ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... ·...

56
ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др. Душко Мукаетов Мр. Христина Попоска

Upload: others

Post on 02-Feb-2020

4 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА

ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО

Др. Душко МукаетовМр. Христина Попоска

Page 2: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Покрај наводнувањето, квалитетниот саден материјал, примената на

основните агротехнички мерки нега, заштита од болести, штетници и

плевели, Исхраната на јаболкото е еден од најзначајните фактори за

високи и стабилни приноси.

Плодната почва е неопходна за продуктивно земјоделство и за

остварување доволен приход од него, а исто така и за одржување на

витален и рамномерен земјоделски развој.

Под плодност на почвата најчесто се

подразбира способноста на почвата да им

ја обезбеди на растенијата потребната

количина на вода, воздух и хранливи

материи во соодветни количини и сооднос,

потребен за нормален раст и развој.

Page 3: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Плодноста на земјоделското земјиште може да се зголеми со примена

на одредени агротехнички, хидромелиоративни и агромелиоративни

мерки врз:

Органската материја во почвата:

• Ѓубрење со арско ѓубриво или некој друг вид на органско ѓубриво (30-

50 t/ha секоја 4-5 година)

• Воведување на плодоред и меѓупосеви за зелено ѓубре,

• Заорување на остатоците после жетва,

• Да се избегне ненавремената и непотребната обработка, посебно на

тешки почви и стрмни терени,

• Превземање на антиерозивни мерки со цел да се намали

површинската ерозија (контурна обработка, употреба на полесна

механизација, трерасирање на наклонети терени, затревување и сл.)

Page 4: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Реакциjата на почвата:

•Хемиска анализа на почвата

•Правилен избор на култури

•Калцизација на киселите почви

•Хемиска мелиорација на алкалните почви (ако е причина засолувањето)

•Употреба на физиолошки базни ѓубрива кај киселите, односно

физиолошки кисели ѓубрива кај алкалните почвиСтруктурата на почвата:

•Редуцирана обработка и тоа само кога е неопходна

•Посебни мерки на заштита на глинести и илести почви

•Да се избегнува тешка механизација на тешки и влажни почви, како и

на наклонети терени

•Длабочината на орање да соодветствува на барањата на културата

•Да не се дозволи испаша на превлажени и тешки почви

•Затревување на наклонети терени

•Угарење, т.е. да се остави земјоделската површина извесно време без

култура

Page 5: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Овошките се повеќегодишни култури кои за нормален развој и

постигнување на високи и квалитетни приноси имаат потреба од високи

количини на минерални материи. Ѓубрењето е основна агротехничка

мерка која има за цел:

• да го зголеми приносот

• да го подобри квалитетот

• отпорност на ниски температури, суша, болести и штетници

• подобрување на почвените својства

Зголемувањето на количините на хранливи материи по единица

површина, во комбинација со други мерки, ги зголемуваат приносите до

одредено ниво по кое секое додатно зголемување на количините на

ѓубрива не се ефектуира со соодветно зголемен принос. Ваквото

неумерено ѓубрење води кон производство со послаб квалитет,

зголемување на трошоците на производство и загадување на човековата

околина.

Исхрана на јаболкото

Page 6: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Со ѓубрењето на јаболката во полн род потребно е да се одржи

плодноста на почвата на одредено ниво. Истото се постигнува преку

ѓубрење со количини кои се повисоки од вкупната количина на потребни

хранливи материи потребни за постигнување на одреден принос и

губење на дел од нив во почвата.

Внесувањето на точни дози на одредени хранливи материи треба да биде

во согласност со потребите на јаболката која ќе се одгледува или веќе се

одгледува на површината. За да се постигне оваа цел, потребно е:

а) да се вршат периодични анализи на составот на почвата со цел да сеутврди нивото на хранливи материи во почвата достапни за растението,

б) повремени анализи на растителен материјал за да се утврдиисхранетоста на јаболката,

в) изработка на план за ѓубрење со цел да се утврдат потребнитеколичини на хранливи материи, како и времето на нивно внесување вопочвата.

