samekh vol.iii no.1 (1).pdf

24
Sol in 0Aries Vol. III No. 01 Anno V II Тромесечен магазин на Оазата Secret Fire http://samekh.secretfire.net стр.5 На Линија Меѓу Пустиник и Будала Frater Agni стр.9 БРАТСТВО Frater PNA стр.10 ЗА СЛОБОДАТА Frater Zoroaster стр.12 Истрајноста, Иницијацијата и Искушението Frater Astaphaios стр.13 Јас, Астрологијата и Херметизмот Frater Amis стр.17 ОГАН НА ДВИЖЕЊЕ Soror Nyx Argeada 9 771857 912020 01 ISSN 1857-9124

Upload: vlad-bogatinov

Post on 11-Jul-2016

82 views

Category:

Documents


19 download

TRANSCRIPT

Page 1: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

Sol in 0⁰ Aries Vol. III No. 01

Anno VII

Тромесечен магазин на Оазата Secret Fire http://samekh.secretfire.net

стр.5 На Линија Меѓу Пустиник и БудалаFrater Agni

стр.9 БРАТСТВОFrater PNA

стр.10 ЗА СЛОБОДАТАFrater Zoroaster

стр.12 Истрајноста, Иницијацијата и ИскушениетоFrater Astaphaios

стр.13 Јас, Астрологијата и ХерметизмотFrater Amis

стр.17 ОГАН НА ДВИЖЕЊЕSoror Nyx Argeada

9 771857 912020

0 1ISSN 1857-9124

Page 2: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

2 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

Ставовите изнесени во овој магазин и на истоимениот блог им припаѓаат на авторите, и нужно не ги отсликуваат истите на Ordo Templi Orientis, Оазата Secret Fire или кои било нивни членови.

Сметајте се поканети да бидете гостин автор или преведувач. Ако сакате да доставите пост или напис, пратете го по e-mail на:

samekh@oto-mk. net

IMPRESSUMИздавач: ЗГППЗСЕТ АЛЕФ СкопјеГлавен уредник: Frater Zoroaster

Технички уредник: Frater SiLVeSTeR

www. alef-mk.orgwww.secretfire.net

www. oto-mk.net

2 ....................................................................................................................................................................IMPRESSUM

2 ................................................................................................................................................................. ..СОДРЖИНА

3 ................................................................................................................FRATER ZOROASTER - ОД УРЕДНИКОТ

3 .................................................................................................................. .FRATER SILVESTER - ОД МАЈСТОРОТ

5 .......................................................................................................FRATER ASTAPHAIOS - ДОПИС ДО САМЕК

6 ............................................................................FRATER AGNI - НА ЛИНИЈА МЕЃУ ПУСТИНИК И БУДАЛА

8 .................................................................................FRATER IGNIS - ИНТЕРАКЦИЈАТА НА ИНИЦИЈАНТОТ

9 ..........................................................................................................................................FRATER PNA - БРАТСТВО

10 ...........................................................................................................FRATER ZOROASTER - ЗА СЛОБОДАТА

12 ...................................FRATER ASTAPHAIOS - ИСТРАЈНОСТА, ИНИЦИЈАЦИЈАТА И ИСКУШЕНИЕТО

13 ...........................................................................FRATER AMIS - ЈАС, АСТРОЛОГИЈАТА И ХЕРМЕТИЗМОТ

15 ......................................................................................................FRATER SILVESTER - ВО ВРСКА СО ПАТОТ

17................................................................................................SOROR NYX ARGEADA - ОГАН НА ДВИЖЕЊЕ

19 ...............................................................................................FRATER ZOROASTER - ЕДЕН ДЕН ВО ОАЗАТА

20 ...................................................................FRATER SILVESTER - ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНСКА ЦРКВА

СОДРЖИНА

ART BY JEFF DAHL

Page 3: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 3

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Понудата од мајсторот на Оазата да бидам уредник на Самек ме затекна во многу лоши околности на личен план, во сериозна материјална криза и без работа. Тука не можам да го прескокнам и изненадувањето со кое ја примив понудата, сепак, морав да размислам и да се соочам со самиот себеси и со сопствената волја за делување. Неколку часа подоцна, му ја соопштив мојата одлука на мајсторот, ДА, прифаќам. Сам на себе си ги дадов аргументите кои во некои минати времиња би ги барал од други луѓе. Приказната е малку посложена одошто навидум сака да биде. Со братот Силвестер и Сестра Ниа на крајот на 2012 година на свои плеќи го понесовме товарот на една мала ренесанса во нашиот ред. Од пепелта на кампот Один, кој речиси и да беше згаснат од прераното заминување на братот Луцидус , почнавме да ја градиме Оазата Secret Fire, можеби на почетокот нахранети од премногу ентузијазам не ни бевме свесни за историјата што ја пишувавме, од тој период во мое пријатно сеќавање останува првата импровизирна миса, каде никој од нас не беше посветен во улогата што ја изведуваше, а сепак торжествено ги изрекувавме зборовите на нашите улоги како да сме првите што тоа го прават. Како што реков, беше ,импровизирано но истовремено пишувавме историја. Подоцна следуваа многу настани а редот растеше и добиваше и меѓународна афирмација, од некои настани бев дел, а од повеќето не бев, заради мој избор на животна патека која многу често ме водеше далеку од шаторот на Оазата. Зошто сево ова? Бројот на Самек што е пред Вас не е прв, во тој поглед не е ни пионерси ни историски, но, себично ќе речам мојот Самек излегува на виделина, А мојот Самек е доминантна творевина на македонските ОТО членови, авторски дела на сестрите и браќата од под шаторот на нашата Оаза, нивната иницијација и битисување во егрегорот на нашиот свет ред овоплотени во зборови. Таа идеа секогаш ме носела и јасно ја предочив како услов за водењето на Самек: „Ако јас го уредувам Самек,Сакам тоа да биде македонски Самек“, му реков на мајсторот а тој целосно ми ја даде таа слобода. Затоа сестри и браќа и вие добредојдени гости, аспиранти, со овој број на возобновениот Самек ние

пишуваме историја. Секоја генерација има свои искушенија и предизвици. Кога времето ќе ја донесе потребата за смена на генерациите, ќе погледнеме на времето на сопствената генерација кога некој друг ќе ги вреднува нашите дела за ваквите мигови со гордост ќе можеме да кажеме: „Јас бев таму“.

Времето на пишувањето на овој запис ме затекнува со нова работа и со подобрена материјална состојба и редица перспективи за периодот кој претстои, што само би ја потврдува храбрата одлука да ја превземам оваа чест без оглед да настаните и околностите. А среќата ги следи храбрите.

Љубовта е закон, љубов под волја.

FRATER ZOROASTER

[email protected]

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Моето обраќање во овој задоцнет број на Самек се однесува на еден од основачките документи на О.Т.О., Liber CI или “Отворено писмо до оние кои би сакале да му се придружат на Редот.” Во првиот дел или Обврските на Браќата, Седма Куќа се вели:

“Членовите на Редот треба да се однесуваат кон оние што се вон Редот како да не поседуваат никакви права, бидејќи тие не го прифатиле Законот па затоа се слични на троглодити, остатоци од мината цивилизација и треба да се третираат соодветно на тоа. Љубезност треба да се покаже кон нив како и кон секое друго животно и треба да се направи секаков напор за да се доведат до Слобода.”

Проблемот кој некои луѓе, вклучително и некои членови на Редот, го имаат со овој цитат е наводниот елитизам кој на некој начин би ги издвоил Телемитите како супериорни во однос на остатокот од човештвото. Дозволете ми да се обидам и да го побијам ова тврдење.

Во Книгата на Законот се вели “Законот е за сите.” AL I:34. Овој Закон е безусловно даден на целото човештво, без разлика дали одредени индивидуи ќе го прифатат или одбијат. Уште веднаш станува бесмислено обвинувањето за наводен елитизам.

Коренот на проблемот со овој цитат лежи во фактот што многу луѓе, вклучително и оние кои го прифатиле Законот на Телема и се нарекуваат себеси Телемити, го сметаат Законот за општествен закон, создаден од луѓе како арбитрарна конвенција со цел да се кодифицира или санкционира однесувањето на луѓето во една заедница или човештвото како целина. Во тој случај, според логиката на овие луѓе, овој Закон (не) треба да се спроведува, вклучително и казнените одредби. Но, иако О.Т.О. е одговорно за спроведување на Законот на општествено ниво, Законот на Телема не е општествен закон. Новиот Еон и силите коишто сега владеат со Земјата се факт на природата подеднаков со останатите природни сили, на пример гравитацијата. Гравитацијата постои како природна сила, без разлика дали ја прифаќаме или не, а како се однесуваме со неа всушност зборува повеќе за самите нас отколку за неа. Њутновиот закон за

ОД УРЕДНИКОТFRATER SILVESTER

[email protected]

ОД MAЈСТОРОТ

Page 4: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

4 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

универзална гравитација како еден од основните на класичната механика само се обидува ја објасни природата на оваа сила.

Понатаму, се чувствувам на некој начин обврзан да истакнам дека цитатот од погоре се однесува на Седмата Куќа, Куќата на Партнерство со која владее Вага/Венера. Телемитите секако би требало да бидат свесни за значењето на Првата, Четвртата, Седмата и Десетата Куќа (ќе му бидам Спонзор на секој Минервал кој точно и потполно ќе ми одговори зошто!); и бидејќи Првата Куќа се однесува на идентитетот, Седмата Куќа се однесува на идентитетот во врска, било да е тоа брак, бизнис итн. Клучното прашање е како се однесуваме со другиот. Целта на врската е исто така важна, соединување со другиот за да се постигне нешто помало или поголемо за себе, за партнерството па дури и за човештвото во целина. Јас не можам да замислам Телемит кој навистина би можел да се види себеси во контекстот против кој предупредува цитатот.

За крај, ќе го свртам вниманието кон Atu VIII, Adjustment, која исто така ја симболизира Вага со која владее Венера. Често пати велиме дека нашите Иницијанти во Првиот Степен ја прифаќаат Книгата на Законот без потреба да ја менуваат. Иницијацијата е многу нешта, но во О.Т.О. таа меѓу другото означува и прилагодување на Законот. И како што детето кое допрва се учи да оди станува свесно за силата на гравитација, прилагодувањето на Законот на Телема е процес, или пат ако сакате. Во секој случај тоа не е нешто кое се случува само по себе или одеднаш.

Me прашувате: дали О.Т.О. има начин како да се осигура дека неговите членови се во рамките на Законот? Се навраќам кон цитатот од погоре, кој за мене не означува ништо помалку ниту повеќе од љубезно лидерство кон Слободата. Без разлика дали ние како членови на О.Т.О. за себе мислиме дека сме или не сме елита, она што е видливо и на крајот најбитно се нашите дела. Одговарам: “По нивните плодови ќе ги познаете.” Евангелие по Матеј, 7:16.

Љубовта е закон, љубов под волја.

One Star in Sight

The Great Alliance

Page 5: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 5

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Како прво, голема чест ми е да го поздравам Мајсторот на Оазата Secret Fire, Братот S., кој што со неговата работа, организираност и посветеност, давал, дава и се надевам дека ќе дава и во иднина голем пример, како за помладите, така и за постарите Браќа и Сестри, дека не постои залудна работа во Магиката. Ги поздравувам исто така напорите и посветеноста на Браќата и Сестрите од Secret Fire Оазата кои наоѓале и наоѓаат време и енергија да му помагаат на Мајсторот на Телото да ги извршува обврските на највисоко ниво – бидејќи ниту еден Мајстор на Тело не вреди ниту еден динариј ако со него нема одлични стратези и генерали кои ќе ја управуваат целата машинерија на Редот – од врвот на пирамидата, па до самата основа на истата.

Како Мајстор на Кампот Осоронофрис, најновото О.Т.О. Тело отворено во Источна Македонија, поточно Кочани, сакам да се заблагодарам на нашиот FSR (Father Superior Representative) како и на Мајсторот на Secret Fire Оазата, кои ми дадоа безрезервна подршка и помош во моето кандидирање како Мајстор на новото Тело. Се надевам дека со мојата работа и посветеност ќе успеам да ги оправдам нивните очекувања.

Секако, благодарност до Браќата и Сестрите кои секогаш се наоѓаат покрај мене за да ме поддржат или поправат во моето дејствување како Мајстор на Осоронофрис Кампот.

Иако долго време не успеа Редот да издаде нов број на е-весникот Самек, тоа не значеше дека Редот во Македонија мирува или дека заминал во стерилност во однос на својата Работата. Тоа не значеше дека Браќата и Сестрите немаат креативност или пак дека немаат волја да го споделат со Вас нивното знаење. Причината сметам дека е сосема едноставна.

Некои искушенија мораше да се поминат, одредени многу побитни настани да се случат, за да можеме во иднина да продолжиме со секојдневната работа врзана со Редот и Законот на Телема.

Во времето кога настапуваат на сцена сите тие „препреки“ кои ни посочуваа дека „крајот е блиску“ или дека бесцелно се работи сè, не можевме во целост да ги сфатиме и разбереме сите тие искушенија. Но, откако успешно помина сè, сега од

иднината ги гледаме големите препреки од сосема ново светло – препреките станаа нужни скалила кои водат кон поголеми и подобри искуства, кон поголемо знаење. Редот во Македонија покажа и минатата година, уште еднаш, дека е сериозна организација која е рамо до рамо со многу другите држави во светот.

