Марта Маркоска - offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист...

92

Upload: others

Post on 20-Jan-2020

19 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,
Page 2: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

1

Марта Маркоска

ВИТЕЛ ВИТЕЛ ВО ВО

ВИТЛЕЕМВИТЛЕЕМ

2010

Page 3: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

2

Сите права задржани. Ниту еден дел од ова издание не смее да се препечатува, Сите права задржани. Ниту еден дел од ова издание не смее да се препечатува, копира или објавува во која било форма или начин во електронските или копира или објавува во која било форма или начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот/издавачот.печатените медиуми, без писмена согласност од авторот/издавачот.

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје

821.163.3-32

МАРКОСКА, МартаВител во Витлеем / Марта Маркоска. - Скопје : Темплум, 2010 (Скопје: Маринг). - 90 стр. ; 19 см

Кон климаксот на мигот / Александар Прокопиев: стр. 85Во знакот на (не)сериозноста и (не)сигурноста / Владимир Мартиновски: стр. 87

ISBN 978-9989-189-74-6

COBISS.MK-ID 83615754

Уредник на едицијата: Никола ГелевскиУредник: Владимир ЈанковскиГрафичко уредување и дизајн: Горан ПопоскиПечати: МАРИНГИздава:ТЕМПЛУМКлимент Охридски 15, 1000 Скопје[email protected]

Page 4: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

3

СодржинаСодржина

НАМЕСТО ПРЕДГОВОР или ПРЕДГОВОР – НА МЕСТО!

НЕКА Е НА – ЗДРАВЈЕ!

СЕРИОЗНИ РАСКАЗИ

КОЈА ВЕРА?!(Д)АЛИ ВО ЗЕМЈАТА НА ЗАБЛУДАТА?(РО)МАНТИКАГОДОВИ НА РОДОТШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ГО ЧИТАТЕ ФРЕЈЗЕРВИНАТА НА ПРЕДЦИТЕЉУБОВНО ДЕФИЛЕПРЕМОЛЧЕН ДИЈАЛОГПОМИЛУВАЊЕТОП-ШОП ДОРУЧЕКВЕРУВАТЕ ЛИ?ЈАБОЛКНИЦАТАCHEVROLET BLAZERСООЧУВАЊЕ НИЗ СОЧУВСТВУВАЊЕПОТРЕБА ЗА РАЗБИРАЊЕАВРАМВО СОНОТРАЗГОВОР ПОМЕЃУ ЛЕВАТА И ДЕСНАТА ХЕМИСФЕРА

7

111316192327313437394144464952545657

Page 5: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

4

НЕСЕРИОЗНИ РАСКАЗИ

ADAGIO ВО REM ФАЗАНЕБОТО БЕШЕ ЦРВЕНО НАД ОКТАОД „ВД” СТАНА „ВИЦЕ”ВИТЕЛ ВО ВИТЛЕЕМЈОСИФ И НЕГОВИТЕ БРАЌА (И СЕСТРИ)А ШТО АКО ЗЕМЈАТА НАВИСТИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ВРТИ?

РЕЦЕНЗИИ

КОН КЛИМАКСОТ НА МИГОТВО ЗНАКОТ НА (НЕ)СЕРИОЗНОСТА И (НЕ)СИГУРНОСТА

616670737579

8587

Page 6: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

5

На Вуди Ален

... Мојот (С)Ид - просторно далечен, но ближен по дух ...

Page 7: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

6

Page 8: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

7

НЕКА Е НА - ЗДРАВЈЕ!

НАМЕСТО ПРЕДГОВОР...или ПРЕДГОВОР - НА МЕСТО!

Умирам од здодевност, паѓам во очај, поточно, повеќе од ова не можам да паднам (или можам?!). Добро, ако мора да биде така, но сакам барем да верувам дека сум на најдолното дно, онака, чисто заради суета. Ако веќе не можам да го достигнам врвот, барем дозволете ми да се гордеам што сум го допрела дното (којзнае, можеби некогаш некој, ќе го заврти песочниот часовник). А тоа чувство на самозадоволување (било да е со прстот на едно место или инаку), не можете да ми го одземете!

Знаете, така тврдат и најголемите психолози, дека кога сте онеспособени да се изразувате креативно (каков што е случајот со мене, затоа и ви се доверувам), вашата потисната, потенцијална енергија, ќе премине во кинетичко деструктивна. Тоа било, ете, некаков закон на природата. Еве и мене ми се случува ... Ми се случува?! Значи не сум никаков исклучок од правилото?! Е дури сега ми доаѓа да се убијам. А постојано мислев дека сум нешто посебно.

Од пред извесно време почнав да читам исклучиво стручна литература од областа на психологијата, односно (да не бидам еуфемист) психијатријата, и откако се пронајдов во, речиси, повеќето патолошки случаи, дури тогаш маф ми беше работата. Не можев да најдам ниту едно нешто што ме издвојува од другите. Не можев да најдам доволна причина што го прави мојот живот поразличен од животите на другите. Поради тоа ќе треба самата да измислам некој нов термин, за некаква нова болест што ќе ме карактеризира

Page 9: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

8

само мене (хмм... којзнае дали ќе можам, дури и свински грип измислија), ... и јас, така да речам, ќе бидам основачот на таа болест. По весниците ќе пишува:

„... страшната и неизлечива болест, „таа и таа”, што ја покоси Европа и е прогласена за чума на совремието, ја прошири личноста по име...”

Така, утре, после, мноооогу години, таа болест ќе биде позната по моето име.

И така бидна.

Си ветив дека од утре ќе бидам „парадентошизомазопато-хомосаурус” или просто речено, мојата болест се добиваше, што би рекол големиот Волтер (ете, и овој пат морам да позајмувам туѓа изрека), кога „А-Б”, ќе се помножи со „Д”, а нивниот резултат ќе се подели со „Ф”, или обратно беше, не знам. И не е ниту важно, но... да не беше таа болеста од која изумреле динусаурусите? Она „саурус” на крајот, ми е некако сомнително, ама тоа сега не е ниту важно, нема враќање...

Збогум драги мои, јас сум неизлечиво болна.

Page 10: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

9

СЕРИОЗНИ РАСКАЗИ

Page 11: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

10

Page 12: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

11

КОЈА ВЕРА?!

Е ќе докажам дека сум во право!

Длабоко во себе бев уверена дека ТАА беше виновна за сé. Навистина, пресудата кој кому му згрешил е неисправна и неиздржана, а давањето обвиненија однапред ве тера да ја заземете мојата страна, но јас темелно го испитав случајот и сега ќе ви го кажам со ред.

Сè започна во декември пред почетокот на Новата година, кога правевме планови за нашиот тридневен аранжман во хотелот Александрија. Беше договорено: апартман 203, поглед на море, прекрасен брачен балдахин, кујна полна со изненадувања. Можете ли да замислите, тој ми откажа, како да се работи за некоја секојдневна, вообичаена, банална, здодевна или депласирана работа, а не за романтичен дочек на Новата година со саканата жена. Иако по некој период му го простив тоа и се чинеше дека за кратко време сé ќе си дојде на свое место, се случи уште едно негово извинување, дека не може да дојде на закажаниот состанок, во нашето, до вчера, омилено бифе. Но, да беше само уште тоа ... Неколку дена по безизлезното прифаќање на него-вите хирови и помирувањето дека со ваков човек треба да си го поминам остатокот од животот (личен став што не можеше да најде свое логично оправдување, но секогаш беше присутен), тој имаше смелост да ја избегне средбата предвидена за нашите вообичаено убави неделни прошетки

Page 13: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

12

низ паркот. Ќе речам: луѓе сме, правиме грешки (грешки сме - луѓе правиме!), нели, ама ова веќе беше претерано. Кога се обидов да му телефонирам за да му го кажам пресудното, дознав дека навистина за сé беше крива ТАА! Ми кажаа дека прво му го одзела здивот, му нанела неподносливо ужасни главоболки, вкочанетост на екстремитетите, симптоми на грчење и дијареа, нагли промени на температурата, треска, студена пот низ целото тело и на крајот, ужасни црвени мозолчиња.

Се распрашував за неа. Мислам дека се викаше Вариола

Вера.

Page 14: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

13

(Д)АЛИ ВО ЗЕМЈАТА НА ЗАБЛУДАТА?

- Се викам Родерик. Или, не, можеби подобро е Хадсон. Едно време се викав Херон, како „херој” само со „н” или како Харон, знаете на кој Харон мислам. Значи, пред да почнеме, да ве потсетам уште еднаш, се викам Ричард, само не сум сигурен дали сум првородениот на мајка или бев втор, трет или четврти дојден на свет (а може имаше и некој друг после мене). И да разјасниме веднаш, живеам во Средниот век, во замокот Рочестер, ако не сте знаеле, во Англија. Нема да ви го опишувам замокот и да запаѓам во убиствено исцрпувачки детали, така сигурно нема да ме ислушате до крај. Затоа, јас Корнелиус, овде и сега, нема да ви зборувам за себе, па сите знаеме колку е здодевно тоа зборување во прво лице. Но, ќе додадам нешто од моите екстрадиегетички (нагласувам, надмени) погледи на светот (се надевам, ова последново не ќе треба да го дообјаснувам со фуснота). Замокот во кој живееше лордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман, сте го читале нели? Добро, па сега потрудете се да си го замислите.

- А дали можеби сте ја читале Ана Редклиф или Клара Рив? - Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.

- Се разбира (ладнокрвно го продолжувам разговорот,

Page 15: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

14

буквално како да не го забележувам неговиот одважен, да не речам недозволено надуен став, односно, простете да се корегирам, би било дозволено ако станува збор за неговиот физички изглед). - Хм, жена, што би можела пак таа да каже за средновековните замоци, освен дека овој се сплеткал со оној, кој во чија соба ја поминал ноќта и зошто не му било удобно во сопствената соба, туку којзнае каде ... Здодевни трачарења ... би рекол, немање капацитет на вистински на-чин да се опише целата таа грандиозност и гламур, обвиени со аура на мистичност и морничавост.

- Значи, можам да заклучам дека вие сте женомрзец, или мизогинист, како што љубат сега по ново да кажат?

- НЕ, не и не! Јас само сакам да не си го пикаат носот таму каде што не им е местото. Читајте си ги тогаш Емили Бронте или Џејн Остин, ако толку ви се допаѓаат такви сплеткарења и романтични глупости.

- Имате сестра? - ме прашува овојпат сериозно, како да сака да ѝ понуди брак, (а јас на овој не би му дозволил да ѝ се приближи ни на мојата кучка) наслонет на кожената фотеља, со дебели прекрстени бутини и рацете меѓу нив.

- Имав. Всушност полусестра, таа беше од вториот брак на татко ми, се викаше Трнорушка. Сирота, после толку перипе-тии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот. Сега среќно омажена, живее богато како принцеза.

- А вашата мајка? Што е со неа?- Мојата мајка? (А бре со овој, нит’ го знам - нит’ сум го

видел, да не излеземе роднини, којзнае...). Па, зарем не сте чуле за грофицата М-дам Де Стал? Хм, чудно ... (овој сигурно не е од високото општество).

