33vrtezi

6
БУКБОКС ЏУБОКС „33 РЕВОЛУЦИИ ВО МИНУТА: историја на протестни песни“ од Доријан Лински Илина Ј. “Picket lines school boycotts They try to say it's a communist plot All I want is equality for my sister, my brother, my people and me” Nina Simone, Mississippi Goddam Во јуни 1963 во Алабама е убиен Афро- американскиот активист за човекови права Медгар Еверс, кој се обидуваше да и’ стави крај на сегрегацијата на Универзитетот во

Upload: bookbox

Post on 12-Mar-2015

2.383 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: 33vrtezi

БУКБОКС ЏУБОКС

„33 РЕВОЛУЦИИ ВО МИНУТА:историја на протестни песни“

од Доријан Лински

Илина Ј.

“Picket linesschool boycotts

They try to say it's a communist plotAll I want is equality

for my sister, my brother, my people and me”Nina Simone, Mississippi Goddam

Во јуни 1963 во Алабама е убиен Афро-американскиот активист за човекови права Медгар Еверс, кој се обидуваше да и’ стави крај на сегрегацијата на Универзитетот во Мисисипи. Во септември истата година, повторно во Алабама, со динамит беше разнесена Баптистичката црква на 16-тата улица во Бирмингем. Неколку припадници на Кју-клус кланот го поставиле експлозивот близу подрумските простории, каде 26 деца тој ден се подготвувале за неделната проповед, на тема „Љубовта

Page 2: 33vrtezi

простува“. Четири од нив биле убиени, а 22 повредени. Кога слушнала за ова непосредно по настанот, Нина Симон почнала да става парчиња метал во некаков импровизиран пиштол, подготвена да пука во кого ќе стигне. Мажот и’ ја убедил наместо тоа да седне крај клавирот, и преку музика да го изрази гневот. Така настала една од најпознатите протестни песни во историјата на овој жанр – Mississippi Goddam (или „Проклета Мисисипи“).

Книгата на Доријан Лински, „33 револуции во минута“, содржи уште 32 приказни за оние песни кои, или во моментот кога настанале или ретроактивно, одиграле значајна улога во легитимирањето на одредени социјални движења, и сплотувањето на учесниците. Нивните стихови го изразиле она што понижените, онеправданите и гневните го мислеле во времето кога ги пееле – тие биле нивното оружје. Книгата нема намера да биде некаква антологија, туку повеќе еден можен преглед на значајни протестни и политички ангажирани песни, од Strange Fruit на Били Холидеј, This Land is Your Land на Вуди Гатри, Masters of War на Боб Дилан, Zombie на Фела Кути, White Riot на Клеш, до American Idiot на Грин деј. Лински е музички критичар, па социолошката анализа на контекстот во кој настанале песните можеби не е кој знае колку длабока, но е коректна. Секое поглавје вклучува биографија на авторот/изведувачот на песната и историските околности во кои таа настанала – Американското движење за граѓански права, војната во Виетнам, владеењето на Реган и Тачер, Фолкландската криза, штрајкови на рудари, движења против апартхејдот и за права на хомосексуалците, и повторно - отпор кон војна, овој пат во Ирак.

Во поговорот авторот вели: „Ја почнав оваа книга со намера да напишам историја на една се уште витална форма на музика. Сега, кога ја завршив, се мислам дали наместо тоа напишав некролог.“ И навистина, современите протести често „рециклираат“ некогашни ангажирани песни,

Page 3: 33vrtezi

прилагодувајќи ги на новите околности: демонстрантите во Италија пред некој месец, протестирајќи против премиерот Берлускони, му ја пееја People Have the Power на Пети Смит. Британските студенти кои со денови протестираа во Лондон против високите школарини ја искористија песната на Џој Дивижн Love Will Tear Us Apart Again, парафразирајќи ја во Tories, Tories, Will Tear Us Apart Again. Ставањето нови зборови во веќе познати песни е практично решение, но практична може да биде дури и опцијата „иста музика, исти зборови“, како во случајот со нашите „Распеани Скопјани“, кои слободно можат да ја репризираат „Песната на дрвосечачот“ од Монти Пајтон која еднаш веќе ја пееја на Илинденска, овој пат на булеварот Св. Климент Охридски.

Имаме ли ние автохтони песни со ангажирана порака, освен оние борбените од фолклорната ризница – од „Црна се чума зададе“, „Ако умрам ил загинам“, „Огин го гори Брезово“, „Трба трби Гевгелија“ и другите антологиски? Која песна ќе ги одбележи актуелните протести? Дали воопшто има релевантни локални „нумери“ кои преку медиумот на музиката пренесуваат некаква порака за (или против) она што (ни) се случува, на кој и да е план?

Еве кои ни текнаа нам и на нашите помлади пријатели (фала им):

Архангел – Uber Macedonische

Bernays propaganda - Убиј ме

Bernays propaganda - Булдожер

САФ - Скопска ситуација ’98

САФ - Револуционер

Page 4: 33vrtezi

String Forces - Каде бегаш?

String Forces - Мали души

PMG - Излези надвор!

PMG - Еј!

Суперхикс - Колку време

Суперхикс - Африка

ТК - СК - Скопски педерчиња и сељаци од провинција

ТК - СК - СДСМ   ДПМНЕ

ТБ Трачери - Џемс Бонд те пљука

ХАХАХА - Младите не се млади

Kanton 6  - СреЧно

Мизар – Бело море

Да Џака Накот - Ода на гадоста

Дефект - Посран систем

Last expedition – Шефе (ова е повеќе духовита отколку ангажирана песна, ама пак зборува за мала фрка со полицијата)

Каролина – Од нас зависи (озбилни сме)

Андријана Алачки - Македонска полиција (И воспевањето на органите е некаков општествен ангажман, нели?)

Имаше уште, ама доста е. Ни нам, како ни на Лински, не ни беше поентата да ги бираме најдобрите или најзначајните.

Page 5: 33vrtezi

Битно ни беше да видиме дека ги има. Склоноста кон протест и ангажираноста можеби не ни се најистакнатите етно-психолошки црти - незгодно ни е да се побуниме дури и ако пивото ни го донесат топло - ама битно во уметноста не сме млитави. Наведнато ЦД компјутер не реже. Ама добра песна може да покрене и пецне. Ајде сега сите во хор една крајно исполитизирана, за инает на душманите - „Македонско девојче“!