obrazovanieto e najmo}noto oru@je · дателите Барак Обама и Џорџ Буш,...

60
MAGAZIN NA MINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA Br. 71 Cena: 50 den. juli 2015 ISSN: - АРМ - НАТО РАПОРТИРАЊЕ ОРУЖЈE ВОЕНА ИСТОРИЈА ИГРИ И СИМУЛАЦИИ OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛEJОТ 20 ГОДИНИ ВОЕНА АКАДЕМИЈА

Upload: others

Post on 02-Jun-2020

26 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

M A G A Z I N N A M I N I S T E R S T V O T O Z A O D B R A N A N A R E P U B L I K A M A K E D O N I J A

Br. 71 Cena: 50 den. juli 2015IS

SN

: ��

��-

���

АРМ - НАТО РАПОРТИРАЊЕ ОРУЖЈE ВОЕНА ИСТОРИЈА ИГРИ И СИМУЛАЦИИ

OBRAZOVANIETO ENAJMO}NOTO

ORU@JEС В Е Ч Е Н О О Д Б Е Л Е Ж А Н

Ј У Б И Л E J О Т 2 0 Г О Д И Н И В О Е Н А А К А Д Е М И Ј А

M A G A Z I N N A M I N I S T E R S T V O T O Z A O D B R A N A N A R E P U B L I K A M A K E D O N I J AM A G A Z I N N A M I N I S T E R S T V O T O Z A O D B R A N A N A R E P U B L I K A M A K E D O N I J AM A G A Z I N N A M I N I S T E R S T V O T O Z A O D B R A N A N A R E P U B L I K A M A K E D O N I J AM A G A Z I N N A M I N I S T E R S T V O T O Z A O D B R A N A N A R E P U B L I K A M A K E D O N I J AM A G A Z I N N A M I N I S T E R S T V O T O Z A O D B R A N A N A R E P U B L I K A M A K E D O N I J A

Page 2: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

епублика Македонија е цврсто посветена на глобални-от мир и стабилност. Вие сте несомнен доказ за тоа и јас сум убеден дека задачите пред вас ќе ги извршите професионално и одговорно“, им порача министерот

Јолевски на тринаесеттемина припадници на Армијата на Репу-блика Македонија кои заминуваат во втората ротација на дел од македонскиот контингент во рамките на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.„Мировниците се психички и физички подготвени за обврски-те и одговорностите кои ги очекуваат и овој состав ќе одго-вори на сите задачи и како и досега достојно ќе ја претстави и Армијата и нашата држава“, истакна НГШ, генерал-потполков-никот Горанчо Котески.„Сите припадници на контингентот ќе ги вложат сите напори за да ја продолжат традицијата на македонските мировници – успешни, професионални и целосно посветени на доверените задачи“, изјави на приемот во МО, командантот на континген-тот.Министерот Јолевски и генералот Котески присуствуваа и на аеродромот „Александар Велики“ на испраќањето на втората ротација на дел од македонскиот контингент во мисијата на НАТО, „Одлучна поддршка“ во Авганистан, каде уште еднаш министерот им посака успешна мисија и достојно да ја претста-ват Република Македонија. „Особено задоволство ми е што сте дел од турскиот контингент, што е уште еден доказ за големо-то пријателство помеѓу двете земји. Со учеството во рамките на „Одлучна поддршка“ вие од една страна придонесувате кон мирот, безбедноста и слободата во Авганистан, а од друга стра-на се стекнувате со вештини и способности кои ќе ве направат

уште подобри офицери на Армијата на Републи-ка Македонија“- додаде министерот Јолевски.На испраќањето, амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Омур Шо-лендил, им посака многу среќа на хероите од Армијата на Република Македонија и им порача дека турскиот контингент можат да го сметаат и за нивен дом.

Кристина Илиевска

NOV KONTINGENT NA ARM VO MISIJATA ƒODLU^NA PODDR{KA™

Page 3: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

ИНФОИНФОИНФОМАКЕДОНИЈА ИМА ЈАСНА МАКЕДОНИЈА ИМА ЈАСНА МАКЕДОНИЈА ИМА ЈАСНА СТРАТЕГИСКА ЦЕЛСТРАТЕГИСКА ЦЕЛСТРАТЕГИСКА ЦЕЛ

НАТО И МЕЃУНАРОДНАТА БЕЗБЕДНОСТ

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ УЛОГАТА НА НАТО ВО МЕЃУНАРОДНАТА БЕЗБЕДНОСТ

„ТЕШКОТО“

а 11 јуни Воената академија на Република Македонија го просла-

ви јубилејот 20 години постоење ка-ко единствена високообразовна во-ена институција во нашата држава. Во свечената сала на Домот на Армијата во Скопје се собраа многумина кои со своето присуство сакаа да го од-бележат овој голем настан, како за Воената академија така и за АРМ, за Министерството за одбрана, но и за цела Македонија која веќе дваесет години има можност своите синови и ќерки да ги школува за одбрана на татковината. Говорот на претседателот на Републи-ка Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија беше импресивен, патриотски и силно мотивирачки за сите сегашни и идни питомци и студенти кои сакаат да учат како се чува и да се брани скапо извојуваната слобода.„Жедта за слобода на Македонија била пренесувана со мајчиното млеко, била мотивирана со сведоштвата за хероите, била потврдувана со заклет-вите на востаниците и партизаните, и секогаш била проверувана на бојното поле. Немојте никогаш да заборавате дека сето знаење кое денес го учите на Воената академија е стекнато и преку тешкото искуство на нашите предци. Должни сме никогаш да не за-боравиме, за да не минуваме низ она низ што минувале нашите предци. А, тие минувале низ ропства, поделби и окупации, низ крвави борби и низ ис-црпувачки походи. Живееле од ден за ден со големи самооткажувања и со лични саможртви за да не мора нивни-те потомци да минуваат низ истото“, беа само мал дел од зборовите кои им ги упати претседателот на питомците.А, кога почна свечената програма по повод големиот јубилеј, со пискотот на зурлите и татнежот на тапаните го препознавме звукот и ритамот на едно од најубавите македонски ора, и зборовите на претседателот како да добија уште поголема симболика и значење. Ова познато машко оро од нашата богата фолклорна ризница, со секој изведен чекор го раскажува мачното минато, длабоката тага и копнежот за слобода на македонскиот народ, но и еланот да се истрае, да се движи напред, да се бори и опстојува со векови на ова мало парче земја на-речена Македонија.Во тие свечени мигови на чествување на јубилејот на Воената академија, разиграните професионалци од На-ционалната установа „Танец“, со секое подигање на ногата, со секоја затегна-та струна од извајаните и стројни тела, испраќаа многу силни пораки до сите присутни. Да, ние сме мала земја на Балканот, но земја со голема историја, со голема културна и фолклорна традиција, со силни и горди воини кои и во минато-то и денес ширум светот покажуваат како треба да се бори и со колкава љубов треба да се сака татковината и скапо извојуваната слобода.

д-р Жанет Ристоска

ЦЕЛНИ УБИВАЊА

МЕЃУНАРОДНО-ПРАВНИТЕ АСПЕКТИ НА ПРАКТИКАТА НА ЦЕЛНИ УБИВАЊА

БРИГАДАТА ЗА ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА

ЗНАЧАЕН ОРГАНИЗАЦИСКИ ЕЛЕМЕНТ НА АРМ

„AFF EUROPE 2015“

ВОЗДУХОПЛОВНА ПРОТИВПОЖАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЛИЦАТА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ВО АРМИИТЕ

ПОСРЕДНИЦИ СО ЈАВНОСТА И ЦИВИЛНОТО НОВИНАРСТВО

ВОЈНАТА НЕ СЕ ОДЛУЧУВА СО ЕДНА БИТКА

РЕАЛНА ОПЕРАТИВНА ВЕШТИНА

ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА УНИФОРМАТА

ЗА ДВЕ МЛАДИ ДАМИ, ПРИПАДНИЧКИ НА АРМ

��

�� ��

��

�� ��

��

¡�

Страница

Страница

СтраницаСтраница

Страница

Страница

Страница

Страница

Страница Страница

ШТИТ - Година VII, број 71, јули, 2015 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАЧ - МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТд-р Зоран Јолевски (претседател)Генерал-потполковник Горанчо Котески, полковник Љубе Дукоски, полковник Петре Велковски, полковник Мирче Ѓоргоски, полковник Мери Ринџова, Билјана Иванова, д-р Жанет Ристоска

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКд-р Жанет Ристоска

РЕДАКЦИЈАБилјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник), Митко Василевски (новинар), Кристина Илиевска (новинар), Ксенија Митева-Котеска (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

ПЕЧАТИ: „БРАНКО ГАПО“ ДООЕЛ СКОПЈЕ

АДРЕСА НА РЕДАКЦИЈАТАМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ 116, 1000 СкопјеТелефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

Содржина:

„ТЕШКОТО“

ЦЕНАТА НА ЕДЕН ПРИМЕРОК Е 50 ДЕНАРИГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 600 ДЕНАРИ

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

��

�Страница

Page 4: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

акедонија има стратегиска цел и определба да биде дел од НАТО-алијансата. Вредностите на Алијансата се и наши вредности, и затоа македонските мировници дава-ат поддршка на напорите на НАТО за воспоставување

на слобода и безбедност на глобално ниво“, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во свое-то обраќање на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Република Полска. Говорејќи на панелот посветен на „Патот кон Европа“, министерот Јолевски додаде дека граѓаните на Република Македонија даваат континуирана висока поддршка на проце-сот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките партии во Македонија. „Македонија и земјите од регионот на следниот самиот кој ќе се одржи тука во Полска треба да бидат поканети за да станат полноправни членки. На тој начин ќе се зацврсти стабилноста и безбедноста во регио-нот на Југоисточна Европа, што е многу важно имајќи ги пред-вид новите геополитички предизвици“, рече министерот.На маргините на овој значаен форум, минис-те рот Јолевски оствари и билатерална сред-ба со неговиот полски колега, министерот за национална одбрана Томаш Шимоњак. На средбата министрите ја потврдија одличната и интензивна соработка помеѓу двете земји. „Нашите почести средби се доказ дека постои одлична комуникација во рамките на одбра-ната. Македонија и Полска се две пријателски земји, кои меѓусебно се поддржуваат на сите полиња“, рече министерот на средбата. Во однос на интеграцијата во НАТО, министерот Јолевски укажа на аргументите зошто Репу-блика Македонија заслужува да биде веднаш дел од Алијансата и воедно се заблагодари за поддршката од Полска.Министерот за одбрана Зоран Јолевски ,на 13 јуни, во рамките на вториот ден на Глобалниот форум во Вроцлав, Полска, оствари значајни

МАКЕДОНИЈА ИМА ЈАСНА СТРАТЕГИСКА ЦЕЛ

INFO

одвоени средби со американскиот генерал Џејмс Џоунс и со Стивен Хедли, советници за национална безбедност на претсе-дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет на САД. На средбите ми-нистерот Јолевски ја истакна потребата Република Македонија да ја оствари зацртаната цел, членството во Алијансата. Со, зачленувањето на Македонија и на Црна Гора, како и со поместување на процесот за членство за Босна и Херцеговина, НАТО ќе влијае на унапредување и зацврстување на мирот и безбедноста во Југоисточна Европа, истакна министерот. Воед-но, министерот посочи дека НАТО и Македонија ги споделуваат истите вредности. Македонија ги исполни сите критериуми уште во 2008 г. и се однесува како де факто членка на Алијансата. Пример за ова е учеството во повеќе досегашни мисии, меѓу кои и „Слобода за Ирак“, ИСАФ и „Одлучна поддршка“, како и логистичката поддршка КФОР Мисијата. Соговорниците дадоа

целосна поддршка за прием на Македонија во Алијансата, а генералот Џонс, инаку поране-шен Командант на Американската команда за Европа, се задржа и на професионалноста на македонските војници и старешини, како и нив-ните способности и капацитети.Во рамки на посетата, министерот Јолевски оствари и средба со сенаторката Џеан Шахен, копретседател на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат. Притоа беа раменети мислења за глобалните геополитички состојби, кризата во Украина, заканите по свет-скиот мир кои доаѓаат од кофликтот во Сирија и Ирак. Воедно се разговараше за состојбите во нашиот регион, аспирациите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. Македонија и ма-кедонските граѓани, поддржани од политички-те партии јасно дадоа и даваат до знаење дека местото на државата е рамо до рамо на заед-ничка маса во седиштето на НАТО со нашите пријатели и партнери од Алијансата.

Page 5: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

а 5 и 6 јуни, министерот за одбрана Зоран Јолевски учеству-ваше на безбедносен форум „2BS – To be secure“ во Будва, Црна Гора. Во склоп на форумот министерот Јолевски уче-

ствуваше на панелот посветен на преструктирањето на безбед-носниот систем со цел справување со современите безбедносни предизвици. Покрај министерот Јолевски, за потребата од рефор-ма на безбедносните структури дебатираа и министерката за од-брана на Република Црна Гора, г-ѓа Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, ма на безбедносните структури дебатираа и министерката за од-брана на Република Црна Гора, г-ѓа Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, ма на безбедносните структури дебатираа и министерката за од-

претставникот на Дивизијата за нови безбедносни предизвици на НАТО, д-р Џулиет Брд, и специјалниот пратеник на претседате-лот на САД за борба со ИСИЛ – генералот Џон Ален. Министерот Јолевски потсети дека Република Македонија е докажан партнер на Алијансата со долгогодишно учество во мисии и операции во поддршка на мирот и партнер со вистински национален и политич-ки консензус околу прашањето за евроатлатска интеграција. Во контекст на реформите за посоодветно справување со радикални-от тероризам, министерот Јолевски потенцираше дека пристапот околу преструктурирање на безбедносните системи во ова време на несигурност треба да биде координиран и да ги вклучува сите инструменти на национална моќ, а не само воените.На маргините на состанокот, Министерот Јолевски оствари била-терални средби со генералот Џон Ален, претседателката на Репу-блика Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и Хојт Ји, заменик-по-мошник државен секретар за Европа на САД.„To Be Secure“ е годишен форум посветен на прашања од гло-балната и евроатлантската безбедност, како и на безбедноста на земјите од Југоисточна Европа. Целта на Форумот е да придонесе кон критичкото размислување за реформите во Југоисточна Ев-ропа со цел постигнување на побезбеден и просперитетен регион со капацитет да придонесе во борбата со глобалните предизвици.

епублика Македонија е ак-тивен придонесувач во на-порите за подобрување

на безбедноста во регионот и по широко. Како земја-кандидат добивме шест препораки за по-четок на пристапните преговори за членство во ЕУ и континуира-но придонесуваме во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“ – рече министерот Јолевски во своето воведно обраќање на де-нешното отворање на четврта-та меѓународната вежба „ИПА КАМПЕКС 2015“ ко ја се одржува во Македонија. Ми-нис терот Јо лев-ски истакна де ка ри зиците по без-бедноста, жи вотите на гра ѓа ните, ма те-ри јал ните добра, не маат само во ена природа, ту ку тие може да бидат и од природни непо-годи, катастрофи и несреќи и можат да бидат поразорувачки и теш-ки. Овие закани не признаваат граници меѓу државите. На изми-натите неколку состаноци на ми-нистрите за одбрана на земјите-членки на Јадранската повелба, се обврзавме да развиваме и за-еднички регионални капацитети и способности за справување со вонредните состојби од невоена природа. Научените лекции и ис-

КОЛЕКТИВНОТО ЧЛЕНСТВО – АЛАТКА ЗА БОРБА СО РАДИКАЛНИОТ ТЕРОРИЗАМ

„ИПА КАМПЕКС 2015“

куства покажаа дека регионал-ниот заеднички одговор на во-нредните состојби е вистинскиот одговор како да се надминат сите предизвици со кои се соочуваме при вакви големи природни ката-строфи. Токму затоа Република Македонија континуирано се за-лага за координација и за развој на капацитети и способности за справување со вонредните состојби од невоена природа како на национална, така и на ре-гионална основа – рече министе-рот Јолевски.

Вежбата „ИПА КАМПЕКС 2015“ која се одржува од 17-19 јуни има за цел да ги провери и унапреди постоечките проце-дури за давање и примање на меѓународна помош во случај на големи катастрофи, со фокус на воспоставување и менаџирање на камп за внатрешно раселени лица во случај на катастрофален земјотрес.

личност од американската „тинк-тенк“ заедница со големо иску-ство во однос на претходните проширувања на Алијансата. Таа додаде дека Македонија е силен партнер и дека Алијансата треба да ја промени својата одлука.Лук Кофи од Американската „Хе-ри тиџ Фондација“ истакна де ка Македонија мора да продолжи на патот на партиципација и ин-тензивен контакт со НАТО - али-јан сата. „Македонија носи го лем бенефит кон глобалната сигур-ност, но не ги ужива бенефитите од членство во Алијансата. Им по-рачувам на македонските гра ѓани да бидат трпеливи. Ако имате еден член на НАТО кој не го цени тоа што го правите, има 27 земји-

а Република Македонија е значајно група интелектуал-ци кои имале високи по зи-

ции во американското и европ-ско то општество, луѓе кои се вис тински пријатели на нашата држава да седнат на исто место и да поразговараат за стратегијата што дополнително треба да се направи со цел да го заземеме заслуженото место во НАТО-алијансата“. Тоа го изјави мини-стерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за дводневниот неформален фо-рум во Берово на кој учествуваа поранешни министри за одбрана, членови на Парламент и високи претставници на тинк-тенк заед-ницата во САД. „Ние разменив-ме многу мислења и голем број идеи, посочи министерот, кои ќе ни помогнат во презентирањето на аргументите зошто Р. Македо-ни ја треба да биде дел од Али-јансата. Тоа е особено важно ако имаме предвид дека следниот самит на Алијансата ќе се одржи летото идната година во Полска, до кога треба да ги искористи-ме сите инструменти за да по-стигнеме најдобар резултат на

НЕФОРМАЛЕН ФОРУМ

патот кон нашето полноправно членство, рече министерот Јо-лев ски. Во контекст на начините како да се достигне посакувана-та цел, министерот посочи дека треба да се работи на постојано привлекување на пријатели на Македонија кои ќе бидат и моќен глас зошто Македонија треба да биде дел од НАТО. Воедно, и нашите мировници се едни од најдобрите амбасадори – тие по кажуваат дека Македонија е од говорен член и партнер на ме ѓународната заедница во но-се њето на мир, демократија и стабилност во светот, истакна министерот и дополни дека тоа сепак е и исклучителна можност нашите мировници да добијат дополнителна обука и вештини кои се значајни за квалитетот на АРМ. „Тука сум да ја поддржам Македонија. Вие ги имате испол-нето сите критериуми согласно Акцискиот план за членство и ние треба да ги притиснеме на-шите сојузници да го направат она вистинското, односно да ја примат Македонија како полно-правен член во НАТО“, рече Сели Пеинтер, аналитичар и истакната

членки кои тоа вистински го це-нат“, додаде Кофи. Тој високо ги оцени и реформските зафати во одбраната, особено во контекст на воената едукација и образова-ние кои уште повеќе ќе ја добли-жат Македонија до Алијансата.Неформалниот форум во Беро-во на едно место собра интелек-туалци и истакнати личности меѓу кои и поранешниот министер за одбрана и сегашен член на Пар-ламентот на Обединетото Крал-ство, Лиам Фокс, американскиот генерал Бен Фрикли и др., кои разговараат за евроатлантските интеграции на Македонија, геопо-литичките промени и предизвици, регионот на ЈИЕ и позицијата на Р. Македонија во него.

Page 6: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

УЧЕСТВО НА ЗНГШ НА АРМ НА СОСТАНОКОТ НА ЗАМЕНИЦИ НА НАЧАЛНИЦИ НА ГШ НА АРМИИТЕ ОД ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА СЕДМ-ПРОЦЕСОТ

аменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-

потполковник Насер Сејдини од 3 до 5 јуни учествуваше на годишниот состанок на замениците на началници на ГШ во рамките на про-цесот на соработка меѓу министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ), кој се одржа во Тирана, Р. Албанија. На состанокот учесниците од земјите-членки и претставниците од меѓународните организации дискутираа за прашања од заеднички интерес и воено-политич-ката соработка во регионот, важноста на напорите за зајакнување на ефективноста на Мултинацио-налните мировни сили на Југоисточна Европа (СЕ-ЕБРИГ) како инструмент за активен придонес кон налните мировни сили на Југоисточна Европа (СЕ-ЕБРИГ) како инструмент за активен придонес кон налните мировни сили на Југоисточна Европа (СЕ-

безбедноста, соработката и стабилноста во рамки-те на СЕДМ процесот, ангажманот на СЕЕБРИГ во различни активности, вклучувајќи обука и опера-ции и консолидација и оптимизирање на односите со меѓународните организации. Замениците начал-ници на ГШ потврдија дека земјите го финализи-

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ОРОРМ од Скопје (1.место со 42 погодо-ци); Зоран Мирчески од Кичево од Скопје (1.место со 42 погодо-ци); Зоран Мирчески од Кичево од Скопје (1.место со 42 погодо-

(2.место со 40 погодоци), а Јован ци); Зоран Мирчески од Кичево (2.место со 40 погодоци), а Јован ци); Зоран Мирчески од Кичево

Јовановски од Радовиш и Пеце Пе-шов од Виница, со 39 погодоци, го освоија 3.место. Меѓу учесниците од понежниот пол, високи резул-тати остварија: Елена Божиновска од Скопје која првпат гаѓаше со пиштол (35 погодоци), а Олгица Мојсова Пепелашева од Велес и Валерија Ванева од Свети Нико-ле (30 погодоци). На најдобрите екипи и поединци им беа врачени посебни признанија, а еднодневно-то дружење заврши со заеднички ручек во касарната „Алекса Демни-евски – Бауман“во Велес.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКАЧленовите на Извршниот одбор на ОРОРМ, предводени од прет-седателот проф.д-р Ѓорѓи Малков-на ОРОРМ, предводени од прет-седателот проф.д-р Ѓорѓи Малков-на ОРОРМ, предводени од прет-

ски остварија тридневна посета на Организацијата на резервните офицери на Република Албанија (NAMRA). Целта на оваа посета беше потпишување Договор за соработка помеѓу двете нацио-нални организации во функција на трасирање и продлабочување на нивните активности во ид-

ниот период.Свечениот чин на потпишување на Договорот беше во седиштето на NAMRA, во Во-ената академија во Тирана, во присуство на членовите на из-вршните одбори на двете нацио-нални асоцијации.Договорот што го потпишаа претседателите на ОРОРМ и на NAMRA, проф.д-р Ѓорѓи Малковски и резервниот полковник Тома Кондури пре-ставува прв ваков договор за би-латерална соработка помеѓу две соседни национални организации во рамките на Меѓусојузничката конфедерација на резервните офицери (CIOR), при НАТО. Во До-говорот за соработка содржани се повеќе актуелни прашања од про-грамското ангажирање на ОРОРМ и NAMRA, меѓу кои: размена на ин-формации, публикации и програми од заеднички интерес; учество во поголеми воени и спортски натпре-вари во гаѓање; годишни средби на раководствата на двете организа-ции.

СЛОБОДАРСКИ ТРАДИЦИИНа 5 јуни, во Битола, се одбележа 14-годишнината од загинувањето на припадникот на АРМ, Благојче

Силјанов, во воениот конфликт во 2001 година, во с. Лавце на Шар Планина. На чинот на чествување, во знак на почит и трајно сеќавање, на Светинеделските гробишта во Битола, крај неговото вечно по-чивалиште, беше поставено ма-кедонското знаме на 7-метарски јарбол. Пред околу 150 граѓани на Битола, преставници на локалната самоуправа, на АРМ, на МВР, на ООЕ на ОРОРМ од Демир Хисар, од Кичево-Македонски Брод, од Прилеп и од локалната самоуправа на Новаци, пригодно обраќање за животот на бранителот имаше Ми-лисав Стевановски, претседател на Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ Битола, а државното зна-ме на јарбол го подигна претседа-телот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски.

Живко Трајановски

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАРНа 6 јуни, на стрелиштето „Долно Оризари“ се одржа државен нат-превар во гаѓање со пиштол 7,52 мм на реден број 1. На натпрева-рот, на кој учествуваа 100 млади резервни офицери и подофицери од 19 општински организациони единици (ООЕ) на ОРОРМ, рамно-правно со колегите, се натпревару-ваа и 3 женски екипи – преставници на секциите на резервните офице-ри-жени, од Скопје, од Велес и од Свети Николе.По предавањето на рапортот од страна на претседате-лот на Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ Велес, резервниот по-ручник Борис Алчев, пригодно по-здравно обраќање до учесниците на натпреварот, имаше претсед-телот на ОРОРМ, проф.д-р Ѓорѓи на натпреварот, имаше претсед-телот на ОРОРМ, проф.д-р Ѓорѓи на натпреварот, имаше претсед-

Малковски.Државниот натпревар се реализира со логистичка под-дршка на Командата за обука и доктрини (КОД), а заменикот на командантот, полковник Љубенчо Петровски го следеше текот на ак-тивностите. За најдобри екипи беа прогласени: Кичево-Македонски Брод (1.место); Скопје (2.место) и Радовиш (3.место). Поединечно, Брод (1.место); Скопје (2.место) и Радовиш (3.место). Поединечно, Брод (1.место); Скопје (2.место) и

најдобри беа: Златко Илијевски

ГЛАВНА ПЛАНИРАЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА

о период од 08.06. до 12.06.2015 г. во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“

се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Ма кедонски блесок 11“ како дел од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира во првата половина на месец октомври на Армиски-от полигон „Криволак“ и во ЦО „Пепелиште“.За важноста на претстојната ак-тив ност говори и фактот што за време на ГПК во период од 08-10.06.2015 г. се реализи-

ра НАТО советодавна посета од страна на оценувачи од Ко-мандата на Сојузничките сили на НАТО во Неапол (Allied Joint Force Command Naples), како и посета од страна на претставни-ци од Здружената оперативна команда. Притоа, на посетите-лите од страна на директорот на вежбата и лидерите на син-дикатите им беа презентирани: Планот и сценарио на вежбата, структура и статус на единици-те, главна листа на настани и инциденти, безбедносен и бри-финг за спецификација, како и можностите за обука кои ги овозможува АП „Криволак“.

раа и потпишаа документот за локацијата на Командата на СЕЕБРИГ и табелата на критичните ро тациски ме-ста. Генера лот Сејдини во своето об ра ќање истакна дека Р. Ма кедонија е цврсто посветена на унапредување на регионалната соработ-ка и натамошното јакнење

на дијалогот во регионот, притоа наведувајќи дека СЕЕБРИГ е еден од најзначајните проекти во рамките на СЕДМ и затоа мора да се продол-жи да се вложува во нејзиниот развој. Република Македонија останува доследна на своите ставови по однос на учеството на оваа бригада во операци-ите предводени од НАТО, ЕУ или ООН. Генералот, земајќи ги предвид современите безбедносни пре-дизвици и константни промени во безбедносното опкружување, истакна дека е потребно постојано прилагодување на овој процес, а изработката на СЕДМ Стратегискиот преглед како основа е прави-лен чекор кој ќе понуди вистински одговор во про-цесот на донесување на одлуки.

РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДОВА ПЕРСПЕКТИВА СО КОМАНДАНТИТЕ НА БАТАЛЈОНИ ВО АРМ

а 8 и 9 јуни, во Домот на АРМ во Скопје се одржа работилница за родова перспекти-ва со командантите на баталјони во АРМ.

Работилницата, која е во организација на Ге-нералштабот на АРМ, ја обработува темата на имплементацијата на Резолуцијата 1325 на Со-ветот за безбедноста на ОН и истата се насочува кон потребата за постигнување на родова рамно-правност од планирање до извршување на сите нивоа на одлучувања, односно од оперативно до тактичко ниво.Во текот на работилницата се дис-кутираше за превенција од сексуалното насилство во конфликтни ситуации и родовата нееднаквост како нова современа безбедносна закана.Во текот на вториот ден се обработија практични вежби ба-

зирани на реални сценарија и пленарни сесии. Ра-ботилницата за родова перспектива е прва од овој вид во Армијата на Република Македонија и истата ќе стане редовна практика при едуцирањето на во-ениот и цивилниот персонал во АРМ.

Page 7: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

ако се чини дека Алијансата го на-д мина најболното прашање, од-носно прашањето за реална по-треба од нејзино постоење, сепак

сведоци сме дека нејзиното постоење е предмет на постојано менување. Со оглед на постојаното менување на без-бедносната средина постојано се раѓаат нови безбедносни предизвици, па и улогата на Алијансата се очекува дека постојано ќе се менува, Алијансата ќе создава нови партнерства и ќе прима нови членови, нивниот однос ќе зави-си од трендовите во меѓународното безбедносно опкружување, а цело-купниот микс ќе влијае врз улогата на НАТО во меѓународната безбедност. До полнително, внатрешното уре ду ва-ње на Алијансата и правилата на функ-ционирање, секојдневно покажуваат разлики во разбирањето на обврските од членство, но и на заканите по без-бедноста, затоа може да се очекува дека улогата на НАТО во меѓународната без-бедност ќе зависи и од нив.Целта на овој напис е да покаже како при-родата на активностите на Алијансата, внат решното уредување и трендови те во меѓународното безбедносно опкружу-ва ње влијаат врз улогата на НАТО во меѓународната безбедност и што може да се очекува во иднина.

ПРИРОДАТА НА АКТИВНОСТИТЕ НА АЛИЈАНСАТАНе случајно први на листата фактори кои влијаат врз улогата на НАТО во меѓународната безбедност се ставени влијанијата од природата на активно-

во членства и какви се влијанијата врз постојните членки.

ПРОШИРУВАЊАТА И ГЛОБАЛНИТЕ ПАРТНЕРСТВАПартнерство за мир еволуира во алат-ка на НАТО за зголемување на интеро-перабилноста пред конечниот прием во Алијансата. Член на Партнерството за мир е и Република Македонија. Исто така, покрај Партнерството за мир постојат и други партнерства, помеѓу кои и партнерства со неевропски земји и со нетипични пријатели, како на пример Русија.

стите на Алијансата. Активностите на Алијансата се зацртани како колективна одбрана, здружена безбедност и кри-зен менаџмент. Но, колку Алијансата ќе биде во можност да овозможи колектив-на безбедност од закани за кои не сите членки се согласуваат дека се постоеч-ки, дали проширувањето навистина ќе донесе демократизација или постои ри-зик земјите да престанат да вложуваат во изградбата на своите демократски капацитет штом добијат членство во Алијансата и на крај во која насока ќе се движат глобалните партнерства и дали има можност истите да се претворат

NATO I ME|UNARODNATA BEZBEDNOST

ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ УЛОГАТА НА НАТО ВО МЕЃУНАРОДНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Page 8: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

на проширувањето да донесе трајна про-мена на политичките системи и ширење на демократија. Ова прашање се надовр-зува на прашањето за европски недемо-кратски членки наспроти глобални демо-кратски партнери.Во разгледување на ова тврдење по сто-јат повеќе примери, особено опсежен одговор нуди Ритер во трудот „Зошто проширувањето не значи ши рење на демократија“.. Според него, земјите кои се примени пред крајот на Студената војна се примени не затоа што самите решиле дека сакаат да станат демократии (Шпанија, Португалија Турција и Грција), туку затоа што биле од стратешко значење кога НАТО се стремела кон проширување на својата сфера на влијание, па така дури и демократизацијата да не успеала, истите

би биле примени. Втор негов аргумент е дека земјите кои се примени по крајот на Студената војна (Полска, Унгарија Чеш-ка), се земји кои и пред да се посветат на членството во НАТО работеле самоволно на својата демократизација. Иако авто-рот признава дека посветеност кон член-ството во НАТО ги забрзува демократски процеси и посветеноста на Владите на земјите-членки дава последен но многу важен елемент за размислување за ова прашање, односно тврди дека штом една земја ќе биде примена во НАТО преста-нува нејзината амбиција за демократска транзиција затоа што целта е постигната, земјата е во НАТО, а во исто време не по-стои механизам кој ќе го одземе член-ството како казна. Како пример за ова е посочена Турција.Неговата сомнителност кон проши рува-њата и демократизацијата ја делат и други автори и претставници на НАТО и земјите-членки, помеѓу кои и Селесте Ва-ландер, која го дискутира прашањето на

Еволуцијата на НАТО глобализацијата на заканите, како и потребата од подобрено функционирање во време на финансиска криза, придонесоа НАТО во своите ми-сии и операции да вклучува и други земји како Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Пакистан итн.Дваесет и некоја година по падот на Бер-линскиот ѕид и долги години партнерство на некои европски земји, како што е Репу-блика Македонија, сè уште не сме ја виде-ле Европа обединета под закрила на една безбедносна институција. Во секој случај, во тоа време некои гласноговорници на НАТО ја промовираат идејата за глобал-но членство наспроти глобални партнер-ства.Идејата за глобално вклучување ја заста-пува и Иво Дадлер, постојан претставник на САД во НАТО. Дадлер се залага за глобална алијанса на сметка на глобал-ни партнерства, затоа што смета дека проширувањето на партнерствата е по-соодветна форма отколку креирањето на „ад хок“ коалиции, прво заради при-добивките од здружувањето на одбран-бените ресурси и способности со оние на квалификуваните нови членови, а второ заради зголемената интероперабилност која ќе се појави како резултат на заед-ничкото планирање и обука. Дополни-телно, Дадлер смета дека зголемениот број на членки ќе значи поголем леги-тимитет на НАТО за спроведување на меѓународни операции и поголема моќ за спроведување на одлуките на Обеди-нетите нации. На реторичкото прашање, зошто сора-ботката со глобалните партнери не е иста како соработката со членките, тој одгова-ра затоа што недостасува основна рамка т.е. платформа за заедничко делување, недостасува шема, било да се работи за вежби или операции. Од друга страна, по-казател за преодната форма на партнер-ствата е Партнерството за мир, кое стана алатка за членство.Спротивен став за глобалните партнер-ства, во периодот на зачеток на идејата, има Јап де Хоп Шефер, тогашниот гене-рален секретар, кој смета дека фокусот треба да остане на Евроатлантската об-ласт, за да се зачува споделувањето на

вредности и да се избегне преголема организација која нема да функциони-ра соодветно. Денес сме сведоци дека проширување со глобални членови не е случај, но интензитетот на соработка со партнерите е зголемен и има нагорен тренд.Основата на сегашниот статус „отворена врата“ само за европски дипломатии лежи во текстот на Северноатлантскиот дого-вор и само консензус за негова промена може да овозможи прием на нови глобал-ни членки. Постојат детални истражувања на позитивните и негативните страни од евентуално глобално НАТО, помеѓу кои и „NATO at 60 Going Globa“l. Она што е ин-тересно е реторичкото прашање што се поставува: Зошто НАТО треба да остане отворена организација за прием на полу-способни и полудемократски европски држави, чијашто демократска иднина е неизвесна, а останува затворена за демо-кратски и економски моќни држави, како на пример Австралија. Став на авторот е дека ова прашање ќе биде уште повеќе интересно по економскиот раст на Азија и зајакнувањето на економските односи на одделни членки на Алијансата со ази-ските земји.Како заклучок за овој дел може да се каже дека се навестува тренд на зголеме-на соработка со глобалните партнери, но и зголемена дебата за проширување на НАТО со глобални демократски партнери.Од аспект на Република Македонија, се чини дека „пандорината кутија“ е отво-рена, затоа што актуализирањето на глобалните партнери од кои повеќето се демократски економски силни држа-ви со значителни одбранбени ресурси, од една страна ќе го намали интересот за прием на европски мали држави. Од друга страна, со оглед дека прашањето за името не го гледа својот завршеток за краток временски рок, тоа би значело потешко постигнување на консензус за поканување на нови членки.