- Какви се вашите односи со спротивниот пол?- (Е овој го претера, перверзен еден). Е па, еве, спро-

тивставени, да речеме, па што? Имав една, Евридика се викаше. Не ни одеше, морам да признаам. Се враќаме една

Page 16: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

15

вечер од театар и дур’ се свртев, туку ја снема, а бе, не ми веруваш ти, ама ја здувна, аш, исчезна, како да пропадна во земја. И така без збогум, жими тебе, не ја видов повеќе. По неа имав една Дулчинеја, додуша за разлика од првата, така припроста женичка, ама пусто многу добродушна, но од сожалување не се живее во заедница - ич не ми правеше ќеиф, ич.

- Гледам сте го читале Дон Кихот?- Не. Сум го слушал, (овој очајно се труди да ми поставува

трик прашања). Мислите на еден од поновиве албуми на Фолтин, можам да ви го позајмам да го чуете и ако баш сакате да знаете, се изговара Донки Хот, а не како што рековте вие. Туку да ве прашам вака во доверба, да не не смеам да да-вам вакви ексклузивни информации во јавноста, па сите да мислат овој не е арен?

- Не, не, слободно можете да речете сè што ви лежи на срце.

- На срце ми лежи една лута змија, Аспида.- Тоа е претпоставувам вашата нова љубовница, после онаа

Дулчинеја?- Аспида? Аспида, ако не сте знаеле е една многу отровна

змија, можеби и најотровната. (Аха, ете, се накашлува, како да му е непријатно).

- Се извинувам за мојата неинформираност, знаете, змиите не се во мојот домен на интереси и истражувања.

- Аааа ... почнавте елоквентно да се правдате, а? Море, те фатив јас тебе во незнаење, лаик низаеден, тој мене ќе ми докажува работи. Тој мене ... „не сум бил во право, сум бил збунет, ќе ме лечел”... Прво се наврте на сестра ми, на мајка ми, на швалерката ... Ќе ме учел како јас сум го побркал времето. Ќе ме убедува дека ова не е Среден век ... Тој мене, на возвишениот Ланселот, на престижниот Родерик, на семоќниот Ричард ... Простак !

Page 17: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

16

(РО) МАНТИКА

На 27 годиини првпат полетав со авион и првпат објавив книга.

- Не!Ханс мислеше како да го започне својот најнов расказ,

но сфати дека темата на која прво се сети е премногу тривијална.

- Што велиш Хана да одиме на кафе? - ја праша жената која со денови наназад седнуваше на седиштето покрај него додека патуваше со автобусот накај работното место.

- Мислам дека јас и ти треба некогаш да излеземе - ѝ рече уште еднаш како самиот на себе да сакаше да си потврди дека навистина ја посакува таа средба.

- Ма, ајде дозволи си да се впуштиме во краткорочно слатко задоволство, кое нема да ни наштети, се разбира, доколку ти не пиеш горко кафе, па нарачаш за обајцата.

Хана не мрднуваше ни со веѓата, ни со влакненцата под носот, со што барем малку ќе покажеше дека ѝ е дојдено до разговоров.

- Ама ветувам дека нема да преземам ништо за да се заљубиш во мене.

- Во ред - одненадеж одговори Хана - само ако ветиш дека ќе ми гледаш на кафе, а при тоа не се обидуваш да манипулираш со фактите што ти ги изнесов за мене во изминативе неколку дена.

Page 18: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

17

И така, Хана и Ханс отидоа на кафе во најблиската кафетерија. Неговото умеење за гледање на кафе, се разбира, гледано од страна, изгледаше вака:

- Имаш нешто во облик на бубрег...- Ма, како можеше да знаеш дека имам само еден

бубрег? Господи боже, тоа никој освен мојата фамилија не го знае. Точно, имам еден бубрег, откако пред 7 години добив страшна инфекција и мораа едниот да го отстранат, за другиот да остане читав.

- Но Хана, прости, јас не мислев да те навредам, ниту да ти предизвикам лоши сеќавања. О, прости, никако не мислев на твоите недостатоци. Овие симболи треба да се сфаќаат фигуративно, треба секогаш да се толкува нивното скриено значење ... Бубрегот најчесто се поврзува со синтагмата „како бубрег во лој”, значи дека твојата личност се наоѓа во благосостојба, во една завидна ситуација...

- Но, точно, како можеше да го погодиш и тоа дека на последниот преглед на крвта ми беа најдени толку многу триглицериди што би можело да подмачкаат и зглобови на сканија. Ха! Па сега кога ќе се земе во обзир тоа, болката во бубрезите е логична и неизбежна, бидејќи тие не можат добро да ја преработуваат крвта!

- Ама, Хана, не се возбудувај, те молам, јас навистина не мислам да те вознемирувам, па ова е само детска игра, мантика, еден вид социјална забава. Како би можел јас да ги знам сиве овие работи за тебе. Еве, преминувам на друг симбол, за да видиш колку е едноставно. Гледам овде ... гледам овде ... две очи...

- Оххх! - извика Хана - Кутриот мој татко. - Ама каква врска имаат овие две очи со твојот татко

Хана...- Мојот татко лани почина по една тешка операција на

очите. Со години наназад не можеше да ја види светлината

Page 19: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

18

на денот. Се надевам дека ја видел барем онаа светлина која сите ја гледаат - на крајот!

- Ама, Хана, овие очи се некои очи што сакаат да те видат, очи што ти се радуваат, очи што едвај чекаат да ги пресретнеш Хана ...

- Аххх, така ми рече и мојот кутар татко пред да замине - Хана, барем погледите да ни се пресретнеа за последен пат...

- Хана, соземи се Хана ... па зар ќе дозволиш една ваква шеговита игра да ја растрои твојата личност? Зар, не ми веруваш дека ова е само една бесмислена забава против здодевноста. Еве, за да те разубедам и одвлечам од твоите црни мисли, ќе ти кажам што е наредниот симбол што го гледам овде ... па тоа се ... не друго, туку - чевли! Елегантни, салонски, женски чевли.

- Лелеееееее! За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...

- ... И ти велиш дека ова е само игра? Па не ли гледаш

дека сè во светот е поврзано со една неизбежна причинско - последична врска. Ако не ме заболеше бубрегот, немаше да дознаам дека имам повишен холестерол, па можеше да ми настрада и жолчката. Ако не беше болеста, никогаш не ќе дознаев што е брусница, никогаш немаше да пропијам пиво, во што сега уживам големо задоволство. Ако не пропиев пиво и не се опијанев онаа ноќ толку многу, не ќе го сретнев мојот поранешен сопруг и на моите чевли не ќе им беше потребна поправка.

- Оххх ... Да, ќе беше огромна штета да не можеше да се поправат тие прекрасни, елегантни, салонски чевли...

Page 20: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

19

ГОДОВИ НА РОДОТ

3 Мај: Се фрлила од 13-от кат поради љубовна расправија

(Вест, насловна страна, 2009 година)

Но, ве уверувам дека само 3 секунди порано, јас се сеќавам на нешто сосема друго.

Во мигот кога посегнав по спружените алишта и несакајќи

се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.

В(е)чера на погреб. Ја закопувавме баба ми. Но, тоа не личеше на вистински погреб, барем не како што замислував (оти ова беше прв погреб на кој присуствував) или каков што имав видено по филмовите. Присутните се однесуваа сосема нормално, дури и понормално од нашите викенд-фамилијарни седенки, сите удрија на гозбата, која по нашиот христијански обичај можеше да ги нахрани гладните во Африка. Револтирано промрморев: „да имаше волку храна баба ми дури беше жива, немаше сега да ја закопуваме”. За несреќа, во тој момент, пеењето на попот запре бидејќи и тој едвај чекаше да си ги земе петстотината денари маржа за пеење, иако тоа повеќе личеше на дерење млади петли,

Page 21: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

20

веројатно поради тоа што попот на нашиот погреб се трезнеше од претходната алкохолизирана и развратна ноќ. Очите на присутните веќе беа вперени во мене, како мојот коментар да ја убил баба ми. Потоа некои од најблиските зацимолеја и едвај успеаа да исцедат две три капки солзи на паломите и тоа, повеќе ќе речам, беше од младиот кромид кој беше донесен за гарнир, бидејќи баба ми дур’ била жива, му придавала надприродни способности.

По неколку часовното стоење од кое ми потекоа табаните, ми настинаа бубрезите, добив цистит и дијареа, бидејќи се погоди студен ветровит ден, се вративме дома да ги дојадеме работите кои останаа од погребот. Сè беше исто како и до сега. Животот си продолжи исто онака стихијно и здодевно, но јас имав уште една баба. Не, не ... не мислев дека едвај чекам да го видам нејзиниот погреб, туку сакав да речам дека малку ќе ви раскажувам и за нејзиниот живот. Иако не бев запознаена со нејзините младешки либидинални, потиснати или остварени еротски фантазии, но од она што ми беа раскажувале постарите и го насетував, можев да оформам една пристојна слика.

Додека била млада, како што ми велеа постарите, била најубава меѓу девојките во селото. Многумина од момчињата ѝ се додворувале бараjќи ја нејзината рака, вешта во ракувањето со чеканот, пилата и останатиот прибор за столарско-резбарски работи. Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает. Е, таа негова слава низ селото, не потрајала многу, кутриот паднал од скеле и останал на место, ја оставил баба ми со 3 деца и еден куп незавршени работи. Кога сме кај трите деца, од нив почнува една драма која ќе ги засегне и нивните внуци, па дури и правнуци. Најстарото дете на баба ми е мојата тетка - да ми е жива и здрава до стотата, ако верувате во прикаските за наречници, нејзините сигурно ѝ прорекле дека

Page 22: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

21

целиот живот таа ќе се грижи за други. Добрите луѓе, никому не му се интересни, а целна особеност на раскажувањето е да ве заведе во приказната, па затоа продолжувам со средното дете на баба ми, мојот, за жал(ење) и огромна несреќа, вујко, првото машко во фамилијата. Се сметало дека тој ќе ја брани честа на фамилијата и нормално, по сите обичаи на Западна Македонија, најголемите почести, по грешка отишле кај вујко ми, најголема слабост на баба ми. Од него, како што може и да се претпостави, не стана ништо, освен ноторен пијаница, разбеснет во своите хирови, бидејќи немаше нешто што не му било овозможено. Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси. Нормално, како и секој аздисан, тоа двојно му ги отвори апетитите, па непосредно по запишувањето на факлутетот, баба ми му отвори дуќан, за „еснаф, филјан човек да стане”, како што знаеше таа да рече. Но тоа личеше на сè друго, освен на адвокатска канцеларија. Беше собиралиште на маалските пијандури, коцкари и од контејнер извадени швалери, како попатна станица, во отприлика 5-от круг на Дантеовиот пекол. Е, кога реши да се жени, тоа беше вистински циркус, и нормално како секој пожртвуван родител, баба ми му изгради куќа. Се разбира, бракот не траеше ни цели 2 години, ја остави жената со дете, ја прокоцка куќата и си се врати дома - кај мама. Но, што може мајка, против омиленото чедо. А невољите продолжуваа, половина град го гонеше поради долгови, со жените го правеше истото, земи ги - разведи ги и се надевам дека кога-тогаш клетвите ќе го стигнат.

