Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од...
DESCRIPTION
Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија. Д-р Никица Мојсоска-Блажевски Министерство за финансии. Концепт на презентацијата. Монетизацијата на буџетскиот дефицит како извор на инфлација Фискална теорија на ценовното ниво Претходни студии Емпириски факти од Македонија - PowerPoint PPT PresentationTRANSCRIPT
![Page 1: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/1.jpg)
Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија
Д-р Никица Мојсоска-БлажевскиМинистерство за финансии
![Page 2: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/2.jpg)
Концепт на презентацијата
• Монетизацијата на буџетскиот дефицит како извор на инфлација
• Фискална теорија на ценовното ниво• Претходни студии• Емпириски факти од Македонија• Заклучок
![Page 3: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/3.jpg)
Монетизација на буџетскиот дефицит
• Добро познат приод кон финансирањето на буџетскиот дефицит– Монетаристички приод– Централната банка ги откупува државните
обрзници со новопечатени пари
• Централната банка е инспирирана од приходот од каматата на државните хартии од вредност
• Финансирањето на буџетскиот дефицит со печатење пари секогаш води кон инфлација, особено во земјите во развој
![Page 4: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/4.jpg)
Монетизација на буџетскиот дефицит
• Sargent и Wallace (1981) - контра-аргумент на монетаристичкиот приод врз основа на неодржливост на финансирањето на буџетскиот дефицит во услови на немонетизација
• Банките може да го финансираат буџетското салдо со вишокот резерви, да ја зголемат понудата на пари и да ја „подгреат“ инфлацијата
![Page 5: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/5.jpg)
Фискална теорија на ценовното ниво
• Спротивно на претходните два пристапа, инфлацијата како фискално-генериран монетарен феномен ја среќаваме кај Фискалната теорија на ценовното ниво
![Page 6: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/6.jpg)
Фискална теорија на ценовното ниво
Буџетски дефицит
Обем на издадени обврзници
Номинално (но не и реално) богатство на приватниот сектор
Ценовно ниво
![Page 7: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/7.jpg)
Претходни студии
• King и Plosser (1985) заклучуваат дека буџетските дефицити не придонесуваат за пораст на паричната маса и инфлацијата
• Спротивно на нив, Edwards и Tabellini (1991) ги испитуваат земјите во развој и наоѓаат поврзаност помеѓу зголемените буџетски дефицити и инфлацијата
• Metin (1998) и Tekin-Koru и Ozmen (2003) ја испитуваат оваа врска во Турција и доаѓаат до контрадикторни заклучоци
![Page 8: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/8.jpg)
• Република Македонија постигна макроекономска стабилност со ниски стапки на инфлација што не надминуваат 3%
• Истовремено, буџетскиот дефицит е стабилен, не надминувајќи ниво од 1% од БДП во годините по 2002
• Оттука, не само што нискиот буџетски дефицит не е монетизиран, туку и не ја загрозил инфлацијата
Инфлацијата и буџетското салдо во РМ
![Page 9: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/9.jpg)
Инфлацијата и буџетското салдо во РМ
80859095
100105110115120125130
I 2001 VII I 2002 VII I 2003 VII I 2004 VII I 2005 VII I 2006 VII
-5.000
-4.000
-3.000
-2.000
-1.000
0
1.000
2.000
3.000
4.000
Индекс на инфлацијата (лево) Буџетско салдо (мил. денари) (десно)
Лог(Индекс на инфлација) Лог(Буџетско салдо)
![Page 10: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/10.jpg)
• Во испитувањето ќе користиме два система од по три варијабли:
Z1t =[FB/Yt, CPIt, CC/Yt]
Z2t =[FB/Yt, CPIt, M/Yt]Каде:
- FB/Y е буџетското салдо во однос на БДП
- CPI е стапката на инфлација
- CC/Y се готовите пари во оптек во однос на БДП
- М/Y се пошироките пари М2 во однос на БДП
Емпириско испитување – методолошки приод
![Page 11: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/11.jpg)
• Ако дефицитот бил монетизиран, тогаш врската помеѓу истиот и инфлацијата ќе произлезе од првиот вектор:
– Монетизацијата на дефицитот ќе значи пораст на готовите пари во оптек, што директно ја подгрева инфлацијата
• Ако дефицитот не бил монетизиран, но го финансирал приватниот сектор, врската ќе произлезе од вториот вектор:
– Државните обврзници, во најголем дел, се финансирани од комерцијалните банки, па канализирањето на влијанието на дефицитот врз инфлацијата оди преку М2, а не преку готовите пари
Зошто ваков методолошки приод?
