mena van prag - mazi peri i cokolada

94

Upload: suzana-nikic

Post on 27-Apr-2015

128 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Savrsena knjiga o cokoladama i jabukama koja je osvjila svijet i slomila srca citalaca.

TRANSCRIPT

Page 1: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada
Page 2: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Мена ван Праг Мажи, пари и чоколада

Page 3: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

< и|>\ | 1ц1|1 1 2007 1>!1у Мсппа сап 1’гаац

М1;И, М О ^ У АКО СНОСНОЕАТЕ Прво издание 2012

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА

Сите права се резервирани. Ниту еден дел од ова издание не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во која и да било форма или на кој и да било начин во електронските или печатените медиуми без писмена согласност од издава- чот.

Печатено во Македонија

Превод: Ромео Ширилов

Клуб Матица ©

Мена ван Праг

Приказна за потрагата по живот сладок како чоколада и како да бидете среќни

пред да го вкусите...

Page 4: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

За Аршур, мојаша љубов, мојаша свешлина

Page 5: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Оди на местото на внатрешната тишина. Ке ги почувствуваш пространството

на светот И неѓовипле бескрајни можности.Ке знаеш дека можеш да направиш се И да имаш се.Ке видиш дека токму во овој мш Си совршен токму онаков каков што си.

Page 6: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

БЕЛЕШКА ЗА САМОПРЕКОРОТ

На почетокот на оваа приказна, главниот лик, Ма- ја, го мрази својот живот, но не знае како да го изме- ни. Заробена во стапицата на стравот, сомневањето и негативните мисли, таа не верува дека некогаш ќе жи- вее онака како што посакува.

Потоа запознава исклучителни луѓе што и ги от- криваат тајните за среќен живот. Со нивна помош, Ма- ја наоѓа во себе храброст и ентузијазам да си ги ост- вари желбите и соништата.

Меѓутоа, нашата хероина на почетокот е обземе- на од самосожалување. Можеби нема да ви годи да го читате тоа, посебно ако понекогаш сте строги кон себе и ако критериумите ви се многу високи. Можно е дека ќе ве нервира, можеби ќе ја осудувате поради тоа што заглавила, исто како што се осудувате и се- бе кога сте во слични ситуации. Сепак, кога ќе и се при- дружите на Маја на нејзиното патување, ќе откриете како да бидете поблаги кон себе. Кога ќе ја прифа- тите и ќе ја засакате, кога ќе почувствувате дека неј- зините страдања се и ваши, можеби ќе успеете безус- ловно да се засакате и себе.

А сите знаеме, во длабочината на душата, дека без- условната љубов е условот за нашата среќа.

Page 7: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Маја се онерасположи кога влезе во кафулето Какао. Секое утро беше исто. Се разбуди додека уш- те беше темница, се облече и се напи кафе пред да слезе полека по скалите што го поврзуваа нејзиниот стан со кафулето. Потоа ги помина следните не- колку часа подготвувајќи колачи и печива се додека не заѕвони првиот муштерија.

Кафулето беше сон на мајка и и Маја го обожава- ше кога беше девојче. Помагаше околу подготвува- њето на храната, чистењето и послужувањето. Седе- ше зад пултот додека мајка и Лили гледаше без треп- нување во вратата и скокнуваше секогаш кога ќе се отвореше.

Маја обожаваше да сече дебели резанки тарт со чо- колада и вишни, Павлова торта и колачи со глазура од лимони. Им нудеше на муштериите свежи кроф- ни со шеќер од лаванда и глазиран кекс од јужно овош-

Page 8: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

12 Мена ван Праг

је. Се насмевнуваше кога гледаше како се радуваат лу- ѓето додека им ги подаваше деликатесите преку ста- риот пулт од дабово дрво.

Кога наврши осумнаесет години, Маја најпосле по- чувствува дека е подготвена да ги напушти удобноста и топлината на кафулето и да тргне во светот. Запиша англиска книжевност на Оксфорд и одвај чекаше да почнат предавањата. Зборуваше само за тоа. Муште- риите и честитаа, а за возврат таа им даваше бесплат- ни чоколадни мафини. Лили толку могу се гордееше со ќерка си, што неделниот специјалитет го нарече ти- рамису тринити* во чест на Маја, и цело лето го рек- ламираше на огласната табла.

Оксфорд беше се за што сонуваше Маја. Таа шета- ше меѓу зборовите, ги минуваше деновите во приказ- ните, а ноќите измислувајќи бајки за ликовите од свои- те соништа.

Читаше се што ќе и дојдеше в рака. Го следеше аз- бучниот ред на полиците во библиотеката, криејќи се во лавиринтот од ходници во кои имаше барем по еден примерок од сите книги што биле објавени кога и да било.

Една ноќ, кога учеше до доцна во библиотеката, Ма- ја наиде на посебна книга. Неколку часа подоцна, ко- га најпосле ја затвори, се загледа низ прозорецот и им се насмевна на ѕвездите. Тогаш знаеше дека конечно се најде себе. Знаеше дека ќе стане писател. Во таа ти-

*Тринити е еден од составните колеџи на Оксфордскиот универ- зитет во Англија. (Прев.)

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 13

шина, слушна што и зборува нејзината душа и првпат се почувствува навистина жива - силна како молња и лесна како пердув.

По таа ноќ, неуморно пишуваше. Тетратките ги ис- пишуваше толку брзо што набргу имаше стотици рас- фрлени по подот на собата. Секое парче хартија ста- нуваше страница на која можеше да се напише неш- то. Маја ги запишуваше мислите на салфети, сметки и карти за концерти, понекогаш изненадувајќи се се- бе со реченици што беа толку убави и искрени што и го одземаа здивот.

Меѓутоа, шест месеци откако таа замина од дома, Лили се разболе. На ночетокот не знаеја за што се ра- боти. На почетокот се уште имаше надеж. Но два ме- сеци подоцна, кога ја потврдија дијагнозата, Маја го напушти Оксфорд и се врати дома за да се грижи за неа. Лили живееше до Бадник. Ноќта кога умре, ја замоли Маја да се грижи за кафулето.

Оттогаш поминаа десет години и Маја сега се тру- деше да не размислува за денот кога ја загуби мајка си и за мигот кога се загуби себе. Сепак, болката уште и беше во срцето и постојано ја прободуваше стутулена во мрачен, немлив агол.

Маја воздивнуваше додека минуваше покрај праз- ните полици, што набргу ќе се искриват под тежина- та на тортите и штангличките, и слегуваше скалило по скалило накај кујната на кафулето. Таму се задр- жа, наведната над чиниите, обложувајќи ги калапите

Page 9: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

14 Мена ван Праг

за колачи, отворајќи ги рерните, грицкајќи кекс со мед и чоколадни трошки се додека не се раздени.

Кога го отвори дуќанот, си направи капучино и сед- на зад пултот да гледа како врне дождот. Ги гледаше луѓето како брзаат, скриени под чадорите, и како се пробиваат низ ветрот.

Маја секојдневно ја губеше битката со појадокот - не можеше да им одолее на кафето и чоколадните кроасани. Понекогаш успеваше да се воздржи некол- ку часа, но ретко издржуваше до десет часот наутро без да смачка, и покрај гризењето на совеста, некол- ку кроасани. Остатокот од денот беше неизбежно про- паѓање во самозалажувањето. Чоколадните деликате- си постојано ја искушаваа и Маја очајнички се пра- шуваше зошто не може барем еднаш да го победи пар- чето торта со крем.

Го погледна послужавникот со чоколадни мафини на пултот и се заколна дека денес нема да изеде ниш- то благо. Ја погледна книгата чиј наслов ветуваше де- ка ќе ја излекува од болеста на зависност наречена „не- зауздан маж“. Потоа виде тажна глетка - нејзиниот стомак под скутникот беше набабрен од колачите. И се врати на книгата, ја сврте страницата, трудејќи се да се сосредоточи, но некако не беше посебно заинте- ресирана.

Имаше денови кога Маја се плашеше дека конеч- но ќе мора да се откаже од своите соништа. Со години се обидуваше да го заврши романот чкртајќи речени- ци меѓу правењето на колачи, служењето на муште-

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 15

риите и грижата за сметките. Се трудеше, се надева- ше и сакаше да најде љубов, но последната деценија ја помина или сама или закрепнувајќи од пропаднатите врски. Потоа секој ден се трудеше да си наметне стро- га диета, но силата на нејзината волја беше се посла- ба, па му подлегна на искушението.

Светот на Маја го обликуваа нејзините размислу- вања за мажите, парите и чоколадата; а тие размис- лувања речиси секогаш беа самокритични и депресив- ни. Не беше среќна додека трагаше по љубов, успех и вита линија, но сепак не се откажуваше. Ретко помис- луваше дека можеби греши, дека во своето опсесивно фокусирање на тие цели можеби пропушта нешто.

Понекогаш имаше чувство дека тајната за среќен живот и е н а досег на раката. Имено, во ретки миго- ви ја изненадуваше чувството на детска радост што и се прикрадуваше од зад грб додека се наведнуваше да го мирисне шеќерот во чинијата во која ги матеше состојките за торта; или кога гледаше сончев зрак ка- ко минува низ златните лисја. Не знаејќи како или зош- то, и доаѓаше сеќавањето на нешто што порано го знаела и одненадеж се насмевнуваше гледајќи како пред неа се отвора блескавиот и прекрасен свет. Ма- ја понекогаш ја преплавуваше чувство на топлина и спокојство и тој миг имаше вкус на вечност. Вистина, таквите чувства исчезнуваа брзо, како допрени од вол- шебно стапче.

Page 10: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

16 Мена ван Праг

Иако длабоко во срцето веруваше дека навистина би можела да биде среќна, немаше поим како да го ос- твари тоа.

Го пиеше капучиното и разгледуваше околу себе. Кога мајка и го водеше кафулето, беше полно луѓе, бучно, исполнето со весели разговори. Меѓутоа, сега често беше празно.

Маја се грижеше дека нема да може навреме да ги плаќа долговите. Првите неколку години по смртта на Лили направи големи грешки. По десет години, во градот се намножија толку кафулиња, што се чинеше дека некој замислил да го покори светот по пат на ге- нетско клонирање. И се чинеше дека секоја недела на само една улица никнуваат најмалку три нови кафули- ња. Се разбира, тоа никако не и одговараше.

Сепак, барем засега, Маја некако се одржуваше и полека се оддалечуваше од работ на финансиската про- паст. Редовните муштерии и беа верни. И ќе бидат, се додека ги прави познатите овесни штанглички на Ли- ли и додека им става во капучиното дополнителни зр- на какао прелеани со чоколада.

Се џареше во осамениот пар што седеше во аго- лот облегнат на меките перници од црвено кадифе. Мажот и шепотеше нешто на уво на девојката, а таа се смееше. Маја го свте погледот настрана и зеде уш- те еден мафин. Глетката на двајцата вљубени беше повеќе отколку што можеше да поднесе во тој миг без поддршка од чоколадата.

МАЖИ. ПАРИ И ЧОКОЛАДА 17

Мислите, како и обично во такви мигови, и одлутаа кај Џејк.

Џејк беше муштерија за кој Моја редовно фантази- раше. Поминуваше часови замислувајќи го истото пре- красно сценарио - тие двајцата заедно во многу скап стан во Париз, како се бањаат во шампањско и се хра- нат еден со друг со јагоди. Кон таа фантазија ја додаде и можноста да ужива во огромни количества чоко- лада без да добие ниеден грам. Понекогаш малку го менуваше описот, претежно местото на случувањето на дејството.

Беше висок, русокос и неверојатно згоден. Освен тоа, Маја често мислеше дека таквиот изглед може да му наштети. Или може да и наштети нејзе, зашто тој ретко ја погледнуваше двапати. Се разбира дека флертуваше, но знаеше дека е таков со сите, дека со шармот се пробива низ животот.

Го имаше она нешто што ја тераше да му се вос- хитува, да го обожава и да го посакува, додека исто- времено и беше совршено јасно дека за неа е недос- тижен. Дури и кога би и дозволил да му пријде, знае- ше дека еден дел од неговото срце засекогаш би оста- нал недопирлив.

Меѓутоа, таа сосем полуде по него. И, иако дла- боко и недвосмислено веруваше дека тоа е човек што никогаш нема да се вљуби во неа, сепак ја остави таа можност. Исто како и луѓето што секоја недела ку- пуваат тикети за лото, и Маја се надеваше на добив- ка. До тој ден се задоволуваше со мечтаење за нивни- от можен заеднички живот.

Понекогаш го слушаше Џејк како разговара на мобилен телефон додека го чека своето капучино и

Page 11: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

18 Мена ван Праѓ

ги прислушуваше разговорите за подемите и падови- те на неговиот љубовен живот. Маја сфаќаше дека Џејк жонглира со девојките, дека две фаќа во шепите, а тре- тата ја крие зад грб. Со секое ново откритие на љу- бовните авантури на Џејк, таа се повеќе се плашеше од него. Но и понатаму си велеше дека тој еден ден, кога ќе се вљуби во вистинската жена, можеби ќе пре- стане со тоа. И се надеваше дека, можеби, со малку среќа и многу молитви, токму таа би можела да биде таа жена.

Се огласи ѕвончето над вратата. Маја погледна и виде дека влегува Џејк. Ја истресе водата од чадорот и веднаш намести заслепувачка насмевка. Таа се ис- прави и го вовлече стомакот. Џејк се приближи до пул- тот зрачејќи со насмевката од илјада киловати.

„Те молам...“ почна тој.„Средно капучино со дополнителни чоколадни зр-

на“, доврши Маја.„Така е. Благодарам.“Таа се сврте кон апаратот за кафе каејќи се пора-

ди тоа што тоа утро не си ја изми косата.„Денес е некако помирно отколку обично“, рече

Џејк.„Знам“, викна таа сеќавајќи се на фактот дека бро-

јот на муштериите постојано се намалуваше, како и на својата прилично нестабилна финансиска ситуаци-ја-

Џејк не рече ништо и ехото на гласот на Маја зву- чеше пробивно во тишината. Трескаво се обидуваше

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 19

да смисли нешто духовито, но мозокот и беше пра- зен. Најпосле пак се сврте кон него и му го подаде ка- фето. Џејк го симна капачето и се напи. „Совршено.“

„Сигурно имаш усни од азбест“, рече Маја смеш- кајќи се и гледајќи во нив.

Тој и подаде банкнота од пет долари. „Молам?“ „Не, мислам“, рече таа, „сакав само да речам дека...

дека јас не можам да го пијам толку жешко.“ „Навистина?“„Да, но не мислев да...“Маја бараше зборови губејќи се во совршените цр-

ти на лицето на Џејк. Токму во тој миг му заѕвони мо- билниот телефон и тој се сврте да се јави оддалечу- вајќи се додека разговараше. Таа го гледаше како за- минува и се подигаше за да го види подобро. Почека додека не се затвори вратата зад него, а потоа лелек- на и благо удри со главата по пултот.

Маја не беше отсекогаш толку незадоволна. Иако одвај можеше да се сети на тоа, пред дваесет години беше среќна. Ослободена од сомневањата и стравот, знаеше точно што сака од животот и како ќе го добие тоа. Беше сигурна дека иднината ќе и биде убава.

Како дете, често замислуваше дека, кога ќе порас- не, ќе живее со привлечен маж што ќе ја обожава и со дете и дека ќе ужива во својата работа.

Маја сакаше да зборува за сето тоа со Бога. Не бе- ше воспитувана во верски дух, така што не разгова- раше со ниеден одреден бог. Тоа повеќе беше некак- во чувство дека некој или нешто е тука. Дека ја слуша.

Page 12: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

20 Мена ван Праг

Често ги насочуваше соништата кон небото, об- лаците, птиците или дрвјата. Во се што гледаше, ги чув- ствуваше вибрациите на магијата, космичките енер- гии, Бог. Затоа постојано зборуваше. Без оглед на тоа што не ги слушаше одговорите, ги чувствуваше во ср- цето.

Сето тоа беше многу возбудливо. Се чувствуваше како да негува некоја посебна, тајна врска со самото создавање. Потскокнуваше по улиците, протегајќи се да ги допре гранките на дрвјата, фаќајќи го сончеви- от сјај со шепите и насмевнувајќи се додека срцето ја скокоткаше од радост. Не и пречеше тоа што луѓето ја гледаа чудно. Само се насмевнуваше и сакаше да ја сподели својата тајна со нив, но не знаеше како.

Разговараше со светот како да беше тој живо суш- тество. Чувствуваше дека е поврзана со се. Бараше ша- ри во ткаенината на животот, знаци и траги додека размислуваше за прашањата што и ги поставуваше животот. Играше со се што гледаше околу себе, се вр- теше заедно со лисјата што танцуваа на ветрот, замис- лувајќи си дека ги носи здивот на универзумот оду- шевен од сето она што го создал.

Понекогаш Маја молчеше и минуваше долги, оса- мени мигови набљудувајќи ги работите околу себе. Обожаваше да го минува времето надвор, да седи на тревата и да ги гледа ластовиците како крстосуваат по небото. Но најмногу сакаше да ги набљудува жа- бите. Сакаше да лежи на стомак и да го чека тивко- то шушкање на тревата. И кога некоја мала зелена жаба ќе и скокнеше покрај носот, срцето и потскок- нуваше заедно со неа. Им се прикрадуваше кога се спуштаа на земја и гледаше како им бијат малите ср- ца додека го чекаат следниот порив да скокнат.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 21

Лили често ја гледаше Маја како му брбори неш- то на небото и тоа ја загрижуваше. Меѓутоа, си веле- ше дека Маја ќе го надрасне тоа. Така и се случи. Ма- ја престана да разговара со Бога.

Имаше девет години. Прв ден во новото училиш- те. Беше толку возбудена поради тоа што ќе запоз- нае нови другари, што ќе ги води на своите прошет- ки, што ќе ги подели со нив своите тајни. Но тоа прво попладне, додека Маја потскокнуваше покрај дрвја- та и разговараше со птиците, сфати колку е тешко да бидеш поинаков. И се потсмеваа на игралиштето. Се- каде одекнуваа потсмешливи детски гласови, а по неј- зините образи се стркалаа солзи. Понижувањето и се спушти по ’рбетот, и се вовлече во градите и и г о за- души срцето. Со денови имаше горчлив вкус во уста- та поради тоа, а гласовите што ги слушна тој ден на игралиштето со години ја прогонуваа во соништата.

Тогаш последен пат го погледна небото смешкај- ќи се без причина и му се обрати на она што можеше само да го почувствува, но не и да го види. Подоцна во животот Маја се сеќаваше на тој миг и сфати зошто мнозинството возрасни одат низ животот толку воз- држано и плашливо, премногу исплашени за да им се насмевнат на непознатите. Сфати дека стравот од срамот често ја нарушува среќата.

Сега Маја веќе не ги делеше мислите и срцето со Бо- га, како ни со никого друг. Ги чуваше своите желби и соништа за себе. Тајните ги заклучуваше и ги про- учуваше само во миговите на целосна осаменост.

Page 13: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Мена ван Праг

Вистина, иако веќе не ги делеше со никого, тоа не | , 11 мречуваше по цел ден да мечтае и да фантазира. Жслбите и лебдеа во мислите додека стоеше зад пул- тот на кафулето. И, ако не ја прекинеше никој, може- ше да мечтае со часови.

Седеше зад касата, откако изеде сендвич и уште еден мафин, зашто разочарувањето со Џејк ја врати во утешната прегратка на чоколадата. Прелистува- ше едно списание, со завист ги гледаше славните лич- ности и се обидуваше да заборави дека е одвај плад- не, а дека веќе двапати го прекрши својот завет за воз- држување од чоколадата.

Маја многу се трудеше да не размислува за Џејк - реши да се сосредоточи на чистењето на апаратот за кафе. Се чинеше дека тоа утро ќе нема посебно многу муштерии, па ја искористи можноста да го расклопи.

Додека главата се уште и беше нурната длабоко во апаратот за кафе, Маја ја прекина едно накашлу- вање. Се сврте и виде една ситна старица како стои од другата страна на пултот.

„О, добар ден“, рече Маја и брзо си ги избриша ра- цете од скутникот. „Сакав да го...“

„Би сакала голема топла чоколада, мила“, рече ста- рицата, „со многу пена.“

„Извинете, но не можам. Го чистам апаратот.“ Маја се подготви за изливот на незадоволство на

старицата. Меѓутоа, таа само се насмеа, а потоа го нри- тисна носот на стаклото на витрината и го покажа колачот со портокали и чоколадни трошки што Ма- ја го испече тоа утро.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 23

„Тогаш добро, ќе земам големо парче од овој пре- красен колач.“

Маја кимна со главата и ја отвори витрината ва- дејќи го колачот. Пресече едно парче додека стари- цата ја гледаше со насмевка. Маја се трудеше да ја др- жи главата наведната и да се сосредоточи. Но сфати дека кај жената имаше нешто што ја тераше и таа да се насмевне. Не можеше да каже за што се работи, но беше некако посебна.

„Дали би ми се придружила?“ праша старицата. „Молам?“„На едо парче колач.“„О, не... Малку сум зафатена.“Старицата ја погледна. „Навистина?“Маја се намршти. Муштериите никогаш не и се об-

раќаа толку директно, ако воопшто и и с е обраќаа. Со исклучок на неколку бегли „благодарам“, никогаш не се случи ништо значајно во разговорите со муште- риите.

Маја ја погледна подозриво старицата. За толку от- ворена личност, изгледаше лажливо кротка. Беше мно- гу ниска, со кратка бела коса, во син џемпер, со бисе- ри и ситни очи што гледаа внимателно од зад очила- та со златна рамка. Но очите и блештукаа. Без ни- каква причина, или можеби токму поради тоа, Маја одеднаш почувствува доверба кон неа.

„Не, не сум зафатена“, призна таа.,.Па тогаш зошто не ми се придружиш?“Тоа беше нешто што Маја го немаше направено

уште откако беше мала. Тогаш брбореше со сите и постојано делеше парчиња торти, чоколади штан- глички и чаши топла чоколада со муштериите. Сега

Page 14: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

24 Мена ван Праѓ

сфати колку и недостигаше тоа. Со блага болка во срцето Маја кимна со главата, го заобиколи пултот и тргна по старицата накај една маса.

„Јас сум Роуз“, рече таа седнувајќи.„Маја.“Седеа молкум. Роуз со сласт го јадеше колачот. По

неколку залака ја погледна Маја.„Имав право. Одличен е.“„Благодарам.“„Зар ти нема да земеш нешто?“„Не јадам колачи“, излажа Маја.„О со насмевка рече Роуз.Маја се трудеше да го игнорира повикот на кола-

чот совладувајќи го инстинктот да го грабне и да го пикне в уста.

Откако Роуз ги изеде и последните трошки, соби- рајќи ги внимателно од чинијата со влажен прст, љу- бопитно ја погледна младата жена. Маја се разжера- ви на столот со чувство на непријатност. Не беше на- викната да ја гледаат така и се чувствуваше непријат- но.

„Не си често тука, нели?“ тивко рече Роуз.„Секој ден освен во недела“, рече Маја.„Не мислев на тоа, мила.“„Туку на што?“„Не ми изгледаш како некој што го живее живо-

тот, туку како набљудувач на сопствениот живот“, ре- че Роуз. „Затоа се чувствуваш толку... неисполнета.“

„Неисполнета?“ Маја се намршти.„Зар не е така? Извини, мила, но ми изгледаш при-

лично неисполнета.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 25

Маја беше истовремено и шокирана и трогната од тоа што старицата и се обрати со толкава искреност. Кога велеше „мила“, изгледаше како да го мисли на- нистина тоа. Кога Маја се насмевнуваше, Роуз одго- иараше со таква сочувственост што, за нејзино големо изненадување и срам, очите на Маја се насолзија.

„Тоа е вистина. Длабоко сум неисполнета.“„Не можеш да го скриеш тоа.“ Роуз кимна со гла-

ната. „Ти се гледа во очите.“„Како?“ праша Маја.„На твоите очи, мила, очигледно им недостига сјај.“

Маја и Роуз сега делеа чинија чоколадни овесни штанглички. Старицата ја јадеше веќе третата, доде- ка младата жена ја гледаше. Роуз ја поттурна чини- јата кон неа, но Маја одмавна со главата.

„Сигурно ли не сакаш ниедна?“ праша Роуз додека трошките и паѓаа на скутот. „Имаат извонреден вкус.“

„Знам. Сум изела најмалку сто оваа година“, рече таа внимателно одвиткувајќи ја полувистината, откри- вајќи и дел од себе на Роуз.

„Па тоа не е многу“, рече Роуз.„Добро, не бев сосем искрена", призна Маја. „Јадам

најмалку по три дневно.“Роуз се насмевна, го стави последото парче штан-

гличка в уста и со задоволство го изџвака.„Како успевате во тоа?“ праша Маја. „Како може

да бидете толку слаба кога јадете толку многу?“ „Ако ти кажам, нема да ми веруваш.“

Page 15: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

26 Мена ван Праг

„Зошто?“ Маја се намршти обидувајќи се да замис- ли каква спектакуларна тајна за губење на килограми знае старицата.

„Не можам да ти кажам сега.“ Роуз ги истресе трош- ките од скутот. „Ти си на пат и ќе стигнеш до целта. Меѓутоа, најнапред мораш да почувствуваш нешто во животот пред да ја откриеш тајната за тоа како се одр- жува совршена тежина.“

„Знаете...“ Маја беше шокирана, „но нема да ми ка- жете?“

„Животот е како секоја друга школа“, објасни Ро- уз. „Прво мораш да ги сфатиш основните принципи пред да ги откриеш вишите вистини. Ако ти ги ка- жам веднаш, нема да знаеш што да правиш со нив. А што е уште поважно, нема ни да ми веруваш.“

Маја навредено ја погледна старицата. Одеднаш се налути, сакаше, ако нема друг начин, да и го стег- не вратот и да ја истера вистината од неа. Најпосле, кога лутината и незадоволството и се собраа толку многу што за малку ќе експлодираше, Маја воздивна сфаќајќи дека Роуз има право.

„Не знам како да ги постигнам дури ни едностав- ните цели во животот“, рече Маја. „Љубовта, успехот и среќата ми изгледаат сосем недостижни. ЈТуѓето ги доживуваат секојдневно, но јас не можам. Не знам што не е во ред со мене.“

„Ах.“ Роуз дискретно си ја измазни косата, фати еден избеган прамен и го врати на местото. „Сега гле- дам која треба да биде твојата прва лекција.“

Маја малку се исправи трудејќи се да не изгледа пре- многу заинтересирана. И покрај својот обопштен ци- низам, сфати дека, ако некои луѓе ги знаат тајните на

животот, тогаш Роуз е една од нив. Никогаш не за- познала некого што е толку среќен и задоволен од жи- вотот.

„Пред да се обидеш да добиеш се што сакаш“, ре- че Роуз, „почни да согледуваш колку си строга кон себе. Тоа е почетокот. Мора да бидеш малку побла- га.“

„Како мислите?“Маја се наведна напред и Роуз ја потчукна нежно

по рака. Поцрвене и, токму кога сакаше да се тргне, сфати дека одамна никој не ја допрел толку нежно. Па дури, помина доста време и откако некој воопшто ја допрел.

„Мила моја“, рече Роуз, „мислиш дека нешто не е во ред со тебе. Мислиш дека си дебела, дека си нес- пособна и дека немаш силна волја. Но тоа не е точно. Го мразиш тоа што работиш во кафулево и мислиш дека си страшливец поради тоа што не си ги следиш соништата. Но не е така. Сакаш да имаш момче за- тоа што си осамена. А мислиш дека тоа што го немаш значи дека никој не те сака. Сето тоа е далеку од вис- тината."

Роуз се наведна поблиску гледајќи ја Маја со блеш- тукавите зелени очи. Не можеше да одолее да не се насмевне благо, иако и се плачеше.

„Од каде го знаете сето тоа за мене?“„Јас сум стара. Знам многу работи. Кога ќе почнеш

да им обрнуваш внимание на другите, ќе го забеле- жиш она што порано не си го забележувала. Мнозин- ството луѓе се премногу окупирани од грижата за се- бе, за да му посветат какво и да било внимание на не- кој друг.“ Роуз воздивна, а потоа се насмевна. „Ште- та, многу пропуштаат.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 27

Page 16: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

28 Мена ван Праг

„За малку и јас ќе ве пропуштев вас.“„Така е, мила, за малку.“Маја пак се насмевна. Не можеше да одолее. Же-

ната изгледаше толку задоволна, толку хармонична и ширеше среќа околу себе. Не беше претерано чувст- вителна личност, но одеднаш имаше желба да ја пре- грне Роуз.

Старицата се насмевна широко, како да знаеше за што размислува Маја. Маја брзо погледна засрамено низ прозорецот. Дождот престанал да врне. Се надева- ше дека тоа не значи дека муштериите ќе изнадојдат. Зашто, иако и беше потребен приходот, уште повеќе сакаше да продолжи да разговара со Роуз. Пак ја свр- те главата кон неа.

„Зошто ме гледате така?“„Извини, мила, како те гледам?“„Како да знаете за мене нешто што јас не го знам.“ „О, и ти го знаеш. Само одбиваш да поверуваш." „Во што да поверувам?“„Дека си апсолутно совршена“, се насмевна Роуз,

„токму таква каква што си: сама, борец и многу... сек- си. Само кога би поверувала во тоа, тогаш животот би почнал да ти се развива во нешто величествено.“

Оваа идеја беше малку радикална за Маја, претста- вуваше толкав шок за нејзиниот систем, што одвај ја слушаше Роуз како зборува.

„Не“, рече таа. „Кога Џејк би се вљубил во мене, кога би напишала бестселер и кога би ослабела пет килограми. Тогаш животот би ми бил совршен.“

Роуз ги подигна веѓите и затрепка со блештукави- те зелени очи. Колку сакаше да може веднаш да и ги ка- же на таа жена сите тајни на среќниот живот! Со тоа

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 29

би и заштедила многу време, би ја поштедила од мно- гу неволи. Но немаше избор. Едноставно мора да би- де така.