Исхрана на јаболкото

Page 7: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Промени во изгледот на јаболкото, бојата на вегетативните делови,

развиеноста, понекогаш и сушењето на одредени делови од листот и/или

стеблото и гранките и појава на разни деформации

промени во приносот и квалитетот на плодот (ситни и меки плодови,

нивно предвремно опаѓање, физиолошки промени на плодот)

промени во бујноста и количеството на формирани папки

Пораст на леторастите - на неродните стебла треба да имаат пораст од

35-45 cm во сезона, додека кај родните стебла тој пораст треба да биде

20-30 cm

погрешна слика (промени од суша, повреда на корен, штета од

болести и инсекти)

Анализата на почвата и растителниот материјал се најточните

достапни методи за одредување на потребата од хранливи материи

Највпечатливи докази за недостаток на некој хранлив елемент:

Page 8: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Анализа на почва

Здрава и плодна почва е клуч на успехот на секој фармер кој се

занимава со растително производство, а наједноставен начин да се добие

преглед за состојбата на истата е по пат на нејзина анализа.

Почвената анализа се користи за да се одреди количеството на

хранливи елементи во почвата, pH вредноста и други параметри за

плодност на почвата и на основа на правилна обработка на добиените

резултати да се направи план за потребна корекција на квалитетот на

почвата, во корелација со потребите на растението кое се одгледува. Тоа

ќе овозможи рационално користење на ѓубривата и ефикасно

производство на секој фармер.

Само на основа на темелна и потполна анализа може да се подготви

програма за подобрување на својствата на почвата и успешно

одгледување на растенијата.

Page 9: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

На резултатите од анализите

најголемо влијание има

начинот на земање на

почвените примероци

(почвените проби). Пробата

треба да претставува просек од

површината која се анализира,

а доколку истата претходно е

различно искористувана и

ѓубрена треба да се подели на

повеќе делови (парцели).

Пробите се земаат на различни длабочини, во зависност од изборот на

видот на растенијата за одгледување, со користење на ашови или сонди

изработени за таа намена. Сите грешки настанати при земањето на

почвените проби понатаму се одразуваат врз точноста на

лабораториските анализи и планот за ѓубрење.

Page 10: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Анализа на почва на парцела

• се врши еднаш на секои 4-5 години

• пробите за анализа при

одгледување на јаболкото се земаат

наесен после бербата, пред

длабокото есенско орање

• една просечна проба се прави на

максимална површина од 10 ha (при

униформна почва по својот состав,

начинот на обработка, ѓубрењето и

културата) или во случај на т.н

специфична парцела се прави по

една просечна проба од секоја

длабочина

Page 11: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

• почвата се зема од 20-25 места (поединечни проби) во цик-цак облик

(за површина од 10 ha)

Анализа на почва

Page 12: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

• почвените проби кај насадите со јаболка се земаат на две длабочини и

тоа 0-30 и 30-60 cm (две просечни проби од двете длабочини)

4

Анализа на почва

Page 13: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

• Лабораториска анализа на почвените проби

Анализа на почва

Page 14: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Врз база на определените количини на хранливи материи во почвата иврз основа на потребите на растението за негов нормален раст и развојсе определува потребната количина на ѓубрива кои треба да се додадатво текот на вегетацијата.

Земање на почвена проба

Подготовка на почвена проба

Лабораториска анализа на почвена проба

pH на почвен раствор

Елементи кои се екстрахираат Други анализи

PKCaMg

NaAl

BCuFeMnZn

NO3NH4SO4Cl

Органска материја

Механички состав

Растворливи солиПотреба од CaCO3

ПРЕПОРАКА ЗА ЃУБРЕЊЕ

Page 15: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Елемент

Ниво на обезбеденост

ниско средно високо многу

високо

mg/100g почва

Фосфор 4-8 8-16 16-20 20-30

Калиум 7-15 15-30 30-35 35-45

ppm

Калциум <1000 1000-2000 >2000 /

Магнезиум <60 60-120 >120 /

Бор <0.5 0.5-2.0 >2 /

Железо <150 150-200 >200 /

Манган <40 40-120 >120 /

Цинк <6 6-20 >20 /

Бакар <2 2-15 >15 /

Табела 1. Класификација на почвите според содржината на некои макро и микроелементи

Анализа на почва

Page 16: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Основна цел на оваа анализа е да се утврди недостатокот на некој хранлив

