ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. izveshtaj za... · трансфер на пари,...

51
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за работењето на Банката во 2012 година Март 2013

Upload: others

Post on 31-Jan-2020

18 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

 

 

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за работењето на Банката во 2012 година

 

 

 

 

Март 2013

Page 2: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

 

СОДРЖИНА  

1.  ПРОФИЛ НА БАНКАТА ............................................................................................................. 3 2.  МАКРОЕКОНОМСКО И МОНЕТАРНО ОПКРУЖУВАЊЕ ................................................. 5 3.  ФИНАНСИСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА БАНКАТА .................................................................. 7 4.  ПОЗИЦИЈАТА НА ТТК БАНКА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ........................................ 14 5.  УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ .................................................................................................. 17 6.  КОРПОРАТИВНО БАНКАРСТВО ......................................................................................... 20 7.  ДЕЛОВНА МРЕЖА ................................................................................................................... 22 8.  КАРТИЧНО РАБОТЕЊЕ ......................................................................................................... 26 9.  ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО ............................................................ 26 10.  ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ............................................................................................. 27 11.  СРЕДСТВА И ЛИКВИДНОСТ ................................................................................................. 27 12.  МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ ......................................................................... 28 13.  ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И ПОЗАДИНСКИ РАБОТИ ..................................... 31 14.  ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ............................................................................................................... 32 15.  ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА ....................................................................................................... 33 16.  КОНТРОЛА НА УСОГЛАСЕНОСТ НА РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА СО ПРОПИСИТЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ ...................................................................................................................................... 34 17.  ИЗВЕШТАЈ ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА БАНКАТА .................................. 34   

Page 3: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

1. ПРОФИЛ НА БАНКАТА

ТТК Банка е банка со традиција, која веќе подолг период има изграден и

препознатлив имиџ. Како нова банка под името ТТК Банка АД Скопје, Банката започна да работи од

01.07.2006 година. Меѓутоа нејзината присутност во банкарскиот сектор датира пред повеќе од педесет години, преку една од трите банки кои ја сочинуваат денешната ТТК. Првата од трите банки е Комунална Банка Тетово, која се формираше во 1961 година.

Веднаш потоа во 1962 година, Комуналната Банка Тетово се трансформираше во Комерцијална Банка Тетово. Во 1973 година Комерцијална Банка Тетово, се здружува со Стопaнска Банка Скопје, и во наредните дваесетина години, функционира и работи во системот на Стопанска Банка како филијала и како oсновна банка, се до 1995 година кога се издвои како самостојна Тетовска Банка АД Тетово.

Другите две банки - Кредитна Банка АД Битола и Тетекс Банка АД Скопје, се формираа во 1993 година, со чие спојување во 2001 година се формира новата банка Тетекс - Кредитна Банка АД Скопје.

Со последното спојување на Тетекс - Кредитна Банка АД Скопје и Тетовска Банка АД Тетово, во 2006 е формирана ТТК Банка АД Скопје. Набргу по формирањето Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) стана сопственик на 25% од капиталот во ТТК Банка АД Скопје, а на 15.12.2007 официјално стана акционер во ТТК Банка АД Скопје.

Денес ТТК е универзална банка која нуди широк спектар на производи и услуги,

преку извршување на банкарските активности како што се прибирање на депозити, одобрување на кредити на правни и физички лица, услуги во платниот промет во земјата, електронско банкарство, услуги во платниот промет со странство, купопродажба на девизи, издавање на банкарски картички, менувачки работи, брз трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо, тргување со инструменти на пазарот на пари, тргување со девизни средства што вклучува и тргување со благородни материјали, купопродажба, гарантирање и пласман на емисија на хартии од вредност, тргување со хартии од вредност и др.

ТТК Банка уште во 2009 година има имплементирано нова модерна

организациона структура на Банката, што подржува функционирање на ,,универзален банкарски шалтер,, , децентрализирана продажба на производи и услуги и најбрз и едноставен пристап до клиентите на пазарот, преку мрежата на Филијали и Експозитури.

Банката има развиена мрежа од вкупно 29 Филијали и Експозитури, од кои 22

низ градови во Република Македонија, а останатите 6 и еден шалтер во Скопје. ТТК Банка е препознатлива по својата посветеност и континуирано градење на

имиџ на корпоративно опшествено одговорна компанија. За остварување на бројните позитивни придобивки за заедницата, во изминитатиот период ТТК Банка повеќе пати беше добитник на награди за Општествена Одговорност од Министерство за Економија (за 2008 и 2010) и награди за филантропија од Центарот за институционален развој (за 2009 и 2011) и др.

Во 2012 ТТК Банка стана учесник во проектот на Министерство за Финансии за

субвенциониран станбен кредит.

Page 4: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

o Изјава за мисија на Банката Изјавата за Мисија ги содржи долгорочните цели и деловната филозофија на

Банката. Изјавата за Мисија е однапред определен патоказ за развој на стратегиите за

управување на бизнисот на Банката. Изјавата за Мисијата на ТТК Банка АД Скопје е: Ние сме универзална банка партнер за малите и средни претпријатија во

Македонија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство.

Нашите вредности се: Довербата – биди искрен, внимателен, доследен и транспарентен, бидејки

довербата е основата на нашата работа; Одговорноста – превземи иницијатива, донеси одлуки и застани зад нивната

реализација; и Тимската работа – креирај ефикасна и работна атмосфера, соработувај на сите

нивоа со цел остварување на подобри резултати;

o Општи податоци за Банката Органи на управување на Банката во 2012 година се: Надзорниот одбор кој го сочинуваат: 1. М-р. Глигорие Гогоски, Претседател 2. Борислав Трповски, Член 3. Тито Беличанец, Член 4. Михаил Петковски, Независен Член 5. Методија Несторовски, Независен Член 6. Доне Таневски, Член 7. Златко Черепналкоски, Член

Управниот одбор кој го сочинуваат: 1. Драгољуб Арсовски, Претседател 2. Наталија Алексова, Член Одборот за управување со ризици кој го сочинуваат: 1. Наталија Алексова, Претседател 2. Димитри Трпоски, Член 3. Грета Илиќ,Член 4. Јованка Ралевиќ,Член 5. Душица Антовска,Член Одборот за ревизија кој го сочинуваат: 1. Душко Апостолоски, Претседател 2. Борислав Трповски, Член 3. Методија Несторовски, Член 4. Михаил Петкоски, Член 5. Данче Зографска, Член

Page 5: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

2. МАКРОЕКОНОМСКО И МОНЕТАРНО ОПКРУЖУВАЊЕ Во текот на 2012 година показателите за економската активност покажаа благо

подобрување, но сепак недоволно за солидно и одржливо економско закрепнување. Ваквата состојба влијаеше врз забавување на растот на активностите на банките и резултираше со промени во структурата на изворите на средства. Имено зголемувањето на обврските по кредити за сметка на депозитната база, е резултат на стопанските субјекти кои во текот на годината се соочија со потешкотии во ликвидноста.

Согласно ваквите движења, се забележува намалување на БДП за 0,8 пп во

однос на крајот на 2011 година1. Зголемувањето на увозните цени на храната и на суровата нафта допринесоа за годишна инфлација од 3,3%2.

Кредитната активност во првите девет месеци од 2012 порасна за 5,4% (кое претставува намалување на стапката за 3,1 пп во однос на 2011 година кога порастот на кредитната активност изнесуваше 8,5%). Потешкотиите со кои се соочи реалниот сектор влијаеја и на покачувањето на стапката на нефункционални кредити на 10,9% што во целост произлегува од нефинансиски сектор3.

Потешкотиите кај стопанските субјекти како и непроменетите согледувања на

пазарот на труд делуваа на забавување на штедењето во банкарскиот сектор, така што стапката на раст на вкупните депозити во текот на 2012 година изнесува 1,9% и е намалена за 7,9 пп во однос на 2011 година кога порастот на вкупните депозити изнесуваше 9,8%. Депозитите од население и понатаму остануваат главниот двигател на растот на депозитната база на банките, додека депозитите на корпоративниот сектор забележаа благо намалување.

Ликвидноста на банкарскиот сектор беше стабилна и висока, како и

солвентноста. На 30.09.2012 година, стапката на адекватноста на капиталот изнесуваше 17,1%4 што е двојно повисоко од законскиот минимум од 8%.

Следејќи ги макроекономските остварувања на домашен и глобален план,

НБРМ во текот на 2012 година продолжи со натамошно претпазливо водење на монетарната политика. НБРМ со цел задржување на макроекономската стабилност, исполнување на монетарните цели, како и усогласување на регулативата со вториот столб од втората капитална спогодба, во текот на 2012 година ги направи следниве регулаторни промени :

Со цел подобрување на управувањето со ликвидноста на банките и

овозможување натамошен развој на инструментите на пазарот на пари, во април донесе измени во оперативната рамка на монетарната политика. Со измените се воведени редовни неделни репо-операции за обезбедување ликвидни средства во банкарскиот систем по поповолни услови, со цел поддршка на подолгорочните пласмани од страна на банките и создавање услови за развој на пазарот на пари во домашната економија. Намалена е фреквентноста на аукциите на благајничките записи, и се ограничи понудата на благајничките записи. Заради поголема флексибилност во управувањето со ликвидноста, НБРМ воведе расположливи депозити на седум дена и расположлив депозит преку ноќ, и ја намали каматната стапка на расположливиот кредит преку ноќ.                                                             1 Извор: Државен Завод за Статистика на Р. Македонија 2 Извор: Државен Завод за Статистика на Р. Македонија и проекција на Народна Банка на Р. Македонија 3 Извор: Народна Банка на Р. Македонија; Извештај за Банкарскиот систем на Р.Македонија во третиот квартал од 2012 година 4 Извор: Народна Банка на Р. Македонија; Извештај за Банкарскиот систем на Р.Македонија во третиот квартал од 2012 година

Page 6: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

На почетокот на мај НБРМ ја намали референтната каматна стапка на благајничките записи за 25 базични поени на 3,75%, давајќи му на тој начин подршка на растот на домашната економија.

На почетокот на третиот квартал започна да се применува новата методологија за адекватност на капитал, што овозможи подобро поврзување на профилот на ризик на банките со регулаторниот капитал. Примената на новата методологија, не предизвика позначителни ефекти врз стапката на адекватност на капитал.

Во ноември Советот на НБРМ изврши промени кај инструментот задолжителна резерва. Овие промени предвидуваат намалување на основата за задолжителна резерва на банките за износот на новодобрените кредити на нето-извозници и на домашните производители на електрична енергија, како и за вложувањата во должничките хартии од вредност во домашна валута без валутна клаузула издадени од споменатите претпријатија. Со овие промени се создаваат услови за намалување на цената на кредитите одобрени на нето извозниците и на домашните производители на електрична енергија, со што се дава поддршка на кредитирањето во овие сектори, коишто се битни за обезбедување на стабилна позиција на билансот на плаќања.

Во текот на 2012 година НБРМ донесе и други одлуки од областа на

банкарското работење, од кои позначајните се однесуваа на измените и дополнувањата на регулативата во врска со: утврдување нето-должник, управување со ликвидносниот и кредитниот ризик и лимитите на изложеност, задолжителна резерва, видовите и содржината на финансиските извештаи на банките, укинување и повлекување од промет на кованите пари во апоен од 50 дени, сметководствениот и регулаторниот третман на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања, и др.

Општите стратегиски цели5 на Народна Банка во наредниот период се

насочени кон: одржување на ценовната стабилност преку спроведување на избрана монетарна стратегија на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото; одржување стабилен и сигурен банкарски систем; одржување висока флексибилност при управување со девизните резерви, поаѓајки од принципот на сигурност, ликвидност и профитабилност; одржување највисок степен на сигурност, стабилност и ефикасност на платните системи и обезбедување редовно снабдување со книжни и ковани пари; обезбедување квалитетни статистички податоци и анализи како поддршка на монетарната политика.

Новите проекции на НБРМ покажуваат релативно стабилни инфлациски

изгледи, поволна надворешна позиција, со капацитет за создавање нови девизни приливи и раст на девизните резерви, постепено, но и понатаму бавно економско закрепнување и мал раст на кредитната активност. Ризиците и понатаму се присутни и во голема мерка се условени од исполнувањето на претпоставките коишто произлегуваат од надворешното окружување. Евентуалното влошување на економските изгледи за европската економија и обновувањето на недовербата кај инвеститорите може да делуваат како ограничувачки фактор за остварување на проекциите за извозниот раст и капиталните приливи.

И во наредниот период ТТК Банка АД Скопје ќе продолжи со остварување на

своите приоритетните цели и задачи согласно деловната политика на Банката следејќи ги проекциите и монетарните стратегиски цели на НБРМ.                                                             5Стратегиски план на НБРМ за период од 2013-2015 година.

Page 7: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

3. ФИНАНСИСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА БАНКАТА

o Финансиски показатели за работењето на ТТК Банка АД Скопје

во илјади денари 31.12.2011 31.12.2012промена за периодот

Вкупна актива 6.857.175 6.874.739 0,3%Нето - кредити на комитенти 3.678.195 3.888.646 5,7%Депозити од комитенти 5.521.636 5.213.320 -5,6%Капитал и резерви 927.834 969.018 4,4%Нето кредити / Вкупна актива 53,6% 56,6% 2,9 ппПреземени средства / Вкупна актива 6,8% 6,1% -0,6 пп

Вкупна кредитна изложеност (билансна и вонбилансна) 6.597.521 6.642.730 0,7%Вкупна исправка на вредност и посебна резерва 608.203 642.725 5,7%Просечно ниво на резервираност 9,2% 9,7% 0,5 ппНефункционални кредити / Вкупни кредити (кредити кон нефинансиски субјекти) 9,0% 8,8% -0,2 ппПокриеност на нефункционалните кредити со вкупната пресметана исправка на вредност и посебна резерва 170,6% 173,9% 3,3 пп

Ликвидна актива/ Вкупна Актива 30,0% 28,6% -1,4 ппНето кредити на комитенти / Депозити од комитенти 66,6% 74,6% 8,0 пп

Добивка пред оданочување 7.755 42.900 453,2%Добивка пред исправка на вредност 50.360 78.681 56,2%Добивка по оданочување 7.064 41.183 483,0%Исправка на вредност на финансиски средства 42.605 35.781 -16,0%Стапка на поврат на просечната актива (ROAA) 0,1% 0,6% 0,5 ппСтапка на поврат на просечниот капитал (ROAE) 0,8% 4,5% 3,7 ппТрошоци за вработени /Вкупни редовни приходи 32,2% 30,3% -1,9 ппИсправка на вредноста за финансиски и нефинансиски средства / Нето каматен приход 21,8% 16,2% -5,6 пп

Нето каматен приход /Вкупни редовни приходи 61,3% 62,5% 1,2 ппДобивка по оданочување /Вкупни редовни приходи 1,8% 9,6% 7,7 ппФинансиски резултат / Вкупен број на вработени 27 154 459,1%

Показатели за профитабилноста и ефикасноста

Показатели за ликвидноста

Квалитет на кредитно портфолио

Показатели на Билансот на состојба

o Извори на средства

Позначајните позиции во рамки на вкупните извори на средства на Банката во

текот на 2012 година ја прикажаа следнава динамика и структура:

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)Депозити 5.611.378 81,8% 5.242.493 76,3% -368.885 93,4%Обврски по кредити 248.161 3,6% 600.821 8,7% 352.660 242,1%Посебна резерва и резервирања 7.052 0,1% 6.966 0,1% -85 98,8%ПВР и останата пасива 62.752 0,9% 55.442 0,8% -7.310 88,4%Акционерски капитал и резерви 927.835 13,5% 969.018 14,1% 41.183 104,4%ВКУПНА ПАСИВА 6.857.176 100,0% 6.874.739 100,0% 17.564 100,3%

31.12.2011 31.12.2012во илјади денари

Индекс

Изворите на средства на Банката со состојба 31.12.2012 година остварија

зголемување за 17,6 милиони денари.

Page 8: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

Најголемо влијание врз порастот на вкупните извори на средства на Банката имаше зголемувањето на обврските по кредити и зголемувањето на акционерскиот капитал и резервите.