Роуз знаеше од искуство дека, иако вдахновените упатства се од клучно значење на патот кон исполну- вањето и радоста, сами по себе не се доволни. Од не- која причина, што дури ни самата не ја разбираше до- крај, советот мораше да биде усогласен со искуство- то, човек мораше да ги доживее работите, да му би- дат напишани на срцето место да постои само созна- нието за нив.

„Сакаш да матурираш пред да ги научиш своите лекции“, рече Роуз обидувајќи се да ја насочи.

„Но отсекогаш го чекам тој живот“, се пожали Ма- ја. „Мислам дека веќе не можам да издржам.“

„О мила, не грижи се за тоа. Луѓето се вљубуваат за секунда, договори за книги се склучуваат за еден ден, а петте килограми може да се симнат за една недела“, рече Роуз настојувајќи да вметне мали патокази во разговорот. „Но многу е подобро да не го добиеме она што навистина го сакаме се додека не ги научиме своите животни лекции.“

„Какви лекции?“ праша Маја, љубопитна и со на- деж дека старицата можеби сепак ќе и ги открие тај- ните по кои копнееше.

„Животот им поставува предизвици на сите, теш- ки ситуации како осаменоста, недостигот на пари и ви- шокот на килограми. Но луѓето толку многу му се про- тивставуваат на сето тоа, што им бегаат наградите што се скриени во тоа.“

Page 17: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

30 Мена ван Праг

„Награди?“ со неверување праша Маја.Тогаш Роуз знаеше дека нејзиниот прв инстинкт бе-

ше правилен. Не можеше сега да и ги каже сите тај- ни на животот, зашто едноставно не би и поверувала. А тоа би било многу контрапродуктивно. Цинизмот на Маја беше посилен од се друго - од нејзината желба, од љубопитноста, од желбата за посреќен живот. Бе- ше потоната во него, од глава до петици, а недоверба- та и малодушноста и го замрачуваа умот и испуштаа облачиња од сомневање што и го замаглуваа видот.

Роуз не се трудеше да ги убедува луѓето во нешто, но ја гледаше вистинската миловидност на младата жена, па затоа реши да биде упорна. Исто така ги за- бележа, длабоко во изморените очи на Маја, и бле- дите искри на надежта, закопани од многугодишната тага и разочарувањето, но кои се уште се обидуваа да блеснат. Роуз прво мораше да ја разбуди таа надеж, за да има Маја некакви шанси за среќа.

„Ако ги погледнеш длабоко тие ситуации, во тие навидум превртени судбини, ако ги откриеш во нив тајните на среќата, тогаш ќе знаеш и како да ги над- минеш“, објасни Роуз, „и како да бидеш среќна.“

Маја размисли внимателно за тоа. „Но не гледам како можат лошата финансиска ситуација или вишо- кот на килограми да ме доведат до среќата. Зар нема да бидам посреќна кога тоа едноставно би се измени- ло? Кога би била богата и вита, би била среќна. Мис- лам дека во тоа нема никаква подлабока смисла."

„Се зависи од тоа како доаѓаш до таа цел“, рече Роуз, свесна дека тоа е вистината што луѓето обично ја разбираат најтешко. „Луѓето што стекнуваат голе- мо богатство, дури и кога го работат она што го са-

М АЖ И, ПАРИ И ЧО КО ЛА ДА 31

каат, обично не се сосем среќни ако не одат до своја- та цел по правилниот пат.“

„Не разбирам“, рече Маја. Но нејзината љубопит- иост растеше, сакаше да ги слушне тајните за кои се чинеше дека жената ги знае, патоказите кон задовол- ството што го запозна како дете, но на кои веќе не мо- жеше да се сети.

„Некои луѓе имаат се што сакаш ти, но, и покрај тоа, не се навистина среќни“, рече Роуз. „Тоа е затоа што јуреле не гледајќи околу себе. Биле толку сосре- доточени на целта, што ги пропуштиле сознанијата ѕа вистинската радост и предавањето, можностите за сочувственост и, најмногу од се, искуствата што би мо- желе да им ги отворат срцата и да ги поврзат со Бо- га.“

Неколку мига седеше молкум под силното влија- ние на зборовите. Роуз се насмевна благо кога виде де- ка нејзините зборови почнаа да ја будат искрата во очите на Маја.

„Па тогаш како да го добијам тоа што го сакам?“ праша Маја. „А да не ја пропуштам суштината на жи- нотот?“

„Лекциите се различни за секого, мила моја. Сите ммаме невидливи таленти што треба да се изразат; си- те криеме единствени рани што треба да се исцелат“, рече Роуз. „Ако го градиме својот пат слушајќи ги ту- ѓите совети и сопствената интуиција, животот ќе ни го даде тоа што ни е потребно.“

„Навистина? Секогаш ли е така?“ Маја не можеше сосем да поверува во тоа, зашто последните десет годи- ни се чувствуваше сосем заглавена во времето и прос- торот.

Page 18: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

32 Мена ван Праг

„Да“, одговори Роуз со насмевка. „Во овој миг жи- вотот ти е толку богат со извонредни лекции и даро- ви, што се чудам како не се препнуваш од нив на се- кој чекор.“

„Да, прилично сум несмасна“, се насмеа Маја. „Од каде знаевте?"

Очите на Роуз блеснаа палаво. „Постојано ти се ну- дат лекции што треба да ги научиш и подароци што треба да ги собереш. Но ако ги игнорираш тие пот- тикнувања, набргу нешто ќе те удри по глава. Освен тоа, ако продолжиш и понатаму упорно да ги игнори- раш, би требало да внимаваш да не ти падне пијано на главата додека одиш по улица.“

Маја се вџаси.„Кои се тие лекции, какви се тие дарови? Може ли

да ми кажете?“Младата жена ја гледаше со толкаво очекување и

зборуваше со толкава надеж, што Роуз, какви и да беа правилата и прописите, никако не можеше да ја одбие.

„Сочувственост. Храброст. Интеракција“, рече таа.

„Аха, разбирам“, рече Маја, иако не разбра навис'- тина. Сепак, тоа беше добар почеток.

„Тоа се клучевите. Тие ќе ја отклучат среќата што чека во тебе.“ Роуз се насмевна кога ја замисли Маја како ковчеже со богатство што чека да биде отворе- но. ,.Без тие клучеви можеш да зграпчуваш се што са- каш на светот, но и понатаму ќе се чувствуваш не- пријатно и ќе се плашиш од загуба. Срцето ќе ти би- де отсечено од сетилата. Ќе имаш се, но можеби не- ма да чувствуваш ништо.“

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 33

„Не“, брзо рече Маја. „Не го сакам тоа.“„Затоа е многу подобро внимателно да ги градиш

гноите соништа, место да јуриш во нив како мува без глава или просто да ти паднат на скутот. Можноста за изразување е вистинска магија“, ја предупреди Роуз, ,ио искуствата како сочувственоста, храброста и ин- гсракцијата се од суштинско значење за исполнет жи- нот. Без нив ќе се чувствуваш загубена, без и да зна- сш зошто. Би можела да имаш љубов, богатство и уба- иина, но пак не би била среќна.“

Додека Маја слушаше, Роуз се смести поудобно на столот, си го наметна сакото и си ги намести бисери- те.

„Знам дека можеби не сакаш да го слушнеш тоа, мила“, благо рече Роуз, „но твојата прва лекција, пред да направиш што и да било, е да сфатиш дека се е во ред со тебе. Да видиш дека си апсолутно совршена ток- му таква каква што си. Тоа е сочувственост.“

Маја замижа и тивко воздивна.„Тоа е првата и најважната причина поради која

уште немаш живот каков што сакаш“, објасни Роуз. „Затоа што длабоко во себе не веруваш дека навис- тина го заслужуваш. Мислиш дека не си доволно вред- на.“

Маја подголтна за да не заплаче.„Обиди се да кажеш “, предложи Роуз. „Обиди се

да изговориш дека заслужуваш да го имаш сето она што го сакаш."

Маја зина. Зборовите и се обликуваа и и запираа на врвот на јазикот чекајќи да ги изговори. Но не мо- жеше.

Page 19: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

34 Мена ван Праѓ

„Не знам зошто ми е толку тешко да го изговорам тоа.“

,,Се е во ред. Обиди се пак. Но овој пат изговори го, иако се сомневаш во тоа.“

Маја вдиша длабоко, повикувајќи ги зборовите од длабочината на утробата. „Заслужувам да имам врс- ка исполнета со љубов. Заслужувам да напишам и да објавам прекрасна книга. Заслужувам да имам убаво тело.“

Маја испушти долга воздишка. Роуз и ја стегна ра- ката преку масата.

„Браво, мила. Како се чувствуваш?"Маја одмавна со главата и си ги собра рамената. „Не-

достојна и виновна, но не ми е јасно зошто. Веројатно мислам... зошто би требало да добијам се што сакам? Со што сум толку посебна?“

„Токму така!“ викна Роуз, одеднаш удирајќи со ма- лата рака по масата толку силно што Маја потскокна. „Така размислуваат мнозинството луѓе. Што е штета, зашто тоа ги спречува да го стекнат сето она по што копнеат во животот.“

Маја кимна со главата. Полека почнуваше да сфа- ќа што се обидуваше да и покаже Роуз. Никогаш по- рано не го забележуваше тоа - тежината на вината што и ги притискаше градите како сјаен црн камен. Сега таа беше се што можеше да почувствува. И беше тол- ку тешка, што одвај можеше да дише.

„Слушај“, рече Роуз наведнувајќи се напред, со блес- кави очи и таинствена како заговорник. „Не можеш

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 35

да се бориш против овие негативни ставови затоа што се силни и што им се заеднички на мнозинството лу- ге. Но можеш да ги заобиколиш.“

„Навистина? Сигурна ли сте?“ праша Маја, се уш- те борејќи се да дојде до здив и прашувајќи се колку ли долго веќе се чувствуваше токму така.

„Апсолутно, само мора да бидеш практична. Не раз- мислувај дали заслужуваш да бидеш среќна“, рече Роуз. „Знај дека треба да бидеш среќна во корист на остатокот од светот.“

„Како мислите?“„Сите на оваа планета имаат потреба да бидат среќ-

ни. Тоа не е никаков себичен импулс. Му го должат тоа на остатокот од човештвото.“

„Му го должат?“„Да“, рече Роуз. „Кога си среќна, ги разведруваш

и другите околу себе и го правиш светот подобро место за живеење. Меѓутоа, кога си несреќна, шириш несреќа. Можеби не го сакаш тоа, но не можеш да се одбраниш. Тагата просто се прелева од тебе врз сите други. И не можеш да направиш ништо за да ја зап- реш.“

Маја кимна со главата. Тоа веќе го разбираше.„За да го разведриш светот, мораш најнапред да се

усреќиш себе.“Маја молчеше.„Зар не го сакаш тоа?“ ја праша Роуз.Се колебаше дали да одговори пред да кимне по-

тврдно со главата. Одвај беше но состојба да го ириз- нае тоа. Почнаа да и течат солзи и и запре здивот. Ста- рицата ја гледаше Маја се додека не се расплака. По- тоа, тивко и полека, Роуз седна до неа. Маја липаше до-

шшкшл шшкшшишшшш ш̂шшш

Page 20: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

36 Мена ван Праг

дека Роуз ја држеше во прегратка, нежно гушкајќи ја и нишајќи ја.

„Само мораш да си простиш себеси“, шепна Роуз. „Тоа е се. За се што си направила кога и да било. Заш- то, ќе престанеш да ги повредуваш другите само ко- га ќе престанеш да се повредуваш себе.“

Додека ја преплавуваше вистината на зборовите, Маја горчливо плачеше. Поради сета болка што ко- га и да било им ја нанела на другите и поради сета бол- ка што кога и да било си ја нанела себеси. Секогаш кога и викаше на мајка си поради тоа што сакаше да излезе и да ужива, место да остане дома и да послужу- ва, за суровите зборови што ги изговорила кога и да било и за лагите што ги кажувала. Тие сеќавања, рас- фрлени меѓу многу други, сега се собраа и се ослобо- дија во липањето на Маја.

Повеќе од се, таа плачеше поради тоа што толку пати беше ужасна кон себе. Поради сите мали неуспе- си и зајадливите критики кажани секогаш кога ќе се погледнеше во огледало и беше незадоволна од тоа што го гледаше.

Роуз ја прегрна. Ја галеше по косата и и велеше дека се ќе биде во ред, дека сите ги повредуваме дру- гите, но дека сите сме невини во сопствената болка. Имено, сигурно сите би се однесувале подобро и би нашле љубов во срцата место омраза. само кога би мо- желе.

Постепено и полека, солзите го бришеа гризење- то на совеста на Маја. Почна да дише длабоко, си ги избриша солзите и ја погледна Роуз.

МАЖ И, П АРИ И ЧОКОЛАДА 37

„Одамна не сум плачела вака. Никој не ме прегр- иал така уште од...“

„Знам, мила“, тивко рече Роуз, „знам.“

Роуз стоеше кај вратата и Маја се потпре на дов- ратникот, тажна поради тоа што мора да се разде- лат. Старицата ја подаде раката и М аја ја стегна цврсто.

„Се ќе биде во ред.“ Роуз се насмевна. „Всушност, се ќе биде одлично. Ова е првиот чекор на твоето па- гување. Почна да си го отвораш срцето. Сега мо- жеш да почнеш да ја сфаќаш вистината за себе.“

Маја се насмевна пуштајќи и ја раката кога Роуз излезе на тротоарот. Гледаше како старицата зами- мува се додека не се сврте на аголот и мавна. Маја се насмеа и и одмавна чувствувајќи се толку ведра и иесела како што не се 'чувствувала одамна.

Вечерите на Маја обично беа исти. Го затвораше кафулето во шест и подготвуваше се што и беше по- гребно за следниот ден; потоа одеше во Филмови, локалната видеотека, за да најде некој филм во кој ќе се загуби. Освен чоколадата и мечтаењето, фил- мовите и даваа на Маја прибежиште од сите живот- ни маки. Ја иосетуваше токму таа видеотека поради Тим, продавачот што секогаш брбореше и флерту- ваше со неа додека го избираше филмот што ќе го најми за таа вечер

Page 21: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

38 Мена ван Праг

Тим всушност не ја привлекуваше Маја, повеќе го гледаше како пријател отколку како потенцијално момче, иако флертот секогаш беше добредојдено и многу потребно поттикнување за нејзиното неста- билно его. Маја се чувствуваше убава и пожелна по- крај Тим, без оглед на тоа што мислеше за себе. Тој ја гледаше со восхит, и се обраќаше љубезно и љубо- питно, така што таа секогаш се чувствуваше подоб- ро. Не сметајќи ги посетите на Џ ејк во кафулето, Тим беше најсветлата точка во денот на Маја.

Понекогаш, во миговите на голема осаменост, Ма- ја помислуваше дека би можела да му даде шанса на Тим. Но потоа се повлекуваше, зашто чувствуваше дека му е важна и не сакаше да го повреди.

Маја му даваше на Тим колачи во замена за фил- мовите и притоа внимателно ги гледаше неговите реакции за да открие кои му се омилени. Секогаш велеше дека сите му се допаѓаат, но таа можеше да познае кога беше сосем искрен. О ткако ќе се ноз- дравеа, таа одеше во својот стан за да седне на кау- чот и да гледа филм, со уживање уништувајќи ја ку- тијата сладолед со карамел со чоколаден сируп.

Меѓутоа, оваа вечер беше поинаква. На Маја не и се гледаше филм. Беше премногу возбудена од жи- вотот околу себе за да се заморува со фикција. Прв- пат по неколку години не сакаше да мечтае - сака- ше да почувствува.

Затоа излезе од кафулето. На кожата го почув- ствува дувкањето на благиот септемвриски ветрец.

М АЖ И. П АРИ И ЧОКО ЛА ДА 39

( 'фати дека времето веќе со недели беше такво, но дека досега не го забележа слаткото чувство што го буди лесната прошетка во доцна летна вечер. Сега ниде како светлината исчезнува во волшебниот миг, како сонцето и ја допира кожата, речиси како да ја ирегрнува. Замижа додека дуваше ветрецот играјќи си со неа, канејќи ја да се активира, да почне да тан- цува.

Таа се насмевна, одненадеж исполнета со радост, иебаре штотуку открила некоја прекрасна тајна.

На крајот на патот сврте кон паркот. Го обрабу- наа дрвја со бујни круни, а туфките полски цвеќиња се бореа за место на земјата. Тргна низ израснатата трева и сфати дека не може да се сети кога последен пат била во природа. Дојде кај стариот даб и најде убаво место да седне.

ГТаркот беше празен. Воздухот беше мирен. Ма- ја ја преплави чувство на длабоко спокојство. Умот и стивна, а срцето и беше полно. Додека седеше сос- редоточено и дишеше, ја повикуваше Роуз во мис- лите сакајќи да го почувствува нејзиното присуство.

На Маја никогаш не и се случуваше ништо тол- ку волшебно. Се сети дека сопрво беше одбивна кон Роуз и дека, ако старицата не беше толку упорна, ќе го пропуштеше ова искуство. Тогаш помисли де- ка можеби треба почесто да ја дига главата, да ги гле- да луѓето в очи, зашто така можеби ќе наиде на мно- гу повеќе магија.

Page 22: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

40 Мена ван Праг

Во таа тишина, Маја стана свесна за спокојство- то во себе и секаде околу себе. Тогаш знаеше дека тоа е вистинскиот живот, а дека целата драма и це- лата врева покрај него ги предизвикуваат луѓето кои очајнички бараат мир, но не знаат каде да го најдат.

Се насмеа поради апсурдната, навидум невозмож- на едноставност на сето тоа. И додека смеењето и замираше во воздухот, го слушна гласот што изви- раше од нејзината душа.

„Чудата на животот се наоѓаат секаде околу те- бе“, слушна таа. „Понекогаш мораш само да пог- леднеш повнимателно.“

М аја се насмевна и се потпре на дрвото. Малку пееше тивко, малку молчеше, се додека не зајде сон- цето.

Кога влезе во станот, и притрча Крофна, нејзи- ната мачка, и почна предејќи да се трие од нејзини- те нозе. Маја се закикоти и Крофна изненадено го дигна погледот. Маја ретко се смееше така.

Клекна да ја земе мачката, а потоа влезе во куј- ната.

„Се загрижи ли за мене, дебела? Дали мислеше дека се загубив?"

Ја остави Крофна на пултот и ги отвори орман- чињата барајќи туна.

„И имаше право“, велеше таа, додека мачката вни- мателно ја следеше со погледот. „Бев, навистина бев загубена. Но сега, најпосле, почнувам да се чувст- вувам како да сум се вратила пак кај себе.“

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 41

Ја стави чинијата со туна на подот и ја гледаше Крофна како вечера. „Немаш поим за што зборувам, иели? Тебе задоволството и исполнетоста ти доаѓа- ат сами од себе.“

Погледна преку пувкавата опашка на Крофна, кон конзервата со кекс. Тоа обично и беше првата станица: неколку чоколадни кекса, неколку фелии леб, пред да премине на сладоледот. Имаше навика да јаде кекс додека си правеше тост, да грицка доде- ка оди низ станот соблекувајќи се на патот до спал- ната соба, за да ги облече широките пижами.

Секогаш облекуваше премногу широки пижами. Така можеше полесно да потоне на каучот криејќи ги векните сало под наборите на пижамите, без да се чувствува небаре ќе експлодира. Се разбира, три- кот не успеваше навистина и, длабоко во себе, Ма- ја и понатаму беше разочарана од своето тело исто како кога се обидуваше да го облече тесниот кожен шорц.

Си го погледна најнапред тркалезниот стомак, а мотоа ја погледна кутијата со кекс и беше прилич- но изненадена кога сфати дека воопшто не и се ја- де. Не беше дури ни посебно гладна, иако не јадеше ништо од ручекот. Но не се работеше само за тоа. Се чувствуваше исполнета. Не поради храната туку по- ради нешто друго - поради чувството на задоволст- во и радост. Во неа се собраа силни чувства, па сега немаше многу место за храната.

Page 23: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

42 Мена ван Праг

Маја се наемевна, апсолутно восхитена. Се чув- ствуваше како да е на почетокот на голема аванту- ра. Не знаеше што ќе биде следното што ќе се слу- чи. Не знаеше како ќе реагира. Небаре сите тие чув- ства што ги потиснуваше со храната одеднаш се ис- тргнале од контролата.

За нејзино изненадување и радост, не и се чине- ше дека ќе ја преплави болка. И се чинеше дека Ро- уз го исчисти сето тоа од неа и дека и ги откри воз- будата, страста и радоста. Маја правеше пируети во кујната и се смееше.

Заѕвони телефонот. Крофна ја погледна лижејќи ги последните остатоци од туната. Маја престана да се врти. Беше прилично доцна и телефонот ретко и ѕвонеше. Неколку секунди мислеше дека тоа, со не- какво чудо, би можел да биде Џејк, дека конечно ќе ја покани на состанок. Но си рече да не биде толку Глупава, зашто тој го немаше нејзиниот број.

„О ф“, рече таа кога сфати дека штотуку се пре- кори. Таквото самопрекорување беше вообичаено, па дотогаш ниту го забележуваше. Меѓутоа, со но- вооткриената сочувственост, зборот изгледаше из- лишен.

„Извини“, си се извини сама себеси додека ја ди- гаше слушалката.

Тоа беше нејзината откачена братучетка Фејт.„Чао, Мај“, рече Фејт, како секогаш. „Седиш ли?“„Не. Треба ли да седнам?“„Да. Мораш.“Маја ниту мрдна. „Добро, седнав.“„Не седна.“Маја се намршти. „Од каде знаеш?“

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 43

„Штотуку бев кај видовит човек. Шестото сети- ло ми е на врвот.“

Маја се насмеа и седна на каучот.„Добро. Па?“„Па, беше апсолутно фантастично.“Маја се насмевна, ни малку изненадена.„Не“, рече Фејт, зашто ја слушна дека се насмевна,

„овој пат е поинаку. Оваа жена не е измамник.“ Фејт постојано одеше кај видовити луѓе, јасновит-

ци, астролози. Сето тоа ја фасцинираше. Меѓутоа, Маја не им веруваше и, иако никогаш не би и го ка- жала тоа на Фејт, искрено мислеше дека сите тие се измамници. Маја веруваше во психологијата, теори- јата, анализата, односно, во сето она за што имаше докази и што можеше да го сфати. Сепак, ја слуша- ше Фејт како зборува за нив, а еднаш и дозволи ду- ри и да ја одведе кај астролог, но само поради тоа што ја сакаше Фејт и што сакаше да и даде поддршка.

Фејт исто така немаше ништо. Ни маж. Ни пари.11и разумна надеж дека некогаш ќе биде поинаку. Се- иак, од некоја чудна причина, секогаш беше многу иовесела од Маја.

„Па добро, кажи ми за...“„Софи.“„Чудно име за видовит човек.“„Што очекуваше ти? Кристал?“„Тоа би било посоодветно“, се насмевна Маја. ,.Не шегувај се“. рече Фејт. „Вчера бев кај неа и

одлпчна е. Ми кажа нешто што ни самата не го зна- ев за себе. Како и некои откачени ситници што ни- како не можеше да ги знае.“

„Како на пример?“

Page 24: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

44 Мена ван Праѓ

„Како, на пример, патувањето во Феникс, кога оти- дов во работилницата Божица во Гластонбери.“

„Оној пат, кога си танцувала гола околу клада."„Да.“И двете се насмеаја.„Но не е само тоа, едноставно ми се чинеше дека

знае.“„Што дека знае?“„Се. Престојот кај неа беше трансцендентално ис-

куство. Енергијата и е одлична, како да ги отклучи- ла сите тајни на универзумот и да ги чува во срцето.“

Маја се насмевна, одеднаш заинтересирана.„Беше многу спокојна, многу смирена. Мислам де-

ка никогаш во животот не сум сретнала посреќна личност. И рече дека имам потенцијал и јас да би- дам таква.'с

„Навистина?“„Да, добро, рече дека сите го имаме тој потенци-

јал. Ми кажа дека доживеала миг кога го сфатила тоа додека стоела на планина во пустината на Ари- зона.“

„Што сфатила?“„Дека сами ги создаваме сопствените животи.“

Фејт се сосредоточи за да се сети на зборовите на Софи. „Тоа се случило взори, на нејзиниот дваесет и први роденден. Окружувањето било тивко и праз- но. Додека изгревало сонцето, чувствувала енерги- ја секаде околу себе. Била силно поврзана со се. И со Бога. Одеднаш слушнала глас.“

„Навистина?" Маја се стресе. „Што и рекол гла- сот?“

„Чекај, го запишав тоа.“

МАЖ И. ПАРИ И ЧОКОЛАДА 45

Маја чекаше додека Фејт бараше околу себе. „Еве“, почна Фејт. „Рекол: 'Без оглед на тоа што

ти се случило во минатото, отсега имаш два живо- ги меѓу кои треба да избереш. Едниот е живот во кој немаш врска со светот, немаш контрола и препуш- тена си на милоста и немилоста на околностите. Пе- симист си и се плашиш што е следното што ќе се слу- чи. Имаш многу желби, но не знаеш како да ги ост- вариш. Дури и ако живееш во изобилство, и поната- му ќе се чувствуваш осамена, со желба во душата.“

Маја воздивна со насолзени очи. Многу добро го знаеше таквиот живот. И беше секојдневие.

Фејт ја почувствува нејзината тага. „Се е во ред“, рече таа. „Следува подоброто.“

„Фала Богу.“„Во вториот“, продолжи Фејт, „дури и во живот-

ните неуспеси ќе си ги зачуваш мирот и спокојство- то и ќе бидеш суштински задоволна. Ги разбираш ритмите на животот. Имаш се што сакаш и точно она што ти треба. Чувствуваш веселост, возбуда и оптимизам, и одвај чекаш да видиш што е следното што ќе се случи. И, што и да се случи, ќе се чувству- ваш задоволна. Ќе се чувствуваш целосна.“

Маја воздивна среќно. Тоа ја потсети на Роуз. Зна- еше дека веројатно немаше ни да слуша што и ка- жува Фејт ако тоа утро не ја занознаеше старицата.

„Како да го изведам тоа?“ праша Маја. „Како да живеам така?“

„Можеби треба да ја посетиш Софи.“„Да, добар обид.“„Сериозно“, рече Фејт, „не можам да ти објаснам.

Мораш да го доживееш тоа. Мораш да ја видиш.“

Page 25: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

46 Мена ван Праг

„Ш то друго ти кажала?“„Дека во секој миг можеш да станеш радосна. Ра-

доста ти е достапна секогаш. Порано сме ја позна- вале - сме ја чувствувале, сме ја дожпвеале, пред да им го отстапи местото на стравот и сомневањата што не окружуваат сега“, рече Фејт запаметувајќи го се- кој збор. „И можноста да ја почувствуваме пак го че- ка во секој миг секого од нас. Исто како што те че- ка и тебе.“

Маја молчеше, а потоа воздивна.„Но не е лесно да живееш на таков начин, нели?

Мислам, би сакала да имам човек кој...“„Мислиш Џејк?“ ја прекина Фејт. „Добро, ќе ти

откријам нешто што ми го каж а Софи. Рече дека во животот ќе се вљубам многу пати и дека може- би никогаш нема да се смирам, но дека не треба да се грижам поради тоа. Ако сиознаам што е љубовта, не обидувајќи се да се вклопам во општествените нра- вила, тогаш ќе бидам навистина среќна.“

„Убава идеја“, се согласи Маја. „Но зар не ти пре- чи тоа што можеби никогаш нема да ја најдеш вис-тинската љубов?“

„Знаеш, треба да се ослободиш од стремежите да направиш бајка од својот живот. Ке бидеш многу позадоволна ако престансш да ловиш мажи и да се обидуваш да ги заробиш и да ги измениш. Јас веќе не го правам тоа. Сега само ги сакам.“

Маја воздивна длабоко п неколку мига потона во сјајот па таа можност.

„Софи рече дека имам потенцијал да се поврзам со изворот на универзалната љубов, со главната стру- ја на животот, и дека тогаш ќе чувствувам повеќе љу-

М АЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 47

бов од кога и да било во животот. Тогаш најпосле ќе бидам слободна“, се насмевна Фејт. „Еј, мислам де- ка и јас ќе отидам во Аризона. Можеш да дојдеш со мене. Би било фантастично."

„Би сакала да можам да бидам слободна.“ Маја воздивна пак, игнорирајќи ја лудата идеја на Фејт. „Мислам, сакам врска што ќе трае засекогаш. Но би сакала да можам да се ослободам од таа потре- ба.“

„Знам. Точно така се чувствував и јас.“„Би сакала да можам да се ослободам од својата

опсесија со Џејк. И не само тоа; веќе навистина ми се смачи од кафулето. Одвај заработувам за живеење...“

„Затоа што не го сакаш она со што се занимаваш.“„Знам, а сакам нешто ш го навистина ќе го сакам.

Сакам да пишувам."„Можеш да пишуваш“, рече Фејт сакајќи братучет-

ка и понекогаш да си го исполни денот. „Пишувај кога немаш муштерии, пишувај откако ќе за- вршиш со работата.“

Крофна скокна на скутот на Маја и се склопчи.„Знам. Знам дека би требало. Но премногу сум не-

расположена. Не би можела да напишам ништо инс- ииративно во ваква состојба."

„Па затоа седиш дома и се тешиш со чоколадна торта и сладолед, и си легнуваш разочарана од сво- јот живот“, рече Фејт.

„Да“, призна Маја.„Навистниа бн трсбало да ја посетшп."„Не знам.“Маја не сакаше да се впушта во некое ново налуд-

ничаво искуство. Но нешто во неа се измени. Роуз

Page 26: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

48 Мена ван Праг

малку ја отвори, ја разбуди иејзината љубопитност за она што порано лесно го отфрлаше.