Третото дете на баба ми, беше мојата мајка. Таа се беше омажила најрано, букално од школска клупа, место на летен распуст, на трудничко боледување. Но, не бев јас таа првородената. Иако, мајка ми отсекогаш сакаше девојче и во периодот на блаженост, од полиците на дуќаните ги имаше

Page 23: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

22

испразнето сите розови тантели, кои подоцна мораше да ги носи брат ми (фала му на бога што не се сеќава на тој период, а и фотографирањето не беше толку зачестено хоби). Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата. Мојот брат, не дозволи да им бидат нарушени очекувањата. Сите велеа - ќе му помине, ама не дорекоа што. Авантуризмот го движеше во погрешна насока, додуша, сè уште има такви кои мислат дека голтањето туба со темперна боја за да се прибере аплауз од публиката е херојство и невидена храброст. Јас ќе речам, си имав еден Дон Кихот во фамилијата. Но, какво право имав јас, која дојде на свет дури по 63 години откако била родена баба ми, 40 години откако била родена тетка ми, 30 години откако била родена мајка ми и 10 години откако е роден брат ми, да ги обелоденува овие работи?

Си земам авторска слобода да кажам оти сè уште помислувам дека ме замениле во болница, блазе си им... А на оние кои ја однеле со себе вистинската Марта, им се извинувам за сите сторени и несторени будалштини.

А сега збогум, паметете ме по добро.

Page 24: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

23

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ГО ЧИТАТЕ ФРЕЈЗЕР

Просто неверојатно. После едно чудо лоши, долги, кратки, испрекинати и неповрзани соништа и лошо свареното утринско кафе, кое ми го дозагорчи почетокот на денот, тргнав на работа. Излегов порано од вообичаено, бидејќи мајка ми, свесно или несвесно, ме избрка од дома со смрдеата на запршка од кромид што ја подготвуваше уште од рано изутрината (МРФФФГГГРРРЈЈММРРГГ, ова беше пцофката што успеа да процури во тој момент, сега преведена на книжевен јазик). Откако пред нос ми избегаа трите автобуси, по дваесет минутно чекање на следниот автобус, сепак задоцнив на работа и покрај тоа што бев тргнала порано. Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска. Во тој момент злобно ги протрив дланките, бидејќи знаев дека уште на многу луѓе, денот од рано сабајле ќе им тргне со нервоза. Не бре, не ве лажам јас, прво, навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор” или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси”, денот ќе го започнат со The Unforgiven и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, а богами и на себе си што порано не слегле од тој автобус. Ма не, да не ме сфатите погрешно, јас не сум љубител на хевиметал музиката, ама, па зошто само јас да сум денес лошо расположена?

Page 25: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

24

И така, откако ги погодив сите раскопани сегменти на асфалтот (бидејќи, знаете во Скопје не се градеше волку ни после земјотресот, и нееее, не ми беше намерата со ова да го пофалам сегашниот градоначалник), по синдромот на Кнез Мишкин, кога пазите нешто да не нацапате, неизбежно го нацапувате, или да ја преформулирам реченицава за да звучи пооптимистички: ... и така, испречувајќи им се на патот на неколку веќепостоечки вирчиња со вода или можеби беше масло од автомобили, не знам, кои одамна си беа заземале место на паркингот пред канцеларијата, конечно, стигнав на работа.

Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид. Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време”, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека „времето не утепува нас”. И така, поразена од длабоко всадените егзистенцијалистички манири на веков, станувам да си ги протегнам нозете, кога гледам нешто светка во мојата ногавица. Претпазливо ја посегам раката, бидејќи предметот наликува на запалка, zippo или копија на zippo. Просто бев шокирана. Од каде запалка во мојата ногавица, кога јас дури и не сум пушач. Најлогично беше да помислам дека се наоѓал на работното биро, од кое, без да сетам, сум го турнала, а тоа бесшумно паднало токму во мојата ногавица … Набрзо ме напушти логичното расудување, па си велам можеби ќе бидам малку неразумна, ама мора да признаете дека приказните за магии сè уште постојат,

Page 26: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

25

особено во нашава бајковидна земјичка. Претпоставувате, мора да се работи за некоја современа магија која секако има за цел да ми наштети, знаете кога ќе тргнете од анализа на симболот на огнот и бла, бла, бла … Сето тоа поврзано со, до пред неколку часа, сонуваните кошмари, дефинитивно ме наведе да поверувам во тоа, па дури и толку да се убедам, што потоа ми беше „шубе” да го фатам предметот со рацете. Со едно чувство на „језа” го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи. Го вадам светкавиот, метален прeдмет од ногавицата и гледам дека тоа е memory sti ck, ама со скинато синџирче. Е дури сега пребледев, душата ми слезе во петиците. Па зарем е можно, ај кажете вие, овие фрлачиве на магии толку многу да се модернизирале? Не можеле да најдат некое обично, старо синџирче, ако веќе тоа им требало за правење магии? Ете, си реков, некој сака да ѝ наштети на мојата четиригодишна сериозна љубовна врска, преку симболот на скинатото синџирче, ама што е пак сега симболиката на memory sti ck-от? Па си реков добро, штом некому му се давале толку пари, за мене да ми направи магија, ќе соберам барем храброст и ќе го удостојам да видам што има на него. Можеби некакви застрашувачки и заканувачки фотографии кои ја пророкуваат мојата судбина или пак ме уценуваат? Го приклучувам на компјутерот и кога ќе видам: голо бебешко газе, едно слатко мало буце со шеширче за сонце, како се капе во мало гумено базенче и кога ми светна … половина час не можев да престанам да се смеам … Па тоа беше малото на колешката од соседната канцеларија, која утрото ме повика заедно да испиеме по едно кафе. Како не ми текна порано дека можеби е тоа, дека можеби паднало во мојата ногавица од нејзиното работно биро.

Туку како сега да ѝ го вратам? Што ќе си помисли пак таа? Дека сум ѝ го украла? Дека сакам да ѝ навлегувам во

Page 27: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

26

интимата, во приватниот живот? Дека сум некаков болен воајер? Дека можеби јас нејзе ѝ правам магии?

О, глупава јас.

Page 28: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

27

ВИНАТА НА ПРЕДЦИТЕ

Ми велеа дека Бог не постои и да не го пишувам со голема буква, а знам јас дека Бог е всушност во причинско - последичните односи во светот. Ако сакате ќе ви го приложам тоа и со графички нацрт.

Еве како јас ги толкувам степениве во наталнава карта (иако не знам ни да претворам фаренхајтови во целзиусови). Од цртежов може да се види дека татко ми е една таква суета од човек, што ако му речеш дека нешто не прави како што треба, навистина ќе направи сè како што не треба, за да докаже дека можело и полошо да биде. Е, ама нели секој чекан си има своја наковална, па бидејки не беше никаков исклучок од физиката и биологијата (додуша, нему, не му

Page 29: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

28

беше толку наклонета биологијата, па затоа се занимаваше со психијатрија), се ожени за една кротка овчичка, која на секој негов приговор му одговараше со „Бееееее!” И потоа тој сè повеќе се разжестуваше бидејќи мислеше дека таа му вели „Неееееее!” И сè поразјарено се обидуваше да му биде потврдена доминацијата во овој разговор, па потоа, секако, во семејството, па потоа на работното место, па потоа во општеството, па на планетата Земја, па во Универзумот. Но, се разбира, тоа не беше конечно, бидејќи како љубител и познавач на физиката и астрономијата, знаеше дека може да оди и понатаму. Е, како таков пар (совршен би рекле), еве, тие двајцата се веќе 30 години во брак и имаат две, недораснати, возрасни деца. Постарото, машкото, ја наследи вообразеноста, гордоста, суетата и тврдоглавоста на таткото, па како што растеше, сакајќи да докаже дека е поинаков, постојано ги правеше истите грешки што ги правеше и татко му. Од друга страна, татко му, не согледувајќи дека тие грешки се всушност негови (во секоја смисла), имаше крајно ригиден однос кон синот, сметајќи го за антихрист, иако самиот беше атеист. Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив. Во меѓувреме, овде е и второто дете, кое ја следи целава неподносливо напната атмосфера во домот, па, сакало-неќело, прифаќа и рефлектира од она што го поприма во домашната средина. Значи, синот (бидејќи е поинтересна фигура за анализа) ги одбира најкривите патишта во животот, само за да го натера таткото да му обрне внимание, да го застане на правиот пат (а и двајцата мислеа дека на едниот му е поправ од другиот).

- Нели е ова само потсвесно барање закрила, заштитнички однос, поддршка? - прашуваше Лора.

- Но, ова сигурно не вродува плод, бидејќи овие постапки,

Page 30: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

29

чинам, му се крајно одвратни на таткото. Тој се згадува од постоењето на неговиот син и од фактот дека направил монструм - велеше Едвард.

- Второво дете, гледајќи дека не е ништо онака како што замислувало да биде, се дистанцирало од сите во домот, бидејќи не нашло никаква заштита од целава ситуација. Значи им свртело грб на сите, чувствувајќи дека и сите нему му го свртеле грбот, а се окупирани само со меѓусебните конфликти. Како последица на тој однос, кај него се родила една толкава аверзија кон поимот фамилија, семејство и сè што во значенска смисла опфаќаат тие поими... - продолжуваше Едвард.

- Но исто толку интересен за анализа би бил и следниов случај - додаде Лора:

- Семејство во кое мажот служи за материјално снаб-дување на фамилијата. Мајката ги доближува децата до себе и е крајно посесивна кон приватниот живот на нејзините ќерки, особено кон поголемата, веројатно затоа што кај неа постоела потајна желба, првото дете да биде машко, замена за таткото во домот, кое ќе го надополни неговото постојано отсуство. Бидејќи нема машки пород, го нема ни потребното машко внимание, се впушта во развратни односи со други мажи, а потоа, од натежната грижа на совест, ја товари својата ќерка дека се курва, па ја заклучува дома и не ѝ допушта било каков контакт со машкиот пол - гласно рече Лора.

Лора вака размислуваше откако ги исчита сите фројдовско - јунговски концепти за животот, а на тоа секако ѝ помогна вајнингеровата анализа за полот и карактерот.

- Значи, сепак дојдовме до некаков заклучок Лора, а овие сеанси иако на почетокот изгледаа бесмислени, чинам, разјаснија многу прашања во твојот живот - ладнокрвно одговори психијатарот.

Page 31: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

30

- Хммм - со недоверба промрмори Лора, а потоа под-влечено одврати - Да. Но ... чуму сиве овие анализи и синтези, индукции, дедукции, редукции, ако ова го повтори и идната генерација, и таа по неа, и таа по неа...?

Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часов-никот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!

Page 32: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

31

ЉУБОВНО ДЕФИЛЕ

Нашата љубов беше толку голема и интензивна затоа што секој миг чекавме да згасне, да исчезне, да ја снема засекогаш. И во стравот да не ја загубиме засекогаш, постојано ѝ долевавме тензија, не ја остававме да стивне, ја форсиравме нејзината присутност, ја удвостручувавме нејзината магесна заводливост во доживувањето на стотинките од мигот. Таа љубов не беше еротска. Или беше - но никогаш не беше само тоа.

Таа беше налик љубовта на Сократ кон своите ученици. Да, беше налик љубов на учител кон ученик, како љубов на уметникот кон своето дело ... по малку надмена, горда, од друга стана сервилна, бидејќи во тој однос не знаете кој кого го поседува. Брутално посесивна ... Така изгледа сега од оваа временска дистанца, по толку години навраќање. Тогаш не можеше да се види, како што очите не можат самите себе да се видат, не можеше да ѝ се придаде никаков епитет, зашто истиот согоруваше в мигот на доживеаното. Смешно. Сепак, најубаво поминато е времето во бессознание за времето. Реалноста никогаш не е таква во моментот кога вие сметате дека реално ја доживувате. Од дистанца се избиструва хоризонтот и почнуваат да се распознаваат предметите што му се испречуваат.

