61873039 godisno planiranje po angliski jazik za iii oddelenie

6
Англиски јазик III одделение Годишен План на наставата по англиски јазик за III одд. Наставник Љубица Ружинска О.У. „Лазо Ангеловски“ – Скопје 2010/2011 – учебна година

Upload: elena-litajkovska

Post on 10-Dec-2015

238 views

Category:

Documents


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: 61873039 Godisno Planiranje Po Angliski Jazik Za III Oddelenie

Англиски јазик III одделение

Годишен План на наставатапо англиски јазик за III одд.

Наставник Љубица Ружинска О.У. „Лазо Ангеловски“ – Скопје

2010/2011 – учебна година

Page 2: 61873039 Godisno Planiranje Po Angliski Jazik Za III Oddelenie

6

Годишно планирање на наставата по англиски јазик во III одд. во учебната 2010/2011

Наставник Љубица Ружинска

Програмски содржини,наставни теми, целини, активности

и сл.

Часови за:

Реализација(месец)

Во

вед

Об

раб

отува

ње

нов

ма

тер

ијал

Утвр

дувањ

еД

руго

Си

стема

тизац

ија

Ева

лва

ци

ја

Се

Здраво 1 9 2 1 13 IX – X

Целина 1: Играчки 1 4 2 4 1 12 X – XI

Целина 2: Чудовишта 1 4 2 2 2 1 12 XI – XII

Целина 3: Секој е различен! 1 4 2 2 1 10 XII

Целина 4: Тоа е магија! 1 3 3 2 2 1 12 I – II

Целина 5:Тоа можам да го направам!

1 3 3 4 1 1 13 II – III

Целина 6: Сакам шпагети 1 4 2 3 1 1 12 III – IV

Целина 7: Моето семејство 1 3 2 2 1 1 10 IV – V

Целина 8: Каква облека носи тој? 1 4 3 3 3 1 15 V – VI

Вкупно: 108 часа 108 IX – VI

Page 3: 61873039 Godisno Planiranje Po Angliski Jazik Za III Oddelenie

6

Годишно планирање на наставата по англиски јазик во III одд. во учебната 2010/2011

Наставник Љубица Ружинска

• Општите цели на наставата во трето одделение се фокусираат ученикот да:

• се оспособи слухово и визуелно да препознава нови зборови низ разновидни активности;

• да може да репродуцира зборови и едноставни јазични изрази;

• да може да распознава графија на претходно усвоени зборови;

• да се оспособи да пишува познати зборови по спелување;

• да може да води едноставна комуникација на ниво на усвоениот вокабулар со примена на јазични функции блиски на возраста на улениците;

• да стекне информации за други култури;

• да се развие позитивен став кон англискиот јазик со разновидни и интересни содржини за остварување на што поголема успешност при реализацијата на наставната програма преку забава и игра;

• прилагодување кон различните стилови на учење со разновидни активности;

• поттикнување за многу активно учество на сите ученици во процесот на учењето што овозможува рефлектирање на успех;

• создавање добра основа за понатамошна лична надградба на ученикот;

• Конкретни цели:

• Лексички единици

• разбирање на значењето на лексичките единици од содржините на темите и нивно репродуцирање преку разновидни активности;

• Граматички структури

• разбирање, разликување и активно користење на формите од глаголот to be за прво, второ и трето лице еднина и трето лице множина во усна комуникација;

• да го разбира значението на глаголите to have/have got и can во усна комуникација;

• да се запознае со формите за второ и трето лице еднина и трето лице множина и да ги употребува во усна комуникација;

• да го препознае значението на Present Simple и Continuоs;

• да го препознава значението и правилната употреба на присвојната и описната придавка, прилозите за сегашно време и предлозите за место;

Page 4: 61873039 Godisno Planiranje Po Angliski Jazik Za III Oddelenie

6

Годишно планирање на наставата по англиски јазик во III одд. во учебната 2010/2011

Наставник Љубица Ружинска

• да го разбере значението прашалните зборови и да може да даде соодветен вербален одговор;

• да го препознае значението на неопределениот член а/ аn и одредениот член the

• да ја разбере, препознае и правилно да ја применува неправилната множина кај именките;

• да може да брои до 100.

