kodeks 2015 01 suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/kodeks-za... · дознава за...

20

Upload: others

Post on 04-Oct-2020

15 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална
Page 2: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална
Page 3: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

КОДЕКСЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕТИКА НА

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

мај 2015

Page 4: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

2

Предговор

Меѓународниот Кодекс на етика за медицински сестри беше усвоен од страна на Меѓународниот Совет на Сестри во 1953 година. Ова прво издание е ревидирано во повеќе наврати, а последното ревидирање е извршено во 2012 година.

Првиот текст на Етичкиот кодекс на медицинските сестри е усвоен на Собранието на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија (ЗМСТАМ), одржано на 9 април 1997 година. Етичкиот ко-декс е промовиран во Универзалната Сала во Скопје, на Меѓународниот ден на медицински сестри - 12 мај 1997 година. Второто издание е препечатено во 2001 година.

Кодексот на професионална етика има за цел да им помогне на медицинските сестри во формирањето, градењето и примената на етичките вредности, како и да им биде патоказ и мотив во извршувањето на нивната одговорна работа во здравствената нега.

Здравствената нега има големо влијание врз здравјето и животот на луѓето. Медицинските сестри имаат голема одговорност која не може да се дефинира само со закони и прописи, туку е потребно секој поединец да има етички став и континуиран развој на моралните вредности.

Етичките начела и правила на кодексот за медицинските сестри е наменет и обврзувачки за сите кои работат на подрачјето на здравствената нега. Представува водич за обликување на професионалните етички и морални ставови и вредности, основа за етичките одлуки, помош при застапување или носење одлуки и овозможува етичка рефелксија на професионалната работа.

Page 5: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

3

1 Текстот на преамбулата е превземен од Кодексот на етика на медицински сестри на Меѓународниот совет на сестри (International Council of Nurses, 2012)

Медицинската сестра не само што треба да ги познава етичките норми, таа е должна и да ги применува при извршување на својата секојдневна работа.

Кодексот се однесува на сите медицински сестри и соработници во тимот за нега. За медицинската сестра која сака да пристапи кон професијата, кодексот представува потпора при формирањето на сопствените морални сфаќања, а воедно и извор на знаење и рефлексија. Почитувањето и развивањето на хуманите вредности на професијата медицинска сестра, овозможува големо задоволство при извршување на работата и лично воздигнување.

ПРЕАМБУЛА

Медицинските сестри имаат четири фундаментални одговорности: промоција на здравјето, превенција на болестите, обновување на здравјето и ублажување на страдањето. Потребата од сестринска нега е универзална. Нераскинлив дел од сестринството е почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги културните права, правото на живот и избор, на достоинство и да се биде третиран со почит. Сестринската нега не е ограничена од фактори на возраст, боја, вера, култура, инвалидност или болеаст, род, сексуална ориентација, националност, политика, раса или социјален статус. Медицинските сестри им пружаат здравствени услуги на поединците, семејствата и заедниците и ги координираат своите услуги со оние од сродните групи1

Page 6: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

4

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ПАЦИЕНТОТ

НАЧЕЛО I

Медицинската сестра се грижи за зачувување на животот и здравјето на луѓето. Должна е својата работа да ја извршува хумано, стручно, квалитетно, одговорно во однос на пациентот почитувајки ги неговите индивидуални потреби, вредности и верувања.

Стандарди на однесување: фактори како што се: раса, националност, религија,

политичко убедување, социјален статус, возраст, пол, здравствена состојба, инвалидитет не смее на било кој начин да влијае на односот со пациентот;

пациентот треба да се третира индивидуално, со холистички пристап. Треба да се испочитуваат неговите потреби не само физички, туку и психички, духовни и социјални потреби како и почитување на неговата култура и личното убедување;

Медицинската сестра во договор со пациентот ги вклучува во лекувањето и членовите на неговото семејството како и лицата за него значајни.

НАЧЕЛО II

Медицинската сестра го почитува правото на пациентот на избор и одлучување.