Но, НЕ. Тоа беше енигматска фикција ... или фиктивна енигма, како сакате. Вистинската приказна почнува овде.

Page 33: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

32

Листајќи ги биографиите на историските големци, прочитав дека и најголемите имиња во историјата на уметноста беше биле влезени во брачни заедници, па некои дури и со истиот пол. Ова толку многу ми олесни да попуштам пред убедувањата да му станам животна сопатничка на мојот долгогодишен љубовник, најдобар пријател, музички соработник и веројатно кармички предодредена, повторно пронајдена, андрогина половина. Или барем беше полесно да се верува во тоа.

Единственото несогласување околу брачниот подвиг, беше содржината на поканата која требаше да ги убеди нашите драги гости да донесат пристоен подарок. Иако, мојата верзија на поканата предизвика доста дилеми околу тоа колку, ние, идните сопружници се познаваме, решив да ја испратам токму во оваа содржина:

Драги и почитувани гости,

Ве каниме на нашата претстоечка забавна и гозбена церемонија по повод стапување во брак (по првпат), која гарантираме дека ќе ја запаметите (по добро или лошо), уште долго време.

Тарифите за свадбените почести се следниве:

Бакнување рака од страна на невестата - 50 евра.Бакнување образ(и), три пати, традиционално - 100 евра.Клекнување на колена и бакнување раце - 200 евра.Бакнување на друго место (ненаведено) - ќе се наплатува согласно блискоста на невестата со лицето кое сака да биде бакнато.

Page 34: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

33

Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.

Сè што не е наведено во поканата - можете да го сметате за дел од изненадувачкиот процес.

* Доколку изненадувањето наведено погоре, не биде пријатно или не ги задоволува вашите очекувања - парите нема да ви бидат вратени!

Кој смета дека ова е несоодветен брачен чин, нека каже сега, или замолкне засекогаш!

Page 35: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

34

ПРЕМОЛЧЕН ДИЈАЛОГ

- А што велиш да појдеме на прошетка во убаво расцутениот парк, што во оваа доба од годината, несомнено, ги поседува сите палетни бои? (Мислиш дека знаеш сè за мене?).

- Штом сакаш - така нека биде. (Мразам кога зборува вака мелодраматично, замислувајќи дека е поет).

- Одлично што го делиме мислењето. Најмногу те сакам кога за нешто во ист здив се согласуваме. (Иако мислам дека јас секогаш повеќе настојувам од тебе).

- Да, паркот е убав на пролет, добро би ни дошло да повозиме велосипеди. (Да имавме куче или дете, или и двете, ќе ги шетавме нив).

- Одамна не сум возела велосипед, не сум во многу добра кондиција, но ќе се обидам. (Порано инсистираше да спомне дека „некое утре“, низ паркот ќе ги шетаме нашите деца, а сега ниту спомнува, ниту помислува).

- Знаеш, можеме да купиме куче, па секогаш кога ќе се шетаме низ паркот, ќе можеме да го поведеме со себе. (Морам вака ублажено да ја наметнам темата за детето).

- Куче?! Да, и јас неколку пати сум помислувала на тоа. Само ќе треба да решиме која сорта ќе биде. Никогаш не се сложивме околу сортата на кучето. (Порано зборувавме дека е убаво да имаме дете, а сега сака да купиме куче?)

- Па добро, повеќе не ми е толку битна расата на кучето.

Page 36: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

35

Би се согласил со твојот предлог. (Не знам дали во последно време сум станал волку попустлив во сè. Порано тешко одлучувавме и каков вид леб да купиме за јадење).

- Нека биде, нека биде ... шнауцер, можеби малтезер или пак некоја друга, мала, слатка сорта, лесна за чување и одржување. (Упорно го продолжува муабетот за кучето, за да го избегне муабетот за детето).

- Значи се договоривме: куче од мала раса, лесно за чување, одржување, кое нема да влегува во разни кучешки тепачки и нема да крева голема врева. (Сè она што таа подразбира под „особини на кучето”, всушност мисли на особини што треба да ги има детето - мало, слатко, лесно за одржување, да не прави многу врева...).

- Уште утре ќе купиме куче и потоа нема да имаме потреба од преговарање дали сакаме да шетаме во паркот, секогаш ќе мора да шетаме, ќе мора него да го шетаме, шетањето ќе стане нужност. (Кога не му паѓа на памет да шетаме дете - ќе шетаме куче).

- Одлично, ќе станеме повитални благодарение на кучето и ќе излеземе од едни рутински практики, влегувајќи во други. Наместо: од работа - дома, ќе биде: од работа - дома - па на шетање. (Таа сигурно мисли дека животот ќе ни се претвори во пеколни маки поради тоа што секојдневно би морале да го шетаме детето, па и суптилно ми напоменува дека сака да биде машко, рече - ќе мораме него да го шетаме).

- Значи сакаш кучето да биде машки пол? (Барем нека ми каже директно).

- Па, преферирам машко, да. Но, не мора. Подеднакво ќе бараат метании и едното и другото. (Порано секогаш ме прашуваше дали сакам машко или женско дете, а сега ме прашува дали сакам машко или женско куче).

- Во ред, нема да правиме проблем околу полот на кучето. Какво има во моментот, такво ќе земеме. (Ахх, би сакал таа да се сетеше дека овој муабет до сега требаше да го правиме

Page 37: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

36

за дете, а не за куче).- Драго ми е што се сложуваме и по ова прашање. А сега,

да излеземе. (Никако не ми доаѓаше во моментов да му кажам дека сум бремена. Можеби тоа ќе го сторам за време на прошетката).

Page 38: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

37

ПОМИЛУВАЊЕ

Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се корегира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња. Едноставно не можеше да се помири со идејата дека тој е човекот што е предложен за Нобелова награда. Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.

Нервозно корнејќи ја сега и долната усна, Вера се прашуваше како е можно некој како неа кој важеше за најдобриот студент од групата, да не може да ја согледа разликата помеѓу него - големиот автор и некој обичен скрибоман. Навистина, чувството дека овој пат потфрлила, дека недостојно ја завршила својата задача, ја фрлаше во очај.

Page 39: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

38

Дали поради сопствената малодушност или инфериорност, или пак некомпетентност, за прв пат се почувствува исфрлена од колосек. Оваa неблагодарна задача, да се оценува некого кој веќе е признат за неприкосновен големец, почна видно да ги изместува нејзините естетички погледи, да ги измрдува и разбива, како што до пред малку мислеше, нејзините цврсто востановени критериуми за вредност, да ја прави несигурна во проценката, да ги руши нејзините критичко-теоретски сознанија, да ѝ го руши угледот пред останатите студенти.

Така со часови, Вера, продолжуваше да си ги каса и корне усните, да ги грицка жилите околу ноктите, да ги корне мозолчињата од челото, додека незадоволно ја превртуваше секоја страница, по веќе не знам кој пат само ... и само за да го најде она што би ја задоволило, што би ја направило горда дека, ете, таа ја согледува неговата големина, чувство што веројатно, макар и за момент, би ја поистоветило со него - нобеловецот.

После долгото и упорно себеизмачување, беше заспала.

Кога утредента се разбудив, ја почувстував топлината на течноста до подбрадокот и заклучив дека некој крвен сад од носот решил да излезе од системот. Потоа ја облизнав засирената крв на напукнатите усни, за да ја ублажам болката, а кога упатив поглед во огледалото, ја доведов Вера до сознанието дека пролевањето крв - не е за џабе!

Page 40: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

39

ТОП - ШОП ДОРУЧЕК

Досега не сум забележала дека доручекот игра толку значајна улога, не од медицински или нутриционистички аспект, туку во мерењето и доживувањето на времето, истекувањето на минутите, часовите, деновите, месеците и годините. Еве како стигнав до овој заклучок. Денес се случи да појадувам дури во 13:00 часот, па имам чувство како допрва да почнува работниот ден, додека во изминатите утра доручкував со самото пристигнување на работа, не затоа што чувствував неодложна потреба, туку ете така, доручекот си го имав сфатено како обврска, како една од работните задачи која мора да биде итно завршена и ако не биде систематски завршена во предвиденото време, ќе ми ги помести останатите обврски во денот.

Вчераутро, на пример, по доручекот во 9:00 часот, со длабоко воздивнување, погледнувајќи во часовникот од каршија, почувствував некоја мачнина од бавното минување на времето и од помислата за преостанатите 8 работни часови кои требаше храбро да се издржат. Велат „по утрото денот се познавал”, а беше ист како и претходниот: сив, безличен, бавен, неконструктивен, здодевен.

И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја

Page 41: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

40

временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.

Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.

Така ова утро ќе го паметам по револуционерниот потфат што го направив (а доста е едно херојство во денот). Погледнувам на часовникот и воочувам дека е 14:00, а не 10:30 каков што беше случајот претходниот ден. Значи упорноста секогаш се исплатува, па ова навистина е магично. Тајната не беше во преместувањето на комјутерот или работната столица, тајната немаше да биде ниту во промената на работното биро, доколку тоа се случеше, а немаше да биде ниту во промената на работната просторија, па дури ни во комплетната промена на работното место. Тајната е во тоа што откако пребледев, премалев и три пати си ги истурив цревата од повраќање, по ладните облоги кои малку ми ја вратија силата, решив да доручкувам, а тогаш беше 13:00 часот.

Ете драги мои како побрзо ќе ви мине денот. Ако не верувате - обидете се и Вие!

Page 42: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

41

ВЕРУВАТЕ ЛИ?

Досега вакво нешто сигурно се нема случено, полошо дури и од најлошиот кошмар кој како колeктивна визија би им се појавил на многумина што потајно го очекуваат крајот на светот. Но, најпрво ќе морате да ми ветите дека цврсто ќе верувате во сè што ќе ви речам. Единствениот начин да ви го обелоденам овој настан е да ми ветите дека повеќе ќе ми верувате мене, отколку на Хенри Џејмс.

Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме

потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки. Секое утро со самиот почеток на работниот ден, настануваше немир во мене поради сознанието за она што секојдневно се случуваше. Недефинираниот шум, кој суптилно, но сигурно, ми ги растројуваше нервите кои беа оневозможени да се посветат на дневните обврски, најмногу ме потсетуваше на ѕвекот од топче за пинг-понг, кое непрестајно, во точни временски интервали удираше по некој предмет и се одбиваше од него. Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сè до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во

Page 43: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

42

нешто. По извесно време, решив дека ова што ми го прават комшиите над мене, па макар биле и група претседатели, членови на кралски семејства или други великодостојници - воопшто не е фер. Крајно некултурно и нецивилизирано е да се однесуваат на овој начин, па, иако не е во мојот нарав, собрав храброст вербално да го решам случајот. Бидејќи никогаш дотогаш се немав заинтересирано каде е влезот на зградата во која работев, иако луѓето кои честопати грешејќи ќе влезеа директно во мојата канцеларија, мислејќи дека тоа е вистинскиот влез, јас ги упатував странично, каде што и беше логично да биде влезот на зградата. Е така де, ама сега, кога јас лично се обидов да го најдам тој влез, ми изгледаше како да сум влегла во некоја од епизодите на Twilight Zone (или послабата реплика The Outher Limits). И покрај тоа што два пати се случи да ја заобиколам зградата, не наидов на никаков влез. Ги прашував околните дуќанџии каде се наоѓа влезот на зградата, а тие ми го даваа истиот одговор што и јас им го давав на оние што мене ме прашуваа - дека сигурно е странично, лево или десно. Морав да се вратам на претстоечката работна задача, бидејќи тој ден изгубив доста време со глупости.