„Ако може да ти помогне, зошто да не се обидеш?" беше упорна Фејт. „Воопшто не мораш да веруваш во сето тоа. Софи е одлична, било да и веруваш или не. Впрочем, нгго се сто и педесетте фунти во спо- редба со поголемата цел?“

„Сто и педесет фунти! Сериозна ли си?“„Но гоа е ништо. Како очекуваш дека Џејк ќе се

вљуби во тебе ако не мислиш дека вредиш сто и пе- десет фунти? Зар не заслужуваш таква инвестици- ја?“

Ако Фејт не го употребеше тој збор, можеби се ќе беше поинаку. Меѓутоа, Маја запамети дека Роуз и рече дека го заслужува тоа што го сака. А ако Софи навистина може да и помогне да стане посреќна, то- гаш им го должи тоа на своите муштерии, на Фејт, на сите околу себе, да се обиде.

„Можеби...“ нерешително рече Маја.„Одлично, ќе ти закажам."„Чекај малку. Сакам да размислам за тоа.“Но беше предоцна. Фејт ја прекина врската.

Беше првиот ден на октомври. Еден ден пред за- кажаната посета на Маја кај видовитата жена. Се- ќавањето на Роуз избледе и на Маја и се чинеше де- ка животот и се врати во нормалниот тек. Вистина, се чувствуваше малку поинаку, иако не можеше да објасни точно зошто и како.

МАЖ И. ПАРИ И ЧОКО ЛА ДА 49

13о текот на ручекот, токму додека ги меркаш е 1Н' I наесетте чоколадни бомбички и парчето торта го бадеми и кајсии, Маја сфати што чувствувала. На- деж. Ја исполнуваше надеж, тоа мало првање во сто- члкот. Роуз сепак влијаеше врз неа. Оптимизмот за м>ј зборуваше, отвореноста, сега беа дел од неа и, за шоја среќа, не можеше да се ослободи од нив.

Гоа и пречеше, зашто веќе имаше искуство со тоа п шаеше што ќе следува набргу - разочарување. А ги ммаше доволно за цел живот. Затоа си велеше да се I с 11не, зашто нејзината половина не би можела да иоднесе уште една таква гозба.

Во борбата да ја спаси линијата, Маја се труде- |||с да ја столчи таа надеж. Го фиксира погледот на псколкуте преостанати чоколадни бомбички и се сос- редоточи на жарот на гризењето на совеста што го чувствуваше поради тоа што изеде толку. Во рок од меколку секунди, ја згази својата надеж и се чувству- паше ужасно, беше беспомошна и се презираше. Воз- дивна, го избриша пултот и отиде кај купот валкани чинии во мијалникот.

Меѓутоа, за нејзино изненадување, додека ги ре- деше чиниите, надежта се врати. И никаква самокри- тика не успеа да ја избрка.

На крајот, Маја ја остави на мир, да скока горе- долу низ неа, и им се врати на секојдневните актив- мости. И добро е што беше така, зашто утредента жи- котот ќе и се измени засекогаш.

Page 27: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

50 Мена ван Праг

Маја одеше полека по улицата, настојувајќи да го одложи уште малку тој миг. Ја виде целта веднаш пред себе и ги погледна упатствата на Фејт.

Запре и за неколку секунди помисли да се врати назад. Но знаеше дека веќе не може да го стори тоа; беше премногу љубоиитна. Срцето, на кое му помог- на Роуз, уште беше отворено. Оптимизмот вриеше во неа.

Дојде до адресата на мапата и го дигна погледот. „Видовитата Софи“, пишуваше на блескаволилави- от знак што благо се нишаше на ветрот.

Се намршти чувствувајќи се како вистинска глу- пачка. Никогаш не беше отишла подалеку во својата потрага по среќа и чувствуваше прилично голем срам. Се прекоруваше поради тоа што е толку очајна во обидот да најде љубов, богатство и совршено тело, што беше подготвена да оди и кај видовита жена.

Маја беше многи цинична - норасна како таква и и беше тешко да се измени. Застана на прагот и одед- наш помисли на татка си. Не порасна со него, но тој одигра мала улога во нејзиниот живот. Беш е мис- ловен, мудар човек. Предаваше на универзитет и не- годуваше против се што не се засновуваше врз фак- ти. Би се стаписал кога би ја видел сега.

Меѓутоа, бидејќи беше малку веројатно дека неко- гаш ќе го сретне пак, и немаше намера некогаш да му го спомене ова дури и ако го сретне, тоа не беше голем проблем. Проблем беа подбивните мисли што ја нападнаа од сите страни штом се отвори вратата.

Кога Маја ја виде Софи, се потврдија сите нејзи- ни најлоши стравови. Софи беше облечена од глава до петици во лелеав лилав фустан, кадифена визија

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 51

С11роти лилавиот довратник. Токму тоа го очекува- ше Маја од некој луд ш арлатан што се обидува да I и убеди лековерните очајни жени дека може да им ји претскаже иднината.

Софи беше и многу убава, со долга, кадрава, кос- тснлива коса, со симпатично лице и со бујна фигура.11о Маја го гледаше само лилавиот фустан.

„Здраво. Добре дојде!" насмевката на Софи беше кедра и искрена. И помогна на Маја малку да се от- пупгги. И покрај засраменоста, се насмевна и нромр- море: „Благодарам“.

Кога влезе внатре, впечатокот не се поправи. Ку- ќата изгледаше како типично нрестојувалиште на сден видовит човек. Се беше со блескави бои - цр- иени, жолти, сини и зелени ѕидови. Езотеричните сли- ки придонесуваа за ефектот на виножито, светилки ги украсуваа скалите, а низ воздухот се лелееја слад- пикави ноти на флејта.

Таа се собу кај вратата и ги нурна стапалата во мекиот кафеав килим. Каков и да беше вкусот на Софи, беше очигледно дека е многу богата. Софи тргна по скалите, а Маја тргна по неа сомневајќи се се повеќе во правилноста на својата одлука.

Кога влегоа во салонот на видовитата Софи, Ма- ја забележа, со изненадување и олеснување, дека во- општо не е нападен. Кафеавата боја на тепихот и го отстапи местото на беж, а црвената боја остана са- мо на теш ките завеси што висеа на големите про- ѕорци свртени кон градината. Светилки блештукаа во аголот, а на масата имаше разнобојни скапоцени камења. За среќа, немаше кристална топка.

Page 28: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

52 Мена ван Праг

Маја запре на вратата и ги иогледна двата праз- ни стола кај масата. Софи седна и чекаше. По крат- ко колебање, Маја и се придружи.

„Па“, весело рече Софи. „ќе ми кажеш ли зоштоси тука?“

Маја се повлече. Очекуваше некакво воведно др- дорење за времето или за цената на кристалните топ- ки и не знаеше што да рече. Всушност, тоа беше ла- га. Знаеше точно што да рече, но не сакаше. Софи ја гледаше нестрпливо. Очигледно не ги сакаше посеб- но празните разговори.

„Хм... јас“, колебливо пропелтечи Маја. „Добро, тука сум поради тоа што моментално не сум посеб- но задоволна со својот живот. Братучетка ми Фејт била кај тебе на сеанса. Тоа што си и го кажала зву- чеше прекрасно. Затоа решив да дојдам лично, за да видам што ќе ми кажеш мене.“

„Ах, а зошто не си среќна?“Маја си ги собра рамената, но Софи без збор че-

каше да продолжи.„Добро, вака.“ Маја се разжерави од непријатност

на столот. „Сакам момче. Сакам да бидам писател. Сакам да ослабам десет килограми. И сакам да ви- дам дали ќе ми се случи нешто од тоа.“

„Добро, ќе видиме што ќе ни се покаже.“ Софи се насмевна. „Но не можам да ти ја покажам иднината, затоа што си ја кроиш сама. Единствено ќе ти помог- нам да се согледаш појасно себе, за да знаеш како да го добиеш тоа што го сакаш. Дали тоа е во ред?“

Маја возбудено кимна со главата. „Да, совршено. Си ја советувала Фејт како да ги искористи можнос-

МАЖ И, П АРИ И ЧО КО ЛА ДА 53

I ите во својата иднина - се надевам дека ќе можеш да ме посоветуваш и мене.“

Софи стана и помина на другата страна на соба- га. Отиде кај витрината полна со кристали со раз- ми големини, облици и бои. Ги разгледа внимателно. 11отоа замижа, ги стави шепите над кристалите и и »бра еден.

Маја ја гледаше подозриво додека се враќаше на- кај масата. Можеше да види дека Софи држи в рака пешто мало и розово. Можеби не беше баш кристал- на топка, но беше нешто многу слично.

Софи седна. Внимателно ја погледна Маја, а ка- феавите очи сега и беа широки и сјајни. Маја се раз- жерави на столот, зашто имаше чувство дека Софи гледа повеќе отколку што би сакала таа. Потоа Со- фи замижа, го стави кристалот на масата и ја поглед- на Маја.

„Слушај“, почна таа, „не треба да се чувствуваш лошо поради тоа што го гледам. Само тоа што имаш предизвици во животот не значи дека нешто не е во ред со тебе. Сите имаме проблеми што мораме да ги решиме. Тоа е твојот иат и е најдобар за тебе.“

Маја нервозно кимна со главата. Софи ја гледа- ше внимателно, детално испитувајќи ја нејзината при- рода, полека истражувајќи ги нејзиното минато, се- гашноста, гледајќи ја нејзината иднина, и најпосле дојде до заклучок.

„Ќе најдеш среќа“, рече Софи, „кога ќе собереш храброст да го напуштиш безбедниот живот и да поч- неш вистински живот.“

Page 29: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

54 Мена ван Праг

Маја вдиша длабоко, истовремено возбудена и ис- плашена од откритието. Ја шокира тоа што Софи многу прецизно проникна во двете сили што упра- вуваа со нејзиниот живот: нејзините стравови и со- ништа. Чувствуваше, првпат во животот, дека некој е навистина видовит.

„Што подразбираш под вист иискиТ‘ тивко пра- ш а М а ј а .

„Вистински живот значи да ризикуваш за да го соз- дадеш тоа што го сакаш, како, на пример, да бидеш писател.“

Маја се исправи, подготвена да му обрне внима- ние на секој збор.

„Значи, не барај од другите луѓе успех, л>убов и разбирање“, рече Софи. „Вистинскиот искрен живот значи да го правиш тоа што ти го кажува срцето. За- тоа, не грижи се за тоа дали ќе станеш голем писа- тел, зашто поентата не е во тоа. Луѓето што живе- ат вистински, исполнет живот, не се занимаваат со прашањето на успехот или неуспехот. Го прават она за што чувствуваат дека е правилно. Го прават она што мораат.“

Маја никогаш не го гледаше животот толку ира- ционално. За неа можноста за успех беше клучни- от фактор. Токму тоа во минатото ја спречуваше да пишува.

„Ако живееш во согласност со своите рационал- ни мисли, секогаш ќе бидеш заробена во ситниот навидум безбеден живот. Но ако живееш искрено,

МАЖ И, ПАРИ И Ч О К ().!I/\ 1 \

гиетот ќе ти се отвори. А тогаш нсмл дп м< цинн 11|,| нредвидуваш иднината, зашто знаеш дека, ....... .. п<•донесе, тоа ќе биде фантастична авантура." ( 'офп го истри розовиот кристал од својот кадифен рлклм «а да го загрее. „Кога го следиш срцето, им даваш мкшса на чудесни можности.“

Додека Маја полека ги прифаќаше зборовите на Софи, сфати дека, колку и да беше исплашена, и се допаѓа идејата за таков начин на живеење. И здодеа да донесува одлуки врз основа на претпоставките што би можело да се случи. Тоа ја тераше само да се повлече од секоја можност, секогаш исплашена дека нешто ќе тргне наопаку. Тоа беа години на воз- држување, грч, страв и постојано разочарување. По- веќе смрт отколку живот.

„Тоа би можело да ти стане мантра“, предложи Со- фи. „Не живеј безбедно, живеј искрено.“

„Да“, се насмевна Маја. „Тоа ми се допаѓа многу.“ Софи се насмеа. Потоа одеднаш стана сериозна и

и се приближи.„Сепак, има нешто што мораш да го сфатиш пред

да почнеш да го бараш она што го сакаш.“ Ги стави рацете во џебовите и од нив извади два кристали, ед- ниот црн, другиот бел. „Додека да го сфатиш тоа, се- когаш ќе правиш еден чекор напред, а два назад.“

Маја ја гледаше напнато, желна да го дознае од- говорот.

„Во себе имаш две сили“, тивко рече Софи и го дигна црниот кристал. „Едната сила ја претставува твојот ум. Тој создава кај тебе страв и сомневање, па затоа си постојано загрижена и во грч. Таа сила ба-

Page 30: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

56 Мена ван Праг

ра безбеден, безбоен, рутински и обичен живот. Ако ја слушаш неа, така и ќе живееш.“

„Оф!“ воздивна Маја, зашто токму таа сила упра- вуваше со нејзиниот живот.

„Но“, рече Софи дигајќи го белиот кристал, „вто- рата сила ја претставува твоето срце. Таа создава во тебе мир и блаженство, а во твојот живот исполну- вање и задоволство. Сака се за тебе: љубов, богат- ство и среќа. Сака необичен живот. Ако и дозволиш, ќе те доведе до таков живот.“

„Навистина?“ праша Маја. „Како?“„Зар никогаш не си разговарала со своето срце?“

Софи изгледаше изненадена. „Би требало да се оби- деш - одлично е.“ Се насмевна и длабоко издиша од задоволство, како да се сети на нешто посебно пре- красно.

„Па“, рече Софи, „која сила ја слушаш?“Маја воздивна и Софи кимна со главата.

Половина час подоцна Маја пиеше растителен чај со чуден, но необично пријатен вкус, и задоволно гриц- каше домашен кекс со исиот. Софи и се допадна ис- клучително многу. Тоа беше шлагот на тортата.

Софи седеше на кауч, нурната во перници, и го квасеше кексот во чајот продолжувајќи да ја шири својата мудрост. Го соблече фустанот и облече сосем обични фармерки и бела маица.

Маја се изненади кога сфати дека промената на гардеробата малку ја разочара. Фустанот можеби

М АЖ И, П АРИ И ЧО КО ЛА ДА 57

беше клише, но многу забавно и со својата грандиоз- пост сосем одговараше за ситуацијата.

Седна на тепихот скрснозе и, меѓу голтките и за- лаците, гледаше право во Софи за да и покаже дека и обрнува внимание.

„Можеш да имаш се што сакаш“, рече Софи. „Но пајдобро е да го добиеш тоа по вистинскиот редо- след.“

Маја се сети дека за тоа зборуваше и Роуз и бе- ше многу заинтересирана да и ја објаснат таа идеја. „Постои ли одреден редослед?“

„Да. Се разбира, се зависи од личноста.“ Софи го држеше кексот на врвот на филџанот за чај и некол- ку мига се загледа во Маја. „Гледам дека, пред да се вљубиш, најнапред мораш да ги исполниш деловни- те желби на своето срце.“

„Зош то?“ малку пркосно ираша Маја.„Најдобро е да се чувствуваш исполнета пред да

најдеш маж. Тогаш ќе знаеш колку вредиш и ќе ги држиш клучевите на среќата во свои раце. Затоа не- ма да се претвориш во ранлив, зависен, емоциона- лен крш истата секунда кога ќе се вљубиш.“

„Сфаќам." Маја воздивна. Одлично го познаваше тоа сценарио.

„Сега е време да ја запееш песната на својата ду- ша“, рече Софи. „Гледам дека си писател. Срцето ти копнее да се изрази преку зборовите. Но не пишу- ваш, нели?“

Маја одмавна со главата.„Зато а што се плашиш дека тоа нема да биде

нешто исклучително?“

Page 31: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

58 Мена ван Праѓ

Маја ја гледаше Софи со отворена уста, прашу- вајќи се одново како може некој, кого штотуку го за- иознала, да ја прочита толку добро.

„Не грижи се за тоа - мораш да почнеш да пишу- ваш. И еден ден ќе се случи нешто. Исклучителнос- та лежи во тебе. Само мораш да најдеш храброст да ја откриеш.“

Ја погледна Софи и се насмевна. Тие зборови ја исполнија со мешаница од спокојство и среќата што ја почувствува некогаш. Замижа и се обиде да се сети. Тоа беше ноќта во библиотеката на факултетот: сјајно како молња и лесно како пердув.

Одненадеж, Маја ја преплави блескава светли- на. И се разлеа низ телото и светна во секое него- во катче. Во тој миг се сакаше целосно, длабоко и безусловно. Неколку мига Маја беше толку среќна што можеше да умре.

П отоа исчезна се. И дојде една нова плашлива идеја. Сомневањето во себе и го раскинуваше доб- рото расположение. Темницата и се вовлече во умот, и се рашири во градите и и ја изгасна светлината. А ако Софи греши? Уште полошо, ако лаже? Зашто, иако навистина сакаше да и верува, како можеше да биде сигурна?

1:Сога М аја п ак Ја дихна главата, ^оф и седешс на теиихот пред неа.

„Главата и срцето се борат во тебе.“Маја кимна со главата.

М АЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 59

„Знам дека е тешко да ги игнорираш стравовите“, рече Софи. „Но те молам, обиди се. Инаку никогаш нема да покажеш колку си исклучителна. Знам де- ка за тоа треба храброст, но верувај ми, ти ја имаш.“

„Не би рекла“, тивко рече Маја.„Тоа е само твојот ум“, рече Софи. „Тоа е страв,

не е факт.“„Па што да правам?“„Биди храбра.“Маја ја погледна Софи со насолзени очи, зашто не

беше сосем сигурна во тоа што го слушна. „Храбра?“ „М оментално си исплашен зајак.“ Софи се нас-

мевна. „Треба да бидеш мечка.“Маја ја подигна веѓата. „Мечка?“„Лав. Орел. Волк. Што и да ти одговара. За да ги

совладаш стравовите, мора да бидеш моќна. Мора целосно да се сосредоточиш на тоа што сакаш да ста- неш. Собери ја секоја нишка храброст и зголеми ја. Доведи се во состојба на занес и потоа само препуш- ти се.“ Софи цврсто и ги стегна рацете и Маја почув- ствува како енергијата тече низ неа како да е вклуче- на во струја. „Одржувај се во таа состојба. Игнори- рај ги мислењата и реакциите на другите се додека не се почувствуваш апсолутно величествена, бестраш- на и единствена. Во таа состојба можеш да постиг- неш се што сакаш. Ти ветувам.“

Маја малку се разжерави, се уште држејќи ги ра- цете на Софтт. размислувајќи дека тоа би било моќ- на и неверојатна иромена.

„А потоа, не е доволно само да седиш и да чувст- вуваш“, рече Софи како да и ги чита мислите. „Мно- гу луѓе велат дека позитивниот фокус е се што ти е

Page 32: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

60 Мена ван Праг

потребно за да го изразиш тоа што го сакаш. Меѓу- тоа, не е доволно само да веруваш во себе. Мораш да дејствуваш. Мораш бестрашно да зачекориш во правецот на своите соништа.“

Маја нервозно подголтна.„Па“, рече Софи пуштајќи ги рацете на Маја и

дигајќи ги своите во воздух, „што е најхраброто неш- то што би можела да го направиш денес?“

Маја размислуваше неколку мига, а потоа си ги собра рамената. „Не знам.“

„Знаеш!“Енергијата на Софи иак почна да струи низ тело-

то на Маја, поради што ја заскокоткаа прстите, а ко- сата и се накостреши.

„Добро, знам!“ викна таа, одушевена поради тоа што Софи беше таква мала бомба. Нејзината енер- гија и нејзиниот ентузијазам кон животот буквално беа заразни.

„Добро. Пред неколку години бев болна“, рече Ма- ја. „Имав еден од оние грозни грипови, кога се на- оѓаш во полусвесна состојба. Го затворив кафулето; една недела лежев болна. Но кога се разбудив, поч- нав да пишувам. Беше неверојатно. Уживав во секој момент. Не работев, но не ме гризеше совеста, заш- то и така не ни можев да турам филџан кафе без да се онесвестам. Само пишував. И на извесен начин почувствував што значи да бидеш писател со полно работно време.“

Софи се насмеа. „Прекрасно.“„Идејата пак да го затворам кафулето една неде-

ла за да пишувам, ме прави нервозна", рече Маја. „Но истовремено и неодоливо ме привлекува.“

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКО ЛА ДА 61

„Одлично. Клучот е во нервозното возбудување. Нервозата покажува дека исчекоруваш од својот ма- гепсан круг, а возбудата покажува дека го оживу- маш“, рече Софи. „Значи, што мислиш, еден месец?“

Маја за малку ќе паднеше.„Сериозна ли си?“Софи си ги собра рамената. „Зошто да не бидеш

навистина храбра?“„Затоа што сум без скршена пара. Одвај ги от-

платувам долговите.“„Да, и така ќе биде засекогаш ако не преземеш

нешто храбро. Разбирам дека ќе ти биде напорно. Но дали би можела да го направиш тоа, а да не банкро- тираш?“

Маја размисли внимателно, а потоа нервозно ким- на со главата. „Одвај некако.“

Софи не рече ништо. Само ја погледна Маја и се насмевна. Молкум ја остави да почувствува што има во срцето.

„Ке ми треба доста храброст“, најпосле рече Ма- ја, „и прилично многу вера во себе.“

„Токму така, а што е животот без тоа, нели?“ „Да.“ Маја воздивна и за неколку мига се сети на

многубројните монотони мигови во кафулето. „Не е баш нешто. Но што ќе се случи ако не знам да пи- шувам? Ако попусто загубам цел месец?“

„Еден месец ќе го следиш само своето срце, а тоа не може да биде сплискано време“, рече Софи. „И ве- рувај ми, ако собереш храброст за тоа, ќе тргнеш по патот на своите соништа.“

Маја замижа и се насмевна, оставајќи зборовите да и потонат во срцето. Меѓутоа, стравовите и гри-

Page 33: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

62 Мена ван ПраГ

жите уште и одекнуваа во умот не дозволувајќи и да се препушти.

Потоа пак ги отвори очите за да ја погледне Со- фи и нешто во неа стивна. Почувствува дека ја обле- ваат спокојството и задоволството на Софи: благ бран од љубов кон себе и го преплави срцето, зди- вот на сомилоста и ги смири стравовите, а налетот на храброст и го запали духот. Почувствува толку дла- бока врска со Софи што, за една секудна, Маја про- гледа. Во тој момент знаеше, во срцето и во душата, дека сето она што и го кажа Софи е точно.

Додека стоеше на вратата, Маја се сврте кон Со- фи, зашто одненадеж се сети на нешто.

„Заборавив да те прашам“, рече Маја. „Како да го слушам своето срце?“

Софи и Маја седнаа на масата со скрстени нозе, со мала пирамида од лилав кристал меѓу нив, свртени една кон друга.

„Дали седењето на маса е важен дел од овој про- цес?“ праша Маја, зашто се чувствуваше многу глу- паво.

„Не, само ми се допаѓа“, се насмевна Софи. „Да- ва поинаква перспектива, нели?“

Токму тогаш, додека седеа на масата, Софи ја на- учи Маја како да го слуша своето срце.

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКО ЛА ДА 63

На почетокот Маја беше исплашена. Затоа ре- ши да го затвори кафулето само две недели, и по- крај чувството дека се предава сама себе, како и ве- тувањето дадено на Софи. Но беше премногу нер- возна за да издржи цел месец. Помисли да најми не- кого да и го води кафулето, но така би морала да про- должи да води сметка за него и суштински не би се изменило ништо. Софи инсистираше на одмор за телото, умот и душата, и Маја реши да се обиде.

Два дена седеше на креветот со Крофна, прашу- вајќи се П ЈТ о да прави. Читаше книги за да се заба- вува, и се јави на Фејт, гледаше неколку филмови, ја- деше обилни количества бомбички со сливи, чоко- ладни овесни штанглички и сладолед од карамел. Ги натрупа тие деликатеси и други грицки до креве- тот, за да не мора постојано да оди кај фрижиде- рот, зашто на масата во кујната беше компјутерот кој ја опоменуваше дека не направила ништо.

Барем петстотини пати на час помислуваше да слезе на приземјето и да го отвори каф улето, но Фејт вети дека ќе проверува потамина дали Маја крш- нува од курсот. Затоа одолеваше и се премести на каучот.

Се обидуваше да се убеди себе дека, пред да поч- не да гшшува, прво мора да се одмори и да се навик- не на новите околности. Се подготвуваше за пишу- вањето. Но Маја всушност беше исплашена. Се пла- шеше дека ќе седне на компјутерот и дека ќе нема апсолутно ншито за пишување.

Page 34: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

64 Мена ван Праг

Во текот на третиот ден, Маја стана. Го гурна ќе- бето од каучот превртувајќи ја Крофна на подот, се истушира, испи два филџани кафе, извесно време ше- таше низ кујната, ја нахрани Крофна, се трудеше да го игнорира божественото парче горчлива торта со лимон во фрижидерот, а потоа конечно седна да пи- шува.

Два часа подоцна, мониторот и понатаму беше празен. Маја потклекна пред тортата. Курсорот жи- во трепереше. Го гледаше со очај. Се остварија неј- зините најлоши стравови. Беше луда што веруваше во овој план. Што си замислуваше? Тоа што сонува- ше да биде писател не значи дека зборовите ќе по- течат сами. Не можеше. Се чувствуваше како губит- ник и глупак.

Воздивна и ја спушти главата на масата. Долго се- деше така. Не можеше да ја дигне главата и пак да се соочи со празниот монитор. На крајот Крофна скокна на масата и и седна на главата. Маја малку се сврте за да ја отфрли мачката така што нема да ја повреди ни неа ни себе. Крофна се налути, стана и почна да го лиже носот на Маја. И покрај се, Маја се насмевна.

Гогаш сфати нешто. Тоа беше токму она за што зборуваа Роуз и Софи. Токму она на што ја предуп- редуваа. Се давеше во мисли. Ја преплавуваа стра- вови, грижи и сомневања. И веруваше во нив, им ја препушташе контролата и им дозволуваше да соз- даваат негативна енергија. Тогаш сфати дека нико-

М АЖ И, ПАРИ И ЧО КО ЛА ДА 65

гаш нема да постигне ништо ако слуша што и вели I лавата. Беш е крајно време да разговара со срцето.

Маја чекаше да се стемни, а потоа слезе во кафу- лето. Знаеше дека е малку чудно да се обидува да го прави тоа на местото на кое беше толку несреќ- на. Но од друга страна, во кафулето се чувствуваше безбедна.

Кога беше сама ноќе, често размислуваше за мај- ка си, колку и недостига, колку поубав би и бил жи- вотот кога ЈТили уште би била тука. Повремено сле- гуваше во кафулето и ја правеше омилената торта на мајка си: ружина водичка и бела чоколада. По- тоа се навалуваше на пултот, полека се лизнуваше на подот, ги скрстуваше нозете и јадеше. Секогаш водеше сметка тортата да биде мала, зашто совр- шениот вкус во комбинација со нејзината тага зна- чеше дека ќе ја изеде до последната трошка.

Меѓутоа, вечерва не ја направи. Стоеше на сре- дината на мрачното кафуле и се обидуваше да слуш- не што и зборува срцето. Го повика сеќавањето на мајка си, без помош на вкусот или мирисот на кола- чите, и ја почувствува познатата болка во градите. Проговори неколку збора, чувствувајќи се глупаво, и во еден миг помисли да и се јави на Фејт, која сигур- но одвај би дочекала да и помогне во нешто толку на- лудничаво. Но Маја знаеше дека тоа е нешто што мора да го направи сама.

Како единствено суштество во празниот простор, стоеше со затворени очи, со одвоени стапала, со ра-

Page 35: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

66 Мена ван Праг

цете пригшени до телото, и внимателно се сеќаваше на она што и го кажа Софи.

„Застани на некое место каде што нема никој и биди сосем тивка. Замисли го своето срце и сфати дека тоа е повеќе од орган. Тоа нека биде центарот на твојата животна сила, нека чука во ритамот на креативноста, на љубовта. Замисли си дека тоа е светлина што те води. Запали го и ќе ти го осветли патот, ќе те поведе во животот од твоите соништа.

„Не верувам дека си сериозна“, рече Маја мис- лејќи дека Софи одеднаш го загубила разумот. Но видовитата жена замо ја погледна насмевнувајќи се лукаво.

„Сите се раѓаме со срца што ги следат нашите со- ништа и ги чуваат од нашите негативни, рационал- ни умови“, тивко рече Софи. „Како деца, секогаш го следиме срцето; живееме во согласност со своите инстинкти и со интуицијата. Кога пораснуваме, од некоја причина престануваме да го слушаме срце- то и слушаме што ни вели главата.“

Софи тажно воздивна. „А кога луѓето престану- ваат да се сосредоточуваат на соништата, се губат во лавиринтот на својот ум и лутаат наоколу во бес- крајни кругови. Тогаш боите на животот изгаснува- ат, а возбудата изумира. Заробен во затворот што си го направил сам, го набљудуваш својот живот мес- то да го живееш.“

Маја полека кимна со главата, зашто совршено знаеше колку е точно тоа.

МАЖИ, П АРИ И ЧОКОЛАДА 67

„Тогаш обиди се“, ја поттикнуваше Софи. „Знам дека мислиш дека тоа е откачено и дека на почето- кот ќе се чувствуваш како глупачка. Но кога и да за- главиш во животот, срцето може да ти одговори. Са- мо ако се осмелиш да прашаш, ти ветувам дека ќе ти одговори.“

Во тој миг Маја и понатаму не и веруваше, но по- мисли дека сепак ќе се обиде. Зашто, зошто да не? Што има да загуби?

Затоа Маја и понатаму стоеше во кафулето, иако се чувствуваше глупаво. Го замислуваше своето ср- це како светилник и го замоли да и се обрати. Чека- ше. И чекаше. Но не се случи ништо. А потоа, ток- му кога имаше намера да се откаже, сфати дека всуш- ност не го праша ништо своето срце.

