да ограничи со кривичниот закон. Преку преценувањето на способноста на државата за расудување, Раз смета дека државата има право да се меша во она што по нејзина мерка ќе претставува неморално однесување. Иманентно ќе биде самоволието на државата, преку таквата можност,

и покрај оправданоста на нејзините рестрикции со правниот морализам, кој всушност е камуфлиран обид за канализирање на што поголемо влијание од страна на државата. Друга контроверзна активност е државниот патернализам, кој делумно произлегува од државната присилба. Имено, во овој случај државата не само што одредува кое однесување е морално, туку и се впушта во морално подобрување на луѓето со некаква интервенција која ги подобрува моралните квалитети и карактерот на индивидуата. Таквите ставови, и покрај нивната неприфатливост, се научно елаборирани и нив ги застапуваат т.н. перфекционистички теории. Но, спротивставени на истите, постојат теориите кои ја објаснуваат либералната држава преку идеалот на неутралност. Во фокусот на тие теории е идејата дека државата мора да ја прифати и признае автономијата, а со тоа и правото на индивидуата да направи избор, без притоа државата да ги квалификува општествените активности како супериорни или инфериорни. Застапник на теоријата на неутрална држава е В. Кумлика кој нагласува дека политичката сфера мора да ја почитува слободата на индивидуите да формираат и ревидираат идеи за нивниот живот, затоа што само на тој начин индивидуите ќе водат добар живот, наспроти само имање на истиот. Со цел да се оневозможат контроверзни поведенија од страна на државата, како што погоре беше спомнато – силно се нагласува режимот кој го негува државата. Така, во современи услови кога демократизацијата е пожелна, потребна е претпазливост од интерните девијантни појави кои се карактеристични за демократските режими. Како такви, познати

се демократурата, плебисцитарниот цезаризам, диктабландата и сл. но, како најзастапена се јавува популистичката демократија која повеќе е застапена во квази-теоретска форма. На пример, ваквиот облик алудира на реторичката привлечност на поимот владеење на народот и реализирање на народната волја, со паралелно практикување произволна волја на државните службеници и оневозможување на суштествени процеси како што е владеење на правото и ограничување на фундаменталните права и слободи како што се слобода на говор, на печат, на здружување и др. политички слободи. Во такви услови, автономијата која треба да биде принцип на константа популарност, практично претставува популистички инструмент. Наспроти таквата закана за демократијата и системот на вредности што се подразбира под неа, соодветно попрактична е демократијата со либерални примеси или т.н. конституционална демократија која претставува ограничено, со претставнички систем воспоставено, одговорно и поделено извршување на политичката власт од страна на заемно контролирани уставни носители на власта. Следејќи ја неопходноста од институционална автономија, приоритет треба да биде институционалната одбрана на демократијата или постоењето на аперсонални институции на јавната власт кои ќе функционираат професионално и независно и ќе бидат ослободени од притисокот на политизацијата.

Без оглед на теоретските конфронтации, фактичката состојба доминантно ја рефлектира опструкцијата на автономијата, како резултат на владините мерки од политичките центри на моќ. Слободното и отворено функционирање на институциите го намалува политичкото влијание на интереси, затоа се троши голема енергија од страна на владејачките гарнитури да спроведат контролни механизми. Нарушувањето на институционалната автономија е проследено со индиректно посегнување по автономијата на личноста. Како последица, таквиот амбиент оневозможува расправа која ќе се однесува на ,,политичките доблести на добро уредено општество‘‘ (Раулс).

Значи, ако интегритетот на нашата личност исклучително зависи од двигателната човекова акција, од возможност и одговорност за истата, секогаш мора да постои „фронтовска‘‘ подготвеност да се ужива и брани од повремена дeлливост – индивидуалната автонoмија. Таквата лична еманципација, индиректно претставува општествен ангажман, со што недвосмислено се придонесува кон автономијата на институциите и нивното здраво функционирање во општествено - политичкиот процес.

Вики МладеноваПравен факултет ,,Јустинијан Први‘‘ Член на АСК „Сократовци“Фотографии: Далибор Стајиќ

Нарушувањето на институционалната автономија е проследено со индиректно посегнување по автономијата на личноста

23

Излез | мај 2011 Погледи

24

Излез | мај 2011

Ранг листа на веб страниците на факултетите во склоп на УКИМФакт е дека сите знаеме колку се лоши интернет страниците на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Друг факт е дека повеќето мислат дека ова се должи на мрзливост и апатија. Погрешно. Вистинската причина за лошите веб страници (и воопшто, лошото спроведување на образовниот процес) е вечната амбиција на УКИМ да го достигне првото место за најлош универзитет на планетата Земја. За среќа, сè уште не успеал во тоа. За жал, упорно се труди.

Како и да е, оваа ранг листа го оценува неуспехот на УКИМ во оваа злобна амбиција, односно успехот на поединечни интернет страници да се доближат барем на 34 000 километри растојание до некои од понормалните просечни интернет страници. Целосната листа на факултетите на УКИМ и нивните веб страници можете да ја најдете тука: www.ukim.edu.mk/mk_struktura.php.

Оценувањето е извршено во четири категории: 1. Колку вируси, бактерии и габи ќе фатите од страницата (односно, техничка функционалност); 2. Колку денови ќе потрошите барајќи „Почетна” (односно, навигација); 3. Колку месеци ќе бидете заболени од акутно оштетување на вкусот за естетика (односно, дизајн); 4. Колку години ќе поминат пред да дознаете дека вашиот факултет сменил име, локација и веќе не е ни факултет, туку фризерско студио (односно, искористување на страницата како интернет медиум).

Една мала тајна (откако ќе го прочитате ова, веднаш заборавете го): Првичното оценување беше направено на скала од 1 до 100 ама бидејќи највисоката оценка беше 4.5, скалата беше скратена на ранг од 1 до 5, а оценките си останаа исти.

Критериуми за оценување

Техничка функционалност: Исправност на линкови и слики, добро реализирана двојазичност (англиска верзија од интернет страната), контакт до студентската служба и по можност професорите, присуство на соодветна содржина.

Навигација: Интуитивност, леснотија при пронаоѓање на бараната информација, добро организирани менија и подменија, мапа на страницата.

Дизајн: Естетскиот изглед на веб страницата, односно користењето на хармонични бои, поставеност на елементите, конзистентност на користениот стил.

Искористување како интернет медиум: Редовно ажурирање со вести и новости релевантни за студентите.

Резултати

Техничката функционалност целосно ја имаат реализирано Економскиот факултет и ФЕИТ. Останатите имаат одбивност кон јазици што содржат латиница, како на пример англиски, а понекогаш и одбивност кон оставање контакти (претпоставка – единственото слободно корисничко име за нивната електронска пошта било sk8ter_1993, па се срамеле да го покажат на веб страницата). Интересен пример околу латиницата е Факултетот за драмски уметности кој толку многу ја сака латиницата што ја ставил насекаде. Нека има, зошто да не?

Навигацијата најдобро е осмислена од ПМФ и Економскиот факултет, со логични менија и интуитивна организираност. Кај останатите, освен што сметаат дека нема никаков проблем во тоа одделот „Постдипломски студии” да биде сместен во „Контакт”, друго сè е во ред. Ама секој си има право на свое мислење, нели.

Во дизајн се истакнуваат Факултетот за ликовни уметности и Стоматолошкиот факултет, а веднаш по нив се Земјоделски и Економски. А останатите...сметаат дека најдобра комбинација на бои е жолта. Најсериозно.