Неподносливото тропкање на пинг-понг топчето (сега веќе убедена дека тој звук доаѓа токму од тој предмет и од ниеден друг), продолжуваше, а јас станував сè почувствителна на неговата дразба. Секое утро мислата го поздравуваше новиот работен ден со „Е стварно го претераа, ќе им се качам горе да се разбереме на што личи ваквото однесување во една реномирана и културна установа каква што е нашава.”

Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сè можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...

Е ... е ... е, ама она што се случи навистина го круниса крајот...

Page 44: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

43

Па ви реков дека не можам да ви раскажам онака веродостојно, ако цврсто, вистински и со целото срце не ми поверувате во она што ќе ви го кажам.

А зошто не сакавте да ми поверувате? Одете во мајчина, ми избега мислата, а бев на патот на еден навистина, брилијантен расказ.

Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.

Е, од друга страна, ова е навистина интересна тема за расказ!

Page 45: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

44

ЈАБОЛКНИЦАТА

Изминаа веќе три часа откако Ева се обидуваше да го скине сочното јаболко, кое речиси доземи ја беше навалило гранката на старата јаболкница, а сите мислеа дека таа никогаш повеќе нема да раѓа плодови. Ева беше таа што ѝ го спаси животот и ја оттргна острата секира од нејзиното стебло. Неверојатно голема беше вербата на тоа девојче кое имаше само шест години.

Јаболкницата во нејзиниот двор ја посади дедо ѝ, кога се роди најстариот брат на Ева, значи броеше цели дваесет години, а тоа беа долги години на поројни дождови и суши најизменично. Под таа јаболкница често се правеа семејни собири, пијанки, ручеци, зимници, романтични вечери, интимни средби..., а она со кое секогаш беше украсена е лулашката на која пораснаа децата. Таткото на Ева, како едвај да чекаше да ја исече јаболкницата, особено по испраќањето на нејзиниот брат во странство, од каде никогаш не прати писмо и веќе го сметаа за исчезнат, бидејќи, и покрај сите обиди, не можеа да му најдат трага. Особено минатата неродна година, со непрестајна суша, беше пресудна за неговата одлука да ја отстрани јаловата јаболкница од својот двор. Се случуваше, тогаш, како по некое чудо, сè нешто му го одвлекуваше вниманието: преголеми обврски со работата, службени патувања или премногу сончеви денови, создадени за уживање во природа. Сепак, она што најмногу го предомислуваше беше развиорената кадрава косичка на Ева, која ни за момент не се одвојуваше од лулашката.

Page 46: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

45

- Ева, ручекот е готов - извика нејзината мајка од прозо-рецот кој гледаше право во лулашката.

- Мамо, јас сакам да сум Снежана - дотрча Ева и снажно го загриза најсочното од тазе купените јаболка.

- Полека, не биди лакома, ќе се засркнеш, а и сега ќе ручаме, зошто го јадеш јаболкото пред ручек?

- Грегор, Грегор ... добро ли си? Го потапка по грбот него-виот пријател Мел, исплашен дека ќе се задави. - Ма, што ти стана побогу, од каде тој силен напад на кашлица, кога речиси ништо немаше ставено в уста, а и како ќе имаш кога се наоѓаме в музеј? Изгледа имаше нешто многу трогателно во твојата асоција за оваа слика - го праша Мел.

Откако успеа да се соземе, Грегор сè уште нејасно про-мрмори - Да, се сетив на едно интересно сценарио за мојата книга.

- Сигурно било нешто мнооогу перверзно штом така нагло се засркна - го подбуцна Мел, очекувајќи Грегор да се исповеда што му се мотало низ главата.

Грегор, не одговори, се заврте уште еднаш кон сликата на Камил Пизаро, помислувајќи дека сè уште не успеал да ја надмине разделбата со својата ќерка Ева.

Page 47: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

46

CHEVROLET BLAZER

Утрото Јадранка ми рече дека еден ден ќе вози таков џип.

Да ... - рече - ќе видиш... Јадранка да не се викам ако еден ден не возам ваков џип.

И право да ви кажам, си ја замислив како гордо го преметнува појасот преку голишавото рамо, додека прстот го става на софистицираната рачка за брисачите, внимателно отстранувајќи ја утринската роса од шофершајбната.

Јадранка продолжи да го вози овој филм, иако никој во автобусот не можеше да го забележи тоа. Старата и дотраена 23-ка, која како да е така намерно наштелувана, гасеше на секоја втора станица и возеше со максимум 30 км на час, не можеше да ѝ го одземе на Јадранка тоа возвишено чувство што го имаше во денот кога таа го возеше својот џип.

Кога утрото не се појави точно во петнаесет до девет, како што вообичаено бевме договорени да се состануваме на кривината пред нејзината зграда, веднаш ми стана нешто сомнително. Па, Јадранка никогаш не доцнеше, беше предвреме и кога не требаше да биде. Речиси никој не ја делеше нејзината пасија, поконкретно, опсесивност со точноста, бидејќи времето го сметаше за нешто што ѝ причинува најголема тегоба доколку пропуштеше некој интервал или имаше некоја важна секвенца во која таа не беше директно инволвирана.

Page 48: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

47

И токму затоа најчудно беше тоа што во овој момент неа ја немаше.

Ја немаше заедно да го започнеме утрото, во долгиот пат на кој дотрајаната и амортизирана 23-ка ни помагаше да ги измокриме (или исплукаме) евентуалните каменчиња од бубрезите.

Ја немаше Јадранка, за да ја споделиме шегата за комшијата кој редовно, искрено речено, (а сметам дека тоа беше неговиот третман за расонување), рутински се расправаше со жената, која му возвраќаше со непрекинато заканувачко мавтање на показалецот. Или за оној дебелко кој едвај влегуваше во своето Fiat Seicento, за кого претпоставувавме дека скришум го позајмува од неговата жена, додека таа комотно се шири и на другата половина од креветот што тој пред малку ѝ ја ослободил.

Си реков, па добро де, признавам, навикнав на нејзината точност, и сега ужасно ми пречи што јас морам неа да ја чекам. Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ... На секого може да му се случи, а ете се докажа дека и таа не е повластена во овоземскиот, човечки живот и не е, ама баш, никаков исклучок од неговите правила.

Ќе земам еден весник, додека го чекам утринскиот автобус, си реков на крајот, кога дефинитивно сфатив дека денес сум препуштена самата на себе. И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи,

Page 49: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

48

очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика. Лудача една, си велам самата со себе. Јас знаев дека е откачена на некој свој начин, ама за ваков чекор...?! Па, Јадранка не е дури ни премногу ексцентрична за да направи ваков екстремно непромислен и неочекуван потег. Ма, да не се лажеме, нека биде меѓу нас, ама Јадранка и не беше којзнае каков авантурист или екстремист, ниту пак беше компулсивно - анксиозна, ниту пак беше премногу амбициозна, ниту пак имаше преголемо IQ.

Љубопитно ги голтам напишаните зборови и прескокнувајќи редови за што побрзо да стигнам до информацијата, читам погоре пишува:

„... Извесна 29 годишна И.К. фатена вчера, во луксузен црн Chevrolet џип, после двочасовно бркање по улиците на градот, откако еден господин А.Ц. се понудил да и обезбеди превоз ...”

Избезумена, препрочитувам одново, не можам да поверувам ... Овие новинариве сигурно направиле некоја грешка, како по обичај ... Прво, нејзините иницијали се Ј.М, а не И.К, како што пишува овде ... Но, ако подобро размислам, па нели таа неодамна ми рече: - Ќе видиш ... Јадранка да не се викам, ако еден ден не возам ваков џип.

И беше во право, навистина го возеше џипот тој ден.

Page 50: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

49

СООЧУВАЊЕ НИЗ СОЧУВСТВУВАЊЕ

Навистина сфатив дека подобро е да ги прифаќам луѓето онака, само површно, без предрасуди и без анализи, отколку да знам дека со сигурност нема да ми се допаднат откако темелно ќе ги проанализирам. Тоа беше клучната реченица што го обземаше моето заморено мозоче, кое во последно време не правеше ништо друго од аналитично-индуктивно-дедуктивни преиспитувања на настани, личности и меѓу-човечки односи. Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.

Еве вака почна измачувачката работа (која секако не беше неопходна, особено не за лицата на моја возраст, а што е уште посмешно, никој не го бараше тоа од мене) која го претвори мојот мозок, ма не во карфиол, можеби тоа е и премногу убав збор за тоа во каква состојба се наоѓаше моето мозоче, туку во состојба на препечено јаболче, од кое се извадени сите животни сокови.

На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче,

Page 51: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

50

оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата. Сите кога му навалија, леле мори мајко, како којзнае колку да им згрешило во животот: корнат, тегнат, влечат, черечат на сите страни, кој за што побрзо се фати. На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа). И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните. Значи му ја дофати малата, спечена глава на јагнето и со силен удар на средината ја подели на две. Нормално, тоа што беше внатре не можеше да се нарече мозок, бидејќи да имаше мозок, јагнето сигурно немаше да се наоѓа во ваква состојба. Но, вадењето на мозокот, јас како напосреден сведок на настанот, го доживеав како некој ритуален чин, како трофеј што треба да се додели на најуспешниот во годината, оној со најмногу постигнати признанија и најдалекусежни успеси. Откако сите се сложија дека „мозокот” му припаѓа, токму на татко ми, како глава на куќата, како наш стопан, но и човек кој имаше склучено најмногу работни договори за оваа година, тој со победнички израз на лицето, со мозочето во едната рака и со жолтата кумановска во другата, го посоли добро и во еден здив и залак, го стрпа во неговата уста од која вирееа тазе направените вилици, скапо платени со зделките кои го беа фаворизирале неговиот бизнис годинава.

Page 52: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

51

Туку нема потреба понатаму да се опишува какви сè не здравици и благослови се роеја меѓу надојдените гости на бадниковата прослава, но кажете ми вие само едно: какви ли се тие луѓе што можат да наздравуваат во името на животот, директно соочени со смртта?!

Page 53: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

52

ПОТРЕБА ЗА РАЗБИРАЊЕ

Никогаш не сакав да се плеткам со типови кои не можат да ми понудат заштита и разбирање, особено затоа што јас не сум спремна да му ја дадам некому. Знаете тоа е како еден вид надкомпензација за она што мене ми недостига. Ако ви речам дека Роланд, последната љубов на мојот живот, но секако не и првата (а сега се прашувате од каде, пак, сум сигурна дека е последна) беше едно толку благородно човечко суштество, што целата своја љубов ја даваше на други и ништо не остануваше за него, дури дотолку немаше разбирање за себе и за своите потреби што не можеше да види во што се претвори на крајот. Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови. Ех, Роланд, премногу го сакав и почитував, затоа што за ралзика од Марк, знаеше да ги признае своите слабости. На крајот од сите негови 24 часовни свињарења и мирисот на кочина кој редовно го носеше со себе, ќе дојдеше кај мене и горко ќе се исплачеше. Ќе се исплачеше за тоа колку е несреќен во животот, колку лоши работи му се случуваат секојдневно, колку е несреќна ѕвездата под која се родил, потоа ќе заспиеше невино како бебе, а мене ќе ме оставеше будна целата наредна недела. Да, така завршуваа најголемиот дел од ноќите поминати заедно.

