godisna programa prilep

88
ПРЕДЛОГ ГОДИШНА ПРОГРАМА за воспитно образовната работа во учебната 2010/2011 година I. Вовед Годишната програма на ОУ Б.Конески-Прилеп е изработена во согласност со чл 35 од Законот за основното образование и во согласност со чл. 17 и чл. 71 од Статутот на училиштето. Основното училиште Б.Конески од Прилеп е развиено основно училиште. Во него се организира настава за осмолетка и согласно законот за основно образование настава за деветтолетка. Основното училште работи во две згради. Едната е сместена во населбата Точила на ул. Самоилова број 15 и отпочна со работа во 1986 година, а другата се наоѓа во населбата Варош на ул.О.Чопела бб каде се изведува настава од 1-во до 5-то одделение, а започнало со работа во 1928 година. Во претходната учебна година беше остварена основната дејност воспитание и образование на учениците и притоа се постигна просечен среден успех на ниво на училиште од 4,03 што е за 0,1 повисок од учебната 2009/10 година. Содржина 1. Вовед 2. Услови за работа 3. Приоритетни задачи 4. Организација и реализација на воспитно образовната работа 5. Наставни екскурзии и излети 6. Грижа за здравјето на учениците 7. Соработка со локалната средина 8. Производствена и друга општествено корисна работа 9. Следење, вреднување и унапредување на воспитно-образовната работа 10. Воннаставни активности 11. Стручни органи и тела 12. Стручно усовршување

Upload: nikushevski-martin

Post on 24-Oct-2014

610 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Godisna Programa Prilep

ПРЕДЛОГ ГОДИШНА ПРОГРАМА за воспитно образовната работа во учебната 2010/2011 година

I. Вовед

Годишната програма на ОУ Б.Конески-Прилеп е изработена во согласност со чл 35 од Законот за основното

образование и во согласност со чл. 17 и чл. 71 од Статутот на училиштето.

Основното училиште Б.Конески од Прилеп е развиено основно училиште. Во него се организира настава за

осмолетка и согласно законот за основно образование настава за деветтолетка. Основното училште работи

во две згради. Едната е сместена во населбата Точила на ул. Самоилова број 15 и отпочна со работа во 1986

година, а другата се наоѓа во населбата Варош на ул.О.Чопела бб каде се изведува настава од 1-во до 5-то

одделение, а започнало со работа во 1928 година.

Во претходната учебна година беше остварена основната дејност воспитание и образование на учениците и

притоа се постигна просечен среден успех на ниво на училиште од 4,03 што е за 0,1 повисок од учебната

2009/10 година.

Содржина

1. Вовед

2. Услови за работа

3. Приоритетни задачи

4. Организација и реализација на воспитно образовната работа

5. Наставни екскурзии и излети

6. Грижа за здравјето на учениците

7. Соработка со локалната средина

8. Производствена и друга општествено корисна работа

9. Следење, вреднување и унапредување на воспитно-образовната работа

10. Воннаставни активности

11. Стручни органи и тела

12. Стручно усовршување

13. Управување и раководење

14. Административно-технички служби

Page 2: Godisna Programa Prilep

II. Услови за работа

И оваа учебна година наставата ќе се изведува во две смени во зградата во населбата Точила и тоа: прва

смена: 1-во (две паралелки) 2-ро, 4-то , 5-то и 7-мо одделение и втора смена: 1-во (две паралелки), 3-то , 5-то

(деветтолетка), 6-то и 8-мо одделение. Во училиштето во населбата Варош наставата ќе се изведува во една

смена-одделенска настава.

Просториите во оваа зграда се наменети за изведување на одделенска настава и во целост ги задоволуваат

просторните потреби освен просторијата во која е сместено прво одделение, чие прилагодување е една од

приоритетните задачи на училиштето.

Училишниот двор од зградата во населбата Точила е делимично ограден што претставува проблем за негово

уредување и одржување. Зградата во оваа населба располага со 18 кабинети за изведување настава по

Физика, Хемија, Информатика, Биологија, Музичко воспитување, ТО, Ликовно воспитување, Македонски јазик,

странски јазици, Историја, Геогра¬фија, Математика, Гра”анско образование и прилагодена просторија за

наставата по Физичко воспитување, 9 училници за одделенска настава и 7 административни простории.

Училиштето располага собиблиотека и забна амбуланта за потребите на учениците.

Заради лошо изведената изградба подните плочки во холовите се одлепуваат, што бара постојано

рено¬ви¬рање, така што и покрај пре¬земените активности се јавуваат нови оштетувања и состојбата е

непромене¬та. Во склоп на училиштето, како посебен објект, е топланата која е ло¬ци¬рана на оддалеченост

од 150 до 200 м. од училиштето. Таа има 2 котли и работи на тврдо гориво од кои едниот не е во употреблива

состојба. Проблем претставува дотурот на јаглен до магацин¬скиот простор, но пред се неможноста да се

обезбеди работна темпе¬ратура за време на зимскиот период што про¬излегува од големото растојание

помеѓу топланата и училиштето, неизолираноста на подзем¬но водените цевки, дотраеноста на сигурносниот

вентил и експанзиониот сад, срушениот оџак на котларата и оштетувањата на кровот што бара итна санација.

Одтука за наставата да тече во нормални услови и без прекини најдоброто решение е дислокација на

котларата во непосредната близина на училишната зграда со промена на греењето од тврдо во течно гориво.

Училиштето е снабдено со клупи, столчиња и табли кои се во употреблива состојба. Канцелариите во

училиштето и просто¬рии¬те за подготовка на наставниците се реновирани и се опремени со канцелариски

мебел. Секоја училница и кабинет има вода и одвод. На секој спрат постојат женски и машки клозети за

учениците.

Пред влезот во зградата има училишен простор кој што се состои од плато кој е покриен со бехатон плочки и делимично е асфалтирано. Училиштето има две асфалтирани (кошаркарско и ракометно) и земјено фудбалско игралиште. Во цела должина пред училишната зграда се наоѓа парк со зимзелени и листопадни дрвја кој е преуреден со донација на УСАИД и е набиен бунар за техничка вода. Неговото преуредување е во функција на наставата, учениците и месното население. Проблем претставува неограденоста на училиштето затоа што училишниот двор се користи како паркиралиште на месното население, а земјеното игралиште за изградба на сушални

Page 3: Godisna Programa Prilep

за тутун со што се загрозува безбедноста на учениците, но и хигиената како во училиштето така и во училишниот двор. Училниците и ходниците се украсени со жардениерии со цвеќе, слики, изложбени паноа, изработени проекти, дипломи и пофалници доделени на училиштето за освоени места на разновидни натпревари и конкурси, пароли, изработки на учениците, фотографии, катчиња за секции, а на приземјето има изградено бина за одржување на манифестации.

ТАБЕЛА

за развојно планирање на приоритетни задачи за подобрување на условите за работа во училиштето

Приоритени задачи Време на реализација Извори на финансиски средстваПотребни финансиски

средства

1. Оградување на

училиштето во наелбата

Точила и населбата Варош

Учебна 2010/11 година локалната самоуправа

невладини организации

спонзорства

-1028000 денари

2. Дислоцирање на

котларата и инсталирање

на котел на течно гориво

Учебна 2010/11 година

локалната самоуправа

невладини организации

спонзорства

-2279675 денари

3. Изградба на фискултурна

сала

Според програмата на

владата

локалната самоуправа

невладини организации

спонзорства

Министерството за

образование и наука

4. Промена на подни

плочки во училиотето

Учебна 2010/11 година локалната самоуправа 2346000 денари

Page 4: Godisna Programa Prilep

спонзорства

Министерството за

образование и наука

5. Проширување на

училницата за прво

одделение во населбата

Варош

Учебна 2010/11 година

локалната самоуправа

Министерство за образование

и наука

180000 денари

6. Фасадирање на

училиштето во ТочилаУчебна 2010/11 година

локалната самоуправа

Министерство за образование

и наука

7. Довршување со

промената на дограмата во

Варош

Учебна 2010/11 година

локалната самоуправа

Министерство за образование

и наука

Опременоста на училиштето со наставни средства и технички помагала не е на задоволително ниво бидејќи

дел од нив се застарени или пак се во неисправна состојба. Со проектот Модернизација во образованието

делимично се пополнија недостатоците, но тоа не значи дека училиштето не чувствува потреба во иднина

дополнително да се вложува на ова поле.

III. Приоритетни задачи

Во текот на оваа учебна година покрај реализацијата на сите наставни и воннаставни планирања предвидени

со Годишната програма приоритетни задачи на училиштето ќе бидат:

1. Интеграција на заштитата на животната средина во наставата.

Очекувања: Интегрирање на планирањата на наставниот кадар според Еко -стандарди и избраните точки на

акција: Санирање или замена на прозорците и вратите, Анализа на состојбата на водоводната инсталација

(цевки, славини, казанчиња и др.), Чистење на училишните ходници, канцеларии, училници со еколошки или

нетоксични средства и Означени места со изработени и поставени знаци видливи за сите во училишниот двор

(место за игра, место за одмор, место каде не треба да се гази и др.) заради подобрување на условите за

работа на училиштето и подигање на еколошката свест .

Кој: Директорот, стручните соработници и наставниците.

Како: Интегрирање и вградување во планирањата на наставниот кадар, Годишната програма на училиштето,

Програмите на директорот и стручните соработници според Еко -стандардите и избраните точки на акција

Кога: Континуирано во текот на учебната година.

Page 5: Godisna Programa Prilep

2. Изготвување и реализација на Акционен план по интегралната евалвација

Очекувања: Отстранување на слабите страни во работата на училиштето

Кој: Директорот, стручните соработници и наставниците.

Како: Преку формирање на тимови

Кога: Септември - Фебруари

3. Изготвување на Развоен план

Очекувања: Утврдување на развојнии цели за работата на училиштето согласно изготвената Самоевалвација

заради подобрување на работата на училиштето.

Кој: Тим за развој

Како: преку анализа на Самоевалвацијата.

Кога: Второ полугодие од учебната 2010/11 година

4.Реализација на промените во образовниот систем на основното образвование т.е. трансформација во

деветтолетка

Очекувања: Вградување на промените во наставните планови и програми на наставниот кадар од ОУ Б.

Конески

Кој: директор, стручни соработници, претседатели на стручни активи, наставниците

Како: учество на семинари, работа на стручните активи врз промените и изготвување на соодветна

документација

Кога: учебна 2010/11 год

Ученици и паралелки

Оваа учебна година во училиштето се запишани 925 ученици распределени во 39 паралеки. За паралелките

со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата ќе се изведува на македонски јазик, а од странските јазици ќе се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 8-мо одд. и Германски јазик и Француски јазик од 6-то до 8-мо одделение.

Page 6: Godisna Programa Prilep

ПРЕГЛЕДна бројот на паралелките за учебната 2010/2011 година

Одделение Број на паралелки Број на ученици

1-во (деветтолетка) 5 100

2-ро 5 110

3-то 4 100

4-то 4 96

5-то 4 109

5-то (деветтолетка) 4 88

6-то 5 115

7-мо 4 95

8-мо 4 112

Вкупно 39 925

Наставен, раководен и друг стручен кадар

Од горе наведениот кадар во училиштето се вработени: директор, помошник на директорот, педагог,

психолог, библиотекар, 53 наставници . Од нив 22 наставници се во одделенска настава, а останатите се во

предметна настава. Според степенот на образование сите наставници ги задоволуваат законските одредби

за изведување на настава.

IV. Организација и реализација на воспитно образовната работа

Настава

Оваа учебна година наставата во зградата во населбата Точила ќе се изведува во две смени. Првата смена

со настава ќе започнува во 7,15 часот, а втората смена во 13,00 часот. Во зградата во населбата Варош

наставата се изведува во една смена со почеток во 8,00 часот. Наставниот час ќе трае 40 минути.

Во училиштето работи и библиотека. Библиотеката работи од 7,00 до 15,00 часот и на тој начин ги опфаќа

двете смени.

Согласно со Календарот за работа во Основното образование ООУ Б. Конески во текот на учебната 2010/11

година ќе се реализираат 180 наставни денови во кои влегуваат: наставните екскурзии и излети, Денот на

дрвото/Денот на еколошката акција и 19.12.2010-Денот на училиштето. Учебната година започнува на 1

Септември 2010 година, завршува на 31 Август 2011 година, а наставната година започнува на 1 септември

2010 година, а завршува на 9 јуни 2011 година. Првото полугорие започнува на 1 септември, а завршува на 31

декември, а второ полугодие започнува на 24 јануари 2011, а завршува на 9 јуни 2011 година. Спред

Каледарот зимскиот одмор на учениците започнува на 03.01.2011 и завршува на 21.01.2011 година.

Page 7: Godisna Programa Prilep

Планирање и подготовка на наставата

Планирањето и подготовката на наставата наставниците ќе го вршат врз основа на моделите за планирање

предложени од Бирото за развој на образованието. Наставниот кадар до 1 септември доставува Годишно

глобално и Тематско планирања на наставата, планирања за часот на ученичката заедница на паралелката,

додатната настава и слободните ученички активности.

Во текот на учебната година наставниот кадар ќе изготвува дневни подготовки за наставните часови и

неделно оперативно планирање на наставата.

Изведување на наставата

Распоредот на наставните часови во одделенска и предметна настава е составен дел на Оперативната

Годишната програма за работа на училиштето.

Наставата од 1-во до 5-то одделение (деветтолетка) се одвива во класични училници, а од 5-то до 8-мо

одделение се изведува во кабинети.

Видови настава

Наставата се организира и изведува според програми за задолжителни и изборни наставни предмети што се

изучуваат според Наставниот план за основното образование.

Со постојните материјално, технички и кадровски услови во нашето училиште оваа учебна година ќе бидат застапени следните изборни предмети:

Изборни предметиОдделение во кое ќе се

изведуваатТворештво 4-то и 5-то одделение

Работа со компјутер 4-то и 5-то одделение

Запознавање на религиите5-то одделение

Етика во религиите

Техничко образование 5-то одделение

Воспитание за околината6-то одделение

Проекти од музичката уметност

Техничко образование 6-то одделение

Проекти од информатика 6-то одделение

Програмирање7-мо одделение

8-мо одделение

Page 8: Godisna Programa Prilep

Наставата по Изборните предмети ќе се изведува во текот на наставниот ден. Наставниот кадар преку

известувањето на родителите и учениците и преку потполнувањето на Изјави за изборот на наставниот

предмет вршат подготовка за организација на овој вид настава. Тие ќе ги користат Наставните програми за

изборните предмети изработени од Бирото за развој на образованието.

Според наставниот план ќе се изведува уште и дополнителна и додатна настава кои имаат задолжителен

карактер за училиштето и наставниот кадар.

Дополнителна настава ќе се организира за учениците кои ќе се соочуваат со повремени тешкотии во учењето,

побавно напредуваат или заостануваат во усвојувањето на содржините и другите задачи од еден или повеќе

наставни предмети. Дополнителна настава ќе се организира во зависност од потребите на учениците од прво

до осмо одделение. Истата ќе се изведува во текот на целата наставна година, по часовите од редовната

настава, а на крајот од учебната година дополнителна настава ќе се организира за учениците со негативни

оценки.

Додатна настава ќе се организира за учениците кои во текот на редовната настава постигнуваат надпросечни

резултати, пројавуваат и се потврдуваат со особена надареност и талентираност во одделни наставни

предмети. Истата ќе се изведува во текот на целата наставна година, по часовите од редовната настава, во

слободното време на учениците според определени Програмски содржини. Во согласност со кадровските

услови ќе се организира додатна настава за учениците од 2-ро до 8-мо одделение, а ќе биде организирана

според претходно изготвени програми.

V. Наставни екскурзии и излети

За учениците од одделенска и предметна настава при ОУ Блаже Конески - Прилеп во согласност со

наставните и воннаставните планирања и програмирања ќе се изведат повеќе полудневни, еднодневни и

повеќедневни наставни екскурзии.

Наставни екскурзии (интегрираните наставни денови) ќе бидат организирани за сите ученици и по сите

наставни предмети од 1-во до 8-мо одделение кои се планирани со Годишните распределенија по предмети

или секции и истите се внесени во Годишната програма за изведување на наставни екскурзии.

За сите ученици од 1-во до 8-мо одделение ќе се организираат и два еднодневни (есенски и пролетен) излети

кои ќе бидат од забавно рекреативен карактер во непосредната околина на местото на живеење.

Подетално за: маршутата, местата и објектите на посета, бројот на учениците, одговорните наставници,

воспитните и образовните задачи на наставните екскурзии ќе бидат известени ПЕ на Бирото за развој на

образованието-Прилеп, Локалната самоуправа-одделението за образование и МВР пред изведувањето на

секоја наставна екскурзија.

VI. Грижа за здравјето на учениците

Page 9: Godisna Programa Prilep

Грижата за здравјето на учениците во училиштето ќе се остварува преку:

соработка со Медицински центар за организација и реализација на систематски лекарски прегледи за

учениците од 1-во, 3-то, 5-то и 7-мо одделение, изведување на вакцинации и ревакцинации на

учениците; изведување на редовни систематски стоматолошки прегледи според нивни програми.

соработка со Заводот за здравствено образование преку кого ќе се реализира здравствено

просветување на учениците со реализирање на разни предавања, трибини, работилници и т.н според

заеднички подготвена програма.

соработка со Црвениот крст, Друштвото за борба против алкохолозмот и наркоманијата и т.н во

реализација на активности од нивните програми.

здравствено просветување на учениците кое ќе се оствари во текот на редовната настава по:

физичко образование, природо, општество, запознавање на околината, природо и општество,

биологија, екологија, здрава исхрана, воннаставните активности: спортска, еколошка секција и

физичко образование и на часовите на одделенскиот раководител преку презентирање на

наставните содржини, преку предавања, разговори, трибини и слично.

Интегрирање на наставни содржини во наставата од проектот: Интеграција на заштитата на

животната средина.

VII. Соработка со локалната средина

Реализацијата на подрачјето соработка на училиштето со локалната средина ќе се одвива преку:

Соработка со семејството и родителите на учениците;

Соработка со претпријатија и други органи и организации;

Општествени активности со младината и возрасното население од локалната средина;

Информирање на пошироката јавност за резултатите на училиштето;

Вклучување на училиштето во други културни и образовни активности во локалната средина.

Соработката со родителите ќе се реализира низ групните и индивидуални средби на наставниците со

родителите на кои меѓусебно ќе се информираат за резултатите во наставата и за други прашања поврзани

со потребите на учениците.

Соработката со локалната средина ќе се оствари преку редовни средби на Советот на родителите на

училиштето, на Советите на родителите на паралелките и на Училишниот одбор.

Советот на родителите на училиштето го сочинуваат: 39 претставници на родителите од сите паралелки. Тој

ќе одржи најмалку 4 состаноци на кои ќе бидат разгледувани заклучоци од одржаните состаноци на стручните

Page 10: Godisna Programa Prilep

органи и родителите ќе даваат мислење за ефикасно остварување на воспитно образовната дејност на

училиштето.

VIII. Производствена и друга општествено корисна работа

Преку реализацијата на општествено корисната работа кај учениците ќе се негува позитивниот однос кон

работата.