Стандарди на однесување: Медицинската сестра е застапник на пациентот и

неговите права;

Page 7: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

5

го информира пациентот за неговите права и обврски кои се однесуваат на здравствената нега и грижа, како и за можностите и начините за нејзино спроведување;

информативна согласност од пациентот е услов за утврдување и спроведување на предложената програма на здравствената нега и третман; го информира пациентот во рамките на своите надлежности навремено, внимателно и на разбирлив начин;

за придобивање на согласност од пациентот, никогаш не го употребува статусот на моќта, под присила или мамење;

на пациентот кај кој поради болест или други причини, привремено или трајно му е намалена способноста за самогрижа, дава можност за избор во рамките на неговите способности, околината и оптималните можности; му помога да го задржи или да го врати за него највисокото можно ниво на автономија;

прашања кои не се од областа на здравствената нега или третман, пациентот го упатува кај соодветен здравствен работник/соработник;

НАЧЕЛО III

Медицинската сестра го почитува достоинството и приватноста на пациентот во сите стадиуми од здравјето, болеста, на умирање или после смрта.

Стандарди на однесување:

Медицинската сестра своите активности ги извршува на начин со кој го вклучува пациентот како единствена, неповторлива личност со сите негови посебности;

го почитува правото на пациентот, достоинство и почитување на личноста,.приватноста и доверливоста, заштитата и безбедноста;

Page 8: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

6

почитувајки го начинот на живеење на пациентот, работи во насока за ублажување на болките и страдањата на пациентот;

се обидува секогаш на пациентот да му помогне да не ја загуби надежта и да ги надмине своите стравови и вознемиреност;

на пациентот на умирање му овозможува висок квалитет на нега и третман, според принципите на палија-тивна нега; со пациентот работи внимателно и со емпатија; обезбедува чувство на сигурност, овозможува блискост со други луѓе како и ублажување на болката и страдањата; доколку пациентот сака му овозможуваат верски третман, контакт со членовите на семејство и други лица значајни за него;

со семејството на пациентот и други лица значајни за него, воспоставува емпатијски меѓусебни односи, поддршка и помош; овозможува на семејството да бидат присутни до пациентот кој е на умирање и достоинствено испраќање на починатиот;

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ПРАКСАТА

НАЧЕЛО IV

Медицинската сестра во рамките на своите надлеж-ности му пружа на пациентот комплетна здравствената нега.

Стандарди на однесување: Медицинската сестра има должности и одговорности

на своето професионално подрачје, т.е континуирано треба

Page 9: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

7

да се усовршува и едуцира; активно ги следи настаните во професијата, особено актуелните научни упатства базирани на докази; го следи развојот на хуманистичните, општествените и природните науки; постојано се стреми за унапредување на својот професионален развиток;

при извршување на својата професија во рамките на своето образование и професионалните квалификации за својата работа одговара пред пациентите, својата совест, претпоставените, организацијата каде работи и општеството во целина; во процесот на спроведување на здравствената нега одговора на медицинската сестра - водачот на тимот за здравствена нега;

не смее да извршува постапки за кои нема соодветни професионални компетентнции, знаење, вештини или опрема;

почитувајќи ги начелата на безбедносната култура, ги отстранува сите пречки според сопствените професионални убедувања кои можат да бидат штетни за пациентот или не се во согласност со начелата на професионалната етика;

се залага за подобри услови на работа кои овоз-можуваат спроведување на здравствена нега во согласност со вредностите, принципите и стандардите на однесување според овој Кодекс на професионална етика;

не смее да одбие да пружи итна медицинска помош, соодветна на својата професионална компетентност, без оглед кој бара помош;

мора да одговори на повик на работа во вонредни состојби, земајќи ги во предвид своите морални и законски обврски;

ако процени дека постапката или интервенцијата не е во согласност со сопствената совест или верскoто убедувања може да одбие да ја спроведе; за тоа е должна однапред да ја извести здравствена установа / работодавачот.

Page 10: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

8

НАЧЕЛО V

Работата на медицинската сестра се темели на одлуки во корист на пациентот.

