СЕМИНАРСКА

23

Click here to load reader

Upload: adrijana-filipova

Post on 24-Oct-2014

809 views

Category:

Documents


13 download

Tags:

TRANSCRIPT

Page 1: СЕМИНАРСКА

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА - СКОПЈЕ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ТЕМА : НЕЦАРИНСКИ ИНСТРУМЕНТИ И ДРУГИ ДАВАЧКИ

МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛЕ:

Доцент Д-р Драшко Атанасоски Филипова Адријана 17862

Петрушева Борка 17785

Јовановски Дарко 171090

Март, 2012 – Скопје

Page 2: СЕМИНАРСКА

СОДРЖИНА:

ВОВЕД......................................................................................................... 3

УВОЗНИ И ИЗВОЗНИ ТАКСИ.................................................................... 4

ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ.......................................................... 5

АНТИДАМПИНШКИ И КОМПЕЗАТОРНИ ДАВАЧКИ................................ 7

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПОТИКНУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ................................ 8

ЗАБРАНА НА УВОЗ И ИЗВОЗ....................................................................10

КВОТИ......................................................................................................... 10

ДОЗВОЛИ.................................................................................................... 12

СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ...................................................................... 13

ЦАРИНСКИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ................................ 14

ЗАКЛУЧОК................................................................................................... 16

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА....................................................................... 17

Page 3: СЕМИНАРСКА

ВОВЕД

Нашата идеја да пишуваме токму на оваа тема : ”Нецарински и инструменти

и други давачки” е тоа што сакаме да покажеме дека царините не се

единствени давачки при надворешно трговскиот промет.

Покрај царините при надворешно трговскиот промет се пресметуваат и

наплатуваат и други давачки во кои особено се вбројуваат: увозни и извозни

такси, данок на додадена вредност, антидампиншки и компезаторни

давачки и други.

Заедничко на сите овие давачки е нивната заштитна функција т.е го

заштитуваат домашното стопанство со цел да се оствари економски раст и

развој на националната економија.

Посебно внимание се посветува и на другите нецарински инструменти.

Во групата на нецарински инструменти се обработени инструменти за

поттикнување на извозот, забрана за увоз и извоз, квоти(увозни и извозни;

автономни и договорени; глобални и селективни), дозволи(увозни и извозни;

трајни и повремени ) стандарди за квалитет и царински и административни

процедури. Во продолжение ќе ги објаснеме сите подетално.

Page 4: СЕМИНАРСКА

УВОЗНИ И ИЗВОЗНИ ТАКСИ

Административните увозни и извозни такси претставуваат нецарински

инструменти чија што примена започнала во релативно поновно време.

Генерално, истите претставуваат продолжение на дејството на увозните и

извозните царини, респрективно. Имајќи ја во вид оваа нивна

карактеристика, како и со поограничена примена на извозните царини, во

современи услови, и извозните такси се воведуваат многу ретки. За разлика од

нив примената на увозните такси во надворешно-трговската политика на

современите држави е релативно честа. Всушност, перманентниот процес на

константно намалување на општото царинско ниво спроведуваат особено во

рамки на GATT, влијаел кон се поголема примена на увозните такси. Тие се

наплатуваат во комбинација со увозните царини или посебно кај стоките за кои

не се наплатува царина.

Увозните такси во основа имаат заштитен карактер, однсно се

воведуваат како и увозните царини заради заштита на националната

економија. Истите се пресметуваат врз основа на царинската вредност на

увозните производи и нивниот износ се додава на увозната цена со што се

зголемува и продажната цена на увезените производи на домашниот пазар.

Иако имаат директно дејство врз цените на стоките, тие сепак претставуваат

поприкриен вид на заштита што потешко се открива (царинските стапки се

содржани во Законот за Царинска тарифа и се предмет на намалување и

контрола преку спроведување на комплексна процедура за донесување и

изменување на закон, додека таксите се утврдуваат со одлука на

надлежниот орган и полесно се менуваат).

Покрај заштитен, увозните такси можат да имаат и фискален карактер,

и тоа особено кога се воведуваат за производи што не се произведуваат во

земјата и кога се комбинираат со други административни такси како

надомест за извршената услуга од страна на царинските органи.