При крај, би сакал само да Ве потсетам на нашиот Закон: Законот на Телема е чудесен, волшебен правилник на универзумот во новиот Еон на Детето. Во својата суштина ги опфаќа и инфинитезимално малите, но и инфинитезимално големи нешта.

Бидете секогаш без страв во новите нешта. Секогаш првите чекори се најтешки, полни со будалести мали грешки, но зарем тоа ги сопирало на својата патека нашите големи мајстори? Не. Патеката секогаш продолжува ако станеш продолжиш да одиш. Секогаш да одиш.

За старите нешта секогаш обидете се да научете по нешто ново, минатото содржи многу тајни за иднината, збогатувајте го Вашето искуство, Вашето знаење, а со тоа ќе дојде и големото

ДОПИС ДО SAMEKHОД МАЈСТОРОТ НА КАМПОТ ОСОРОНОФРИС

FRATER ASTAPHAIOS

[email protected]

разбирање.

И најбитно од се: бидете деца. Испрашувајте сè, сомневајте се во сè, уживајте во сè, љубете сè – како што има награда за добро завршена работа, има награда и во самото паѓање пред да постигнете знаење за да успешно ја завршите својата задача.

И за крај, му посакувам успешна работа на новиот уредник на е-весникот Самек. Да успее да фрли творечка искра во секој од нас, за што поуспешно споделување на нашите искуства и знаења во однос на нашите интересни патеки по кои самоволно стапнавме да ги одиме, за да најдеш утеха и ти во своите лудости, мој мил читателу.

Љубовта е закон, љубов под волја.

Page 6: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

6 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

„Мислам дека би било интересно ако земеш и на убав наративен начин ја раскажеш приказната за твоето доаѓање во допир со окултните науки, а подоцна и со Телема. За луѓето кои ги запознаваше на патот и луѓето кои на еден или друг начин ги поведе со себе на истиот пат...“

Немам доволно паметни зборови за оваа приказна. Но таа и не треба таква да биде. Треба да биде проста, наивна, несовршена, налудничава. За да биде - моја.

Откако ќе дојдеме на свет, во сè што нè фасцинира на нашиот пат, постепено ја откриваме својата природа. Отприлика во таа матрица ги боиме полињата едно по едно и го откриваме ликот на нашето себство, што и да значи тој збор. Така создадена, ја рефлектираме својата слика во надворешната околина. И ги привлекуваме оние кои, на еден или друг начин, ќе се препознаат во неа.

Затоа мојата фасцинација со бајките од детството не заврши со неговото завршување. Всушност, не сум сигурен кога заврши детството. И дали воошто. Некаде длабоко во себе сум продолжил да го негувам тој волшебен свет, понекогаш многу пореален од „суровата реалност“.

Уште од раното детство престанав да верувам во Дедо Мраз. Но не и во сите оние приказни, во кои „доброто го победува злото“, поточно се воспоставува некаков баланс на силите и принципите. Паралелно ги градев сопствените архетипови и ги поврзував со реални ликови и физиономии на возрасните од моето опкружување.

„Магијата“ продолжи откако низ процесот на образование ги запознав физичките закони. Нивното учење беше проширување на претходното осознавање на светот преку приказните, потврда дека сè во Универзумот циклично тежнее еднаш совршен ред, друг пат кон совршен хаос. За да се одржи животот во постојан од, дури и кога ни се чини дека мирува.

Шарените осумдесети на минатиот век беа години на експанзија на модата, креативноста, првото срамежливо доближување на компјутеризацијата кон обичниот граѓанин, забавата, (квази)духовноста, разновидноста на содржини кои се нудеа во сите тогашни медиуми... Кон крајот на тие осумдесети започна моето средно образование. Во тоа време се појавија списанија за гранични подрачја - сараевската „Арка“ и белградските „Тајне“ и Треће око“. Вистинските содржини за мојата

распламтена љубопитност по оностраното. Без оглед дали се работеше за духовно наследство од антички цивилизации, биоенергија, кристалотерапија, астрологија, хиромантија, медитација, сензации за натприродни појави. Таму прв пат го сретнав поимот астрална проекција. Дури имаше и техники за нејзино постигнување. Кои, сепак, ги оставив за недогледно време.

Но вистинското откровение во насока на спознавање на окултизмот беше една посета кај роднини на почетокот од моите студии во октомври 1991. Знаејќи дека роднината „на млади години се занимавал со парапсихологија“, му побарав некоја книга за читање. Тогаш ми ја даде да ја прочитам „Кључеви психичке магије“ од Живорад Михајловиќ Славински. Првиот практичен учебник за окултизам, кој ми дошол в раце. Случајно или не, издаден во 1973, годината на моето раѓање.

Од тој момент се промени целата моја претстава за светот и животот. Окултизмот се всели во моето секојдневие, како проширување на моите сознанија за природните закони. Секој однос, секоја појава, секоја ситуација почнав да ја поврзувам со причинско-последичниот циклус, чиј центар за прв пат бев јас. Почна да се топи дуалноста од која избираме само една страна, а потоа да се втврднува во две фигури на две спротивни страни, кои не можат една без друга.

Според тамошните цитати и максими почнав да ја градам својата филозофијата на живеење.

„Магијата не е ни добра ни лоша. Добра или лоша е нејзината примена.“

„Магијата се разликува од вашата детска претстава за неа онолку колку што вие се разликувате од кога сте биле дете.“

„И патот од илјада милји започнува со првиот чекор.“

„Никој, дури и да сака, не може да го изнесе вашиот товар. Таа задача е наменета токму за вас.“

„Секоја птица кон своето јато.“

„Не постои нешто во универзумот кое не е поврзано со сè останато. Сè е сè е сè.“

И тоа беше само почеток. Повикот кон Патеката беше воспоставен.

* * *

Август 1993 година. Период на подготвување испити. Позајмени неколку

броја на списанието „Тајне“. Нивниот концепт беше: еден број – една централна тема. Еднаш пирамиди, друг пат основи на астрологија, трет пат карма... Централната тема на еден број беше биографијата на Алистер Кроули и тајните окултни друштва во кои припаѓал. Не дека многу од прочитаното ми беше јасно, но приказната ми беше фасцинантна. И Пердурабо (ќе истраам) ми стана мотото за претстојната испитна сесија.

* * *

На Патеката стапуваме постапно и несвесно. Стануваме свесни дури кога ќе наидеме на други трагачи. Тогаш и секојдневната дружба станува мистично искуство.

1998 – период на завршување на студиите, воениот рок и враќање во родното место. Заедничките пријатели и вљубеноста во природата и рекреацијата нè зближија со Б. На една од прошетките во природа ми спомна цитат од книгата од Славински. Дискусијата бргу „се лизна“ кон окултното. Следуваше размена на книги, заедничка набавка на литература од издавачката куќа „Езотерија“. Тоа беше уште еден “Wow!” момент, овој пат имав со кого да брборам на темата.

Зимата 1998/99 година беше прилично студена, но тоа не нè колебаше секоја недела да правиме рекреативни пешачења од 5-6 километри до вештачкото езеро. Во еден период езерото беше замрзнато, а Б. ме изненади со кратка прошетка по замрзнатиот дел блиску до брегот. Ми предложи да се охрабрам и самиот да прошетам по мразот на оддалеченост 2-3 метри од брегот. Прифатив и со страв направив неколку чекори.

Но иницијативата не застана на тоа. Следниот момент падна предлог да прошетаме од крај на крај преку замрзнатото езеро. На моето прашање „Како?“, одговорот гласеше „Визуелизирај дека мразот е армиран со железо“. Погодувате, следуваше прошетка од крај на крај на езерото по „армираниот“ мраз. Во еден момент тргнавме по мразот и кон местото каде реката се влеваше во вештачкото езеро. Бидејќи истенчениот мраз почна да пука под нашите нозе, се вративме зашто техниката на одење по вода сепак не ни е совладана.

Кроули стана сè поприсутен. Б. ја имаше набавено „Магика“, па го мачеа некои нови поими и метафори од прочитаното. Далеку од тоа дека и денеска имам одговор

НА ЛИНИЈА ПОМЕЃУ ПУСТИНИК И БУДАЛАFRATER AGNI

Page 7: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 7

на многу од тие прашања.

Во тој период го запознав и З. Отсекогаш ме фасцинирала неговата бистрина на умот, речитост, организираност на поимите, смислата за поставување аналогија на ситуации за пластично објаснување. Неговата вљубеност во книжевноста веќе во тоа време, на негови 18-19 години, резултираше со издавање на првата стихозбирка и изборот на отсекот „Општа и компаративна книжевност“ како понатамошно образование.

Неговиот допир со окултизмот започна како дел од предавањата на факултет, со делови од учебникот по компаративна религија „Златната гранка“ од Џемс Џорџ Фрејзер. Откако сподели дека таму ја обработуват магијата како поим, добив личен впечаток дека темата ја доживеал на несоодветен начин. Со желба да му ја проширам сликата, му ја понудив на читање книгата од Славински. Веројатно ефектот на просветлување беше идентичен како кај мене.

Еден од најмистичните моменти на нашите распламтени дискусии, кој и ден денес ми го спомнува, беше една наша прошетка во природа, зимата 2001. На враќање нè фати првиот мрак. Се движиме по патот, а над ридот кој се простира покрај патот изгреала полна месечина. Јас му раскажувам за елементалните кралства и нивните жители, небаре сум бил да ги посетам...

Тоа беше период на експанзија на пријателства со помлади личности. З. беше точката на спојување – и за создавање нови пријателства и за возобновување на старите. Во тој проширен круг на нови пријатели влезе младиот Ам. кој завршуваше средно училиште, а отсекогаш имал широк спектар интереси – од историја, литература, астрологија, јазици, музика. Беше некако природно својот позив да го избере помеѓу областите од кои се интересираше и кои жедно и посветено ги проучуваше. Затоа избра соло пеење за своја професија, а неговата страст кон астрологијата го направи спремен астролог, истовремено приближувајќи го кон окултното. Патеката беше подготвена за уште еден нов трагач.

* * *

„Кога ученикот е подготвен, Учителот ќе се појави.“

Некаде во 2003 година, чинам со посредство на З., го возобновив познанството со С., со кого се познававме неколку години порано. Неговиот зачестен, често и продолжен, престој во нашето мало гратче беше причина за заеднички кафиња и дискусии. Со отмена и заводлива персона, заразен оптимизам, интелектуално

изграден, спремен перманентно да вложува во себе, ми импонираше како друштво наспроти застоената бара од општоприфатени вредности и Recycle Bin комуникација.

Во еден наврат З. ми спомна „Знаеш ли дека С. е напреден во окултизмот и член на О.Т.О.? Ми зборуваше нешто за тело овде, во Македонија, ми упати покана“. До тој момент единствената асоцијација за поимот Ото ми беа моторите со внатрешно согорување. А тие, да бидам искрен, не ме потсетуваат на окултизам и езотерија.

Бидејќи ја сметам таа тема за сериозна, обично не сум тој што ќе ја покрене ако не сум на сигурен терен. Затоа стрпливо чекав на следната средба С. (подоцна братот Силвестер) за да го скрши мразот, а тој како еден проактивен Овен го оправда моето очекување. Бил изненаден од мојот интерес за окултното, веројатно сум бил меѓу последните личности за кои можел да претпостави. Добредојде во клубот на изненадените.

Дознав дека акронимот О.Т.О се однесува на Редот на Источниот Храм, составен од слободни мажи и жени, кои го прифатиле Законот на Телема. Членовите на редот тежнеат кон духовно усовршување користејќи дисциплини на источниот и западниот окултизам. Магијата стана магика, заради строго научниот „експеримент-резултат“ принцип на дејствување. И кон таков еден егрегор добив покана за зачленување, а од особена важност во целата работа ми беа поттикот и охрабрувањето

Следуваше интензивна комуникација, набавка на телемитска литература, запознавање со основните ритуали, запознавање со FSR и други членови и аспиранти на Редот, идните браќа и сестри. Паралелно, во малото гратче на истокот се случуваа чести седенки помеѓу С., З., Ам. и мојата маленкост.

По неколкумесечна подготовка (читање литература и изведување основни ритуали), кон крајот на август 2004 се упатив кон Ниш на мојата прва иницијација. Никогаш нема да го заборавам утринското испраќање од страна на С. и Ас., кои поради таа причина не спиеле цела ноќ. Да не случајно се премислам и не појдам. Макар што знаеја дека онаму, каде што татни внатрешниот глас, стапнувањето на Патеката повеќе не е прашање на лична одлука.

И тогаш, а и сега, пристапувањето кон егрегорот на Светиот Ред на Телема го почувствував како враќање во пристаниште. Секако, пред да започнат првите пловидби.

* * *

Следејќи ги знаците на Патеката, по извесно време и самите стануваме покажувачи на правецот. Тоа што бев помеѓу првите кои му пристапија на Редот, веројатно беше некоја среќна околност. Понатаму, наша задача е во секоја можна прилика да ја даваме својата поддршка на оние кои се движат зад нас.

Во јануари 2005 го придружував Б на неговата иницијација во Ниш, од каде се врати како братот Бахус.

Поинтензивното проширување со нови членови започна со создавањето на првата македонска оаза, Secret Fire. На иницијацијата во Скопје, во декември 2008, на мое големо задоволство, З. и Ас. (со кого малку подоцна го започнав своето дружење) ги поздравивме како братот Зороастер и братот Астафајос. Некоја година подоцна, на македонското О.Т.О. му се приклучи и Ам. како братот Амис, заедно со неговата девојка. А сè започна со братот Силвестер, кој нè воведе во принципите на Телема и ни ја упати поканата. Кругот на пријателства се затвори во егрегорот на Редот на источниот храм.