елемент, со цел да се интервенира брзо со помош на фолијарно третирање

се определува соржината на одделни макро и микро елементи во листот на

јаболката во текот на вегетацијата

Интервенции по пат на фолијарно ѓубрење најчесто се вршат во следните

случаи:

• недостаток на железо со жолтеење на листовите (хлороза)

• недостаток на калциум со појава на

горки и плутасти дамки

• недостаток на азот со намален

развој на вегетативниот дел на

растението и жолтеење на листовите

• недостаток на магнезиум со

карактеристично жолтеење на

листовите и нивно прерано отпаѓање

• корекција на односот N:К

Анализа на растителен материјал (фолијарна анализа)

Page 17: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Анализа на растителен материјал (фолијарна анализа)

стеблата од кои се земат листовите потребно е да ја претставуваат

општата слика за овоштарникот (бујност, големина на плод и степен на

резидба)

примероците се собираат од површина не поголема од 2,5 ha, а

листовите се собираат само од средишниот дел на леторастите на

периферијата од крошната

од најголема значење е водењето на евиденција за време на

собирањето на примероците (пораст на леторастите (должина и

дебелина), релативна големина и изглед на листот, обем на оштетеност

од болести и инсекти, визуелни симптоми од недостаток на хранливи

елементи, големина на принос, обем на резидба и ефикасност од

сузбивање на плевели и др.)

препорачано време за земење на лисните проби представува периодот

кога концентрацијата на повеќето елементи е релативно стабилна

(јули/август или 60-70дена по опаѓање на цветните ливчиња)

Page 18: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Концентрација во % сува материја

Јули

Август

Mg Ca K P N

Анализа на растителен материјал

Page 19: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Табела 2. Оптимални количини на макро и микро елементи во листот на јаболката

Елемент

Ниво на обезбеденост

дефицит ниско нормално високо

% сува материја

Азот <1.60 <1.80 1.80-2.80 >2.80

Фосфор <0.11 <0.15 0.15-0.30 >0.30

Kалиум <0.70 <1.20 1.20-2.00 >2.00

Калциум <0.31 <1.30 1.30-3.00 >3.00

Mагнезиум <0.03 <0.20 0.20-0.40 >0.40

ppm

Манган <5 <22 22-140 >140

Железо <25 <40 40-100 >100

Бакар <4 <6 6-25 >25

Бор <11 <35 35-80 >80

Цинк <6 <20 20-200 >200

Анализа на растителен материјал

Page 20: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Симптомите од недостатокот на некој елемент и здравствената состојба на

јаболкото најлесно се решаваат со фолијарната прихрана.

Цел на фолијараната исхрана е да се спречи или намали до одреден степен

штетата од недостатокот на некој елемент во различни фази од развојот од

јаболката.

Така на пример, со фолијарната прихрана со NPK 14:11:25+МЕ до почетокот на

раст на плодот се надополнува потребата од микроелементи, додека кај малите

плодови недостатокот од Ca ја дополнува употребата на калциум нитрат, 3-4 пати

по цветањето и 1-2 пати во текот на летото (август), во зависност од појаватата на

т.н горки пеги.

Ѓубривата обогатени со калиум (3:10:22) даваат подобра обоеност на плодовите.

Дополнителната збогатеност со азот (24:8:16 или 12:5:7 +ME) во текот на летото

ја зголемува отпорноста на суша и влијаее на подобра деференцијација на

папките, а со третманот по бербата, додека е листот сеуште зелен, се зголемува

отпорноста на мразеви.

Фолијарното ѓубрење потребно е да се изведува на секои 10-14 дена по

отварањето на папките (фаза на ,,глувчи уши,,) до две недели по бербата

Page 21: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Изработка на план за управување со ѓубрењето

Одредување на потребни количини на ѓубрива и нивна апликација

Врз основа на извршените почвени анализи и потребите на растенијата

се изготвува план за ѓубрење коj фармерот ќе го применува во

наредниот период од 5 години.