• да разбира, репродуцира и продуцира едноставни (куси) исказни реченици;

• да распознава заповеди и соодветно да реагира;

• Јазични функции

• да може да води едноставна комуникација во соодветни говорни ситуации со примена на јазичните функции блиски на неговата возраст: да поздравува, отпоздравува, се претставува себеси, пријателите, животни и членовите на семејството, набројува (простории во домот, предмети, храна, облека и сл.), учтиво да бара, разбира и реагира наредби и инструкции, да повикува на игри / активности, да опишува галеничиња и делови од телото, предмети и останатото според програмата.

• Слушање со разбирање

• да може да го разбере значението на лексичките единици и да разбира едноставни изрази и фрази.

• Говорење

• да ги изговара и соодветно да ги применува лексичките единици во едноставни искази во рамките на предвидените јазични функции и граматички структури.

• Читање

• да може да ја меморира графиската слика на зборови и изолирани реченици на ниво на претходно усвоени усни модели.

• Пишување

• да се оспособи правилно да го користи англиското писмо;

• да може да пишува познати зборови по спелување

• Култура

Page 5: 61873039 Godisno Planiranje Po Angliski Jazik Za III Oddelenie

6

Годишно планирање на наставата по англиски јазик во III одд. во учебната 2010/2011

Наставник Љубица Ружинска

• содржините од културата се инкорпорирани во сите компоненти на изужување на јазикот, односно не се изучуваат изолирано како посебна компонента. Целта е да се создаде чувство за воочување на културолошките разлики преку воспитни и социолошки содржини како основа за развивање на толеранција и емпатија кон другиот и различниот, во овој случај преку празниците.

• Дидактика:

• се почитува принципот на меѓупредметно поврзување по однос на целите и содржините

• основа со интеграција на различни компоненти за успешно мултисензорно (визуелно, аудитивно, тактилно идр,) и холистичко учење со опфат на когнитивните, афективните и моторните аспекти на учениците;

• акцент на усното говорење и разновидни активности за што поуспешно восприемање и репродукција на англиските фонеми;

• да ги развива вештините; да може да разбира слушнат текст или дијалози, репродуцира зборови и едноставни јазични изрази ;

• разновидност на активностите: игри, драматизации, одличен избор на песни и стихотворби, поттикнување на креативност и фантазија;

• усвојување на содржините механички (со репродукција);

• Наставни средства:

• Учебник „English Adventure 1“

• ЦД-РОМ-от од „English Adventure 1“

• Флеш карти и постери

• Интел лаптопи, интернет и образовни софтвери

• ДВД со четири епизоди, а секоја одделно е поврзана со лик од Дизни и е поделена на три дела: студио презентација, спот со автентичен материјал поврзан со темата на епизодата и извадок/спот од филм кој е специјално редизајниран да соодветствува со нивото на разбирање при слушање на учениците од оваа возраст;

• Оценување на постигањата на учениците:ДИЈАГНОСТИЧКО ПРОВЕРУВАЊЕ

На почетокот на учебната година се врши дијагностичко проверување на предзнаењата на учениците кое се реализира со примена на повеќе инструменти како што се: дискусии, усни прашања подготвени од наставникот, усни прашања подготвени од учениците, едукативни игри.

ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ

Page 6: 61873039 Godisno Planiranje Po Angliski Jazik Za III Oddelenie

6

Годишно планирање на наставата по англиски јазик во III одд. во учебната 2010/2011

Наставник Љубица Ружинска

Постапките за вреднување на знаењето на учениците се дел од секојдневните активности и евалвацијата е интегрален дел од наставниот час Формативното следење на постигањата на учениците се реализира со користење на соодветни методи и постапки:

• Набљудување

• Структурни дискусии

• Усни одговори на прашања поставени од наставникот

• Изработени проекти и усни презентации

• Наставни ливчиња за евалуација на целина

• Евидентни и чек листи

• Самооценување на учениците

• Меѓусебно оценување на учениците

• Домашни работи

• Развојно портфолио - собирање на показатели (детски кзработки, творби, искази и сл.) за секој ученик посебно кое продолжува во наредното, повисоко одделение

На крајот од секое тримесечје, врз основа на сознанијата од формативното оценување, се реализира микросумативно оценување од чиишто резултати се оформуваат тримесечните описни вреднувања за постигањата на учениците.

Предметен наставник по англиски јазик Љубица Ружинска