НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo i-god..pdf · Првиот...

159
Д И М И Т Р И Ј А А Н Т Е В С К И О С Н О В И Н А Г Р А Ф И Ч А Р С Т В О Т О ЗА I ГОДИНА ГРАФИЧКА СТРУКА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Upload: others

Post on 03-Oct-2019

50 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

Д И М И Т Р И Ј А А Н Т Е В С К И

О С Н О В И Н А Г Р А Ф И Ч А Р С Т В О Т О

ЗА I ГОДИНА

ГРАФИЧКА СТРУКА

СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Page 2: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

Дипл. граф. технолог Димитрија Антевски

О С Н О В И Н А

Г Р А Ф И Ч А Р С Т В О Т О

ЗА I ГОДИНА

ГРАФИЧКА СТРУКА

СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Скопје, 2010 година

Page 3: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

Рецензенти:

Доц. д-р САЊА ПОПОВСКА - ВАСИЛЕВСКА

Дипл. граф. инг. ЉУБЕ ЃОРЃИЕВСКИ

Дипл. граф. инг. ЈОРДАН СТОЈАНОВСКИ Со решение на Републичкиот педагошки совет бр. , од , се одобрува употребата на овој учебник

Page 4: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

3

РАЗВОЈ НА ГРАФИЧКА ИНДУСТРИЈА Човекот отсекогаш сакал да пронајде начин на кој ќе ја овековечи својата мисла, односно ќе ги забележи своите чувства и доживувања. Затоа и првите траги на писменост датираат од многу одамна, т.е. пронајдени се на коски од животни. Подоцна нашите предци пишувале на плочки од камен, а бидејќи каменот е материјал со постојан хемиски состав тој и денес се употребува како подлога за пишување на натписи и пораки кои сакаме да добијат трајна вредност (спомен-плочи, надгробни споменици и слично). И глинените плочки во одреден период се користеле како подлога за пишување, а потоа направени се проби со употреба на дрвени штичиња и кора од дрво. Кинезите први почнале да употребуваат свила и платно од лен како подлога за пишување, пред тоа направени се напори за таа цел да се користат плочки од разни метали. Исто така пронајдени се докази дека во тоа време како подлога за пишување се користеле листови од палма и од некои други широколистни растенија. ПАПИРУСОТ како материјал за пишување се појавува пред околу 4.000 години, а се добивал од стеблата на истоимените растенија кои растеле по долината на реката Нил. Го пронашле и го користеле старите Египјани кои стеблата ги сечеле во тенки и долги ленти. Истите покасно ги ределе една до друга а потоа ги слепувале, влажнеле, пресувале, сушеле и пеглале. Оваа технологија подоцна ја презеле старите Грци и Римјаните. ПЕРГАМЕНТОТ е постара подлога за пишување, а се изработувала од нештавени, исчистени и со вар преработувани животински кожи. Името го добил по градот Пергам, кој бил центар за неговото производство. Пергаментот е многу подобар и потраен од папирусот, а и денес тоа е најквалитетна подлога за пишување и печатење документи со трајни вредности како што се: Версајскиот договор, Повелбата на ООН, Повелбата на град Скопје и слично. ХАРТИЈАТА каква што денес ја познаваме е произведена околу 105 година од н.е. во Кина и тоа во дворот на кинескиот цар, а ја пронашол тогашниот министер за земјоделство Т’Саи Лун. Тој

Page 5: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

4

тогаш за производство на хартија употребувал влакненца од разни растенија како што се: бамбус, лико, коноп, оризова слама и сл., а тоа го мешал со стари крпи и рибарски мрежи. Оваа маса најпрво се ситнела и се растопувала во вода, потоа се цедела низ сита, се сушела, пресувала, слепувала со лепило и најпосле се пеглала со слонови коски. Ваквото производство на хартијата Кинезите љубоморно го чувале околу 500 год., а околу 610 год. за оваа тајна дознале Јапонците, Персијанците и Арапите, кои ја унапредиле технологијата со додавање на нови суровини т.е. со влакненца од лен и памук. Во почеткот на 9-ти век тајната за производство на хартија се пренесува во Европа. Посебна важност производството на хартија добива во 1440 год. со Гутенберговото откритие за печатење со подвижни букви. Всушност, тогаш поради се поголемата потреба од хартија пронајден е уред за развлакнување на хартиената маса - холендер, а со тоа е дадена можност за побрзо, поквалитетно и поевтино производство на хартија. Корените на првобитното примитивно печатарство потекнуваат уште од старите народи: Феничаните, Грците, Кинезите, Вавилонците и др. Тие правеле пари (монити) со удари од метални плочи, на кои биле изгравирани знаци и ликови.

Слика 1. Печатарска работилница од XVII век (според бакрорезот на А. В. Верта)

Page 6: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

5

Човекот, кој со својот изум го ослободил светот од макотрпното и долговековното препишување, е секако генијалниот откривач и прв печатар во светот, Јохан Гутенберг. Роден е помеѓу 1394 и 1399 година во градот Мајнц - Германија, која тогаш била расцепена на многу феудални кнежества. Денес овој град под името Мохучи се наоѓа во Чешка каде што постои и Гутенбергов музеј. Славниот пронаоѓач на печатарството умрел во родниот град 1468 година и е закопан во црквата на домашниот манастир. Во истиот град Гутенберг го деменстрирал својот пронајдок пред јавноста - печатење со помош на подвижни букви. Проблемот за изработка на букви (типови) го решил на тој начин што матриците ги гравирал со врежување на четириаголно парче бакар, потоа изработувал справа за леење букви, искомбинирал легура за букви, конструирал погодна преса и решил низа други технички проблеми. Меѓу првите успешни првоотпечатени (латински ИНКУНАБУЛИ) се вбројува Библијата која се одликува со богат готски краснопис, а употребил 290 разни знаци. Оваа книга содржи 1.282 фолио страници во две колони по 42 реда, печатена во 100-200 примероци, дел од нив се на пергамент а дел на хартија. Основач на првата печатница во Македонија е португалскиот Евреин - типограф дон Јуда Гедалија, роден во Лисабон. Неговата печатница е втора на Балканот, а проработила во 1515 година во Солун. Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја отворил својата печатница во 1838 година во Солун. Прва книга отпечатена во оваа печатница е “Начелное учение со молитви утренија” што всушност претставуваше еден вид буквар за почетно учење. За време на турското владеење, на 8 септември 1888 година, вилаетската печатница, од Приштина била пренесена во Скопје. Освен материјали на турски јазик, во оваа печатница се печатени учебници и други книги наменети за словенското македонско население.

Page 7: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

6

ПРОИЗВОДИ НА ГРАФИЧКАТА ИНДУСТРИЈА Печатарството е важен, скоро основен услов за ширење на културата и знаењето на современиот човек, за соопштување на вести, мисли и научно-уметнички достигнувања. Под поимот печатарство подразбираме дејност за производство на: книги, весници, обрасци, пари, етикети, плакати, кутии, географски карти, албуми и друго. Квалитетот на споменатите графички производи најмногу зависи од техниката во која ќе бидат изработени и репродуцирани, како и од квалитетот на графичките материјали што се користат при нивното изработување. Материјалите кои денес се користат во графичката индустрија се многубројни, па така поголемите графички куќи располагаат со различни видови основни и помошни графички материјали, како што се: хартија, картон, лепенка (мукава), лепила, бои, метали и легури, разни фолии, фотоосетливи материјали кои не се користат на едно место и за ист графички производ, туку нивната намена и употреба секогаш зависи од производственото одделение, т.е. работната единица како и од видот на графичкиот производ. Книгата е најчест графички производ, кој поминува низ многу технолошки фази за да го добие својот конечен облик и како целина да стигне до читателот. Денес најгруба поделба на книгата би била:

� Книги за долготрајна употреба - тука спаѓаат сите книги од поголема вредност и квалитет кои имаат долготрајна примена. Така, во оваа група спаѓаат различни библиотеки (едиции), различни монографии, прочуени научни дела и сл. Затоа овие книги се печатат на поквалитетна хартија, најчесто во повеќбојна репродукција и обично се укоричени со тврди целоплатнени или целокожни корици, кои имаат задача да го збогатат естетскиот изглед и да го заштитат овој скап графички производ.

Слика 2. Приказ од книга со тврди корици

Page 8: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

7

� Книги за краткотрајна употреба - станува збор најчесто за школски учебници и разни други графички производи кои имаат облик на книга, но се со помал век на користење. Затоа тие најчесто се поврзани со меки корици кои треба да му дадат естетски изглед на производот, но истовремено и да го заштитат при нестручното и невнимателното користење и чување од страна на учениците. Бидејќи овој вид книги најчесто се менува секоја учебна година, треба да се настојува тие да бидат поевтини и подостапни за секој читател, т.е. ученик.

� Весниците се графички производ кој излегува на пазарот секојдневно со мноштво вести и новини од: општествено-политичкиот, културно-забавниот и спортски живот на човекот. Затоа овој графички производ најчесто се изработува за кус временски интервал и спаѓа во помалку квалитетните, односно се печати на неквалитетна новинарска хартија за ротационен печат.

� Списанијата се, всушност, илустрирани весници кои, исти така, се печатат периодично, односно седмично, двапати или еднаш месечно, а имаат задача да го информираат и да го разонодуваат читателот.

� Кутиите се графички производи кои имаат за задача при пакувањето да му дадат естетски изглед и да го заштитат некој индустриски производ. Зависно од тоа од колку дела е изработена, кутијата може да буде едноделна и дводелна. Освен тоа постојат украсни кутии, кои служат за украсување на некои производи, како и кутии за разни ордени. Провери го своето знаење: 1* Што најчесто се произведува во графичката индустрија? 2* Како ги поделивме книгите? 3* Зошто служат кутиите? 4* Какви графички производи се весниците и списанијата?

Page 9: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

8

1. ОСНОВНИ ПЕЧАТАРСКИ ТЕХНИКИ

Современите графички техники за печатење се делат на: висок, длабок, рамен и пропустен печат (сито печат).

Печатењето е таков начин за размножување на предлошки, (прототипи) при што бојата од печатарската форма се пренесува со притисок на хартијата или на други печатени материјали (подлоги).

Во графичката индустрија е потребна печатарска форма и тоа без разлика во која техника ќе печатиме. Печатарските форми се различни за секој вид на печатење, па според тоа направени се од различни материјали и прилагодени се за разни печатарски машини. Заедничко на сите печатарски форми им е тоа што за сите техники на печатење тие претставуваат верна слика од оригиналот кој треба да се репродуцира со нивна помош.

Секоја печатарска техника претставува фаза на графичкото производство, на која и претходи подготовка на печатарската форма, подготовка на печатарската машина и подготовка на бојата, влегување, отпечатување и излегување на табакот од машината.

За сите печатарски техники заеднички им се четирите главни елементи за печат: 1.печатарската форма, 2.боја, 3.притисок, 4.хартија (подлога).

Овие елементи истовремено го одредуваат редоследот и постапката за печат. Сите овие елементи меѓусебе се зависни, од: големината, обликот, материјалот и особините на печатарската форма во која било техника за печат, и како кон себе се однесуваат бојата и хартијата. Секоја од наведените техники се состои од подготовка, односно изработка на печатарската форма, основна продуктивност, т.е. печатење и завршна продуктивност, а тоа е всушност доработка на отпечатените производи.

За секоја техника се потребни посебни графички постапки за кои се задолжени голем број вработени квалификувани графичари - стручњаци од различни занимања што се присутни во графичката индустрија.

Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот печатење? 2* Кои основни печатарски техники ги познаваш? 3* Кои се главните елементи за да добиеме отпечатен примерок?

Page 10: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

9

1.1. ВИСОК ПЕЧАТ

Во оваа техника на печатење можно е печатење со печатарска форма за книги, со ротациона форма за весници, со цинкографската форма (клишиња) за фотографии и илустрации и со флексорафска форма. Печатарските елементи кој оваа техники се малку повисоки од слободните површини, па затоа при премачкување на формата за печатење со боја, истата ја примаат на себе само печатарските елементи. Тие се релјефно изработени и при печатењето оставаат траги на подлогата на која печатиме.

Слика 3. Шематски приказ на висок печат

Печатење на книги се изведува со печатарската форма од слагани слова (слог од букви, слова), коишто ги редат (ги слагаат) словослагачите. Слогот за книги, весници и списанија кај високиот печат се слага на машински начин со помош на линотипна машина во машинска слагачица. Набраните машинските редови ги средуваат рачни словослагачи кои всушност ја подготвуваат печатарската форма, а таа може да претставува една или повеќе страници од некој графички производ. Затоа оваа операција практично претставува прелом (средување) на слогот по страници со однапред одреден број на редови. Печатењето со ротациона печатарска форма се изведува со оловни стереотипни плочи. Истите се лијат со помош на матрици кои ги прават стереотиперите од средната печатарска форма што ја подготвил рачниот словослагач.

Page 11: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

10

Флексографски печат. За печатење на современите амбалажи се користиме со ротациони машини со кои од гумени стереотипни плочи печатиме на хартија и пластични подлоги во една или во повеќе бои. Печатарските форми ги подготвуваат вулканизери со изработка на матрица, а од неа со помош на вулканизација изготвуваат гумени клишиња со кои печатиме во техниката - флексографски печат.

Цинкографија. Во високиот печат посебно или во составот на слогот се печатат слики, цртежи и амблеми. За таа цел во самиот слог се сместуваат клишиња, кои на својата површина го имаат ликот од илустрацијата што сакаме да ја репродуцираме, најнапред се снима во репрофотографијата и од него се добива негатив. Од него копистот врши копирање на однапред подготвена цинковна плоча. Цинкографот ја осветлува однапред ослоената копирна плоча и на незаштитените места ја нагризува со киселина се додека не се постигне потребната вдлабнатина (длабочина). Непотребните и недоволно нагризени делови од површината на цинковната плоча се отстрануваат со помош на машината за глодање на метали.

1.1.2. ПЕЧАТАРСКА ФОРМА ЗА ВИСОК ПЕЧАТ Познато е дека печатарската форма за оваа техника на

печатење е добиена од издигнати печатарски елементи и нешто пониски слободни површини. При процесот на печатење валјаците што се наменети за премачкување на формата со боја ги премачкуваат само печатарските елементи, бидејќи тие се повисоки. Затоа тие при допирот со подлогата оставаат траги на неа, односно на тој начин се добива отпечаток. Печатарската форма за висок печат може да отпечатуваат текст и цртежи или фотографии, а исто така може да се добие отпечаток на кој ќе бидат застапени сите овие елементи за графичко обликување. Ако печатарската форма е изработена само од сложен текст, на отпечаток ќе се добие отпечатен текст. Слогот може да биде сложен рачно или машински, односно во рачна или машинска слагачница. Меѓутоа, ако покрај текстот треба да има некој цртеж, фотос, илустрација, заштитен знак и слично, т.е. нешто што не може да се сложи со слагарскиот материјал што стои на располагање, во тој случај потребно е да се изработи клише, кое претставува форма за висок печат со специфичен лик. Зборот клише е од француско потекло и под ова име се подразбира печатарската плоча што е изработена од метал, пластична маса, дрво или друга

Page 12: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

11

материја во која е изгравирана релјефна слика. Клишињата ги делиме на оригинални и умножени, па така оригинални се оние што ги изработуваат цинкографите од предлошка што ги изработиле ликовни уметници, цртачи или фотографи. Тие можат да се изработат со помош на хемиски процес или со електронско гравирање.

Клишињата според застапеноста на тоновите ги делиме на фототипски и автотипски:

а) Фототипски клишиња во една боја. Ако сакаме со печатење да умножиме некој цртеж кој е изработен со помош на туш, перо или четка, потребно е да се направи клише кое се вика фототопија. Тоа се изработува со хемиграфска постапка во цинкографијата, а за таа цел потребно е најпрвин цртежот да се фотографира на одредена големина. Добиениот фотографски негатив се копира на одредена подготвена метална плоча од цинк, бакар или месинг. На неа е нанесен фотоосетлив слој, па по копирањето осветлените површини кои ни го прикажуваат цртежот на посебен начин се втрднуваат и стануваат отпорни на киселина. На вака препарираната плоча се дејствува со киселина, па сите места што не ги покрива цртежот, киселината ќе ги нагризе и на плочата ќе остане релјефно издигнат цртеж. Деловите од плочата што не треба да оставаат трага на подлогата ќе останат пониски, па ако таквата плоча се премачка со боја, ќе се добие отпечаток на оригиналот.

Ваквата направена фотографија може да се печати посебно или заедно со слогот и тоа на рамна или рапава подлога, а отпечатокот ќе биде јасен и чист. Можно е да се направи фотографијата во негатив, при што со хемиграфски постапки, црните делови од оригиналот на отпечатокот ќе бидат бели, а заднината црна.

Ако е потребно кај обичната фотографија да се постигнат одредени ефекти, во тој случај цинкографот треба да направи растерска фотографија, при што заднината ќе биде растрирана.

Слика 4. Позитивно, негативно и растерско клише во една боја

Page 13: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

12

Од повеќебојните цртани слики можат да се изработат клишиња во повеќе бои, но под услов делувањето на боите да бидат ограничено и еднолично да ја обојува површината.

За длабоко втиснување на корици од платно или кожа се изработуваат посебни клишиња од месингани или челични плочи, чија дебелина изнесува од 4-7 mm .

б)Автотипски клишиња во една боја. Ако сакаме во висок печат да репродуцираме оригинални слики кај кои на оригиналот има разни тонови што преминуваат еден во друг, потребно е да се изработи автотипско клише. Всушност, со ваквото клише може да се репродуцира се што може да сними фотографски апарат.

Автотипски клишиња се изработуваат на ист начин како и фототипските, но овде при изработката на негативот се употребуваат растирани плочи. Тие ја расчленуваат сликата на мали точкички со различни големини, кои на фините растери со голо око не се забележуваат.

Слика 5. Автотипија во една боја

Page 14: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

13

Слика 6. Растерски негатив (зголемен)

Со расчленување на негативот во мали точки е овозможено

киселината да ги нагризува сите места каде што не постои точка па затоа светлите места на металната плоча ќе бидат изеткани.

Слика 7. Снимен оригинал со различна густина на растер

На темните места остануваат поголеми точки кои се споени

една со друга, па на отпечатокот делуваат како темна површина. Бројот на точките зависи од густината на растерот, а тоа се утврдува со броење на паралелните линии 30 должини со еден сантиметар.

Page 15: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

14

Слика 8. Снимен истиот оригинал со погусти растери

Растери за висок печат има со густина од 20-70 линии, а

нивната употреба зависи од видот на хартијата на која ќе се печати. За хартии за весници се употребуваат растери со густина од 20-25 линии, за средно фини хартии од 36-48 линии, а за најфини хартии се користат растери од 48-70 линии.

Слика 9. Снимен оригинал со различна густина на растери

Освен оригинални клишиња, во високиот печат многу често

се употребуваат и умножени клишиња, а тоа во практиката е познато како Галванотипија и Стереотипија. Стереотипија е кога дупликатот е изработен од олово, гума или синтетички материјал, а изработката е на механички начин. За таа цел најнапред се изработува матрица, а потоа од неа се прави еден или повеќе дупликати.

Page 16: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

15

Слика 10. Снимен оригинал со погусти растери

Галванотипија е кога дупликатот се изработува со галванско

исполнување на бакар врз матрица и во практиката се користи за печатење на многу големи тиражи.

Слика 11. Матрица и дупликати за клишиња

Подложни блокови за клишиња. Бидејќи оригиналите и умножените клишиња се изработуваат на плочи со дебелина од 2-5mm , потребно е истите да се изедначат со писмовната висина на писмовниот слагарски материјал.

Слика 12. Подложни блокови за клишиња со вградени фаќалки

Page 17: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

16

Како подлога на клишињата се употребуваат дрвени, железни, алуминиумски или од оловна легура парчиња. Прицврстувањето на клишињата како подлога може да биде со клинчиња, штравчиња, двострано лепило и стеги.

Врската помеѓу клишето и блокот треба да е цврста и постојана, а подложниот блок треба да е димензионално постојан и колку што е можно полесен.

Изработка на клишиња. Порано клишињата се изработувале

на плочи од цинк, бакар и магнезиум со процесот на повеќефазно нагризување меѓутоа не се користи при изработка на клишиња. Еднофазното нагризување на клишиња се применува од 1953 година, кое се усовршувало до 1965 година, па од тогаш се употребува само овој начин на изработка на клишиња во цинкографијата. За растопување на цинковите и магнезиумовите плочи се користи азотна киселина, а за бакарните плочи се употребува раствор од железо (III) хлорид. Сепак денес за изработка на клишиња најмногу се употребуваат цинкови плочи. Станува збор за цинкова легура, која во практиката е позната под името микроцинк. Растворот за еднофазно нагризување се состои од азотна киселина, средство за странична заштита и вода. Киселината мора да е чиста, со концентрација од 10-14%, а во тој случај ќе има 420 Ве (Вомеа), т.е. густината ќе и биде 1,41 gr / cm 3.

Втората компонента на растворот е средството за странична заштита кое на пазарот доаѓа под разни трговски имиња. Тоа е најчесто составено од две компоненти, и тоа: материја што се апсорбира за површината на металите и маслени течности чии молекули се врзуваат со апсорбирниот слој и на тој начин создаваат слој што е отпорен на азотна киселина.

Денес средството за странична заштита најчесто се прави од сулфатирано рицинусово масло и некое соединение на ароматичните јаглевододороди (етилбензен, диетилбензен, ксилен и др.).

Средството за странична заштита се додава за нагризување во концентрација од 2,5 до 4,5%, а точната рецептура зависи од видот на машината за еднофазно нагризување се подготвува по фабрички рецепти, а многу важен е редоследот по кој се мешаат компонентите што го сочинуваат. Растворот секогаш се подготвува по фабрички рецепти, а многу важен е редоследот по кој се мешаат компонентите што го сочинуваат. Растворот секогаш се подготвува во машините за еднофазно нагризување и најпрво во базенот се става водата, а после се додава концентрираната азотна киселина, при што температурата на растворот се зголемува. Средството за странична заштита се додава најпосле, односно непосредно пред да се започне со

Page 18: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

17

нагризувањето, бидејќи ако порано го ставиме, тоа може да биде уништено од дејството на киселината. Растворот со кој се спроведува нагризувањето треба да има температура од 27 C0 . Не смее да се дозволи директен контакт помеѓу азотната киселина и средството за странична заштита, зашто во тој случај може да дојде до пожар. Еднофазното нагризување на цинковата плоча се изведува во машини специјално конструирани за оваа намена, а ги има неколку типа. Сепак најчесто се употребуваат машините со млазници и машините со лопатки, а поретко се користат и машините во кои растворот за нагризување се прелева преку плочата која се етка.

Неметалните печатарски плочи за висок печат се изработуваат од високомолекуларни органски соединенија, па затоа често ги нарекуваме печатарски форми од пластични материјали. За првпат во графичката технологија се појавуваат во 1960 година, а се до 1970 година тие се усовршуваат и од тогаш широко се применуваат. Денес во САД и Јапонија ваквите печатарски форми се основни носители на печатарството па може да се очекува и во иднина тие да се доусовршат со што ќе се зголеми нивната примена. На пазарот овие печатарски форми можат да се најдат во повеќе облици. Најчесто пластичниот материјал од плочата се наоѓа во подлогата од тенка челична или алуминиумска ламарина, а многу поретко на пластична фолија или без подлога. Овие плочи се превидени за ротационен печат, па затоа се копираат во тој облик.

Најлон принт постапката, може да се рече, во Европа е најраширена и се базира на најлонпринт-плочите што, всушност, се фотополимерни плочи.

Тие се направени од полиамид (најлон) и фотомономер и таа смеса е топива во алкохол. Но по процесот на фотополимеризација таа поминува во нетопив облик. Копирањето на овие плочи се изведува низ негатив, а како извор на светлина се користат улравиолетови флуоросцентни цевки.

Слика 13. Изработка на печатарска форма со најлонпринт постапка

Page 19: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

18

Копирната рамка неместо стаклена плоча, има полиетиленска фолија бидејќи таа ги пропушта ултравиолетовите зраци, кои се неопходни за фотополимеризација на пластичната маса. По копирањето неосветлените површини ќе се растопат со алкохол и ќе ги претставуваат слободните површини на печатарската форма. На готовата печатарска форма што е изработена со најлонпринт-постапката не е можно да се прават дополнителни корекции, па затоа процесот за најзино изготвување треба да се одвива внимателно.

Ваквата печатарска форма ни овозможува големи тиражи при печатењето, кои изнесуваат преку милион отпечатоци. Постојат уште неколку начини за изработка на печатарска форма за висок печат од пластични маси, како што се: дакрил летерфлекс-постапките во САД.

Провери го своето знаење: 1* Какви се фототипските клишиња во една боја? 2* Објасни ги автотипските клишиња во една боја? 3* Што се тоа подложни блокови за клишиња? 4* Како се изработуваат клишињата? 5* Објасни ја најлонпринт постапката?

1.1.3. ИСПРАВКИ НА ГРЕШКИ ВО СЛОГОТ Станува збор за несакани грешки кои настанале во

технолошкиот процес при слагањето на печатарската форма. Затоа е неизбежно читање на првиот отпечаток, а оваа фаза во практиката е позната како коректура, која ја вршат стручни лица, т.е. коректори. Под поимот коректура подразбираме читање на пробните отпечатоци, уочување на евентуалните грешки, нивно правилно означување и обележување, како и исправка на обележаните грешки во типографскиот слог. Постојат неколку коректурни отпечатоци, односно коректури: домашна коректура, коректура на непреломен (несреден) слог, авторска коректура, ревизија, супер ревизија и машинска ревизија. На сите видови на коректурни отпечатоци треба да биде назначен нивниот редослед, а во одделението за печат се предава само последниот отпечаток. На него треба да стои датата и името на коректорот, а бидејќи тоа е важен документ, истиот треба да се чува.

Page 20: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

19

Кај поедноставните слогови понекогаш е доволно само една коректура, а при слагање на научни дела се применуваат неколку коректури.

Домашната коректура се врши на отпечаток во печатницата при што се поправаат настанатите грешки во слогот пред да му се достави коректурата на порачателот. Оваа коректура има за цел да се сочува угледот на печатницата како и да се одржуваат добри односи со порачателот.

Авторската коректура ја прави порачателот или авторот, без чие писмено одобрување не смее да се печати производот. Ревизија се прави на отпечаток на којшто се исправени грешките од авторската коректура.

Всушност при ревизија коректорот има задача да ги спореди старите грешки со новиот отпечаток и притоа тој внимава дали целосно и квалитетно се исправени означените грешки на авторската коректура. Ако случајно настанала некоја грешка или при исправувањето се направила нова грешка, коректорот е должен истата да ја обележи на ревизијата.

Супер ревизија е всушност контрола на правилно поправените грешки од ревизијата. Таа се користи за многу квалитетни научни дела, при што постои можност повторно да биде одобрена од страна на авторот, т.е. од порачателот.

Машинската ревизија се изведува како кај готов графички производ, па затоа во тој случај се цени се што може да влијае на квалитетот на готовиот графички производ.

Коректорот е лице кое во печатницата врши исклучително пронаоѓање и означување на грешките што настанале при слагањето и печатењето и се јавуваат уште на пробните отпечатоци. За поголема концентрација при работата на коректорот му е потребна соба, која е одделена од работните простории и бучавата. Обученоста на коректорот при читање на коректурните отпечатоци е од голема важност, бидејќи тој при читањето пронаоѓа и ги обележува грешките, а притоа ги обележува и ги проверува интерпункциските знаци, карактерот и видот на писмото, вовлеченоста на почетните редови, оддалеченоста помеѓу зборовите и редовите како и други технички недостатоци на отпечатокот. Според тоа, заклучуваме дека коректорот има тешка и одговорна задача, која успешно може да ја врши лице со природна дарба. За читање на потежок текст во слогот понекогаш на коректорот му помага лице што го следи читателот и на отпечатокот да ги обележи уочените грешки. Грешките во слогот може да настанат на неколку начина, а најчесто и најмногу се прават при слагање. Така, слагачот при својата работа може да прескокне одреден збор или реченица од

Page 21: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

20

ракописот, или непотребно, пак, двапати да ги сложи. Во слагачницата каде што буквите се помешани во сандаците поради нестручно растурање на слогот, многу често може да дојде до грешки што настанеле од погрешни “помешани” букви. Грешките можат да бидат и од техничка природа, па тексотот може да биде сложен со грешки но во него ако има оштетени букви или линии, слабо исклучени редови, поткршени машински редови и др.