Имено, со нивниот износ се оптоварува цената на увозната стока и со тоа се

дестимулира увозот на тие стоки, како и извозот на истиот вид стоки, затоа што

Page 5: СЕМИНАРСКА

домашните производители можат да остварат повисоки цени и на домашниот

пазар.

Имајќи во вид дека таксите влијаат врз увозот на една земја, можеме да

заклучиме дека тие имаат ефекти и врз платно билансната позиција на

земјата, особено врз намалување на увозот. Дестимулирајќи го увозот за

да се намали одливот на девизи, со увозните такси се влијае и кон

обезбедување на рамнотежа во трговскиот или платниот биланс.

ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Меѓусебните односи на државите во даночната сфера се решаваат главно

врз два основни принципи: принципот според кој правото на оданочување на

добрата (стоките) во меѓусебната размена го има само земјата извозник, што

значи примена на принципот на земја на дестинација.

Суштината на принципот на земја на дестинација е во преземањето на

низа фискални мерки со кои добрата во извозот се ослободуваат од даноците

со кои се оптоварува прометот во земјата, додека при увозот, добрата се

оданочуваат со данокот на додадена вредност (ДДВ), со кој во земјата

увозничка се оданочуваат домашните добра. Според тоа, со ДДВ не се

дискриминираат добрата од увоз, туку се оданочуваат со истите даночни

стапки како и прометот на домашните добра.

Даночната основа на која се пресметуваат ДДВ на увозот на добра е

вредноста на увезеното добро утврдена според царинските прописи. Ако

увезеното добро не се подлежи на прописите на царинење, или на плаќање

царина, даночната основа се утврдува според надоместокот што е платен, или

што би требало да се плати. Кога надоместокот не е познат, или кога е

нереално искажан, вредноста која ќе претставува даночна основа ја утврдува

надлежниот царински орган.

Во даночната основа се вклучуваат царината, даноците односно

акцизите, таксите и другите увозни давачки, освен ДДВ. Исто така, влегуваат и

зависните трошоци, како трошоците за провизии, пакување, превоз,

осигурување и сл., кои настануваат до првото место на крајната дестинација на

добрата во земјата.

Page 6: СЕМИНАРСКА

Во случај на привремен извоз на доброто во странство заради поправка,

ремонт или облагородувње, при повторно внесување на доброто во земјата,

даночна основа претставува платениот надоместок, или вредноста се утврдува

според царинските прописи, вклучувајќи ги погоре споменатите давачки и

зависните трошоци.

ДДВ не се плаќа на увозот на добра чиј промет е ослободен од данокот

на земјата, добрата во транзит, добрата што се внесуваат во слободните зони,

царинските зони и царинските складови, добрата под режим на привремен увоз

и реекспорт, повторниот увоз на привремено извезени добра, добрата кои

спаѓаат под дипломатските и конзуларните аранжмани, добрата што ги

внесуваат физичките лица до одредена вредност (личен багаж) итн.

Освен ослободувањето од ДДВ при увозот, постојат даночни

ослободувања со право на одбивка на претходниот данок. Првенствено

значење на оваа категорија ослободувања има ослободувањето на извозот на

добра, односно испораката на добра кои се превезуваат или се испраќаат од

странство од страна на даночниот обврзник на ДДВ, од примателот на доброто

или од трето лице во нивно име, ако примателот на доброто е со седиште во

странство. Во врска со ова, од ДДВ се ослободени и услугите поврзани со

извозот и транзитот, како и меѓународниот превоз на добра за извоз.

Врз целокупниот увоз, освен на увозот кој се оданочува со повластена

даночна стапка, се применува општата (стандардна) даночна стапка, која

моментално изнесува 18%. Повластената даночна стапка (моментално 5%) се

применува само на увозот на одредени добра утврдени според номенклатурата

за царинска тарифа.

АНТИДАМПИНШКИ И КОМПЕНЗАТОРНИ ДАВАЧКИ

Дампингот претставува политика на ниски цени за продор на одреден пазар.

Политиката на дампинг може да биде спроведена од страна на стопанските

субјекти – извозници, или од страна на државата – извозник. Државниот

дампинг може да се јави како социјален и како валутен дампинг. За социјален

дампинг зборуваме во случаите кога државата води политика на ниски плати,

Page 7: СЕМИНАРСКА

па преку тоа овозможува остварување на пониски цени на чинење на готовите

производи (платите како производен инпут).