„Добро, срце мое“, гласно рече таа, чувствувајќи се лудо и надевајќи се дека никој не ја гледа низ из- логот. „Заглавив наместо и ми треба твојата помош. Не знам што можеш да ми кажеш. Мислам дека ме интересира дали воопшто треба да се обидувам да пишувам... Не сум сигурна дека знам, па ми изгле- да бесмислено дури и да се обидам. Но оној ден во библиотеката се почувствував, првпат во животот, се почувствував целосна... возвишна. Луда ли сум поради тоа што го следам тоа чувство?"

По неколку минути тишина, го слушна. Или, по- добро речено, го почувствува, зашто срцето не и се обрати со зборови. Додека стоеше неподвижно, од-

Page 36: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

68 Мена ван Праѓ

еднаш ја преплавија емоции. Слушаше се додека по- степено не го презедоа обликот на нејзиниот глас.

„Дали треба да пишувам?“ пак праша таа.„Да. Почни и не престанувај. Набргу ќе пишуваш

прекрасно“, следуваше одговор. „На тој начин ќе ја искусиш радоста.“

„Ќе можам ли да живеам од пишувањето?“„Еден ден“, и рече срцето. „Но само ако тоа ти е

намерата. Таа намера мораш да ја спроведеш мно- гу храбро.“

Маја малку се исилаши и, кога пак почна да тоне во стравот, за малку ќе ја загубеше врската со ср- цето. Брзо се сепна.

„А љубовта?“ праша таа.„Кога ќе се засакаш себе“, продолжи нејзиното

срце, „ќе те засакаат и другите. Многу мажи ќе те по- сакуваат затоа што никој не е попривлечен од оној што се сака целосно и со чисто срце. Затоа, избирај внимателно."

„Дали тоа е се што ми е потребно за да најдам љу- бов? Љубовта кон себе?“ праша Маја.

„Љубовта кон себе, великодушноста и сочувстве- носта го сочинуваат темелот на безусловната љу- бов. Но првото е најважно. Од него потоа следува- ат и другите две.“

Маја прекина неколку мига, зашто се колебаше да го постави прашањето што и беше многу важно. Имаше некакво чувство дека не би требало, но го за- немари.

„Дали Џејк е вистинскиот?“ праша Маја, но одед- наш настапи тишина. Се напрегаше да слушне, но

МАЖ И, ПАРИ И ЧО КОЛА ДА 69

безуспешно. Плашејќи се дека токму тишината е од- говорот на нејзиното прашање, таа ја игнорира.

„Добро“, воздивна Маја. „Имаш ли уште некој со- пет - како да ослабам засекогаш?“

Овој пат одговорот следуваше брзо, не од срцето на Маја туку од телото. Одеднаш беше совршено свесна за него, како да е живо битие сосем одвоено од нејзиниот дух. Ги почувствува неговите болки, та- ги и јадови. Ја почувствува неговата желба за вни- мание, љубов и прифаќање. Сфати дека се чувству- вало презрено и дека плачело кога го мразела, ко- га гладувала, кога го преполнувала...

„Се додека ме мразиш“, и рече телото, „ќе бидам гешко, ќе го носам товарот на таа болка. Исполни ме со љубов место со омраза. Зашто, љубовта е лесна, а омразата е тешка. Грижи се за мене, негувај ме, цени ме, сакај ме целосно. Токму такво какво што сум и ќе ти го симнам товарот; ќе ги стопам килогра- мите и ќе станам убаво какво што сум родено да би- дам.“

Утредента Маја се разбуди и седна да пишува. Не- колку часа подоцна, приказната почна да се облику- ва и Маја одвај успеваше да ги стигне зборовите. Нај- после направи пауза. Иако можеше вечно да седи пред мониторот, се натера да излезе на воздух. Отиде во парк и извесно време седеше на сонце.

Кога пак почна, искуството беше поинакво. Овој пат зборовите и доаѓаа полека. И, еосем нежно, поч-

Page 37: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

70 Мена ван Праг

наа да ја исцелуваат. Од небото, од воздухот, од си- те страни и влетуваа во свеста. Лебдеа наоколу се додека не проникнаа во неа, до врвовите на прстите, и се излеаја на тастерите на тастатурата. Додека и јуреа низ телото, ја изведуваа својата магија како мали регенеративни клетки, алки од мали синџири што ги поврзаа сите нејзини скршени парчиња и пак ја составија.

Многу време откако помина полноќ, Маја падна на креветот сосем исцрпена и совршено среќна. Сфа- ти дека цел ден заборави да јаде. Токму кога ги зат- вори очите, забележа дека ниеднаш не помисли ни на Џејк.

Маја никогаш не ни сонуваше дека работата би можела да биде ваква. Секој ден го навиваше будил- никот на осум, но секогаш се будеше малку време по шест часот, возбудена и желна да пишува. А кога пак погледнуваше на часовникот, поминатите часо- ви и изгледаа како секунди.

Си даваше рок да заврши до шест часот поплад- не. Софи и предложи да ги минува вечерите правеј- ќи и нешто друго што сака, да ги негува и духот и те- лото. Но и беше тешко да престане да пишува. Ко- га ќе видеше дека е одвај три часот, се радуваше по- ради тоа што имаше уште толку време за пишување.

Во кафулето часовите и се влечеа, бавното тик- так време на страдалната здодевност. Се чувствува- ше заробена во пеколот што го создаде сама. Сега

М АЖ И, П АРИ И ЧО КО ЛА ДА 71

беше слободна. Влезе во рајот што го направи сама и се чувствуваше пожива од кога и да било дотогаш.

За Маја пишувањето беше важно и поради тоа што и ги оживуваше сеќавањ ата. И се враќаа не- обични и прекрасни спомени, дарови и паѓаа од не- бото на скутот, отсликувајќи ги миговите на среќа и надеж за кои мислеше дека ги загубила засекогаш. Душата на Маја постепено се обликуваше на стра- ниците и, првпат во животот, почна да ја сфаќа соп- ствената величественост.

Во својата возбуда, престана да размислува за хра- ната и за Џејк. Нејзиниот ум немаше потреба да меч- тае, зашто беше обземен од креативноста. А стома- кот не ја тормозеше поради тоа што беше заситена од зборовите.

Поради оној еден искрен чекор што го направи, се ослободи од двата товари што толку долго време и го притискаа грбот.

Кога поминаа двете недели, Маја знаеше дека уш- те не е подготвена да го отвори кафулето. Уште не беше време да ја остави радоста. Овој пат воопшто не се сомневаше.

Побрза накај приземјето за да го смени датумот на неговото отворање на известувањето закачено на знакот на вратата на кафулето, а стравот и возбу- дата и вриеја во стомакот. Кога скокна од скалите, забележа дека стомакот и е значително смирен. Отр- ча кај вратата и го напиша новиот датум на извес-

шшшкшшшвввшвѕив̂ ^̂ ш̂.........

Page 38: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

72 Мена ван Праг

тувањето. А потоа, токму кога еакаше да ее врати, Маја ја дигна главата и го виде низ излогот.

Џејк и се насмевна и Маја подголтна.Додека стоеше пред неа, а таа размислуваше да-

ли да избега, одеднаш сфати дека тоа е мигот за кој можеби веќе никогаш нема да има храброст.

Конечно беше многу среќна, исполнета и задо- волна. Знаеш е дека не и треба маж, но сепак го по- сакуваше. Среќата ја охрабри.

Се разбира, длабоко во срцето Маја знаеше дека е прерано да се впушти во врска со Џејк. Ја сепнаа зборовите на Софи дека љубовта кон себе треба да и претходи на љубовта кон некој маж. Навистина уш- те не беше сосем подготвена. Но Маја се плашеше дека тој миг веќе нема да се повтори.

Кога ја отвори вратата, Џејк се насмевна широ- ко и Маја се стопи.

„Здраво“, рече тој влегувајќи. „Многу ми е мило што се врати. Буквално ги броев деновите.“

Маја блесна.„Да“, рече Џејк. „Ако не го добијам својот утрин-

ски кофеински фикс, мртов сум цел ден. Не ги под- несувам многубројните кафулиња. Кафето им е тан-ко и не ми ставаат чоколадни зрна какао во капучи- ното.“

Насмевката на Маја избледе. Тргна по него на- кај пултот чувствувајќи се вознемирена. Ова не оде- ше баш како што замислуваше таа.

„Па, всушност, уште не е навистина отворено...“

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 73

„Навистина? Макар за само еден очаен редовен муштерија?“ Пак ја намести насмевката.

„Па добро, веројатно... Што сакаш? Вообичае- мото? И онака имам само кафе. Уште немав време да направам колачи. Но ти никогаш не земаш кола- чи, така што...“

„Капучино, те молам. Многу, многу големо.“

Кога Џејк си го зеде кафето и плати, Маја ја об- зеде очај. Не можеше да го пушти да си замине ту- кутака. Вдиша длабоко, собра храброст и се сети на својата мантра: Не живеј безбедно, живеј искрено. Сфати дека суштината на поканувањето на Џејк на состанок не е во тоа дали тој ќе рече да или не, ту- ку тоа е прашање на храброста да го изрази тоа што го има во срцето.

Се рзбира дека Маја згодно го превиде фактот дека таа ж елба не потекнуваше навистина од неј- зиното срце. Толку многу го посакуваше Џејк, што тоа и ги задушуваше сите инстинкти. Ако одвоеше неколку мига да биде тивка, да го слушне шепотење- то на срцето, ќе го знаеше тоа. Но џагорот на жел- бата и на очајот беше премногу гласен во нејзини- те мисли за да може да слушне што и да било друго.

Кога Маја најиосле собра храброст, Џејк веќе бе- ше кај вратата.

„Чекај!“Џејк се сврте. Маја се скамени и чекаше земјата

да ја голтне.

Page 39: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

74 Мена ван ПраГ

„Јас, па“, мрмореше таа, „се прашував дали мо-жеби би сакал да... излезеш на вечера со мене.“

Џејк ја погледна изненадено. Следните десет се-кунди и беа најдолгите во животот.

„Се разбира“, рече тој. „Зош то да не?“Таа воздивна од олеснување и пак можеше да ди-

ше. Ја облеа големо олеснување. Тоа не беше од-говорот за кој сонуваше, но не беше ни „не“. А сегабеше важно само тоа.

Сега Маја имаше се што сакаше порано. Пишу- ваше секој ден, излегуваше со Џејк секоја вечер и ос- лабе речиси пет килограми за три недели. Требаше само уште да заработи малку повеќе пари.

Што беше најважно, Маја се вљуби. Уште беше рано и немаше намера да му го спомене тоа на Џсјк, но и се чинеше дека тој навистина би можел да би- де вистинскиот. Ја гризеше совеста поради тоа што порано имаше предрасуди за него, зашто сега беше навистина прекрасен. А изгледа дека и таа му се до- паѓаше нему, што сосем ја шокира и ја одушеви. Пос- тојано сакаше да биде околу неа и се гледаа секо- гаш кога таа не пишуваше или не правеше нешто друго што сакаше.

Најдоброто од се беше тоа што немаше потреба да го гледа постојано. Уживаше во тоа, но не мисле- ше на него кога не беше тука. Не го чекаше треска- во. Се сосредоточуваше на тоа што го работеше, це- лосно и се препуштаШе на работата и се изненаду- ваше секогаш кога заѕвонуваше телефонот. Затоа

М АЖ И, ПАРИ И ЧОКО ЛА ДА 75

Џејк се јавуваше секогаш и планираше фантастич- ни настани за нив.

Сите излегувања им беа совршени. Посетуваа пре- красни места - одеа на балет, на театар, во отмени ресторани, во галерии, шетаа во парк низ преоста- натите есенски лисја. Џејк го организираше и го пла- ќаше сето тоа, што беше среќна околност, зашто Ма- ја одвај можеше да си дозволи банана. И купуваше дури и мали подароци, нешто за што ќе споменеше дека и се допаѓа или дека би сакала да го проба: му- зички дискови, чај од јасмин, црвен свилен фустан. И многу прекрасни цвеќиња, без ниеден каранфил.

Најмногу од сето тоа Маја го сакаше тоа што Џејк навистина ја слушаше. Беше сосредоточен, праве- ше ментални белешки и одговараше дури откако ќе размислеше добро за тоа што го рекла. Не се препи- раа и не се прекинуваа меѓусебно; се впиваа еден со друг и водеа луди и одлични разговори.

П рвата ноќ кога водеа љубов, Маја за малку ќе се расплачеше. Со години ниеден маж не ја допирал толку нежно. Освен тоа, по Роуз, единственото жи- во суштество што ја допираше беше Крофна, која, иако многу сакаше да се гали, не беше баш најдоб- ра замена за љубовна врска.

Џејк беше нежен и силен. Бакнежите му беа вре- ли и, секогаш кога прекинуваше за да вдише, таа се доближуваше до неговите усни, притискајќи се кон него се посилно и побрзо, се додека најпосле не по- тонеа полека во езеро од чиста среќа.

Маја лежеше во прегратката на Џејк и не може- ше да поверува што се случува. Го погледна, а тој ја бакна.

Page 40: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

76 Мена ван ПраГ

„Се ли е во ред?“ праша Џејк.„Да. Прекрасно е.“Освен тоа, Маја беше обезумена од среќа. Не са-

мо поради тоа што беше в кревет со Џејк туку и по- ради тоа што сфати дека не зависи од него. Беш е многу среќна, сосредоточена, толку исполнета што можеше и без него. Животот бсшс божествен, а Џејк беше само бонус.

„Поинаква си од сите жени со кои сум бил“, рече Џејк. „Тоа ми се допаѓа навистина многу.“

„Од сите?“ Маја се насмевна. „Тоа звучи малку курвински.“

„Замолчи.“ Џејк се насмевна. „Само велам дека ми е убаво кога сум со тебе. Не се чувствувам како да сакаш да ме заробиш.“

„И не сакам“, рече Маја, и навистина го мислеше тоа.

„Знам, токму тоа и го сакам. Сакам да сум со те- бе. Не сакам да те загубам.“

„Нема да ме загубиш“, рече Маја. „Зошто го мис- лиш тоа?“

„Не знам. Само знам дека не сакам.“Маја ги напрчи усните, подготвена да го бакне. „Неверојатна си, Маја“, рече Џејк. „Толку си...

задоволна. Ме прифаќаш таков каков што сум. Мно- гу жени сакаат да ги изменат мажите, да ги изменат и да ги заробат. Но ти не. Затоа те сакам, толку си среќна сама со себе, што ми дозволуваш да бидам тоа што сум.“

МАЖ И, ПАРИ И ЧО К О Л А Д А 77

„Претпоставувам дека тоа е поради тоа што не си ми потребен за да ми го разубавиш животот, заш- то тој е убав сам по себе.“ Маја се насмевна. „Среќ- на сум кога си тука, а среќна сум и кога не си покрај мене.“

Маја тогаш сфати дека навистина го мисли тоа. Не го рече тоа само затоа ш то Џ ејк сакаш е да го слушне. Беше одушевена од тоа што конечно може- ше да сака вистински, без пресврти, осила и завис- ност, што речиси не ни забележа дека Џејк штоту- ку и изјави љубов.

Уживаше во секоја секунда на блажените дено- ви далеку од кафулето. Кога се будеше, неколку ми- нути само се протегаше на утринското сонце. Поне- когаш малку медитираше пред да стане од креве- тот, подготвена да пишува.

Кога седнуваше на маса, со кафе в рака, се чувст- вуваше одлично. Му дозволуваше на срцето да се из- рази во целост, веќе не го туркаш е низ пукнатини- те на денот, туку го пушташе да и го исполни секој миг од животот.

Кога не пишуваше, одеше на долги прошетки, пра- веше бањи, медитираше, танцуваше во дневната со- ба, седеше под дрвјата и гледаше како се одвива жи- вотот околу неа - најразлични работи избрани зара- ди негување на душата.

Најпосле Маја сфати во целост на што мислеше Софи кога рече дека прво треба да го најде живо- тот пред да најде маж. Тоа беше првпат навистина да

Page 41: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

78 Мена ван Праг

се грижи за еебе. Првпат ја одреди сопствената сре- ќа како главна цел. И, точно како што и вети Роуз, зрачеше среќа каде и да се наоѓаше, оставајќи зад се- бе мали траги од задоволство. Нејзините насмевки беа заразни, приказните поттикнувачки, а смеење- то ги отвораше срцата на луѓето така што имаа чув- ство дека, што и да се случи, се ќе биде во ред.

Додека пишуваше, речиси можеше да почувству- ва како радоста и се прелева од душата. Пишување- то и беше најголема желба и со тоа се занимаваше. Бидејќи беше премногу возбудена за да јаде, Маја мо- жеше да се насладува со уживањето во новото те- ло. Освен тоа, беше исклучително горда поради тоа што собра сила да го прифати советот на Софи.

П отоа дојде време пак да го отвори кафулето. Стравуваше од враќањето. Не сакаше да се откаже од среќата што конечно ја најде. Не сакаше да ја из- даде својата душа.

Меѓутоа, не знаеше што друго да прави. Минати- от месец го заврши романот, односно спиритуална- та фикција заснована врз автобиографски елемен- ти, и помисли дека можеби би можела да биде уште малку похрабра и да им го прати на агенти и изда- вачи. Тоа беше застрашувачка идеја, зашто книгата беше длабоко лична, па премногу ја болеше мож- носта да биде одбиена.

Маја се чувствуваше чудно првото утро кога се врати во кафулето. Веќе како да не припаѓаше та- му. Уште се смешкаше додека ги правеше колачи-

М АЖ И, П АРИ И ЧОКОЛАДА 79

те, ги матеше состоЈките, го мирисаше шеќерот од лаванда, ги вадеше од рерната жешките пити со виш- ии и јаболка, бушавите колачи, чоколадните тарто- ви и колачите со кајсии. Но кога го отвори кафуле- то и седна зад пултот, одненадеж се натажи.

До крајот на денот беше подготвена да заплаче. Имаше дваесет муштерии за целиот ден. За да пре- живее финансиски, ќе мора да вложи доста енерги- ја и да го направи кафулето успешно. З а тоа ќе и треба многу труд. А не сакаше да вложува енерги- ја во него. Сакаше само да пишува.

Таа вечер, Маја собра храброст и реши да им го прати романот на неколку издавачи. Седна на по- дот на дневната соба, окружена од куп хартии, и поч- на да ги полни пликовите. Крофна се војваше меѓу хартиите додека Маја работеше.

„Еј дебела моја, престани со тоа.“ Маја ја дигна мачката и нежно ја стави на каучот. Крофна седе- ше таму многу кратко, а потоа пак скокна врз купот хартии и ги расфрли насекаде.

Цела ноќ мислеше на зборовите на Софи дека по- зитивната вера и дејствувањето се неопходни за соз- давање на животот за кој сонуваше. Затоа, додека ги полнеше пликовите, Маја напнато се сосредото- чи на луѓето што ќе ги отворат, ќе ги прочитаат пр- вите поглавја, ќе бидат одушевени и ќе бараат уш- те. Замислуваше дека романот и е објавен, дека ин- спирирал многу луѓе да ги живеат своите соништа, дека продала доволно книги за да може да се издр- жува само од пишувањето и да го минува остатокот од животот чувствувајќи се сосем исполнета.

Page 42: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

80 Мена ван Праг

Ноќта беше одлична. Маја беше толку возбуде- на, толку сигурна дека сето тоа е почеток на едно не- веројатно патување, што речиси можеше да го по- чувствува струењето на воздухот околу себе. Некол- ку пати потскокна и почна победнички да танцува низ дневната соба. Сите клетки во телото и трепе- реа. Беш е на врвот на својата креативност. Кроф- на се смешкаше додека ја гледаше Маја како си ги остварува соништата.

Шест недели подоцна, Маја го доби првото пис- мо од издавач, со кое ја известуваа дека ракописот и е одбиен, и тоа сосем ја приземји. Едноставно не го очекуваше тоа. Беше толку одушевена, толку си- гурна дека првиот одговор ќе биде потврден, што не знаеше што да мисли. Почна да се сомнева во Со- фи и во моќта на храброста. Кога до крајот на ме- сецот ја одбија сите, верата и беше целосно униш- тена.

Маја не можеше да го разбере тоа. Направи се што ја советуваше Софи. Но не успеа.

Тоа утро, во напад на бес и очај. го затвори кафу- лето. Сакаше да искрши се околу себе, да ги фрли тортите нпз излогот и сите чинии на подот. Меѓу- тоа, само се наведна над пултот и заплака.

Кога Софи би била тука, би и рекла да не се пре- дава. Би ја потсетила дека верата во себе и е најпот- ребна во миговите на најголемиот очај. Би и рекла дека тоа е само почеток на нејзиното славно патува-

М АЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 81

ње, дека мора да се смири и да продолжи да верува и да биде решителна, зашто нејзините соништа ни- како не се многу далеку. Но Софи не беше таму и Маја не ни помисли да и се јави. Место тоа, му се ја- ви на Џејк.

Таа ноќ, Џејк ја расположи Маја. Ја одведе на ки- но и, додека седеа во задните редови и се држеа за ра- це, се бакнуваа и делеа пуканки, Маја ја потисна та- гата и се сосредоточи на него.

Но иако тој ден не беше свесна за тоа, заедно со тагата, Маја ја потисна и верата во своите сониш- та, зашто досега и задаваа само болка. Затоа, во тој миг, на врвот на безнадежноста, пак дигна раце од себе. Помисли дека пишувањето можеби воопшто и пе и треба, можеби е доволно да го има само Џејк.

„Молам?“ викна Фејт кога Маја ја сподели оваа мисла со неа. „Зар заборави што ти рече Софи? Зар забораваш дека треба да бидеш исполнета?“

„Знам, знам. Не заборавив. Едноставно не можам да пишувам по цел ден, морам да го водам кафуле- то“, рече Маја. „А ако морам да го правам тоа, ми тре- ба малку љубов во животот како поддршка.“

„Тоа ќе заврши катастрофално“, рече Фејт. „Са- каш тој да ти биде извор на среќата. Тоа не е во ред. Ќе го упропастиш вашиот однос. Ќе станеш зависна

Page 43: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

82 Мена ван Праг

од него, ќе се залепиш за него и тој ќе избега колку што го носат нозете.“

„Ајде ма, не си фер.“„Еј, не е фер така да притискаш некого. Тој не е

должен да те прави среќна.“„Не биди толку спиритуална“, избувна Маја. „Зна-

еш, не можеме сите да бидеме како тебе. Не може- ме сите да стоиме на изворот на универзалната љу- бов, или како ја нарекуваш веќе.“ Градите и ги ис- полни бес и се бореше против него, совладувајќи го инстинктот да ја тресне слушалката. „Слушај, може- би не разбираш, но тоа е поентата на вистинската љу- бов, да се усреќуваме еден со друг.“

„Не“, благо рече Фејт, „тоа не е љубов. Тоа е само префрлање на одговорноста за сопствениот живот,за сопствената среќа.“

„Да, како што ќе речеш ти. Јас не сум како тебе. Ми треба маж за да бидам среќна.“

„Тоа не е точно. Пред само еден месец толку мно- гу се усреќи себе, што тој ти беше само бонус во жи- вотот. И ти го рече тоа. Една од многуте чоколад- ни трошки во твојот кекс“, рече Фејт повторувајќи ја шегата што порано ја смееше Маја. Н о овој пат Маја беше толку обземена од очајничката потреба да има право, што сето тоа само ја налути дополни- телно.

„Морам да прекинам“, излажа таа.„Чекај.“Маја воздивна.„Мила моја, само се обидувам да ти помогнам“,

благо рече Фејт. „Знам дека сега сакаш да се согла-

МАЖ И, П АРИ И ЧОКОЈ1АДА 83

сам со тебе и да ти речам дека постапуваш правил- но. Но премногу те сакам. Ти велам, ако сакаш врс- ката да ви успее, менувај го правецот на движење- то. И не ми пречи ако ме мразиш поради тоа што ти го кажувам ова.“

Маја пак воздивна. „Не те мразам. Само... само не мислам дека имаш право.“ Но во гласот веќе не и се чувствуваше претходната решителност.

„Добро“, попушти Фејт. „Пред да ја прекинеш врс- ката, дозволи ми да ти го кажам ова. Во последно време излегував со мажи и ми беше прекрасно. И се- га искрено верувам дека целата идеја за недостиж- ните мажи е обична глупост.“

„Молам?"„Мислам дека мнозинството мажи сакаат да се

вљубат, исто како и ние. Но понекогаш жените ги исплашуваат и ги бркаат. Не си ги исполнуваме со- ништата и очекуваме тие да го направат тоа место нас. Тоа е преголем товар за кого и да било.“

„Не...“„Во овој миг пак тонеш во животот што те пра-

ви несреќна. И место да најдеш храброст да го изме- ниш, ти планираш да го вложиш целото срце во Џејк. Тоа не е фер. Не е фер кон него и не е фер кон тебе. Двајцата заслужувате подобро.“

Еден месец подоцна, иако на Маја веќе и се чи- неше дека Фејт веројатно имаше право, уште не са- каше да го послуша нејзиниот совет.

Page 44: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

84 Мена ван Праг

Се трудеше да не размислува за тоа дека ја одби- ја сите издавачи и агенти, но чувството на разоча- раност и пораз и ја одзеде способноста да пишува. Монотоните денови се нижеа еден по друг и тешко и го притискаа срцето. Немаше ни сила ни волја да го прави навечер сето она што го сакаше, па затоа го избра полесниот пат - постојано да се гледа со Џејк.

Набргу тоа и станаа единствените мигови на ра- дост во животот. Го најде својот човек и сега оста- ваше да и овенат сите други желби. Иако не може- ше да се ослободи од благото чувство на страв, Ма- ја се трудеше да го заборави сето она што и го ве- леше Фејт и се сосредоточи на тоа да биде среќна со Џејк.

Кога не беше со него, го чекаше мигот кога ќе би- де со него. Гледаше на часовникот. Јадеше кекс за да и помине времето. Почна да ги заборава свои ге ритуали што порано толку многу ја радуваа. По из- весно време, едноставно веќе не и беше важно ниш- то од сето тоа.

Маја почна да му се јавува на Џејк не само кога са- каше да биде со него туку и кога не сакаше да биде сама. На почетокот тој доаѓаше секогаш кога ќе го викнеше, но потоа нешто се измени. Џејк почна да се повлекува, а на Маја и беше попотребен од кога и да било.

Таа знаеше што се случува - можеше да почув- ствува дека нешто ја влече накај Џејк и очајнички сакаше да го спречи тоа. Меѓутоа, колку и да се тру- деше, не можеше да си ги контролира чувствата. Не и остана ништо друго во животот. Само кафулето,

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 85

во кое мразеше да престојува, претерувањето со чо- коладата, незадоволството кон сопственото тело и празнината во душата. И Џејк. И беше единствени- от извор на радост во животот и беше зависна од не- го.

Светлината на љубовта беше силна, толку силна што ја заслепи Маја до таа мера, што не го виде тре- перењето на нехармоничноста, предупредувачкиот сигнал што тивко блеснуваше во неа. Го игнорира- ше и, два месеци подоцна, кога Џејк сосем преста- на да и се јавува, почна да чувствува дека се распаѓа однатре.

Маја направи се што можеше за да смисли како да го врати Џејк и да ги разгори неговите чувства. Со- сем ги заборави Фејт, Роуз и Софи, и сега се убеди сама дека Џјк и е единствениот вистински извор на задоволство. Кога и се јавуваше братучетка и, се пре- праваше дека се е во ред и го завршуваше разгово- рот колку што можеше побрзо.

Само кога спиеја заедно, ја чувствуваше интим- носта што ја чувствуваа на почетокот на врската. За- гоа постојано го тормозеше да водат љубов; очај- нички сакаше блискост. Во тие ноќи лежеше на кре- ветот додека тој сииеше, и грчовито се држеше за чувство на блискост што ослабуваше, зашто знаеше дека тоа чувство и припаѓа само на ноќта и дека ќе исчезне до утрото.

Додека Џејк спиеше, Маја стануваше од креве- тот за да ги прочита пораките на неговиот телефон во темницата, барајќи траги од други жени. Но ни-

Page 45: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

86 Мена ван Праг

когаш не наоѓаше ништо подозриво. Само нејзини- от очај и самопрезирот стануваа се подлабоки. По- тоа седеше и се тресеш е на работ на креветот, ср- цето и чукаше брзо и очајнички се прашуваше дали некогаш пак ќе се чувствува нормално.

Маја никогаш не му кажа ништо од тоа на Џејк, зашто се плашеше дека со тоа ќе го оттурне засе- когаш од себе. Затоа ги чуваше сите мигови кога доа- ѓаше на нејзините јавувања и се фаќаше за секој час што го минуваа заедно. Меѓутоа, бидејќи не може- ше да ги открие вистинските чувства, Маја веќе во- општо не се предаваше. Се повлече во себе, се пла- шеше да го каж е ставот дури и за ситници. Затоа главно го слушаше Џејк и само одговараше на она за што зборуваше тој - кимајќи со главата, смешкајќи се и согласувајќи се со се. Набргу тоа му здодеа на Џејк, а Маја беше празна, зашто веќе не знаеше ни што мисли ни како се чувствува, веќе не се познава- ше себе.

П отоа искрата меѓу нив, мала и одвај видлива, згасна.

Сепак, Маја не можеше да се помири со тоа. Се обиде да ја зачини нивната врска, се обиде да про- никне подлабоко во него, иако знаеше дека негово- то срце веќе не е со неа. На почетокот Џејк се оби- дуваше да биде фин, но колку повеќе го притискаше таа толку повеќе тој се оддалечуваше и на крајот стана суров.

Кога Џејк и рече дека мисли дека веќе не би тре- бало да бидат заедно, Маја беше убедена дека гре-

М АЖ И, П А РИ И ЧОКОЛАДА 87

ши. Затоа остана со него уште шесет месеци, иако на тој начин само се повредуваше. Потоа Џејк сепак ја напушти.

