republika makedonija univerzitet sv. kiril i metodij vo … · Инструкции за...

28
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС БР. 11/2014 ЗА НАБАВКА НА СТОКИ- ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ (ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ) ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈВО СКОПЈЕ- КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР-ОХРИД Скопје, март 2014 REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO SKOPJE

Upload: others

Post on 11-Feb-2020

19 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ СО

ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС БР. 11/2014

ЗА НАБАВКА НА СТОКИ- ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ (ЗЕЛЕНЧУК И

ОВОШЈЕ) ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И

МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ- КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР-ОХРИД

Скопје, март 2014

REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET „SV. KIRIL I METODIJ“ VO SKOPJE

Page 2: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

2

Инструкции за понудувачите

1. Договорен орган

Договорен орган е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со адреса на бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје, телефон за контакт 02 3293 293,

електронска адреса [email protected], контакт лице Катерина Доневска со електронска адреса [email protected] .

2. Предмет на договорот за јавна набавка

2.1. Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на стока – земјоделски

производи (зеленчук и овошје) за потребите на Универзитетот „Св. Кирил

и Методиј“ во Скопје-Конгресен центар-Охрид.

Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации

во прилог на оваа тендерска документација.

2.2. Предметот на договорот е делив на два дела:

Дел 1: Зеленчук,

Дел 2: Овошје.

Економскиот оператор во својата понуда треба да ги вклучи сите составни

делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.

3. Начин на испорака

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следниов начин: секој ден, по договор со одговорните лица од Конгресен

центар, с. Коњско-Охрид

4. Разлики во цена (корекција на цени)

- Ќе се формира комисија од 2 члена, еден член од страната на набавувачот и еден член од страната на добавувачот. Оваа комисија ќе биде задолжена секој 1-ви и 15-ти во месецот да ги утврди средните пазарни цени на земјоделските производи (пазарот на кој ќе се утврдуваат цените ќе биде утврден во договорот за јавна набавка) и да подготват Предлог ценовник за пазарните цени кои ќе важи од денот на неговата изработка до следниот извештај. - Предлог ценовникот задолжително треба да биде одобрен од страна на набавувачот. - Овој записник ќе се користи како документ за подготовка и плаќање на фактурите.

Page 3: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

3

5. Рок на испорака

Носителот на набавката е должен по добиено телефонско/писмено

барање од договорниот орган, во рок од 24 часа, секој ден да ја испорачува стоката- предмет на барањето во Конгресен Центар во Охрид, с. Коњско бб.

Носителот на набавката е должен да го испорачува предметот на договорот во рок од 1 (една) година од денот на потпишување на договорот во

согласност со потребите на Договорниот орган. Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакви од

тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

6. Начин на плаќање

Начин на плаќање: по доставена фактура во рок од 30 дена. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и

како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

Авансно плаќање: не е дозволено.

7. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

7.1. Лична состојба - во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена

правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во

постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и

договори за јавно приватно партнерство;

- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или

трајна забрана за вршење на одделна дејност; - понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за

ликвидација; - понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни

давачки;

- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и

- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

Page 4: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

4

7.2. Способност за вршење на професионална дејност Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

7.3. Економска и финансиска состојба Критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се: - позитивен финансиски резултат за 2012 година

7.4. Техничка или професионална способност Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: - изјава на понудувачот дека е производител на земјоделски производи, а доколку понудувачот е трговец треба да поседува договор за деловна соработка со производител на земјоделски производи;

- изјава дека ги исполнува условите согласно Правилниците и законските прописи за квалитетот на земјоделските производи,

- Референтна листа на понудувачот за продадени земјоделски производи и

потврди за навремено и квалитетно извршување на договорите од набавувачите наведени во референтната листа со цел да се потврди квалитетот на извршувањето на наведените договори и минимум 5 потврди со кои ќе се докаже валидноста на истата. - да има соодветен магацински простор за складирање на стоката - да има на располагање возила за транспорт на стоката. - да биде запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и

регистар на увозници на одделни земјоделски производи

7.5 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

7.6 Гаранција за квалитетно извршување на договорот

7.6.1 Услов за потпишување договор со најповолниот економски

оператор е обезбедување банкарска гаранција од страна на носителот на набавката за извршување на набавката во износ од 5% од вкупната вредност

на договорот.

7.6.2 Гаранцијата од точка 7.6.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во

оригинална форма. Копии не се прифаќаат.