ДАЛИ ПРОШИРУВАЊЕТО Е СИГУРЕН ПАТ КОН ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА?Второ реторичко прашање кое се поста-вува, а си го поставуваат и повеќето член-ки на НАТО е прашањето реалната моќ

Page 9: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

држави се државите од Централна Евро-па кои се залагаат, пред сè, за поголеми гаранции за безбедноста од евентуална закана од Русија. Вториот аргумент околу отежнатата уло-га на НАТО во меѓународната безбедност доаѓа по одлуките на САД да формираат „ад хок“ коалиции во неколку наврати за заштита на своите моментални интереси, наспроти идејата за лобирање помеѓу сојузниците да ги поддржат. Повеќе авто-ри го поддржуваат овој став, но конечни-от заклучок оди во насока дека „ад хок“ коалициите можеби се алтернативата на консензуалното донесување одлуки, кога е во прашање улогата на НАТО во меѓународната безбедност, особено пред вклучување во нови мисии/операции.Оттука може да се заокружи дека уло-

гата на НАТО во меѓународната без-бедност се отежнува поради прин-ципот на донесување консензуални одлуки за делување во меѓународното безбедносно опкружување. Се очекува „ад хок“ коалициите да станат алтерна-тива за лобирањето околу постигнување на консензус. Во однос на Република Македонија, јасно е дека земјата е за-ложник на одлучувањето со консензус и нејзината иднина уште подолг пери-од ќе зависи од здружената одлука, затоа што иако постојат многу заго-ворници на измена на правилото на кон-сензус, реално постојат повеќе примери на заобиколување на консензусот откол-ку напорите за измена на Северноатлант-скиот договор. Сè додека Русија и закана-та од неа се во фокусот на вниманието, интересот за Република Македонија ќе продолжи да опаѓа.

м-р Дарко Трајковски

недостигот на НАТО од немањето меха-низми за казнување на членките по мно-гу прашања, помеѓу кои и прашањето за демократизацијата. Односот помеѓу проширувањето и демократизацијата по-кажува непостојаност, па и надолна линија. Се очекува членките да покажат поголема претпазливост при идните проширувања.Република Македонија чекори кон патот на демократизацијата, но со оглед на не-довербата на членките, во иднина може да се очекува наметнување на нови барања.

ПЕРЦЕПЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСНИТЕ ЗАКАНИПерцепции за безбедносните закани е наслов и одговор сам по себе. Што и да беше планирано за разгледување, секако

дека го губи своето значење по наста-ните во Украина и анексијата на Крим. Долга е листата на тврдења и заговори во каква насока ќе се движат настаните и дали и каква промена ќе предизвикаат настаните во Украина врз структурата на меѓународниот безбедносен систем. Не-спорно останува дека постои можност настаните во Украина да значат повтор-но оживување на Студената војна и би-поларноста. Во секој случај, се очекуваат промени, а со тоа и промени во интереси-те на земјите-членки.Според Михта и делото „Границите на Али јансата“, перцепциите на заканите во повеќето случаи не се исти за земјите кои се географски поставени на границите на Алијансата со оние кои се поизолирани. Затоа ваквите земји соработуваат меѓу себе и се позаинтересирани за одредени регионални иницијативи или напори за соединување на капацитети, развој на нови или други алатки за зачувување на мирот, а исто така се заинтересирани за територијални гаранции од НАТО.Во тој дух, земајќи ја предвид историјата на односите на одделни земји со Русија, а второ историјата на несогласување за интервенција, како на пример помеѓу САД и Германија за Ирак, треба да се оче-куваат промени и несогласување во ста-вовите на членките во која компонента улогата на НАТО во меѓународната без-бедност да биде фаворизирана.Ако исходот на настаните во Украина придонесе кон пренасочување на глав-ниот акцент кон територијална одбрана, интересот за членството на Република

Македонија не би бил помеѓу поважните прашања.

КОНСЕНЗУАЛНО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ НАСПРОТИ ИНДИВИДУАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИКонсензуалното донесување одлуки е загарантирано во основниот текст на Северноатлантскиот договор и стои како еден од основните принципи на функционирање на Алијансата. Секако дека на почетокот постигнување консен-зус во Алијансата со 12 членови можеби бил предизвик, но ни приближно толку голем колку предизвикот да се донесе здружена одлука која ќе ги задоволи ин-тересите на сите 28 земји-членки. Кон ова се надоврзува политиката на отворена

врата на НАТО и гореспоменатите дебати за глобално членство. Консензусот сам по себе не би можел да се нарече фактор кој би влијаел на меѓународната безбедност доколку членките и покрај споделувањето на де-мократските вредности не би имале раз-лични интереси кои потекнуваат примар-но од нивната географска положба. Ова тврдење доаѓа како надополнување на претходниот дел за различните перцеп-ции за заканите по безбедноста, но со важно надополнување дека не сите член-ки постапуваат според перципираните закани, некои членки постапуваат водени од своите економски интереси.Во извештајот на „Стратфор“, агенција за разузнавање и анализа од 2010 година, се разбира достапен благодарение на „Wikileaks“, направена е разумна подел-ба на три категории на членки според географската поставеност и интереси-те кои преовладуваат на агендата на земјите. Првата категорија ја сочинуваат САД и нивните традиционални атлантски партнери како Холандија, Данска и Обе-динетото Кралство, кои традиционално имаат сомнителен став за Русија, но и се залагаат за алијанса посветена на постконфликтна реконструкција, борба против тероризмот и слични возвишени активности наспроти фокусирањето на колективната одбрана. Втората група на членки се „срцето“ на Европа, односно Германија и Франција, и истите се зала-гаат за ненарушување на сопствените односи, примарно економски и примарно на Германија со Русија, и третата група на

Page 10: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

елните убивања претставу ва ат спе цифична воена против те ро-рис тичкa операциja за не утра ли-зи рање однапред одредена цел

или личност вклучена во терористичка активност. Ова значи дека овие поединци се следени и убиени при обид за терори-стичка активност. Нивната практика, при-менета најчесто отворено или имплицит-но, вклучува и дејствување на територија на други држави, многу често и без нивна согласност или знаење - некогаш со сили присутни на терен, а некогаш преку дале-чинско управување со беспилотни лета-ла. Без оглед што овој термин се користи многу често, терминот не е дефиниран во меѓународното право, ниту, пак, може да

МЕЃУНАРОДНО-ПРАВНИТЕ АСПЕКТИ НА ПРАКТИКАТА НА ЦЕЛНИ УБИВАЊА

CELNI UBIVAWA

��

се вклопи во некоја правна рамка. Терми-нот почна да се употребува во 2000 год., кога Израел јавно ја објави својата поли-са на „targeted killings“ за справување со посочени терористи во окупираните па-лестински територии. Терминот бил упо-требен и во други ситуации во Чеченија, Јемен, Шри Ланка, Дубаи. Прва ваква јавно истакната акција е операцијата из-вршена во Јемен во ноември 2002 годи-на од страна на ЦИА, кога со напад од страна на беспилотно летало на автомо-бил беа ликвидирани неколку осомничени оперативци на „Ал Каеда“, од кои еден американски државјанин. Оваа операција била изведена во согласност со власти-те на Јемен. Подоцна американските

власти продолжуваат со изведувањето ваков тип операции на територијата на Пакистан, во дел од случаите дури и без согласност на пакистанските власти. По нападите на Светскиот трговски цен-тар, САД зачестиле со оваа практика, извршувајќи вакви активности во повеќе земји во име на борбата со тероризмот и активистите на Ал Каеда, пред сè во Авганистан и во Ирак, на истиот принцип - со употреба на беспилотни летала. До-полнителен проблем е што овие летала, иако оддалечени илјадници километри, ги управуваат цивили, агенти на ЦИА во рамките на она што во САД се нарекува тајни операции (covert operations). Многу често САД имаат интервенирано на овој начин во Пакистан, не секогаш со соглас-ност на пакистанските власти, што отвора друга серија правни прашања поврзани со оваа тематика, пред сè околу сувере-нитетот и агресијата. Оваа практика осо-бено зачести по 2001 година, кога САД објавија дека се во глобална војна против тероризмот, па нападите со беспилотни летала продолжија и на териториите на Авганистан, Ирак и Јемен.Доаѓањето на администрацијата на прет седателот Барак Обама во 2008 година не донесе промени во оваа на-сока – напротив, практиката се интензи-вираше (Guardian, 2012). Оваа практика најдиректно го загрозува правото на жи-вот, но нејзината легалност треба да се испитува, пред сè, во контекст на правото што е применливо во дадена ситуација. Како што беше споменато на почетокот

Page 11: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

случајот да не се разгледува материјално, бидејќи не спаѓа во правниот простор на ЕКЧП и на државите-договорнички. Во оваа одлука, судот како да се враќа чекор наназад, објаснувајќи дека потпаѓањето под јурисдикција треба да се сфати, пред сè, во територијален контекст. Очиглед-но Европскиот суд за човекови права не зборува во еден глас. Решението што беше донесено во случајот Банковиќ и останатите е едно од најкоментираните од страна на активистите за човекови права. Безбедносните сили на европски-те држави што се потписнички на ЕКЧП учествуваа во противтерористички опе-рации на територијата на Авганистан, но не е познато постоењето јасни правила во овој контекст, како и за тоа кој е одно-сот кон ЕКЧП, бидејќи не беа доставени дерогации. Еден од најсериозните про-блеми со кој се соочија силите на НАТО во ИСАФ, беше отсуство на јасни правила за оперирање. Друг проблем, кој го истакну-ва д-р Хаџи Јанев, повикувајќи се на изјави на генералот Џејмс Џојс, се националните ограничувања поставени кон трупите, било да се правни или политички. Практи-ка на ЕКЧП во поглед на целните убивања во противтерористички операции - нема, се остава толкувањето на Конвенцијата да го вршат лица што ги подготвуваат националните ограничувања, земајќи ја

предвид и практиката на националните судови.Во секој случај, од изјавите на офи-ци јалните лица и од начинот на кој се спроведуваа операциите (вклучително и противтерористичките операции во тие рамки) на теренот во Авганистан, во мисијата ИСАФ, под мандат на ООН, јасно е дека правилата од меѓународното пра-во за правата на човекот се апликабилни. Според практиката на мировните мисии со мандат на Обединетите нации, смрто-носната сила се применува само во само-одбрана и кога е апсолутно неопходна.Комитетот за човекови права на ОН во контекст на разгледувањето на извештајот поднесен од Израел истакнува дека „државата не смее да ги користи цел-

на овој напис, противтерористичките опе рации можат да се спроведуваат во неколку различни контексти, при што се применува различно право. Ако постои основа за применливост на правилата од меѓународното воено и хуманитарно право, оваа практика добива поинаква димензија и евентуална основа за оправ-даност. Ова, пред сè, се однесува на пропорционалноста, која има различно значење во контекст на меѓународното право за права на човекот (понатаму во текстот МППЧ) и на меѓународното хуманитарно право (МХП). Посебен пре-дизвик се операциите што ги изведуваат безбедносните сили за време на пост-конфликтна превенција и стабилизација, кога се апликабилни правилата за чо-вековите права и индивидуалната кри-вична одговорност во согласност со на-ционалното кривично право. Уште еден предизвик се разузнавачките операции кои имаат цел собирање информации или лоцирање лица и предмети, а завр-шуваат со ликвидација, каква што беше операцијата „Џеронимо“, во која беше ликвидиран предводникот на „Ал Каеда“, светскиот терорист број 1 - Осама бин Ладен. До денес останаа шпекулациите и превирањата дали му била оставена можност да се предаде и да биде уапсен, па изведен пред суд или, едноставно, морнаричките фоки на Армијата на САД биле испратени со задача да извршат ликвидација.Во врска со практиката на т.н. целни убивања, најмногу се „кршат копјата“ меѓу традиционалните коалициски партнери од двете страни на Атлантскиот Океан. Европската правна традиција е единстве-на по нелегалноста и неетичноста на оваа практика, додека, пак, дел од американ-ските правници даваат поинаков пристап и тргнуваат од друга појдовна точка на аргументирање која, пред сè, се однесу-ва на постоењето и водењето „глобална војна против тероризмот“. Покрај САД, оваа практика ја има применувано един-ствено Израел. Сепак, треба да се на-прави дистинкција - борбата на Израел против тероризмот во најголема мера се сведува на борба со палестинските борци за независност, што овој тип терористич-ки активности не го става во категоријата на современиот тероризам, туку во бор-бата на народите за самоопределување, бидејќи окупацијата на Израел беше предмет на критика и на ООН. Оттука, практиката на Израел во овој домен не е предмет на разгледување на овој труд.Во продолжение ќе се обидеме да даде-ме краток преглед на клучните аргументи на двете страни.Првото прашање што се поставува е кое право е применливо, дури и во случај на постоење вооружен конфликт или негов еквивалент, бидејќи од она што се наре-кува „јус ад белум“ (ius ad belum), зависи и примената на правилата од корпусот „јус ин бело“ (ius in bello). Така, на пример, правната основа при операциите во Ав-ганистан беше мандатот на ООН, дирек-тно (Резолуција 1386 на Советот за без-бедност од 20 декември 2001 година),

додека, пак, во случајот на Ирак, амери-канските власти се повикаа на правото на самоодбрана во согласност со Повелбата на ООН. Бидејќи во принцип не постои јавно до-стапен документ што ќе ни даде увид во официјалниот став околу употребата на смртоносна сила во контекст на целните убивања во противтерористичките опе-рации, за да го добиеме одговорот на ова прашање, мора да тргнеме од правото што е применливо за дадена ситуација. Така, на пример, во Авганистан, за времетраење на мисијата ИСАФ, која е под мандат на Обединетите нации, во која се извршуваат мировни, а не офанзивни операции, логично е да важат правилата што се стандард за мировните операции од овој тип. Ова значи дека се апликабил-ни и правилата од меѓународното право за правата на човекот.Овие сознанија се особено важни за нас, бидејќи и македонските мировници се вклучени во конкретната мисија. Репу-блика Македонија ги има потпишано и ратификувано и Европската конвенција за човекови права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, за кои веќе образложивме дека имаат екстратериторијално важење, а услов за нивната примена е ефективната кон-трола на територијата. Во случајот на

Лозиду против Турција, судот изјави дека постои одговорност на државата кога како последица на воена операција (без оглед дали таа е легитимна или не), таа врши ефективна контрола на опре-делена територија. Истиот став на судот беше проследен и во случајот на Кипар против Турција и може да се примени и во овој конкретен случај. Имено, иако целните убивања што се вршат со бес-пилотни летала не ја претставуваат ис-тата ситуација како бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1998 година, реше-нието што беше донесено во случајот Банковиќ пред ЕСЧП може да се земе како појдовна основа при анализата. Како што објаснивме погоре, одлуката беше апликацијата да не се прифати и

Page 12: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

за примена на ваква операција може да биде заштитата на потенцијалните жртви (не смее да служи како казна или како ме-тод на одвраќање на други потенцијални сторители). Оваа операција може да се применува единствено ако е апсолутно неопходна. Употребената потенцијално смртоносна сила мора да го задоволи те-стот на пропорционалноста, балансирајќи три фактори: опасноста по живот преди-звикана од континуираните терористички активности, можноста да се реализира нападот доколку опасноста веднаш не се отстрани и реалната можност од човечки жртви доколку нападот се реализира. Во согласност со практиката на Европскиот

суд за човекови права ( ЕСЧП), секоја вак-ва операција мора да подлежи на неза-висна и ефикасна истрага.Со оглед на сето погоре изложено, како и фактот дека, како се зголемува прак-тиката сè повеќе се намалуваат аргумен-тите за одбрана на концептот на целни убивања, во овој момент не може да се дојде до заклучок дека практиката на цел-ни убивања може да стане легална и ле-гитимна меѓународно-правна категорија. Во ваква констелација на односи, а во со-гласност со моменталната меѓународно-правна рамка, правото на живот е апсо-лутно загарантирано. Општоприфатен принцип е принципот дека лишувањето од него нема да се смета за противправ-но доколку е во согласност со барањата на меѓународното хуманитарно право, во услови кога е можна негова апликабил-ност.

д-р Александар Дончевм-р Весна Попоска

ните убивања како тактика на одвраќање или казнување. Државата мора да го земе предвид принципот на пропорционалност во секој нејзин одговор кон терористички-те закани и активности...“ Врховниот суд на Израел, пак, речиси три години по до-биените забелешки, излезе со став што ги оправда целните убивања врз основа на „цивили што земаат директно учество во непријателствата“ и единствено во случај кога „не можат да се употребат помалку агресивни мерки “. Како појаснување, во отсуство на поголема храброста да се от-вори и да се разработи оваа тема, може да ни помогне записникот од експерт-ската средба организирана од Универ-зитетот за хуманитарно право во Жене-ва, на којашто беше разгледувано и ова прашање. Експертскиот тим утврди дека целните убивања се нелегитимни при т.н. мирни окупации, барем во оние делови каде што територијата е под ефективна контрола или таму каде што окупациска-та сила врши јавни овластувања. Што се однесува, пак, на ситуација што ескалира, експертите се согласија дека на основа на Основните принципи за употреба на сила и огнено оружје на ООН, целното убивање нема да биде противправно ако е извршено на окупирана територија кога е извршено од страна на безбедносните сили на окупациската сила во област во којашто таа нема ефективна контрола и не може да изврши ефективно апсење;

кога индивидуата е вклучена во сериозни непријателски акти што се опасни по жи-вот, а окупациската сила има сигурни раз-узнавачки информации дека таа ќе про-должи со извршување вакви акти што ги загрозуваат животите на лицата кои оку-пациската сила е должна да ги штити, или кога други мерки би биле недоволни да ја отстранат заканата. Сепак, поради мож-носта од сериозни злоупотреби, неопход-ни се силни процедурални гаранции. Во овој контекст, во делот на териториите што се под ефективна контрола се приме-нува моделот за „зајакнување на право-то“, кој подразбира: неопходност, пропор-ционалност и обврска да се апси кога е тоа возможно. Употребата на смртоносна сила е ограничена на многу тесен сплет на околности. Исто така, потенцијално употребената смртоносна сила мора да биде пропорционална, но во контекст на овој модел, пропорционалноста значи ограничување во отстранување на ди-

ректната и непосредна опасност. Уште една карактеристика на овој модел на оперирање е тоа што државните органи мора да ги планираат операциите така што оптимално ќе го зголемат просторот за апсење, наместо за ликвидирање на лицата што претставуваат закана. Спо-ред ова се разликува пропорционално-ста сфатена во контекст на МХП или во случај на окупација, во моментот кога се оперира по армиски модел - потенцијална смртоносна сила, каде силата може да биде употребена против непријателски борци, без оглед дали постои можност за заробување бидејќи кога важат само пра-вилата на МХП, важно е да се отстрани и потенцијалната идна опасност, односно се води сметка за сите 4 принципи по-деднакво: хуманост, пропорционалност, дистинкција и воена потреба. Сепак, по-тежок проблем од дефинирањето на про-порционалноста е нејзиното аплицирање - „многу е полесно да го формулирате принципот на пропорционалност како општ термин отколку да го аплицирате истиот на специфичен сет околности, бидејќи компарацијата најчесто се сведу-ва на избор меѓу квантитет и вредности. Не може секој да ја процени вредноста на невиниот човечки живот наспроти опре-делена воена корист“.Во моделот базиран на МППЧ, пропор-ционалноста се дефинира во контекст на заштита на правото на животот. Во мо-делот базиран на МХП, таа се базира на односот со воената цел.Крецмаер ја образложува легитим-носта на целните убивања токму на разликувањето на два модели - модел на зајакнување на правото (или поли-циски модел на оперирање) и модел на вооружен конфликт (или армиски модел на оперирање). Во согласност со први-от систем, целно убивање може да се изврши само за да се превенира непо-среден напад што не може да се неутра-лизира на друг начин, додека, пак, во вториот случај, целно убивање ќе биде дозволено само доколку целта за која по-стои сомневање дека е терорист, може да се смета за борец. Сепак, тој смета дека ниеден од овие два модели одделно не може да се пресмета со „транснацио-налниот терор“ и затоа се дава предлог за комбиниран модел, базиран на некол-ку постулати: единствено оправдување

Page 13: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

„Паметни“ минипокрај сите напори кои меѓуна-род ната заедница ги вложува за да се забрани производството, складирањето, употребата и транс-

ферот на противпешадиските мини и касетната муниција, како и досегашните меѓународни конвенции за забрана на производство, употреба и трансфер на противпешадиски мини и касетно оружје,

Армијата на САД развива нови системи за минирање. Современата технологија овозможува развој на компјутерски под-држани системи за минирање кои фор-мално не ги кршат меѓународните правни норми. Под терминот „систем за минирање“ се подразбира интегриран систем кој го со-чинуваат: минополагач, потсистем за чу-

SISTEMI ZA MINIRAWE NA SAD

вање на мините, потсистем за транспорт и товарење на мините, потсистем за брзо и точно поставување на однапред од-брани позиции, прибор за оддржување и подготовка на мините за употреба и персонал за планирање и употреба на мините.Најголем скок во развојот на системите за минирање, кои експертите ги смета-ат за револуционерни, САД забележаа во осумдесеттите години на минатиот век. Tагаш беа развиени потсистеми за брзо поставување на мини со кои беа опремени возила, хеликоптери, авиони и артилериски проектили, кои можат пре-цизно да расфрлаат мини по однапред утврдени позиции, дење и ноќе и во не-поволни метеоролошки услови. Новите технологии овозможија конструкција на системи за минирање со компјутерска поддршка на мините за препознавање со кои се идентификуваат тенковите од другите оклопни возила. Во суштина, во голема мерка се работи за роботизирани системи кои препознаваат и селективно ги уништуваат само оние цели за кои се програмирани. Експертите укажуваат на тоа дека во системите за минирање се повеќе ќе се вградуваат програми за вештачка интелигенција, што ќе ја зголе-мува цената на мината (една современа противтенковска мина чини околу 20.000 долари), која ќе можат да ја платат само најразвиените и најбогатите армии на светот, додека сите останати ќе мора да

Page 14: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

нува од рачната фрлачка „М20“ која е ис-фрлена од употреба. Сензорот на целта „М2“ на мината „М24“ го сочинуваат четири сегменти на дво-жилен електрокабел. Двете жици се изо-лирани една од друга, но при силен при-тисок на кабелот доаѓа до попуштање на изолацијата што предизвикува краток спој. Должината на секој сензор на целта изнесува 2,6 метри. Со помош на оби-чен електрокабел со должина од 22 ме-три сензорите се поврзани помеѓу себе и со запалката „М61“ која е споена со

мината. При наидување на тенк на еден од четирите сензори на целта доаѓа до затварање на електричното коло и раке-тата се истрелува во правец на тенкот и дејствува по неговото тело.Мината „М66“ користи механизам „М619“, комплет кој содржи дата-про-цесор, сеизмички сензор на целта, ин-фрацрвен рефлектор и приемник. Ин-фрацрвениот рефлектор и приемникот се монтирани на трипод. Дата-процесо-рот е поврзан со зпалката „М61“ со елек-трокабел, со друг електрокабел е поврзан со сеизмичкиот сензор на целта, а со трет кабел е поврзан со инфрацрвениот приемник. Инфрацрвениот приемник се поставува на спротивната страна на па-тот (во однос на онаа страна каде е по-ставена мината) и постојано го осветлува со инфрацрвено светло инфрацрвениот приемник. Сеизмичкиот сензор се вкопу-ва во земја блиску до дата-процесорот. При приближување на тенкот, сеизмички-

��

користат класични или импровизовани мини.Еден од наједноставните рачни пренос-ни системи за минирање е модуларни-от систем „MOPMS“ (Modular Pack Mine System), кој е во облик на куфер, кој е херметички затворен. Масата на систе-мот изнесува околу 80 kg, а го опслужу-ваат 2–4 војници. Во куферот, во седум лансирни цевки се сместени 21 мина (17 противтенковски „BLU-91/B“ со магнет-ни запалки и четири противпешадиски со четири тенки жици, кои во облик на ча-дор се отвараат при допирот са земјата). Минското поле го контролира контролна станица, која со кабли или со радиомрежа е поврзана со 15-мински групи на одда-леченост од еден километар. На долната страна на секоја лансирна цевка се наоѓа барутно полнење, кое по активирањето ги лансира мините. Сите цевки фабрич-ки се поставени под елевација во облик на вертикално ладало, што овозможува рамномерно расфрлање на мините во полукруг со полупречник од 35 метри. Темпирањето го осигурува дејството на мините во наредните четири часа, а по-тоа со кодиран радиосигнал тој интервал се продолжува уште три пати. Системот „MOPMS“ обезбедува комбинирано мин-ско поле од 2.000 m2, со густина од 0,011 мини/m2 кое го поставуват 1–2 војници за една минута.Системите за минирање со бочно дејство „М24“ и „М66“ се наменети за дејство по колчари и гасенични возила на против-никот. Противтенковските мини „М24“ и „М66“ се разликуваат меѓу себе само по сензорот на целта. Уништувањето на бор-бената техника на противникот се врши со дејство на кумулативна боева глава низ телото на возилото. Кумулативниот млаз ја уништува опремата во возилото, ги убива членовите на посадата со капки од растопениот оклоп и предизвикува по-жар во возилото. Мината се поставува на земјата со помош на метален бипод, бочно од трасата на движењето на од-далеченост од 10 до 30 метри, која се насочува кон претпоставената точка на целта. При наидување на тенкот (оклопно возило) на сензорот на целта (кај „М24“ тоа е електроконтактна жица растегната преку патот, а кај „М66“ тоа е инфрацр-вен сензор кој од спротивната страна го осветлува инфрацрвена ламба), доаѓа до истрелување на ракетата од лансерот која лета кон целта по која и дејствува. Како основна мина се користи ракета „М28А2“ со калибар 88,9mm која потек-

от сензор на целта ги регистрира потре-сите на земјиштето и го затвора колото на инфрацрвениот приемник. Кога тенкот ќе го пресече инфрацрвенот зрак, дата-процесорот ги затвара борбените кола и ракетата се истрелува кон целта. Дата-процесорот кој ги обработува сигналите од сеизмичкиот сензор на целта е спо-собен да ги анализира и да ги разликува сигналите кои ги предизвикуваат човек, животно или помало возило во однос на препознавање на тенковите за кои е на-менета мината. Рокот на борбената под-готвеност зависи од типот на батериите и околната температура, но не е помала од 75 дена. При паѓање на напонот на из-ворот на напојување мината станува без-опасна. Во вооружувањето на САД мина-та „М24“ е воведена во 1965 г., а мината „М66“ во 1969 година. Од 1988 година, мините „М24“ и „М66“ се наоѓаат во ре-зервите и ги има околу 10.000 парчиња. Овој систем на минирање е воведен и во повеќе други земји. Тежина на комплетот на „М24“ изнесува 10,8 kg, а на „М66“ из-несува 13 kg. Ефективен дострел на ми-ните изнесува до 30 метри. Системот за минирање „М2/M3/M4 SLAM“ (Selectable Light Weight Attack Munition) може да се користити на повеќе начини: за минирање на правецот на нена-деен продор на тенкови, кога магнетната запалка го активира експлозивот (0,28 kg) под тенкот, при што металното јадро, фор-мирано од експлозијата, со голема брзина го пробива дното на тенкот; како мина со бочно дејство, која на оддалеченост од осум метри ја открива и ја препознава цел-та (тенк) со помош на инфрацрвен сензор „PIRS“ (Passive Infra Red Sensor), а потоа го активира детонаторот; како темпирани мини (М2 и М4), кои можат да се наместат да се самоуништат по истекување на ин-тервал од 4, 10 или 24 часа; како мина (М3) која се активира исклучиво од засолниште преку кабел со помош на електричен им-пулс. Овие мини, поради малите габарити (маса 1 kg, должина 127 mm, широчина 89 mm, височина 55 mm), најчесто се кори-стат од специјалните сили во диверзантски акции. Освен со магнетната и електрична-та запалка, мината е опремена и со сигур-носни запалки кои го спречуваат нејзиното деактивирање. За брзо и масовно расфрлање на мините и поставување на минско поле (најчесто комбинирано), Американците развиле не-колку сложени системи: „GEMMS“, „Flipper“, „Volcano“ и „MLRS“. Модулот од системот „GEMMS“ (Ground Emplared Mine Scattering

Page 15: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

System) „М128“ има шест сандаци со по 400 противтенковски мини „М75“ и про-тивпешадиски мини „М74“. Формациски, по еден модул се наоѓа во инженериска-та чета на инженериски баталјон. Може да се монтира на петтонски камион. За мотомеханизираните пешадиски единици е развиен систем за брзо поставување на мини „Flipper“, кој го опслужува еден војник. Системот може да се монтира на повеќе видови борбени возила, а брзина-та на минирање е една мина на секои 10 секунди.За да се зголеми брзината на поставување на мини, развиен е современ систем „Volcano H139“ со 16 касети „XМ87“ во кои се наоѓаат мините (пет противтенков-ски и една противпешадиска). Касетите воедно се и лансери за исфрлање на ми-ните. Системот „Volcano“ има 960 мини со кои се минира просторија 1.000×120 ме-три, а може да се монтираат на колчари и гасенични возила, како и на хеликоптери-те „UH-60A Blackhawk“.Самооодните гасенични повеќецевни ракетни лансери „MLRS“ (Multiple Launch Rocket System) и М270 во борбениот комплет има ракети „АТ2 Scatmin“. Секоја ракета има 28 противтенковски куму-лативни мини со електронски запалки.

Лансирањете на сите 12 ракети се врши за 40 секунди. Еден рафал на „MLRS“ лансира 336 противтенковски мини. Те-лото на противтенковската мина „АТ2“ е од тенка алуминиумска кошулка, а во бо-евата глава се сместени седум елементи (секој елемент има четири противтенков-ски мини), спакувани во полиуретанска пена. Елементите се обвиткани со два челични контејнери во кои е сместен гене-ратор на гас, поврзан со темпирната за-палка на боевата глава, која истовремено детонира четири линеарни експлозивни полнења. Контејнерите под притисок ги потиснуваат надвор елементите со мини-те, се активирааат и се распрснуваат со сопствениот експлозив, ослободувајќи ги мините од кои се исфрла мал падо-бран и антена на сензорот на движење. По приземјувањето на мината отпаѓа

падобранот, а мината се издигнува над земјиштето и се армира. Со два лансери на противтенковски мини „АТ2“ може да се минира простор од 1.500×300 метри.За воздухопловството е развиен систе-мот „GATOR“, чија основа го претставува контејнерскиот систем „SUU-64“. Систе-мот може да се монтира на борбените авиони „F-16“, „А-10“, „А/А-18“ и други. За минирање е развиена цела палета на касетни бомби и противтенковски и противпешадиски мини. Касетната бом-ба „CBU-87/B“ носи 202 универзални мини „BLU-97A/B“ (масата на мината из-несува два килограми), со ознака „CEM“ (Combined Effect Munition), кои се опреме-ни со жолти падобрани. Мините на целта предизвикуваат кумулативни, распарчу-вачки и запалив ефект. Касетната бомба „CBU-89/B“, со маса од 450 kg, носи 72 противтенковски мини „BLU-91/B“ и 22 противпешадиски мини „BLU-102/B“. За морнарицата е развиена касетната бомба „CBU-78/B“, со маса од 227 кило-грами. Сензорската касетна бомба „CBU-97/B“ е со маса од 450 kg, со десет мо-дули „BLU-108/B“. Секој модул носи по четири противтенковски мини „SKEET“. Четириесет од тие мини покриваат про-стор со површина од 460×150 метри. Усовршената верзија со ознака „ERAM“ (Extended Range Anti-armour Munition) има касети со две мини, кои секторски го скенираат теренот. Мините се опремени со три акустични и еден сеизмички сензор за откривање на целите и активирање на експлозивните глави. Група од четири авиони во еден налет можат да постават 1.728 противтенковски и 528 противпе-шадиски мини.При конструкцијата на новите мини кон-структорите морале да решат неколку важни проблеми: отпорност (цврстина) на мините, за да може да ги издржат забрзувањата при лансирањето од кон-тејнерските лансери и ударите од зем-јата; незабележливост и изработка од материјали кои не можат да се откријат со детектор за метал; облик и боја при-способена на околината; можност за контрола, односно да имаат механизам за исклучување на механизмот за ак-тивирање по однапред одредено вре ме, по што повеќе не претставуваат опасност. Меѓу новите мини, кои според карактери-стиките и борбените можности се разлику-ваат од класичните, внимание заслужува-ат следните: најмалата противпешадиска мина „М25“ со само девет грама експло-

зив, која не нанесува смртоносни повреди; мината „MADU“ (Medium Atomic Demolition Munition) со атомска боева глава „М45“, со маса од 180 kg, од една до 15 kТ; про-тивпешадиските и противтенковските мини „H200“ со полнење од напалм и црн барут; минијатурните противпешадиски мини „Gravel“ (Button mine), со маса од 30 g, произведени во облик на копче со течен, многу осетлив експлозив без запалка (во оваа категорија припаѓаат и мините X-22, 27, 40, ES, XМ-41, 44, 45, Е1 и 65, кои се расфрлаат од воздухопловните системи „SUU-41A/A“); противтенковската мина „М93 Hornet“, со маса од 15,91 kg, хибрид-

ната дежурна борбена станица со два пот-системи, кои го сочинуваат акустичен и се-измички сензор и со интервал на траење од четири часа до 30 дена; противпеша-диската мина „М86“ за специјалните сили, која се поставува при самоизвлекувањето. Кога мината се поставува, како на чадор се шират седум тенки жици со должина од по шест метри. Со допирање на жиците се активира боевата глава на мината испол-нета со по 600 парчиња. Мината после четири часа сама се уништува. Опишаните системи за минирање јасно покажуваат на тоа дека САД и понатаму интензивно развиваат нови системи за минирање, при што првенство имаат про-тивтенковските мини. Тоа е разбирливо, бидејќи една современа ПТ-мина чини околу 20.000 долари, додека цената на еден тенк пет и повеќе милиони долари. Конечно, новата технологија омозможу-ва конструкција на мински компјутерски потсистеми, па во иднина се очекуваат уште пософистицирани и поселектив-ни системи за минирање, како и посеб-ни системи за минирање кои ќе бидат специјализирани за уништување на сили-те и средствата за деминирање.