Стандарди на однесување: работата на медицинската сестра се темели на одлуки

кои го зајакнуваат и одржуваат здравјето на пациентот и ја олеснуваат болката и страдањето;

без оглед на околностите не смее да ја злоупотребува взаемната доверба со пациентот;

нејзиниот став кон пациентот не смее да биде условуван со цел да се добие корист за себе (на пример, можност за присвојување на неговата сопственост);

одбива подарок, услуга, гостопримство и комерцијален интерес, ако тоа може да се толкува како обид да на незаконски начин се влијае за да се постигне било која корист;

пациентот го штити од непрофесионално, неетичко или самоволно однесување на другите колеги;

препознава, спречува и ги намалува сите видови на насилство во било која форма врз пациентитот;

во согласност со законите, информира и дава психосоцијална поддршка на пациентите, кои се жртви на семејно насилство и други дејствија,

го пријавува насилството на надлежните институции;

НАЧЕЛО VI

Медицинската сестра е должна да ја чува про-фесионалната тајна.

Стандарди на однесување: Медицинската сестра е должна да ја чува про-

фесионалната тајна; за професионална тајна се смета, кога медицинската сестра при вршење на својата професија

Page 11: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

9

дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална и друга состјоба, како и сите информации поврзани со здравствената нега и третманот, поставената дијагноза, лекувањето и рехабилитацијата;

доколку пациентот така одлучи, должна е да ја чува професионалната тајна и има обврска да ја чува тајната и од членовите на семејството или за него важни личности, ако тоа го побара пациентот дури и по неговата смрт;

професионалната тајна, медицинската сестра може да ја каже, само ако пациентот така одлучи или се утврди со посебни одредби од законот;

должна е професионалната тајна да ја чува и по престанокот на работење на професијата.

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ИСТРАЖУВАЊЕ

НАЧЕЛО VII

Медицинската сестра во извршување на научно-истражувачката работа ги почитува правата на испитаниците во студијата и дадените етички насоки.

Стандарди на однесување: Медицинската сестра е вклучена само во оние

клинички испитувања или експериментални лекувања, ако е одобрено од страна на Комисијата за етика или органот кој ја проверува соодветноста на етичкиот истражувачки проект или лекување; ако истражувачкиот проект е одобрен има право и должност претходно да биде известена;

посебно внимание посветува на заштитата на па-циентот – негово целосно и непристрасно информирање, добивање писмена согласност, автономија, достоинство како и заштита на личните податоци;

Page 12: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

10

во случај на клинички истражувања или експери-ментално лекување ако не е носител на проектот, а мора да учествува во спроведување во работната средина, има право на приговор, ако истражувањето е во спротивност со нејзините морални и етички принципи;

во случај да ја преземе улогата на водач на истражувањето, при планирање на проект, извршување и документирање, задолжително мора да ги почитува сите декларации, документи и упатства поврзани со етичките аспекти на конкретното истражување; пред почетокот на спроведувањето на истражувањето мора да добие согласност за истражувањето од страна на релевантните етички комисија или орган;

резултатите од истражувачката работа ги објавува и на тој начин е одговорна за развојот и напредокот на науката и професија; во публикациите за резултатите од истражувањето обезбедува целосна анонимност на лицата кои биле вклучени во студијата;

при пишување и објавување на стручни и научни трудови должна е да ги почитува етичките упатства, авторските права и доследно ги наведува користените извори;

автор на определен труд може да биде само лице кое учествувало во нејзината изработка;

плагијаторството е неприфатливо.

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И СОРАБОТНИЦИТЕ

НАЧЕЛО VIII

Лекувањето на пациентот е заедничка работа на повеќе здравствени професионалци: медицинската сестра ја почитува професионалната припадност, ја препознава и почитува работата на своите соработници.

Page 13: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

11

Стандарди на однесување: во тимот за здравствената нега, медицинската сестра

активно се вклучува во идентификување и решавање на специфични етички дилеми и носи етички одлуки;

во корист на пациентите своето стручно искуство, несебично го споделува со своите колеги;

го почитува професионалното и животно искуство и квалификации на сите, особено на постарите колеги;

ги почитува новите теоретски знаења и предлози од сите соработници, со ист респект и од помладите соработници и е во потрага по најдобрите начини на професионално работење;

се грижи за остварување на добри меѓусебни односи во работната средина и активно се вклучува во ненасилна и здрава работна средина; учеството во здравствениот тим се темели на колегијалност, ненасилство, меѓусебно почитување, како и почитување на принципите на асертивнa комуникација;

било каква форма на насилна комуникација, дис-криминација, вознемирување или малтретирање на колеги е недозволива;

фактори како што се: раса, етничка припадност, рели-гија, политички убедувања, социјален статус, возраст, пол, здравје, онеспособеност или други лични причини, не смее на било кој начин да влијаат на односот со вработените;