Во тој прилог во училиштето ќе се превземаат следните активности:

одржување на училиштето преку уредување на училниците и кабинетите, ходниците, училишната

зграда, училишниот двор и паркот.

во локалната средина со учениците ќе се изведат разновидни акции од еколошки карактер.

за ублажување на последиците од елементарни непогоди и укажување на помош на социјално

загрозени ученици во училиштето ќе бидат организирани собирни акции.

IX. Следење, вреднување и унапредување на воспитно-образовната работа

Следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно образовната работа во училиштето ќе биде со цел

да се постигне квалитет во работењето и да се придонесе за унапредувањето на воспитно образовната

работа.

Предмет на следењето, вреднувањето и унапредувањето ќе биде:

планирањето, програмирањето и подготовката на дејноста на сите нивоа и од страна на секој субјект;

следење, проверување и оценување на успехот на учениците и наставниците;

перманентно стручно усовршување на раководниот, воспитно образовниот и соработнички кадар;

водење на педагошката евиденција и документација;

остварување на дејноста на училишната библиотека;

Како посебна компонента за следење оваа учебна година ќе биде Континуитетот во оценувањето кај

учениците за чија реализација училиштето изготви Акцонен план.

Реализацијата на Годишната програма ќе ја следат: Училишниот одбор, Советот на родителите,

Наставничкиот совет, Државниот просветен инспекторат, Локалната самоуправа - одделението за

образование и одговорниот советник од Бирото за развој на образованието.

Следењето на организацијата, реализацијата и ефикасноста на наставните и воннаставните активности,

следењето на сите видови подготовка на наставата и воннаставните активности ќе бидат задачи на

Page 11: Godisna Programa Prilep

директорот на училиштето во соработка со стручните работници, одговорниот саветник и останатите

советници од Бирото за развој на образованието.

Директорот на училиштето ќе ја следи реализацијата на наставата преку: посета на наставни часови при што

ќе ги следи дневните и неделните планирања на наставниците, реализацијата на планирањата и водењето на

педагошката евиденција. Исто така ќе ја следи реализацијата на часовите за дополнителна и додатна

настава, формите и методите на работа со овие ученици. Воннаставата ќе ја следи преку: посета на часовите

на слободните ученички активности, реализацијата на програмите, бројот на учениците и т.н. Вреднувањето

на работата на наставниот кадар ќе го врши преку примена на Инструменти за следење на наставата.

Следењето и унапредувањето на наставата ќе го реализира и преку учество во работата на Стручните активи

во училиштето.

Одговорниот советник од Бирото за развој на образованието ќе ја следи и вреднува работата на училиштето

преку: учество во работата на Наставничкиот совет, стручните активи-по потреба и преку индивидуална

посета на наставни часови.

Стручните соработници ќе ја следат реализацијата и ќе ја унапредуваат работата во наставата и

воннаставата преку: посета на наставни часови, слободните ученички активности, учеството во организација

на целокупната работа на стручните органи и тела. Следењето на наставните и воннаставните активности

стручните соработници ќе го вршат преку примена на инструменти за следење на истите.

Следењето и вреднувањето на постигањата на учениците во наставата ќе го вршат предметните наставници

и наставниците од одделенска настава преку писмени работи, тестови, контролни работи, усно испитување и

практична работа.

Врз основа на следењето на резултатите од наставата и воннаставните активности од страна на директорот,

советниците од Бирото за развој на образованието и стручните соработници училиштето ќе изготвува

полугодишни и годишни извештаи, анализи и информации по изминатите тримесечија за потребите на

стручните органи и тела на училиштето и другите институции надвор од него.

Во ова подрачје директорот и стручните соработници ќе ги применуваат следните инструменти: Неделни

оперативни планирања, Анкетен лист и Табеларен преглед за изготвување на полугодишен и годишен

извештај, Евидентни листови за следење на дополнителната, додатната настава и слободните ученички

активности, модели за следење на наставни часови и др.

X. Воннаставни активности

Ова подрачје ќе биде проткаено со содржини и активности што ќе се реализираат вон наставата. Распоредот

на наставниците кои ќе ги реализираат воннаставните активности е составен дел од Оперативната Годишна

програма за работа на училиштето.

Page 12: Godisna Programa Prilep

Оперативната Годишна програма за работа во делот за вонаставните активности се состои и од следните

подрачја:

Слободни ученички активности,

Ученички натпревари и конкурси,

Наставни екскурзии (интегрирани наставни денови) и излети,

Стручно и педагошко усовршување на наставниците, директорот и стручните работници

Слободни ученички активности

Низ слободните ученички активности ќе се создадат претпоставки за задоволување и негување на

индивидуалните интереси и способности на учениците.

Своите афинитети и интереси учениците ќе можат да ги искажат преку работата на следните активности:

Слободни ученички активности за проширување на знаењата по одделни наставни предмети;

Слободни технички активности;

Слободни културно-уметнички активности;

Слободни спортски активности;

Во слободните активности за проширување на знаењата по одделни предмети ќе работат следните секции:

љубители на Англискиот и Германскиот јазик, млади: математичари, физичари, информатичари, историчари,

хемичари, библиотекари, географичари и биолози.

Во рамките на слободните културно уметнички активности ќе работат секциите: литературна, драмска,

рецитаторска, новинарска, ликовна, пеачка.

Во слободните спортски активности ќе работат спортските секции.

Во рамките на слободните технички активности ќе работат секциите: електроника и сообраќајна секција.

ТАБЕЛА

на вкупниот број и видот на плановите и програмите

Page 13: Godisna Programa Prilep

што се изготвени во учебната 2010/2011 година

Наслов Носител на изготвувувањето Рок на изготвување Рок на донесување

1. Годишна програма за работа

на училиштетоДиректор, струч.сораб. 1-ви септември 1-ви септември

2. Годишни програми за

работа на: директорот,

педагогот, психологот и

библиотекарот

Директор, струч.сораб. 1-ви септември 1-ви септември

3. Програма за работа на

Наставничкиот СоветДиректор, струч.сораб. 1-ви септември 1-ви септември

4. Програми за работа на

Одделенските советиДиректор, струч.сораб. 1-ви септември 1-ви септември

5. Програма за работа на

Училишниот одбор

Претсед. Уч. одбор, директ. и

струч.сораб1-ви септември 1-ви септември

6. Годишни планирања по

предмети (задолжителни,

изборни)

Наставниот кадар 1-ви септември 1-ви септември

7. Наставни планови и

програми за дополнителна

Наставниот кадар 1-ви септември 1-ви септември

Page 14: Godisna Programa Prilep

настава

8. Програми за работа на

стручните активиОдгов. на струч. активи 1-ви септември 1-ви септември

9. Програми за слободни

ученички активностиОдгов. на струч. активи 1-ви септември 1-ви септември

10. Програми за ученички

натпревариОдгов. на струч. активи 1-ви септември 1-ви септември

11. Програми за одделенско

раководствоОдделенски раководители 1-ви септември 1-ви септември

12. Програми за заедниците на

ученицитеУчениците 1-ви септември 1-ви септември

13. Програма за Подмладокот

на црвениот крстОдговорниот наставник 1-ви септември 1-ви септември

14. Програми за

производствена и друга

општествено корисна работа

Наст.кадар, директор,

струч.сораб.1-ви септември 1-ви септември

15. Програми за наставни

екскурзии и излети

Наст.кадар, директор,

струч.сораб.1-ви септември 1-ви септември

Page 15: Godisna Programa Prilep

16. Програми за грижа за

здравјето на учениците

Наст.кадар, директор,

струч.сораб.1-ви септември 1-ви септември

17. Програми за родителско-

наставнички средби

Наст.кадар, директор,

струч.сораб.1-ви септември 1-ви септември

18. Програми за работа на

Советите на родители

Претс. на Совет на род.

директор, струч.сораб.1-ви септември 1-ви септември

19. Програма за одбележување

на празници и настаниДиректор, Струч.сораб. 1-ви септември 1-ви септември

20. Програма за

Професионална ориентација и

советување на млади

Струч.соработ. 1-ви септември 1-ви септември

21. Акционен план за

Инклузивна практика

Инклузивен тим, Педагошки

тим1-ви септември 1-ви септември

22. Акционен план за

менторство на наставникПедагошки тим за менторство 1-ви септември 1-ви септември

23. Самоевалвација на

училиштетоКоординаторите на проектот 1-ви септември 1-ви септември

Page 16: Godisna Programa Prilep

24. Развоен план на

училиштетоКоординаторите на проектот 1-ви септември 1-ви септември

25. Програма за

подобрувањето на

оценувањето во предметна

настава

Тимот за подршка на ПЕП-

Подобрување на оценувањето1-ви септември 1-ви септември

11. Стручни органи и тела

Во училиштето според претходно донесени програми ќе работат следните стручни органи и тела:

Наставнички совет. Во текот на учебната година ќе одржи 7 програмирани состаноци, а според

укажаната потреба ќе одржува и вонредни состаноци.

Одделенски совет. Во текот на учебната Година секој одделенски совет ќе одржи 6 програмирани

состаноци, а според укажаната потреба ќе одржува и вонредни состаноци.

Раководители на паралелка. Секој раководител на паралелка во текот на учебната година покрај

индивидуалните и групните средби со родителите ќе одржи 5 општи родителско-наставнички средби

со родителите од паралелката, а според укажана потреба ќе одржи и вонредни состаноци.

Стручни активи. Трите Стручните активи од следните подрачја: одделенска настава, општествено-

естетско-јазично и природно-научното подрачје во текот на учебната година ќе одржат најмалку по 4

програмирани состаноци (по два во полугодие).

12. Стручно усовршување

Во текот на учебната година стручното усовршување во училиштето ќе се одвива низ следните форми:

Индивидуално стручно усовршување преку следење на стручна литература и списанија (Просветно

дело, Просветен работник, Образовни рефлексии и Воспитни крстопати)

Екстерно стручно усовршување преку учество на семинари, советувања во организација на Бирото за

развој на образованието и др.институции

Интерно стручно усовршување преку работата на стручните активи во училиштето.

Стручно усовршување на наставник-приправник преку менторство со примена на Акционен план за

менторство.

13. Управување и раководење

Page 17: Godisna Programa Prilep

Училишен одбор

Училишниот одбор како орган на управување со училиштето е составен од 9 членови од кои 3 се од редот на

воспитно-образовниот кадар, 3 од редот на родителите, 2 од локалната самоуправа и 1 од министерството за

образование. Работата на овој орган е рагулирана со Законот за основно образование и Статутот на

училиштето. Училишниот одбор работи според своја Програма.

Директор

Со училиштето раководи директор. Иако ова училиште е развиено т.е. има 39 со 925 ученици и 53

наставаници. Директорот ќе работи според претходно изготвена годишна програма.

Стручни соработници

Во училиштето има вработено три стручни соработници: педагог, психолог и библиотекар. Исто така и

стручните соработници ќе работат на полето на воспитно- образовната работа со претходно планирани и

програмирани активности во сопствените програми.

Комисии

За остварување на одделни задачи од дејноста на училиштето во текот на учебната година ќе бидат

формирани 2 комисии како помошни тела на органот на управување-раководење. Овие комисии ќе бидат

формирани за:

Јавни набавки: исхрана на учениците, фотографирање на учениците, екскурзии, полуматурска вечер,

осигурување

Попис: Основни средства, Ситен инвентар и Парични средства

14. Административно-технички служби

Управно-административна служба

Во училиштето од страна на управно-административната служба работат: секретар, благајник и економ.

Истите работат според задачите зацртани во Систематизацијата на училиштето.

Помошно-техничка служба

Во оваа служба работат: хаусмајстор, котлар, ноќни дежурни и хигиеничари. Вкупниот број на изврштели од

оваа служба е 11.

Претседател на Училишен одбор: Наташа Ристеска

Page 18: Godisna Programa Prilep

Годишен извештај за учебната 2009/10 година

Почетна » Годишен извештај за 2009/10 година

За училиштето

За патронот

Статут на ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп

Брошура за ученици и родители

Училиштен одбор

Планови за евакуација

Програми и извештаи

Годишна програма за учебната 2010/11 година

Годишен извештај за учебната 2009/10 година

Годишен извештај за учебната 2008/09 година

Оперативна годишна програма за воспитно образовна работа во учебната 2009/10 година

Извештаи од одделенски и наставнички совети

Извештаи од посета на часови - учебна 2010/11 година

Извештаи од посета на часови - учебна 2009/10 година

Годишен извештај за работата на ОУ “Блаже Конески” -Прилеп во учебната 2009/2010 година

I. Вовед

Извештајот за работата на ОУ “Блаже Конески” е изработен според Законот за Основно образование,

Статутот на училиштето, Годишната програма за работа на училиштето во учебната 2009/2010 година, Анекс

програмите кои се составен дел на Годишната програма, Извештаите и укажувањата од увидите на

одговорниот советник на Бирото за развој на Р. Македонија ПЕ Прилеп, државниот просветен инспектор,

Советот на родителите и Училиш¬ниот одбор.

Целта и задачите на Извештајот е да се проследат материјално техничките услови за работа во училиштето,

организацијата и начи¬нот на остварување на воспитно-образовната работа во учили¬штето, облиците на

наставна и воннаставна активност, грижата за здравјето на учениците, соработката со локалната средина,

Page 19: Godisna Programa Prilep

следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно-образовната работа во училиш¬тето и успехот на

учениците.

Содржина

1. Вовед

2. Услови за работа

3. Подготвеност на училиштето за работа на почетокот на учебната година

4. Планирање, реализација и унапредување на воспитно образовната дејност

5. Планирање и реализација на дејноста на стручните органи и тела, стручните соработници и

директорот

6. Успех на учениците на крајот од учебната година

7. Педагошка евиденција и документација

8. Заклучни согледувања и предлог мерки за подобрување на состојбите и за унапредување на

дејноста

9. Анекс кон Годишниот извештај

II. Услови за работа

Основното училиште Б.Конески од Прилеп е развиено основно училиште. Во него се организира настава за

осмолетка и согласно законот за основно образование настава за деветтолетка. Основното училште работи

во две згради. Едната е сместена во населбата Точила на ул. Самоилова број 15 и отпочна со работа во 1986

година, а другата се наоѓа во населбата Варош на ул.О.Чопела бб, а започнало со работа во 1928 година.

Во тековната учебна година беше остварена основната дејност воспитание и образование на учениците и

притоа се постигна просечен среден успех на ниво на училиште од 4,03 што е за 0,1 повисок од учебната

2008/09 година.

Оваа учебна година приоритетни задачи беа:

1. Градење на ситем за откривање и следење на надарените ученици во наставата и воннаставата.

За реализација на оваа приоритетна задача беше извршена едукација на наставниот кадар за работа со

талентирани ученици преку Проектот Модернизација во образованието, избор на форми и методи за

откривање на надарените ученици и изработка на евидентни листови за следење.

2. Обука на наставниците за употреба на компјутерскиот софтвер Едубунту.

Двајца наставници од одделенска настава беа на едукација за примена на Intel Classmate лаптопите и истите

Page 20: Godisna Programa Prilep

извршија дисеминација на останатите наставници од одделенска настава. Потоа четворица наставници се

стекнаа со право на сертификати по одржани часови со употреба на ИКТ. Обуката за наставниците за

употреба на компјутерскиот софтвер Едубунту ќе се реализира до крајот на оваа учебна година, а зависи од

динамиката на реализаторот на оваа компонента.

3. Изготвување на самоевалвација.

За реализација на оваа задача беа формирани седум тимови по подрачја кои ги утврдија јаките и слабите

страни во работата на училиштето и врз основа на нив стручните соработници во соработка со

претседателите на тимовите ја изработија самоевалвацијата.

4. Реализација на промените во образовниот систем на основното образвование т.е. трансформација во

деветтолетка.

Сите промени согласно насоките добиени од МОН и БРО стекнати преку едукација и добиена документација

наставниот кадар, директорот и стручните соработници ги вградија во наставните планови и програми и ги

реализираа истите.

Во учебна 2009/10 година наставата се изведуваше во две смени во зградата во населбата Точила и тоа:

прва смена: 2-ро, 4-то (деветтолетка), 5-то и 7-мо одделение и две паралелки од 1-во и втора смена: 3-то, 4-

то (осмолетка), 6-то и 8-мо одделение и една паралелка од 1-во. Во училиштето во населбата Варош се

изведува настава во една смена од 1-во до 4-то одделение деветтолетка и 4 одделение осмолетка.

III. Подготвеност на училиштето за работа на почетокот на учебната година

Во учебната 2009/10 година во училиштето се запишаа 958 ученици распределени во 39 паралеки. За

паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата се изведува на македонски јазик, а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 8-

мо одд. Германски јазик од 6-то до 8-мо одделение и Француски јазик во 6-то одделение.

Оваа учебна година работеа вкупно 21 паралелка во одделенска настава од кои 5 паралелки во училиштето во населбата Варош и 18 паралелки во предметна настава.

ПРЕГЛЕДна бројот на паралелките за учебната 2009/2010 година

Одделение Број на паралелки Број на ученици

1-во (деветтолетка) 5 109

2-ро 4 100

3-то 4 96

4-то 4 110

4-то (осмолетка) 4 90

Page 21: Godisna Programa Prilep

5-то 5 115

6-то 4 95

7-мо 4 112

8-мо 5 131

Вкупно 39 958

Осипувањето на ученици во текот на учебната година е занемарувачко. Податоците се прикажани во

табеларниот извештај. Во однос на вкупниот број на ученици оваа учебна година се забележува

незначително зголемување на бројот на ученици во прво одделение во однос на претходната.

Од воспитно образовниот кадар во училиштето се вработени: директор, заменик директор, педагог, психолог,

библиотекар, 56 наставници . Од нив 21 наставници се во одделенска настава, а останатите се во предметна

настава. Според степенот на образование сите наставници ги задоволуваат законските одредби за

изведување на настава.

Сите наставни предмети и подрачја беа застапени на соодветен начин. Наставниот кадар соодветно беше

оптоварен со наставни часови. На почетокот на учебната година училиштето беше подготвено на полето на:

распределба на наставниците по наставни предмети, одделенија, фондот на наставни часови, одделенски

раководства, слободни ученички активности, дополнителна и додатна настава, стручни активи, наставни

планирања и програмирања по сите наставни предмети и подрачја, Годишна програма за работа на

училиштето и сите други наставни и воннаставни планови и програми за успешен почеток на работа на

училиштето.

Во согласност со Законот за Основно образование на почетокот на учебната година беше подготвена и

дистрибуирана до родителите Брошура со информации кои се однесуваат на работењето и организацијата на

училиштето

IV. Планирање, реализација и унапредување на воспитно образовната дејност

1. Годишна програма за работа на училиштето

Годишната програма за работа на училиштето е донесена на седница на Училишниот одбор на ден 31. 08.

2009 година и опфаќа текстуален дел работен според Упатството за изготвување на годишни програми во

основните училишта подготвен од Бирото за развој на образованието и прегледи, табели и годишни програми

за работа на стручните органи и тела во училиштето, наставните и воннаставните активности.