Тој ден Маја стоеше на средината на дневната со- ба и викаше, додека Џејк седеше на каучот под кој се скри Крофна.

„Се обложувам дека има стотици мажи што би ме сакале!“ викаше таа, очајнички сакајќи да поверу- ва во тоа. „Зошто тој што го сакам мора да биде так- во ѓубре? Зош то не ме сакаш? Што не е во ред со те- бе, по ѓаволите?“

„Не сум ѓубре“, тивко рече Џејк. „Никогаш не ти реков да дигнеш раце од себе и да се препуштиш. Не го барав тоа од тебе. Тоа си го направи сама.“

Но Маја не сакаше да слуша ни да се обиде да раз- бере.

„Зош то не можеше да ме засакаш?" липаше таа и и се чинеше дека ќе пукне. „Зошто едноставно не можеше да ме сакаш?“

„Те сакав. Навистина те сакав.“Маја сакаше пак да викне, но запре со отворена ус-

та и се џареше во него.„Но потоа ти се измени", продолжи Џејк. „Пре-

стана да се сакаш себе.“Таа и понатаму не можеше да проговори. „Тешко е да сакаш некого што дигнал раце од се.

И не можам... Едноставно веќе не можам.“

Page 46: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

88 Мена ван Праг

Џејк стана и и иријде. Таа го оттурна, но потоа тој ја привлече кон себе и ја прегрна, како Роуз пред по- веќе од една година.

„Ж алам“, шепна Џејк. „Навистина жалам.“

Сега Маја немаше ништо. Џејк ја напушти; не на- пиша ништо повеќе од една година и имаше десет килограми вишок. Кога Џејк си замина, таа помина два дена на креветот плачејќи. Плачеше по се што за- губи.

Додека ја стегаше мократа перница, шмркајќи и бришејќи си го носот со ракавот на пижамите, збо- ровите на Џејк и се вртеа низ главата се додека не и се слоши.

Се разбира дека тој имаше право. И Роуз, и Со- фи и Фејт имаа право. А сепак не ги послуша. Џејк не бараше да и ја продаде душата на нивната врска. Сама го направи тоа, зашто се плашеше дека ќе го загуби. Зашто, кога дигна раце од своите соништа, тој беше се што и остана. Се разбира, дури и додека то- гаш беше со него, сепак се чувствуваше осамена и напуштена, како сираче што со сите сили се труди да убеди некого да го посвои, место да биде жена што знае колку вреди: доволно паметна, шармантна и са- моуверена за да не мора да го убедува мажот дека тре- ба да ја сака.

Липаше додека се сеќаваше на себе од почетокот на нивната врска. Сега виде во што ја претворија неј- зините стравови и срцето и се скрши. Бидејќи целос-

МАЖ И, П АРИ И ЧОКОЛАДА НУ

но се запостави, сега ја обзедоа мрачна болкп и чуи ство на целосна осаменост.

Третиот ден, со голем напор се врати во кафуле- то. Меѓутоа, кога слезе таму, само седеше зад пул- тот и плачеше. Дојдоа неколку муштерии и таа ги послужи плачејќи, но мнозинството луѓе што ја ви- доа расплаканата жена низ излогот само продолжу-ваа понатаму.

До крајот на неделата, Маја престана да плаче и почна да јаде. Ден по ден ги уништуваше преостана- тите брауни, торти и чоколадни штанглички од вит- рината, и веќе ниту се обидуваше да се запре. Не мо- жеше да се соочи со својата болка, и се чинеше де- ка без чоколадата срцето би можело да и пукне.

По работата, Маја продолжуваше да го оплакува Џејк војвајќи се низ станот, загубена во маглата од спомени и солзи. И недостигаа прегратките, љубов- та, вниманието. Истовремено и се каеше поради свое- то однесување, поради тоа што го притискаше и го оддалечуваше од себе се додека не му дојде преку гла- ва.

Една ноќ, кога посебно очајуваше додека го ква- сеше чаршафот со солзи и се чувствуваше поосаме- на од кога и да било дотогаш, се молеше за помош. Им се молеше на Бога, на ангелите, на своето срце, на космичките сили, на сето она што би можело да и

Page 47: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

90 Мена ван ПраГ

понуди некаква утеха и спас од болката. На крајот, исцрпена од плачењето, заспа. Штом заспа, почна да сонува...

Стоеше пред кафулето. Улицата ја немаше, ја за- мени бескрајно поле со цвеќиња. Стотици видови цвеќиња се збиваа пред неа: бели кринови, црвени ро- зи, светлолилави лизијантуси, кремрозови божури и милиони маргаритки.

Маја се насмевна окружена од сите тие бои и опој- ни мириси. Погледна кон хоризонтот се додека океа- нот од цвеќиња не се стопи со залезот на сонцето. По- лето се огледуваше во небото одразувајќи ги илјад- ниците нијанси, така што Маја се чувствуваше како да влегла во некоја префинета слика.

Н а хоризонтот се појави жена што лебдеше на- кај Маја. Потоа ја допре земјата и тргна преку по- лето, нежно раздвојувајќи ги цвеќињата и допирај- ќи им ги венечните ливчиња со врвовите на прстите.

Пред да може да ги препознае фигурата и црти- те на лицето, Маја помисли дека таа жена е мајка и и го викна нејзиното име. Неколку мига подоцна, ви- де дека тоа не е ЈТили, туку Роуз.

Маја се насмевна, малку разочарана, но сепак среќ- на. Кога се прегрнаа, Маја си го нурна лицето во топ- лиот врат на жената оставајќи таа да ја држи како де- те. Додека Маја дишеше полека и длабоко, не сакај- ќи да ја пушти никогаш, одеднаш и блесна мисла де- ка тоа сигурно е сон. Имено, Роуз беше најмалку триесет сантиметри пониска од Маја и немаше шан- си да може да ја прегрне вака. Маја ја избрка брзо и лесно мислата дека никогаш не можеше да ги отфр-

ли мислите за Џејк, и пак најде утеха ио при |м п .1 та на Роуз.

Долго стоеја прегрнати така, а потоа се одвоија и се погледнаа в очи. Тогаш Маја забележа дека леб- дат заедно над полето.

„Имам нешто да ти кажам“, шепна Роуз. „Неш- то важно.“

Маја ја погледна и се насмевна. Полека се спуш- тија на земја и седнаа меѓу цвеќињата, на меките пер- ници од божури. Роуз ја фати Маја за рака.

„Потажна си отколку кога те оставив.“Маја го наведна погледот.„За жал, не го прифатив твојот совет“, тивко приз-

на таа. „Го сакав мажот повеќе од себе. И сето тоа за- врши прилично лошо.“

„Знам, мила, гледав.“„Навистина?"„Повеќепати се обидов да разговарам со тебе. Но

ти не ме слушаше.“„Знам, извини. Не сакав да слушам никого. Ни те-

бе, ни Фејт ни сопственото срце.“ Маја ја наведна гла- вата. „Толку многу го посакував што не...“

„Те стегал стравот“, благо рече Роуз. „Поради тоа чувствувам само големо сочувство кон тебе.“

„Навистина? Не мислиш дека сум целосен идиот? Го игнорирав твојот совет, опсесивно се закачив за него, иако знаев дека тоа ми го крши срцето. Затоа се чувствував грозно поради себе. Направив огром- на грешка. Бев многу, многу глупава.“

Роуз си стави прст на усните.

МАЖ И, П АРИ И ЧОКОЈ1ЛДА џ|

Page 48: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

92 Мена ван Праѓ

„О мила, те молам, не биди толку еурува кон себе. Не згреши. Нема грешки, само животни лекции што допрва треба да ги научиш.“

Околу неа, венечните ливчиња блештукаа на пос- ледните сончеви зраци и Маја дишеше подлабоко, зашто малку и олесна од зборовите на Роуз.

„Сепак мислам дека можев да постапам поинаку“, рече Маја. „Можеше да биде помалку болно. Учев за љубовта, за вистинската и за лажната љубов, но...“

„Што научи?“Бидејќи претходната недела размислуваше само

за тоа, Маја точно знаеше.„Љубовта е лажна тоа кога само посакуваш неко-

го друг, но вистинска е кога сакаш тој да биде среќен“, тивко рече таа. „Станав толку обземена од Џејк ка- ко единствен извор на радост, толку го посакував, што престана да ме интересира како се чувствува тој.“ Маја се насмеа. „Тоа е лудо, но на крајот ми се чине- ше дека би можела да го убијам поради тоа што не ми ја возвраќа љубовта. А и понатаму мислев дека го сакам.“

Кога го слушна тоа, Роуз блесна.„Совршено. Тоа е голема лекција.“„Но“, протестира Маја, „ти ме предупреди за тоа

во кафулето. Зош то не те послушав и не ги прифа- тив навреме твоите совети, па да не страдам сега?“

„О мила моја Маја“, рече Роуз стегајќи и ја рака- та. „Не биди толку строга кон себе. Не си направи- ла ништо лошо. Мнозинството луѓе не можат да на- учат се слушајќи ги само туѓите совети. Се разбира дека тоа ни е потребно, зашто самото искуство, без разбирање, не не учи на ништо. Но луѓето мора и

М АЖ И, П АРИ И ЧО КО ЛАДА 93

да ги живеат своите животи. Дури потоа ќе можат да ги искористат мудрите зборови за да ги обликува- ат своите искуства и да ги сфатат.“

Маја слушаше. Во мекоста на нејзиниот сон, збо- ровите на Роуз нежно се истураа во воздухот и леб- деа во него, совршено реални и вистинити.

„Сега разбирам“, рече Маја. „Се за вистинската и лажната љубов, за желбата и потребата, за веру- вањето дека очајно сакаш некого, иако всушност, мислиш само на себе, воден од сопствените желби. Веќе никогаш нема да го повторам тоа.“

„Ете!“ Роуз се насмевна. „Разбираш доста рабо- ти, но не сите.“

„Навистина ли?“„Треба да знаеш уште нешто за врските, што ќе

ти ја замени болката со сочувство. Тоа ќе ти овозмо- жи да го преболиш Џејк и да си се вратиш себеси."

Маја се исправи притискајќи ги дланките на пок- ривката од цвеќиња. Можноста да си ја олесни бол- ката целосно и го преопкупира вниманието. „Што е тоа?“

Роуз малку се помести ослободувајќи неколку цве- тови што се исправија под неа.

„Удобно ли ти е?“ праша Маја кога сфати дека ве- ќе извесно време седат. „Сакаш ли да прошетаме?“

„Не може да ми биде неудобно, мила“, одговори Роуз. „Ова е сон.“

„О, да, се разбира.“„Но не грижи се“, рече Роуз читајќи и ги мислите.

„Се што кажувам и понатаму е вистина.“Маја се насмевна.

Page 49: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

94 Мена ван ПраГ

„Значи“, иродолжи Роуз, „треба да знаеш дека врс- ките функционираат според емоционалните закони, кои се реални и сигурни исто колку и законите на физиката, на пример, како гравитацијата. Кога си во врска, подложна си на тие закони се додека не се просветлиш.“

„Меѓутоа“, рече Маја, „засега нема изгледи тоа да се случи, така што ми се чини дека уште сум пион на своите емоции.“

„Чекај малку“, Роуз дигна прст, „чувствувам благ тон на самопрекор. Тоа не ни треба, те молам. Ка- ко што научи кога почна да пишуваш, просветлува- њето е многу полесно кога си сама отколку кога си со некого, посебно со некој љубовник."

Маја воздивна: „Зош то е така?“„Животните лекции ни се зголемуваат кога сме

во врска. Тоа е како да ставиш две личности во екс- прес тенџерето на желбите, потребите, стравовите, осудите и критиките. Сето она што си го правиш се- беси, се што се обидуваш да научиш и да го попра- виш, сето тоа ќе му го направиш и на другиот, како и тој тебе.“

Маја кимна со главата. „Страдање на квадрат.“ „Токму така“, се насмеа Роуз. „Потоа тие или си

помагаат еден на друг или експлодираат.“Маја не можеше да не се насмее.„Значи“, продолжи Роуз, „сите внесуваме свои

посебни лекции во врската, а потоа, во зависност од тоа колку сме храбри, колку сме расположени да ги научиме, се обидуваме да ги решиме и да го поправи- ме тоа со другата личност.“

„Добро“, Маја размисли за тоа. „Кои се тогаш мои- те?“

МАЖ И, П АРИ И ЧОКОЛАДА 95

„Мила моја, ги имаш повеќе, како и сите ние. Но главното со што се мачевте ти и Џејк беше потре- бата.“

„Потребата?" праша Маја. „Добро, знам дека ста-нав зависна од него и дека тоа го избрка. Така јауништив нашата врска.“

„Освен фактот дека пак си престрога кон себе“,рече Роуз, „тоа што го кажа е само делумно вистина.“

„Навистина?“„Поради тоа луѓето се заплеткуваат така во раз-

ни глупости. Имаат дел од вистината и мислат дека тој дел е се. Мислат дека објаснува зошто заглави- ле во самодеструктивни шаблони. Но не сфаќаат де- ка тоа што го знаат не е целата вистина, зашто, ко- га би било така, вистината би ги ослободила.“

„ 0 “, восхитено рече Маја. „Те молам, раскажи ми докрај.“ Не можеше да ја поднесе помислата дека можеби ќе мора да помине низ уште некоја раски- нувачка врска без да ја дознае целата вистина.

„Не грижи се, тука сум за да ти кажам. Затоа дој- дов.“

„Се рзбира!“ Маја одеднаш сфати. „Дојде да ме спа- сиш.“

„Тука сум за да ти ја понудам мудроста што ќе ти го спаси животот“, се насмевна Роуз. „Мораш да ја примениш во практика.“

„О, сигурно ќе ја применам. Ветувам. Апсолутно.“ „Тогаш добро. Еве што знам јас.“Роуз ги рздвои рацете и ги дигна како да балан-

сира на дланките топка во воздух.„Кога се раѓаме, потребни ни се други луѓе за да

преживееме. Меѓутоа, ако родителите не се во сос-

Page 50: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

96 Мена ван Праѓ

тојба да не воспитаат на вистинскиот начин, сакаме да ги напуштиме, иако зависиме од нив. Ме разби- раш ли?“

Маја кимна со главата. „Горедолу.“„Тоа им се случува на анозинството млади. Затоа

што ни најдобрите родители не можат да ги задово- лат сите потреби на децата. Тоа е едноставно невоз- можно. Тоа ќе го сфатиш кога ќе имаш деца.“

„Прво ќе морам да престанам да ги одбивам ма- жите.“ Маја се насмевна. „Така што не сум сигурна дека тоа ќе се случи некогаш.“

„Ќе видиме.“ Роуз се насмеа. „Во секој случај, как- ви и да се причините, тогаш родителите можат да им остават на децата едно од двете наследства - стравот од напуштање или стравот од задушување."

„Хмм?“ Маја се намршти.„Очигледно е дека се плашиш од првото поради

тоа што те оставил татко ти. А Џејк се гшаши да не го зароби некој, поради тоа што мајка му толку го притискала што сакал да избега.“

Маја кимна со главата. „Затоа бевме совршена двојка.“

„Да, така функционираат врските. Животната лек- ција не е да бидете во рамнотежа еден со друг, туку да бидете урамнотежени посебно.“

Маја воздивна. „Би сакала да можев да бидам так- ва.“

„Но не доживеа неуспех. Крајот на една врска не значи неуспех. Што ќе се случеше ако не ни можела да успее, ако Џејк едноставно не бил за тебе? Тогаш само ти помогнал да се согледаш појасно. Тоа ис- куство било совршено, исто како што си совршена

М АЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 97

и ти“, рече Роуз. „Разбирањето на психологијата на романтичните врски не е задолжително и формула за нивно решавање. Тоа е подарок што ќе ни ги исце- ли срцата и што ќе создаде долгорочна љубов со вис- тинската личност. Сепак, некои врски едноставно не се предодредени да траат засекогаш.“

Маја слушаше толку напрегнато, што не ни забе- леж а дека почна да плаче. Меѓутоа, не чувствува- ше болка, само беше тажна. Како да влезе во тоа чув- ство, како во налет на ветрот, и сфати дека е нежно и топло.

„Не боли“, објасни Роуз гледајќи ја, „затоа што си дозволи да ја почувствуваш, не и се противставуваш. Тагата е слатко чувство ако си дозволиме да ја почув- ствуваме. Не потсетува на тоа дека сме навистина живи. Болката доаѓа само од противставувањето кон тагата, од борбата да не ја почувствуваш.“

Маја кимна со главата додека слаткиот здив на тагата и дувкаше низ телото. Потоа исчезна. Маја се насмеа, одеднаш исполнета со радост.

„Тоа е нешто друго“, рече Роуз. „Само ако си доз- волиш да ја почувствуваш, тогаш ќе и се вратиш на својата природна состојба на мир и среќа.“

„Ау“, рече Маја. „Прекрасно.“„Тоа е животот“, се насмевна Роуз. „А сега, има-

ме и други теми што треба да ги обработиме. И не- мам многу време, зашто уште малку ќе се разбудиш.“

„Те молам, не оди си уште. Морам да ја сфатам це- лата вистина за она што се случи меѓу Џејк и мене. Те молам. Не можам... Навистина не можам пак да поминувам низ тоа со некој друг. Мислам дека не- ма да го издржам тоа.“

Page 51: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

98 Мена ван ПраГ

„Не грижи се, нема да си заминам без да ти кажам, но мораме да побрзаме.“

Маја кимна со главата.„Луѓето веруваат“, продолжи Роуз, „дека им се по-

требни други за да ги усреќат. Тоа е совршено нор- мално и сосем фино и безболно, освен кога се лишу- ваме од тие чувства, што е моментот кога се стану- ва непријатно и болно.“

„Како?“„Мила моја, Џејк и ти игравте игра. Замисли си

дека вашата потреба еден за друг била жежок ком- пир што сте си го фрлале поради тоа што не сте са- кале да го држите.“ Роуз пак ги дигна малите дланки во воздух, како да балансираше внимателно со неш- то во двете.

„Во урамнотежените врски, и двајцата држите по педесет на сто од чувствата. М еѓутоа, во случајот со Џејк и со тебе, кога ти дигна раце од пишување- то и од се друго што сакаш, тогаш стрелката почна да се наклонува во твојот правец и ти ја чувствуваше се повеќе и повеќе.“

„А тој се помалку и помалку?“„Точно. Затоа, кога имаше седумдесет на сто, тој

чувствуваше само триесет. Се додека ти не почна да држиш се, а тој веќе не чувствуваше ништо. На тој начин врската станува сосем неурамнотежена.“

Маја воздивна. „Тоа е страшно.“„Не, не е страшно", се насмевна Роуз. „Тоа е клу-

чот за твоето ослободување. Потребата што ја чув- ствуваше не беше само твоја. Ја имаше и неговата. Ги имаше своите вообичаени педесет на сто, и плус неговиот дел.“

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 99

„Значи сум се чувствувала сто на сто зависна?“ „Така е.“„Но всушност, не сум била зависна?“„Се разбира дека не беше. Кога ја пишуваше кни-

гата, не ти беа потребни луѓе, така ли е?“„Така е. Ни најмалку. Бев сосем среќна сама.“ „Ете, гледаш.“„Значи, кога липав на подот во кујната, кога чув-

ствував дека ќе умрам ако тој ме остави, чувствата не биле вистински, не биле вистинити?“

Роуз се насмевна. „Сега почнуваш да сфаќаш.“ „Неверојатно...“„Луѓето ги играат заедно тие игри, само што не

се свесни за тоа“, објасни Роуз. „Едната личност во врската, обично жената, чувствува апсолутна потре- ба од својот партнер, кој нема таква потреба. Потоа рамнотежата се нарушува и двојките се разделуваат.“

„Зошто е така?“„Се разбира, не е секогаш така. Но обично тоа е

начинот на кој сме воспитани. Ладните татковци соз- даваат девојчиња што се навикнати да се чувству- ваат зависни, така што поподготвените од нив ја пре- земаат таа улога во врската. Премногу заштитнич- ки расположените мајки создаваат синови на кои им треба слобода за да се дефинираат, така што тие по- лесно ја преземаат улогата на партнерот што сака да избега.“

„О, сега ми е јасно.“„Па тоа е прекрасно.“ Роуз се насмевна. „Зашто,

дури кога навистина ќе го сфатиш тоа, кога се ќе почне да се повторува, ќе знаеш дека тоа не е вис-

Page 52: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

100 Мена ван Праг

тинското и ќе запреш. Како инјекција хероин што од- биваш да ја примиш.“

„Значи, тоа е како дрога?“„Кога ќе го сфатиш тоа, ќе бидеш слободна“, про-

должи Роуз. „Лажните чувства едноставно ќе исчез- нат. Тогаш, место да мислиш дека ти треба маж, ќе бидеш подготвена навистина да засакаш некого.“

„Фантастично“, рече Маја насмевнувајќи се ши- роко. „Би сакала да можеш да им го шепнеш тоа на сите жени на светот.“

„И на мажите“, рече Роуз. „Се трудам колку што можам, но обично не ме слушаат."

Маја повте да праша уште нешто. Но Роуз и ста- ви прст на усните и ја замолча. Се гледаа в очи. Ма- ја постепено потона во длабоко ниво на разбирање, заш то во очите на Роуз виде многу вистини што ги бараше цел живот. Беше целосна. Не и требаше ниттт- то. Имаше се. Беше се - совршена капка од Бога.

Потоа Роуз исчезна. Маја остана сама, загледана во полето со цвеќиња. Се прашуваше дали пак ќе ја види Роуз. Одненадеж почувствува дека и недости- гаат старицата и мајка и. Тогаш сфати. Роуз беше Ли- ли. А Лили беше Роуз. А Роуз и Лили беа во сите што ги запозна кога и да било. Љ убовта не е само во ед- на личност, во еден маж. Љубовта е секаде. Само што никогаш порано не ја виде, затоа што не погледну- ваше.

МАЖ И, П АРИ И ЧОКОЛАДА 101

Ги отвори очите, сосем будна, гледајќи во тлиаиот, оставајќи сето тоа да и се сталожи. Уште облеаил од недогледниот сјај на универзалната љубов, не може- ше да верува дека беше толку сосредоточена на Џејк, што тоа ја заслепи.

Се опфати со рацете и се насмеа. Звукот ја испла- ши Крофна, која потскокна. Маја и прати бакнеж на мачката.

„Здраво, моја божествена дебела и влакнеста дру- гарко!“

Ги турна покривките станувајќи од креветот и турнувајќи ја Крофна, која се лизна на подот и ја пог- ледна тажно.

„Дојди, намуртена“, ја викна таа насмевнувајќи се.Ја зеде мачката, отиде во дневната соба и седна

на каучот. Ја тормозеше и ја галеше Крофна која, великодушно ироштавајќи и ги претходните навре- ди, почна да преде. Чувствувајќи се весела и преро- дена, се насмевна и се загледа пред себе. По извес- но време, Крофна стана од скутот на Маја и скокна на масата што беше скриена во аголот на собата и почна да мјаука. Сепната од мечтаењето, таа поглед- на и виде дека мачката намерно замавнува со опаш- ката.

„Што се случило? Што сакаш?“Крофна продолжи да мјаука.„Гладна ли си?“Маја стана од каучот и тргна накај кујната, но на

половина пат низ дневната соба запре. Се сврте кон Крофна, која не ни мрдна. Обично, кога и да одеше таа во кујната, мачката скокнуваше и тргнуваше по

Page 53: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

неа. Чудни морници ја полазија Маја по ’рбетот. Оти- де кај масата и ја зеде Крофна.

„Што се случило?“ праша Маја галејќи ја мачка- та што предеше.

Ја погледна масата. Потоа, не знаејќи зошто, ја от- вори фиоката. Таму беше нејзиниот ракопис, недоп- рен една година. Маја воздивна и се насмевна. И по- крај разочарувањето што и го донесе книгата, споме- ните на пишувањето и понатаму беа волшебни. Ја пушти Крофна да и скокне од рацете и ја зеде кни- гата. Ја однесе кај каучот. Извесно време седеше и се џареше во неа, ги допираше кориците и ги впиваше. Потоа ја сврте првата страница.

102 Мена ван Праг

Два часа подоцна, Маја го сврте и последниот лист и замижа. Пак трепна и виде дека Крофна седи до неа.

„Знаеш што, убавице?“ ја праша Маја мачката. „По сите одбивања, не сакав ни да ја погледнам кни- гата пак, но всушност многу ми се допаѓа. Дури сум одушевена."

Меѓутоа, во мигот кога проговори, Маја ја боцна каснувањето на сомнежот. Која е таа да мисли дека книгата нешто вреди? Со оглед на тоа дека таа ја на- пиша, нормално е да и се допаѓа. Триесетте агенти и издавачи, сите експерти во својата работа, веројат- но не грешат.

„Добро“, воздивна Маја, „не е важно што чувсгву- вам јас, зашто тоа нема да измени ништо. Ако оста-

МАЖ И, ПАРИ И ЧОКОЛАДА НМ

токот од светот мисли дека мојата книга с лиим. и м е се што е важно.“

Срцето и се стегна. Ѓаволски ја печеше помисла та дека се изјаловија сите нејзини соништа и не и олес- на поради тоа што се помири со неа.

Потоа во темницата блесна зрак светлина. Маја сфати дека последните два часа ниеднаш не помис- ли на Џејк. И знаеше дека, дури и ако нејзината креа- тивост не му значи којзнае што на остатокот од све- тот, нејзе и понатаму и значеше.

Кога се врати на креветот, Маја не можеше да зас- пие. Но не размислуваше за Џејк или за чоколада - размислуваше за книгата.

Околу пет часот наутро пак стана и отиде кај кау- чот, каде што Крофна седеше врз ракописот.

„Знаеш колку ми е важно ова, нели?“ праша Ма- ја дигајќи ја мачката за да ја земе книгата. „Поне- когаш ми изгледа дека ти се грижиш за мене повеќе отколку што се грижам самата.“

Маја се врати на креветот, го стави ракописот под перницата и цврсто спиеше до утрото.

Следната вечер Маја го затвори кафулето и се качи на автобус до куќата на Софи. Не се јави да за- каже состанок, дури ни да провери дали Софи е до- ма. Бидејќи многу сакаше да ја праша нешто, Маја само се молеше да ја најде.

Page 54: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

104 Мена ван Праг

Додека наближуваше до целта, не знаеше како да собере храброст и да тропне на вратата, но знаеше дека мора да го стори тоа. Изминатата година ја по- мина занемарувајќи се. Беше време да престане со тоа. Ако навистина сакаше да го живее животот мес- то само да го живурка, веќе не можеше да им се пре- пушта на стравовите.

Маја сврте по улицата на Софи и погледна кон неј- зината куќа очекувајќи да го види лилавиот знак. Но местото беше празно. Стоеше на тротоарот шоки- рана и разочарана. Не го очекуваше тоа.

П отоа се смири. Сега не беше време за негатив- ни мисли. Отиде кај вратата, вдиша длабоко за да се охрабри и тропна.

По неколку минути, кога веќе сакаше да си зами- не, вратата се отвори. Таа се сврте и виде еден маж.

„Добар ден, ова, извинете што ве вознемирувам“, рече Маја. „Ја барам Софи.“

Човекот беше околу дваесет години постар од Ма- ја, висок и згоден, со благи, заводливи очи.

„Воопшто не ме вознемирувате.“„Тоа е добро“, рече Маја. „Тука ли е таа?“„Си замина пред една година. Сега живее во Ари-

зона.“Маја беше толку изненадена што не можеше да

проговори.„Јас ја купив куќава“, рече тој насмевнувајќи се.

„Таа ми понуди фантастична цена.“„Да.“„Можам ли да ви помогнам?“„Не, извинете. Се е во ред.“„Тогаш добро, ви пожелувам пријатен ден.“

М АЖ И, П АРИ И ЧО КОЛАДА 105

Маја ги погледна неговите зелени очи. За некол- ку мига ја потсети на Роуз.

„Благодарам“, рече Маја. „И јас ви пожелувам вам пријатен ден.“

Отиде да седне на клупата на другата страна на ули- цата. Разочарано ја гледаше куќата на Софи немај- ќи поим што да прави сега. Загоа само седеше и че- каше додека да добие некоја подобра идеја.

Еден час подоцна, влезната врата се отвори и чо- векот излезе. Маја го дигна погледот и пак помис- ли дека е згоден. Потоа се сети на Џејк. Се израду- ва кога сфати дека тоа сега и измами насмевка, а не солзи.

Го гледаше како ја минува улицата се додека не сфати дека оди накај неа. Одеднаш стана нервозна и помисли дали да стане и да си замине пред да стиг- не кај неа. Но веќе беше доцна. Тој запре пред неа.

„Здраво“, рече тој. „Јас сум Бил.“„Здраво“, рече Маја малаку вознемирена.„Те видов низ прозорецот. Изгледаш малку загу-

бена. Дојдов да видам дали е се во ред.“„Да, навистина“, рече Маја.„Дали и беше клиент на Софи?“„Не, не сосем.“„Можеби јас би можел да ти помогнам.“ „Зошто? Дали си видовит?“„Не, но повремено можам да им помогнам на лу-

ѓето.“„Не ми треба никаква помош“, рече Маја.

Page 55: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

106 Мена ван Прат̂

Бил подозриво ја подигна веѓата. Потоа Маја ее сети дека отпорот никогаш не води кон ништо доб- ро и дека недостигаше малку да го пропушти неве- ројатното искуство со Роуз и со Софи.