Зголемувањето на обврските по кредити во однос на минатата година

произлегува од повлечени транши од кредитните линии преку МБПР.

o Депозити од Банки и комитенти

Главен носител на годишната промена на депозитната база на ТТК Банка

претставуваат корпоративните клиенти. o Секторска структура И во текот на 2012 година доминантно и зголемено учество во депозитната

база имаат депозитите на Домаќинства, кое на крајот на 2012 година изнесува 70,4%.

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)Депозити од Банки 89.741 1,6% 29.173 0,6% -60.569 32,5%Депозити од Финансиски институции 411.640 7,3% 356.766 6,8% -54.875 86,7%Депозити од Претпријатија 1.355.637 24,2% 1.163.355 22,2% -192.282 85,8%Депозити од Домаќинства 3.754.358 66,9% 3.693.199 70,4% -61.159 98,4%ВКУПНИ ДЕПОЗИТИ 5.611.378 100,0% 5.242.493 100,0% -368.885 93,4%

Индексво илјади денари

31.12.2011 31.12.2012

Во однос на секторската структура, во текот на 2012 година учеството на

депозитите од население е зголемено за сметка на намалените учества на депозитите од Претпријатија и останатите сектори.

Најголем пад на депозитите е забележан кај секторот Претпријатија, што е резултат на сериозните предизвици и проблемите со неликвидност со која во овој период се соочуваа стопанските субјекти во своето работење.

o Валутна структура Од аспект на валутната структура на депозитите, учеството на денарските

депозити бележи зголемување за сметка на денарските депозити со девизна клаузула и девизните депозити што укажува на ориентираноста и поголемата доверба на клиентите во домашната валута.

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)Денарски депозити 3.387.065 61,3% 3.340.693 64,1% -46.372 98,6%Денарски депозити со девизна клаузула 70.033 1,3% 52.284 1,0% -17.749 74,7%Девизни депозити 2.064.539 37,4% 1.820.343 34,9% -244.195 88,2%ВКУПНИ ДЕПОЗИТИ 5.521.636 100,0% 5.213.320 100,0% -308.316 94,4%

во илјади денари31.12.2011 31.12.2012 Индекс

Годишниот пад на депозитите во 2012 година во најголем дел се должи на

намалувањето на девизните депозити кај секторот Домаќинства.

Page 9: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

 

Годишниот пад на депозитите со валутна клаузула произлегува од намалувањето на депозити кај секторот Финансиски институции, додека падот на денарските депозити произлегува од секторот Претпријатија – корпоративни клиенти.

o Рочна структура

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)Депозити по видување 1.451.780 26,3% 1.583.161 30,4% 131.381 109,0%Краткорочни депозити 2.251.641 40,8% 2.238.523 42,9% -13.118 99,4%Долгорочни депозити 1.818.215 32,9% 1.391.636 26,7% -426.579 76,5%ВКУПНИ ДЕПОЗИТИ 5.521.636 100,0% 5.213.320 100,0% -308.316 94,4%

во илјади денари31.12.2011 31.12.2012 Индекс

Гледано од аспект на рочна структура, во текот на 2012 година, учеството на

краткорочните депозити и депозитите по видување бележат раст за сметка на долгорочните депозити, што се должи пред сѐ на доспевањето на промотивните депозити кај населението во текот на 2012 година, при што дел од нив беа повторно краткорочно орочени во рокови до 1 година.

Најголем годишен раст се забележува кај депозитите по видување, во секторите домаќинства и стопанство, соодветно.

o Средства и пласмани

Позначајните позиции во рамки на вкупните средства на Банката во текот на 2012 година ја прикажаа следнава динамика и структура:

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)

Парични средства и парични еквиваленти 1.199.433 17,5% 2.148.684 31,3% 949.251 179,1%

Вложувања во хартии од вредност и средства за тргување 1.149.668 16,8% 92.094 1,3% -1.057.574 8,0%

Кредити на и побарувања од банки 19.800 0,3% 0 0,0% -19.800 0,0%Кредити на комитенти, нето 3.678.195 53,6% 3.888.646 56,6% 210.451 105,7%

Превземени средства врз основа на ненаплатени побарувања 463.106 6,8% 422.661 6,1% -40.444 91,3%Основни средства 305.085 4,4% 278.632 4,1% -26.454 91,3%АВР и останата актива 41.889 0,6% 44.022 0,6% 2.133 105,1%ВКУПНА АКТИВА 6.857.176 100,0% 6.874.739 100,0% 17.564 100,3%

во илјади денари31.12.2011 31.12.2012 Индекс

Билансната сума во 2012 година е задржана речиси на исто ниво со 2011

година и покрај падот на депозитната база од 308,3 милиони денари. Динамиката на вкупната актива на Банката е во согласност со движењето на вкупните извори на средства и е во согласност со движењето на ниво на банкарски систем каде се забележува забавено темпо на раст на вкупната актива како резултат на намалената депозитна база на нефинансиските субјекти.

Нето кредитите во текот на 2012 година забележаа зголемување со годишна

стапка на раст од 5,7%.

Page 10: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

10 

 

Банката во текот на 2012 година покажа воздржан интерес за вложувања во хартии од вредност и истите се намалени во однос на минатата година. Ваквите промени во портфолиото на хартии од вредност се во согласност со намалената фрекфенција на аукции и ограничената понуда на благајнички записи.

Следна ставка со најголем пад во рамките на активата се преземените

средства врз основа на ненаплатени побарувања кои бележат намалување од 8,7 % годишно како резултат на продажбата на преземените средства, особено во третиот квартал од тековната година. o Кредити на клиенти

Како резултат на движењата во реалниот сектор и согледувањата за постојните

ризици од глобалното окружување и нивното влијание врз домашната економија, банките во текот на 2012 година беа претпазливи и умерени во кредитните пласмани. Ваквиот приод е тесно поврзан и со должничката криза во евро-зоната како и неизвесноста во однос на закрепнувањето на домашната економска активност.

o Секторска структура

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)Кредити на претпријатија 2.753.760 66,6% 3.034.115 69,5% 280.355 110,2%Кредити на домаќинства 1.379.791 33,4% 1.334.426 30,5% -45.365 96,7%ВКУПНИ КРЕДИТИ 4.133.552 100,0% 4.368.541 100,0% 234.989 105,7%

Индексво илјади денари

31.12.2011 31.12.2012

Учеството на кредитите според секторска структура укажува на зголемено

учество на кредитите на секторот претпријатија за сметка на кредитите на секторот население. Кредитите на претпријатијата и во 2012 година останаа носители на кредитната активност на Банката, со доминантно учество во вкупните кредити на Банката од 69,5%, за разлика од учеството на кредитите на население од 30,5%. Кредитната активност кај претпријатијата е најизразена и годишната стапка на раст изнесува 10,2%.

o Валутна структура Од валутен аспект, и во текот на 2012 година продолжува доминантното

учество на денарските кредити. За сметка на денарските кредити со девизна клаузула растат девизните

кредити. Зголеменото учество на девизните кредити е како резултат на кредитни линии од МБПР т.е. повлекувањето на средства од кредитната линија ЕИБ.

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)Денарски кредити 2.256.919 54,6% 2.484.392 56,9% 227.473 110,1%Денарски кредити со девизна клаузула 1.485.787 35,9% 1.364.927 31,2% -120.860 91,9%Девизни кредити 390.845 9,5% 519.222 11,9% 128.377 132,8%ВКУПНИ КРЕДИТИ 4.133.552 100,0% 4.368.541 100,0% 234.989 105,7%

31.12.2011 31.12.2012 Индексво илјади денари

Page 11: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

11 

 

Годишната стапка на раст на девизните кредити изнесува 32,8%, а на денарските кредити изнесува од 10,1%.

o Рочна структура Согласно рочната структура на кредитите, во текот на 2012 година учеството на

долгорочните кредити е зголемено за сметка на намалување на учеството на краткорочните кредити.

Анализирајќи ја годишната динамика на учеството на нефункционалните

кредити, се забележува нивно намалување во вкупните кредити. Споредено со минатата година, нефункционалните кредити бележат намалување на учеството како резултат на намалувањето на нефункционалните кредити и кај секторот домаќинства и кај корпоративниот сектор.

Износ Струкутра Износ Струкутра апс. (%)Краткорочни кредити 1.459.427 35,3% 1.072.634 24,6% -386.793 73,5%Долгорочни кредити 2.155.049 52,1% 2.767.961 63,4% 612.913 128,4%Нефункционални кредити 519.076 12,6% 527.946 12,1% 8.870 101,7%ВКУПНИ КРЕДИТИ 4.133.552 100,0% 4.368.541 100,0% 234.989 105,7%

во илјади денари31.12.2011 31.12.2012 Индекс

Порастот на долгорочните кредити влијае врз годишниот раст на вкупните

кредити. Годишната стапка на раст на долгорочните кредити во 2012 година изнесува 28,4%. o Остварени финансиски резултати

Во 2012 година Банката има остварено позитивен финансиски резултат по

оданочување во износ од 41,2 милиони денари, кој е значително повисок споредено со минатата година, кога истиот изнесуваше 7,1 милиони денари.

Позитивниот финансиски резултат генерално се должи на зголемената

оперативна ефикасност на Банката, правилното управување со каматната маргина на Банката и подобрениот квалитет на кредитното портфолио во текот на 2012 година, кое воедно придонесе и за одржување и зголемување на профитабилноста на ТТК Банка.

Остварено Остварено01.01.-31.12.2011 01.01.-31.12.2012 апс. (%)

Нето приходи од камата 239.112 269.254 30.141 112,6%Нето приходи од провизии 108.533 114.200 5.667 105,2%

Нето приходи од курсни разлики 14.726 11.570 -3.156 78,6%

Останати приходи од дејноста 17.740 27.724 9.985 156,3%Вкупни оперативни приходи 380.112 422.748 42.637 111,2%Оперативни трошоци -329.751 -344.067 -14.316 104,3%Нето оперативен приход 50.360 78.681 28.321 156,2%Исправка на вредноста (Загуби поради оштетување) -42.605 -35.781 6.824 84,0%Добивка (загуба) пред оданочување 7.756 42.900 35.145 553,1%Данок на добивка -691 -1.717 -1.026 248,4%

Добивка (загуба) по оданочување 7.064 41.183 34.119 583,0%

Индексво илјади денари

Page 12: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

12 

 

Во 2012 година, оперативните приходи се движат во нагорна линија и во однос

на истиот период од претходната година, стапката на раст изнесува 11,2%. Остварената добивка пред исправка на вредност која претставува показател за

оперативната способност на Банката е за 56,2% повисока во однос на минатата година, како резултат на континуираниот пораст на вкупните приходи во текот на годината со побрз интензитет од порастот на вкупните расходи од работењето.

Најголем удел во порастот на оперативните приходи имаат нето приходите од

камата, кои и понатаму остануваат главна компонента во формирање на вкупниот оперативен приход на Банката, со учество од 63,7%. Најголемо учество во структурата на вкупните приходи има нето каматниот приход, чијшто годишен раст се должи на зголемување на каматните приходи, но и од умереното намалување на каматните расходи, тренд којшто е карактеристичен од почетокот на 2012 година.

Во тековната 2012 година приходите од камата од нефинансиски друштва се најзастапена компонента во секторската структура на приходите од камати, соодветно на доминацијата на кредитите на нефинансиски друштва. Истите се зголемени за 7,1% во однос на минатата година. Овој пораст произлегува од кредитна активност која беше основа за генерирање на поголеми приходи од камата.

Подобрување се забележува и кај приходите од камата од секторот банки и финансиски институции, со стапка на пораст од

10,7% или во однос на истиот период минатата година. Причина за ваквото зголемување е пренасочувањето на вложувањата на Банката во текот на 2012 година и тоа во благајнички записи од НБРМ и во државните записи од Министерство за финансии, за разлика од истиот период минатата година кога дел од овие вложувања беа насочени кон нископриносниот шестмесечен запис.

0,00%

20,00%

40,00%

60,00%

80,00%

100,00%

дек.11 дек.12

13,87% 9,92%

26,86% 21,44%

59,26% 68,64%

Секторска структура на расходите од камата

Домаќинства

Банки и Финансиски институции

Нефинансиски друштва

Page 13: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

13 

 

Доминантна компонента во структурата на расходите од камата има секторот домаќинства кој е и главен носител на депозитното јадро. Годишната стапка на раст е 6,8%. Намалени каматни расходи во однос на минатата година се забележува кај секторите банки и финансиски друштва и нефинансиските друштва како резултат на доспевањето и одливот на депозитите и намалените пасивни каматни стапки.

Нето приходите од провизии се втор значаен приход во структурата на вкупните приходи и во однос на 2011 година бележат зголемување кое е во најголем дел остварено од корпоративните клиенти. Следено од аспект на видот на финансиските активности, зголемувањето е резултат на зголемените нето приходи од провизии од платен промет во земјата и по основ на кредитирање.

Друга значајна категорија во повисокото остварување на оперативниот приход

се останатите приходи од дејноста, чие зголемување произлегува од остварената капитална добивка од продажба на преземените средства.

Трендот на зголемување на оперативните трошоци во текот на 2012 година е

со значително послаб интензитет во однос на зголемувањето на оперативните приходи. Стапката на пораст на оперативните трошоци изнесува 4,3%. Во зголемување на оперативните трошоци, во најголем дел влијае порастот на материјалните, останати и административни трошоци (т.е пораст на трошоци за судски спорови и останати трошоци). Помали трошоци споредено со истиот период од минатата година се забележува кај трошоците за амортизација и загубата од оштетување при проценка на преземени средства.

Ваквиот пораст на главните позиции кои го сочинуваат оперативниот приход на

Банката се главни фактори кои и овозможија на Банката да генерира оперативен приход доволен за покривање на оперативните трошоци и издвоената исправка на вредност во 2012 година.

0,00%

20,00%

40,00%

60,00%

80,00%

100,00%

дек.11 дек.12

58,49% 59,44%

9,03% 9,49%

32,48% 31,07%

Секторска структура на приходите од камата

Домаќинства

Банки и Финансиски институции

Нефинансиски друштва

Page 14: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

14 

 

‐50.000

0

50.000

100.000

Добивка пред исправка  на 

вредноста и пред оданочување

Исправка  на вредност

Добивка по исправка  на 

вредноста и по оданочување

50.360

‐42.605

7.064

78.681

‐35.781

41.183

Добивка пред исправка на вредност и исправка на вредност

2011 година

2012 година

Горниот приказ укажува на тоа дека стапката на пораст на нето приходот од

редовното работење уште еднаш ја потврдува зголемената оперативна ефикасност во однос на минатата година. Издвоената исправка на вредност во текот на 2012 година која е за 16,0% пониска, е резултат на подобрување на квалитетот на кредитното портфолио во однос на истиот период минатата година. 4. ПОЗИЦИЈАТА НА ТТК БАНКА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР

Слабата економска активност како и намалената производствена активност

влијаеа врз забавување на растот на активностите на банките, и врз нивната стагнација во третиот квартал од годината.

Главниот двигател на обемот на вкупната актива се депозитите од нефинансиските лица, при што растот на депозитите во третиот квартал во најголем дел беше насочен кон отплата на кредитите користени од страна на банките, што е причина за умерениот раст на активата.

Потешкотиите со кои се соочува реалниот сектор влијаеа и врз движењата во депозитната база во банкарскиот сектор. На годишна основа стапката на раст значително забави, а депозитите на домаќинставта и тоа долгорочните и натаму остануваат главен двигател на растот на депозитната база.

Кредитната активност на годишна основа продолжи да расте, но со побавна динамика. Неизвесното економско опкружување и согледувањата на банките за зголемени ризици од реалниот сектор, следени со конзервативните стратегии се главните причини за ваквите трендови во кредитирањето.

Во услови на забавен кредитен раст, и зголемениот раст на нефунцкионалните кредити, резултираше со зголемување на учеството на нефункционални кредити во вкупните кредити кое изнесуваше 10,9%. Сепак нивото на нефункционални кредити не претставува причина за серизона загриженост, со оглед на неговата целосна покриеност со пресметана исправка на вредност.