Во продолжение македонското О.Т.О. по заслуга на докажани и нови членови доживува експанзија во ширењето на Законот на Телема, се зацврстува и станува живо, па дури и ги поставува темелите на тела во соседни држави. Како што вели братот Силвестер, „имаме гориво од 93 октани и може да нè одведе каде ќе посакаме.“

А јас? Јас веќе подолго време сум „тука некаде“, присутно неприсутен. Некои таа состојба ја викаат Темна ноќ на душата, други велат дека стручниот назив за состојбата бил Lazy Ass. Воглавно осцилирам помеѓу фазите пустиник и будала. На тој пат како неизбежни одморалишта се наоѓаат палатите на Мудроста и Благоста, споени со тајниот коридор на чуварот на дрвените мистерии. Па и не е така лошо, во некоја далечна перспектива.

ПРАВ

И Ш

ТО ТИ Е ВОЛЈА И ТОА НЕКА БИДЕ ЦЕЛИОТ ЗАКО

Н

ЉУБОВТА Е ЗАКОН ЉУБОВ ПОД ВОЛЈА

Page 8: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

8 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

Ordo Templi Orientis

www.secretfire.net

[email protected]

www.oto-mk.net

Secret Fire Oasis

facebook.com/secretfire

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Би сакал во овој есеј да ги сподделам со вас моите ставови, погледи и совети околу нашата улога како градбени единки на Редот, како иницијанти и луѓе што би требало не само да работат на сопственото усовршување, туку и на општо усовршување на целокупното човештво, бидејќи Патот што води до целта е сепак пат на служење.

Верувам дека на секој магичар му е добро позната формулата на Хермес Трисмегистус преку која ја објаснува взаемната интереакција на микрокосмосот со макрокосмосот, формула која гласи – Како горе така долу, како внатре, така надвор. Преку оваа формула, иницијантот ја гледа големата вистина дека Бог е во секој дел, и секој дел е подеднакво Бог.

Природата на оваа карактеристика создава шеми низ природата што можат лесно да се воочат доколку сме свесни за причината која ги создава. Согласно овој метафизички закон, ние како иницијанти, на некој начин сме микрокосмос на Редот кој сите заедно го сочинуваме. Нашите пракси како наш личен ангажман на патот кон нашето себеспознавање, можат лесно да се проектираат и врз Редот и неговата интеракција и однос со профаниот свет.

Би ги потенцирал тука двете есенцијални основни поделби што ги познаваме и практикуваме – јогата и магиката. Јогата е на некој начин пат навнатре, собирање во една точка, додека магиката е со спротивна ,,насока”, акт со кој потенцијалот од тоа ,,збивање” го користиме за да го прошириме својот личен универзум.

На сличен начин на кој што се надополнуваат магиката и јогата, и нашите активности и личен раст можат да се надополнуваат со профаниот свет. Како што напредуваме на духовен план, се здобиваме со потребниот потенцијал и истиот би можеле и би требало да го рефлектираме на општеството кое не опкружува. Таа рефлексија е магиката што треба да влијае на светот и да помогне во зајакнувањето на принципите на Слободата, Љубовта, Светлината и Животот со кој еонот на Хорус зрачи и ги потиснува тиранијата и едноумието. И тоа е и начинот на кој Редот како наш макрокосмос влијае на светот, преку секој од нас.

Начините на кој може еден иницијант да влијае и да ги сподели своите

потенцијали се бројни и уникатни, колку што е уникатен и секој од нас. Успешноста на магичарот не се само неговите лични достигнувања, туку и подеднакво неговиот ангажман со кој ќе допринесе да се надминат стереотипите, да се поразат ограничувањата. Од лично искуство знам дека ограничените луѓе ќе сторат се за да ве прикажат како некој што сака да удри по религијата или идеологијата со која се идентификуваат. Јас повеќе години сум активен на неколку форуми и позната ми е таа реакција. Би можел само да ве посоветувам, ако било кога се најдете во ситуација да некој се обиде да ве наведе да деградирате и нападнете одредена религија или света книга, да не паѓате во таа стапица.

Книгата неможе да биде крива, таа е производ на начија мисла или искуство. Човекот од друга страна и тоа како може да биде крив, доколку ги ограничува другите, тогаш неговите постапки немаат апсолутно ништо со неговото самоспознавање, бидејќи тоа е пат кој води навнатре кон сопствената душа, а не кон животот на останатите околу него. Да ги затвориш очите пред оние што се стремат нечиј живот да го прикажат како гнасен, опасен, безвреден и слично, не е знак за духовна зрелост, туку знак за малодушност. Светот денеска не е цивилизиран благодарение на оние што не превзеле ништо во моменти на мрак и декаденција, туку благодарение на оние кои имале Знаење, Смелост, Можност и Дискретност да го сменат светот кон подобро.

Не би сакал да солам памет никому како би го извел тоа, но сигурен сум дека секој има потенцијал да стори нешто. Потребна е само волја и самоувереност.

Дали тоа ќе биде апликација за мобилен, алатка за гематрија, блог, книга.... сметам дека е од суштинско значење да биде остварено.

Уште еден совет што мислам дека вреди да го споделам со вас е на време да ги забележите и елиминирате сопствените стереотипи и предрасуди. Сум имал прилика да слушам ставови од браќа и сестри полни со генерализации... Да се смета дека цели нации или религиозни припадници имаат идентични карактеристики и цели е очигледен стереотип. Ако бидеме самокритични, нема да мора останатите да бидат критички настроени кон нас.

Дури и за ова моделот – паралелата може да се воочи во Редот, потеклото и убедувањата не се причина ниту пречка да се биде член, тогаш зошто би биле пречка за вас?

Сметав дека е битно да го нагласам ова, бидејќи кај повеќето браќа и сестри, изостанува индивидуална активност со која би оставиле трага, би допринеле законот на телема да допре до општеството околу нас.

Подеднакво битна работа е и правилната проценка на потенцијалните аспиранти. Не е мудро да се биде спонзор на било кого. Ако сакаме квалитет, тогаш и да бараме квалитет во оние што би сакале да се приклучат на нашиот Ред. Приоритет секогаш би требало да биде квалитетот а не квантитетот, колку и да звучи ова како клише, сепак е нешто кое секогаш треба да го имаме впредвид. Посебно е битно да се препознаат или детектираат мотивите за членство. Бројните теории на заговори создаваат многу погрешна слика за Редот, а со тоа и мотивите на одредени луѓе ја следат таа погрешна претстава.

Би го завршил овој есеј посакувајќи ви што повеќе успех и достигнувања. Се надевам дека не звучев премногу критички, сакав овој есеј да биде еден вид обраќање или порака до сите вас, без тенденција да потценувам никого со тоа. Свесен сум дека многумина од вас имаат и повевеќе искуство и повеќе знаење од мене.

Љубовта е закон, љубов под волја.

ИНТЕРАКЦИЈАТА НА ИНИЦИЈАНТОТВО РЕДОТ И НАДВОР ОД НЕГО

FRATER IGNIS

Page 9: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 9

Што ја прави една личност твој пријател? Наспроти крвната врска со моите роднини, пријателството не познава граници, принципи и правила кои ја прават таа одредена личност мој пријател. Тоа некогаш не се ниту заеднички интереси па ниту гледишта на работите. А и моите најсилните пријателства се со личности сосема спротивни во скоро сите аспекти на животот, а сепак постои врска подлабока и поцврста и од онаа крвната. Многумина би рекле дека не ги бираме блиските пријатели, туку животот ги бира за нас, а времето поминато и искуствата преживеани со тие индивидуи не прават блиски. Моето едногодишно членување во О.Т.О. можеби не може да сведочи за тој чуден процес на градење пријателство, но со сигурност можам да зборувам за магиската поврзаност со тие непознати и различни индивидуи кои под сопствена волја одлучив да бидат мои Браќа и Сестри. Мојата цел за која пристапив кон О.Т.О. беше, и сè уште е потрагата по гностичкото знаење, и споделување искуствата со оние кои го бараат истото. Осетливата природа на ова знаење ги натерала овие редови да го заштитат и направат тајно, а патот до него проткаен низ иницијации. И со цел да се заштитат тајните и знаењето на редот кандидатот на неговата иницијација положува одредена заклетва, и како што редот го чинат членовите така и заклетвата ги запечатува меѓусебните односи меѓу членовите. И она што на прв поглед делува како вештачки креирана врска, условена од некакво ветување за кратко време за мене порасна во сосема друго нешто. Неоспорно е секако дека во група на различни карактери, но сепак водени од основните принципи на телемата, ќе бидам прифатен онаков каков што сум, и ќе ги прифатам останатите подеднакво. Но не така ретко како и во пријателствата па така и во редовите како О.Т.О. дозволувам во мојот личен простор да влезат луѓе кои успешно ги скриле своите нечесни намери, и често оставаат црна дамка во моето минато, па тоа ме учи да создавам филтер низ кој ќе поминуваат оние следните. Погледот на светот кон тајните редови, злобните озборување од оние кои сакаат само да ѕирнат, без да ја прифатат обврската, направила да редовите бидат особено претпазливи. И како што во личниот живот луѓето со кои делам простор време и искуства и проаѓаат низ филтрите и некои

од нив стануваат мои пријатели, така и во О.Т.О. со посветеност кон она што целам, со луѓе кои делам заеднички интереси, имам слични ставови и споделувам лични искуства, проаѓам низ нивните филтри, и они низ моите. Постепено врската меѓу членовите станува поцврста од онаа крвната и подлабока од онаа пријателската. И сето тоа така неприметно и забрзано. Во моментот кога сум меѓу овие луѓе, јас сум свој, без оковите на општеството, магиски вортекс во кои ја оставам реалноста, ги заборавам проблемите, секојдневието има цел, припаѓам некаде, се пронаоѓам во секој еден член од овој ред, се пронаоѓам себеси, и поблиску сум од кога било до онаа моја првична цел. Братството станува повеќе од пријателство, заветот станува лично задоволство. Човечка е потребата од луѓе, од љубов, разбирање, подршка и во токму такви услови, токму меѓу овие луѓе, мојата волја добива сила да ги надмине сите препреки, да ги победи сите предизвици.

БРАТСТВО

FRATER PNA

ПОВЕЌЕ ОД ПРИЈАТЕЛСТВО И ОБВРСКА ЗАПЕЧАТЕНА СО ЗАВЕТ

Пишувајќи го овој мој прв текст, обидувајќи се да го склопам моето кратко искуство, борејќи се со собе, да бидам објективен и приземен, на момент заборавив дека тука и токму за ова можам да бидам слободен. Па оставив мислата да тече без страв, затоа што редот не е неговото име ниту неговиот ламет, редот се луѓето, редот сум јас, и секоја добронамерна или негативна мисла кон редот е мисла кон самиот себе. А редот треба и може да биде само ветер во грб, низ твојот животен пат.

Page 10: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

10 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Либер 77 е исклучително јасен документ со кој ние телемитите ги прокламираме универзалните права на човекот. Неговата очигледност можеби нè тера да го спуштиме гардот во мислите, напуштајќи го научниот принцип за преиспитување на сè и на сомневање во сè. Текстот е заводлив, провокативен но истовремено во себе носи голема доза на утеха дека раскрстувањето со ропското минато на човештвото конечно е дојдено. Секој телемит во себе ја носи искрата на Прометеј, повторувам со невнимателност кон орлите на реалноста ,кои уште не запалена добро трската со огнот на Боговите, ти го јадат црниот дроб. Не, не зборувам сега за логички стапици или двосмислености на текстот, туку како добар научник, сакам да изградам механизам заснован на теоретските принципи и да видам дали и колку ќе се движи. Ние сме родени слободни, инстинктот за слобода постои дури и кај детето родено во семејство кое со генерации било робовско каде волјата на нивниот господар била нивна волја, сепак сите робовски општества паметат бунтувања против поробувачите. Запишаната историја е преполна со револуции во кои степенот или формата на човековата слобода се менувале, за да нас во денешницата нè затекне демократијата како прокламиран највисок степен на достигнување во поглед на човековите слободи и права. Дали сме навистина слободни? Не знам, освен ако не ја искористам аналогијата на механизмот наречен Либер ОЗ, ако тој работи со внесените податоци и дава точни излезни резултати... Но, да видиме, ракавицата е фрлена.

Свештеничката во EGC заводливо го повикува штотуку воскреснатиот човек: Со моќта на челкот, ти велам стани. Во името на нашиот Господ + Сонцето и нашиот Господ+...да можеш да ги споделиш доблестите со Братството. Додека свештеникот признавјќи ги ограничувањата на својата природа вели: Човек сум меѓу луѓето.

Телемитите се монаси на човештвото и на себе ја земат кармата на целокупното човечко битисување во склад со својата волја, не одбивајќи ниту еден аспект од човековото постоење како грешен, радост или тага, страст или медитација. Порок и доблест во овој систем му доаѓаат некако како синоними. Човекот нема право освен да ја извршува својата волја, а сепак симболизмот на четири тарот аркани ми се наметнува како неопходен да го повикам за свој сојузник во ова пишување. Замислете едноставна работа.