Највисок резултат во категоријата „Искористување како интернет медиум“ добива ФЕИТ поради редовното ажурирање со релевантни информации. Другите факултети сигурно сметаат дека младите од денешнината имаат супермоќи со чија помош можат да дознаат сè што сакаат, кога сакаат, каде сакаат. Така што, сосема е разбирливо нивното отсуство на интерес во ажурирање на интернет страниците.

Сумирани резултати1 место: Економски факултет2 место: ФЕИТ3 место: Градежен факултет4 место: Правен факултет и Земјоделски факултет5 место: Машински факултет

Технологија

25

Излез | мај 2011

Второ мислење: Во глобала, веб страниците нудат солидна функционалност во однос на она што го бара македонскиот корисник, меѓутоа дизајните се прилично старомодни и необмислени. Зоран Лазаревски, самостоен веб дизајнер

Забелешка Веб страницата на факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер беше активирана во истиот ден кога беше подготвено ова рангирање, не како резултат на неверојатна случајност, туку со планирана цел да му отежнат на авторот на ова рангирање, принудувајќи го да го допише овој едвај полезен пасус. Факултетот за физичка култура нема своja веб страницa, а за ова има две можни причини: прво - поседување на супериорен медиум за комуникација со студентите, за кој никој освен вработените и студентите на тoj факултет не е свесен дека постои, или второ – учество во јавниот светски заговор за уништување на интернетот пред да се претвори во чудовиште што се храни со луѓе кои подготвуваат заговори. Да се надеваме дека е првото.

И покрај тоа што Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) сè уште не почнал со работа, односно категориите „Техничка функционалност“ и „Искористување како веб медиум“, а делумно и „Навигација“, не можат да се оценат, дефинитивно добива најдобра оцена за дизајн, судејќи по тоа дека ниту едно око до сега нема експлодирано од гледање на веб страницата. За жал, бидејќи не можат да се оценат останатите категории, ФИНКИ не влегува во рангирањето.

Нина Георгиева, ФЕИТ

Рангирањето е извршено од Нина Георгиева, студент на Факултетот за електротехника и информациски Технологии (ФЕИТ).

Технологија

26

Излез | мај 2011 Кратки вести

Кој што заборави?Facebook или она за што сите зборуваат

Потсетување на основните принципи на кои се согласивме кога ги отворивме своите профили

Кога во 2004 година Марк Зукерберг го лансираше The Facebook, она што го издвои од другите веќе постоечки и етаблирани социјални интернет мрежи беше ексклузивноста на оваа страница, односно можноста да бидат корисници само неговите колеги од Харвард и, уште поважно, ограничувањето на пристапот до профилите и информациите објавени на истите само на веќе поврзаните пријатели во оваа мрежа, со претходно одобрување од двете страни. Преку проширувањето на кругот на корисници на преостанатите Ivy League универзитети, потоа неколку големи компании од типот на Microsoft и Apple, до конечното отворање на оваа страница за сите лица над 13 години во 2006 год., се губи двојното значење на ексклузивноста на оваа социјална мрежа, но останува првичната замисла за самоодлучување на секој корисник за обемот на споделување на своите информации со другите корисници на мрежата. Веќе преименуванa во Facebook, оваа социјална мрежа постојано додава нови функции и можности за корисниците. Па, така, почнувајќи со идејата да се овозможи идентификување на секој корисник и поврзување на познаниците од реалноста, создавање на одредена слика за нив, односно добивање на оние информации што инаку посредно се обидуваме да ги откриеме за секој-некој, од типот на љубовен статус, круг на пријатели и краток приказ на нивните интереси со неколку фотографии, денес Facebook е збиралиште на сите човекови размисли, алузии и сознанија, најуспешен предавател на информации, најбрз и најефективен споделувач на податоци и простор за самоуредување на корисниците. Слободата на говор речиси и нема граници. Тоа не ретко резултира и со реакции од типот: „Не си продорен, не си интелектуалец, не си артист, не си критичар, не си поет! Имаш само пристап до интернет!“. Но воопшто и не е страшно доколку, ете, Facebook стане просторот каде што од луѓето, за луѓето, ќе се говори, споделува и размислува. Секој корисник е еднаков и рамноправен, исти можности, профилирање според потреби и интереси! Сепак, во моментов феноменот од 600 милиони корисници, лица кои се изјасниле дека имаат над 13 години, претставува предизвик и за злоупотреби. Односно, дава невидена можност за навидум невин пристап до јавното мислење, кој всушност отвора простор

за манипулации. Гледајќи го проблемот од таа страна, изземајќи ги сите други слабости, како можноста за следење, наоѓање жртви за различни видови криминал и, пред сè, изложеноста на детската популација на влијанија и неприродно обемна комуникација со несоодветни партнери, се добива впечаток дека, сепак, Facebook и не е така наивна играчка, непримамлива за различни сегменти од општеството. Па се јавува лево изреката на Џонсон: „Колку човек го проширува кругот на своите познаници, толку подобро за него“, десно, пак, на Шопенхауер: „Дружељубивоста се вбројува меѓу опасните, дури и погубни склоности бидејќи нè поврзува со битија од кои повеќето се морално неподобни и интелектуално затапени или настрани“, а над двете бдее можноста за нечие инструирање или поедноставно лажен профил! Колкумина од нас заборавија на основните принципи на Facebook, кои ги прифатија при приклучувањето во мрежата? Тие велат: „Го градиме Facebook за да го направиме светот поотворен и потранспарентен, што веруваме дека ќе создаде поголемо разбирање и поврзување. Facebook промовира отвореност и транспарентност преку давање поголема моќ на поединците да споделуваат и да се поврзуваат. Постигнувањето на овие принципи треба да биде ограничено само од правото, технологијата и од развојот на општествените норми...“ И имаше таму: слобода на споделување и поврзување, слобода на проток на информации, фундаментална еднаквост... еден свет, без граници. Ќе се ништи ли и малициозно користи секое добро, за нечии моментални пориви и цели?! А да ги препрочитаме утре уште еднаш условите и целите за користење, пред да го смениме статусот, креираме или се вклучиме во настан, група...?!

Фросина АнтоновскаПравен факултет „Јустинијан Први“

Илустрациja: Дамјан Цветков-Димитров

26

Излез | мај 2011Технологија

27

Излез | мај 2011

Младите можат!

„Младите можат“ (ММ) е млада организација, основана од млaди луѓе пред скоро две години, која ги охрабрува и вклучува младите луѓе во сите делови на своето дејствување со цел да обезбеди искуствен процес на учење преку реализација на активности од млади за млади.

Нивната цел е да го промовираат гласот на младите и нивната активна улога во развојот на мултикултурното општество во Република Македонија. Во продолжение следува краток разговор со Ирина Јаневска, член на тимот за комуникации и односи со јавност на „Младите можат“.

Од каде иницијативата да се формира организацијата „Младите можат“?

Иницијативата да се формира организацијата произлезе едноставно од потребата на неколку млади луѓе да формираат своја организација, преку која ќе можат да остваруваат иницијативи, да дејствуваат врз проблемите во нашето општество и сè она што на младите не им се допаѓа. „Младите можат“ е логична реакција на општествените текови. Иницијативата настана како идеја дека е потребен нов простор за учење, размена на идеи, реализирање на иницијативи од млади луѓе - за млади луѓе. Метафорички кажано, бран свежина во морето на невладини организации. На кои акции или проекти работите во моментов?