![Page 12: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/12.jpg)
• Во моделот ќе внесеме месечни податоци за варијаблите
• Релевантен период е периодот јануари 2001 заклучно со декември 2006
• Изборот на периодот е направен вез основа на расположивост на податоци и на поголема точност на временските серии:
– Сепак, станува збор за 72 временски периода, што претставува солидна основа за валиден модел и веродостојни резултати
Податоци
![Page 13: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/13.jpg)
• Интеграциските карактеристики на сериите ги тестираме преку стандардните Augmented Dickey-Fuller и Phillip-Perron тестови за стационарност на временските серии
• Сите временски серии вклучени во тестирањето се интегрирани од ред 1, I(1), користејќи ред на задоцнување од 12, што кореспондира со период од 1 година
Методолошки приод – интеграциски карактеристики
![Page 14: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/14.jpg)
• За системот од варијабли, VAR(k) моделот ќе биде:
zit = ∏zit-1 + ΣГj zit-j + + t
Пришто:
- е вектор од константи
- t е членот за грешка
• Бидејќи варијаблите се интегрирани од ред 1, оваа равенка е VEC механизам, ако редот на ∏ се движи од 0 до 3
Модел
![Page 15: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/15.jpg)
• Редот на VAR-от го одредуваме преку Log Likelihood информацискиот критериум, при што истиот највисока вредност достигнува за лаг 21, што кореспондира со временски период од 1¾ година:
– Овој критериум може да достигне повисоки вредности за поголеми лагови, но имајќи предвид дека со зголемувањето на лагот, интеграциските каратеристики на сериите слабеат, ќе го користиме овој максимум
– Исто така, овој лаг е избран имајќи го предвид теоретското стојалиште дека трансмисијата на монетарните сигнали до инфлацијата се случува во период од 18 до 30 месеци
Модел
![Page 16: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/16.jpg)
• Според тестот за коинтеграција, постои еден коинтеграциски вектор во системот од варијабли Z1t
• Првиот вектор, изведен за инфлацијата, може да се интерпретира преку следната равенка за инфлацијата (во средна заграда се t-статистиките):
CPIt = -1.740497 CC/Yt + 0.240440 FB/Yt
[-2.68902] [1.01416]
Модел – систем 1
![Page 17: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/17.jpg)
• Според резултатите од моделот, коефициентот пред варијаблата за буџетското салдо во однос на БДП е статистички незначаен
• Тоа кореспондира со тврдењето дека буџетскиот дефицит во РМ не е монетизиран, и оттука, не може да биде извор на инфлација на краток рок, преку каналот на готовите пари во оптек
Модел – систем 1
![Page 18: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/18.jpg)
• Долгорочната врска ќе ја интерпретираме преку членот за корекција на грешка:
Модел – систем 1
Насока на каузалноста
Член за корекција на
грешка (t-стат)
R2
Дефицит → Инфлација
0.75472 98.97%
Членот за корекција на грешка е статистички незначаен на статистички значајно ниво, иако R2 е мошне висок
![Page 19: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/19.jpg)
• Заклучок:
– Ниту на краток, ниту на долг рок буџетскиот дефицит не влијае врз инфлацијата преку каналот на готовите пари во оптек во Република Македонија
Модел – систем 1
![Page 20: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/20.jpg)
• Повторно, според тестот за коинтеграција, постои еден коинтеграциски вектор во системот од варијабли Z2t
• Првиот вектор, изведен за инфлацијата, може да се интерпретира преку следната равенка за инфлацијата (во средна заграда се t-статистики):
CPIt = -0.258736 М2/Yt + 0.066824 FB/Yt
[-1.47827] [0.20085]
Модел – систем 2
![Page 21: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/21.jpg)
• Според резултатите од моделот, коефициентите пред вклучените варијабли од системот Z2t се статистички незначајни
• Тоа кореспондира со тврдењето дека буџетскиот дефицит во РМ не е извор на инфлација на краток рок, преку каналот на М2
Модел – систем 2
![Page 22: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/22.jpg)
• Долгорочната врска ќе ја интерпретираме преку членот за корекција на грешка:
Модел – систем 2
Насока на каузалноста
Член за корекција на
грешка (t-стат)
R2
Дефицит → Инфлација
2.51973*** 98.39%
Членот за корекција на грешка е статистички значаен на 1%-но ниво, а таа значајност е потврдена со високото ниво на R2
![Page 23: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/23.jpg)
• Заклучок:
– Иако на краток рок дефицитот не имплицира инфлација, тоа не е случај на долг рок
– На долг рок, буџетскиот дефицит и инфлацијата се покажаа дека се поврзани во позитивна каузалност што потекнува од дефицитот кон инфлацијата
– Оттука, фискалната теорија за ценовното ниво добива поддршка во Република Македонија!
Модел – систем 2
![Page 24: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/24.jpg)
• Според фискалната теорија на ценовното ниво, зголемувањето на финансирањето на буџетскиот дефицит преку домашно јавно задолжување ќе го зголеми номиналното богатство на приватниот сектор на долг рок, и така ќе ја „подгрее“ инфлацијата
• Оттука, тврдењето дека инфлацијата може да биде фискално-генериран проблем на долг рок во Република Македонија не треба да се потценува!
Општ заклучок
![Page 25: Инфлација и буџетски дефицит: Емпириски факти од Македонија](https://reader030.vdocuments.net/reader030/viewer/2022033013/568143b5550346895db03f4f/html5/thumbnails/25.jpg)
Благодарам!
Д-р Никица Мојсоска Блажевски
Сектор за макроекономска политика
Министерство за финансии