Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо...

20
Заштеда на енергија и Заштеда на енергија и обновливи извори обновливи извори Училиште: Димо Хаџи Димов Изработил: Блажо Ковачевски VIII 1

Upload: opstina-karpos

Post on 29-Mar-2016

268 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Заштеда на енергија и Заштеда на енергија и обновливи извориобновливи извори

Училиште: Димо Хаџи Димов Изработил: Блажо Ковачевски VIII 1

Page 2: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

СодржинаСодржина

Енергија

Историја на енергијата

Видови енергија

Обновливи извори на енергија

Заштеда на енергија

Page 3: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

ЕнергијаЕнергија• Енергијатa е фундаментална величина што секој физички систем го

поседува. Таа ни овозможува да предвидиме колку работа системот може да заврши или колку топлина може да размени.

Потрошувачката на енергија и енергенси е составен дел како на секојдневниот живот на поединецот, така и на индустријата и на сите останати сегменти на општеството. Енергијата ја има во секој дом, училиште, фабрика, стамбен објект односно секаде.

Побарувачката на енергија е во постојан пораст на светско, регионално и национално ниво. Ова се однесува како на електричната и топлинската енергија, така и на енергијата односно енергенсите употребени во транспортот.

Сегашното светско производство на енергија се базира врз употреба на фосилни горива (јаглен, нафта и природен гас) и нуклеарна енергија, поради што енергетскиот сектор се јавува како најголем загадувач на животната средина, почнувајќи од испуштањето на јаглероден диоксид како еден од причинителите за глобалното затоплување, па се до радиоактивниот отпад кој се добива од нуклеарните централи.

Page 4: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

ЕнергијаЕнергија Затоа, процентот на искористувањето на обновливите ресурси

(енергијата од сонцето, ветерот, биомасата итн) мора да се зголеми, со што би се зголемил и процентот на нивното учество во енергетскиот биланс. На овој начин би биле задоволени енергетските потреби на светското населениe, не би бил запрен економскиот развој на неразвиените земји, но исто така би се спречило загадувањето на животната средина. Испуштањето на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина во атмосферата би се стабилизирало и следствено би се спречило понатамошно зголемување на климатски промени. Не би се создавале нови количества радиоактивен отпад, за кој не постои конечно решение за негово одлагање, а останува потенцлијална опасност од загадување во следните неколку стотици илјади години.

Page 5: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Историја на енергијатаИсторија на енергијата Во почетокот било Сонцето

Сонцето било првиот извор на енергија. Тоа создава светлина и топлина што ја користеле првите луѓе.

Човекот го открил огнот

Понекогаш молњите предизвикуваат пожари. На почетокот кога луѓето биле близу пожар се плашеле, но не само тие туку и животните се оддалечувале исплашени.

Никој не знае како се случило луѓето првпат да го искористат огнот. Можеби некој храбар човек земал запалена гранка и ја однел во пештерата.

Page 6: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Историја на енергијатаИсторија на енергијата Пред околу 2500 години луѓето започнале да користат ветерници и

воденици за мелење на жито. Подоцна овие обични машини биле употребувани за црпење на водата и за движење на пиланите.

- Старите ЕѓипќаниСтарите Еѓипќани ја собирале нафтата што пловела на површината на барите, и ја гореле за да добијат светлина.

- Индијанците од АмерикаИндијанците од Америка го гореле јагленот за да ги исушат глинените садови кои ги правеле.

- Античките КинезиАнтичките Кинези користеле природен гас за загревање на морската вода и така добивале сол. Гасот го ваделе со цевки од плитки бунари.

- Приближно во исто време луѓето почнале да ја употребуваат топлината од земјата или геотермалната енергија. Водата од топлите извори со цевки ја спроведувале до нивните домови.

Луѓето почнале да учат како да користат различни видови на енергетски извори. Но, до пред 150 години сонцето и дрвата го давале најголемиот дел од енергијата. Во многу делови од светот сеуште енергијата се добива на сличен начин.

Page 7: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Видови енергијаВидови енергија

Сончева енергија

Енергија на ветрот

Хидроенергија

Геотермална енергија

Нуклеарна енергија

Page 8: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Извори на енергијаИзвори на енергија

Обновливи Сонце Вода Ветер Биомаса

Необновливи Јаглен Нафта и нафтени деривати Природен гас

Page 9: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Сонце - Соларна енергијаСонце - Соларна енергија Сонцето (латински: Sol), е ѕвезда која се наоѓа во центарот на сончевиот

систем. Земјата и друга материја (вклучувајчи други планети, астероиди, метеороиди, комети и космичка прашина) орбитираат околу Сонцето, кое самото претставува 98,6% од целовкупната маса на сончевиот систем, а тежи околу 200 илјади пати повеќе од Земјата.