Братот или сестрата од Оазата или кампот од внатрешноста сака да присуствува на настан во главниот град, тоа е негова волја. Неговата волја е да запознае Брат кој е од IX степен и кој доаѓа од далеку. Замислете дека е декември и дека платата од тековниот месец едвај стигнала да се покријат сметките за греење и храна. Братот и понатаму има право да се движи по лицето на земјата... претпоставуваме пеш, за тоа му се потребни три дена, дополнителна храна која ако постојат локални тела попат лесно ќе ја најде, ако не... Нели сепак има право да јаде што му е волја, но пред сè она што му е на располагање. А светот е така голем и исполнет со бариери и визни ограничувања кои немаат обзири кон Либер Оз, веројатно само чистата будала(Тарот 0) би влегла во еден талкачки поход во кој патувањето станува иницијациско патување и веќе братот од IX степен се губи во позади маглата на градот во кој тој се наоѓа. Човек може да работи по своја волја. Мислам дека единствено пустиникот кој не оди туку самиот е патот и ништо материјално не може да го допре може да работи по своја волја без ограничувањата што нам монасите на телема животот ни ги наметнува. Ние сме слободни во рамките на нашите ограничувања и ни милиметар потаму, освен ако тркалото на среќата не не исфрли највисоко и само за миг ни овозможи да го погледнеме хоризонтот над нашите оклопи наметнати од моменталната инкарнација.

Кроули на студентот му советува да претера барем еднаш во секоја област, во јадење и пиење, во љубов или опојни дроги, но, само за да научно ги согледа своите лимити и мудро да се држи во нив, заради сувереноста на волјата и ништо друго. Врвната слобода изразена во Либер Оз гледана низ призмата на огрничувањата, физички, ментални или интелектуални (небитно) не води до тарот арканата број I, магичар кој со своите дела и работа, со љубов под волја ги поместува границите на своите ограничувања и секојдневно војува за своите права кои се содржани во Либер 77, тие не се конечни и дефинирани, тие не се одредено место тие се патот, тие се самата волја која не застанува, која постојано делува проширувајќи се себеси во својата непостојана конечност.

Универзалните права на човекот се постојано загрозувани од она што се нарекува социјален хабитат, кој за разлика од природниот кој е во хармонија, е агресивен во своето себенаметнување. Примерите се бескрајни. Се облекуваме по последна мода, јадеме нови видови на храна спакувани убаво во синтетични пакувања и стриктно со баркодови, а од друга страна природните начини на производство на храна се забрануваат во име на норми и меѓународни договори. Медиумите ни наметнуваат начини на

размислување, а мрзеливата природа на човекот претпочита работите некој друг да ги измисли, и сервира пред нас во што е можно по инстантен формат, а со самото тоа речиси без никаква супстанца. Она што мислиме дека ни донело слобода само суптилно не заробило, не ставило во рамка во која ни е удобно. Слободата по секоја од точките во Либер Оз значи постојано проширување на границите на себеси, постојано напрегање и постојана мака во освојување на неосвоивото. И, на крајот на краиштата мудроста од средствата да не се направи цел, зашто знаеме дека добрите слуги се секогаш лоши господари. И покрај мојата природна склоност кон апстракција, моите поенти обично сакам да ги врзам во речиси материјално конкретна илустрација, така што оние што ќе успеат да дојдат до крајот на моево писание ги поканувам на еден мал магичарски експеримент. Отворете го Либер Оз, препишете го рачно на парче хартија, затворете го компјутерот, исклучете го мобилниот телефон и почнете точка по точка да размислувате што е ваша волја во тој момент. По мое лично убедување доволни се два дена, сабота и недела за да не влијае на обврските на просечно зафатен човек. Веројатно многумина ќе јадат и пијат што им е волја, и ќе се движат по лицето на градот во кој што живеат, но повеќето ќе бидат барани и пребарувани од трети луѓе за кафе муабет или можеби заеднички ручек (јадење и пиење по туѓа волја). Два дена без социјални мрежи и вклучен мобилен во 2015 година? Многу веројатно да ве пријават за исчезнати и да се вклучи алармот... заради тоа што сте одлучиле да направите нешто што ве вади од рамката на удобноста. Материјалното изобилство ја зголемува алчноста и чувството дека никогаш не ни е доволно, јадење и пиење (замислете колку случаи на прејаденост и на препиеност има во периодот кога го пишувам ова, декември-јануари), купуваме облека и кога не ни треба заради социјален престиж, додека луѓе со огромни богатства се облекуваат немарно и речиси униформно (Стив Џобс). Затоа секогаш кога размисувам за Либер 77 во ум ми се враќа Пустиникот во кој нема ограничувања од материјална природа, за него и пеш околу светот е изводлив потфат, макар и да умре на тој пат ќе го направи тоа по своја волја. Волјата имплицира дела, најлошите дела се подобри од не-дела. Ако стапот е оставен на оларот и на себе има дебел слој од прашина, нашите не-дела дозволуваат да бидеме дел од туѓа волја (во отсуство на наша). А делата речиси секогаш се осудени на критиката на масата, зашто малкумина делуваат а повеќето судат и со тоа создаваат општествени предрасуди кои лицемерно ги нарекуваме мода, тренд, авангарда. Отстапувањето од конформизмот, секогаш донесува отпор и денес иако гениите кои размислуваат надвор од затворената кутија не се спалуваат на клада, модерните

ЗА СЛОБОДАТАFRATER ZOROASTER

Page 11: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 11

инквизиторски методи се подеднакво ужасни. Замислете некој да излезе на плоштад и гласно да извикува Нуит е бескраен обем, Хадит е насекаде центар, Ра-Хор-Куит е крунисаното дете и Кроули е нивниот пророк?! Добро, малку претерано. Битката за слободата не е извојувана, можеби штотуку почната. Слободата не е конечна, така што секој од параграфите на Либер Оз ни овозможува да раснеме во духот на универзалната слобода постојано проширувајќи се себеси. Во склад со нашата вистинска волја, мудро можеме да препознаеме како нашите права се хармонични со природата, а секој конфликт е показател на грешка или судир на волјата со не-волјата односно погрешната (неприродната волја) Добро е да се знае дека патлиџанот е овошје, не е мудро да се стави во овошна салата.

Љубовта е закон, љубов под волја.

Words of Power: An Anthology of Writings from O.T.O. Local Body Publications

Избор на статии од магазини издавани од страна на локални тела на Ordo Templi Ori-entis, САД. Статиите опфаќаат бројни разновидни теми, вклучително издаваштво во магиска заедница; лични приказни од животот во рамките на О.Т.О. и подемот на различни локални тела; религиозната философија на Телема; животот и смртта на Џек Парсонс, научник и Телемитски пионер; рецензии на класични мистични филмови; интервју со режисерот Kenneth Anger и магискиот музичар Larry Kirwan; аџилак во озлогласениот Телемитски Манастир на Алистер Кроули на Сицилија; рефлексии за мистицизмот на Рихард Вагнер, Вилијам Шекспир и Карл Јунг; магиски размисли; окултни истории; рефлексии за ритуали; практична магика и лични исповеди од светот на современиот окултизам.

* $19.99

* http://www.amazon.com/

Page 12: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

12 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

Ова е сказната за Ебу Јакуб Јусуф ибн ел-Хусејн Арази и неговата потрага по Највисокото и Највнатрешното!

Ова се Трите И (Истрајност, Иницијација, Искушение) кои ги водат аџиите по Патеката кон Неизговорливото!

* * *

Дознавајќи дека Зунун ел Мисри го знае Најголемото Име Божје, се исполнил со желба да оди во Египет. Стигнувајќи во џамијата на Зенун ја изговорил поздравната молитва и седнал. Зунун му го возвратил поздравот. Во текот на цела година Јусуф седел во некој ќош настрана во џамијата, не осмелувајќи се да го праша Зунун. На крајот на таа прва година, Зунун прашал: „Од каде доаѓаш млад човеку?“ „Од Рага“, одговорил овој.

Во текот на втората година, Зунун не рекол ништо, а Јусуф и понатаму седел во истиот ќош. На крајот на втората година, Зунун го прашал: „Поради која причина си дојден, младичу?“ „За да те посетам“, одговорил Јусуф.

Другата година Зунун ништо не кажал. Потоа прашал: „Сакаш ли нешто?“ „Дојдов за да ми го кажеш Најголемото Божјо Име“, одговорил Јусуф.

Зунун молчел уште една година. Потоа му подал на Јусуф прикриен дрвен сад. „Премини го НИЛ. На едно одредено место ќе сретнеш старец. Дај му го садов и запамети се што ќе ти рече“.

Јусуф го зел садот и тргнал на пат. По пат, го нападнало искушение. „Што е тоа што мрда внатре во садов?“. И тој го дигнал капакот. Изрипал некој глушец и побегнал. Јусуф почнал да се јадосува. „Каде да фатам сега? Кај старецот или да се вратам кај Зунун?“

Најпосле, отишол кај старецот, носејќи му празен сад. Старецот кога го видел се насмеал. „Си го прашал кое е Големото Име Господово?“ „Да“ „Зунун ја видел твојата нестрпеливост и ти дал глушец, рекол старецот. Слава на Бога! Ако не умееш да се грижиш ни за еден глушец, како тогаш ќе го чуваш Големото Име?“

Полн со срам, Јусуф се вратил во џамијата на Зунун. „Вчера седум пати му се молев на Бога да ми дозволи да те научам кое е Неговото Име. Бог не ми го дозволи тоа, што значи сеуште не ти е дојдено времето. Потоа Бог ми заповеда: „Стави го на проба со еден глушец.“. Кога го сторив тоа, еве што се случи. Врати се засега во

твојот град, дури не дојде времето.“

– Атар

* * *

Во нашите свети книги е запишано:

„Ова Знаење не е за сите луѓе; малкумина се повикани, а од овие малкумина многу се одбрани.“ – Liber Porta Lucis

Исто така, во „Книгата на Законот“ се вели:

„Нека бидат моите служители малубројни и тајни; тие ќе владеат со мнозинството и знајните.“ – Liber AL vel Legis

Во „Приказ на A.’.A.’. или Liber XXXIII“ стои ова:

Иако не сите луѓе се повикани, многу од повиканите се избрани, и тоа веднаш штом ќе станат погодни за влез.

Секој човек може да бара влез, и секој човек кој е внатре може да подучи друг да го бара; но само оној кој е погоден ќе стигне внатре.

Погледнете длабоко во себе пред да одлучите за пристапување во нашиот Свет Ред познат под името Ordo Templi Orientis или O.T.O. ! Погледнете длабоко во најтемните ќошиња на вашето битие и пронајдете го одговорот на вечното прашање: ДАЛИ СУМ СПРЕМЕН ЗА ОВОЈ ПАТ кој ми го бара моето битие? Дали можам да ги издржам сопствените дадени зборови како завет? Дали сум доволно силен да истраам до крајот? Ако вие не можете да си дадете одговор на овие највнатрешно прашања, не очекувајте од нас ние да знаеме, како аутсајдери.

Секој човек кој што од било кои причини (негови лични) е привлечен кон нашиот Ред, секој што стапнува на патеката на иницијацијата, треба да му биде кристално јасно едно нешто – не можете да ги избегнете искушенијата на Иницијацијата, Животот и Смртта.

„Иницијација“ и „Иницијант“ не се празни зборови, како што и дадениот збор како завет не е залудно кажан збор! Секој е Крал, а кралскиот збор, дури и воздишка, не е залудно кажан!

Она што ќе го научите или ќе ви се довери како тајна, дури и да е тоа еден дрвен сад кој што на прв поглед не изгледа како голема тајна, вие мора да го надминете искушението да проговорите за довереното на оние што не треба да го знаат истото!

Зарем не е запишано:

Малку по малку, додека очите ви зајакнуваат, ќе ви ја откриеме неискажливата слава на Патот на Посветениците и нејзината безимена цел. – Liber Porta Lucis

А и како ќе бидете вие над народите, како ќе се надмините себе си, ако како прво – не можете да си го одржите сопствениот даден збор пред себе? Како ќе се победите себе си ако не можете да ги издржите ниту првите искушенија на љубопитноста, нестрпливоста, егоизмот што ви е доверено нешто што другите не го знаат?

Затоа, бидете храбри и издржливи и надминувајте. Магиката бара храброст и знаење. Јогата бара смиреност и издржливост. Само така ќе ги изодите четирите патеки кои се една! Само така ќе дојдете до Највисокото и Најпосакуваното!

* * *

И ќе завршам со еден прекрасен стих, мои мили Браќа и Сестри, и вие драги пријатели и идни иницијанти, кој што го крева човекот на своето вистинско место во Новиот Еон:

To man I come, the number of

A man my number, Lion of Light;

I am The Beast whose Law is Love.

Love under will, his royal right—

Behold within, and not above,

One star in sight! – One Star on Sight

ИСТРАЈНОСТА, ИНИЦИЈАЦИЈАТА И ИСКУШЕНИЕТО

FRATER ASTAPHAIOS

СУФИСКА СКАЗНА

Page 13: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 13

Прифаќајки ја поканата да напишам неколку збора за новиот број на Самек, самиот предложив тема која не се надевав дека ќе ми отвори огромна работа. Огромна - затоа што обидот да се разберат две огромни (иако неразделно поврзани) езотерични науки, Астрологијата и Кабалата, бара огромна подготовка и анализи. Засега ќе наведам само неколку воведни општи термини, а, се надевам, во некоја наредна прилика ќе направам и некој поголем есеј на оваа тема.