Во моментов работиме на програмата „Младите можат да...“, која е дел од Меѓународната година на млади на ООН „Наша година, наш глас“ и која опфаќа повеќе работилници на различни теми, а која досега ги вбројува одржаните работилници за тимбилдинг, работилница за користење на техниката фриз, трибини по повод Денот на толеранција, хуманитарна акција за донирање облека и храна по повод Денот на децата, како и последната наша активност во соработка со Ви-Деј Македонија - работилница за превенција и справување со семеjно насилство.Паралелно со локалните работилници и акции, „Младите можат“ работи и се вклучува и во многу меѓународни кампањи, мрежи и секако преку програмата „Млади

Летна школа - ЕМСА Ова лето, ЕМСА – Македонија по втор пат ќе организира Летна школа по ургентна медицина.Темата на школата која ќе се одржи од 6 до 10 јули во хотел Климетица, Охрид, ќе биде ургентноста во медицината. Непредвидливата природа на медицината и овозможи на ЕМСА – Македонија да понуди едукација преку забава и практични вежби, кои минатата година се покажаа како многу успешни! Тие главно се однесуваат на хирургијата, шиењето рани, но дел од предавањата ќе бидат посветени и на интерната и ургентната медицина. Интересен е фактот што оваа година иницијатива за организирање на школата први пројавиле професорите, а уште една новост е тоа што учество ќе земат и средношколци кои планираат студираат медицина. Заинтересираните можат да се пријават на www.emsa.org.mk најдоцна до 1 јули. Сите учесници ќе добијат сертификати за стекнатото знаење кои се признати во Македонија и цела Европа.

Н.Д.

во акција“ на Европската комисија им овозможува на младите луѓе да посетат обуки и да стекнат нови вештини и знаења и надвор од Македонија, или, пак, да отидат на волонтерска размена од три до девет месеци во некоја од земјите на ЕУ. Како можат студентите да се вклучат во вашата работа?

„Младите можат“ е организација каде може да се вклучат млади луѓе на сите возрасти, не само студентите. Зачленувањето е едноставно и транспарентно. Секој е само на еден клик од своето членство. Сè што треба е да ја посетите електронската дестинација www.youth-can.org.mk и да кликнете на линкот „Become a member“ (во подготовка е и македонска верзија на сајтот, кој е целосно изработен од наши членови). Автоматски се симнува формуларот за членство, кој пополнет треба да се испрати на [email protected]. Во рок од неколку дена администраторот ќе ве регистрира на мејлинг листата, каде ве очекуваат многу мејлови со повици за семинари, тренинзи, локални иницијативи, креативни идеи, инспиративни мисли и други креативни продукти на млади луѓе.

Билјана ДијанисиеваФилолошки факултет „Блаже Конески“

Мисија на организацијата е:

• поттикнување на личен развој преку младинска работа и неформално образование;• подигнување на свеста кај младите за моќта на активното граѓанство како начин на влијание на општествениот развој;• овозможување простор за реализација на младински иницијативи;• промоција на правата и слободите на младите луѓе (младинска мобилност и меѓукултурно разбирање);

Можности

28

Излез | мај 2011

YES – инкубатор за нови

бизнисиНегување на младешкиот претприемачки дух

ПСМ фондацијата започнува како пилот-проект на неколку млади ентузијасти во 2005 год. со цел намалување на невработеноста и предизвикување на локална економска експанзија. По две години, фондацијата го отвора Бизнис инкубаторот во реновираните бараки кај студентскиот дом „Стив Наумов“, кој денес им е главна активност, покрај многу други проекти. Бизнис инкубаторот е совршено место за поединци или групи луѓе кои имаат бизнис идеjа, но им недостасува стручна помош, простор, деловна поддршка; место каде младите компании/новите бизнис идеи би добиле можност да се развијат во конкурентни и профитабилни бизниси. Тој им нуди канцелариски простор на млади компании, а и комплетен систем на услуги потребни да го исправат на нозе својот бизнис/идеја. На членовите инкубаторот им нуди советување, менторство, бенефицирани цени за обуки и, најважно, деловни контакти со други компании, можност за партнерства, раст и развој на компаниите, како и нивна локална и глобална промоција. Секој кој е заинтересиран за влез пополнува апликација во која ја опишува бизнис идеjата и добива можност за членство по основ на издржаноста и перспективноста на истата. Инкубаторот се фокусира на поддржување млади IT компании, бидејќи тоа е најбрзо растечката индустрија, која нуди најголеми можности за успех, а и затоа што понудениот простор е доволен за функционирање на ваквите бизниси. Инкубациониот период е две години, а на секои шест месеци киријата која членовите ја плаќаат расте, со што се подготвуваат за реалните цени кои ќе ги чекаат откако ќе заврши соработката со инкубаторот. Моментално инкубаторот работи со стопроцентна искористеност и во него „творат” 18 компании, а има и 12 виртуелни членови кои не се физички присутни во просториите, но на кои им се нуди постојана поддршка.Како едно мало гнездо на зародиш на многу успеси, инкубаторот создал преку 50 нови вработувања, сите компании-ќерки на инкубаторот успешно работат, континуирано помага во развојот на најперспективната индустрија и работи со повеќе од 90% успешност. Во фондацијата се трудат на секој начин да им помогнат и да ги усовршат инкубантите, па им обезбедуваат услуги, нарачуваат од нив услуги и постојано стојат зад компаниите. Соработката не престанува со нивното излегување, туку останува и со „дипломираните“ фирми. Дека во инкубаторот постои одлична атмосфера за работа и напредок ни потврдија и преставниците од две тамошни фирми со кои поразговаравме. Првиот од нив, Мартин, нè импресионираше со својот иноваторски дух. Заедно со партнерот Нино, со помош на YES инкубаторот ја основале фирмата Wellcode, и моментално работат

на создавање мобилна апликација поврзана со јавниот градски превоз. Мартин ни објасни дека, сакајќи да ги применат своите математички знаења, решиле да се обидат да имплементираат една ваква идеја која би им била од огромна корист на сите корисници на градскиот превоз. Со нејзино инсталирање на мобилните телефони, корисниците во секое време, со внесување на неколку основни податоци, ќе го знаат начинот и времето на стигнување до одредена локација. Апликацијата ќе биде стандардизирана, па ќе може да се користи насекаде низ светот, а во иднина планираат да работат и на други проекти од областа. Двајцата млади претприемачи на само 20 и 22 години веќе имаат купувачи. Вториот станар на инкубаторот со кој позборувавме беше Стефан. Со уште тројца млади ја основале фирмата Web factory. Интересно е тоа што сите сопственици, пред да ја формираат, работеле во големи компании, каде што просторот за создавање им бил ограничен. Сакајќи да работат на нешто свое, во 2009 се пријавиле на натпреварот на VIP за креирање на мобилна апликација, каде го освоиле второто место и добиле бесплатна канцеларија. Меѓутоа, поради репутацијата на на YES инкубаторот како простор со беспрекорни услови за работа и напредок, решиле да ја напуштат бесплатната канцеларија и се префрлиле овде. Денес, тие овде подолго време успешно креираат и продаваат мобилни апликации и веб системи на купувачи од нашата земја и пошироко. Паралелно со управувањето со Бизнис инкубаторот, ПМС фондацијата работи и на многу други најразлични проекти од сферата на иновациите, претприемништвото, корпоративната одговорност. Најчесто тоа се бесплатни обуки за млади за започнување бизнис, обуки од IT сферата, програмски јазици и сл. Покрај за поединци, обуките се достапни и за компаниите од инкубаторот, а понекогаш тие се и партнери во изведувањето. Нешто доста интересно кое фондацијата го работи е настанот „Глобална недела на претприемништво“, која се одржува во ноември и се состои од седум дена интензивни настани за промоција на start-up фирмите, промоција на иновативни идеи и секако, славење на претприемништвото како двигател на денешната економија. Овој настан се одржува веќе три години.