Планот содржи:

• потребни количини на одделни хранливи елементи,

• време на нивна апликација во текот на вегетацијата,

• начин на нивна апликација

При ѓубрењето треба да се внимава на:

• точниот однос помеѓу елементите кои се внесуваат во почвата

• количеството по хектар

• односот помеѓу: N/K, K/Mg, K/Ca и Ca/Mg

Page 22: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

2,2 kg N 1,1 kg P 5,5-5,6 kg K

Најосетлив период и најголема потреба од хранливите елементи за

јаболкото се од средината на месец јуни до крајот на јули. Тоа е

периодот на раст и развој на плодот и диференцијација на папките за

следната сезона.

Количество на хранливи материи кои се апсорбираат за

принос од 1 тон јаболка:

Page 23: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

План за ѓубрење

Цел на изработка на план за управување со ѓубривата е да се усогласи

внесот на хранливи материи (минерални и органски ѓубрива) со

потребите на растението, на начин што ќе се овозможат оптимални

приноси, ќе се намали употребата на ѓубрива (од економски и еколошки

причини), а притоа нема да се намали приносот.

Придобивки од планот за ѓубрење се:

• Најдобра можна искористеност на минералните и органските

ѓубрива;

• Зголемување на приносот и неговиот квалитет;

• Намален ризик од можни загуби на хранливите материи (заштита

на животната средина);

• Потенцијално можна заштеда при евентуално намалување на

количините на ѓубрива;

• Подобрени производни карактеристики на растенијата во услови на

урамнотежена обезбеденост со хранливи материи.

Page 24: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Потребнa количина на ѓубриво

Потреби на јаболкото Хранливи материи од други извори

Основниот принцип на изработката на планот на ѓубрење е многуедноставен:

-N P

K

Ca

Mg

Fe

Cu

Page 25: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Изработката на планот за ѓубрење се состои од следните 5 чекори:

1. определување на содржината на хранливи материи во почвата;

2. определување на потребата на растенијата од хранливи материи;

3. определување на приходот од органски ѓубрива (шталско ѓубриво,

зелено ѓубриво, осока и сл.);

4. одземање на хранливите материи од органско ѓубриво од вкупните

потреби на растението за да се утврди количината на потребно

минерално ѓубриво;

5. количините на ѓубрива што треба да се надополнат преку ѓубрење,

доколку анализата покажала недостаток од хранливи материи во

почвата.

Доколку не се внесува органско ѓубре последните две точки не сеземаат во предвид.

Page 26: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Чекор 1. Oпределување на содржината на хранливи материи во почвата

Почвена анализа

Со зголемување на содржините на овие елементи во почвата од

ниска кон средна или богата обезбеденост, приносите растат до

одредено ниво, но со понатамошно зголемување на количините

приносите стагнираат, а се предизвикуваат економски и еколошки

штети.

Кога со ѓубрење во тек на неколку години ќе се постигне саканото

ниво на обезбеденост на почвата со овие елементи, количините кои

треба да се внесуваат во идниот период, се само оние кои

одговараат на потребите на растението.

Page 27: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Чекор 2: Определување на потребите на растението

Ѓубрењето треба да одговара на хранливите потреби на

земјоделските култури и да ја одржува оптимална плодност на

почвата со минимално загадување на околината. Младите насади од

јаболко трошат помалку хранливи материи, за разлика од насадите

кои се во полн род и кои бараат висок и урамнотежен однос на NPK.

Постарите насади треба интензивно да се ѓубрат со азот, со цел

овошката да се ,,подмлади,, и да се обнови родното дрво. Насадите

кои се во полн род имаат потреба од максимални количини на

хранливи материи, особено од азот непосредно пред и во текот на

цветањето, како и за време на интензивниот пораст. Потребите од

фосфор и калиум зависат од повеќе фактори, пред сé од

обезбеденоста на почвата

Page 28: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Табела 3. Ориентациони количини за хранливи материи за млад насад

Број на стебла

800 1500 2500

Азот kg/ha

Година 1 60 90 110

Година 2 60 90 110

Година 3 90 140 170

Фосфор kg/ha

Година1 40 60 90

Година 2 60 90 110

Година 3 80 120 150

Калиум kg/ha

Година 1 80 120 150

Година 2 80 120 150

Година 3 80 120 150

Чекор 2.