Александар Стојчевски

Page 16: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

ƒ{TIT™ƒ{TIT™ƒ{TIT™ VI PRETSTAVUVA VI PRETSTAVUVA VI PRETSTAVUVA

1. Преден механички нишан2. Цевка3. Навлака4. Комора на цевката за прифаќање

на куршумот5. Сигурносен механизам на

ударната игла6. Ударна игла7. Позицијата на лостот од

декодерот8. Заден механички нишан9. Индикатор за репетирање на

пиштолот (запнат удирач)10. Механизам за дејствување на

чкрапалото11. Променливо вметнување за

ракофатот12. Позиција за утврдување на

променливото вметнување

PI{TOL „Walther P99“ПИШТОЛОТ „WALTHER P99“ ПОСЕДУВА СОВРЕМЕН МОДУЛАРЕН ДИЗАЈН И СЕ СМЕТА ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СЛУЖБЕНИ ПИШТОЛИ, А СЕ КАРАКТЕРИЗИРА СО СЛЕДНИТЕ ДОБРИ ОСОБИНИ: ГОЛЕМ КВАЛИТЕТ НА ИЗРАБОТКА, ОДЛИЧЕН МЕХАНИЗАМ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ И БЕЗБЕДНОСЕН МЕХАНИЗАМ, ОДЛИЧНА ПРЕЦИЗНОСТ, ОДЛИЧНА ЕРГОНОМИЈА И БАЛАНС, ДОБРО РАСПОРЕДЕНИ И ЛЕСНО ДОСТАПНИ КОМАНДИ, КОМПАКТНИ ДИМЕНЗИИ, РАМКА ЗА МУНИЦИЈА СО ГОЛЕМ КАПАЦИТЕТ, ЛЕСНО СЕ РАСКЛОПУВА, СЕ ЧИСТИ И СЕ ОДРЖУВА И ИМА ГОЛЕМА ОТПОРНОСТ НА НАДВОРЕШНИ ВЛИЈАНИЈА.ПОТРЕБАТА ДА СЕ СЛЕДИ СОВРЕМЕНИОТ РАЗВОЈ НА 4. ГЕНЕРАЦИЈА ПИШТОЛИ (КОИ ПОСЕДУВААТ ПОЛИМЕРСКА РАМКА) ВО 1993 год. ЈА ПОТТИКНА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА „CARL WALTHER GMBH SPORTWAFFEN“ ДА ЗАПОЧНЕ СО РАЗВОЈ НА ПИШТОЛОТ „P99“. ЗА ГЛАВЕН ДИЗАЈНЕР НА ПИШТОЛОТ Е ОДРЕДЕН HORST WESP. РАЗВОЈОТ НА ПИШТОЛОТ ТРАЕЛ ДО 1996 ГОДИНА. ВО 1997 год. ОФИЦИЈАЛНО Е ПРЕЗЕНТИРАН ПИШТОЛОТ „P99“ (9Х19 mm PARABELLUM), А ИСТАТА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА И НЕГОВОТО СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО. ВО ТЕКОТ НА 1998 год. Е ПРЕЗЕНТИРАНА НОВАТА ВЕРЗИЈА НА „P99“ (КОЈА ЈА КОРИСТИ МУНИЦИЈАТА .40 S&W), НАМЕНЕТА ЗА ПАЗАРОТ ВО САД. ВО 2004 год. Е ПРЕТСТАВЕНА ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА „P99“, НА КОЈА ИМА ПОДОБРУВАЊА ВО ЕРГОНОМИЈАТА НА КОНСТРУКЦИЈАТА И ИЗМЕНИ ВО МЕХАНИЗМОТ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЧКРАПАЛОТО. ИНАКУ, ПИШТОЛОТ ПО ЛИЦЕНЦА СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО ПОЛСКАТА ФАБРИКА „BRONI RADOM“ И ВО САД ОД СТРАНА НА КОМПАНИЈАТА „SMITH & WESSON“ (МОДИФИЦИРАНА ВЕРЗИЈА). ПИШТОЛОТ СЕ КОРИСТИ ВО 13 ДРЖАВИ ОД СТРАНА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ ИЛИ АРМИИТЕ.„WALTHER P99“ ПРИПАЃА НА ГРУПАТА ПОЛУАВТОМАТСКИ ОРУЖЈА И ГО КОРИСТИ МОДИФИКУВАНИОТ BROWNING-СИСТЕМ НА ЗАБРАВУВАЊЕ.

ПИШТОЛОТ НЕМА КЛАСИЧЕН НАДВОРЕШЕН УДИРАЧ, ТУКУ ПОСЕДУВА ВНАТРЕШЕН УДИРАЧ. ОРУЖЈЕТО СЕ ИЗРАБОТУВА ОД ЧЕЛИК (НАВЛАКА, ЗАТВОРАЧОТ, ЦЕВКАТА, МЕХАНИЗМОТ НА ЧКРАПАЛОТО И ДР.) И ПОЛИМЕР ЗАЈАКНАТ СО СТАКЛЕНИ ВЛАКНА. МЕТАЛНИТЕ ПОВРШИНИ НА ОРУЖЈЕТО ПОСЕДУВААТ ТЕНИФЕР-ЗАШТИТА, КОЈА ОВОЗМОЖУВА ПИШТОЛОТ ДА БИДЕ ОТПОРЕН НА КОРОЗИЈА И ГРЕБЕЊЕ. НАВЛАКАТА ПОСЕДУВА КАРАКТЕРИСТИЧЕН ТРАПЕЗОИДЕН ПРОФИЛ СО ОСТРИ АГЛИ. НА ЗАДНИОТ ДЕЛ ОД НАВЛАКАТА (ПОД ЗАДНИОТ НИШАН) Е ВГРАДЕН ИНДИКАТОР ЗА ЗАПНУВАЊЕ НА УДИРАЧОТ ВО ОБЛИК НА ИГЛА СО ЦРВЕНА ТОЧКА НА ВРВОТ, КОЈА ВО НОЌНИ УСЛОВИ МОЖЕ ДА СЕ НАПИПА СО ПРСТ. ОД ЗАДНАТА ДЕСНА СТРАНА НА НАВЛАКАТА (НА КРАЈОТ ОД ИЗВЛЕКУВАЧОТ НА ЧАУРИ) Е ПОСТАВЕН ИНДИКАТОРОТ ЗА КУРШУМ ВО ЦЕВКАТА ВО ОБЛИК НА ИСПАКНАТА ИГЛА СО ЦРВЕНА ТОЧКА КОЈА ВО НОЌНИ УСЛОВИ МОЖЕ ДА СЕ НАПИПА СО ПРСТ.МЕХАНИЧКИТЕ НИШАНИ СЕ НИСКИ, БОРБЕНИ, ШИРОКИ И ПРЕГЛЕДНИ И НА НИВ СЕ ПОСТАВЕНИ 3 ТРИЦИУМСКИ ТОЧКИ. НИШАНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИСПОСОБУВААТ И СЕ ПРОМЕНЛИВИ. ПИШТОЛОТ ИМА 4 НАДВОРЕШНИ КОМАНДИ. СИТЕ КОМАНДИ СЕ ПРОЕКТИРАНИ ДА БИДАТ ,,СТОПЕНИ” ВО ТЕЛОТО ОД ПИШТОЛОТ СО ЦЕЛ ДА НЕ ПРЕЧАТ ПРИ БРЗО ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ПИШТОЛОТ. ВО ПИШТОЛОТ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВЕРЗИЈАТА, СЕ ВГРАДУВААТ 3 МЕХАНИЗМИ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЧКРАПАЛОТО. НА ПРЕДНИОТ ДОЛЕН ДЕЛ ОД РАМКАТА ИМА ШИНА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ЛАСЕРСКИ НИШАН ИЛИ ТАКТИЧКО СВЕТЛО, А ПОСТОЈАТ И ПРИМЕРОЦИ СО ПОДОЛГА ЦЕВКА НА ВРВОТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПРИДУШУВАЧ НА ИСТРЕЛ. ЦЕВКАТА ВНАТРЕШНО ПОСЕДУВА 6 ЖЛЕБОВИ, ИЗРЕЖАНИ СО ДЕСЕН ЧЕКОР НА РОТАЦИЈА. РАКОФАТОТ НА ПИШТОЛОТ Е ОДЛИЧНО ЕРГОНОМСКИ РЕШЕН НА НОВ ИНОВАТИВЕН НАЧИН (ЗА ПРВПАТ ПРИМЕНЕТ ВО СВЕТОТ), ОДНОСНО ВО СКЛОП НА СТАНДАРДНАТА ОПРЕМА ИМА И ТРИ ВМЕТНУВАЊА СО МАЛА, СРЕДНА И ГОЛЕМА ДЕБЕЛИНА КОИ СЕ ПОСТАВУВААТ НА ЗАДНИОТ ДЕЛ

ОД РАКОФАТОТ, СО ЦЕЛ НЕГОВО ПОЛЕСНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ СПОРЕД РАКАТА НА КОРИСНИКОТ. ПИШТОЛОТ ПОСЕДУВА НЕКОЛКУ БЕЗБЕДНОСНИ МЕХАНИЗМИ. ПРВИТЕ ПРИМЕРОЦИ НА „P99“ СТАНДАРДНО БИЛЕ ОПРЕМЕНИ СО ЧЕЛИЧНА ДВОРЕДНА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА СО КАПАЦИТЕТ ОД 16 КУРШУМИ (СО КАЛИБАР 9 mm), НО ПОДОЦНА СТАНДАРДНАТА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА Е МОДИФИЦИРАНА И Е СО КАПАЦИТЕТ ОД 15 КУРШУМИ. ИНАКУ, РАЗВИЕНИ СЕ И РАМКИ ЗА МУНИЦИЈА СО КАПАЦИТЕТ ОД 10,17 И 20 КУРШУМИ. РАМКИТЕ ЗА МУНИЦИЈА ИМААТ МАЛИ ОТВОРИ ЗА ПОДОБРА ПРЕГЛЕДНОСТ НА СОСТОЈБАТА СО МУНИЦИЈА.РАСКЛОПУВАЊЕТО И СКЛОПУВАЊЕТО НА ПИШТОЛОТ Е ЕДНОСТАВНО И СЕ ИЗВЕДУВА БЕЗ АЛАТ. ИНАКУ, ПИШТОЛОТ СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО 12 ВЕРЗИИ.

Ивица Дамески

Page 17: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

PI{TOL „Walther P99“

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА WALTHER P��

КАЛИБАР ¦ mm

КУРШУМ ¦х�¦ mm

ДОЛЖИНА �§� mm

ВИСОЧИНА ��¡ mm

ШИРОЧИНА (ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВМЕТНУВАЊЕТО НА РАКОФАТОТ) од �¦ mm до �� mm

ДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА ��� mm

ДОЛЖИНА НА НИШАНСКА ЛИНИЈА �¡¦ mm

ТЕЖИНА ПРАЗЕН ��� g

ТЕЖИНА НА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА §� g

ЕФЕКТИВЕН ДОСТРЕЛ �� m

БРЗИНА НА ПРОЕКТИЛОТ НА ИЗЛЕЗ ОД ЦЕВКАТА ��§ m/s

СТАНДАРДЕН КАПАЦИТЕТ ЗА РАМКАТА ЗА МУНИЦИЈА �¡ куршуми

13. Пружина од рамката за муниција

14. Потиснувач на куршуми од рамката за муниција

15. Рамка на пиштолот изработен од полимер, зајакнат со стаклени влакна

16. Рамка за муниција17. Лост за утврдување/ослобо-

дување на рамката за муниција18. Утврдувач на затворачот19. Чкрапало20. Лост за ослободување на

навлаката при расклопување на пиштолот

21. Водиште со повратна пружина22. Шина за прифаќање на

ласерски нишан или тактичко светло

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА WALTHER P��13. Пружина од рамката за

муниција

12

34 5 6

78

9

10

11

12

13

14

151617

18

19

2021

22

Page 18: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

eneral Dynamics (сега „Lockheed Martin“) F-16 Fighting Falcon“ е едно-eneral Dynamics (сега „Lockheed Martin“) F-16 Fighting Falcon“ е едно-eneral Dynamics (сега „Lockheed

моторен, суперсоничен, пове ќе на-мен ски тактички авион. Дизајниран е

да извршува различни видови мисии. Мно-гу е помал и полесен од своите претходни-ци, но користи напредна аеродинамика и авионика, вклучувајќи ја и првата употреба на статичка стабилност за да се постигне зголемена ефикасност при изведување ма-неври. При доставеното барање на одбра-ната на САД за ваков авион во 1972 годи-на, пет компании доставиле понуди помеѓу кои и компаниите „General Dynamics“ и „Northrop“. Двете компании биле избрани со договори во вредност од 37,9 милиони долари и 39,8 милиони долари за да ги про-изведат прототиповите YF-16 и YF-17. Во тоа време, северноатлантските сојузници на НАТО, Белгија, Данска, Холандија и Норвешка (European Participation Group) се обидувале да ги заменат своите тогашни авиони „F-104G“.Победникот бил објавен на 13 јануари 1975 г., кога секретарот на „Air Force“, John L. McLucas го објавил победникот, „YF-16“. Главните причини за изборот биле помали-те оперативни трошоци, долетот, маневар-ските перформанси, како и употребата на „Pratt & Whitney F100“ моторите, а истите што ги користел и авионот „F-15“ кој тогаш се употребувал. Во оперативна употреба „F-16“ влегол за 5 години, односно во 1980 година. Од друга страна, за време на нат-преварот во морнарицата на САД - Navy Air Combat Fighter (NACF), на 2 мај 1975 го-дина морнарицата го селектирала моделот „YF-17“, кој послужил како основа за авио-нот „McDonnell Douglas F/A-18 Hornet“. За повеќе од 40 години „F-16“ се покажал како еден од најспособните повеќенаменски

Electronically Scanned Array (AESA) Radar, Advanced Mission Computer и Center Pedestal Display. Компанијата „Lockheed Martin“ на која се должи развојот на авионот е формирана како резултат на спојување на светски тех-нолошки компании во 1995 година, одно-сно на две корпорации, и тоа „Lockheed Corporation“ и „Martin Marietta Corporation“. Таа е број еден во светот по вредноста на договорената сума за продажба на воената технологија. Целта е да се обезбеди целосен спектар на воздухопловни ресурси за да им овозможи на САД и на нивните сојузници да спроведат воздушни операции насекаде во светот и во секое време. Речиси 80% од ба-зата на клиенти на компанијата е со амери-

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ТАКТИЧКИ АВИОН

„F-16 FIGHTING FALCON“

авиони од четвртата генерација, присутен во 28 земји од целиот свет. Од првиот лет на „F-16“ во 1974 година, „Lockheed Martin“ во текот на четири децении на тех-нолошките достигнувања и 138 различ-ни конфигурации, довел до тоа авионот „F-16“ да отиде далеку од оригиналните варијанти.До денес компанијата има произведено повеќе од 4500 модели F-16 и развиени надградбени програми за 11 земји. Во моментов е во развој новата F-16 Viper-конфигурација (честопати се нарекува F-16V), која е достапна како нова произ-водна програма или како надградба на програмата за постојните флоти. F-16V вклучува функции како што се: Active

Page 19: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

канскиот Оддел за одбрана и Федералната влада на американските агенции. Всушност, таа е најголемиот провајдер на ИТ-услуги, системска интеграција и обука на Владата на САД, а во останатиот дел од бизнисот компанијата е пренасочена кон останати меѓународни владини органи. „Lockheed Martin“ е најголемиот производител на оружје во светот и ја држи доминацијата во секторот за производство на борбени авио-ни, вклучувајќи борбени и транспортни авио-ни, проектили, како и вселенски системи. Таа освоила милијарди долари од договорот за изградба на ново вселенско летало со цел да ги замени шатловите на НАСА, да испра-ти човек на Месечината за прв пат по 1972 година и да биде претходник на вселенски брод со екипаж за Марс. Познати продукти на компанијата се: Trident-проектили, P-3 Orion, F-16 Fighting Falcon, F-22 Raptor, C-5 Galaxy, C-130 Hercules, A-4AR Fightinghawk, Titan rockets и многу други во состав на бо-гатиот арсенал. КАРАКТЕРИСТИКИЕдна од повеќето значајни карактеристики за пилотот е исклучително поле на пре-гледност од пилотската кабина, функција која е од витално значење за време на „воздух-воздух“ борба. Може да издржи 9-g маневри и да достигне максимална брзина од над 2 маха. „F-16 Fighting Falcon“ е дизајниран да биде релативно евтин и поедноставен за одржување отколку претходната генерација борбени авиони. Конструкцијата е изградена со околу 80% алуминиумски легури, 8% челик, 3% меша-вина, и 1.5% титаниум.Познатите системи Four-channel, Fly-by-wire (FBW) и Flight control system (FLCS) вршат илјадници мерења во секунда и автомат-ски прават корекција на отстапувањата од траекторијата на летот кога истата не била внесена од пилотот. Затоа постои фразата од страна на пилотите: „You don’t fly F-16, it flies you – Ти не леташ со Ф-16, тој те лета тебе.” Аионот „F-16“ може да биде опремен со: Head-Up Display (HUD), Multi-Function Displays (MFD), Colour Flat-Panel Liquid Crystal Multifunction Displays - Primary Flight Display (PFD) и System Display (SD), Boeing Joint Helmet Mounted Cueing System (JHMCS) достапен за варијантата Block 40, систем Hands On Throttle-And-Stick (HOTAS), Jammers аnd Electronic Countermeasures Equipment, Doppler Beam-Sharpening, Mo-dular Mission Computer, Ground Moving Target Indication, Improved Data Modem (IDM), Sea Target, Low-Altitude Navigation and Targeting Infra-Red for Night (LANTIRN) Pods, Global Positioning System (GPS), SAR Mapping и Terrain-Following Radar. Повеќе од 4450 авиони се изградени од почетокот на производството во 1976 го-дина. Денеска модернизираните и надгра-дени верзии се уште се произведуваат за извоз. Авионот вклучува бројни иновации, вклучувајќи системи за подобра преглед-ност, од страна монтирани команди за да се олесни контролата при маневрирање и седиште за намалување на ефектот на g-силите на пилотот. Располага со широк спектар на „воздух-земја“ проектили, ракети и бомби. Инте-ресна е состојбата со подвесните точки за резервоарите за гориво каде ги има дури единаесет - шест под крилата, два околу и три под трупот на авионот. „F-16 Fighting

Falcon“ има внатрешни M61 Vulcan-топови и 11 подвесни точки за поставување оруж је и друга опрема за извршување на мисиите. И покрај тоа што за F-16 официјалното име е „Fighting Falcon“, тој е познат помеѓу пилотите како „Viper“, што се должи на не-говиот изглед на змија-отровница.

ОПЕРАТИВНА УПОТРЕБА„F-16 Fighting Falcon“ моментално е во употреба во речиси 30 држави. Поборни-ците на Военото воздухопловство на Аме-рика останале непријателски расположени кон концептот за „F-16“ авионите, бидејќи сметале дека со тоа се нарушува програ-мот „F-15“. Првата поголема испорака се случила за четирите европски партнери од групацијата позната како „European Participation Group“ со договорена пратка од 348 авиони, и тоа 116 за Белгија, 58 за Данска, 102 за Холандија и 72 авиони за Норвешка. Уште една производствена линија е воспоставена во Анкара, Турција, каде „Turkish Aerospace Industries“ (TAI) има произведено „F-16“ под лиценца за турските воздухопловни сили за време на доцните 1980-ти и 1990-ти години. Пред повеќе од 10 години „Korean Aerospace Industries“ отвори уште една производ-ствена линија за програмата „KF-16“. Индија го избира „F-16IN“ за своите сред-ни, мултиборбени набавки на авиони.Најчесто и како најзначајни во употреба се следните варијанти: F-16V (најнова ва-ријанта), Block 50/52 (осма по големина модификација на помоќни мотори, дис-плеи во кабината и електронски софтвер) и Block 60 (вклучува нови, дополнителни резервоари за поголем долет, нови упра-вувачки контроли, можност за радарска детекција и понова авионика).

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „F-�� FIGHTING FALCON“

ПОСАДА едносед Ф-��Е, двосед Ф-��Ф

ДОЛЖИНА �¡.�� м

ВИСИНА ¡.�¦ мТЕЖИНА НА ПРАЗЕН АВИОН ¦.��� кг

МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ПОЛЕТУВАЊЕ ��.��� кг

МАКСМАЛНА БРЗИНА на морско ниво �.� мах (�.��� кm/h)на висина � мах (�.��� кm/h)

БОРБЕН РАДИУС ¡¡� кмДОЛЕТ СПОРЕД РАСПОЛОЖИВОТО ГОРИВО �.��� км

ПЛАФОН НА ЛЕТ повеќе од �§.��� мБРЗИНА НА КАЧУВАЊЕ �¡� м/сек

ВООРУЖУВАЊЕ - M��A� Vulcan, �-barrel Gatling cannon- Hydra �� mm rocketsAir-to-air missiles:- �× AIM-� Sparrow- �× AIM-¦ Sidewinder- �× AIM-��� AMRAAM- �× IRIS-T- �× Python-�Air-to-ground missiles:- �× AGM-�¡ Maverick- �× AGM-§§ HARM- AGM-�¡§ Joint Air-to-Surface Standoff Missile (JASSM)Anti-ship missiles:- �× AGM-§� Harpoon- �× AGM-��¦ PenguinBombs:- §× CBU-§� Combined Eff ects Munition- §× CBU-§¦ Gator mine- §× CBU-¦� Sensor Fuzed Weapon- �× GBU-�� Paveway II- �× Joint Direct Attack Munition (JDAM) series- �× AGM-�¡� Joint Standoff Weapon (JSOW)- B�� nuclear bomb- B§� nuclear bomb

На 28 април 1981 година за првпат ави-онот во воени дејства го употребиле из-раелските воздухопловни сили (IAF) над долината Бекаа против сириските воз-духопловни сили. На 7 јуни 1981 година, осум израелски „F-16“, придружувани од „F-15“, ја извршиле операцијата „Опера“ во Ирак како прва „воздух-земја“ операција. Со оваа постапка сериозно бил оштетен ирачкиот нуклеарен реактор во изградба во близина на Багдад со цел да се спречи режимот во тоа време да го злоупотреби реакторот за создавање нуклеарно оружје. Авионот F-16 е употребен и во борбите за време на операцијата „Пустинска бура“ во 1991 година, а подоцна и на Балканот. Последната испорака на авионот за аме-риканското воено воздухопловство се случи на 18 март 2005 година. Испорака-та ја извршил американскиот бригаден ге-нерал ЏЕФ Ример, истиот човек кој беше директор на програмата за „F-16“ во мо-ментот кога бил потпишан договорот со компанијата. Овој авион беше последниот од серијата од 2231 авион произведен за американското воено воздухопловство. Генералот имаше двострано задоволство, да лета со првиот испорачан авион „F-16“ во базата „Едвардс“, а сега да лета и на по-следниот испорачан авион. Меѓутоа, раз-ликите во управувањето и можностите на авионот од 1978 до 2005 година, значи-телно се промениле во текот на изминати-от период.Предвидено е авионот да остане во служба на американските воздухопловни сили до 2025 година. Планирана замена за „F-16“ е авионот „F-35“ (Lightning II), кој постепено ќе ја започне ерата на замена на еден од најмногу експлоатираните авиони помеѓу земјите-членки на програмата.

Драган Павловски

Page 20: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

овиот руски тенк „Армата Т-14”, на Денот на победата над фашиз-мот - 9 Мај, оваа година за првпат официјално се појави пред светска-

та јавност на воената парада на Црвениот плоштад во Москва. Името „Армата” потек-нува од латинскиот збор „arma”, што значи оружје, и истиот претставува стар руски збор за оружјето од 14 век.„Армата Т-14” е конструиран и произведен од руската компанија „Уранвагонзавод” во Нижни Тагил во период од 2010 до 2015 година. Тенкот има сосема нов концепт, кој драматично се разликува од досегашните познати концепти на современите тенкови. Клучната разлика на новиот таканаречен „Армата”- концепт се состои од далечински управуваното борбено одделение кое се наоѓа во куполата на тенкот (без членови на посадата), во која е сместен автоматскиот наоѓа во куполата на тенкот (без членови на посадата), во која е сместен автоматскиот наоѓа во куполата на тенкот (без членови на

полнач на топ и муницијата, и управувачко-то одделение кое претставува еден вид на капсула, заштитена со повеќеслоен оклоп, во која е сместена тричлената посада. Во управувачкото одделение (на предниот дел на телото на тенкот, пред куполата) коман-управувачкото одделение (на предниот дел на телото на тенкот, пред куполата) коман-управувачкото одделение (на предниот дел

дирот е сместен на десната страна, возачот на левата страна од тенкот и нишанџијата во средина. Оклопната капсула, направена од повеќеслоен оклоп со еквивалент на хо-могена челична плоча од 900 мм во која се сместува посадата, може да ги сочува нив-ните животи и во случај тенкот да биде ди-ректно погоден.Основното вооружување на овој тенк е топот „2А82-1М“ 125 мм со мазна цевка и далечинско управување, кој овозможува

е изоставен, бидејќи барутните гасови не претставуваат опасност за посадата која се наоѓа надвор од куполата, одно-сно се наоѓа во оклопната капсула пред куполата. На врвот од цевката на топот е поставен „Мuzzle Reference System“ (елек-тронска направа, наменета за мерење на аголот на цевката на топот, кој системот за управување со оган го зема предвид за по-прецизно гаѓање). На техничко ниво топот „1А82-1М“ е супе-прецизно гаѓање). На техничко ниво топот „1А82-1М“ е супе-прецизно гаѓање).

риорен во однос на сите постоечки тенков-ски топови од 1,2 до 1,25 пати. За овој топ развиен е нов вид на подкалибарен про-ектил под името „Вакуум-1” со должина од 900 мм, кој може да пробие хомоген челик

новиот руски супертенк

ƒARMATA T-14™

уништување на цели на далечина до 8000 м, детекција на цели до 5000 м (ноќе до 3500 м), оптичко зголемување на нишан-ска направа х4 и х12 и брзина на гаѓање од 10-12 пректили во минута, со помош на ав-томатски полнач. Ласерскиот далечиномер има можност да мери далечини до 7500 м. Топот, исто така, има можност да испу-ка противтенковски проектил со ласерско водење со успешно дејство на далечини до 5000 м. „2А82-1М“ 125 мм има термички ракав на цевката, но на цевката не постои исфрлач на барутни гасови, кој практично постои на сите досегашни тенковски топови. Во овој случај исфрлачот на барутни гасови

Page 21: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

со дебелина од 1000 мм на далечина до 2000 м.Борбениот комплет на топот изнесува 45 проектили, од кои 32 проектили можат да се постават во автоматот за полнење.Дополнително, тенкот е вооружен со ми-тралез „ПКТМ“ 7,62 мм на далечинско управување со борбен комплет од 1000 куршуми, интегриран со независниот си-стем за набљудување и нишанење на ко-мандирот на тенк, со што е овозможено командирот и нишанџијата да дејствуваат независно и истовремено по различни цели. Тенкот „Армата Т-14” како основен оклоп го користи новиот тип на лесен оклоп по-знат под ознаката „44С-СВ-Ш”, произведен од специјалистите од Научноистражувач-киот институт за челик. Употребата на овој челик како оклоп, наместо традиционални-от челик, овозможува да се „ослободат“ стотици килограми тежина од тенкот, и истиот се користи и како конструкциски материјал за тенкот. Модули од реактивен оклоп (ERA-explosive reactive armour) се по-ставени на предниот, на горниот и на стра-ничниот дел од куполата, додека на телото на тенкот се поставени на предниот дел и странично, за заштита на одниот дел од тенкот. На тенкот „Т-14“ се поставени два уреди за активна заштита на двете страни на куполата. Уредите се покриени со пасивен оклоп за балистичка заштита. Овие модули гo интегрираат системот за активна зашти-та „Afghanit”, кој вклучува „Ka band”, радар (26.5–40GHz) за откривање, следење и пресретнување на дојдовни противтенков-ски проектили. Во моментов, максималната брзина на пресретнување на проектили е 1.700 м/sec , со проекција за зголемување до 3.000 м/sec. Радарот „Ka band” има опсег до 100 кило-метри и главно се користи од страна на ак тивниот систем за заштита. Радарот може да следи истовремено до 40 цели во воздух или до 25 цели на земја со голе-мина до 0.3 м. Системот за следење обе-збедува автоматско решение за гаѓање и уништување на целта, кое може да се пре-несе на активниот систем за заштита или до компјутерот за контрола на основното вооружување. Платформата „Армата“ е конфигурира на со активен систем за откривање и униш-тување на противтенковски мини кои доаѓаат во пресрет на тенкот. Системот е монтиран на долниот дел на предниот раб на тенкот.Моторното одделение се наоѓа на задниот дел на тенкот каде е сместен „ChTZ 12Н360 (A-85-3A)” четворотактен дизел-мо тор со 12 цилиндри, поставени во по зиција „Х”, елек-тронски контролиран, кој може да произве-де моќност до 1500 кс, но ограничен е до 1200 кс за нормална употреба. Моторот во спрега со 12 брзински автоматски менувач овозможува движење на тенкот до 90 кило-метри на час со акционен радиус од 500 км. Тенкот е опремен со систем за суспензија кој е инсталиран на секое потпорно тркало на тенкот, со што е овозможена поединечна контрола и подесување на истите. Уникатно за рускиот дизајн, трансмисијата е соедине-та со моторот во една единица која во бор-бени услови може да се замени за нешто помалку од 30 минути.Моторното одделение дополнително е заштитено од левата и од десната стра-

на со решеткаст оклоп за предвремено активирање на кумулативни проектили.Во моментов тенкот е со тежина од 48 тона, но основата на тенкот во спрега со неговиот мотор овозможува дополнител-но оптеретување од 15 тона, што нуди можност за дополнително опремување на тенкот. Командирот и нишанџијата во голема мера имаат идентични мултиспектрални направи за набљудување и нишанење во видливиот и инфрацрвениот спектар, со ласерски мерачи на далечина. Нишанска-та направа на командирот е поставена на врвот на куполата на тенкот и има видно поле од 360°, додека на нишанџијата е поставена на предниот дел на куполата

лево од топот. Возачот има класични пе-рископи за набљудување и дополнителен дисплеј на кој има видно поле од 360° со помош на надворешните FLIR (термални) видеокамери со висока резолуција. Слика-та од видеокамерите е достапна за сите членови на посадата. „Т-14“ користи високо заштитени комуни-кациски канали кои го поврзуваат со група на тенкови „T-14“ и со командно место. Во тенкот има вградено интегриран систем на компјутерска контрола која ја следи состојбата и функциите на сите модули на тенкот. Во текот на борбените дејства софтверот може да анализира закани, а

потоа да сугерира или автоматски да пре-земе активности за да ги елиминира.Стандардната опрема на новиот руски тенк „Армата Т-14” вклучува: систем за дневно-ноќно нишанење и набљудување, систем за НХБ-заштита, дозерски нож за расчистување на препреки и изработка на огнена позиција, односно самовкопување, систем за детекција и гаснење на пожар, систем за борбен менаџмент, систем за навигација, компјутеризиран систем за управување со оган кој овозможува гаѓање во движење со голема веројатност за погодок со прв проектил, систем за ак-тивна заштита, систем за активна против-минска заштита, дополнителен мотор за тивок режим на работа и систем за кружно

набљудување со помош на видеокамери со висока резолуција. Два тенкови од овој тип, со посадите и севкупната опрема, многу лесно можат да се транспортираат од едно место на друго со помош на транспортниот авион „Ан-124”.„Армата Т-14” е проект кој досега е нај-блиску до потполно роботизиран тенк. За-падните земји засега не работат на сличен проект како „Армата“, единствено Кина, Кореја и Јапонија работат на проекти за „паметни тенкови“, но Русија во однос на ова прашање е чекор пред сите.

Зоран Стојановски

Page 22: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

о 1975 година беше изготвена сту-дија од страна на швајцарската ком-панија „Oerlikon-Bührle“ (денес „Oer-likon Contraves division“), која во 1979

година иницираше договор со „Martin Marietta“ (сега „Lockheed Martin“), со цел да се развие „ADATS“ (Air Defence Anti-Tank System – противвоздушен и против-тенковски ракетен систем), како приватна инвестиција. Системот е дизајниран да врши одбрана од нисколетечки авиони, хеликоптери, беспилотни летала, крста-речки ракети, а исто така и да напаѓа тенкови и оклопни возила. Во јуни 1981 година, првите гаѓања се реализираа на полигонот „White Sands“, New Mexico, а испитувањата на комплетениот систем започна во 1982 година. Развојот на овој ракетен систем е завршен во 1984 година. Швајцарската армија го тестира-ше „ADATS“ во 1984 година, додека пак армијата на САД го тестираше во 1985 го-дина. Системот бил селектиран за развој, со цел да се исполнат побарувањата во тоа време (1986 година), за „FAAD-LOS-FH“ (Forward Area Air Defence Line Of Sight Forward Heavy). На ракетниот систем „ADATS“, од стра-на на САД му беше доделен називот „MIM – 146“, но програмата за амери-канската армија беше прекината во 1992 година. Претходно, во јуни 1986 година, вооружените сили на Канада го избраа „ADATS“ како дел од постоечки-от систем, за да се исполнат барањата на противвоздушна одбрана на мали

со краток дострел кој има двојна наме-на, и тоа наменeт е за противвоздуш-на одбрана на единици и објекти на територија, како и за противоклопна и противтенковска борба.Ракетата за „MIM-146A ADATS“ има четири мали засечени управувачки кор-мила на задниот крај. Приемниците за ласерско наведување се наоѓаат на две спротивни кормила. Ракетата е долга 2,05 метри, има дијаметар од 0,15 м и тежи 51,4 килограми пред лансирање.

РАКЕТЕН СИСТЕМ ЗА ПВО СО КРАТОК ДОСТРeЛ

„MIM-146 ADATS“

височини. Досега се развиени повеќе варијанти на овој систем (на возила и стационарни – во засолниште), но ис-тотака во 1997 година беше предложе-на за развој и поморска варијанта. Од страна на „GEC-Marconi“ со „Lockheed Martin“ и „Oerlikon Aerospace“, беше раз-виена програма за инсталирање на си-стемот на фрегати, кои ќе го користат за сопствена одбрана. Оваа помарска варијанта го доби називот „Sea Sprint“.„ADATS“ претставува ракетен систем

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА РАКЕТАТА

ДОЛЖИНА �.�¡ м

ДИЈАМEТАР �.�¡ м

ТЕЖИНА ПРЕД ЛАНСИРАЊЕ ¡�.� кгТЕЖИНА НА БОЕВА ГЛАВА ��.¡ кг

РАКЕТНО ГОРИВО цврсто горивоЗОНА НА УНИШТУВАЊЕ височина до � км и далечина до �� км

БРЗИНА > � Мах ПЕНЕТРИРА ВО ХОМОГЕН ОКЛОП СО ДЕБЕЛИНА до ¦�� мм

Page 23: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

Боева глава за двојна намена тежи 12,5 килограми, со обвивка која обезбедува фрагментација - во услови на гаѓање на авиони и дополнително полнење кое обезбедува пенетрација во оклоп со де-белина од 900 милиметри - во услови на гаѓање на цели на земја. Боевата глава се активира при контакт (за цели во воз-дух и на земја) или ласерски за близин-ско активирање (за цели во воздух), со можност за избор од страна на опера-торот пред да изврши лансирање. Ра-кетата се забрзува до брзини поголеми од 3.0 Маh, поттикната од еднофазен мотор на цврсто гориво. Таа е способ-на за маневар до максимални 60 g на оптоварување и за успешно гаѓање на цели во воздух на далечини до 10 км и

височини до 7 км. Ракетата е вметната во контејнер кој има должина од 2,2 м, со дијаметар од 0,27 метри и тежи 16 килограми кога е празен. Ракетниот систем „ADATS“ се состои од вртлива платформа (360º), опремена со набљудувачки радар, инфра-црвено и телевизиско наведување, уред за ласер-ско одредување на далечина до целите и ласерско наведување на ракетата. На вртливата платформа е поставена лансирна рампа со четири контејнери со по четири ракети од двете страни на платформата. Оваа платформа може да се инсталира на различни типови на возила (точкаши или гасеничари), но во најголем број на случаи таа е инсталира-на на возилата „M113“ и „М3 Bradley“. Возилото „M113“, кое може да достиг-не максимална брзина на асфалтен пат до 60 километри/час, е со должина од 5,7 метри, ширина од 2,86 m и висина од 3,9 метри. Истото, поседува вграден набљудувачки радар.