2. Планирање и реализација на наставата

Планирањето и подготовката на наставата во училиштето се вршеше врз основа на моделите за планирање

предложени од Бирото за развој на образованието. Кај сите планирања по наставни предмети беше

застапено годишното, месечното и неделно планирање на наставната материја. Исто така во планирањата и

подготовката на наставата наставниците изработуваа и подготовки за наставните теми, а вршеа и дидактичко

Page 22: Godisna Programa Prilep

методски подготовки за наставните часови. Подготовките за сите видови настава, наставниците квалитетно ги

изработуваа што им овозможуваше навремено планирање и изведување на наставата.

Во текот на учебната 2009/2010 година наставата по задолжителните предмети е реализирана во целост со

31533 наставни часови

Наставата по изборните предмети беше организи¬рана во 4-то по Англиски јазик, во 6-то одделение се

реализираше изборна настава по предметите: ТО и Воспитание за околината и Унапредување на здравјето

на учениците. Во 7-мо Проекти од Музичката уметност, Информатика и Воспитание за околината и 8-мо

одделение се изведуваше изборна настава по предметите Информатика и ТО. Вкупно реализирани наставни

часови по изборните предмети е 892.

Дополнителна настава се изведуваше со учениците од одделенска и предметна настава по предметите по

кои учениците покажуваа послаб успех. Беа одржани вкупно 709 наставни часови. Дополнителна настава во

одделенска настава се изведе по предметите: математика и македонски, а додека во предметна настава

дополнителна настава се изведуваше по македонски јазик, англиски јазик, математика, историја, биологија,

граѓанска култура и физика.

На крајот на учебната година беше организирана дополнителна настава за учениците кои имаа негативни

оценки по предметите Англиски јазик. За учениците кои не покажаа позитивни резултати на дополнителната

настава се организираа поправни испити.

Додатна настава беше планирана со посебни програми и истите во целост се реализирани со вкупно 688

наставни часови.

Во училиштето како развојно истражувачки проекти се реализираат: Унапредување на оценувањето во

предметна настава, Унапредување на наставата по математика и природните науки, Примена на ИКТ во

одделенска настава, Еко училиште, Зелен пакет и програмата Животни вештини.

3. Планирање и реализација на воннаставната дејност

Слободните ученички активности работеа според Годишната програма за работа на училиштето и

Програмите за работа на слободните ученички активности. Во слободните ученички активности се

реализирани 659 наставни часови во текот на учебната година. Училиштето зеде учество на Детските смотри

2010-та каде дојдоа до израз креативноста, учеството и работата на учениците во слободните ученички

активности.

Работата на дел од секциите од училиштето беше претставена преку: Веб страничката на училиштето,

весникот Зенит и учеството на разновидни конкурси и натпревари.

Формирањето на секциите за слободни ученички активности започна во Октомври. Учениците рамномерно се

распределија според своите интереси и способности во секциите и на тој начин се реализираа зацртаните

програми.

Page 23: Godisna Programa Prilep

Опфатеноста на учениците во слободните ученички активности е на високо ниво, традиција што и во иднина

треба да продолжи. Постигнати се високи резултати на Регионалните и Државните натпревари со што се

поттикнуваат уче¬ниците на уште поголема активност и желба за успех. Успешното претставување на

училиштето на јавните и културни манифестации претставува надграду¬вање на учениковиот лик и поттик за

негово натамошно експонирање. Во исто време овие резултати се поттик за наредните генерации да вложат

уште повеќе во натпреварите со своите врсници во Општината и Републиката.

Учество на ученици на конкурси и натпревари во учебната 2009/10 година од ОУ Б.Конески-Прилеп

1. Христијан Петрески од 3-1, Пофалница за учество на литературен натпревар во организација на ЈОУ

Градска библиотека, Борка Талески, Август 2009 година

2. Милена Трајкоска од 6-3 одд. Диплома за учество на Детски литературен натпревар „Ракатки” во

организација на Дом на просветни работници – Скопје,Ментор: Виолета Христоска –наставник

Октомври 2009 год.

3. Барбара Грујоска од 6-2 одд. Диплома за ликовна творба во организација на Весникот Зенит. Ментор:

Ефтимоски Ицко

4. Инес Дамеска од 8-4 одд. Диплома за ликовна творба во организација на Весникот Зенит Ментор:

Ефтимоски Ицко

5. Сања Роканоска од 4-4 одд. Прво место на фестивалот „Ѕвездички”

6. Милена Трајкоска од 6-3 одд. 1-во место на општински натпревар за најдобар расказ во организација

на Мултикултурна Мрежа Пет до дванаесет Прилеп

7. Јулијана Чапрагоска од 5-3одд. 2-ро место на општински натпревар за најдобар расказ во

организација на Мултикултурна Мрежа Пет до дванаесет Прилеп

8. Викторија Дунимаглоска од 3-3

9. Јовеска Емилија од 3-1 одд.

10. Јованоски Кирил од 3-1 одд.

11. Второ место на општински натпревар во фудбал

12. Здравеска Наталија 7-2 одд., Ѓоргоски Никола 7-4 одд. и Момироски Никола 7-4 одд. – второ место на

Општински квиз натпревар по Сообраќај. Ментор: Андоноски Петар - наставник

13. Иваноска Бранка 7-2 одд. –прво место на Меѓународен карневал Прочка 2010. Ментор: Ефтимоски

Ицко

14. Костадиноски Никола 8-4 одд.–трето место на Меѓународен карневал Прочка 2010. Ментор:

Ефтимоски Ицко

Page 24: Godisna Programa Prilep

15. Дамеска Инес 8-4 одд.- трето место на Меѓународен карневал Прочка 2010. Ментор: Ефтимоски Ицко

16. Трајкоски Мартин 8-4 одд.-трето место на Меѓународен карневал Прочка 2010. Ментор: Ефтимоски

Ицко

17. Ристески Кирил 8-3одд.- прво место на Републички натпревар во организација на ФУСМ за основни

училишта-џудо

18. Петрески Бобан 8-3одд.- второ место на Републички натпревар во организација на ФУСМ за основни

училишта-џудо

19. Дунимаглоска Викторија 3-3 одд.-прво и трето место место на Интернационален натпревар во карате

за деца 2010 год.

20. Роканоска Сања 4-4 одд. Детски интернационален фестивал Звездички –прво место.

21. Прво место кошарка – машки 7 мо одд. на Општински натпревар

22. Второ место фудбал машки 7 мо одд. на Општински натпревар

23. Прво место ракомет машки 8 мо одд. на Општински натпревар

24. Бошески Христијан 8-5 одд. второ место на Регионален натпревар по математика. Ментор: Виолета

Маркоска

25. Димески Бојан 6-2 одд.– трето место- карате, Државен натпревар.

26. Ѓоргоска Ивана 8-5 одд.-прво место на Регионален натпревар по географија. Ментор: Димеска Наде

27. Кочоски Филип 8-1 одд. трето место на Регионален напревар по англиски јазик. Ментор: Апостолоска

Анка

28. Ристески Дамјан 6-4 одд. трето место во карате.

29. Луческа Јана 4-4 одд. второ место во карате.

30. Прво место за мандолинскиот оркестар на регионален натпревар. Ментор: Неделкоска Марија

31. Второ масто за хорот на регионален натпревар. Ментор: Бузеска Лилјана

32. Трето место во ракомет – машки на државен натпревар во организција на ФУСМ (Федерација на

училишен спорт на Македонија). Ментор: Николоски Тони

33. Второ место на Регионален натпревар за Прва помош и заштита во организација на Црвен крст.

Екипа составена од: Трајкоски Мартин, Ѓоргоска Ивана, Димоска Кристина,Георгиески Филип,

Наумческа Марија, Тинтоска Ивана и резервите: Ѓоргоска Фросина, Петреска Александра. Ментор:

Антулеска Васе-наставник

Page 25: Godisna Programa Prilep

34. Ристески Кирил 8-3одд.- прво место во џудо на Државно првенство во организација на Џудо

Федерација на Македонија.

Во училиштето во сите паралелки беа формирани Одделенски заедници. Нивната задача беше да ги

решаваат настанатите проблеми во паралелките, при што работеа со избрано раководство од своите редови.

Активностите пред се ги реализираа според Програмите за работа на одделенскиот час и нивната работа

секогаш беше насочена кон подобрување на успехот, дисциплината, редовноста и брзо решавање на

тековните проблеми. Со Ученичката заедница на ниво на училиште беше донесен Етичкиот кодекс за

однесувањето на учениците и беше организиран натпревар Избираме најсредена и најчиста училница.

Во подрачјето Производна и друга општествено корисна работа беа реализирани мноштво активности на

учениците изразени преку уредување на училниците, кабинетите и ходниците и одржување на хигиената во

училишниот парк и дворот. По повод Деновите на дрвото беше организирана акција на ниво на училиште -

засадување на садници во училишниот двор, паркот и чистење на училиштето, учество со ученици и

наставници при засадување на садници преку локалната самоуправа. Учениците, членови на еко училиштето

и зелениот пакет во рамките на производно корисната работа во текот на целата учебна година го одржуваа

зеленилото во училишниот парк, цвеќињата во холовите и учествуваа во еколошки акции на ниво на

Општина.

Во училиштето работеа Зедницата на учениците на училиштето и Подмладокот на Црвениот крст кои ги

реализираа своите програми во целост. Преку овие организации се спроведоа мноштво активности како што

се: уредување на училниците, кабинетите и ходниците, организирање на изложби, а во соработка со

еколошката секција се организира засадување на садници во училишниот двор. Исто така се организираа и

собирни акции од хуманитарен карактер. Такви акции беа спороведени за собирање на парични средства.

МОН обезбеди бесплатни учебници за сите ученици, а Институтот Отворено општество обезбеди бесплатен

прибор за децата- социјални случаи.

Планираните наставни полудневни и целодневни екскурзии во одделенска настава беа реализирани во

поблиската и подалечната околина како што се: фабрики, фарми, сообраќајници, занаетчиски работилници,

природни објекти, музеи, зоолошка градина и слично. Реализацијата на овие активности се одвиваше во

рамките на наставните предмети: Запознавање на околината, Општество, Природа и Македонски јазик.

Според бројот на ученици овие екскурзии беа екскурзии изведени со паралелки и екскурзии со одделенија.

Во предметна настава планираните наставни екскурзии се изведоа во целост. Имено се изведе: тридневна

наставна екскурзија со 7-те одделенија низ Р.Македонија, со 5-то и 6-то одделение беше посетен

планетариумот и други историски обележја во Скопје. Планираните еднодневни есенски и пролетни излети

беа реализирани во с. Ореовец.

4. Грижа за здравјето на учениците

Планираните наставни содржини од областа на Грижата за здравјето на учениците, опфатени во Наставните

Page 26: Godisna Programa Prilep

програми по наставните предмети, според искажувањата на наставниците по одржаните Одделенски совети,

на крајот од учебната година се во целост реализирани.

На часовите на одделенскиот раководител беа реализирани содржини од областа на грижата за ученичкото

здравје и тоа: во V одделение се реализирани содржините: Општата и личната хигиена на учениците,

Заштита на човековата средина, Активен зимски одмор-читање, спортување и помош во семејството,

Настанување на потомството и одржување на човековиот род, Што е тоа одмор и како треба да се одмараме,

Првите знаци на пубертетот и надворешни карактеристики, Штетноста од пушењето и алкохолот, во VI

одделение е реализирана содржината: Заштита на човековата средина-однос за време на екскурзии и

излети, Хигиената и здравјето-огледало на културата, Правилно користење на зимскиот одмор-активен и

пасивен одмор, Психофизички промени во пубертетот, Хигиената и здравјето, во VII одделение се

реализирани содржините: Заштита на човековата средина-однос за време на екскурзии и излети, Штетноста

од алкохолот, пушењето и дрогата, во VIII одделение се реализирани содржините: Младешка љубов-интрес

за спротивниот пол, Што е брак и услови за среќен брак, Лична и општа хигиена-грижа за нејзино одржување,

Зрелост за брак-психичка, социјална, економска и слично, Спортувањето-услов за доброто здравје и убав

изглед, Крводарителството-хумана дејност, Прераните младешки бракови и нивните проблеми, Заштита на

човековата средина-одржување на зеленилото.

Грижата за здравјето на учениците училиштето ја оствари на ниво на училиште и во соработка со други

институции. За учениците од I, III, V и VII одд. Медицинскиот центар - Школски диспанзер изврши систематски

прегледи, а исто така беа извршени и вакцинации и ревакцинации на учениците. Стоматоло¬шката

амбуланта која што работи во училиштето исто така изврши систематски прегледи на учениците и

превземаше мерки за заштита на ученичкото здравје. За ученичките од 6-то одделение преку Проктер и

Гембел се одржа предавањена тема: Нега и хигиена на половите органи. Во соработка со Заводот за

здравствено образование на одделенските часови се реализираше програмата која е составен дел на

Годишната програма за работа на училиштето.

За хигиената во училиштето се грижеа сите вработени и учениците одржувајќи ги просториите во кои

престојуваа.

5. Соработка со локалната средина

Соработката со локалната средина оваа учебна година се остваруваше преку:

одржувањето на редовни наставничко-родителски среќавања

одржувањето на групни наставничко-родителски среќавања со одделенски раководители, стручните

работници, директор, родители и проблематични ученици.

индивидуалните средби и тоа: родители-наставници; родители-стручни работници и родители-

директор.

работата на Советите на родители на ниво на училиште и на ниво на паралелки

Page 27: Godisna Programa Prilep

работата на Училишниот одбор.

Согласно со Програмата за работа на училиштето се одржани планираните родителско-наставнички

среќавања при што на родителите им беа соопштувани инфор¬ма¬ции во врска со: животот и работата на

училиштето, успехот и поведението на учениците, избор на Совет на родители на паралелката, делегирање

на член во Советот на родители на училиштето, осигурувањето, исхраната на учениците, соработката на

одд.раководител со родителот.

Во текот на учебната година беа реализирани мноштво групни средби со родители и ученици на кои се

разговараше за проблемите: ученици кои го повториле одделението, ученици кои се нередовни на наставата,

проблем ученици, организација на работата во паралелката, на кои присуствуваа: директорот, педагогот,

психологот, одделенски раководители, родители и ученици.

Одделенските раководители соработуваа со Советите на родителите на ниво на паралелки и притоа

разговараа за следното: успехот на учениците во паралеката, редовноста, дициплината, исхраната на

учениците, изрекување на педагошки мерки, разгледување на правилата за однесување на учениците,

ефикасна организација на работата на паралеката, успехот на учениците на разновидни напревари и др.

Се реализира соработка со Советот на родителите на ниво на училиште. Советот на родители на училиштето

брои 39 членови. Преку состаноците Советот на родители беше запознаван со актуелните состојби во

училиштето, сите видови на планирања за работа, развојните можности на училиштето, нови проекти што се

реализираат во училиштето, иницијативи за проширување на соработката со локалната средина, промени во

Правилник за работа на Советот на родители, изработка на Годишната програма на Советот на родители,

набавка на униформи за учениците, доставување на барања до локалната самоуправа и др. Во текот на

работата се одлучи да се продолжи со традицијата на училиштето да соработува со локалната средина.

Соработката со локалната средина се оствари и преку донирање на садници од страна на Македонски шуми-

подрачна единица Прилеп кои беа засадени во училишниот парк.

Во текот на учебната година преку учество на литературни читања, конкурси, ликовни натпревари,

проширување на ученич¬ките знаења од областа на техниката, беше остварена соработката со: писатели од

градот, други основни и средни училишта од градот, Народниот театар “Војдан Чернодрински, Домот на

културата “Марко Цепенков”, Народна техника и други. Се оствари соработка уште и со: МВР-Прилеп, јавните

гласила, Центарот за социјална работа и Ученичкиот дом. За учениците од училиштето се организираа посети

на: тетатар, кино,музеи, изложби , галерии и др.

Во текот на учебната година се организираа манифестации за обележување на државни празници, годишнини

од историски настани и смртта на историски личности преку предавања и пригодни програми. Одбележан

беше и Денот на училиштето со организирање на изложби по: ТО, ликовни творби, литературно читање и

спортски натпревари. Притоа беше изведена свечена академија со Реферат за животот и делото на Б.

Конески и пригодна програма, а одржана беше и Свечена седница на Наставничкиот совет.

Page 28: Godisna Programa Prilep

Соработката со локалната средина училиштето ја остваруваше и преку работата на Училишниот одбор кој

работеше според изготвен План за работа во согласност со Деловникот, Законот и Статутот на училиштето.

Притоа на овие состаноци беше усвоен Извештајот за работа на училиштето во претходната учебна година,

беше усвоена Годишната програма на училиштето, беше донесена Годишната програма за работа на

училишниот одбор, усвоена е Годишната пресметка, разгледувани се документи за вработување, беа

разгледувани барања, приговори и други тековни прашања.

6. Следење, вреднување и унапредување на образовната и воспитната работа

Следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно образовната работа во училиштето се

остваруваше со цел да се постигне квалитет во работењето и да се придонесе за унапредувањето на

воспитно образовниот процес во училиштето.

Согласно Законот за основно образование училиштето изврши самоевалвација преку ангажирање на

наставниот кадар во тимови кој работеа според подрачјата кои произлегуваат од индикаторите подготвени од

Државниот просветен инспекторат. Истата ја достави до Училишниот одбор.

Реализацијата на Годишната програма ја следеше: Училишниот одбор, Советот на родителите,

Наставничкиот совет, државниот просветен инспектор и одговорниот советник од Бирото за развој на

образованието преку состаноци, посети и извештаи.

Следењето на организацијата, реализацијата и ефикасноста на наставните и воннаставните активности,

следењето на сите видови подготовка на наставата и воннаставните активности беа задачи на директорот на

училиштето во соработка со стручните работници, одговорниот советник и другите советници од Бирото за

развој на образованието и притоа направија целосен увид во работата на училиштето и реализацијата на

проектите.

Следењето и вреднувањето на постигањата на учениците во наставата го вршеа предметните наставници и

наставниците од одделенска настава преку писмени работи, тестови, контролни работи, усно испитување,

практична работа и т.н.

Врз основа на следењето на резултатите од наставата и воннаставните активности од страна на директорот,

советниците од Бирото за развој на образованието и стручните работници на училиштето се изготвија

полугодишни и годишни извештаи, анализи и информации по изминатите тримесечија за потребите на

стручните органи и тела на училиштето и другите институции надвор од него.

Оваа учебна година училиштето беше на интегрален увид во работата од страна на комисија од просветни

инспектори составена од Државниот просветен инспекторат. Согласно со известувањето кое училиштето ќе го

добие од комисијата ќе изработи акционен план за надминување на слабостите и истиот заедно со

самоевалвацијата ќе послужи за изготвување на Развојниот план на училиштето.

Во рамките на унапредувањето на воспитно образовната работа училиштето продолжи со реализцијата на

веќе започнатите проекти: Унапредување на оценувањето во предметна настава, Унапредување на

Page 29: Godisna Programa Prilep

наставата по математика и природните науки и програмата Животни вештини. Согласно компонентите на

ПЕП проектот во основното училиште со наставниците беа подготвени нагледни часови кои беа следени од

стручните соработници и кои послужија за изготвување на потврди за сертификати на наставниците.