Јас, Астрологијата и Херметизмот

Како скромен љубител на астрологијата, во неа навлегов благодарение на Миле Дупор (како и сите од поранешна Југославија после 1970 година, кога беше издаден неговиот монументален труд „Не верувајте - Проверете“). Тој, во своите дела, вешто ги одбегнуваше сите конекции со останатите гранки на Херметизмот. Веројатно, согледувајќи и претчувствувајќи дека, како најизложена езотерична гранка, би можела да дојде во опасност да биде најпрофанизирана од секаков можен вид, па во тој поглед и во контактот со повисоките Херметични области. Зарем не сме сведоци на секакви ликови низ медиумите? Кроули, за да ги сокрие, ги објави сите Магиски тајни. Дупор, за да го посади нивното семе во Астрологијата, ги отфрли сите врски со Херметизмот и Магиката.

Токму така. Кога некој ви става граница, тогаш имате инстинктивен нагон да ја поминете. Верувајте ми, најголемиот број трагачи кон мистериите на овие простори тргнале по патот на астрологијата (почнувајќи од трудовите на Дупор) и завршиле како сериозни магичари. Не знам кој ќе се препознае, но јас се ставам во оваа категорија. Самокритиката ми наложува да ставам знак прашалник на зборот сериозен.

Денеска се верува дека Астрологијата дава помош во одредувањето на насоките на Кармата. Има астролози кои тврдат дека со помош на едноставни пресметки, можете да ја откриете наталната карта, односно астролошките предиспозиции на вашата претходна инкарнација, како и на следната, после смртта. Форчн кажува дека единствено ако ја проучуваме астрологијата во рамките на Дрвото на Животот, тогаш добиваме филозофски систем. Истото, вели таа, се однесува и на таротот. На Дрвото, Сатурн има едно влијание во Бинах, во Ацилут (она каде Сатурн е големата мајка), а сосема друго во Асиах и Малкут (она астролошкото, каде Сатрун е најзлобната планета во Зодијакот), каде што е неговата последна, матерјална манифестација. Како да ја направиме врската? Како да ги

споиме?

Малку историја?

Неминовно, корен на сите западни езотерични системи е Кабалата. Концептуално створена уште од дамнешни времиња, прв пат манифестирана графички, како Дрво на Животот, какво што го знаеме денеска е дизајн на германскиот језуит Атанасиус Кирхер во неговата „Едип Еѓипќанецот“ од 1652. Се се совпаѓа. Излегуваат 10 Сефироти, 22 патеки, 22 старосемитски букви. Во доцниот XVIII век, во книгата „Примитивниот свет, анализа и споредба со модерниот свет“ од 1781, Антоан Кур де Геблен ја поставува тезата дека Марсејскиот Тарот, дотогаш користен исклучиво за забава, претставува извор на непроценлива езотерична мудрост. Во статија во истата книга, Грофот де Меле ги поврзува Таротот со 22-те патеки и 22-те староеврејски букви и прв пат го нарекува „Книга на Тот“. Во 1788, Жан Батист Алиет - Етеја го дизајнира денешниов тарот со 22 Големи Аркани и 56 мали аркани. На крај, како најголем заговарач на Таротот, кој го вцврстува во западната езотерична мисла се јавува Елифас Леви од XIX век, врз чие дело почиваат темелите на магиската пракса на „Златна Зора“. На крај, следува „реформата“ на Кроули на патеките на Дрвото на Животот, генијалната „Либер 777“ и неверојатната (и обете неразбирливи за обичните читатели) Книга на Тот, меѓу плејадата непроценливи трудови кои ја издигнаа Магиката на едно сосема друго ниво.

За да се спознае голем дел од она кое Кабалата ни го пренесува, треба да се има мистично искуство, кое за многумина окултни автори е иницијацијата во конкретен езотеричен ред. Длабоко верувам дека дури ни тоа не е доволно, без макотрпна и посветена работа. Исто како да сте купиле автомобил во кој нема гориво, а кој очекувате да ве пренесе од едно место на друго. Од целиот мистичен систем на медитација и ритуали, Астрологијата има најмалку потреба од тоа. Затоа можеби многумина магичари (некои лично познавам!) ја сметаат за „најматерјална“ и „некорисна“ на духовниот пат. Навистина, во изработката на наталната карта не треба медитирање и визуелизација на слики или состојби, или уредување на олтар и инвоцирање на одредени божества, ниту пак тоа е некоја сериозна астрална операција која ќе ви донесе контакт со одреден ентитет. Астрологијата, во магиската пракса ја доживувам исклучиво како патоказ, како мноштво од знаци и патокази кои стојат на нашиот пат кон себеспознанието. Маја Мандич во „Клучевите на Арканите“ вели дека анализирањето на хороскопот преку Тарот картите и медитација врз нив може на трагачот да му даде длабоки увиди во

неговата лична природа, способностите и животните задачи, како и да укаже на препреките и алтернативните патишта кои личноста може да ги искористи до целите кои сака да ги искористи. Јас би додал, кога еден адепт, трагач, би ја искористил астрологијата до тој степен да може да ја покори на своите магиски потреби, тогаш тој многу едноставно би дошол до одговорите што ги бара и би го интензивирал патот кон спознанието и остварувањето на Големото Дело.

Малку практика

Велам, малку, затоа што практичниот дел заслужува еден цел посебен есеј. Претпоставуваме дека адептот веќе ги разбира карактеристиките на планетите, карактеристиките на полињата, како и однесувањето на планетите во одредени полиња и знаци. Познавање на Тарот картите во овој случај би било идеално - преку едноставни визуелни прилики ќе ја добиеме кореспонденцијата на планетите и знаците со патеките на Дрвото. На пример, Арканата Пустиник, 20. патека на Дрвото и ги поврзува Хесед и Тифарет, и е коресподентна со Девица. Нема да претерам ако кажам дека тоа е токму типичните Девици личат на Пустиникот, кој самиот се изолира во својот скептицизам и ги бара вистините кои ќе ја однесат на патот кон саморазвојот.

Најпрвин, ги бараме малите аркани. Во „Книгата на Тот“ Кроули ги дава астролошките позиции на планетите во зодијакот. Ако декадите во класичната натална астрологија се бесмислени во толкувањето на една натална карта, овдека се многу важни. Со секоја декада од зодијакот владее планета (од Сонце до Сатурн) и на секоја и е атрибуирана по една мала аркана, почнувајќи од 2. до 10. Почнуваме од Марс (0-9 степени Овен) и завршуваме на 36. декада со Марс (20-29 степени Риби). На пример, може да немате ниту една планета во соодветната декада, па ќе немате ниту една атрибуција од мали аркани. Но. ако имате во наталната карта, на пример, Јупитер во Јарец, тогаш ја барате двојка Дискови. Астролошки, Јупитер е во пад во Јарец, односно неговите карактеристики како планета се драстично намалени (кај студениот, намуртен и шкрт Јарец доаѓа слободарскиот, широкоград и весел Јупитер - тотално разидување, токму затоа тука планетата е во пад). Картата 2.диск се вика „Промена“ - веселиот и оптимистичен Јупитер ќе талка по каменњата и пустелијата на Јарецот, постојано правејќи промени и обидувајќи се да го пронајде идеалот. Самата карта е слика на Јин и Јанг во змија вкрстена во бројот 8. или математичкото бесконечно (талкање, патување...).

Познавањето на аспектите и синхронизирањето на истите на Дрвото ќе

ЈАС, АСТРОЛОГИЈАТА И ХЕРМЕТИЗМОТFRATER AMIS

Page 14: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

14 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

даде уште повеќе одговори. Сите аспекти во наталната карта претставуваат одредена патека помеѓу два Сефирота на Дрвото. Постојат два метода:

- Директните патеки: се одредуваат многу едноставно, се бара директен аспект помеѓу два Сефироти. Овде важи правилото дека повисокиот Сефирот влијае врз понискиот. Гледајте во наталната карта кои планети прават аспекти. Побарајте ги на Дрвото со атрибуциите од Сефиротите. На пример, имате аспект Сонце 120 (тригон) Јупитер. Го барате Тифарет (Сонце) и го барате Хесед (Јупитер). Тоа е стазата 20. Пустиникот. (Но, ако имате, на пример Месечина 90 Сатурн, Јесод и Бинах не се директно поврзани, и тука нема директен аспект.) Во овој случај, обратете внимание на односот на Хесед кон Тифарет. Медитирајте над Пустиник. Бидејќи се работи за позитивен (120) аспект, тогаш барајте бенифиции на вашиот пат токму на оваа патека. Посветете се на себе, изолирајте се, барајте ја мудроста во себе, не надвор; ако сте сериозен трагач кон мудроста, иницирајте се во некој окултен ред - напредокот нема да изостане; ако можам така да ја протолкувам оваа состојба. Аналогиите се без крај, важната поента е дека ја најдовме коресподентната патека на Дрвото според нашата натална карта.

- Индиректни патеки: доколку имате Месечина 90 Сатурн, тогаш го барате Сефиротот со коресподенција на Месечина - Јесод. Веднаш надолу накај Малкут е 32.патека „Универзум“ со карактеристики на Сатурн. Секундарно, барајте ја и Бинах (Сатрурн) - и тука е „Кочија“, (симбол на Рак - Месечината) кон Гебурах. Емотивно, ова е еден од најтешките аспекти во една натална карта. Велиме дека оваа патека е затворена. Толкуваме негативен „пат“ на „Кочијата“... Јесод кон Малкут и „Универзум“ во негативен аспект, или затворена стаза. Тука нема да згрешите ако препознаете личност, ако е искушеник на патот кон мудроста, дека можно е никојпат да не ја премине границата на искушеник. Длабоки контрасти во себе кои не дозволуваат духовен развој. Ако ние сме во Малкут, матерјалното, тогаш светот на Астралот, симболизиран од Јесод е затвоерен. Личноста има кошмари, не може да се ослободи од стегите од детството, огромни психолошки бариери (токму затоа стазата е затворена) не дозволуваат никаков напредок и индуцираат постојано враќање кон почетната точка. Треба огромно воздржување, самодисциплина, самопрегор и енормно многу работа, за да се направат одвај првите успешни визуелизации, а камо ли Астрална Проекција.

Навистина, треба огромно знаење, познавањата од астрологија успешно да се искомпилираат во толкувањето на соодносот на патеките и Сефиротите. Не е само откритие да ги пресметате кореспонденциите од наталната карта со Дрвото, туку и да го сфатите конкретно сето

тоа. Но, да не бидеме премногу воајери. Во ова сепак се работи за лично, сосема индивидуално остварување: патот на Големото Дело.

Кога би навлегол уште повеќе во целиов систем, би сакал да ги проверам и годишните хороскопи преку Дрвото, да проверам дали евентуално од транзитите на одредени планети можам да барам исход на сопственото Дрво... Онака, во стилот на Не верувајте, проверете! Но, уште е далеку тоа Сонце. Можеби неколку инкарнации.

За крај

Задлабочувајќи се во анализиве, неминовно го влечам заклучокот дека богатството на Кабалата секако е во меѓусебното надополнување на аналогиите на нејзините гранки. Верувам дека Астрологијата може да даде многу одговори на посветениот магичар во неговиот пат кон остварувањето на Големото Дело - само ако тој ги побара.

Тајните се откриени, барем за нас, индивидуалците. Тоа се ситните детали околу нас, невидливи за туѓите очи. Да не дозволиме сопствената немарност повторно да ги сокрие!

Page 15: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 15

Поголемиот дел од телемитската литература понекогаш знае да биде премногу технички, користејќи термини со кои не сите читатели се запознаени. На тој начин содржината на пораката се губи во формата, па затоа ќе се обидам да бидам што е можно појасен. Исто така, ова е личен текст и не треба да се земе како доктринарна расправа, ниту како промовирање на одреден став.

Секому кој ги проучувал Патиштата на A∴A∴ и O.T.O, во теорија или пракса, макар и за кратко, би му било очигледно дека иако Патот на Иницијација е несомнено единствен за секое лице, сепак постојат одредени дефинитивни маркери кои се заеднички за сите Аспиранти и Иницијанти.

Расфрлани насекаде по Светите Книги на Телема и останатата литература која вообичаено ја проучуваат оние кои избрале да се зафатат со Големото Дело, читаме за мноштво искуства или состојби на транс како што се “визија на Светиот Ангел Чувар", “визија за Машинеријата на Универзумот” итн.. Што всушност значат овие фрази? Како тие всушност се манифестираат во секојдневниот живот на Аспирантот? Почитуваниот Мајстор на Osoronnofris Encampment би прашал: “Дали овие состојби на свеста може да се постигнат од страна на некој што не е дел од Системите на A∴A∴ или O.T.O.?”

Лично верувам дека иако поголем дел од овие искуства може да се постигнат од страна на било кој трагач кој искрено го следи Духовниот Пат, Системите на A∴A∴ и O.T.O. остануваат за сега ненадминати во нивниот капацитет да го Обучат, Тестираат и Иницираат Аспирантот, односно Кандидатот. Зборот на Законот на сегашниот Еон е Телема, тој Збор потекнува од A∴A∴ и е за прв пат прифатен од страна на Ordo Templi Orientis како единствено правило на Животот во Светот на Луѓето. Ова се двете Вистински Школи на Иницијација во Светот, Темпорална и Спиритуална; нивниот Авторитет произлегува директно од Тајните Поглавари, односно Тајниот Мајстор кои се директно одговорни за Управување со A∴A∴ како и со Сувереното Светилиште на О.Т.О..