Page 15: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

15 

 

дек.11 сеп.12 Промена во % Аппсолутна промена

Билансна сума 331.176 339.148 2,4% 7.972Депозити од нефинансиски сектор 234.161 238.677 1,9% 4.516Капитал и резерви 36.590 39.001 6,6% 2.412Кредити на нефинансиски сектор 202.405 213.381 5,4% 10.975

Клучни финансиски показатели за банкарскиот сектор

Опис

Банкарски систем

Ликвидноста на банкарскиот сектор е стабилна и на високо ниво. Паралелно со

стабилната ликвидност, високата солветност е вториот столб на стабилноста на банкарскиот систем и неговата отпорност на ризици.

Како еден од главните ”подржувачи” на солветноста и стабилноста на банките е профитабилноста на банкарскиот систем, која продолжува да зајакнува, што произлегува од јакнењето на приходите од основната дејност т.е нето каматниот приход. Стапките на поврат на активата и капиталот значително се зголемија и на 30.09 изнесуваат 0,3% и 2,3% соодветно, а воедно се подобри и оперативната ефикасност.

дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12

РОЕ 3,4% 2,3% -9,7% 1,5% 0,8% 2,6%РОА 0,4% 0,3% -1,1% 0,2% 0,1% 0,4%Профитна маргина 7,3% 5,1% -21,5% 3,5% 1,8% 7,6%

Показатели за профитабилност

ОписБанкарски систем Група средни банки ТТК Банка

Пазарното учество на ТТК Банка е стабилно во анализираниот период и се

движи околу 2% во банкарскиот систем на Република Македонија.

сеп.11 сеп.12 сеп.11 сеп.12

Билансна сума 321.168 339.148 6.572 6.652 2,0% 2,0%Депозити од нефинансиски сектор 225.895 238.677 5.132 5.140 2,3% 2,2%Капитал и резерви 35.683 39.001 893 952 2,5% 2,4%Кредити на нефинансиски сектор 199.301 213.381 4.259 4.380 2,1% 2,1%

Пазарно учество на Банката во банкарски

систем сеп.12

Пазарно учество на ТТК Банка во банкарскиот систем

Опис

ТТК Банка Банкарски систем Пазарно учество на Банката во банкарски

систем дек.2011

  Во следната табела се прикажани споредбени показатели за изложеноста на

ризиците на ТТК Банка со банкарскиот сектор и средната група банки:

Page 16: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

16 

 

 

дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12 дек.11 сеп.12

(В, Г и Д) / Вкупна изложеност на кредитен ризик 8.0% 9.2% 7.3% 7.0% 10.4% 11.5%Покриеност на В, Г и Д со пресметана исправка на вредност и посебна резерва 83.2% / 75.7% / 88.5% 84.2%

Нето В, Г и Д од исправката на вредност / Сопствени средства

20.4% 24.4% 17.9% 15.9% 15.3% 18.4%

Пресметана исправка на вредност и посебна резерва / Вкупна изложеност на кредитен ризик 6.7% 7.4% 5.5% 5.7% 9.2% 9.7%

Нефункционални кредити / Вкупни кредити (кредити кон нефинансиски субјекти) 9.9% 10.9% 8.8% 9.8% 9.0% 10.1%

Покриеност на нефункционалните кредити со вкупната пресметана исправка на вредност и посебна резерва 111.4% 103.1% 103.3% 88.8% 170.6% 148.5%

Ликвидна актива/вкупна актива 31.2% 30.3% 29.7% 29.3% 30.0% 26.1%

Ликвидна актива/краткорочни обврски 48.9% 49.4% 50.1% 53.5% 54.3% 46.4%

Стапка на адекватност на капиталот 16.8% 17.1% 17.2% 18.2% 16.8% 16.8%

Показател за ризик од несолвентност

Средни банкиБанкарски систем ТТК Банка

Изложеност на ризици

Видови ризици

Показатели за кредитен ризик

Показатели за ликвидносен ризик

  Банката континуирано води сметка за ризикот на кој се изложува настојувајќи

истиот да го одржува во прифатливи рамки. Показателите за квалитет на кредитната изложеност укажуваат на влошен

квалитет на кредитната изложеност во септември 20126 година во однос на крајот на претходната година, кој е присутен како во Банката, така и на ниво на банкарски систем.

Споредбените показатели за квалитет на кредитната изложеност упатуваат

дека Банката има повисоко учество на изложеноста класифицирана во категориите на ризик В, Г и Д во вкупната кредитна изложеност и тоа, како во однос на банките од нејзината група така и во однос на банкарскиот систем. Оваа состојба произлегува од побарувањето кое Банката го има од комитентот Градинар, кое е класифицирано во категорија на ризик Д и е целосно резервирано.

Земајќи го во предвид учеството на нефункционалите во вкупните кредити како

порелевантен показател за споредба, може да констатираме дека Банката има малку повисоко учество во однос на банките од нејзината група, и малку пониско учество во однос на банкарскиот систем.

Банката континуирано во споменатиот период одржува висока и стабилна

ликвидносна позиција која се потврдува преку движењето на ликвидносните показатели и стапките на ликвидност. Во анализираниот период Банката го има намалено учеството на ликвидната во вкупната актива и на 30.09.2012 година овој показател е на нешто пониско ниво отколку кај групата на средни банки, и банкарскиот систем во целост.

Со оглед на високата вредност на стапката на адекватност на капиталот ризикот од несолвентност во работењето е на ниско ниво.                                                             6 Најнови податоци кои се објавени од страна на НБРМ.

Page 17: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

17 

 

5. УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ Банката во текот на 2012 година презеде повеќе мерки и активности за

унапредување на системот за управување со ризиците, од кои најголем дел беа насочени кои унапредување на системот за мерење на кредитен ризик, како и на системот за утврдување на стапката на адекватност на капиталот.

Утврдувањето на стапката на адекватност на капиталот, т.е. солвентата

позиција на Банката беше концепциски променета во третиот квартал на годината, од една страна преку воведување на обврска за пресметка на капитал за оперативен ризик, но и преку примена на стандардизиран пристап за пресметка на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик, од друга страна.

Измените во подзаконската регулатива со кои се уредува Методологијата за

пресметка на адекватноста на капиталот, а кои стапија во сила од септември 2012 претставуваат значаен чекор кон усвојување на меѓународните капитални стандарди од првиот столб на Новата капитална спогодба (Базел 2) и согласно истите Банката применува стандардизиран пристап при утврдување на активата пондерирана според кредитниот ризик, а воведена е и дополнителна обврска за утврдување на капитал потребен за покривање на оперативниот ризик. Преку примена на поширок спектар на пондери на ризик за пооделни категории на побарувања се овозможува поголема чуствителност на ризик, односно намалување на капиталот за покривање на кредитен ризик за побарувањата со понизок степен на ризик, и обратно.

Во текот на 2012 година стапката на адекватноста на капиталот бележи стабилно движење и на крајот на годината изнесува 16,4%, што претставува намалување за 0,4 процентни поени на годишна основа.

o Кредитен ризик

Во текот на 2012 година кредитниот ризик претставуваше најзначаен ризик на

кој беше изложена Банката, а истото произлегува оттаму што кредитната активност на Банката претставува доминантна позиција во нејзината вкупна актива.

Согласно интерните акти и законската регулатива која ја уредува оваа област,

Банката управуваше и го мереше кредитниот ризик за цело кредитно портфолио на поединечна основа преку примена на Методологија за класификација на изложеноста на кредитен ризик и пресметка на исправка на вредност/посебна резерва.

Во текот на годината се унапреди системот за мерење, следење и известување

за изложеноста на кредитен ризик, преку ревидирање на Методологија за класификација на изложеноста на кредитен ризик и пресметка на исправка на вредност/посебна резерва, како и преку воспоставување на нови извештаи и анализи, и проширување на содржините во постојните извештаи. Воедно и се унапреди системот на проценка на потенцијалниот ризик на кој може да биде изложена Банката при воведувањето на нови производи и услуги.

Преку постојано следење на диверзификацијата на изложеноста од аспект на:

сектор, дејност, географска локација, тип на обезбедување, тип на производ, валута и слично, се обезбедуваше континуираност во преземање на мерки и активности за дисперзирање на кредитниот ризик и оптимизирање на квалитетот на кредитната изложеност.

Page 18: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

18 

 

Вкупната кредитна изложеност на Банката на 31.12.2012 година изнесува 6,642 мил.денари и во однос на 31.12.2011 година е зголемена за 45 мил.денари, односно за 0,7%.

На крајот на годината вкупниот износ на пресметана исправка на вредност/

посебна резерва изнесува 642,725 илјади денари и истата на годишно ниво е зголемена за 35 милиони денари односно за 5,7%. Просечното ниво на резервираност изнесува 9,7% и истото на годишно ниво има зголемување за 0,5 пп.

o Ликвидносен ризик Во текот на 2012 година Банката, на континуирана и редовна основа, ја

следеше и известуваше за изложеноста на ликвидносен ризик согласно законските одредби и Политика за управување со ликвидносен ризик, и тоа преку одржување соодветно ниво на ликвидни средства, усогласена рочна структура на средствата и обврските, соодветни стапки на ликвидност, како и почитување на интерните лимити и показатели за ликвидност.

Во текот на годината беше направено ревидирање на Методологијата за

утврдување на очекуваната рочна структура на активата и пасивата со користење на ажурирани податоци за стабилноста на депозитната база и редовноста во наплата на кредитите.

Во текот на целата година Банката имаше солидна ликвидносна позиција преку

одржување на високо учество на ликвидната актива во вкупната актива и задоволително ниво на стапките на ликвидност, но и преку воспоставување усогласена очекувана рочност на средствата и обврските.

Ликвидната актива на 31.12.2012 година изнесува 1,969 мил.денари и на

годишна основа е намалена за 90 мил.денари пред сè како резултат на намалените пласмани во странски банки. На крајот на годината учеството на ликвидната во вкупната актива изнесува 28,7%, а покриеноста на краткорочните обврски со ликвидна актива е 50,8%.

o Пазарни ризици Преку следење на флуктуациите на пазарните цени на хартиите од вредност

кои се дел од портфолиото за тргување, Банката на редовна основа управуваше со пазарниот ризик.

Поради минималното учество на портфолиото за тргување во вкупната актива

на Банката, ризикот кој произлегува од промена на цените на финансиските инструменти немаше значајно влијание врз нејзиното работење.

Во рамките на пазарните ризици Банката управува и со каматниот и валутниот

ризик. Банката на редовна месечна основа го утврдува ефектот од промените на каматните стапки врз економската вредност на портфолиото на банкарските активности, за што доставува извештаи до органите на управување и до НБРМ. Во текот на годината се изврши ревидирање на Методологија за утврдување на веројатноста и зачестеноста на промената на каматните стапки со податоци од 2012 година, и истата се користеше за распределба на каматоносните позиции во соодветен рочен блок.

Page 19: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

19 

 

Каматниот ризик мерен преку учеството на промената на економската вредност на портфолиото на банкарски активности во сопствените средства во текот на годината бележи тренд на намалување, и од 1,41% на крајот од 2011 е намалено на 0,35% на крајот на 2012 година. Флуктуациите во промената на економската вредност на портфолиото на банкарски активности е детерминирана од големината на јазовите по пооделни валути и типови на каматни стапки.

Управувањето со валутниот ризик се остварува преку почитување на

законските и интерно дефинираните лимити со кои се ограничуваат отворените девизни позиции по пооделни валути и агрегатно, како и преку дефинирање и примена на прифатливи инструменти за ублажување на истиот. Во текот на годината споменатите показатели се движеа во рамките на воспоставените лимити.

На 31.12.2012 година отворената девизна позиција на Банката изнесувала

115.601 илјади денари и претставува 12,9% од сопствените средства. Со оглед на доминантното учество на позициите во евра во активните и пасивните билансни и вонбилансни позиции на Банката, отворената позиција во евра е главна детерминанта на агрегатната девизна позиција.

Почнувајќи од септември 2012 година капиталот за покривање на валутниот

ризик е намален и поради промените во концептот за пресметка на капиталот потребен за покривање на валутен ризик, односно негово изедначување со концептот на отворена девизна позиција7.

o Оперативен ризик Оперативниот ризик со кој се соочува Банката во секојдневното работење

добива се повеќе на значење и тоа од една страна како резултат на законската регулатива која наметнува издвојување на соодветно ниво на капитал за покривање на овој вид ризик, но уште повеќе заради неговото значајно влијание врз остварување на целите на Банката.

Следењето и управувањето со оперативниот ризик кој се појавува како

последица на неадекватни или погрешни интерни процеси, поради грешки на вработените, грешки на системот или поради влијанието на надворешни настани во Банката се спроведуваше согласно Политиката за управување со оперативен ризик.

Управувањето со оперативните ризици се врши децентрализирано од страна на

сите вработени и организациони единици, додека следењето и известувањето е надлежност на Дирекцијата за управување со ризици. Во рамките на управувањето со оперативните ризици се извршуваа следните активности: следење на евидентираните штетни настани, идентификација, оценка и совладување на оперативните ризици.

Управувањето со оперативниот ризик е сложен процес кој бара активно учество

на сите вработени во Банката со цел минимизирање на можноста за настанување на штетни настани, ограничување на обемот на потенцијалните загуби и веројатноста за нивна реализација на ниво кое е прифатливо за Банката.

На квартална основа се подготвуваат извештаи за оперативен ризик, т.е. за

фактички настанатите ризици и за нивните ефекти и тоа финансиски или врз репутацијата на Банката и истите се доставуваат до органите на управување.                                                             7 За разлика од старата методологија кога сите позиции во девизи и денари со девизна клаузула при утврдување на агрегатната девизна позиција се вклучуваа на бруто основа, со измените на истата позициите класифицирани во В, Г и Д категорија на ризик се прикажуваат на нето основа

Page 20: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

20 

 

Во текот на 2012 година Банката не беше изложена на значителни оперативни

ризици. Од настанатите оперативни ризици оваа година позначаен е оперативниот ризик кој е резултат на злоупотребата на службената должност од страна на двајца вработени од Филијала Штип, од кој може да се очекува одредена материјална штета за Банката. За минимизирање на можноста за повторно настанување на ризици од ваков вид, Управниот одбор на Банката донесе мерки со кои се зајакнаа на ванатрешните контролни механизми.

o Други немерливи ризици Врз основа на добиените материјали од надлежните организациони единици,

Дирекцијата за управување со ризици на квартална основа изработува извештаи за следење на стратегискиот и репутацискиот ризик, кои ги доставува до Одборот за управување со ризици, Управниот одбор и Надзорниот одбор.

Преземените мерки за унапредување на системот за управување со ризици

придонесоа Банката да оствари ефикасно управување со истите односно изложеноста на ризиците од оваа група да ја одржува на прифатливо ниво.

o Стрес-тест анализи Банката во текот на годината изврши стрес-тестирање на изложеноста на

пооделните ризици како и нивното меѓусебно влијание преку спроведување на комбинирано сценарио со состојба на 31.12.2012 година. Резултатите од стрес-тест анализата го рефлектираат влијанието на поодлените ризици врз финансискиот резултат и стапката на адекватност на капиталот на Банката, при што истите покажаа добра солвентна позиција.

6. КОРПОРАТИВНО БАНКАРСТВО

o Кредитирање на корпоративни клиенти Во текот на целата година, Банката беше во потполност посветена на

исполнување на потребите и очекувањата на своите корисници. Банката обезбеди средства од домашни и странски кредитни линии со цел на

своите клиенти да им овозможи пристап кон што поевтини извори на финансирање. Иако негативните ефекти и последици од кризата се помалку видливи во банкарскиот сектор отколку во реалната економија, сепак Банката делува во интеракција со стопанството и тешкотиите неминовно се одразија и во банкарското работење.

Банката го одржа бројот на корпоративни клиенти на минатогодишното ниво, како резултат на континуирано стабилно пазарно учество.

Со внимателен пристап во одобрувањето на новите кредити и со анализа на потенцијалните ризици кои би можеле да се одразат негативно на квалитетот на кредитното портфолио, успеа да го одржи квалитетот на своето портфолио. Кредитирањето беше насочено кон повеќе дејности, со цел диферзикација на портфолиото со стратешка алокација на ресурсите кон секторите со поголем потенцијал за развој.