При означување на уочените слагачки грешки се служиме со коректорски знаци кои треба добро да ги познаваат словослагачите и коректорите. Основното правило за корегирање на отпечатокот ни налага во внатрешноста на текстот ништо да не се коригира, односно грешката само се обележува со некој коректорски знак. Употребениот знак мора да се повтори на работ од десната страна на текстот и тоа во иста висина со грешката и покрај него се допишува потребната промена.

Коректорските знаци ги делиме на текстуални и рабни, при што од самото име може да се заклучи дека првите се користат за обележување на грешките во текстот, а вторите се употребуваат за обележување на поголеми грешки како што се мала или голема оддалеченост меѓу зборовите, вовлекување на почетниот ред, истакнување на одреден збор, проредување на збор, правилно поставување на измешаните зборови и сл.

1.1.4 РАСТУРАЊЕ НА СЛОЖЕН СЛОГ После слагањето, најважна работа на словослагачот е

растурање на слогот и таа се состои од разделување на словослагачкиот материјал и негово враќање на своето место. Бидејќи тоа е многу важна работа истата им се доверува на најискусните слагачи, бидејќи без прецизно растурање на слагачкиот материјал нема брзо и квалитетно слагање. Слогот за растурање мора да биде уредно поставен на посебни места, а растурањето се врши редовно за да нема застој при слагањето. Не е препорачливо од отпечатените слогови да се вади слагачкиот материјал, бидејќи во тој случај слогот ќе се истури и ќе настане поголема штета. Пред да се почне со растурање на слогот, се наоѓа соодветниот сандак со букви и се утврдува дали е тој вистинскиот. Притоа се контролира големината, карактеристиките, сигнатурата и др. поединости на тоа писмо. Рачниот слог во кој има многу ситен слагачки материјал, потребно е, пред да се започне со растурањето, да се натопи со вода

Page 22: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

21

за да не дојде до истурање н истиот. Претходно од слогот се вадат клишињата (ако ги има), бидејќи тие не смеат да се топат во вода.

Слогот што е одреден за растурање се прифаќа со помош на линија кој се подметнува од долната страна на редовите што се поставени на средниот прст. Истите се наслонети на прсотот, а од левата страна се придржуваат со испружениот палец. Со десната рака се земаат повеќе слова од левата и со помош на средниот прст, палецот и показалецот словата се одделуваат и рамномерно се оставаат во преградите од сандакот со букви. Посебно треба да се внимава на правилното и точно растурање на заглавците, за да не се губи време во барање при наредното слагање. При растурање на слогот словослагачот мора да биде исправен и мирен, а сопствената тежина да му биде подеднакво распоредена на двете нозе.

Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под исправување на печатарските грешки? 2* Какви видови на коректура познаваш? 3* Какви коректорски знаци има? 4* Како се обележуваат пронајдените грешки во текстот? 5* Како се растура употребениот слог за висок печат?

Page 23: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

22

1.2 ДЛАБОК ПЕЧАТ Се што е наменето за печатење во длабок печат е вдлабнато

во бакарна или челична плоча. Печатењето овде настанува од вдлабнатините на печатарската форма, па затоа оваа техника за печатење се вика длабок печат. Технолошките постапки кои се користат за длабокиот печат се бакро-печат и челичен печат.

Слика 14. Шематски приказ на длабок печат

Бакро-печатот се изведува со бакарен цилиндар во кој

текстот или сликите се вдлабнати. При печатењето, плочата целосно се натопува со боја и при тоа се исполнуваат сите вдлабнатини, потоа од површината на плочата, со помош на челичен или пластичен нож (ракел), се отсранува вишокот од боја, односно се исчистуваат слободните површини. На тој начин настанува отпечатокот со пластичен изглед и вдлабнати сенки, односно повеќетонската репродукција. За подготовка на печатарската форма за длабок печат задолжени се: репрофотографи, репроретушери, монтажери и еткачи на бакарната обвивка. Печатењето се изведува на брзи печатарски машини со кои работат печатари за длабок печат, а истите ги одржуваат остручени машинисти.

Page 24: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

23

Челичниот печат најчесто се користи за релјефно печатење, односно за различни ефекти при печатењето во техниката длабок печат. Печатарската форма за челичен печат се изработува со механичко гравирање, па при печатењето на специјални машини се добива отпечаток со релјефно испупчен лик (сув печат).

Можно е печатење и со боја коешто настанува со обилно прелевање на печатарската форма со течна боја и при тоа бојата ја исполнува гравурата. Пред да се отпечати на подлогата, со помош на посебна впивна хартија се отстранува вишокот од боја, односно се одзема бојата од слободните површини. Печатарската форма за челичен печат ја изработуваат гравери (металоглодачи), а печатењето го изведуваат печатари за длабок печат.

1.2.1. ПЕЧАТАРСКА ФОРМА ЗА ДЛАБОК ПЕЧАТ Печатарската форма за оваа техника на печатење е формирана

така, што печатарските елементи се вдлабнати, а слободните површини се издигнати. Копирањето се врши низ странично исправен повеќетонски дијапозитив. Оваа техника на печатење е единствена што овозможува повеќетонска репродукција без употреба на растерска мрежичка. Таквата можност се темели на различниот нанес од боја што се добива од вдлабнатите печатарски елементи, т.е. алвеолите, кои имаат различна длабочина.

Печатарската форма за оваа техника на печатење е најчесто метален цилиндар со бакарна обвивка, па затоа оваа техника на печатење во практиката е позната како бакропечат. Постојат неколку видови на бакропечат што денес се користат, а тоа се: обичниот или конвенционален, автотипски, комбиниран и електро гравиран бакро печат. По завршеното печатење потребно е да се отстрани бакарниот слој и тоа до најдлабокиот печатарски елементи, што најчесто изнесува неколку десетици микрометри. За таа цел порано се брусел бакарниот цилиндар, при што при секоја употреба тој станувал се потенок. Ваквата промена на неговите димензии предизвикува низа тешкотии при верноста на печатењето и затоа денес се користи друг метод.

Всушност, пронајдена е балардовата постапка, кај која печатарската форма се изработува на посебен слој (балардов), кој по секоја употреба се отстранува, а на негово место, со помош на галванизација, се нанесува нов слој. За подобро прифаќање на балардовиот слој за челичното јадро од цилиндарот се формира и меѓуслој. Тој е со дебелина од околу еден микрометар и може да

Page 25: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

24

биде направен од некој друг метал или хемиско соединение. Потребно е металот што ќе биде употребен за меѓуслој да е поелектропозитивен од бакарот, па денес за таа цел најмногу се користи сребрена обвивка. Балардовиот слој е со дебелина од 100 до 150 микрометри и тој се формира на меѓуслојот со процесот галванизирање.

Уредот за галванизирање е посебно конструиран за цилиндри и во него цилиндрите за време на побакарувањето непрестајно се вртат при што се добиваат подеднаква дебелина по целата должина. По завршеното нанесување на балардовиот слој, површината од истиот не е доволно мазна, па се пристапува кон механично машинско полирање на истата.

1.2.2. ИЗРАБОТКА НА ПЕЧАТАРСКА ФОРМА Постапката за изработка на копијата и нагризувањето на

печатарската форма е различна за различните видови на бакро-печатот, и тоа:

а) Обичен или конвенционален бакро печат. Основна карактеристика на конвенционалниот бакропечат е тоа што различните тонови на печатарските елементи имаат различни длабочини. Ваква печатарска форма може да се изработи само на индиректен начин, и тоа со помош на пигментна хартија. Таа се осветлува низ повеќетонска фотографска предлошка и притоа длабочината на штавењето е пропорционална на транспарентноста на предлошката. Осветлената пигментна хартија се прилепува на темелниот цилиндар и се пристапува кон развивање. При овој процес се растопуваат само нештавените делови од копирниот слој, а на цилиндарот останува релјефна копија. Нагризувањето се врши со раствор од ферихлорид, кој најпрвин мора да помине низ релјефниот копирен слој.

Зависно од дебелината на слојот нагризувањето ќе почне порано или подоцна, а како резултат на тоа ќе се добие печатарска форма со различни длабочини на печатарските елементи.

б) Автотипен бакропечат. Името го добил затоа што за репродукција на повеќетонски оригинали се употребува техниката автотипија. Тоа значи дека различните тонови на печатарската форма на отпечатениот примерок се претставени со различни површини на печатарските елементи, а длабочината на сите им е иста. Со ова се сакало да се одбегне употребата на пигментна хартија, која е многу комплицирана. На темелниот цилиндар копијата од печатарската

Page 26: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

25

форма може да се изработи на два начина и тоа со директна или индиректна постапка.

* Кај директната постапка цилиндарот се ослојува со еден од познатите колоидни копирни раствори, кои најчесто се врз база на поливинил алкохол (PVA), или желатин. Кога слојот ќе се исуши, на него се поставува растерскиот дијапозитив, и се осветлува. При осветлувањето цилиндарот се врти со константна брзина, а осветлувањето се врши низ тесен отвор по целата широчина на цилиндарот.

* Кај индиректната постапка се употребува пигментна хартија и на неа се копира низ цртежен или растерски дијапозитив. Потоа хартијата се пренесува на темелниот цилиндар и се развива. Притоа се добива копија кај која слободните површини се заштитени со копирен слој, а печатните елементи се без слој. Потоа следува нагризување кое за двете постапки е исто и се изведува со многу концентриран раствор на ферихлорид (FeCl3).

в) Комбиниран бакропечат. Оваа постапка е комбинација помеѓу конвенционалниот и автотипскиот бакропечат, па оттаму го добила името комбиниран. Од конвенционалниот бакропечат го користи тоа што за различни тонови од печатарската форма се изработуваат печатарски елементи со различни длабочини. Сличноста со автотипскиот бакропечат е во тоа што различните тонови се добиваат со различните површини на печатарските елементи.

Копирањето се изведува само преку индиректна постапка и се врши на два начина: низ повеќетонски дијапозитив и растерски дијапозитив од оригиналот. Растерскиот дијапозитив го заменува растерот за бакропечат, а провидните површини помеѓу зацрнетите растерски точкички овозможуваат создавање на прегради помеѓу печатарските елементи. По копирањето пигментната хартија се пренесува на темелниот цилиндар и се развива, при што копијата станува релјефна. Нагризувањето најчесто се одвива во две фази и со два раствора на ферихлорид, кои имаат различна концентрација. Прво се употребува поконцентриран раствор, а потоа помалку концентриран раствор. По нагризувањето копирниот слој се отстранува од цилиндарот и печатарската форма е готова.

г) Електрогравиран бакропечат. При оваа постапка можат да се изработат печатарски елементи со различни длабочини и со различна површина, па различните тонови на отпечатокот се добиваат со различни нанеси на боја или со различни површини на печатарските елементи. Овој тип на бакропечат не користи директно и индиректно копирање, а печатарската форма се добива со директно механичко гравирање на посебно конструирани машини за таа цел.

Page 27: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

26

Овие машини се опремени со два вида на уреди, од кои едниот го “чита” оригиналот, а другиот ја гравира идната печатарска форма. Типичен пример за ваква изработка на печатарска форма е хелиоклишографот, кој може со едно снимање да изработи повеќе исти печатарски форми.

- Печатарските форми за бакропечат што се изработени на кои било од претходните начини не се многу отпорни и можат да издржат од околу 150.000 отпечатоци. Бидејќи понекогаш тоа е мал тираж потребно е на овие форми да се нанесе слој од некој тврд метал, зошто знаеме дека бакарот е мек. За таа цел најчесто се користи хромот, односно процесот на галванско хромирање.

Провери го своето знаење: 1* Како функционира длабокиот печат? 2* Кој видови на длабок печат ги познаваш? 3* Објасни го конвенционалниот длабок печат? 4* Што е тоа автотипен длабок печат? 5* Како е изработена печатарската форма за комбиниран длабок печат? 6* Кои се карактеристиките на печатарската форма за електрогравирен длабок печат?

Page 28: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

27

1.3. РАМЕН ПЕЧАТ Рамниот печат се изведува од рамни плочи, а се темели на

хемиско-физички основи. Печатарските елементи и слободните површини лежат во иста рамнина на печатарската форма, т.е. плоча, која наизменично се премачкува со вода и со боја.

Бидејќи печатарските елементи и слободните површини лежат во иста рамнина, на задната страна од отпечатокот не се појавува релјеф, т.е. нема траги од притисокот што се користи при печатењето. Според постапките, рамниот печат го делиме на: каменопечат, светлопечат и офсетен печат. Во групата на рамен печат спаѓа и печатењето на лим.

Слика 15. Два шематски прикази на рамен печат

Page 29: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

28

� Каменопечатот (липитографијата) денес поради големата гломазност на печатарската форма која е од камен и поради многу спорото печатење, многу малку се користи. Печатењето се изведува кога камената печатарска форма ќе ја премачкаме со вода и боја, а потоа со директно притискање на хартијата врз камената форма.

Камениот печат го вршат: литоцртачи, притискувачи и литопечатари.

� Светлопечатот денес во светот се користи во многу

мал број графички претпријатија. Кај нас не е развиен и нема организација во која би се добил отпечаток со помош на оваа техника за печатење. Светлопечатот е погоден за печатење на уметнички репродукции со мали тиражи, бидејќи при печатењето не се користи растер за одвојување на сликата во печатарските елементи. Всушност, тие настануваат со посебна постапка на копирната форма, при што се добива многу ситно назрнета површина на плочата.

� Офсет печатот е развиен со усовршување на камениот пачат, а служи за печатење на големи тиражи за сите графички производи. Прецизно нацртаните цртежи или сликаните фотографии најнапред ги преснимуваат репрофотографите, а потоа добиените негативи ги корегираат репроретушерите и ги подготвуваат за монтажа. Монтажата ја прават фотомонтажерите, а копистите имаат задача да ја ископираат монтажата на однапред подготвени и ослоени цинкови или алуминиумски плочи. Офсетниот печат се одвива со посредство на гумен цилиндар, на којшто најпрво се пренесува ликот од печатарската плоча. Од гумената навлака истиот лик се пренесува на подлогата на која печатиме, а спротивниот притисок го добиваме со помош на печатарскиот цилиндар. Според тоа, произлегува дека офсетниот печат се изведува со помош на три цилиндри и во присуство на вода и боја. Печатењето го изведуваат офсет печатари на машини за офсет печат, кои можат истовремено да печатат и во повеќе бои. Денешните офсет ротациони машини се целосно автоматизирани и печатат во повеќе бои на повеќе книжни табака, а ги опслужуваат офсет ротопечатари. Провери го своето знаење: 1* На какви основи се темели рамниот (офсетен) печат? 2* Зошто на задната страна на отпечатениот примерок кај рамниот печат нема релјеф? 3* Кои подгрупи на рамен печат ги познаваш?

Page 30: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

29

1.3.1. ПЕЧАТАРСКА ФОРМА ЗА РАМЕН ПЕЧАТ На печатарската форма за рамен печат печатарските и

слободните површини се наоѓаат во иста рамнина, па се јавува проблем како на печатарските елементи да нанесеме боја, а таа да не се прифати и за слободните површини. Решението на тој проблем е во различните физичко-хемиски својства на печатарските и слободнте површини. Така печатарските површини се олеофилни и хидрофобни, а тоа значи дека ја прифаќаат бојата и ја одбиваат водата. За разликата од нив, слободните површини со хидрофилни и олеофобни, односни тие ја прифаќаат водата и ја одбираат бојата.

Процесот на печатење со печатарска форма за рамен печат се одвива по овој редослед:

- влажење на плочата со вода; - премачкување на плочата со печатарска боја; - изработка на отпечаток (печатење); - при копирање на печатарска плоча за рамен печат најчесто е

потребен квалитетно изработен странично свртен растерски дијапозитив;

- по копирањето плочата се развива, а потоа се пристапува кон олеофилизирање и хидрофилизирање на печатарските и слободните површини. Тоа се прави со помош на површински активни материи, кај кои е присутна појавата на ориентирана (насочена) атсорпција.

Постојат метали кои сами по себе се олеофилни или хидрофилни, па ова нивно својство се користи за изработка на полиметални офсетни плочи.

Лабараториски е утврдено дека цинкот, бакарот и месингот имаат олеофилни својства, а хромот, алуминиумот, никелот и антикорозивниот челик имаат хидрофилни својства. Печатарските плочи кои се изработени на еден метал, во практиката се познати како монометални офсетни плочи имаат дебелина од 0,30 до 1,5mm . На ваквите плочи се нанесува копирен слој кој е фотоосетлив и може да користи две постапки за копирање.

Всушност, зависно од тоа што се користи како предлошка, така се вика и постапката. Ако копирањето се врши низ дијапозотив, копирниот слој сам по себе е топив, а на местата каде што ќе паднат светлосните зраци тој е топив и при развивањето се отстранува. Оваа постапка во практиката е позната како позитивна постапка за изработка на офсетни плочи.

Негативната постапка како предлошка за копирање користи негатив и овде копирниот слој сам по себе е топив. На местата каде што ќе паднат светлосните зраци тој станува нетопив и тие места,

Page 31: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

30

всушност, се печатарските елементи. При развивањето се отстранува копирниот слој од оние места каде што не паднале светлосни зраци, на тој начин се добиваат слободни површини.

Полиметалните офсетни плочи се изработени од повеќе метали кои не се помешани како легура. Тие се поставени во вид на слоеви при што функционалната група најчесто ја сочинуваат хром и бакар или никел и бакар. Хромот и никелот доаѓаат најгоре и тие ги претставуваат слободните површини, а бакарот е под нив и, поради своите олеофилни својства, ги претставува печатарските елементи. Полиметалните офсетни плочи се употребуваат при печатење на големи тиражи, бидејќи тие се поиздржливи и поотпорни на триење.

Слика 16. Отпечатен оригинал со една, две и три основни бои

Page 32: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

31

Слика 17. Отпечатен истиот тој оригинал со четирите бои на

суптрактивната синтеза

Провери го своето знаење: 1* Наброј ги фазите за добивање на отпечатен примерок со печатарска форма за рамен (офсетен) печат? 2* Објасни ги позитивната и негативната постапка за изработка на офсетни плочи? 3* Какви се монометалните офсетни плочи? 4* Што се тоа полиметални офсетни плочи? 5* Колку печатарски форми ни се потребни да го отпечатиме горниот колор?

Page 33: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

32

1.4. ПРОПУСТЕН (СИТО) ПЕЧАТ

Пропустен печат (сито печат) е техника на печатење која не може да се смести во ниедна од досега наведените техники на печатење. Самото печатење се одвива низ печатарската форма која е во облик на сито, а бојата низ него ја истуркува гумен нож (ракел).

Печатењето се изведува на тој начин што ситото ја пропушта бојата само на местата каде што е тоа проѕирно, а таа проѕирност настанува по копирањето, при развивање на ситото. Всушност на местата каде што се наоѓаат печатарските елементи со процесот на развивање од ситото се остранува емулзијата и тука тоа останува проѕирно т.е. ја пропушта бојата на подлогата. Како подлога за печатење во оваа техника на печат може да послужи: пластика, керамика, дрво, текстил, метал и разни други материјали. Печатењето може да биде во една или повеќе бои а го изведуваат ситопечатарите. Печатарската форма ја подготвуваат репрофотографи кои за оваа техника на печатење треба да изработат странично исправен растерски дијапозитив и низ него се копира ситото.

Слика 18. Шематски приказ на пропустен (сито) печат

По завршеното печатење, а пред да се предаде готов производ, следуваат дополнителни и завршни работи. Многу е мал бројот на отпечатените производи кај кои нема и не е потребна дополнителна работа. Завршната фаза во своите работни единици ја изведуваат книгоподврзувачите, картонажерите, конфекционерите и преработувачите на хартиени артикли. Од наведениот преглед на графичката технологија може делумно да се оцени сложеноста на работата на која што се темели современото печатарство.

Page 34: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

33

Провери го своето знаење: 1* Како изгледа печатарската форма за пропустен сито печат? 2* На какви подлоги можеме да печатиме во со сито печатот и зошто? 3* Во колку бои можеме да печатиме со сито печат?

1.4.1. ПЕЧАТАРСКА ФОРМА ЗА ПРОПУСТЕН (СИТО)

ПЕЧАТ Оваа техника името го добила по тоа што печатарската форма

е изработена од материјал сличен на сито. Тоа е, всушност мрежичка од некој материјал, која е оптегната во рамка, а прозорчињата на ситото се исполнети со органска материја што не е пропустлива за графичката боја. Кај сито печатот печатарските елементи се провидни и ја пропуштаат бојата, па затоа оваа техника за печатење се нарекува уште и пропустен печат. Отпечатоците добиени со сито печат се разликуваат од другите отпечатоци што ги добиваме во другите техники на печатење, бидејќи бојата поминува само низ прозорчињата на мрежичката. Според тоа би требало да се добие трага од боја која ќе биде испрекината на местата каде што се наоѓаат нитките од ткаенината. Но сепак, бојата кога ќе дојде на подлогата се слива, односно се соединува, бидејќи нитките се многу тенки, па на тој начин се добива целина од нанесот од боја.

Во оваа техника без употреба на растерска мрежичка можна е само еднотонска репродукција. Посебна карактеристика на печатарската форма за сито печат е нејзината еластичност и таа може да се прилагоди за печатење на подлоги со разни форми. Мрежичката за сито печат е изработена од нитки (конци), што се добиени од: метал, природен текстил или синтетички текстил. Металните мрежички се употребуваат поретко и тоа за печатење на керамика и порцелан, односно на тврди подлоги.

Page 35: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

34

Слика 19. Монофилни и мултифилни мрежички за сито печат

Од природните влакненца најчесто се користи свила, која е

многу еластична и не доаѓа до трајни деформации. Недостаток на ваквата мрежичка е тоа што таа не е димензионално постојана под дејство на влага и температура. Синтетичките влакненца денес почесто се употребуваат за изработка на мрежички за сито печат. Станува збор за влакненца од полуестер (теритал) и полиамид (најлон, перлон и сл.).

Овие мрежички ги карактеризира голема еластичност, отпорност на хемикалии, и димензионална постојаност. Главна карактеристика на мрежичката за сито печат е густината на нитките, која може да биде од 15-200 нитки на cm . Одредени нитки можат да бидат едноделни (монофилни) или повеќеделни (мултифилни).

Рамките за мрежичките кај сито печатот се правоаголни и со различен формат, а можат да бидат изработени од: дрво, лесен метал или тврди пластични материи.

За да се изработи печатарска форма за сито печат потребно е мрежичката да се оптегне и да се прицврсти за рамката. Правилно оптегнатото и прицврстеното сито може да се користи повеќе пати, односно по завршеното печатење тоа се чисти од бојата и од копирниот слој и повторно се употребува за нова печатарска форма.

Слика 20. Цртежи на прозорчињата од мрежичките за сито печат

Page 36: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

35

За изработка на копиите на печатарската форма денес се употребуваат мануелни и фотомеханички начини, а заедничко им е тоа што прозорчињата од ситото што ги претставуваат слободните површини треба да се затворени. За таа цел се користи колоиден раствор кој во практиката е познат како емулзија. Истата може да се нанесува со четка или со прелевање на мрежичката, а правилен и едноличен нанос од емулзијата се обезбедува со уредот “глодало”.

Копирањето на мрежичката може да биде директно или индиректно. Така при директната постапка тоа се изведува низ фотографска предлошка на самиот копирен слој. Во индиректната постапка најпрво се копира на фотоосетлива копирна фолија, која потоа се пренесува на ситото. Копирањето на оваа техника се врши низ странично исправен растерски дијапозитив па така на местата каде што ќе паднат светлосните зраци емулзијата станува нетопива и тие места ќе ги претставуваат слободните површини на печатарската форма, односно белината на отпечатениот примерок. Местата на кои дијапозитивот е непровиден (непроѕирен) нема да дозволат да продрат светлосните зраци до емулзијата, па затоа на тие места таа ќе остане топива во вода. По развивањето на тие места прозорчињата од ситото ќе бидат провидни и низ нив лесно ќе поминува печатарската боја за сито печат, која е потечна во споредба со боите за другите основни техники за печатење.

Слика 21. Слободни површини и печатарски елементи кај печатарската форма за сито печат

Page 37: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

36

Всушност, на тој начин на ситото се формирале печатарските елементи кои заедно со слободните површини ја сочинуваат печатарската форма за сито печат. Познато е дека истото сито може да се употребува повеќе пати, па затоа по завршеното печатење потребно е да се отстрани копирниот слој од слободните површини на ситото. За таа цел се употребуваат соодветни растворувачи, а најпрвин се отстранува печатарската боја од ситото, а потоа се отстранува и копирниот слој од слободните површини на ситото. Истото се прави со раствор на силно оксидациско средство како што се калиум перманганатот и натриум хипохлоридот. Потоа мрежичката добро се исплакнува со вода и се суши, со што таа е подготвена за изработка на нова печатарска форма за сито печат. Провери го своето знаење: 1* Од што е изработена печатарската форма за сито печат? 2* Какви се монофилните сито мрежички? 3* Што ги карактеризира мултифилните сито мрежички? 4* Објасни што е тоа емулзија и зошто служи? 5* Од што се изработени рамките за поставување на сито мрежичките?

Page 38: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

37

2. ОСНОВНИ МАТЕРИЈАЛИ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО ГРАФИЧКАТА ИНДУСТРИЈА

За да може графичката индустрија успешно да ја извршува својата функција употребува мноштво графички материјали. Дел од истите влегуваат во самиот графички производ и затоа тие материјали ги нарекуваме со заедничко име основни графички материјали. Тука, пред се, спаѓаат: хартијата, картонот, лепенките, печатарските бои и лепилата, а постојат и помошни графички материјали како што се: разни пластични материјали, метали, легури, филмови и други хемиски средства за нивна обработка.

2.1. ХАРТИЈА Хартијата, катронот и мукавата се графички материјали што се користат, речиси, за секој графички производ, бидејќи претставуваат подлога за печатење. Затоа сите поголеми графички куќи располагаат со различни видови на овие графички материјали. Технолошкиот процес за производството на хартија, картон и мукава се состои од четири технолошки фази, и тоа:

1. преработка на суровините и подготовка на полуфабрикатите, 2. изработка на хартиената маса, 3. лиење, т.е. изработка на хартијата, картонот и лепенката, 4. завршни работи на новопроизведената хартија.

Карактеристично е тоа што процесот тече континуирано и

најчесто не смее да се прекинува. 2.1.1. ПРЕРАБОТКА НА СУРОВИНИТЕ И

ПОДГОТОВКА НА ПОЛУФАБРИКАТИТЕ

Дрвото може да се преработува механички и хемиски, па во првиот случај од него се добива полуфабрикатот дрвесина, а во вториот целулоза. Од двата полуфабрикати се изработува хартија, но истата има различни својства и квалитет. Дрвосината е најевтин полупроизвод за производство на хартија: за весници, средно фини хартии за пишување и печатење, хартии за пакување, натрон хартија, картон и лепенка (мукава).

Полуцелулозата е полуфабрикат, кои има подобри својства од дрвосина а технолошкиот процес за производство не е комплициран

Page 39: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

38

и е доста економочен, бидејќи загубите се незначителни во споредба со производството на целулоза. Од полуцелулозата порано се произведувале картони и брановидна лепенка, а таа денес се бели и од неа може да се прават неколку видови фини хартии.

Целулозата е органска материја и спаѓа во групата на најраширени соедниненија во природата. Таа е полисахарид и ја има повеќе од сите други јаглеродни хидрати заедно. Целулозата добиена со одреден технолошки процес се вика техничка целулоза. Притоа, најчесто, од дрвената маса се одвојува на целулозата од другите нецелулозни материи. За таа цел се применува киселата и базичната постапка. Киселата постапка за одвојување на целулозата од другите материи го користи сулфатниот и нитратниот начин. Базичната постапка за одвојување на целулозата од другите материи ја застапуваат натронскиот и сулфатниот начин. 2.1.2 ИЗРАБОТКА НА ХАРТИЕНА МАСА

Влакнестите полуфабрикати се преработуваат во влакнеста маса за изработка на хартија, поради што целулозата се подложува на мелење во холендар или во современи уреди за рафинирање. По задолжителното мелење на масата и се додаваат, во одредени проценти, други компоненти коишто се неопходни за изработка на хартија и тоа: дрвосина по потреба, лепила, полнила и боја. Сето тоа е хомогено распоредено во вода со која е наполнет холендерот, а масата има облик на згрутчено млеко и најчесто се вика хартиена пулпа (или композиција за хартија).

Ако ги менуваме условите за мелење на влакнестата маса, како и процентуалниот состав за учество на додатоците, од мал број на влакнести полуфабрикати можеме да добиеме голем број различни видови квалитети на хартија, кои меѓусебно се разликуваат по својата структура и физикално-хемиските својства.

Хартиена пулпа е разредена суспензија од 93-97% Н2О и 3-7% цврста материја. Во водата се наоѓаат влакненца од целулозата или од дрвосината, како и од другите помошни материи, кои на хартијата и ги даваат потребните печатарско-технички својства.

Полнилата (исполнувачите) се неоргански материи со бела боја кои на хартиената маса и се додаваат во облик на прав или како слабо растворени (нерастворени) во вода. Тие имаат задача да го исполнат просторот над целулозните влакненца, а на хартијата и ги дава следниве својства: дебелина и зафатнинска тежина, непроѕирност, мазност и мекост на површината, белина, афинитет

Page 40: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

39

кон боите за пишување и печатење, ги смалуваат трошоците за изработка на хартија и друго.

Како полнила се користат: силикати, сулфати, карбонати и оксиди. Така, од силикатните полнила се користат: каолинот, талкот и азбестот, од сулфурните: гипсот и барутот, од карбонатите: креда и магнезитот, а од оксидните се употребува титандиоксидот. На хартиената маса полнила и се додаваат во зависност од намената на хартијата, па така без полнила се електроизолационите хартии, филтер-хартиите, пергамент-хартијата и други. До 5% полнила содржат хартиите за весници, подлогата за фотографските хартии и други, до 15% полнила содржат офсетните, литографските и хартиите за пишување. Преку 15% но најмногу до 30% полнилата содржат хартиите за уметничко печатење, за длабок печат, премачканите хартии и други квалитетни хартии.

Врзивата (или лепилата) во хартиената маса се додаваат со цел да ги поврзат меѓусебно целулозните влакненца а истовремено и овие со полнилата, односно хартијата да ја направат похомогена. Од нивното учество во хартиената маса зависат следниве својства на хартијата: способноста за впивање (туш, мастило, бои, печатарските бои), отпорноста кон водата и подобрите механички својства на хартијата. Како врзива ни служат лепила од природно и синтетско потекло. Природните ги делиме на растителни и животински, па така од растителните најчесто се употребуваат калофониумот и скробот, а од животинско потекло се користат лепилата: туткал, желатин и казеин.

Калофониумот се добива како нуспроизвод при производството на терпентинско масло од смолата на зимзелените дрвја. Тој хартијата ја прави отпорна на влага, но не влијае многу на механичките својства.

Слика 22. Структура на скроб од разни растенија: 1.Компирен

скроб; 2.Пченичен скроб; 3.Оризов скроб; 4.Пченкарен скрон; 5.Скроб од грав

Page 41: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

40

Скробот е една од основните органски материи што се користи како врзиво во индустријата за производтство на хартија, а покрај другото, тој е и најевтин. Тој се создава како резервна храна кај многу растенија, а најмногу е застапен во: пченицата, пченката, оризот и компирот. Произведениот скроб е во облик на бел прав со ситни гранулати чијшто пречник е од 5-100 µ . Тој на хартијата и ја зголемува отпорноста на кинење, истегнување и прекршување, а истовремено хартијата станува пожилава, поеластична и позвучна. Исто така скробот влијае хартијата да биде побела, да не се скубе, отпорна на триење, па затоа тој се употребува при изработка на хартија за цртање, литографски и офсетни хартии, перфорирани картички, фотографски хартии и други.

Туткалот и желатинот се добиваат со варење на животински отпадоци од кожи и коски, а температурата на варењето не смее да биде повисока од 65-70 C0 , зошто при повисока температура ќе дојде до разложување на белковините кои немаат својства за лепење најнапред се става во ладна вода каде што набабрува. Потоа следува загревање до 60 C0 со константно мешање.

Желатинот е многу слична материја со туткалот, а се разликува по тоа што е без боја, без мирис и вкус, па затоа наоѓа примена во површинско лепење кај поквалитетните видови хартии.

Казеинот е лепило со многу добри механички својства и често се употребува во комбинација со други лепила. Се добива со издвојување од посно млеко со додавање на хлороводородната киселина (HCl). Тој во вода не се раствара, но затоа набабрува, а за растворање се додава мала количина (3-8% од количината на казеинот) (NaOH, Na2CO3, NH4OH). Тој се загрева на температура од 45-60 C0 со константно мешање, а се употребува како средство за поврзување кај премачканите хартии и картони (кунздрук).

Синтетските лепила денес се повеќе се употребуваат како врзива при производството на хартија. Најчесто за таа цел се користат: поливинил алкохол, поливинил ацетат, фенолформалдехидни смоли и др. Предноста на синтетските лепила во споредба со природните е во тоа што тие имаат подобри својства за лепење, брзо се сушат и притоа создаваат еластичен филм, безбројни се и провидни, и што не ги менуваат својствата.

Боењето на хартиената маса е неопходно, бидејќи, речиси, сите полуфабрикати коишто се употребуваат за производство на хартија (па и белените полуфабрикати) имаат жолтеникава нијанса. За да се зголеми белината на хартијата, на влакнестата хартиена маса и се додаваат сини органски обојувачи уште во холендарот.

Page 42: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

41

Понекогаш за белење се додаваат неорагнски пигменти, а најчесто за таа цел се користи ултрамарин пигментот.

Освен белењето, понекогаш на хартијата и се додаваат бои со цел таа да се обои бидејќи денес има хартии во, речиси, сите тонови. За таа цел многу е важно да се најде боја што ги има сите потребни квалитети и тоа:

� да има најголем афинитет кон сите компоненти што ги содржи хартиената маса,

� мора да биде светла и со јасен, чист тон, � да не се раствора во вода, � да е отпорна на светлина и топлина, � да не ги менува својствата под дејство на киселини и бази.

Хартијата може да се бои целосно или само на површината. Секако дека поквалитетно и позастапено е целосно боење, кај кое бојата ја апсорбираат целулозните влакненца, а кај површинското боење средината останува необоена, па затоа вакво боење е препорачливо кај дебелите хартии и картони. Квалитетот на обоеноста многу зависи и од врзивата, т.е. од лепилата во хартијата, па така калофониумот, оксидираниот скроб и синтетските лепила многу позитивно влијаат на рамномерно обојување кај хартијата. Од друга страна, голем број полнила имаат афинитет кон одредени бои, па може да дојде до послабо, нерамномерно и неквалитетно обојување.

Боењето на хартиената маса, во зависност од бојата, се врши на одредена температура, а најчесто е тоа температура од околу 50 C0 . Сушењето на обоената хартија треба да се изведе во строго дефинирани услови затоа што може да дојде до несакано “движење” на бојата кон површината, а тоа е всушност нерамномерна обоеност.

2.1.3. ЛИЕЊЕ (ИЗРАБОТКА) НА ХАРТИЈАТА

Самиот процес за изработка на хартија се врши исклучително

машински, бидејќи инаку не би можела да се задоволи огромната побарувачка која денес владее за хартија. Машината за производство на хартија се состои од цела низа уреди и апарати, а нив можеме да ги поделиме на четири основни дела (групи):

1. уред за дотекување и прочистување на хартиената маса,

2. сито на кое се изработува хартијата, 3. група за пресување на ново произведената хартија, 4. сув дел од машината.

Page 43: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

42

Хартиената маса од холендерот оди во посебни базени, кои всушност, служат како резервоари. Тие се опремени со мешалки, кои го спречуваат раслојувањето на суспензијата, а истовремено ја регулираат правилната разреденост низ масата, така што истата пред да оди на леење треба да има околу 3% цврста материја. Најчесто, покрај една машина за производство на хартија се наоѓаат по два резервоара за да може да се обезбеди резервна маса во случај кога се преминува на нов квалитет на хартијата. Резервоарите се со капацитет од 7-30m3 а тоа зависи од големината и капацитетот на машината за производство на хартијата. Од овие базени хартиената маса се движи со помош на центрифугални пумпи и се трансортира до уредот за регулирање на густината и количината. Хартиената маса на машината за производство на хартијата дотекува во многу разреден облик, што зависи од брзината на самата машина и од граматурата на хартијата (картонот) што се произведува. Најчесто хартиена маса доаѓа во концентрација од 0,5-0,8% сува материја во еден литар вода. Вака разредена и детално прочистена хартиена маса се воведува во специјален одливен базен, кој во практиката се вика корито за натечнување (натечно корито). Ова корито треба да обезбеди правилен доток на масата и тоа така што во зависност од брзината на машината се менува нивото на суспензијата, односно висинската разлика во однос на ситото. Кај машините со поголема брзина мора да се обезбеди поголемо ниво на суспензија, а исто така потребна е и поголема висинска разлика што овозможува побрзо истекување на масата.

Ситото е рамно и изработено е од фосфорна бронза, а се движи како непрекината трансортна лента чијашто должина е до 40 м, а ширината и преку 7 м. Брзината со која се движи ситото е најчесто поголема од 500м/сек. Од страните по целата должина на ситото се наоѓа четвртест гумен ремен кој е припоен за ситото и не дозволува да се разлее разредената суспензија. Под ситото има мноштво метални валјаци кои се обвиткани со гума, а за да не го оштетуваат нежното сито и да го одржуваат истото во хоризонтална положба. На почетокот овие валјаци се помногубројни, бидејќи тука има многу голем процент на вода во суспензијата, па ситото е преоптоварено. Во тој дел се врши насочувањето на целулозните влакненца и истекувањето на вишокот од водата низ ситото.

Вториот дел од машината се вика влажен дел и тука новонастанатата хартија го испушта остатокот од вода и тоа присилно, бидејќи хартијата поминува низ систем од цилиндри кои всушност ја цедат водата од хартијата, а таа со помош на одводен канал се враќа во собирен базен и во холендерот.

Page 44: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

43

Слика 23. Шемаски приказ на машината за изработка на хартија

а) дел за сушење;б) воден дел; б1) дел за пресување; б2) дел од ситото 1.сандак под притисок, 2.регистар валјаци, 3.рамнач, 4.уреди за всмукување, 5.гауч преса, 6.сито, 7.платно за пресување, 8.водено платно, 9.валјаци за пресување, 10. офсетни преси, 11.цилиндри за сушење на хартијата, 12.суво платно, 13.платнени цилиндри за сушење, 14.каландер, 15.наморување на ново добиената хартијата.

Page 45: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

44

Слика 24. Технолошки процес за производство на хартија

Page 46: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

45

Третиот дел од машината е познат како сув дел и тој се состои од 30-36 шупликави, големи метални цилиндри, кои од надворешната страна се полирани, а од внатрешната се загреваат со водена пареа. Хартијата оди околу тие цилиндри, а тие се поставени во паралелни редови и тоа така што замислената вертикала да поминува помеѓу два валјака од долниот дел. Хартијата наизменично се вади од долниот на горниот валјак, а притисната е на површината од загреаниот цилиндар со помош на специјален валан филц. На почетокот на сушниот дел, температурата е најниска и изнесува од 50-70 C0 , а во средината на овој дел таа е највисоката и изнесува од 100-115C0 . Од повеќе причини температурата не смее да биде повисока од 130 C0 . Сушењето мора да се изведува постепено, бидејќи во спротивно предизвикува нерамномерно собирање на хартијата, поради што таа станува крута и кршлива. За да се оствари постепено сушење, а притоа да не се продолжува времето на сушењето, кај современите машини се вградуваат голем број цилиндри. Над сушниот дел од машината поставен е лимен оклоп, кој служи за собирање и одвод на водената пареа од новопроизведената хартија, која во тој момент содржи 5-8% влага. Бидејќи хартијата е многу загреана, таа се разладува со помош на уред од два цилиндра, кои од внатрешната страна се празни и низ нив тече ладна вода. На тој начин се произведува хартија во вид на ролна, со ширина и до 7 м, а кај посовремените машини на крајот од сушниот дел можат да се наоѓаат уреди за површинско лепење или боење на хартијата.

2.1.4. ЗАВРШНИ РАБОТИ НА НОВОДОБИЕНАТА

ХАРТИЈА

Произведената хартија се намотува во облик на ролна, па доколку порачателот ја бара во тој облик, истата се сече во бараната ширина со помош на чиниести ножеви и цврсто се премотува во ролна. Ако хартијата не останува во облик на ролна, тогаш таа се сече на одредени формати, а по сечењето се врши сортирањето на истата со цел да се отстранат неисправните табаци хартија.

Page 47: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

46

Слика 25. Шематски приказ од каландер машина:

1.ролна за размотување, 2.прачка за исправање, 3.подвижен валјак, 4.горни валјак, 5.валјак за притискување, 6.метален валјак, 7.долен валјак, 8.валјак за водење на хартијата, 9.прачка за исправање, 10.валање, 11.ролна за намотување, 12. механизам за спојување и раздвојување на валјаците, 13.кран за снабдување на хартија, 14.платформа на каландерот.

По сортирањето хартијата се брои и се пакува во одредени пакети на кои има налепено етикети што ги содржат потребните карактеристики за запакуваната хартија. Во еден пакет најчесто се наоѓаат: 125, 150, 200, 250, 500 или 1.000 табаци, што зависи од видот, форматот и тежината на хартијата. Најдобро е вака спакуваната хартија уште кај произведителот да се смести во магацин во кој се одржува температурата од 20 C0 и релативна влажност на воздухот од 65%.

Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот основни графички материјали? 2* Од што е изработена хартијата? 3* Наброј ги технолошките фази за производство на хартија? 4* Објасни ги завршните работи на ново произведената хартија?

Page 48: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

47

2.1.5. ФОРМАТИ НА ХАРТИЈА

Денес сите видови хартија е произведуваат во одредени формати од ДИН-стандардот, според кој постојат форматите: А, Б, Ц и Д. Овие формати се во облик на правоаголник, кај кој поголемата страна од форматот, пр. А, се однесува спрема малата страна Б како дијагонала од квадрат спрема страна од квадратот. Бидејќи секој нареден формат од тој вид на хартија се добива со сечење на половина од подолгата страна на поголемиот формат, ќе важи односот:

A1 : A2 = 2 :1… Сите формати меѓусебе се геометриски слични, а таа сличност на форматите А, Б, Ц и Д може лесно да се провери со поклопување кога ќе се поклопуваат нивните дијагонали.

Слика 26-а Шематски приказ за добивање помали формати од А0 до А4

Основниот формат А има најголеми предности при употреба,

а само ако тој не одговара за потребната намена се зема дополнителниот формат Б. Многу ретко или само во специјални прилики се употребуваат дополнителните формати Ц и Д, па затоа истите произведувачи ги нудат многу ретко или само по порачка. Во следната табела прикажани се имињата и димензиите на форматите хартија за стадардите А, Б, Ц и Д.

Page 49: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

48

Glaven i osnoven format A

Dopolnitelen format B

ozn. merki vo mm ozn. merki vo mm

A0 841 h 1188 B0 1000 h 1414

A1 594 h 841 B1 707 h 1000

A2 420 h 594 B2 500 h 707

A3 297 h 420 B3 353 h 500

A4 210 h 297 B4 250 h 353

A5 148 h 210 B5 176 h 250

A6 105 h 148 B6 125 h 176

A7 74 h 105 B7 88 h 125

A8 52 h 74 B8 62 h 88

A9 37 h 52 B9 44 h 62

A10 26 h 37 B10 31 h 44

Dopolnitelen format C

Dopolnitelen format D

ozn. merki vo mm ozn. merki vo mm

C0 917 h 1296 D0 771 h 1090

C1 648 h 917 D1 545 h 771

C2 458 h 648 D2 385 h 545

C3 324 h 458 D3 272 h 385

C4 229 h 324 D4 192 h 272

C5 162 h 229 D5 136 h 192

C6 114 h 162 D6 96 h 136

C7 81 h 114 D7 68 h 96

C8 57 h 81 D8 48 h 68

C9 40 h 57 D9 34 h 48

C10 28 h 40 D10 24 h 34

Табела 1. Димензии на форматите А, Б, Ц и Д

Page 50: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

49

A0

A2A3

A4A5

A6 A7A8A9

A10

A1

Слика бр. 26-б Графички приказ за поделба на А0 форматот

Page 51: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

50

B0

B2

B3

B4B5

B6B7B8B9

B10

B1

Слика бр. 26-в Графички приказ за поделба на Б0 форматот

Page 52: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

51

C0

C2

C3

C4C5

C6C7C8

C9

C10

C1

Слика бр. 26-г Графички приказ за поделба на Ц0 форматот

Page 53: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

52

D0

D2

D3

D4D5

D6D7D8

D9

D10

D1

Слика бр. 26-д Графички приказ за поделба на Д0 форматот

Провери го своето знаење: 1* Кој формати на хартија ги познаваш според “ДИН” стандардот? 2* Кои се основни, а кои дополнителни формати? 3* Кој е поголем формат: А1 или А4 и кои димензии ги имаат? 4* Како од Б1 ќе добиеш Б3 формат? 5* Кои формати на хартија најчесто се употребуваат во Македонија?

Page 54: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

53

2.2. ГРАФИЧКИ БОИ

Под зборот боја во нашиот јазик подразбираме два поима. Во првиот случај се работи за апсрактна појава, бидејќи изразува чувство, кој човекот го восприема со своето око. Тоа чувство го изразуваме со зборови кои ни помагаат при опишувањето на обоеноста, па велиме дека тој предмет е жолт, зелен итн.

Во другиот случај станува збор за бои кои можеме да ги осетиме со допир, односно за материјални бои, како на пр.: хромовожолтило, милори сина, ултрамарин и др. Овие бои се многу поинтересни за графичарите бидејќи со нив ликот од некој текст или илустрација од печатарската форма се пренесува на подлогата. Нанесот од боја што останува на подлогата изнесува неколку микрони, а тоа зависи од техниката во која печатиме. Кај високиот печат нанесот е дебел 3µ (микрона), кај рамниот печат 2µ , кај длабокиот печат 12µ и кај сито печатот 6µ .

Кај боите разликуваме адитивно и суптрактивно мешање. Во првиот случај се работи за оптичко (визуелно), а во вротирот станува збор за сликарско (материјално) мешање на боите. Суптрактивната синтеза има три основни бои и тоа: жолта, зеленосина (цијан) и пурпурна (темноцрвена). Овие бои се викаат уште и примарни бои, а со нивно мешање настануваат сите други бои, и тоа: со мешање на две основни бои во иста процентуална застапеност се добиваат три секундарни бои. Така, со мешање на жолта и пурпурна се добива црвена, зеленосина плус пурпурна дава виолетовосина и зеленосина плус жолта дава зелена. Ако ги помешаме сите три основни бои од суптрактивната синтеза, и тоа така што секоја да учествува со 33.33%, ќе добиеме темнокафеава, т.е. приближно црна боја. На една основна боја, бојата што се добива од другите две основни бои и е комплементарна боја. Така на жолтата боја комлементарна и е виолетовосината, на пурпурната и е зелената, а на зелено-сината и е комплементарна боја црвената. Во природата многу ретко наидуваме на чисти тонови, бидејќи секоја шарена боја содржи извесна количина на бело и црно. Таквите шарени бои ги карактеризира:

- тон на бојата, - степен на заситеноста, (тоа е кога белата боја има најмал

степен на заситеност и во тој случај тонот на бојата е еднаков на нула),

- степен на затемнетост (тоа е кога црното дава најголем степен на зацрнетоста, па и во овој случај тонот на бојата е еднаков на нула).

Page 55: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

54

Овие три вредности даваат заеднички збир на бројот 100, а идеално е кога тонот на бојата е 100, а учеството на црната и белата боја би било нула. Графичките бои се состојат од: пигменти, полнила, врзива, средства за сушење, растворувачи и други додатоци. Пигментте на графичката боја и даваат обојување, а тоа се природни или синтетички добиени обоени материи од органско или неорганско потекло. Бидејќи пигментите се цврсти материи, тие на бојата и даваат цврстина, маса и конзистенција. Нетопиви се во вода како и во врзива во кои се дисперзирани (распрснати). Гoлемината на честичките што ја има пигментот е многу важна, бидејќи колку се помали честичките, толку дисперзираноста нивна ќе биде поголема и обратно. Второ важно својство на пигментот е способноста на покривање на одредена површина од подлогата. Според покривноста, пигментите ги делиме на: покривни, проѕирни и проѕирно-покривни. Следно важно својство на пигментот е неговата економичност (издашност). Во оваа група спаѓаат боите чиишто пигменти имаат голема моќ за покривање на подлогата, односно со што помалку боја да покријат колку што е можно повеќе површина. Секако дека ова својство на бојата многу зависи од дисперзираноста на пигментот во врзивата. Понатаму, важно својство на пигментот е нивната постојаност на светлина. Речиси, сите пигменти под дејство на сончевата свелина го менуваат својот тон, а ние за таа појава велиме дека бојата бледи, или потемнува. Постојаноста на пигментот спрема светлината е дефинирана и во графичката индустрија се означува со броевите од 1 до 4, па така со бројот 1 се означуваат најпостојаните пигменти, а со бројот 4 најмалку постојаните пигменти. Пигментите треба да се отпорни на : вода, температура, лакирање и во одредени услови на бази (во индустријата за сапуни и прашоци). Според начинот на добивање, неорганските бои ги делиме на:

1. Природни или земјени бои - Нив многу често ги наоѓаме во природата, и тоа во големи количини, но никогаш чисти, туку во присуство на разни примеси. Од земјата се вадат во вид на руда, а преработката се состои од: ситнење (дробење), миење, сепарирање, сушење и ситно мелење. Земјените бои немаат некоја голема примена во производството на графичките бои, бидејќи имаат многу недостатоци како што се: големата специфична тежина,

Page 56: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

55

неекономичноста, не се отпорни на светлина, на вода, на органски растворувачи и врзива.

2. Синтетични органски бои - Најчесто се добиваат со хемиски процес на таложење од водени раствори на нивните минерални соли. Понатамошната обработка се состои од: миење, филтрирање, сушење и мелење.

Предноста на синтетичните бои е во тоа што се добиваат во многу почиста состојба од земјените, па затоа имаат и подобри својства. Се карактеризираат со голема постојаност на светлина, отпорност на вода и органски растворувачи, како и пониски цени во споредба со органските пигменти. Недостатоци им се: големата специфична тежина, мала дисперзираност, слаба економичност и ограничен број на нијанси. Во графичката индустрија најчесто се употребуваат следниве бои: париско-сина, хромова-жолта, бела боја, хромова-зелена, оловно белило и др. Органските бои по начинот на производство ги делиме на:

- природни органски бои, кои можат да бидат од животинско и растително потекло. Од животинско потекло најпознати се: пурпурната и црвената кармин боја. Првата се добива од сокот од морски полжави, а втората се наоѓа во телата на растителните вошки. Природните органски бои немаат никакво значење во индустријата за печатарски бои, поради многу високата цена и малиот број на нијанси.

- синтетичните органски бои, денес се најважни и најприсутни во графичката индустрија. Се произведуваат на синтетски начин со доста комплицирани постапки. Главна група на овие бои се катранските бои, кои се добиваат од катранот на камен јагленот (катранот е трета фракција на сувата дестилација на камен јагленот). На тој начин се добиваат познатите органски соединенија како што се: бензолот, толуолот, ксилолот, фенолот, нафталинот, антраценот и др. Од овие суровини со разновидни хемиски процеси се добиваат синтетички органски бои. Поради своите одлични својства: мала специфична тежина, голема економичност, голем број на нијански, релативно ниска цена и сл., овие бои ги истиснале од употреба другите бои.

* Полнилата т.е. исполнувачите се присутни во графичките бои како додатоци. Тие не влијаат на нијансата што ја има бојата, а истата ја прават попогодна за печатење. Полнилата мора да бидат отпорни спрема врзивата, а според начинот на кој се добиваат, нив ги делиме на природни и синтетички. Природните полнила се добиваат од рудите со механичко ситнење и дополнително прочистување. Овие полнила обично се тврди и имаат мал дисперзитет, па затоа слабо се користат.

Page 57: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

56

Синтетичките полнила се добиваат најчесто со таложење на тешко топиви соли, а бидејќи ги немаат недостатоците од претходните, тие имаат поголема примена. Најпознати полнила за печатарските бои се: алуминиум хидратот, калциум карбонатот, магнезиум карбонатот, глината, бариум сулфатот и други.

* Врзивата или поврзувачите се една од најважните компоненти во печатарските бои. Бидејќи тоа е течна компонента, таа на бојата и ги дава главните својства. Денес познаваме многу видови врзива, а кој ќе бидат употребени при изработката на печатарската боја зависи од: техниката на печатењето, видот на машината, својството на подлогата и други фактори.

Современите врзива се повеќе содржат различни материи како што се синтетски смоли и други додатоци, восок и други додатоци, разни растворувачи (алкохоли, естери, кетони), па така се почесто се одбегнуваат класичните врзива. Сите овие измени имаат задача да се постигне колку што е можно подобро натопување на пигментните честички, поголема лепливост на истите за подлогата и што е можно побрзо сушење поради големата брзина на машините. Задача на врзивата е:

- да ја обвитка секоја пигментна честичка, а со тоа се постигнува едноличност во печатарската боја;

- да ја направат бојата способна за печатење; - да ја “врзат” печатарската подлога * Сушилата се маслени врзива од растително потекло и тие

најчесто се употребуваат како врзива. Се добиваат од плодови и семки на растенијата и тоа преку процес на пресување и екстракција со помош на органски растворувачи. Растителните масла во поглед на сушивоста можеме да ги поделиме на:

- брзо сушиви, тука спаѓаат маслата од: лен, коноп, орев и маховина;

- полусушиви се маслата од: репа, соја, сусам и други; - споро сушиви или несушиви се: маслиновото, рицинусовото

и маслото од леска. Од сите растителни масла за производство на графички бои

од најголема важност е лененото, кое се добива од семките на ленот и во нив го има од 35 до 40%. Со пократко или подолго варење на лененото масло се добива врзиво со разна густина и се обележува со разни броеви. Притоа помалите броеви означуваат поретки масла, а поголемите броеви означуваат погусти масла. Згуснатото ленено масло се добива со варање на истото без присуство на воздух и се нарекува фирнајс. * Растворувачите се важна компонента во графичките бои кои имаат задача да испарат од подлогата откако на неа ке остане

Page 58: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

57

отпечатокот. За оваа цел најчесто се користат разни смоли како што се: калофониумот, битуменот, фенолните и кетонските смоли и други. Од органско потекло како растворувачи се употребуваат: бензинот, петролејот, толуенот, ксилеонот, алкохолите, естрите и други растворувачи, а зависно од техниката во која ќе се печати бојата. Растворувачите според брзината на испарување ги делиме на: брзосушиви, средносушиви и споросушиви. Денес многу повеќе се користат специјалните растворувачи од синтетски смоли и целулозни деривати. Според температурата на варење растворувачите можеме да ги поделиме на: - растворувачи со ниска точка на вриење (под 100 C0 ); - растворувачи со средна точка на вриење (од 100 до 150 C0 ); - растворувачи со висока точка на вриење (околу 220 C0 ). Од голема важност за растворувачите е брзината на испарување, а таа е дефинирана со број кој ни кажува колку пати одреден растворувач подолго испарува од етерот. Така растворувачите што испаруваат брзо имаат броеви помали од 10, а оние што средно испаруваат се означени со броевите од 10 до 35, и растворувачите што споро испаруваат се означени со броеви поголеми од 35. Треба да се знае дека речиси, сите растворувачи лесно се палат. * Други додатоци во графичките бои, како посебни додатоци во графичките бои може да се употребат: восокот, маслото, маста, сапунот, средства за влажење, антиоксидни мириси и друго. Овие додатоци ги подобруваат некои од својствата на графичките бои или ги отстрануваат несаканите последици во текот на печатењето. Така, ако додадеме маст во бојата таа ќе биде поотпорна на триење, не е многу леплива и е потечна. Антиоксидните мириси брзо го апсорбираат кислородот, со што ја спречуваат реакцијата на маслата за сушење, а тоа значи дека боите ќе останат меки и течни во машините за печатење. Освен тоа, мирисите ги покриваат другите непријатни мириси во печатарската боја и постигнуваат одреден мирислив ефект. Додатоците најпрво се растопуваат во поврзувачите или се додаваат во готовата боја, а при тоа треба да се внимава да се додаде оптимална количина, бидејќи може да не се постигне саканиот ефект.

Page 59: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

58

Бело

Светло

Основни бои на адитивната синтеза - визуелни бои

Кафеава

Боја

Основни бои на суптрактивната синтеза - материјални бои Провери го своето знаење: 1* Колку просечно е дебел нанесот од боја на отпечатениот примерок за секоја техника на печатење? 2* Што подразбираш под поимот боја и зошто? 3* Кои се основни бои на адитивната синтеза и како нив ги чувствуваме? 4* Кои бои ги изучува суптрактивната синтеза? 5* Кои се основните состојки на печатарските бои? 6* Какви својства имаат графичките бои?

Page 60: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

59

2.3. МЕТАЛИ И ЛЕГУРИ ВО ГРАФИЧКАТА ИНДУСТРИЈА

Во графичката индустрија за непречено одвивање на определена функција се употребуваат многу метали и легури. Најпозната е, оловната легура, која најчесто се нарекува и графичка легура.

2.3.1. ОЛОВОТО И НЕГОВИТЕ ЛЕГУРИ

Оловото спаѓа во групата на тешки обоени метали и се наоѓа во природата во рудата галенит, што всушност е олово сулфид. Тоа кристализира во облик на површински центрирана кубна решетка и има релативно ниска точка на топење (327,4C0 ). Оловото е меко, лесно и пластично се обработува, отпорно е на корозија, на обична и морска вода, како и на голем број разредени киселини. Него многу го нагризува концентрираната азотна киселина и водената пареа. На воздухот оксидира површински при што создава тенок заштитен слој од PbO и Pb2O3.

Оловото има голема техничка примена, а како чисто се користи за изработка на разни делови кои се изложени на корозија.Од оловото се изработуваат голем број легури, па така легурата Pb-Sn се користи за лемење, а повеќе компонентната легура на Pb-Sb-Cu-Sn-As-Ag се употребува за леење на лежишта. Секако дека најпозната е таканаречената графичка легура Pb-Sb-Sn. Тоа е всушност, трокомпонентна легура од олово, антимон и калај, а нивната употреба е сеуште голема во графичката индустрија. Оваа легура се користи за изработка на слагарски материјал, подложни блокови, стереотипни плочи, за линотип и монотип машините и други потреби. Составот и квалитетот на легурата е пропишан со закон, а се изработува од олово со чистота од 99,9% антимон 99.6% и калај чиј состав не е пропишан, бидејќи најчесто тој се увезува. Според тоа произлегува дека оваа легура најмногу се употребува за изработка на печатарска форма за висок печат. 2.3.2. АЛУМИНИУМОТ И НЕГОВИТЕ ЛЕГУРИ Алуминиумот е метал со мала запреминска маса и припаѓа на групата лесни метали. Се одликува со добра електро и топлинска спроводливост, а на воздухот реагира со кислородот и создава тенка

Page 61: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

60

површинска обвивка (Al2O3), која го заштитува од понатамошна корозија. Во графичката индустрија алумниумот се употребува за изработка на офсетни плочи и тоа во облик на лимови и фолии. Освен тоа тој понекогаш наоѓа примена за изработка на клишиња за висок печат со кои можеме да отпечатиме високи тиражи.

2.3.3. БАКАРОТ И НЕГОВИТЕ ЛЕГУРИ Бакарот е метал кој има релативно голема зафатинска маса, а тоа значи дека спаѓа во групата на тешки метали. Тој е одличен проводник на електрична струја и топлина, а се топи на температура од 1083C0 . Бакарот е отпорен на корозија, па затоа се користи за заштита на други метали. Него го раствараат: азотна киселина, концентрирана сулфурна киселина, органски киселини, амонијакот и др. Тој гради голема низ легури, од кои најпознати се месингот и бронзата. Месингот е легура на бакарот и цинкот, а има голема примена, а во графичката индустрија се употребува за: леење на линии и букви за висок печат, како и за матрици кај линотип и монотип-машините. Бронзата е легура на бакарот со калај или алуминиум, силициум и олово. Чистиот бакар има голема примена во техниката, а во графичката индустрија се користи за изработка на клишиња кај повеќебојниот печат и издржува големи тиражи. Кај длабокиот печат се користи за изработка на бакарната обвивка на темелниот цилиндар. Исто така, наоѓа примена за изработка на полиметални офсетни плочи каде што, заедно со хромот и никелот, ја сочнуваат функционалната група.

2.3.4. ЦИНК Цинкот, исто така, спаѓа во групата обоени тешки метали, а неговата точка на топење е 420 C0 . Тој на температура од 100 до 130 C0 станува пластичен и може да се кова, да се вала во тенки листови и се извлекува во облик на жица. Цинкот е доста корозивно отпорен, бидејќи на површината создава тенка компактна обвивка од цинков оксид (ZnO), па затоа се употребува за заштита на други метални површини. Во графичката индустрија цинкот има голема примена. Тој се употребува во облик на плочи за изработка на

Page 62: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

61

клишиња во цинкографија. Овој цинк во себе не смее да содржи: јаглерод, сулфур, арсен и олово, бидејќи, тие не дозволуваат рамномерно растворување на цинкот. Исто така, и железото како примес е не пожелно бидејќи предизвикува корозија. Цинкот што се користи за изработка на клишиња е познат под името микроцинк, а тоа е всушност легура со многу голем процент на цинк, кој содржи 0,05% магнезиум и околу 0,1% алуминиум. Освен тоа, цинкот има примена за изработка на поли метални офсетни плочи.

2.3.5. МАГНЕЗИУМ Тој е најлесен метал кој се користи како конструкционен метал и нема добри механички својства. Корозивно е неотпорен, има афинитет кон кислородот, а на температура од 500 C0 во присуство на воздухот тој се пали и гори со силен бел пламен. Магнезиумот се топи на температура од 651 C0 и лесно се раствора во киселините. Во графичката индустрија легурите на магнезиумот се употребуваат за изработка на клишиња и тоа во состав: 97% магнезиум, 2% алуминиум, 0.3% манган. Исто така овие легури се употребуваат за лесни офсетни плочи за печатење на големи тиражи. Провери го своето знаење: 1* Зошто најмногу се употребува оловната (графичка) легура? 2* Што најчесто изработуваме од цинкот во графичката индустрија? 3* За која техника на печатење се употребува бакарот и зошто? 4* Кои печатарски форми се изработуваат од алуминиум?

Page 63: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

62

2.4. ПЛАСТИЧНИ МАСИ

Пластичните маси на пазарот се појавиле пред околу 100 години и оттогаш нивната употреба секојдневно се зболемува. Денес ретко има некоја гранка во која пластичните маси немаат своја примена, бидејќи тие со своите хемиско-физички својства во економската конкуренција наполно ги достигнале класичните материјали, па дури и ги надминале. Пластичните маси многу тешко можеме да ги дефинираме, бидејќи тие се добиваат од различни суровини, на различни начини, имаат различен хемиски состав, па секоја дефиниција би била нецелосна. Тоа се високо молекуларни органски соединенија, кои во одредена фаза на производството се пластични, а во нормални услови го задржуваат добиениот облик. Основни елементи од кои се прават многуте од неколку илјади соединенија на органски материи се: јаглеродот, водородот, азотот и кислородот. Секако дека во тие соединенија се додава и цела низа од други елементи како што се: сулфур, арсен, фосфор, калиум, натриум, халогениди и други, но во споредба со претходните четири, нив ги има во незначителни количини. Најважно место во молекулот на пластичните маси зазема јаглеродот, иако тоа место кај силиконите му го презема силициумот. Многу соединенија од кои се добиваат пластичните маси по својата градба се поедноставни и ги карактеризира релативно многу мал број на атоми. Таквите соединенија се поврзуваат со хемиски процес на полимеризација во нови покомплицирани соединенија на кои лесно не можеме да ја одредиме градбата на молекулот. Всушност, не знаеме колку едноставни молекули и на кој начин се поврзани во конечниот производ, бидејќи неговиот состав е директно зависен од начинот на кој е произведен (притисок, температура, катализатори, време и др). Пластичните маси во природата се многу ретки, па најчесто тие се резултат на човековиот напор и ум, а тоа значи дека се вештачки или синтетички материи. Своето име го добиле поради можноста за лесно моделирање и обликување, а тоа зборува дека тие материи се способни постојано или повремено да ја менуваат својата форма без кршење, но со задржување на добиениот облик. Првите пластични маси се користени од природата (смола, глина и друго) уште во времето на Римјаните. За прво откритие во подрачјето на пластичните маси се смета резултатот на Паркесовите експерименти, кои во 1860 година добил цела низа различни и дотогаш непознати материи. Во 1868 година Џон Хат случајно го открил целулоидот, а тоа се случило во времето кога се јавил недостаток од слонова коска. Целулоидот го добил од нитро целулоза и тој е прв член на пластичното семејство. Наредниот позначаен чекор во развјот на

Page 64: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

63

пластичните маси уследил во 1909 година, кога при зголемена температура и притисок од смесата фенол и формалдехит е направена нова синтетичка пластична маса - бакелит. И понатаму се развивало пронаоѓањето на пластични маси, па така до 1930 година, се пронајдени уште 6, до почетокот на втората светска војна ги имало 18, а денес ги има неколки десетици видови пластични маси. Најважно место од суровинити за производтсво на пластични маси од природата завземаат јагленот и нафтата, а од воздухот азотот.

- Јаглен - Со процесот коксување од јагленот се добива катран, а од него може да оделиме цела низа на важни полуфабрикати за синтеза на пластичните маси, како што се: бензен, ксилоен, фенол, крезол и други. Некои од овие соединенија се трошат во многу поголеми количини отколку што ги добиваме од катранот па затоа се произведуваат на синтетички начин. Од коксовиот плин се добива етилен, а од синтетитскиот плин (јаглероден моноксид и водород) се добива метанол, кој е база за производство на формалдехид.

- Нафта - Од нафтата и од природниот плин со термичко распаѓање се добиваат незаситени нискомолекуларни соедниненија, како што се: етилен, пропилен, бутилен, бензен, ксилен и многу други јагленороди кои се значајни за производството на пластични маси.

- Метан - Тој се содржи во природниот земјен гас и е важна суровина на производство на синтетички гас: метанолформалдехид, а може да се добие и ацетилен. Во земјите со развиено земјоделство, шумарство и сточарство се добиваат повеќе полупроизводи за добивање на пластика од тие дејности. Дрвото е важно за производтсво на целулоза, од млекото се изработува казеин, од шеќерната меласа се добива алкохол и сл. Значајна примена има и глицеринот, кој е нус производ во индустријата за сапуни од природни масла, а од разните отпадоци се добива фурфурол. Освен самиот полимер кој ја сочинува основата на пластичната маса во неа се додаваат многу други додатоци. Нивната задача е различна, а најчесто се сведува на подобрување на основните својства на полимерот и упростување на процесот за преработка. Најважни додатоци се: врзивата, полнилата, бојата, растворувачите, катализаторите, пластификаторите, забрзувачите и маслата, а нивната количина во пластичната маса зависи од намената на материјата.

* Врзивата се соедниненија кои можат да се употребуваат за производство на пластични маси и тоа сами или во комбинација со други додатоци. Врзивото е полимер, кој за разлика од другите додатоци, во одредени услови и сам може да стане пластична маса.

Page 65: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

64

Врзивата се произведуваат во облик на прашок, гранулати или грубо формирани парчиња, кои како такви доаѓаат во погоните каде што се обработуваат во пластични маси.

* Полнилата се еден од најважните додатоци во пластичните маси, бидејќи со нивна примена од ист полимер можеме да произведеме пластика на најразлични особини. Тие имаат влијание врз цената на производот и најчесто како полнила се употребуваат: дрвено брашно, азбест, некои видови на почва, стакло, кремен, графит, волна, памук и хартија. Со додавање на барит се зголемува тежината на пластиката, а минералните полнила ја намалуваат или целосно ја исклучуваат можноста за запалување на пластиката.

* Боја во пластичните маси се додава со цел за да се добијат попријатни тонови, а со тоа се зголемува популарноста на пластичните маси. Боите што се користат за оваа цел мора да бидат отпорни на условите под кои се преработуваат врзивата во финален производ (на температура, пресување или леење), а освен тоа треба да се постојани и на светлина. Естетскиот изглед што го имаат пластичните маси на својата површина имаат значајна улога за финалниот производ што е наменет за широка потрошувачка.

* Катализаторите во пластичните маси се додаваат во мали количини, бидејќи во спротивно може да предизвикаат експлозија. Тие служат за да ги забрзаат хемиските реакции со кои се добива готовиот производ, како и за избегнување на високи температури што се потребни за реакцијата.

* Забрзувачите се разни хемиски соединенија кои имаат задача да го подобрат дејствувањето на скапите катализатори во процесот на втврднувањето на пластичната маса.

* Пластификаторите во пластичните маси се додаваат понекогаш, а со цел да се зголеми својството на еластичност и пластичност кај некои видови на пластични маси. Во одредени пластични маси се додаваат органски растворувачи (бутилен алкохол, амилен ацетат, гликол, етер и други), кои овозможуваат поголема хомогеност во составот на производот.

* Масла во пластичните маси се додаваат за да се подобри потполнувањето на калапот, одлепувањето на истиот, како и за полесна обработка на финалниот производ. Со поврзување на сите овие компоненти се добива материја во облик на прашок или во гранулатен облик од кои се формираат финални производи. Бројот на компонентите и нивното процентуално учество е различно, а еве еден пример на пластична маса со карактеристичен состав:

Page 66: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

65

врзива 48%

полнила 48% масла 1.5%

катализатор 0.5%

забрзувач 1%

боја 1%

вкупно: 100%

2.4.1 ПОДЕЛБА НА ПЛАСТИЧНИТЕ МАСИ

Поради малата можност за спречување на сличноста во хемискиот состав постои цела низа од поделби на пластичните маси, но најчесто се присутни поделбите:

- според начинот на добивање - според односот под дејство на температура

* По првата поделба постојат неколку подгрупи и тоа: 1. Пластични маси кои се добиени со кондензации. Во

оваа подгрупа спаѓаат пластични маси што се добиваат со помош на кондензација со два или повеќе основни молекули, односно со одвојување на едноставните соединенија како што се H2O и HCl. Главни претставници на оваа група се: - фенопластите - аминопластите

2. Пластични маси добиени со полимеризација. Познато ни е дека основните нискомолекуларни соединенија (мономери) редовно содржат активна двојна врска. При процесот на полимеризација овие врски се кинат и со нивна помош се врзува еден молекул за друг но притоа не се одделува никаква супстанца. Претставници на оваа група се: - полистиренот, - полиакрилните естри (полиестри), акрилни и метаакрилни киселини, - половинили (тоа се полиестри на винил алкохол).

3. Пластични маси врз база на целулоза. Тие се добиваат со естрификација на природните макромолекули на целулозата, а тука спаѓаат:

- нитро целулозата (целулоид), - ацетил целулоза (целулозен ацетат).

Page 67: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

66

4. Пластични маси врз база на протеини се: - маси на база на природни белковини, - синтетички полиамиди што се добиваат со цел со поликондензација на дијамини и дикарбински киселини.

* Според односот под дејството на температурата, пластичните маси се делат на:

1. Термореактивни маси, кои прво се омекнуваат, па потоа се обликуваат и втрднуваат на повисока температура со помош на хемиска реакција, а добиениот облик го задржуваат по што тие повеќе не можат да се омекнат или да се стопат. Овие пластични маси можеме да ги споредиме со својсвата на јајцето, па така ако јајцето го свариме тоа ги менува својствата во споредба со претходната состојба и повеќе неможеме да го вратиме во првобитниот облик. Типичен таков пример е пластичната маса бакелит, кој спаѓа во групата фенопласти. Термореактивните маси постепено изгоруваат или хемиски се распаѓаат при високи температури. Запаленоста кај овие маси зависи од содржината и видот на полнилата, па ако е поголемо присуството на минерални полнила масата потешко се пали. Основни групи на термореактивните маси се:

- фенопластите; - аминопласите; - полиестрите; - алкидните смоли; - епоскидите; 2. Термопластични маси можат да се омекнат со

температура, а потоа да се втврднат со ладење. Нив можеме да ги споредиме со стаклото или мразот, па така, на пример, кога го топиме мразот тој станува вода и со тој облик можеме да го лееме во различни калапи. При повторното ладење тој се втврднува, односно се враќа во првобитната состојба и ја задржува формата на калапите. На сличен начин термопластичните маси (се леат и се обликуваат додека се омекнати) добиваат облик и форма на калапите по нивното ладење. Процесот на пластификација може да се повтори повеќе пати, а се менува само состојбата и нивната форма, но не и својствата на пластичните маси. Типичен претставник на оваа група пластични маси е поливинил хлоридот, а освен овој тука спаѓаат:

- целулозните маси; - поливинил ацетат; - политетрафлуроетиленот;

Page 68: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

67

- полиметакрилатите; - полиетиленот; - полипропиленот; - полиизобутиленот; - полиалеидите. 3. Други пластични маси. Во оваа мала група спаѓаат три

многу значајни подгрупи на соединенија, кој им припаѓаат на пластичните маси. Нивната употреба е многу раширена, особено на каучукот, кој е база за добивање на гума. Потоа тука се и силиконите, кои се сметаат за најперспективни пластични маси.

2.4.2. ХЕМИСКИ СВОЈСТВА НА ПЛАСТИЧНИТЕ МАСИ

Постојаноста на пластиката е многу подобра во споредба на постојаноста кај некој материјали, кои до неодамна имаа главен збор во техниката. Таа денес успешно ги заменува или ги дополнува својствата на железото, челикот, многу легури, дрвото, керамиката, стаклото, текстилот, кожата, гумата, градежниот материјал и друго. Големата постојаност на пластичните маси кон хемиските промени, како и отпорноста спрема дејството од страна на хемиските соединенија се темели врз високо молекуларната структура што ја имаат овие маси, која е добиена со полимеризација на едноставни соедниненија. Одделни пластични маси не се отпорни на некој хемиски средства, па нив ги нарекуваме растворувачи. Помеѓу металите и пластичните маси постои основна разлика во однесувањето кон корозивното дејство. Ако на металите дејствуваме со хемикалии, ќе дојде до хемиска реакција, која започнува на површината и продира се подлабоко додека не настапи целосно разорување на металот. Кај пластичните маси не доаѓа до хемиски реакции, односно растворот и гасот продираат од површината се подлабоко во пластичната маса, а оваа појава престанува кога истата ќе биде заситена. Бидејќи појавата се карактеризира со зголемување на зафатнината, тоа се вика бабрење, а количината на течност што продрела се мери во gr / cm 2, и претставува мерка за бабрење. Покрај процесот на бабрење се сретнуваат и други, а при растопувањето на некоја компонента е отежнато техничкото изразување на бабрењето, затоа може да дојде и до смалување на тежината. Бабрењето зависи од молекуларната структура, на пластичната маса, од цврстината на молекуларните врски и од видот на агресивното средство. Постојат неколку можности на бабрење при што многу е важно дали агресивното средство ќе се поврзе со молекулите на пластичната

Page 69: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

68

маса или пак помеѓу нив ќе дојде до хемиска реакција. Некои од пластичните маси целосно се отпорни на хемиските средства, а во оваа група спаѓаат: тефлонот, силиконите, некои аминопласти, флексигласот и бакелитот. Отпорноста ги прави пластичните маси многу погодни средства за изработка на разни: уреди, арматури, амбалажи и декоративен материјал. Ако механичките својства на пластиката не се доволни да ги издржат потребните оптоварувања, таа се комбинира со други технички материјали (метали и легури), при што пластиката служи како обвивка. На тој начин таа го заштитува металот од корозија, а со самото тоа спречува големи загуби.

2.4.3. ФИЗИЧКИ СВОЈСТВА НА ПЛАСТИЧНИТЕ МАСИ

1. Термореактивни маси

а) Обоеност на пластични маси. Речиси, сите пластични маси можат да се обојат во сите нијанси со бои од органско или неорганско потекло. Пластичните маси кои се слабо постојани на светлина (фенопластите), се настојува да се бојат во темни тонови како што е бакелитот, а материите постојани на светлина (аминопластите), се употребуваат за производтство на бели и светло обоени артикли.

б) Пропусливоста на светлина. Потребно е кај оние

термореактивни маси што се употребуваат во оптички цели (леќи, распрскувачи, провидни заштитници), да има пропусливост на светлината. Бидејќи содржат полнила, сите други пластични маси се делумно или целосно непропустливи на светлина.

в) Влијание на температурата кај пластичните маси. Со

зголемување на температурата се смалува механичката отпорност на термореактивните пластични маси, па така уретаните можат да се загреваат до 75 C0 , а мастите врз база на меламин и преку 200 C0 . Некои пластични маси многу лесно се палат и горат, а бакелитот на висока температура пука и се крши, но не гори.

г) Специфична тежина кај пластичните маси. Таа е различна, па така кај фенопластот изнесува околу 1,3, а кај уретанот и меламинот околу 1,5. Многу помала специфична тежина имаат порозните и пенастите пластични маси (од 0,02kg / dm3), додека

Page 70: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

69

масите кои содржат многу минерални полнила имаат специфична тежина од 2,2kg /dm 3.

д) Коефициент на растегнување. На овие пластични маси

коефициентот на растегнување име е приближно еднаков како и кај металите. Ова својство многу се применува во електро индустријата, па затоа металните жици се обвиткани со пластика кај разни каблови.

ѓ) Цврстина. Таа не им е јака особина на пластичните маси,

бидејќи дозволеното оптоварување на истегнување е од 350 до 900 kg / cm 2 (кај челикот е 3700kg / cm 2). Оптоварување на притисок е можно од 600 до 2800 kg / cm 2, а со посебни поставки и армирање може да се изработат материјали за поголеми дозволени оптоварувања.

е) Други својства на пластичните маси. Тука се мисли на

следните својства на пластичните маси не се електро спроводливи, многу слабо ја спроведуваат топлината и звукот. Затоа многу почесто се користат како електро, топлотни и звучни изолатори.

2. Термопластични маси

а) Обоеност на пластичните маси, од оваа група можна е

обоеност на истите во сите нежни и пастелни нијанси, бидејќи поголем дел од нив се безбојни.

б) Пропусливоста на светлината кај пластичните маси

што се добиваат без употреба на полнила е голема, бидејќи тие се без бојни и чисти, а се користат за изработка на леќи, филтери, заштитни очила и слични производи. Поради целосната провидност и индексот за кршење на светлината, од голема важност е полистиролот и полиметакрилатот, кои приближно одговараат со стаклото и добро го заменуваат.

в) Специфичната тежина кај овие маси е различна и се

движи од 1,1 до 1,4kg / cm 3, па така стиропорот е пенасто развиена маса и има специфична тежина само од 0,2 до 0,1kg / cm 3.

Page 71: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

70

г) Влијание на температурата. Топлината условува физичка промена на состојбата што е основна карактеристика на термопластичните маси. Тие можат од цврста состојба да преминат во мека, па дури и во течна, а притоа да не им се променат хемиските својства. Важен фактор кај овие маси е температурата на смекнување која најчесто се движи од 60 до 140 C0 . Ако се загрева смесата на поголема температура од потребната, од истата ќе излегуваат меурчиња со гас, а тоа е знак дека испарува пластификаторот. Со понатамошно зголемување на температурата се јавува и хемиска промена, зашто доаѓа до распаѓање на врзивата, т.е. на самата пластика. Ако овие маси ги изложиме на пламен, тие горат и ја менуваат бојата (со помалку примеси), а масите кои содржат повеќе минерални врзива се незапаливи.

д) Коефициентот на растегнување кај овие маси е поголем

во споредба со термо реактивните маси, особено кај некои полиетиленски производи, а истото важи и за поливинилхлоридот и поливинилацетатот.

ѓ) Цврстината на целулозните термопласти е најголема, а

освен тоа тие се еластични па служат за изработка на филмска лента. Армираните пластични маси, како што е полиетиленот, имаат многу поголема цврстина, а понекогаш ја достигнуваат цврстината на челикот.

е) Други својства на овие пластични маси се: голема електро,

топлотна и звучна изолаторна способност која е многу подобра од термореактантите.

Провери го своето знаење: 1* Од кои суровини се добиваат пластичните маси? 2* Како ги поделивме пластичните маси? 3* Кои се хемиските својства на пластичните маси? 4* Кои физички својства на пластичните маси ги познаваш?

Page 72: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

71

2.5. ЛЕПИЛА

Под поимот лепење се подразбира соединување на две исти или различни материи со атхезија на трета материја. Основен услов за да се изврши лепење е таа материја да покажува атхезија кон материјалите што треба да се залепат, а самата таа мора да има голема кохезија, како би овозможила врската помеѓу слепените материи да биде цврста и трајна. Својството атхезија е резултат на дејствувањето на интермолекуларните сили меѓу молекулите на две различни материи како резултат на тоа, тие се слепуваат една на друга. Материјалите можат да имаат поларни и неполарни молекули. Поларните материи можат да се влажат со вода и да се лепат со лепила од поларен карактер, а не поларните не се влажнат и да се лепат со неполарни лепила. Својството на кохезија е појава, што исто така, се јавува како резултат на интермолекуларните сили во една определена материја. Бидејќи секоја површина е обвиткана со воздух кој е непосредно “залепен” за неа, лепењето е можно да се изведе со лепило во течна состојба со помала или поголема вискозност. Во таква агрегатна состојба лепилото го истиснува најблискиот слој од воздухот до материјата што сакаме да ја лепиме, со што постигнуваме најнепосреден контакт на материјата што ќе се лепи, па лепилото во крајна фаза на соединување добива цврст облик. Покрај овие два спротивни услови што треба да ги исполни лепилото, потребно е во практичната примена, тоа пред да се постави на материјата што ќе ја лепиме, да е течно, а потоа колку што е можно поскоро да се исуши и да се стврдне. Лепилата се доведуваат во течна состојба на разни начини, од кои најважен е растопувањето во некој развивач. Според тоа, произлегува дека лепилата треба да ги исполнуваат следниве услови: - мора да се хемиски сродни со материјалите со кои се лепат во смисла на поларитетот; - потребно е во одреден момент од процесот на лепење да се во течна агрегатна состојба; - во својот краен облик мора да претставуваат крута и цврста материја. Што се однесува до својствата на крајно втврднатото лепило потребно е да се нагласи дека неговата механичка цврстина е само еден од условите што треба да ги исполни овој материјал. Лепилата, во процесот на втврднување, не смеат да ги променат хемиските својства до таа мера за да ја изгубат сродноста со материјалот што го

Page 73: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

72

лепат. Освен тоа, лепилата во процесот на втрднување не смеат да ја менуваат својата зафатнина, односно да се стегаат. Исто така, важно е за втрднатите лепила да останат отпорни на разни влијанија, како што се: влажноста, водата, атмосферските услови, хемикалиите, водената пареа, температурата и друго. Истото важи и за материјалите што се лепат за да не дојде до предвремено попуштање на врската. За да дојде до потребниот контакт помеѓу површината на хартијата и слојот на лепилото, тоа мора да има одредена вискозност и да биде течно како вода, па се до густо како смола. Некои лепила содржат и до 98% вода, други содржат многу малку вода, а има и такви кои наместо вода содржат лесно испарливи растворувачи.

Различни хартии и картони бараат потребен процент на вода во лепилото, што е зависно од: видот на хартијата, нејзината лепливост, дебелината и површинската обработка. Лепилото мора да влезе во подлогата (за да не дојде до отстранување на нејзината површина) и таму да се задржи, но не смее да пробие низ подлогата. При лепење на хартии не смее да се заборави дека целулозните влакненца во допир со вода набабруваат и тоа повеќе во широчина отколку во должина. Невнимателноста со насоката на влакненцата предизвикува набабрени и свиткани производи, а ако лепилото се нанесува само од една страна, ќе дојде до виткање на хартијата во облик на ролна. При лепење на хартија не смее да се заборави на нејзината зависност од температурата и влажноста, бидејќи таа, како многу хигроскопна материја, секогаш покажува тенденција за примање и опуштање на влажноста, што е директно зависно од околностите во кои се наоѓа. Во технологијата на лепењето многу важна улога има брзината на сушењето кај лепилото, која зависи од: количината на растворувачот во лепилото, влажноста и температурата во работната просторија и од количината на материјалот што се лепи. За да се постигне колку што е можно подобро лепење, потребни се следниве елементи: - правилен избор на лепилото (поларност и неполарност на материјалот што се лепи и на лепилото, својствата што се бараат од крајната врска и категоријата на технолошкиот процес); - подготовка на површината на која ќе се лепи (дали таа е исчистена и прилагодена); - технолошкиот процес на лепењето (подготовки на лепилото, неговото нанесување на подлогата, самото лепење и создавање на цврста врска помеѓу лепените материјали). * Класификација на лепилата може да се направи според различни категории и тоа:

Page 74: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

73

- според подрачјето и намената (за: хартија, дрво, метал, пластични маси, гума, кожа, стакло и др.); - според начинот на употреба (лепила кои слепуваат на зголемена или нормална температура, лепила кои се нанесуваат со валјаци, четки и сл.); - според крајните својства (лепила отпорни на студена, топла или врела вода, атмосферски услови и сл.); - според начинот на втрднување (со одвојување на растворувачот, со скрутување на лепливата супстанција и сл.); - според потеклото (природни и синтетички).

2.5.1. ПРИМЕНА НА ЛЕПИЛАТА ВО ГРАФИЧКАТА ИНДУСТРИЈА При преработката на хартија, изработката на амбалажа од хартија и во другите погони на графичката индустрија се употребуваат природни и вештачки лепила. Од овие лепила се бара:

1. Мора да бидат доволно течни и подвижни за да можат лесно да се нанесуваат со четки и со валјаци во облик на тенок и едноличен слој. Лепилата што се за машинско нанесување мора да бидат погусти од оние што се за рачно нанесување.

2. Кога се во течна состојба мора да бидат доволно лепливи, за да може хартијата брзо да ги прифати и цврсто да ги задржи, односно во што пократок временски период да дојде до поврзување, т.е. слепување.

3. По сушењето на собна температура залепеното место мора да има одредена цврстина, а моќта на лепењето треба да биде таква, што на залепеното место да не дојде до попуштање и кинење на хартијата.

4. Обоеноста на лепилото не смее да влијае на обоеноста на хартијата што се лепи, па затоа најдобро е лепилото да е безбојно или со светла нијанса.

5. Лепилата не смеат да имаа непријатен мирис или пак со испарување да создаваат загушливи и отровни пареи.

6. Што се однесува до хемиските својства најдобро е да се работи за неутрални лепила бидејќи нивната киселост или базичност можат неповолно да влијаат, а во некои случаи и на лепењето.

7. Лепилото треба да е хемиски постојано односно не смее да се распаѓа или таложи од колоидни раствори, да се расипува и да се пласти, а неговиот премаз треба да е отпорен на стареење.

Page 75: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

74

- Меѓутоа, до денес не е пронајдено лепило за хартија кое ќе ги исполнува сите потребни услови, па затоа се настојува за секоја намена да се одбере најсоодветното. Затоа е потребно да се познаваат составот и својствата што ги има одредено лепило, односно ќе се користи она што најмногу ги задоволува нашите потреби.

2.5.2. ВИДОВИ ЛЕПИЛА

Според суровинската база постојаните лепила ги делиме на:

1. Растителни лепила. Овие лепила како бази користат скроб и гумиарабика. Скробот е резервна храна на растенијата и се наоѓа во речиси сите нивни делови. Тој е нетопив во ладна вода, па затоа можеме да го одвоиме од другите материи што ги градат растенијата. Семето на житнте култури содржи 69% скроб, а денес за техничка преработка најмногу се користи пченкарен скроб.

Во Европа за производтство на лепила најмногу се користи компировиот скроб, а во светот за таа цел се употребува скроб од тропски растенија. Општо, скробот се издвојува на тој начин што корените, зрната или стебленцата од растенијата се навлажуваат при што се доаѓа до набабрување, а потоа се мелат и се чистат со вода, и флотација (водено мелење). Самиот скроб е прашок без мирис и вкус, има бела боја и лесно се распрашува. Со стареењето тој останува потежок и добива сива боја, а во ладна вода не се топи. На зголемена температура скробните зрнца многу апсорбираат вода и набабруваат, при што преминуваат во колоиден раствор односно скробно лепило. Ако во растворот недостига слободна вода, ќе остане тврд гел, т.е. многу тврда паста. При тоа скробните зрнца сеуште ја задржуваат својата форма, но се во набабрена состојба.

- Скробното лепило не е хомогено, содржи најмногу холоидно дисперзиран скроб, а зрнцата се во различни состојби (набабрени, распукани, распаднати и сл.). Затоа и вискозноста на скробното лепило не е константна на одредена температура и концентрација. Денес многу често се употребуваат модифицирани видови скробни лепила, кои се добиваат со хидролиза, оксидација или со други хемиски процеси. Со разорување на структурата на скробот можеме да добиеме неколку видови на лепила:

Скроб + врела вода = неутрално лепило Скроб + база = базично лепило

Page 76: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

75

Скроб + киселина = кисел декстрин Скроб + хемиско разградување = растително лепило Скроб + топлина = пржен декстрин Скроб + вриење = растително лепило

- Неутралните лепила се добиваат на тој начин што во скробот се додава толку ладна вода колку што тој може да впие во себе. Таа маса добро се промешува за да се добие цврсто тесто, кое треба да мирува околу десетина минути, а потоа при констатно мешање му се додава врела вода. Количината на додадената врела вода зависи од способноста на скробот за набабрување. Важно е водата што се додава да е врела за да може скробот брзо да набабри и лепилото да се згусне. Добро подготвеното лепило мора да има изглед на згуснато масло и не смее да се развлекува во долги нишки. Лепилата од пченичен и пченкарен скроб имаат поголема лепливост, подобра способност за мачкање и се попровидни од компировите лепила, а наједнолично лепило се добива со оризов скроб. Ако варењето трае подолго или ако се одвива на поголема температура од потребната ќе се намали лепливоста на лепилата. Неутралните лепила многу брзо се расипуваат па затоа им се додаваат средства за конзервирање како што се салицилна или карбонска киселина. Многу често на овие лепила им се додава: желатин, туткал, гумиарабика, декстрин, водена стакло и друго, со цел да се подобри бабрењето. - Базичните лепила се добиваат со прелевање на скробот со разредена база, при што тој многу брзо бабри, а лепилото се приготвува без загревање. Ова лепило има поголема лепливост и повеќе се тегне во долги нишки во споредба со неутралното лепило. И двата вида на лепила содржат поголеми количини вода па затоа лесно се премачкуваат, а по сушењето нивните премази се доста еластични. Тоа се евтини и без бојни лепила кои се употребуваат за лепење и каширање на обични хартии, кај кои не е потребна голема лепива моќ (за книговрзница и картонажа). - Растителните лепила се добиваат при разградување на скробот со оксидациски средства, а тоа најчесто се прави со натриев хипохлорид. Овие лепила содржат повеќе суви супстанци, побрзо лепат, имаат добра леплива моќ и не продираат во подлогата во споредба со претходните два вида лепила. Растителните лепила најчесто се произведуваат во облик на пасти, а и како такви се продаваат, а потоа се разредуваат со 20-50% вода. - Декстринот настанува со хидролитичко разградување на скробот, а според степенот на разградувањето и начинот на добивање разликуваме повеќе видови декстрини. Така, белиот

Page 77: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

76

декстрин се добива со загревање на скробот на средна температура и во присуство на киселина. Ако скробот се загрева на повисока температура при помала количина на киселина ќе се добие жолт декстрин. Овие лепила се ладни и содржат од 30-60% сува супстанција која потоа се раствара во вода. Многу брзо и добро лепат па затоа се употребуваат за слепување на дебели хартии и картони. Освен тоа, тие брзо се сушат, но затоа нивните нанеси се тврди и кршливи. Лепилата што досега ги спомнавме се топиви во вода па затоа нивните премази немаат голема отпорност на влажен воздух. Декстринските лепила се без мирис и вкус, а се употребуваат како: канцелариски, индустриски, односно за лепење на етикети, хартии, картони, фотографски материјали, гуми и сл. За да утврдиме дали станува збор за скробно или декстринско лепило, потребно е на истото да капнеме раствор од јод. Доколку настане сино обојување се работи за скробно лепило, а ако добиеме нијанса од виолетовосина па до темно црвена боја, значи дека е употребен декстрин. - Гумиарабиката се добива од сокот на некои растенија што растат во Северна и Средна Африка. Сокот што истекува од овие дрвја најпрвин се суши, при што се добиваат безбојни, жолтеникави или кафеави кристали, кои се топат во ладна вода. Притоа таа прво набабрува, а со долго мешање наполно се растопува. Најчесто на еден дел гумиарабика се додава два дела вода, а ако сакаме лепилото да биде потечно и помеко, му се додава 5-10% глицерин. Ова лепило многу брзо се расипува и при тоа создава киселина, а се употребува за лепење етикети, пликови и слично, особено за мали тиражи и помали работи.

2. Животински лепила. Во оваа група спаѓаат: туткалот, желатинот, казеинските и албуминските лепила. Според хемиска градба тоа се белковини со различен степен на разградување.

- Туткалот е главен претставник на оваа група и се добива со варење на животински отпадоци (кожи, коски, риба), па според тоа, разликуваме и такви видови лепила. При изработката на туткалот температурата несмее да ја помине границата од 70 C0 , бидејќи ке дојде до разградување на лепливата супстанција, а исто така треба да се избегнува долго варење. Туткалот се подготвува на тој начин што тој најпрво бабри во ладна вода, а потоа се вари во воден раствор (до 70 C0 ). Готовиот туткал се чува во садови на температура од 35-40C0 и не е пожелно да се подготвува поголема количина на туткал, од онаа што е потребна за одредена работа во еден ден. Бидејќи сите видови туткал се топли лепила тие на хартијата се нанесуваат загреани, без разлика дали се работи за рачно или машинско премачкување. Реткиот туткал не смееме да го згуснуваме со варење,

Page 78: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

77

туку тоа се прави со додавање на густа супстанција, а за разредување на лепилото се додава топла вода. Густината мора секогаш да се контролира и зависи од начинот на премачкувањето, од материјалот на кој се нанесува како и целта на слепениот производ.

Во трговската мрежа туткалот доаѓа во форма на плочки, гранулати, лушпи, прав и кристали, кои подоцна се растопуваат во млака и топла вода. Во туткалот не смее да има никакви маснотии, а гел може да содржи до 3%. Ова лепило се употребува секаде каде се бара голема леплива моќ, брзо врзување и голема цврстина на залепеното место. Поради овие карактеристики туткалот е многу баран при преработката на хартија и картон, а посебно поради неговото брзо сушење што настанува при премачкувањето. Негативната страна на туткалот е тврдиот и крут премаз што често пука, па тоа се ублажува со додавање на 20-25% глицерин. При машинското нанесување, туткалот многу се пени, па затоа му се додава средство против пенење, а освен тоа содржи средство за конзеврирање. Сепак најголем недостаток на туткалот е многу слабата отпорност на влага и вода, па затоа денес се употребува комбиниран туткал кој што содржи 70% коскен и 30% кожен туткал.

Рибниот туткал многу добро лепи хартија, текстил, порцелан и стакло, а во споредба со коскениот и кожниот туткал има помала кохезија и поголема атхезија.

- Желатинот е лепило без боја, вкус и мирис, а се добива од специјални чисти суровини. Така, најпрвин се произведува желатин за јадење, потоа индустриски желатин и на крај отпадокот се користи за производство на желатински туткал. Во графичката индустрија ова лепило се употребува помалку и тоа најчесто за лепење на целофан.

- Казеинското лепило е белковина и се добива од млекото со помош на ферментација или со киселина. Тука леплива супстанција е казеинот, кој не се топи во ладна и во топла вода, односно во водата тој само набабрува и притоа врзува големи количини вода. Овие лепила многу брзо се распаѓаат и лошо мирисаат, па затоа веднаж треба да се конзервираат со разни феноли и салицилна киселина. Казеинското лепило е провидно, отпорно на влага и има голема леплива моќ, па затоа има широка употреба при изработка на тапети, лепење на подобри хартии и друго.

- Албуминските лепила се добиваат од крвта на животните и белките на јајцата. Топиви се во вода и во графичката индустрија многу ретко се употребуваат.

3. Минерални лепила. Главен претставник на овие неоргански соединенија е воденото стакло, кое е натриев или калиев

Page 79: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

78

силикат. Се добива со растопување на кременовиот песок со кристална сода. Втврднатата маса се крши, се меле, а со растопувањето се добива сличен производ на стаклото, кој се топи во вода и затоа се нарекува водено стакло. Ова лепило во графичката индустрија се употребува таму каде што е потребно да се постигне голема цврстина, тврдост на премазот и ниска цена. Всушност, најмногу се користи за лепење на картонски кутии и во картонажерството при изработка на обична и брановидна лепенка. Најголем недостаток на воденото стакло е големата базичност, која често предизвикува промена на обоеноста кај хартијата. Затоа денес при производство на брановидна лепенка се почесто се употребуваат неутрални скробни лепила, кои не ја менуваат бојата на хартијата, нијансата на печатарската боја, полесно се чистат од машините и примаат разни додатоци за отпорност на вода.

4. Синтетички лепила. Карактеристика на овие лепила е тоа што нивната активна супстанција ја добиваме од вештачки материи, односно макромолекуларните супстанции се добиваат со модификација на природни материи или со синтеза на целулозни деривати, поливинил ацетат, силикони, феноли, и друго. Овие лепила се многу подобри во споредба со претходните, бидејќи кај нив се отстранети сите спомнати недостатоци и ги исполнуваат условите што ги поставува современата графичка индустрија. Нив ги карактеризира големиот избор, па денес е можно за секоја намена да се добие соодветно лепило. Развојот на синтетичките лепила е брз и оди паралелно со развојот на вештачки и пластични материи.

Синтетичките лепила ги делиме на полусинтетички и синтетички, па така во првата група спаѓаат лепилата врз растителна база (целулоза и каучук), а во втората група спаѓаат лепилата, кои како база користат синтетички материјали и тоа: бакелит, карбомидна смола, поливинил етери, поливинил ацетати, силикони, поливинил хлориди и др.

Во трговската мрежа синтетичките лепила се среќаваат под разни имиња и тие во графичката индустрија секој дневно наоѓаат се поголема примена. Провери го своето знаење: 1* Што подразбираш под поимот лепење? 2* Со помош на кои сили се случува лепењето? 3* Какви својства имаат лепилата за графичката индустрија? 4* Кои видови на лепила ги познаваш? 5* Објасни како се произведуваат лепилата?

Page 80: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

79

3. ИЗРАБОТКА НА СЛОГ

3.1. ТИПОГРАФСКИ МЕРЕН СИСТЕМ Со развиток на високиот печат се појавила потреба од

стандардизирање на писмовните големини, а првите проби направени се во Англија и Франција. Прв кој дошол до некои практични резултати е Пјер Симон Фурние во 1737 год., а неговиот систем го усовршил францускиот словослагач Франсоа Амроаз Дидо во 1785 год. кога го поставува пипографскиот мерен систем што се темели врз француската мела - цол.

Германскиот слово слагач Херман Бергхолд го пресметал Дидовиот типографски мерен систем во метрички мерки и го добил типометарот.

Типометар е графичка мерка со должина од 30cm ., која има: 66,5 цицери, т.е. 133 нонпарели или 798 типографски точки. Една типографска точка има 0,376mm ., и тоа е основна единица на типографскиот мерен систем, а за основна графичка мерка се смета 1 (еден) цицер кој има 4,513mm .

Целокупниот слагачки материјал има свои имиња според бројот на типографските точки:

Page 81: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

80

Page 82: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

81

За да добиеме масовна репродукција, т.е. печатење на кој и да било графички производ, потребни се следниве четири фактора:

а) Печатарска форма - за висок печат оваа форма се изработува од самостојни (единечни), словни (буквени), знаци (рачен слог), лиени редови од оловна легура (машински слог), или цели површини т.е. клишиња. Меѓусебниот однос на печатарските елементи и слободните површини ја формира, т.е. ја обликува сликата на отпечатокот. Висината на печатарските елементи, кои ја сочинуваат печатарската форма за висок печат, изнесува 23,556mm . или 622/3 типографски точки.

б) Печатарска подлога - кај високиот печат како подлога најчесто ни служи хартијата, но тоа не значи дека во оваа техника не може да се печати и на други материјали. Во поново време се печати на разни фолии (пластични и метални), на преслеки за корици со обоени фолии и друго.

в) Трага или нанес од боја - дебелината на овој филм зависи од многу фактори, а кај високиот печат изнесува околу 3 микрони. Сепак, дебелината на трагата најмногу зависи од должината на патот низ кој поминува бојата од бојалникот па до печатарската форма, впивноста на печатарската подлога и друго.

г) Притисокот ни овозможува квалитетен пренос на бојата од печатарската форма на печатарската подлога, т.е. го овозможува процесот на печатење. Кај високиот печат за квалитетно печатење потребен ни е притисок од 15kp на квадратен сантиметар.

3.2. ТИПОГРАФСКО СЛОВО

Тоа е правоаголно стапче а понекогаш и плочка, изработено

од оловна легура, дрво, пластика или од некој друг материјал, со висина од 23,556mm , т.е. 622/3 типографски точки, кое на горната површина има обратно свртена слика од некој знак.

Page 83: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

82

Слика 27. Шематски приказ на типографска буква со

нејзините делови

Типографската буква најчесто ја делиме на два главни дела и тоа: глава и труп. Главата се наоѓа на горниот дел на вертикалното излеаното парче и ја претставува релјефната фигура на словото (буквата). Празниот простор под долниот и над горниот раб од сликата на кратките или полудолгите слова се викаат месо. Трупот претставува висина на делот од словото без главата, а широчината од едниот до другиот раб на словото се вика писмовна големина или степен на словото (буквата). Сигнатурата на словото (буквата) му служи на рачниот словослагач како ознака за правилно поставување на словото во слагарката, без да ја гледа сликата на словото. Секој вид писмо безусловно мора да има посебна сигнатура, за да може според неа веднаш да се распознаваат видовите на писмата и тие да не се мешаат при растурањето. Целата вертикална должина на словото, т.е. должината од подножјето па се до површината на сликата, се вика писмовна висина, и тоа мора кај целиот писмовен слагачки материјал што остава трага на хартијата да биде еднаква, односно таа е стандардна.

Page 84: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

83

3.3. ТИПОГРАФСКО ПИСМО

На секој словослагач неопходно му е одлично да го познава личниот и безличниот слагачки материјал со кој се формира печатарската форма за висок печат. Ако сакаме да зборуваме за типографско писмо, тогаш мораме да знаеме дека под овој поим се подразбира целина од словни знаци што се потребни за слагање на слог од еден јазик. Истите најчесто се сместени во сандакот за слова или пак во матриците на машините за машинско слагање и леење на редови од оловна легура. Според тоа, во составот на едно типографско писмо се наоѓаат: големите (везални) и малите (курентни) слова од азбуката, карактеристични слова и словата за нагласување, интерпункциските знаци, броевите и други знаци.

* Писмовна гарнитура има ако од некој вид на писмото има три или повеќе писмовни големини, т.е. степени на тоа писмо, а тоа може да се состои од обично, полубело, црно и некое друго писмо.

* Писмовно семејство подразбира збир на писмо од еден карактер во кои се содржани неколку различни гарнитури.

3.4. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПИСМОТО

Типографското писмо можеме да го поделиме на три начина и

тоа според: карактеристиките, изгледот и начинот на неговата употреба. Писмовниот карактер го означува начинот за изворното цртање на сликата од словото. Познато е дека постојат: едноставни, рамни, коси, ракописни, украсни и други облици на писмата кои, според најгрубата поделба, би можеле да ги групираме на следниов начин:

а) Основни облици - тука спаѓаат: ренесансата, преодната и класичната антиква.

б) Индивидуални облици - во оваа група се: уметничката и новинарската антиква, како и полугротексното писмо.

в) Технички облик имаат: гротексното, египтијен и италијане писмото.

г) Посебна облици имаат унцијалното и полуунцијалното писмо.

д) Ракописен облик имаат писмата што се добиени со: здебелен (подвлечен), променлив и едноличен т.е. ист потег од перце како и писмото добиено со четка.

ѓ) Профилен облик - во оваа група спаѓаат писмата со: сенки, орбис, штрафирање и украсно писмо.

Page 85: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

84

3.5. ПЕЧАТАРСКИ ЕЛЕМЕНТИ

Во групата на печатарските елементи спаѓа целокупниот писмовен слагачки материјал, т.е. слагачкиот материјал што има лик и остава трага од боја на подлагата по процесот на печатењето. Според тоа, во оваа група се наоѓаат словата (буквите), броевите, линиите интерпункциските знаци, шарите и друго.

а) Употреба на писмото. Иако денес покрај големиот број различни типографски писма не можеме да зборуваме за некое потесно дефинирање според кои би се употребувале истите, сепак можеме да кажеме дека писмата, според функцијата што ја вршат, ги делиме на писма за книги и весници, за истакнување, за наслови, за акциденичен и плакатен слог. Писмото за книги и весници го сочинува антиква-писмото со темелни облици со големината од 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 12 типографски точки, а го карактеризира голема читливост. За истакнување се употребува: курзивно, полудебело, дебело и капитално писмо, од истиот карактер на писмото со кое е сложен темелниот текст. Насловните писма служат за слагање на наслови во книгите, ревиите, списанијата, весниците и во другите графички производи па можеме да речеме дека словослагачот треба добро да внимава кое писмо ќе го употреби за да постигне што подобар ефект и успех. Плакатното писмо е за слагање на плакати, а големината му се движи од 3 цицера па нагоре, со тоа што писмата над 6 цицера се изработуваат од дрво или пластика. Овие писма најчесто се изработуваат во темелни и технички облици, а ги карактеризира голема читливост.

б) Опис и видови на линиите. Словослагачите материјали кои што се изработени во висина на типографското писмо, а на себе имаат слика од некоја црта се викаат линии. Тие се изработуваат од месинг, оловна легура, алуминиум, дрво, пластика, челик и друго. Стандардни должини на месинганите линии се должините на: нонпарел, петит, гармонд, цицеро, мител, терција, цицероипол, текст и понатаму на 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 18, 20, 24 цицери.

Линиите можат да се порачаат и да се купат според извесни потреби и можности, а нивната дебелина се движи од 1 до 48 типографски точки. Притоа, од 24 типографски точки дебелина имаат линиите од месинг и олово, а над оваа дебелина се дрвените и пластичните линии. Според трагата што ја оставаат линиите на подлогата при процесот на печатењето, тое можат да бидат: точкасти, фини, тапофини, дуплофини, полудебели, дебели, рамкасти и меѓуступачни линии што изделуваат две или повеќе колони.

Page 86: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

85

Слика 28. Шематски приказ на стандардните должини на

месингани линии Аглите се исто така писмовен слагачки материјал, а ги имаме

за сите видови линии, освен за точкастите и меѓуступалните. Тие се неопходно потребни за слагање на рамки, па така постојат леви и десни агли т.е. ќошиња.

Постојат и украсни линии, кои се употребуваат при слагање на типографски рамки, при што на слогот му даваат орнаменталност и декорација. Завршните линии се користат за означување на крајот на некоја глава, а ги карактеризира тоа што на средината се подебели, а на крајиштата се се потенки.

Page 87: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

86

Слика 29. Украсни линии

Сигурносните линии се составени од тенки, паралелни, рамни, брановидни и испреплетени црти, а се употребуваат за вредностите обрасци, чекови, меници и друго, како подлога за пишување на парични износи. Провери го своето знаење: 1* Какви големини на линиите познаваш? 2* Според ликот и трагот од боја што го оставаат при печатењето, кои линии постојат? 3* Што подразбираш под поимот печатарски елементи?

Page 88: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

87

Слика 30. Отпечатоци или траги што ги оставаат различните видови на линии на хартијата при печатењето

Page 89: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

88

3.6. БЕЗЛИЧЕН СЛАГАЧКИ МАТЕРИЈАЛ

Слагарскиот материјал, кој на хартијата не остава никакви траги при печатењето, во практиката е познат под името безличен (слеп) слагачки материјал. Тој служи за потполнување на сите празни простори во слогот, како и за подлога на стереотипните и цинковите плочи. Безличниот слагачки материјал го делиме на неколку групи, и тоа:

а) Штегови. Во оваа група спаѓаат штеговите за исклучување, штеговите во формати, подложни штегови, коси и тркалезни штегови. Всушност, исклучните штегови служат за изработување на поголемите празнини во слогот. Тие се користат при слагање на плакати, големи табели и во слогови каде што има големи празнини. Излиени се од оловна легура и имаат дебелина од 1, 2, 3 и 4 цицера, а со должина на 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 24 цицери. Форматните штегови најчесто се железни или алуминиумски, а многу се употребуваат при слагање на многу големи слогови. Ги има во дебелина од 1, 2, 3, 4, 6, 8, 12, 16, 20, 24 цицери, а во должина од 4 до 100 цицера, со тоа што штеговите од два цицера па нагоре се шупливи во средината за да бидат колку што е можно полесни.

Подложните (фазетните) штегови т.е. блокови ни служат како подлога на оловните (стереотипните) и цинковите клишиња, а можат да биат излиени од железо, алуминиум или од оловна легура. Горната површина им е идеално рамна и најчесто се со висина 50 2/3 или 51 типографска точка, па заедно со клишето ја даваат потребната писмовна висина од 62 2/3 типографски точки. За цинковните клишиња со дебелина од 2mm . Фазетните штегови треба да имаат висина од 56 типографски точки. Овие штегови најчесто ги има со ширина од 1, 2, 3, 4, 6, 8, 10 и 12 цицера, а должините им се од 6 до 60 цицери.

Косите и тркалезни штегови често се употребуваат при слагањето на слогови со кос и кружен облик. За затворање на ваков слог неопходни се соодветни штегови кои многу му помагаат на рачниот слагач при неговото работење.

б) Проредите, исто така, спаѓаат во групата на безличен

слагачки материјал и служат за проредување на слогот, т.е. на редовите. Се лијат од оловна легура во дебелина од 1, 2, 3, 4, 6, 8, и 10 типографски точки, а ги има во должина од 2, 3, 4, 6, 8, 10, 12, 16, 20, 24 и 28 цицери. Нивната висина најчесто изнесува 51 типографска точка.

Page 90: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

89

Слика 31. Преглед на прореди од 1 до 4 типографски точки

Page 91: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

90

Слика 32. Преглед на штегови со дебелина нонпарел, петит и

гармонд

Page 92: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

91

в) Квадратите служат за пополнување на недовршените сложени редови, како и за исполнување на помали простори во слогот. Се леат од оловна легура во должина од 2, 3, 4 цицера, а со дебелина што одговара на сите писмовни големини. Стандардни дебелини на квадратите се: нонпарел, петит, гармонд, цицеро, мител, терција, текст и сл.

Слика 33. Преглед на квадрати од 6 до 28 типографски точки;

цицеро половина, третина и квадрат. г) Заглавци се слеп слагарски материјал што се поставуваат

меѓу буквите и служат за одвојување на зборовите и за заглавување на редовите. Секоја писмовна големина има свои заглавци чиј облик ист е со буквите, а нивната висина е 54 типографски точки. Заглавците најчесто ги има во шест дебелини, при што најдебелиот (гефирт) служи за вовлекување на почетниот ред и за заглавување на завршните редови.

Слика 34. Цицеро заглавци

Page 93: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

92

Заглавецот чија дебелина е половина од гефиртот (алгефирт или получетверец), се употребува за празнината помеѓу зборовите во редот, па според тоа тој и најмногу се користи. Заглавците од 6, 4, 3, 2, 1 ½ и 1 топографска точка се употребуваат за проширување и стеснување на растојанието помеѓу зборовите, како и за одвојување на буквите од зборот, т.е. за проредување на истиот.

Провери го своето знаење: 1* Што е безличен слагарски материјал? 2* Како го поделивме безличниот слагарски материјал? 3* Зошто служат штеговите, а зошто проредите? 4* Што се тоа квадрати, а зошто служат заглавците?

3.7. ОЛОВЕН СЛОГ Слагањето на буквите што се излиени од оловна легура се состои од три технолошки фази:

Рачно слагање на буквите се изведува во одделението рачна слагачница, а го прават стручно оспособени и квалификувани работници. За нормално работење на рачните словослагачи им е потребен работен налог, во кој се внесени следниве податоци: име на нарачателот со неговата адреса, име на графичкиот производ, тираж, формат на хартија пред и потоа, вид на писмото, боја со која ќе се печати производот, и некои други потребни податоци. Секоја работна операција мора да биде навремено и квалитетно извршена според пропишаната технолошка постапка во работниот налог, а ако во него се пронајде евентуална грешка, таа треба веднаш, да се поправи. На работните налози (ќесиња) треба да се внесат сите потребни податоци, како што се: име на словослагачот, времето кога е сложен слогот и местото каде што се чува слогот во слагачницата. Работните налози се документи за извршена работа, па со нив мора внимателно да се работи, на нив не смее да се допишува или да се поправа нешто, а по завршената работа се чуваат на одредено место.

Page 94: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

93

Слика 35. Приказ за правилно држење на слагарката при

работа.

Ракописот е извор на печатарската дејност и тој може да биде пишуван со рака или со машина, печатен или цртан. Тој, по големината е различен, но не смее да биде помал од А6 формат (105 x 148mm), бидејќи помалите ракописи при работата многу лесно се губат. За книги и учебници ракописот најчесто е пишуван на машина и со формат А4 (210 x 297mm), бидејќи овој формат е најсоодветен за работа на машините за слагање. Слагачот мора да биде внимателен кон ракописот и тоа од моментот кога ќе го прими, па се до неговото враќање на раководителот, тој треба да остане чист и комплетен. Треба да се напомене дека секој рачен и машински словослагач мора да знае брзо и со разбирање да чите разни ракописи на свој и на туѓи јазици.

Рачното слагање на букви се изведува во слагарка, која се држи во левата рака со сите прсти, а палецот секогаш треба да се наоѓа на нејзиниот правоаголен дел.

Ниеден слог не смее да се слага преку прецизно заглавениот формат во слагарката, а тоа всушност значи преку одредената ширина на редот и затоа слагарката за сето време на слагањето треба да биде прописно затворена (заглавена или исклучена). Заглавувањето на слагарката може да се прави на три начина: со помош на квадрати, со линии и со машинските редови. Така, првиот случај се употребува кога во редовите има многу слова и заглавци, а ќе наредиме по еден ред од гармонд и цицеро квадрати.

Page 95: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

94

Едните од нив треба да се легнати, а другите во исправена положба, а потоа слагарката цврсто се затвора на одредениот формат и откако ќе се отстранат кватратите може да се почне со слагањето на буквите.

Заглавувањето на слагарката со помош на линии се применува кај многу прецизни слогови како што се на пример, глави од табели, па бидејќи линии се со точен формат, ние ја добиваме бараната прецизност. Заглавување на слагарката со машински редови се применува само тогаш кога рачниот слог се наоѓа во состав на машински слог. Тоа е поради фактот што машинските редови се лијат во нешто поголем формат од потребниот, па затоа сме принудени со нив да ја заглавуваме слагарката. Во спротивно, сложениот рачен слог ќе биде лабав и при печатењето може да дојде до паѓање на дел од слагачкиот материјал од печатарската форма. Во моментите кога слагарката е полна со слагачки материјал, треба да се внимава како ќе ја оставиме за да не дојде до растурање на сложениот слог. Слагарката мора да се чува од какви било оштетувања, редовно да се проверува нејзината правоаголност и самоволно отворање, бидејќи ако се присутни овие недостатоци, ќе се добие неквалитетно сложен слог. Таа треба редовно да се чисти со бензин или со петролеј, а по завршената работа секогаш се става на местото што е одредено за нејзино чување.

Сандакот со слова од кој сакаме да слагаме мора да биде чист и без прав. Во него не смее да има “туѓи” и помешани слова, односно секое од растурените слова мора секогаш да се сместува само во својата преграда. Пренесувањето на сандакот со слова се прави внимателно за да не дојде удирање на истиот од регалите и словослагачите со што би можело да дојде до растурање на словата, како и до повреди на вработените.

Слагањето се започнува на тој начин што во добро затворена и секогаш правилно заглавена слагарка се става линија која служи како подметнувач. Потоа словослагачот чита еден дел од ракописот и започнува со вадење на словата од сандакот и нивно редење во слагарката, кое мора да биде по ред како што е тоа во ракописот напишано. Притоа буквите се земаат една по една и тоа со палецот и показалецот на десната рака, па по најкраткиот пат, без гледање во сликата од словото, се внесува во слагарката со сигнатура однадвор. Додека едното слово го сместува во слагарката истовремено со погледот ја бара преградата во која се наоѓа наредното слово што му е потребно.

Page 96: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

95

Слика 36. Одбирање на буква при слагањето

При земањето на словата од преградите словослагачот се

труди да ги зема оние слова од преградите, коишто се легнати во најповолна положба. На овој начин, слага слово по слово и добива сложени зборови, коишто ги одвојува со заглавци, се додека не го исполни редот во заглавенена слагарка. Слагањето треба да се одвива мирно и рамномерно. Левата река потребно е да се доближува кон словата што влегуваат во слагарката и секое слово да се прифати со палецот од истата рака.

Исклучување на редовите многу често се употребува при рачното слагање на словата, бидејќи најчесто во редот зад последниот сложен збор останува неисполнет простор. Тој треба на однатред одредената ширина на редот рамномерно да се подели, а тоа пополнување на редот со најтенки заглавци се вика исклучување на истиот. При самото исклучување можни се три варијанти и тоа: да се собере или да се прошири растојанието помеѓу зборовите во редот или, пак, последниот збор од редот да се подели. Најчесто се одлучуваме за варијантата што ќе предизвика најмали промени во растојанието помеѓу зборовите во редот.

Кога редот во слагарката е сложен, тој треба за време на исклучувањето брзо да се прочита. При тоа не се губи многу во времето, а се добива слог со многу помалку грешки, што ни овозможува полесна работа при поправањето на грешките во слогот.

Page 97: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

96

Слика 37. Принцип по кој се менуваат заглавците во сложен ред

Во писмовниот слог дозволено е одвојување на зборовите на

слогови и тоа за да се задржат еднакви растојанија помеѓу зборовите во редот. Но при делење на зборовите на слогови мораме да ги почитуваме граматичките и типографските правила што секој словослагач мора добро да ги познава. Граматички земено слогот е целина составена од еден самогласник со еден или повеќе согласници, кои се наоѓаат пред и по него. Затоа еден слог во никој случај не може да се подели на два дела. Како знак за делење на зборовите на крајот од редовите се употребува (-) цртичка (дивиз), со што читателот ќе биде предупреден дека зборот е поделен. Поделбата на зборовите се прави со цел да му се олесни читањето на читателот при преминувањето од еден на друг ред, а зборот треба да се подели така, што секој од поделените делови ќе ни дадат потполна смисла. Порано рековме дека збор од еден слог во никој случај не смее да се дели, а во типографскиот слог не се делат ни кратките зборови од три-четири слова. Исто така, правило е при делењето на зборови да не смее да се дозволи на крајот од редот да останат помалку од две, а во другиот ред не можат да се пренесат помалку од три слова. Непрестајно делење на зборовите не е дозволено, а се толерира најмногу до три едноподруги делења и тоа кај производите со помал квалитет (весници, списанија и слично).

Интерпункциските знаци во текстот ги поставува авторот, но и покрај тоа словослагачот е должен добро да ги познава и правилно да ги исклучува. Еве како би изгледала правилната употреба на овие знаци во сложениот текст, како и нивното исклучување во истиот.

Page 98: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

97

Слика 38. Приказ на интерпункциски знаци и други знаци што се користат во слогот

Точка (.) се става на крајот од зборот и бројот и тоа лепена до последниот азбучен знак без употреба на каков било заглавец. Во проредеиот слог можеме и точката да ја одделиме со тенок заглавец, но не е задолжително.

Три точки (. . .) понекогаш заменуваат по неколку зборови, а се слагаат проредено, односно помеѓу нив се става потенок заглавец од 4 или 3 типографски точки.

Запирка (,) се става на крајот од зборот без заглавец, а во проредениот слог може да биде одделена со некој потенок заглавец (2 и 1 ½ т. точка).

Две точки (:) се употребуваат на крајот од зборот без заглавец, а во проредениот слог може да биде одделени од истите со заглавци.

Точка и запирка (;) се става на крај од зборот, а помеѓу овој знак и последниот азбучен знак се става потенок заглавец (2 и 1 ½ т. точка).

Цртичка “дивиз” (-) се применува помеѓу крајот и почетокот на поделениот збор и секогаш се употребува без заглавец, освен во проредениот сложен текст кога за поубав изглед се става тенок заглавец.

Црта, минус (����) може да се употреби на почетокот, во средината и на крајот од зборовите. Нив ги има во две должини: математичкиот минус и пократок од него минус за употреба во акцидентични слогови. При слагањето пред и по минусите може, но и не мора, да има заглавци, а кога има тоа се најчесто најтенките заглавци.

Извичник (!) се употребува на крајот од зборовите и тој секогаш од последниот азбучен знак се одвојува со тенок заглавец.

Прашалник (?) исто така се става на крајот од зборовите и се одвојува со тенок заглавец.

Апостроф ( ’’’’ ) се употребува на местото од изоставениот глас на крајот или во средината на зборовите. Пред и по полудолгите слова, каде е премногу приближен до словата, го одделуваме од нив со потенок заглавец, а за сметката на тоа заглавецот помеѓу зборот

Page 99: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

98

со апостроф и наредниот збор се смалува, т.е. се употребува потенок заглавец.

Параграф (§) е знак којшто се става пред реден број, а одделен е со “нормален” заглавец. Ако во текстот одеднаш се споменуваат повеќе параграфи, тогаш се ставаат два вакви знака еден до друг и тоа без употреба на заглавец меѓу нив.

Ѕвездичка (*) се употребува пред и по зборовите. Кога се наоѓа пред зборот и служи како кратенка за денот на раѓање, таа се одвојува со заглавец од 6 т.т. Овој знак се употребува за врска со дополнителните објаснување што се наоѓаат под слогот и тогаш не се одвојува со заглавци.

Наводниците (» « » « » « » « ; „“), ги има два вида и можат да се користат на почетокот и на крајот од зборовите, а при нивната употреба не се користат заглавци за одвојување од словните знаци.

КРСТ ( † † † † ) понекогаш се употребува пред името на покојниот, а знакот се оделува од зборовите со заглавец од 6 т.т.

Заградите ( ), [ ] ги има два вида и тоа овални (елипсовидни) и ќошести. Во слогот овалните загради ги употребуваме кога сакаме еден збор да го означиме во два облика, а ќошестите кога во текстот, кој е ставен помеѓу овалните загради доаѓа некој збор или број што треба да се стави во заграда. И двата вида загради се лијат како леви и десни, и помеѓу заградата и словниот знак не се употребуваат никакви заглавци.

ЕТ (&) е словен знак т.е. кратенка за “и”, а се употребува во насловите на зборовите од странско потекло. Тој се употребува помеѓу два имиња или на крајот од зборовите, при што се одделува со заглавец од 6 т.т.

№ овој знак е кратенка за зборот број и се употребува при слагање на графички производи со меѓународен карактер.

3.8. РАБОТА СО СЛОГОТ Кога слагарката ќе се исполни со сложени редови или кога

целиот слог е сложен, потребно е редовите да се извадат од слагарката и да се постават на однапред подготвен шиф. Тоа се прави на тој начин што на сандакот со слова од кој сме слагале ја оставаме слагарката во коса положба за да не дојде до растурање на слогот. Со должината на средните прсти се придржува сложениот слог од страните, а со палците и показалците се притискаат сложените редови и на тој начин го заштитуваме сложениот слог од растурање го одлагаме (оставаме) во претходниот подготвениот и косо поставен шиф.

Page 100: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

99

Слика 39. Правилно вадење на сложен слог од слагарка Кога тој ќе биде завршен, пристапуваме кон врзување на

сложениот слог, со што го заштитуваме од растурање. Врзувањето го започнуваме така што почетокот од конецот внимателно го поставуваме во горниот десен агол од слогот, со десната рака со конецот го заобиколуваме слогот.

Слика 40. Префрлување на сложен слог во шиф или брод

За време на заобиколувањето кај секој агол со помош на

левата рака малку се притегнува конецот, со што слогот станува цврсто врзан. Крајот од конецот со помош на шило или пинцета се провлекува на местото каде што се челните или крајните штегови и добро се затегнува.

Page 101: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

100

Слика 41. Начин на врзување на сложен слог со конец

Не е добро да се прицврсти конецот од страна, бидејќи може

да дојде до олабавување на истиот, како и до растурање на крајните букви од редовите. Во никој случај не смее да се врзува слог со влажен конец, бидејќи кога ќе се исуши, тој многу го олабавува слогот и постои можност тој да се истури.

Освен со конец, сложениот слог може успешно да се обезбеди во посебна тристрана метална правоаголна рамка (Quick) рамка. Меѓутоа треба да се напомене дека во тој случај слогот мора да биде внимателно слаган и исклучуван.

Слика 42. ”Quick” - справа со која наместо со конец се стегнува

слогот

Page 102: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

101

Конецот по секоја употреба внимателно се намотува и се чува на едно одредено место, а крајот мора да биде добро затегнат за да не дојде до одврзување.

Сложениот слог го пренесуваме со помош на слагарско бротче или во раце. Шифот се држи со двете раце и малку е наведнат кон нас, а со тоа обезбедуваме целосна сигурност и не постои опасност од растурање на слогот.

Слика 43. а) намотување на конецот б) правилно намотан конец

Отпечатувањето (отиснувањето) со сложен слог се врши

веднаш штом истиот ќе биде сложен и врзан, а тоа е потребно за да може коректорот или авторот на отпечатокот да ги уочи и обележи направените грешки во слогот. За таа цел потребна е преса за пробни отпечатоци на која ќе го извршиме печатењето. Слогот се поставува на темелната плоча, која секогаш мора да биде идеално чиста, а истото тоа важи и за страничните водилки по кои се движи печатарскиот цилиндар. Тој секогаш мора да е чист од боја и да не е оштетен, бидејќи во спротивно нема да добиеме читлив и квалитетен отпечаток. Врзаниот слог се поставува во средината на темелната плоча и при тоа се прави проверка дали слогот е целосен и нерастуран. Ако се утврди дека слогот е исправен, се пристапува кон премачкување на истиот со боја. Тоа се прави со посебен валјак кој секојдневно се мие и треба да виде неоштетен.

Премачкувањето на слогот со боја се врши во дијагонални правци со големо внимание. Потребно е целиот слог да се премачка со боја, за да може секој, па и најмалиот буквен знак да остава трага на подлогата.

Page 103: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

102

Слика 44. Премачкување на сложен слог со боја и поставување на

хартија врз слогот

Page 104: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

103

Нечистите и нечитливите отпечатоци не се даваат на читање кај коректорите, бидејќи постои опасност тие да не можат правилно да се прочитаат и да се уочат евентуалните грешки. Коректорот е должен уочените грешки правилно да ги обележи, за да може рачниот и машинскиот словослагач истите да ги поправат. Ако се работи за неколку грешки од цела страница истите се поправаат со помош на шило или пинцета, а доколку има неколку грешки во еден ред тогаш потребно е да се извади целиот ред и да се постави во слагарка која е исклучена на одреден формат.

Слика 45. Исправки на грешки во рачен слог со шило

Откако ќе бидат поправени уочените грешки во слогот, тој

добро се мие со бензин и е готов за печатење, коешто се одвива на специјално конструирани машини за висок печат.

Провери го своето знаење: 1* Како се изведува рачното слагање на букви? 2* Објасни како и каде се употребуваат интерпункциските знаци во текстот? 3* На кој начин се добива пробен отпечаток од сложениот слог? 4* Каква задача има коректорот?

Page 105: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

104

4. МАШИНСКИ СЛОГ Веднаш по епохалното пронаоѓање од страна на Јохан

Гутенберг на самостојните слова и дрвената преса за печатење, со нив доаѓа до развој и усовршување на начинот со кој тогаш се работело. Паралелно со развитокот и усовршувањето на машините за печатење се чувствувала потреба од изнаоѓање решение за побрзо и поквалитетно слагање на буквите. За таа цел правени се разни мерења и пресметки со кои научниците сакале да ги рационализираат движењата на рачните слагачи при процесот на слагање. Меѓутоа, се дошло до заклучок дека решение треба да се бара во конструкција на некоја машина за слагање на букви, бидејќи каков и да е рачен слагач со најголем напор, за еден час може да сложи нешто повеќе од илјада буквени знаци. Тоа е често занаетчиски и многу бавен начин на слагање, којшто не можел да ги задоволи потребите на издавачката дејност која се развивала со гигантски чекори. Затоа се барал начин кој ќе ја индустијализира техниката на слагање, стремејќи се кон можноста за земање на неколку словни знаци одеднаш, па дури и за цел збор. Всушност, на тој начин настанува времето во кое се јавува така наречениот логотип, пришто се лиеле цели зборови или барем слогови кои многу често се повторувале. Многу луѓе, и тоа најчесто слогослагачите, работеле на усовршувањето на логотипот, кој прво се јавува во Франција во 1774 година.

Слика 46. Слагачка машина од 1857 година.

Page 106: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

105

Последен кој се занимавал со овој проблем е југословенот Сергеј Балтич, кој во 1924 година направил сандак со букви со големи димензии што се состоел од преку илјада прегради. Слагачот кој работел со овој сандак морал да биде гениј, бидејќи требало да се запамети распоредот на слагачкиот материјал во него, што секако не е лесно. Сепак појавата на логотипот ги убедила луѓето дека на овој начин нема голема перспектива во индустијализацијата на слагањето, а исто времено ги поттикнувала да пронајдат машина за слагање на букви. Секако дека тоа било долг и тежок пат, а првата таква машина ја конструирал доктор Вилием Черч од Бирмингем во 1822 година. Тој се смета за прв пронаоѓач на машината за слагање, а била поставена на дрвени нозе и имала клавијатура слична како кај пијаното. Меѓутоа оваа машина не се одржала долго бидејќи не ги задоволувала бараните потреби. Кон крајот на дваесетите години од осумнаесетиот век неколку Француски графички работници конструирале нешто подобра машина за слагање, која, поради сличноста со пијаното, ја нарекле “пијанотип”.

На светската изложба што се оджала во 1876 година Канаѓанецот Драмонд пријавил ново конструирана слагачка машина која е рекламирана како машина која истовремено слага и растура букви.

Во развитокот на слагачките машини имало многу други научници и графички работници кои се труделе да пронајдат колку што е можно подобра и понова машина, но сепак тоа најдобро му успеало на Отмар Менгетарел од Хахтел, кој во 1876 година почнал да ја усовршува литографската машина за пишување, а на јавноста во 1884 годи. и понудил машина за матрицирање на редови. Истата ја доусовршил 1886 год. и ја нарекол Бловер, па оваа машина се смета за почеток на подоцна појавените слагачки машини од видот линотип. Се разбира машината и понатаму се усовршувала, а кога во 1898 год. е пронајдена и матрицата со два словни знака, техниката на слагање многу напреднала.

Page 107: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

106

Слика 47. Слагачка машина од 1886 година

Начинот на кој работи машината за слагање - линотип се

темели врз принципот редење на матрични редови од кои покасно се лијат редови од оловна легура. Ислчучувањето на овие редови се одвива со помош на исклучителни клинови кои се поставени помеѓу матриците, односно помеѓу зборовите. За да се добие идеална исклученост на редот, т.е. тој да биде сложен на одредена ширина, на исклучените клинови дејствува сила преку прачката за набивање која функционира со помош на пружини. Потоа редот се лие во оловна легура, а матриците се пренесуваат во уредот за растурање каде што со помош на истиот, секоја се враќа во својот се враќа во својот канал од магацинот. Сите овие операции, како и лиењето на оловниот ред, се извршуваат целосно автоматски. Линотипната матрица е изработена од легурата месинг и таа слободно кружи низ машината, а за да се изработи една матрица треба да помине низ повеќе од 60 разни фази.

Матрицата се состои од тело и два пара уши. Телото на

матрицата на својот заден раб има изгравиран лик на некој буквен знак, а на предниот раб истиот тој буквен знак е отпечатен и ни

Page 108: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

107

служи за контролирање при слагањето. Под контролниот знак на матрицата се наоѓа и сигнатура за големината и видот на писмото. Горниот и долниот пар уши што ги има матрицата служат за правилно поставување на матрици во редот. Постојат линотипни матрици со еден, два и со три буквени знаци. Сите матрици во горниот дел имаат по седум пара симетрични заби, а секој буквен знак има своја соодветна комбинација на забите, која точно одговара на тенките жлебови од летвата за разлагање на матрицата. Кога матрицата ќе дојде на тоа место од летвата, таа под дејство на Земјината тежина и со својата тежина паѓа во својот канал од магацинот.

Слика 48. Линотипна мартица со деловите:

1.комбинација на активните заби, 2.задно горно уво, 3.полна површина, 4.засек за подигање, 5.писмовна слика, 6.контролен засек,

7.израмнувачка површина, 8.задно долно уво, 9.заштитна искосеност, 10.предно горно уво, 11.израмнувачка површина,

12.сигнатура за видот на писмото, 13.контролна слика, 14.бројчана ознака, 15.полна површина, 16.сигнатура за големина на писмото,

17.предно долно уво, 18.израмнувачка површина.

Матриците со писмовна големина до 12 типографски точки имаат изгравирано по две слики од буквениот знак (за обично и истакнато писмо), а матриците со над 14 типографски точки имаат една писмовна висина.

Page 109: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

108

Слика 49 Исклучен клин

1.труп на клинот, 2.подвижен затворач, 3.уво на затворачот,

4.засек, 5.гранична заковка.

Слика 50. Сложен ред од матрици со исклучни клинови Исклучниот клин ни служи како замена на заглавците и

задача му е да направи исклучување на замена на заглавци и задача му е да направи исклучување на сложениот матричен ред пред да се изврши лиење од него во оловна легура. Тој се состои од два конусни клина со различна должина, при што пократкиот е подвижна плочка и го подложува подолгиот клин. На горниот дел е подебел во однос на долниот дел и во него е вметнат подолгиот клин (кајла), кој на горниот дел е потенок, а на долниот подебел.

Page 110: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

109

Исклучниот клин има своја монимална дебелина и ограничено зголемување на дебелината, кое всушност е разлика помеѓу минималната и максималната дебелина на клинот и се вика исклучна моќ на истиот. Постојат три видови исклучни клинови и тоа:

- Тенок (нонпарел) со исклучна моќ од 1,5mm = 4 типографски точки.

- Нормален (петит) со исклучна моќ од 1,65mm = 4,4 типографски точки.

- Дебел (гармонд) со исклучна моќ од 2,30mm = 6,1 типографски точки.

4.1. СЛАГАЊЕ НА МАТРИЦИТЕ И ЛИЕЊЕ НА

РЕДОВИ Со притискање на некоја типка на клавијатурата од одреден

магацински канал ќе испадне матрица со соодветен буквен знак. Таа поминува низ помошниот канал и паѓа на преносниот ремен, кој паднатите матрици ги транспортира до собирачот. Тука со помош собирачката ѕвезда матриците се исправаат и се редат една до друга. Лево од собирникот се наоѓа касета со исклучни клинови од која по секој сложен збор, а на наша команда, се испушта по еден исклучен клин. Кога одредената ширина од редот ќе биде приближно исполнета со матрици, ѕвоното ни сигнализира и по тој сигнал може да се досложи зборот, а ако е тој предолг треба да се подели. Откако го прочитал сложениот ред и направил контрола во врска со исправеноста на положбата на сложените матрици, слагачот со мал притисок на рачката од десната страна на тастатурата (клавијатурата), дава команда за лиење на тој матричен ред. Во тој момент слагачот може да започне со слагање на нов матричен ред, а лиењето на претходниот е целосно автоматизирано, по што матриците се враќаат повторно во своите канали од магацинот.

Page 111: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

110

Слика 51. Тастатура (клавијатура) од линотипна машина

Тастатурата (клавијатурата) кај линотипните машини има 90

типки, кои се сместени во 15 вертикални и 6 хоризонтални низи (редови). Во првите 4 вертикални редови поставени се малите (курентни) слова, во средните 7 редови сместени се заглавците, карактеристични букви, интерпункциските знаци и броевите, а во последните 4 вертикални редови се наоѓаат големите (верзални) букви.

Провери го своето знаење: 1* Како функционира машинскиот слог? 2* Зошто служат линотипните матрици? 3* Од што се изработени линотипните матрици и кои се нивни главни делови? 4* Видови на исклучни клинови и зошто служат истите? 5* Колку дирки има тастатурата на линотипната машина? 6* Како се распоредени дирките во тастатурата?

Page 112: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

111

5. ФОТОСЛОГ

На конструкторите за фотослагачки машини како поаѓалиште им послужиле машините за слагање на оловни редови. Првиот патент за фотослагачка машина го пријавил Е. Порзолт во Будимпешта 1896 год, а две години покасно англичанецот Прин предложил тогаш конструираната машина за слагање монолит да се прилагоди за фотографското слагање.

Слика 52. Шематски приказ на фотослагачка машина фотон 560

Тој имал намера релјефно вдлабнатите буквени знаци на

матрицата да ги замени со бела слика од словните знаци од црна подлога. Во тој случај на местото од механизмот за лиење треба да се вгради фотографска камера со што би се снимале матричните редови. Меѓутоа оваа замисла некогаш не е реализирана, а со слични идеи во 1916 год. Адолф Милер ја патентирал слагачката машина линотип. Оваа замисла е реализирана 1950 год. од страна на една американска компанија, но сето тоа останало на прикажување на моделот. Всушност, сите досега спомнати конструктори предлагале снимањето да се врши одеднаш како целина, што не е добро. Фотослагачките машини кои работат со снимање на буква по буква и се развивале паралелно со претходните, давале подобра перспектива.

Page 113: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

112

Слика 53. Фотослагачка машина: Интертип-фотосетер Така, унгарските конструктори Мерау и Розар дошле до идеја

во 1890 година да конструираат своја машина за слагање со име Електротипограф, која се темелела врз монотип системот. Ваквата машина е произведена 1906 год. и е изложена на саемот во Нинберг. Таа имала тастатура со 90 типки, а секоја од нив послужувала по два словни знака. Притоа текстот се добивал на перфорирана лента од хартија на која се формирале правоаголни дупчиња. Оваа лента управувала со работата на машината за лиење и тоа како кај автоматскиот телеграф, при што се избегнувало повторно отчукување на текстот.

Во 1923 година е конструирана првата фотослагачка машина на која е вграден стаклен дист со пречник од околу 25cm ., на кој во некои концентрични кругови се содржат повеќе комплетни азбуки (дискотип).

Во периодот пред Втората Светска војна направени се уште неколку конструкторски обиди, а главен недостаток на тие машини бил нерешениот проблем на коректура и средување на текстот.

По Втората Светската војна развитокот на фотослагачките машини, добива многу пожив и поусовршен тек, па така веќе во 1945 год. двајца Французи ја пријавуваат својата фотослагачка машина лумитип. Истата се усовршува во САД, па во 1949 год. се појавува на пазарот како машина за фотослог под името Фотон.

Оваа машина и понатаму се усовршува, па во 1961 година се појавува на пазарот како фотослагачка машина фотон-луминитип. Три години подоцна е пронајдена машината фототроник, која е управувана со осум канална перфорирана лента и има капацитет од 70 илјади типографски знаци на час.

Page 114: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

113

Слика 54. Приказ за работењето на денешните компјутери Потоа следува бурно време во развитокот на електронскиот

слог, кое се протега во 60 год. од минатиот век, при што се јавуваат

Page 115: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

114

голем број нови генерации за електронска обработка на слогот, а притоа дел од нив целосно се исфрлени. Со тоа луѓето кои работат во графичката индустрија се среќаваат со нов начин на изработка на слог. Тогаш се укажала можност за разликување на уредите за слагање, коишто слагале наслови со контактирање и имале оптичка направа за зголемување и смалување на словните знаци. Дел од овие системи можеле да работат на дневна светлина, а за другите била потребна темна комора.

5.1. ГРАФИЧКА МОНТАЖА Сложениот слог што сме го добиле од системот фотослог на

фотографската хартија и кој е искорегиран, треба да се среди. Всушност станува збор за процес во кој графичкиот монтажер го поставува секој сложен текст на своето место од одредена страница. Секако, во тоа многу му користи монтажниот табак, кој ни претставува “огледало” од страницата, т.е. од книжниот табак на некој книжен блок. Секако дека одлучувачка информација е начинот на кој ќе се превиткуваат идните книжни табаци, а познато е дека постојат следниве начини за превиткување:

а) Вкрстено превиткување. Во овој случај најпрво се

превиткува подолгата страна од книжниот табак на половина, а потоа секое следно превиткување е вкрстено или под агол од 900 на претходното превиткување. Вака најчесто се превиткуваат книжни табаци од: учебници, книги, брошури и слично. A

AA

A

AA

AA

AA

AA

A AA

AA

1

2

3 3

4

4

Слика 55. Шематски приказ за редоследот на вкрстено

превиткување на к.т.

Page 116: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

115

б) Паралелно превиткување. И во овој случај најпрво се превиткува подолгата страница од книжниот табак на половина, но сега секое следно превиткувања е паралелно со претходното, односно му е под агол од 1800 на истото. На овој начин најчесто се виткаат: градежни планови, автокарти, планови од градови и слично.

A A A A A A A A

AAAAAAA A 12 2333 3

4

Слика 56. Шематски приказ за паралелно превиткување на к.т.

в) Комбинирано превиткување. Во овој случај книжните

табаци се превиткуваат најизменично на двата претходни начина, односно вкрстено и паралелно. Повторно подолгата страна се превиткува на половина, а потоа се користи начинот што нам ни одговара. На овој начин се превиткуваат книжни табаци за: разни рекламни графички производи, детски сликовници, проспекти, каталози, саемски водичи и слично.

AA

AA

AA

AA

AA

AA

A AA

AA

12

3

4

4

2

Слика 57. Шематски приказ за комбинирано превиткување на к.т.

Page 117: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

116

Лепењето на фотографската хартија за монтажа се врши со

брзосушиво лепило, кое е пакувано во облик на спреј и дозволува дополнителни поместувања на шпалтите. Но сепак монтажерите многу треба да внимаваат на точноста т.е. на пасерот при лепењето на истите.

На монтажниот табак задолжително се обележани линиите за расекување на табаците со црвена боја, како и линиите на грбот, односно мрестото каде што ќе бидат поврзани листовите со зелена боја. Еве како тоа изгледа:

AA

AA

AA

AA

AA

AA

A AA

AA

1 234

5 678

910

1112

1314

1 516

Слика 58. Шематски приказ од монтажен табак за книга или учебник Провери го своето знаење: 1* Какви превиткувања на книжните табаци познаваш? 2* Кои се карактеристиките на вкрстеното превиткување? 3* Како се одвива паралелното превиткување на книжните табаци? 4* Објасни го комбинираното превиткување на книжните табаци? 5* Како изгледа и зошто служи монтажниот табак? 6* На што треба да внимава монтажерот при поставување на шпалтите?

Page 118: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

117

6. РЕПРОДУКЦИЈА

6.1. СНИМАЊЕ НА ОРИГИНАЛИ ЗА ОДДЕЛНИ ТЕХНИКИ НА ПЕЧАТЕЊЕ

За да можеме некој оригинал квалитетно да го репродуцираме

во одредена техника на печатење, потребно е тоа уште пред снимањето да се земе предвид. Бидејќи за секоја техника на печатење, се изработува посебна фотографска предлошка, која ќе ни користи за копирање низ истата покасно да се осветли идната печатарска форма за таа техника за печатење.

6.1.1. ВИСОК ПЕЧАТ За репродукција во оваа техника на печатење фотографот е

должен да изработи странично исправен растерски негатив со дефинирани густини на зацрнувањето. Ова се постигнува со директна постапка, односно ако од оригиналот се сними соодветен растерски негатив. Постои можност снимањето да тече по индиректната постапка: да се сними повеќетонски негатив, па потоа повеќетонски или растерски дијапозитив и најпосле растерски негатив, кој се користи за копирање печатарска форма со соодветен копирен слој. Индиректниот метод ни дава поголема можност за добивање на подобар квалитет, но затоа директниот метод е поекономичен и побрз, па денес почесто се применува.

6.1.2. РАМЕН ПЕЧАТ Денес за потребите на рамниот (офсетен) печат најмногу се

користи растерски дијапозитив кој е странично исправен. Тој најчесто се прави индиректно, а тоа значи најпрвин се снима повеќетонскиот негатив, па од него се добива растерски дијапозитив. Повеќетонскиот негатив не мора да е со дефинирани густини на зацрнување бидејќи при изработка на растерски дијапозитив од таков негатив се употребува програмирано осветлување.

Page 119: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

118

6.1.3. ДЛАБОК ПЕЧАТ За репродукција во длабокиот печат фотографот треба да

изработи странично свртен повеќетонски дијапозитив со дефинирани густини на зацрнувањето. Таквиот дијапозитив се копира на пигментна хартија, а потоа се пренесува на бакарниот цилиндар со кој се врши процесот на печатење.

6.1.4. ПРОПУСТЕН (СИТО) ПЕЧАТ За оваа техника на печатење потребен е странично исправен

растерски дијапозитив со дефинирани густини на зацрнување, кој подоцна се копира на соодветно сито (мрежичка).

Провери го своето знаење: 1* Што се употребува како предлошка за изработка на печатарска форма за: а) висок печат? б) рамен печат? в) длабок печат? г) пропустен печат?

6.2. РЕПРОПОДГОТОВКА

За репродукција на слики, илустрации, цртежи и други мотиви што не можат да се сложат со личниот слагачки материјал, потребно е оригиналот да се сними. Снимањето се врши со фотографски апарат на фотографски материјал. За да се добие фотографска слика потребно е да се одвијат неколку фотохемиски реакции. Всушност, основен услов за да дојде до фотохемиска реакција е да имаме фотоосетлива материја, која ќе реагира и ќе стане активна ако на неа паднат светлосни зраци. Секоја фотохемиска реакција се состои од две фази, и тоа:

- примање на енергијата од светлината; - хемиска реакција како последица на примената енергија.

Во природата се среќаваме со многу фотоактивни материи, а голем број од металните соли се, исто така, фотоактивни. Од нив

Page 120: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

119

посебно ќе ги истакнеме сребрените халогениди, на чии фотохемиски реакции се темели фотографскиот процес. Наједноставна фотохемиска реакција е процесот фотолиза. Познато е дека при оваа реакција доаѓа до распаѓање на молекулот, како на пример при фотолизата на сребрен бромид:

AgBr ==светлина==> Ago + 1

2. B r2

0 На оваа фотохемиска реакција се темели фотографскиот процес. Под дејство на светлината може да дојде до создавање на нови соединенија, а тоа е всушност процесот на фотосинтеза. Брзината на фотохемиската реакции зависи од интензитетот на апсорбираната светлина во фотоосетливата материја, па така - колку е тој поголем, толку реакцијата ќе биде побрза. Концентрацијата на фотоактивните материи, исто така, влијае на брзината од фотохемиската реакција, додека истата не е многу зависна од температурата.

6.3. ГРАДБАТА И ПРОИЗВОДСТВО НА ФОТОГРАФИЧКИОТ МАТЕРИЈАЛ

Фотографслиот материјал служи за добивање на сликата, со помош на фотографска постапка. Неговите основни компоненти се:

а) подлога; б) фотографски или осетлив слој. Што се однесува до видот на подлогата фотографските

материјали можеме да ги поделиме во две поголеми групи, и тоа: Филмови Како подлога на оваа група фотографски материјали се

употребува транспарентна фолија, која треба да ги има следниве физичко-механички својства: да се витка, да е цврста, лесна и димензионално постојана. Подлогата исто така треба да е хемиски инертна спрема фотоосетливиот слој, а како прва филмска подлога се користела нитроцелулозата. Во поново време, особено за филмовите со голем формат, како и за графичките филмови се употребуваа полиестерска фолија со многу голема димензионална

Page 121: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

120

постојаност. Освен подлогата и слојот, овој фотографски материјал е составен од потслој и заштитен слој, кои се нанесени од истата страна од каде што е фотоосетливиот слој. Потслојот има задача да обезбеди што е можно подобро сврзување на фотоосетливиот слој за подлогата, а заштитниот слој се нанесува најгоре со цел да го заштити фотоосетливиот слој од механички повреди. Од спротивната, т.е. под подлогата, е нанесен компензационен антихало слој, кој има задача да ја апсорбира останатата светлина што поминала низ фотографскиот материјал, а не реагирала со него.

Слика 59. Градба на транспарентен фотографски материјал

(филм)

Фотографска хартија

За овој вид фотографски материјал како подлога се

употребуваат специјални видови хартија со различна дебелина, т.е. граматура. И оваа подлога, исто така, мора да биде хемисиски инертна спрема фотоосетливиот слој, димензионално постојана и постојана во текот на процесот за обработување и сушење на високи температури. Кај овој фотографски материјал потслојот е од барит, и тој има неколку улоги: ја зголемува белината на подлогата, а со тоа и рефлексијата на светлината, дејствува како поврзувач на фотоосетливиот слој за подлогата, а истовремено ги пополнува евентуалните нејзини нерамнини. Денес се почесто овој слој се заменува со тенка превлака од полиетиленски слој кој многу ги подобрува оптичките својства на печатарскиот материјал. И кај фотографската хартија најодозгора е нанесен заштитниот слој, чија задача е да ги заштити фотоосетливиот слој од механички повреди.

Page 122: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

121

Слика 60. Градба на фотографска хартија за слики

Фотографски или осетлив слој Основните компоненти што го сочинуваат фотографскиот

слој се материи осетливи на светлина и желатин, кој е во облик на колоид и во него подеднакво се распоредени другите материи. За таа цел порано, а и сега, се употребуваат фотоактивни сребрени халогенииди и тоа: AgBr (сребрен бромид), AgCl (сребрен хлорид) и AgJ (сребрен јодит). Но, поради својата голема осетливост на светлина најчесто се употребува сребрениот бромид (AgBr), на кој што понекогаш му се додаваат и другите халогениди. Кристалите на сребро бромидот ги нарекуваме зрна, и имаат големина од 0,5 до 2µ . Бројот на зрната во слојот е многу голем и најчесто се движи до 500 милиони на cm 2, а колку тој број е поголем, толку е поголема општата осетливост на фотографскиот материјал. Втората основна компонента во фотографскиот слој, всушност, е протеин со следниве физички својства: има жолтеникава провидна боја, во вода се раствора на 35 C0 , а со додаток на некои материи може да се стврднува. Хемиските својства на желатинот се многу значајни за фотографскиот слој, бидејќи тој има некои органски и неоргански материи кои ја зголемуваат општата осетливост на фотографскиот слој: меѓусебно ги поврзува сребрените халогениди и истите за подлогата, го забрзува процесот на развивање, ги подобрува фотографските својства на слојот и др.

Page 123: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

122

6.4. ДОБИВАЊЕ НА ФОТОГРАФСКА СЛИКА а) Осветлувањето на фотографскиот материјал се врши во

фотографскиот апарат или во некоја друга репрофотографска камера. При осветлувањето на фотографскиот слој, фотоосетливите материи што се наоѓаат во слојот ја апсорбираат светлината. Всушност, тука во тој момент доаѓа до фотохемиска реакција односно до процесот фотолиза, при што сребрениот бромид се одвојува на сребро и бром. Притоа, апсорбираниот фотон од светлината продира во зрното на сребро бромидот и од јонот на бромот ослободува еден електрон. Тој слободен електрон се прифаќа за јонот од среброто, кој е електро позитивен и преминува во неутрална состојба, па среброто како елементарно може да се таложи на површината и со тоа се создава скриена слика.

б) Обработка на фотографските материјали. Тука се подразбира процесот со кој од скриена слика се добива видлива постојана слика. Овој процес се состои од следните технолошки фази: развивање, фиксирање, плакнење со вода и сушење на фотографскиот материјал.

6.4.1. Развивање на фотографските материјали Развивањето е процесот кој се состои од редукција на

осветлените зрна на сребрениот халогенид, што е во фотографскиот слој во метално сребро кое формира видлива слика. Процесот се изведува во раствор кој се вика развивач, а се состои од: развивачка супстанција, конзерванс, алкалии, средство за успорување и вода како растворувач. Како развивачка супстанција најчесто се користат ароматски соединенија, како што се: хидрокинон, пирокатехин, пирогалол, метол, хидрохлорид и други.

Конзервансот е соединение кое има задача да го врзува кислородот од воздухот па за таа цел најчесто се користи натриум сулфид (Na2SО3). Всушност, задача на конзервансот е да не дозволи оксидирање на развивачката супстанција.

Алкалии се базични соединенија и тоа најчесто натриум хидроксид (NaOH), калиум хидроксид (KOH) или солите натриум карбонат (Na2CО3), калиум карбонат (K2CO3) и други.

Со додавање на алкалиите се зголемува активноста на развивачот, а тоа е последица на зголемената pH-вредност на растворот, при што се зголемува и редокс-потенцијалот на развивачот. Успорувачот е средство што го успорува процесот

Page 124: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

123

односно ја регулира брзината на развивањето, а за таа цел најчесто се употребува калиум бромид (KBr).

6.4.2. Подготовка и чување на развивачот Развивачот се изработува на тој начин што најнапред точно ќе

се измерат сите супстанци кои го сочинуваат развивачот, а потоа истите, според рецепт се мешаат. Најчесто редоследот за мешање изгледа вака: се растопува развивачката супстанција, потоа натриум сулфитот, па алкалиите и калиум бромидот. При тоа мора да се внимава секоја компонента целосно да се растопи, а температурата на растопување е до 40 C0 . Развивачите не се постојани раствори, и нивната постојаност зависи од нивниот состав и условите во кои се чуваат. Ако во магацинскиот простор има повисока температура, или пак ако развивачот е изложен на силна дневна светлина, тој брзо ќе оксидира и ќе ја изгуби својата активност за развивање. Затоа развивачите треба да се чуваат во темни садови и простории, каде што допирната површина со воздухот е минимална, а температурата ниска.

6.4.3. Дотрајаност и регенерирање на развивачот

При користење на развивачот доаѓа до опаѓање на неговата

активност за развивање. Тоа е резултат на смалената концентрација на составните компоненти, а посебно на развивачката супстанција. За изработка на аматерска фотографија дотрајаноста на развивачот се компензира со продолжување на времето на развивање. Се разбира до одредени граници, бидејќи времето на развивање не може да биде бесконечно долго. Кај професионалното развивање потребен е врвен и континуиран квалитет, а тоа значи дека треба да се има развивач со константен состав. Исправноста на развивачот овдека се контролира со хемиско-аналитички методи, односно со повремено развивање на сензитометриски примероци.

6.4.4. Видови на развивачи

Познато е дека во репрофотографијата, а за потребата на

графичкиот технолошки процес, може да се изработат два вида предлошки. Станува збор за негатив и дијапозитив со еднотонско

Page 125: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

124

или со повеќе тонско зацрнување. Според тоа, секако, треба да имаме два вида развивач и тоа:

а) Негативен развивач. Во оваа група спаѓаат развивачите со пониска pH вредност, кои можат да имаат само една развивачка супстанција и тоа најчесто се употребува метанол. Карактеристично е тоа што тие даваат многу мал контраст на развиената слика. Во поново време се употребуваат двокомпонентни негативни развивачи кај кои како развивачки супстанции се употребува метол и хидрокинон или фенол и хидрокинон. Нив ги карактеризира многу поголема активност при развивањето како и задоволителен контраст на фотографската слика.

б) Позитивни развивачи. Тука спаѓаат развивачите во кои се додадени појаки алкалии, па кај нив времето на развивање е пократко. Како развивачка супстанција и овде се употребува метол и хидрокинон или фенидон и хидрокинон. Во оваа група спаѓаат и развивачите за фотохартија кои зависно од видот на хартијата имаат различен состав.

6.4.5. Начин на развивање

Како што е познато развивањето е хемиски процес во кои се

одвиваат низа хемиски реакции, а од нив основна е редокс-реакцијата на осветлените зрна од сребрените халогениди и развивачката супстанца. При спомнатата реакција настанува елементарно сребро кое се наталожува и ја сочинува скриената слика, а како нуз производи на споменатата реакција се јавува оксидациски производ на развивачката супстанција и бромоводород. Елементарното сребро се таложи на фотографската слика, кинонот се поврзува со натриум сулфидот од развивачот и останува во растворот, а настанатиот бромоводород се неутрализира со алкалиите од развивачот.

6.4.6. Структура на сребрената слика

Со редукција на сребрениот јон во текот на развивањето се

создава елементарно сребро кое се таложи од фотографскиот слој во облик на купчиња од сребрени зрна. Со микроскопско гледање е утврдено дека тие купчиња се градени од многу фини зрна кои имаат неправилен облик и различна дебелина. Развиените сребрени зрна имаат црна боја, заради тоа што металот се наталожува од воден раствор. Различното зацрнување на готовата слика е резултат од

Page 126: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

125

различниот број на развиени сребрени зрна. Најголемо зацрнување ќе има на оние места од фотографскиот материјал каде што сите зрна од сребрениот халогенид се осветлени и развиени.

6.4.7. Фактори од кои зависи развивањето

Времето на развивање е зависно од типот на емулзиониот

слој, составот на развивачот, начинот на развивање, мешањето и температурата. Така, слоевите се со поситни зрна на сребрениот халогенид најчесто многу побрзо се развиваат од слоевите со покрупни зрна. Ако во развивачот има повеќе алкалии или алкалиите се појаки, тој побрзо ќе го развива фотографскиот материјал. Температурата е многу влијателна врз процесот на развивање, па затоа се настојува таа да биде константна. Најчесто развивањето се врши на температура од 20 C0 , но во последно време се произведуваат фотографски материјали кои можат да се развиваат на температура и од 40 C0 , а со тоа многу се скратува целиот фотографски процес. При процесот на развивање потребно е константно мешање на развивачот со што се постигнала поголема негова активност. Тоа се објаснува со фактот што при мешањето на површината на емулзивниот слој секогаш доаѓа до непотрошен развивач и истиот побрзо реагира со сребрениот халогенид. Мешањето на развивачот може да биде со помош на мешалки и инертен воздух.

6.4.8. Прекинување на развивањето

Со процесот на развивање се добива сребрена слика на

фотографскиот материјал. Меѓутоа, таа слика сеуште не е постојана, бидејќи преостанатите неосветлени зрна од сребрениот халогенид, сеуште би можеле да реагираат на светлина, а со тоа и да ја поништат развиената слика. Затоа во процесот на развивање мора да уследи процес со кој брзо ќе се прекине развивањето, а потоа ќе се отстранат сребрените зрна од сребрениот халогенид. Процесот на прекинување на развивањето се изведува најчесто во оцетен кисел раствор, кој го неутрализира преостанатиот развивач во слојот, а со тоа брзо ја смалува активноста на развивање. Во растворот за прекинување на развивањето може да се додадат соединенија за втврднување на емулзиониот слој.

Page 127: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

126

6.4.9. Фиксирање

Тоа е фаза во процесот за обработка на експонираниот фотографски материјал, при што се отстрануваат неосветлените зрна на сребрениот халогенид од самиот слој, а притоа сликата што се добива со развивањето е видлива и постојана. Брзината на фиксирањето зависи од многу фактори, како што се: дебелината на емулзиониот слој, големината на зрната од сребрениот халогенид, присутност на сребрен јод (го забавува процесот), температурата, мешањето и друго. Како оптимално време за фиксирање се одбира времето кое е барем два пати подолго од времето што ни е потребно да се разбистри сликата на фотографскиот материјал со транспарентна подлога. Постојат неколку видови на фиксири, а најпознати се: неутрален, кисел, брз и фиксир за втрднување.

6.4.10. Плакнење и сушење на фотографскиот материјал

За да се добие стабилна и трајна слика, фотографскиот

материјал, по процесот на фиксирањето, мора да биде наполно исправен.

Всушност, во фотографскиот слој по процесот на фиксирањето не смее да остане ни едно соединение, кое може да предизвика распаѓање на фотографската слика. Плакнењето на фотографските материјали се изведува во свежа течна вода, а неговата брзина зависи од: дебелината на фотографскиот слој, начинот на плакнење, температурата, па најчесто времето на плакнење изнесува помеѓу 15 до 30 минути. Сушењето на фотохартијата со повисока температура се одвива во преси за висок сјај на хромирани плочи или на плочи од челик.

6.4.11. Грешки при обработка на фотографските

материјали

Најголем број грешки при обработката на фотографските материјали се јавуваат при процесот на развивањето, а тоа со употребата на дотрајан развивач, неедноличното мешање на развивачот, емулзиониот слој пред развивањето е загаден со фиксир и друго. Грешките кои настануваат при процесот на сушење може да бидат: оштетен емулзиски слој поради вклопување на честички од прашина и појава на бели флеки поради плакнење со вода што содржи многу калиумови соли. Исто така, при сушењето на

Page 128: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

127

фотографската хартија може да дојде до појава на флеки кои немаат голема сјајност, следствено на неедноличниот контакт помеѓу слојот и хромираната плоча или поради нечиста хромирана плоча.

Слика 61

Page 129: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

128

6.5. СВОЈСТВА НА ФОТОГРАФСКИТЕ СЛОЕВИ Со проучување, испитување и одредување на својствата кај

фотографските слоеви се занимава посебна гранка од репрофотографијата која се вика сензитометрија. Сензитометриските методи за испитување се темелат на физичко-хемиски мерења, а се применуваат при испитување на фотографските слоеви. Тие имаат многу својства што се битни за квалитетот на фотографската слика, а се поврзани со интензитетот на осветлување.

а) Фотографска експозиција Продуктот на интензитетот на светлината (I) и времето на

осветлување (t) во репрофотографијата се нарекува експозиција (E).

E = IAt

Бидејќи интензитетот на осветлувањето се мери во лукси, а времето на осветлувањето се мери во секунди, единица за фотографската експозиција е лукс-секунда (Lx-Sek).

Според тоа, произлегува дека експозицијата е прва и основна фаза во фотографскиот процес.

б) Опацитет, провидност и рефлексија При дејствувањето на експозицијата и по обработката на

фотографскиот материјал се добива фотографска слика, која е изработена од црно елементарно сребро. Ако на таа фотографска слика (негатив) дејствуваме со светлина, дел од тој интензитет ќе го апсорбира негативот, а дел ќе помина низ него. Односот помеѓу интензитетот на почетната светлина и светлината што поминала се вика опацитет (О) или непроѕирност.

Таа непроѕирност е реципрочна вредност на транспарентноста, т.е. проѕирноста на фотографскиот материјал, односно негативот. Најголемата транспарентност изнесува 1 или 100%, а во тој случај интензитетот на почетната светлина е еднаков со интензитетот на светлината што поминала низ негативот. Таков случај ќе се појави на местата каде што воопшто нема зацрнување и обратно, колку е поголемо зацнувањето на сликата, транспарентноста ќе биде помала. Ако фотографската слика се изработува на нетранспарентна подлога (фотографска хартија), во тој

Page 130: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

129

случај неможе да стане збор за провидност или транспарентност. Тука разликата помеѓу интензитетот на почетната светлина и интензитетот на рефлектираната светлина се означува со факторот рефлексија (R).

в) Густина на зацрнувањето Како резултат на целокупниот фотографски процес на

фотографскиот материјал се добива слика од црно елементарно сребро. Колку е поголема провршинската концентрација на среброто, толку е поголема оптичката густина на фотографскиот слој, која во сензитометријата се вика густина на зацрнувањето (D). Тоа во практичната работа се мери во подрачјето 0,01 до 3,5, а мерењето се изведува со помош на сензитометар (апарат за мерење на фотографски емулзии), кој може да биде: визуелен и фотоелектричен.

Негативна - позитивна постапка Во репрофотографијата за добивање на слика најчесто се

користи негативно-позитивна постапка. Во овој случај најпрвин на негативен фотографски материјал се изработува предлошка со негативна слика, а потоа од неа се копира на позитивен фотографски материјал и така се добива крајна реална слика од снимениот објект.

Нетативната слика всушност е меѓуфазна слика во процесот за добивање на конечна вистинска слика. Таа, во однос на снимениот објект, е обратна по својата светлина и по страници. Притоа, мора да се води сметка добиениот негатив да има приближно еднаков контраст со оригиналот, а тоа е потребно за да се сочува верноста на репродукцијата. Во аматерската и професионалната фотографија за снимање на негативи се користат фотоматеријалите на транспарентна поѕирна подлога, кои во практиката се познати како негатив-филмови.

Позитивната слика е краен производ на фотографскиот процес и претставува реална слика од снимениот објект. Ако е направена на фотографски материјал со транспарентна подлога станува збор за дијапозитив, а ако е направена на фотографската хартија зборуваме за фотографија или фотос. Позитивната слика се добива од негативот со контактирање и со оптичко копирање.

Во првиот случај ќе добиеме позитивна слика со иста големина како и негативот, а со копирањето можно е да се добие

Page 131: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

130

зголемена или смалена слика. По копирањето се спроведува комплетниот процес за обработка на експонираниот фотографски материјал. Провери го своето знаење: 1* Објасни ја градбата на филмовите? 2* Што е тоа фотографска хартија? 3* Како се добива фотографска слика? 4* Објасни го процесот за обработка на фотографскиот материјал? 5* Што подразбираш под својства на фотографските слоеви?

7. ОРИГИНАЛИ За репродукција во графичката индустрија се употребуваат

различни оригинали, кои може грубо да се поделат во одредени групи.

1. Според обоеноста оригиналите можат да бидат: а) Еднобојни. Тука спаѓаат сите оригинали што имаат една

боја и тоа најчесто црна, како што е црнобелата фотографија. Во тој случај, освен зацрнувањето, присутна е и бојата на подлогата, која најчесто е бела или светла.

б) Повеќебојни. Во оваа група спаѓаат оригиналите со повеќе бои, а типичен пример за тоа е колор-фотографијата.

2. Според тоновите оригиналите ги делиме на:

а) Еднотонски - станува збор за оригинали кај кои е застапен само еден тон, па според тоа тие најчесто се еднобојни. Овие оригинали во практиката се познати под поимот штрихови или цртежни оригинали.

б) Повеќетонски - тука спаѓаат оригиналите со повеќе тонови, а зацрнувањето се зголемува континуирано од најсветлите до најтемните тонови.

Овие оригинали можат да бидат еднобојни (црно-бели) и повеќебојни (колорна фотографија).

3. Според содржината, оригиналите ги делиме на:

Page 132: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

131

а) Едноставни - станува збор за оригинали на кои е застапен само текст или само слика. Во тој случај издвоен е текстот од сликата, па и снимањето на вакви оригинали е поедноставно.

б) Комбинирани - кај овие оригинали истовремено се среќава и текст и слика. Всушност, тоа значи дека се работи за оригинали кои се покомплицирани и повнимателно треба да се снимаат. За процесот на репродуцирање најважни својства од некој оригинал се неговата обоеност и тоновите неговата тонска вредност.

7.1. ОПЕРАЦИИ ПРИ СНИМАЊЕТО НА

ОРИГИНАЛИТЕ Снимањето на еднотонски и повеќетонски оригинали се

состои од повеќе технолошки фази, т.е. операции, како што се: 1. Поставување на оригиналот во држачот за оригинали.

Најпрвин држачот на оригинали се поставува во хоризонтална положба, а потоа во него се става еден или повеќе оригинали.

Поставувањето на истите е во средиштето, потоа држачот се затвора и се доведува во вертикална положба, при што автоматски се вклучува уредот за вакум.

Сето ова се прави за непроѕирни оригинали, па ако снимаме проѕирен оригинал постапката е различна. Во тој случај од држачот се отстранува непроѕирната подлога, во него се поставува проѕирниот оригинал, а површината околу држачот се покрива со црна непроѕирна хартија. Осветлувањето на вакви оригинали се врши од задната страна и светлината поминува само низ оригиналот.

2. Регулирање на светлосниот извор. Изворот на светлина е сместен од левата и десната страна на држачот и тој треба да е поставен така што да обезбедува рамномерно и целосно осветлување на оригиналите што се снимаат. За да се утврди дали оригиналот е подеднакво осветлен во средиштето и на краевите се врши мерење со луксметар.

3. Регулирање на големината за репродукција. Во печатарството секој оригинал може да се репродуцира во различни големини, односно неговата слика на отпечатениот примерок по големина може да биде: еднаква, помала или поголема од оригиналот. Затоа при процесот на снимање потребно е да се знае односот за репродукција, кој ни претставува мерило помеѓу големината на сликата и оригиналот, а се изразува со проценти (пример: 50%, 100%, 200%).

Page 133: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

132

4. Регулирање на елементите за експозиција. За да можеме правилно да снимаме некој оригинал, односно на фотографскиот материјал да падне потребната количина светлина, потребно е на апаратот да се прилагодат елементите кои влијаат на експозицијата. Вкупната количина на светлината што паѓа на фотографскиот материјал зависи од интензитетот на светлината најчесто се одредува со големината на отворот од блендата. Објективите во апаратите имаат фокусни броеви, кои во репрофотографијата најчесто се: 11, 16, 22, 32, 45, 64, 90 и 128, а најоптимални се отворите 22 и 32. Времето на осветлување го мери електромагнетен часовник со можност за дефицирање на многу кратки временски периоди, кои се движат во границите на некои делови од секундата па до неколку секунди.

7.2. СНИМАЊЕ НА ОРИГИНАЛИ

1. Еднотонските или цртежните оригинали се состојат од црни елементи на цртежот, кои се меѓусебно поделени од белата подлога, којашто најчесто е хартија. Постојат еднотонски оригинали чии елементи не се црни, туку се во некоја друга боја (црвена, сина, зелена), а се нанесени на подлогата која не е бела (жолтеникава, светлосина). При снимање на еднотонски оригинали со репрофотографски апарати се добиваат еднотонски негативи, кои кај елементите на цртежот се проѕирни, а се друго е зацрнето.

Page 134: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

133

Слика 62. А) Повеќе тонска слика печатена во рамен печат,

Б) зголемен дел од истата слика

2. Повеќетонските еднобојни оригинали, освен црнобели површини, имаат и такви површини, кај кои во различни износи ја рефлектираат или пропуштаат светлината што паѓа на нив. Затоа нашето око тие површини ги гледа како тонови со различна светлина или како различни сиви тонови. Типичен пример за еднобоен повеќетонски оригинал е црнобелата фотографија, која многу се користи за репродукција во сите техники на печатење и ја има, речиси, кај сите графички производи. За да се овозможи ваква репродукција потребно е нејзините различни густини на зацрнување да се репродуцираат со различни количини на боја, што би давало впечаток на разни тонови. Меѓутоа, ова е единствено можно кај длабокиот печат, додека кај другите техники машините за печатење се конструирани така што да можат да нанесуваат иста количина боја, со што на подлогата добиваме само еден тон. За да се надополни овој недостаток, односно и во овие техники на печатење да имаме репродукција на повеќетонски оригинали потребно е да се изработат такви печатарски форми, кај кои сите печатарски елементи се во иста рамнина, но имаат различна површина. Бидејќи човековото око нема голема способност за раздвојување, ние таквите површини ќе ги восприемаме како да се печатени со различни тонови. Всушност, таму каде што печатарските елементи, односно точките, се поголеми, ќе биде покриена поголема површина, па од неа се рефлектира помалку светлина а тоа окото го чувствува како

Page 135: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

134

темен тон. На местата каде што точките се помали, покриеноста на површината е помала, а се рефлектира повеќе светлина и нашето око тоа го гледа како посветол тон. Според тоа произлегува дека различни тонови од оригиналот на отпечатокот ќе бидат прикажани низ печатарски елементи со исто зацрнување, но со различни големини. На тој начин повеќетонскиот оригинал е претворен во еднотонски и со тоа овозможена негова репродукција во високиот, рамниот и пропусниот печат (ситопечат).

За да се изработи соодветна печатарска форма потребно е уште на почетокот да се има предвид специфичноста на техниката за печатење. За таа цел потребно е при снимањето на оригиналот, односно при изработка на фотографската слика да се знае што ни е потребно за одредена техника на печатење. Направата која се користи при снимањето се вика растер и неговата улога кај високиот и рамниот печат е различна во однос на улогата кај длабокиот печат. Всушност, тој има задача да овозможи во високиот, рамниот и пропусниот печат повеќетонски оригинал да го претвори во еднотонски. Растерот за длабок печат, се употребува како помошно средство, за да направи прегради помеѓу алвеолите со различни длабочини кои овозможуваат различен нанос од боја на подлогата.

Провери го своето знаење: 1* Како ги групиравме оригиналите? 2* Објасни ги операциите за снимање на оригинали? 3* Што се тоа еднотонски оригинали? 4* Кои карактеристики ги имаат повеќетонските еднобојни оригинали?

7.3. РАСТЕРСКА ФОТОГРАФИЈА За начинот на кој функционира растерот, луѓето знаеле уште

од 16-тиот век, бидејќи постојат фотографии кои тогаш се печатени со дрвени печатарски форми, на кои густината на линиите се восприема како потемни и посветли траги, од боја. Во почетокот на 19-тиот век направени се напори за употреба на текстилна мрежичка, која била слична на газа, што се користела при снимањето, а се поставувала помеѓу објективот и фотографскиот материјал. Подоцна, т.е. во 1880 година, направени се напори да се изработи мрежичка во стаклена плоча со помош на гравирање, а тоа е причина растерот да

Page 136: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

135

го добие своето име од латинскиот збор “раструм” што значи гребло. Со понатамошно истражување е пронајден стаклениот гравиран растер, кој се изработува од две изгравирани стаклени плочи. Тие се слепуваат под агол од 900 со помош на балсамово лепило кое има својство за прекршување на светлината како и стаклото.

Стаклениот растер го карактеризираат следниве својства: - Финост на растерот е број со кој се изразува бројот на

линиите на еден cm па така овие растери најчесто се со: 20, 24, 30, 34, 40, 44, 48, 54 и 60 линии на cm . Постојат растери и со поголем број на линии а произведен е и 200-линиски растер, но тие многу малку или воопшто не се користат во практиката.

Слика 63. Растер за висок и рамен печат

Слика 64. Растер за длабок печат

Page 137: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

136

Слика 65. Стаклен растер (поединечни плочи слепени заедно)

Односот на ширината на црните линии спрема ширината на

проѕирните меѓупростори е второто важно својство на растерот. Така ширината на линиите треба да биде таква што да се добиваат точкички, чијашто големина не може да се забележи со голо око. За да биде исполнет овој услов најмногу одговараат растерите кои имаат помеѓу 30 и 40 линии на cm . Контактниот растер денес многу често се употребува во репрофотографијата. Тој нема линии како кај стаклениот растер, а има точкички, чијашто густина на зацрнување не е еднаква, односно точкичката во средиштето е најмногу зацрнета, а зацрнувањето на краиштата е намалено.

Слика 66. Неколку видови на контактни растери

Контактниот растер е добиен со снимање низ стаклен растер,

а изработен на материјал на повеќетонска слика, такашто точкичките имаат околу 50% растертонска вредност. Во поново време тој се изработува на специјален апарат, и тоа со снимање на секоја точка

Page 138: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

137

посебно. Снимањето со овој вид растер се вршел на тој начин што растерот и фотографскиот материјал се идеално зближени и тоа со фотоосетливите слоеви.

Постојат контактни растери кај кои воопшто нема точки, а растертонската вредност им е формирана со: линии, брановидни линии, неправилни зрнца, концентрични кругови и слично. Ваквите растери се користат во посебни прилики и тоа најчесто за реклами.

Слика 67. Употребен зрнест растер (горе), и растер со концентрични

кругови (доле)

Page 139: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

138

Слика 68. Употребен растер со брановидни линии (горе) и

со вертикални линии (доле)

Провери го своето знаење: 1* Што е тоа растерска фотографија? 2* Кои видови на растери ги познаваш? 3* Зошто служат растерите?

Page 140: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

139

8. ГРАФИЧКА ДОРАБОТКА Често ни се случува да имаме можност да видиме некоја

постара книга, која внимателно ќе разгледаме со цел да се запознаеме со нејзината содржина, опременост и поврзаност. Посебно книговрзаниците многу сакаат да се запознаат со начинот на поврзување кај постарите книги и притоа да направат споредба со денешните подврски. Утврдено е дека порано книгите имале поголема издржливост, односно нивното подврзување било поцврсто во споредба со денешново.

Развитокот на книговрзничката дејност, од почетокот, па до денес, може да се подели на неколку етапи.

Како на почеток се смета времето кога на разни ролни од папирус се пишувале книжевни дела, а за да се сочуваат истите се поставувале во дрвени кутии и добро се чувале. Бидејќи читањето на овие ролни било доста тешко, луѓето почнале да размислуваат за начин на кој подлогата за пишување би останала несвиткана, а за нејзино заштитување на предната и задната страница се ставале дрвени капаци. Со текот на времето се усовршувал начинот на подврзување, па така денес постојат докази за првиот книговрзник од 550 години, кој изработувал многу скапи подврски, а е познат како калуѓер Данжес. Во тоа време книгите биле рачно пишувани по црквите и манастирите каде што и ги подврзувале.

Слика 69. Делови на книга со твдри корици

1.Предна корица, 2.Задна корица, 3.Грб, 4.Глава, 5.Надворешен раб, 6.Нозе, 7.Внатрешен лист од предниот предлист, 8.Надворешниот лист од предниот предлист, 9.Украсна пантлика,

10.Абзец на корицата, 11.Украсна нерамнина на рикната, 12.Место за печатење со фолио на рикната, 13.Платнени ќошеви на корицата.

Page 141: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

140

По Гутенберговиот пронајдок во XV век во оваа смисла настанува експанзија, бидејќи печатењето било многу олеснето, т.е. пронајден е поевтин начин за умножување на книги. Паралелно со тоа се развива и вештината за подврзување на отпечатените книги кои постигнале пристапност за граѓанскиот сталеж. Со тоа книгата била се повеќе барана и затоа не е чудно што дошло до силен развој на книговрзништвото, кое во тоа време се уште се изведувало исклучително рачно. Меѓутоа, со развојот на графичката индустрија се развивала и книговрзницата, па така денес скоро и не постои рачна операција во ова одделение. Всушност, денешната современа книговрезница е опремена со наполно автоматизирани машини и линии за разни начини на поврзување, со што многу му е олеснета работата на книговрзникот.

Во одделението книговрзница се врши графичка доработка на речиси, сите графички производи, кои тука се оформуваат како една целина и како такви можат да се понудат на пазарот.

8.1. ИЗРАБОТКА НА БЛОКОВИ Блоковите се графички производи и се изработуваат од чиста

непечатена и печатена хартија. Нивните листови се поврзуваат на два начина, и тоа: со слепување (лајмување) и перфорирани со шиење.

За првиот начин велиме дека се едноставни блокови, бидејќи нивната изработка не одзема многу време. За таа цел најпрвин се избројуваат одреден број листови и тоа колку што е можно во што поголем формат, за да се заштеди во време при броењето. Помеѓу одброените листови се поставува тенка лепенка или картон, кој служи за одвојување и како подлога на блоковите. Потоа хартијата се израмнува, т.е. се штосува и се сече во одредениот формат што треба да го имаат блоковите. Исечените блокови внимателно се поставуваат на штица, односно палета, и од горната страна блоковите треба да се притиснат со нешто тешко. Потоа се пристапува кон премачкување на делот што сакаме да биде слепен (глава или грб) и истото се прави со брзо сушиво лепило. Откако лепилото добро ќе се исуши се пристапува кон одвојување, т.е. раскинување на блоковите, а тоа се прави со тап нож.

Page 142: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

141

Слика 70. Броење, шиење и дупчење на блоковите

Перфорираните блокови се изработуваат на сличен начин, а разликата е во тоа што по одбројувањето на хартијата се пристапува кон перфорирање (т.е. дупчење) на листовите. Најчесто се перфорираат по десетина листови одеднаш, ако се работи за потенка хартија. Во спротивно, се намалува бројот на листовите за да не дојде до кршење на иглите од чешелот за перфорирање. Истото се прави на оддалеченост од 1-1,5cm . од работ на главата или грбот.

Слика 71. Собирање на разнобојни листови во книжен блок

Потоа се пристапува кон пресување на блоковите, со што се елеминира зголемената дебелина на местата каде што листовите се дупчени. Понатамошниот процес ги содржи операциите: сечење (обрезување), редење и слепување на наредните блокови со брзо сушиво лепило. По одделувањето блоковите треба да се сошијат и истото се прави со жица која треба да е побакрена или хромирана. Спојницата, т.е. кламерот се поставува на 4 до 5mm од работ на блокот или пак во средината меѓу работ и перфорирањето.

Печатените блокови се составени од листови кои можат да бидат единечни или во повеќе примероци. Зависи од тоа дали одреден дел од листовите треба да останат во блоковите, тој број листови не се дупчи. Процесот за изработка на овие блокови е

Page 143: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

142

наполно ист со процесот за изработка на непечатените блокови, а се разликува само во фазата собирање, т.е. цантраговање на листовите, која се одвива веднаш по извршеното перфорирање на истите. Собирањето на листови зависи од желбата на порачателот односно, од тоа, од колку листови ќе се состои блокот.

8.2. ИЗРАБОТКА НА ТЕТРАТКИ Тетратките се изработуваат од бела и печатена хартија и може

да имаат 100 и повеќе листови. Тетратките од 40 листови можат да се поврзуваат во еден лог, но ако имаат повеќе листови се одбројуваат и се редат вкрстено, при што се внимава целокупната количина хартија да биде поставена на една страна за да послужи како знак за рамнење на таа страна.

Тетратките со два лога со 80 листови се шијат на ист начин како и тетратките со еден лог и тоа со помош на спојници (кламери) за корицата. Потоа следува тространо обрезување на тетратките и тоа во глава, нозе и надворешниот раб.

Училишните тетратки се шијат машински со една или две спојници, а нивниот број е директно зависен од форматот и дебелината на тетратките. Подебелите и поголемите тетратки се шијат со спојници од жица, тогаш тоа се прави низ газа, што е поставена на грбот на книжниот блок и ни служи за појачување на поврзувањето. Ако тетратките имаат полутврди корици, во тој случај неопходно е на истите да им се постави предлист (форзец).

Слика 72. Собирање на книжните табаци во меки корици за

тетратки и списанија

Page 144: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

143

Секој книжен блок има по два предлиста од по 4 страници,

кои се поставени на почетокот и на крајот од книжниот блок и корицата, а при лепењето се премачкува предлистот со лепило бидејќи би дошло до виткање на истата. По слепувањето на предлистот за корицата неопходно е пресување на книжните блокови со што се подобрува слепувањето и истовремено се отстранува заостанатиот воздух помеѓу предлистот и корицата.

Провери го своето знаење: 1* Зошто се прави влезно-излезна контрола на отпечатените книжни табаци? 2* Што подразбираш под графичка доработка? 3* Како се изработуваат блоковите? 4* Во кои формати се изработуваат тетратките и со какви корици? 5* Како се шијат списанијата и тетратките? 6* На кој начин се собираат книжните табаци за тетратки и списанија?

8.3. ИЗРАБОТКА НА БРОШУРИ И КНИГИ Виткањето на отпечатените табаци може да се врши на три

начина: вкрстено, паралелно и комбинирано. Вкрстено се виткаат табаците за разни книги, учебници и

брошури, а можат да бидат свиткани еднаш, двапати, трипати и во одредени случаи четирипати. Тоа исклучително зависи од: дебелината на хартијата на која е печатено делото, неговиот формат и неговото значење!

Паралелно се виткаат книжните табаци за разни проспекти, каталози, карти и слични графички производи.

Комбинираното виткање на табаците се применува кај посебни графички производи како што се: детски сликовници, албуми и книги со нестандарден формат. Табаците за книги се печатат во форматите А, Б и Ц и тоа од стандардот 1 ( A1:594x841mm); (B1707x1000mm ; C1648x917mm). Кај сите овие формати од еден табак се добиваат повеќе печатарски табаци што зависи од форматот на производот. Основен облик на секој формат е табакот и со негово сечење на половина, на четвртина или на осмина се добиваат помали делови од основниот формат на табакот. Сите тие имаат свои имиња, па за половината велиме дека е стандард два, за четвртината стандарт три, за осминка стандард четири итн.

Page 145: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

144

Слика 73. Правилно собран книжен блок по принципот табак на

табак Секоја книга на првата страна има отпечатено текст, кој го

содржи името на авторот, насловот на книгата, името на издавачот и годината на издавање. Оваа страница се нарекува насловна страница на книгата, а сите други страници од истата се пагинирани, т.е. обележани и со редни броеви. И секој книжен табак од книгата има свој реден број и сигнатура, која се печати на првата страница од истиот во долниот десен агол под текстот. Покрај тоа добро е на секој книжен табак да се отпечати контролен знак на грбот, кој за секој нареден табак е подолу отпечатен за должината на знакот. На тој начин се обезбедува скалеста контрола на книжниот блок - правилна пореденост на книжните табаци.

На страниците од книгата околу печатениот текст се наоѓа маргобелина со сразмерни широчини, па ако во грбот таа изнесува 10mm , во главата треба да има 15mm , во надворешниот раб 20mm и во нозете 25mm .

Рачното виткање на табаците е тешко и неквалитетно, а се прави со парче од слонова коска или од некоја пластична материја и се вика фазман (обликувач). Затоа денес виткањето на книжни табаци се изведува машински на машините за виткање. Овие машини се конструирани на тој начин, што табаците можат да ги виткаат со џебови или со ножеви. По завршеното виткање книжните табаци се пресуваат со цел да се отстрани зголемената дебелина во грбот и главата. Тоа е последица на отпорот од целулозните влакненца кон виткањето, т.е. кон нивното прекршување.

Собирањето на книжните табаци е наредна операција со која се формира книжниот блок и може да се изведе рачно и машински. Рачното собирање е една од најтешките операции во книговезницата, а освен тоа е споро и неквалитетно. Затоа денес, речиси, секаде е отфрлено и се применува машинско собирање на книжните табаци што се изведува на собирачката машина. Таа работи брзо и непогрешливо, па можеме да бидеме сигурни во правилноста и точноста на собраните и наредени табаци.

Page 146: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

145

Слика 74. Сошиени книжни блокови со жица и со конец Шиењето на оформениот книжен блок е технолошка

операција што следува потоа и може да се изведува рачно и машински. Рачното шиење се користи за книги со голем формат кои не ги собира машината, како и за книги што повторно се подврзуваат. Шиењето најчесто се врши со конец, а за да биде поцврсто, тоа се спроведува низ газа или тул-платно.

Во наредната технолошка операција грбот на сошиените книжни блокови се премачкува со брзо сушиво лепило, а претходно е потребно тие добро да се израмнат (уштосуваат) во главата и грбот. При премачкувањето на книжните блокови со лепило тие треба да се оптоварени со некоја тежина, а лепилото треба да биде поретко. Ова е потребно за да не дозволиме лепилото да навлезе помеѓу табаците од книгата и колку што е можно побрзо да исуши.

Обрезувањето на книжните блокови се прави од три страни (глава, надворешен раб и нозе) и се изведува на машини за тространо сечење, кои најмалку сечат половина сантиметар. На тој начин сите листови од книжниот блок имаат еднаква димензија, а со тоа се добива убав естетски изглед на книжниот блок.

Ако книжниот блок треба да има прав грб, се пристапува кон лепење на означувачка и украсна пантлика. Означувачката пантлика е долга 1,5 дијагонала од книжниот блок и се лепи 2 до 3cm . на грбот откај главата на истиот. Таа ни служи за означување на страницата до која сме стигнале при читање на делото. Украсната пантлика се

Page 147: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

146

лепи на грбот од книжниот блок во главата и нозете и служи за украсување на книгата и за покривање на празнината помеѓу книжниот блок и корицата. Потоа се пристапува кон лепење на заштитна хартија на грбот од книжниот блок, која во практиката се вика цевче или хилзна, а служи за полесно отворање на книгата.

Слика 75. Лепење на означувачка и украсна пантлика, како и

заштитна хартија

Паралелно со изработката на книжниот блок или по нејзиното завршување се пристапува кон изработка на кориците. За таа цел најчесто се употребува бела или кафеава лепенка, а нејзината дебелина се одредува според големината и дебелината на книгата. Секоја корица е составена од две парчиња лепенка и помеѓу нив се става парче од потенка лепенка кое служи за дефинирање на дебелината од книжниот блок. Во практиката, оваа влошка се вика рикна и треба да биде широка токму колку што е дебела книгата, а долга колку што се високи кориците.

Зависно од видот на подврската кориците можат да бидат изработени од платно на грбот (полуплатнена подврска) или со цело

Page 148: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

147

платно, хартија, кожа, пластичен материјал и слично. Ако станува збор за полуплатнена подврска платното треба целосно да ја покрва рикната и да преминува на двете корици за 2 до 3cm .

Останатиот дел од корицата кај овој вид подврска го покриваме со лепење на декоративна хартија, која треба да е подолга од сите три страни за 1,5 - 2cm заради превиткување.

Кога корицата треба да биде целосно обвиткана со платно или со некоја друга материја, велиме дека е тоа целоплатнена подврска. Платното треба да биде подолго од сите четири страни за по 15mm сметајќи на поставената отворена корица. Тоа е потребно за да може платното да се превиткува од сите четири страни, а со тоа се подобрува естетскиот изглед и квалитетот на корицата.

Слика 76. Шематски приказ за составување на тврди корици во

полуплатнена подврска Не смее да се заборави на празниот простор што доаѓа помеѓу

рикната и корицата, кој служи за лесно отворање на корицата и се вика абзец. Тој празен простор е по целата висина на корицата и има широчина од 5 до 15mm , зависно од форматот и дебелината на книгата. Основна задача на корицата е да го заштити книжниот блок

Page 149: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

148

од механички повреди и да го збогатат естетскиот изглед на книгата. Затоа денес многу корици се печатат со разнобојно фолио, кое под дејство на температурата и притисок се залепува за преслеката (обвивката) од корицата.

Наредната технолошка операција е уфрлање на книжниот блок во корицата, т.е. монтирањето. За таа цел се бара најсоодветно место на книжниот блок во корицата при што се внимава на правилниот распоред на кантните. Всушност, секоја корица од трите страни (глава, надворешен раб и нозе) е подлога од книжниот блок за околу 5mm и таа должина се вика кантна. При оваа фаза посебно внимание треба да се обрне на совпаѓањето на првата страна од книжниот блок со првата страна од корицата, за да се избегне можноста за наопаку уфрлен книжен блок во корицата.

Слика 77. Составување на тврди корици со целоплатнена обвивка

По оваа следува операцијата премачкување на првата страница од горниот предлист и последната страница од долниот предлист со бавно сушиво лепило. На тој начин ќе се залепат предлистовите за корицата, а веднаш потоа книгите се пресуваат. Со тоа се овозможува подобро слепување и истиснување на заостанатиот воздух помеѓу предлистовите и кориците.

По целосното исушување на лепилото неопходна е фазата контролирање на готовите книги, при што ќе се уочат несаканите

Page 150: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

149

настанати грешки и доколку е можно истите ќе се поправат. На тој начин се елиминира можноста на порачателот да му се даде неисправна книга со што би се нарушил угледот на печатницата.

Провери го своето знаење: 1* Како се виткаат книжните табаци за книги, учебници и брошури? 2* На кој начин се собираат книжните табаци за книги? 3* Објасни како се шијат и со што книжните блокови? 4* Каков грб може да имаат книгите со тврди корици? 5* Зошто се лепат означувачката и украсната пантлика кај истите? 6* Од колку страни се обрезуваат книжните блокови и каде? 7* Како се изработуваат полуплатнените корици? 8* Какви се целоплатнените тврди корици? 9* Објасни го печатењето со разнобојно фолио на тврдите корици?

8.4. ИЗРАБОТКА НА КУТИИ Во графичката индустрија постои погон за картонажа во кој

се изработуваат разни видови кутии. Нив можеме да ги поделиме на неколку начини и тоа според: намената, изгледот, од колку дела се направени, начинот на соединување, бројот на боите со кои се печати, видот на картонот од кој се изработени и други.

Кутиите најчесто служат за да го заштитат и украсат, некој индустриски производ кој ќе биде сместен во нив. Затоа најчесто на нив е отпечатен текст во кој се содржани информации за називот, карактеристиките и фирмата на произведувачот на односните артикли.

Page 151: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

150

Слика 78. Разни форми од сложиви картонски кутии Постојат едноделни кутии, кај кои за да дојде до производот

потребно е да се раскине кутијата а во нив најчесто се пакувани производи што можат да се растураат (прашок за перење, сол, шеќер, разни течности и друго).

Слика 79. Сложива картонска кутија во отворена положба.

1.Бигувани места 2.Штанцани или сечени линии Дводелните кутии ги карактеризира тоа што имаат капак кој

лесно се отвора, па така се доаѓа до спакуваниот производ. Амбалажните кутии се изработуваат од брановидна лепенка

која може да има: 3, 5, 7 и повеќе слоеви. Тие служат за

Page 152: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

151

амортизирање при удари и потреси што би можеле да го оштетат скапиот производ (телевизор, фрижидер, шпорет и слично).

Слика 80. Подготвена печатарска форма за штанцање на сложива

картонска кутија: 1.профил на формата со линиите за штанцање и бигување, 2.пресек на штанцформата, 3.пресек на печатарската плоча со вметнати

челични линии, 4.челични ножеви, 5.гумени јастучиња за одбивање на картонот, 6.челични линии за бигување.

Кутии што се изработуваат од картон најчесто се од бела лепенка, а при изборот на нејзината дебелина главна улога игра форматот и намената на кутијата. Лепенката од едната страна се засечува, со што се овозможува полесно прекршување на истата. Притоа треба да се внимава засекувањето да биде на вистинското место, а за таа цел најдобро е да се направи мера или пак на лепенката да се нацрта цртеж т.е. тлоцрт од отворената кутија. По превиткувањето кутијата се лепи или се шие со жица на местата каде што таа треба да се состави. Ако е потребно овие кутии потоа се преслекуваат со платно или со декоративна хартија, а тоа директно зависи од намената на кутијата.

Page 153: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

152

Картонските едноделни кутии се изработуваат со помош на специјална форма за изресци што во практиката се вика штанцформа. Таа е направена најчесто од тврдо дрво во кое се вметнати челични остри линии. Тие под дејство на притисок го сечат картонот и на тој начин се добиваат исечоци кои кога ќе се слепат формираат кутија со одредени димензии.

Кутиите од брановидна лепенка се познати како амбалажни кутии и тие се изработуваат на машини познати под името Крајшлери и Слотери.

Слика 81. Брановидна лепенка за амбалажни кутии:

а) двослојна, б) трослојна, в) петослојна и г) седмослојна. Овие кутии на местата за соединување се шијат со спојници

од жица, а претходно на надворешниот слој се печати потребниот текст. Печатењето се изведува со гумена печатарска форма, а оваа техника на печатење е позната како флексографски печат.

Провери го своето знаење: 1* Зошто служат кутиите? 2* Какви се тоа сложиви картонски кутии? 3* Што се тоа дводелни кутии? 4* Зошто ги користиме амбалажните кутии? 5* Колку слојна може да биде брановидната лепенка?

Page 154: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

153

ОСНОВИ НА ГРАФИЧАРСТВО ЗА I ГОДИНА

1. Диме Антевски: Основи на графичарството; Скопје

1989 год.

2. Младен Братич: Технологија книготиска; Загреб 1979

година

3. Иван Лутѕ: Ручног слога и книзња типографија;

Загреб 1975 год.

4. Марија Пларибат: Технлологија графичка материјала

I и II; Загреб 1975 год.

5. Дивна Тарабич: Папир; Београд1973 год.

6. Фрањо Месарош: Стројни слог и Графичка

енциклопедија; Загреб 1973 год.

7. Олга Корелич: Кемиграфија; Загреб 1979 год.

8. Томислав Обрадович: Приручник за картонаже;

Београд 1986 год.

Page 155: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

154

С О Д Р Ж И Н А

Стр.

Развој на графичката индустрија . . . . .3

Производи на графичката индустрија . . . .5

Основни печатарски техники . . . . .8

Висок печат . . . . . . . .9

Печатарска форма за висок печат . . . . .10

Исправки на грешки во слогот . . . . .18

Растурање на употребен слог . . . . .20

Длабок печат . . . . . . . .22

Печатарска форма за длабок печат . . . . .23

Рамен печат . . . . . . . .27

Печатарска форма за рамен печат . . . . .29

Пропистен (сито) печат . . . . . .32

Печатарска форма за сито печат . . . . .33

Основни материјали што се употребуваат во граф индустрија .37

Преработки на суровини и подготовка на полуфабрикатите .37

Изработка на хартиената маса . . . . .38

Лиење (изработка) на хартија . . . . .41

Завршни работи на новодобиената хартија . . .45

Формати на хартија . . . . . . .47

Графички бои . . . . . . .53

Метали и легури во графичката индустрија . . .59

Оловото, алуминиумот нивните легури . . . .59

Цинкот и бакарот и нивните легури . . . .60

Магнезиум . . . . . . . .61

Пластични маси . . . . . . .62

Поделба на пластичните маси . . . . .65

Хемиски својства на пластичните маси . . . .67

Page 156: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

155

Физички својства на пластичните маси . . . .68

Лепила . . . . . . . .71

Примена на лепилата . . . . . .73

Видови на лепила . . . . . . .74

Изработка на слог и типографски мерен систем . . .79

Типографско слово . . . . . . .81

Типографско писмо и класификација на писмата . . .83

Печатарски елементи . . . . . .84

Безличен слагачки материјал . . . . .88

Оловен слог . . . . . . . .92

Работа со слогот . . . . . . .98

Машински слог . . . . . . .104

Слагање на матриците и лиење на редови . . . .109

Фотослог . . . . . . . .111

Графичка монтажа . . . . . . .114

Репродукција на оригинали за одделни техники за печатење .117

Репроподготовка . . . . . . .118

Градба и производство на фотографскиот материјал . .119

Добивање на фотографска слика . . . . .122

Развивање на фотографските материјали . . . .122

Видови на развивачи. . . . . . .123

Начини на развивање и структура на сребрената слика . .124

Прекинување на развивањето . . . . .125

Фиксирање и плакнење . . . . . .126

Грешки при обработката на фотографските материјали . .126

Својства на фотографските слоеви . . . . .128

Оригинали . . . . . . . .130

Операции при снимањето на оригинали . . . .131

Снимање на оригинали . . . . . .132

Page 157: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

156

Растерска фотографија . . . . . .134

Графичка доработка . . . . . . .139

Изработка на блокови . . . . . .141

Изработка на тетратки . . . . . .142

Изработка на брошури и книги . . . . .143

Изработка на кутии . . . . . . .149

Page 158: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој

За министерот:

*

Димитрија Антевски

ОСНОВИ НА ГРАФИЧАРСТВОТО

ЗА I ГОДИНА

ГРАФИЧКА СТРУКА

*

Лектор: Виолета Јовановска

*

Подготовка и графички дизајн: Наташа Антевска - Вељановска

*

Корицата ја илустрирал: Дарко Антевски

Page 159: НАСЛОВНА СО РЕЦЕНЗЕНТИ na graficarstvo I-god..pdf · Првиот македонски печатар е Теодосиј Синаитски. Тој ја Тој