pismo od sudbinata

2
ПИСМО ОД СУДБИНАТА January 22, 2015 at 10:26pm Здраво драг човеку! Јас сум Судбината. Решив да ти пишам затоа што доста често се сомневаш во мене, како и во моите планови за тебе. Знам дека се прашуваш зошто ти се случува сето она што ти се случува. Еве го мојот одговор: само така можеш(е) да станеш човекот којшто си во моментов! Само така можеше да ја откриеш силата што е скриена во тебе. И, најнакрај, само така можеше да ја видиш големината на твојот ум и убавината на твојата душа. Требаше да поттикнам некои од твоите стравови за да видиш дека можеш да минеш преку нив, затоа што човекот така е устроен - од сè да се плаши: од неуспех, од загуба, од болка, од самиот страв. Тоа трае сè додека не му се наложи да се исправи лице в лице со стравот, да го пресретне, да го победи и да продолжи понатаму. Но, ти си ги научи своите лекции, нели? Требаше да го повредам твоето срце за да се научиш да ги чуваш срцата на луѓето. Човекот е устроен по тој начин: причинува болка додека не ја искуси! Повредува додека не го повредат. Им свртува грб на другите, додека нему не му свртат грб. Но, ти си ги научи своите лекции, нели? Требаше, исто така, да одземам некои од твоите пријатели за да се научиш да ги цениш оние што останаа. Човекот е устроен по тој начин: заборава да се грижи за своите пријатели! Заборава да им се јавува. Заборава да се гледа со нив. Заборава да праша како се. Ги заменува со нови. Подоцна и новите ги заменува со нови. Тоа трае сè додека не востанови дека повеќе нема вистински пријатели. Но, ти си ги научи своите лекции, нели? Требаше да го запознаеш разочарувањето за да започнеш да се насладуваш во целост на радоста и среќата. Човекот е таков: вечно е незадоволен! Вечно е фокусиран на нештата што ги нема. Така е додека во животот не му се појават вистински проблеми, додека не му се наложи да преживее вистинска драма. Тогаш незначителните нешта им отстапуваат место на значајните и вистински вредните. Тогаш човекот ја согледува и ја вреднува убавината на сончевиот ден, на прошетката низ паркот, на убавата книга, на волшебната мечта, на споделената чаша вино со саканите... Но, ти си ги научи своите лекции, така?

Upload: daniela-lavurovska

Post on 20-Nov-2015

9 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

.....

TRANSCRIPT

January 22, 2015 at 10:26pm ! . , . . : () ! . , , . , - : , , , . , , . , , ? . : ! . , . , , ?, , . : ! . . . . . . , , ? . : ! . , . . , , , , ... , , ? . : . . . . . . , , ... , , ?, . . . . . ! . . . . : ! , - ! ! : , ! ,