Вртливата платформа овозможува га-ѓање на цели при елевација од -10 до + 90°. Во возилото се инсталирани две контролни конзоли, едната за операто-рот на радарот, а другата за операто-рот со електро-оптиката, односно стре-лецот. Воздушните цели се откриваат со помош на I/J-band пулсен радар, со антена која ротира со брзина од 57 врт./мин. Овој радар е произведен од страна на „Contraves Italiana“. Радарот е целосно кохерентен и фреквентно агилен во подрачјето помеѓу 8,5 и 9,5 GHz и способен е за симултано следење на 10 цели, кои се наоѓаат на височини од 50 до 8.600 метри и далечини до 25 км. Радарот е опремен со уред за идентификација на целите на свој/туѓ и отпорен е на пречки. Инфра-црвениот (термовизиски) уред е со долг дострел, кој работи со зрачење со бранови дол-жини од 8 до 12 µm, додека пак визуел-ниот систем (телевизискиот) е со покра-ток дострел. Информациите од двата сензори се пренесуваат на екранот, кој е управуван од страна на стрелецот. Веднаш, штом операторот на радарот ќе означи некоја цел како непријателска, подвижната платформа автоматски се врти во правец на целта и пребарува, со цел да ја насочи платформата со раке-

ти во целта, односно во точката во која „гледаат“ термовизискиот и телевизиски-от уред, кои се наоѓаат на предниот дел на платформата помеѓу ракетите. Потоа, стрелецот го избира термовизискиот или телевизискиот начин на следење, во за-висност од нивото на светлост и времен-ските услови. Избраниот сензор врши за-фат на целта и започнува автоматското следење. Далечината до целта се мери и со ласер и помош на радарот. Откако

цел ќе влезе во зона на уништување, се извршува лансирање на ракетата која се наведува кон целта.Кога ракетата се користи во режим за гаѓање на цели на земја, целите на земја се нишанат електро-оптички, а далечи-ната до целта се одредува со помош на ласер. Ракетниот систем „ADATS“ може да интегрира до шест огнени единици во мрежа на ниво на батерија за ПВО. Ог-нените единици може да се оддалечени помеѓу себе до 20 км при користење на радио линкови. Системот има вградено опрема за самотестирање, а животниот век на ракетата е 15 години.Производството на ракетниот систем „ADATS“, започна во јуни 1986 година, во фабриката „Oerlikon Aerospace“, во близина на Монтреал во Канада. Во но-ември 1986 година, армијата на САД објави дека „Martin Marietta“, заедно со „Oerlikon-Contraves“ од Швајцарија, беа избрани како најдобри за реализација на договорот за производство на системот врз основа на „FAAD-LOS-FH“. Првите че-тири произведени возила беа испорача-ни во 1989 година, со цел реализација на оперативни тестирања и евалуација. Овој проект требаше да заврши до средината на 1990 година, но беше проширен за да се подобат способноста и сигурноста на системот. Ограничувањето, за производ-ство на 358 огнени единици за американ-ската војска до 1992 година, беше ставе-но вон сила, а истата година програмата за американската армија беше прекината.

Беше објавено, дека до 1996 година биле реализирани повеќе од 200 живи гаѓања со ракети за овој ракетен систем. „ADATS“ е во продукција на „Oerlikon Aerospace“ за „CF-LLADS“ (Canadian Forces Low Level Air Defence System), а првиот ракетен систем од овој тип беше испорачан до канадски-те вооружени сили во октомври 1988 година. Целокупниот систем за ПВО на мали височини на кандаските вооружени сили се состоеше од 36 огнени единици „ADATS“ (монтирани на возила од типот M113), кои помеѓу другото, беа ангажира-ни во заштитата на воздухопловни бази во Германија. Во октомври 1989 година беше објавено дека, кралските воздухо-пловни сили на Тајланд се во преговори за купување на 10-20 огнени единици, кои планираат да ги интегрираат со својот систем за контрола на оган „Skyguard“. Овој проект е реализиран и системот се наоѓа во вооружување на кралските воз-духопловни сили на Тајланд.

Т.Д.

Page 24: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

орензиката започнува од ске ни рање на местото на извршување на де-лото и собирање на докази. Мошне важно е пронаоѓање на предмети

како физички доказ за понатамошна ана-лиза. Пронајдените предмети е потребно да бидат соодветно третирани (под ова се подразбира посебно спакувани, означени и транспортирани) и понатаму процесуи-рани на вештачење. Ваквото третирање на доказите е неопходно бидејќи истите можат да бидат контаминирани од раз-ни споредни материјали, при што истите нема да можат да бидат процесуирани на суд како доказен материјал. Оваа по-стапка се вика континуитет на доказен материјал.

ФОРЕНЗИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ДОКАЗОТПри вршење на увид на местото на извршување на делото (ова значи мо-ментално истражување на местото каде е извршено делото со собирање на физич-ки докази и реконструкција на настанот), собраните физички докази понатаму се испитуваат во форензички лаборатории, со цел да се констатираат доказите и нивната употребливост. Кога говориме за употребливост на доказите тоа под-разбира автентичност на доказите, логич-ност и нивна чистота (неконтаминација со останати материјали). Споменавме дека ност и нивна чистота (неконтаминација со останати материјали). Споменавме дека ност и нивна чистота (неконтаминација со

собраните докази се процесуираат на судска медицина со цел утврдување на врска меѓу местото на извршување на делото и евентуално осомничени лица. Според Локард (Jackson & Mountain,

претставуваат спрега помеѓу инволвира-ните лица, но и помеѓу различни локации на извршување на делото. Ваквите до-кази кои поврзуваат различни лица или објекти, односно места на настани, се викаат асоцијативни докази. Доказите се дел од дедуктивниот, односно индук-тивниот процес на анализа, односно тоа значи дека дека истите можат да вклу-

2008a:3-9), секој контакт остава трага. Теоретски тоа значи дека секој физички контакт помеѓу лица или лица и објект резултира со пренос на траги од физички доказ. Како доказни траги се коса (влакна од коса), влакна, стакло, телесни течности доказ. Како доказни траги се коса (влакна од коса), влакна, стакло, телесни течности доказ. Како доказни траги се коса (влакна

(крв, лимфа, плунка, семена течност и од коса), влакна, стакло, телесни течности (крв, лимфа, плунка, семена течност и од коса), влакна, стакло, телесни течности

др.) и остатоци од барут или експлозив-(крв, лимфа, плунка, семена течност и др.) и остатоци од барут или експлозив-(крв, лимфа, плунка, семена течност и

ни честички. Доказните траги може да

ПРИМЕНЕТА НАУКА ВО ПОДДРШКА НА БЕЗБЕДНОСТА

FO

RE

NZ

IK

A

ФОРЕНЗИКАТА Е НАУКА КОЈА ИГРА КЛУЧНА УЛОГА ВО ИСТРАЖУВАЊАТА НА КРИВИЧНИ ДЕЛА, И ТОА ВО ФАЗА НА ПРОНАОЃАЊЕ НА ДОКАЗИ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО Е ИЗВРШЕНО ДЕЛОТО, ФОРЕНЗИЧКО СКЕНИРАЊЕ НА ДОКАЗИТЕ, ИЗВРШУВАЊЕ НАУЧНИ ТЕСТОВИ НА ДОКАЗИТЕ, ПА СÈ ДО НИВНО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ ВО СУДСКА ПОСТАПКА. АНАЛОГНО НА ТОА, НИЗ НЕКОЛКУ ПОГЛАВЈА ЌЕ ЈА ОБЈАСНИМЕ УЛОГАТА НА ФОРЕНЗИКАТА ОД НАУЧЕН И ПРАКТИЧЕН АСПЕКТ

Page 25: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

почетната хипотеза за реконструкција на настанот. Имено, секогаш се креира сценарио или хипотеза за тоа што се случило, па аналогно на тоа се започну-ва со собирање на сомнителните приме-роци заради утврдување или отфрлање на претходно поставените хипотези. На пример, доколку кај осомничено лице се пронајде пакет со бела прашкаста не-позната материја, почетната креирана хипотеза е дека станува збор за кокаин. Форензичката лабараториска анализа ќе треба да утврди дали почетната хипотеза е точна или не. Во некои случаи е неоп-ходно да се вршат позитивни контроли на подолго растојание. Под ова се подразби-

ра дека сомнителните примероци треба да се тестираат под разни околности и во различни услови заради утврдување на автентичноста со онаа на местото на извршување на делото. На пример, материјата која предизвикала експлозија во некој запалив склад, треба да се спо-реди со оние од опсегот на експлозивни или лесно запаливи течности за да се ут-врди причината за палење врз основа на идентификување на запаливата материја.

СПОРЕДБА НА ОТПЕЧАТОЦИ ОД МЕСТОТО НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДЕЛОТООтпечатоците направени од објекти и материјали како што се обувки, гума или алат се детектираат на местото на на-станот и се врши серија на отпечатоци за тестирање. Споредбата на тестираните отпечатоци со отпечатоци од објектите од местото на извршување на делото можат да покажат дека станува збор за објекти со исти класни каректеристики. Поната-мошната истрага води до издвојување на специфичните или детални каректеристи-ки на објектот кој се анализира. Физичките докази и отпечатоците од објектите можат да го дадат редосле-дот на настаните кои се случувале при извршување на делото. За таа цел се прават експерименти на симулации за да ја поткрепат почетната хипотеза. Ова е особено важно при употреба на огнено оружје, кога благодарение на балистичка-та пресметка може да се потврдат или да се отфрлат одредени хипотези.

ПРОФИЛИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТНИ ФОРЕНЗИЧАРИИмајќи предвид дека форензиката го дава завршниот збор во истрагите, не-миновно се детерминира потребата од профилирање на исклучително квалитет-ни форензичари кои се специјализирани во различни области (физичари, хемича-ри, балистичари и сл). Исто така, неопход-во различни области (физичари, хемича-ри, балистичари и сл). Исто така, неопход-во различни области (физичари, хемича-

на е соодветна обука и надоградување на нивното знаење. Мошне важно е да постојат акредитирани лаборатории за вршење на анализа, стандардизрани со ИСО 17025. Условите во овој меѓу на-роден стандард вклучуваат:– лабораторијата да поседува знаење,

вештини и способност да изведува про-пишани задачи и оваа компетенција да се придружува со редовен тренинг и со-одветна обука;

– да се обезбедат услови за складирање доказни примероци (и пред и по ис пи-тувањето), кои се соодветни за спор-доказни примероци (и пред и по ис пи-тувањето), кои се соодветни за спор-доказни примероци (и пред и по ис пи-

ниот материјал (треба да се избегнува тувањето), кои се соодветни за спор-ниот материјал (треба да се избегнува тувањето), кои се соодветни за спор-

секаков вид на контаминација, распад или губење на доказот);

– целосна оцена на сите технички проце-дури пред употреба за случајот или за верификација во установата на проце-дури кои претходно се оценети во дру-га лабораторија;

– соодветна употреба, одржување и ка-либрација на опремата употребена во форензичка лабораторија и кога е по-требно нејзина замена;

– целосна документација и соодветна кон-трола на референтните колекции (при-мероци од наркотици или куршуми);трола на референтните колекции (при-мероци од наркотици или куршуми);трола на референтните колекции (при-

– одржување „синџир на старателство“ за мероци од наркотици или куршуми);

– одржување „синџир на старателство“ за мероци од наркотици или куршуми);

да се демонстрира дека интегритетот на доказниот материјал не е компроми-тиран;

– употреба на соодветни мерки за кон-трола на квалитетот за да се осигура квалитетот на тестот и калибрација на резултатите. Достапните мерки вклучу-ваат алтернативни методи, независни проверки, позитивни и негативни кон-троли и повторни тестови;

– чување на сите потребни досиеја за пре-земените активности;

– презентирање на резултатите во фор-ма која соодветствува со барањата на ИСО 17025. (Jackson & Mountain, 2008b:13)на ИСО 17025. (Jackson & Mountain, 2008b:13)на ИСО 17025. (Jackson & Mountain,

Треба да се напомене дека е потреб на меѓународна организација за надг ле-дување на форензичкиот процес. Неј зи-ната улога би била вклучување во делот за контрола на стандардите на акреди-тираните форензички лаборатории (во делот на тестирање и калибрација) со тираните форензички лаборатории (во делот на тестирање и калибрација) со тираните форензички лаборатории (во

ИСО 17025, евалуација на форензичкиот процес каде носители се форензичките тимови, и секако, акредитирање на инди-видуалци-форензичари. Во следните броеви на ова списание ќе говориме за местото на извршување на делото (место на злосторството), за сни-мање на местото и за пронаоѓање на фи-зички докази. Исто така, во оваа руб рика за форензиката како наука во под дршка на безбедноста ќе бидат опишани наста-ни, односно злосторства кои се случиле во Македонија, со експлицитно објаснување на настаните кои воделе до откривање на сторителот кој го извршил делото.

д-р Игор Гелев

��

чуваат или да исклучуваат некои докази во контекст на истражување на местото на извршување на делото. На пример, пронајдена дрога кај различни лица или различни локации можат да потврдат или да отфрлат информација за тоа дали дро-гата потекнува од иста локација, од ист ку-пувач или потекло од земјата каде што е произведена. Исто така, со помош на фо-рензиката може да се утврди редоследот на настаните, начинот на настапување на смртта, редослед на испукување на бали-стички проектили и многу други работи при реконструирање на настаните. Исто така, доколку се пронајдат телесни докази (влакна или телесни течности), може да се утврди лична идентификација преку ДНК профилирање.

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА НАУЧНИ ДОКАЗИ НА СУДПри форензичката анализа, неопходен е извештај од страна на форензичарите, наод или форензичка анализа напиша-на во форма која би била употреблива за судската постапка. Тоа значи дека из вештајот треба да биде напишан раз-бирливо и за лицата кои не се научни работници, односно лица кои се дел од судскиот правен систем (судии и адвока-ти). Доказите изнесени од форензича-рите се користат најчесто за дела кои се мошне тешки и комплицирани во делот на докажување и матријалните докази се клучни за донесување на правилна одлука на судот. За таа цел, во судската постапка можно е во својство на сведок, експерт, да се појави и форензичарот.

НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ДОКАЗИТЕПо земањето на доказите за вештачење се започнува со квалитативна и кванти-тативна анализа. Целта на овој процес е да се добие релевантна информација поткрепена со научни докази. Со ква-литативната анализа се утврдува иден-титетот на субјектот, околностите на развојот на настаните, сценариото на настанот (информација за парцијална реконструкција на настанот), а со кванти-тативната анализа се утврдува количина-та и концетрацијата на одреден материјал или супстанца. За илустрација, со квалита-тивна анализа може да се утврди прису-ство на наркотици кај одреден консумент, а со квантитативна се утврдува видот и количината на наркотици. Кога се истражуваат доказите се кори-сти методот на споредба на доказите. На пример, се утврдува дали земените материјални докази од различни лока-ции се идентични или се исклучуваат меѓусебно. На пример, дали парчињата облека или коса пронајдени на местото на извршување на делото се идентич-ни, односно дали му припаѓаат на исто лице, со што можат да се извлечат за-клучоци за лицето подоцна низ негово ДНК профилирање. На пример, при извршување на убиство, дали трагите од гумите одговараат на местото на извршување на делото со гумите на воз-илото на осомничениот. Термин којшто се употребува за про-најден материјален доказ е терминот „сом нителен примерок” или „спорен при-мерок”. Основна водилка во истрагата е

Page 26: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

онкурсот за најдобар пишан есеј во организација на Евроатлант-скиот совет на Македонија имаше

цел да ги поттикне младите истражува-чи и студенти од земјата да истражу-ваат, да размислуваат, да дебатираат, но и да понудат свежи идеи на теми поврзани со динамиката и процесот на македонското зачленување во НАТО, зголемување на придонесот на Македонија до зачленувањето, но и по зачленувањето во НАТО. Истите беа испратени и прегледани од тричлена комисија составена од: претседателот на, универзитетски професор и висок претставник од Министерството за од-брана на Република Македонија.Со цел јавно да се објават и промови-раат победниците, Евроатлантскиот совет на Македонија организираше дополнителен настан каде што на тројцата најдобри кандидати им беа врачени вредносни чекови. Останати-те учесници на конкурсот добија серти-фикат за учество.Трите најдобро ран-гирани есеи добија парични награди (износ од 9.000 МКД за првонаграде-ниот, 6.000 МКД за второнаградени-от и 3.000 МКД за третонаградениот). Наградените кандидати, исто така вле-гоа во потесен круг за посета на се-диштето на НАТО во Брисел. Во овој број на „Штит“ го објавуваме првона-градениот есеј на младата Антоанета Ристоска.

„птица‘‘ и нејзиниот „лет‘‘ кон височи-ните на европските и евроатлантските структури ќе се задржи единствено на ниво на апстрактна цел, лишена од секаква реализација. Но, дали до-сегашните сведоштва на членките на Северноатлантското „јато‘‘ за врвните „летови‘‘ на Република Македонија во демократската, економската, безбед-носна и политичка сфера ќе придоне-сат „крилјата‘‘ на нашата држава да бидат вратени од оние кои успеаја да ги пресечат пред седум години? Колка-ви ќе бидат нашите достигнувања при употреба на истите, на евроатлантско-то небо?Тргнувајќи од кардиналното значење на Северноатлантската алијанса како најголема безбедносна организација која се залага за заштита на слободата, територијалниот интегритет и опште-ствените вредности на своите земји-членки, разбирлива е тенденцијата на нашата држава да го насочи нејзиниот сеопшт прогрес кон добивање на членство во истата. Со стекнување на статус како земја-членка на Алијансата, Република Македонија не-двосмислено ќе претставува земја која поседува видлив кредибилитет, цврст вредносен систем, висока безбедност и сигурност, кои заедно со поволната економска клима ќе бидат вистинска цел на интерес за странските инвести-тори. Нашите напори за реализирање

ПРИДОНЕСУВАЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА МАКЕДОНСКАТА „ПТИЦА“ ПРИ ЛЕТОТ КОН И ВО ЈАТОТО НА СЕВЕРНОАТЛАНТСКАТА АЛИЈАНСАДали некогаш би можеле да си го прет-ставите сопственото постоење во об-лик на птица-младунче, кое штотуку за-почнало да ги учи техниките на летање за да завладее со пространствата на животот? Дали можете да замислите како подоцна вашите крилја се отсеку-ваат и сте соочени со неможноста да го продолжите своето егзистирање, во свет каде останатите максимално го издигнуваат и го величат нивно-то? А, сега, дали сте способни да го пронајдете серумот против револтот и болката кога ќе согледате дека овие имагинарни и метафорични состојби се всушност реалноста во која живее целокупното македонско општество на евроатланското политичко тло? Лек, кој за жал, ја претставува раната која ни беше нанесена уште пред се-дум години на Букурешкиот самит на НАТО на 3 април 2008 година. Блока-дата за отпочнување на членството во најголемата светска воено-политичка алијанса за колективна безбедност што се наметна на Република Македонија, се наметна на Република Македонија, ги пресече крилјата на оваа „птица‘‘. ги пресече крилјата на оваа „птица‘‘.

Така оневозможена да ги рефлектира суштинската убавина и потенцијал кои ги поседува, се чини дека македонската

НАГРАДЕНИ ЕСЕИ НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕВРОАТЛАНТСКИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

KREATIVNI MISLI I POZITIVNA ENERGIJA

NA PATOT KON NATO

Page 27: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

систем, и да ги чувствува бенефитите од унапредената пазарна економија. Не постои ниту една солидно аргумен-тирана причина на нашата земја да се се забрани позиција во евроатлантското семејство на развиени демократии, кое патем, ,,де јуре‘‘ ја поседува благодаре-ние на позитивните оцени од Алијансата за континуирано дадените придонеси во нејзините мисии. Но, зошто тогаш не ни е дозволен „лет‘‘ во височините на ев-роатланското небо, во „јатото“ на НАТО, кога кристално јасно го изразуваме на-шиот потенцијал како земја-аспирант?За изнаоѓање одговор на поставеното прашање потребно е да се повикаме на досегашните активности извршени за Северноатлантската алијанса под асистентската палка на нашата држава, како индикатор за успешноста на маке-донските интероперативни капацитети, но и сознанијата кои ги стекнавме од ис-тите на патот до добивање на членство во Алијансата. Република Македонија континуирано ја манифестира својата силна посветеност за поддржување и исполнување на НАТО вредности-те, и ова јасно го демонстриравме во долготрајниот придонес во мисијата за ИСАФ. Овие активистички дејности имаа огромни придобивки, како за Алијансата

така и за внатрешниот развој на нашата држава. Многубројните воени операции во кои партиципиравме го облагородија безбедносниот сектор на нашата држава со сознанија за подобар развој на квали-тетни одбранбени реформи, а последо-вателно и на високо компетентни опера-тивни способности. Ова недвосмислено покажува дека Македонија ги разбира и ги имплементира евроатлантските вредности во своето функционирање, бидејќи преку вложување во градењето на подобар безбедносен систем во внатрешноста, ние придонесуваме за воспоставување на трајна стабилност и мир и на глобално ниво. Вистинитоста на нашите постапки се согледува преку фактот дека, и покрај тоа што ни беше ставено вето од страна на јужниот со-сед при обидот за влез во членството на НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година, ние сепак останавме доследни

во нашите залагања и понатамошни придонеси за остварување на целите на Алијансата. Ова јасно се докажува преку нашето учество со огромен воен капа-цитет во мисијата ,,Одлучна поддршка‘‘, која започна да се спроведува токму оваа година. Станува и повеќе од јасно дека Република Македонија не е држава што дозволува големината на географ-ските детерминанти да се рефлектира и во големината на нејзиниот кредиби-литет и интегритет што го покажува во вложувањата при соработката со НАТО. Нашиот придонес за Алијансата нема да покаже никакви знаци на забавување во својот интензитет, додека храбро че-кориме кон заслуженото членство. Од друга страна, неопходно е да ги има-ме предвид обврските и одговорности-те кои ќе ги сносиме по потенцијалната интеграција во НАТО. Манифестирање на неспорна готовност за решавање на меѓународни конфликтни ситуации со цел учество во секакви хумани-тарни мисии за поддршка на мирот, демократијата и слободата. Потоа, на регионален и на билатерален план, во поглед на добрососедството, да се про-мовира, но исто така и да се практикува воспоставен модел за надминување на меѓусебната недоверба, обезбедување

на понатамошна доградба на концептот на индиви-дуалните човекови права, како и развој на сопстве-ниот систем на одбрана, повикувајќи се на нормите и стандардите на Алијансата, се само дел од предизвици-те кои нашата држава треба и е во можност да ги оствари преку нејзината квалифику-ваност. Колективната свес-ност за способноста да се извршат ваквите круцијални задачи како земја-членка на НАТО предизвикуваат на македонската „птица‘‘ не-дискутабилно да се означи се означи позиција во Северноатлант-ското „јато“.Во согласност со досега из-

ложените ставови, легитимно можеме да ја дадеме констатацијата дека Ре-публика Македонија поседува реални можности за добивање на долгооче-куваниот прием во оваа безбедносна организација. За обезбедување на поли-тичката, економската и безбедносната благосостојба во Европа, неопходно е да продолжи процесот на интегрирање за да се зачува и да се унапреди иде-алот за демократски општества кои по-чиваат врз основните човечки вредно-сти. За македонската „птица“ ќе се соз-даде дополнителна поволност доколку Алијансата го прошири својот „лет“ и кон пространствата на Западен Балкан, но во секој случај, како иден веродостоен примерок на Северноатлантското „јато“, таа ќе продолжи да ја искажува својата интероператибилност и неприкосновен интегритет и кредибилитет.

Р.Ш.

на оваа цел и визија се евидентни и датираат уште од 1995 година, кога на 15 ноември нашата држава приста-пува кон програмата ,,Партнерство за мир‘‘ (ПзМ) и воедно се приклучува на Северноатланскиот совет за соработ-ка. Оттогаш па наваму, приврзаноста и посветеноста на култивирање на идеа-лите и интересите на Алијансата, Репу-блика Македонија ги демонстрираше преку учество во многубројни проекти како што се: вклучувањето во Проце-сот за планирање и анализа (ПАРП), асистенција дадена за поддршка на бе-галците од Косовската војна (март/јуни 1999 година), извршување на мулти-националната командно-штабна вежба ,,Спасител ‘96”, финалниот практичен дел на вежбата ,,Спасител ‘97”, како и најзначајната од овој вид – вежбата ,,Најважен кооперативен зафат ’98”. Во обемната архива на поддржувачки активности, есенцијалниот потег што го направи нашата држава е учеството со воен персонал во Меѓународните сили на НАТО во Авганистан во 2002 година. Дванаесет години континуиран труд и посветеност даваа над 2700 офицери, подофицери и војници на Армијата на Република Македонија, а оваа бројка во последните години од нивното делување продолжи да рас-те до фрапантното ниво од 4% од активниот воен персонал со кој располага-ме! Ваквите неверојатни податоци претставуваат и повеќе од цврсти аргу-менти за залагањата на Република Македонија за обезбедување траен мир и стабилност, како основен постулат на Северноатлант-ската идеологија. Нашата лојалност продолживме да ја демонстрираме и пре-ку промовирање на ино-вативниот концепт „Smart Defence“, кој го претста-ви генералниот секретар на НАТО на Минхенската конференција во 2011 го-дина. Овој концепт најпрво подразбира поефикасно искористување на воените буџети со форсирање на мултинацио-налниот концепт. На тој начин, со ефи-касно искористување и менаџирање на ресурсите, намалување на двојните тро-шоци и зголемена координација меѓу сојузниците, ќе може со истите пари да се постигнат поголеми ефекти за без-бедноста на граѓаните. Повторно ја искажувавме нашата заин-тересираност и подготвеност да даде-ме сопствен удел во промовирањето на вредностите и спроведување на стратегиите на Алијансата, како во нејзините целни сфери така и во наше-то општество. Република Македонија ја оствари универзалната визија да може секој граѓанин комплетно да го ужива своето природно право на слобода, да го вдишува воздухот на демократијата поддржан од силниот институционален

Page 28: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

а 11 јуни со пригодна програма свече-но беше одбележан јубилејот 20 го-дини Воена академија. Концертната сала на Домот на Армијата во Скопје беше исполнета до последното место.

Организаторот се погрижил да не заборави никого, од претставниците на врвот на држа-вата, Собранието, Министерството за одбра-на, Армијата на РМ до сите професори, пре-давачи и соработници кои во изминатите 20 години дале личен придонес во развојот на военото образование во Р. Македонија. Меѓу присутните беа претседателот на државата и врховен командант на АРМ, д-р Ѓорге Ива-нов, заменик-началникот на ГШ на АРМ, гене-рал-потполковник Насер Сејдини, претседа-телот на Комисијата за безбедност и одбрана г. Емил Димитриев, голем број претставници на дипломатскиот кор, висок генерал на Ар-мијата на САД, генералите на Армијата и ви соки претставници на Министерството за од брана, на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на други високообразовни институции во Р. Македонија.Претседателот на Р. Македонија и врховен командант на АРМ имаше мошне импресив-но обраќање до присутните, посебно до пи-томците на Воената академија како идни ли-дери на АРМ и бранители на татковината. Тој посочи дека „Како народ сме имале бројни востанија, сме имале и многу погубени воини, но не и победени. Од големите премрежиња секогаш сме излегувале посплотени, посил-ни и побогати со нови искуства и со знаења за тоа како да се добие наредната битка. Вие, знаењето за воените вештини не го стекнувате под јаремот на ропството, ниту во рововите на борбените фронтови. Не носите туѓи униформи и не ве засенуваат нечии туѓи знамиња. Вие одбравте една од најблагородните професии, а тоа е да се гри-жите за одбраната на слободната татковина“.Потенцирајќи го значењето на Воената ака демија како посебна научно-образовна институција, претседателот изјави: „Во ова

да ги спомене имињата и на првите декани, генерал-мајорот Ристо Дамјановски и полков-ник проф. д-р Стојче Дескоски. Воената академија која го носи името на ге нерал-полковник Михаило Апостолски, ко ман дант на ГШ на Македонија во НОВ, е единствена воена, високообразовна и науч-на институција во Република Македонија, која има основна задача да школува, да оспосо-бува и да усовршува кадар за потребите на МО, АРМ, за системот за управување со кри-зи и системот за заштита и спасување и да се занимава со научно-истражувачка дејност. Академијата е формирана со Закон за Воена академија, во кој е регулирано дека таа рабо-ти во согласност со Законот за високото об-разование и Законот за научноистражувачка дејност во Република Македонија. Идејата за воено школство во Р. Македонија датира уште од самото формирање на АРМ во април 1992 г., кога се јави потреба за школување старешини и нивно оспособување за раководење и командување со единиците и установите на Армијата. За решавање на овој проблем, во мај 1992 г. при ГШ на АРМ се формира Одделение за школство (ОШ), кое подоцна во април 1993 г. се преимену-ва во Установа за обучување на воени ста-решини (УОВС). Овие први институционални облици на воено образование во рамките на МО и АРМ имаа задача да ги прифаќаат

големо училиште на нашата армија, на на-шите безбедносни сили, се калат и се прека-луваат сегашните и идните воени лидери на Македонија. Оваа генерација питомци мину-ва низ исклучително тешка програма која е целосно компатибилна со критериумите на Алијансата за едукација на кадри. Тука се об-учуваат и студентите кои утре ќе бидат дел од мошне важните системи за управување со кризи и за заштита и спасување“.Министерот за одбрана на РМ во телегра-мата која ја испрати, честитајќи го јубилејот порача: „Да се произведуваат идни лидери кои ќе ја имаат обврската да продолжат да ја заштитуваат слободата, независноста и суве-реноста на татковината е голема обврска. Јас знам дека во изминатите две декади сите вие поминавте низ многу промени и пресвртни-ци, но останавте верни на себе и на својата заклетва во една од најреспектабилните ин-ституции во Македонија, Воената академија, да се произведуваат врвни кадри, професио-нални и мотивирани, кои ќе ја носат унифор-мата како офицери на Армијата на Републи-ка Македонија. Искрено жалам што не сум во можност лично да ви се обратам. Затоа, пре-ку оваа телеграма сакам лично да ви се за-благодарам за сето она што академскиот кор на чело со деканот на Академијата го прават за идните млади лидери во Армијата и да ви порачам дека во мене секогаш може да гле-дате како на искрен пријател и поддржувач. Сите ние со заеднички напори ќе успееме да ја одржиме нашата армија на нивото на свет-ските армии, нашата држава, суверена неза-висна и интегрирана во евроатлантските про-цеси, а нашите граѓани слободни и сигурни“.

РАЗВОЈ НА ВИСОКОТО ВОЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАНа свеченоста по повод големиот јубилеј, ор-ганизаторот со воведно излагање нè потсети на почетоците на формирањето на високото воено образование во РМ, не заборавајќи

��

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛејОТ 20 ГОДИНИ ВОЕНА АКАДЕМИЈА

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛејОТ

OBRAZOVANIETO ENAJMO}NOTO ORU@JE

Page 29: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

Во реализацијата на академската програма на ВА се вклучени наставници, научни работ-ници и соработници од ВА, МО, ГШ и АРМ, како и наставници, научни работници и со-работници од други факултети, експерти од МО, од ГШ и од единиците на АРМ. Изборот на наставници и соработници се врши во со-гласност со Законот за високо образование на Р. Македонија.На прв циклус студии на Академијата може да се запише лице кое положило државна ма-тура или меѓународна матура и ги исполнило условите за запишување на студии од Зако-нот, Статутот и Правилникот за запишување на Воена академија. Првиот циклус на студии на Академијата трае четири години и со неговото завршување се стекнуваат 240 ЕКТС кредити. Овие студии ги оспособуваат питомците и студентите за вработување на одредени стручни работни места или за влез во вториот циклус на уни-верзитетски сту дии. Лицето кое ги завршило студиите се стек нува со диплома со додавка на соодветната струка, ако со закон поинаку не е уредено. Во меѓународната употреба и дипломата на англиски јазик, академскиот на-зив по завршување на првиот циклус на сту-дии е baccalaureus, односно baccalaurea. На Воената академија има можност и за примар-но ниво на едукација на кандидати за офи-цери со завршен цивилен факултет за офи-цери на логистичките специјалности и дру ги служби во АРМ во форма на курс во траење од 11 месеци. Во рамките на контину ираната професионална едукација на офицерскиот кор на АРМ се реализираат курсеви за ко-ман дири на чета и штабни должности на ба-тал јонско ниво, како и специјализација за ко-мандни и штабни должности (за команданти на баталјони, штабни должности на ниво на бри гада и повисоко и должности во ГШ на АРМ). Воената академија по повод јубилејот 20 години Воена академија додели голем број

питомците и учениците од воените школи на поранешната ЈНА и да организираат нивно дошколување. Но, секако дека се работеше и на идејата за конципирање на посебен мо-дел на военошколски систем за школување на старешини за АРМ. Во овој период започ-на со дејност и Командно-штабната школа (КШШ). Во тригодишната работа на Устано-вата дошколувани се голем број старешини на АРМ, изработен е проект за формирање воена академија, подготвен е Предлог на Закон за Воена академија и извршени се кадровски, просторни, материјални и други подготовки за реализација на проектот. На 01.10.1994 г. е примена првата класа слуша-тели на КШШ. На 7 јуни 1995 г. Собранието на Република Македонија донесе Закон за Воена академија со кој е основана Воената академија на Република Македонија. Спо-ред овој закон Установата за обучување на воени старешини се трансформира во Воена академија. Во септември 1995 г. на школување се примени првите питомци во 1. година на Воената академија. Академската година почна во октомври, а почетокот со ра-бота на Академијата свечено е одбележен на 11 Октомври – Денот на востанието на маке-донскиот народ, кога питомците од 1. годи-на ја дадоа свечената обврска. Во учебната 2003/04 г. не се изврши прием на питомци за додипломските студии (мораториум). Во декември 2008 г., Владата на Република Македонија донесе одлука за рестартирање на работата на Воената академија како придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, и од септември 2009 г., по рестартирањето на работата на Воената академија, беше примена и нова класа на пи-томци и слушатели.

ВИСОКООБРАЗОВНА И НАУЧНА ДЕЈНОСТ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈАВоената академија „Генерал Михаило Апо-столски е акредитирана од страна на Ми-нистерството за образование и наука во согласност со Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), како самостојна високообра-зовна и научно-истражувачка институција. На Академијата се реализираат универзитески студии од прв циклус (додипломски), втор циклус (магистратура и специјализација) и трет циклус (докторски студии). Универзитет-ската диплома на студентите што ќе го завр-шат школувањето на ВА се верифицира во земјата, што им овозможува на питомците и студентите да имаат признато занимање и можност за понатамошна едукација во об-разовниот ситем на Р. Македонија и во стран-ски држави-членки на Болоњскиот процес.

плакети, благодарници и пофалници. Злат-на плакета му беше доделена на претседа-телот на Република Македонија и врховен командант на РМ, д-р Ѓорге Иванов, на Ми-нистерството за одбрана, на ГШ на АРМ, на Универзитетот „Гоце Делчев“, на г. Емил Ди-митриев и на други личности кои со своето несебично залагање придонеле за развој на високото воено образование во Републи-ка Македонија олицетворено во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

СВЕЧЕНО И ПАТРИОТСКИПрограмскиот дел на свеченоста по повод јубилејот 20 години Воена академија беше убаво осмислен, со изведба на повеќе точки. Започна со зурли и тапани и со прекрасна изведба на професионалците од национал-ната установа „Танец“. Сите бевме восхи-

тени од беспрекорната изведба на едно од најимпресивните македонски ора - „тешкото“. Наплив од емоции како што кажува и песна-та на Блаже Конески, навираат кај секој кој ја гледа симболиката во изведбата на ова познато машко оро. Професионалците од Танец нè разиграа и со посебно убаво осмис-лената кореографија при изведбата на пес-ните „лазаринки“ од страна на женскиот дел од установата.Воениот оркестар беше постојаниот елемент на сцената. Организаторот при поделбата на благодарници и признанија не го забора-ви оркестарот, кој не само во оваа прилика, туку секогаш, при секоја заклетва и свечена церемонија, на балот на питомците и слично, несебично ја дава целосната музичка логи-стика на Академијата. По овој повод оркеста-рот изведе прекрасен сплет од македонски бисери, преубави изворни македонски песни. Своја изведба имаа и сопранот Марина Вла-димирова со песната „Налеј, налеј, налеј“ и те-норот Марјан Николовски, кој ја изведе „Кога падна на Пирина“. Заедно во дует ја изведоа песната „Земјо македонска“. Кулминација во програмскиот дел беше ораторскиот настап на младиот питомец Миладин од Црна Гора, кој на чист македонски јазик во својот говор ги бодреше своите војници да продолжат да се борат. Прекрасни реплики, емоции и изви-ци одекнуваа на сцената. Зборовите допреа до срцата на сите присутни. Идниот млад воен лидер нè плени со големината на изре-ченото и доби огромен аплауз. По завршувањето на програмскиот дел имав-ме можност да ја видиме музејската поставка во холот, а и да ги видиме и да си помуабе-тиме со сите сегашни и некогашни пријатели кои дојдоа заедно да го чествуваме јубилејот 20 години Воена академија.