Page 54: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

53

А, да! Во споредба со духовитиот и слаткоречив Марк, ова не беше ни малку необично. Не сакам однапред да ве наведам на погрешни ставови кон кутриот Марк, кој никогаш не научи да проценува кој му е вистински пријател. А тој целосно и безусловно се предаваше себе си. „... Марк, помогни ми за ова, Марк, ти го знаеш ова најдобро, Марк те молам направи ми услуга ...”, беа клучните зборови на кои не можеше да им одолее. Никогаш не кажуваше „НЕ”. И кога некоја фина госпоѓа милно ќе му пријдеше и ќе му шепнеше: „… Мааaрк, ќе бидеш ли љубезен, ама те молам тоа е само ситница, ама Маааарк, па ти си злато, јас не се сомневам во твоите способности …” .

И секако, прекрасниот Марк, величествениот Марк, семоќниот Марк, спасителот на женскиот род, веднаш го решаваше проблемот, а потоа доаѓаше кај мене, јас да ги решавам неговите. Марк, беше лек за секоја женска болест, само требаше да замижите и да си го повикате името Марк во вашите мисли и тој за миг ќе се отелотвори пред вас. Но, и тоа беше подобро од преголемата сензитивност, сентименталност и филантропија на Ворен кој го замислуваше светот како Woodstock, како еден голем, сеопфатен хипи концерт, како една глобална комуна. Секс, дрога и рокенрол. Секс немаше никаде, освен во неговата парола, ама затоа пак, имаше премногу од останатото, знаеше точно како да го компензира она што му недостигаше. Доаѓаше дома наполно несвесен и се будеше покрај мене како ништо да не било. Постојано бев загрижена за Ворен, дека еден ден нема да се разбуди и неговото студено тело ќе ме помилува за последен пат.

Ахх, кутрите тие душички кои толку многу надежи полагаа во мене. Јас, која не знае да им понуди грижа, заштита и разбирање.

Page 55: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

54

АВРАМ

Во ушите му одѕвонуваше мистичното дижериду, кое ја загатнуваше мислата дека на таа точка на која се наоѓа, сигурно постои Божја промисла за постанокот. Звукот, кој наликуваше на болно откорнување на нeкое тело во совршена симбиоза сраснато со некое друго, го уверуваше дека зад овој предел, макар да е само овде, се крие божјиот допир кој спојува и разединува, кој создава и уништува. Стоејќи на една нога и обидувајќи се да постигне совршен баланс, како што тоа го прават чапјите и фламингото, со раце испружени на правците Исток - Запад, се надеваше дека конечно ќе биде допрен од раката Божја, токму на ова место, зaшто ако не овде, сигурно немаше никаде.

Аврам, побрза да ја достигне мислата за да не му избега, како што често се случуваше. А што ако ја фатеше? Што правеше со неа? Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе. Пред пространството кое ќе го здогледаше пред себе, само требаше да ja пружи мислата широко, колку што му досегаа очите и умот, да вдише длабоко заради подобра аеродинамика и да прескокне во вечноста. Таму го чекаше бестелесноста со која требаше да се соедини, за да ѝ пркоси на гравитацијата, за која знаеше дека ако еднаш ѝ се спротивстави, потоа секогаш ќе може да лебди во идеално бестежинска состојба.

Page 56: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

55

Ќе биде само мисла, само аура, само сон, само копнеж, само доживување, само убав мирис, само звук ... Но главно ничија, освен своја мисла, ничија, освен своја аура, ничиј освен свој сон...

***

Оттогаш Аврам, повеќе не мораше да размислува за тежината на зборот, за хировитите заповеди, за злото на стореното, за мачнината од покајувањата, за сквернавењата на телото, за доживувањето на болката ... Аврам стана мисла, стана утеха, стана помирување. Во совршена симбиоза со нераспаѓањето.

Page 57: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

56

ВО СОНОТ

- Значи татко ти денес почнува со работа?Ова прашање ја врати во реалноста, која пак ја потсети

на недосонуваниот сон што утрово присилно ја стана од креветот.

- Подобро ќе беше да си останам во тој кошмар, отколку во реалниов - помисли таа.

- Татко ми е инвалид од личниот конфликт во мозокот - по две-три минутна пауза одговори Клои.

Другарчињата само немо ја погледнаа, неразбирајќи ниту еден збор од кажаното, па гргнаа да се смеат неконтролирано.

- Не, не ме засега ништо што се однесува на неговиот живот. Најсреќна сум кога не ми го спомнуваат - си помисли повторно.

Клои, се изненади од така вешто срочениот одговор, ни самата не знаеше од каде дојдоа тие толку комплексни зборови, во нејзината четиринаесетгодишна претстава за светот, кои едвај да ги имаше чуено во секојдневните разговори.

Другарчињата на Клои се разбегаа низ училишниот двор и продолжија со своите палави игри. Криенка им беше омилената игра. Клои веќе не можеше да ги најде.

Page 58: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

57

РАЗГОВОР ПОМЕЃУ ЛЕВАТА И ДЕСНАТА ХЕМИСФЕРА

- Значи, секој продолжува да верува во своите светци, нели?

- Па, повеќе би рекле дека тоа се мислења, ставови...- Мислите, секој продолжува да верува во сопствените

убедувања ... колку да се тие оправдани или не...- Со сета почит кон вас ... јас ги уважувам вашите ставови,

но ги поддржувам своите.- Ахаа ... сакате да кажете, ќе ме сослушате, но тоа ќе биде

како монолог во ветер, шепот во воздухот, здив во студено зимско утро, кој остава трага само додека дишете?

- Велам, дека ќе го земемам в обзир само она што ќе ми биде од корист и кое ќе биде доволно разумно за спроведување.

- Колку што разбрав, имате против мојата интуиција, наспрема вашето рацио.

- Имам претпазливост, повеќе би рекол.- Имате страв, можеби ... или скепса во коректноста на

намерата.- Имам сомнеж во неегзактните постапки, па ги ставам на

преиспитување.- Некогаш имавте повеќе полза од моите интуитивни,

длабоко сетилни претчувствувања, кога беше прашање на живот и смрт, ако смеам да речам...

Page 59: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

58

- Се разбира, во право сте, но тоа не ми дава слобода секогаш да се потпрам на вашите предлози кои, пак ќе потенцирам, подлежат на претпоставки...

- Ахх ... ти суетна, вообразена, тврдоглава, крута...- Типичен заклучок за твојот афективен карактер...

Page 60: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

59

НЕСЕРИОЗНИ РАСКАЗИ

Page 61: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

60

Page 62: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

61

ADAGIO во REM фаза

- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...

Исак, слушна ваков глас кога часовникот заѕвони во 6:00 и го означи почетокот на неговиот работен ден. Никако не му се стануваше, размислуваше за сонот, за гласот или што и да беше веќе тоа, а можеби беше само потсвесна мисла што чувствувала дамнешна потреба да си ги протегне нозете надвор од Ид-от.

Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.

Сонот, или гласот, или привидението ... или ни едното, ни другото, ни третото, не го напушташе, еве, веќе половина

Page 63: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

62

ден. Погледна на часовникот, 14:00 часот, а ништо необично сé уште се немаше случено. Но зошто би морал да очекува да се случи нешто необично, која беше веројатноста дека сонот, гласот, привидението, кажуваше нешто, навестуваше нешто? Исак веднаш ја отвори книгата за теоријата на веројатност, за да се потсети како гласеа некои од правилата што ги имаше подзаборавено, бидејќи поминаа веќе 10 години од завршување на образованието, кое и онака не му послужи многу на работното место што го имаше сите овие години наназад.

Штотуку го отвори учебникот, сé уште педантно завиткан со украсната хартија, со која мајка му имаше обичај да ги завиткува неговите книги, почувствува туѓо присуство зад неговата глава. Знаеше! Знаеше дека по сите марфиеви закони, по сите закони на силата на иронијата, кога ќе реши да фати некоја работа, шефот токму во тој миг ќе ги побара неговото мислење и помош. Како кога палиш цигара на автобуска станица - си помисли.

- Исак, ми треба твоето мислење во врска со една г-ѓа, дама...

Исак, во меѓувреме вршеше и такви услуги за своето работно место, даваше мислење, кога некому тоа му беше потребно. И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сé ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на ситемот, дека тој искрено верува ... иако сé што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...”

Е тоа едно „којзнае”, тоа беше гласот надеж која не ги

Page 64: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

63

остава луѓето да стивнат и да се помират, да си го олеснат невозможното...

- Да, секако г-не, ви стојам на располагање. Како можам да помогнам во врска со дамата?

- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...

- Да, господине, секако, ќе го сторам тоа веднаш. Во главата на Исак, за момент исчезна гласот кој до пред

малку го повторуваше она утринско необично заканувачко претскажување, кое можеби не значеше ништо, а со сигурност знаеше дека не е последица на алкохолизирана вечер, бидејќи претходната ноќ ја помина на работното место средувајќи ги документите расфрлени по канцелариските бироа...

- Значи г-ѓо, вие сте? - Јас сум Валентина, бивша балерина по занимање...

- почна гласот да ѝ трепери веќе на втората реченица. - Знаете, јас имам проблем... луѓе без проблеми не доаѓаат

овде во вашите канцеларии... Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.

Page 65: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

64

- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...

- Видете г-ѓо ... - ја прекина или барем имаше чувство дека ја прекинува, зашто кога и да ѝ се обратеше ќе ја прекинеше, знаеше дека таа секако имаше да кажува многу повеќе од тоа.

- Г-ѓо, ние не работиме на тој принцип, поточно вака да би образложам, ако дозволувате, ние не сме во можност да одвојуваме средства за спонзорство на индивидуални лица. Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица. Кај нас, ако ми верувате, секојдневно пристигнуваат бројни, најразлични барања за финансиска помош, но ние на сите нив мора да им објасниме дека едноставно нашата работа не оди на тој принцип, ние однапред планираме, изготвуваме нацрт план за буџет кој е определен точно во сегментите во кои се занимава оваа организација. Еве, пред вас, истото морав да го образложувам на еден млад татко чие дете боледуваше од леукемија, потоа на една жена која бараше права што им следувале на инвалидни лица ... Верувајте ми, не сте вие никаков исклучок...

- Да, ве разбирам, наполно, но веќе немав каде да одам да се пожалам ... извинете што ви го одземав времето ... ви благодарам...

Ја испрати до вратата, протоколарно, како што ѝ доликува на една таква организација, ја допре по рамото и рече:

Page 66: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

65

- Испратете г-ѓо едно писмено барање кое ќе може да се разгледува на ниво на управен oдбор, па којзнае...

Е тука се зезна, го знаеше тоа ... Знаеше дека не треба да го каже тоа, а секогаш го кажуваше, на крајот некако му се испушташе, можеби затоа што и тој потајно сакаше да се најде решение за тие луѓе, тој се надеваше дека ќе се најде решение барем за некој од нив, тоа „којзнае” беше негова лична надеж.

Ја затвори вратата зад себе и седна на кожената фотеља. Му се повраќаше. Се присети на гласот што му задаваше мачнина уште од утрото. Да, глас беше и јасно го слушна. Сега точно знаеше на што тој се однесува.

Page 67: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

66

НЕБОТО БЕШЕ ЦРВЕНО НАД ОКТА

Во близина на Куманово, но не толку близу, туку на автопатот кој водеше натаму, си живееја едни човечуљчиња - патуљчиња, кои едвај дишеа, едвај се движеа, едвај работеа, едвај се размножуваа, едвај постоеја.