Page 29: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Табела 4. Индикативни потреби од фосфор и калиум во kg/haкај родни насади

Обезбеденост на

почвата ниска средна добра висока

kg/ha

Препорачани дози за

P2O5

100 90 35 0

Препорачани дози за

К2O

150 120 90 0

Чекор 2.

Page 30: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

јаболковите насади кај нас ретко, или воопшто не се ѓубрат со шталско

или друг вид на органско ѓубриво

со внесување на органски ѓубрива не само што се обезбедуваат

хранливи материи за растенијата, туку се подобруваат нејзините

хемиски, биолошки и физички својства

почвата станува поотпорна кон ерозија поради подобрената и

постабилна структура на почвените агрегатите

Внесувањето на шталско ѓубриво, доколку е возможно, е значајна

агроеколошка мерка која се препорачува во редовното производство.

Внесување на органска материја при подигање на насадот во количини

од 40-60 t/ha добро прегорено арско ѓубре е препорачливо.

Чекор 3. Определување на приходот од органски ѓубрива (шталско

ѓубриво, зелено ѓубрење, компост, осока и сл.)

Page 31: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Табела 5. Содржина на хранливите материи во некои органски ѓубрива kg/ha

Органски

ѓубрива

Азот Фосфор Калиум

вкупен достапен вкупен достапен вкупен достапен

Шталско

ѓубриво

5,5 0,6 3,2 1,6 6,0 4,2

достапен N достапен P2O5 достапен K2O

Компост 0.68 0.22 0.21

Зелено ѓубрење 0.47 0.11 0.37

Чекор 3.

Page 32: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

чекор 4 чекор 5+

Пресметка на потребни количини на ѓубрива

Page 33: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Чекор 4. Одземање на хранливите материи од органското ѓубриво одвкупните потреби на растението за да се утврди количината наминералното ѓубриво кое треба да се додаде

• Хемиската анализа покажала дека почвата содржи:

N – 2 mg/100 g многу слаба обезбеденост P – 10 mg/100 g средна обезбеденостK – 15 mg/100 g средна обезбеденост

• За принос од 40 t/ha јаболкa кај стар насад, при средна обезбеденост напочвата со фосфор и калиум утврдено е дека се потребни

N – 180 kg/ha P – 90 kg/haK – 120 kg/ha

• Одржување на почвената плодност

Page 34: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

• Доколу наесен се внесени на пр. 30 t/ha шталско ѓубриво,

количините на достапни хранливи материи внесени во почвата

преку шталското ѓубриво изнесуваат:

N – 30 t x 0,6 kg/t = 18 kg/ha азот

Р – 30 t x 1,6 kg/t = 48 kg/ha фосфор

К – 30 t x 4,2 kg/t = 126 kg/ha калиум

• Имајќи ги во предвид потребите за хранливи материи наведени

погоре, количини на хранливи материи кои треба да се внесат со

ѓубрење би изнесувале:

N – 162 kg/ha

Р – 42 kg/ha

К – 0 kg/ha

Чекор 4.

Page 35: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

90 kg фосфор (Р2О5) за 40 t/ha принос

10 ppm(средна обезбеденост)- 6 ppm=16ppm

(оптимална обезбедност)

1 ppm = 45 kg Р2О5

270 kg Р2О5 0-30cm

540 kg Р2О5 30-60 cm

45 kg Р2О5 x 6 = 270 kg

Чекор 5. Количините на ѓубрива што треба да се надополнат преку

ѓубрење, доколку анализата покажала недостаток од хранливи материи

во почвата.

Page 36: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Основни принципи на ѓубрењето

• примена на потребните хранливи елементи

• соодветни дози• во вистинско време• на право место и • со соодветна цена

Page 37: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

План за ѓубрење

Основниот принцип на изработката на планот наѓубрење е многу едноставен!

Потребната количина на ѓубрива =

потребите на растението –

хранливите материи од други извори

Page 38: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

Елемент

Ниво на обезбеденост

ниско средно високо многу

високо

mg/100g почва

Фосфор 4-8 8-16 16-20 20-30

Калиум 7-15 15-30 30-35 35-45

ppm

Калциум <1000 1000-2000 >2000 /

Магнезиум <60 60-120 >120 /

Бор <0.5 0.5-2.0 >2 /

Железо <150 150-200 >200 /

Манган <40 40-120 >120 /

Цинк <6 6-20 >20 /

Бакар <2 2-15 >15 /

Page 39: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

40 t/haСпоред степенот на искористеност на хранливите материи сепрепорачува овие количини да се зголемат и тоа: на азот за 20-30%, на фосфор за 100% и на калиум за 50%.