Додека валутен дампинг има во случаите кога монетарните власти на една

држава вршат девалвација на националната валута за степен повисок од

степенот на депресираност на истата.

Во случаите кога увозот од некоја земја се остварува по дампиншки цени,

земјата увозник може да покрене постапка за воведување на одбрамбени

мерки преку антидампиншка давачка.

Комплексната постапка за утврдување на дампинг и за воведување на анти-

дампиншка давачка, е регулирана со членот VI од GATT 1994. Според овој

начин, дампинг постои во случаите кога еден производ на домашниот

пазар на една земја се увезува по цена пониска од неговата нормална

цена и кога тој увоз предизвикува или може да предизвика штета во

домашното производство. Постапката за утврдување на дампингот и за

воведување на антидампиншка давачка, што е унифицирана во сите земји,

опфаќа неколку фази: поднесување на барање за воведување, разгледување

на барањето, односно утврдување на нивото на разликата меѓу нормалната и

увозната цена како и причините за постоењето на таа разлика; воведување на

привремени мерки; и воведување на антидампиншка давачка. Ако се

исполнети сите услови согласно одредбите на GATT, при утврдувањето на

нивото на оваа давачка треба да се внимава бидејќи таа не смее да е поголема

од дампингшката маржа. Дампиншката маржа претставува процнтуална

разлика на увозната и номиналната цена на увозниот производ, во случаевите

кога извозната цена е пониска.

Постапката се запира ако дапмингшката маржа е минимална и изнесува 2% од

извозната цена и кога обемот на увозот е незначителен. Обемот на

дампингшкиот увоз се смета за незначителен ако учеството на дампингшкиот

увоз во одредена земја е под 3%, во вкупниот увоз на слични производи во

домашната земја.

Компензаторните давачки се воведуваат како дополнително царинско

оптоварување, во случаите кога увозните стоки користат извозни потикнувања

во земјата – извозник. Заради анулирање на разликите во цените предизвикани

од одобрените извозни поттикнувања, земјата – увозник може да воведе

компензаторска давачка.

Page 8: СЕМИНАРСКА

Постапката за воведување компензаторска давачка е исто така

комплексна и целосно регулирана со членот VI од GATT 1999, при што како

особен проблем се јавува докажувањето дека увозната стока била предмет на

извозни погодности во земјата на извозот.

Примената на антидампигшките и компензаторните давачки е

алтернатива, односно при увозот на одредена стока од одредена земја може

да се наплатува или едниот или другиот вид давачка.

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПОТИКНУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ

Инструментите за поттикнување на извозот се збир на мерки чија цел е

одвишокот на домашно производство да го пренасочи кон извоз, односно

дејствуваат во правец домашната стока да стане поконкурентна на странските

пазари. Преку компензирањето на повисоките домашни трошоци за

производство, овие мерки ги сведуваат повисоките цени на домашните стоки

на ниво на светските цени, со што непосредно влијаат кон олеснување на

пласманот на домашните стоки на странските пазари. Мерките за

поттикнување на извозот, преку намалување на цените на извозните производи

на странските пазари, ја подобруваат конкурентската способност на домашните

пороизводители на странски пазари. Во оваа група инструменти особено

значајни се премиите и преференциите.

Премиите претставуваат најшироко применуван инструмент за стимулирање

на извозот. Во зависност од тоа дали се утврдуваат врз основа на остварениот

извоз или врз основа на обем на производство, премиите можат да бидат

директни и индиректни.

Директни или отворени премии се паричен износ во домашна валута што од

државниот буџет или од посебен фонд им се исплатува на извозниците на

определени стоки, а износот се утврдува врз основа на однапред позната

стапка и вредноста на остварениот извоз. Висината на стапката се утврдува

врз основа на разликата меѓу домашната и цената на стоката на странските

пазари, и на тој начин преку намалување на продажната цена на домашните

стоки на странските пазари овие премии непосредно влијаат кон зголемување

на конкурентската способност на домашните извозници на странските пазари.