7. Стручно и педагошко усовршување на наставниците и другите стручни работници

Стручното усовршување на наставниот кадар и стручните соработници се остваруваше преку: индивидуално

стручно усовршување со следење на стручна литература и списанија, интерно стручно усовршување со

работа во Стручните активи, екстерно стручно усовршување со посета и учество на семинари, советувања

организирани од Бирото за развој на образованието и др. институции.

Индивидуалното стручно усовршување воспитно образовниот кадар во училиштето го остваруваше

поединечно преку следење на стручна литература и списанија кои во училиштето ги има во мал број и заради

тоа оваа активност се одвива во отежнати услови.

Интреното стручно усовршување се одвиваше во рамките на работата на Стручните активи преку

реализација на Методички работилници за соодветни стручни теми и преку поставување на теми за разговор.

Екстерното стручно усовршување се остваруваше преку соработка со Бирото за развој на образованието кој

организираше семинари за унапредување на воспитно образовната работа, прифаќање на проекти и нивно

проширување: Пристап во реализирање на новите наставни Планови и Програми во одделенска и предметна

настава и запознавање со реализација и со наставните програми по изборните предмети, Унапредување на

оценувањето во предметна настава, Унапредување на наставата по математика и природните науки прв и

втор циклус, програмата Животни вештини, Ralf проект, Работа со надарени ученици, Вклучување на

Локалната заедница во образовниот процес, Запознавање на програмата по ФЗО, Администратор на Thing

qest, Работа со ученици на повеќе нивоа, Поучување со ограничени избори, Тимска настава, Зелени

училишта, Стимулативна средина за учење, IntelClassmate и користење во наставата, LinuksUbuntu – Тимови

за техничка поддршка, TOOL KIDS, Примена на интернетот во наставата по географија, ELTAM - пишување

на есеј и Обука за наставата по ТО - настава во 21 век со употреба на нови техники.

V. Планирање и реализација на дејноста на стручните органи и тела, стручните соработници и директорот

1. Наставнички совет на училиштето

Наставничкиот совет работеше според Годишната програма за работа. Планираните задачи се реализирани,

а остварени се активности како што се: Утврдување на паралелките, распоредување на наставниците по

наставни предмети, одделенски раководства, одговорни наставници на одделенски совети, одговорни на

ученички организации, слободни активности и додатна настава, Снабдување на учениците со бесплатни

учебници, Иформација за прифатени проекти, Договор за одбележување на Денот на училиштето,

Организирање на училишни натпревари по наставните предмети, Согледувања од постигнатите резултати на

учениците од училишните натпревари, Разгледување на Годишната програма за работа на училиштето,

Информации од присуствата на семинари и советувања, Анализа на резултатите по 1-то и 3-то тримесечие,

Утврдување на успехот на учениците, Согледувања од водењето на педагошката евиденција и

Page 30: Godisna Programa Prilep

документација, Разгледување на Полугодишен извештај, Информации за подготовката на училиштето за

Детските смотри

2. Совети на одделенски и предметни наставници

Одделенските совети работеа според Годишната програма за работа. Притоа се разгледуваа прашања како:

Распоред на наставниците за изведување на слободните активности, дополнителната и додатната

настава , организација на истите и избор на учениците

Избор на одговорен наставник на Одделенските совети

Реализација на наставната материја по предмети

Реализација на дополнителна, додатната настава и слободните активности

Успех, редовност, дисциплина и хигиена на учениците

Информација за ученици кои постигнале резултати на конкурси и натпревари.

Акцент беше фрлен и врз следењето на учениците кои се истакнуваа во наставата, дисциплината и

меѓудругарските односи, па одтаму овие ученици беа пофалувани. Педагошки мерки беа изрекувани на

учениците кои го попречуваа воспитно образовниот процес.

3. Одделенски раководители

Планираните содржини за одделенскиот час одделенските раководители ги реализираа во целост.

Реализирани се 1224 одделенски часови во кои се реализираа работилници од Животни вештини и

разгледувани се содржини од следните тематски целини: Општествено-морално воспитание, Рационална

организација на учењето, Развивање хумани односи меѓу половите и Професинално информирање и

насочување. Одделенските раководители во сите паралелки ги реализираа содржините не само на

одделенските часови туку и секојдневно во секој контакт и активност со учениците.

4. Стручни активи

Во училиштето работеа 3 стручни активи:

Стручен актив Одделенска настава

Стручен актив Општествено естетско и јазично подрачје

Стручен актив Природно-математичко подрачје

Тие работеа според свои изработени Годишни програми во кои беа внесени: содржините на работа во текот

на учебната година, извршителите на истите, времето на реализација, соработниците и ефектите од

работењето. Од увидите во извештаите се констатира дека планирањата се реализирани.

Page 31: Godisna Programa Prilep

5. Училишен педагог, психолог и библиотекар

Педагогот и психологот ги реализираа своите програмски задачи според Годишната програма за работа.

Учествуваа во изработката на: Годишната програма на училиштето, Полугодишните и Годишните извештаи за

работата на училиштето, Анализи по тримесечијата за работата на училиштето, Годишната програма за

својата работа. Работеа на уписот на учениците во прво одделение, при формирањето на паралеките во 1-во

и 5-то одделение, при прифаќањето и распоредувањето на новодојдените ученици. Соработуваа со

наставниците при информирањето за индивидуалните карактеристики на учениците во 1-во и 5-то одделение.

Помагаа во откривањето и следењето на надарените ученици и нивна афирмација во училиштето и надвор

од него. Голем дел од своето работно време го насочија кон следењето на учениците кои покажуваат

асоцојално поведение, доцнат на наставата, покажуваат слаб успех. Притоа соработуваа со нивните

родители, наставниците, и директорот во отстранување на овие негативни појави применувајќи

индивидуални, групни форми на советодавна работа и педагошки работилници. Професионалната

ориентација ја остварија со учениците од 8-те одделенија преку организирање и следење на презентациите

од страна на Средните училишта во Прилеп. Во текот на учебната година ја следеа работата на: стручните

органи и тела во училиштето, работата на Советот на родители на училиштето. Ја следеа реализацијата на

прифатените проекти преку подготовка и посета заради евалвација на нагледни часови. Во рамките на

програмата животни вештини реализираа работилници. Активно учествуваа во изработката на

Самоевалвацијата на училиштето. Исто така зедоа активно учество при интегралниот увид од страна на

Државниот просветен инспекторат. Своето стручно усовршување го остварија преку следење на стручната

литература и списанијата, преку учеството во работата на Стручните активи, преку обука за реализацијата на

горе наведените проекти. Уредно ја водеа својата педагошка евиденција и документација , документацијата

за тестираните деца формирајќи Ученички досиеја, и евиденцијата за учениците кои придошле или заминале

од училиштето. Во својата работа остварија најтесна соработка со директорот, со наставниците, родителите и

со институции кои се поврзани со работата на училиштето.

Библиотекарот на училиштето во текот на работата успешно соработуваше со наставниот кадар на полето на

популаризација на книгата мегу учениците и зголемување и одржување на библиотечниот фонд. Работеше во

издавањето на книги на учениците и тесно соработуваше со наставниот кадар информирајќи го за

библиотечниот фонд и новите изданија. Ја координираше работата при приемот на бесплатните учебници и

враќањето на истите во училишната библиотека. Се грижеше за снабдување на учениците со списанија и им

помагаше во изнаоѓање на соодветни содржини за изработка на ученички проекти произлезени од

реализацијата на наставата. Ја организираше постата на учениците на филмски и театарски претстави.

Активно учество имаше и во реализацијата на Годишната приредба на училиштето во рамките на Детските

смотри. Исто така неговата активност оваа година беше насочена кон реализација на сите активности околу

доделувањето на бесплатните учебници. Успешно соработуваше со директорот, педагогот и психологот во

изготвувањето на разновидни извештаи и програми за работа на училиштето.

6. Работата на директорот на училиштето

Во подрачјето Административно-организаторска работа директорот ја организираше и контролираше

целокупната работа на училиштето која беше во склад со законските прописи, насоките и одлуките на

Page 32: Godisna Programa Prilep

органите на управување. Успешно ја организираше работата на административно-техничкиот персонал за

обезбедувањето на материјално финансиски и хигиенски услови за работа.

На почетокот на учебната година пристапи кон планирање на бројот на паралелки, бројот на наставници,

одделенски раководства, додатната настава, слободните активности. Пристапи кон изготвување на Распоред

на часовите, Годишна програма за работа на училиштето и Сопствена програма за работа како и програми за

работа на Советот на родителите на училиштето и Училишниот одбор.

Работеше на полето на прифаќање на нови проекти во училиштето и прифатените проекти ги образложуваше

на состаноците на стручните тела и органи.

Во текот на учебната година врз основа на сопствената Годишна програма за работа директорот го следеше

одвивањето на наставниот процес , слободните ученички активности , додатната и дополнителната настава.

Од увидот во работата на воспитно-образовниот кадар директорот може да констатира дека изведувањето на

наставата е на завидно ниво. Исто така преку состаноците на стручните органи и тела ја следеше и

унапредуваше работата во училиштето, организираше стручно усовршување на воспитно образовниот кадар

преку интерни и екстерни семинари и советувања, соработуваше со локалната средина преку индивидуални и

групни средби со Советот на родители, Училишниот одбор и институции кои се поврзани со воспитно

образовниот процес. Директорот при реализацијата на програмата успешно соработуваше со стручните

работници. Директорот на училиштето активно учествуваше и раководеше во изготвувањето на сите видови

на планирања за успешно започнување на учебната година. Вршеше контрола на планирањата на

наставниците по сите наставни предмети и подрачја. Го контролираше водењето на педагошката евиденција

и документација и даваше насоки и помош при остранување на пропустите. Преку посета на наставните

часови го следеше одвивањето на наставниот процес и преку консултациите со наставниот кадар даваше

насоки за подигање на квалитетот на истиот. Акцент во својата работа директорот посвети на реализација на

проектите. Како резултат на тоа имаме успешно презентирање преку јавните и културните манифестации во

училиштето и надвор од него. Добрата работа на полето на додатната настава овозможи освојување на

голем број награди на општинско и регионално ниво.

Директорот обезбедуваше и создаваше услови за успешно реализирање на прифатените проекти во

училиштето и беше заинтересиран за прифаќање на нови проекти.

Ја следеше работата на стручните активи и се залагаше за нивно унапредување со воведување на нови

форми на работа и контрола на реализирањето на програмираните задачи. На полето на стручното

усовршување во планирањето, организацијата, следењето, вреднувањето и унапредувањето на наставата ги

следеше со успех семинарите наменети за директори.

На студентите од универзитетите во Република Македонија им овозможи во училиштето во соработка со

наставниот кадар да извршат хоспитација, а на наставниците почетници им обезбеди менторство од

редовите на наставниот кадар во училиштето.

Page 33: Godisna Programa Prilep

Во рамките на подрачјето Грижа за здравјето на учениците успешно соработуваше со невладини организации

за реализација на проекти како што се: Нега на забите, Превенција во малолетничката деликвенција, Дрогата

е мојот опасен непријател, и предавања за дрогата од мноштво матични лекари. За унапредување на

воспитно образовната дејност успешно соработуваше со Бирото за развој на образованието, а посебно со

одговорниот советник на училиштето. Соработуваше преку Центарот за граѓанска иницијатива со повеќе

невладини организации од градот и надвор од него, Центарот за Детско творештво, медицински центар,

центар за печат и радио, центар за социјална работа, македонски шуми, Телеком, и др.

Особено се ангажираше да обезбеди спозорирање на училиштето преку доставување на барања до

разновидни фондации, локалната самоуправа и минстерството за образование и наука, агенцијата са спорт и

млади, но исто така се ангажираше во хуманитарната акција за собирање на парични средства за децата-

социјални случаи и за бранителите на Р. Македонија.

СЕПТЕМВРИ 2009

Во соработка со РЗЗЗ се изврши комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на двете

училишта во сите простории;

Во Септември 2009 година; се изврши свечено отворање на новото, подновено, молерисано и

уредено училиште заедно со претставниците од USAID кои вложија во реновирањето на подовите од

30.000 USD со учество од Локалната самоуправа на општина Прилеп од 10 %;

Со тоа се изврши прием на првачињата и на сите останати ученици во училиштето со желби за

успешен старт на новата учена 2009/2010 година;

Училиштето ја започна својата работа како ЕКО училиште и континуирано до Јуни 2010 година

помина низ сите 7 фази во соработка со Еко организацијата ОХО;

Се изврши испраќање на предлог проекти до Американската Амбасада; Германската Амбасада;

Амбасадата на Русија; Швајцарската Агенција за рекострукција и развој; Француската Амбасада;

Холандската Амбасада; Амбасадата на Јапонија; Амбасадата на Србија; Италија; за дислокација на

котларата; оградување на училиштето; фасадирање, поплочување на дворот; промена на плочките

по ходниците, доуредување на паркот.

Се изработија и идентификациони картички за сите ученици

Се продолжи со работа во паркот- се наредија бехатон плочките по патеките; се набави украсен

камен за фонтана

Бевме посетени од Мајкл Радман- директорот на претставниците од Мировниот Корпус во

Македонија за воведување во работите за прием на волонтер во нашето училиште по Англиски јазик

на период од 2 години ; на состанокот беа утврдени кои се нашите обврски.

Најсистематично се продолжи со работата и постојаното дополнување на веб страната на

училиштетоwww.oublazekoneski.edu.mk

Page 34: Godisna Programa Prilep

ОКТОМВРИ 2009

Заради успешната соработка со USAID од нивна страна добивме покана за учествуваме во проктот

Зелени училишта и присуствувавме на работен состанок во Кавадарци со Милица Петрушевска;

Небојша Мојсовски Себијан Фејзула заедно со дел избрани училишта во Р.Македонија

На два пати одевме во расадникот Марена- Кавадарци од кадешто ги набавивме 14 украсни дрвца-

туи, елки; Истите преку работна акција ги засадивме во паркот;

Беше засеано целото семе на трева во останантите делови од паркот откако претходно со

ротофрези беше поминат цел простор и беше израмнет со грибла; од страна на директорот;

помошниот персонал и дел наставници;

Заради добивање на простор и подобри услови за работа на наставниците по ФЗО, се доизгради

просторија до училиштето каој служи како просторија за наставниците по ФЗО поради немањето на

фискултурна сала

Добивме известување дека сме добитници на дел од грантовите за развој од Фаза Модернизација 2

по однос на инфраструктура 40 %; обуки 20 %; и набавка на нагледни средства од 40 % од вкупниот

грант на 6 Е по ученик од тогашните 990 ученика.

Се изврши прием на дел компјутери и компјутерска опрема од МОН преку Проектот Компјутер за

секое дете;

НОЕМВРИ 2009

Започнаа и други обуки од USAID со Елеонора Чабукова и тоа:

o Обука на наставниот кадар за одделенска и предметна настава за “Креирање на училиште и

училници за 21 век”; со дадени констатации и препораки за реализација на истото;

o И обука повторно од Елеонора Чабукова за Интеграција на воспитно образовниот процес со

локалната средина;

Се реализира избраната обука на наставниците од добиениот грант на Модернизација 2 и

тоа : “Работа со надарени и талентирани ученици”;

ДЕКЕМВРИ 2009

Во училиштето во Варош се смени дел од застарената прозорска дограма со нова ПВЦ;

Во училиштето се поставија сандачиња за анонимни пофалби и поплаки на секој еден упатени до

директорот, секретарот, благајникот, педагошко- психолошката служба, помошниот персонал;

економот; хаусмајсторот;

Се изврши проверка на исправноста на ПП апаратите во училиштето;

Page 35: Godisna Programa Prilep

Се започна со успешната подготовка за реализација за Патрониот Празник на училиштето; со негово

осветување; посета со литературно читање во с. Небрегово во спомен домот на Блаже Конески; и

свечена програма во Народниот Театар Војдан Чернодрински;

Се изврши свечена програма и доделување на новогодишни пакетчиња од страна на Дедо Мраз и

градоначалникот на општина Прилеп; г-н Марјан Ристески на првачињата;

ЈАНУАРИ 2010

Уште еднаш се изврши комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на двете училишта во

соработка со РЗЗЗ;

Се смени целокупната подна облога на сите училници во училиштето во Варош- беше нареден

ламинат за подобрување на состопјбата и условите во учениците работат таму;

Се продолжи континуираното следење од страна на директорот со посета на нагледни часови кај

вработените и9 во одделенска и во предметна настава и во второто полугодие;

ФЕВРУАРИ 2010

Во соработка со МОН и Локалната Самоуправа на општина Прилеп градоначалникот г-н Марјан

Ристески и подрачниот советник за образование на општина Прилеп г-н Марјан Матракоски се

доделија Intel Classmates со компјутерскиот софтвер Едубунту- мали лап топи за целокупниот

наставен кадар

Училишптето учествуваше и во поединечни и во групни маски по повод Верскиот Празник- Прочка и

освои прво и трето место во категорија основни училишта на град Прилеп за поединечни маски;

Како училиште бевме домаќини на обуки на директорите и по еден професор или наставник по

Информатика и од сите основни и средни училишта за нивно обучување при понатамошна нарачка

на бесплатни учебници- обучувачи беа Неделковска Нела и Соклевски Тони;

Се изврши проверка на исправноста на комјутерската инталација од страна на Советот за

радиодифузија;

Беа доставени дополнителни продолжителни кабли и компјутерска опрема;

За зајакнување на капацитетите на Училиштните Одбори училиштето беше домаќин на јавна видео

бим презентација со истакнати гости меѓу кои и беше и г-ѓата Дивна Шиповиќ;

МАРТ 2010

Во соработка со Бирото за развој на образованието, подрачна единица Прилеп; бевме домаќини за

обуки на сите наставници од одделенска настава за користење на образовниот софтвер TOOLKID во

наставата за сите основни училишта од Прилеп и регионот; обучувачи беа Талимџиоска Даница и

Деркоска Донка;

Page 36: Godisna Programa Prilep

Се изврши мерење на дворот пред училиштето за да се испрати конкретна пресметка до

Модернизација на образованието- Фаза 2 за изведување на инфраструктурниот зафат- бетонирање

или асфлатирање на дворот во висина од предвидените средства;

Училиштето аплицираше за да добие комплетно опремување на кабинетот по Т.О од USAID во

проектот Роботека;

Во соработка со Педагошкиот факултет од Битола се започна со посета на часови на нивните

студенти по Македонски и Англиски јазик од кај нив кај нашите наставници со високо образование кои

им беа нивни ментори и подучувачи;

Се досади остатокот на трева во паркот и се постави мрежна електрична инсталација под земја;

Се набавија 1000 луковици на жолти и црвени лалиња од Семенарна од Скопје;

Се изврши проверка на исправноста на громобранската инсталација;

Во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување се докомплетира Планот за евакуација за

учениците и вработените при елементарни непогоди;

Бевме посетени од страна на координаторите од Зелениот Пакет од Кавадарци и Неготино- Данче

Димчева и Горан Кимов за да се види до каде е напредокот и постигнувањата по однос на работата

на Зелениот Клуб од нашето училиште;