N 88 kg/ha

P2O544 kg/ha

K2O180 kg/ha

Page 40: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

Време на апликација:

• Органското ѓубриво и минералните фосфорни и калиумови ѓубрива

можат да се внесуваат во почвата во тек на целиот период на

мирување на јаболкото од есен до пролет.

• Најдобар ефект се постигнува ако се внесат кон крајот на зимата, пред

да започне вегетацијата.

• Не смеат да се внесат количини со кои би се надминала вкупна

количина на N од 170 односно 210 kg/ha

• Заради намалување на губитоците на азот преку измивање и

испарување, не се препорачува:

- Ѓубрење од 1 декември до 1 март- Аплицирање на ѓубривото по површината без негово внесување, вопочвата од 1 мај до 1 септември- Ѓубрење со цврсто шталско ѓубриво на земјоделските површини од 1мај до 1 септември

Да не се аплицира шталско ѓубриво на почва под снежна покривка и

на поплавени површини

Page 41: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

Количините на овој елемент варираат во голема мера возависност од повеќе фактори: сорта, климатски и почвениуслови, густина на насад, интензитет на кроење, како исодржина на останатите хранива во почвата.

За 1 тон плодови и изградба на соодветна вегетативна масакај јаболката, потребни се 2,2 kg чист азот, што запроектиран принос од 40 тони одговара на вкупна количинаод 88 kg/ha. Заради можни загуби на азотот со измивање ииспарување потребно е количините да се зголемат за 20-30%(18-27kg).

Точните количини на ѓубриво треба да се одредат со помошна хемиска анализа на почвата за секој насад поединечно иврз база на определните достапни количини на азот вопочвата, да се даде препорака за ѓубрење со азотно ѓубриво.Програмата за ѓубрење со азот треба да овозможи пораст налеторастите од 20-30cm, добра боја на плодовите исодржината на азот во листот од 1.8-2.8% сува материја.

АЗОТ

Page 42: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

Наведените количини треба да се намалат во услови настрога резидба. Во услови на затревување потребно е да сезголемат количините на азот за околу 30 kg/ha чист азот.

На есен се ѓубри најмногу со една третина од потребнатавкупна количина на азот, а останатиот дел во два наврати вотекот на вегетацијата.

Првата апликација е на почетокот на месец Април, по која сепрепорачува да се направи хемиска анализа на листот со целда се утврди исхранетоста на овошката и да се корегираатпрепорачаните дози.

Во ниту еден случај количините на азот не смеат данадминат 210 kg/ha чиста материја. Кај овоштарниците коиредовно се ораат, азотните ѓубрива се аплицираат под дрвото,додека кај оние со меѓупосев, се аплицараат во ленти(најчесто под линијата за вештачки дожд).

АЗОТ

Page 43: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

Не се препорачува ѓубрење со азот по месец Јули зарадиопасноста од продолжена вегетација кај јаболкото.

Фолијарната апликација на уреа (46%N) после цветањепокажува добри резултати кај јаболката, кога климатскитеуслови го дозволуваат нејзиното аплицирање или при појавана симптоми од недостиг на азот.

Се препорачуваат концентрации од 2,7 kg N/1000l вода (5,5-6kg/ха уреа), со почетокот од 7-10 дена по прецветувањето,задолжително во три наврати на временски интервал од 10дена, или 4 апликации во концентрација од 5 kg уреа/1000 lвода.

Ѓубрење со N на млади насади - за насади со голема или среднагустина на садење се препорачува 30 g. N/по стебло/годишно,секоја година, се до полно плодоносење на растенијата.

АЗОТ

Page 44: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

ФОСФОР

Количините на достапен фосфор во овоштарниците тешкоможе да се определи, бидејќи овошките имаат длабоккорен и можат да црпат хранливи материи од поголемадлабочина и на тој начин го користат фосфорот кој не можеда се определи со вообичаената почвена анализа.