д-р Жанет Ристоска

��

Page 30: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

а 10 јуни, во касарната „Страшо Пин-џур“ се одржа свеченост по повод Денот на Воздухопловната бригада. Најпрвин пред Командата на Возду-

хопловната бригада беше положено свежо цвеќе пред споменикот на загинатите при-падници на оваа единица кои ги дадоа своите животи професионално извршувајќи ги свои-те работни задачи во униформите на АРМ со ознаките на Воздухопловната бригада. На свеченоста по повод Денот на Воздухоплов-ната бригада присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ, командантот на ЗОК, генерал-мајор Методија Величковски, директорот на ГШ генерал-мајор Димче Петровски, генерали на АРМ, припадници на Министерството за од-брана и на Генералштабот, претставници на

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ВОЗДУХОПЛОВНАТА БРИГАДА

STOLB NA OBUKATA I VOZDUHOPLOVNITE OPERACII

воено-дипломатскиот кор во Р. Македонија, старешини, војници и цивилни лица во АРМ, како и други многубројни гости, поранешни припадници на Воздухопловната бригада, роднини и пријатели на припадниците. Министерот за одбрана на Република Ма-кедонија, Зоран Јолевски во своето обра-ќање по повод Денот на воздухопловната бригада истакна: „Денес го чествуваме денот на бригадата која од нејзиното формирање постигнува високи резултати. Припадниците на бригадата се исклучително чесни и досто-инствени во своето однесување, упорни и до-следни во своето извршување на задачите. Подготвени да го жртвуваат нивниот живот за одбраната на својата татковина“.Меѓу другото, тој ги потсети присутните дека огласот за воени пилоти ќе трае до крајот на

Во рамки на програмата за одбележување на 10 јуни, Денот на Воз-духопловната бригада на ден 26 мај, на спортскиот терен во касарната Страшо Пинџур, се одиграа спортски натпревари. Припадниците од Командата и потчине-тите единици од ВБР имаа можност да ги покажат своите спортски и натпреварувач-ки способности во дисциплините: кошар-ка, мал фудбал, пинг-понг и шах. Целта на овие натпреварувања е другарување на припадниците од единиците пре-ку спорт и развивање на другарството помеѓу нив. На свеченоста по повод Денот на единицата, на екипите им беа доделени признанија. На натпреварите кои беа одржани првите места ги освоија

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

ДА СЕ БИДЕ ПРИПАДНИК НА ВОЗДУХОПЛОВНАТА БРИГАДА ЗНАЧИ ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НАЈСОФИСТИЦИРАНИОТ ДЕЛ ОД АРМ И СО ЛИЧЕН ПРИДОНЕС ДА СЕ ДАДЕ ПРИДОНЕС КОН ГРАДЕЊЕТО НА ВОЕНОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО. ГРАДЕЊЕТО ИМИЏ НА СОВРЕМЕНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО И ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНА И ОДРЖУВАЊЕ НА КУЛТОТ КОН ВОЗДУХОПЛОВСТВОТО Е 24-ЧАСОВНА АКТИВНОСТ. СЕКОЈ ПРИПАДНИК ТРЕБА ДА ГИ ОДРЖУВА ВИСОКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОБУКА И ДА СЕ СООЧУВА СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ И НА ТОЈ НАЧИН ДА ЈА ОПРАВДА ОГРОМНАТА ДОВЕРБА ШТО АРМ И ВБР ЈА УЖИВААТ ВО НАРОДОТ

Page 31: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

2015 г. и дека во соработка со странски пар-тнери Школата за пилоти е високо развиена и истата е една од најсовремените во Европа, а можеби и во светот. Според Јолевски нови-те кандидати кои ќе бидат примени ќе прет-ставуваат подмладување и освежување на Воздухопловната бригада. Тој пред припад-ниците на Воздухопловната бригада истакна „Од вас искусните припадници на бригадата очекувам да бидете пример и да ги водите и обучувате вашите колеги, да го пренесете ва-шето ценето искуство за и тие да станат не-раскинлива врска од синџирот на одбраната на Република Македонија.“Министерот Јолевски порача дека со цел да се подобри образованието на припад-ниците на АРМ, меѓу кои и припадниците на Воздухопловната бригада, ќе се стреми

кон отварање на Катедра за Воено воз-духопловство. Јолевски истакна дека во тек е преименување на Воената академија во Универзитет во чии рамки се работи на отварање на Факултет за Воено воздухо-пловство и противвоздушна одбрана. На крајот од обраќањето министерот за одбра-на на РМ истакна „Давајќи му должно внима-ние и почит на минатото, свесни сме за пре-дизвиците од сегашноста и заедно, напорно, храбро, и доследно ќе работиме да ја оправ-даме високата доверба која ја уживаме од граѓаните на РМ. Ќе продолжиме да бидеме извозници на мирот во меѓународни рамки, да ги следиме стандардите на НАТО и да ја достигнеме нашата стратегиска цел – полно-правно членство на Република Македонија во НАТО“.Командантот на Воздухопловната брига-да, полковник Кире Колевски, во своето обраќање истакна: „Горд сум што денес на дваесет и третата годишнина од денот на поранешното Воено воздухопловство и Противвоздушна одбрана на Р. Македонија можам со сигурност да кажам дека Воздухо-пловната бригада на АРМ е достоен наслед-ник на она што се случи на 10 јуни 1992 г. кога се оствари историскиот лет на првиот воздухоплов во рамките на поранешното ВВ и ПВО и АРМ и секако во независна Републи-ка Македонија“. Тој додаде дека ентузијазмот со кој е формирано воздухопловството, љубовта кон професијата, како и сите успе-си се дело на сите кои стојат во овој свечен строј и секако на пензионираните колеги кои го формираа ВВ и ПВО со скромни опрема и инфраструктура но со добро обучени старе-шини и војници и секако желба да се успее. Командантот Колевски потсети дека ВБР е единствена воздухопловна формација во Р. Македонија која е способна да го подржи целокупниот спектар на задачи и мисии. Се обучуваат летачки и воздухопловно-технич-ки кадри, самостојно се врши одржување на техника, извршуваат задачи и мисии во и вон Р. Македонија и мисии и вежби пред-водени од НАТО и ЕУ. Реализираната мисија во БиХ, Партнерските цели, модернизацијата на воздухопловите, декларираните единици, обуката и достигнувањето на стандардите на алијансата ја доведоа ВБР на ниво на компа-тибилност со останатите воздухопловни еди-ници од НАТО. „Секојдневите ангажирања на единицата за потребите на единиците на АРМ, стопанските субјекти во Р. Македонија, бројните мисии при хуманитарните катастро-фи, пожари и спасувањето човечки животи како и учеството во меѓународни мисии за-едно со пријателските држави се потврда за спремноста на нашата единица за идните ин-теграции на нашата држава“ - додаде коман-дантот Колевски.Командантот ги спомна и загинатите во хе-лихоптерските несреќи во Скопско Блаце, Попова Шапка и Струмица, како и претседа-телскиот авион како дел од она што денес го слават, како и дека без нивниот придонес си-гурно не би биле каде што се денес. Тој дода-де дека не треба да дозволиме да избледат сеќавањата на тие старешини и да не забо-равиме на нивните семејства.„Почитувани припадници на ВБР, никогаш не ги напуштајте принципите врз кои почива Воздухопловната бригада и останете верни чувари на огнот. Магијата на летањето нека ви го исполни животот бидејќи на небото не владеат времето и просторот“ – им порача командантот Колевски на припадниците на ВБР на крајот од своето обраќање.

Кристина Илиевска

Военото воздухопловство на Република Македонија е конституирано со Одлука на првиот претседател на Република Македонија на 10 април 1992 година. Со тоа е конституирана Командата на ВВ и ПВО, Воздухопловната бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски свадрон. Првиот истори-ски лет на македонското воено возду-хопловство со авион од типот УТВА-75 се извел на 10 јуни 1992 и тој ден се слави како ден на македонското ВВ и ПВО. Како прва македонска посада кои полетаа тој ден беа старешините мајор Илијевски Дане и капетан Александар Манев.ВВ и ПВО на АРМ беше под непосред-но раководство на НГШ, заедно со трите армиски корпуси. Намената на ВВ и ПВО беше изведување борбени дејствија во воздушниот простор над копно, превласт во воздушниот про-стор или во дел од него и зајакнување, помагање и огнена поддршка на силите на копнената војска (КоВ) во извршување на нивните основни за-дачи. Беше формирана и Управата за ВВ и ПВО со четири одделенија во својот состав: одделение за авијација, одделение за АРЕ на ПВО, одделение за ВНЈИН и одделение за воздухоплов-но-техничко обезбедување. Во 1996 г. Советот за безбедност на Обе-динетите нации препорача изземање на Македонија и Словенија од ембаргото за увоз и извоз на оружје и воена опре-ма. Набргу потоа, сите хеликоптери од типот Ми-17 од составот на македонско-то воено воздухопловство беа обоени во ефективна маскирна шема. Како средство за основна обука и за ре-гуларен тренинг на пилотите, македон-ското Воено воздухопловство од 1995 година го користи двоседниот тренажен авион „Злин 242Л“. Во текот на 1995 го-дина од Чешката Република беа купени авиони од овој тип. Понатамошното опремување се изврши со хеликоптери од типот „Ми-8МТ“ од Украина и хеликоптери од типот „Бел 205“ од Грција. Потоа беа купени хели-коптери од типот „Ми-24В“ и јуришни борбени авиони од типот „Су-25“. Ис-товремено ракетни системи од типовите „Игла-1“ и „Стрела-10“ ја зајакнаа Про-тиввоздушната одбрана на Македонија. Во 2005 година со програмата за реконструкција на АРМ, Воздухоплов-ната бригада се трансформираше во помала, покомпактна единица нарече-на ВИНГ - Воздухопловна извидувачко напаѓачка група, која стартуваше со нови предизвици како што се Програма-та за модернизација на воздухопловите, земање учество во меѓународни НАТО и ЕУФОР вежби и мисии за заштита на мирот.

ИСТОРИЈА НА ВВ И ПВО НА АРМ

припадниците од следните единици:мал фудбал – Сквадрон за транспортни хеликоптери;пинг-понг – Сквадрон за борбени хеликоптери; шах – Сквадрон за борбени хеликоптери; кошарка - Сквадрон за борбени хеликоптери.

Page 32: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

о согласност со уредбата на Претсе-дателот на Република Македонија, Бригадата за логистичка поддршка оваа година за прв пат го одбележа 20 мај како Ден на единицата. Датумот е

поврзан со почетокот на Разловечкото вос-тание во 1876 година, во организација на војводата Димитар Поп-Ѓеоргиев Беровски. Целата логистика, муниција, експлозивни средства, облека, обувки, храна, санитетски материјали итн. претставувало голем про-блем за водачите на востанието, па треба-ло што побрзо да се реши. Затоа Димитар Беровски го продава сиот имот што го имал: куќата нивите и стоката. Имотот го купила неговата тетка, игумен на беровскиот мана-стир „Св. Архангел Михаил”, а парите му биле пратени на Беровски во Солун за набавка на материјали за востанието. И други селани да-вале пари за купување на пушки, револвери, пиштоли, барут, куршуми, обувки, облека и санитетски материјали. Материјалот се скла-дирал во околијата на Солун, а од таму со

ЗНАЧАЕН ОРГАНИЗАЦИСКИ ЕЛЕМЕНТ НА АРМ

BRIGADATA ZA LOGISTI^KA PODDR{KA

коњи и мазги се пренесувал во Малешевско-пијанечкиот крај.Како симбол на востанието Димитар Беров-ски им порачал на тетките Недела Петкова и Станислава Караиванова да изработат зна-ме. Знамето било црвено, а на жолто поле бил извезен огнен и некрунисан лав преку кој стоел натпис „Македонија“ со придружниот револуционерен повик „Станете да ве осво-бода“.

АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЛОГИСТИЧКАТА БРИГАДАВо рамки на планираните активности за одбележување на 20 Мај, во кругот на Ко-мандата од припадниците на бригадата беа

изградени нови логистички елементи, кои симболично ги претставуваа нејзините пот-чинети единици.Во организација на Бригадата за логистичка поддршка (брЛп), а по повод Денот на едини-цата, се реализираа и натпревари за избор на најдобар готвач, болничар, механичар и возач.Во кујната на касарната „Гоце Делчев“ се спроведе натпревар за избор на најдобар готвач. Во изборот за најдобар готвач уче-ствуваа припадници од 1. 2. и 3. логистички баталјон (логбн), кои во текот на натпреварот ги покажаа своите готвачки способности при подготовка на оброци од риба, месо и при-лози од зеленчук.Натпреварот го следеше и го оценуваше ко-мисија од составот на Здружената оператив-на команда (ЗОК) и брЛп. Освен своите гот-вачки вештини, учесниците на натпреварот за време на подготовката на оброците одго-вараа и на прашања за количината, за видо-вите прилози на главните јадења според ре-

ПОСТОЈАТ МНОГУ ПРИМЕРИ НИЗ ИСТОРИЈАТА КОИ КАЖУВААТ ДЕКА ВОЈНИТЕ СЕ ДОБИВААТ ИЛИ СЕ ГУБАТ ЗАРАДИ РЕСУРСИТЕ, ПРИ ШТО ОНИЕ РЕСУРСИ СО ПРЕДЗНАК ЛОГИСТИЧКИ, ИМАЛЕ ПРЕСУДНА УЛОГА.ВО УСЛОВИ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМАНДИТЕ И ЕДИНИЦИТЕ НА АРМ, БРИГАДАТА ЗА ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА БЕШЕ СООЧЕНА СО ГОЛЕМ БРОЈ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ФУНКЦИЈА НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РЕАЛНА ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА НА ГОЛЕМ БРОЈ АКТИВНОСТИ. ПОТЧИНЕТИТЕ ЕДИНИЦИ ВО СВОЈОТ ДОМЕН НА ОДГОВОРНОСТ, ВО РАМКИТЕ НА СВОИТЕ ПЛАНОВИ ДАДОА ГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА УСПЕШНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД МИСИЈАТА НА БРЛП

Page 33: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

цептите за подготовка на војнички оброци. Членовите на комисијата, по завршувањето на оброците, имаа можност да ги дегустира-ат јадењата, да го оценат квалитетот и на-чинот на декорација и преку гласање да го изберат најдобриот готвач во брЛП.Цел на натпреварот беше размена на иску-ства и правилна имплементација на актуел-ните упатства од новиот правилник за исхра-на, кој е од клучно значење за припадниците на армијата, без разлика на условите и окол-ностите во кои се наоѓаат. Од квалитетната конкуренција комисијата за најдобар готвач го прогласи десетарот Горан Димовски од составот на 1. логистички баталјон.Изборот на најдобар болничар се спроведе во Одделението за медицинска обука во состав на Военомедицискиот центар, на кој учествуваа припадници од Бригадата кои се поставени на должноста болничар во воени-

те амбуланти од гарнизоните на АРМ. Оценувањето се одвиваше на следните работни точки: СБО (срцево-белодробно ожи вување), хемостаза (запирање на кр-ва рење), имобилизација на екстремитети и ‘рбетен столб. Комисијата, составена од сер-тифицирани инструктори, ја следеше правил-ната употреба на процедури и постапки при укажување прва медицинска помош, која до-колку е дадена навреме спасува живот.За најдобар болничар е избран десетарот Јовица Николовски од составот на Воената амбуланта во Тетово, кој покажа високо ниво на знаење и вештини, неопходни да се сочу-ва животот на повредениот.Во транспортната чета од Центарот за снадбување и транспорт (ЦСТ) во касарната „Илинден“ се одржа финален натпревар за избор на најдобар возач.На натпреварот, по претходно направе-ниот избор, најдобрите тројца возачи од составот на ЦСТ ги презентираа своите возачки способности во паркирање товар-но моторно возило (мв) и во менување на пневматици, како и теоретските познавања на сообраќајните правила и безбедност во сообраќајот.Изборот за најдобар механичар се спроведе во Техничко-ремонтниот центар (ТРЦ). Осум механичари се натпреваруваа во теоретски познавања на функционирање на основните склопови, потсклопови и системи на моторно возило и во практично мерење на притисок во работниот простор во цилиндрите на мо-тор на патничко моторно возило.Комисија од состав на брЛп, транспарентно и објективно ги оценуваше натпреварува-чите, така што во согласноат со покажаните резултати за најдобар возач беше прогласен десетар Музафер Салиу од Одделението за специјални возила во ЦСТ, додека цивилно-то лице Александар Таневски од составот на ТРЦ беше прогласен за најдобар механичар.Со ова завршија натпреварувањата за

личковски, високи претставници од МО и ГШ на АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ и други високи гости.,,Формирањето на брЛП претставува ре-зултат на развојот на АРМ и научените лекции и минатите искуства од поранеш-ните единици на АРМ, и тоа Логистичка база, Команда за логистика и Команда за логистичка поддршка. Нејзината мисија е обезбедување на логистичка поддршка на сите единици на армијата преку снабдување, одржување, движење и транспорт, медицин-ска поддршка и градежно обезбедување. Со трансформацијата на армијата си поставив-ме за цел да ја реформираме логистичката поддршка во функција на подобрување на условите за живот и работа на персоналот со крајна цел, одржување и зголемување на борбената готовност на единиците на АРМ”, истакна заменикот на министерот за одбра-на во своето обраќање.Покрај заменикот на министерот за од-брана, Иљми Селами, на свеченоста при-суствуваа заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потпол-ковник Насер Сејдини, По интонирањето на химната на Република Македонија, им беше оддадена почит на починатите и за-гинатите борци за слободата на Република Македонија и на загинатите припадници на АРМ. Историски oсврт за поврзаноста на Денот на единицата со Разловечкото вос-тание даде во своето излагање директо-

рот на Воениот музеј, Александар Стојчев.Полковник Владимир Стојановски, коман-дант на брЛП, во своето обраќање пред присутните ја нагласи најголемата вредност што ја има во својот состав, а тоа е персона-лот и неговата сручна оспособеност, како и убедување дека истиот тој состав има капа-цитет и знаење да ги изврши сите задачи и да обезбеди логистичка поддршка во вистин-ско време, на вистинското место и во вистин-ски количини.

Т.Л.

избор на најдобри поединци од воените специјалности кои се застапени во брЛП. На најдобрите поединци на 20 мај им беа до-делени признанија и симболични награди за најдобри поединци во своите специјалности за оваа година.Според програмата за одбележување на 20 Мај - Денот на Бригадата за логистич-ка поддршка (брЛП), на 07.05.2015 година на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје се одржаа финални спортски нат-превари.Припадниците од командата и потчинетите единици од брЛП имаа можност да ги по-кажат своите спортски и натпреварувачки способности во дисциплините: кошарка, мал фудбал, пинг-понг и шах.На натпреварите припадниците на брЛп со своето учество ја потврдија улогата која спортот ја има во армијата, преку која го развиваат натпреварувачки дух и чувство-то за колективност и колегијалност како една од вредностите неопходни за успеш-но извршување на задачите во војничката професија.На натпреварите првите места ги освоија следните екипи:– во мал фудбал и во шах - 2. логистички

баталјон;– во кошарка - Центарот за снабдување и

транспорт;– во пинг-понг - Военомедициски центар За севкупен победник е прогласена екипата на 2. логистички баталјон.

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА БРИГАДАТА ЗА ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКАВо низата активности кои се реализираа по повод одбележувањето на Денот на Брига-да за логистичка поддршка (брЛП), 20 Мај, на 18 мај се спроведе крводарителска акција. Активноста се реализираше во простории-те на Командата на брЛП во соработка со Црвениот крст на општина Карпош.Покрај припадниците на командата и потчи-нетите единици на брЛП, на акцијата за доб-рволно дарување крв се приклучи и начал-никот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески. Преку дарувањето крв, чин кој претставува највисоко ниво на хуманост, припадниците на дело ја изразија својата солидарност да се спаси и да се продолжи нечиј живот.Свеченоста по повод Денот на Бригадата за логистичка поддршка се одржа на 20 мај во Командата на Бригадата за логистичка под-дршка (брЛП).На свеченоста присуствуваа заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, ко-мандантот на Здружената оперативна ко-манда (ЗОК), генерал-мајор Методија Ве-

Page 34: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

о организација на ОРОРМ, Орга ни за-цијата на резервни офицери на Репу-блика Македонија и Општинската ор-ганизациона единица од Велес како

домаќин, на 6 јуни на стрелиштето на АРМ во непосредна близина на Велес (кај Долно Оризари), се одржа државен натпревар во гаѓање со пиштол 7,62 мм.На натпреварите учествуваа 150 резервни офицери од организационите единици на Организацијата на резервните воени старе-шини од цела Македонија.

СÈ Е ПОДГОТВЕНО НАТПРЕВАРОТ ДА ЗАПОЧНЕСе приближуваме до стрелиштето на АРМ во непосредна блиизна на Велес. Оддалеку го забележуваме нашето македонско зна-

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО ГАЃАЊЕ СО ПИШТОЛ ЗА РЕЗЕРВНИ ВОЕНИ СТАРЕШИНИ

BISTRO OKO I MIRNA RAKA

се приближуваме до него ја добиваа вистин-ската големина.Прва пред стрелиштето нè пречека стражата на АРМ. На стража беше девојка-војник која го обезбедува стрелиштето. Се легитимирав, кажав дека пишувам за „Штит“ и дека сум поканета од домаќините да го проследам настанот. Таа се јавува на мобилен телефон кај своите претпоставени, прашува и добива одобрение. Дури тогаш патот до стрелиш-тето ми е отворен со пријатна насмевка од младата девојка-војник облечена во зелена маскирна униформата на АРМ со шлем и пушка во рацете, вистинска гордост на на-шата АРМ.Одобрение за влез добиваат и резервните офицери-гости од Општинската организа-циона единица на ОРОРМ од Радовиш, кои заедно со мене се упатија по угорнината по земјеното патче што води кон стрелиште-то. Поголемиот дел од учесниците и гостите на гаѓањето се веќе пристигнато и ги зазеле своите позиции.

ОБУКА ОД ВРВНИ СТАРЕШИНИ НА АРМ ЗА ПРАВИЛНО ГАЃАЊЕ СО ПИШТОЛ 7,62 ммУште на самиот влез веќе се чувствува пред-натпреварувачката атмосфера на учесници-те, гостите и набљудувачите.Во непосредна близина на влезот има по-ставено и маса со пиштол, а тука е и целта. Искусни инструктори, старешини на АРМ, им држат часови на сите учесници на натпрева-рите за тоа како се пука со пиштол. Има такви кои имаат големо искуство, а и членови кои денеска за првпат ќе го вперат пиштолот во

ме, кое понесено од ветрот кој пријатно дува, високо го вее македонскиот симбол на јарболот во кругот на стрелиштето.Последните учесници-претставници на Ор-ганизацијата на резервните старешини од подалечните градови во земјава пристиг-нуваат долу на стрелиштето во близина на Велес каде што ги паркираат своите автомо-били. Потоа треба да се даде малку напор по угорнината за да се стигне високо до стре-лиштето на АРМ.Домаќинот на натпреварите, ООЕ на ОРОРМ од Велес, поддржана од претстав-ниците на АРМ од Командата за обука во Ве-лес, ги прават последните подготовки за да започне натпреварот во гаѓање со пиштол.Луѓето кои оддалеку ги гледавме како мрав-ки високо искачени на стрелиштето, како што

Page 35: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

целта на гаѓање, па токму затоа претходеше кратка обука за гаѓање со пиштол. Прво вни-мателно слушаат,а потоа и практично во вид на вежба пукаат кон целта. Потоа се тргнува кон целта, односно на полигонот, така што натпреварот во гаѓање со пиштол 7,62 мм може да почне. Но, претходно, врвните ин-структори-старешини од АРМ ги даваат по-следните инструкции за гаѓањето.Доаѓа и првата група која е подготвена да пука и да освои некоја од наградите. На клупа седи друга комисија од Командата за обука на АРМ од велешкиот гарнизон и претставници на резервниот офицерски со-став. Сè е регуларно. Се полнат шаржерите и започнува првото пробно гаќање со пиштол 7,62 мм на првата група натпреварувачи.Се чекаат последните инструкции и сите набљудувачи треба да се оддалечат од ог-нената линија, бидејќи опасноста секогаш демне. Организаторите се внимателни, тие мислат на сè. Натпреварот може да почне.

НАТПРЕВАРУВАЊЕТО ЗАПОЧНАПрвите пет круга се пробни и не влегуваат во бодовите.Се пука,а потоа сите заедно, и натпреварувачите и инструкторите од АРМ одат кон целта да видат кој како погодил. Некој е задоволен, некој помалку, а има и такви кои за првпат пукаат и помалку има-ат трема. Има и такви натпреварувачи кои не погодиле ништо, некои нешто помалку, а некои право во центарот на целта за чиста десетка. Потоа доаѓа главното гаѓање за бо-дови, се слушаат последните инструкции и на знак на инструкторот, старешина во АРМ, кој ги прави последните проверки за безбедно-ста, гаѓањето за освојување бодови конечно може да почне.После секој круг од гаѓањето, натпревару-вачите, комисијата и стерешините од АРМ одат и гледаат во целта, ги бројот освоени-те поени, има и промашување од целта, но во најголем број случаи целта е погодена. Посебна гордост е да се види „десетка“ во центарот на целта и тогаш радоста кај нат-преварувачите е најголема.И така во круг, секоја нова група натпревару-вачи малку подолу од огнената линија чека да дојде на ред, сè додека не поминат сите натпреварувачи.

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЈАТА НА НАЈДОБРИТЕ СТРЕЛЦИ Во војничката менза на велешкиот гарни-зон на АРМ кој е коорганизатор на натпре-

варите, сè е подготвено за доделување на признанијата и наградите на најдобрите стрелци во гаѓање со пиштол 7,62 мм.Се читаат резултатите екипно и поединеч-но и им се доделуваат признанијата на нај-добрите. Како што нè информираше Тони Мицевски, стручен соработник во оваа организација и член на комисијата за оценување, гаѓањето со пиштол поминало одлично, а потврда за тоа се одличните резултати во сите конку-ренции.Во натпреварите, екипно, првото место го освои екипата на резервни воени старешини од Кичево, второто место екипата од Скопје, а третото место екипата од Радовиш.Поединечно, првото место во машка конкуренција со 42 поени, односно 42 кру-га го освои Златко Илиевски од екипата на Скопје, второто место Зоран Мирчевски од екипата на Кичево и третото место со ист број освоени поени го поделија Јован Јовановски од екипата од Радовиш и Гоце Пешов од екипата од Виница.Во женска конкуренција, Елена Божинов-ска од Скопје со 35 поени, односно одлич-ни 35 кругови, го освои првото место, вто-ра беше Олгица Мојсова Пепелашева од Велес и трета Валерија Ванева од екипата на резервни воени старешини од Свети Ни-коле.

БИСТРО ОКО, МИРНА РАКА И ДОБРА КОНЦЕНТРАЦИЈА – РЕЦЕПТ ЗА ВРВНИ РЕЗУЛТАТИМладата натпреварувачка Елена Божинов-ска, која со 35 поени го освои првото место пред далеку поискусните членови на ОРОРМ во изјавата за „Штит“ вели дека првпат уче-ствува на вакви натпревари и е пресреќна што го освои највисокото прво место, што ќе ја поттикне за понатамошни добри пласмани и резултати на вакви и слични натправари во гаѓање со пиштол, но и со пушка и со нат-превари со други оружја што ги организира ОРОРМ.„Ова беше неочекувана победа, но многу сум среќна за успехот кој го постигнав. Најважно за успех на натпреварот е да се има бистро око, мирна рака и добра концентрација, а јас

сето тоа најдобро го усогласив и така постиг-нав одличен резултат“, потенцира Божинов-ска.За разлика од неа, првопласираниот во машка конкуренција, далеку повозрасниот и поискусен во вакви натпревари, Златко Илиевски, исто така од Скопје, во изјавата за „Штит“ потенцираше дека е пресреќен од освојувањето на првото место со 42 поени во мошне силна конкуренција . Тој потенци-раше дека се натпреварувал со туѓо, а не со свое оружје. Илиевски досега учествувал на многу натпревари во гаѓање со пиштол и други оружја, кои ги организира ОРОРМ. Има освоено повеќе трети места поединеч-но, а и повеќе први места екипно.„За успех најважна е желбата да се победи да се има мирна рака, добра концентрација, да се усогласи нишанењето со дишењето и испукувањето, тоа е мојот рецепт за врвни резултати“,потенцира Илиевски. Ѓорѓи Малковски, претседател на ОРОРМ, во изјавата за „Штит“ искажа благодарност до Министерството за одбрана, до ГШ на АРМ и до Командата за обука на АРМ од Велес кои им помогнале за одржување на натпреварите.„Целта на овие натпревари во гаѓање со пиштол ,а потоа и со пушка и останото оружје е да се одржува кондицијата за воена готовност на резервните воени старешини кои се резервата на АРМ“, вели Малковски.Тој, воедно, до крајот на годинава најави и други натпревари на ОРОРМ: две гаѓања со автоматска пушка во Кичево и во Пенуш кај Штип, два државни кондициони маршеви од 15-20 километри и регионални маршеви во Макединија и други бројни активности.Борис Алчев, претседател на ООЕ на ОРОРМ за Велес, искажа благодарност до нашето списание за медиумската поддршка во следењето на овој настан.„Повеќепати сум бил домаќин на вакви и слични натпревари. Најважната работа во овие натпевари во гаѓање со оружје е после успешно завршената активност сите учесни-ци, гости и набљудувачи, живи и здрави да се вратат дома, а воедно да ги прославиме успешните резултати и да им честитаме на победниците“, изјави Алчев.

СО ВОЈНИЧКО ГРАВЧЕ И СО СПИСАНИЈАТА „ШТИТ“ И „ОФИЦЕР“ Свеченоста по традиција заврши со до-бра македонска музика која се пушташе од разгласот во војничката менза и со не-изоставното војничко гравче со салата од зелка. Но, најважна беше комуникацијата и запознавањето меѓу учесниците надвор од натпреварот. Посебно треба да нагласиме дека додека се чекаше доделувањето на признанијата на најдобрите, организаторите на сите учес-ници и гости бесплатно им поделија од вес-никот на ОРОРМ „Офицер“ и од магазинот „Штит“. Беше убаво да се види како присут-ните со голем интерс го разгледуваат „Штит“ и во една релаксирана атмосфера со осве-жителни пијалаци наздравуваа, се дружеа и разговараа, за на крај пријателски да се ра-куваат и да си посакаат некоја нова средба и дружења.

Антоанела Димитриевска

Page 36: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

дна од основните задачи во бор-ба на војникот-инженерец е обез бе-дување на движење и ма не вaр на пријателските сили (mobility) и по пре-чување во движењето на не при ја телот

(countermobility). Подоб ру ва ње на способно-ста на сопствените единици да се движат низ бојното поле е една од основните задачи на инженерците и опфаќа:– расчистување на теренот од природни и

вештачки препреки; – отворање правци за пријателски единици и

оклопни возила и – одобрување за користење на патиштата

со цел да се спречи зголемувањето на за-каните од импровизирани експлозивни на-прави (ИЕН).

Една ваква комплексна задача, која сама по себе носи голема одговорност, бара многу знаење, обука и константно надградување на способностите и знаењата, одлично познавање на составните делови и функ-цио нирањето на формациските минско-екс-плозивни средства и на импровизираните експлозивни направи.

КУРС ЗА ИНТЕГРИРАН ИНЖЕНЕРИСКИ АНГАЖМАН

SIGURNI PATI{TA SIGURNOST PRI DVI@EWETO I MANEVAROT

Во Инженерискиот баталјон (инжб) од соста-вот на 1. механизирана пешадиска бри гада се одржа Курс за интегриран инженериски ангажман на кој се опфатија повеќе теми од комплексните задачи при обезбедување на движење и маневар на сопствените сили и попречување на непријателот. Курсот го из-ведоа претставници од маринска единица на Армијата на САД од составот на Црномор-ските ротациони сили (Black Sea Rotational Force) стационирани во Романија. На курсот учествуваа лица од составот на Инженери-скиот баталјон, а го посетија и офицерот за билатерална соработка, како и координато-рот за билатерална соработка на Амбасада-та на САД во Република Македонија. Учесниците на курсот се запознаа со ме-тодите и постапките на борбените инже-нериски единици на САД за запречување, утврдување и пребарување на патни правци од минско-експлозивни средства со цел це-лата таа постапка да заврши со одобрување за користење на патиштата од страна на пријателските сили.Реализацијата на курсот се одвиваше во два дела: теоретски и практичен. Во тео-ретскиот дел изведувачите на курсот преку замислени задачи ги презентираа начините на пребарувањето на терен, постапките при пронајдено МЕС, негово обележување и повикување на тимовите за уништување на МЕС (ЕОД тимовите). Посебен акцент преда-вачите на курсот ставија на импровизирани-те експлозивни направи, компонентите и ин-дикаторите на ИЕН, како и тактиките, техни-ките и процедурите при наидување на ИЕН. Исто така, учесниците на курсот се запознаа со типовите на пребарувачи на мини и некол-куте видови на специјални возила и роботи кои ги користат вооружените сили на САД за пронаоѓање на МЕС. За неговата успешна

реализација придонес дадоа искуствата на предавачите стекнати во борбени услови во Ирак и во Авганистан, кои низ наставата им ги пренесоа на слушателите на курсот од Ин-женериската бригада. Во практичниот дел, кој се реализираше на полигоните во касарна „Илинден“, учесници-те на курсот практично ги извежбуваа проце-дурите и постапките на тимовите кои вршат пребарување на патни правци од минско-ек-сплозивни средства, работа со рачни мино-пребарувачи, пронаоѓање и обележување на пронајдените МЕС со примена на такана-речените 4Ц-процедури и деветолинискиот извештај за повикување на ЕОД-тим.Обуката на инженерците трае непрекина-то и секогаш е потребно да се биде во тек со предизвиците кои ги носи новото време. Преку Курсот за интегриран инженериски ангажман, припадниците на Инженериски-от баталјон заеднички ги надоградија и ги проширија своите знаења и искуства со припадниците од Маринската единица на Армијата на САД.

С.Ј.

Page 37: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

вогодинешната традиционална ме-ѓу народна Воздухопловна против-пожарна конференција се одржа на 29 и 30 април 2015 г. во прекрас-

ниот хрватски крајбрежен град Задар. Конференцијата беше организирана од бри-танскиот „Тангент линк“, официјално име-нувана како 12. воздухопловна противпо-жарна конференција - Европа 2015 или на-кратко „AFF Europe 2015“. Конференцијата беше финансиски поддржана од американ-ските компании „Дајнкорп интернешенел“ и „Ер трактор“, од италијанската компанија „Инаер“ и од шведскиот гигант „Сааб АБ“. На конференцијата партиципираа над 200 делегати од 33 земји во светот, дел од нив во својство на претставници на 30 компа-нии кои промовираа свои производи и ус-луги за време на конференцијата.На самата конференцијата претходеше еднодневна работилница за интеропе-рабилност која се одржа на 28 април под покровителство на Центарот за глобално набљудување пожари (Global Fire Monitoring Center - GFMC). Работилницата беше фоку-сирана на лоцирање и подобрување на елементите на интероперабилност помеѓу различни држави и обезбедувачи на сред-ства за спроведување воздухопловни противпожарни операции, особено кога таквите операции се изведуваат надвор од матичните територии, како на пример во Босна и Херцеговина, која честопати е по-годена од шумски пожари но не поседува соодветни ресурси и сопствени средства за соодветно, адекватно и независно да ги контролира ваквите појави. Во тој контекст, учесниците на работилницата се согласија дека ефективноста на операциите надвор од државните граници зависи од следните

ВОЗДУХОПЛОВНА ПРОТИВПОЖАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА

„AFF EUROPE 2015“

елементи на интероперабилност: подготве-ни дипломатски одобрувања; леснотија во комуникацијата; стандардизирани објекти за сервисирање на воздухоплови; детал-ни оперативни елементи, како на пример јасно предвидени локации за црпење вода од страна на противпожарните воздухо-плови и безбедност на воздухопловните противпожарни операции обезбедена пре-ку воспоставување стандардни процедури.Утрото на 29 април конференцијата „AFF Europe 2015“ официјално ја отвори пен-зионираниот британски адмирал Тери Ло-угхран, по што следуваше говорот на д-р Јадран Периниќ, генерален директор на хрватската Државна управа за заштита и спасување, кој говореше за потребата на Хрватска од ефективни воздухопловни противпожарни капацитети. На тоа се на-доврза мајорот Давор Турковиќ, пилот на противпожарен авион „ЦЛ-415 канадер“ и командир на Противпожарниот сквадрон на хрватското Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана. Турковиќ во сво-ето излагање ги презентираше операциите на неговата единица надвор од границите на Хрватска, при што фокус стави на Босна и Херцеговина каде практиката покажала очигледна потреба од подобрување на елементите на интероперабилност меѓу земјата-обезбедувач и земјата-примател на помош во форма на воздухопловна противпожарна асистенција. Резултатите од работилницата за интероперабилност на учесниците на „AFF Europe 2015“ им ги презентираше директорот наGFMC, про-фесорот д-р Јохан Георг Голдамер. Како еклатантен пример на штетна интеропе-рабилност, д-р Голдамер го презентираше примерот кога во недостаток на соодветни

Page 38: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

раководни власти и координација во блиското минато Република Хрват-ска со свој авион „ЦЛ-415“ одгово-рила на барање за помош добиено од Португалија во ситуација кога можеби соодветни воздухопловни средства биле достапни во поне-посредна близина на Португалија. Искористувајќи ја својата позиција и пристап до информации од прва рака, д-р Голдамер со делегатите на „AFF Europe 2015“ сподели нови информации и сателитски слики од радијациската закана која за време на конференцијата и како последи-ца на голем шумски пожар се случу-ваше во околината на напуштената нуклеарна централа „Чернобил“ во Украина.Првиот ден од конференцијата по-мина во интензивно работно темпо кое резултираше со повеќе интерес-ни презентации. Говорејќи за улога-та и перспективите на механизмите на цивилна заштита на ЕУ во однос на воздухопловните противпожарни операции, Димитриос Пагидас, по-литички директор на Одделот за ху-манитарна помош и цивилна зашти-та (ECHO) при Европската комисија, објасни дека во рамки на ECHO бил воспоставен Координативен центар за одговор при катастрофи (Emergency Response Coordination Center - ERCC), со цел да поддржи координиран и побрз одговор во и надвор од Европа, користејќи ресур-сите на 31 земја која партиципира во механизмите за цивилна зашти-та на ЕУ. Најавувајќи т.н. култура на превенција и подготвеност, Пагидас истакна дека ERCC ќе темели на пре-дефинирани можности, при што клуч за успех ќе биде воспоставување европски капацитет за одговор чии суштински елементи ќе бидат: интер-операбилност, самоодржливост, ста-пување во акција за многу кус вре-менски период и финансирање на обука и вежби.Секторот за заштита и спасување на Министерството за безбед-ност на Босна и Херцеговина во Задар го застапуваше д-р Самир Хусеинбашиќ, кој пред присутните говореше за историјата и предизви-ците поврзани со воздухопловните противпожарни операции во Босна и Херцеговина, посебно во однос на компликациите кои произлегува-ат од комплексното уредување на внатрешно-политичката, социјална и владината структура на земјата, но исто така и од се уште присутните смртоносни мински полиња. Од дру-га страна, македонскиот професор, д-р Никола Николов од Регионални-от центар за мониторинг на пожари со седиште во Скопје, говореше за македонските воздухопловни про-тивпожарни капацитети примарно организирани во малата флота про-тивпожарни авиони „АТ-802“, опе-ративни во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување. Профе-сорот Николов во својот настап се фокусираше и на координацијата

Europe 2015“ за низ презентација на своите единствени можности и про-изводи да испратат соодветни пора-ки до присутните. Па, така, говорејќи во име на „Дајнкорп интернеше-нел“, а во однос на американските противпожарни авиони-танкери од следната генерација, Вејн Колсон од „Колсон авиејшн“ го претстави системот „Coulson RADS-XXL“,. кој претставува најнова технологија на контролни системи за следната генерација на американски против-пожарни авиони-танкери, а кој веќе е интегриран на авионот „Ц-130“ и ги задоволува задолжителните побарувања на Шумската служба на САД во однос на постојните воени летала кои се користат во против-пожарна намена. Настапувајќи во име на американската компанија „Ер трактор“, Хуго Арсео го претстави импресивниот, флексибилен, ефи-касен и економичен противпожарен авион „АТ-802“ во неговата коп-нена и амфибиска конфигурација, притоа истакнувајќи ги и клучните фактори за успехот на неговата матична компанија „Авиалса“ во однос на комерцијалните противпо-жарни операции кои таа компанија со авиони „АТ-802“ редовно ги из-ведува во Шпанија, но и во повеќе медитерански земји, како на пример во Португалија и во Франција. Ар-сео ја искористи можноста на „AFF Europe 2015“ да изврши и ексклу-зивна презентација на најновиот додаток во рамките на одобрената тренажна организација на „Авиалса“ - првиот на светско ниво симулатор за авион „АТ-802“, кој е носител на ЕАСА сертификација и со каракте-ристика FTD Level II. Еден друг кон-ференциски спонзор, италијанската компанија „Инаер“ (дел од „Бабкок интернешенел груп - Мишн критикл сервисес“), му беше презентиран на присутниот аудиториум од пен-зионираниот италијански генерал-мајор Антонио Урбано, кој ја по-тенцираше импресивната флота авиони „ЦЛ-415“ која оперира во Италија, но и надвор од нејзините граници, во Австралија, Кипар, Фин-ска, Франција, Ирска, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Ве-лика Британија.

и менаџментот на копнените со воздухопловните противпожар-ни сили, истакнувајќи ги сè уште присутните предизвици кои се присутни во Македонија како по-следица на вклученоста на голем број субјекти во процесот, како и на постоењето на меѓусебно непочитување и неуважување во однос на улогите, способностите и процедурите на инволвираните копнени и воздухопловни сили.Шпанската партиципација на први-от ден од „AFF Europe 2015“ дојде во форма на презентација од страна на Елза Енрикез Алкалде, прв човек на шпанската Служба за шумски пожари од составот на Министерството за земјоделство, храна и животна средина. Во својот настап Алкалде брифира-ше за бројната хеликоптерска флота која таа ја менаџира и за која кажа дека се користи ширум 17 автономни региони во Крал-ството Шпанија. Еден друг Шпа-нец, капетанот Франциско Хавиер Чико Чамон, пилот на „Канадер“ на шпанското Воено воздухо-пловство, ги објасни различните намени и одговорности на не-говата воена единица опремена со авиони „ЦЛ-215“ и „ЦЛ-415“, како и приоритетноста и високото ниво на внимание кое шпанското воено воздухопловство го прида-ва на безбедноста на летање при изведување воздухопловни про-тивпожарни операции.Спонзорите на конференцијата го искористија првиот ден на „AFF

НАСЛОВНА ФОТОГРАФИЈА: ДЕЛЕГАТИТЕ НА „AFF EUROPE 2015“ ВО ВОЕНАТА ВОЗДУХОПЛОВНА БАЗА „ЗАДАР-ЗАМУНИК“1. ХРВАТСКИОТ ВОЕН ХЕЛИКОПТЕР „МИ-171Ш“ ДЕМОНСТРИРАШЕ ЕВАКУАЦИЈА НА ГРУПА ПОЖАРНИКАРИ ОПКОЛЕНИ ОД ПОЖАР 2. ХРВАТСКИ АМФИБИСКИ „АТ-802А“ СЕ ВРАЌА НА „ЗАМУНИК“ ПО УСПЕШНО ИЗ ВРШЕНА ДЕ-МОНСТРАЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНА ОПЕРАЦИЈА 3. НАЈНОВИОТ ХРВАТСКИ ВОЕН АВИОН - ДВОСЕДОТ АМФИБИЈА „АТ-802“ 4. ШПАНСКИ И ИТАЛИЈАНСКИ „КАНАДЕР“ ЗАБЕЛЕЖАНИ НА „ЗЕМУНИК“ 5. ШПАНСКИ „ЦЛ-415“ ВО ДЕМО-АКЦИЈА НАД АЕРОДРОМОТ „ЗЕМУНИК“

Page 39: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

Првиот ден од „AFF Europe 2015“ го за-твори Хенрик Наслунд од шведската компанија „Сааб АБ“, кој презентираше проѕирни стаклени дисплеи кои се поставу-ваат во висина на главата на пилотот (Head-UpDisplay) и кои овозможуваат значително подобрување на безбедноста и ефектив-носта на воздухопловните противпожарни операции. На вечерата која следуваше, организаторот „Тангент линк“ на пилотот Филипе Бодино од француското Министер-ство за внатрешни работи му ја додели на-градата „Walt Darren Award“ за неговите севкупни професионални постигнувања и како признание за извонреден пилот-по-жарникар од својата генерација.Вториот ден на „AFF Europe 2015“ започ-на со статичка и динамичка демонстрација на различни типови воздухоплови на територијата на воената воздухопловна база Задар-Замуник. Динамичката програ-ма ја одбележаа импресивни противпожар-ни демонстрации на авионите „ЦЛ-415“ на шпанското и на хрватското воено воз-духопловство, како и на еден „ЦЛ-215Т“ на италијанската компанија „Инаер“. Хрват-ското учество во летачката програма го дополнија два авиони „AT-802A“, од кои еден во конфигурација со тркала и еден во амфибиска конфигурација. Но, сепак, ѕвезда на настанот беше хрватскиот воен хеликоптер „Ми-171Ш“ кој демонстрираше

те за претстојното проширување на воз-духопловната флота и специјализираните воздухопловни противпожарни оператив-ни бази. Во отсуство на русинот Андреј Еритсов, развојот на воздухопловни про-тивпожарни технологии во Република Мариј Ел, во Русија, беше презентиран од страна на д-р Голдамер. Романското при-суство во Задар ќе остана забележано по извонредната презентација на капетан Флорин Јанкулеску од романското Воено воздухопловство, кој брифираше за упо-требата на системот „Guardian CDS“ од страна на романските транспортни воени авиони „Ц-27Ј“. На учесниците на „AFF Europe 2015“ им беше објаснето дека овој едноставен и евтин систем овозможува бомбардирање на пожарот од страна на Ц-27Ј со шест контејнери, секој со капаци-тет од 1.050 литри вода.„AFF Europe 2015“ ќе остане забележана и по некои интересни глобални парти-ципиенти со нови иницијативи. Па, така, австралискиот авијациски офицер Вејн Риг презентираше менаџмент-систем за брза реакција на воздухоплов во округот Викторија со кој се овозможува заште-да на неверојатни 22 минути во времето на реакција во споредба со досегашниот систем за команда и контрола. Доаѓајќи, пак, од далечната Јапонија, директо-рот на јапонската Агенција за вселенски истражувања, Такеши Ито, презентираше напреден модел за распрснување на воде-ните капки, кој како резултат на компјутер им овозможува на пилотите поефикас-но справување со пожарите на земја. Конференцијата ја затвори Либанката Савсан Бо Фахредин, генерален дирек-тор на националното Здружение за шуми, развој и конзервација. Таа говореше за предизвиците со кои се соочува нејзината земја во справувањето со шумските пожа-ри во ситуација кога истата е преплавена и со 1,4 милиони бегалци. Нејзиниот повик за меѓународна помош во справувањето со пожарите беше главно насочен кон ООН, ЕУ и соседните земји кои поседува-ат средства за справување со пожари од воздух.„AFF Europe 2015“ се покажа како исклу-чително успешна конференција која се на-доврза на прогресивните иницијативи на ООН, на ЕУ и на останатите меѓународни здруженија фокусирани на борбата со последиците од климатските промени, конфликтите и растот на глобалната популација (вклучително и бегалци), во денешниот свет на лимитирани ресур-си. Очигледната жед на многу нации за знаења во однос на процедурите за без-бедно и ефикасно изведување на возду-хопловни противпожарни операции, како и нивната очигледна потреба за блиски контакти со соодветната индустрија и при-стап до ефикасни и финансиски достап-ни противпожарни средства, беше силна гаранција за потребата од продолжување на традицијата за организација на меѓународни воздухопловни противпо-жарни конференции на годишно ниво. Во таа насока, затворајќи ја конференцијата „AFF Europe 2015“, организаторот најави дека идната конференција ќе се одржи во 2016 година во Северна Америка, по што настанот повторно ќе се врати во Европа во текот на 2017 година.

Игор Божиновски

евакуација на група пожарникари опколе-ни од пожар. Во слична ситуација на 30 август 2007 г. на Корнати настрада група од 13 пожарникари, од кои 12 загинаа, што беше причина Хрватска итно да набави пет нови авиони „АТ-802“ и два нови авиони „ЦЛ-415“. Најголемо внимание на статич-ната изложба во Задар-Земуник привлече двоседот-амфибија „АТ-802“, кој му беше испорачан на хрватското Воено воздухо-пловство на 14 ноември 2014 г. Статичка-та изложба ја надополнија и еден францу-ски „ЦЛ-415“, како и уште четири хрватски воени авиони: „ЦЛ-415“, „АТ-802“ на трка-ла, „ПЦ-9“ и „Бел 206Б-3“.На „AFF Europe 2015“ беа одржани повеќе интересни презентации. Виктор Девоуж, прв човек на Воздухопловната дивизија на Цивилната заштита на француското Мини-стерство за внатрешни работи, детаљно брифираше за француската доктрина, пер-спективите и за моменталните проблеми со кои неговата организација се соочува во спроведувањето на воздухопловни-те противпожарни операции, а воедно ги презентираше и амбициозните планови за обнова на воздухопловната против-пожарна флота. Во презентација со сли-чен приод, Фаизал Изани од малезиската служба за пожари и спасување зборуваше за справувањето со пожари од воздух во џунглите на Малезија и ги најави планови-

Page 40: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

зации во постигнувањето на своите крајни цели.

УЛОГАТА НА НОВИНАРИТЕОсновна улога на новинарите е да бидат не-пристрасни набљудувачи на настаните, да ја прикажат вистината и да ги проверат сите информации за настанот од различни изво-ри, со цел да се спречи провлекување на не-вистинити факти во известувањатаПонекогаш во медиумската битка за што побрзо објавување на информација се забо-рава ова основно правило на новинарство-то, така што кога новинарите мислат дека им е оневозможено да дојдат до некоја барана информација поради класифицираност, тие често го заобиколуваат ова правило и се впуштаат во свои интерпретации на веста, притоа повикувајќи се на членот 19 од Уни-верзалната декларација за човекови права во која, помеѓу останатото, се вели дека „секој има право да бара, да прима и да шири информации и идеи со кои било средства и без ограничувања“.Поради овие причини лицата од армиите кои се инволвирани во односите со јавноста треба да балансираат во дистрибуирањето на вести кои во согласност со политиката на односите со јавноста мора да бидат висти-нити, воедно внимавајќи на оние вести кои можат да имаат одреден негативно влијание од безбедносен или кој било друг аспект за сопствените сили. За оние што ги следат активностите од овој домен, позната им е тактиката која се кори-стеше одреден период во Авганистан, сите вакви вести кои можат да имаат негативен контекст за воената организација (особе-но оние за колатерални жртви), најчесто се контекст за воената организација (особе-но оние за колатерални жртви), најчесто се контекст за воената организација (особе-

ицата за односи со јавноста кои се во состав на командите и единиците на армиите во светот, како оние кои има-ат воени ангажмани надвор од својата

земјата така и оние кои се во матичните еди-ници во мирновременски услови, имаат една специфична улога на посредник помеѓу ар-миската организација и цивилните медиуми во поширока смисла. Тие се постојано во позиција да балансираат помеѓу функцијата активно воено лице со сите специфики на воената организација и лице кое е поврзано со новинарството со својата специфика на целосна отвореност кон јавноста. Понекогаш улогата на медијатор претста-вува неблагодарна должност за активните воени лица кои се на работни позиции во оваа бранша, особено во денешно време каде значењето на односите со јавноста во армиските организации и отвореноста на ар-миските активности за јавноста се наоѓа на највисоко ниво од кога било порано. Токму тоа на некој начин претставува кон-фликтна ситуација за армиските старешини кои ја извршуваат должноста за односи со јавноста, особено во армиите кои се анга-жираат во воени операции и се постојано во кризни ситуации. Од една страна лицата за односи со јавноста како личности кои се најблиску до медиумите ја претставуваат отвореноста на армијата, односно имаат пристап на информациите за воените ак-тивности кои цивилните медиуми ги бараат, но од друга страна ги следат принципите на своите воени организации каде не секогаш може с® да биде објавено или дадено како информација, особено не она што медиуми-те го бараат и очекуваат да им биде доста-вено.

Политиката на односи со јавноста, без ис-клучок, во сите армиски организации мора да ги следи правилата на министерствата за одбрана и на армијата, како и упатствата и наредбите од претпоставените, особено за оние информации кои се значајни за без-бедноста на армиската организација и за на-ционалната безбедност од кој било аспект.Денешната улога на отвореност на арми-ската организација кон медиумите со стре-меж за раскажување на армиската сторија на пошироката јавност многу се разликува од минатото кога на некој начин армијата кон медиумите не гледала секогаш како на пријател.

МЕДИУМИТЕ КАКО СРЕДСТВА НА ВОЈНАТА И ЗА РЕШАВАЊЕ НА КРИЗ-НИ СИТУАЦИИМедиумите во модерното време несомне-но се користат како средства на војната и за решавање на кризни ситуации, од причина што денеска многу воени дејства многу зави-сат од јавното мислење, не само кај страните кои се инволвирани во конфликтот, туку и во пошироката меѓународна јавност, што на крајот резултира со повлекување на одреде-ни политички одлуки, особено од големите светски сили.Сведоци сме на моќта на медиумите, што се гледа од актуелните случувања насекаде во светот и таа моќ не треба да се занемари ниту од воените организации. Последните декади успехот во воените операции кои се водат насекаде во светот, во поголема мера се резултат на политички одлуки, от-колку на постигнатите успеси со класични воени средства. Затоа и медиумите имаат сè поголемо значење за армиските органи-

ПОСРЕДНИЦИ СО ЈАВНОСТА И ЦИВИЛНОТО НОВИНАРСТВО

LICATA ZA ODNOSI SO JAVNOSTA VO ARMIITE

Page 41: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

вештини, не само за начинот на однесување со претставниците на медиумите, туку и за начинот на кој се стекнува потребниот нови-нарски дух за што полесно вклучување во новинарско дејствување во општеството. Истовремено со примарното армиско об-разование преовладува војничкото одно-сно военото размислување во однос на лојалност кон армијата, должноста и инте-гритетот на воената организација .Во некои од големите армии создавањето на лица за односи со јавноста се спроведу-ва уште во текот на школувањето во воена академија, каде на доброволна база, во со-гласност со покажаниот афинитет, одреден број питомци се определуваат за работа со односи со јавноста и во понатамошниот тек на кариерата со постојано ангажирање во областа за односи со јавноста стануваат експерти.Со вклучувањето на млади питомци кои се обучуваат за оваа област, кои воедно се подготвуваат да бидат воени стареши-ни, се намалува јазот помеѓу цивилното новинарство и новинарството во воените организации, затоа што многу е полесно за некој кој допрва се вклучува од цивил-ното општество во воената организација преку правилно насочување на начинот на едукација да го задржи во поголем дел кул-туролошкото размислување од цивилното општество, отколку некој кој веќе повеќе години во сите пори на својот живот дла-боко е навлезен во војничкиот начин на размислување.

Тони Јаневски

објавуваат доцна, во ноќните часови, или во вечерните часови пред викендите, кога е многу потешко за светските медиуми да пронајдат експерти однадвор кои ќе можат да дадат дополнителни коментари или дета-ли за случајот, па веста се прифаќа како што е издадена од канцеларијата за односи со јавноста.Специфичноста на лицата за односи со јавноста во воените организации се гледа и во тоа што тие, пред с®, се припадници на армиската организација, а дури потоа нови-нари. Побарувањата за информации од цивилни-те медиуми за разни случувања во кои е ин-волвирана армијата, особено од кризни си-туации, се огромни, при што како што спом-навме погоре, во натпреварот во брзина на објавување на вестите се појавуваат случаи на негодувања од страна на новинарите, додека лицето за односи со јавноста во армијата е должно да ги следи пропишаните процедури и да ги обезбедува бараните ин-формации, воедно проверувајќи ја точноста и класификацијата на истите.Лицата за односи со јавноста во воените ор-ганизации посветуваат особено внимание како на најдобар начин да се балансира во информирањето на јавноста за сите актив-ности, а воедно да не се нарушат востанове-ните правила од областа на безбедноста на воените податоци. Притоа, до израз доаѓа воената едукација на овие лица, односно многу подобро ова го одработува припад-ник на армијата кој одлично ги познава сите процедури, за разлика од цивилно лице кое не ја познава (или недоволно) хиерархијата и субординацијата во армијата, како и про-цедурите во однос на надлежноста на одре-дени активности, при што поминува низ лавиринт и низ повеќеслојно добивање на податоци кое влијае на ажурноста, односно навременото доставување на информации-те, а можеби и на провлекување на довер-ливи информации. Лицата за односи со јавноста кои воедно се и старешини ги поминуваат сите тие препре-ки многу побргу бидејќи најдобро ги позна-ваат надлежностите во штабот и начинот на добивање на проверени информации по линијата на субординација и хиерархијата во командувањето, со што не само што по-магаат за армиската организација туку им помагаат и на новинарите кои ја очекуваат бараната информација за објавување во своите медиуми. Армискиот претставник за односи со јавноста, меѓу останатото, треба да му биде советник на својот командант за медиу-мите со тоа што ќе помага да се разбере нужноста од транспарентност и начинот на комуникацијата со медиумите и погодно-стите што медиумите може да ги имаат за армиската организација.Ова понекогаш претставува стресна ситуација за овие лица затоа што од една страна медиумите секогаш се резервирани за добиените информации и бараат до-полнителни, а од друга страна голем број командни структури гледаат на медиумите во најмала рака како пречка за извршување на мисијата, а во најлош случај и како на непријател.Од тие причини, во речиси сите армиски организации во светот во канцелариите за односи со јавноста се наоѓаат воени лица, односно лица на кои, пред сè, военото обра-зование и работата во војската им е основ-на професија, а новинарството споредна,

поради потребата за разбирање на воената организација и на воената структура и на-чин на размислување.Доколку на тие места се вработуваат про-фесионални новинари од цивилните струк-тури, тие не би можеле да го разберат во потполност значењето на безбедноста при изведување на воените операции, така што би можело да се нанесе огромна штета, не само на воената организација туку и поши-роко.Но, од друга страна, за што поуспешно извршување на оваа должност, потребно е да се поседува и новинарскиот начин на размислување, поради што во земјите од НАТО, но и кај останатите земји, се посве-тува големо внимание на медиумското об-разование на воените лица за односи со јавноста. Тие мора да знаат да ја презенти-раат сторијата на начин кој е интересен за цивилното население, затоа што на крајот веста е наменета и за пошироката јавност.

ЕДУКАЦИЈА НА АРМИСКИТЕ ЛИЦА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТААрмиските лица за односи со јавноста мора да посетуваат курсеви за оваа об-ласт со цел да ја разберат комуникациската стратегија на армијата, односите со медиу-мите, пишувањето говори, давање изјави и презентација на активности пред медиу-мите, брифинзи за новинари, пишување соопштенија, како и оценување на ефикас-носта на комуникациските активности. Преку едукација во оваа област лицата за односи со јавноста стекнуваат знаења и

��

Page 42: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

ПОИНАКВА ДИМЕНЗИЈА НА ПОЛИТИКАТА НА НАТО 42,5 милијарди долари.” Обединетите Нации проценуваат дека приближно 2,5 милијарди луѓе од 127 различни држави се продавани ширум светот. Сите земји-членки на НАТО се потписници на Протоколот на ОН за трговија со луѓе. Сојузниците се сосем свесни дека трговијата со луѓе ја потпалува корупцијата и организи-раниот криминал, а тоа е во спротивност со напорите за стабилизација на НАТО во свои-те реони на работење. Политиката на „нулта толеранција“ за тр-говија со луѓе се однесува на воениот, на ци-вилниот персонал и на останатите учесници кои учествуваат во операции предводени од НАТО за да добијат соодветна обука за стандардите на однесување за време на опе-рациите. Сојузниците, исто така, се согласија да го ревидираат националното законодав-

ПОЛИТИКАТА НА НАТО ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕАлијансата иницира политика на „нулта толеранција“ за трговијата со луѓе, која беше усвоена на самитот во Истанбул во јуни 2004 година. Оваа политика ги обврзува земјите-членки на НАТО и другите нации кои придо-несуваат со свои трупи, односно кои учеству-

ваат во операции предводени од НАТО, да ги зајакнат напорите за спречување и борба против таквата активност. Прашањето е под редовна ревизија од страна на Евроат-лантскиот партнерски советот (ЕАПС). Вак-вата политика е задолжителна и од јануари 2011 година се спроведува и од земјите на Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива за соработка, партнерите на НАТО од целиот свет (Австралија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд) и останатите оперативни партнери (Колумбија, Малезија, Монголија, Сингапур).Трговија со луѓе е начин на заведување, измамување, принудување или на поина-ков начин преселување на луѓе од нивниот дом или држава, кои потоа се принудени да работат без плаќање, со ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Про-

дажбата или тргувањето со луѓе има многу карактеристики на робување, што во држа-вите е нелегално. Жртвите на трговијата со луѓе можат да бидат искористени во различ-ни ситуации, меѓу кои проституција, присилна работа (тука спаѓа принудна работа или роп-ство поради долг) и други форми на принуд-но ропство. Продажбата на бебиња и деца за посвојување или за други цели, исто така се смета за трговија со тие деца.Во септември 2008 година, Протоколот од 124 страни беше потпишан од страна на 117 држави. Трговијата со луѓе е најкриминална индустрија во светот, со вкупен годишен при-ход од тргување со луѓе проценет на сума помеѓу 5 и 9 милијарди долари. Советот на Европа наведува: „За време на изминатата декада трговијата со луѓе достигна огромни размери, со светски годишен пазар од околу

POLOVA ZASTAPENOST I

BORBA PROTIV TRGOVIJA SO LU|E

Page 43: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

самите. Денес постојат околу 1200 цивилни во седиштето на НАТО. Уште стотици цивили работат во Меѓународниот воен штаб. Сите тие работат под прописи за цивилен персо-нал. Не треба да се врши дискриминација кон нив врз основа на пол, раса или етничко по-текло, религија или верување, попреченост, возраст или сексуална ориентација.За време на самитот на Прага во ноември 2002 година, земјите-членки формираа работна група која ќе препорача начини за подобрување на родовата еднаквост и раз-новидност во НАТО.Под раководство на заменик-генерални-от секретар, работната група започна со работа во февруари 2003 година. Таа предложи акционен план, кој ги дефини-ра водечките принципи на политиката на разновидност во седиштето на НАТО, односно: обезбедување на правичност при вработувањето и унапредувањето, обезбедување на висок квалитет на персо-налот на НАТО, почитување за различноста на сите членки на Алијансата, зголемување на вкупниот број на вработени жени, како и зголемување на вкупниот број на жени на раководни позиции.Моментално во Меѓународниот секретаријат на НАТО служат 1178 припадници, од кои 37,2 % се жени. Од цивилниот персонал 43,9 % се жени. Неодамна во организација на Министер-ството за одбрана и Армијата на Република Македонија, во касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево, за првпат се реализираше родова обука со офицерскиот и подофицер-скиот кор. Вкупно беа обучени 85 припад-ници со цел понатамошна имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации број 1325, која се однесува на жените, мирот и безбедноста и на Националниот акционен план на Ре-публика Македонија за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325.НАТО и неговите партнери преземаат мерки за поддршка на спроведувањето на горена-ведената резолуција на Обединетите нации. Таа признава непропорционално влијание на војната и конфликтите врз жените и де-цата и го истакнува фактот дека жените се историски изоставени од мировните проце-си и напорите за стабилизација. Усвоена во октомври 2000 година, Резолуцијата 1325 беше проследена со шест дополнителни ре-золуции (1820, 1888, 1889, 1960, 2106 и

2122). Овие резолуции повикуваат на цело-сно и еднакво учество на жените во сите прашања поврзани со превенција од поче-токот на конфликтот на постконфликтната реконструкција, мирот и безбедноста.

Драган Павловски

ство во овој поглед. Силите предводени од НАТО кои работат во рамките на нивниот мандат ги поддржуваат властите на земјата-домаќин во нивните напори за борба против трговијата со луѓе.Поголем дел од одговорноста за спро-ведување на политиката му е доделен на Воениот комитет на НАТО, со оглед дека тоа се војници од НАТО и не-НАТО земји кои уче-ствуваат во операции предводени од НАТО, а кај кои постои веројатност да дојдат во контакт со жртвите во процесот на трговија со луѓе. Во рамките на НАТО постои и коор-динатор по ова прашање - Coordinator on Combating Trafficking in Human Beings.Според извештајот на УНОДЦ (Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН), Според извештајот на УНОДЦ (Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН), Според извештајот на УНОДЦ (Канцеларијата

најчести одредишта за жртвите на трговија со луѓе се Тајланд, Јапонија, Израел, Белгија, Холандија, Германија, Италија, Турција и Соединетите Држави. Во Азија, Јапонија е главната одредница за жените-жртви на трговијата со луѓе, особено од Филипините и Тајланд. Според процените на Обединетите нации, во Европската Унија бројката на жртви на трговијата со луѓе достигнува до 270.000. По падот на „железната завеса“, државите од поранешниот Источен блок како што се: Албанија, Молдавија, Романија, Бугарија, Русија, Белорусија и Украина станаа главни држави-извори за трговија со жени и деца.Постојат новинарски извештаи каде е но-

тиран рапиден пораст на проституцијата во Камбоџа, во Босна и Косово, откако на територијата влегоа ОН и во случајот на по-следните две, мировни сили на НАТО. Ми-ровните сили беа поврзани со трговијата со луѓе и присилната проституција. Побор-ниците за мир тврдат дека делувањето на поединци не треба да ги оптужува другите учесници во мисијата но, сепак, НАТО и ОН беа критикувани бидејќи проблемот на при-силната проституција и нејзината поврзаност со мисиите не го сфаќаат доволно сериозно.Еден неодамнешен настан во рамките на ОН фрла црна дамка на заложбите на НАТО во оваа насока. Извештајот се однесува за француски војници кои сексуално злоста-вувале деца во Централната Африканска Република, а истите требало да ги зашти-тат. Во извештајот со наслов „Сексуално искористување на деца од меѓународни во-

оружени сили“ постојат детали за силувања и содомија на прегладнети и бездомни момчиња на возраст и од девет години од страна на чуварите на мирот од Франција. Француските трупи требало да ги заштитат децата во центрите за внатрешно раселени лица во главниот град на земјата, Банги.Во Авганистан, меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) се задолжени да обе-збедат поддршка на Владата на Авганистан во борбата против трговијата со луѓе. Одржу-ваат неделни состаноци со Меѓународната организација за миграции, која е прогласена како водечка агенција за ова прашање од страна на Мисијата на ОН за помош во Авга-нистан (UN Assistance Mission in Afghanistan - UNAMA). Во оваа насока, мисијата редовно соработува со: UNAMA Gender Advisor, UN High Commissioner for Refugees (UNHCR), United Nations Children’s Fund (UNICEF) и со Afghanistan Independent Human Rights Commission. Во Косово, Мисијата на Обединетите нации (УНМИК) има значајна улога во однос на ова прашање. Силите за Косово (КФОР) ја под-држуваат полицијата на УНМИК која ја има извршната одговорност.Обуката и подигнувањето на свеста кај си-лите на НАТО во суштина е одговорност на нацијата која праќа свои војници. Се-пак, Алијансата во насока на решавање на прашањето нуди обука и курсеви за персо-

налот во Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим и во НАТО училиштето во Оберамергау. Од 2008 година, турскиот ПзМ-центар за об-ука организира курс на тема „Fight Against Trafficking in Human Beings”, кој е отворен за сите членки и соработници на НАТО.

ПОЛОВА ЗАСТАПЕНОСТ И РАЗНОВИДНОСТ ВО НАТОНАТО како организација нуди еднакви мож-ности посветени на вреднувањето на секој поединец. Напорите за родова рамнотежа и разноликост се воведени во седиштето на НАТО од 2002 година. Тие имаат цел решавање на прашања како што се не-рамномерност на половата застапеност, возраста и национална застапеност во Меѓународниот секретаријат на НАТО.Признавањето на разновидноста значи почитување на оние кои се различни од нас

Page 44: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

РЕАЛНА ОПЕРАТИВНА ВЕШТИНА

го надополни недостигот на средства. Оперативната вештина треба да ги насочу-ва тактичките акции во сите можни услови, бидејќи во војна борбата никогаш не пре-станува. Затоа се поставува прашањето на кое ниво треба да се практикува опера-тивната вештина, дали е тоа работа само на оперативните планери во штабовите или е потребно нејзино сфаќање и на по-ниско, тактичко ниво. Доктрината со која се опишува оперативната вештина треба да биде едноставна, за да може секој да ја сфати, да биде комплетна - да одговара на сите прашања, да биде приспособена на сите видови операции, да биде опис-на - да ги објасни настаните на модерната војна и да дава доволно елементи како насоки за планирање. Таа треба да биде

снова за доктрината на една војска е воената теорија на државата и нејзината воена историја. Но, док-трината никако не смее да се сфа-

ти само како теорија, туку како практика, и во тој стил и треба да биде напишана. Доктрината постојано треба да се тестира дали е корисна во вистинска ситуација за да се провери нејзината релевантност во однос на промените кои настануваат. Про-блемот може да настане кога дизајнерите на воената доктрина премногу емотивно се поврзуваат со својот продукт и се про-тиват на нејзино менување, дури и кога таа не функционира. Наместо да ја при-способат на промените, често се обиду-ваат да ги сменат условите и состојбите на оперативното опкружување. Ова оди дотаму што се менува редоследот на безбедносните закани и со тоа при-оритетите на одбраната. Ние треба да се фокусираме на приспособување на опкружувањето, а не на неговото менување. Само мал број држави во светот имаат капацитети и можности да го обликуваат опкружувањето, а и тоа е дискутабилно. Последните случувања во светското војувалиште покажуваат дека никој не може целосно да го контролира оперативното опкружување. Невозмож-но е комплексните системи да се стават под апсолутна контрола.Доктрината на војската не смее да се сфати како догма. Командантите не сме-ат самите да се ограничуваат и да се заплеткуваат во доктринарните начела и теории. Бидејќи секоја ситуација е раз-лична, доктрината е само водич за да му

помогне на командатот, а оперативната вештина е алатка за да пронајде опти-мално решение на боиштето. За да биде корисна оперативната вештина треба да го фокусира процесот кон посакуваната цел, а не описно да теоретизира што сè може да се постигне. Заплеткувањето во општи планови и задавање на многу и нереални цели само додава комплицира-ност на веќе комплексниот систем. Затоа човечкиот фактор се смета како најважен во процесот на оперативната вештина. Без оглед на ограничените ресурси и средства, со комплексноста на оператив-но опкружување и краткото време како фактор, може да се постигне посакува-ната цел доколку човечкиот елемент пра-вилно се употреби на сите нивоа. Посебно е важно војниците да сфатат дека војската не може да постигне побе-да само со исполнување на воените цели. Тактичките можности и технолошките ка-пацитети се добродојдени, но едноставно не се доволни за да се постигне победа. Оперативната вештина тргнува од оваа претпоставка, дека војната не се добива само со борба, нешто што Сун Цу го пре-познал во практика одамна. Доктрината која ја објаснува оперативната вештина треба да биде применлива, да се фоку-сира на практична работа на војската во рамки на моменталното оперативно опкружување. Без оглед на технологијата и опремата, оперативната вештина треба да се стави во употреба бидејќи методите на изведување на воените операции не се менуваат толку драстично во краток период, а креативноста секогаш може да

VOJNATA NE SE ODLU^UVA SO EDNA BITKA

��

Page 45: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

корисни лекции за војната доколку се чита меѓу редови. Она што може негативно да влијае на развојот на корисна оперативна вештина е когнитивната тензија околу надлежно-стите во системот на командување и кон-трола. Оној кој е должен да ги обезбеди средствата, не би требало да ја реевалуи-ра тактиката и да ја рефединира мисијата на извршителите. Најкомпетентен да каже што му треба за успешно извршување на мисијата и задачите е крајниот корисник, а тоа е војникот на тактичко ниво. Оној кој ја доделува мисијата на војникот, треба да му ги обезбеди средствата за борба. Доколку не може, треба или да се нама-лат желбите и амбициите или да се реде-финира мисијата во однос на реалните состојби. Но, оперативното ниво мора да ја извести стратегијата за таа да може да го стори тоа. Доколку односот меѓу опе-ративното и тактичкото ниво остане непо-зната на стратегиско ниво, креаторите на политиките нема да знаат дека мисијата на војската е компромитирана. Оперативното ниво не смее да се воз-држува да ја каже реалната состојба на стратегиското ниво, туку да инсистира на реалните потреби за тактичко ниво да ја исполни мисијата. Доколку се изврши анонимна реевалуација и промена на так-тиката, стратегиското ниво ќе има лажна претстава за капацитетите и можностите на силите. Во случај на криза или војна,

мисијата нема да се исполни, а тактичкото ниво ќе претрпи непотребни загуби. Затоа постои оперативното ниво, тоа е врската со стратегиското ниво со задача да му помогне да си ги преиспита целите. Во принцип тактичкото ниво треба да работи со тоа што го има, но оперативното ниво не смее на сметка на таа иновативност, да сфати дека средствата се доволни и дека и без нив се може. Секогаш треба да се тежнее да се обезбедат максимални стандарди. Проблемот се јавува кога опе-ративното ниво, од различни причини, го ограничува тактичкото ниво во средства, додека крајните целите и очекувања оста-нуваат непроменети.

Ѓорѓи Вељовски

така напишана да може да биде водич за војна на оперативниот планер, давајќи му ги потребните теоретски елементи за пронаоѓање на практични решенија.Концептот дека војната треба да ги испол-ни целите на државата не е нов, но мо-дерната војна наметнува далеку поголема комплексност за да може тоа да се постиг-не со една битка, операција или кампања. Оперативната вештина како идеја е про-дукт на таа комплексност, таа се развила со еволуција на модерното војување, пот-тикнато од револуционерните промени на боиштето. Од една страна, оперативната вештина зборува за начинот на кој треба да се планираат операциите на оператив-но ниво, а од друга страна таа е алатка со која војската се подготвува, се опремува и се обучува за следната очекувана војна. Прашањата кои оперативната вештина треба да ги одговори се: за каква војна да се подготвува државата, колкава војска е потребна, со каква структура, со која опре-ма и на кој начин да се обучува. Оној кој се занимава со оперативната вештина би требало да биде објективен при гледање на големата слика. Војната не се одлучува со една битка, туку со серија на операции и кампањи. Тоа е мошне важно да се сфа-ти за денешното војувалиште, бидејќи во тој контекст треба да се дизајнира планот за употреба на силите. Интересно е што денес и понатаму постојат војници кои фантазираат за победа со еден удар, со една битка, иако практиката упорно пока-жува дека тоа време на војување одамна поминало. Од индустријализацијата на-ваму, ниедна војска не била победена со еден удар како во времето на Наполеон. Теоријата треба да биде основа за док-трина, таа не е сама по себе доктрина. Доколку се направи оваа грешка, опера-тивните планери и командантите нема да имаат директен водич за практична работа во реално време и состојби. Док-трината не може да биде двосмислена и треба јасно да помага во работата. Тоа не значи дека не треба да биде флексибилна и да овозможи слобода на размислување, бидејќи слепо врзување за минатите бит-ки и настани е погрешно - историјата мо-жеби се повторува, но веројатноста дета-лите да се повторат е речиси невозможна. Ниедна битка или операција не може да се репродуцира и да се повтори. Доктрината користи историски примери како лекции, но тоа не смее да се претвори во догма. Кога се проучува воената историја, не е важно што командантот одлучил, туку зошто така одлучил, кои услови и состојби влијаеле врз неговата визија.Во поглед на подготовката за војна, осо-бено корисна дефиниција за оперативна-та вештина е дека тоа е методологија со која се одлучува како најдобро да се ис-користат средствата со кои војската рас-полага за да се постигне стратегиската цел. Опремата и технологијата се само средства за исполнување на целта, а не цел сама за себе, затоа доктрината мора да биде замислена и дизајнирана да биде независна од одредена технологија и средства. Во реалност средствата не се никогаш доста, што не значи дека под-

готовката треба да престане. Затоа и се развил концептот на индиректен пристап, за со помош на оперативна вештина да се пронајдат повеќе курсеви на акција кои се реални и возможни со оние ресурси со кои се располага. Оперативната вештина, исто како и так-тиката и стратегијата, може да биде и по-грешна. Има безброј историски примери за ова. Оперативната вештина не е сама по себе гаранција за победа, тоа е само алатка која му помага на оперативниот планер да војува со расположивите ре-сурси. Главната поента на оперативната вештина е да се сфати дека војната не се добива со една битка, туку со диригирани, синхронизирани и координирани напори на повеќе нивоа. Додека оперативната вештина овозможува концептуална рам-ка на оперативно ниво, на тактичко ниво операциите се планираат со помош на процесот на донесување на одлуки. Во последните неколку децении, во една форма или друга, оперативната вешти-на почна да се изучува во сите западни армии, и полека станува составен дел на оперативното планирање и операции. Но, војните се скапи експерименти и иако практикувањето на оперативната вешти-на не може ништо да ја замени во целост, потребно е и теоретско вежбање. Истов-ремено, пишување на правила, проце-дури и упатства не се доволни за да се стане вешт во ова. Потребно е длабока

и суштинска анализа која ќе ги изучува минатите кампањи, операции и битки. Не треба да се проучуваат само победите, туку и поразите, да се направи форензика зошто така се одвивале настаните. Што допринело во еволуцијата на војувањето државите да ја менуваат својата тактика и доктрина, како стратегијата влијаела врз нивната подготовка за војна? Каде кре-ативноста придонела за победа, а каде поради недостиг на креативност дошло до пораз, каде потфрлило лидерството и поради што тоа се случило? Интересно е што на ова се гледа како на губење време и ова се проучува само површно, без дла-бока анализа, бидејќи буквално од денеш-ните книги и филмови може да се научат

��

Page 46: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

перациите на Mакедонскиот фронт во текот на 1916 година директно биле поврзани со влегувањето на Романија во војната на страна на Ан-

тантата и со дејствата на другите фронтови, а особено со дејствата на руско-романски-те сили јужно од Дунав. Доколку Романија ја потпише Воената конвенција со Антанта-та, сојузничките сили во Македонија треба-ле со офанзивни дејства во прво време да ги задржат непријателските сили кон себе и да ја овозможат непречената мобилизација и концентрација на романската војска, а по-

Дупка на 17 август ја преминала грчката граница и нападнала кон правецот Бито-ла – Лерин – Воден со цел да ја заземе линијата Островско Eзеро – Зборско. На 19 август 1916 година и II бугарска армија од фронтот планина Беласица – западен брег на горна Струма – грчко-бугарска државна граница преминала од западниот на источниот брег на реката Струма и из-била на линијата Серез - Кавала. Со оваа акција бугарските сили го пореметиле планот на генералот Сарај за офанзива. Со преминувањето на I бугарска армија преку државната граница јужно од Битола започнале долги и тешки борби кои трае-ле се до крајот на 1916 година, кога двете завојувани страни, психофизички заморе-ни, преминале во рововска војна.

БОРБИТЕ КАЈ ГОРНИЧЕВО И НА КАЈМАКЧАЛАН ОД 12 СЕПТЕМВРИ ДО 3 ОКТОМВРИ 1916 ГОДИНАКомандата на сојузничките сили на Маке-донскиот фронт на 20 август 1916 година одлучила да изврши прегрупирање на си-лите, а со I и со III српска армија од левото крило на 12 септември да изврши офан-зива врз бугарските сили. Оваа офанзива имала за цел да се протера бугарската војска од грчка територија, т.е. од егејскиот дел на Македонија. Одлучувачките бор-би се одиграле кај селото Гор-ничево и кај највисокиот врв на планината Ниџе – Кајмакчалан (2.521 м надморска височи-на). Завојуваните страни во оваие борби

МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ ВО 1916 ГОДИНА

NAJZNA^AJNI OPERACII

доцна во содејство со руско-романските сили јужно од Дунав, да им нанесат завр-шен удар на бугарските сили и да ја при-мораат Бугарија на капитулација. Согласно оваа стратегија генералот Сарај изработил план за офанзива на Македонскиот фронт според кој силите на Антантата на почето-кот на август 1916 година биле подготвени да извршат напад врз Централните сили. Романија долго време се премислувала дали да ја потпише Воената конвенција со Антантата бидејќи и Централните сили ну-деле одредена поддршка и територијални отстапки во Добруџа. На 17 август, по два месеци задоц ну вање, Романија ја потпишала Вое на та конвенција со Франција, Велика Британија, Италија и Русија, согласно која сојузничките сили на Македонскиот фронт требало да за-почнат офанзива на 20 август (според конвенцијата 72 часа по потпишувањето), додека Романија требало да објави војна и да ја нападне Австро-Унгарија најдоцна 8 дена по започнувањето на офанзивата на македонскиот фронт.Меѓутоа, истиот ден кога е потпишана воената конвенција бугарските сили по одобрувањето од Германија презеле офанзива на Mакедонскиот фронт со цел да го скратат фронтот, односно за да из-бегнат војна на два фронта (македонски и романски). Според наредбата на бугар-ската Врховна команда, I бугарска армија, развлечена на фронтот од Охридско езеро – битолска рамнина – Кајмакчалан – Мала

��

Page 47: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

го имале следниот распоред: српската ко-манда на левото крило ја стационирала III армија засилена со 1. бригада на тимочка-та дивизија. Со Дринската и со Дунавската дивизија извршила напад врз бугарските позиции на линијата Кајмакчалан - Плани-на Ниџе - Безимена Височина, северно од Горничево со задача Дринската дивизија да го заземе Кајмакчалан, а Дунавската да ги освои западните падини на планина-та Ниџе и да дејствуваат на левото крило и во тилот на бугарската војска во реонот на Горничево и Баница и со тоа да по-могнат на I српска армија. Првата српска армија во состав од Вардарската, Морав-ската и Коњаничката дивизија напаѓала на правецот: Безимена Височина северно од Горничево до комуникацијата Соровичево - Баница со задача Вардарската дивизија да ги заземе падините на Ниџе; Коњаничката дивизија да дејствува кон Соровичево, а Моравската дивизија да остане во ре-зерва. На десното крило II српска армија вршела демонстративен напад на Козјак, а на левото крило француско-руската војска под команда на генералот Кордоние имала задача да изврши напад кон Битола. Непо-средно пред нападот српските I и III армија биле засилени со артилерија, па вкупно рас-полагале со 51 пешадиски баталјон и со 55 артилериски батерии.Наспроти српската I и III армија била распоредена засилената I бугарска армија во состав од 40 пешадиски баталјони и 44 батерии. Таа ги бранела по-зициите од Кајмакчалан преку Ниџе до Пе-терското Езеро.Офанзивата ја започнала српската војска на 12 септември во 6,00 часот со силна артилериска подготовкашто траела цел ден и се пренесувала од една до друга от-порна точка. Потоа, околу 12,00 часот поч-нала да дејствува и бугарската артилерија. Македонија горела. Во овој густо населен крај не останало село што не било во пла-мен. Борбите продолжиле со иста жесто-кост и на 13 септември. На 14 септември се развиле најжестоките борби. Српската војска настојувала по секоја цена да ги освои падините на Ниџе и котата 1.500. Токму на тие места бу-гарската одбра-на била цврсто организирана, а отпорот го помагала бугарската артилерија што дејствувала од позициите кај Старковиот Гроб во реонот на селото Сович. Потоа, српската команда ја искористила резер-вата, па бугарските единици се повлекле од позициите кај Горничево и Баница кон Лерин на порано подготвените позиции на линијата: Кајмакчалан, Старков Гроб и село-то Сович. Борбите продолжиле и на 15 сеп-тември кога српската војска се доближила до Лерин, Старков Гроб и селото Живојно. Битката завршила на 16 септември 1916 година на достигнатата линија. Тоа била прва жестока битка меѓу српската и бугар-ската војска на Македонскиот фронт. Во таа битка српската војска била помогната од француско-руските единици. Српската војска успеала да ја потисне бугарската војска од реонот Горничево, Соровичево, Баница и Петерско, но притоа имала бројни загуби.Борбите меѓу српската и бугарската војска по битката кај Горничево продолжиле на линијата Кајмакчалан - Старков Гроб - се-лото Сович. Најжестоки борби во рамките на противофанзивата на силите на Антан-тата кои имале за цел да ја протераат бу-гарската војска преку Црна Рекасе воделе

борбите кај Горничево и за Кајмакчалан на двете страни имало голем број жртви. Спо-ред изворите бројот на жртвите бил околу 20.000 војници и старешини на двете спро-тивставени страни. Со оглед на тоа дека во првите борбени редови и на српската и на бугарската војска главно се бореле Маке-донците тие ги давале и најголемите жртви, односно служеле како живи мети.

БОРБИТЕ КАЈ ЦРНА РЕКА ВО ПЕРИОДОТ ОКТОМВРИ-НОЕМВРИ 1916 ГОДИНАПовлекувајќи се од позициите на Кајмакчалан бугарската војска примену-вала еластична одбрана кон падините на височината Сокол и кон Добро Поле, а од Сивите Карпи и Старковиот Гроб се повле-кле околу 15 км на север, на новата утврде-на линија од селото Брод - левиот брег на Црна Река до селото Петалино. Борбите кај големата кривина на Црна Река трае-ле од 4 до 19 октомври 1916 година. Со операцијата на Црна река раководело гер-манското високо командување. Имено, на 26 септември е сменет командантот на бугарската I армија, генералот Бојаџиев, а

на неговото место е поставен генералот Фон Винклер, командант на XI германска армија, која до тогаш го држела фронтот од двете страни на Вардар. Тогаш I бугар-ска армија е преименувана во XI герман-ска армија, иако силите биле бугарски. Во почетокот на октомври после губењето на Кајмакчалан формирана е команда на групата армии на чело со генералот фон Белоф, со седиште на штабот во Скопје. Поради влошената ситуација на овој дел од фронтот од сите бугарски и германски сили во завојот на Црна река е формирана комбинирана дивизија под команда на ар-тилериски бригаден генерал фон Хипел. Со доведувањето на германските команданти на полковите, на самостојните баталјони и артилериски единици на отсекот во завојот на Црна Река преовладува во потполност германската команда.

за Кајмакчалан. Позициите на бугарската војска на Кајмакчалан биле уште од порано уредени така што се состоеле од три реда: основни, резервни и дополнителни ровови ме-ѓусебно поврзани со сообраќајници и повеќе скривници. На предниот крај на по-зициите имало жичана ограда која била ми-нирана. Сето тоа претставувало цврста од-брана засилена со артилериска поддршка.Српската војска одлучила да ги освои позициите на Кајмакчалан без оглед на жртвите. Ноќта на 16/17 септември 1916 се вршеле артилериски подготовки, а на 17 септември српската Дринска дивизија извршила напад врз позициите што ги бра-нела бугарската 3. дивизија. До вечерта српската војска ги освоила позициите кај Плоча, Кочобеј и Попадија. На 17 септем-ври сојузничката арти-лерија направила бреша во жичаните пречки пред втората линија на рововите, па српската војска поч-нала да се уфрлува во меѓупросторот. Бу-гарската војска извршила противнапад во кој дошло до борба гради в гради. За само два дена позициите на Кајмакчалан некол-ку пати минувале од раце в раце и секогаш со поголеми жртви. На 18 септември околу

19 часот српската војска ги освоила врвот Кочобеј и котата 2.521 со што го заземале Кајмакчалан. На 26 септември бугарската војска извршила противнапад и повторно ги заземала Кочобеј и котата 2.521, одно-сно Кајмакчалан. Потоа поради големите загуби на двете страни настапило привре-мено прекинување на борбените дејства иако позициите биле релативно близу едни наспроти другите. Тоа кратко примирје двете страни го искористиле за пополна и за подготовки на нови напади. На 30 сеп-тември српската војска извршила напад и повторно ги зазела Кочобеј и котата 2.521. На 3 октомври ги освоила позициите на Сивиот Брег и Старковиот Заб и ја прину-дила бугарската војска да се повлече кон Црна Река. Заземањето на Кајмакчалан претставувала стратегиска персвртница со оглед на значењето на овие позиции. Во

Page 48: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

тралези, 87 минофрлачки и околу 15.000 пушки. Сојузничките загуби изнесува-ле 1.209 офицери и 31.432 подофицери и војници (загинати, ранети и исчезнати). Од 6 декември во 1916 година на целиот Ма-кедонски фронт се поминало на позициско војување и на зацврстување на одбран-бените позиции. Целата зима 1916/1917 година војската поминала на позициите во рововите, се појавиле заразни болести и имало многу болни и мртви. Кризата ја зго-лемувале и Македонците кои ги разоткри-ле целите на српската и бугарската влада, па не сакале да служат за туѓи интереси. Сопственото незадоволство Македонците го манифестирале со бегање од српските и бугарските единици. Поради тоа биле отворени логори за бегалци – Калуѓерица кај Радовиш, во Кавадарци и др. За да го избегнат повторното испраќање во први-те редови на фронтот, Македонците се приклучувале во француската војска каде што служеле како работна сила, или, пак, се криеле по планините. Само од II бугарска армија од март до август 1918 година де-зертирале 2.132 војници.

Покрај дезертерствата на антивоеното рас-положение влијаеле и неодговорноста, од-носно недисциплината. Меѓу носителите на таквите појави, покрај војниците, имало и бројни старешини. Поради тоа се појавиле бунтови во повеќе единици. Во јуни 1918 година настанал бунтот во 27. полк на бугарската војска. Незадоволството од самоволијата на старешините се претвори-ло во барање за прекинување на војната и склучување мир. Овој полк бил опкружен со 4. бригада на 302. германска дивизија и од две чети од 8. бугарски полк. Околу 700 души од полкот биле разоружани, а 67 про-гласени за водачи на бунтот и биле веднаш стрелани. Останатите биле испратени во логори. До овој настан на Македонскиот фронт околу 40.000 луѓе биле судени за дезертерство, побуни и други форми на антивоени манифестации. Од овие, околу 2.500 војници и офицери биле стрелани. Новопоставената фронтовска линија, со повремени локални измени, траела до конечното пробивање на Mакедонскиот фронт во 1918 година.

д-р Александар Стојчев

Единиците на бугарската војска го има-ле следниов распоред: два полка од 2. тракиска дивизија ги бранеле позициите на завојот на Црна Река, западно од тра-киската се бранела 8. тунџанска дивизија, а на просторот кон Преспанското Езеро биле распоредени единиците на бугарска-та 6. дивизија. На позициите кај Црна Река напаѓала I српска армија која успеала да ги потисне бугарските единици, а III српска армија извршила напад врз позициите на 8. тунџанска дивизија и ја отфрлила кон Полог. Потоа интервенирала германската 302. дивизија со што српската III армија повторно била вратена на почетните пози-ции. Во тоа време Дринската дивизија на-стапувала од Кајмакчалан кон Сокол (кота 1.822), а истовремено содејствувала на Шумадиската дивизија која напаѓала кон Добро Поле и Ветерник, каде што напади-те постапно се претвориле во позициска војна.Во периодот од 20 октомври до 14 ноем-ври 1916 година се воделе жестоки борби во реонот на селото Тепавци. На овој про-стор бугарската војска, засилена со герман-ски единици, организирала цврста и упор-на одбрана со цел да го одбранат градот Битола. Генералот Сарај, откако се уверил дека со обиколен маневар не може да ја ос-вои Битола, го пренел тежиштето на борби-те кај Црна Река. На 22 октомври ја засилил I српска армија со 17. француска дивизија и со полкот на Зуавите од составот на колонијалната дивизија. Истиот ден гер-манската 302. дивизија извршила против-напад на левото крило на I српска армија. Тој напад бил одбиен, по што српските единици почнале да се утврдуваат на па-дините на Селечката Планина во висина на котата 1.212. Третата српска армија на 10 ноември го пробила бугарскиот фронт и го зазела Полог. Притоа заробила 2.000 бугарски војници и 26 топови. По нападот на француските и на руските сили кај Црна Река бугарските единици се повлекле на позициите 4 км јужно од Битола. На 18 но-ември германската 11. дивизија извршила напад врз француските и српските сили и ги зазела позициите на котата 1.212 на Селечката Планина. Меѓутоа, српската, француската и колонијалната војска на 19 ноември тргнале во силен противнапад, ги протерале германските и бугарските сили и навлегле во Битола. Германската XI армија се повлекла и се задржала на линијата: Пе-листер - Киромарица (кота 1.248) - с. Кара-мани - с. Добромир - кота 1.050 - северно од селото Рапеш.Борбените дејства на овој дел од Маке-донскиот фронт продолжиле до крајот на ноември 1916 година. Некои позиции по неколку пати минувале од раце в раце, особено котата 1.050. Српско-француско-колонијалните трупи се обиделе да ги разбијат бугарските и германските сили кај Црна Река и кај Битола, но не успеале со оглед на тоа дека во меѓувреме тур-скиот 20. корпус на фронтот источно од Дојранското Езеро ја сменил бугарската II армија која потоа на просторот кај Битола префрлила 40 баталјони. За три месеци борби во 1916 година сојузничките сили продреле околу 40 км на север, ја зазеле Битола и започнале со утврдувањето на позициите. Во тие борби сојузничките сили заробиле 170 офицери и 7.000 подофице-ри и војници. Заплениле 97 топови, 87 ми-

��

Page 49: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

да дадат по едно или повеќе деца за воспитување во исламски дух во во-ената академија во Истанбул. Еден од тие бил и Ѓеорги Кастриот кој неприкос-новено владеел со областа Кастриот. Неговата жена била Војислава, со која имал четири сина: Станиша, Репош, Ко-стадин и Ѓорѓе (Ѓураѓ). Едно од тие деца бил и Ѓорѓија (Ѓерѓ) Кастриот. Ѓерѓ Ка-стриот, бил ктитор на манастиот „Хилан-дар“ на Атос на полуостровот Халкидик. Таму тој во негова близина изградил пирг-кула, која имала цел да го брани ма-настирот од гусари и разбојници. Таму по смртта е погребан Репош, синот на Ѓеоргија Кастриот, кој како 18-годишно момче од страна на татко му бил испра-тен како заложник на султанот Мурат II на дворот во Едрене. Таму тој го завр-шил военото училиште. Поради успе-сите во училиштето и борбеноста, кога му ја смениле хрстијанската со мусли-манска вера, Кастриот го добил и името Искендер-беј, што е муслиманска фор-ма за Александар-бег. Имено, султанот Мехмед II посебно го ценел Искендер кому во 1438 година му ја доделил ти-тулата бег и се вратил во родниот крај. Од султанот бил поставен за управник на Кроја и тогаш почнале да го имену-ваат на турски јазик како Искендер--беј (мак. Скендер-бег, алб. Скедер-беу).Кога во 1443 година унгарско-полски-от крал Владислав презел воена акција против османлиите, по големата побе-да на унгарскиот војсководец војвода

он крајот на 14 век османлиите по-степено почнале да ја наметнуваат својата власт на Југоистокот на Ев-ропа, поточно низ Балканскиот По-

луостров. Тамошните феудалци, еден по еден, со цел да ја задржат својата феудална позиција, ја признавале вла-ста на султанот и станувале негови ва-зали со обврски да плаќаат данок и да учествуваат во битките на османслиска-та војска.Некои од нив дури и се обиделе да се борат против османлиите, но притоа ги загубиле своите имоти. Останати-те, поучени од ова чекале некоја по-годна можност за побуна. Кога дошло до дестабилизација на османлиската држава, по поразот кај Ангора (Анкара) во 1402 година и потоа во династички борби, некои феудалци во Албанија го отфрлиле османлиското вазалство или се ставиле на страната на полиберални-те османлиски претенденти на престо-лот. Ова незадоволство се претворило во отворен бунт за време на пописот во 1431/32 година. Тогаш цели села не сакале да дојдат пред комисиите што го вршеле пописот. На чело на от-порот застанале феудалните семејства Аријанити и Зенебиси, но бунтот бил задушен крваво. По задушувањето на бунтот, синот на Ѓеорг Кастриот, Скендер-бег, бил поставен за управител на Круја (1438-1440година).Некои од феудалците, како заложба за гаранција на мирот, биле обврзани

МАКЕДОНСКИ ВОЈСКОВОДЦИ И КОМАНДАНТИ

��

GEORGI-|ER| KASTRIOT SKENDER-BEG

ГЕОРГИ-ЃЕРЃ КАСТРИОТ НА МАКЕДОНСКИ, НА ТУР. ИСКЕНДЕРБЕЈ, НА АЛБАНСКИ. СКЕНДЕРБЕУ, (КРОЈА, 1405 - 1468) БИЛ ФЕУДАЛЕН БЛАГОРОДНИК, АЛБАНСКИ, МАКЕДОНСКИ И БАЛКАНСКИ, ВОЈСКОВОДЕЦ НА ВОСТАНИЕТО ПРОТИВ ОСМАНЛИСКАТА ИМПЕРИЈА И ВО ПЕРИОДОТ ОД 1443-1468 Г. СОЈУЗНИК НА ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ОСМАНЛИИТЕ

Page 50: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

кои 4.000 биле коњаници, за да ги над-мудри противниците со изненадување, ги нападнале ненадејно осмалиите и ги поразиле.Новиот султан Мехмед II, освојувачот на Цариград, со уште поголема реши-телност ги продолжил борбите против Скендер-бег. Во летото 1452 година од Охрид, против востаниците тргнал Хам-за-паша, но кај Модрич бил победен. Внукот на Скендер-бег, Хамза, успеал да го зароби османлискиот војсководец со истото име Хамза-паша. Во оваа борба од двете страни загинале околу 4.000 борци. Натаму во текот на цела 1456 година се воделе нови жестоки борби околу тврдините на Круја и Берат. Во овие крвави борби победиле османлии-те, а околу 5.000 востаници паднале на бојното поле. Овој голем пораз бил при-дружен и со предавство на командантот Мојсеј Големи, кој преминал на страната на османлиите. Мехмед II потоа го поста-вил Мојсеј Големи за главен командант на една нова војска од 15.000 војници и го испратил да се бори против Скендер-бег. Околу 10.000 востаници го доче-кале кај Долни Дебар и го поразиле, по што тој пак отишол кај Скендер-бег кој го прифатил, а тој потоа му останал верен до крајот.Борбите на Скендер-бег со османлиите траеле речиси три децении, од 1443-1468г.. при што Скендер-бег ќе успее да им се спротивстави на османликите на-пади благодарение на својата војничка способност и на логистичката поддршка од месното население. Низ борбите тој успева да се истакне со чудесно јунаштво, завидно стратешко знаење и умеење, извонредно познавање на османлискиот начин на војување и го-лемата дарба за дипломатија. Најславна битка била за одбрана на Кроја, каде со османлиската војска командувал лично султанот Мурат II, а по него и новиот сул-тан Мехмед II.Султанот Мехмед Втори Освојувач, презел уште поенергични мерки за задушување на востанието на Скендер-бег. Првата голема битка меѓу востани-ците и османлиите била кај тврдината

Јанко Хуњади, познат уште и како Јанкула војвода кај Ниш, Скендер-бег со 300 коњаници ги напуштил османлиите. Тој од таму се упатил кон Дебарскиот крај, каде нашол многу приврзаници за својата намера за кревање на востание. По ова Скедер-бег се упатил кон Кроја и пак се вратил во Дебарско кај тамошни-от негов приврзаник, командантот Мојсо Големи. Така, по поразот, Скендер-бег станал бунтовник, се вратил во Кроја и ја зазел со итрина, потоа успеал да го заземе и Берат и го прогласил востани-ето за успешно. Набргу успеал да ја за-земе и важната тврдина Светиград во Македонија и да ја ослободи цела средна Албанија и западните краеви на Дебар-ско. Потоа Скендер-бег оформил поголе-ма востаничка војска која броела околу 10-15.000 војници. Востаничката војска била вооружена со традиционалното вооружување за тоа време: сабји, копја и стрели. Формациски, таа главно се со-стоела од лесна пешадија, по углед на османлиската пешадија. Војската со која командувал Скендер-бег била составена претежно од месното христијанско на-селение од пределите каде востанието се ширело како што се: Голо Брдо, Де-барско, источните делови на централна Албанија и други места.Во борбата за превласт нему му се спро-тивставувале османлиите, но и некои домашни месни феудалци кои повреме-но се судирале со Скендер-бег или, пак, војувале за потребите на Венеција. Но, поголемиот дел од тамошните феудал-ци, согледувајќи ја успешноста на воста-нието, му изразиле послушност и го при-знале за свој водач. Потоа Скендер-бег воспоставил односи со низа владетели и држави во Европа. Етничката припад-ност не била основа за определувањето на борбата, туку религиозните и економ-ски причини. Токму од овие причини вос-танието се ширело мошне бргу, така што Скендер-бег на 27.11.1443 година во Кроја се прогласил за поглавар на освое-ната територија.Биографот на Скендер-бег, свештеникот Марин Барлети, гардата на Скендер-бег ја нарекува Преторијанска гарда. Скендер-бег се грижел за храната, об-леката, вооружувањето и за плаќањето на припадниците на оваа гарда. Ново-создадената војска ја држел секогаш во движење, вежби и активност, и бла-годарение на ова за кратко време ја оспособил за борба, како да била извеж-бана со години. Барлети укажува дека Скендер-бег се плашел новата млада армија, полна со храброст и самодовер-ба, која со полн глас барала да биде упа-тена против османлиите, да не преземе самостојни чекори или тоа да го сторат некои нејзини поединци. Заради заштита од упадите на османлиите, Скендер-бег ја осигурал својата територија со поправ-ка на стари и градење на нови одбран-бени кули, особено околу градот Кроја, Модрич и други места. По извесно време во рацете на Скендер-бег паднале голем број тврдини, меѓу кои и стратегискиот град Коџаџик (Свети-

град). Кај селото Коџаџик, општина Жупа и денес се уште се наоѓаат остатоците од тврдината Коџаџик од времето на востанието на Ѓерѓ Кастриот-Скендер-бег (1405-1468). Со тоа Дебарската област била целосно ослободена и ста-нала истурена погранична востаничка територија кон османлиската држава, во која постојано во наредниот пери-од ќе има судири помеѓу востаниците и турската војска. Веќе во летото 1448 година против Скендер-бег се упатил са-миот султан Мурат Втори, кој со себе го водел и престолонаследникот Мехмед. Но, востаниците успешно го одбраниле Светиград, по што поголемиот дел од Дебарската област и понатаму останала во нивни раце.Така востанието на Скендер-бег го за-фатило западниот дел од Македонија со градовите Дебар, Модрич, Свети-град и други, а неколку големи битки меѓу востаниците и Турците се воделе на територијата на Македонија кај По-лог, Охрид, кај Дебар и на други места од овој крај. Во востанието учествувало и македонското население, кои со го-леми симпатии гледало на борбата на Скендер-бег против османлиите. Ова се должело и на фактот што тешките по-следици од востанието ги почувствува-ло и македонското население кое уче-ствувало на страна на Скендер-бег. Над месното население османлиските власти вршеле депортација, наметнување на разни давачки и се одмаздувале. Заради сопствена заштита македонското насе-ление бегало во планините, емигрирало надвор од земјата, а дел го примило и ис-ламот и се интегрирало во османлиската држава. Османлиската централна власт, во сеп-тември 1446 година, испратила армија од околу 10.000 војници, на чело со Му-стафа-паша да го задуши востанието на Скендер-бег. Оваа војска поминала низ Македонија и се стационирала во Дол-ни Дебар. Од другата страна, војската на Скендер-бег од околу 5.000 лица, од

Page 51: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

Модрич, при што востаниците извојувале решавачка битка. Но, наскоро следеле тешки моменти за востаниците, преда-звикани од предавствата на некои видни феудалци. Долготрајните борби со Скендер-бег го увериле султанот дека за покорување на слободната територија на востаници-те е неопходна поголема и континуирана воена акција. Така, со новата стратегија, османлиско-турската војска навлегла на територијата на востаниците, при што за-робила многу видни команданти на вос-таничката војска и во 1457 година, бор-бите пак продолжиле. Нова турска армија од 40.000 коњаници на чело со Иса-бег и Хамза, внукот на Скендер-бег кој сега застанал на страната на османлиите, тргнале против востаниците. Војските на Скендер-бег се повлекле во планините и во септември 1457 година, кај селото Томорица, Скендер-бег извојувал голема победа. Тој ја изненадил војската на Иса-бег додека логорувала. Тогаш, наводно загинале 15.000 османслиски војници, а по некои автори дури и 30.000. Иса-бег успеал да избега, но Хамза бил заробен. Скендер-бег повторно како и многупати дотогаш се покажал великодушен и му го простил предавството. Во август 1464 година една поголема османлиска армија од 14.000 лица на чело со Шеремет-бег се судрила со вос-таниците на Скендер-бег во близината на Охрид и била поразена. За да се од-мазди, султанот Мехмед II организирал нова армија од околу 15.000 коњаници и 3.000 пешадинци на чело со Балабан-па-ша, кој по потекло бил од Лабанија. Бала-бан-паша тргнал преку Битола кон албан-ските планини и градот Кроја. По патот воените утврдувања на востаниците во клисурите ги зазел со многу жртви. Во овие жестоки судири и Скендер-бег загу-бил многу луѓе, од кои и осуммина важни личности, а меѓу нив Мојсеј Големи, Ан-гел Музаки и Блодин Гурица. Усилбите на Скендер-бег да ги ослободи со откуп, останале безуспешни. По наредба на Мехмед II овие тројца биле сурово погу-бени во Истанбул. Освен востаниците на Скендер-бег, во отпорот против османлиите учествувала и војска на Венеција и наемници на не-аполскиот крал. Околу Кроја постепено се насобрала неколкуилјадна османлиска војска на чело со султанот Мехмед II. Но, по долгата исцрпувачка и неуспешна оп-сада, во јуни 1465 година, Мехмед II со 20.000 војници ја напуштил опсадата на Круја и го оставил Балабан-паша со оста-натите војници да ја продолжи борбата. Како помош на Балабан-паша му бил испратен неговиот брат Јонуз, со многу силна воена формација. Дознавајќи за ова, Скендер-бег не дозволил двете гру-пи да се спојат туку му излегол во пре-срет на Јонуз-бег и во еден ноќен напад сосема го уништил, а Јонуз-бег и негови-от син биле заробени. Но, во еден напад на Кроја, и самиот Балабан-паша бил тешко ранет со куршум во вратот. Натаму следувале бројни битки на Скендер-бег со османлиите и тие се

папата. Тој со нивна подршка имал наме-ра да започне нов поход против осман-лиите, но во текот на подготовките се разболел и на 17.1.1468 година умрел. Бил погребан во црквата „Св. Никола“ во градот Леш.Во времето на востанието на Скендер-бег и веднаш по неговото задушување, многу албански семејства емигрирале во Јужна Италија, Калабрија и Сицилија, каде што основале свои села. Во оваа емиграција отишле и многу припадници на словенското христијанско население од Западна Македонија, особено од пределот на Дримкол и Дебарско, како и оние што живееле растурени по источна-та граница на Албанија, особено од обла-стите Голо Брдо, Мат, Чермеика и Девол. Постојат народни преданија во Охрид и во селата Локов и Вевчани, дека само од овој крај во Италија отишле околу 3.000 лица. Во Јужна Италија и на Сицилија преселниците го пренесле и култот на Климент Охридски.Скендер-бег како балкански херој има сил-ни и слаби страни, зависен е од неговите кнезови од соседството, од љубомората и помошта на итали јан ските сили, од ограничениот број и вооружување на војниците кои можел да ги мобилизира и да ги вооружи. Затоа упорниот водач не претставува симбол на борбата за слобода само за албанскиот туку и за македонскиот и за останатите балкански народи. Споменици со Скендер-бег на коњ денес има во Албанија, на Косово, во Македонија, дури и во Рим, а плош-тади во Париз и во Брисел го носат не-говото име. Уште кога бил жив бил сла-вен по тоа што создал тврдина против експанзија на османлиите. Митот за него бил образложен во биографијата „Живо-тот и делата на Скендер-бег, кнезот од Епир“ (1508) од Маринус Барлециус, која до денес се смета за најсеопфатен извор за биографијата на Скендер-бег. Денес во центарот на Дебар и во старата Скоп-ска чаршија се подигнати споменици на Скендер-бег. Во Дебар, според извесни археолози и историчари, е лоциран сред-новековниот град Ораховник-Раховник, кој го зафаќал центарот на денешниот град Дебар и кој во историските записи се споменува и како Свети Град. Место-положбата и името на Свети Град, Дебар и Коџаџик и денес се предмет на научна дискусија помеѓу научниците, историча-рите и археолозите.Славата на Скендер-бег се ширела низ цела Европа и тоа придонело да се реа-фирмираат имињата на Македонија и на Албанија во културните средини на За-падна Европа. Ова востание станало сим-бол на заедничката борба на албанското, македонското и на влашкото население. Споменот на ова востание влијаело дури и во 19 век врз македонскиот поет Гли-гор Прличев кој ја воздигнал славата на овој борец против странскиот поробувач во поемата: „Скендер-бег“, напишана на грчки јазик.