Во изминатата година се оствари значаен раст на долгорочните кредити. Кредитното портфолио по основ на искористени долгорочни кредити се карактеризира со годишен пораст од 62,8% во однос на 2011 година. Растот се должи на зголемените пласмани од кредитните линии на МБПР, и тоа од Кредитната линија на Европската

Page 21: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

21 

 

инвестициона банка, Италијанската Кредитна Линија, Кредитната линија на Земјоделскот кредитен дисконтен фонд и Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд.

Кредитното портфолио по основ на искористени краткорочни кредити бележи пад од 29,2% во однос на 2011 година.

Во вкупното кредитно портфолио на корпоративни клиенти, денарските кредити учествуваат со 43,9%, денарски кредити со девизна клаузула учествуваат со 38,1%, додека девизните кредити со 18,0%.

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

35,6% 43,9%

50,8% 38,1%

13,6% 18,0%

КРЕДИТИ ПО ВАЛУТНА СТРУКТУРА

девизни

денарски со девизна клаузуладенарски

 

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

69,7%50,0%

30,3%50,0%

КРЕДИТИ ПО РОЧНА СТРУКТУРА

долгорочни

краткорочни

  

o Депозитно работење на корпоративни клиенти Во текот на 2012 депозитите од корпоративни клиенти имаат надолно движење

и истите бележат пад за 47,2% во однос на претходната година. Од рочен аспект, доминантно учество имаат депозитите по видување со 64,1%, додека орочените депозити се со учество од 35,9%.

Во однос на валутната структура, со 58,6% учествуваат денарските депозити,

денарските депозити со девизна клаузула со 3,5% и девизните депозити со 38,0%.

Page 22: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

22 

 

75,0%

80,0%

85,0%

90,0%

95,0%

100,0%

дек.11 дек.12

84,6% 84,2%

4,9% 4,8%

10,5% 11,0%

ДЕПОЗИТИ ПО ВАЛУТНА СТРУКТУРА

девизни

денарски со девизна клаузуладенарски

 

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

63,4% 71,2%

36,6% 28,8%

ДЕПОЗИТИ ПО РОЧНА СТРУКТУРА

орочени

по видување

7. ДЕЛОВНА МРЕЖА

Во доменот на работењето со физичките лица и малите и средни претпријатија,

Банката постигна позитивни резултати и покрај неповолните пазарни услови пропратени со последици на глобалната финансиска криза.

Со континуирана работа на иновирање на производите и услугите, брза

реакција на пазарните сигнали, залагањето и стручноста на вработените се овозоможи Банката да ги потврди своите резултати.

Во однос на достапноста/пристапноста кон клиентите, Банката ги сервисираше

клиентите преку сите свои 29 организациони единици, Филијалата Скопје–Капиштец каде спаѓаат експозитурите Скопје-Центар и Скопје-Карпош 4; Филијалата Скопје-Аеродром каде спаѓаат експозитурите Скопје-Автокоманда и новоотворената експозитура Скопје - Кисела Вода и шалтерот во Скопје - АСУЦ Боро Петрушевски; Филијалата Тетово каде спаѓаат експозитурите Тетово - Ловец, Тетово - АРМ, Тетово - Платен промет, Кичево, Дебар, Гостивар и Ростуше; Филијалата Битола - Вартекс каде спаѓаат експозитурите Битола - Платен промет, Прилеп, Струга и Охрид; Филијалата Куманово каде спаѓаат експозитурите Велес и новоотворената експозитура Куманово1, Филијалата Штип каде спаѓаат експозитурите Кочани, Пробиштип и Виница и Филијалата Струмица каде спаѓаат експозитурите Радовиш и Кавадараци.

Во текот на 2012 година со цел намалување на оперативните трошоци и

зголемување на профитабилноста преземени се повеќе мерки за оптимизирање на активностите во рамки на единиците на деловната мрежа.

o Физички лица Активностите во доменот на работа со физички лица беа насочени кон

квалитетно сервисирање на постоечките корисници, дополнителна продажба на производи и услуги на истите преку вкрстена продажба, како и привлекување на нови корисници.

Page 23: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

23 

 

Банката постојано работеше на зголемување на конкурентноста на

производната понуда, поедноставување на процесите и зголемување на ефикасноста на процесот на кредитно одобрување, а активно го подржа и проектот за Субвенционирани станбени кредити во соработка со Министерството за финансии.

Вкупната кредитната активност во 2012 година забележа пад споредбено со

2011 година, како резултат на внимателен сегментиран пристап на кредитирање на корисници со стабилни месечни приходи во услови на презадолженост. Учеството на одобрените станбени и хипотекарни кредити во вкупно одобрените кредити во 2012 година бележи тренд на раст во однос на претходната година.

Во вкупните кредити одобрени на физички лица, најголемо процентуално

учество имаат потрошувачките кредити со 62,4%, потоа следат станбените кредити со 12,6%, кредитните и дебитните картички со 17,2% и кредитите за возила со учество од 5,9%.

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

дек.11 дек.12

10,6% 12,6%

62,0% 62,4%

17,0% 17,2%8,4% 5,9%2,0% 2,0%

КРЕДИТИ

станбени потрошувачки картички автомобилски останато

Како резултат на доспевањето на промотивните депозити, депозитите на

физички лица во 2012 година се карактеризираат со негативен тренд на пораст. Од аспект на валутната стуктура, денарските депозити учествуваат со 56,3%,

додека девизните депозити учествуваат со 43,7%, при што учеството на денарските депозити бележи тренд на пораст во споредба со 2011 година.

Во однос на рочната структура депозитите по видување учествуваат со 20,7% се, додека орочените депозити до и над една година со 79,3%. Се забележува тренд на пораст на депозитите по видување за 2,2% во однос на 2011 година.

Page 24: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

24 

 

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

52,3% 56,3%

47,7% 43,7%

ДЕПОЗИТИ ПО ВАЛУТНА СТРУКТУРА

девизни

денарски

  

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

18,5% 20,7%

81,5% 79,3%

ДЕПОЗИТИ ПО РОЧНА СТРУКТУРА

орочени

по видување

o МСП – Мали и средни претпријатија Како сегмент со најголема движечка сила за економијата, работењето со

малите и средни претпијатија зазема значаен дел од активностите на Банката и е главен носител на растот на бизнисот во Банката.

И во 2012 година Банката продолжи со одобрување на кредити за инвестиции и обртни средства, на мали и средни претпијатија преку понудата на производи и услуги од сопствени средства, внимателно дизајнирана во согласност со потребите на корисниците.

Дополнително, Банката овозможи понуда на конкурентни каматни стапки и други поповолни услови, преку воведување на атрактивни производи од повеќе кредитни линии преку соработка со Македонската банка за поддршка и развој.

На овој начин Банката даде значајна поддршка на развојот на претприемачите, на проширување на деловните активности на бизнисите, зголемувањето на инвестициите, зголемување на бројот на вработени. Се овозможи понуда на кредитни производи за сегменти кои претходно не користеле банкарски услуги, подобри услови за постоечки корисници на Банката, привлекување на нови и јакнење на компаративните предности на Банката како општествено одогворна компанија. Процесот на одобрување на кредити се одвиваше со внимателно анализирање на ризиците кои се провлекуваат од кризата во еврозоната и случувањата во реалниот сектор во земјата.

Во 2012 година остварен е раст на кредитното портофлио на малите и средни претпријатија за 19,6% во однос на 2011 година. Во кредитното портфолио на мали и средни претпријатија, најголем дел им припаѓа на денарските кредити, со процентуално учество од 50,4%. Денарските кредити со девизна клаузула учествуваат со 33,5%, додека девизните кредити учествуваат со 16,1%.

Рочната структура на кредитите во 2012 година во кредитното портфолио за мали и средни претпријатија укажува на поголема застапеност на долгорочните кредити во однос на краткорочните. Односно долгорочните кредити во кредитното

Page 25: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

25 

 

портфолио за мали и средни претпријатија учествуваат со 60,9% додека краткорочните кредити учествуваат со 39,1%.  

 

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

48,6% 50,4%

36,9% 33,5%

14,5% 16,1%

КРЕДИТИ ПО ВАЛУТНА СТРУКТУРА

девизни

денарски со девизна клаузуладенарски

 

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

55,0%39,1%

45,0%60,9%

КРЕДИТИ ПО РОЧНА СТРУКТУРА

долгорочни

краткорочни

Во извештајниот период вкупните депозити на мали и средни претпријатија се

карактеризираат со годишен пораст од 2,4% во однос на претходната година. Од вкупните депозити на мали и средни претпријатија 84,2 % се денарски

депозити (2011 година 84,6%), денарските депозити со девизна клаузула се со учество од 4,8% (2011 година: 4,9%) и 11% се девизни депозити (2011 година: 10,5%).

Од аспект на рочноста на депозитите, 71,2% се депозити по видување, а преостанатите 28,8% се орочени депозити од вкупните депозити на мали и средни претпријатија.

75,0%

80,0%

85,0%

90,0%

95,0%

100,0%

дек.11 дек.12

84,6% 84,2%

4,9% 4,8%

10,5% 11,0%

ДЕПОЗИТИ ПО ВАЛУТНА СТРУКТУРА

девизни

денарски со девизна клаузуладенарски

  

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

дек.11 дек.12

63,4% 71,2%

36,6% 28,8%

ДЕПОЗИТИ ПО РОЧНА СТРУКТУРА

орочени

по видување

Page 26: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

26 

 

8. КАРТИЧНО РАБОТЕЊЕ Во текот на 2012 година значајни напори се вложија во привлекување на нови

корисници на картички, како и зголемување на користењето на картичките. Банката спроведе повеќе активности за активирање, меѓу кои издавање на кредитна картичка за секој нов корисник на кредит.

Во текот на 2012 издадени се вкупно 8.269 платежни картички на физички лица од кои 86% се дебитни VISA Electron картички, додека 14% се кредитни VISA Classic картички, со кое бројот на картички е зголемен за 21,8% во однос на минатата година. Покрај тоа, зголемени се и бројот и вредноста на трансакциите со картички издадени од Банката за околу 16,93% како и трансакциите на продажната мрежа на Банката.

Во текот на 2012 година со картичките на ТТК Банка (домашни и Visa)

направени се вкупно 538.679 трансакции на АТМ-уреди со промет од 1,8 мил.денари, од кои 362.840 се трансакции од АТМ-и и шалтер со промет од 1,52 мил.денари, а останатите преку ПОС – уреди. Прометот во однос на 2011 година е зголемен за 11,7%. Во структурата на направените трансакции и понатаму најголемо учество имаат готовинските трансакции за сметка на безготовинските трансакции.

Во однос на мрежата на банкомати, бројот на банкомати остана ист како и

минатата година односно вкупниот број изнесува 33 банкомати. Банкоматите се лоцирани во повеќе градови, претежно во експозитурите на Банката, а 6 од нив се off-premise – односно лоцирани во објекти на правни лица.

Во текот на годината се продолжи со постапката на конверзија на локалните Т-

картички во интернационалните картички од брендот на VISA и тоа: VISA Electron, VISA Classic и VISA Business.

Од вкупното кредитно портфолио на банката за 2012 година 7,2% се однесуваат на пласмани преку одобрување на кредитни лимити на кредитните VISA Classic картички.

9. ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО

Во 2012 година Банката продолжи успешно да ги извршува активностите во

делот на платните промети и максимално да се ангажира за задоволување на потребите на своите корисници и задржување на довербата.

Вкупниот денарскиот промет бележи зголемување за 1,9% споредбено со

претходната година, иако бројот на обработени трансакции во денарскиот платен промет бележи намалување за 0,5% во споредба со 2011 година.

Одобреното пречекорување на физички лица бележи пораст за 3,5%.

Заклучно со крајот на 2012 изнесува 104.710 илјади денари кое претставува учество од 7,6% од вкупните пласмани на население.

Бројот на обработени трансакции во платниот промет со странство бележи зголемување за 0,5% во споредба со истиот период во 2011 година.

Page 27: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

27 

 

Во текот на 2012 година, Банката изврши оптимизација и децентрализирање на услугите од областа на девизното работење, со што оваа услуга стана достапна во повеќето деловни единици до поголем број на корисници.

10. ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО Пратејќи ја светската пракса и развојот на информационите технологии со цел

да обезбеди најсовремени прозиводи и услуги, посебно внимание Банката придава на користењето на електронските сервиси со што се обезбедува не само максимален конфор за клиентите, туку и значајна заштеда. Банката и во 2012 продолжи да го промовира и развива користењето на електронското банкарство и електронските сервиси за информирање, со цел креирање на нови поволности за корисниците

Во текот на 2012 година просечниот број на активни корисници на електронско

банкарство е зголемен за 55%, додека бројот на корисници на електронските сервиси за информирање (е-маил, смс пакети) е зголемен за 70%. Бројот на трансакции од електронско банкарство е зголемен за 171% во однос на претходната година.

Во изминатиот период, беа преземени континуирани мерки и активности за зголемување на функционалноста и користењето на овие услуги.

11. СРЕДСТВА И ЛИКВИДНОСТ Во текот на 2012 година, Банката ефикасно управува со ликвидните средства

обезбедувајќи соодветна ликвидност за непречено извршување на основните функции и во поддршка на оставрувањето на нејзините стратешките цели.

Во текот на годината коефициентот на ликвидната актива, како однос на

ликвидната актива и вкупната актива, анализиран на месечно ниво, се движи во интервалот од 25,5% до 31,2% и е во линија со нивото на ликвидност на банкарскиот сектор во целина. Во текот на целиот период Банката ефикасно и континуирано ја исполнува обврската за задолжителна резерва и просечно месечно постигнува коефициент на исполнување на денарската задолжителна резерва од 100,8%. Банката за 2012 година, просечно месечно издвојува за девизната задолжителна резерва износ од 2.939 илјади евра. НБРМ плаќа камата од 1,0% на износот на денарската задолжителна резерва и 0,1% на износот на девизната задолжителна резерва. Девизната ликвидност, Банката ја следи и дополнително преку интерни оперативни лимити за следење на истата, со цел максимизирање на можностите за валутна и рочна трансформација на изворите на средства.

Банката едновремено, континуирано во текот на годината, ги исполнува и

регулаторните обврски за стапките на ликвидност до 30 и 180 дена и ефикасно управува со рочната структура на активата и пасивата во рамки на прифатливото ниво на ризик.

Структурата на ликвидната актива која ја оддржува Банката овозможува

ефикасно управување со ликвидноста, обезбедувајќи принос на вишокот на ликвидност над пресметката на задолжителната резерва на ниво на државните хартии од вредност и благајничките записи. На 31.12.2012 година, во структурата на ликвидната актва, портфолиото на државни хартии од вредност и благајнички записи

Page 28: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

28 

 

учествува со 47,1%, додека учеството на денарската задолжителна резрева изнесува 20,4%. Девизните парични средства на сметките во домашни и странски банки и девизните депозити учествуваат со 21,8% во вкупната ликвидна актива. Банката се јавува како активен учесник на пазарот на пари преку шалтер и активно ги користи сите инструменти кои и стојат на располагање за управување со ликвидноста.

Банката, на месечно ниво, во текот на целата година оддржува позитивна

агрегатна отворена девизна позиција, која е во рамки на лимитот поставен во Политиката за управување со валутен ризик и ефикасно управува со девизниот ризик од останатите валути различни од евро, држејќи ги нивните нето позиции околу нула.

Во текот на 2012 година, НБРМ имаше измени во рамката за спроведување на

монетарните операции кои директно имаа влијание врз управувањето со ликвидноста на Банката. Имено, традиционалната еднонеделна фреквенција на благајнички записи се измени на фреквенција која се совпаѓа со почетокот на периодот на исполнување на задолжителната резерва. Од своја страна пак периодот на исполнување на задолжителната резерва се планира по однапред подготвен календар за тековната година. НБРМ воведе и два нови инструмента за спроведување на монетарната политика и тоа депозитот преку ноќ и 7 дневниот депозит. Со ова им се остави можност на банките за поефикасно управување со вишокот на ликвидност. Слично на коридорот на каматни стапки на Европската Централна Банка, НБРМ поставува свој коридор на каматни стапки во кој се движи меѓубанкарската каматна стапка и тоа од каматна стапка на депозитот преку ноќ до каматната стапка на расположливиот кредит преку ноќ. Банката веднаш се приспособи на ваквите системски измени и континуирано ги исполнува сите обврски и ги користи сите инструменти за ефикасно управување со ликвидноста.

