Пишување за веб

27
Пишување за веб Обука за новинари Фондација Метаморфозис

Upload: metamorphosis

Post on 11-May-2015

765 views

Category:

Education


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Пишување за веб

Пишување за веб Обука за новинари Фондација Метаморфозис

Page 2: Пишување за веб

Од истражување за начинот на кој луѓето читаат веб-сајтови: 79% ги скенираат новите страници на кои наидуваат, а само 16% читаат од збор до збор.

Page 3: Пишување за веб

Форматирање на текст

Page 4: Пишување за веб

Кратки параграфи • Кратки параграфи – лесни за читање • Параграф од 100 збора на веб – тежок

за читање • Потрошете време – скратете • Лесна читливост – до 5 линии текст во

1 параграф

Page 5: Пишување за веб

Пример: 110 збора „Самиот текст и самата претстава зборува за основните

вредности на човекот заради кои вреди да се живее. Се разбира во нашиот систем на вредности на врвот е вредносната категорија наречена, љубов. Но овој пат тоа не е привилегија само на човекот, во претставата играат пет животни и љубовта е право и на самите животни,” - вели режисерот Ѓоргиевски. Во претсвата играат Митко С. Апостоловски, Борис Чоревски, Менка Бојаџиева, Јоана Поповска, Маја Андоновска, Огнен Дранговски, Јулијана Стефановска, Соња Ошавкова Никола Пројчевски и Петар Спировски. „Една обична приказна” е приказна кој ни дозволи и не инспирира многу да работиме на своите емоции, да копаме негде подлабоко во нас,” - вели актерката Андоновска.

Page 6: Пишување за веб

Пример: 110 збора „Самиот текст и самата претстава зборува за основните

вредности на човекот заради кои вреди да се живее. Се разбира во нашиот систем на вредности на врвот е вредносната категорија наречена, љубов. Но овој пат тоа не е привилегија само на човекот, во претставата играат пет животни и љубовта е право и на самите животни,” - вели режисерот Ѓоргиевски.

Во претсвата играат Митко С. Апостоловски, Борис Чоревски,

Менка Бојаџиева, Јоана Поповска, Маја Андоновска, Огнен Дранговски, Јулијана Стефановска, Соња Ошавкова Никола Пројчевски и Петар Спировски.

„Една обична приказна” е приказна кој ни дозволи и не

инспирира многу да работиме на своите емоции, да копаме негде подлабоко во нас,” - вели актерката Андоновска.

Page 7: Пишување за веб

Парчиња текст • Парче – текст кој пренесува 1 идеја

– Колкаво треба да е едно парче? – зависи од содржината

– Во весници и списанија: 200-350 збора, максимум 500

– Промена на време, место, воведување личност – Понекогаш дизајнот ја диктира должината на

парчето

• Кршење на парчиња: линкови и текст: листи, јаки наслови, цитати, HTML трикови

• Разлика: наративни и фактографски текстови

Page 8: Пишување за веб

Наслови (1) • Најважни • Јасен, точен и соодветен наслов на

врвот на страницата • Текстот во насловот не смее да се

повторува во воведниот текст • 5-10 збора (подмет+глагол+предмет) • „Ако читателот чита само 5-10 збора,

ќе знае ли за што е твојот пост?“

Page 9: Пишување за веб

Наслови (2) • Насловите треба да се базирани на главната

идеја во сторијата • Двосмисленост • Разбери ја сторијата за да напишеш добар

наслов • Сегашно време за минати настани • Избегнувај ги глаголите: „е“, „се“, „беше“,

„беа“ • Избегнувај нејасни, непознати имиња, фрази

и кратенки

Page 10: Пишување за веб

Поднаслови

• За подолги текстови од 300 збора на една страница

• Нагласување со болдирање: – Да се избегнува болдирање на поднаслови – Да се избегнува комбинирање на болдиран

текст и линкови во еден параграф Визуелни пречки

Page 11: Пишување за веб

Листи • Се препорачуваат во сите форми и

видови, но подобри се кога се кратки: 1. ... 2. ... 3. ... • ... • ... • ...