Start-up викенд летово – одлична можност за студенти

Еден нов настан кој првпат се планира за годинава е т.н. „Start-up викенд“ и Скопје ќе биде првиот град на Балканот кој ќе го организира. Настанот ќе претставува летен викенд претворен во натпревар на

Можности

29

Излез | мај 2011

идеи и најверојатно ќе се одржи од 24-26 јули. Целна група ќе бидат студенти од сите образовни профили кои се во последна година на студии, со што ќе почнат да се подготвуваат за индивидуалната работа која ги чека по дипломирањето. Одбраните најдобри 50-100 млади ќе добијат креативен предизвик да ги презентираат своите идеи за тоа како да трансформираат одреден производ од прототип до финална, комерцијална верзија која ќе се продава и ќе носи пари. Учесниците ќе работат во тимови со членови со најразлични профили (од економски до технички), бидејќи соработката на различни умови сигурно ќе роди оригинални решенија. Најдобрите ќе бидат наградени. Како место каде младите создаваат за младите, семејство кое создава компании, вработувања, успешни кариери, како извор кој раѓа поттик за иновации, творење, развој и напредок ПМС фондацијата е пример за успешна приказна која заслужува огромна пофалба и признание.

Јулијана Атанасова Економски факултет

ТАКСО: Поддршка за граѓанското општество

Студентите треба да бидат клучни носители на демократските процеси во европска Македонија

Европската Унија гo смета развојот на граѓанското општество за едно од основните прашања во процесот на проширување. Силното граѓанско општество помага да се трансформираат општествата преку промоција на основните вредности на демократијата, човековите права, доброто управување и законодавството. Тие ги поттикнуваат неопходните реформи кои ќе ги донесат земјите до ЕУ и ќе го подобрат животот. Од тие причини во рамките на Инструментот за пристапна помош (ИПА) на ЕУ, основана е Структура за поддршка на граѓанското општество со цел да се промовира развојот на граѓанските организации. Проектот Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО е дел од таа Структура и се спроведува во земјите од Западниот Балкан (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Албанија) и Турција. За спроведување на проектните активности во Македонија формирана е проектна канцеларија во Скопје. ТАКСО проектната канцеларија постои за сите граѓански организации, но младинските и студентските здруженија добиваат посебно внимание. „Тоа е така затоа што ние веруваме дека младите и студентите се клучните носители на демократските процеси во иднина“ вели Сунчица Саздовска, советник на проектот во Македонија. „Оваа наша верба е поткрепена и со податоци од скорешни истражувања кои велат дека граѓаните на возраст од 18 до 29 години, како и оние кои се со повисоко образование повеќе веруваат во концептот на граѓанско општество. Значи треба да се надеваме дека млади и високо образовани луѓе ќе го менуваат нашето општество на подобро“ - додава таа. За да се овозможи вистинско влијание, студентите најпрвин треба да бидат добро организирани за да можат заеднички да делуваат и да ги застапуваат своите интереси. Во таа насока, ТАКСО работи на зајакнување на капацитетите за менаџирање на здруженија, градење на капацитетите за подготовка на проектни апликации за да се обезбедат финансиски средства за активностите на организацијата, подобрување на вештините за односи со јавноста, застапување и лобирање и др. Досега проектот организираше 14 обуки, во кои беа вклучени 30 младински и студентски организации.

Нино ДомазетовиќЕкономски факултет

Можности

30

Излез | мај 2011

Американско катче - СкопјеКниги од американски автори и информации за студирање во САД.

Можност за апсолвенти

Патуваме во Европа

– Проект на МОСТ

Ако сте заинтересирани за високо образование во САД, најсоодветното место на кое можете да се обратите е Американското катче. Сместено во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, катчето има 4700 членови и 4500 книги кои може да се позајмат, како и компјутери со интернет пристап кои можете да ги користите, а зачленувањето е бесплатно. Американскиот eдукативен центар, кој функционира во рамките на катчето, обезбедува информации и сооветување за процесот на пријавување на сите акредитирани високообразовни институции во САД, како и за стандардизираните приемни испити (TOEFL, IBT, GRE, итн.). За таа цел, Центарот постојано органзира консултации за групи или поединци, неформални дискусии, информативни семинари и работилници за различни делови од процесот на пријавување, и сл. Покрај овие, постојано се одржуваат и бројни настани од видот на дискусии со американски гости, Фулбрајтови професори, прослави на американски празници, видео-проекции, изложби, поетски читања, мини-конференции и сл. На пример, во месец мај, активности кои ви предлагаме да ги посетите се следните:

- 10 мај, во 17 часот: „Презентација за волонтерство“ со проф. Мери Ен Саундерс;

- 23 мај, во 18 часот: „Како добив целосна стипендија за MIT“, со Предраг Груевски;

- 27 мај во 18 часот: “Junior Faculty Development Program - Стипендија за краток престој во Америка” Велика Ангелкова, American Councils for International Education.

Целосната програма, како и други информации можете да добиете доколку ги посетите Фејсбук страниците: facebook.com/EducationUSAMacedonia и facebook.com/acskopje, блогот americancornersmacedo-nia.blogspot.com, меил адресата [email protected] и секако, ако го посетите катчето кое работи секој работен ден од 10 до 20 часот, а и секоја сабота од 11 до 16 часот.

А.Л.

По петти оваа година, граѓанската асоцијација МОСТ преку својот проект „Патуваме во Европа“ ќе им овозможи на македонските апсолвенти да патуваат и од близу да ја запознаат Европа. Проектот ќе почне да се реализира од 1 јуни, кога ќе биде објавен конкурсот на кој ќе може да се пријават сите заинтересирани апсолвенти од земјата. Основни критериуми кои треба да ги исполнува секој кандидат се: да биде апсолвент и да има просечен успех поголем од 8,5. Рокот за пријавување ќе трае до 30 јуни 2011 година. Заинтересираните апсолвенти можат да аплицираат преку пополнување на апликација која што можат да ја најдат на официјалната страница на проектот, www.patvoevropa.org.mk, а пополнетата апликација, заедно со дополнителните документи треба да ја испратат на [email protected]. За најуспешните кандидати, граѓанската асоцијација МОСТ обезбедува Шенген виза(за оние кои немаат биометриски пасош), Inter Rail карта за воз во времетраење од 1 месец, авионски превоз до Берлин и џепарлак кој во просек е околу стотина евра. Дополнително, донаторот на проектот Фондацијата Роберт Бош на студентите им овозможува и тридневен престој во Берлин, за време на кој студентите од Македонија ќе можат да се дружат со своите колеги студенти од земјите од регионот, во кои исто така се спроведува овој проект.

Н. Д.

Можности

31

Излез | мај 2011

Еве ја таа куќа, еве го тој Театар, Театар, Театар...

„Еве го тоа место, тоа неизодливо тело,Распослано како нема глад,Еве ги сите светлини и водиНа овој соѕидан град.“ ( А.Ш.)