Во текот на 2012 година, Банката го зголемува рефинансирањето по основ на

одобрените кредитни линии преку МБПР и тоа во најголем дел како резултат на кредитната линија на ЕИБ преку МБПР наменета за Мали и средни претпријатија. Ваквата промена во структурта на билансот на Банката е во поддршка на зголемувањето на каматната маргина, преку намалување на трошокот за изворите на средства и едновремено зголемување на пласманите во кредити.

12. МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ

Во 2012 година во доменот на стратешкиот маркетинг, Банката продолжи со

спроведување на дефинираната маркетинг стратегија. Истата беше прилагодена кон новите услови на пазарот, барањата на корисниците и предвидениот финансиски план.

Во областа на развојот на производи, фокусот беше насочен кон анализа на

пазарните движења, потребите и желбите на корисниците, развој на нови производи, модифицирање и унапредување на постојната понуда со цел зголемување на задоволството на корисниците.

Во текот на 2012 година беа дефинирани неколку сегментирани понуди и беше

оптимизирано производното портфолио. Преку прилагодувања на каматните стапки, воведување на промотивни производи и реализирање на промени во производното портфолио, успеа да обезбеди стабилен раст на каматната маргина. Оптимизацијата на тарифните ставки врз основа на развојот и воведување на нови услуги, како и

Page 29: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

29 

 

целосно имплементираниот принцип ‘’корисникот на прво место’’ беа реализирани согласно условите на пазарот.

Екстерната комуникација како интегрален дел од маркетингот и промотивните активности и оваа година се фокусираше на реализација на маркетинг целите, зголемување на свеста и создавање интерес за производите и услугите што ги нуди Банката со цел раст на имиџот и пораст на продажбата. Сите новости во врска со промените во производите и услугите редовно се комуницираа во иновативните рекламни материјали со препознатлив имиџ и со примена на едниствен конзистентен начин на пренесување на информацијата до корисниците. Беше спроведена и кампања за месецот на штедењето како и учество во дефинирање на стратегија за кампања за moneygram и реализација на истата. Банката се презентираше на неколку настани како преку спонзорство така и преку саемско учество. Беше реализирана Маркетинг кампања за Турбо Депозитот и Смарт кредитите. Беа промовирани и VISA картичките и електронските сервиси за информирање.

ТТК Банка како една од учесниците на проектот “Купи куќа, купи стан” -

субвенционирани станбени кредити разви посебни производи и ги промовираше индивидуално и во соработка со Министерството за Финансии.

Редовно беа комуницирани и дистрибуирани сите информации, промени и

рекламни материјали до вработените со што навремено беа запознати со сите новини во работењето на Банката. Банката редовно и транспарентно ја известуваше јавноста и медиумите за сите значајни настани поврзани со работењето на Банката преку директна соработка со истите и преку својата веб страна. Навременото ажурирање на веб страната на Банката со детални информации и содржини за целокупното работење и понуда, е една од предностите на банката во однос на останатите во државата.

Во делот на развојот на дистрибутивните канали, ТТК Банка успешно ја

одржуваше соработката со трговците -соработници на Банката во процесот на кредитирање.

Во делот спонзорства и донации во 2012 и вложување во заедницата, Банката

беше наградена од страна на Центарот за институционален развој за своите активности за претходната година што уште еднаш потврди дека ТТК успешно ја исполнува определбата на општествено одговорна компанија која се грижи за потребите и барањето на заедницата. Беа реализирани неколку позначајни спонзорства и донации во културата, образованието, науката и спорот што е вложување во прогресот и просперитетот на оваа заедница, како и во зближувањето на народите од различни земји. Активната поддршка на ТТК Банка во заедницата, беше препознаена од страна на заедницата, за што Банката доби Благодарница за учество во Националната награда за општествена одговорност за проектите и активностите спроведени во 2011 година од страна на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерство за Економија на Р. Македонија.

Во делот на грижата за корисници, Банката го унапреди процесот за одговори

на поплаките на корисниците преку подобрување на процесот за управување со поплаки во насока на доставување на брза, навремена и точна информација до своите корисници.

Page 30: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

30 

 

o Корпоративна општествена одговорност Како дел од бизнис секторот, ТТК Банка во своето работење се грижи и делува

за добробитот на општеството во кое работи. Во улога на општествено одговорна компанија, ТТК Банка настојува да ги сплоти ентузијазмот на своите вработени, заемната соработка и отворена комуникација со партнерите и институциите, етичко управување и транспарентност во работењето кон сите засегнати страни, грижа за корисниците како и поддршка во реализација на целите на задницата. Корпоративната општествена одговорност е фундаментална вредност на ТТК Банка, којашто интегрира социјална, хумана и етичка димензија. Посветеноста на ТТК Банка АД Скопје кон достојно спроведување на стратегијата за општествена одговорност придонесе за Банката да оствари позитивни и успешни резултати во подигнување на свесноста за Банката, за градење на имиџ на Банката како корпоративна општествена одговорна компанија како и кон остварување на бројни позитивни придобивки за заедницата.

Во делот на корпоративна општествена одговорност, во изминатите неколку

години ТТК Банка стана лидер на полето на спроведување на Општествено одговорни практики. И во 2012 година, ТТК Банка продолжи со спроведување на својата стратегија за Општествена одговорност преку реализација на бројни активности.

Етичко Управување - Одговорното однесување е императив за ТТК Банка.

Особено битно во финансискиот сектор е редовно објавување на податоци кои се битни за јавноста, а се во согласност со важечките законски прописи. Банката редовно и навремено ги ажурира и транспарентно објавува податоци и информации поврзани со работењето. Поставувањето на ефикасен систем на корпоративно управување позитивно влијае на: јакнење на довербата на нашите соработници, корисници и вработените во Банката, зголемување на транспарентноста на работењето, јасна организациона структура како и ефикасни системи на следење и контрола на ризиците. За таа цел, ТТК Банка во 2012 годинa го донесе и подобри Кодексот за корпоративно управување, што претставува дефинирање на правилата и стандардите на управување и раководење на органите во рамки на управувачката структура на Банката, врз основа на кои воспоставуваме транспарентен, јасен и разбирлив систем на управување. Сите органи на Банката и нејзините вработени, при вршење на своите обврски и надлежности треба да бидат водени од одредбите содржани во овој Кодекс.

Вложување во заедницата - Во 2012, ТТК Банка продолжи успешно да го

спроведува проектот “Со љубов кон заедницата” кој се состои од повеќе фази и кој опфаќа поддршка на проекти, активности и настани. За реализација на проектот, покрај интерните ресурси на банката, беше остварена соработка со многубројни институции, здруженија, организации и индивидуалци кои помогнаа во остварување на целите на проектот.

Поради иновативноста и посветеноста на полето вложување во заедницата и

филантропијата, Банката беше наградена од страна на Центарот за институционален развој. Покрај ова битно признание, ТТК Банка доби бројни благодрници за својата поддршка на лицата со посебни потреби и поддршка на заедницата.

ТТК беше препознатлива во својата поддршка на заедницата преку поддршка

на: • меѓународен натпревар ‘’JA-YE Europe Enterprise Challenge” – каде ТТК

Банка постави критериуми и ја додели наградата “ТТК Одговорно лидерство” која отиде во рацете на тимот со проект, кој имаше најдобар финансиски план, но со фокус кон општествена одговорност;

Page 31: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

31 

 

• поддршка на културни настани: Детски фестивал “Јаболчиња”, Интернационален Фестивал за гитара - “Tremolo – P.S. Guitar Fest”, Театарска претстава “Кој се плаши од Викторија вулф”, со што го поддржува културното уметничкото наследство на Р. Македонија, и придонесе кон создавање на поголема стимулативна и квалитетна културно-образовна атмосфера;

• поддршка на спортски организации и манифестации: Планинарски клуб Љуботен и Манифестација “Титов Врв”, Пинг понг клуб Битола, Кошаркарски клуб “Тетекс – ТТК”.

Втора година по ред ТТК Банка го спроведува проектот “Месец на штедење” со

цел да се едуцираат децата од предучилишна и училишна возраст за придобивките на штедењето. Проектот се реализира преку ангажман на вработените од Банката.

13. ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И ПОЗАДИНСКИ РАБОТИ Во 2012 година Банката се посвети на зајакнување на хардверската и

виртуелната инфраструктура, консолидација на решенијата за автоматизација на работењето, проширување и подигање на нивото на контрола и исполнување на законските обврски:

• Надградена е централната хардверска опрема на Банката. Набавени се

и ставени се во функција 2 нови сервери кои ја проширија моќта на виртуелната инфраструктура на Банката VMWARE – на примарната локација и на истата веќе се хостираат 60 –тина виртуелни серверски и клиентски оперативни системи. Освен главниот податочен сервер и неколку помали сервери кои остануваат физички издвоени, сите останати сервери се виртуализирани. Набавена е нова лиценца за VMWARE за поддршка на ваквата централизирана и виртуелизирана архитектура

• Направено е значително проширување на дисковниот простор на двата сториџи на централната локација и истите се меѓусебно поврзани, со што ресурсите на дисковиот простор, оптимално можат да се користат согласно идните укажани потреби помеѓу податочниот сервер и виртуелната околина

• Направена е надградба и измена во конфигурацијата на податочниот сервер, и освен зголемувањето на мемориските ресурси и достапноста на проширен дисковен простор на сториџот, извршена е реконфигурација на кластерот од актив-пасив во актив-актив мод на работа и извршена е оптимизација на базата на податоци

• Направени се модификации на решението за автоматизирани задршки и наплата на долгови на корисниците на потрошувачки кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциски сметки и решението е ставено во функција

• Софтверски се поддржани измените во регулативата од НБРМ и законите и тоа законот за задолжница, законот за субвенциониран станбен кредит, евиденцијата на репо трансакции и расположив депозит во НБРМ, решението за поддршка на измените согласно препораките од Базел 2 за адекватност на капитал и измените за најнискиот апоен за заокружување на денарите во сметководствената евиденција

• Извршена е консолидација и доработка на имплементираните помали софтверски решенија за администрирање и автоматизација на масовните позадински обработки, апликацијата за Македонско Кредитно Биро, решението за следење на профитабилноста на организационите единици на Банката, софтверското решение за кредитна анализа и софтверските решенија за правна служба и лоши пласмани.

Page 32: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

32 

 

14. ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Одделот за човечки ресурси и организација во ТТК Банка АД Скопје води

континуирана грижа и внимава на тоа вистинските луѓе да бидат ангажирани на вистинско место, да им се овозможи да се прилагодат на организацијата, на нејзините системи, процедури, вредности и култура, да им се понуди можност да стекнуваат нови знаења и вештини, нивниот труд да биде оценет и вреднуван на фер начин, да се воспостават системи кои ќе овозможат тие да бидат мотивирани и да уживаат во својата работа и на крајот да им се овозможи да „пораснат“ со компанијата.

Организационата шема на ТТК Банка ја сочинуваат: 4 сектори, 12 дирекции, 2

служби, ОСИС и Секретаријат. Во рамките на Дирекциите и службите постојат 21 Оддел и 2 одделенија. Работните задачи во Банката се извршуваат преку 171 креирани работни места од разни профили. Профилирањето на вработените претпоставува поврзување на карактеристиките на работното место со карактеристиките и профилот на вработениот.

Образовната структура на вработените во ТТК Банка АД Скопје секоја

година се подобрува. Од вкупниот број на вработени во 2012 година, 67,9% се со високо образование, главно од областа на економијата и правото.

Заклучно со 31.12.2012 година ТТК Банка брои 268 вработени, што во споредба со 2011 година е за 4,3% повеќе. Со приемот на нови лицa во текот на 2012 година просечната старост на вработените во Банката изнесува 36 години.

Во 2012 година во Банката се примени 64 практиканти за извршување на

практична работа во некоја од организационите единици. ТТК Банка АД Скопје традиционално секоја година им доделува јубилејни

награди на вработените кои имаат непрекинат стаж од 10 и 20 години во Банката. Банката во 2012 година продолжи со спроведување на сите активности кои

директно влијаат на исполнувањето на стратегијата на Банката, зголемувањето на продуктивноста на вработените, како и иновации со цел подобрување на логистичката поддршка на сите организациони единици и делови на Банката за прашања поврзани со човечките ресурси.

Како дел од стратегијата за човечки ресурси во 2012 година Банката продолжи

да вложува во стручно усовршување и оспособување на кадарот со цел подобрување на резултатите и одржување на позитивната организациска клима, репутација и имиџ. Обучените, образованите и компетентните вработени имаат значајна улога во постигнување висок квалитет во банкарското работење и во резултатите од дејноста. Освен стручните обуки во Банката постојано се одржуваат интерни обуки преку кои вработените се обучуваат и информираат за новини во работењето, позначајни активности кои им претстојат и се овозможува размена на искуства и мислења.

Во текот на 2012 година 120 вработени низ деловната мрежа на Банката

посетија минимум по две обуки од областа на техничка подготовка за работа, работа со системски апликации и нови производи. Во 2012 година се користеа и електронските обуки и тестирања кои дополнително придонесоа за подобрување на квалитетот на извршување на задачите и професионалноста на вработените.

Наградата на членовите на Управниот одбор во Банката се состои од месечен

надоместок – плата и други надоместоци утврдени со менаџерски договор. Наградата

Page 33: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

33 

 

на лицата со посебни права и одговорности вработени во Банката освен месечниот надоместок - плата се состои и од надоместок како варијабилен износ кој се одобрува врз основа на мерење на перформансите на вработените на квартална основа за тековниот квартал во зависнот од остварувањето во претходниот квартал. Појдовна основа за оценување претставува деловната политика и плановите за работа на Банката кои што се предмет на усвојување од страна на акционерите и го одразуваат долгорочниот посакуван правец на развој на Банката. Критериумите за наградување се квантитативни и квалитативни, и се разликуваат во зависност од нивото на управување.

Во 2012 година Управниот одбор на Банката се состоеше од 2 члена,

Надзорниот одбор брои 7 члена, 5 члена брои Одборот за ревизија. Заклучно со 31.12.2012 година, исплатени се вкупно 28.901 илјади денари за

бруто плати и осигурување на членовите на Управениот одбор и Лицата со посебни права и одговорности, 1.764 илјади денари за присуство на членовите на Надзорниот одбор и 342 илјади денари за членовите на Одборот за ревизија

Заклучно со 31.12.2012 година, вкупно одобрените кредити и други облици на изложеност кон лицата со посебни права и одговорности и со нив поврзаните лица изнесува 32.863 илјади денари.

15. ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА Внатрешната ревизија на Банката има за цел да обезбеди објективна и

независна оцена на адекватноста и ефикасноста на системите на внатрешна контрола, како и на адекватноста на воспоставените политики и процедури во Банката и нивната усогласеност со законската регулатива.

Во реализација на поставената цел, а поаѓајќи од ризичниот профил на Банката

и носечките банкарски активности, Внатрешната ревизија ги насочи своите активности на ревизија на адекватната поставеност на интерниот контролен систем на Банката за управување со значајните материјални ризици, при што беа поединечно ревидирани процесите во Банката за управување со репутациски ризик, стратегиски ризик, кредитен ризик и адекватна капитализираност, примена на етички кодекс и избегнување судир на интереси. Во извештајниот период беа ревидирани и процесите за кредитирање, управување со проблематични пласмани и преземени средства, безбедност и основни средства, користење на услуги од трети лица и сл. Предмет на ревизија во текот на годината беа и општите контроли воспоставени во процесот на сигурност на информативниот систем и активности во ИТ Дирекција, активностите за контрола на усогласеност на Банката со прописи и спречување на перење на пари и финансирање тероризам, развој на производи, Контролинг и стратешко планирање, како и активности во Мрежата на филијали на Банката.