„Добро, веројатно сепак ми треба помош“, приз- на Маја. „Ако знаеш нешто за поправањето на скр- шени животи, тогаш сигурно би ми користел нека- ков совет.“

Бил се насмевна и седна. „Раскажи ми.“ „Сигурен ли си? Заш то во моментов сум навис-

тина во хаос.“„Мислам дека ќе можам да се справам со тоа.“ „Тогаш добро, ако велиш гака.“ На Маја и се ис-

краде насмевка. „Па, прекинав со момчето и сега веќе сум помирена со тоа. Работам во своето кафу- ле и ги отплатувам долговите, но сакам да бидам пи- сател. О, и се здебелив најмалку десет килограми за последните три месеци.“

„Разбирам.“„И исплашена сум поради тоа што не знам како

да го изменам сето тоа.“„Хмм“, промрморе Бил.„Ш то?“„Звучи како да си се загубила во обидот да најдеш

среќа во надворешни фактори.“Маја воздивна додека ја впиваше вистината на оваа

изјава. Потоа се насмевна. „Сигурен ли си дека не си видовит? Звучиш исто како Софи.“

„Навистина?“ праша Бил. „Што ти рече таа?“ „Ми рече да верувам во себе и да бидам храбра“,

рече Маја, „и бев храбра. Еден месец паузирав со ра-

М АЖ И, П АРИ И ЧОКОЛАДА 107

ботата и напишав книга. Се обидов да ја објавам, но не успеав.“

„Не успеа?“„Да станам писател.“„Навистина?“ праша Бил. „Дали тоа значи дека си

на умирање?“„Молам! Не! Зош то го велиш тоа?“„Не можеш да речеш дека не си успеала да пос-

тигнеш нешто се додека не умреш“, рече Бил. „Или барем додека не се обидеш да направиш апсолутно се; а не си се обидела да направиш се додека не ти дојде крајот на животот. Затоа можеби си се отка- жала, но сигурно не си доживеала неуспех.“

М аја не можеше да се воздржи да не се насмее поради апсурдноста на неговото размислување.

„Па, бидејќи уште не сум мртва“, се насмевна таа, „што мислиш дека би требало да правам?“

Бил размислуваше неколку мига.„Биди уште похрабра.“„Молам?“„Треба да бидеш похрабра. Кога животот не из-

легува онака како што сакаш, тоа обично не е знак дека треба да се предадеш туку е знак дека треба да бидеш похрабра.“

„Навистина?“„Се разбира. Но не така што одново ќе се обиду-

ваш со истото; туку така што ќе направиш нешто ра- дикално, нешто храбро, свежо и ново.“

„Сигурен ли си?“ праша Маја мрштејќи се. „Тоа ми изгледа малку лудо.“

Page 56: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

108 Мена ван Праг

„Знам дека мнозинството луѓе дигаат раце кога животот им станува тежок, но тоа е токму моментот кога треба да се потрудиш со сите сили. Ако се чувст- вуваш како да си потклекнала, тогаш е вистинскиот миг да скокнеш пак.“

„Но зошто?“ праша Маја. „Зошто се е толку теш- ко?“

„Јас имам една теорија за тоа.“„Која?“„Мислам дека сите се родени со некаква цел. Со

нешто што навистина го сакаме, со некој извор на вистинска радост.“

Маја кимна со главата. „За мене тоа е пишува- њето.“

„Токму така. И таа цел - да напишеш инспиратив- на книга - е наградата што те мотивира во текот на животот. Те поттикнува да се избориш со предиз- виците, со што ќе им бидеш голема инспирација на другите. Затоа е тоа толку тешко. Зашто, кога би би- ло лесно, на што би можела тогаш да ги научиш дру- гите? Каква инспирација би била ти?“

„Ах“, воздивна Маја. „Да, веројатно е така. Как- ви би можело да бидат тие предизвици?“

„Сето она што треба да го направиш за да ја ис- полниш својата цел.“

„Може ли да бидеш малку поконкретен?“ праша Маја насмевнувајќи му се.

„Тие предизвици, тие духовни лекции, обично се токму сето она што ни е најтешко да го направиме. Сето она што би го избегнале само кога би можеле некако.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 109

„По ѓаволите, зошто е така?“„Не знам“, призна Бил. „Но отсекогаш сум мис-

лел дека тоа е затоа што сме предодредени да стане- ме заокружени, целосни суштества. Затоа, ако из- бегнуваме нешто, тогаш токму тоа е она со што тре- ба да се соочиме.“

„ 0 “, рече Маја. „Сфаќам.“„Мислам дека твојата главна лекција е храброс-

та. Мислам дека мораш да се прифатиш себе како сосем храбра. Кога најпосле ќе го направиш тоа, то- гаш ќе ја исполниш својата цел.“

Маја воздивна. Изгледа дека, колку и да се тру- деше да го избегне, колку и да ја пикаше главата дла- боко во песокот, сепак едноставно немаше начин да му избега на тој посебен предизвик.

„Кога ќе триумфираш над своите предизвици“, продолжи Бил, „тогаш ќе бидеш наградена со жи- вотот по кој копнееш.“

Маја пак кимна со главата. Иако не сакаше да признае, знаеше дека тоа е точно.

„Си била храбра со тоа што си направила пауза од еден месец за да напишеш книга“, рече Бил. „Се обложувам дека си се плашела, но се обложувам и дека си се чувствувала прекрасно."

„Подобро од кога и да било во животот.“ „Одлично.“ Бил се насмевна. „Но ако некој изда-

вач едноставно ја прифател твојата книга, тоа не би барало никаква храброст од тебе, нели?“

„Претпоставувам дека е така“, призна Маја. „Тогаш ми изгледа дека се уште не си го совла-

дала во целост тој предизвик. Треба да продолжиш

Page 57: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

110 Мена ван Праѓ

да одиш низ животот се додека не станеш многу храб- ра“, рече Бил. „Мислам дека ќе откриеш дека радос- та ти доаѓа поради тоа што ќе бидеш најхраброто, нај- величественото суштество што можеш да бидеш.“

„Навистина?" Маја се насмевна. „А како да го из- ведам тоа?“

„За почеток, би можела малку да замислиш пози- тивни ситуации“, предложи Бил. „Замисли дека си на- вистина прекрасна жена, не жртва, не некој што е ог- раничен од стравовите, туку некој што го зграпчу- ва животот и навистина го живее.“

„Тоа звучи прекрасно.“„Тогаш што е следното што би го направила?“ „Не сум сигурна“, одговори Маја и си ги собра ра-

мената.„Како би било да ја објавиш книгата сама?“ Маја се смееше се додека не сфати дека Бил е се-

риозен.„Не можам.“„Зошто?“„Како прво, немам доволно пари. Како второ, кни-

гата очигледно не заслужува да биде објавена, инаку тоа веќе ќе го направеше некој друг.“

„Вистина ли е тоа?“„Да, се разбира. Мислам дека е вистина. Веројат-

но. Не знам.“„Токму така“, рече Бил и се насмевна. „Значи,

време е да направиш нов храбар чекор. Да станеш ве- личествена жена каква што си родена да бидеш.“

„Навистина веруваш во тоа?“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 111

Маја го погледна со неверување. Бил ја гледаше без да трепка.

„Без најмало сомневање.“

Таа вечер Маја седеше во кафулето и го гледа- ше ракописот. Знаеше дека има само едно решение, ако тоа навистина, навистина го сака. Тоа беше, ка- ко што рече Бил, само прашање на храброста и на ве- рата во себе.

Маја никогаш дотогаш не помисли да го продаде кафулето. Често размислуваше да престане да ра- боти и да му ја препушти работата на некој друг, но тоа можеше да го продолжи отплатувањето на дол- говите. Исто така, чувствуваше дека не треба да го изневери сонот на мајка си и не сакаше да го униш- ти споменот за неа. А не ни знаеше што друго би можела да работи. Без диплома, немаше баш неог- раничен избор и секогаш кога помислуваше да ги продолжи студиите, ја спречуваше стравот од неус- пех.

Сега, додека Маја размислуваше што да наира- ви, пак ја обзеде страв. Другите идеи барем и беа раз- умни. Враќањето на факултетот не беше гаранци- ја за исполнет живот, но веројатно би можело да и до- несе стабилност. Идејата да го продаде кафулето што беше оптоварено со долгови, за да ја објави книгата,

Page 58: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

112 Мена ван Праѓ

книгата што ја одбија сите издавачи и агенти на кои им ја прати, навистина ја стаписуваше. Тоа беше на- лудничава идеја. Ако пропадне, ќе остане без ништо.

На крајот, исцрпена од долгото негативно размис- лување, Маја заспа.

Се разбуди неколку часа подоцна, трепкајќи на благата утринска светлина. Неколку мига заборави за што размислуваше претходната вечер. Потоа ис- грпна. Сепак, истовремено го почувствува и жарот на возбудата поради можноста дека конечно ќе на- прави нешто навистина бестрашно, нешто што би ја направило достојна за почит и восхит.

Потоа се насмевна широко, одеднаш заборавајќи го стравот. Се почувствува среќна, висока дест мет- ри и подготвена за се. Исто како и пред повеќе од ед- на година, кога го затвори кафулето за да ја напише книгата.

Тогаш Маја сфати дека, ако таквата среќа е мож- на, ако е потребна само храброст за да се разбуди, то- гаш не може да им се врати на јадот и страдањето, зашто сега знаеше дека има избор. Такво нешто би било премногу трагично.

Во следните неколку минути, пред да има време да се расони и да ја преплават рационалните мисли, Маја отрча на катот. На масата во кујната брзо на- пиша известување „Се продава“, отрча назад на при- земјето и го закачи на вратата на кафулето. Потоа почна да се подготвува за отворањето.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 113

Додека седеше зад пултот и повремено ги служе- ше луѓето кафе и колачи, Маја не можеше да пове- рува што направи. Редовните муштерии реагираа со шок на таа вест, тажни поради тоа што ќе останат без омилените чоколадни овесни штанглички, а нивни- те капучина без дополнителните зрна какао.

Повеќепати посака да отрча кај вратата и да го тргне известувањето. За да си ги одврати мислите, место да јаде, Маја се зафати со истражување како да ја објави книгата самостојно. Седеше зад пултот со лаптопот и ги истражуваше разните можности.

Не беше евтино, но тоа и го очекуваше. Иако Ма- ја немаше поим за колку би можела да го продаде кафулето, посебно поради тоа што беше оптоваре- но со долгови и сигурно не беше најдобрата инвес- тиција на светот, очекуваше дека ќе добие точно до- волно пари за да се покријат трошоците. Што ќе пра- ви потоа, кога ќе остане без пари и со куп непрода- дени книги, немаше претстава за тоа.

Меѓутоа, се сеќаваше што и рече Бил за предиз- виците, за храброста, за тоа дека треба да биде вели- чествена жена. Во тој миг тоа и беа поважни цели од парите или од гаранциите или од што и да било дру- го.

Додека денот одминуваше, Маја забележа дека не ни помисли на чоколада. Воопшто не беше заинтере- сирана за неа поради благата мачнина предизвика- на од стравот.

Тогаш сфати, додека ги гледаше кексот со вани- ла и јагоди, чоколадните макарони и еклерите со ка-

Page 59: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

114 Мена ван Праг

фе, дека колачите немаат никаква моќ врз неа и де- ка никогаш не ни имале.

Нејзината несовладлива желба за нив не беше предизвикана од нивниот пенлив фил, од нивната влажна мекост или од преливите од крем. Тоа всуш- ност беше искажување на нејзината желба за подо- бар живот - толку прекрасен живот што одвај може- ше да дише. Тоа го сакаше Маја секогаш кога ја по- даваше раката да земе парче торта - најмал вкус на среќа.

Се разбира, минливото задоволство што го дава храната беше слаба замена за суштинското задовол- ство што го дава исполнетиот живот. Истото важи и за љубовта и парите. Како дел од навистина вели- чествен живот, таа можеби е прекрасна, но како за- мена за него, едоставно не дејствува.

Сега Маја сфати дека секогаш кога живееше та- ков живот, кога ја пишуваше книгата, кога реши да го продаде кафулето, не даваше ни пет пари за кола- чите. Тие одеднаш избледеа, потиснати во заднина- та, и станаа дел од животната декорација, како и се друго. Мислата дека понекогаш помииуваше цел ден размислувајќи за нив, трудејќи се да им одолее, се- га и изгледаше налудничава. Маја седна зад пултот и се насмевна поради фактот колкава моќ им даваше порано на илузорните желби место на своите вистин- ски соништа.

Кога наближи шест часот, Маја ја најде вистин- ската фирма за објавување на нејзината книга. Го ис- клучи лаптопот со насмевка на усните и отиде да го

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 115

затвори кафулето. Додека го превртуваше знакот, погледна низ излогот и го виде Тим. Му мавна, но тој не ја виде, па ја отвори вратата.

„Еј!“Тим ја погледна и се насмевна. На Маја и се ис-

краде воздишка. Го немаше видено повеќе од една година и заборави колку е шармантен. Или можеби не го забележуваше поради тоа што беше обземена од Џејк.

„Тука си. Жива си“, викна Тим. „Како си? Каде бе- ше?“

„Бев... јас... па“, пелтечеше Маја не сакајќи да об- јаснува. „Бев на еден курс.“

„Ми недостигаше, исто како и твоите колачи.“ Тим се насмевна.

Одеднаш ја обзеде желба да го бакне. Откако со месеци се обидуваше да го убеди Џејк дека ја поса- кува, би било олеснување да биде со некого што очи- гледно ја посакуваше.

„И ти ми недостигаше мене.“Тогаш Тим го забележа знакот.„Го продаваш кафулето Какао? Не ми се верува.

Зошто?“Таа си ги собра рамената, зашто се срамеше да му

го каже својот налудничав план. „Јас, па, мислам де- ка е вистинското време за тоа.“

„Колку бараш?“Маја пак си ги собра рамената, зашто не можеше

да се сосредоточи на финансиите кога Тим изгледа- ше толку примамливо.

„Не сум сигурна. Не многу. Мислам дека ќе видам колку нудат луѓето.“

Page 60: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

116 Мена ван Праг

„Внимавај да не те измамат.“„Па и така не вреди многу. Има само име и репу-

тација. Уште е во долгови...“„Дали продажбата го опфаќа и станот?“„Не, го најмувам. Зошто?“„Ах“, замислено рече Тим. „Добро, како ти зву-

чат сто илјади? Сега можам да ти дадам десет, а ос- татокот по шест месеци. Што велиш?“

„Се шегуваш ли со мене?“„Се разбира дека не“, рече Тим. „Сериозен сум.

Ова место би било одлично за нов видеоклуб. Рабо- тата одеше одлично минатата година, така што сега се прошируваме.“

„Се проширувате?“ Маја беше збунета. „Мислев дека ти само работиш таму.“

„Не, клубот е мој. Добро, наш.“ Тим ја дигна рака- та за да ја покаже бурмата. „И жена ми вложи во не- го.“

Маја се фати за довратникот за да ја одржи рам- нотежата.

„Ж-жена ти?“ пропелтечи таа. „Си се оженил?" „Да, пред три месеци.“„Оф, јас, леле, тоа е... прекрасно. Па, мислам, ка-

ко се запознавте?“„Беше муштерија.“ Тим се насмевна. „Доаѓаше

постојано и почнавме да разговараме. Потоа се вљу- бивме.“

„Па тоа е... прекрасно“, повтори Маја сакајќи да се пикне во некоја дупка и да плаче.

„Вики е преслатка“, додаде тој. „И ги сака науч- нофантастичните филмови. Што во голема мера е и темелот на нашата љубов. Тебе никогаш не можев

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 117

да те убедам во привлечностите на Војна на ѕвезди- те, нели?“

Маја одмавна со главата обидувајќи се да се нас- мевне.

„Туку, што мислиш за мојата понуда?“Таа не можеше да смисли ништо, така што само

кимна со главата. Сакаше само да ги земе парите и да избега. Мораше да замине - од кафулето, од градот, од земјата.

Маја доби ненадеен импулс да тргне по Софи во Аризона, да почне одново, да биде величествена же- на без спомени.

„Да... понудата е одлична“, успеа да процеди таа, „но, бидејќи се уште должам околу осумдесет илја- ди, не е баш...“

„Ах“, рече Тим, „тогаш, ако ги преземам долго- вите, тоа ќе ти остави дваесет илјади. Како ти из- гледа тоа?“

Маја полека кимна со главата. Се уште не успе- ваше да сфати што се случува.

Се се одвиваше премногу брзо. Замислуваше де- ка ќе поминат месеци пред да добие некаква пону- да, а уште подолго време пред да дојде навистина до пари, со што би имала доволно време да се предо- мисли во последниот миг.

Меѓутоа, беше на прагот да постигне устен дого- вор. И се чинеше дека сепак не и е дозволено да раз- мислува за одлуката.

Page 61: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

118 Мена ван Праг

Откако во принцип се договорија и Тим си отиде со кутија еклери со кафе, макарони со вкус на јас- мин и чоколадни овесни штанглички, Маја седна. Не можеше да поверува што направи пред неколку мига и не можеше да поверува дека Тим се оженил.

Откритието беше ужасно, зашто пак почна да се буди нејзината зависност од недостапни мажи. Пр- во Џејк, а сега Тим, кого не го посакуваше се додека тој не престана да ја посакува. Се прашуваше што точно не е во ред со неа.

Потоа, бидејќи одеднаш се сети на својот заклу- чок за чоколадата, знаеше дека се е во ред. Се пла- шеше да го продаде кафулето и да ја објави книгата и неколку мига си го сврте вниманието од тој страв кон можната романса.

На Маја и олесна. Ако се впуштеше во врска со Тим, ќе ја претвореше во иста врска каква што има- ше со Џејк. Ке го искористеше, како што ги иско- ристуваше колачите, за да го избегне исполнување- то на вистинската желба на своето срце. Исто како што престана да пишува и како што почна да го жи- вее животот преку Џејк, ќе го оставеше и самообја- вувањето и ќе почнеше да живее преку Тим. Зашто, колку и да беше болно да се загуби себе во врската, беше очигледно дека тоа е побезбедно од излегува- њето во светот и ризкувањето во исполнувањето на своите соништа.

Маја се насмеа поради тоа што најпосле ја откри својата зависност. Се обидуваше да ги користи мажи- те како кадифено мече. Место да бара сродна душа - некој што би и го подигнал духот, кој би и бил парт-

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 119

нер во величествениот живот - таа ги користеше ка- ко несвесни угнетувачи, како замени за бестрашниот живот.

Но мажот не е замена за животот. Не е станица на која се задржуваш премногу долго поради тоа што премногу се плашиш да се изразиш во целост. Сега сфати. Знаеше дека, ако има намера да најде сродна душа што ќе и стане сопатник, тогаш мора да тргне сама на тој пат.

Еден месец подоцна, Маја стоеше во празното ка- фуле. Однесоа се: пултот, апаратот за кафе, масите, столовите и сите торти.

Помисли на мајка си и почувствува дека ја обле- ва благ бран од тага. Знаеше дека Лили отсекогаш сакаше Маја да биде среќна. Го задржа кафулето не толку од почит кон Лили колку поради сопствени- те стравувања. Потоа Маја се насмевна сфаќајќи дека со тоа што го продаде кафулето, си го симна це- ложивотниот товар на стравот и дека конечно е сло- бодна.

И станот на катот беше испразнет. Продаде се и и останаа само илјадате примероци од сопствената книга. Кога ја прашаа во печатницата колку при- мероци сака, Маја го одреди тој број. И никна во ср- цето и, иако изгледаше крајно налудничаво, имаше чувство дека е вистинскиот. Бил и рече да биде уш- те похрабра и, ете, беше похрабра. Чувството беше прекрасно.

Page 62: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

120 Мена ван Праѓ

Маја ја заклучи вратата на кафулето последен пат, и прати на мајка си бакнеж за разделба и ја помина улицата без да се сврти. Додека заминуваше, сфати дека, иако помина толку години чувствувајќи се ка- ко в затвор, кафулето Какао беше благословот што сега и го даде новиот правец во животот. Меѓутоа, пред да ја напушти Англија, мораше да направи уш- те нешто.

Фејт ја отвори вратата и шокирано ја погледна Маја. Потоа се насмевна, ја привлече братучетка си во прегратка и ја покани да влезе.

Неколку мига подоцна Маја седеше со чувство на непријатност на каучот и не знаеше што да рече. Немаше разговарано со Фејт повеќе од шест месе- ци и немаше поим како да и го надомести тоа. Низ главата и јуреа илјада мисли, паѓајќи една врз дру- га и уривајќи се како домино.

„Навистина ми... навистина многу жалам“, најпос- ле шепна таа совладувајќи ги солзите.

„Се е во ред“, рече Фејт. „Знам што се случило.“„Знаеш?“„Џејк.“Маја кимна со главата.„Но тоа не беше негова вина“, рече Маја. „Поста-

пував точно како што ти ми рече да не постапувам. Дигнав раце од себе и го претворив него во центар на својот живот. И тој избега колку што го носеа нозе- те.“

„Кога престана да се јавуваш, претпоставив...“„Извини, те молам.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 121

„Нема проблем, мила, те разбирам."Маја се насмевна благодарно. Кај Фејт, меѓу дру-

гото, го сакаше и тоа што беше толку подготвена да прости и секогаш полна разбирање. Не беше его- центрична во врска со животот, не бараше луѓето да се изменат за да се вклопат во нејзините желби и потреби. Само ги оставаше да бидат такви какви што се. И поради тоа тие, како и таа, беа толку среќни и отпуштени.

„Ти благодарам“, рече Маја помислувајќи дека братучетка и исто така е една прекрасна лекција за просветлувањето.

„Па како си сега?“„Прилично добро, верувала или не.“ „Фантастично“, рече Фејт, искрено израдувана, не

лутејќи се ниту една секунда.„Ќе одам во Амрика.“„Навистина?“ праша Фејт со ококорени очи. „Па

тоа е прекрасно. На одмор, на гости...?“„Ќе одам таму да ја продадам книгата.“ „Книгата?“„Да, ја издадов сама. Го продадов кафулето, пе-

чатив илјада примероци и сега ќе одам да се обидам да ја продадам во Америка. Знам дека тоа е налуд- ничаво, но мислам дека е крајно време да направам нешто лудо во животот.“

„Не е налудничаво", рече Фејт. „Тоа е фантастич- но!“

Маја се насмевна. „Знаев дека ќе ме разбереш.“ „Сакаш ли да ти ја чувам Крофна додека си отсут-

на?“„Тоа би било прекрасно. Само...“

Page 63: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

122 Мена ван Праг

„Што?“„Имам некакво чудно чувство.“„Какво?“„Дека можеби нема да се вратам.“„Навистина?" Фејт се насмевна широко. „Не зна-

ев дека имаш таква интуиција.“„И немам. Не знам зошто го имам тоа чувство, но

ете, го имам.“„Можеби поради тоа што најпосле навистина го

живееш својот живот“, рече Фејт. „Си фатила чекор со универзалните вибрации и сега можеш во целост да се усогласиш со космичките сили.“

„Тоа е еден од многуте детали што ги обожавам кај тебе, Фејт.“ Маја се насмеа. „Не се плашиш да бидеш откачена."

И Фејт се насмеа, воопшто не навредувајќи се. „Освен тоа, и самата сум малку откачена во пос-

ледно време“, призна Маја. „И посреќна отколку што сум била кога и да било во животот.“

„Знаеш, сфатив дека човек е толку посреќен кол- ку што си е поверен себеси“, рече Фејт. „И колку што мислат другите дека е пооткачен.“

Маја одеднаш ја преплави љубов кон братучетка- та што ја прифаќаше толку безусловно. Се прибли- жи до неа на каучот и ја прегрна. Кога најпосле се од- воија, Фејт ја бакна во образ.

„Навистина се гордеам со тебе, Маја.“„Да.“ Маја се насмевна. „И јас се гордеам со себе.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 123

Се смести на своето седиште во авионот. Во ба- гажот имаше околу сто книги, а другите ги прати со брод. Во банката и останаа само неколку илјади фун- ти. Се насмевна. Тоа беше најлудата постапка во неј- зиниот живот и уживаше во секој миг.

Го погледна старецот што седеше до неа. И го привлече вниманието неколку пати во текот на прет- ходните часови и имаше желба да зборува со него. Бидејќи сега беше храбра жена, сфати дека тоа не би требало да биде посебен проблем.

„Па...“ Маја се сврте весело кон него, „дали жи- веете во Њујорк? Или одите на одмор?"

Старецот ја погледна.„Види, види“, рече тој. „Навистина е убаво тоа што

една убава млада жена почнува разговор со стар чу- дак како мене.“

Маја се насмевна.“„Јас сум Томас.“„Маја.“„Навистина?“ замислено праша тој. „Знаеш ли

што значи твоето име?“Маја одмавна со главата.„За хиндуистите превезот на мајата е тоа што ни

ги покрива очите кога го гледаме светот со умот: со сите наши критики, предрасуди, стравови и сомне- вања. Но светот зад превезот на мајата е светот што го чувствуваме со срцето. Кога превезот ни паѓа од очите, доживуваме просветлување. Дотогаш сме сле- пи.“

Очите на Маја се ококорија. Таа информација об- јаснуваше доста работи.

Page 64: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

124 Мена ван Праг

„Не ми се верува дека не го знаев тоа“, рече таа. „Но не сум премногу изненадена. Поголемиот дел од животот бев слепа.“

Томас нежно ја потчукна по раката. „Како и мно- зинството од нас, мила, како и мнозинството од нас.“

„Но веќе не е така“, гордо рече Маја. „Не сега.“ „Навистина?“„Одам во Њујорк да ја продадам својата книга.“ Првпат му го кажа тоа на некој туѓинец, и со так-

ва самодоверба што се чувствуваше како друга лич- ност. Можеби едноставно веќе и не е Маја, барем не онаа Маја што ја познаваше отсекогаш.

„Тоа е фантастично. Дали била голем хит во Ан- глија?“

„Не“, призна Маја, „таму не ја продадов. Ја обја- вив сама. Тоа е еден вид духовна книга за моето па- тување од цинизмот и огорченоста до среќата и ве- рата во себе. Мислам дека Британците не се толку заинтересирани за тоа како Американците. Затоа мислев да почнам во Америка.“

„Тоа е многу храбро од тебе. Восхитен сум.“ „Благодарам." Маја се насмевна широко, раду-

вајќи се. Чувството на храброст беше прекрасна про- мена во однос на целосната загубеност. „Сепак, не напарвив се сама. Имав голема помош и поддршка."

„Тоа е во ред“, рече Томас. „Се сомневам дека не- кој од нас може да успее сам. Едноставно не верувам дека сме способни за тоа.“

„Еднаш бев дури и кај една видовита личност“, призна Маја.

„Па јас сум направил многу полуди работи во сво- јот долг живот, верувај ми.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 125

„Навистина?“ Маја се заинтересира. „Всушност, мојата видовита личност беше прекрасна жена. Не ми ја претскажа иднината, туку ми зборуваше за мо- јот дух, за тоа дека трба да го следам својот животен пат. Ми рече да бидам храбра.“

„Да. Тоа е многу добар совет.“„Да. Многу е тежок, но и многу добар. И бев го-

това да дигнам раце од се кога запознав еден човек, Бил, кој ми рече дека морам да бидам уште похраб- ра.“

„Сфаќам“, рече Томас. „Зар животот не е прекра- сен кога ги следиме своите чувства и кога го слуша- ме срцето место главата?“

„Не сум сигурна“, рече Маја. „Мислам дека само имав среќа. Не ги следев навистина своите чувства. Бев прилично заглавена и исплашена.“

„Можеби. А можеби само си мислела дека е така.“ Маја размисли за тоа.„Во што е разликата?“„Твоите мисли за себе, за сопствениот живот, за се,

не се секогаш реални. Не се засновуваат секогаш врз факти. Па дури и почесто е така.“

„Навистина?“ љубопитно праша Маја.„Се разбира“, се насмевна Томас. „На пример, мо-

жеш да помислиш: ’Здодевно ми е’. Или: ’3аглавив, не знам што е следното што треба да го направам, ис- плашена сум’. А не си исплашена. Но го слушаш тоа во главата, па затоа веруваш. Потоа се однесу- ваш во согласност со тоа и тоа станува реалност за тебе. Тоа го прави вистина, иако не е вистина.“

Маја го погледна и неколку мига и се чинеше де- ка се е точно. Тоа не го помисли никогаш порано.

Page 65: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

126 Мена ван Праѓ

Секогаш мислеше дека нејзииите мисли се сами за себе вистинити. Но можеби не биле. Можеби тие мис- ли не се ништо повеќе освен само... мисли.

„Како да знам тогаш дали некоја моја мисла е ре- ална или не?“

„Реалните мисли се сосем неутрални, без никак- ви предрасуди“, објасни Томас. „Тие признаваат неш- то и потоа поминуваат. Но ако предизвикаат емо- ција кај тебе, посебно страв и болка, гарантирано не се реални.“

„Ако не се реални, тогаш од каде доаѓаат?“ пра- ша Маја.

„Отсекаде. А тоа не е ни важно. Умот е сунѓер. Се што некогаш си слушнала и слушаш, постојано го рециклираш одново. Стотици милиони уверувања, ставови, критики, идеи, сето тоа се врти во круг - како некое лудо радио што еден ден ќе го исклучиш, ако имаш доста среќа, и ќе се ослободиш.“

„Дали потоа сосем ќе престанам да размислувам?“ Томас се насмевна. „Само во многу ретки случаи.

Можеби ако го поминеш остатокот од животот на некоја планина. За нас другите, мислите не преста- нуваат никогаш, но можеме да престанеме да ги слу- шаме. Можеме да престанеме да им веруваме. Во тоа е тајната.“

„Тоа е прекрасно“, се насмевна Маја. „Нависти- на прекрасно.“

Сега, во светлината на новото знаење, Маја сфа- ти дека не била заглавена, исплашена како глушец; само мислела дека е така. Само плашливите критич- ки мисли ја врзувале за сопствениот живот, ништо

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 127

повеќе. Тогаш Маја сфати дека со неа навистина е се во најдобар ред.