проф. д-р Марјан Димитриевскигенерал Борис Стојановски

одвивале претежно за одбрана на сло-бодната територија. Такви битки биле битките кај: Мокренско Поле 1445 годи-на, Горен Дебар 1446 година, Ораник 1448 година и 1456 година, Светиград 1449 година и 1464 година, Кроја 1450 година и 1466/67 година, Модрич 1451 година, Полог 1453 година, Албуленско Поле 1457 година, Ливада 1462 година, Охрид 1464/65 година и на други места.Постигнатите победи против османли-ите Скен-дер-бег ги платил многу скапо. Надежта за помош однадвор била многу мала. И покрај неговата посета наРим и Неапол, тој добил речиси незна-чителна помош. Од нив тој повеќе до-бивал морална поддршка да истрае во борбата против османлиите во одбрана на христијанскиот свет, за што според одредени сознанија од папата бил име-нуван како „бранител на христијанството на Балканот“.

Само Венеција која тогаш војувала со Османлиската Империја била подготве-на да му помогне. Таа му испратила на Скендер-бег неколку илјади дукати и не-колку стотици војници и барала од него да го нападне Елбасан. Разбирлив бил интересот на Венецијанците за Елбасан кој бил во османлиски раце. Со ова тврди-на се повеќе се стегал железниот обрач околу Кроја. Но, не била загрозена само територијата на Скендер-бег. Од тоа ди-ректно биле загрозени и венецијанските градови на албанското копно, бидејќи желбасанскиот санџак-бег, добил задача да го нападне и градот Драч и да го при-клучи на неговиот санџак.Освен од Унгарија и од Венеција, Скен-дер-бег имал поддршка и од останатите европски христијански држави, како и од

Page 52: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

лобализацијата на комуницирањето и интернет-зависноста од една стра-на и непознавањето на информа-тичките функции и технологијата

при користењето на социјалните интер-нет мрежи од друга страна, можат да до-ведат до нарушување на безбедноста на корисниците, на нивните пријатели, род-нини, работната средина и професионал-ните обврски, нивото на приватноста, па дури и на заедничката безбедност. Во овој труд е направен обид за елаборација на дел од начините за приспособување на опциите на социјалната интернет-мре-жа Твитер, со што би се намалил ризикот за нарушување на безбедноста.Социјалните интернет-мрежи денес ста наа неизоставен дел од нашето секојдневие. Можноста корисниците на социјалните интернет-мрежи да созда-дат јавни или делумно јавни профили во рамките на веб-системот, да кому-ницираат и да споделуваат пишани или мултимедијални податоци и да ги следат активностите на другите корисници ста-на феномен на интернет со експанзија во големи размери.Секој од нас, ако не е корисник, сигурно има пријатели, членови на семејството или познаници коишто се корисници на социјалните интернет-мрежи. Самиот факт што во интернет-просторот има социјални интернет-мрежи со различни намени и цели доведува до тоа секој поединец да претпочита една или друга социјална интернет-мрежа.Како најпознати социјални ин-тернет-мрежи во глобални рам-ки претставуваат Facebook, Twitter, LinkedIn и YouTube. Секоја од овие социјални интер-нет-мрежи се соочува со про-блемите за зачувување на при-ватноста на корисниците .Најпрвин да видиме што, всуш-ност, претставува Твитер. Тви-тер е социјална интернет-мрежа намента за микроблогирање. Оваа социјална интернет-мре-жа им овозможува на своите корисници да комуницираат текстуално, со пораки, кои се наречени твитови (кои содржат намногу до 140 карактери) или, пак, мултимедијални содржини како слики или видеа. Пораки-те, односно твитовите, се јавни

SOCIJALNA SOCIJALNA INTERNET-MRE@A INTERNET-MRE@A INTERNET-MRE@A TVITERTVITER

и достапни за целокупната корисничка мрежа на Твитер. Во согласност со рас-положивите податоци Твитер во момен-тот има околу 500 милиони корисници.Препорачливо е секој корисник да ги про-чита и да ги почитува правилата и поли-тиката за користење на оваа социјална интернет-мрежа. Во понатамошниот дел на оваа статија е направена елаборација на основните услови за користење на Твитер.Основните услови за користење коишто Твитер ги нагласува се однесуваат на тоа дека секој корисник на социјалната интернет-мрежа е одговорен за употре-бата и за поставувањето содржини на самата мрежа, а со тоа и за евентуални-те последици, односно за законските и етички реперкусии кои следуваат. Цело-купната содржина што се објавува на Твитер е јавна, не само за корисниците на социлајната интернет-мрежа туку ис-тата може да биде проследена и до над-ворешни лица и компании. Затоа Твитер ја апострофира основната препорака за споделување на содржини кои корис-никот сака, односно има желба истите да бидат јавни. Во основните услови на Твитер, исто така се наведува дека, до-колку корисникот претставува компанија, организација, владина институција, мора да има овластување за тоа. Воедно, во условите за користење на Твитер на ко-рисниците им се укажува дека се должни да ги почитуваат законите, како домаш-ните така и меѓународните. Компанијата

што раководи со Твитер навестува дека е можно блокирање, оневозможување на пристап и евентуална наплата на дел од услугите. Твитер во своите услови на-вестува дека е возможно да се реклами-ра одреден производ или компанија без одобрување од страна на корисникот.За креирање кориснички профил на со-цијалната интернет-мрежа Твитер по -требно е да се наведат следните пода-тоци: име, email-адреса и пасворд или лозинка. По наведувањето на овие по-датоци и потврдувањето на email-адре-сата, корсисникот поседува профил на социјалната интернет-мрежа. Откако корисничкиот профил е креиран постојат низа можности и опции за ко-риснички приспособувања. Овие корис-нички приспособувања се сместени во менито на корисникот и се однесуваат на општи приспособувања на профи-лот, безбедност и приватност, проме-на на лозинката односно пасвордот, приспособувања за мобилни уреди, нотификации, ап ликации и слично.Во следниот дел ќе биде извршена сим-плифицирана елаборација на дел од можностите за приспособувања на ко-рисничкиот профил.Општите кориснички приспособувања се однесуваат на корисничкото име, email-адресата, лозинката, временската зона и на јазикот. Како следна опција која им е ставена на располагање на корисниците претста-вува безбедноста и приватноста. Во

овој дел корисникот може да изврши приспособување на без-бедноста со различен начин на верификација на лозинката. За ова постојат три опции: да не се верификува лозинката, ло-зинката да се верификува преку мобилен уред и верификацијата да се изврши преку Твитер-апликацијата. Во делот за заштита на при-ватноста, Твитер ги овозможу-ва следниве опции: прва опција претставува „тагирање на сили“. Во овој дел Твитер ги нуди следните опции овозможување на истото, оневозможување и овозможување исклучиво од лицата коишто се следат. След-на опција претставува заштита на твитовите и со чекирање на

Page 53: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

м-р Бојан Николовски

��

Опцијата односно „табот“ којшто е следен се однесува на повр-заноста на корисничкиот про-фил со апликациите. Во овој дел Твитер дава можности за поврзување на корисничкиот профил со останатите социјални интернет-мрежи со разни уреди и слично.Како заклучок на гореизнесено-то е дека во изминатиов пери-од социјалните интернет-мрежи станаа простор за дружење и запознавање на нови лица, овозможија од една старана стапување во контакт со лица со кои се познаваме и простор за

собирање на податоци од лична природа од друга страна. Со цел надминување на евентуалните проблеми со нарушување на при-ватноста, а со тоа и нарушување на личната безбедност, корисни-ците треба да се запознааат со можностите за заштита на при-ватноста на секоја социјална мре-жа одделно. Во овој труд е напра-вен обид за основна елаборација на социјалната интернет-мрежа Твитер, како и на можностите за апликативно приспособување на корисничкиот профил, со цел на-малување на ризикот и на мож-ностите за намерно или ненамер-но нарушување на приватноста.

оваа опција, пораките, односно „твитовите“, стануваат достапни само за лицата коишто ќе ги на-значи корисникот. По оваа опција на корисникот му се ставени на располагање оп циите за одобрување или неодобрување на локацијата, можноста за пронаоѓање на корисникот преку email-адреса, персонализација на профилот, можност за членување во групи и слично.Како следни кориснички при спо-со бувања претставуваат оп-циите за плаќање и купување на производи и внесување на електронски платежни картички кои би биле поврзани со корис-ничкиот профил и историјата на извршени трансакции.Следно корисничко приспосо бу-вање кое е овозможено од стра-на на социјалната интернет-мре-жа Твитер, всушност претставува можноста за поврзување на корисничкиот профил со одре-ден телефонски број. Тука треба да се напомене дека Твитер ав-томатски ја одредува државата и повикувачкиот број. Во овој дел како опција е дадена мож-носта за „даунлодирање“, одно-сно симнување на мобилната апликација на Твитер.Следните две опции за кориснич-ки приспособувања на профилот се однесуваат на известувањата кои би се добивале надвор од со-цијалната интернет-мрежа, и тоа на email-адресата или пак на веб-страница. При спо собувањето на овие опции е едноставно, со од-би рање на опција од менито.Следните две подменија се одне-суваат на блокирани и мутирани корисници, односно корисници коишто биле дел од листата на следени корисници, но истите се блокирани од страна на корисни-кот.Следната можност за при спо-собу вање се однесува на пер-со нализација на изгледот на корисничкиот профил, бојата на позадината и слично.

Опции за приспособување на корисничкиот профил

Page 54: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

за две млади дами, Потпоручник Радица Митрева и питомец Адријана Цветановска, припаднички на АРМ

ако општество одамна ги имаме над-минато стереотипите. Македонија се развива во сите правци. Сите пред-расуди, себични толкувања и опште-

ствени догми кои ја оптоваруваат слобода-та, за нас како држава се неважечки.Ако родовата рамноправност е „вечната тема“, а нејзината практична содржина оп-сесија на многу семинари, симпозиуми и научни дебати, тогаш со право можеме да кажеме дека во АРМ во секој поглед се по-читува половата застапеност и еднаквост.Армијата по дефиниција е напорна про-фесија. Службата во нејзините редови асо-цира на беспрекорна физичка сила, дефини-рана дисциплина, извршна команда и сплет од околности кои се дијаметрално спротив-ни на цивилната служба, односно службата во армијата се смета за машка професија.Меѓутоа, реалноста во нашите армиски ре-дови е реплика на вкоренетите муабети, а формацискиот распоред на припадничките на понежниот пол кои се рамноправен дел од АРМ е најцврстиот аргумент кои одат во прилог на модернизмот и современиот кон-цепт за сфаќањето на професијата „војник“.Како редакција на единственото воено спи-сание кај нас кое е структуирано да опфаќа содржини од колоритот на нашата армија, одлучивме да ја претставиме и женската страна од приказната, во малку полиберал-на форма, со единствена цел да ја добли-жиме армијата до најшироките читателски слоеви, а нашето списание „Штит“ да го по-полниме со содржини кои несомнено ќе ја заинтригираат и најшироката јавност која во секој случај е фокусирана на содржини од армијата преку разните форми на нејзина презентација.

Идејниот концепт е во една паралела од две кариери, во професионализмот на две нивоа, низ ходниците на работните просто-рии и академската спрема, преку стилот во цивилниот живот кој несомнено претставу-ва рефлексијата на професионалниот, да ги запознаеме двете припаднички на АРМ кои по моја слободна процена како автор на овој текст се избрани со најдобра наме-ра - да се најдат на нашите страници, иако цврсто сум убеден и верувам дека и со кои било други две припаднички на АРМ да сум контактирал, воопшто немаше да по-грешам.Потпоручник Радица Митрева и питомец Адријана Цветановска се припаднички на нашата армија кои без да поставуваат некакви услови прифатија, по претходно добиена дозвола од претпоставените, да бидат дел од оваа мини-приказна на стра-ниците на „Штит“. Радица веќе е вработена во АРМ, додека Адријана се уште е студент на Воената академија. Две приказни за две девојки од два градови кои не се баш близу еден со друг. Потпоручник Радица Митрева е кавадар-чанка со правно-техничко средно образо-вание и диплома од Воената академија, додека Адријана Цветановска е од Крива Паланка која во средното училиште ги пре-ферирала природноматематичките пред-мети и оваа насока ја завршила во гим-назијата во својот роден град. Таа сега е питомец на Воената академија.„Имав огромна желба да работам во бан-ка, да бидам дел од менаџментот, да се едуцирам и да се усовршам во тој дел. Тоа е оној младешки занес, токму кога го завршуваш средното училиште, кога си на

најголемата раскрсница. Некаде прочитав и дека ќе има конкурс за прием на девојки на Воената академија „Михајло Апостолски“. Униформата ме привлекуваше уште од мали нозе. Филмовите со војнички унифор-ми ме фиксираа пред телевизорот уште како мала. Не ми требаше многу, бргу пре-секов, отидов на приемниот испит и станав питомец на Воената академија. Така во суш-тина започна мојот професионален од по кој ќе чекорам цел живот“, ни рече првично Радица, објаснувајќи ги своите војнички по-четоци. Воопшто не се колебаше да каже дека професионално е строга, но правична, дисциплинирана, а сепак и толерантна, дека не било баш најлесно кога морала уште на почеток својот личен стил да ги приспособи на професијата, но ни кажа дека тоа уште тогаш кај неа предизивикало чувство на одговорност и самосвест, особено кога е во прашање концептот што неминовно го одбрала како своја професија. Сите терени, кампуси, гаѓања, стравови да не се повреди, маршови, физички исцрпни вежби, сето тоа ја прави зрела личност која само што зачеко-рува во сите лавиринти на животот. „ После поминати 4 години на Воената академија станав сосема друг човек. Комплетно ја по-знавам психологијата на работата и истата знам да ја применам и во мојот приватен живот. Командир сум на вод во Центарот за електронски извидување. Работам со војска, работам одговорно, посветено, про-фесионално“, уверлива е потпоручник Ми-трева.Питомец Адријана Цветановска е на трета година студии на Воената академија „Ге-нерал Михајло Апостолски“. Го одбрала родот инженерија како технички и содржин-

DISKRETNIOT {ARM NA

UNIFORMATA

Page 55: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

заедно спортуваат. Едната веќе како офи-цер на АРМ е во постојан работен однос, а другата питомец на Воената академија која е веќе во фаза на нејзино завршување. Во блиска иднина нивната кариери ќе се со-впаднат, само што едната ќе биде понапред веројатно со еден чин поради минималната возрасна граница, а веројатно ќе бидат во два различни родови.И двете се изразено впечатливи, убави девојки кои се официјални во униформата на нашата армија и другарски расположени во неформалниот, цивилниот дел. Русокоса и бринета како контраст и на родовите и на различитостите и на предизвиците во кои животот ги носи и ќе ги носи во иднина.Знаат заедно да се појават во некој убав скопски ресторан за кои и двете констатира-ат дека ги има премногу и дека многу од нив се достапни за сите. И едната и другата се изјаснија дека уживаат во нашите традици-онални специјалитети. Радица ја посочи сар-мата како омилено јадење, а Адријана рече дека ако некогаш ја посетиме нејзината род-на куќа во Крива Паланка, на лице место ќе се убедиме дека суканите пити на баба се се незаменливи.Нивната младост често ги носи и на многу места каде што излегуваат младите од цело Скопје. Модернизмот и стилско-естетската издржливост е уочлив и на нивната гардеро-ба која е во чекор со нивните карактери и со карактерот на настаните што ги посетуваат.Да бидеме и малку индискретни. Нема сомнеж дека ги мамат и погледите на по-силниот пол. Нивното присуство, вистин-скиот џентлмен не може да го остави рам-нодушен, но војничките вештини и личната психологија, бргу ги водат кон вистински решенија кои го дефинираат нивното лично однесување во секоја прилика.Верувам дека со овој текст успеваме реал-но да ги пробиеме неформалните граници кои на некој начин сами си ги поставуваме и почитуваме како воено списание, особено кога е во прашање послободната страна на АРМ.Текстот е воден од инспиративноста на мо-тивите од нашата армија која ја сочинуваат посебни индивидуалци, чии лични и профе-сионални особености го создаваат системот кој нè чува и ја брани државата.Ако Радица и Адријана доаѓаат како еден мал прелудиум, како едно мало интермецо од мноштвото теми кои ги работиме и кои содржински го детерминираат „ Штит“, ако во овој правец наидеме на аудиториум, тогаш верувајте дека АРМ изобилува со мноштво содржини кои можеме на еден малку порелаксиран начин да ги обработу-ваме и да ги афирмираме на нашите стра-ници.Овие две наши колешки, припаднички на АРМ, поборнички и достојни репрезенти на униформата, извонредни професионалци и скромни девојки, се несомнено и големи другарки.Во слаткарницата „Палма“ во Аеродром додека неврзано разговаравме, вкусивме многу убаво кафе и преубав сладолед. Уба-во се изнаприкажавме на моја иницијатива на место кое тие ќе го одберат.На крајот кога келнерот ја донесе сметката, едноставно не дозволија ни да ја погледнам.Силна рефлексија од војничката професија.Девојките едноставно знаат да носат одго-ворност.

Митко Василевски

��

ски најсоодветен на нејзината ментална интелигенција. Работата со експлозиви е е посебно предизвикувачка и вели дека вооп-што не чувствува никаков страв.„Татко ми е лице во униформа, вработен во МВР. Од дете сонувам да носам униформа. Никогаш во тој поглед не сум имала дилеми. Знаев дека кога ќе пораснам изборот ќе биде или полиција или армија. Конкурсот за прием на Воената академија беше иницијалната ка-писла која ме вовлече во светот кој од мали нозе го посакував. 2012 г. го положив при-емниот испит и станав дел од Академијата. Воопшто не ми е проблем да станам во 6 h наутро. Тоа е систем. Утринското вежбање ми доаѓа одлично, смотрата е култура, уни-формата и чизмите мојот омилен стил. Јас сум чест гостин на Криволак, полигонот ми е омилен. Еднаш бев и до Брисел, во Главната команда на НАТО. Бев дел од екипата која заедно со студенти од цивилните факултети ги посетивме тие институции. Огромно ис-куство“ – срамежливо наведува референци од својата досегашна кариера питомецот Адријана Цветановска. Таа многу ги по-фали условите за престој во Академијата. Пресреќна е што има интернет, презадовол-на е од исхраната, од условите за спорт и рекреација. Едноставно, девојката е сосема интегрирана во системот за кој вели дека е нејзината животна одредница.И двете девојки со кои разговараме, кои се со мала разлика во возраста, се флексибил-ни, конкретни личности, кои добро го имаат осмислено и својот приватен живот, чии епи-тети се сосема соодветни на нивната мла-дост, енергија и визија за животот.

Радица живее во општина Аеродром, не многу далеку од работното место. Посебно се гордее на својата малолетна сестра Теа, која е наградувана кошаркарка и безмило-сен кошгетер. Тие имаат голема разлика во годините и далеку се од родното Кавадар-ци, така што таа мора да се грижи и за неа. Радица ужива да ги истражува убавините на Македонија. Вруток, Водно, Матка, Ко-кино се дестинациите каде што го пронаоѓа својот мир.Тоа за неа е духовна храна. Сака да патува и многу ја сака природата. Се пронаоѓа и во литературата. Сака да чита дела од руската класика, а особено Фјодор Михајлович Достоевски, кои според неа е најголемиот уметник на пишаниот збор, а делото „Злосторство и казна“ – врвот во литературата.Сака да скија и да плива. Две екстремни го-дишни времиња за двата најубави спортови во природа.Адријана, исто како и Радица, се грижи за својата физичка кондиција. Трча и оди на пи-латес. Го сака Скопје и сите предизвици што ги нуди главниот град. Киното и театарот се најубавите сегменти на културниот живот во Скопје, констатира Адријана. „Зависник сум од музика. Баладите некако најмногу сакам да ги слушам, особено нашата легендата Тоше Проески. Слушам секаква музика, сè што е приемчиво, убаво за уво. Ја сакам и Крива Паланка, моето родно место, мојот детски рај. Два викенди месечно сум таму“ – помалку емотивно ни раскажа Адријана.Овие две припаднички на АРМ се и голе-ми другарки во цивилниот живот. Заедно возат ролери по кејот на реката Вардар,

Page 56: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

��

еродот, „таткото“ на историјата, рекол: „Во време на мир, децата ги закопуваат своите татковци, но, во војна, татковците се тие кои ги за-

копуваат своите синови“. Оваа изрека, тематски целосно го заокружува филмот „Извор на надеж“, режисерското деби на актерот Расел Кроу, истовремено носи-тел и на главната улога на Австралиецот Џошуа Конор. Накратко кажано, Кроу како режисер, преку филмска интерпретација на вистински настани, прави обид да пре-несе приказна за средовечен човек кој по завршувањето на Првата светска војна, се враќа на местото на бојното поле во веќе окупираната Османлиска Империја, на другата страна на светот, да ги пронајде и да ги врати дома коските на неговите тројца мртви синови. Притоа, крајниот резултат е визуелно атрактивно дело кое веројатно како комплетен производ би можело да понуди и повеќе, доколку би се направила покомпактна синхронизација на сценариото, динамиката и развојот на дејството и на ликовите. Сепак, и со тие недостатоци, „Извор на надеж“ заслужува позитивни коментари и високи оцени.

РАСПАДОТ НА СЕМЕЈСТВОТОАвстралија, 1919 година. Џошуа Конор живее со својата сопруга Лизи навидум мирен живот во австралиската пустина. Неговите денови минуваат во стандардни семејни обврски и во потрага по вода за управување со неговата фарма со живот-ни. Наспроти законите на веројатноста, таа потрага финализира неочекувано успешно. На мистериозен начин, може-би поради некое внатрешно чувство и необјснета енергија, тој убедливо и без проблем успева да ги лоцира подземните води. Но, иако животот на овој брачен пар

Човечките судбини закопани на Дарданелите

ƒIZVOR NA NADE@™

се чини како да тече со некаква леснотија на секојдневието, нивните денови се на-тежнати од невидливата мачнина, болка-та за загубените три сина, борци во по-знатата битка на Дарданелите, пет години претходно. Тагата по нив е сеприсутна, а посебно кај Лизи, која иако се обидува да презентира пред светот една провидна глума на жена која продолжила со живо-тот, всушност е толку психолошки и емо-тивно распадната од семејната трагедија што единствениот излез го наоѓа во само-убиството. Пред да посегне по сопствени-от живот, во последните нејзини зборови пред смртта, таа му остава еден вид на аманет на Џошуа – како што успева да најде вода во пустината, така да ги најде и да ги врати коските на нивните синови.

Оставен сосем сам, само со смрт околу него, тој не се двоуми да ја исполни по-следната желба на жена си и тргнува на повеќемесечен пат кон Турција за да ги најде и да ги закопа достојно и останатите членови на неговото семејство.

ПОЧЕТНА ТОЧКА - ИСТАНБУЛЗачинет со допир на холивудски визуелен израз, филмот не е поштеден од преубава-та естетика на Турција, преку изобилство на слики кои креираат некоја мешавина на

ориентално-западен амбиент. Посетата на Истанбул од каде што тргнува потрага-та на Џошуа Конор, нуди прекрасни урба-ни пејзажи на Сината џамија, „Аја Софија“, цистерната, сокаците околу плоштадот „Султан Ахмед“, пазарите, преку уникат-ните белези на турската култура и јазик, дервишките танци, свадбените обичаи, повиците на молитва... сето тоа прене-сено преку разновидност на перспекти-ви и идеално симетрични кадри. Градот блеска од убавина и покрај окупацијата од страна на Британците и со минимал-ни белези од неодамнешната војна, а надвор од него судирите и нападите од Грција се зачестуваат. Стигнувањето до Галиполе, местото на најжестоките битки, станува вистински проблем, бидејќи полу-

островот е затворен поради операцијата за идентификување на стотиците илјади мртви и расчистувањето на теренот од неексплодирани направи. Но, тоа нема да го поколеба таткото во неговата цел. Преземајќи ги работите во свои раце, тој пристигнува на дестинацијата и него-вата упорност е толку силна што успева да ги скрши сите негодувања и опструк-ции од страна на британските офицери. Дури и водачот на османлиската војска во озлогласената битка на Дарданелите,

Page 57: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

Хасан-бег, застанува на страната на таткото, инсистирајќи да му се даде можност да ги побара си-новите среде полето од човечки коски, потенцирајќи дека „заслу-жува, затоа што е единствениот татко кој дошол да ги побара сво-ите деца во тие пет години“. Исто како и со водата во пустината, внатрешен порив, некоја надре-ална енергија, го носи точно до местото каде тие почиваат. Она што е пронајдено таму, е еден вид на запечатување и потврда на повеќегодишната болка, но на големо изненадување, таму недо-стасуваат коските на најстариот син Артур. Дали тоа значи дека Артур можеби е сè уште жив и од-несен како затвореник? Таа мала искра, трошка надеж, го упатува Џошуа на нов пат, да се сретне со загубениот син.

МОРАЛНИОТ ДОЛГ И ВИНАТАИдејната дисекција на содржината најлесно може да се почне преку разгледувањето на прашањето за вината. Таткото никогаш не збо-рува за неговата одговорност, но го носи на рамо нејзиниот товар, обвинувајќи се зашто не кажал збор да ги спречи да заминат да се борат, зашто им ја всадил во глава идејата дека треба да се борат за нивната земја и принципи, притоа ризикувајќи да ги загуби синовите. Пред да заминат, тој бара од Артур да му вети дека ќе ги чува и оти нема никогаш да ги напушти свои-те браќа. Од друга страна, Артур, кој сепак е жив некаде во внатреш-

Дебитантскиот филм на Расел Кроу во функција на режисер, „Из-вор на надеж“, можеби, како и во случајот со Клинт Иствуд, може да биде најава за богата и плод-на трансформација на актерот во нова улога, овојпат зад камерите. Приказната се разликува од она кое сме навикнале да го гледаме во воениот жанр, а и автентичните локации од Ориентот се вистин-ско освежување од правливите фронтови, експлозии и слики од крв и оружје, кои овде се сведени на минимум. Уште една нетипич-на одлика за овој жанр е тоа што крајот можеме да го окарактери-зираме како позитивна, среќна завршница.

Елена Ѓорѓиевска

��

носта на Турција, исто така го ми-нува секој ден во себеобвинување што преживеал, што не успеал да ги спаси неговите браќа и уште по-лошо, што ги убил од милосрдие, по многу изминати часови на бавно умирање. Сликата од нивната смрт се повторува како секвенца некол-купати во филмот, континуирано, бесконечно, болно стенкање на ра-нетите браќа кое прекинува и наста-пува потполна тишина, означувајќи го нивниот последен здив. Низ филмот се испреплетува и детската приказна која Џошуа им ја читал на синовите додека биле мали, за ма-гичниот килим кој може да патува низ просторот до местото каде што срцето ќе посака со затворање на очите и изговарање на магичниот збор „тангу“. Приказната, секако е метафора на поврзаноста на сино-вите со домот и родителите и еден начин на избавување, заборавање на безизлезната ситуација. Во фил-мот гледаме и како некогашните непријатели мора да ги спуштат секирите, да ја остават зад себе војната и да соработуваат за да ги остварат своите цели. Така, Хасан-бег и Британците со заеднички сили ги идентификуваат телата на мртвите во Галиполе, а без помош-та на Хасан-бег, и пронаоѓањето на Артур би било невозможно за Џошуа.

Режија: Russell Crowe

Сценарио:Andrew Anastasios, Andrew Knight

Улоги:Russell Crowe, Olga Kurylenko, Jai Courtney, Cem Yılmaz,Yılmaz Erdoğan

Музика:David Hirschfelder

Земја: Австралија / Турција / САД

Година: 2014

Времетаење:111 минути

Награди:ААCTA награди за најдобар актер во споредна улога, најдобар филм и најдобра костимографија, номинации за најдобар актер во главна улога, женска споредна улога, сценарио, монтажа и продукциски дизајн

Оваа рубрика ја посветуваме на ВОЈНИКОТ – ЧОВЕКОТ кој е прв на удар на виорот наречен војна – ЧОВЕКОТ кој е високо мотивиран да ја брани своината, татковината и идеите – ЧОВЕКОТ кој е физички и психички подготвен на највисоко ниво – ЧОВЕКОТ кој оставил дел од својата душа дома кај своето семејство – ЧОВЕКОТ кој, на крај, сепак, е само ЧОВЕК.И затоа тој е инспирација за многу уметнички филмски дела кои оставиле силен впечаток на неутралната широка публика, ја разбранувале нашата закоравена емотивност и ни покажале колку сурова е всушност војната и како таа делува на луѓето.Во следните броеви на ШТИТ ќе се осврнеме на некои од тие филмови без некоја посебна амбиција да бидеме филмски критичари. Сакаме само да ви пренесеме дел од нашите чувства, да ви покажеме дека една војничка, човечка судбина може да ги промени нашите ставови за вредностите во животот, а посебно да истакнеме колку тој тежок, исполнет со труд, кал и пот војнички живот е достоен за ПОЧИТ.

Page 58: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

ден од бисерите на нашата езерска земја Македонија, секако е и Преспанското Езеро. Тоа е познато по својот

жив свет, крајбрежјето, изворите, природните убавини, геолошките, геоморфолошките, хидролошките, лимнолошките и други научни вредности. Преспа е позната и по своите културни, естетски, воспитно-образовни, здравствени, туристички, рекреативни и други стопански значења и вредности за македонската општествена заедница.Кога станува збор за Преспанското Езеро, мора да се спомене и Преспанската Котлина, којашто е резултат на природни случувања. Котлината има издолжена, неправилна форма во меридијален правец, во облик на крушка. На јужниот дел на Котлината е природната акумулација Преспанско Езеро, со надморска височина при максимално ниво на водата од 851,83 метри. При пониско ниво, езерото со планината Сува Гора и песочниот превлак „Гладно Поле“ е поделено на Големо и Мало Преспанско Езеро. Површинска врска помеѓу двете езера е Перовска Река. Во Големото Преспанско Езеро има два острови: Голем Град или „Св. Петар“ и Мал Град. Островот Голем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. На Голем Град секоја година се вршат археолошки испитувања, постојат археолошки наоѓалишта од ранохристијанскиот период и базилика од словенскиот период. Островот не е населен.Во Преспанското Езеро постојат 11 видови риби, од кои најпознати се: крапот, како најкрупна риба и ситната белвица, позната и под името нивичка. Исто така, двете преспански езера и нивната околина изобилуваат со богата флора и фауна.

Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долгите песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, без магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа, кој за жал и не е во доволна мера застапен.

Пред прагот на летната туристичка сезона во преспанското село Стење се интензивирани градежните работи за изградба на угостителски објекти и нивелирање на плажата со автохтон песок на површина од околу 500 метри. Паралелно се гради пешачка патека со канделабри, се градат три угостителски објекти, тениско игралиште, игралиште за ракомет и за кошарка.Со изградбата на оваа плажа и сите придружни елементи кои се составен дел на овој проект за Стење, би требало да има многу повеќе туристи отколку во претходните години, имајќи го предвид фактот дека веќе функционираат поглем број плажи, особено на источниот дел од Преспанското Езеро, во Претор, во Крани, во Долно Дупени, во Сливница и во Отешево. Проектите за уредување опфаќаат содржини кои се во согласност со највисоките туристички стандарди, со

PRESPA – MESTO ZA ODMOR NA DU{ATAцел овие плажи да бидат атрактивни локации во текот на туристичката сезона. Истите ќе бидат подготвени за пречек на првите туристи во текот на туристичката сезона.Теренот на кој ќе бидат уредувани плажите ќе биде нивелиран со песок, а функционално планираниот простор за плажа е решен како единствена целина со содржини од услужен карактер, а за таа цел на плажата се предвидуваат шанкови со кабина за музика, санитарен јазол; простор за чување и користење на урбана опрема како што се лежалки, чадори; соблекувални; чешми и тушеви; игралишта за деца; игралишта за одбојка, за мал фудбал и за тенис; простор за спасувач; часовник; безжичен интернет; информативно пано; платформа за сончање над езерската површина, како и платформа за пловни објекти и издавање на педалинки и други содржини.Плажите ќе бидат лесно пристапни за лица од сите возрасти, како и за инвалидизирани лица, без скали и висински разлики на различно обработените соодветно функционално наменети површини.Заради попријатен престој на плажата, предвиден е и посебно партерно уреден простор, со ниско и високо зеленило, клупи, фонтани, корпи за отпадоци и друга урбана опрема.Особено внимание ќе се посвети на тоа да не биде нарушен еколошкиот интегритет на околината, односно флората и фауната во непосредната близина на плажите.Преспа е едно од најзначајните домашни туристички места во кои вратите секогаш се отворени за сите. Таа со своите песочни плажи и убавата храна е рај за одмор на душата. Прекрасниот воздух и тишината ги поттикниваат посетителите повторно да дојдат во Преспа.

Кристина Илиевска

Page 59: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

PRESPA – MESTO ZA ODMOR NA DU{ATA

Уба

ви

ни

те н

а М

акед

они

ја

Уба

ви

ни

те н

а М

акед

они

ја

Уба

ви

ни

те н

а М

акед

они

ја

Page 60: OBRAZOVANIETO E NAJMO}NOTO ORU@JE · дателите Барак Обама и Џорџ Буш, како и со Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот

����