за можно непрофесионално и неетичко однесување на своите колеги ги пријавува на претпоста-вените, надлежните институции и / или на етичката комисија на ЗМСТАМ;

при извршување на педагошка работа во клинички услови треба да се обезбеди професионална, безбедна и етичка практична работа со пациентот;

менторот учениците и студентите ги промовира и ги надгледува дали работат во согласност со овој Кодекс на етика;

Page 14: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

12

дури и да не е во формална улога на ментор, посветува посебна грижа и внимание на учениците и студентите од медицински и други училишта и приправници, и со нив треба да го споделува своето знаење и професионално искуство, да ги охрабрува и да биде пример за нивната идна професионална кариера, а истотака со нив воспоставува професионален толерантен дијалог;

се грижи за  своите јавни настапи, настапи во медиумите и / или на социјалните мрежи или со било кој друг начин, несмее да го намали угледот на својата професија и угледот на своите колеги и другите вработени;

припадноста на иста професијата ја обврзува да помогне на својот колега, доколку го замоли, како и колегијално е да се грижи за болен колега.

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ОПШТЕСТВОТО

НАЧЕЛО IX

Медицинската сестра работи во согласност со насоките кои обезбедуваат подобро здравје и развој на здравствената заштита.

Стандарди на однесување: дава поддршка за здравиот начин на живот на

поединеците, групите и локалните заедници за да се обезбеди здрава животна средина, делува здравствено-воспитно во рамките на своите компетенции;

заедно со другите здравствени професионалци активно учествува во планирањето и спроведувањето на програмите на здравствената заштита;

Page 15: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

13

иницијатор е и поддржувач на активностите за поши-рок општествен интерес, особено на активности кои се поврзани со нејзината професија;

има право и должност преку националното сестринско здружение (ЗМСТАМ) и секциите во него, како и други организации да биде посветена на видливоста и угледот на здравствената нега во општеството, на соодветни работни услови, соодветено да биде наградувана за работата како и другите здравствени професионалци и да има правна заштита при извршување на работата.

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И НАЦИОНАЛНОТО СЕСТРИНСКО ЗДРУЖЕНИЕ

НАЧЕЛО X

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, како национално сестринско здружение ја прифаќа одговорноста за усогласување и развивање на етичките начела во здравствената нега.

Стандарди на однесување: Медицинската сестра со своето етичко и морално

однесување го подигнува угледот на професијата и репутацијата на ЗМСТАМ ;

Постапува во согласност со вредностите, визијата, мисијата и стратегијата на Здружението;

се грижи за угледот и препознатливоста на здру-жението како на работното место така и во општеството;

Националното здружение овозможува континуирана едукација, преку организирање обуки, семинари, кон-ференции, работилници ...

Page 16: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

14

Лобира за да овозможи континуирана едукација и квалитетни стандарди за нега преку развивање на интервенции и компетенции поврзани со сестринската професија

Стимулира соработка со другите здравствени про-фесионалци

Почитување на одредбите од Кодексот е задолжително за секоја медицинска сестра, техничар, како и за секој друг член во тимот за нега.

Page 17: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

15

Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

на Република Македонија

ул. Даме Груев бр. 28

1000 Скопје

www.zmstam.org.mk

Page 18: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална

16

Предговор.................................................................................................................................... 2

ПРЕАМБУЛА................................................................................................................................. 3

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ПАЦИЕНТОТ................................................................ 4

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ПРАКСАТА................................................................... 6

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ИСТРАЖУВАЊЕ.........................................................9

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И СОРАБОТНИЦИТЕ................................................10

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И ОПШТЕСТВОТО....................................................12

МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА И НАЦИОНАЛНОТО

СЕСТРИНСКО ЗДРУЖЕНИЕ.................................................................................................13

.....................................................................................................................................................................

.....................................................................................................................................................................

.....................................................................................................................................................................

.....................................................................................................................................................................

.....................................................................................................................................................................

.....................................................................................................................................................................

.....................................................................................................................................................................

Page 19: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална
Page 20: KODEKS 2015 01 Suzezmstam.org.mk/wp-content/uploads/2018/04/Kodeks-za... · дознава за пациентот за неговата лична, семејна, социјална