Иницијаторните структури на двата Реда се поставени на таков начин што постепено и темелно го водат Аспирантот / Кандидатот преку прогресивни Портали на Иницијација, заедно со серија на последователни Тестови и Искушенија кои се базираат на Тајната Инструкција (морална или мистично/магиска) која се споделува со Кандидатот во тек на неговата Иницијација и која потекнува како директен резултат од тоа што Кандидатот ја поминал

Церемонијата или ја дал Заклетвата на Степенот. Успехот или неуспехот кој следи по секој Тест или Искушение воглавно, ако не и единствено, зависи од тоа колку добро Студентот ги асимилирал и интегрирал понекогаш строгите лекции од својот Степен (Grade во A∴A∴ / Degree во О.Т.О.), во својот секојдневен живот.

Во Иницијаторниот Систем на A∴A∴, Вистинската Иницијација се случува во Тајното Светилиште на Сопството, Скриената Палата (на ниво од кабалистичкиот Нешамах, надвор од разумот и свеста). Но свесниот Аспирант отпрвин не чувствува ништо, СÈ ДОДЕКА малку по малку ова несвесно поместување, реконстелација или Божествена тенденција, која започнала како Капка Небесна Роса, не се претвори во цунами на Земјата, уништувајќи сè пред себе за да отвори пат за Новиот Раст - Неофитот. Потоа, среде руините на она што не било Вистинско за Сопството на Аспирантот, тој или таа е оставен да сфати што се случило, откако истото се случило. Само тогаш Аспирантот може да почне да го асимилира новостекнатото знаење, вметнувајќи го во секојдневниот живот. Во оваа смисла, се чини дека свеста на Аспирантот често пати е ставена во ситуација да си игра брканица со искуството, најпрвин со цел да ја осигура подготвеноста за манифестација на Светлината, а потоа со цел да се обиде да ја Разбере. Но, во најголем дел Вистинскиот Иницијатор останува невидлив, бидејќи ќе биде потребно повеќе време за очите на Аспирантот да се приспособат да гледаат во темнината на Ноќта.

Во системот на О.Т.О. Кандидатот ги искусува Иницијациите во својата околина, драмата се "евоцира" и се случува во неговото опкружување; неговите искушенија, триумфи, слабости и доблести стануваат видливи и добиваат одреден облик во дадени ситуации и луѓе околу него. Тој / таа може да го види и допре својот непријател, тој / таа може да го означи својот напредок и да си го мапира патот. Иако Кандидатот всушност не го Постигнал врвот на кој и да било Степен или Иницијација со самото тоа што поминал преку неа, дадени му се алатки со чија интелигентна и дисциплинирана употреба може да го достигне идеалот како што му е претставен во тек на Иницијацијата. Оттука О.Т.О. иницира преку пристапување, или апел, до различен аспект од психата на Кандидатот за разлика од A∴A∴ О.Т.О. ја поставува сцената на која ќе се одиграат лекциите во самиот свет на луѓето, а вниманието е насочено кон колективното наместо кон индивидуалното; или барем ова важи само за Третата и Втората Тријада. Најпосле, О.Т.О. има друга Мистерија која треба да ја предаде, различна од онаа на A∴A∴. О.Т.О. зборува на јазик посоодветен за свеста на Кандидатот, повеќе отколку

несвесното, и тоа се случува во Светлото на Денот, под Барјакот на Сонцето.

Може да се каже дека О.Т.О. ја сокрива и открива истата Мистерија како A∴A∴, но ја подучува на различен начин и во различен контекст. A∴A∴ е Иницијација во Духовниот свет, О.Т.О. е Иницијација во Природниот свет. Во таа смисла, мислам дека е важно да ги тренираме нашите умови да разберат дека она што се обидуваме да го постигнеме преку системот со О.Т.О. на општествено / политичко ниво, е еднакво, не поголемо или помало, туку еднакво, на Големото Дело кое сме се нафатиле да го постигнеме во самите себе, преку Системот на A∴A∴.

Иницијациите во Системот на О.Т.О. "симболично" му го доближуваат на Кандидатот она што Иницијациите во A∴A∴ "всушност" му го прават на Аспирантот. Ова не значи дека на Иницијациите во О.Т.О. им недостасува дефинитивна животна Инструкција или моќ. Сигурен сум дека секој од нас овде може да ја потврди динамичната промена во нашите животи поради интеракцијата со О.Т.О. и нашиот Систем на Иницијација.

Дури и по издавањето на книгата од Братот J. Daniel Gunther, “Initiation in the Aeon of the Child: The Inward Journey”, од сите критични искуства на патот, за искуството “Визија” на Светиот Ангел Чувар е најмалку кажано, напишано, или отворено дискутирано надвор од A∴A∴.

Оваа "криза" е всушност првата која продира во самата срж на Големото Дело бидејќи таа е првото “трајно” поместување на Аспирантот. Таа го означува почетокот на она што со тек на времето ќе стане реконстелација на психата. Независно од тоа дали лично го имам искусено, верувам дека оваа Визија на Светиот Ангел Чувар е искуство кое, дури и да не е директно одговорно за него, се случува истовремено со почетокот на Нигредо, Мрачната Ноќ на Душата, односно првата фаза на Прима Материа од алхемија.

Во тек на “Визијата на Светиот Ангел Чувар", која е истовремено и благослов и проклетство, на Аспирантот му се случува краток поглед и соочување со големата провалија која го дели од Светиот. Како една молња, каде Аспирантот само за миг го гледа и е во присуство на Неискажливиот, за веднаш потоа (или за кратко време потоа) да стане болно свесен за сопствените “нечистотии”. Како Небото и Пеколот за момент да се соединуваат на Земјата и во Аспирантот, кој го искусува ова Единство (иако сирово и нерафинирано) за прв пат, по што започнува алхемискиот процес на Separatio од восхитот. Аспирантот може дури да се почувствува и “недостојно” во присуство на Божественото, и со тек на време како

ВО ВРСКА СО ПАТОТFRATER SILVESTER

Page 16: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

16 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

домино ефект ова може да кулминира во акутна депресија. Со тоа започнува Separatio, процесот преку кој Аспирантот ги одвојува фините елементи од своето битие, а ги истражува и пречистува останатите, со една и единствена возвишена цел, а тоа е да се подготви за Големото Единство и манифестација на Светлината. Затоа велам дека ова се совпаѓа со почетокот на Нигредо, Мрачната Ноќ на Душата.

Ако го погледнеме одблизу овој таканаречен ужасен аспект на Големото Дело, ќе забележиме дека причината и коренот на оваа болест се должат на стравот. Тоа е триаголникот на неуспехот, составен од З.П.С – Загуба, Приврзаност и Страв. Тоа е С.трав од З.агуба на нешто за кое сме П.риврзани. Точка. Без оглед дали таа приврзаност е кон идеја, личност, предмет, ментално здравје, живот, светлина, навика, итн. – листата е бесконечна. Ова е коренот. Ова е она од кое се стремиме да ги спасиме луѓето: СТРАВ!

Се вели дека Клифот на Малкут се Опсесија. За Мртвиот Човек да се разбуди од Смртта во Живот тој мора да се соочи со својот страв, мора да се помири со својата Смрт и мора да биде подготвен навистина да умре за сите оние аспекти од себе кои ги сметал за толку важни, за кои наивно мислел дека се самиот тој. Аспекти кои всушност не биле ништо друго освен школки и лушпи на неговото битие.

Повторно независно од тоа дали лично сум ја искусил, Аспирантот потоа треба да се соочи со “визијата за Машинеријата на Универзумот”: чистата, студена, сурова механика на Универзумот без конечна смисла освен бесконечното ширење заробено во сопственото постоење. Без трага од Бог. ДНК и органска материја со свест, без наговестување на било каква подлабока цел освен да се размножува и еден ден да умре...

...

А во меѓувреме мнозинството луѓе сè уште избираат да ги живеат своите животи како во сон...

...

Во оваа смисла сакам уште малку да ја објаснам меѓусебната врска меѓу A∴A∴ и O.T.O., особено во контекст на тоа како едниот Ред може да и помогне на индивидуата во Делото на другиот и обратно.

Како што напредува Иницијацијата во A∴A∴, надворешниот свет се сведува на празно парче хартија. Она што се случува на Иницијантско ниво е толку лично и исцрпувачко што станува исклучително тешко да се вклучиш во нешто надвор од внатрешната борба и последователната преокупација со неа. Кога се чувствуваш надвор од сè, неспособен да воспоставиш однос со она што се случува надвор од тебе, спасот може да биде во Системот, Црквата и Заедницата на О.Т.О.. О.Т.О. го

обојува празното парче хартија, давајќи му живот на надворешниот свет. Нуди рамка и контекст, безбедна околина и сцена на која ќе се одигра веќе искусената внатрешна драма. Природниот Свет на О.Т.О. му дава израз и облик на Внатрешниот Свет од A∴A∴.

Спротивното е исто така точно, бидејќи кога Искушенијата на О.Т.О. се чинат претешки, може да се најде спокој во A∴A∴. Можноста да се повлечеш во Тајното Светилиште на Сопството, да најдеш мир во молитвата, утеха на Духот, да бидеш дел од Колективното Единство на Синџирот, под Сенката на Крилјата, да ги спознаеш и Капката и Океанот истовремено, тоа е само дел од Наградите од Патот на A∴A∴.

За крај, кој и да било од овие Патишта, или двата истовремено, не се за секој маж и жена. Конечното исполнување на двата Системи бара најстроги одрекувања, заедно со горешта желба за Служење. Но ако е ваша Волја да се соедините со Орган чија единствена функција и причина за постоење е да му служи на Човештвото, индивидуално и колективно, преку Природата и преку Духот, во Аспирантот или во Општеството, можеби токму таму и треба да бидете во моментов.

Page 17: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 17

“Господе таен и најсвет, извору на светлина, извору на живот, извору на љубов, извору на слобода, биди секогаш постојан и моќен во нас, сило на енергија, огну на движење; предано нека работиме со тебе, за да останеме во твојата изобилна радост.“ – Liber XV, Гностичка Миса (литанија 2, Господарот)

„Како што Сонцето е видливо и опипливо, Господарот Хадит не е. Кетер е скриен зад Тиферет. Сонцето свети над сите нас, Господарот блеска кон надвор од внатрешноста на секој од нас.“ – Mystery of Mystery, A Primer of Thelemic Ecclesiastical Gnosticism, стр.80.

Во текот на Февруари 2016 имав можност да ја посетам Heimdall Оазата во Осло. За прв пат во мојата историја во О.Т.О. се случи некое друго локално тело да ме покани да држам предавање на дадена тема, да присуствувам на нивната работа и да учествувам во истата. Овој настан го сметам за историски момент во мојот развој, наеднаш плодот од нашата работа почна да станува опиплив.

За членовите на Heimdall Оазата приготвив предавање за работата на Secret Fire Оазата со еден мотив, да го пренесам нашето искуство и да ги мотивирам, особено жените во нивната Оаза да се активираат и да работат предано, да се впуштат во авантурата наречена Гностичка Миса. Предавањето помина исклучително добро, дури дотолку добро што жена седеше на чело од масата опкружена со портрети на масонски членови во регалија, јукстапозиција која одговара само на Ноиот Еон. (Heimdall Оазата го дели Храмот со одредени Витези на Белиот Крст). После краткото излагање се отвори дискусија, во која, со задоволство одговарав на прашањата.

Во текот на вечерта имав чест да присуствувам и на Гностичката Миса организирана од нивна страна, која како и сите Миси на кои имам присуствувано ја пренесе локалната енергија и оган својствени за поднебјето, неменувајќи ја крајната цел.

Работата ја завршивме со Огнениот Евхаристичен Ритуал, во кој исто така имав прилика да работам како еден од Офицерите, што особено го нагласи чувството на припадност и таа необјаснива радост кога некој е меѓу свои.

Пред да се разделам со тамошните Браќа и Сестри сите од нив пред прегратката за догледање ми цитираа

дел од мојот говор: „Секогаш туркај, туркај, туркај... колку и да е тешко... и наградата ќе биде овде и сега.“ Ваквиот гест беше од особено значење затоа што укажуваше на фактот дека мојата намера да ги мотивирам беше восприемена и интернализирана.

За прв пат во развојот на О.Т.О. во Македонија неговите членови имаат можност да бидат дел од една ефективна платформа за развој, градена врз темелите на старата градба чие еко се слуша и сега во коридорите низ кои минуваме движејќи се кон напред. Никогаш не било лесно, и, веројатно никогаш нема ни да биде, да се одржува структурата во одлична состојба подготвена во секој момент да ги прими своите деца под крилото на Редот. Понекогаш се шегувам велејќи дека дури и кога ништо не се случува О.Т.О. го дава впечатокот дека рацете во секој момент ти се полни со работа. Но, тоа е вистината и нема поголемо задоволство од разбирањето на фактот дека ние, сега и овде, сме дел од клучната генерација на чиишто грб лежи историски значајна задача – воспоставувањето на Новиот Еон и промулгација на Законот на Телема.

Одлуката да се насочам кон мотивирање на оние кои го прифатиле Законот да продолжат на својот пат потекнува од личната работа и плодовите од истата кои како дожд од екстаза понекогаш капат врз нашите глави. Речиси во сите локални структури е доминантно одредено ниво на инерција кое води кон стагнација на развојот на дадена територија и придонесува за пригушување на активностите. Личниот порив е клучниот фактор за избегнување на оваа состојба кој се манифестира преку еден медиум наречен: иницијатива.

Отвореноста на каналите ни дава шанса да погледнеме во работата на нашите Браќа и Сестри. Како пример би можеле да го земеме нашето семејство во Америка, каде иницијативноста се наоѓа на завидно ниво. Поделбата на одговорностите во согласност со личната преданост резултира во оформување на една стабилна формација на Редот која почнува да се движи самата од себе – но, нејзиното гориво доаѓа од индивидуална иницијатива и од секој член посебно, кој ја сфатил тежината и значењето на универзалната задача која ни е предадена во овој клучен историски момент.

Индивидуалниот придонес кон спроведувањето на Задачата (секогаш во согласност со Заклетвата) е главниот двигател на работите. Точно е дека централниот ритуал на О.Т.О. е Гностичката Миса, но сепак постојат начини и начини да се разбранува активноста на едно локално тело. Ритуалите на Елевзинските Мистерии, приспособени групни ритуали, работни групи за дискусии, работилници... сево

ова може успешно да се имплементира на ниво на едно локално тело по пат на примена на огнот на движење кој потекнува и сјае од внатрешноста на секој член посебно. Нанесувањето на личната иницијатива врз платното на локалната структура на Редот создава уметност која одекнува подалеку од нејзиниот територијален опфат. Во тој контекст, ништо не поминува незабележано, одговорот на личниот допринос се манифестира преку колективниот и индивидуалниот раст и развој.

О.Т.О. како социјален Ред и платформа во која меѓу-персоналните динамизми најдобро се согледуваат, а особено во контекст на Законот и Новиот Еон нуди единствена можност секој да ја спознае природата на личната работа и допринес и природата на нивните манифестации врз развојот на колективот. Повратните врски кои се создаваат помеѓу членовите резултираат во феноменот на синергија, кога целината е поголема од збирот на нејзините одделни делови. Во тој поглед, членовите на О.Т.О. во Македонија можат да извлечат особена корист – преку кохерентно и кохезивно заедничко делување кое ја надминува реалноста на дневно-политичките превирања, загушениот социјален и културен развој и безличноста на нашето секојдневие. Барем во еден аспект од нашиот живот ни е дадена шанса да се надминеме себе си и да ја надминеме негативната репутација која оваа земја ја ужива помеѓу своите соседи, европски пријатели и сл. Ваквото сфаќање на работите, барем за мене лично, претставува доволна искра да ги мобилизирам сите мои напори кога се работи за локалното делување кое веќе почнува да одекнува во светски рамки.

Од особена важност е да го нагласам инволвирањето на жените во активностите на Редот. Законот на Телема е таков што не прави дистинкција и дискриминација врз основа на полови или родови разлики. Жената е еднаква на мажот во секој аспект и има полно право да делува во согласност со својата Волја и иницијатива. Превратот на патриархатот може на микро ниво да се отпочне од овде а ослободувањето и чувството на еднаквост да се почувствува преку динамизмите на Редот.

Не верувам дека некогаш би ја сменила својата определба да зборувам за непроценливата вредност на личната иницијатива и во тој контекст да направам обид да ги мотивирам членовите. О.Т.О. има својство на катализатор кога се работи за личниот развој, особено преку аплицирање на своите механизми во групна и социјална средина. Истите гледишта се обидов да ги пренесам и на Браќата и Сестрите од Heimdall Оазата и се надевам дека ќе се

SOROR NYX ARGEADA (ΝΎΞ ΆΡΓΕΆΔΆ)

[email protected]

OГАН НА ДВИЖЕЊЕ

Page 18: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

18 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

појавуваат и понатамошни прилики за ваквата намера.

Ние можеме, ние смееме и ние ќе продолжиме да туркаме напред. Секој кој има желба да се приклучи во напорите е добредојден/а со ширум отворени раце.

„Успехот е вашиот доказ; храброста е вашиот оклоп; напред, напред, во мојата сила; и за ништо нема да се свртите назад.“ – Книгата на Законот, Поглавје III, стих 46.

Success Is Your Proof: One Hundred Years of O.T.O. in North America

На 15-ти мај, 2015 e.v., Ordo Templi Orientis ја прослави својата северно-американска стогодишнина од основањето на канадската British Columbia Lodge No. 1 во 1915 со еднодневна конференција во Ванкувер. Истакнати истражувачи и водачи на О.Т.О. беа поканети да одржат предавања по тој повод, кои се претставени овде заедно со дополнителни есеи за да се зголеми корисноста на оваа збирка за членовите на Редот и другите студенти и практичари на Телемитскиот духовен развој. Оваа комеморативна антологија е посветена на Frater Superior Hymenaeus Beta - бидејќи 2015 исто така означува 30-годишнина од неговото владеење во Ordo Templi Orientis.

* $35.00

* http://www.amazon.com/

Page 19: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 19

Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.

Седнувам да го напишам репортажниот напис за мојата посета на 0=2 Оазата и помислувам дека треба да почнам од поројниот дожд кој не престана целиот тој ден, погледнувам надвор низ прозорецот и го гледам снегот од 30цм и се сетив на вчерашната преписка со братот кој беше мој соучесник во таа авантура. И двајцата се согласивме дека со дождот сепак поминавме подобро. Како што реков, дождливо утро, сивилото надвиснато над цела северна Италија, брисачите на моето количе пред распаѓање во максимален режим за работа се мачат да го избришат поројниот дожд што упорно паѓа. На почетокот имав неколку непредвидени застанувања што за бензин што поради промашени адреси и чувствував дека можеби доцнам. Јас доцнењето речиси секогаш го доживувам како еден вид навреда, така што зошто јас би требало да доцнам? Покрај многуте муабети и неколкуте шеги на тема библискиот потоп, конечно влеговме и потоа излеговме од урбаните центри на Венето и се упативме кон рурални средини со по некоја земјоделска кашина ваму таму. Во еден таков предел конечно навигаторот ни покажа дека нашата дестинација е една од тие кашини(земјоделска куќа), си реков не можеше да биде на поидеално место. Просторот опкружен со полиња и низинска шума, најблиските соседи се на неколку стотина метри, местово сопствениците го користат за изнајмување во лето за забави од најразличен вид. Со подеднаквите прилози од сите учесници во тој настан (работилница 0, гозба плус миса) се покриваат материјалните трошоци за организирањето. За просторот нормално прилозите се парични, додека гозбата се состои од храна која секој од браќата и сестрите ја носи од дома за приликата. Морам да кажам дека актуелниот секретар на 0=2 ложата е одличен готвач. Салата е еден мултинаменски простор од околу 100 метри квадратни, во кој многу лесно и брзо се вметнува мобилниот храм со кој располага оазата. Дали заради тоа што сепак имаше доволно време или заради мојата манија за точност, јас и братот В. бевме први што пристигнавме. Подоцна почнаа да пристигнуваат и останатите, сите непознати лца за мене, ситуација која ме исполнуваше со чувство на непријатност. За среќа, тоа траеше многу кратко. Во првиот момент кога ми пристапи поранешниот секретар на истоимената оаза, кој предходно го знаев само од мејловите кои ги добивав за настаните од минатата година, разговорот спонтано почна. Она

што за мене беше изненадувачки полезно е огромната активност што О.Т.О. Македонија ја имаше во изминатиот период, така што на прашањето како одат работите кај нас, немаше крај на она што можев да го кажам и споделам, а истовремено да не биде суетно и празно фалење. Накратко, оној чит чат простор беше пополнет. Подоцна почна работниот дел, за кој нема да споделувам детали, само ќе кажам дека свештеникот и мајстор на телото е вистински лидер и вистински служител во редот, кој има воспоставено симбиоза со останатите членови каде секој е волен да соучествува и соделува во работата на редот. Она што искрено ме изненади за работата на оваа Оаза е што нејзините членови се распрскани во североисточниот дел на Италија во радиус од 300 км, само колку за илустрација јас тој ден поминав 180 км во еден правец.

Самата миса беше јавна и тоа со јасна намена. Кога има аспиранти кои му пристапуваат на редот преку ова локално тело, се практикува тие да бидат поканети на миса, да земат учество во неа, да конзумираат хостија и вино и на крајот на мисата се пристапува кон разговори со нив околу нивните мотиви и посветеност за пристапување кон редот. Оваа стратегија мене ми се виде како одлична. Зошто? Па нели гностичката миса е централен јавен и приватен ритуал на нашиот ред? Тогаш, самата миса е воведување in medias res во мистериите на О.Т.О. и најдобар начин да се добие правилна првична слика за редот, различна од онаа што ја има во жолтиот печат.

На крајот, во делот каде им се посвети внимание на аспирантите, чувството дека сум гостин одамна го немаше, а беше заменето дека сум дел од овој Ред без разлика каде сум ги дал моите завети. И повторно приликата да бидам добар амбасадор на нашиот локален Ред се појави. Имено, комуникацијата со една од сестрите изгледаше малку чудно. Сите нејзе и се обраќаа на италијански, додека нејзините одговори беа на англиски. Моето изненадување немаше крај кога дознав дека е од Бугарија и дека иницијацијата ја има примено во Италија заради „недостаток“ на бугарско О.Т.О. Овде морав да ја поравам дека бугарско О.Т.О. постои, и тоа благодарение на македонското О.Т.О. преку кое беше пренесена струјата 93 во соседната земја.

Мракот веќе се спушташе, храмот веќе одамна беше спакуван, а дождот сеуште врнеше обилно. Со пријатна умора, со повнимателно и побавно возење мојата кола се пробиваше назад кон дома и кон рутината на профаното секојдневие. Со дозвола на мајсторот на Оазата, Ви пренесувам како едно друго тело на нашиот свет ред функционира, повеќе како репортажа одошто како некаква поента или укажување

Љубовта е закон, љубов под волја.

FRATER ZOROASTER

ЕДЕН ДЕН ВО ОАЗАТА0=2 ТРЕВИЗО, ИТАЛИЈА

Page 20: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

20 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

“Има три вида на Атеисти.

1. Ништожен глупак. Тој открил една од малите тајни, ја прегрнал и ги презира сите оние кои гледаат повеќе од него, или кои ги набљудуваат работите од различно гледиште. Затоа тој обично е вообразен фанатик, нетолерантен и кон самата толеранција.

2. Очаен бедник, кој барајќи го Господ насекаде и не наоѓајќи го, мисли дека сите се слепци како него и дека ако тој не успеал - баш тој, трагачот по вистината! - тоа е затоа што не постои цел. Во неговиот плач има болка, додека кај ништожниот глупак има самозадоволство и надуена горделивост. Обајцата имаат заболено Его.

3. Филозофски адепт, кој спознавајќи го Бога вели „Не постои Бог", мислејќи “Бог е Нула", каков штo и Е кабалистички. Тој се држи до атеизмот како до филозофска теорија која е исто толку добра колку и другите и малку е веројатно дека ќе го заведе човештвото, или дека ќе направи некоја друга практична штета како штo може да се направи со другите теории.

Постои и четврт вид на атеист кој всушност и не е атеист. Тој е само патник во Земјата на Не-Бог и знае дека тоа е само фаза во неговиот пат - фаза која не е премногу оддалечена од целта. Овој човек, кој не е постојан атеист, туку моментален (на поминување), е многу погоден субјект за иницијација. Тој раскрстил со илузиите на догмата.”

Aleister Crowley, “An Essay upon Number” Equinox Vol. I No. 5 (Temple of Solomon the King)

Конечно, на почетокот од 21-виот век, сведоци сме за појавата на нов, петти вид атеисти, или поправо, сосема нова комбинација од претходно споменатите три вида. Тие се нарекуваат себеси “нови атеисти” и претставуваат едно движење во подем, кое политички се спротивставува на организираната религија, но исто така и културно ги стигматизира сите облици на духовен интерес како неразумни и застарени. Повеќето ги категоризираат едноставно како анти-теисти. Јас понатаму ќе ги категоризирам позајмувајќи термин од “Новата Инквизиција” на Роберт Антон Вилсон: “фундаменталистички материјалисти.”

Социо-политички, новите атеисти може да се разгледуваат како долгоочекуван, би додал многу потребен и одамна задоцнет одговор на заканата од второ поврзување меѓу Црквата и Државата,

особено во САД, со обновувањето на Креационизмот и другите религиозни школи за “интелигентен дизајн.” Имајќи го во предвид подемот на “политичката коректност”, (само) цензурирањето и “новоговорот”, отворено да се зборува за нешто, што и да било, е секако подобро отколку да се биде лицемер. Освен тоа, грабнувањето на Исламот како идеолошка основа за терористички и самоубиствени бомбашки напади дополнително ги поткрепува аргументите на новите атеисти. Како такви, тие се преклопуваат со оние на движењето за секуларен хуманизам, особено делот со отфрлање на религиозната догма како основа за моралот и процесот на донесување одлуки. Како и да е, треба да се забележи дека секуларизмот треба да се одвои од каков и да било атеизам од повеќе причини. Прво и основно, овие два –изми едноставно не се синоними. Првиот пред сè се занимава со политика, додека вториот со (анти) метафизика. Во својата суштина, секуларизмот е длабоко сомничав за какво и да било испреплетување меѓу власта и религијата. Вистинскиот секуларизам е поборник на религиозна слобода подеднакво како и за слобода од религија.

Социо-културно, новите атеисти пристапуваат кон разбирањето на реалноста од чисто рационална, научна гледна точка, тврдејќи дека "Хипотезата за Бог" е валидна научна хипотеза, која има ефекти во физичкиот универзум, и како секоја друга хипотеза може да биде тестирана и фалсификувана. Новите атеисти веруваат дека науката е во состојба да истражи некои, ако не и сите, натприродни тврдења, па оттука ги отфрлаат сите други аргументи како псевдо-научни и суеверни. Понатаму, тие се впуштаат во серија на логични побивања за постоењето на Бог во своите кампањи да го намалат влијанието на организираната религија и духовноста во јавната сфера, обидувајќи се да промовираат еден вид на културна промена. Ова исто така доаѓа како предвидлива реакција на еклектичното њу ејџ движење, најновиот облик на Западна езотерија кој доживеа процут за време на хипи ерата.

Но, наместо како чисто интелектуално движење, овој активизам често пати изгледа како само уште еден облик на преобратување, укажувајќи на парадоксалната “евангелистичка природа” на новиот атеизам. Тие претпоставуваат дека имаат некаква Добра Вест за споделување, по секоја цена, за конечната иднина на човештвото, преку преобратување на што е можно повеќе луѓе. Дел од тоа да се биде ваков вид на атеист значи да се проповеда на неверничката толпа и да се бара начин како да се спасат од нивните лажни богови така што ќе ги

преобратат кон Вистината. Точно, имајќи ги во предвид алтернативите, либералните општества заслужуваат да бидат бранети. Но, не постои причина да се мисли дека овие општества се алфа и омега на некаква целокупна секуларна цивилизација за која сонуваат евангелистичките атеисти. Борбата за секуларизам најмногу од сè бара повеќе либерализам, а не повеќе атеизам или каков и да било друг –изам. Новите атеисти всушност може да се разгледуваат како огледални слики на нивните пандани, религиозните фундаменталисти, нетолерантни и дискриминаторни до точка на фанатизам. Оттаму нивните вообичаени прекршувања на општествени норми за пристојно однесување додека одат наоколу силеџиски малтретирајќи ги луѓето дека се во заблуда, нивниот интерес за барање и создавање конфликти кои ќе допринесат за медиумски публицитет, на тој начин надминувајќи ја својата релативно мала бројност со поголемо јавно внимание и поттикнувајќи го впечатокот дека тие се легитимните претставници на неверниците воопшто. Не е чудно што некои ги нарекуваат и “милитантни атеисти.”

Лично мислење на авторот е дека објективната наука е едноставно некомпатибилна со догма. Како и да, со заземање на догматски пристап кон старата дебата, новиот атеизам дегенерира во некаков вид на слепа верба, или можеби дури и верски фанатизам во материјалистичкиот рационализам, отфрлајќи ја метафизиката како остварлива алатка за разбирање на природата на битието, отфрлајќи секаков критицизам и прогласувајќи некаков вид на монопол за вистината. Новиот атеизам е преполн со нетолеранција и новите атеисти се едноставно премногу емотивно инволвирани за да бидат објективни, не разбирајќи ја когнитивната дисонанца меѓу нивните реални дејства во светот и нивните мисли, идеи и верувања за атеизмот.

Дополнително, логичкиот позитивизам, кој го имал ставот дека само оние изјави кои може логично или емпириски да се потврдат се когнитивно значајни е веќе философски банкротиран. Исто така тука е епистемолошкиот проблем на сциентизмот – идејата дека нашиот единствен пат кон правилно спознавање на нешто е (природниот) научен метод, став кој класичниот атеизам грчевито се обидувал да го избегне имајќи ја во предвид неговата философски несигурна основа. Обидувајќи се да ја третираат религијата во целост како научна хипотеза која научните методи би можеле да ја побијат е дискутабилна. Науката всушност не може да ги отфрли натприродните тврдења на религијата бидејќи овие тврдења се надвор од нејзиниот опсег.

FRATER SILVESTER

ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНСКА ЦРКВАМРАЧНИОТ ВЕК НА СЦИЕНТИЗМОТ

Page 21: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 21

Науката епистемолошки е ограничена на натурализмот, така што сè што може да направи е да каже што би можело, а што не би можело да се случи во склад со нејзиното тековно разбирање за физичките закони. Магичарот би рекол дека ова е едноставно “мешање на плановите.” Науката и религијата поставуваат различни прашања за различни работи. Онаму каде религијата се обраќа на онтологијата, науката се бави со онтички опис. Впрочем, токму строгото откажување од метафизичките претензии е она што им овозможува на науките да ја вршат својата работа. Од друга страна, религијата, или духовноста воопшто, во голема мера зависи, или би требало да зависи – од волевото потиснување на неверувањето.

Враќајќи се назад кон идеолошката рамка на новиот атеизам, идентификувавме значи една метафизичка компонента: “нема натприродна или божествена реалност од каков и да било вид;” една епистемолошка компонента: “религиозното верување е ирационално;” и конечно доаѓаме до моралната компонента: “постои еден универзален и објективен секуларен морален стандард.” Во овој миг, сакам да го повикам на помош ужасниот бауч на релативизмот. Зарем присуството на повеќе морали значи дека не може да има вистина во етиката? Ако ги оставиме на страна сите гледишта за човештвото кои се позајмени од монотеизмот, ќе се соочиме со луѓето онакви какви што се, со нивните постојано променливи вредности. Ова не е прославениот релативизам на пост-модернистите, кој смета дека човечките вредности се само културен производ. Универзални вредности не прават универзален морал. Таквите вредности често пати се спротивставени, и различни општества ги разрешуваат овие конфликти на различни начини. Религијата е еден од нив и како таква е дефинитивно човечка. Иако не сите човечки суштества и придаваат големо значење, секое општество содржи пракси кои се препознатливо религиозни. Новите атеисти без исклучок тврдат дека се следбеници на Дарвин, а сепак тие никогаш не се прашуваат каква еволутивна функција има овој феномен? Постои една непомирлива контрадикција помеѓу натуралистичкото гледиште за религијата – адаптација на живеењето во светот – и нејзиното осудување како грешка и илузија. Што ако конечниот резултат на научното истражување покаже дека потребата за илузија е вградена во човечкиот ум? Ако религиите се природни за луѓето и им даваат вредност на нивните животи, зошто да се потроши животот во убедување на останатите да се откажат од нив? Отфрлањето на религијата не е сигурен пат кон доблест; поверојатно е да доведе до само-задоволна идеолошка ароганција.

Новите атеисти се научници кои реално не разбираат речиси ништо за философијата, а сепак се впуштаат во философски расправи како да се експерти. Во ова светло, презирот на новите атеисти за дисциплината философија на

религијата личи на хибрис или дури анти-интелектуализам. Една заедница која инаку гласно повикува кон критичко мислење би требало да ужива во критиката за тоа како да стане подобра, или во најмала рака би прифатила ваква критика. Наместо тоа, новите атеисти се чини мислат дека да се биде разумен значи да се согласуваш со нив во сите нешта, мали и големи, во спротивно тогаш не си разумен. Севкупната перцепција за новите атеисти е дека тие му се приклучиле на движењето со цел да ги задоволат сопствените чувства на супериорност над оние кои ги омаловажуваат како глупави. Тие не оддаваат впечаток дека се заинтересирани за оној вид на тековна интроспекција и постојан сомнеж кои се бесценети за личниот развој. Наместо тоа, тие се тука само за да ги каменуваат ретардираните, често пати без никакво разбирање за сложената историја, култура, психологија, литература, уметност, антропологија, социологија ниту пак современите гео-политички и социо-економски сили. Новите атеисти не би требало да сметаат цела една верска заедница одговорна за постапките на владите и фундаменталистичките државни религии, а сепак тие некако успеваат својот презир за религијата да го претворат во презир за религиозните, и тоа во време кога реакционерниот фанатизам ги зафаќа и Америка и Европа. Проблемот со нивниот одговор не е дека тој е фактички неточен, туку поправо длабокиот недостаток на емпатија за субјективната важност на верата. Ова автоматски не ја исклучува можноста за религиозна критика, туку го прави остриот критицизам непродуктивен за двете страни на расправата.

Говорејќи логично, отсуството на вера е токму тоа; тоа не имплицира активна промоција на неверување, ниту пак инволвира оспорување на духовните верувања на другите. Зошто да се троши време и енергија во дебата за нешто кое наводно не постои? Ако новите атеисти искрено веруваат дека главниот проблем на нивните противници е неприфаќањето на фактичката вистина и доказите, тогаш зошто поголем дел од нив се ограничуваат само на конфронтација со организираната религија и духовноста воопшто? Луѓето имаат мноштво разновидни ирационални верувања за реалноста и светот – вклучувајќи и идеи кои се поштетни за човештвото од религиозните. Најпосле, културата не е ништо друго освен еден збир на арбитрарни илузии кон кои сите се приклонуваме во одреден степен и облик. На пример, што е со заблудата дека социјализмот е на некој начин одржлив, митот за демократијата, екстремните леви или десни политики, глобалното перење мозок за прифаќање на потрошувачката утопија? Поентата е дека догмата и идеолошката индоктринација не се ограничени само на религијата. На луѓето не им треба религија за да бидат неразумни; се чини дека успеваме да бидеме сосем неразумни и без неа. Чудно е како општеството успева да толерира луѓе кои имаат ирационални гледишта за

политика, економија и културни традиции. А сепак новите атеисти се чини дека не се толку загрижени за овие идеи и често пати дури и ги почитуваат.

Навраќајќи се на почетокот, во својата “Нова Инквизиција” Роберт Антон Вилсон вели дека "...фундаменталистичкиот материјалист – дали поради непознавање на философијата или поради просто расфрлање со храброст – прогласува дека материјализмот е Единствената Вистинска Философија и дека сите кои имаат сомнежи или колебања во врска со неа се луди, изопачени или намерни измамници. Оваа Единствена Вистинска Философија е модерниот облик на Единствената Вистинска Црква од средниот век... Фундаменталистичкиот материјалист е модерниот идолопоклоник, тој направил слика за светот и сега клечи пред неа во обожување. Фундаменталистичката наука е слична на кој и да било друг фундаментализам, со недостаток на хумор, сомилост и одреден степен на сомнеж, таа се однесува нетолерантно, фанатично и дивјачки спрема сите еретици... Новите Фундаменталисти се цврсто вкоренети во структурите на моќ насекаде во модерниот свет и делуваат како Нова Инквизиција против сите кои ќе го отфрлат нивниот Идол."

Признавам, тој користи премногу драматична реторика и иако не ја делам со него страста за завери, последните акти на цензура и всушност клевета против Руперт Шелдрејк сериозно ме разочараа и загрижија. Можеби не сум толку загрижен како што би бил кога би бил современик на Вилхелм Рајх, но дали нашите полици со религиозни, духовни или "окултни" книги ќе бидат запалена во Мрачниот Век на сциентизмот? Дали некому ќе му биде дозволено да проговори против материјалистичката догма?

Мрачниот век е симбол за прогласување на лажна светлина во кое и да било доба. Ако науката е подготвеност за откривање на вистината, тогаш да се љуби вистината не значи истата да се поседува, дефинира или контролира, туку да се биде слободен во идентификувањето на заблуди и нивното отфрлање. Сепак, ако науката во вистинската смисла престане да биде движење за жива љубопитност и дегенерира во сциентизам, таа кај и да е ќе се заплетка во сопственото инфлатирано его, или чувството за себе како моќ сама по себе. Така ќе ги замениме 'работните модели' со Реалноста. Како и да е, дури и ако доволен број луѓе ја споделуваат истата психолошка пристрастност, дури и ако тие имаат 99% консензус, тие нема да бидат ништо повеќе валидни во откривањето на вистината од 'самотникот' кој ќе се осмели да истапи напред и да не биде замолчан од страна на 'консензуалната реалност'. Кога би било поинаку, Сонцето сè уште би се вртело околу Земјата.

Еден поскромен, поинклузивен и далеку по партиципативен пристап кон самата свесност, и човечката свест

Page 22: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

22 SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII

како конструкт во неа, останува достапен за љубопитноста да се предизвикаат 'вистините' кои поседуваат особини на страв, вина или менталитет на контрола. Роберт Антон Вилсон зборуваше за лавиринти на реалноста, каде “постоењето се смета како тест на интелигенцијата со повеќе избори; вкупниот збир од тунелите на реалноста кои се достапни за еден човек со отворен и не-фундаменталистички ум во даден момент и место.”

"...сè уште постојат луѓе кои веруваат дека здраворазумската наука има во најмала рака пријателски став за Атеизмот и Материјализмот во нивните груби и помилитантни облици."

Aleister Crowley, “Science and Buddhism” Collected Works Vol. II

Mystery of Mystery: A Primer of Thelemic Ecclesiastical Gnosticism

* Red Flame, Volume 2

* Второ издание, ревидирано и проширено на 380 страници

* Octavo, 6"x9"

* Тврд повез, Hardcover, Smythe порабување на рециклирана хартија

* Печат на корица и 'рбет

* Претходно необјавен есеј од Алистер Кроули за Сер Ричард Френсис Бартон, проширени и ревидирани есеи за нашите Гностички Светци и ново поглавје за јавните сакраментални обреди на E.G.C. во САД.

* $30.00

* http://concreat.org/shop/

Page 23: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

SAMEKH VOL.III NO.1 SOL IN O⁰ ARIES ANNO VII 23

ART BY SOROR MELANCTHA

Page 24: Samekh Vol.III No.1 (1).pdf

LIBER CCXXz z

“Сепак, таа на сите ќе им изгледа прекрасна. Нејзините непријатели кои не велат така, се обични лажливци.” (AL III:68)

Луксузно второ македонско издание

од Книгата на Законот!

28-МИ САЕМ НА КНИГАТА СКОПЈЕ 12-18.04

ПОПУСТ ЗА ЗБИРНИ НАРАЧКИ[email protected]

НОВИ ИЗДАНИЈА

ВТОР ВЕК ТЕЛЕМА!

200 ден

320ден

420денz z250

ден

220 ден

666 ден

мек повез тврд повез