На секој час од Сонцето стигнува доволно енергија за да ни ги задоволи глобалните енергетски потреби за една цела година. Соларна енергија се добива преку соодветна технологија со искористувањето на енергијата на Сонцето. Денес, во светот се искористува нешто помалку од 0,1% од соларната енергија за задоволување на глобалниот енергетски глад.

Сега веќе сите знаеме за фотоволтаичните ќелии – популарно наречени соларни панели, кои денес ги има во вселенските летала, на покривите на многу згради и во малите калкулатори. Принципот на работа е едноставен – ќелиите имаат полуспроводници во нив, и кога ќе ги огрее Сонце, тие испуштаат електрони, кои пак прават струја.

Page 10: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Соларна енергија Соларната енергија е неисцрпен извор на енергија, и од неа нема

никакво загадување и никаква врева. Но соларната енергија не функционира ноќе без направа за складирање на енергијата како батерија, и облачното време ја прави оваа технологија многу несигурна.  

Соларните панели сеуште се многу скапи и зафаќаат голема површина за собирање на сончевата енергија, особено ако треба да се произведе повеќе струја.

Page 11: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Ветер Ветарот може да се опише како струењето на воздухот, во кратки црти

всушност можеме да кажеме дека ветар се воздушните молекули во движење.

Првата ветерна турбина која е користена за производство на електрична енергија била направена во 1891 год. од Данецот Пол Ла Ур. Помасовна употреба на енергијата на ветерот за добивање на електрична енергија започнала во триесеттите години од минатиот век, кога во руралните области на САД биле изградени илјадници мали ветерници, но развојот на големите хидро, термо и нуклеарни централи, ветерните централи, како економски и технички неконкурентни, паднале во заборав.

Денес е поинаку, таа е најбрзорастечкиот сегмент во индустријата на обновливи извори на електрична енергија. Најдобар пример за тоа е 2007 год. кога во светот се инсталирани нови ветерни централи со моќност од околу 20 илјади мегавати, што е зголемување за 31% во однос на претходната година. Според некои предвидувања, ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму.

Page 12: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Енергија на ветеротЕнергија на ветеротОд сите обновливи извори највисока стапка на развој во светот во последните две децении има енергијата на ветар. Овој тренд се совпаѓа со стратегијата на Република Македонија за развој на обновливите извори на електрична енергија како и стратегијата на ЕУ за развој на овој вид капацитети. Изградбата на електрани на ветар би имала позитивни импликации за целиот електроенергетски сектор на Македонија, како и за локалната економија, затоа почна изградбата на првиот ветерен парк во близина на Богданци.

Page 13: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

ВодаВода Водата е супстанца, чиишто молекули се составени од атоми

на водород и кислород и е важна за сите познати форми на живот. Водата е основата на животот, човековото тело се состои од 70% вода. Водата е и обновлив извор за енргија.

Хидро значи вода, а оттука хидроенергија значи енергија добиена со движење на водата. Таа енергија се користи за создавање на електрична енергија.

Хидроенергијата е извор на енергија кој не ја загадува животната средина. Нема начин да се согоруваат горива, а притоа воздухот да не се загадува. Ова е најефтин извор за создавање на електрична енергија бидејќи водата е бесплатна.

Page 14: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

ХидроенергијаХидроенергија Хидроенергетскиот потенцијал во Република Македонија се

проценува на околу 6,5 милијарди kW/h електрична енергија годишно.Од него , во Република Македонија се искористува околу 1,3 милијарда kW/h.

Оваа енергија се произведува во 15 хидроелектроцентрали од кој најголеми се : Вруток,Равен и Врбен на мариовскиот хидроенергетски систем,потоа хидроелектроцентралите Шпилје и Глобочица на Црн Дрим; Тиквеш на Црна Река;Калиманци на реката Брегалница;Матка и Козјак на реката Треска.

Во Македонија електрична енергија произведуваат и 13 мали Хидроелектрични централи. Уште на 121 локација е предвидено да се градат мали хидроцентрали со што ќе се зголеми искористувањето на водата како обновлив извор на енергија.

Page 15: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Биомаса

Биомаса е се што е живо и она што било живо до пред одредено време. Биомаса се дрвата, растенијатата, сметот и животинскиот отпад. Денес, најголемиот дел од биомасата што го употребуваме за добивање енергија е дрвото.