Е тие, мали, ситни, дребни заморчиња на природата (иако не беа вистински заморчиња, туку јас така гледав на нив) еднаш се обидоа да излезат од својот фантастичен свет и да ги прошират своите живеалишта и на другата страна од автопатот. Наводно, климата каде што жиееја не им беше поволна, па не можеле да се размножуваат, да работат и да си постојат како што беше случајот со нас, обичните луѓе. И решија тие, (ма не се работи за џуџиња) човечуљците да ја направат својата експедиција на големата преселба од другата страна на автопатот, токму во недела, кога нема толку многу движење, затоа што некој можеше да биде повреден или не дај боже да загине, а и така нивната популација беше пред изумирање.

Двајца по двајца, машко со женско, тргнаа претпазливо по патот, кога одеднаш големиот лидер на малото племе се заплетка во една стапица од хартија и никако не можеше да излезе од неа. Се прпелкаше, се мачеше борејќи се за воздух, а другите во паника што ќе останат без лидерот, ниту знаеа, ниту можеа да му помогнат. Единствено се молеа небесата да се расчисти, како, нивниот лидер би можел да земе повеќе

Page 68: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

67

воздух. И така, борејќи се со џиновскиот лист хартија, на крај лидерот успеа да излезе од нејзиниот вртлог, т.е. фишек, а за тоа му беше потпомогнала и луцидната идеја, која во нивните обичаи и верувања го заменуваше светиот дух од христијанството. Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.

Е во пораката пишуваше вака:

Во еден низ на логичности и нелогичностиВо еден процес наречен иницијацијаВо длабока контемплација и медитација(историјата e плод на имагинација)Се појави - духот на нашата нација

Вака ни раскажуваа старитеПриказни за победата над варваритеПриказни за животот на овчаритеПриказни за моќта на парите

Разни други градацииКонстатацииПровокацииЗа еден живот минат во стагнацииФрустрацииКастрации

Page 69: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

68

Но од каде постои толкава мотивацијаЗа една ваква здодевна нарацијаИ потреба за патронизацијаНа тема што бара будна опсервација

Човештвото подлежи на вечна деградацијаЕсхатологија - неминовна девијацијаЌе речете - тоа е - модернизацијаЧекорење во простор без гравитацијаКај владеат закони за левитацијаБез можност за поинаква визуелизацијаБез концепт за креацијаИ само манипулација...

Ова е свет на халуцинација,Знаци,CIAИ...

И? Сега што? Како ли тие толку мали човечуљчиња-патуљчиња да ја протолкуваат оваа, од животна важност, порака?

Од каде да почнат со толкувањето. Дали во почетокот беше Зборот или почетокот е крајот, а крајот е почетокот? Дали ова беше само почеток на почнувањето или почеток на крајот? Но, крајот и почетокот се една иста точка на една бесконечно права линија. Значи и двете се нестварни, а ние вечно сме на средина?

Ах, крила на желбата, крила на страстната желба за знаење, ве молам доведете им го Вим Вендерс, кој ако

Page 70: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

69

мислеше дека небото е сино над Берлин, да види дека небото над Окта е црвено.

Но зарем, не беше тоа и бојата, заштитен знак на нивното рекламно пано?

Page 71: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

70

ОД „ВД“ СТАНА „ВИЦЕ“

Секое утро, Клара во огледалото си ги повторуваше зборовите: veni, vidi - vici … veni, vidi - vici … veni, vidi - vici … - но не сум сигурен дека точно го знаeше нивното значење - мислеше Мо, додека нервозно шеташе лево-десно низ тесната просторија.

Потоа Клара самоуверено ќе ја измазнеше косата, ќе си пратеше бакнешче во огледалото, се разбира, упатено кон нејзиниот лик, за кој таа мислеше дека е крајно отмен, и во цврст ôд, сигурно ќе закаскаше кон излезната врата.

- Фала му на светиот дух, не мора повеќе да го слушам она папагалско повторување veni, vidi - vici … кое ни мене не ми доликува - повторно помисли Мо.

- Марија душо - ѝ се обрати Клер на својата хиерархиски потчинета колешка - овде во фактурата пристигната од училиштата, цената на ужинките е значително покачена од минатиот месец. Брзо, за ова алармирај го директорот, тој да го аллармира директорот на училиштето, а ако и тој не знае за што се работи, тогаш ќе го алармираме градоначалникот на општината, па ако треба и министерот за образование. Нема мојот син за повисока цена да ја јаде истата ужинка, а потоа да ми вели дека го болело стомачето. Кутрото дете.

- Соња!- Да, Клара, повели.

Page 72: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

71

- Ти појди веднаш да потчуеш што ќе му каже заменикот на оној дојденецон од OBCE и ако има нешто сомнително, што би можело да влијае на нашите работни позиции, веднаш да ми го пренесеш од збор до збор.

- Марин!- Марин - провери ги сите мејлови, спамови и драфтови,

сакам точно да се знае што се крие зад тие кодови, со кои комуницираат Мери и Јанко! Може да предизвикаат нарушување на билатералните односи, може да значат загрозување на нашата територијална средина, да бидат опасни по нашиот идентитет. Замислете си од утре да се викаме Северна Македонска Каменица или градот на моето потекло да се вика Северен Македонски Брод? А мојата братучетка - Северна Македонка? Моето дете да гледа Северно - македонски народни приказни? Аеродром Александар Северно - македонски? Северно - македонска филхармонија? Северно - македонска радио телевизија? Северина?

И така, додека Мо, шетајќи низ кафезот го повторуваше она што во аманет за денот му го остави газдарицата: veni, vidi - vici … veni, vidi - vici … несфаќајќи всушност, кој е Вени? Бидејќи Вици, беше другарка ѝ од средно, Виолета, која нагалено ја викаа Вици, а пак, „види” е глагол ... кој е тогаш Вени?

Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Mo-tors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сè уште преговараат дали

Page 73: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

72

после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?

Додека светот не можеше да ги разреши своите дилеми, мистерии и мизерии, Клара знаеше дека сè дури го повторува судбоносното: veni, vidi - vici … veni, vidi - vici …, таа ќе ја реши сопствената.

И така од „ВД” стана - „ВИЦЕ”!

Page 74: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

73

ВИТЕЛ ВО ВИТЛЕЕМ

- Смачено ми е од извештачено продавање на приучени манири, смачено ми е од користење на интернационални фрази за да изгледаш помудро, смачено ми е од целиов овој провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања ... Комплкесот да се јаде со позлатени кујнски сервиси и да се слика пред медиуми ... Сакам да јадам праз колку што ми може душата и да си одморам под некое дебело дрво, а во меѓувреме да не морам да изџвакам од новите Orbit Ultra Fresh без шеќер или да купам четкичка за заби од најблиската продавница, па кришум да се мијам, притоа уредно зачешлувајќи ја косата...

Ова молскавично прелета низ главата на Давид, а потоа продолжи да се мачи, сечкајќи ги проѕирните парчиња крашка пршута со прелив од ананас и малите коцки рошфор сирење, додека срдечно кимаше со главата, отпоздравувајќи ги гостите на приемот!

- Толку ли е тешко? - Леон, речиси се потпре со целата тежина на неговото рамо и го потапшуваше во знак на отпоздравување, додека Давид се обидуваше да ги сркне со вилушката резанките од моцарела.

- Тешко?! - викна Давид колку што го држеше гласот. Во истиот миг сиот џагор замре и околу четиристотини очи беа вперени во него.

Page 75: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

74

- Ќе ти кажам јас што е тешко. Сакаш навистина да знаеш што е тешко? Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување. Тешко е да не се препуштиш на целиов провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања, да држи говори, да се слика пред медиуми, а да не ти пропаднат сите шанси за нормален живот, зашто конците на твоето кутро суштество се во нивните раце и тие ти ја даваат единствената навигација по која ти треба да живееш, ти ја даваат единствената смисла на живот по која треба да трагаш.

Го кажа ова како во полусон, не сфаќајќи што се случуваше во овие 20 секунди, а потоа мирно седна на своето место и продолжи да си мези.

Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.

Кутриот Давид, не стигна ни урдата да си ја дојаде.

Page 76: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

75

ЈОСИФ И НЕГОВИТЕ БРАЌА (И СЕСТРИ)

Јосиф седеше на клупата во паркот додека размислуваше за последиците од глобалното затоплување, за што, несомнено, го поттикна Ал Гор. Во истиот миг еден спортски мотор му го засени погледот со валканата вода што ја исфрли од гумите, откако прелета пред него со брзина од 60км на час. Да, Јосиф многу добро знаеше дека за да го поплави некој нема да мора да го дочека библискиот потоп, па колку за него, имаше вода во секое вирче на патот, and yes indeed, that was inconvenient truth.

- Верски календарчиња за 50 денари - пред него викаше еден човек, кого сите го избегнуваа како тој да проси пари, а не да сака да ги заработи.

- Господине, повелете православни календарчиња. За сите слави, празнувања, богојавленија и почести божји, за само 50 денари.

Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава. - После, крива им била државата што е сиромашна, крива им била црквата, криви им

Page 77: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

76

биле Свети Петар и Павле… - продолжија да мрморат, остро фрлајќи клетви и анатеми кон нас...

Јосиф го набрчка челото во знак на чудење, но спокојно продолжи по патот, решен да го помине целиот ден во безделничење, преместувајќи се од клупа, на клупа, а и како да не се преместува, кога на една фалеше даска за седнување, на друга даска за потпирање, на трета, ногарки... Во таа контемплативна состојба дури ни тоа не дозволи да му го помати убаво замислениот ден, кога реши дека е крајно време да го напушти целото образование што очигледно му носеше само проблеми во животот, поради кое влегуваше во караници со сите, во несогласувања, па дури и во физички пресметки - и да си стане шофер. Впрочем, подобро се заработуваше од професијата шофер, отколку што тој успеа да заработи со трите објавени книги и магистратурата.

Нишајќи се со рацете ставени на грбот, со некое држење на филозоф или некој древен мудрец кој е длабоко потонат во сопствените мисли, на едно од стеблата на дебелите дрва забележа дека некоја битанга со нож имаше издлабено: I work for money, don’t give me loyalty, cause I’d rather do blow job to your dog … Под него таа мисла, беше вака запишана: I work for money, if you want loyalty - get a wife!

- Ете, си рече Јосиф, и меѓу самите жени има родова подвоеност - па правејќи се малку важен со своето знаење, во некој марксистички манир, додаде: - Сите жени работат за пари, само некои тоа го прават чесно!

Додека шеташе со рацете спакувани околу половината, се сети дека треба да појде во библиотеката во Ману за да си ја земе личната карта која ја беше оставил при подигањето книги, а се заколна дека никогаш повеќе нема да влезе во библиотека, па и што ќе му беше, кога реши да стане шофер. На улицата пред Ману во пресрет му притрчаа две дами кои

Page 78: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

77

прво љубезно му побараа запалка, па го прашаа да не му треба нему нешто за возврат. Јосиф по малку љубопитен, по малку наивно зачуден ги праша што тие две дами бараат толку рано во денот.

- Чекаме прес конференција - му одговори едната. Ги викнавме телевизиите да видат каков скандал е ова со кучињава скитници. Не можеме слободно ни да дефилираме овде, кучиња се настрвиле на нас.