„Значи“, рече Томас, „ако некогаш пак помислиш дека си заглавила, само игнорирај ги таквите мисли; биди свесна за своите чувства и следи ги нив. Мене тоа секогаш ми успеваше.“

Маја се насмевна. Секогаш кога ќе се отвореше доволно за воспоставување на врски со луѓето, на- идуваше на луѓе што знаеја добро да ја советуваат. И знаеше дека, со осумте милијарди луѓе на светот, тие совети секогаш ќе и бидат на располагање. Са- мо мора да биде доволно храбра за да ги побара. По- тоа сфати дека, од сите туѓинци што и пријдоа со мудри зборови, во средбата со Томас таа го направи првиот чекор.

„Ви благодарам. Многу ви благодарам“, рече Ма- ја ракувајќи се со старецот, а потоа го бакна во об- раз.

Во следниот миг конечно и се сложи сето она што и го кажа Роуз. Мудроста го сретна искуството и бе- ше положен третиот камен-темелник на прекрасни- от живот на Маја. Сомилост. Храброст. И интерак- ција.

Маја блескаше од среќа кога пристигна во Њу- јорк. Му помогна на Томас да слезе од авионот, го нај-

Page 66: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

128 Мена ван Праѓ

де нивниот багаж, им се насмевна на цариниците, а потоа се качи во автобусот за Манхатан.

Кога го виде хоризонтот, Маја одвај се воздржа да не викне од радост и да не почне да плеска со раце- те. Си го притисна носот на прозорецот и гледаше без да трепка се додека автобусот не влезе во тунелот Линколн. Кога слезе на станицата и го виде своето прво жолто такси, Маја веќе не можеше да издржи. Ги остави куферите на земја и потскокна од среќа.

Таа вечер, верувајќи во својата победа, Маја се смести во отмен хотел и порача собна услуга. Кога се нурна во свилената постелнина, длабоко воздив- на од задоволство, замижа и го почувствува скокот- кањето предизвикано од возбудата што настапува само кога ги следиш своите соништа.

Една недела подоцна, Маја немаше многу среќа. Ниедна од големите книжарници не сакаше да ја при- фати нејзината книга, зашто работеле само со голе- ми издавачи. Маја се чувствуваше многу поразена и малку се сожалуваше себе. По третиот ден и по тринаесеттото одбивање, помисли дека е виновен све- тот, дека е многу суров и бескомпромисен.

За жал, во тие мигови ги заборави зборовите на Томас за тоа дека не треба да им верува на своите мисли. Сосем сама во големиот град и обземена од страв, премногу лесно се помируваше со неуспеси- те и не се потруди со сите сили да се промовира во нај- добрата светлина.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 129

Две недели подоцна Маја ја посети и последната книжарница што можеше да ја најде на Манхатан и не знаеше што да прави потоа. Од триесет и трите книжарници во кои отиде, само четири прифатија неколку книги. Со толку слаб процент на успешност, Маја навистина не можеше да ја поднесе помисла- та дека ќе мора да пита во цел Бруклин или во дру- гите окрузи. Освен тоа, беше подготвена да се от- каже, да се спакува и да се врати дома.

Меѓутоа, по сето она низ што помина, Маја не мо- жеше да се врати - мораше да продолжи понатаму. Следејќи го советот на Томас, застана пред врата- та на затворената книжарница на авенијата Амстер- дам и се обиде да се исклучи од мислите, а да се вклу- чи во чувствата, за да види како би требало да по- стапи. По извесно време не прими никаква посебно силна порака. Срцето и беше прилично тивко и и предлагаше малку да се отпушти и да ги прекине оби- дите да продаде неколку книги повеќе.

Затоа Маја тргна накај центарот одејќи онаму ка- де што ја водеше интуицијата, и се најде во Вест Ви- лиџ, покрај прекрасно кафуле на убава улица полна уникатни продавници.

Седна во градината и порача кафе и чоколаден кроасан, од името на старите добри времиња. По еден час, се уште не допирајќи го кроасанот, Маја го гледаше залезот на сонцето. Додека ги впиваше улич- ните глетки и звуци, почна целосно да се отпушта и

Page 67: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

130 Мена ван Праг

сите иеодамнешни разочарувања избледуваа заед-но со меката светлина.

Ги гледаше последните долги сончеви зраци штосветеа низ круните на дрвјата и помисли на песната:1/уоиг'§оГп§ (о Ѕап Ргапсѓѕсо, Ие ѕиге /о и>еаг ѕоте ј]ом>-егѕ т уоиг Иаѓг...*

Маја се исправи. Не беше сигурна дали порадисветлината или поради кафето или поради тоа штоотсекогаш ја сакаше таа песна, но и се чинеше декаштотуку виде знак.

Сан Франциско ќе биде совршено. Сепак беше ду-ховна Мека на Америка. Сите знаеја дека таму емиг-рираат егзотични типови луѓе, додека њујорчанитесе малку поцинични. Со оглед на тоа дека замина одАнглија поради тоа што не веруваше дека нејзина-та книга би можела да преживее во цинизмот, нема-ше смисла да се задржува тука.

Утредента Маја се качи со книгите во автобус штоодеше на запад. Ќе стигне таму по седумдесет и двачаса.

Кога слезе од автобусот, три дена подоцна, веќе не се чувствуваше толку самоуверена. Го замени Њу- јорк со друг град во кој не познаваше никого и не- маше поим како да го оствари својот план. По тол- куте часови поминати во автобусот и запирањето на секој еден час, беше толку изморена што сакаше са- мо да легне на кревет и да плаче.

*Зборови од песната Сан Франциско, од групата Мамас & Папас од 1967 година. (Прев.)

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 131

Утредента, чувствувајќи се подмладена и освеже- на, спакува десет книги и мапа на градот и тргна да го освои Сан Франциско. Од многубројните полноќни разговори со сопатниците, доби извесни информа- ции за тоа каде да почне. Сега, на свежата бистра ут- ринска светлина, се сеќаваше на некои од нив.

Седна во трамвај и тргна накај центарот, во кој, судејќи според нејзините извори, би требало да има доста љубезни луѓе расположени да му помогнат на секого што е малку загубен во животот.

Трамвајот беше многу забавен и Маја се насмев- на пак, уживајќи во брзината и во пределот. Со задо- волство би се возела цел ден во величествената круж- на тура низ прекрасниот град што веќе го засака. Но знаеше дека има работа, дека треба да ги научи но- вите лекции и да ја исполни својата цел. Сега не бе- ше момент да се повлече. Затоа слезе од трамвајот и се влеа во реката луѓе што се пробиваа накај ули- цата Хајт.

По еден час и два филџани растителен чај, почув- ствува дека е време да се оддалечи од главната ули- ца, која повеќе изгледаше како туристичка атракци- ја отколку како срце и душа на градот, и да тргне по споредните улички, во потрага по книжарница што ќе ја прифати нејзината книга.

Маја почна да ги следи своите чувства, како водач да го користи само срцето, место главата, и забеле- жа дека животот почна да и станува се полесен. Пре- трпе неколку неуспеси, доживеа и низа среќни окол- ности, па се чувствуваше како да плива низводно мес- то да се напрега против струјата.

Page 68: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

132 Мена ван Праг

Бидејќи ја ироиатува Америка, иако прилично бр- зо, Маја го разви чувството за места и забележуваше дека секоја област има своја посебна атмосфера.

Додека се возеше низ Аризона во муграта, ја оду- шевија нејзината големина, спокојството на плани- ните и сериозноста на тишината во која стоеја. Би- дејќи целиот живот го помина во мал англиски град, Маја никогаш немаше видено одблизу толку огром- ни гребени. Кога изгреа сонцето, таа воздивна по- ради величественоста што ја окружуваше. Се закол- на дека ќе се врати на тоа место.

И Сан Франциско беше прекрасно: отворно, пол- но разбирање, љубопитно и пријатно. Маја можеше да ги почувствува сите тие карактеристики во воз- духот и се надеваше дека истите квалитети се нао- ѓаат и во луѓето.

По извесно време престана да пешачи. Одлута да- леку од својот првобитен план и сега стоеше пред ма- ла продавница што се викаше Алтернативна кни- жарница. Вдиша длабоко и ја отвори вратата.

Над неа заѕвони ѕвонче, што веднаш ја потсети на кафулето. Кога влезе, се насмевна. Продавницата беше од подот до таванот обрабена со нови и со по- ловни книги. Подовите беа од дрво, а таванот насли- кан со темносино небо и златни ѕвезди. Маја поле- ка шеташе покрај полиците, поминувајќи со прст по дабовото дрво, следејќи го лавиринтот од патеки обложени со книги до пултот што беше во задниот дел.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 133

На масата седеше маж задлабочен во книга. Ма- ја го гледаше неколку минути, мислејќи дека тоа се- пак можеби и не е најдоброто место да се обиде да ја продаде книгата. Потоа, токму кога сакаше да се сврти и да си замине, човекот го дигна погледот. Ма- ја воздивна. Тоа беше најубавиот маж што го видела кога и да било.

Не беше нападно згоден, со високи јаболчици и извајана брада, но имаше големи, темнокафеави очи во кои жената може да се загуби ако не внимава. Ја гледаше и, неколку мига, Маја сосем заборави за што размислуваше и зошто беше таму.

„Можам ли да ви помогнам?“„Молам?“ Маја се прибра. „Извинете, ова, да, дој-

дов за да...“Се натера да се сосредоточи на суштината, а не на

него. Сигурно е оженет, геј или на некој друг начин недостапен, ако може да се суди според поранешни- те искуства. Бидејќи и требаше секој грам храброст за да си ги оствари соништата, не можеше да и доз- воли на романтиката да и го одврати вниманието.

„Сакав да ве прашам дали ве интересира книгата што можам да ви ја понудам? Можам да ви оставам еден примерок, ако сакате да размислите.“

Човекот љубопитно ја гледаше Маја, како да раз- мислува за нејзиниот предлог. Потоа, за нејзино оду- шевување, кимна со главата.

„Се разбира", рече тој, „дајте да ја видам.“Маја ја отвори торбата, извади еден примерок од

книгата пред да има време тој да се предомисли и му го подаде - нервозно, но и гордо. Тој ги разгледа ко- риците и гласно го прочита насловот.

Page 69: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

134 Мена ван Праг

„Мажи, иари и ноколада, од Маја Фицџералд.“ Маја кимиа со главата и се насмевна исполнета со

надеж.„Интересен наслов. За што се работи?"Таа вдиша длабоко. Тоа беше мигот од кој се пла-

шеше најмногу.„Во суштина“, почна таа во еден здив, „прилично

е автобиографска. Зборува за мојот пат од чувство- то на загубеност во светот на мислите и желбите... за мојата опсесија со мажите, парите и чоколадата, се до откривањето на сопственото срце и на сопстве- ната душа... и до откритието дека вистинската среќа не потекнува од сето тоа, туку од исполнувањето на сопствените соништа, кога стануваш исклучително битие.“ Маја успеа да се насмевне брзо, пред да се закашла. Потоа не можеше да престане. Се фати за пултот и се свитка спуштајќи си ја главата меѓу ко- лената. Почувствува дека човекот ја гледа и посака да може да исчезне во облак од чад.

„Звучи одлично“, најпосле рече тој. „Ке земам де- сет примероци.“

По неколку мига Маја успеа да се исправи, да се насмевне и да си ја совлада желбата да го прегрне. „Навистина? Тоа е неверојатно, ви благодарам. Ви благодарам.“

„Се разбира. Но се плашам дека нема да можам да ви ги платам веднаш, туку кога ќе се продадат.“

Маја малку се онерасположи. „Ах, се разбира“, ре- че таа преправајќи се дека не е изненадена.

„Фантастично“, рече тој. „Значи, Маја Фицџералд, ако ми го дадете телефонскиот број, ќе ви се јавам кога ќе ги продадеме.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 135

Брзо вадејќи ги книгите од торбата, Маја кимна со главата и побара хартија на која би го напишала телефонскиот број на пансионот во кој се смести.

„Останувам тука само една недела“, рече таа доде- ка пишуваше. „Патувам низ Америка обидувајќи се да ја продадам книгата.“

„Навистина? Леле! Каде ќе одите по Сан Фран- циско?“

„Не сум сигурна.“ Маја си ги собра рамената. „Не- мам никаков план. Ќе видам каде...“

„...Каде ќе ве однесе ветрот.“Таа се насмевна. „Да, така некако.“Тој стана и и подаде рака.„Мило ми е што ќе соработуваме, Маја. Ова е мо-

јот број, па кога ќе заминете, можете да ми се јавите и да проверите како напредува вашата книга.“

Маја ја погледна неговата визит-карта:Бен Метјуз, Алтернативна книжарница: 415 948

8490, кај нас ќе најдете книги што ќе ви г о освојат срцето и ќе ви г о отворат умот.

Маја се ракува со него.„Навистина ми е мило, Бен. Ви благодарам.“

Утредента, расположена од својот успех, таа трг- на на обиколка на градот. Не ја интересираа големи- те туристички локации. Сакаше да стекне вистинско чувство за градот, да ги истражи зафрлените катчи- ња и улички, скриените тајни што го прават посебен.

Луташе по улиците, запираше во кафулиња и ду- ќани, разговараше со туѓинци и се насмевнуваше на

Page 70: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

136 Мена ван Праѓ

нивните приказни. На крајот дојде до еден парк ка- де што целата навалица падна во сенка.

Тогаш сфати дека помина цел ден меѓу луѓе, по- тамина избрани души за кратки мигови, и дека ужи- ваше во секој од нив. Најмногу од се, уживаше во тоа каква личност беше сега. Веќе не и требаше храб- рост за интеракција со луѓето. Почнуваше да го жи- вее животот целосно, без воздржување или преиспи- тување на секој потег.

Маја го помина дрвениот мост што водеше на ос- тровот на средината на езерото. Гледајќи ја водата, забележа дека се чувствува спокојна како и нејзино- то окружување, тивка во умот и урамнотежена во ср- цето. Тогаш знаеше дека не е важно дали ќе ги про- даде книгите ниту дали некој воопшто ќе ги прочи- та. Се разбира дека би го сакала тоа, но Маја веќе не се чувствуваше безнадежна и успехот на книгата веќе не можеше суштински да и влијае врз животот.

Шеташе по патека низ шумичката се додека не дојде до еден водопад. Најде голем, блештукав, црн камен и седна. Ледената вода прскаше во потокот што брзаше покрај нејзините нозе. Таа се собу, си ги накваси прстите и се насмеа.

Кога сонцето почна да тоне зад дрвјата, Маја ста- на, ги зеде чевлите и тргна боса накај ливадата за да ги фати последните зраци светлина. Од другата стра- на на езерото, од шумичката ѕиркаше врвот на џи- новска пагода означувајќи го влезот во јапонскиот парк.

Маја се одушеви, зашто отсекогаш сакаше да го посети. Тргна низ шумата накај паркот гледајќи го залезот. Но кога дојде до портата, беше затворена.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 137

Неколку секунди беше разочарана, а потоа само се насмевна и реши да дојде утре.

Следното утро Маја се разбуди рано. Седна во трамвај и отиде на другиот крај на градот, а потоа тргна накај паркот, наминувајќи патем во малите книжарници. За радост на Маја, сите зедоа по пет примероци од книгата. Сите беа толку позитивни, прекрасни и гостољубиви во споредба си њујорча- ни, па се праша зошто е така.

Потоа ја сфати следната голема лекција во жи- вотот. Луѓето не беа негостољубиви поради тоа как- ви се сами по себе. Беа подозриви затоа што таа не им се отвори вистински. Очекуваше да ја одбијат, бе- ше воздржана, напната и се подготвуваше за одби- вањето од кое се плашеше. Затоа на крајот тоа задол- жително следуваше.

Во Сан Франциско се отвораше, им приоѓаше на сопствениците на книжарниците со радост, секогаш подготвена за можноста дека ќе речат да. Маја поч- на да сфаќа дека има моќ да управува со својот жи- вот.

Тоа попладне Маја седеше на клупа во јапонски- от парк, окружена со црешови дрвја што набргу ќе расцутат, поточиња и езерца во кои златните крапо- ви правеа мрзливи осумки и се задржуваа на сонче- вите зраци, со статуи од светнати камења, мали око-

Page 71: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

138 Мена ван Праг

сени тревници, совршено распоредени бонсаи и го- леми пагоди. Небото беше без облаци, млечносино, а лесни конфети од есенски лисја го опсипуваа пар- кот.

Тонејќи во спокојството што ја окружуваше, од- морајќи се на мазното дво, сосем спокојна, ги гледа- ше посетителите како минуваат покрај неа. Паро- ви се шетаа по патеката држејќи се за раце, но Ма- ја веќе не се натажуваше од глетката на вљубените. Веќе не и беа потребни ни чоколадата за да ја развед- ри ни парите за да се чувствува сигурна и успешна. Сега веќе не и требаше ни маж за да знае дека е вред- на за љубов.

Не можеше да си замине од паркот. Секогаш ко- га се обидуваше да стане, телото не сакаше да ја по- слуша. Сакаше само да седи и да гледа. На крајот се премести на клупа што гледаше кон градината со бонсаи, што го окружуваа езерото, и кон каменото мовче обраснато со брпглен осветлен од залезот на сонцето. Освен планините на Аризона, тоа беше ед- на од најубавите глетки што Маја ги видела кога и да било. Му заблагодари на Бога поради тоа што жи- вотот, со сите свои подеми и падови, ја доведе тука.

Маја најпосле сфати дека е гладна. Речиси нема- ше потреба од храна. Срцето и беше полно, а душа- та задоволна. Помисли дека би требало да касне неш- то, но срцето и рече да почека. Остана на истото мес- то, се уште маѓепсана од убавината околу себе и од чувството на мир.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 139

Неколку мига подоцна, некој седна до неа на клу- пата. Маја се сврте и го виде Бен од книжарницата.

„О, здраво.“ Маја се насмевна изненадено. „Зош- то... Од каде вие тука?“

Бен ја погледна, на половина пат да го загризе сенд- вичот.

„Мислам, не очекував да те видам“, се заплетка Ма- ја. „Но ова е твој град, така што, се разбира, имаш право да бидеш тука.“

„Ти благодарам.“ Бен се насмевна. „Често доаѓам тука. Ги обожавам есенските бои.“

„Прекрасно е“, рече Маја трудејќи се да не ги гле- да премногу долго неговите кафеави очи.

„Да“, рече тој гледајќи ја. „Навистина е прекрас- но.“

Смешкајќи се скришум и плашејќи се дека би мо- жела не сакајќи да го бакне, Маја се сосредоточи на своите стапала со толкаво внимание, небаре на нив беа напишани тајните на целиот универзум.

„Еј, ги продадовме твоите книги “„Молам!“ викна таа и веднаш ја дигна главата.

„Сериозно?“„Да.“„Дали сите ги купи ти?“Бен се насмеа. „Зошто би го правел тоа?“„Да. Не, се разбира дека не. Само не ми се верува!“ „Вистина, ја прочитав.“„Навистина? Но веројатно не ти се... Мислам, се

сомневам дека книгата е за твојот вкус. Повеќе е за жени. Ја напишав за себе...“

„Знам“, рече Бен, „но многу ми се допадна.“

Page 72: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

140 Мена ван Праѓ

Маја се насмевна широко, но не можеше да про- говори.

„И ми се допадна тоа што имав можност да доз- наам нешто за твојот живот. Многу е инспиративна.“

„Навистина го мислиш тоа?“ Маја пак го навед- на погледот. „Хм, па, ти благодарам."

„Можеш ли да ми дадеш уште?“„Да! Се разбира. Мислиш ли дека ќе ги прода-

деш?“„Знам дека ќе ги продадам. Веќе имам пет луѓе

на списокот за чекање.“Маја не можеше да поверува. Сакаше да се качи

на клупата и да скока од радост. Сакаше да го фати Бен за рака и да танцува. Сакаше да го бакне. Се- пак, само се насмеа.

„Ј1еле“, рече Маја, „тоа е прекрасно.“Уште еден дел од сложувалката си дојде на свое-

то место. Се беше точно како што и велеа сите: пр- во и беше потребно сочувство, потоа храброст и на крајот интеракција. А сега, кога ги собра плодовите од лекциите, Маја почна да живее живот за каков што сонуваше.

По јапонскиот парк, Маја и Бен ја поминаа вечер- та шетајќи низ пристаништето. Освен што беше ис- клучително привлечен, Бен беше и сладок, вимате- лен и многу духовит. Прашањата ги поставуваше со искрен интерес, чекајќи да слушне што ќе му каже таа. Таа забележа дека навистина ја слуша, не на- метнувајќи го своето мислење, немајќи досетливи ко-

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 141

ментари ни лукави мали забелешки што би кажале повеќе за него отколку за неа. Кога таа зборуваше, тој ја гледаше како да беше единствената личност на светот. И се даваше искрено и отворено, што ја изне- нади и ја одушеви.

Маја му кажа на Бен речиси се за себе, но не му призна дека тој ја привлекува. Нејзината сосредо- точеност уште беше мека и кревка и не се осмелува- ше да ја загрози со тоа што би се впуштила во врс- ка со Бен. Таа лекција ја научи со Џејк. Освен тоа, Маја знаеше дека си заминува по три дена, така што немаше смисла да си предизвикува такво страдање.

Меѓутоа, таа ноќ не можеше да престане да раз- мислува за него, ни најаве ни насон.

Утредента Маја му однесе на Бен уште дваесет при- мероци. Влезе во книжарницата токму кога тој го аранжираше излогот за нив. Посипал златни чоко- ладни парички околу подножјето над кое ставил сво- ја откачена слика.

„Значи, ти ги претставуваш мажите?“ Маја се на- смевна. „Многу слатко.“

„Слатко?“ Бен се насмевна. „Тука си три недели, а веќе се претвораш во Американка.“

„Навистина ми се допаѓа тука“, призна Маја пода- вајќи му го купот книги од ранецот.

„Мило ми е. Реши ли каде ќе одиш потоа?“„Ќе одам во Портланд. Еден љубезен тип во ав-

тобус ми кажа дека таму има доста алтернативни кни- жарници, исти како твојата."

„Не, ние сме едни на милион.“„Ах! “ Маја се насмевна. „Знам дека е така.“

Page 73: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

142 Мена ван Праѓ

Набргу дојде крајот на неделата и Маја замину- ваше следниот ден. Таа вечер Бен и направи прош- тална вечера. Додека ја јадеа прекрасната супа од мускатна тиква и сланина, Маја му кажа на Бен за својата кратка љубовна врска со Аризона и за тоа де- ка си вети дека ќе се врати.

„Еј, ако не ти е проблем да останеш тука уште не- колку дена, можам да те одвезам таму“, рече Бен. „Потоа можеш да фатиш автобус за Портланд.“

„Сериозно?"„Се разбира“, се насмевна Бен.„Па... тоа би било фантастично. Ти благодарам.

Зошто ќе одиш таму?“„Морам да посетам едни инвеститори. Сакам да

отворам уште една книжарница.“„Одлично, тогаш ќе можеш да ги продаваш мои-

те книги ширум Америка“, се пошегува Маја.Бен ја погледна весело и Маја само се насмевна.

Пред една година ќе помислеше дека таквата изјава во најдобар случај е налудничава, а во најлош случај дека е неподносливо арогантна. Сега и изгледаше прекрасна.

„Ова е дефинитивно најдобрата супа што сум ја пробала кога и да било“, рече таа. „Кој би помислил дека добрата храна би можела да биде подобра од чо- коладата?“

„Чекај да го пробаш мојот бранцин“, рече Бен нас- мевнувајќи се. „И тестенината песто.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 143

Три дена подоцна, Маја се возеше низ пустината на Аризона во стариот црвен камион на Бен. Доде- ка јуреше по автопатот, а косата и се виореше на вет- рот, помисли на времето од пред десет години, кога првпат го гледаше филмот Телма иЛујза. Од тој ден фантазираше за тоа.

И се чинеше дека, откако ги научи своите лек- ции, универзумот сега и фрла подароци во скутот давајќи и се што барала кога и да било. Цикаше од радост, а Бен се смееше.

„Еј, гладна ли си?“ ја праша тој.Маја кимна, иако не сакаше да забави ни за секун-

да.„Има еден одличен мксикански ресторан на Па-

тот 6 6 “„Звучи одлично."Со Бен уживаше онака како што порано не ужи-

вала со никого. Маја помисли колку е прекрасно да се поврзеш со толку многу луѓе и да добиеш толка- ва помош. Се праша како живеела за сето тоа вре- ме без сите тие луѓе...

По половина час седеа во црвеното кожено сепа- ре на евтиниот ресторан, јадеа фахита и ги гледаа планините околу себе.

Page 74: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

144 Мена ван Праг

„Одлично е“, се насмевна Маја, а потоа една гва- камола и иадна на кошулата. Таа ја собра со прст и ја излижа.

„За толку слаба девојка, навистина знаеш да ужи- ваш во храната“, рече Бен.

„Веќе не се преполнувам со храна“, објасни Маја. „Порано животот ми се состоеше од тоа да седам на стол во своето кафуле и да јадам. Сега само живе- ам, и јадам се што ќе посакам и кога и да посакам. Веќе не размислувам за тоа. И супер е.“

Бен се насмевна. „Мило ми е што не си една од оние што постојано се на диета.“

„Да“, рече Маја смеејќи се, „и мене ми е мило.“

Се сместија во еден мотел, во соба со одвоени кре- вети. Никој не кажа ни збор за чувствата кон дру- гиот и Маја се заколна дека нема прва да го споме- не тоа. Но за нешто размислуваше веќе извесно вре- ме и сакаше да праша.

Откако Томас и кажа за превезот на мајата, за жи- вотот во илузија и за ибегнувањето на вистината, сакаше да си го смени името, за да го одрази и тоа неј- зиното преобразување. Веќе не живееше во илузии. Со неа веќе не господареа грижите, стравот и нис- кото мислење за себе. И сакаше нејзиното име да го одразува тоа.

„Може ли да ме викаш Мај?“ праша таа, пред да ја изгасне Бен светилката.

„Се разбира.“

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 145

„Една моја братучетка и така ме вика Мај“, про- должи таа. „Мај ми е омилениот месец и паѓа напро- лет. Може да ја симболизира мојата преродба.“

„Не мораш да објаснувапГ, се насмевна Бен. „Ќе те викам и Фред ако тоа ти е важно.“

Додека тонеше во сон, Маја помисли, приближно милионити пат во текот на денот, дека Бен е просто волшебен и се прашуваше дали има некаква шанса и тој да го чувствува истото кон неа.

Утредента слегоа од автопатот друсајќи се по прашливиот пат што се пробиваше низ планините. Мај ги гледаше прекрасните црвени карпи и сакаше да може да ја подаде раката и да ги допре. Двајцата го впиваа пејзажот се додека Бен не проговори.

„Те водам во националниот парк Зион.“„Одлично“, рече Мај. Иако никогаш немаше слуш-

нато за него, и се чинеше дека самото име ветува ма- гични доживувања.

Бен сврте на следниот крстопат, излезе на една чистина и ја паркира колата. Мај ја отвори вратата и скокна дигајќи облак црвен прав. Бен тргна накај најблиската планина.

„Дојди.“Мај побрза по него тресејќи го правот.„Сакам да те одведам на еден гребен“, рече Бен

и ја фати за рака. „Мораш да се искачиш сама по не- го и велат дека, кога ќе застанеш на врвот, ќе доби- еше порака од Бога.“

„Звучи фантастично.“

Page 75: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

146 Мена ван Праг

Одеа по должината на долините што ги пресеку- ваа црвените карпи и заобиколуваа водопади се до- дека на крајот не стигнаа кај Ангелската писта.

Мај се сврте кон Бен кој ја гледаше.„Значи, сега морам да се искачам сама?“Бен кимна со главата. „Но морам да ти дадам неш-

то пред да тргнеш.“„Се надевам дека тоа е безбедносен појас.“ Мај

се насмевна погледнувајќи го гребенот.Потоа тој ја бакна.Потоа само стоеја и се гледаа. Бен и го допре об-

разот.„Знаеш, твој сум“, рече тој.Овие зборови стоеја меѓу нив, лебдеа во воздухот,

се виореа меѓу планините. Иако помина голем пат, и покрај сето она што го научи и иако сега се сакаше себе, Мај сепак не можеше сосем да поверува.

„Но... ти... јас... ние... Не направив ништо посеб- но... Не...“

Бен само и се насмевна.„Мај“, тивко рече тој, „ти си единствена.“

Мај стоеше на врвот на Ангелска писта и ги гле- даше околните планини, што се протегаа кон небо- то и кон пространството на пустината, се додека ве- ќе не можеше да и го види работ. Срцето и го испол- ни радост, а телото и го преплави возбуда.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 147

Почувствува дека воздухот вибрира, дека пулсот на животот и удира во врвовите на прстите и дека во градите и се издига смеа. Знаеше дека не и треба ниш- то повеќе. Имаше се. Беше се. Беше сосем сама, а никогаш во животот не била позадоволна.

Додека стоеше на работ на гребенот, Маја знае- ше дека веќе ништо нема да биде исто. Ги дигна ра- цете во воздух и ја навали главата назад за да го пог- ледне небото. Гледаше како минуваат облаците и од- еднаш се укажа чисто небо. Маја се насмевна, а очи- те и се наполнија солзи.

„Ти благодарам“, шепна таа. „Ти благодарам.

Page 76: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

с 1 е м ј е м ,ш и ,ш е

и ^ и с т у и п с ѓ с ц у о ш , ж и Ѕ - о ш ,

Пред да ги најдам доволните количества храб- рост што ми беа потребни за да тргнам ревнос- но по сопствените сонитта, храната (посебно чо- коладатш) ми беше опсесија. Обидите да п одоле- ам и неизбежното прејадување ми црпеа голем дел од креативната енерѓија.

Се разбира, постојано се критикував и се пре- корував поради тоа, и секогаш се прашував што не е во ред со мене. Но на крајот, за свое големо из- ненадување, открив дека се е во ред со мене, но де- ка не г о живеам животот што г о сакав.

К о гп се соочив со тоа, к о г п стмнав доволно храб- ра за да му бидам верна на срцето и да престанам да му верувам на умот (иипо и понатаму е секојд- невен предизвик и избор!), проблемот со храната се реши сам од себе.