АПРИЛ 2010

Се направи барање до ЕВН за промена на тарифниот модел на плаќање на електрична енергија од

скапа индустриска струја на норамлен тарифен модел;

Се набави нов канцелариски мебел за во наставничка канцеларија од сопствени средства;

Во соработка со Сојуз на училиштен Спорт на општина прилеп; заради претходно постигнатите

успеси и резултати на нашите ракометарски; одбојкарски и екипи во мал фудбал бевме почесни

домаќини во организација и сместување на 5 екипи во категорија ракомет за основни училишта и тоа:

една од Велес; две од Скопје; една од Штип и нашата екипа која го освои третото место и го освоиме

приматот за НАЈСПОРТСКО училиште на ниво на Р.Македонија;

Дипломата за најспортско училиште беше доделена на нашето училиште во свечен чин кога први и го

поставивме македонското знаме на 11 меатрски јарбол во паркот како наше национално обележје и

битие;

Во соработка со Друштвото на писатели на Р.Македонија бевме организатори и домаќини на

литературно читање на Македонски јазик кое се одржа во конкуренција на младуи рецитатори од

сите основни училишта во градот имаше и присуство на истакнати поети;

Се изврши посета на Саемот на книгата - Либрографика- Скопје;

Page 37: Godisna Programa Prilep

Инфраструктурно и тековно се доуредуваше паркот; во третиот концентричен круг се засадија

лалињата во форма на македонското знаме;

Беа повторно доставени нови копјутери и тенки клиенти и мали компјутерчиња за во одделенска

настава;

Училиштето зеде активно учество за денот на дрвото во и околу училиштето како и изведување на

работна акција во месноста Песјобрдце;

Се иврши работен состанок во Битола за директорите по однос на постапувањата во рамките на

Зелениот Пакет и самата апликација;

Се изврши работен состанок за координаторите на Зелениот Пакет од нашето училиште во Скопје;

По повод Денот на Плантетата Земја училиштето со една нескојдневна и уникатна изработка на

Планетата Земја учествуваше на Хепенингот во Скопје на покана на Претставниците од Зелениот

Пакет на USAID од Скопје;

Бевме организатори и домаќини на двата регионални натпревара по Географија и Историја и ги

освоивме првите две пои Географија за основни училишта; односно прво, второ и трето место на

натпреварот по Историја;

МАЈ 2010

По повод Деновите на Крали Марко; во соработка со отсекот на Култура при Локалната Самоуправа

на општина Прилеп; нашите ученици од Варош од 1- 4 оддление зедоа активно учество; го цртаа

Крали Марко на мулимедијалното плато во Варош; а учениците од 4 одд; осмолетка извршија посета

на поголемите цркви во Варош и на Манастирот Св. Архангел Михаил;

Училиштето учествуваше во натпреварот организиран од УСАИД за конкретно претставување на

идејниот предлог проект со своја изработка на шемата за поврзување на бунарот со санитариите;

Бевме сесрдни домаќини на сите презентации на програмите од Средните училишта во градов;

Музичкото училиште; како и Средното Угостителско училиште Наум Наумовски- Борче и исто и бевме

нивни гости во Крушево на нивниот отворен ден за професионалната ориентација на нашите

ученици;

Училиштето заслужено се прикажа во своето реално најпозитивно светло во сите аспекти на своето

работење на четиридневната исцрпна и работна инспекциска посета и надзор на Државниот

Просветен Инспекторат;

Освоивме прво место на оркестарските смотри и второ место на хорските смотри во О.У Гоце

Делчев- Прилеп на државно ниво со советничката Анкица Витанова;

Својата програма ја презентираше во организирање на Ученичките смотри 2010 год; на 11 Мај;

кадешто имаше прекрасна и издржана со внимание од почеток до крај програма;

Page 38: Godisna Programa Prilep

Добивме известување дека сме го добиле проектот за опремување на кабинетот по Т.О од страна на

USAID за во Август 2010 и се обезбедија квалитетни обуки на наставниците по ТО во Охрид;

Директорката активно учествуваше на тридневниот семинар - обука за “Интеграција на животната

средина во рамките на воспитно- образовниот процес во Р.Македонија”; програма што училитето

во свои рамки и минатата учебна година ја изведуваше само што тогаш не беше официјализирана од

МОН со одредени задолженија што ќе треба да се имплементираат во планирањата на

наставниците;

Добивме известување од Германската Амбасада- дека проектот за дислокација на котларата со

промена на начинот на греење од тврдо во течно гориво во рамките на училиштето ќе биде

реализиран со поддршка од МОН и Локалната Самоуправа на општина Прилеп;

За таа цел секретарот на Амбасадата на Р.Германија во Македонија- г-н Франк -Штесел и

специјализантот за инфраструктура Ванчо Ефимов беа во посета на нашето училиште а ние им

подготвивме свечен прием и пригодна програма;

Училиштето испрати апликација до Гете Иститутот за одобрение за рано изучување на Германскиот

јазик од 1 одд;

Бевме посетени и по трет пат од од страна на координаторите од Зелениот Пакет од Кавадарци и

Неготино- Данче Димчева и Горан Кимов за да се види до каде е напредокот и постигнувањата по

однос на работата на Зелениот Клуб од нашето училиште; но овој пат и од Илир Ајази- координатор

на целиот проект;

Масите во наставничка канцеларија се поправија со нов медијапан и дел од средствата за смотрите

се потрошија на набавка на нови 20 столици за во наставничка канцеларија;

Во соработка со Зенит Петка повторно и оваа учебна година имавме најнаставник- Попова Борка и

најученик Забрчанец Марија

Повторно бевме посетени од страна на координаторите од Зелениот Пакет од Кавадарци и Неготино-

Данче Димчева и Горан Кимов за да се види до каде е напредокот и постигнувањата по однос на

работата на Зелениот Клуб од нашето училиште;

Добивме известување дека ќе може да се реализира проектот од Зелениот пакет на УСАИД во

висина од 1600 USD од кои 800 се од USAID а 800 од Локалната самоуправа на општина Прилеп; за

да го поврземе бунарот со санитариите и да заштедиме на вода;

За да се испрезентира работата на училиштето; директорката учествуваше во интервју во Канал

Визија во емисијата Граѓански прашалник; исто за прв пат се пушти и реклама на Канал Визија за

работата на О.У Блаже Конески- Прилеп;

На барање на учениците од 8 одд.се изработи по втор пат училиштно табло за спомен.

Page 39: Godisna Programa Prilep

На претходно склучена соработка со Сојузот на Синдикатот на Р.Македонија со одредени фирми

директорите од сите основни училишта учествуваа на презентација во Кристал Палас;

ЈУНИ 2010

Наш ученик учествуваше во кампот Роботека од USAID на Пелистер; и двајца наши ученици

учествуваа на летниот камп во Охрид организиран од ФУСМ како награда за постигнатите успеси и

резултати на тие полиња;

Се донаместија плус парна- радијатори како појачување во најоддалечените кабинети по Физика и

Хемија на втор и трет спрат;

Комлетно се исчисти визбата во Варош; неисчистена темелно од 1926 година па наваму;

Во соработка со Гете институтот на нивно барање а со наше искрено задоволство беме домаќини на

литературно читање од нивна страна на истакнатиот Швајцарски писател Јирг Шубигер на тема:

Среќни и несреќни случки: каде присуствуваа директорот на Гете Институтот Томас Дигхаус и

претставници- директори и професори и ученици по Германски јазик од сите основни и средни

училишта во градот;

Се обезбеди Зелено светло од Гете институтот за добивање на дозвола за рано изучување на

Германскиот јазик; училиштето на претходно реализираана анкета и поддршка од 34 родители и

испрати Барање до МОН;

На родителите во наставничка канцеларија им изврши обука и видео бим презентација за значењето,

важноста улогата и функцијата од раното изучување на Германскиот јазик од прво одделение;

Училиштето доби поддршка од Сојуз на училиштен Спорт Прилеп и е во активни контакти со МОН за

изградба на фискултурна сала;

Доби и копија од деталниот урбанистички план за негово идно оградување;

Во училиштето се доисчистија и се молерисаа и се обоија со мрсна боја цоклињата на уште две

простории коишто не беа поминати во претходниот период;

Во соработка со Единицата за безбеденост во сообраќајот во Големата сала на општина Прилеп се

доделија нови табли со разни видови на сообраќајни знаци за потребите од наставата;

Средствата добиени од ФУСМ за учество и освоени награди ќе ги искористи за набавка на разни

спотрски реквизити и помагала за унапредување на предметот Физичко и здравсвено образование;

Се врши допрецизирање на утврдување на висина на средства за дислокација на котларата од

Германската Амбасада; Министесрството за образование и Наука на Р.Македонија и Локалната

Самоуправа на општина Прилеп.

Page 40: Godisna Programa Prilep

Сите активности пропратени со фото галерија ги има на нашата веб

страна www.oublazekoneski.edu.mkкојашто постојано се надоградува и дополнува.

VI. Успех на учениците на крајот од учебната година

Успехот на учениците на ниво на училиште IV - VIII е 4,03. Од I-IV одделение средниот успех е 4,31, а

средниот успех од V до VIII е 3,94.

Оваа учебна године еден ученик во 7-мо одделение повторува и 8 ученици во августовскиот испитен рок се

упатени на поправен испит по англиски јазик.

Со намалено поведение оваа учебна година се 12 ученици од кои на 10 им е намалено поведението на

Добро, а на 2 поведението им е оценето со Незадоволително.

Од 1-во до 3-то одделение учениците се описно оценети. Најдобар среден успех од 4-то до 8-мо одделение

постигнаа паралелките:

Во четврто одд. деветтолетка највисок среден успех 4,42 има IV-3 одделение

Во четврто одд. осмолетка највисок среден успех 4,49 има IV-2 одделение

Во петто одд. највисок среден успех 4,26 има V-1

Во шесто одд. највисок среден успех 4,62 има VI-3 одделение

Во седмо одд. највисок среден успех 3,88 има VII-4 одделение

Во осмо одд. највисок среден успех 4,17 има VIII-4 одделение

Споредено помеѓу одделенијата од IV до VIII највисок среден успех од 4,62 има 6/3 одделение. Во

одделенска настава највисок среден успеход 4,49 има 4-2 одделение-осмолетка, а во предметна настава има

6/3 одделение со 4,62 .

Од наставните предмети во 4-то одделение со највисок среден успех кај образовното подрачје се издвојува

Македонски јазик со 4,22, а од естетското подрачје предметот Физичко образование со 4,79. Од наставните

предмети во предметна настава со највисок среден успех кај образовното подрачје се издвојуваат: француски

јазик со 4,75, а од естетското подрачје предметот Физичко образование со 4,72.

На ниво на училиште направени се вкупно 24027 изостаноци од кои 20913 се оправдани, а 3114 се

неоправдани. Од 5-то до 8 одделение вкупно се направени 16351, оправдани се 13237, а неоправдани 3114.

Во одделенска настава направени се вкупно 7676 изостаноцо, од кои сите се оправдани.

VII. Педагошка евиденција и документација

Page 41: Godisna Programa Prilep

Педагошката евиденција и документација се водеше одговорно од страна на наставниот кадар со мали

пропусти кои навреме беа отстранувани што е констатирано од просветниот инспектор во записниците при

увидите во одделенските дневници, главните книги и записниците.

VIII. Заклучни согледувања и предлог мерки за подобрување на состојбите и за унапредување на дејноста

Од работата на училиштето во извештајниот период во сите подрачја на наставата и воннаставата можеме

да бидеме задоволни тргнувајќи од објективните тешкотии што се појавија во почетокот и во текот на

учебната година.

Оваа учебна година училиштето посебно успешно беше на полето на:

Градење на ситем за откривање и следење на надарените ученици во наставата и воннаставата

Едукација на наставниците од одделенска настава за примена на Intel Classmate лаптопите преку

дисеминација.

Изготвување на самоевалвација.

Имплементацијата на деветолетката,

Ажурирање на Web страната на училиштето,

Работата на стручните активи,

Планирањето, организирањето и работата на слободните активности, дополнителната и додатната

настава.

Резултатите на учениците на општинските и регионалните натпревари и презентирањето на

училиштето на мноштво јавни и културни манифестации

Реализацијата на Проектите кои ја осовременија наставата (Унапредување на оценувањето во

предметна настава, Унапредување на наставата по математика и природните науки и програмата

Животни вештини).

Примена на стандардите и критериумите при оценувањето.

Приоритени работни задачи и активности во наредната учебна година за училиштето ќе

претставуваат:

Отвореност на училиштето за прифаќање на новите проекти во образованието и унапредување на

постоечките.

Изготвување на Развоен план на училиштето.

Ефикасно користење на компјутерите во наставата и воннаставата.

Page 42: Godisna Programa Prilep

Изготвување на план за работа со надарени ученици и негова реализација.

IX. Анекс кон Годишниот извештај

Кон Годишниот извештај за работата на училиштето во учебната 2009/10 година прикажан е средниот успех

по предмети од редовната настава и изборните предмети, бројот на одржани часови, поведението,

изречените педагошки мерки, изостаноци, бројност и национален состав на учениците и движењето на истите

во текот на учебната година.

Директор, Марија Дулевска

Извештаи од посета на часови - учебна 2010/11 година

Почетна » Извештаи од посета на часови - учебна 2010/11 година

За училиштето

За патронот

Статут на ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп

Брошура за ученици и родители

Распоред за времетраењето на училишните часови и одморите

Распоред за дежурство на наставниците и помошниот персонал

Училиштен одбор

Планови за евакуација

Финансии и финансиско работење

Правилници и задолженија

Учество на ученици на конкурси и натпревари во учебната 2009/10 година

Програми и извештаи

Годишна програма за учебната 2010/11 година

Годишен извештај за учебната 2009/10 година

Годишен извештај за учебната 2008/09 година

Оперативна годишна програма за воспитно образовна работа во учебната 2009/10 година

Page 43: Godisna Programa Prilep

Извештаи од одделенски и наставнички совети

Извештаи од посета на часови - учебна 2010/11 година

Извештаи од посета на часови - учебна 2009/10 година

04ти Ноември 2010

Извештај од посета на час кај Котевска Лидија

03ти Ноември 2010

Извештај од посета на час кај Белокоска Сузана

o Материјали од часот

Извештај од посета на час кај Јанческа Мариче

o Дневна подготовка

Извештај од посета на час кај Јованоска Љубица

Извештај од посета на час кај Велкоски Љупчо

27ми Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Бабаноски Бранко

o Презентација за Технички Материјали

o Презентација за ХАРТИЈАТА И КАРТОНОТ КАКО ТЕХНИЧКИ МАТЕРИЈАЛ

Извештај од посета на час кај Неделкоска Марија

26ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Ангелески Дејан

Извештај од посета на час кај Димоска Наде

Извештај од посета на час кај Николоски Тони

Page 44: Godisna Programa Prilep

25ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Ангелеска Евгенија

Извештај од посета на час кај Јонческа Катерина

o Подготовка за часот

Извештај од посета на час кај Ристеска Наташа

Извештај од посета на час кај Трајкоска Илинка

22ри Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Џокоска Гордана

Извештај од посета на час кај Габриела Стевананџија

o Методски приказ

21ви Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Бузеска Лилјана

20ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Апостолоска Анка

Извештај од посета на час кај Ефтимоски Ицко

Извештај од посета на час кај Магдеска Марга

Извештај од посета на час кај Мазнејкова Вера

19ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Антулеска Васе

Извештај од посета на час кај Богданоски Игор

Извештај од посета на час кај Кочоска Валентина

Извештај од посета на час кај Маркоска Виолета

Page 45: Godisna Programa Prilep

o Дневна Подготовка

Извештај од посета на час кај Спиркоска Милка

Извештај од посета на час кај Темелкоска-Ристеска Павлинче

15ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Дивјакоски Цветан

Извештај од посета на час кај Христоска Виолета

Извештај од посета на час кај Мојсоска Весна

14ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Костадиноски Илија

Извештај од посета на час кај Котевска Олга

Извештај од посета на час кај Мургоска Бети

Извештај од посета на час кај Талеска Вики

13ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Дичоски Драшко

Извештај од посета на час кај Попова Борка

12ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Мишески Петре

Извештај од посета на час кај Наумчески Димчо

07ми Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Бошкоска Ана

06ти Октомври 2010

Извештај од посета на час кај Звездоска Павлина

Извештај од посета на час кај Смугреска Дијана

Извештај од посета на час кај Магероска Снеже

Извештај од посета на час кај Димеска Марија

Page 46: Godisna Programa Prilep

Извештај од посета на час кај Црвенкоска Весна

o Материјали од часот

Оперативна годишна програма за воспитно образовна работа во учебната 2009/10 година

Почетна » Оперативна годишна програма за воспитно образовна работа во учебната 2009/10 година

За училиштето

За патронот

Статут на ООУ „Блаже Конески“ - Прилеп

Брошура за ученици и родители

Училиштен одбор

Планови за евакуација

Програми и извештаи

Годишна програма за учебната 2010/11 година

Годишен извештај за учебната 2009/10 година

Годишен извештај за учебната 2008/09 година

Оперативна годишна програма за воспитно образовна работа во учебната 2009/10 година

Извештаи од одделенски и наставнички совети

Извештаи од посета на часови - учебна 2010/11 година

Извештаи од посета на часови - учебна 2009/10 година

Годишната програма на ОУ Блаже Конески - Прилеп е изработена во согласност со чл.35 од Законот за

основното образование и е во согласност со чл.9 и чл.68 од Статутот на училиштето. Истата е разгледана од

Училишниот одбор на ден 31.08.2009 година.

ОПЕРАТИВНАГОДИШНА ПРОГРАМА

Page 47: Godisna Programa Prilep

за работа на ОУ Блаже Конески - Прилеп во учебната 2009/10 година

I. Вовед

Основното училиште Блаже Конески од Прилеп е развиено основно училиште. Во него се организира настава

за осмолетка и согласно законот за основно образование настава за деветтолетка. Основното училиште

работи во две згради. Едната е сместена во населбата Точила на ул. Самоилова број 15 и отпочна со работа

во 1986 година, а другата се наоѓа во населбата Варош на ул. О.Чопела бб каде се изведува настава од 1-во

до 3-то одделение деветтолетка и 3 и 4 одделение осмолетка, а започнало со работа во 1928 година.

Во претходната учебна година беше остварена основната дејност воспитание и образование на учениците и

притоа се постигна просечен среден успех на ниво на училиште од 3,93 што е за 0,2 понизок од учебната

2007/08 година .

Содржина

1. Вовед

2. Приоритетни задачи

3. Услови за работа

4. Организација и реализација на воспитно образовната работа

5. Вон наставни активности

6. Ученички натпревари и конкурси

7. Заедници на учениците

8. Професионална ориентација на учениците

9. Производствена и друга општествено корисна работа

10. Наставни екскурзии и излети

11. Грижа за здравјето на учениците

12. Соработка со локалната средина

13. Следење, вреднување и унапредување на воспитно - образовната работа

14. Стручно и педагошко усовршување на наставниците, директорот и стручните работници

15. Стручни органи и тела

Page 48: Godisna Programa Prilep

16. Управување и раководење

17. Управување и раководење

18. Административно - технички служби

Минатата учебна година приоритетни задачи беа:

Издавање на училишен весник

За реализација на истата беа формирани оснивачки и уредувачки одбори од редовите на наставниот кадар и

директорот. Оваа приоритетна задача се реализира со издавање на еден број од училишниот весник под

наслов Нова Стерна кој имаше за цел информирање на учениците и родителите за постигањата на

училиштето.