- Аххх - помисли Јосиф - и ним не им е лесно.- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна

бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно-политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали. Веднаш ја препозна дамата која му беше пристапила утрото пред Ману.

- Проституцијата се одвива сред бел ден, токму пред очите на граѓаните, а надлежните власти не се способни да го решат проблемот - гракаше новинарката, секако со лична нота во кажаното. На улицата на срамот (новинарска забелешка), деноноќно се движат сексуалните работнички нудејќи ги своите услуги, кога на таа улица минуваат академски граѓани, безброј студенти и малолетни пешаци.

- Ние сме обесправени, ние робуваме на законските иживувања. Не ни е дозволено чесно да заработуваме. На сите им сметаме. Преку ден не плукаат, а ноќе тие истите, бегаат од своите жени и доаѓаат кај нас. Ама никој неќе да чуе да ни помогне. Изложени сме на нападите од уличните кучиња, место надлежните да спроведат мерки и да не остават нас мирно да си работиме.

- Аххх, кутрите кучиња, помисли Јосиф - на кого ли да се пожалат тие?

Page 79: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

78

Задрема на каучот. Јосиф сонуваше како го вози министерот, само не можеше во сонот да му го види ликот. Или тоа беше претседателот ... Којзнае...

Page 80: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

79

А ШТО АКО ЗЕМЈАТА НАВИСТИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ВРТИ?!

Додека Михаил гледаше во спакуваното шеќерче, оставено во тацната од кафето, завртено кон Исток, се сети на нешто што беше најавувано да се случи, но мораше да се спречи, за човештвото да остане читаво (односно еден мал, речиси незабележителен дел од човештвото, кој за себе сметаше дека е ветениот народ).

Така убаво завитканото шеќерче го потсети токму на тоа - на сказалка од часовник.

- Ако не го вратиме шимпанзото во зоолошката, светот ќе помисли дека ние не сме кадарни ни за чување животни, а камоли за зачувување на сопствената раса. Да, ќе напишам протестна нота за нашето бесценето шимпанзо, бидејќи само уште тоа ни остана...

Михаил, уредно го составуваше писмото со внимателно избрани зборови кои не беа наменети никого да навредат, никого да унижат и кудат, само со молбени изрази сакаше да си го врати неговото шимпанзо кое го засака повеќе од сопствениот брат, затоа што, како што знаеше да каже, имаше повеќе рацио, интелигенција и емоционална зрелост од него...

- Во 5 и 17 минути? А зошто да стојат стрелките токму закочени на тоа време, па животот не е стагнација, тој е постојано движење. Да, животот е прогрес и во име на

Page 81: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

80

прогресот, овие стрелки треба да се движат, да означуваат движење кон напред, трансцеденција, моќ на заборавот над грозоморите на човештвото. Да, треба да бидат избришани од колективната меморија на овој народ. Зарем нема ништо убаво на што треба да се сеќава овој народ, па мора да се сеќава на своите катастрофи? Не! Инсистирам овој споменик да ги промени симболите на распаѓањето, на уривањето, на хаосот и наместо тоа, да добие ново значење - на создавањето, на космосот и на логосот - вака Гаврил го подготвуваше својот говор, решен да триумфира пред насобраната толпа.

- Ако веќе треба да го акцентира тоа време на заостанатост, агресија на природата врз културата, тогаш тоа нека биде со песна. Да, брилијантно. Ќе биде со песна. Штом стрелките дојдат до таа позиција на 5 часот и 17 минути, тогаш ќе рикне една снажна, народна, патриотска песна, која ќе говори за непокорот на овој народ, за сите херои родени и неродени кои газеле и ќе газат по оваа земја - продолжуваше Гаврил пред огледалото.

На амбициозното писмо, на кое Михаил се надеваше дека со сигурност ќе добие потврден одговор, наместо тоа доби едно цело досие со лекарски наоди од здравствената состојба на шимпанзото, што во терминологијата на Тајсон, беше knock down за сите негови надежи дека ќе може да го врати назад. Во извештајот стоеше дека психичката состојба на шимпанзото е крајно разнишана, па поради неговата сериозна трауматизираност и немањето изгледи за негово опоравување, ќе биде задржано на лекување. Кутриот Михаил, дури сега немаше со кого да си поприкаже и кому да се пожали. Остана сосем сам, милји оддалечен од неговиот искрен и лојален пријател за кого мислеше дека во последно време беше единствениот способен за здраворазумен дијалог.

Page 82: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

81

Гаврил ја засили самодовербата откако го изгледа ри-мејкот на The Day When The Earth Stood Sti ll, па замислувајќи како тој е македонскиот Кијану Ривс, пратен да го вразуми човештвото, дојде до своето капитално откритие:

- Да. Одлучно тврдам дека треба да се избришe сето минато од колективната меморија на овој народ. Или ќе се почне одново, или нема да се постои. Да се сочуваат само убавите работи. Како што со песна се слави раѓањето дете, како што со песна се слави партиска победа, како што со песна се славеше победата над англискиот фудбалски тим, како што со песна се славеше безвизниот режим, така со песна треба да се слави поместувањето на овие кобни минути, заради кои целата судбина на народот тапка во место...

Беше 5 и 18 минути кога Михаил вознемирен од соджината на вестите си рече: - Хммм ... ако Земјата навистина престане да се врти, изгледа секаде ќе биде можно патувањето без визи?!

Page 83: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

82

Page 84: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

83

РЕЦЕНЗИИ

Page 85: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

84

Page 86: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

85

Повеќе од очигледно е дека скопската М.М. има вишок енергија+таленти. Во нејзиниот случај вистинското прашање не е како, туку кога? Кога успева, во постојаната креативна трка со своите музички и академски ангажмани, да пишува толку опуштено и духовито? По читањето на збирката Вител во Витлеем посакувате како јунакот Холден Колфилд од Ловецот во р’жта, авторот на книгата да биде ваш близок пријател и да можете да го викнете преку телефон (или интернет) кога ќе ви падне на памет. За среќа, сум имал прилика да ја запознаам скопската М.М. и на моите часови, и да уживам во нејзиното виртуозно музицирање на конгите (и слободно велам дека е многу помузикална од холивудската М.М.). Читајќи го Вител во Витлеем, таа моја наклоност и симпатија станаа уште поинтензивни зашто ја запознавав онаа другата која во својата обилна наративна игривост се откриваше како раскажувач што умее да го поттикне, да го фати за опаш, да го насмее, и тоа повторно и повторно, читателот. Тука некои аналитичари би трагале и по генетски потенцијал, иако јас сум многу посклон кон еден најличен, натпросечен и сериозен талент за преобразба каков го поседува Марта Маркоска. Токму во тоа е работата - да се биде иронично свесен за блесавата несовршеност на светот (и на самиот себе си), и едновремено, да се движи низ тој свет низ климаксот на мигот. Нормално, со насмевка!

Александар Прокопиев

КОН КЛИМАКСОТ НА МИГОТ

Page 87: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

86

Page 88: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

87

- Донесов серозна одлука. Овојпат ќе напишам несериозна рецензија!

- А што подразбираш под „несериозна“? - Прво, без учени зборови од Латинска Македонија, кои

ретко кој ги разбира. - Фала Богу, конечно! Ветуваш ли дека ќе ги изоставиш и

сите тие цитати од умни глави? Сите тие премногу сериозни пофалби, кои, од пречеста употреба, веќе звучат несериозно и излитено... А добро, што те доведе до оваа „сериозна“ одлука?

- Додека ги читав расказите на Марта, сфатив дека на нејзината идна книга не ѝ требаат такви „вообичаени“ рецензии. И покрај навидум формалната поделба на „сериозни“ и „несериозни“ раскази, читајќи ја Вител во Витлеем никогаш не сме наполно сигурни на кој терен сме. Таа „несигурност“ ме освои уште со првиот расказ.

- За каква несигурност ми зборуваш? Да не мислиш на многубројните игри со зборови во

повеќето од расказите? Како кога дознаваш дека целото име на соперничката Вера, која ѝ го „здиплила“ саканиот на раскажувачката, е „Вариола Вера“? Како читател често насетуваш (но неретко знаеш и да промашиш) во која насока ќе те одведат зборовните игри...

(...) Да не мислиш на смртно сериозните теми (од

ВО ЗНАКОТ НА (НЕ)СЕРИОЗНОСТАИ

(НЕ)СИГУРНОСТА

Page 89: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

88

психоанализа, дискриминација до екологија) третирани на лежерен, шегобиен, дури и навидум „несериозен“ начин?

(..) Да не мислиш на подвоеноста на ликовите, на нивната колебливост, кршливост, несигурност... На нивните во суштина трагични животни приказни, честопати облечени во комично руво? На хуморот на сопствена сметка, кој на раскажувачите им дава карикатурална нота?

(...) Да не мислиш на несигурноста дека она што ни го кажуваат другите често се разликува со она што тие го мислат, дека вистинските мисли често се премолчуваат, како во прекрасниот расказ „Премолчен дијалог“? На неброените „премолчени“, дијалози од кои се составени нашите животи? Или на напнатиот страв дека другите можеби ни мислат (па дури и ни прават) лошо, како во „Што се случува кога го читате Фрејзер“?

(...) Да не мислиш можеби и на несигурноста при комуникацијата со себеси, кога не си сигурен дали го слушаш вистискиот „внатрешен глас“ или само ти се присторува?

(...) Да не мислиш на неможноста со сигурност да се излезе еднаш засекогаш од вителот на семејните трауми, „вини на предците“ и закоравените предрасуди, како во добар дел од расказите? Или на „соочувањето низ сочувствување“?

(...) Да не мислиш на чувството дека ликовите од расказите ти се обраќаат тебе и само тебе, а дека ти не можеш да им помогнеш (колку и да сакаш), бидејќи никогаш не ја добиваш „целата“ нивна приказна? А и бидејќи ја немаш таа моќ? Како што оној лик од „Adagio во REM фаза“. На таа ли несигурност?

(...) Да не мислиш на она чувство од кое нема бегање – дека живееме во некоја „Земја на заблудите“?

(..) Којзнае, да не мислиш можеби на неизвесноста на секое „којзнае“ од устите на ликовите и раскажувачите?

(...) А да не мислиш на самоиронијата на раскажувачите

Page 90: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

89

на приказните, која често ги доближува до таканаречените „несигурни/неповерливи“ раскажувачи? (...) Да не мислиш на „потребата од разбирање“? На потребата за еден вид „сигурност“ на раскажувачите дека читателите ќе им веруваат на нивните приказни, како во „Верувaте ли?“?

(...) Да не мислиш на иронијата кон книжевните авторитети и општите места, кон предвидливите стереотипни расплети, кон познатите книжевни ликови или, кон востановените начини на раскажување?...

(По половина час) - Еее, полека! Сега ти ми зазвучи некако премногу стручно

и официјално, небаре ми држиш предавање! Изгледа те повлече вителот на сериозноста, од кој сакам безуспешно да избегам. Имам чувство дека расказите на Марта ме извлекоа од тој моќен вител барем за миг. Пренеси ѝ ја мојата благодарност вечер кога ќе одиш на нејзината свирка.

- Ти не одиш?- Ќе одам на некој нареден нејзин концерт. За жал,

вечерашниот ќе го пропуштам. Имам серозна задача. Морам да ја напишам таа несериозна рецензија.

Владимир Мартиновски

Page 91: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,

90

Page 92: Марта Маркоска - Offлордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман,