Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

29
БРОШУРА ЗА РОДИТЕЛИТЕ ООУ ТОДЕ ХАЏИ- ТЕФОВ КАВАДАРЦИ

Upload: tode-hadzi-tefov

Post on 13-Mar-2016

263 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

TRANSCRIPT

Page 1: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

БРОШУРА ЗА РОДИТЕЛИТЕ

ООУ ТОДЕ ХАЏИ- ТЕФОВКАВАДАРЦИ

Page 2: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

Кавадарци, 2011 год.СОДРЖИНА :

1. ЦЕЛИ НА ОСНОВНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ ........................................................72. ГОДИШНА ПРОГРАМАЗА РАБОТА НА

ООУ „ТОДЕ ХАЏИ- ТЕФОВ“ – КАВАДАРЦИ ВО УЧЕБНАТА 2011/2012 ГОДИНА ...................10 2.1 ЛИЧНА КАРТА НА ОУ „ТОДЕ ХАЏИ- ТЕФОВ“…………………………………………….10

2.2 СТРУКТУРА НА ВОСПИТНО- ОБРАЗОВНАТА ДЕЈНОСТ ..................................................................122.3 ОРГАНИЗИРАНОСТ НА ВОД .............................122.4 ОРГАНИЗИРАНОСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ...........132.5 ОРГАНИЗИРАНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ .........132.6 МИСИЈА И ВИЗИЈА ..............................................132.7 SWOT –АНАЛИЗА ..................................................142.8 ЦЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО ..................................14

2.9 АНЕКСИ ..................................................................153. ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НАСТАВАТА ВО УЧИЛИШТЕТО ........................................................164. ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕНИЦИТЕ .............185. ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОДИТЕЛИТЕ ..........................................................236. НОВИНИ ВО ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА.............23

4

Page 3: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

УЧИЛИШТАТА СЕ ИНСТИТУЦИИ

ВО КОИ СЕ ОДВИВА ВОСПИТНО- ОБРАЗОВНАТА

ДЕЈНОСТ

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ИДНИТЕ ГРАДИТЕЛИ

НА ОВА НАШЕ ДЕМОКРАТСКО

ОПШТЕСТВО

5

Page 4: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ,

Преку оваа брошура на ООУ „Тоде Хаџи- Тефов“ од Кавадарци ќе се запознаете со:

Целите на основното воспитание и образование чие остварување и реализирање ќе го овозможат сите субјекти инволвирани во воспитно- образовниот процес, од директорот, преку наставниците, до стручните соработници

Делови од Годишната програма за работа на училиштето во учебната 2011/2012 година

Организацијата на наставата во училиштето

Правата и обврските на учениците

Обврските и одговорностите на родителите

Училиштето „Тоде Хаџи- Тефов“ од Кавадарци е училиште кое е свртено кон правата, но и кон одговорностите на учениците. Тоа се грижи за здравјето на учениците и на вработените во него, но и за развивање на

6

Page 5: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

една позитивна клима која ќе овозможи остварување на училишната култура.

Нашето училиште ќе го применува успешно наставниот план и новите наставни програми само со поддршка од сите чинители во воспитно- образовниот процес, меѓу кои сте и Вие како родители.

Во 2007 година се запиша првата генерација на ученици во деветгодишното образование.

СО ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ

КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА

7

Page 6: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

1. ЦЕЛИ НА ОСНОВНОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ

- стекнување општи и применливи знаења што се потребни во секојдневниот живот или за натамошно образование,

- хармоничен, интелектуален, емоционален и социјален развој на учениците соодветно со нивните способности,

- развивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување на македонски јазик и неговото кирилско писмо,

- развивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазик и писмо на припадниците на

8

Page 7: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик,

- развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки,

- воспитување за меѓусебна толеранција, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права,

- развивање свест кај учениците за припадност на Република Македонија и негување на сопствениот национален и културен идентитет,

- воспитување на општи културни и цивилизациски вредности кои произлегуваат од светските традиции,

- усвојување општи и применливи знаења кои овозможуваат самостојно креативно дејствување во општествената и природната околина и развивање способности за расудување и за изразување во уметноста и културните традиции,

- развивање на способности за истражување, експериментирање и решавање на проблеми,

9

Page 8: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

- вклучување и водење грижа за развојот на учениците со посебни образовни потреби,

- развивање на надареноста на учениците во различни области,

- унапредување на здравиот начин на живаање и воспитување за преземање одговорност за сопственото здравје и за заштита на животната средина.

10

Page 9: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

2. ГОДИШНА ПРОГРАМАЗА РАБОТА НА

ООУ „ТОДЕ ХАЏИ- ТЕФОВ“ – КАВАДАРЦИ

ВО УЧЕБНАТА 2011/2012 ГОДИНА

2.1 ЛИЧНА КАРТА НА ООУ „ТОДЕ ХАЏИ- ТЕФОВ“

Адреса – ул. Пионерска бр 24 737 ученици во матичното и 21 во подрачното во с. Бегниште Директор, наставен кадар, стручни соработници, администрација и технички персонал Наставни планови и програми Наставен јазик- македонски јазик и кирилско писмо Основното образование е во

11

Page 10: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

траење од 9 години - прво, второ, трето, четврто, петто

и шесто- деветгодишно - шесто, седмо и осмо - осумгодишно Објект и кабинети

Наставата се изведува во две смени, а во с. Бегниште во една смена Учениците се од македонска националност со мал процент на ученици од ромска, српска и турска националност

12

Page 11: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

2.2 СТРУКТУРА НА ВОСПИТНО- ОБРАЗОВНАТА ДЕЈНОСТ

Настава Воннаставни активности Грижа за здравјето на учениците Соработка со локалната средина Следење, унапредување и вреднување на ВОД Планирање на ВОД Стручно усовршување на Наставниците

2.3 ОРГАНИЗИРАНОСТ НА ВОД

Наставнички совет Одделенски совет Стручни активи Одделенски актив Стручни соработници Одделенски раководител

13

Page 12: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

2.4 ОРГАНИЗИРАНОСТ НА УЧЕНИЦИТЕ

Ученички заедници по паралелки Детска организација

2.5 ОРГАНИЗИРАНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ

Совет на родители Училишен одбор

2.6 МИСИЈА И ВИЗИЈА

Моментална состојба на училиштето

14

Page 13: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

Слика за иднината

M I S I J AНашето училиште претставува

средина во која се создава инспиративна, мотивирачка и безбедна клима за индивидуален развој на учениците во наставата и воннаставните активности, училиште во кое се буди интелектуалната љубопитност на учениците, се развива чувството на одговорност и почитување, се вежба критичкото мислење, се стимулира иницијативниот дух и творечки способности користејќи високи етички стандарди и современа образовна технологија.

Moto Da se stremime kon

formirawe li~nosti -a ne kon polnewe glavi.

15

Page 14: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

V I Z I J AVizija bez akcija e sonuvawe.Akcija bez vizija e slu~ajna

aktivnost.Vizijata i akcijata zaedno mo`at da go promenat svetot.

Joel Barker

Овде сите сме еднакви. Се почитуваме, соработуваме, толерираме, поучуваме, учиме- активно и интерактивно. Се менуваме себеси како личности. Овде учењето е процес на градење на силни, образовани млади генерации за подобро сфаќање на реалноста и себеси.

Секој сака да чекори напред, да го дофати модерното, да го почувствува убавото и да се задоволи со плодовите од успехот.

Тргнувајќи од моменталната состојба на училиштето која секогаш може да биде подобра, ние поставивме цели кон кои се стремиме. Тие цели ја оформуваат сликата за едно пријатно место каде ќе се изведува наставата, а објектот на таа слика е токму училишната зграда која располага со модерно опремена училишна

16

Page 15: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

спортска сала. Надворешниот изглед на училиштето е сменет со обновена фасада и кров, надоградени соодветни училници за продолжен престој, опремена кујна по ХАСАП систем и еколошки уреден училишен двор збогатен со жардињери, цвеќиња и трева.