Имплементација на проектите во училиштето

За реализација на оваа приоритетна задача се формираа тимови кои имаа задача да ја следата

имплементацијата на проектите при што тимовите изготвија Акциони планови според кои го вршеа следењето

на истите. Според извештаите на тимовите имавме успешна реализација и имплементација на проектите:

Унапредување на оценувањето во основното образование, Унапредување на наставата по математика и

природните науки и Реализација на програмата Животни вештини во одделенска настава.

Изработка на училишна Веб страна

И оваа приоритетна задача успешно се реализира што може да се види ако се отвори интернет

станицатаwww.oublazekoneski.edu.mk преку која успешно го презентиравме училиштето во јавноста и ги

запознавме родителите и учениците со постигнувањата.

МИСИЈА:

Училиштето е јавна воспитно образована институција во која учениците се стекнуваат со квалитетни знаења.

Нуди добри просторни услови и опременост. Подготвено е да прифаќа промени, отворено е за соработка и

добра комуникација со родителите, институциите и локалната средина.

ВИЗИЈА:

Училиштето ќе биде посакувана средина во која учениците напредуваат според своите индивидуални

способности со почитување на детската личност. Ќе се негува позитивна училишна клима, професионализмот

во работата и градењето на демократски односи.

II. Приоритетни задачи

Во текот на оваа учебна година покрај реализацијата на сите наставни и воннаставни планирања предвидени

со Годишната програма приоритетни задачи на училиштето ќе бидат:

Page 49: Godisna Programa Prilep

1. Градење на систем за откривање и следење на надарените ученици во наставата и вон наставата. 

Очекувања: Изграден систем за откривање и следење на надарените ученици во наставата и вон

наставата. 

Кој: Директорот, стручните соработници и наставници. 

Како: Едукација на наставниот кадар за работа со талентирани ученици преку Проектот

Модернизација во образованието, избор на форми и методи за откривање на надарените ученици и

изработка на евидентни листови за следење. 

Кога: Во текот на второто полугодие.

2. Обука на наставниците за употреба на компјутерскиот софтвер Едубунту. 

Очекувања: Ефикасно користење на компјутерите во наставата и вон наставата. 

Кој: ПЕП проектот. 

Како: Преку работилници. 

Кога: Во текот на второто полугодие.

3. Изготвување на самоевалвација 

Очекувања: Утврдување на јаките и слабите страни во работата на училиштето. 

Кој: Тимовите за самоевалвација. 

Како: преку проверка на педагошката евиденција и документација, анкети, интервјуа, набљудувања,

посета на часови и т.н. 

Кога: Учебна 2009/10 година.

4. Реализација на промените во образовниот систем на основното образвование т.е. трансформација

во деветтолетка. 

Очекувања: Вградување на промените во наставните планови и програми на наставниот кадар од

ОУ Блаже Конески. 

Кој: директор, стручни соработници, претседатели на стручни активи, наставниците. 

Како: учество на семинари, работа на стручните активи врз промените и изготвување на соодветна

документација. 

Кога: учебна 2009/10 година.

III. Услови за работа

И оваа учебна година наставата ќе се изведува во две смени во зградата во населбата Точила и тоа: прва

смена: 2-ро (деветтолетка) 4-то (деветтолетка), 5-то и 7-мо одделение и две паралелки од 1-во

(деветтолетка) и втора смена: 3-то (деветтолетка), 4-то (осмолетка), 6-то и 8-мо одделение и две паралелка

од 1-во (деветтолетка). Во училиштето во населбата Варош наставата ќе се изведува во една смена-

одделенска настава од осмолетка и деветтолетка.

Во зградата во Варош, таванот е изграден од греди и трски и е потребно реновирање. Проблемот со

осветлувањето кое не одговара на потребите заради дотраеноста на електричната инсталација ќе се реши со

проектот Модернизација во образованието. Просториите во оваа зграда се наменети за изведување на

Page 50: Godisna Programa Prilep

одделенска настава и во целост ги задоволуваат просторните потреби освен просторијата во која е сместено

прво одделение, чие прилагодување е една од приоритетните задачи на училиштето.

Училишниот двор од зградата во населбата Точила е делимично ограден што претставува проблем за негово

уредување и одржување. Зградата во оваа населба располага со 16 кабинети за изведување настава по

Физика, Хемија, Информатика, Биологија, Музичко воспитување, ТО, Ликовно воспитување, Македонски јазик,

странски јазици, Историја, Географија, Математика и Физичко воспитување, 11 училници за одделенска

настава и 7 административни простории. На приземјето се наоѓа библиотеката и забна амбуланта за

потребите на учениците.

Во склоп на училиштето, како посебен објект, е топланата која е лоцирана на оддалеченост од 150-200 м. од

училиштето. Таа има 2 котли и работи на тврдо гориво од кои едниот е во употреблива состојба. Проблем

претставува дотурот на јаглен до магацинскиот простор, но пред се неможноста да се обезбеди работна

температура за време на зимскиот период што произлегува од големото растојание помеѓу топланата и

училиштето, неизолираноста на подземно водените цевки, дотраеноста на сигурносниот вентил и

експанзивниот сад, срушениот оџак на котларата и оштетувањата на кровот што бара итна санација. Оттука

за да наставата тече во нормални услови и без прекини најдоброто решение е дислокација на котларата во

непосредната близина на училишната зграда со промена на греењето од тврдо во течно гориво.

За наставата по Физичко образование во недостиг на мала или голема сала, еден од кабинетите (ТО - дрво) е

прилагоден за импровизирање на настава по Физичко образование. За потребите по Физичко образование

има изградено ракометно и кошаркарско игралиште. Во училиштето има просторија за библиотека.

Училиштето е снабдено со клупи, столчиња и табли кои се во употреблива состојба. Во зградата во

населбата Варош, освен во една просторија, клупите, столчињата и таблите се застарени и неупотребливи.

Сите простории имаат витрини за чување и сместување на наставни помагала и нагледни средства.

Канцелариите во училиштето и просториите за подготовка на наставниците се опремени со канцелариски

мебел кој е во употреблива состојба. Секоја училница и кабинет има вода и одвод. На секој спрат постојат

женски и машки клозети за учениците.

Пред влезот во зградата има училишен простор кој што се состои од плато за учениците кое не е

асфалтирано и земјено фудбалско игралиште. Во цела должина на училишната зграда се наоѓа парк кој е во

фаза на уредување и ставање во функција за наставата и учениците. Проблем претставува неограденоста на

училиштето затоа што училишниот двор се користи како паркиралиште на месното население, а земјеното

игралиште за изградба на сушални за тутун со што се загрозува безбедноста на учениците, но и хигиената

како во училиштето така и во училишниот двор. Училниците и ходниците се украсени со жардинјери со цвеќе,

слики, изложбени паноа, изработени проекти, дипломи и пофалници доделени на училиштето за освоени

места на разновидни натпревари и конкурси, пароли, изработки на учениците, фотографии, катчиња за

секции и т.н. На приземјето се наоѓа бина која што се употребува при разновидни манифестации.

Page 51: Godisna Programa Prilep

ТАБЕЛАза развојно планирање на приоритетни задачи за подобрување на условите за работа во

училиштето

Приоритени задачи Време на реализација Извори на финансиски средстваПотребни финансиски

средства

1. Оградување на

училиштето во населбата

Точила и населбата Варош

Учебна 2009/10 година локалната самоуправа

невладини организации

спонзорства

15.000 евра

2. Дислоцирање на котларата

и инсталирање на котел на

течно гориво

Во период од следните

три учебни години

локалната самоуправа

невладини организации

спонзорства

30.000 евра

3. Реконструкција на

електричната инсталација во

подрачното училиште во

населбата Варош и други

инфраструктурни зафати

Учебна 2009/10 година

Проект Модернизација во

образованието

локалната самоуправа

Министерството за

образование и наука

20.000 евра

4. Изградба на фискултурна

салаУчебна 2009/10 година

локалната самоуправа

невладини организации

спонзорства

Министерството за

образование и наука

250.000 евра

5. Проширување на

училницата за прво

одделение во населбата

Варош

Учебна 2009/10 година

Проект Модернизација во

образованието

локална самоуправа

1.000 евра

ТАБЕЛАна просторот, опремата и намештајот

Page 52: Godisna Programa Prilep

Просторија Бројна состојба Опрема Намештај

Училници

Одделенска настава: 19

Графоскоп

Дијаскоп

Модели

Слики

Телевизор

видеорекордер

клупи

столчиња

табла

катедра

шкаф

Кабинети Предметна настава: 18

графоскоп, дијаскоп,

модели, слики, телевизор,

видеорекордер, компјутери,

печатачи, скенер, дигитална

камера

опрема за предметите по:

хемија, биологија, физика,

ТО и музичко образование

клупи

столчиња

табла

катедра

шкаф

Физичко

образование

Прилагодена училница за

сала

Отворени асфалтирани

игралишта за: ракомет и

кошарка

Земјени игралишта за:

одбојка и фудбал

јарец, душеци, топки, греда

стативи- голови, кошови

катедра, столче,

табла

Помошни

простории

за подготовка на

наставниците: 12 Нагледни средства

Маса

Столчиња

Шкаф

Жардинјери

Канцеларии Директор: 1

Стручни работници: 2

компјутер

графоскоп

работни маси

столчиња

Page 53: Godisna Programa Prilep

Административни

простории: 2

Прием на родители: 1

Наставничка канцеларија

шкафови

жардинјери

Забна амбуланта една просторија - -

Библиотека

разгласен систем

ученичка

литература,списанија,струч

на литература

Сталажи за книги

клупи

столчиња

табла

Опременоста на училиштето со наставни средства и технички помагала не е на задоволително ниво бидејќи

дел од нив се застарени или пак се во неисправна состојба. Со проектот Модернизација во образованието

делимично се пополнија недостатоците, но тоа не значи дека училиштето не чувствува потреба во иднина

дополнително да се вложува на ова поле.

Училиштето располага со наставни средства кои се дадени во прегледот што следи, но дел од нив се

застарени или во неисправна состојба. За жал училиштето не може да ги обнови или да ги отстрани

дефектите кај истите заради недостиг на материјални средства.

ПРЕГЛЕДна наставни средства

Аудио-Визуелни средства Исправни Неисправни Вкупно

Компјутери 42 - 42

Печатачи 3 2 5

Скенер 2 - 2

Факс-фотокопир-печатач 1 - 1

Page 54: Godisna Programa Prilep

ТВ апарати 5 - 5

LCD проектор и платно 1x1 - 1x1

DVD плеер 2 - 2

CD плеер 8 - 8

Видеорекордери 2 1 3

Графоскопи 2 5 7

Епидијаскопи - 8 8

Дијапроектори - 2 2

Кинопроектори - 3 3

Музички систем 1 - 1

Пијанино 1 - 1

Page 55: Godisna Programa Prilep

Мандолини 30 - 30

Мандоли 9 - 9

Гитари 4 - 4

Контрабас 2 - 2

Радиокасетофони 3 1 4

Вкупно 116 22 138

IV. Ученици и паралелки

Оваа учебна година во училиштето се запишани 959 ученици распределени во 39 паралелки. За паралелките

со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата ќе се изведува на македонски јазик, а од странските јазици ќе се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 8-мо одделение, Германски јазик од 6-то до 8-мо одделение и Француски јазик во 6-то одделение.

ПРЕГЛЕДна бројот на паралелките за учебната 2009/2010 година

Одделение Број на паралелки Број на ученици

1-во (деветтолетка) 5 109

2-ро 4 100

3-то 4 96

Page 56: Godisna Programa Prilep

4-то 4 110

5-то 4 90

5-то (деветтолетка) 5 115

6-то 4 95

7-мо 4 112

8-мо 5 132

Вкупно 39 959

ПРЕГЛЕДна бројот на ученици по паралелки, пол во одделенска, во предметна настава од 1-во до 8-мо

одделение

Одд. Парал Одд. раководителБрој на

ученицимашки женски

I

Вар.

1 Димеска Марија 22 10 12

2 Смугреска Дијана 22 12 10

3 Стевананџија Габриела 22 9 13

4 Звездоска Павлина 20 6 14

5 Трпкоска Лилјана 23 9 14

Вкупно 1,2 1смена, 3,4 2смена 109 46 63

II

Вар.

1 Мишески Петре 28 17 11

2 Наумчески Димчо 27 15 12

3 Попова Борка 31 19 12

4 Костадиноски Илија 14 9 5

Вкупно 1смена 100 60 40

III

Вар.

1 Јованоска Ружа 27 12 15

2 Дичоски Драшко 28 12 16

3 Белокоска Сузана 26 15 11

4 Мургоска Елизабета 14 7 7

Вкупно 2смена 95 46 49

Деветолетка IV

Вар.

1 Трајкоска Илинка 29 17 12

2 Ристеска Наташа 29 18 11

3 Црвенкоска Весна 29 14 15

4 Талеска Викторија 22 10 12

Вкупно 1смена 109 59 50

Осмолетка

IV

1 Бошкоска Ана 25 12 13

2 Велкоски Љупчо 23 11 12

3 Ѓокоска Гордана 25 13 12

Page 57: Godisna Programa Prilep

Вар.4 Котеска Олга 17 8 9

Вкупно 2смена 90 44 46

Вкупно 1-4 503 255 248

V

1 Мазнејкова Вера 24 12 12

2 Бузезка Лилјана 24 12 12

3 Спиркоска Милка 24 12 12

4 Христоска Виолета 24 12 12

5 Андоноски Петар 24 12 12

Вкупно 1смена 114 58 56

VI

1 Неделкоска Марија 24 12 12

2 Магдеска Маргарита 24 12 12

3 Клекачкоски Благоја 23 10 13

4 Антулеска Васе 23 7 16

Вкупно 2смена 94 41 53

VII

1 Спасеска Милева 30 14 16

2 Мојсоска Весна 27 13 14

3 Димеска Наде 26 12 13

4 Ристеска Проданоска Наташа 25 12 15

Вкупно 1смена 112 53 58

VIII

1 Дивјакоски Цветан 22 13 9

2 Котески Цветан 25 15 10

3 Бабаноски Бранко 27 17 10

4 Ефтимоски Ицко 28 18 10

5 Апостолоска Анка 26 15 11

Вкупно 2смена 128 78 50

Вкупно 5-8   448 230 217

Вкупно 1-8   951 485 465

Наставен, раководен и друг стручен кадар

Од горе наведениот кадар во училиштето се вработени: директор, помошник на директорот, педагог,

психолог, библиотекар, 53 наставници (од нив 25 се професори). Од нив 21 наставници се во одделенска

настава, а останатите се во предметна настава. Тројца наставници дополнуваат во други училишта, а седум

наставници дополнуваат во нашето училиште. Според степенот на образование сите наставници ги

задоволуваат законските одредби за изведување на настава, а според работното искуство повеќето од нив се

со богато работно искуство.

Page 58: Godisna Programa Prilep

Напомена: Прилогот за наставниот и другиот стручен кадар со работни задолженија во тековната учебна

година е составен дел на оваа програма.(Прилог бр.1)

Организација и реализација на воспитно образовната работа

Настава

Оваа учебна година наставата во зградата во населбата Точила ќе се изведува во две смени. Првата смена

со настава ќе започнува во 7,15 часот, а втората смена во 13,00 часот. Во зградата во населбата Варош

наставата се изведува во една смена со почеток во 8,00 часот. Наставниот час ќе трае 40 минути.

Во училиштето работи и библиотека. Покрај задолжителната ученичката лектира, слободната ученичка

лектира, стручната литература за наставниците, стручните списанија и детските списанија во истата е

сместена и читална. Библиотеката работи од 7,00 до 15,00 часот и на тој начин ги опфаќа двете смени.

Согласно со Календарот за работа во Основното образование ОУ Б. Конески во текот на учебната 2009/10

година ќе се реализираат 180 наставни денови, во кои влегува 19.12.2009- Денот на училиштето. Учебната

година започнува на 1 Септември 2009 година, а завршува на 31 Август 2010 година. Наставната година

започнува на 1 септември 2009 година, а завршува на 10 јуни 2010 година. Според календарот зимскиот

одмор на учениците започнува на 31.12.2009 и трае заклучно до 19.01.2009 година.

Напомена: Календарот за работа на училиштето во тековната учебна година е составен дел на оваа

програма.(Прилог бр.2)

Планирање и подготовка на наставата

Планирањето и подготовката на наставата наставниците ќе го вршат врз основа на моделите за планирање

предложени од Бирото за развој на образованието. Наставниот кадар до 1 септември доставува Годишно

глобално и Тематско планирања на наставата, планирања за часот на ученичката заедница на паралелката,

додатната настава и слободните ученички активности.

Во текот на учебната година наставниот кадар ќе изготвува дневни подготовки за наставните часови и

неделно оперативно планирање на наставата.

Изведување на наставата

Распоредот на наставните часови во одделенска и предметна настава е составен дел на Оперативната

Годишната програма за работа на училиштето.

Наставата од 1-во до 4-то одделение се одвива во класични училници, а од 5-то до 8-мо одделение се

изведува во кабинети.

Видови настава

Наставата се организира и изведува според програми за задолжителни и изборни наставни

Page 59: Godisna Programa Prilep

предмети што се изучуваат според Наставниот план за основното образование.Со постојните материјално, технички и кадровски услови во нашето училиште оваа учебна година ќе бидат застапени следните изборни предмети:

Изборни предметиОдделение во кое ќе се

изведуваат

Број на часови

неделно

Број на

групи

Број на

ученициНаставници

Запознавање на

религиите5-то одделение 2 5 102 Гоце Арсов

Класична Кул.на е.ц. 5-то одделение 2 1 13Котеска Лидија, Роберт

Стојаноски

Техничко образование6-то одделение

8-мо одделение2 4 73 Бабаноски Бранко

Воспитание за

околината6-то одделение 2 1 23 Спиркоска Милка

Воспитание за

околината7-мо одделение 2 3 68 Антулеска Васе

Проекти од музичката

уметност

7-мо одделение

8-мо одделение2 1 20 Бузеска Лилајана

Информатика7-мо одделение

8-мо одделение

2

2

1

2

24

28

Наташа Ристеска-

Проданоска

Наставата по Изборните предмети ќе се изведува во текот на наставниот ден. Наставниот кадар преку

известувањето на родителите и учениците и преку потполнувањето на Изјави за изборот на наставниот

предмет вршат подготовка за организација на овој вид настава. (Прилог бр.3)

Тие ќе ги користат Наставните програми за изборните предмети изработени од Бирото за развој на

образованието.

Според наставниот план ќе се изведува уште и дополнителна и додатна настава кои имаат задолжителен

карактер за училиштето и наставниот кадар.