Уште во првиот број на „Излез“ се обидовме да дадеме преглед на театарските трупи во рамките на Филолошкиот факултет, да ја забележиме на ливче хартија негата на едно тело, на една куќа, на глумата на тела во една куќа „во која од писмо живот создаваат“. Таа куќа и нејзините „домашни“ не сме ги заборавиле. Тоа тело, таа куќа, тој град, тој театар го живеат и аматерските театарски дружини. Тој театар годинава повторно ги собра на сцената на Факултетот за драмски уметности истите тие театарски трупи основани во рамките на Филолошкиот факултет. Дека тој аматерски театар се распостила како една глад е доказ што и годинава учество земаа покрај нашите аматерски трупи од Катедрите за романски јазици( француски, руски и шпански), од Катедрата за англиски јазик, и театарските трупи од Катедрите за странски јазици во Словенија и Албанија и да не ги заборавиме и младите ентузијасти, средношколците, победници на Франкофонскиот фестивал. Што се случуваше на таа сцена за време на Драмскиот студентски фестивал УНИФЕСТ мислевме за вредно да го забележиме овде, зашто тоа беше една светлинка во тој театарски град: „Еве го тоа место, тоа неизодливо тело, Таа глад што го распосла и роди. Еве го тој соѕидан град, Соѕидан од светлини и води.“ ( А.Ш. од Деветта молитва на моето тело)

УНИФЕСТ 2011 - Неразнишан театарски ВавилонНа 27 и 28 април на сцената на ФДУ се одржа вториот по ред УНИФЕСТ, меѓународен фестивал на студентски аматерски театар, во организација на Катедрата за романски јазици и Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет.

AMPHITRYCHOU (Les Artcooliques, Скопје)

УНИФЕСТ го отворија Les Artcooliques од Катедрата за француски јазик, под менторство на лекторката Ирена Павловска и белгиската лекторка Селин Маријаж, со претставата Amphitrychou. Беспрекорно склопија кореодрама, танц, нарација, куклен театар, комедија, пародија и поврзаа два јазика. Преводот на некои клучни делови од драмата (за да се приближи истата повеќе до разновидната публика) не висеше суво и вештачки, туку беше нераскинливо вткаен во текстот. Преводот најчесто беше одговор на репликата: „Ништо не те разбирам!“, му беше дадена колоквијална нота, а публиката грмеше од смеа. Сè беше стегнато, со совршена костимографија. Насловот – „АмфитриЧУ“ - е очуденото нагалено име на генералот Амфитрион и навестува комедија само по себе. Зевс и Кермес никогаш не ни биле поблиски, а богами ниту подобри танчари. Едвај се држевме на столчињата да не се стрчаме и да се придружиме на сцената. А нема ништо поискрено од смеата – смеата беше од срце и ја имаше во толкави количини што се излеваше надвор од театарот. На ФДУ боговите се прошетаа по сцената за да ја допрат публиката и да ја заскокоткаат. Успешно.

Зорица Петкоска

31

Излез | мај 2011 Култура

32

Излез | мај 2011

La Kermesse Heroique (Les Théâtreux, Љубљана)

Les Théâtreux е театарска трупа основана во рамките на Филозофскиот факултет, Љубљана, со традиција подолга од 20 години. Во моментов предводник на трупава е белгиската лекторка по француски јазик, Жули Давид, при Катедрата за романски јазици. Нејзиното искуство на полето на танцот и патешествијата низ различни делови од светот ја доведоа и кај нас, со трупата од 17 актери, девет девојки и осум момчиња од различни факултети обединети преку заедничката љубов кон театарот и францускиот јазик. Трупава ни претстави адаптација на францускиот филм “La Ker-messe Heroique” од 1935 год., познат подобро како Карневал во Фландрија (Carnival in Flanders) во режија на Жули заедно со нејзиниот пријател Мишел Ван Лу. “La Kermesse Heroique” беше херојски одиграна на сцената на ФДУ. Отворањето на претставата беше впечатлив призор на крвопролевање и жртви каде актерите преку мимика ги доловија ужасите на војната, можниот резултат од шпанската окупација на едно француско гратче. Наредните сцени ја живнаа публиката со комичните елементи кои вешто и полека ја одгатнуваа вечната загатака на конфликтот меѓу половите пропратена со конфликтна љубовна приказна која на крајот се разрешува. Актерите зборуваа француски јазик за претежно македонската публика, но јазикот на нивните тела, таканаречениот физички театар, танцот и акробатските елементи ја раскажаа и прикажаа приказната во увото и окото на гледачот. Триумфот на жената беше очевиден од крајниот резултат во кој стравот од војување со шпанските војници се преточи во хармонија со топлиот пречек што жените од француското гратче им го спремија на војниците. Љубовниците завршија заедно со венчавка и сите останаа среќни. Сите, заедно со насмената публика.

Афродита Николова Благодарност за соработка на Andrej Tomše, актер на Les Théâtreux

ЖЕНИТьБА (Катедра за руски јазик, Скопје)

Пред околу два месеци еден од студентите на Kатедрата за славистика ми кажа дека сами, без помош и менторство од професор ќе спремаат претстава. Јас, скептик по природа, си реков дека нема да им успее зашто знам колку е тешко да се работи на проект само со студенти без авторитет да вмеша прсти. Е арно ама, оваа претстава виде рефлектор, наполни цела сала и слушна аплауз. Уште поважно од полната сала се полните срца и на студентите на сцена и на студентите во публика. Дванаесет вредни и упорни студенти достојно го претставија хуморот на Гогољ во драмата Женидба. Скоро сите од нив првпат се појавија од другата страна на штиците за да одглумат глумци и прилично професионално го направија тоа. Искоординирани движења, прецизно доловени емоции, мали, креативни импровизации, прекрасно избрана музика и динамична енергија во публиката. Зад сцената, фузија од емоции, адреналин и по некоја капка пот. Момците и девојките одлично си ја завршија работата и се бескрајно благодарни на Александра Стојановска, дипломиран актер, која несебично помогна овој проект да заврши успешно. „Ако

32

Излез | мај 2011 Култура

33

Излез | мај 2011

HAMLET, WHO? (Shakespeare & Co, Скопје)

Доколку не сте живееле во најголема општествена изолација, речиси е невозможно да не го знаете Шекспировиот Хамлет. Но, дали навистина го знаете? Дали сте сигурни дека можете точно да одговорите на прашањето кој е Хамлет? Навистина, кој е тој? На ова навидум обично прашање се обиде да одговори театарската дружина Shakespeare & Cоmpany под менторство на професорката Рајна Кошка – Хот, од Катедра за англиски јазик и книжевност. Овој колаж од талентирани млади актери совршено одговараше на извонредниот колаж од трите драми кои професорката успеа мајсторски да го состави (сега веќе мислам на мајсторијата да се состават обaтa прекрасни колажи). Шекспировиот Хамлет, модерниот текст Розенкранц и Гилденстерн се мртви и постмодерниот Хамлетмашина оживеаа на сцената на ФДУ како никогаш до сега. Животворниот здив им го вдахна не само професионално одлумениот текст и беспрекорната сценографија, туку и звуците на Rammstein, Pink Floyd, The Doors и останатите парчиња одлично одбрана музика.

Комбинацијата не остави никого рамнодушен, а за популарноста и успехот на оваа театарска екипа сведочи и фактот што немаше доволно место да ги собере сите оние кои сакаа да го погледнат нивното ново мајсторко дело. Хамлет можеби е заглавен во запчаниците на една голема машина во која сите се обидуваат да се пронајдат себеси, но кога ова машина влезе во погон на сценските даски успеа да го растрепери срцето на секој присутен. Како знам? Јас бев една од нив. Сите ние си заминавме од спектаклот со визуелен и емотивен спомен кој нема брзо да избледи, а за секој случај многумина побрзаа за спомен да дофатат една од чоколадните парички (дел од реквизитите во претставата) кои актерите на крајот ги фрлија кон побликата. Сепак, сигурна сум дека впечатоците од Hamlet, Who? ќе имаат многу подолг рок на траење од овој десерт.