Page 5: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

5

7.6.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот. Договорниот орган по

извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.

7.6.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.

7.6.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.

7.6.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 5 дена од потпишување на договорот.

7.6.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од точка 1.2.2 од тендерската документација.

7.6.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од

договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести

носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно

извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца.

7.6.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран

согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14

дена од целосното реализирање на договорот.

7.6.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.

8. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда. Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност, понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:

Page 6: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

6

8.1. За докажување на личната состојба: - изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена

правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;

- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;

- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од

надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран

- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во

постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и

договори за јавно-приватно партнерство;

- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и

- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Документите од точка 8.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.

Согласно со член 102, став 4 од Законот за јавните набавки, понудувачот не треба со својата понуда да ги достави горенаведените документи

предвидени со законот како доказ за личната состојба. Наместо тоа,

понудувачот поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми

за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа

тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија

понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за

утврдување на неговата лична состојба.

Комисијата ќе прифати документи за утврдување на личната состојба кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда.

Page 7: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

7

8.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

8.3. За докажување на економската и финансиската состојба: - Извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех за

последните три години (2010, 2011 и 2012) заверени од надлежен орган,

односно ревидиран биланс на состојба и податоци од билансот на успех, или

извадоци од извештајот за билансот на состојба и податоци од билансот на успех во случаи кога објавувањето на билансите на состојба и успех е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран;

8.4. За докажување на техничката или професионалната способност: - изјава на понудувачот дека е производител на земјоделски производи, а доколку понудувачот е трговец треба да поседува договор за деловна соработка со производител на земјоделски производи;

- изјава дека ги исполнува условите согласно Правилниците и

законските прописи за квалитетот на земјоделските производи

- листа на главни испораки на понудувачите извршени во последната година, со вредности, датуми, купувачи и со обезбедени потврди за извршени

испораки издадени од примателите, со доставување на минимум 5 потврди за соработка,

- изјава за поседување магацински простор за складирање на стоката,

- изјава за поседување транспортни средства за транспорт на стоката, со приложување фотокопии од сообраќајни дозволи,

- документ со кој ќе потврди дека е запишан во Регистарот на откупувачи

на земјоделски производи и регистар на увозници на одделни земјоделски

производи, издаден од Министерство за земјоделство, шумарство и

водостопанство на РМ.

Page 8: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

8

9. Изготвување и поднесување на понудите

9.1. Начин на изготвување на понудата Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично).

Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

9.2. Изјава за сериозност на понудата Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден

во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.

9.3. Изјава за независна понуда Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за независно

поднесување на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Изјавата ја потпишува лицето

што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и

овластување за потпишување на изјавата.

Page 9: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

9

9.4. Елементи на понудата Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:

- Образец на понуда (Прилог 1),

- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (Прилог 2),

- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3),

- Изјава за независна понуда (Прилог 4),

- Документ за регистрирана дејност, - Документ од точка 8.3 (биланс на состојба и биланс на успех за

последните три години);

- Документи од точка 8.4 за докажување на техничката и професионалната способност.

- Парафиран модел на договор

9.5. Јазик на понудата Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.

9.6. Период на важност на понудата Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден

во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

9.7. Затворање на понудата Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен

плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса. Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:

- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,

- го содржи бројот на огласот, - во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред

времето и датумот за отворањето на понудите. Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради не придржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

Page 10: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

10

9.8. Принцип на една понуда Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали

ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно

сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.

10. Краен рок и место за поднесување на понудите

10.1. Краен рок за поднесување на понудите е 18.03.2014 година во 10:00

часот.

10.2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса : Универзитет „Св. Кирил и

Методиј“ во Скопје, бул. Гоце Делчев, бр.9, 1000 Скопје.

11. Јавно отворање и евалуација на понудите

11.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бул. Гоце Делчев, бр.9, 1000

Скопје.

11.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот претставник треба на Комисијата да и

предаде писмено овластување од понудувачот.

11.3. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во

постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.

12. Критериум за доделување на договорот

12.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди

најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

Број на бодови =

најниска цена

(без ДДВ)

. максимален број

бодови

Цена (безДДВ)

Page 11: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

11

12.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).

13. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка

13.1. Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.

13.2. Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски

средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН

(https://www.e-nabavki.gov.mk).