Page 9: СЕМИНАРСКА

Индиректни или прикриени премии се доделуваат во паричен износ во

домашна валута од државниот буџет или посебен фонд, за оствареното

производство или остварен квалитет во одредено производство. Затоа овие

премии најчесто се нарекуваат производствени премии, премии за квалитет и

друго. Значи во основа индиректните премии не се извозни премии, но бидејќи

влијаат кон намалување на производната цена на одреден производ, посредно

создаваат услови за поголема конкурентска моќ и поголем извоз.

Преференциите се инструменти на трговската политика што влијаат врз

извозните цени и тоа преку компензирањето на повисоките производни

трошоци или на дел од транспортните трошоци, како елементи на цените на

стоките наменети за извоз. Основна разлика меѓу преференциите и премиите е

во тоа што врз извозните цени, првите дејствуваат априори преку намалување

на трошоците – елементи на извозната цена, а вторите, постериори преку

зголемувње на приходот од веќе остварениот извоз.

ЗАБРАНА НА УВОЗ И ИЗВОЗ

Забраната на увоз и извоз претставува најригорозен рестриктивен

инструмент, којшто по своето економско дејство се изедначува со

прохибитивните царини. Со овој инструмент, трајно или приврмено, се

забранува извозот или увозот на определени стоки. Иако може да биде

мотивирана и од определени здравствени, морални, безбедносни или други

причини, забраната на увоз и извоз често се воведува и од трговски причини.

Забраната на увозот или извозот, како инструмент на трговската политика

претставува еден од најстарите инструменти, но во нивната улога во

современи услови е значително стеснета. Всушност, нејзината примена се

ограничува на сосема исклучителни случаи, и тоа особено:

Прво, при забележителнa платно-билансна нерамнотежа, се воведува

забрана за увоз на одредени производи, па заштедените девизни средства, се

употебуваат за позначајни надворешно-трговски трансакции

(на пример, забрана на увоз на небитни производи или на луксузна стока,

заради увоз на стоки значајни за репродукција);

Page 10: СЕМИНАРСКА

Второ, стимулирање на развојот на домашното произодство во модерните

индустриски гранки;

Трето, при општи пореметувања во земјата, на пример, за време на војна

или мошне сериозни економски нарушувања најчесто се воведуваат забрани

на увоз или извоз на стратешки производи;

Четврто, од еколошки причини е забранет увоз и провоз на отпадни,

опасни, штетни и радиоактивни отпадни материи, како и увоз на технологии,

технолошки линии и лиценци кои во земјите извознички се забранети од

еколошки причини и друго.

КВОТИ

Квотите претставуваат одредена количина или вредност на поединечна

стока, утврдена од страна на државната власт, што може да се извезе или

увезе во одреден временски период. Увозот и извозот на стоки во рамки на

стоковите квоти се врши согласно пропишаниот царински режим. Особено е

значајно да се истакне дека ако дојде до целосно искористување на стоковите

квоти пред истекот на рокот за кој се пропишани, до истекот на тој рок во

земјата не се врши соодветна трансакција во надворешно трговскиот промет со

тој вид на стока.

Квотите се класифицираат според насоката на движење на стоката и

според начинот на нивно пропишување.

Според насоката на движење на предметот на тргување, квотите можат да

бидат увозни и извозни.

Увозните квоти претставуваат ограничување на увозот на одредена

стока, во услови кога државната власт ја пропишува количината или вредноста

на увоз на одредена стока, во одреден временски период.

Извозните квоти претставуваат ограничување на извозот на одредена

стока, во услови кога државната власт ја пропишува количина или вредноста

на извозот на одредена стока, во одреден временски период. Овој вид квоти се

воведуваат во нестабилни политички и економски услови, заради

оневозможување на извозот на храна и други производи неопходни за

потребите на населението и заради обезбедување на доволен обем на

суровини и репроматеријали за домашното произовдство.

Page 11: СЕМИНАРСКА

Според начинот на пропишување, квотите се делат на автономни и

конвенционални.

Автономните, односно унилатерални квоти, ги пропишува државната

власт врз основа на својот суверенитет.

Договорните, односно конвенционални квоти се воведуваат врз

основа на потпишана ратификувана спогодба поч.ќќ

/ЌЌЌмеѓу две или повеќе земји. Во основа тоа се стоковите листи за увоз и

извоз, што земјите ги договараат при склучување на меѓусебните стокови

спогодби.