Нашата визија ја комплетира и добро обучениот наставен кадар кој совесно ќе си ја извршува својата работа и ќе воведува иновации во наставата преку нови методи и принципи. (Тука не мислиме само на употребата на компјутерите, туку пред се на стручноста на наставникот, неговата креативност и неговата способност знаењето што го има да го пренесе на другите ).

Училиштето од нашата визија ќе исфрли идни носители на нашето општество.

2.7 SWOT –АНАЛИЗА

2.8 ЦЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО

I развојна цел - Едуцирање на стручните соработници за советодавна работа со родителите или старателите на учениците со слаб успех, учениците со неоправдани изостаноци и со учениците со асоцијално и девијантно однесување

ЈАКИ СТРАНИ

МОЖНОСТИ

СЛАБИ СТРАНИ

ЗАКАНИ

17

Page 16: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

II развојна цел- набавување на наставни и нагледни средства

III развојна цел - изградба на спортска сала

IV развојна цел - Белење и санирање на фасадата и реконструкција на кровната конструкција на училиштето V развојна цел- Надградба на простор за продолжен престојVI развојна цел - Уредување на кујната по стандардите на ХАСАП систем

2.9 А Н Е К С И

Годишна програма на директорот Годишна програма на педагогот Самоевалуација на училиштето Екскурзии Годишна програма на Училишниот одбор

18

Page 17: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

Годишна програма на Совет на родители

3. ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НАСТАВАТА ВО УЧИЛИШТЕТО

- Учебната година во основното училиште по правило започнува на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година

- Наставата во учебната година се остварува во 180 наставни дена

- Настава во основното училиште не се изведува за време на државни празници и други празници утврдени со закон

- По исклучок наставата може да се организира и во неработен ден за да се остварат предвидените наставни денови

- Наставниот час трае 40 минути

19

Page 18: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

- Наставата во учебната година се организира во две полугодиа

- Учебната година се утврдува со календар за организација и работа на основното училиште

- Наставата во основното училиште се изведува по одделенија, паралелки и наставни групи со ученици од исто одделение

20

Page 19: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

4. ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕНИЦИТЕ

- Ученикот има право да ја посетува наставата и да учествува во воспитно- образовната работа што ја организира основното училиште

- Ученикот има обврска редовно да ја посетува наставата и да ги исполнува планираните обврски и задачи што се предвидени со наставниот план и програми и Годишната програма за работа

- Ученикот од здравствени причини може да биде ослободен од учеството во одделни активности во наставата во основното училиште врз основа на потврда издадена од соодветна здравствена установа

- За секое изостанување на ученикот од настава родителот е должен да го извести раководителот на паралелката за причините за изостанувањето

21

Page 20: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

- На ученик кој наполнил 16 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година

- По исклучок, по барање на родителот или ученикот, а по мислење на училишниот педагог или психолог, ученикот кој наполнил 16 години може да го продолжи образованието до навршување на 17 години

- Кон ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на воспитно- образовната работа се применуваат следниве педагошки мерки:

1. Укор2. Усна опомена3. Писмена опомена4. Намалување на поведението5. Преместување на ученикот во друга

паралелка6. Преместување на ученикот во друго

основно училиште

- учениците кои се истакнуваат со своето знаење или со други видови постигања основното училиште ги пофалува, односно наградува

22

Page 21: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

5. ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОДИТЕЛИТЕ

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование (Сл. весник на РМ бр. 18/2011) произлезе обврска за организирање на советување на родители- старатели чии ученици пројавуваат девијантно однесување, имаат голем број оправдани или неоправдани изостаноци и покажуваат изразито слаб успех. За таа цел училиштето, согласно законот ќе формира комисија од стручни соработници кои ќе организираат советодавна работа со родителите на овие ученици.

6. НОВИНИ ВО ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА

Од оваа учебна година, по иницијатива на Советот на родители и претходно анкетирање

23

Page 22: Брошура за родители ОУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци

на сите родители, за прв пат учениците ќе доаѓаат на училиште со унифицирана работна облека на која ќе биде отпечатено логото на училиштето.

Исто така, за безбедност на учениците во училишниот двор е поставена барака каде истите ќе може да се снабдуваат со ужина.

24