Дополнителна настава ќе се организира за учениците кои ќе се соочуваат со повремени тешкотии во

учењето, побавно напредуваат или заостануваат во усвојувањето на содржините и другите задачи од еден

или повеќе наставни предмети. Дополнителна настава ќе се организира во зависност од потребите на

учениците од прво до осмо одделение. Истата ќе се изведува во текот на целата наставна година, по

часовите од редовната настава, а на крајот од учебната година дополнителна настава ќе се организира за

учениците со негативни оценки.

Додатна настава ќе се организира за учениците кои во текот на редовната настава постигнуваат

надпросечни резултати, пројавуваат и се потврдуваат со особена надареност и талентираност во одделни

наставни предмети. Истата ќе се изведува во текот на целата наставна година, по часовите од редовната

Page 60: Godisna Programa Prilep

настава, во слободното време на учениците според определени Програмски содржини. Во согласност со

кадровските услови ќе се организира додатна настава за учениците од 2-ро и 3-то одделение од

девоттолетката и за учениците од 4-то до 8-мо одделение, а ќе биде организирана во согласност со

Наставните планови за деветолетка и осмолетка предложени од БРО според претходно изготвени програми.

Задолжението според наставници е прикажано во Прилогот бр.1.

V. Вон наставни активности

Ова подрачје ќе биде проткаено со содржини и активности што ќе се реализираат вон наставата. Распоредот

на наставниците кои ќе ги реализираат вон наставните активности е составен дел од Оперативната Годишна

програма за работа на училиштето.

Оперативната Годишна програма за работа во делот за вон наставните активности се состои и од следните

подрачја:

Слободни ученички активности,

Ученички натпревари и конкурси,

Наставни екскурзии (интегрирани наставни денови) и излети,

Грижа за здравјето на учениците,

Соработка со локалната средина,

Стручно и педагошко усовршување на наставниците, директорот и стручните соработници

Планирање и подготовка на наставата

Низ слободните ученички активности ќе се создадат претпоставки за задоволување и негување на

индивидуалните интереси и способности на учениците.

Своите афинитети и интереси учениците ќе можат да ги искажат преку работата на следните активности:

Слободни ученички активности за проширување на знаењата по одделни наставни предмети;

Слободни технички активности;

Слободни културно-уметнички активности;

Слободни спортски активности;

Во слободните активности за проширување на знаењата по одделни предмети ќе работат следните секции:

љубители на Англискиот и Германскиот јазик, млади: математичари, физичари, информатичари, историчари,

хемичари, библиотекари, географичари и биолози.

Page 61: Godisna Programa Prilep

Во рамките на слободните културно уметнички активности ќе работат секциите: литературна, драмска,

рецитаторска, новинарска, ликовна, пеачка.

Во слободните спортски активности ќе работат спортските секции.: Ракомет, фудбал и спортска секција.

Во рамките на слободните технички активности ќе работат секциите: електроника и сообраќајна секција.

Во согласност со кадровските И просторните услови ќе се организираат слободни активности за учениците од

1-во,2-ро и 3-то одделение од девоттолетката и за учениците од 3-то до 8-мо одделение, а ќе се реализираат

според претходно изготвени програми. Задолжението според наставници е прикажано во Прилогот бр.1.

VI. Ученички натпревари и конкурси

Во оваа учебна година ќе се организира училишен натпревар на знаења по предметот математика. Ќе се организираат технички и спортски натпревари. Најуспешните ученици од овие натпревари ќе земат учество на региналните натпревари, а во зависност од постигнатите резултати ќе учествуваат и на државните натпревари. Учениците од училиштето преку ликовната, литературната, рецитаторската секција, хорот и мандолинскиот оркестар ќе учествуваат на општински и државни културно уметнички натпревари организирани по разни поводи во општината, регионот.

видови натпревари и конкурси институции динамика

Училишни натпревари ОУ Блаже КонескиФевруари -

Март

Ликовни натпревари

1. Центар за детско творештво

2. Противпожарен дом

3. Битолски Монмартр

4. Аеро клуб -Прилеп

5. МВР-Прилеп

6. Еколошки друштва

7. Илинденски денови

Учебна 2009/10

Општински и државни натпревари на

знаења

1. Биро за развој на образованието

2. Приватно средно училиште Јахја Кемал

3. Друштво на: математичари, физичари, историчари...

Април - Мај

Page 62: Godisna Programa Prilep

4. Филозофски факултет

5. Природно Математички факултет

6. Црвениот крст на Р.М

Млади техничари Народна техника Март - Мај

Музички натпревари

1. Биро за развој на образованието

2. Музички и културни институции

Март - Мај

Спортски натпревари Сојуз за физичка култура на Р. Македонија Април - Јуни

Литературни натпревари

1. Библиотека О.Чопела

2. Основни училишта

3. Центар за детско творештво

4. Еколошко друштво

Учебна 2009/10

Напомена: Во Прегледот не се внесени оние натпревари и конкурси за кои немаме сознание дека ќе бидат

организирани. Доколку истите се организираат и се прифатат ќе станат составен дел од Прегледот.

VII. Заедници на учениците

Во рамките на училиштето учениците своите потреби и интереси кои произлегуваат од воспитно образовниот

процес ќе ги остваруваат на организиран начин преку заедниците на учениците на паралелките, а на ниво на

училиште преку Заедницата на учениците на училиштето.

Во почетокот на учебната година секоја паралелка од 5-то до 8-мо одделение избира раководство на

ученичката заедница составена од следните членови: претседател, заменик, благајник. Избраните

претседатели од секоја паралелка ја сочинуваат Заедницата на учениците на училиштето која бира

раководство составено од: претседател, заменик претседател и благајник.

Со Заедницата на учениците на училиштето ќе раководат Ефремоска Билјана и Прангоски Ристо.

Напомена:Програмата за работа на Ученичката заедница на училиштето е дел од Прилозите на Годишната

програма.

Исто така во училиштето ќе постои и Подмладокот на Црвениот крст кој ќе работи по изготвена програма.

Одговорен наставник ќе биде Васе Антулеска.

ПРОГРАМА

за работа на Подмладокот на Црвениот крст учебна 2009/2010 година

Page 63: Godisna Programa Prilep

Септември

1. Конституирање и избор на раководство на Подмладокот на Црвениот крст

2. Собирање на годишна членарина

3. Спроведување на активности за одбележување на Недела за борба против туберкулозата

Октомври

1. Прием на првачињата во подмладокот на црвениот крст

2. Спроведување на хумана солидарна собирна акција по повод денот на гладните

Ноември

1. Активности за одбележување на месецот за борба против болестите на зависноста:пушење, алкохол,

дрога

2. Активности за одбележување на Неделата за грижа на старите лица

Декември

1. Одбележување на денот за борба против сидата-1 Декември

2. Подготовки за натпревари по Прва медицинска помош -формирање на екипа и одредување -

задолжување на одговорен наставник

Февруари

1. Спроведување на хумана солидарна акција(по потреба)

2. Учество на литературен и ликовен натпревар Крвта живот значи

Март

1. Одбележување на 8-ми Март

2. Недела на борба против ракот

3. Одбележување на 17-ти Март денот на крводарителството

4. Активности за уредување на училишната средина

Април - Мај

1. Одбележување на 7-ми Април -Светскиот ден на здравјето

2. Учество на општинските натпревари по Прва медицинска помош

Page 64: Godisna Programa Prilep

НАПОМЕНА: Покрај набележаните содржини и активности во текот на учебната година ќе се реализираат и

други активности кои со својата актуелност ќе се наметнат.

VIII. Професионална ориентација на учениците

Професионалната ориентација на учениците ќе се реализира преку наставните содржини во рамките на

задолжителната, изборната и факултативната настава и преку сите видови на вон наставни активности на

учениците. Но, истата со учениците од 8-те одделенија засилено ќе биде реализирана со помош на

одделенските раководители и стручните работници од училиштето преку претходно изготвена програма која е

составен дел од оваа програма.(Прилог бр.5)

IX. Производствена и друга општествено корисна работа

Преку реализацијата на општествено корисната работа кај учениците ќе се негува позитивниот однос кон

работата.

Во тој прилог во училиштето ќе се превземаат следните активности:

одржување на училиштето преку уредување на училниците и кабинетите, ходниците, училишната

зграда и училишниот двор.

во локалната средина со учениците ќе се изведат разновидни акции од еколошки карактер.

за ублажување на последиците од елементарни непогоди и укажување на помош на социјално загрозени ученици во училиштето ќе бидат организирани собирни акции.

Содржина на активностите РеализаторВреме на

реализација

1.Одржување, уредување на училниците, училишната

зграда дворот и локалната срединаученици,одд .раков. и сите вработени континуирано

2.Собирни акции одд. Раководители, наставници Септември - Јуни

3.Работни акции сите ученици и вработени Март - Мај

4.Помош на соц. загрозени ученици и вработени Септември - Јуни

5.Учество во ублажување на можни последици од

елемен. и други несреќи и опасностиученици и вработени Септември - Јуни

6.Соработка со производствени организацииученици, наставници, директор,

одд.раководители, педагог - психологСептември - Јуни

X. Наставни екскурзии и излети

За учениците од одделенска и предметна настава при ОУ Блаже Конески - Прилеп во согласност со

наставните и вон наставните планирања и програмирања ќе се изведат повеќе полудневни, еднодневни и

повеќедневни наставни екскурзии.

Page 65: Godisna Programa Prilep

Наставни екскурзии (интегрираните наставни денови) ќе бидат организирани за сите ученици и по сите

наставни предмети од 1-во до 8-мо одделение кои се планирани со Годишните во распределенија по

предмети или секции и истите се внесени во Годишната програма за изведување на наставни екскурзии.

За сите ученици од 1-во до 8-мо одделение ќе се организираат и два еднодневни (есенски и пролетен) излети

кои ќе бидат од забавно рекреативен карактер во непосредната околина на местото на живеење.

Подетално за: маршутата, местата и објектите на посета, бројот на учениците, одговорните наставници,

воспитните и образовните задачи на наставните екскурзии ќе бидат известени ПЕ на Бирото за развој на

образованието - Прилеп, Локалната самоуправа - одделението за образование и МВР пред изведувањето на

секоја наставна екскурзија.

ПРОГРАМАна планираните наставни екскурзии и излети во учебната 2009/2010 година

Што Кој Каде Кога

Еднодневна

екскурзија

1-во

(деветтолетка)Посета на зоолошката градина во Битола Пролетна

Еднодневна

екскурзија

2-ро

(деветолетка)Посета на зоолошката градина во Битола Есенска

Еднодневна наставна

екскурзија

3-то

(деветтолетка)

Прилеп - Битола - Прилеп,Зоолошка градина, и Национален парк во

БитолаПролетна

Еднодневна наставна

екскурзија

4-то

(деветтолетка)

Прилеп - Охрид - Прилеп, Св.Наум,Плошник, Самуилова тврдина,

Антички театар, Куќата на Робевци, Охридско и Преспанско езеро,

изворот на Црн Дрим, Стара архитектура и занаети во Охрид, Галичица,

Билјанини извори, Отешево

Есенска

Дводневна наставна

екскурзија4-то

Хидроцентрала Тиквеш, споменик Ваташа, Винарски визби: Кавадарци

и Демир Капија, граничен премин кон Грција, Беровскиот манастир,

рудникот Саса, бањата Кежовица, музеј во Берово

Есенска

Еднодневна наставна

екскурзија5-то

Посета на Планетариум Интегриран наставен ден по предметите:

биологија, историја, географија, англискиЕсенска

Еднодневна наставна

екскурзија6-то

Прилеп - Струга - Охрид - Претор - Прилеп, Интегриран ден по:

Биологија, Географија, македонски јазик. Охридското езеро, изворите на

Црна Река, Треска, Црн Дрим, Билјанини извори, Биолошкиот музеј во

Струга, Хидро биолошкиот завод, Преспанското Езеро

Пролетна

Четиридневна

наставно рекреативна

екскурзија

7-мо Република Македонија (да ја запознаеме нашата татковина) Пролетна

Еднодневна наставна

екскурзија

8-мо Посета на Саемот на книгата, Институт за сеизмолошко инженерство

Интегрирани содржини по преметите: географија, македонски, физика,

Пролетна

Page 66: Godisna Programa Prilep

германски, англиски ј.

Напомена: планираните наставни екскурзии ќе бидат изведени доколку Плановите за екскурзиите бидат

навреме изготвени и доставени до ПЕ на БРО -Прилеп.

Во планирањето, организирањето и реализацијата на секоја наставна екскурзија во Комисијата за екскурзии

се вклучени и претставници од родителите на соодветните одделенија.

Директорот за успешно изведување на наставните екскурзии на наставниците им врачува Задолжение.

(Прилог бр.6)

XI. Грижа за здравјето на учениците

Грижата за здравјето на учениците во училиштето ќе се остварува преку:

соработка со Медицински центар за организација и реализација на систематски лекарски прегледи за

учениците од 1-во, 3-то, 5-то и 7-мо одделение, изведување на вакцинации и ревакцинации на

учениците; изведување на редовни систематски стоматолошки прегледи според нивни програми.

соработка со Заводот за здравствено образование преку кого ќе се реализира здравствено

просветување на учениците со реализирање на разни предавања, трибини, работилници и т.н според

програма.

Прилог: Интерна програма за здравствени просветување на учениците

соработка со Црвениот крст, Друштвото за борба против алкохолизмот и наркоманијата и т.н во

реализација на активности од нивните програми.

здравствено просветување на учениците кое ќе се оствари во текот на редовната настава по:

физичко образование, природо, општество, запознавање на околината, природо и општество,

биологија, екологија, здрава исхрана, воннаставните активности: спортска, еколошка секција и

физичко образование и на часовите на одделенскиот раководител преку презентирање на

наставните содржини, преку предавања, разговори, трибини и слично.

организирање на исхрана за учениците со ладен оброк.

ПРОГРАМАза грижа за здравјето на учениците во учебната 2009/2010 год.

Содржина на активностите Реализатор Време на реализација

1.Предавање за општата и личната хигиена Одделенски раководители Септември

2.Предавање за здравствено просветување Здравствени установи Септември - Јуни

3.Систематски прегледи на учениците од 1-во, 3-то, 5-то и 7-моЗдрав. установи, оддел.

раковод.Септември - Октомври

Page 67: Godisna Programa Prilep

4.Вакцинации и ревакцинации Здравствени установи Септември - Јуни

Лекарски прегледи и превентивни мерки Здравствени установи По потреба

6.Исхрана на учениците и контрола на исхраната Сите вработени Септември - Јуни

7.Против епидемиолошки мерки (дезинфекција, дезинсекција и

дератизација)Здравствена установа Август, Јануари

8.Одржување на хигиената на училиштето и училишниот двор Вработени, училиштето Септември - Јуни

9.Организирање на зимувања, летувања и логорувањанаставници по физичко,

директор

зимски одмор, летен

одмор

Напомена: Доколку се јават одредени потреби или се создадат вонредни услови ќе се организираат

дополнителни активности.

12. Соработка со локалната средина

Реализацијата на подрачјето соработката на училиштето со локалната средина ќе се одвива преку:

Соработка со семејството и родителите на учениците;

Соработка со претпријатија и други органи и организации;

Општествени активности со младината и возрасното население од локалната средина;

Информирање на пошироката јавност за резултатите на училиштето;

Вклучување на училиштето во други културни и образовни активности во локалната средина.

Соработката со родителите ќе се реализира низ групните и индивидуални средби на наставниците со

родителите на кои меѓусебно ќе се информираат за резултатите во наставата и за други прашања поврзани

со потребите на учениците.

ПРОГРАМА

за Родителски средби во учебната 2009/2010 година

Септември

1. Запознавање на родителите на учениците од , 1-во и 5-то одделение со: воспитувачите и

наставниците, наставната програма, условите за работа во подготвителната година, одделенска и

предметна настава и организацијата на работата во училиштето.

2. Запознавање на родителите на учениците од 1-во и 5-то одделение со: Правилата за однесување на

учениците, со Извадоци од Правилникот за изрекување на педагошки мерки, Куќниот ред.

3. Кооптирање на нови членови во Советот на родители за прво и петто одделение.

Page 68: Godisna Programa Prilep

4. Цели, задачи, начин на организација и реализација на дополнителна, додатна настава и слободни

ученички активности.

5. Редовност, хигиена и дисциплина кај учениците.

6. Актуелни прашања: осигурување, исхрана на учениците, претплата на детски списанија.

7. Информации за наставните екскурзии кои се планирани со Годишната програма.

8. Напомена: Првите три точки од Дневниот ред важат само за родителите на учениците од 1-во и 5-то

одделение.

Ноември

1. Извештај за постигнатите резултати на учениците во паралелката по првото тримесечје.

2. Разговори за надминување на проблемите во паралелката поврзани со: успехот, редовноста и

дисциплината на учениците.

3. Распоредот на учениците во слободните активности, изборната, факултативната и додатната

настава.

4. Информации од состаноците на Советот на родители на ниво на училиште.

Април

1. Извештај за постигнатите резултати на учениците во паралелката по третото тримесечје.

2. Разговори за надминување на проблемите во паралелката поврзани со: успехот, редовноста и

дисциплината на учениците.

3. Информации од состаноците на Советот на родители на ниво на училиште.

4. Запознавање на родителите со изборната и факултативната настава

Напомена: Точката број 4 се однесува само на одделенијата во кои се воведува изборна и

факултативна настава.

Соработката со локалната средина ќе се оствари преку редовни средби на Советот на родителите на

училиштето, на Советите на родителите на паралелките и на Училишниот одбор.

Целта на оваа соработка со локалната средина покрај останатото ќе биде: мотивирање на родителите за

проширување и продлабочување на соработката, нејзино интензивирање, промена на ставовите на

родителите кон училиштето, подигање на нивото на педагошките знаења на родителите и поттикнување на

месното население на работни акции од локален карактер.

Page 69: Godisna Programa Prilep

Советот на родителите на училиштето ќе го сочинуваат: 40 претставници на родителите од сите паралелки,

директорот и стручните соработници. Ќе одржи најмалку 4 состаноци на кои ќе бидат разгледувани заклучоци

од одржаните состаноци на стручните органи и родителите ќе даваат мислење за ефикасно остварување на

воспитно образовната дејност на училиштето.

ПРОГРАМАза работа на Советот на родители на ОУ Блаже Конески – Прилеп учебна 2009/10 година

Активности Кој ги реализира Кога се реализира

Усвојување на Годишната програма за работа на Советот на

родителиПретседател на Советот на родители Септември

Исхраната и осигурувањето на учениците Директор Октомври

Разгледување на Годишната програма на училиштето Директор Септември

Разгледување на Полугодишниот извештај за работата на

училиштетоДиректор Февруари

Разгледување на Годишниот извештај за работата на

училиштетоДиректор Септември

Известување за организирање на Изборни и Факултативни

предмети во училиштетоДиректор, педагог, психолог Март, Април

Известување за тековните активности во училиштето Директор Септември - Јуни

Известување за тековните проблеми во училиштето Директор Септември - Јуни

Кооптирање на нови членови во Советот на родители Претседател на Советот на родители Септември

Учество на родителите во планирањето, организацијата и

реализацијата на наставните екскурзииДиректор Септември

Греењето во училиштето Директор Септември

Организирање на Отворен ден за родителитеПретседател на Советот на родители,

Директор, Стручни соработнициМај

Информирање за реализацијата на проекти Директор Февруари

Професионална ориентација на 8-мо одделенцитеПретседател на Советот на родители,

Директор, Стручни соработнициМај

Соработка со локалната самоуправа за следните проблеми:

санирање на каналот со отпадни води

дивите продавачи на храна

оградувањето на училиштето

обележување, осветлување и поставување на

сигнални светла на сообраќајниците околу

училиштето

Претседателот на Советот на

родители, Директорот

Континуирана

активност

Тема: Во текот на

Page 70: Godisna Programa Prilep

учебната година

*Темата накнадно ќе биде дефинирана во текот на учебната 2009/10 година, а ќе се однесува на соработката

на Советот на родителите со: Ученичките заедници од училиштето, стопанските организации, институциите,

информативните средства, невладините организации, стручните органи на училиштето и др.