13.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1

, по што ЕСЈН автоматски ги

обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Секое лице кое се регистрира како корисник на ЕСЈН, при пополнување на веб

образецот за регистрација се запознава и дава согласност дека ќе ги почитува правилата и условите за користење на ЕСЈН. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од

почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори”.

13.4. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена

вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена, од прифатливите понуди

поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски

оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и

кои се регистрирани во ЕСЈН.

Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена на адресата за е-пошта на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.

1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН

Page 12: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

12

Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци:

почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).

14. Доделување на договорот за јавна набавка

14.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го

доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.

14.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач

ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.

14.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана понудата која прва пристигнала во архивата на договорниот орган.

14.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од

постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални

од реалните на пазарот.

14.5 Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија првична прифатлива понуда има најниска цена.

14.6 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен

понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од

повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред

електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).

15. Известување за доделување на договорот за јавна набавка

15.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН

автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во

текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и

Page 13: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

13

не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

15.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од

донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор

на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

16. Правна заштита

Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално

прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во

согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.

Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или

поништување на постапката.

17. Договорна казна за задоцнување или неисполнување на договорот

Доколку Носителот на набавката од било која причина, нема да ја изврши

испораката на стоката, Договорниот орган е овластен тие стоки да ги набави од

друга страна, а за сметка на Носителот на набавката. Во случај на задоцнување во исполнувањето на обврските од страна на Носителот на набавката, тој е согласен да му плати на Договорниот орган

договорна казна во висина од 0,5% од вредноста на Договорот за секој ден

доцнење.

18. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка

17.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

НАПОМЕНА: Економскиот оператор кој ќе понуди најниска цена на

електронската аукција треба да достави листа со новите цени во рок од 2

дена по завршувањето на електронската аукција.

Page 14: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

14

Технички спецификации

Листа на специфицирани позиции со понудени цени

ДЕЛ 1 Зеленчук

вид на производ мерка Потекло на земјоделските

производи

земја / регион

1 2 3

Праз 1 кгр

Кромид 1 кгр

Лук 1 кгр

Кромид млад веза

Млад лук веза

Компир 1 кгр

Морков 1 кгр

Ориз 1 кгр

Грав 1 кгр

Пиперки зелени 1 кгр

Пиперки бабури 1 кгр

Феферони 1 кгр

Пиперчиња љути парче

Домати црвени 1 кгр

Зелка 1 кгр

Краставица 1 кгр

Марули парче

Тиквички парче

Модри патлиџани парче

Зелје 1 кгр.

Цвекло 1 кгр

Корнишони 1 кгр

Карфиол 1 кгр

Брокула 1 кгр

Кељ 1 кгр

Прокељ 1 кгр

Печурки (свежи) 1 кгр.

Магдонос веза

Целер веза

Ротквици веза

Босилек свеж веза

Рузмарин свеж веза

Спанаќ 1 кгр

Напомена: Економскиот оператор треба да ја пополни колоната 3

Page 15: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

15

Листа на специфицирани позиции со понудени цени број 2

ДЕЛ 2 Овошје вид на производ мерка Потекло на

земјоделските производи

земја / регион

1 2 3

Сливи 1 кгр

Цреши 1 кгр

Јагоди 1 кгр

Круши 1 кгр

Портокал 1 кгр

Мандарини 1 кгр

Банана 1 кгр

Лимон 1 кгр

Ананас 1 кгр

Грозје 1 кгр

Грејпфрут 1 кгр

Јаболка 1 кгр

Лубеница 1 кгр

Диња 1 кгр

Праски 1 кгр

Киви 1 кгр

Вишна 1 кгр

Калинка 1 кгр

Смокви 1 кгр

Суво грозје 1 кгр

Урми 1 кгр

Мушмули 1 кгр

Напомена: Економскиот оператор треба да ја пополни колоната 3

Избраниот понудувач при испораката заедно со стоките треба да доставува

соодветни потврди за извршена контрола на квалитетот на производите од

страна на соодветната институција за контрола или друг документ со кој ќе

го докаже квалитетот на производите од пратката.

Page 16: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

16

Прилог 1 – Образец на понуда

[меморандум на понудувачот]

Врз основа на огласот број 11/2014 објавен од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на стоки - Земјоделски производи (зеленчук и овошје) за потребите на

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје-Конгресен центар-Охрид со

спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-

nabavki.gov.mk), и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:

П О Н У Д А

Дел I – Информации за понудувачот

I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________

I.2. Контакт информации

− Адреса: ________________________________________________________

− Телефон: ______________________________________________________

− Факс: _________________________________________________________

− Е-пошта: ______________________________________________________

− Лице за контакт: ________________________________________________

I.3. Овластено лице: ___________________________________________________

I.4. Даночен број: _____________________________________________________

I.5. Матичен број: _____________________________________________________

Дел II – Техничка понуда

II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки:

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_____________________________________________________________________

_________________________________________.

II.2. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.

Page 17: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

17

Дел III – Финансиска понуда

III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти,

без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:

Дел Вкупна цена без ДДВ ДДВ

1. Зеленчук

2. Овошје

III. 2. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:

Листа на цени за ДЕЛ 1- ЗЕЛЕНЧУК

вид на

производ

мерка цена во

сезона без ДДВ

цена вон

сезона без ДДВ

Просечна

цена без ДДВ

ДДВ

_______

%

1 2 3 4 5 6

Праз 1 кгр

Кромид 1 кгр

Лук 1 кгр

Кромид млад веза

Млад лук веза

Компир 1 кгр

Морков 1 кгр

Ориз 1 кгр

Грав 1 кгр

Пиперки

зелени

1 кгр

Пиперки

бабури

1 кгр

Феферони 1 кгр

Пиперчиња љути

парче

Домати

црвени

1 кгр

Зелка 1 кгр

Краставица 1 кгр

Марули 1

китка

Тиквички парче

Модри

патлиџани

парче

Page 18: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

18

Зелје 1 кгр.

Цвекло 1 кгр

Корнишони 1 кгр

Карфиол 1 кгр

Брокула 1 кгр

Кељ 1 кгр

Прокељ 1 кгр

Печурки

(свежи)

1 кгр.

Магдонос веза

Целер веза

Ротквици веза

Босилек свеж веза

Рузмарин

свеж

веза

Спанаќ 1 кгр

ВКУПНО:

∗∗∗∗

Листа за цени ДЕЛ 2 – ОВОШЈЕ

вид на

производ

мерка цена во

сезона

без ДДВ

цена вон

сезона без ДДВ

Просечна

цена без ДДВ

ДДВ

1 2 3 4 5 6

Сливи 1 кгр

Цреши 1 кгр

Јагоди 1 кгр

Круши 1 кгр

Портокал 1 кгр

Мандарини 1 кгр

Банана 1 кгр

Лимон 1 кгр

Ананас 1 кгр

Грозје 1 кгр

Грејпфрут 1 кгр

Јаболка 1 кгр

Лубеница 1 кгр

Диња 1 кгр

Праски 1 кгр

∗ Вкупната просечна цена без ДДВ е предмет на е-аукција

Page 19: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

19

Киви 1 кгр

Вишна 1 кгр

Калинка 1 кгр

Скокви 1 кгр

Суво грозје 1 кгр

Урми 1 кгр

Мушмули 1 кгр

ВКУПНО:

∗∗∗∗

III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.

III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.

Место и датум

___________________________

Одговорно лице ___________________________

(потпис и печат)

∗ Вкупната просечна цена без ДДВ е предмет на е-аукција

Page 20: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

20

Прилог 2 – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува

критериумите за утврдување на личната состојба

И З Ј А В А

Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот

___________________________________________________ [се наведува назив

на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на

личната состојба на понудувачите утврдени во законот и во тендерската

документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на стоки -

Земјоделски производи (зеленчук и овошје) за потребите на Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје-Конгресен центар-Охрид, објавен од страна на

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Ректорат, со барање за

прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите

документи утврдени во тендерската документација за докажување на

исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот

орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.

Место и датум

___________________________

Овластено лице ___________________________

(потпис и печат)

Page 21: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

21

Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата

И З Ј А В А

Јас, долупотпишаниот ___________________________________[име и презиме],

врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на

овластено лице на понудувачот________________________

______________________________________, изјавувам дека во целост ја

гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно

обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината

важност.

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување

на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што

ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган

против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа

изјава.

Место и датум

___________________________

Овластено лице

___________________________

(потпис и печат)

Page 22: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

22

Прилог 4 – Изјава за независна понуда

И З Ј А В А

Јас, долупотпишаниот _________________________________ [име и презиме],

врз основа на член 18 став 2 од Законот за изменување и дополнување на

Законот за јавните набавки (Сл. Весник бр. 148/2013), а во својство на овластено

лице на понудувачот______________________________________, изјавувам

дека под целосна материјална и кривична одговорност понудата ја поднесувам

независно, без договор со други економски оператори спротивно на прописите

за заштита на конкуренцијата, како и дека не учествувам во истата постапка со

други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински

поврзан.