Согласно годишниот план реализирани се 32 поединечни редовни ревизии,

како и 1 вонредна (непланирана) ревизија, коишто се спроведени во одделни организациони единици на Банката и за наодите, идентификуваните слабости и препораките за надминување на истите, информирани се носителите на ревидираните процеси и надлежните органи на Банката преку писмени извештаи.

Покрај реализација на поставените цели со годишниот план за ревизија, во извештајниот период Внатрешната ревизија беше консултирана и даваше професионални мислења и совети по прашања од повеќе области кои одделни организациони делови или раководството ги бараше од Службата.

Page 34: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

34 

 

16. КОНТРОЛА НА УСОГЛАСЕНОСТ НА РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА СО ПРОПИСИТЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Во текот на 2012 година Службата за контрола на усогласеност на работењето

на Банката со прописите и спречување на перење пари и финансирање на тероризам, ги извршуваше своите редовни и плански активности за идентификација и следење на ризиците од неусогласеност.

Службата ги следеше новодонесените прописи, информираше и превземаше

активности за обезбедување на нивно навремено и соодветно имплементирање; вршеше проценка на новите потенцијални ризици од промени и новини во прописи во организација, нови производи и услуги, нова деловна практика; го одржуваше и развиваше Моделот за усогласување, унапредуваше мерки, активности и алатки за следење на ризици од неусогласеност; даваше поддршка во унапредување на организацијата на работа, во стандаризација на процедури, управување со процеси и контролни правила за остварување на целите на усогласеност; спроведуваше контрола и тестирање согласно Програмата и Годишниот план; спроведуваше обуки на вработените за начините на имплементирање на соодветните прописи во нивното секојдневно работење и почитување на политиките и принципите на корпоративното управување и други активности.

Во насока на спречување на перење пари и финансирање на тероризам,

Банката во целост ги има имплементирано сите одредби кои произлегуваат од законската регулатива што се однесува на ефикасно откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Банката има усвоено Програма за спречување на перење пари и финансирање

на тероризам и интерни акти кои ја регулираат оваа област и соработува со надлежните институции, и истата доследно ја применува.

И во текот на 2012 година, се преземаа мерки и активности за спречување на

инволвираност на Банката во перење на пари или финансирање на тероризам, и евентуално нејзино инволвирање во други криминални активности од страна на нејзините клиенти, со кое се обезбедува заштита на угледот и репутацијата што е една од примарните задачи на Службата.

17. ИЗВЕШТАЈ ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА БАНКАТА

Сoстав и функционирање на органите на Банката o Собрание на акционери Собранието на акционери ги врши работите определени со Статутот на

Банката и со законските прописи. Во извештајниот период Собранието на акционери одржа седници на

06.04.2012 год., на 03.05.2012 год. (редовна годишна седница-Годишно Собрание на акционери) и на 12.12.2012 год. (презакажана седница од 29.11.2012 год.).

На Собранието на акционери одржано на 06.04.2012 година се донесе: - Одлука за именување на член на Одборот за ревизија на ТТК Банка АД

Скопје;

Page 35: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

35 

 

На Годишното Собрание на акционери одржано на 03.05.2012 година се усвои/донесе.

- Годишен Извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2011 година и писмено мислење по истиот изготвено од страна на Надзорниот одбор;

- Извештај на Друштвото за ревизија Грант Торнтон за извршена ревизија на финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година и писмено мислење по истиот изготвено од страна на Надзорниот одбор;

- Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година; - Одлука за употреба и распоредување на нераспределенета добивка на

ТТК - Банка АД Скопје за 2011 година; - Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД

Скопје во 2011 година; - Извештај и оцена на работата на Одборот за ревизија на ТТК Банка АД

Скопје во 2011 година; - Годишен Извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2011 година и

писмено мислење по истиот изготвено од страна на Надзорниот одбор; - Одлука за усвојување на листата на нето должници на ТTК Банка АД

Скопје за 2011 година; - Развоен План на ТТК Банка АД Скопје за период 2012-2016 година; - Деловна Политика на ТТК Банка АД Скопје за 2012 година; - Финансиски План (Буџет) на ТТК Банка АД Скопје за 2012 година; - Одлука за избор на Друштво за ревизија на Финансиските Извештаи на

ТТК Банка АД Скопје за 2012 година; - Одлука за измена на Статутот на ТТК Банка АД Скопје; - Одлука за измена на Кодексот за корпоративно управување на ТТК

Банка АД Скопје; - Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД

Скопје; На Собранието на акционери одржано на 12.12.2012 год. (презакажана

седница од 29.11.2012 год. заради немање на кворум за работа) не можеше полноважно да се одлучува со оглед дека за единствената точка на Дневен ред: Предлог-Одлука за измена на Статутот на ТТК се одлучува со 2/3 мнозинство, а согласно член 393 став 5 од Законот за трговските друштва на презакажано собрание не може да се одлучува за прашања за коишто се одлучува со квалификувано мнозинство.

o Надзорен одбор Надзорниот одбор на ТТК Банка се состои од 7 члена и го сочинуваат: 1. М-р. Глигорие Гогоски, Претседател Степен на образование – Магистер по електротехнички науки Извршен Директор на Одборот на Директори во Тетекс АД Тетово (Генерален

Директор) 2. Борислав Трповски, Член Степен на образование – ВСС Претседател на Одбор на директори на Тетекс АД Тетово 3. Тито Беличанец, Член Степен на образование– Доктор на правни науки Неизвршен член на Одборот на Директори на Тетекс АД Тетово, Член на

Надзорен одбор на АД Македонијатурист Скопје 4. Михаил Петковски, Независен Член Степен на образование– Доктор по економски науки

Page 36: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

36 

 

Редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Економски Факултет 5. Методија Несторовски, Независен Член Степен на образование– Доктор по економски науки Редовен професор на Универзитетот Св.Кирил и Методиј-Економски Факултет 6. Доне Таневски, Член Степен на образование – ВСС Претседател на Управниот одбор на АД Македонијатурист Скопје 7. Златко Черепналкоски, Член Степен на образование – ВСС Директор за југоисточна Европа во австриската инвестициона банка Meinl

Capital Advisors AG М-р Глигорие Гоговски, Борислав Трпоски, Д-р Тито Беличанец, Д-р Михаил

Петковски, Д-р Методија Несторовски и Доне Таневски на Собранието на акционери одржано на 30.11.2011 год. повторно се именувани за членови на Надзорниот одбор. На конститутивната седница одржана на 14.03.2012 год. М-р Глигорие Гоговски повторно е избран за Претседател на Надзорниот одбор.

Златко Черепналкоски е именуван за член на Надзорниот одбор на

Собранието на акционери од 03.05.2012 год., како официјален член на Надзорниот одбор е од 06.07.2012 година.

Со именувањето на Златко Черепналкоски за член на Надзорниот одбор на

ТТК Банка, а поради поднесена оставка, на 03.05.2012 год. и престана функцијата член на Надзорен одбор на Мери Елен Колинс.

Членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка се именувани под услови,

критериуми и спроведена постапка согласно закон и подзаконски акти на НБРМ и Статутот на ТТК Банка, при што е утврдено исполнувањето на потребните услови и критериуми за нивното именување, а за независните членови и критериумите за независност утврдени со Законот за банките. Независните членови на Надзорниот одбор Михаил Петковски и Методија Несторовски и со нив поврзаните физички лица, не се вработени, ниту се лица со посебни права и одговорности во Банката, не се акционери со квалификувано учество во Банката, ниту застапуваат акционер со квалификувано учество во Банката, не работат односно во последните три години не работеле во друштво за ревизија кое во тој период вршело ревизија на работењето на Банката и во последните три години немале материјален интерес или деловен однос со Банката во вредност која просечно надминува 3.000.000,00 денари.

И во овој извештаен период Надзорниот одбор своите активности и работење

ги насочи кон остварување на финансиските цели на Банката утврдени со Деловната политика на Банката за 2012 год. и продолжување на профитабилното работење на Банката и квалитетно и континуирано управување со ризиците во работењето на Банката.

Надзорниот одбор во 2012 година одржа 14 седници на кои расправаше за

значајни прашања од делокругот на работењето на Банката, редовно го следеше работењето и економско-финансиската и ликвидносната состојба на Банката, кредитното портфолио, наплатата на побарувањата и текот на судските постапки, портфолиото на преземени средства. Предлагаше и преземаше мерки и активностите кои придонесоа за продолжување на трендот на искажување на позитивни финансиски резултати и попрофитабилно работење на Банката, одржување на стабилноста, сигурноста и ликвидноста на Банката, прилагодување на работењето на Банката кон потребите на пазарот, задржувањето на добрата позиција и добриот имиџ на Банката во банкарскиот систем, одржување на вредноста на капиталот на Банката,

Page 37: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

37 

 

надминување на слабостите во работењето на Банката, сигурно и ефикасно управување и соодветен надзор врз органите и работењето на Банката.

Надзорниот одбор во 2012 год. одлучуваше и без одржување на состанок, но со

донесување на одлуки со писмена согласност на членовите. Во рамките на своите надлежности Надзорниот одбор донесе, усвои,

одобри, утврди: - Одлука за избор на Наталија Алексова за член на Управен одбор со

мандат после 21.03.2012 година; - Програма за работа на ТТК Банка АД Скопје за периодот 2012-2016 год.

на именуваниот Член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје Наталија Алексова; - Одлука за повторно именување на Драгољуб Арсовски за член и

Претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје; - Програма за работа на ТТК Банка АД Скопје за периодот 2013-2016 год.

на именуваниот Член и избран Претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје Драгољуб Арсовски;

- Одлука за поделба на надлежностите на членовите на Управниот одбор; - Одлука за промена на потписник при извршување на финансиски

активности со странство; - Одлуки за промена на потписници на жиро-сметките на Банката и на

клиентската жиро-сметка на Банката; - Предлог-одлуки за измена на Статутот на ТТК Банка АД Скопје; - Предлог-одлука за измена на Кодексот за корпоративно управување во

ТТК Банка АД Скопје; - Одлуки за свикување на XIII-то, XIV-то и XV-то Собрание на акционери

на ТТК Банка АД Скопје; - Одлука за разрешување и за именување на членови на Одборот за

управување со ризици; - Одлуки за разрешување и за именување на членови и заменици членови

на Кредитен одбор; - Одлуки за разрешување и за именување на членови на Комисијата за

управување со активата и пасивата (ALCO); - Одлука за разрешување и за именување на членови на Одборот за

наградување; - Одлука за именување на вработен во Службата за внатрешна ревизија; - Одлуки за организациони промени во деловната мрежа (отварање на

нови експозитури и укинување на постојни експозитури и преобразба на една филијала во експозитура);

- Одлуки за одобрување на трансакции со поврзани лица со Банката; - Одлука за формирање на Централна пописна комисија на ТТК Банка АД

Скопје; - Одлуки за усвојување на планови за продажба и за измена на планови

за продажба на преземени средства стекнати по основ на наплата на побарувања; - Одлуки за продажба на движен и недвижен имот стекнат по основ на

наплата на побарувања; - Одлуки за продажба на основни средства (движен и недвижен имот) во

сопственост на Банката; - Одлука за набавка на софтверско решение; - Одлуки за отпис на побарувања (целосен/делумен); - Неревидирани Финансиски Извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2011

година;

Page 38: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

38 

 

- Извештај од Централната пописна комисија за извршениот попис на средства и изворите на средства, побарувањата и обврските на ТТК Банка АД Скопје со состојба на 31.12.2011 година;

- Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година; - Извештај и оцена за работата на Одборот за ревизија на ТТК Банка АД

Скопје во текот на 2011 година /колективно и од аспект на поединечните членови/; - Извештај и оцена за работата на Одборот за управување со ризици на

ТТК Банка АД Скопје во 2011 година /колективно и од аспект на поединечните членови/;

- Полугодишен и Годишен Извештај за работа на Службата за внатрешна ревизија во 2011 година;

- Писмено мислење по Годишниот Извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2011 година;

- Извештај на Управниот одбор за поставеноста и ефикасноста на системот на внатрешна контрола;

- Годишен Извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2011 година;

- Писмено мислење по Годишниот Извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2011 година;

- Извештај на Друштвото за ревизија Гранд Торнтон за извршена ревизија на финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година;

- Финансиските извештаи на ТТК Банка за 2011 год. изготвени согласно IFRS и Извештајот на независните ревизори-Друштвото за ревизија Гранд Торнтон;

- Мислење од Друштвото за ревизија Гранд Торнтон за конзистентност на Финансиските извештаи на ТТК Банка со Годишниот Извештај и Годишната сметка за 2011 год.;

- Писмено мислење по Извештајот на Друштвото за ревизија Гранд Торнтон за извршена ревизија на финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година;

- Писмото до раководството на ТТК Банка од Гранд Торнтон во врска со извршената ревизија на финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година;

- Листа на нето должници на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година; - Предлогот на Одборот за ревизија за назначување на Друштво за

ревизија на финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2012 година; - Развоен План на ТТК Банка АД Скопје за период 2012-2016 година; - Деловна Политики на ТТК Банка АД Скопје за 2013 година; - Финансиски планови (Буџети) на ТТК Банка АД Скопје за 2012 година и

за 2013 година; - Ревидирање на Стратегијата за управување со ризици; - Ревидирана Политика за сигурност на информативниот систем на ТТК

Банка АД Скопје; - Ревидирани Акти за обезбедување на континуитет во работењето на

Банката, и тоа: Стратегија за континуитет во работењето во ТТК Банка, План за континуитет во работењето во ТТК Банка и План за опоравување од катастрофи (ПОК);

- Ревидирана Политика за идентификување и следење на поврзаноста на клиентите на Банката и на лицата поврзани со Банката;

- Ревидирана Политика за управување со репутациски ризик; - Соодветност на донесената Политика за управување со стратегиски

ризик; - Ревидирање на Програмата за спречување на перење пари и

финансирање на тероризам;

Page 39: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

39 

 

- Ревидирање на Кредитната политика на ТТК Банка АД Скопје; - Ревидирања на Политиката за управување со кредитен ризик; - Ревидирање на Политика за управување со оперативен ризик; - Ревидирање на Политика за управување со ликвидносен ризик; - Соодветност на донесената Политика за управување со валутен ризик; - Соодветност на донесената Политика за управување со пазарен ризик; - Соодветност на донесената Политика за управување со ризикот од

промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности; - Ревидирана Политика за контрола на усогласеност на работењето на

Банката со прописите; - Методологија на Внатрешна ревизија за спроведување на ревизија на

информативни системи; - Ревидирање на Годишниот План на Службата за внатрешна ревизија за

2012 година; - Годишен План на Службата за внатрешна ревизија за 2013 година; - Одлука за висината на каматни стапки на ТТК Банка АД Скопје; - Тарифа за надоместоци на услуги што ги врши ТТК Банка АД Скопје; - Одлука за критериуми за вонсудско регулирање на наплата на

побарувања против кои е поведена постапка за присилна наплата и начин на одлучување и регулирање на наплата на отпишани побарувања;

- Одлука за начин на пресметка, евиденција и наплата на камата на сомнителни и спорни побарувања;

- Одлука за услови и критериуми за при одлучување и избор на добавувачи за набавки на средства и услуги за потребите на Банката;

- Месечните Извештаи и Полугодишниот Извештај за работењето на Банката во 2012 година;

- Месечните Извештаи за ризиците; - Годишниот Извештај за ризиците за 2011 год.; - Месечните Извештаи за работењето на Одборот за управување со

ризици; - Кварталните Извештаи на Одборот за ревизија; - Извештаите за извршени ревизии од Службата за внатрешна ревизија и

Извештаите за реализација на препораките на Внатрешна ревизија; - Кварталните Извештаи на Службата за контрола на усогласеност на

работењето на Банката со прописите и Одделот за спречување на перење пари; - Кварталните Извештаи за износот и видот на преземени средства и

преземени активности за продажба и реализирање на плановите за продажба и износот на продадените преземени средства;

- Кварталните Извештаи за настанати значајни оперативни ризици и за постапеното по предлог мерките за разрешување на појавените оперативни ризици во претходниот квартал;

- Кварталните извештаи за трансакции со поврзани страни; - Кварталните Извештаи за стратегиски ризик; - Кварталните Извештаи за репутациски ризик; - Известувањата за информативна сигурност на Банката; Надзорниот одбор на своите седници ги разгледа и ги усвои и анализите на

кредитите на комитенти, извештаите за реструктуирани побарувања, за продолжувања на рокот на достасување на побарувања, верифицирани продолжувања на рокот на достасување на побарувањата два и повеќе пати, извршени стрес-тест анализи на изложености на Банката на поедини ризици, судир на интереси, прегледи од Секторот за правни работи и проблематични пласмани за текот на судските постапки од/против Банката и поведените извршни постапки за наплата на побарувањата на Банката по

Page 40: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

40 

 

основ на реализација на хипотеки/залози и други основи, како и други информации, анализи, извештаи од негова надлежност. Исто така во рамките на своите законски надлежности разгледуваше и извештаи, записници, дописи од/до Народна банка и други надлежни институции.

Надзорниот одбор согласно Законот за банките и Статутот на Банката, до

Собранието на Банката достави Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2011 година /колективно и од аспект на поединечните членови/.

o Управен Одбор Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје се состои од 2 члена и го сочинуваат: 1. Драгољуб Арсовски, Претседател Степен на образование-Доктор на економски науки 2. Наталија Алексова, Член Степен на образование-Дипломиран економист Драгољуб Арсовски е именуван за Член и Претседател на Управниот одбор на

ТТК Банка АД Скопје со Одлука на Надзорниот одбор од 30.01.2009 год. и согласно истата и издадената претходна согласност од Гувернерот на НБРМ, беше определен мандатен период од 10.03.2009-31.12.2012 год.

Со Одлука на Надзорниот одбор од 31.10.2012 год. Драгољуб Арсовски

повторно е именуван за Член и избран за Претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје со мандат од 4 години сметано од 01.01.2013 год. и за неговото повторно именување за овој мандатен период е издадена претходна согласност од Гувернерот на НБРМ.

Наталија Алексова е именувана за член на Управниот одбор на ТТК Банка со

Одлука на Надзорниот одбор од 08.02.2012 год. за период од 4 години сметано од 22.03.2012 год. За нејзиното именување за период од 4 години сметано од 22.03.2012 год. е издадена претходна согласност од Гувернерот на НБРМ.

Во периодот 01.01.-21.03.2012 год. член на Управниот одбор на ТТК Банка

беше Питер Молдерс, на кој оваа функција му престана поради истек на мандатот. Членовите на Управниот одбор на ТТК Банка се именувани под услови,

критериуми и спроведена постапка согласно закон и подзаконски акти на НБРМ и Статутот на ТТК Банка, при што е утврдено исполнувањето на потребните услови и критериуми за нивното именување.

Управниот одбор во текот на 2012 год. континуирано ги извршуваше работите

поврзани со управувањето и со водењето на работењето на Банката кои им се ставени во надлежност со законска и подзаконска регулатива, Статутот и другите акти на Банката. Одлучуваше за уредување на прашања од тековен карактер, презеде повеќе мерки и активности за развој и подобрување на ефикасноста на внатрешната контрола на сите нивоа, кои беа насочени кон јакнење на пооделни фази во функционирањето на системот на организационата поставеност, администрaтивната и сметководствената контрола и кон овозможување на: поефикасно следење и контрола на исполнување на оперативните цели; обезбедување на точност во изработка на финансиските извештаи; обезбедување на усогласеност на работењето на Банката со интерните политики и акти, и законите и регулативата која го уредува работењето на банките; зголемување на ефикасноста на вкупното работење и унапредување на ефикасноста на управувањето.

Page 41: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

41 

 

Заради воочени слабости и потреба од додефинирања на одговорности,

овластувања и линии на комуникација и известување, Управниот одбор го подобри и системот на внатрешна организација на Банката што овозможи подобрување на ефикасноста во извршување на делегираните задачи и минимизирање на можноста од настанување на проблеми од аспект на ненавремено, односно задоцнето реагирање на надлежните во Банката.

Управниот одбор донесе повеќе измени и/или дополнувања на методологии,

процедури и упатства, пред сé заради усогласување со одобрените ревидирања на политиките за управување со ризиците, во кои беа содржани зајакнати контролни правила за идентификување, мерење, следење и контрола на ризиците на кои е изложена Банката. Донесе и измени и/или дополнувања и на други интерни акти-правилници, методологии, процедури и упатства поврзани со останатото работење на Банката, во кои беа дефинирани основни правила на внатрешна контрола при извршување на оперативните активности во Банката.

Управниот одбор исто така редовно ги разгледуваше Извештаите на

внатрешната ревизија и ги анализираше наодите содржани во истите и ги разгледуваше и Извештаите од Службата за усогласеност на работењето на Банката со прописите, од Одделот за СППФТ и од Одговорното лице за обезбедување на сигурност на информативниот систем на Банката (ОСИС) кои се доставуваа до надлежните органи.

Во континуитет продолжи со преземање на активности и за зајакнување на

информативниот систем за следење на адекватноста и ефикасноста на поставените системи на внатрешна контрола, со што се обезбеди поефикасна контрола на сите хиерархиски нивоа на менаџмент и контрола на клучните активности во Банката. Исто така континуирано се преземаа и мерки и активности за зајакнување на процесот за управување со сигурноста на информативниот систем од аспект на обезбедување на доверливост, интегритет и расположивост, како и обезбедување на континуиран пристап до сите потребни информации на вработените во Банката.

Управниот одбор редовно ги следеше и извештајните анализи извршени од

страна на менаџментот и од другите надлежни лица од организациони единици и делови на Банката.

Во текот на 2012 год. Управниот одбор одржуваше состаноци кои беа закажувани по укажана потреба и со истите претседаваше Претседателот на Управниот одбор Драгољуб Арсовски. На состаноците по потреба присуствуваа и лица со посебни права и одговорности, како и други лица во зависност од темите за кои се дискутираше на состаноците.

Управниот одбор одржуваше редовни контакти со средниот менаџмент на

Банката и со раководните и други лица од пооделните служби/сектори/дирекции/оддели, на состаноци кои повеќето имаа карактер на работни состаноци. Од состаноците произлегуваа заклучоци и соодветни одлуки со кои се дефинираа обврски и активности кои имаа за цел јакнење на механизми и контролни правила во клучните области од работењето на Банката. Редовно ја следеше реализацијата на обврските и задолженијата по однос на заклучоците и донесените одлуки.

Во текот на 2012 год. Управниот одбор одлучуваше и без одржување на

состанок, но со давање на писмена согласност за донесување на поединечни интерни акти и одлуки.

Page 42: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

42 

 

Управниот одбор при одлучувањето по прашањата од негова надлежност определени со законска и подзаконска регулатива, Статутот и другите акти на Банката донесе повеќе одлуки и тоа:

- Одлуки за формирање на комисии и работни групи со надлежности определени според согледаната конкретна потреба за нивно формирање;

- Одлуки за избор на најповолни понудувачи за набавка на основни и други материјални средства и користење на услуги од надворешни лица;

- Одлуки за определување на касов максимум на шалтерите и касите на Филијалите и Експозитурите на ТТК Банка и на АТМ-Банкоматите на ТТК Банка;

- Одлуки за определување на висина на осигурување на средства на шалтерите и касите на Филијалите и Експозитурите на ТТК Банка и на АТМ-Банкоматите на ТТК Банка;

- Одлуки за измени и/или дополнувања на Актот за внатрешна организација и систематизација на работните места на ТТК Банка АД Скопје;

- Одлуки за пропишување на работно време на организационите единици и делови во ТТК Банка;

- Одлуки за усвојување на планови за продажба и за измена на планови за продажба на преземени средства стекнати по основ на наплата на побарувања;

- Одлуки за продажба и за издавање под закуп на преземен недвижен имот стекнат по основ на наплата на побарувања;

- Одлуки за отстапки од надоместоците утврдени со Тарифата на Банката за одредени комитенти, во зависност од конкретниот интерес на Банката;

Управниот одбор донесе и други одлуки и презеде и други активности по согледана потреба за уредување на настанати ситуации или појавени потреби од тековен карактер, или произлезени од интерните акти на Банката и/или законска и подзаконска регулатива, како и заради јакнење на механизмите и контролните правила во клучните области од работењето на Банката.

Управниот одбор во 2012 година донесе, утврди, одобри: - Процедура за работа со преземени средства; - Процедура за избор на Друштво за осигурување од настани поврзани со

физичката безбедност на Банката; - Процедура за избор на Друштво за обезбедување како надворешен

давател на безбедносни услуги; - Правилник за физичко и техничко обезбедување; - Процедура за заштита и обезбедување на трезор; - Процедура за заштита и обезбедување на сефовската просторија; - Правилник за начинот на вршење на видео-надзор; - Процедура за управување со репутациски ризик; - Процедура за вработување во ТТК Банка АД Скопје; - Процедура за вршење стрес-тестирање; - Пречистени текстови на Актот за внатрешна организација и

систематизација на работните места на ТТК Банка АД Скопје со цел имплементирање на донесените одлуки за измени и/или дополнувања на Актот за внатрешна организација и систематизација и утврдување на интегрален текст на овој Акт;

- Акт со опис на работи кои се извршуваат во организационите единици и делови на Банката;

- Процедура за наплата на побарувањата од клиенти – правни лица; - Процедура за наплата на побарувања од физички лица; - Процедура за канцелариско и архивско работење. - Процедура за спроведување на процесот за интерно утврдување и

оценка на потребната адекватност на капиталот;

Page 43: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

43 

 

- Методологии за класификација на изложеноста на кредитен ризик и пресметка на исправка на вредност/посебна резерва;

- Упатство за начин на спроведување на ревизорска трага; - Деловник за работа на Управниот одбор усогласен со измената на

Статутот на ТТК Банка донесена на Собранието на Банката од 03.05.2012 год.; - Упатство за внесување на податоци во апликација за кредитирање на

население; - Процедура за сметководствена евиденција на процесите за

кредитирање на правни лица; - Процедура за сметководствена евиденција на процесите за

кредитирање на население; - Основна процедура за брз трансфер на пари – MONEYGRAM; - Основна процедура за менувачко работење; - Основна процедура за пријава и одјава на корисници на надоместок од

Фондот за ПИОМ и Министерството за труд и социјална политика; - Основна процедура за одобрување на кредити на физички лица; - Основна процедура за вршење на платен промет со странство и

купопродажба на девизи; - Процедура за идентификување и следење на лицата поврзани со

Банката; - Процедура за евидентирање и извршување на решенија за присилна

наплата и наплата врз основ на задолжница; - Правилник за заштита на лични податоци; - Упатство за работење со АТМ уреди на ТТК Банка АД Скопје; - Упатство за работење со POS терминали согласно Договор за

посредување помеѓу ТТК Банка АД Скопје и УНИ Банка АД Скопје; - Упатство за внесување на податоци во апликација за кредитирање на

население – кредити; - Упатство за внесување на податоци во апликација за кредитирање на

население – картички; - Процедура за идентификување и следење на поврзани лица при

кредитирање на клиенти-физички лица; - Процедура за идентификување и следење на поврзани лица при

кредитирање на клиенти-правни лица; - Процедура за работа на Службата за контрола на усогласеност на

работењето на Банката со прописите; - Програма за следење на усогласеноста и контрола на усогласеноста со

прописите; - План за создавање систем на технички и организациски мерки за

обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци; - Правилник за начинот на уништување на документите, како и начинот на

уништување, бришење и чистење на медиумите во ТТК Банка АД Скопје; - Правилник за определување на обврските и одговорностите на

администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во ТТК Банка АД Скопје;

- Правилник за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во ТТК Банка АД Скопје;

- Процедура за спроведување на процесот на интерно утврдување и оценка на потребната адекватност на капиталот;

- Одлука за утврдување правила за изготвување и донесување на акти нa Банката;

- Процедура за администрирање, алармирање и спречување на мрежни напади;

Page 44: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

44 

 

- Процедура за физичка, системска, мрежна и сметководствена контрола, мониторинг, управување и тестирање на критични ИТ ресурси;

- Процедура за сметководствена евиденција на процесите од областа на работењето со трансакциски сметки, парични картици, денарско и девизно штедење;

- Процедура за набавка на основни средства, ситен инвентар, потрошен материјал, градежно занаетчиски работи и тековно инвестиционо одржување;

- Процедура за избор при набавки и користење на услуги од надворешни соработници од областа на маркетинг;

- Процедура за извршување на позадински активности со платежни картички;

- Упатство за електронско архивирање на интерните акти на ТТК Банка АД Скопје;

- Процедура за развој на производи и услуги, финансиски активности и информативни системи;

- Процедура за постапување по поплаки од корисници; - Интерни акти за Дирекцијата за ИТ во врска со инсталација,

конфигурација, подесувања на системски, мрежни уреди и бази на податоци; - Основна процедура за одобрување на платежни картички на физички

лица; - Процедура за наплата на побарувањата од клиенти – правни лица; - Методологија за утврдување на очекувана рочна структура на активата и

пасивата; - Процедура за управување со сигурносни надградби; - Процедура за пристап на субјектите на лични податоци до нивните

лични податоци; - Процедура на Одделот за управување со средства и ликвидност; - Правилници, Стандарди, Процедури и Упатства за информативна

сигурност; - Основна Процедура за благаничко работење; - Методологии за утврдување на веројатноста и зачестеноста на

промената на каматните стапки; - Основна Контролна Процедура за работа со хартии од вредност на

Одделот за работа со хартии од вредност; - Процедура за начин и критериуми за вонсудско регулирање на наплата

на сомнителни побарувања на Банката од клиенти физички лица; - Упатство за начин на користење, полнење и ажурирање на содржините

во Моделот за усогласување; - Процедура за отпис на побарувања и наплата на отпишани побарувања

од правни и физички лица; - Упатство за администрирање на тужени побарувања и побарувања

регулирани со вонсудска спогодба од клиенти физички лица по основ на кредити и дозволени пречекорувања на трансакциски сметки;

- Процедура за идентификување и следење на поврзани лица во Дирекција за средства и ликвидност;

- Основна Процедура за одобрување на кредитни и вонбилансни изложености на мали и средни претпријатија;

- Основна Процедура за сервисирање на исплати од старо девизно штедење;

- Основна Процедура за одобрување на дозволено пречекорување на трансакциска сметка за физички лица;

- Упатство за ажурирање на информациите за производите и услугите објавени на веб страната на ТТК Банка АД Скопје;

- Процедура за мерење на профитабилноста на Банката;

Page 45: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

45 

 

- Процедура за спроведување на процесот интерно известување на органи и организациони единици во Банката;

- Одлука за одговорни лица и рокови за доставување на извештаи, известувања и останати писмени достави поврзани со согласности, дозволи, регистрациони и други промени, до институции надвор од Банката;

- Ревидирање на Програма за следење на усогласеноста и контрола на усогласеноста со прописите;

- План на активности за идентификација и проценка на главните ризици од неусогласеност во работењето на Банката за 2012 година;

- Информативна книга; Управниот одбор до Надзорниот одбор доставуваше месечни извештаи за

работењето на Банката во 2012 год. со што согласно Законот за банките и Статутот на Банката го известуваше Надзорниот одбор за своето работење најмалку еднаш месечно, а согласно Одлуката за основните начела и принципи на корпоративното управување во банка достави Извештај за поставеноста и ефикасноста на системот на внатрешна контрола за 2011 година.

o Одбор за управување со ризици Одборот за управување со ризици на ТТК Банка АД Скопје се состои од 5 члена

со мандат од 4 години кој го сочинуваат: 1. Наталија Алексова, Претседател Степен на образование-ВСС Член на Управен одбор 2. Димитри Трпоски, Член Степен на образование - Магистер по бизнис администрација Заменик-Директор на Сектор Комерцијално банкарство 3. Грета Илиќ,Член Степен на образование-ВСС Директор на Сектор Стратешко банкарство 4. Јованка Ралевиќ,Член Степен на образование–ВСС Директор на Дирекција за средства и ликвидност 5. Душица Антовска,Член Степен на образование–Магистер по економски науки од областа на монетарната економија Директор на Дирекција за управување со ризици Овој состав на Одборот за управување со ризици е именуван со Одлука на

Надзорниот одбор од 29.03.2012 год. Одборот се конституира на седницата одржана на ден 30.03.2012 год. при што за Претседател е избрана Наталија Алексова, а за Заменик-Претседател Душица Антовска.

Во периодот 01.01.-21.03.2012 Одборот за управување со ризици го сочинуваа:

Питер Молдерс-Претседател, Наталија Алексова-Заменик Претседател, Димитри Трпоски, Грета Илиќ и Јованка Ралевиќ.

Составот на Одборот за управување со ризици е во согласност со Законот за

банките и го сочинува еден од членовите на Управниот одбор, а останатите членови се лица со посебни права и одговорности. Именуваните членови ги исполнуваат потребните услови и критериуми предвидени со Законот за банките и Статутот на ТТК Банка и имаат искуство во областа на финансиите или банкарството од најмалку три години.

Page 46: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

46 

 

Одборот за управување со ризици во 2012 година работеше и одлучуваше во рамките на своите надлежности утврдени со Статутот и другите акти на Банката и со законската и подзаконската регулатива и регулаторните прописи од НБРМ.

На своите седници Одборот за управување со ризици редовно ги следеше

ризиците на кои е изложена Банката во своето работење преку разгледување на воспоставени извештаи, прегледи, анализи и други видови на информации и известувања за изложеност на Банката на поодделни ризици изработени од службите во Банката кои вршат оцена на ризиците и/или изготвени на барање на Одборот по оцена на потребата за дополнително согледување на потенцијални ризици во работењето на Банката.

Во периодот 01.01.-31.12.2012 година Одборот за управување со ризици одржа

54 седници, на кои при разгледувањето на доставените предлог-материјали донесе неколку одлуки со предлог за ревидирање на воспоставените политики за управување со ризиците, 42 заклучоци, како и насоки, препораки и инструкции во врска со појавени и/или потенцијални ризици во тековното работење на Банката.

На секоја седница на Одборот за управување со ризици се разгледуваа:

Неделна Анализа на кредитна изложеност по денови на доцнење за МСП, ГК и Население; Неделен Преглед на интерните лимити за пазарен и ликвидносен ризик; Неделен Извештај за ризик од концентрација на кредитната изложеност кон банки; Извештај за изложеност на валутен ризик и Неделна анализа на отворената девизна позиција.

На месечно ниво Одборот за управување со ризици разгледуваше: Анализа на

кредитна изложеност по денови на доцнење за МСП, ГК и Население; Анализа на кредити на комитенти; Месечна анализа на отворената девизна позиција; Анализа на новоодобрени, пролонгирани и реструктуирани кредити по сектори и просечни пондерирани каматни стапки; Сумарен образец за класификација на активата (образец КА) и Преглед за кредитна изложеност на комитенти и нивна ризичност; Извештаи за лимити на изложеност (П1-П5); Извештај за вонбилансна изложеност; Преглед за следење на интерни и законски лимити; Извештаи за адекватност на капиталот; Месечен Извештај за ликвидносен ризик и сетот на извештаи за ликвидносен ризик кои се доставуваат до НБРМ; Месечен Извештај за пазарните ризици, Извештај за промена на економската вредност за позиции од портфолиото на банкарските активности (кој од месец ноември се разгледува во рамките на Месечниот Извештај за пазарните ризици); Извештаи од Секторот за правни работи и проблематични пласмани; Извештајот за следење на лимитите од Договорот со ЕБРД (кои се разгледуваа во периодот 01.01.-31.05.2012), односно за следење на лимитите од Акционерскиот Договор со ЕБРД после овој период; ТОП 20 изложености во вкупна кредитна изложеност; Преглед за следење на показателите за квалитет на кредитна изложеност и индикаторите за финансиска стабилност.

На квартално ниво на седниците на Одборот за управување со ризици се

разгледуваа: Извештај за трансакциите со поврзаните лица со Банката; Извештај за следење на репутациски ризик; Извештај за следење на стратегиски ризик; Извештаите за настанати значајни оперативни ризици, како и Извештаите за одговор и реализација на предлог мерките за пријавените значајни оперативни ризици од претходниот квартален период; Прегледи на најголеми 10 финансиски и најголеми 10 нефинансиски комитенти; Извештај за спроведени активности за промена на Одлуката за каматни стапки и ефекти од истите; Извештаи доставени до НБРМ за супервизорски цели со општи податоци за Банката; Извештај за нереализирани заклучоци донесени од Одборот за управување со ризици.

Page 47: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

47 

 

Преку разгледување на кварталните извештаи, Одборот за управување со

ризици на квартално ниво ги следеше ризиците на кои е изложена Банката во своето работење и/или потенцијалните ризици во работењето на Банката, и го следеше статусот на реализација на донесените заклучоци.

На седниците на Одборот за управување со ризици покрај материјалите кои се

разгледуваа на неделно, месечно и квартално ниво, се разгледуваа и други материјали во врска со следење и оценка на степенот на ризиците и/или потенцијалните ризици на кои е изложена Банката во тековното работење. Се вршеа верифицирања на продолжувањата на рокот на достасување на побарувања од комитенти кога рокот на достасување се продолжуваше два или повеќе пати, согласно Кредитната Политика на Банката, а се разгледуваа и Предлози за воведување на нови или за промена на услови на постојни кредитни производи.

Одборот за управување со ризици будно ги следеше сите измени и

дополнувања на прописите на Народна Банка кои се однесуваа на управувањето со ризици и редовно и aжурно вршеше соодветно усогласување на актите на Банката со кои се уредува управувањето со подделни видови ризици со нивно изменување и/или дополнување или целосно ревидирање.

Исто така, согласно законската регулатива, профилот на ризичност и видот и

обемот на финансиски активности кои ги врши и надворешното опкружување, на годишно ниво ја оценуваше соодветноста на донесените политики со кои се уредува управувањето со пооделни видови ризици и му предлагаше на Надзорниот одбор на Банката нивно ревидирање или продолжување на нивната важност.

Одборот за управување со ризици, согласно Законот за банките и Статутот на

Банката, доставуваше месечни извештаи за својата работа до Надзорниот одбор на Банката, а до Одборот за ревизија на сите седници кои се одржаа во текот на 2012 година, а најмалку еднаш во три месеци.

o Одбор за ревизија Одборот за ревизија на ТТК Банка АД Скопје се состои од 5 члена и го

сочинуваат: 1. Душко Апостолоски, Претседател Степен на образование – ВСС Друштво за книговодство и ревизија – Бент Консалтинг, Управител 2. Борислав Трповски Степен на образование – ВСС Тетекс АД Тетово, Претседател на Одбор на директори Член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје 3. Методија Несторовски Степен на образование– Доктор по економски науки Редовен професор на Универзитетот Св.Кирил и Методиј-Економски Факултет Член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје 4. Михаил Петкоски Степен на образование – Доктор по економски науки Редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Економски Факултет Член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје 5. Данче Зографска Степен на образование-ВСС

Page 48: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

48 

 

Друштво за ревизија, проценка и финансиски консалтинг Елит ДООЕЛ Скопје, Управител

Душко Апостоловски, Борислав Трповски, Михаил Петковски и Данче Зографска повторно се именувани за членови на Одборот за ревизија со Одлука на Собранието на Банката од 30.11.2011 година. Одборот за ревизија се конституира на конститутивната седница одржана на 06.04.2012 год., при што Душко Апостоловски повторно е избран за Претседател на Одборот за ревизија.

На конститутивната седница одржана на 06.04.2012 год. Методија Несторовски

е именуван за член на Одборот за ревизија од редот на членовите на Надзорниот одбор со Одлука на Собранието на Банката од 06.04.2012 год.

Со именувањето на Методија Несторовски за член на Одборот за ревизија, а

поради поднесена оствка, на 06.04.2012 год. и престана функцијата член на Одборот за ревизија на Мери Елен Колинс, која за член на Одборот за ревизија беше избрана од редовите на членовите на Надзорниот одбор на ТТК Банка.

Именуваните членови ги исполнуваат потребните услови и критериуми

предвидени со Законот за банките и Статутот на ТТК Банка, а за независните членови и критериумите за независност утврдени со Законот за банките. Независните членови на Одборот за ревизија Душко Апостоловски и Данче Зографска и со нив поврзаните физички лица, не се вработени, ниту се лица со посебни права и одговорности во Банката, не се акционери со квалификувано учество во Банката, ниту застапуваат акционер со квалификувано учество во Банката, не работат односно во последните три години не работеле во друштво за ревизија кое во тој период вршело ревизија на работењето на Банката и во последните три години немале материјален интерес или деловен однос со Банката во вредност која просечно надминува 3.000.000,00 денари.

Во 2012 година Одборот за ревизија одржа 5 седници на кои: Предложи Друштво за ревизија за вршење на ревизија на финансиските

извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2012 година; Донесе Одлука за измена и дополнување на Сметководствените

Политики на ТТК Банка АД Скопје; Ги разгледа и усвои:

- Неревидираните Финансиски Извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година;

- Извештајот за работењето на ТТК Банка АД Скопје со 30.06.2012 година;

- Извештајот за работењето на Банката со 31.12.2011 година; - Извештајот на Друштвото за ревизија Grant Thornton за извршена

ревизија на финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2011 година; - Писмото до раководството на ТТК Банка од Grant Thornton во

врска со извршената ревизија на финансиските извештаи на Банката за 2011 година; - Финансиските извештаи на ТТК Банка за 2011 година изготвени

согласно IFRS и Извештајот на независните ревизори- Друштво за ревизија Grant Thornton;

- Мислења од Друштво за ревизија Grant Thornton за конзистентност на Финансиските Извештаи на ТТК Банка со Годишниот Извештај и Годишната сметка за 2011 година;

- Извештаите за работењето на Банката во 2012 година; - Извештаите за работењето на Одборот за управување со ризици; - Извештајот за работењето на Службата за Внатрешна Ревизија за

период јануари-јуни 2012 година; - Годишниот Извештај на Службата за Внатрешна ревизија за 2011

година;

Page 49: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

49 

 

- Предлог за ревидирање на одобрениот Годишен План за 2012 година на Службата за Внатрешна ревизија;

- Методологија на Внатрешна ревизија за спроведување на ревизија на информативни системи;

- Годишниот План на Внатрешната ревизија за 2013 година, - Извештаите од Внатрешна ревизија за извршени ревизии во текот на

2012 година; - Извештаите за следење на реализација на препораките на Внатрешна

ревизија; Одборот за ревизија, согласно Законот за банките и Статутот на Банката, до

Надзорниот одбор на Банката достави Извештај и оцена за работењето на Одборот за ревизија во 2011 година од аспект на поединечните членови и колективно, како и извештаи за својата работа во 2012 година на квартално ниво, а Извештајот и оцената за работењето на Одборот за ревизија во 2011 година од аспект на поединечните членови и колективно го достави и до Собранието на Банката.

o Информации и податоци кои се поврзани со примена на Кодексот за

корпоративно управување на ТТК Банка АД Скопје Кодексот за корпоративно управување на ТТК Банка АД Скопје е донесен на

седницата на Собранието на Банката одржана на ден 28.04.2010 година. На Собранијата на акционери одржани на 29.04.2011, 30.11.2011 и 03.05.2012 година донесени се Одлуки за измена и/или дополнување на Кодексот за корпоративно управување во ТТК Банка АД Скопје.

Со Кодексот за корпоративно управување на ТТК Банка опфатени се

задолжителните елементи предвидени со Одлуката на НБРМ за основните начела и принципи на корпоративното управување во банка, уредени се основните начела и принципи за корпоративното управување во Банката и подетално се определени стандардите на управување и раководење на органите на Банката во рамки на управувачката структура.

Банката во своето работење се придржува кон основните принципи на

корпоративно управување утврдени во Кодексот и кон одредбите кои се однесуваат на:

- Надлежности на Собранието на акционери, постапката за свикување на Собрание, постапката на гласање на Собрание на акционери, правата на акционерите вклучувајќи го и правото на малцинските акционери;

- Составот и мандатот на членовите на Надзорниот одбор, критериумите и правилата за именување на членови на Надзорниот одбор и начинот за нивно наградување, надлежностите на Надзорниот одбор, одржувањето на седници и одлучувањето на Надзорниот одбор, видот, роковите и начините на кои Надзорниот одбор доставува извештаи до Собранието на акционери, наградувањето на членовите на Надзорниот одбор;

- Составот и мандатот на членовите на Управниот одбор, критериумите и правилата за именување на членовите на Управниот одбор и начинот за нивно наградување, надлежностите на Управниот одбор, одржувањето на состаноците и одлучувањето на Управниот одбор, видот, роковите и начините на кои Управниот Одбор доставува информации и документи до Надзорниот одбор; наградувањето на членовите на Управниот одбор;

- Соработка меѓу Надзорниот одбор и Управниот одбор; - Составот и мандатот на членовите на Одборот за управување со

ризици, критериумите и правилата за именување на членовите на Одборот за управување со ризици, надлежностите на Одборот за управување со ризици,

Page 50: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

50 

 

одржувањето на седниците и одлучувањето на Одборот за управување со ризици, видот, роковите и начините на кои Одборот за управување со ризици доставува извештаи до Надзорниот одбор и до Одборот за ревизија;;

- Составот и мандатот на членовите на Одборот за ревизија, критериумите и правилата за именување на членовите на Одборот за ревизија, надлежностите на Одборот за ревизија, одржувањето на седниците и одлучувањето на Одборот за ревизија, видот, роковите и начините на кои Одборот за ревизија доставува Извештаи до Надзорниот одбор и до Собранието на акционери, наградувањето на членовите на Одборот за ревизија;

- Начинот на постапување во ситуации кога при одлучувањето на органите на управување на Банката постои судир на интереси;

- Работењето на Службата за внатрешна ревизија и на Службата за усогласеност на работењето на Банката со прописите;

Членовите на органите на Банката и лицата со посебни права и одговорности назначени од Управниот одбор на Банката, се избираат согласно критериумите и правилата за именување утврдени со Кодексот и Статутот на Банката, а врз основа на законската и подзаконската регулатива. Во своето работење ја почитуваат и применуваат законската регулатива, подзаконските акти, Статутот на Банката и интерните акти на Банката со кои се регулираат нивните надлежности и ги исполнуваат пропишаните обврски и одговорности и начинот на работа.

o Информации и податоци за политиката на Банката за спречување судир на интереси

Банката во 2012 година работеше во согласност со Политиката за

идентификување на потенцијални судири на интереси донесена од Надзорниот одбор на Банката на седницата одржана на ден 28.01.2010 година.

Со оваа Политика се дадени општите правила, генерални насоки и начела на

работење за идентификување на потенцијалните судири на интереси и се утврдени начинот и постапките за идентификување на потенцијални судири на интереси во ТТК Банка АД Скопје, како и начинот на постапување при идентификување на судир на интереси.

Политиката е обврзувачка за лицата со посебни права и одговорности во

Банката и за сите вработени во Банката. Членовите на Надзорниот одбор, Управниот одбор, Одборот за ревизија,

Одборот за управување со ризици и лицата со посебни права и одговорности кои согласно Статутот на Банката се назначени од Управниот одбор на Банката, на секои шест месеци даваат писмена изјава за постоење, односно непостоење на судир на нивниот личен интерес со интересот на Банката.

За постоење на судир на интереси членовите на органите на Банката даваат

писмена изјава пред одржување на седницата која се доставува до Надзорниот одбор и Управниот одбор на Банката и во која се наведува основот од кој произлегува судирот на интереси. Членовите на органите на Банката не присуствуваат при донесувањето на одлуките доколку нивната објективност е доведена во прашање заради постоење на судир помеѓу нивниот личен интерес и интересот на Банката.

НАДЗОРЕН ОДБОР

Page 51: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ. Izveshtaj za... · трансфер на пари, издавање на гаранции, изнајмување сефови, остава и депо,

51