НАПОМЕНА: Прегледот на членовите на Советот на родителите при ОУ Б.Конески-Прилеп е составен дел на

Годишната програма во форма на Прилог бр.7/1.Советот на родители ќе работи според Деловник кој е Прилог

бр.7/2

Родителите и локалната самоуправа ќе го остварат своето влијание врз училиштето во сите области на

неговата работа преку работата на Училишниот одбор.

При организирањето на разновидни манифестации за одбележување на: државни празници, јубилеи,

годишнини на познати историски дејци и друго училиштето ќе соработува со локалната средина

Ќе се организира одбележување на Денот на училиштето преку повеќе пригодни манифестации меѓу кои и

свечена академија.

Исто така училиштето со своја програма ќе учествува на Детските смотри од слободните ученички

активности, ќе организира посети на кино, театарски претстави, изложби, музички манифестации, галерии и

музеи.

ЗАДОЛЖЕНИЈАза наставниот кадар во одбележувањето на празници и настани, изготвување програми и

извештаи во учебната 2009/2010 год.

Празник Реализатор - задолжен наставник

1.Осми Септември – Реферат Котески Цветан

2.5-ти Октомври - Реферат (денот на учителот) Христоска Виолета

3.Прием на првачињата во заедницата на учениците на училиштето

Ефремоска Билјана

Прангоски Ристо

Смугреска Дијана

Трпкоска Лилјана

4.Прослава на Патрониот празник на училиштето(19-ти декември)Дулевска Марија

Ефтимоски Ицко

5.Прием на првачињата во подмладокот на Црвен крстМишески Петре

Звездоска Павлина

11-ти Октомври - Реферат Богданоска Емилија

7.Комисија за подготвување на програми по повод на празници Точила Мојсоска Весна

Христоска Виолета

Page 71: Godisna Programa Prilep

Бузеска Лилјана

Неделкоска Марија

Црвенкоска Весна

Велкоски Љупчо

Смугреска Дијана

8.Комисија за подготвување на Програми по повод на празници ВарошМургоска Елизабета

Костадиноски Илија

9.8-ми Март –Реферат Талеска Викторија

10.1-ви Мај - Реферат Богданоска Емилија

11.4-ти Мај – Реферат Котески Цветан

12.24-Мај-Реферат Христоска Виолета

13.Годишна приредба (Детски смотри-2010)

Дулевска Марија

Апостолоска Ана - претседател

Ефтимоски Ицко

Бузеска Лилјана

Неделкоска Марија

Христоска Виолета

Трпкоска Лилјана

Стевананџија Габриела

Велкоски Љупчо

Андоноски Петар

14.Полугодишни и годишни извештаи

Богданоски Игор - табеларен преглед

Маркоска Виолета

Ангелеска Марија

Мазнејкова Вера

Ристеска - Проданоска Наташа

Прангоски Ристо - текстуален дел

Ефремоска Билјана

13. Следење, вреднување и унапредување на воспитно - образовната работа

Следењето, вреднувањето и унапредувањето на воспитно образовната работа во училиштето ќе биде со цел

да се постигне квалитет во работењето и да се придонесе за унапредувањето на воспитно образовната

работа.

Предмет на следењето, вреднувањето и унапредувањето ќе биде:

планирањето, програмирањето и подготовката на дејноста на сите нивоа и од страна на секој субјект;

следење, проверување и оценување на успехот на учениците и наставниците;

перманентно стручно усовршување на раководниот, воспитно образовниот и соработнички кадар;

Page 72: Godisna Programa Prilep

водење на педагошката евиденција и документација;

остварување на дејноста на училишната библиотека.

Реализацијата на Годишната програма ќе ја следат: Училишниот одбор, Советот на родителите,

Наставничкиот совет, Локалната самоуправа - одделението за образование и одговорниот советник од

Бирото за развој на образованието.

Следењето на организацијата, реализацијата и ефикасноста на наставните и вон наставните активности,

следењето на сите видови подготовка на наставата и вон наставните активности ќе бидат задачи на

директорот на училиштето во соработка со стручните работници, одговорниот советник и останатите

советници од Бирото за развој на образованието.

Директорот на училиштето ќе ја следи реализацијата на наставата преку: посета на наставни часови при што

ќе ги следи дневните и неделните планирања на наставниците, реализацијата на планирањата и водењето на

педагошката евиденција. Исто така ќе ја следи реализацијата на часовите за дополнителна и додатна

настава, формите и методите на работа со овие ученици. Вон наставата ќе ја следи преку: посета на

часовите на слободните ученички активности, реализацијата на програмите, бројот на учениците и т.н.

Вреднувањето на работата на наставниот кадар ќе го врши преку примена на Модел за следење на

наставата. Следењето и унапредувањето на наставата ќе го реализира и преку учество во работата на

Стручните активи во училиштето.

Одговорниот советник од Бирото за развој на образованието ќе ја следи и вреднува работата на училиштето

преку: учество во работата на Наставничкиот совет, стручните активи - по потреба и преку индивидуална

посета на наставни часови.

Стручните соработници ќе ја следат реализацијата и ќе ја унапредуваат работата во наставата и вон

наставата преку: посета на наставни часови, слободните ученички активности, дополнителна и додатна

настава, учеството во организација на целокупната работа на стручните органи и тела. Следењето на

наставните и вон наставните активности стручните работници ќе го вршат преку примена на Модели за

следење на истите.

Следењето и вреднувањето на постигањата на учениците во наставата ќе го вршат предметните наставници

и наставниците од одделенска настава преку писмени работи, тестови, контролни работи, усно испитување,

практична работа и Бирото за развој на образованието преку реализација на Проекти за оценување на

постигањата во наставата.

Врз основа на следењето на резултатите од наставата и вон наставните активности од страна на директорот,

советниците од Бирото за развој на образованието и стручните работници училиштето ќе изготвува

полугодишни и годишни извештаи, анализи и информации по изминатите тримесечја за потребите на

стручните органи и тела на училиштето и другите институции надвор од него.

Page 73: Godisna Programa Prilep

Во ова подрачје директорот и стручните работници ќе ги применуваат следните инструменти: Неделни

оперативни планирања, Анкетен лист и Табеларен преглед за изготвување на полугодишен и годишен

извештај, Евидентни листови за следење на дополнителната, додатната настава и слободните ученички

активности, модели за следење на наставни часови и др.

Напомена: Инструментите за следење, унапредување и вреднување на одделните подрачја од дејноста на

училиштето се дадени како прилог кон оваа програма.(Прилози бр.8/)

Во рамките на унапредувањето на воспитно образовната работа училиштето ќе продолжи со реализција на

веќе започнатите проекти.

За наставниците почетници во наставата училиштето ќе организира и менторска работа од редовите на

вработениот наставен кадар.

14. Стручно и педагошко усовршување на наставниците, директорот и стручните работници

Стручното усовршување на наставниот кадар и стручните соработници ќе се остварува преку: индивидуално

стручно усовршување со следење на стручна литература и списанија, интерно стручно усовршување со

работа во Стручните активи, екстерно стручно усовршување со посета и учество на семинари, советувања

организирани од Бирото за развој на образованието и др. стручни институции.

Стручно усовршување

Во текот на учебната година стручното усовршување во училиштето ќе се одвива низ следните форми:

Индивидуално стручно усовршување преку следење на стручна литература и списанија (Просветно

дело, Просветен работник, Образовни рефлексии и Воспитни крстопати)

Екстерно стручно усовршување преку учество на семинари, советувања во организација на Бирото за

развој на образованието и други институции

Интерно стручно усовршување преку работата на стручните активи во училиштето.

Стручно усовршување на наставник - приправник преку менторство со примена на Акционен план за

менторство.

Програмата за Интерното стручно усовршување - иновирање на наставата е Прилог бр. 9

XV. Стручни органи и тела

Во училиштето според претходно донесени програми ќе работат следните стручни органи и тела:

Page 74: Godisna Programa Prilep

Наставнички совет. Во текот на учебната година ќе одржи 7 програмирани состаноци, а според

укажаната потреба ќе одржува и вонредни состаноци.

Одделенски совет. Во текот на учебната Година секој одделенски совет ќе одржи 6 програмирани

состаноци, а според укажаната потреба ќе одржува и вонредни состаноци.

Раководители на паралелка. Секој раководител на паралелка во текот на учебната година покрај

индивидуалните и групните средби со родителите ќе одржи 5 општи родителско-наставнички средби

со родителите од паралелката, а според укажана потреба ќе одржи и вонредни состаноци.

Стручни активи. Трите Стручните активи од следните подрачја: одделенска настава, општествено-

естетско-јазично и природно-научното подрачје во текот на учебната година ќе одржат најмалку по 4

програмирани состаноци (по две во полугодие).

Напомена: Акциониот план за работа на Инклузивниот тим е Прилог бр.10

ПРОГРАМАза работа на наставничкиот совет учебна 2009/2010 година

Содржини за работа Носител на раб.

Август

1.Разгледување на успехот на учениците по поправните испити Директор

2.Разгледување на Годишниот извештај за работа на училиштето Директор

3.Утврдување на паралелките распределба на наставните часови, одделеленски раководства,

одговорни на ученички организации, на слободни активности и додатна настава.Директор

4.Организацијата за работа на стручните органи и тела, одговорни на одделенски совети.Директор, Стручни

соработници

5.Укажувања за средување и водење на педагошка евиденција и документација Директор

6.Формирање на комисии (исхрана, фотографирање, екскурзии, полуматурска, осигурување,

попис)Директор

7.Разгледување на Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2009/2010 година Директор

Септември

1.Снабденост на учениците со учебници (недостатоци и нивно отстранување) Директор, Библиотекар

2.Информации од присуството на семинари и советувања Одговорни наставници

3.Давање на мислење за приправниците Одговорни наставници

Ноември

1.Договор за одбележување на патрониот празник на училиштето Комисија за прослава

2.Извештај за резултатите од првото тримесечјеДиректор, стручни

соработници

3.Согледувања од водењето на педагошка евиденција и документација Директор

Декември

Page 75: Godisna Programa Prilep

1.Свечена седница по повод Патрониот празник на училиштето

Јануари

1.Разгледување на Полугодишниот извештај на училиштето Директор

2.Реализација на Програмите од Стручните активиОдговорни на

Стручните активи

3.Информации за употребливоста и исправноста на нагледни средстваОдговорни на

одделенски совети

4.Известувања за работата на слободни активности, додатната и дополнителна настава Одговорни наставници

5.Организација на училишни натпревари Одговорни наставници

6.Информации за работата на Советот на родители Директор

Април

1.Извештај за резултатите од третото тримесечје Директор

2.Информација за подготовките на училиштето за Детските смотриДиректор, комисија за

подготовки

3.Разгледувања на актуелни прашања и проблеми Директор

4.Согледувања од постигнатите резултати на учениците од училишните натпревари Одговорни наставници

5.Донесување на Одлука за прибирање на бесплатните учебници Одговорни наставници

Јуни

1.Извештај за успехот на учениците по одржаните одделенски совети Директор

2.Извештај за успехот на учениците по одржаната дополнителна настава и поправните испити Директор

3.Средување на педагошката евиденција и документација Директор

Напомена: Во зависност од укажаните потреби можно е да дојде до промени во дневните редови на

Наставничките совети и бројот на одржани состаноци.

Одделенски совет

Одделенските совети на паралелките ќе бидат составени од Директорот, стручните работници и

наставниците кои предаваат во соодветните паралелки и ќе одржат најмалку 6 состаноци на кои ќе се

разгледува успехот, поведението, редовноста на учениците, реализацијата на сите видови на наставни и

воннаставни планирања.

ПРОГРАМАза работа на одделенските совети учебна 2009/2010 година

Содржини за работа Носител на раб.

Август

1.Избор на одговорни на одделенските совети Директор

2.Донесување на Програма за работа на Одделенските советиОдговорен на одд.совети, директор, стручни.

соработници.

Page 76: Godisna Programa Prilep

3.Договор за организирање на слободни активности, додатната

и дополнителната настава и избор на ученици

Одговорен на одд.совети, директор, стручни.

соработници.

4.Информации за планираните наставни екскурзии

Ноември

1.Реализација на наставната материја по првото тримесечје Одговорен на одд. совет, оддел. раководители

2.Успехот, редовноста, дисциплината и хигиената на

учениците во паралелкатанаставници стручни соработници

3.Постигнати резултати на учениците на натпревари и

конкурси

4.Реализација на слободни активности додатната и

дополнителната настава

Декември

1.Реализација на наставната материја по првото полугодие Одговорен на одд. совети, Одделенски раководители

2.Утврдување на полугодишниот успех и поведението кај

ученицитенаставници, стручни соработници

3.Редовноста, дисциплината и хигиената на учениците и мерки

за подобрување на истите.

4.Реализација на слободните активности, додатната и

дополнителната настава

Април

1.Реализација на наставната материја во текот на третото

тримесечје

Одговорни на одд. совети, одделенски раководители,

наставници, стручни соработници

2.Успехот, редовноста, дисциплина и хигиената на учениците

во паралелката

Јуни

1.Реализација на наставната материја на крајот на учебната

годинаОдговорен на оддел. совети, оддел. Раководители,

2.Утврдување на годишниот успех и поведението кај

ученицитенаставници, стручни соработници

3.Организирање на дополнителна настава и поправни испити

4.Утврдување на успехот по дополнителна настава и

поправните испитиОдговорни наставници

Август

1.Утврдување на успехот на учениците по одржаните поправни

испити

Одговорен на оддел. совети, одд.

раководители,наставници, стручни соработници

Напомена: По потреба одделенските совети ќе одржуваат и вонредни состаноци кои ќе произлезат од

актуелните прашања и проблеми.

Page 77: Godisna Programa Prilep

Раководители на паралелката 

Одделенските раководители на паралелките ќе ги реализираат содржините од планирањата за работа на

часот за одделенски раководител.

Напомена: Програмите за работа на Одделенските часови ќе бидат приложени кон оваа програма и ќе бидат

составен дел како Прилог бр.11

Стручни активи 

Во работата на стручните активи најголемо внимание ќе се обрне на интерното стручно усовршување преку

разновидни форми: методички работилници, изведување на практични часови и интегрирани наставни денови

и др.

Стручните активи работат според претходно подготвени програми. Секој стручен актив има одговорен

наставник и своите состаноци ќе ги одржуваат според зацртаната динамика наведена во програмата. Нивната

работа ќе ја следат директорот и стручните работници. Во училиштето ќе работат следните активи:

ПРЕГЛЕДна Стручните активи во ОУ Блаже Конески за учебната 2009/2010 год.

Ред. Бр. Стручен актив Одговорен на стручниот актив

1. Стручен актив на одделенска настава Бошкоска Ана

2. Стручен актив од општествено - јазично и естетско подрачје Мојсоска Весна

3. Стручен актив од природно - математичкото и информатичко подрачје Богданоски Игор

XVI. Управување и раководење

Училишен одбор 

Училишниот одбор како орган на управување со училиштето е составен од 9 членови од кои 3 се од редот на

воспитно-образовниот кадар, 3 од редот на родителите, 2 од локалната самоуправа и 1 од министерството за

образование. Работата на овој орган е рагулирана со Законот за основно образование и Статутот на

училиштето. Училишниот одбор работи според своја Програма.

ПРОГРАМА

за работа на Училишниот одбор во учебната 2009/2010 година

Јули

1. Изготвување на Предлог Програма за работа на Училишниот одбор за наредната учебна година

2. Тековни прашања

Август

1. Предлагање на Годишниот извештај за работата на училиштето во учебната 2008/2009 година

Page 78: Godisna Programa Prilep

2. Давање мислење за избор на наставници и други работници

3. усвојување на Предлог Годишна програма за работа на училиштето во учебната 2009/10

4. Тековни прашања

Септември

1. Разгледување на финансискиот план за работење на училиштето

2. Тековни прашања

Февруари

1. Разгледување на Годишната пресметка за финансиското работење на ОУ Блаже Конески во

календарската 2009 година

2. 2.Разгледување на Полугодишниот извештај за работата на ОУ Блаже Конески во учебната

2009/2010 година

3. Тековни прашања

ЗАБЕЛЕШКА: Во оваа предлог програма се опфатени состаноците и дневните редови кои можат претходно

да бидат програмирани.

Директор

Со училиштето раководи директор. Ова училиште е развиено т.е. има 39 со 959 ученици и 53 наставници има

и помошник на директорот. Директорот ќе работат според претходно изготвени годишни програми.

Стручни соработници

Во училиштето има вработено три стручни работници: педагог, психолог и библиотекар. Исто така и

стручните работници ќе работат на полето на воспитно- образовната работа со претходно планирани и

програмирани активности во сопствените програми.

Комисии 

За остварување на одделни задачи од дејноста на училиштето во текот на учебната година ќе бидат

формирани 2 комисии како помошни тела на органот на управување - раководење. Овие комисии ќе бидат

формирани за:

Јавни набавки: исхрана на учениците, фотографирање на учениците, екскурзии, полуматурска вечер,

осигурување

Попис: Основни средства, Ситен инвентар и Парични средства

XVII. Управување и раководење

Page 79: Godisna Programa Prilep

Реализацијата на наставата, вон наставните активности и другите активности од дејноста на училиштето што

ќе се остварува во текот на оваа учебна година ќе се евидентира и документира во одделенските книги,

главните книги, записничките книги, обрасци и др.

Врз основа на следењето, анализирањето и вреднувањето на воспитно образовната работа во училиштето

на крајот од тримесечјата, полугодието и крајот на учебната година ќе се изготвуваат: анализи, осврти,

информации и извештаи.

Во согласност со законските прописи во текот на оваа учебна година ќе бидат изготвувани и издавани

педагошки документи на учениците (ученички книшки, ученичка легитимација, евидентни листови,

свидетелства, преведници и др.). Педагошката евиденција и документација ќе се води согласно чл. 99 од

Законот за основно образование.

XVIII. Административно - технички служби

Управно - административна служба

Во училиштето од страна на управно - административната служба работат: секретар, благајник и економ.

Истите работат според задачите зацртани во Систематизацијата на училиштето.

Помошно - техничка служба 

Во оваа служба работат: хаусмајстор, котлар, ноќни дежурни и хигиеничари. Вкупниот број на извршители од

оваа служба е 11.