Page 12: Пишување за веб

Контекст на текст • Краткост • Структура на реченица:

– Пишувајте едноставно – Завиени воведни параграфи се лоша идеја

• Избор на активни глаголи • Кажете го она што го мислите –

подиректно и побрзо до поентата • Излишност – повторување на иста

информација 2 пати

Page 13: Пишување за веб

Содржината за веб треба да има 50% зборови од содржината која би се печатела.

Page 14: Пишување за веб

Линкови • Што кажуваат линковите?

– Текстот треба да нуди разумно очекување – Кликни овде и веб-сајт не го нудат тоа

• Што прават линковите? – Скршени линкови – Линкови кои даваат јасен знак

• Како изгледаат линковите? – Не повеќе од 5 збора – Различна боја од останатиот текст

Page 15: Пишување за веб

Контекстуално линкување • 1 тема – 1 URL • Детали, содржини за поддршка на

текстот • Одделување • Соодветно поврзување: имиња на

луѓе, клучни зборови, фрази...

Page 16: Пишување за веб

Клучни зборови • Еднакво распространети низ текстот • До 3% од сите зборови во текстот • Внимателно избрани за во насловот Повеќе посети Подобар ранг Можност за заработка

Page 17: Пишување за веб

• Roy MacGregor (The Globe and Mail) – онлајн новинарството се претвори во броење посети „Кога весниците почнаа да ги мешаат

посетите со тиражот, настана неспорна опасност за новинарството.”

Page 18: Пишување за веб

Правила за пишување наменето за објавување на разни онлајн медиуми

Page 19: Пишување за веб

Блог • Информирано • Личен авторитет • Живо изразување • Искрено, во прво лице • Ангажирање на читателите за

коментирање • Пишувај за она што го знаеш, не плаши

се да признаеш дека нешто не знаеш!

Page 20: Пишување за веб

Вики • Претопување со заедницата • Избегнување на прво лице • Следење на текот и тонот на

постоечкиот напис • Презентирај факти чисто, јасно,

неутрално

Page 21: Пишување за веб

Содржина и стил • Понуди корисни информации • Колку поспецифично, толку покорисно • Посетителите треба да знаат за што е

твојот сајт и секоја страница од него • Пишувај лично • Пишувај конверзациски • Дестилирај ги долгите текстови и

креирај краток преглед со најважното (постави линкови ако е потребно)

Page 22: Пишување за веб

Потешко е и за 20% побавно читањето од компјутерски монитор во однос на читањето од хартија.

Page 23: Пишување за веб

Совети за пишување на веб (1) • Користи многу поднаслови • Поднасловите – посебна линија или

како воведна реченица во нов параграф • Истакнувај ги зборовите со италик • Штедливо со болдирање • Не користи сина боја за истакнување • Не заборавај, сепак, на веб:

„Содржината е цар“

Page 24: Пишување за веб

Совети за пишување на веб (2)

• Употребувај графика – „Сликата вреди 1000 зборови“

• Кратки реченици, со активни глаголи • Бел простор помеѓу пасуси • Користи „san-serif“ фонтови, на пр.

Verdana • Не многу широки блокови од текст

– до 65 карактери/ред • Повеќе простор помеѓу редови

Page 25: Пишување за веб

„Пишувањето за веб треба да биде позбиено и во поразговорен стил од пишувањето за печат, но со повеќе детали и малку поформално од телевизијата.“ (Cory Bergman, Lost Remote)

Page 26: Пишување за веб

Новинарска онлајн етика (1) • Припишување на изворите –

поголем кредибилитет за новинарот • Проверка на правописни гршки • Без плагијати • Не прифаќај пари и подароци за

покривање сторија • Анонимно или со идентификување,

пишувањето треба да биде искрено, проверено и точно

Page 27: Пишување за веб

Новинарска онлајн етика (2) • Новинарите можат да имаат свои

лични блогови, но мора да ја известат својата редакција за тоа

• Професионалните новинари не треба да пишуваат коментари и да објавуваат постови анонимно

„Користење на еден извор е плагијат, користење на два е истражување."