Место и датум

___________________________

Овластено лице

___________________________

(потпис и печат)

Page 23: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

23

,Врз основа на член 165 од Законот за јавните набавки (Сл. весник на РМ.

бр.136/2007; 130/2008; 97/2010; 53/2011, 185/2011, 148/2013 и 160/2013), се склучува следниов

Д О Г О В О Р

ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ

ДОГОВОРНИ СТРАНИ

1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со адреса: бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Велимир

Стојковски, (во понатамошниот текст „Договорен орган“) од една страна,

2. _____________________, со адреса: ___________________, претставуван од

_______________________, (во понатамошниот текст „Носител на

набавката“) од друга страна.

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

Член 1

Предмет на овој договор е јавна набавка на стоки – земјоделски

производи (зеленчук и овошје) за потребите на Универзитетот „Св. Кирил

и Методиј” во Скопје, Конгресен центар во Охрид, за период од една година, според спецификација која е составен дел на тендерската документација и

составен дел на овој Договор, и тоа: - За дел 1- Зеленчук

- За дел 2- Овошје

Овој Договор се склучува врз основа на спроведената постапка за јавна набавка, за доделување на договор за јавна набавка бр. 11

/ 2014 со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас објавена на интернет страницата на Бирото за јавни набавки на __. ___ . 2014

година, која се спроведува во хартиена форма и завршува со е-аукција, и

доставената понуда на Носителот на набавката.

ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Член 2

Носителот на набавката по барање на Договорниот орган во текот на важењето на овој договор, му ги извршува услугите кои се предмет на овој договор по единечна цена со пресметан ДДВ.

Page 24: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

24

Единечните цени на услугите се содржани во Тендерската документација, односно Понудата на Носителот на набавката која е составен

дел на овој Договор.

Вкупната вредност на договорот изнесува најмногу до _________,00

денари без вклучен ДДВ.

Договорниот орган нема обврска да ја исполни вредноста од став 3 на овој член.

Во вкупната цена на јавната набавка не е засметана вредноста на сродните услуги, царината и данокот на додадена вредност (ДДВ).

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Член 3

Договорот се склучува на определено време за период од 1 (една) година и ќе започне да се реализира од ___.____.2014 година.

ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Член 4

Носителот на набавката по барање на Договорниот орган во текот на важењето на овој Договор е должен да ги испорача стоките од член 1 во рок согласно неговата понуда, во рок од 24 часа, секој ден, на локација Конгресен

центар, с. Коњско-Охрид.

Квалитативен и квантитативен прием на стоката предмет на овој Договор

врши Договорниот орган, со документ (испратница) потпишана од двете договорни страни.

Во текот на примопредавањето на стоката се утврдува квалитетот, и дали

соодветствува на техничките спецификации содржани во тендерската документација и понудата

Во текот на примопредавањето се утврдува и квантитетот на испорачаната стока.

Ако стоката не го исполнува квалитетот содржан во Понудата на Носителот на набавката, Договорниот орган ќе побара од Носителот на набавката да му испорача стока со договорениот квалитет.

Член 5

Носителот на набавката е должен да достави потврда, атест, сертификат и сл. за квалитетот на стоките што ќе ги испорачува според стандардите утврдени со закон и со Тендерската документација, и доставени со Понудата на Носителот на набавката.

Page 25: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

25

ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА

ДОГОВОРОТ

Член 6

Доколку Носителот на набавката од било која причина, нема да ја изврши испораката на стоката, Договорниот орган е овластен тие стоки да ги

набави од друга страна, а за сметка на Носителот на набавката. Во случај на задоцнување во исполнувањето на обврските од страна на

Носителот на набавката, тој е согласен да му плати на Договорниот орган

договорна казна во висина од 0,5% од вредноста на Договорот за секој ден

доцнење.

НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ

Член 7

Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши под услови и начин наведен во Тендерската документација, односно во

Понудата која е составен дел на овој Договор. Плаќањето е сукцесивно, во рок од 30 (триесет) дена по достава на

фактурата во архивата на договорниот орган. Фактурите се доставуваат во

период од 01-ви до 05-ти во тековниот месец за претходниот месец.

КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИ

Член 8

За корекција на цените Договорниот орган и Носителот на набавката формираат комисија од 2 члена, по еден член од секоја договорна страна. Оваа комисија се задолжува секој 1-ви и 15-ти во месецот да ги утврди средните пазарни цени на земјоделските производи и да подготват Предлог- ценовник за пазарните цени кој ќе важи од денот на неговата изработка до следниот извештај. Предлог – ценовникот задолжително го одобрува овластено лице на Договорниот орган.

ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Член 9

Навременото, квалитетно и целосно извршување на Договорот, Носителот на набавката го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за Договорниот орган, пред потпишување на Договорот.

Гаранцијата треба да го содржи текстот дека таа е безусловна, без право

на приговор и неотповиклива.

Page 26: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

26

Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот.

Висината на банкарската гаранција изнесува 5% од вкупната цена на

Договорот.

Гаранцијата се наплаќа во следните случаи:

• доколку Носителот на набавката не ги исполни обврските од овој Договор

• поради задоцнување во исполнувањето на обврските од овој Договор;

• поради неквалитетно извршување на обврските од овој Договор;

• во случај на раскинување на Договорот по вина на Носителот на набавката;

• во други случаи кога Носителот на набавката нема да ги изврши

обврските од овој Договор и оние за кои се применува непосредно

законот.

Во случаите од став 5 од овој член, Договорниот орган писмено ќе го

извести Носителот на набавката дека ќе пристапи кон наплата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Гаранцијата му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена по

престанокот на Договорот.

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

Член 10

Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни

обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се

решава пред арбитражна комисија која ќе ја сочинуваат 3 (три) члена и тоа по 1

(еден) од двете договорни страни, а третиот член ќе го одберат заеднички од

редот на арбитрите на Арбитражниот суд при Стопанска Комора на Република Македонија.

Член 11

Доколку Арбитражната Комисија не даде заедничко прифатливо

решение сите евентуални спорови ќе ги решава надлежниот суд Скопје 2 во Скопје.

Page 27: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

27

ВИША СИЛА

Член 12

Договорените страни нема да бидат одговорни за неизвршување на било

какви обврски од овој Договор доколку причината за неизвршување е виша сила – настани вон контрола на договорните страни и независни од нивната волја, кои директно влијаат на извршување на обврските од овој Договор и чија појава не е последица од невнимание на договорните страни, а кои не можело да се спречат, избегнат или отстранат.

Настаните од виша сила не се ограничени само на елементарни непогоди,

туку вклучуваат и воена состојба, штрајк, ембарго.

Во случај било која од договорените страни да е спречена во

исполнување на овој договор како последица од виша сила, должна е за тоа да ја извести другата договорна страна во рок од 48 часа, со индикација за причините и можното траење на настаните на виша сила. Истата постапка ќе биде применета поради известување за престанување на настаните од виша сила.

Доколку настапат настани оценети како виша сила, роковите одредени со овој Договор ќе се настојува да се прилагодат со обострано договарање на договорните страни, но во случај настаните од виша сила да траат подолго од 30

дена, Договорниот орган го задржува правото да го раскине овој Договор и

истото веднаш да стапи во сила, од како писмено ќе го извести Носителот на набавката за тоа.

Во секој случај, доколку доцнењето предизвикано од виша сила се продолжи повеќе од 3 месеци секоја договорна страна има право по писмен пат да го раскине овој договор со што истото веднаш стапува на сила.

РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Член 13

Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине Договорот.

Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски

го раскинува договорот должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.

КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ

Член 14

Договорните страни се согласни да ги применат највиските стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.

Page 28: REPUBLIKA MAKEDONIJA UNIVERZITET SV. KIRIL I METODIJ VO … · Инструкции за понудувачите 1. Договорен орган Договорен орган е

Земјоделски производи за потребите на Конгресен центар-Охрид 2014

28

ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН

Член 14

За се што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи на РМ, Тендерската документација и

Понудата на Добавувачот.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Измени и дополни на Договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.

Договорот може да се менува со Анекс - Договор само во согласност со одредбите на Законот за јавни набавки и тендерската документација.

Член 16

Овој Договор е склучен во 4 (четири) истоветни примероци од кои по два за секоја договорна страна.

Договорен орган Носител на набавката

Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Скопје _______________________

Р е к т о р У п р а в и т е л

Проф. д-р Велимир Стојковски ____________________

Прилог:

• Тендерска документација

• Понуда (ја вклучува целокупната понудена документација)