Во рамките на конвенционалните квоти посебно внимание се посветува

на инструментот “доброволно” ограничување на извозот (voluntary export

restraint), односно едностраните извозни квоти воведени врз основа на договор.

Економски развиените, па и политички моќните земји, трпејќи штета на своите

национални пазари од изворот на одредена земја, договорно и наложуваат на

земјата-партнер доброволно да го ограничи својот извоз кон неа.

Според насоченоста на квотите разликуваме глобални или

недискриминаторни и селективни и дискриминаторни квоти.

Глобалните или недискриминаторните квоти се оние со кои што се

ограничува вкупната трговија за одредена стока или услуга на една земја во

светот. По искористувањето на лимитите утврдени со овој вид на квоти,

независно со која земја е извршена размената, понатамошната трговија

престанува.

Селективните или дискриминаторните квоти се оние со кои што се

ограничува трговијата на одредена стока или услуга на една земја со друга

земја. Всушност, овие квоти се составени од делови на билатералните

спогодби, па по нивно искористување, престанува трговијата само помеѓу

земјите – договорнички.

ДОЗВОЛИ

Дозволите претставуваат инструменти за директно регулирање на

трговската размена. Со овие инструменти не се врши ограничување на

увозот или извозот, туку остварувањето на нивниот увоз или извоз е

условено од добивање на дозвола од надлежниот државен орган.

Page 12: СЕМИНАРСКА

Надлежниот државен орган, согласно утврдените принципи и правила,

одлучува дали одреден стопански субјект може да увезе или извезе

одредена стока. Добиената дозвола значи овозможување на увоз или на

извоз, додека неодобрената дозвола значи забрана за увоз или извоз на

одредена стока за одреден надворешно-трговски субјект.

Во теоријата и практиката, можат да се сретнат разни видови дозволи,

класифицирани според следните критериуми.

Според насоката на движење на стоките, дозволите можат да бидат увозни и

извозни.

Увозните дозволи се применуваат заради контрола и ограничување на увозот.

Извозните дозволи се применуваат заради контрола и ограничување на

извозот на стоки што се од посебно значење за националната економија, на

пример суровини, храна, стратешки материјали и друго.

Според пропишаното време на примена на дозволите, разликуваме трајни

и повремени дозволи.

Трајните дозволи се пропишуваат со цел подолготрајна примена на

истите, и се однесуваат на стоки чиј увоз и извоз по одредени основи

прикриено се забранува.

Повремените дозволи се воведуваат заради сузбивање на определени

тековни негативни тенденции во трговската размена.

Според насоченоста на дозволите кон различни земји, разликуваме:

Дозволи за контрола и ограничување на размената со една земја;

Дозволи за контрола и ограничување на размената со група земји, и

Дозволи за контрола и ограничување на размената со сите земји.

Дозволите што се воведени со цел контрола и ограничување на една или

група земји, имаат за цел регионално насочување на трговската размена на

земјата.

СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ

Производите и услугите што се нудат на домашниот пазар, независно дали

се од домашно потекло или се набавени од увоз треба да ги исполнуваат

барањата на националните стандарди. Стандардите всушност, претставуваат

национален акт со кој се регулираат техничко-технолошките барања, условите

и правилата со кои се дефинираат производите и услугите; работните постапки

Page 13: СЕМИНАРСКА

и процесите на производство, изведувањето инвестициони работи, односно

вршењето на услуги; постапките, начинот и методите за испитување на

производите, односно на карактеристиките и квалитетот на стоките и услугите;

еднообразните термини, дефиниции, симболи и друго.

Прописите за квалитет на производите и услугите, како еден сегмент од

стандардите, ги определуваат нормите на квалитетот, постапките и методите

за обезбедување, испитување и контрола на квалитетот, како и условите и

барањата за постигнување и зачувување на пропишаното ниво на квалиетот на

одделните производи и услуги.

Во рамки на прописите за квалитет, се определува начинот на декларирање,

означување на производите и услугите, како и условите и барањата во поглед

на намената, трајноста, функционалноста и безбедноста при употреба на

производите. Секој производ што се нуди на домашниот пазар траеба да биде

амбалажиран на соодветен начин и да има посебна декларација, во која ќе

бидат внесени сите негови карактеристики, усогласени со барањата на

стандардите.

Секоја земја може да пропише национални технички стандари, но истите

несмеат да бидат пречка на развојот на меѓународната трговија.

ЦАРИНСКИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ

Во оваа група нецарински инструменти спаѓаат оние што ја отежнуваат

царинската постапка поради прибирање и презентирање на разни документи.

Овие постапки добиваат карактер на нецарински инструменти поради

можноста за внесување на субјективни елементи при нивното спроведување на

одредена зацртана политика од страна на државната власт. Во основа тоа се:

прво, административни согласности, второ, молчење на администрацијата,

трето бавна царинска процедура и друго.

Издавањето на дозволите, согласностите како и другите бројни

документи во надворешно-трговскиот промет, би требало да се вршат по

одреден автоматизам и во најкраток можен рок. Меѓутоа во случај кога

административната процедура е комплицирана и бара долго време за да се

Page 14: СЕМИНАРСКА

добијат пропишаните документи, тоа неминовно се манифестира како

дискриминаторана мерка.

Издавањето на административните документи од страна на државни и

други институции се врши во пропишани рокови во кои треба да се заврши

целокупната процедура. Секако дека за барателот на документот не е сеедно

дали одредена согласност, уверение, потврда и сл. што ги издаваат

надлежните органи, ќе бидат издадени веднаш или за неколку дена, или пак ќе

се чека последниот ден од утврдениот рок. Исто така, и самата процедура за

издавање на документите може да биде едноставна или компликувана, што

непосредно се одразува врз тековите на увозот.

Во вакви случаи надлежните органи можат да го применат тнр.

Инструмент молчење на администрацијата. Тоа се случаите кога се

одложува издавањето на документите, се со цел да се заштити домашното

стопанство преку одвраќање на субјектите од обавување надворешно-трговски

работи. Ваквата евентуална практика може да има особено сериозни

последици врз обемот и динамиката на увозот, а со тоа и врз финансиките

ефекти на трговските зделки кога се работи за стоки од сезонски карактер, за

лесно расипливите стоки или за стоки што точно во одредено време треба да

се појават на домашниот пазар, заради што нивниот увоз во некој друг период

станува бессмислен.

Посебен вид на нецаринска заштита е и бавната царинска процедура,

како смислена политика за заштита на домашното стопанство преку

забавување на царинските формалности заради одвраќање на странските

извозници од пласман на своите производи на пазарот на земјата. За смислено

искористување на царинската процедура со цел да се забавува меѓународниот

промет станува збор ако царинските органи влегуваат во сите детали и вршат

систематски преглед на стоките, без да изразуваат минимална доверба кон

изјавите на патниците, или кон податоци внесени во соодветна царинска

декларација и оние што се содржани во придуржните документи; ако

царинскиот преглед намерно се врши бавно; ако на граничниот царински

премин се врши ригорозна контрола и на стоките што инаку се упатуваат за

царинење во некоја внатрешна царинарница итн. Исто така, царинската

процедура може силно да влијае и со детално проверување на стоките,

нивната соодветност од аспект на примената на различни прописи за

Page 15: СЕМИНАРСКА

техничките норми, за нормите за квалитетот, стандардите и сл. Уште на самиот

граничен премин или во внатрешните царинарници.

ЗАКЛУЧОК

Од оваа семинарска заклучуваме дека покрај царината која претставува

јавна давачка што државата ја наплаќа при надворешно-трговски промет,

постојат и други давачки кои се пресметуваат и наплатуваат при надворешно

трговскиот промет. Сите овие имаат заедничка цел да го заштитат домашното

стопанство и да се оствари економски раст и развој на националната

економија.

Во други давачки се вбројуваат следниве: увозни и извозни такси, данок

на додадена вредност, акцизи, антидампиншки и компезаторни давачки и

други.

Посебно внимание се посветува и на другите нецарински инструменти. Во

групата на нецарински инструменти се обработени инструменти за

поттикнување на извозот, забрана за увоз и извоз, квоти(увозни и извозни;

автономни и договорени; глобални и селективни), дозволи(увозни и извозни;

трајни и повремени ) , стандарди за квалитет и царински и административни

процедури.

Page 16: СЕМИНАРСКА

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0 & tabid=346

Авторски предавања Доцент Д-р Драшко Атанасоски

проф. Д-р Душан Вељковиќ, Царински систем, Скопје 1996