Маја Томовска Фотографии: Иван Дургутовски

се сака, сè се може“ е досадна и клише фраза, ама токму таквите се секогаш вистинити, баш како и оваа. Оваа мала група амбициозни момци и девојки докажа дека сака и може. Се надеваат дека со оваа претстава ќе ги разбудат и активираат малку „подзаспаните“ студенти на нивната катедра и ќе бидат инспирација за идните генерации да продолжат со работа и самостојни проекти. Главната причина за формирање на оваа мала актерска трупа е пасивноста на студентите. Рамнодушноста е рамо до рамо со пасивноста, додека креативното себеизразување е можеби тивок и културен, но доволно моќен бунт.

Катерина Николовска

199Z (214, Тирана)

Театарската трупа 214 од Филолошкиот факултет во Тирана, под менторство на лекторите Изабел Леал и Марио Гарсија, настапи на УНИФЕСТ по втор пат. Овој април, во релативно неизменет состав на млади ентузијасти-театарџии, 214 се претстави со авторскиот проект 199Z кој го прикажува животот на едно типично семејство без географска одредница, кое во немоќ да се соочи со реалноста на надворешниот свет, каде луѓе распарчуваат коњи на сред улица тепајќи се за месо, бандити малтретираат старици, а некои сомнителни лица ги крадат пругите од единствената железничка линија која ги поврзува внатре и надвор, се централизира околу домот, трпезаријата, чиниите, радиото што никогаш не функционира но упорно се вклучува, светлото кое постојано се гаси но е секогаш запалено... Ако се тргне долната цртка од буквата Z, јасно е дека насловот алудира на 1997 година во која се случуваат многу работи, но и не се случува ништо. Така и семејството околу кое ротира приказната е од една страна семејство како и секое друго, за кое сепак не е јасно од каде доаѓа и кон каде оди, а ликовите се стереотипизирани до полудување. Но, отсуството на социо-културни, географски и политички референци во текстот ја прави оваа навидум безлична приказна сечија, универзална, најпосле човечка, со што се потврдува уште еднаш моќта на театарот да сочувствува.

Борјана Мојсовска

MANUAL DE AZAFATAS (NORMAL-NO, Скопје)

NORMAL_NO се театарска група со веќе завидна традиција. Годинава на УНИФЕСТ ни го претставија нивниот четврт проект – повторно претстава на шпански јазик која ги поместува границите меѓу реалноста и театарот. Овој пат со колаж од кратка историја на Шпанија која нè однесе дури во предисторијата и од невољите на една дисфункционална театарска група чија најавувачка сонува да биде стјуардеса. Публиката слушна шпански со француски нагласок, виде навистина живописни ликови, а на крајот и сцена окупирана од инвазија на Марсовци. Една неверојатна комбинација која ги зачуди, но и ги насмеа гледачите до солзи. Оваа претстава по тежина можеби и не беше најдоброто дело на NORMAL_NO досега, но по три многу сериозни проекти актерите заслужија да се забавуваат, а и публиката заедно со нив.

Даниела Атанасова

33

Излез | мај 2011 Култура

34

Излез | мај 2011

Будни во сонот

Културен пејзаж на Скопје

Деновиве некако ми се живее во Њујорк. Влажни, сончеви улици, мирис на свежи переци, симфонија од гласни чекори на шарените минувачи, згради кои умеат да те гушнат и задушат во исто време, луѓе во различни форми, постојани звуци во воздухот и постојана инсомнија. Од друга страна, тука ми е Скопје. Улиците се исто така влажни, само нешто помали и мириса на топли струмички кикирики и американски крофнички. Публика сме, иако не аплаудираме или аплаудираме тогаш кога не треба, само на звуците од „високи штикли и црни чорапи“, дождовни капки кои се слеваат по олуците, автобуски седишта и вирови, тропкање од металот на контејнерите во кои и луѓето и мачките и кучињата гледаат спас, сочни пцовки од нервозни возачи и свежа трева и калливи

вирчиња под стапалата на уморните граѓани. Скопје за разлика од Њујорк не страда од инсомнија и умее да заспие. Заспива по полноќ, се покрива со магла и се буди од зарипнатиот глас на автобусите од ЈСП .

Заспиваат и скопјани и тогаш се чини само кучињата скитници се гласни чувари на немиот град. Во будниот период, Скопје нуди многу патувања. За да си купите билет треба да сте патувач по природа. Јас сум сонувач, ама патувам постојано. Будна во сонот со џез во уши и ретро чизми од мама. Е арно, ама не сакам збогувања, па гледам што почесто да си купувам билети за вовчињата што некако постојано носат нови настани многу блиску до нас. Е сега, можеби ако најдеме време,

34

Излез | мај 2011 Култура

Илустрација: Далибор Стајиќ

35

Излез | мај 2011

зашто нели постојано никој нема време за ништо и ако кренеме глава од Facebook, можеби и ќе ги забележиме. Во последно време понекогаш излегувам на состанок со градот, којшто не е мој, ама ми влезе под кожа, залегна таму и не му се излегува. Го чувствувам и често сме заедно. Арно ама кога сум во Скопје очите ми се широко отворени, не за друго туку затоа што мора да пазам да не ме собере некој на хауба, да пазам да не се акнам во некоја кола паркирана на тротоар или да пазам да не ги искршам екстремитетите во некоја дупка на асфалтот. Но, тоа е друга приказна.

Тука постојано минува еден воз со вагони во сите бои, мириси и звуци. Воз кој разнесува култура и испушта уметност. Ги дразни сите сетила и ги задоволува сите вкусови. Некои повеќе, а некои помалку, но за сите носи по нешто. Мене очи ми бодеа оние вагончиња, коишто честопати пристигнуваа и испуштаа иритирачки звуци, имаа расипана свирка и го загадија градот со голотија и кич хемикалии. А што зборувам во минато време, кога ним сме им најчеста станица. Се прашувам само до кога? Рака на срце, поминаа и оние кои вибрираа позитивно и ги надразнија префинетите сетила низ градот. Билетите се сите повратни, станицата иста, пероните различни, а потоа назад во реалноста или во некој друг сон како во мојот случај. Но, оставете ме мене.

Честопати има и билети на распродажба. Некои од нив ве носат до раскрцканите столчиња пред исто толку крцкавите штици што некому живот значат. Така барем велат. Пазете кога ќе седнувате, јас неколку пати се залепив на сочни мастики. Исклучете ги телефоните и пробајте да ви е удобно во неудобноста.Има уште едно патувачко вагонче, за коешто вреди да купите билет. Најчесто и не мора, затоа што возењето е гратис, а уживањето и времетраењето зависи од вас. За оваа дестинација не ви треба музика и крцкави столчиња. Таму вие стоите, а очите танцуваат. Таму тишината раѓа зборови, а сликите приказни. Ваше е само да ги обликувате по ваша желба. Можеби и да создадете ваши. Отидете да слушате тишина и гледате живи приказни од неми слики после отварањето на изложбата. Мене ми пречи звукот на штиклите, шушкањето на фустаните и ѕвечкањето на чашите.

Како и да е, земете си билети и тргнете. Не ги абете без потреба ѓоновите од чевлите за безполезни талкања, ама не оставајте ги и гланц нови во шкафчето во ходникот. Каде и да тргнете и каков било билет да купите, никогаш не дозволувајте да стигнете до ќорсокак. Раскрсниците се сосема во ред. Јас моментално стојам на една со неколку билети во рака. Еден ми е за утре, до Шекспирова 15. Останатите немам поим каде ќе ме одведат. Само да не заглавам некаде на средина помеѓу урбаниот, културен хаос, вжештениот бетон, купот академски хартии, расцветаните цреши во пролет и печените пиперки во есен.

Нејсе. Да патуваме. Будни во сонот, будни кон сонот или штотуку разбудени од сонот. Имаме многу избор. Држете ги очите отворени со што е можно помали подочници од бурната ноќ пред компјутер. Тргнете и секаде ќе ве примат без претходно да стиснете like и attending.

35

Излез | мај 2011 Култура

Катерина Николовска - Филолошки факултет „Блаже Конески“Илустрација: Борјана Мојсовска

36

Излез | мај 2011

ЛитератураУредува: Коста БојческиФилолошки факултет „Блаже Конески“

Драга г-ѓо Кармен ...Се знаеме со години. Живеевме заедно. Улицата знае за нас, зградата, ѕидовите, соседите, маалото... Приказната ја сошивме со наши конци. Се намачивме, но ја сошивме. Вие со вашите години и вашето искуство, јас со мојата младост. Преживеавме премногу ние двете. Имаше прекрасни моменти, но имаше и болка. Си нанесовме премногу рани и лузни ама се држевме една до друга колку што можевме повеќе и колку што можевме почесто... ...Денес дојде денот кога сме на различни краеви од градот. Верувајте дека сè би дала да стојам сега пред вас со ширум отворени очи и со полна уста за да ви го исплукам сето она што тлее некаде во мене, а е поврзано со вашата личност. Да ве наполнам со длабочина исфрлена од полн желудник, издувана од смрдлив здив што потсетува на нешто скапано. Да ви ја напикам во гркланот онаа иста горчливост што вие ми ја напикавте мене... Сè би дала за во моментов да сум јас таа која ќе се појави пред вашата врата со полниот пакет - ваши приватности, кои не успеавте да ги земете при селењето во вашиот нов дом. Но, не сум. Тоа ќе го стори поштарот... Ви ги враќам искинатите чорапи, извалканите гаќи, црниот голем градник и испотените ѕиври - ваши се. Ја здиплив колку што можев повкусно вашата убава карирана кошула, а врз неа ги наредив неколкуте фустани и двете црни излитени маици со кратки ракави. На врвот го стуткав дебелиот маслинасто зелен џемпер. Најгоре ги залепив пижамите, а врз нив ја послав бањарката. Во десниот ќош ја ставив истрошената паста и дотраената четка за заби, која морам да признаам - потсетува на вас. Веднаш до нив во едно пластично кутивче ви ја оставив вилицата, потребна ви е... просто не знам како успевате без неа, во моментов... Без неа сте молчеливост, а кога станува збор за вас, тогаш во никој случај не станува збор за молчеливост. Па вие сте најголемата стара дрдорка која јас ја познавам. Малку понатаму во кожната футрола ви се очилата, оние за гледање од далеку. Тие за гледање од блиску се претпоставувам кај вас, бидејќи ги носевте на очите кога заминувавте од дотогаш нашиот простор, денес мој. Двата ремени убаво ги свиткав и ги вметнав во левиот ќош... со тешко срце ви ја враќам и плочата од Џон Ленон - и таа е во пакетот, заедно со книгите кои ми ги дадовте на читање, писмата од вашиот Тони и вашата скапоцена ладалка. Тука се и вашите бордо папучи - триесет и осмица и шишето од скорешното испиено црно вино, наменето за посебни пригоди... И тоа е тоа... Сите лични работи се тука во пакетот кој ќе ви го врачи поштарот, без наплата на поштарина, изгубено време и потрошен бензин, за тоа јас се погрижив... Ви го враќам и времето, ви ги враќам и моментите. Пред се моментот кога ме влечевте за коса по ладниот паркет послан со мало, сиво парче килим и уживавте во тоа. Потоа момантот кога излеговте на балкон и направивте драма пред соседите дека јас сум ви ја украла златната нараквица, за по неколку часа да ја најдете падната на подот, под работната маса и следните неколку часа да ме молите да ви простам. Со голема леснина ви ги враќам моментите кога пијана се враќавте дома во доцните, темни часови и се изживувавте врз мене... И сите други гнасности... Но, не е се така гнасно, како што звучи. Тука се и моментите кога го пиеме нашето утринско кафе и им се смееме на ситниците. Се скокоткаме и така раскикотено влегуваме во денот. Моментите кога палаво трчате по станот, занемарувајки ја бројката на вашите години, а јас трчам по вас и така ја убиваме досадата... Вечерните часови кога гледаме филмови, јадеме пуканки и ги пееме нашите омилени песни пуштени да ечат во грамофонот. Моментите кога одам по вас и го расчистувам вашиот неред... ја прикривам сликата создадена од страна на вашата лудост. Моментите кога ги редам по полиците вашите книги и ги собирам расфрланите листови, внесувајќи ги во слободните фиоки... И тоа ви го враќам, иако не морам... Сметам дека сè што требаше да ви вратам е тука... се надевам пред вас... Пакетот, моментите, писмово... Сепак нешто недостасува... ...Целиот живот ние двете бевме тие кои ја шиеја приказната. Колку и да не се поднесувавме, понекогаш и колку и да не се совпаѓавме и колку и да се повредувавме... постоевме во ист простор и се сакавме, на некој начин... Ви вратив сè, но всушност сакам јас да ви се вратам или подобро вие да ми се вратите мене. Овие нецели два дена како сме разделени согледав колку многу знае да биде просторот празен без вашата појава, колку многу му недостигате на ова детиште во мене. Ми недостига дури и вашата пијаност, вашето малтретирање. Ве сакам назад... Ве сакам... Со љубов,вашата Мери

Марија Панева

Ива Р.

Изборот за литературното катче за петтиот број на „Излез“ го направи професорот Драги Михајловски, кој даде и краток коментар за секој од авторите вклучени во изборот. Искрено му благодариме.

Литература

36

Излез | мај 2011

37

Излез | мај 2011

Сена - Чувствуваш ли? - ме разбуди една замаглена фигура на девојка. Мрежницата ми ја испревртуваше светлината во собата кaко фатена во мрежа од пајажини на која умираа ружи, место инсекти. Берлински ѕидови капеа слоеви воздух и светлина и не можев да и го видам ликот. Од пазувите ми растеа цветни листови и ноктите ми паѓаа долго, долго, предолго за една флејта, за кавал, за обоа, кларинет, за симфонија заробена во крилjата на девојката. Крилjата и беа пајажинеста мрежа од фини свилениморски конци, индиго плави и зелени меки желеа, се растегаа како азурни мускули и жили од кожата на грбот. Крв од трендафилов лист и го миеше грбот, мирисаше на рѓосан трендафил и трептежот на крилјата и гласот и умираа на местото кај ликот што не можев да го видам и веќе долго, долго, предолго мртвото ми грло. - Чувствуваш ли? - Разбуди се веќе еднаш - долната усна од пурпурни суптилни набори ја познав под светлината на утрото. Сена. Ја подигна ролетната и ме погледна со плавите морски очи, како да ќе ме голтне. - Станувај ајде.Рано наутро ништо не чувствувам. Денес можев да одам на работа. Денес, Сена ме разбуди да одам на работа. Ја подигам главата, замавнувам со црната коса низ собата ги требам вошките од сонот и ноќта, ја чешлам веѓата дебела црна и густа за да не го фатам погледот на уште едни плави морски очи во она вештачки создаденото море закачено во бањата на ѕидот. Ќе можам ли да се удавам во морињата во морето на ѕидот? -Побрзаj - ги растега наборите на усната и ме заплашува со тие плави очишта. Сена. Раката и е залепена за прозорецот однадвор и ме чека. Плавите прамени коса и се лепат за влажниот воздух, со гладиоли во гласот ме довикува и како скорпија ме штипе по средината на прстите. -Мрдни, немам време.Едната дланка и е залепена за прозорецот однадвор. Стои во униформата со наместени еполети и закопчана бела кошула. Ја здогледувам во огледалото од бањата и во долгиот прозорец ми се чини гледам голема фотографија на Сена, да не е погледот на плавите и очи. Бемката кај кривината на носот и веѓата ми е запирна точка, карпа да не паднам, да не се удавам во водните и благи очи. Почнува да роси, па да врне како и секое утро во Берлингтон и знам дека мора да побрзам. Ровка земја. Дождот се разврнал. Дали утре ќе пиеме коњак над твојот гроб и ќе прикажуваме за спомените. Црниот сандак го спуштаат во мократа земја. Отсекогаш мислев дека место очни леќи имам стакла. По нив се лепи и паѓа дождецот се собира на прозорските полици. Капки остануваат да испаруваат и ми го заматуваат погледот. Кај отиде Сена? Сум мислела дека јадам земја и дека устата ми дише со земјен здив, дека банкнотите се уметност на келнерствувањето. Со дланките ми ги покриваш очите. - Не ме допирај, Сена - ти велам.Истапуваш пред мене и голтам земја и те гледам, гледам ми ја пружаш дланката да ми ги затвориш очите. Како пред прозорот секое утро Сена. Капетанот умре. Немаше фамилија. Така ни рекоа. До вчера пиеше мартини со едни свои пријатели на бродот. Го служев зашто тој ми кажа. На негова сметка беше сè. Немаше фамилија. Нè собраа на состанок на првиот дек. Седевме во белите кошули закопчани до грло. - Како балерина го возеше бродот - рече газдата. Си ги истребив гнидите утрото и бакшишот што ми го даде капетанот го ставив во ќесето со пари. Го заштедив. Кога стојам на терасата пред кабината на капетанот ги гледам гостите како се собираат на палубата. Одечки бакшижи. Баксузи. Луѓе. Еднаш капетанот ми кажа дека крилја сум имала. Не знаеше, и не дозна дека имав. Имам. Ми кажа: „Успеавте да послужите 97 души за еден саат, како крилја да имавте...“ Две дланки ми ги плакнеа очите, ме тешеа.Сена, ме притискаш. Ќе ми ги извадиш очите. Полека. Сакаше да ме прегрне. Две раце ме обвиткаа и сакав да летнам да ме снема од погребот од топлината на нејзините раце, но знаев дека немам крилја. Дека, ме глоѓа грбот од премногу носење на лаж...лажви..лажвидни крила, лаж...видни. -Не плачи, ќе помине. Ме прегрнуваше цврсто и со топлина во рацете. Плачев, како кога некој би ми ги корнел ноктите, долго, долго, предолго плачев. Кога ќе ја свртам главата на бродот покрај шанкот го гледам капетанот. Залепиле слика од него. Тој знаеше за крилјата. Тој виде. Јас знам. Тој знаеше. - Не плачи, веќе. Смири се, те молам. Велеше Сена со гладиолите во гласот, го отворав очите ме глоѓаше грбот како никогаш дотогаш. Шкорпии ми чкрипеа и боли од мртви пајаци плетеа топлина околу мене, мрежа во која ружи умираа. Сена ме држеше, и притискаше. А плачев зашто грбот ме болеше како кога ноктите би ми ги тегнеле долго предолго, носење на лажновидни крилја. - Те држам, тука сум. Ме слушаш? Чувствуваш ли? - велеше Сена. Умирав во стисокот на нејзините раце, ме топлеа, оживуваа а умирав кога видов дека топлина идеше од две преголеми крилја обвиткани околу мене. Две огромни темни кобно убави крилја ме држеа. Не сфатив дека таа крвареше на грбот. Мирисаше на рѓосан трендафил. - Чувствуваш ли? Почнав да корнам, пердув по пердув. Сакав да и кажам. Имаш лажновидни крилја. Фрли ги. Пушти ги. Добро е сега. Доста е. И ги корнев и теглев долго, предолго, и гласот на нејните боли ми се стори како една флејта, кавал, обоа, кларинет, симфонија заробена во крилјата, тие лажновидни одвратни крилја. Ме фати за зглобот, и само тивко ми прошепоти. -Немој, мои се.Клекна под колената ми и видов кога го сви грбот, на местото каде крилјата и што ги корнев имаше две црвени дупки во кожата и во нив корени каде нови пердуви излегуваа.

Афродита Николова

Литература

37

Излез | мај 2011

38

Излез | мај 2011

КЛЕПАЛО НА ТЕМНИ ПОТОЦИПред едно столетие тајпан ме клукна во срце! Со виснат јазик една урнетина се обиде да му ја излока крвтана човек без сенка под себе, што мрзи да затвори набожно очи,о смрту црна мајко не ме оставај сам и болен – вљуби ме во мракта од потемнето сребро!

Јас сум вечен упир,што се клешти во грлена болка кон сивото небо без пладне…

Престудено ми е во срцево што грозница го модри,само под земјава ќе ми е сал мирисно, жилесто… и како зла и гроблеста молскавица ќе треснам врз сурава земјаи скрбта на дивеч во пламен ќе ја снема како пребрза гасеница!

Но и следното лето ќе биде зло! Ни пеколот ќе ја урне реата што се шири од изгубената мрша зад прериите оти е саможива!

Во амвонот на неутешни сенки ќе се скријам и ќе молвам:Нека биде темница, ноќ, морфосана наквечерина!

HEART IN THE BLUES

Мојата муза е зимско цвеќе што му се смее на зракот.

Во срцето свое чува бодеж за овој баук што нè мори.

И кога зракот умира, убоста ‘и венее увилено...

Потиштено, умрлушено небо ‘и го покри лицето завек!

Смртнику, не гибај ја светлоста на мојот ум и, не прави му зло

на нашиот пророк заштоима откровение за нас Сабини

и жална, погребна песна, завивачка празнина

за паднатите богови:Црнокоса шивачка со очи

во жив, бархетен сјајскови абажур за свеќите

што ги палевмево храмот на своето срце.

Оваа песна не е ламент за еден мртов,

чувањето мртовци е воена состојба,

оваа песна е мастило-бурјан

што се кревапротив ноќта

на нашите умови!

Томислав Захов

КОН ИЗБОРОТМарија Панева: „Драга госпоѓо Кармен“„Приказната ја сошивме со наши конци. Се намачивме, но ја сошивме. Вие со вашите години и вашето искуство, јас со мојата младост“. Веднаш е јасно дека тука работела надареноста, дека умот вешто танцувал меѓу зборовите и скроил прецизни, јасни, лексички богати и стилски изедначени реченици кои прават една привлечна, детално изградена епистоларна приказна која се чита и се голта со леснотија...

Афродита Николова: „Сена“Една топла, непријатно нежна приказна полна прекрасни детали, фантастични слики направени многу вешто со умешни интервенции на семантичко рамниште, но и со стрпливо градење на убав, паратактичен тек на настаните...

Томислав Захов: „Клепало на темни потоци“, „Heart in the Blues“„Оваа песна /е мастило-бурјан/ што се крева/против ноќта/ на нашите умови!“ Вака пее поетот Захов, метафорички силно, прозодиски строго, естетски надмоќно. Зрела поезија изразена преку внимателно одбрана, моќно дејствена, експресивна лексика. Автор што навлегува длабоко во тајните на зборот и длаби во најсуптилните простори на душата...

Драги Михајловски

Литература

38

Излез | мај 2011

39

Излез | мај 2011

39

Излез I мај 2010 Сатирична

40

Излез | мај 2011