Кога за огрев ќе исечеме старо дрво, на негово место треба да засадиме ново. Исто така, треба да се грижиме и за почвата на која растат житарките и зеленчукот.

Биомасата можеме да ја користиме за да направиме електрична енергија. Во многу градови има централи за смет каде што се гори собраниот смет наместо да го носат на депониите, и на тој начин се создава енергија.

Наскоро во Р. Македонија, во Скопје на депонијата Дрисла ќе се гради централа за селектрирање на отпад и производство на електрична и топлинска енергија со согорување на отпадот.

Page 16: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Заштеда на енергијаЗаштеда на енергија Несомнена е потребата од заштеда на енергијата без која планетава

не може да функционира и да опстане. Практикувањето на Енергетската ефикасност стана основна на нашето живеење. Тоа не само што ќе помогне во намaлувањето на загадувањето ќе придонесе и за заштеди во буџетите на државите, компаниите и во домаќинствата.

Штедењето на енергија не значи да не се троши енергијата и со тоа да ни се наруши комотитетот, тоа значи правилно и рационално да се користи енергијата , а притоа да не го нарушиме комотитетот. Компаниите со примена на енергетски ефикасни материјали за објектите, користењето на енергетски ефикасни апарати и рационално користење на енергијата ќе заштедат пари и ќе бидат поконкурентни на пазарите, а домаќинствата со користење на енергетски ефикасни светилки и апарати и енергенси за затоплување ќе ги намалат трошоците за живеење.

Page 17: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Енергетска ефикасност во Р. Енергетска ефикасност во Р. МакедонијаМакедонија

Македонија како и Европските земји посветено работи на развој на Енергетската ефикасност во земјата. За таа цел направени се низа проекти, спроведени се соодветни програми и кампањи за зголемување на свeсноста за рационално користење на енергијата.

Во тек е една повисока форма на спроведување на енергетската ефикасност , а тоа е Енергетската платформа која не е кампања на краток рок туку повеќегодишно стратегиско развивање на енергетската ефикасност.

Министерството за Економија и Националниот дистрибутер на електрична енергија за оваа платформа добија и признание од Европската Унија. Со оваа платформа за придобивките од енергетската ефикасност и нејзина примена се обучуваат граѓаните, компаниите, студентите, медиумите, се отвораат дебати и се подготвуваат едукативни материјали ТВ емисии и сл.

Page 18: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Општина Карпош е лидер во Општина Карпош е лидер во примената на енергетска примената на енергетска

ефикасностефикасност Општина Карпош е лидер во примената стандардите за енергетска

ефикасност и во развивањето на свесноста за нејзино зголемување, не само во земјава туку и во Југоисточна европа. Со издржана стратегија таа досега спроведе повеќе проекти кои допрва почнуваат да се планираат во другите општини.

Општината e единствен модел во Македонија и пошироко на Балканот, за субвенционирање на инвеститорите што градат енергетски ефикасни градби на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош досега реализираеше повеќе проекти, поврзани со уличното осветлување и објектите во надлежност на Општината како училиштата и градинките.

Page 19: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Општина Карпош е лидер во Општина Карпош е лидер во примената на енергетска примената на енергетска

ефикасностефикасностВо скоро сите училишта и градинки на територија на Општина Карпош се применти стандардите за зголемување на енергетската ефикасност. Превземените мерки ги опфаќаат следните активности :

Термоизолација на фасади, кровна конструкција и подови. Замена на врати и прозори Промена на системи за греење Промена на внатрешно осветлување во работните простории и

дворното осветлување Промена на компјутерската мрежа Замена на електричните бојлери за санитарна топла вода со соларни

вакyум инјекторски системи

Page 20: Заштеда на енергија и обновливи извори - ООУ „Димо Хаџи Димов“

Општина Карпош е лидер во Општина Карпош е лидер во примената на енергетска примената на енергетска

ефикасностефикасност Оптина Карпош спроведува повеќегодишен проект за реконструкција

на старите фасади во општината под името,,Да го вратиме сјајот на старите фасади во Карпош’’. Со овој проект старите дотраени и над 40 години необнвени фасади добиваат нов лик, а вградениот материјал е според стандардите за енергетска ефикасност.

Партнерскиот проект на Општината со Градежните компании започна со реализација откако претходно беше донесен Правилникот чија цел е да воспостави нов начин на размислување и пристап во градежниот сектор во делот на планирање и изградба на објекти кои ќе трошат од 40 до 70% помалку енергија од постојаните.

Општината веќе подгови нови проекти за енергетска ефикасност, а

дел од идеите за нив произлегуваат токму од неделата на Енергетска ефикасност која се одржува секоја година.