Уште морам да внимавам на своите навики. Се- к о г п т коГа ме обзема страв или к о г п им подлегну- вам на неГативните мисли, трГнувам накај фрижи- дерот. Меѓутоа, коГа пишувам, пеам, танцувам, коГа се смеам и живеам од срцето, не му подарувам на стомакот ниту една единствена мисла.

Page 77: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Истото ви г о пожелувам и вам и се надевам де- ка оваа книѓа ви помогна да си г о засакате тсело- то и да престшнете со сампрекорот, дека ве пот- тшкнала да бидетсе обземени од сопсСпвената сре- ќа место од калориите!

Во тој дух, би сакала да споделам со вас некои од своите најомилени јадења (во соГласностс со г о -

дишншпе времиња к о г п обично сакам да г и јадам)...

Овие пикантши рецептш Ги измисли Артур де са Барето, мојот. исклучшпелно талентшран соп- руГ, без к о г о сигурно би била слабо исхранета. Слат,- кшпе рецепти ги смисли шефот Џек ван ПраГ, мо- јот. брат и личен набавувач на разни вкусни дели- катеси.

о л е Ш ѕ П И

РЕЦЕПТИ

Page 78: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

ЗШ сшсн и н ч с а л и Иссшо

Не бев љубител на пес- то се додека не пробав домашно. Рецептот на Артур е најдобриот што сум г о пробала кога и да било, така што набаву- ваме доста растенија слични на босилек во те- кот на пролетните и летните месеци. Пипер- чињата (домашни, што ги посади сопругот) не се доволно лути за да се ис- такнат, но прават чуда за друГите вкусови.

Д в е ПОРЦИИ З а п е с т о

30 Г ЛИСЈА ОД БОСИЛЕК 1 ЧЕСНЕ ЛУК, ЗДРОБЕН 90 МЛ МАСЛИНОВО МАС- ло30 г пињоли1 МАЛА, БЛАГА ЦРВЕНА ПИПЕРКА 1 /2 ЛАЖИЧЕ СОЛ 1 /4 ЛАЖИЧЕ ЦРН ПИПЕР 1/4 ЛАЖИЧЕ ШЕЌЕР 35 Г ПАРМЕЗАН ИСЕЧЕН НА КОЦКИ1 ЛАЖИЧЕ БАЛЗАМИКО (АКО Е МОЖНО, СТАРО21 г о д и н а )3 КАПЕЛИ д ’а н џ е л о ТЕС- ТЕНИНИ ИЛИ ВЕРМИЧЕЛИ.

За комбинирање на состојките за песто користе- те миксер, ако го имате, но и мелницата за кафе мо- же да ја заврши работата. Додајте ги босилекот, бал- замикото, лукот, маслиновото масло, пињолите и пи- перката и измиксирајте го сето тоа. Потоа ставете сол, црн пипер и шеќер. Ставте го и пармезанот и пак миксирајте.

Варете ја тестенината три минути, за да остане ’рс- кава. Исцедете ја и сервирајте ја. Оставете ја да се олади неколку мига пред да ја прелеете со сосот пес- то.

Page 79: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

• Л јм ф.та со л

Свежите крофни се си- Гурно еден од највкусни- те деликатеси. Нивната топлина во вашите ра- це, слаткиот мирис на шеќерот и на прженото тесто: крцкави однад- вор, меки однатре... Не се лесни за правење, но би- дејќи купените не се ни блиску до совршенство- то што можете да го на- правите дома, мислам де- ка сигурно го заслужува- ат трудот.!

аЅаинуа н ишсш

З а 1 6 ПАРЧИЊА

ГРАНКА СВЕЖА ЛАВАНДА 200 г ФИН ШЕЌЕР

170 мл м л е к о 12 г СВЕЖ КВАСЕЦ 90 г ФИН ШЕЌЕР 500 г БРАШ НО ШТИПКА СОЛ 1/2 СТАИЧЕ ВАНИЛА 30 Г ПУТЕР ВО КОЦКА2 ЈАЈЦА

РАСТИТЕЛНО МАСЛО ЗА ПРЖЕЊЕ

Лавандин шеќерИсечкајте ја гранката лаванда. Ставете 200 г ше-

ќер во херметички затворен сад и оставете го не- колку дена пред употребата.

Совет: Сезоната на лавандата е во јуни, па за- тоа, ако ги правите крофните во некое друго време одгодината, секогаш можете да употребите ванилин шеќер или цимет.

КрофниСите состојки треба да имаат собна температу-

ра. Ставете го млекото во мала чинија, додајте го ква-

сецот, 90 г фин шеќер, 125 г брашно и измешајте. Оставете го да нарасне. Исејте го остатокот од браш- ното во голема чинија, потоа дојдате ги солта, сем- ките ванила од стапче, путерот и јајцата. Ставете го тоа во смесата со млеко и измешајте го.

Превртете го тсетото на рамна површина и ме- сете го додека да стане мазно и еластично. Можеби ќе морате да додадете уште малку брашно. Во зав- исност од вашата сила, тоа би требало да трае око- лу десет минути. Обликувајте го тестото во топка и покријте го со влажна крпа додека да нарасне двој- но. Тестото за крофните е уште повкусно ако пре- ку ноќ се остави во фрижидер, но тоа зависи од тоа колку сте (не)стрпливи...

Пак месете го тестото додека да се врати во пр- вобитната големина. Развлечете го до дебелина до 3 мм на површина посипана со брашно. Потоа исе- чете ги крофите. Подобро е крофните да се сечат во форма на квадрат отколку на круг, зашто така се пржат многу полесно. Пак оставете го тестото да стане двојно поголемо.

Загрејте масло во тава до 170°Ц. (Ќе морате ре- довно да ја дотерувате и да ја проверувате темпер- атурата со термометар за готвење.) Пржете ги кроф- ните се додека да добијат златна боја, а потоа извал- кајте ги во лавандиниот шеќер и оставете ги да се оладат неколку минути. Јадете ги веднаш!

Предупредување: Бидете многу внимателни, жеш- кото масло е опасно. Може да прска, да се запали и може да се изгорите.

Page 80: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada
Page 81: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

/о с/сао Ѕ а н о и сос со и у ш г/ѕ

Лртур и јас во лето г о

јадеме ова јадење секое неделно попладне. Вку- совите се плолку суптнл- ни и едноставни, а риба- та е плолку фина што навистшна се топи во ус- тата. И сее исклучител- но здраво, што е извонре- ден бонус.

Љ ^ а н ц и м

Д в е ПОРЦИИ

2 ФИЛЕТИ СВЕЖ БРАНЦИН 50 МЛ ЕКСТРАДЕВСТВЕНО МАСЛИНОВО МАСЛО 75 МЛ СУВО БЕЛО вино 1 ЛАЖИЦА ОЦЕТ ОД БЕЛО ВИНО1 ЛАЖИЦА МОРСКА СОЛ1 ГЛАВИЦА ЛУК1 МАЛА БЛАГА ЦРВЕНА ПИПЕРКА6 СРЕДНИ КОМПИРИ ОРИГАНО85 г п у т е р 100 мл м л е к о

СОЛ И ЦРН ПИПЕР150 г к е љ

Измијте ги филетите и исушете ги. Ставете ги во плиток калап и маринирајте ги во маслиновото масло, виното, оцетот и солта. Ситно издробете ги лукот и пиперката и додајте ги во маринадата. Пре- вртувајте ги филетите за да се натопат рамномер- но. Ако имате време, маринирајте ги еден час, но не помалку од 20 минути. (Ако ги маринирате филе- тите подолго од 20 минути, покријте ги и ставете ги во фрижидер.)

Page 82: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Варете ги компирите со една штипка оригано и сол во водата, додека да омекнат. Исцедете ги ком- пирите. Стопете 40 г путер во тефлонска тава и до- дајте го млекото. Кога ќе проврие, додајте ги ком- пирите во врелото млеко. Варете 3-4 минути, а по- тоа зачинете ги со малку сол и црн пипер. Тргнете ги од огнот и матете ги компирите додека да се пре- творат во пенливо пире.

За сосот стопете 25 г путер во мала тава. Додај- те го сосот од маринадата и оставете го да се врие на тивко околу 10 минути.

Додека се варат компирите, зовријте тенџере во- да, за да го сварите во неа кељот, за што ќе ви тре- баат околу 2-3 минути.

Загрејте тефлонска тава на средна топлина. Сто- пете 20 г путер и пржете ги филетите 3 минути, та- ка што страната со кожата ќе биде свртена надолу. Превртете ги и пржете уште 2 минути. Можеби ќе им треба малку повеќе време, во зависност од го- лемината на филетите. Ке видите дека бранцинот е готов кога месото ќе стане сосем бело.

Ставете ги рибите во чинијата со компирите и ке- љот. Претурете го сосот од малиот сад во тавата во која сте ги пржеле рибите и оставете го да се се ва- ри на тивко една минута. Прелејте го сосот врз ри- бите и послужете.

Советс Ако немате бранцин, тилапијата исто та- ка одлично оди со овој сос.

сС1шдЈ(>лсд, од ка^аж сл пЈш/н,ЈаЛо^оЅ с а р у а

Сладоледот е совршен партнер за летно поплад- не, утро или за летна ве- нер. Иако шефот Ван Праг прави неверојатен спек- тар од вкусови, посебно г о сакам овој, поради не- Говите контрасти. Ком- бинацијата од студен, крем-сладолед со крцка- виот карамел и со топ- лата стопена ноколада не е ншито помалку од сензација на вкусови.

К а р а м е л

20 г ТЕЧНА ГЛИКОЗА (МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ВО МНОЗИНСТВОТО АПТЕКИ И ВО НЕКОИ СУПЕРМАР- КЕТИ)80 Г ЈАВОРОВ СИРУП 175 г ф и н ш е ќ е р 130 мл в о д а

6 Г БИКАРБОНСКА СОДА

С л а д о л е д

400 МЛ ГТОЛНОМАСНО МЛЕКО600 МЛ ПАВЛАКА СО НАЈ- ГОЛЕМ ПРОЦЕНТ МАСТИ5 жолчки115 г ф и н ш е ќ е р

1,1/2 ПРАЧКА ВАНИЛА

КарамелСтавете ја гликозата во длабока тава (инаку сме-

сата би можела да истече на шпоретот кога ќе ја додадете бикарбонската сода) користејќи жешка ла- жица за да ги извадите лепливите парчиња ако е по- требно. Додајте ги јаворовиот сируп, шеќерот и во- дата и измешајте ги заедно. Варете додека да зов- рие (без мешање) на среден оган. Проверете ја со термометар температурата на смесата и тргнете ја

Page 83: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

од огнот кога ќе стигне до 1461)Ц. (Ако помине над 150°Ц, ќе загори и вкусот ќе биде грозен.)

Веднаш додајте ја бикарбонската сода и енер- гично измешајте, но бидете многу внимателни за да ги избегнете експлозиите, зашто брзо ќе се дигне. Ставете ја смесата во нелеплив сад (18 х 18 см), нај- добро силиконски. Инаку, може да користите и плех подмачкан со масло. Оставете да се олади на собна температура околу еден час.

Совет: Во случај на каква и да било експлозија на карамелизираниот сируп по работните површини или по приборот, лесно можете да го измиете со зов- риена вода.

Совет: Карамелот ќе ви се топи на јазикот. Ако го сакате малку постегнат, само додајте 5 г течна гли- коза.

СладоледИзмешајте ги млекото и павлаката во тенџере и

варете додека не почне да чади (фазата непосредно пред да зоврие) и додајте ги семките ванила од прач- ката. Тргнете го од огнот. Изматете ги јајцата и ше- ќерот во посебно тенџере. Турајте го жешкото мле- ко со постојано матење. Вратете ја смесата на ти- вок оган во чисто тенџере. Мешајте се додека да пос- тигне таква густина што ќе остава трага на лажица- та за мешање*. Внимавајте да нема грутки. Прету- рете ја смесата во студена чинија.

Ставете ја во апарат за сладолед и мешајте ја до- дека речиси да слегне. Потоа додајте ги карамелот, исечкан на парчиња, и оставете да се стегне. Служе- те со топена чоколада.

Совет: Ако немате апарат за сладолед, не гриже- те се, зашто сигурно може да поминете и без него! Просто ставете го сладоледот во пластичен сад (со капак) и ставете го во замрзнувачот. Извадете го по 30 минути и матете го додека да стане изедначен. Вратете го во замрзнувачот и повторувајте ја пос- тапката 3-4 пати на секои триесет минути, се доде- ка сладоледот не стане сосем смрзнат и мазен. До- дајте го карамелот во подоцнежната фаза, гто пос- ледното мешање, но пред да се стегне сосем.

*Кога ја матите смесата на благ оган, за да бидете сигурни дека јајцата се пастеризирани (со што ќе го избегнете ризикот од салмонела), треба да ги загре- ете 5 минути до 72°Ц.

Page 84: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

е м с п и

РЕЦЕПТИ

Page 85: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

хуу и а о(Ј м ,у скш и н а ш пѓсЅа а слан а на

Мојот сопруГ Артур има обемен и секогаш спонтан репертоар на супи, нии рецепти Ги пи- шувам во нотесот што стои во нашето орман- не во кујната. Ова е ед- на што барам да ја пра- ви секој декемвриски ден. Бидејќи е ПортуГалец, обинно става сланина во инаку вегетаријанските јадења, но оваа супа е ед- накво вкусна и со бадеми место сланинатш.

Ч е т и р и и о р ц и и

Г р у т к а с о л е н п у т е р

3 ЈТАЖИЦИ МАСЛИНОВО МАСЛО1 СРЕДНА МУСКАТНА ТИКВА, ИСЕЧЕНА НА КОЦКИ1 ГЛАВИЦА ЛУК,ИСЕЧКАНКУРКУМАБЛАГ ТОЛЧЕН ПИПЕР1 ПАШ КАНАТ, ИСЧЕН НА КОЦКИ2 КОЦКИ ЗА СУПА 1 ,1 /2 л в о д а

2 СРЕДНИ КОМПИРИ, ИСЕЧЕНИ НА КОЦКИ100 м л м л е к о 50 г п а р м е з а н

СОЛ И ЦРН ПИПЕР

По и з б о р : 3 р е з а н к иСЛАНИНА, ИЛИ ГРСТ ИСЕЧКАНИ б а д е м и

Ставете ги маслиновото масло и грутката путер во тенџере. Стопете го путерот, а потоа додајте ги тиквата и лукот. Потоа додајте ги куркумата и бла- гиот толчен пипер. Мешајте на среден оган додека да омекне и да добие златна боја.

Page 86: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Додајте го пашканатот и измешајте. Растворете една коцка за супа во 1,1/2 литар зовриена вода и турете една третина во тенџерето. Ставете ги ком- пирите. Кога ќе зоврие, додајте го и остатокот од рас- творената коцка. Оставете да се вари на среден оган додека да омекне сиот зеленчук. Намалете го огнот и додајте го млекото. Варете 5 минути.

Измиксирајте ја супата во сад со рачен миксер. Додајте пармезан, сол и црн пипер според желбата. Оставете вкусовите да се измешаат 10 минути пред сервирањето.

Пред иослужувањето, посипете ја супата со крц- кавата сланина (ситно здробена) или со сечкани ба- деми.

У)о.л (/и ш-и со с л п

Ги обожавам чоколад- ните бомбички и овие се исто така одлични. За среќа, мноѓу лесно се пра- ват (иако усовршување- то на рецептот не беше толку лесно - имав мно- Гу тешка задача да изе- дам МНОГУ пробни бом- бички!) и, се разбира, г о

заслужуваат трудот.

и ли /а р с /си жср

И з л е г у в а а т ОКОЛУ 5 0 БОМБИЧКИ

210 мл в о д а

3 ЛАЖИЦИ БЛАГ ЛИВАДС- КИ МЕД240 Г НЕСОЛЕН ПУТЕР 400 Г ЧОКОЛАДА (НАЈ- МАЛКУ 72% к а к а о )40 сливи (или вишни),НЕ СОСЕМ ЗРЕЛИ И ИСЕЧКАНИМАЛКУ КАКАО ВО ПРАВ ЗА ПОСИПУВАЊЕ

Загревајте ги водата и медот додека да зовријат, а потоа тргнете ги од огнот. Додајте ги путерот и чоколадата. Мешајте темелно пред да ги додадете сливите. Ставете ја смесата во калап (околу 18 см х 25 см) и ладете ја околу два часа, додека да се стег- не

Извадете ја од фрижидерот и исечете ја на коцки. Извалкајте ги коцките во какаото во прав пред пос- лужувањето.

Page 87: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada
Page 88: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

З/Силсге/л а с џ и а на

Каде и да се наоѓам ко- ѓа ја јадам оваа супа, секо- гаш ме префрла директ- но во кујнаиш на свекр- ва ми во Мадеира - едно прекрасно место. Акомо- жете да ѓи најдете автен- тинните занини, тогаш и вие ќе се транспорти- рате во Портуѓалија. Вис- тина, одлинна е и без нив.

ИЗЈ1ЕГУВА ЗА ЧЕТВОР- ИЦА ИЛИ ЗА ДВАЈЦА

ГЛАДНИ ЛУГЕ55 МЛ РАСТИТЕЛНО МАСЛО4 ПАРЧИЊА ПИЛЕШКО МЕСО (КОПАНИ ИЛИ КОБИЛИЦИ)1 ЛАЖИЦА ЦРВЕН ПИПЕР (УШТЕ ПОДОБРО, КОЛОРАУ)1 ЛАЖИЧЕ БЛАГО ЧИЛИ (УШТЕ ПОДОБРО,ПИМЕНТ МОИДА)2 ЛАВОРОВИ ЛИСТА 1 ГЛАВИЦА ЛУК, ИСЕЧКАН1 СРЕДЕН ДОМАТ, ЗДРОБЕН1 ЛАЖИЦА ПИРЕ ОД ДОМАТИ1 СРЕДНА ГЛАВИЦА КРО- МИД, ИСЕЧЕН НА РЕЗАКИ СОЛ СПОРЕД ВКУСОТ 50 МЛ СУВО БЕЛО ВИНО 1,1/2 ЛИТАР ВОДА5 СРЕДНИ КОМПИРИ, ЗДРОБЕНИ4 МОРКОВИ, ЗДРОБНИ 200 г г р а ш о к

Page 89: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Загрејте го растителното масло во длабоко тен- џере, потоа додајте ги пилешкото и зачините, лаво- ровиот лист, лукот, доматот и пирето од домати, кро- мидот и солта. Мешајте енергично за да се извалка рамномерно пилешкото месо. Пржете околу 8 мину- ти, додека да омекне кромидот. Додајте го виното и варете уште 5 минути пред да ја додадете водата, а потоа оставете ја супата да зоврие. Додајте ги ком- пирите. Кога компирите ќе бидат речиси сварени, додајте ги морковите. Оставете да се вари на тивок оган уште 7 минути. На крајот додајте го грашокот. Варете уште 2-3 минути. Исклучете го огнот и ос- тавете да се лади неколку минути пред да ја послу- жите.

Ул/солаа/ѓа оЅссмиКога би морала да из-

берам само еден нокола- ден рецепт до крајот на животот, тоа би бил овој. Не можам да запрам по една, и ве предизвикувам да се обидете. За навис- тина рајско доживување, јадете ѓи во 31шска ноќ, со чаша топла чокола- да, лежејќи на кауч пред каминот.

мШамгл и ш иИЗЛЕГУВААТ 16 п а р ч и њ а , н о з а КОЛКУ ЛУЃЕ, т о а з а в и с и о д в а ш а т а

ВЕЛИКОДУШНОСТ...220 г НЕСОЛЕН ПУТЕР 1 ПРАЧКА ВАНИЛА 280 г МЕК КАФЕАВ Ш ЕЌЕР4 ЛАЖ ИЦИ ЗЛАТЕН СИРУП1 Ш ТИПКА СОЛ 60 г КВАЛИТЕТНО КАКАО ВО ПРАВ300 Г ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ

Стопете го путерот во тенџере, потоа тргнете го од огнот и ставете ги семките од ванила, и целата прачка, и оставете ги да се накиснуваат половина час. Извадете ја прачката ванила и вратете го тенџе- рето на слаб оган, потоа додајте ги шеќерот, сиру- пот, солта и какаото. Варете и мешајте 5 минути. Додајте ги овесните снегулки и мешајте го сето тоа заедно. (Трудете се да не изедете премногу од суро- вата смеса!)

Ставете ја смесата за штанглички во калаи и рас- плескајте до дебелина од 2 сантиметри. Печете ја 25 минути на 150°Ц. Извадете ја од рерната, исечете ја на правоаголници и оладете ја на решетка пред пос- лужувањето.

Page 90: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Со ЉУБОВ И БЛАГОДАРНОСТ..

На својот сопруг Артур, кој со својата велико- душност, со хуморот, миловидноста и мудроста ме прави благодарна за секој ден. На мајка ми Вики, не- исцрпниот извор на вера, радост и инспирација. На татко ми Дејвид, за неговата љубов, за книжевните гени и за тоа што еднаш ми рече дека сум родена да станам писател. На брат ми Џејк, кој ми го полни срцето со среќа, а стомакот со својот гурмански ге- ниј. На баба ми Феј и дедо ми Арнолд, за тоа што ме сакаа, ме слушаа и беа толку прекрасни примери во постојаното настојување да им бидат предани на своите соништа. На Кристина, која ме зеде под свое- то крило и во своето срце, најдобрата маќеа што мо- же да ја има една девојка. На Реј, очувот кој толку се жртвуваше, му благодарам за толку добрата ду- ша. На својата слатка Идилија, која веднаш ми ста- на сродна душа и пламена навивачка. На својата прекрасна роднина Луси, за големото срце и отво- рениот ум. На тетка ми Кети, за поддршката и бод- рењето уште од почетокот. На Стеф, Келсо, Марк и Алан, затоа што ме примија во своето семејство. На Мај и Пај, затоа што ме прифатија и безусловно ме сакаа.

Page 91: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

178 Мена ван Праѓ

На своите први уредници: Тими, Нанет, Кати, Ан- гела и Пи Кеј. И на сите свои први читатели: Идили- ја, Валери, Хејзел, Роуз Н, Хајли, Хајке, Кели-Џо, Џоди, Холи, Ферн, Аби, Сузан, Џош В, Алиса, Џу- ли, Јоланда, Карен X, Урсула, Катја, Колин, Џејми, Синди, Изабел, Дороти, Алекс, Брит, Антја, Роуз А, Сандра, Вики и Марк. Вашиот придонес е непро- ценлив.

Посебна благодарност им должам на Ариел и Ша- ја Кејн, поради нивната неверојатна мудрост, забе- лешките, инспирацијата и сочувственоста. Вие сте две чуда во мојот живот и дарови за овој свет. Без вас двете би ја немало книгава - благодарам, благода- рам, благодарам! И на другите од Преобразувач- ката заедница (што не се споменати погоре), а кои сите сте толку инспиративни: Стефан&Маикен, Стефани&Рејни, Род&Кејтлин, Ејми&Енди, Ме- ри&Џош, Мак&Елен, Ралф& Арне, Џо&Ленора, Хари&Анет, Брит&Френк, Триша&Су, Бил&Шар- лот, Клодија&Бернд, Дорина&Норман, Џон, Ка- рен Л, Тони, Стефани Е, Стефани X, Енди С, Сен- ди, Андреа, Елфи, Тери, Ливија, Елке, Тања, Кристи- на, Соња, Карола, Хајди, Хенинг, Катрин, Су Д, Су- зан Ф, Колин, Улф, Џесика, Стен - и сите други пре- красни луѓе што непромислено ги заборавив.

На својата мила пријателка Стефани, која му ги посвети својот голем талент и драгоценото време на дизајнирањето на првата корица на книгата и на прекрасниот веб-сајт. И на неверојатната Фернан- да Франско, која го осмисли оригиналниот дизајн врз кој се засновува моменталната корица. Многу ме ус- реќивте.

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 179

На колегите-писатели Пени, Катја и Лоренс, за- тоа што се толку исклучително талентирани, пол- ни бескрајна поддршка и секогаш искрени - вие сте најдобрата група за пишување што некој може да ја има. На Дејв, за големината на неговиот дух, што секогаш беше покрај мене и што ја постави скала- та толку високо!

И на другите пријатели во далечина: на убавата Вал, за таквата забава! На Рејчел, која толку се гри- жеше за мене; на Бен за неговата безусловна љубов; на Хар Хари што ми ја негуваше душата; на Стив Б. за времето, мудроста и поддршката; на Сајмон С. затоа што ми беше прибежиште на Оксфорд; на Принц Томас, затоа што секогаш велеше да; на Џулс, затоа што беше најдобриот другар кога и да било; на Џек, затоа што е силна светлина и големо срце; на Наша, за забавата и бесплатните кино-совети; на Пол, затоа што беше неверојатно предан и прекра- сен; на Лота, затоа што ми беше прв и најдобар учи- тел по танцување; на Роуз, за сите мрзливи поплад- ниња во кафулето и за забавата на пишувањето; на Џејми, за нејзиното сочувство; на Хејзел, за нејзи- ната топла чоколада; на Роуз Пај за целата торта и за деновите на Мерилин; на Мелиса, затоа што ми е долготраен пријател; на Кришна за забелешките и инспирацијата; на Еми за нејзиното смеење; на Алиса и Коз за нивнитевештини во кик-бокс; на Морган, за нејзините мафини; на Мартин Т. за сите негови многубројни љубезности и услуги; на Ал, за- тоа што ме тресна; на Алекс К. затоа што го пра- веше канцеларискиот живот речиси поднослив; на Ем Џеј за нејзиниот ентузијазам; на Џулиет, за ки-

Page 92: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

180 Мена ван ПраГ

котењето на часовите по јога; на Оксана, затоа што беше толку великодушна и внимателна; на Пам, Деј- вид, Луиз К, Алиса Р, Миријам, Франсоа С, Пол С, Дон А, свинг-клубот на Кембриџ; на Мет и Лота, Кет- рин, Гил, Бил, Марија, Џералд, Мирјана, Сем, Ната- ли, Лара, Барни, Тони, Џема, Вил, Лиз и Џејмс, Ро- берт, Рос, Колин, Мајк, Асиф, Клер, Холи и Алекс.

Многу сум им благодарна и на Кејти Форд и Фио- на Вокер, затоа што беа толку љубезни и добри да го прочитаат делото од непознат писател. И на Со- фи и Одри Бос за истото. На Кејт Озборн, затоа што ја поддржа самоиздадената верзија и што даваше поддршка кога беше најтешко. На Алиса Рајан, затоа што беше толку кротка, стрплива и талентира- на. На Луиз, за прекрасната и широкограда душа.

На Хана, Сајмон, Енди и Хелен од Бордерс, Кем- бриџ, затоа што им се допадна книгата и што од по- четокот веруваа во неа. На Клаус од Ваткинс, Бра- јан од Дејвидс и на сите во Арк, затоа што беа тол- ку отворени кон еден почетник.

На сите блескави учители: на Џеф и Џули, затоа што први ми го отворија срцето, на Керол Стјуарт, затоа што беше толку инспиративна што поради неа го засакав дури и Чосер, и на Сајмон Скинер, Мо- рис Кин, Мартин Конвеј и Џон Дејвис, за стрпли- воста, споделената мудрост и неискажливата љубез- ност и приврзаност.

На крајот, на целиот тим на Хејхаус, затоа што ја донесоа книгава на светот и ја раширија нејзината порака многу повеќе отколку што некогаш би ус- пеала сама. Вечна благодарност на Мишел, затоа што веруваше во книгата, на Александра, затоа што за-

МАЖИ, ПАРИ И ЧОКОЛАДА 181

врши неверојатна работа и му ја продаде на остато- кот од светот, на Венди и Џоана, затоа што го усо- вршија ракописот, на Лиен, за нејзините убави ди- зајни, на Џо и Луиз за сите нивни рекламни вешти- ни и напори, и на Аманда, за нејзиниот извонреден ентузијазам, постојаната поддршка и натчовечката стрпливост со моите бескрајни мејлови! Никогаш не би можела да најдам подобар дом за својата книга. Ви благодарам.

Page 93: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

За а в т о р к а т а

МЕНА ВАН ПРАГ е независна писателка. Дип- ломирала на Оксфорд и ја обожава чоколадата. Грижливите совети од мајка и Вики ја довеле до тридневното просветлување од кое е родена оваа кни- га. Мажи, пари и ноколада е нејзина прва книга и со неа постигна неверојатен интернационален успех. Мена моментално живее во Кембриџ со сопругот Артур, гурмански гениј. Работата на остварување- то на долгосонуваниот сон да отворат заедно кафе- книжарница...

За вести, написи, животни совети и за уште мно- гу други работи, посетете ја: м>м>м>.тептопеуапс1ско- соШе.сот

Page 94: Mena Van Prag - Mazi Peri I cokolada

Маја ги минува деновите фантазирајќи за совршен живот; живот полн со љубов, успех и задоволство. Се обидува да си ги оствари желбите во потрага по мажи и пари, а кога не успева во тоа, бара утеха во чоколадата. Меѓутоа, подоцна се чувствува само празна и загубена. Потоа наидува на мистери- озен странец и тргнува на духовно патување, каде што ќе го открие тоа што цело време и недостигало...

Слатка и трогателна приказна за љубовта, храброста и прос- ветлувањето, Мажите, парите и чоколадата ни открива што се е можно кога во материјалниот свет ќе го отворите срце- то за духовните тајни. Оваа приказна за преобразувањето ви покажува како да го сакате мажот без да се загубите себе, да најдете работа што ќе ви го исполнува срцето и да уживате во чоколадата како во извор на задоволство, а не на гризење на совеста.

Прекрасна и волшебна книга. Совршен противотров за денот исполнет со стрес.

Ф ионаВокер

Топло четиво за тоа како да научиге да се сакате себе и да ги следите своите соништа.

Списанието СТИЈГ