Има голем број на фактори кои влијаат врз количината наѓубрива и ефикасноста на нивното искористување: pH напочвата, температурата, влагата, компактноста на почвата исл.

Фосфорот во почвата е скоро неподвижен, па затоаповршинското внесување на фосфорни ѓубрива кајовошните насади не е ефикасно како кај едногодишнитерастенија.

Page 45: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

Во моментот кога се подига јаболков насад, многу е

важно да се изврши корекција на недостатокот на било

кој хранлив елемент (особено фосфорот) и корекција на

pH (калцизација) врз база на претходна детална почвена

анализа.

За производство на 1 тон јаболка и вегетативна маса

потребни се околу 1,1 kg фосфор, односно за 40 t/ha

јаболка потребни се 44 kg фосфор.

ФОСФОР

Page 46: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

КАЛИУМ

Обезбеденоста на овошките со овој елемент влијае врзголемината на плодовите, нивната боја, отпорноста конниски температури, мразеви и болести.

Поволностите од добрата обезбеденост со калиум се губатдоколку содржината на азот кај овошката е многу висока.Односот на содржината на азот и калиум (N:K) не смее дабиде поголема од 1:1 – 1.5:1.

Вишокот на калиум доведува до имобилизација намагнезиумот (Mg)

Најдобра слика за обезбеденоста со калиум дава анализатанa листот

Page 47: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

За производство на 1 тон јаболка заедно со вегетативнатамаса, потребни се 5.5-5.6 kg/ha калиум, односно за приносод 40 тони потребни се 220-224 kg/ha калиум.

Не смее да се внесува повеке од 3 kg K2O/возрасно дрвобез разлика колку е висок недостатокот од калиум.Вкупната количина на калиум не смее да биде повеќе од450 kg/ha, без разлика на недостатокот од калиум и бројотна стебла на хектар.

Рано напролет калиумот се внесува одделно или вокомбинација со азотот. Во некои случаи, заради недостигна време на пролет, фармерите го аплицираат калиумотна есен, при што постои можност од измивање на маликоличини калиум.

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

КАЛИУМ

Page 48: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

КАЛЦИУМ

Во случај на ниска содржина од елементот во почвата илистот (< 1.3%) и појава на плутести дамки, потребно еда се внесат дополнителни количини на Ca.

Се смета дека еднократно ѓубрење со 20-30 kg гипс/стебло би требало да бидат доволни и да ги задоволатпотребите за следните 6 години.

Ѓубрењето со Ca може значително да ги намалидостапните количини на K и Mg. Заради тоа, фолијарнотоѓубрење со раствор од 0.5 kg/1000l вода (концентрацијатае многу важна) Ca хлорид, четири пати секоја вторанедела почнувајќи од средината на месец Jули, се сметаза поповолен начин од претходно споменатиот.

Page 49: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

За фолијарна апликација на калциумот се препорачува иСа-нитрат со 9 kg/1000l (18-19 kg/ha) или Са-хелат (да севиди во упатството на препаратот). Са-нитратот сепрепорачува во случај на потреба од додатни количини наазот, но не смее да се применува по срeдината на месецЈули.

При аплицирање на Ca треба да се овозможи директенконтакт со плодот, за што се потребни количини на водакои ќе го натопат целото растение.

Фолијарната апликација на Ca може да предизвикаповреди на листот или плодовите ако апликацијата севрши при ниски температури и влажно време кое гоодолжува сушењето на растворот. Повреди настануваат иако Са се аплицира при топло време при температура над25оС.

КАЛЦИУМ

Page 50: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

МАГНЕЗИУМ Покрај содржината на Mg во почвата и нејзините својства, количините

од овој елемент зависат и од односот на K и Mg. Оптималната

содржина на магнезиум во листот изнесува 0.2-0.4% сува материја.

Кај почви со ниска pH се препорачува аплицирање на доломит, со што

се зголемува реакцијата, а истовремно се врши и зголемување на Mg

во почвата. Препорачани количини се 1 до 2 тона/ха доломит,

Магнезит 500 кг/ха, или МgO 250 кг/ха.

Во случај кога нема потреба од калцификација, се препорачува

аплицирање на ѓубрива со овој елемент рано напролет.

За фолијарно ѓубрење се препорачува магнезиум сулфат, со 20-30

кг/1000 л вода, со три апликации, на временски интервал од 15 дена.

При истовремено аплицирање на магнезиум сулфатот со пестициди

можни се повреди на листот

Page 51: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементи

ЦИНК

Недостатокот од цинк се корегира со аплицирање на цинк сулфат врзкората на стеблата кога се во мирување (Декмври-Јануари).

Цинкот применет преку почвата е неефективен кај јаболката порадинеговата слаба мобилност во почвата, па затоа не доаѓа до коренот нарастенијата.

Се препорачува прскање со 50 кг/1000 л. Цинк сулфат ( со 22% Zn) воДекември или Јануари кога растенијата пополно мируваат, најдобропред кроење или најмалку 3 недели после кроењето. При малнедостаток од цинк се препорачува дозите да се намалат (или да сепреполоват).

Апликацијата на цинкот во фазата на мирување е единствена можностза безбедна апликација на цинкот, затоа што доколку цинкот сеаплицира на пролет или во текот на вегетацијата може да предизвикамрежавост на плодот на јаболкото.

Доколку е недостатокот од цинк слабо изразен тој може да сенадомести и со употреба на препарати за заштита кои содржат цинкпр.zineb, ziram, mancozeb или metiram.

Page 52: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Количини и време на апликација на одделни хранливи елементиБОР

Недостатокот од бор може да се корегира со апликација преку почвата

или со фолијарна апликација.

Фолијарна апликацијата на бор не смее да се применува доколку од

есен е извршена негова апликација преку почвата.

Се препорачува преку почвата да се аплицираат 80 г. до 300 г.

“боракс„ (11% бор) по стебло во зависност од големината на стеблото,

најдобро во текот на зимата или рано напролет.

Ваквиот третман би требало да има ефекти во текот на наредните 5

години, но потребно е да се следи евентуална појава на симптоми

пред истекот на овој период и повторно да се реагира.

За фолијарна апликација може да се користи 1,25 kg/1000 L of Solubor

or 2,50 kg/1000 L “боракс„ .

Едно до две третирања во текот на Април/Мај би требало да биде

доволно.

Page 53: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Баланс на хранливите материи во почвата

Покрај добрата обезбеденост на почвата со одделни хранливи

елементи многу е значајно да постои одредена рамнотежа помеѓу нив,

бидејќи високата или ниската содржина на одреден елемент влијае врз

достапноста на други хранливи елементи неопходни за растенијата.

Азотот има влијание врз достапноста на калиумот и борот

Фосфорот е анјон кој силно реагира и се врзува со калциумот. Затоа,

кај карбонатните почви и почвите богати со калциум се јавува

недостаток од фосфор. Високи содржини од фосфор влијаат врз

достапноста на микроелементите, и тоа: железо, бакар и цинк.

Висока содржина на калиум влијае врз достапноста на калциум,

магнезиум и бор. Доколку pH на почвата биде над 6,5, подвижноста на

калиумот се намалува, додека при pH 7 и над 7, подвижноста на

калиумот забележително се намалува

Page 54: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Вишокот на калциум во почвата може да предизвика недостаток од

магнезиум, фосфор и микроелементи.

Вишокот од магнезиум предизвикува т.н ефект на слепување на

почвата и предизвикува недостаток од фосфор, калиум и азот. Многу е

значаен односот на Ca и Mg, кој треба да биде 7:1

Железото и манганот треба да се во однос 1,5:1. Доколку содржината

на манган ја надмине содржината на железо, подвижноста на железото

опаѓа, а со тоа опаѓа и интензитетот на фотосинтезата. Достапноста на

железото е намалена кај почвите богати со варовник, со висока

содржина на калциум

Баланс на хранливите материи во почвата

Page 55: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

Пример на програма за ѓубрење

Page 56: ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО i gjubriva- ishrana... · 2014-12-04 · ЃУБРЕЊЕ И ЃУБРИВА ИСХРАНА НА ЈАБОЛКО Др.Душко

ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

=

Др. Душко Мукаетов

Мр. Христина Попоска

УКИМ Земјоделски институт Скопје