Избор! бр.4 - весник на Матка

8
уводник ретроспектива За телото кое мисли и чувствува. Мое тело, моја одлука. Или не? Весник на Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус број 4 маj 2014 фото: Иван Илиев Марија Матовска и Игор Јадровски Х.Е.Р.А. Искра Гешоска колумна Љуми Бекири Стереотипот наречен жена.

Upload: -

Post on 23-Mar-2016

255 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Четвртиот број на Избор!, весник изработен од Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус, во рамките на програмата на иницијативата “Мое тело - мој избор“

TRANSCRIPT

Page 1: Избор! бр.4 - весник на Матка

уводник ретроспектива

За телото кое мисли и чувствува.

Мое тело, моја одлука. Или не?

Весник на Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус

број 4 маj 2014

фо

то: И

ван

Ил

ие

в1Марија Матовска и

Игор Јадровски Х.Е.Р.А.

Искра Гешоска

колумнаЉуми Бекири

Стереотипот наречен жена.

Page 2: Избор! бр.4 - весник на Матка

2 УВОДНИК

„Гневно се обидувам да создадам звук кој ќе го носи мојот ракопис. Мојот ракопис! Громови удирале по дрвјето и ги преполовувале. Лудило ги обземало луѓето и ги распарчувало однатре. Јата скакулци ги преплавувале полињата оставајќи зад себе пустош. Земјотресите не се смирувале. Ете, тоа се ракописи, и тоа единствени!“ (Ингеборг Бахман)

Нема да си дозволам да говорам овде низ јазикот на генерализациите и мноштвеноста. Јазикот кој ќе го користам нека биде, ве молам, сфатен исклучиво како граматички конструкт, кој ја нуди интимната перспектива на мојата полова, родова и политичка определба. Тоа е така, бидејќи благородно ми е подарен простор мислата да си ја преиначам во збор, во оваа агора, во овој

креативен и храбар медиум кој сака да го артикулира местото на жената во општеството како место на човечко, мислечко битие со интегритет и индивидуално право да не припаѓа на толпата, на стадото, кое се нарекува заедница во вакви полурудиментарни општества.

Кога е во прашање вербалната артикулација на мојот идентитет како жена, имам копнежлива потреба да укажам на неколку точки на допирање, на одбивање, на размена, на болка, на тага, на рана но и на радост.

Точка 1:

Матка - заштита, скривалиште, соборност на умот, телото и срцето.

Точка 2:

Плодност – можност за размножување, расејување на мислењето, на чувствувањето, на солидарноста, на прифаќањето, на храброста.

Точка 3:

Раѓање – капацитет да се издржи болката што светот ја има иманентно во себе, но и болката која светот ја нанесува на онаа која ја нарекува понежна. Привилегија да се осознае дека тагата е чекор кон радоста и дека радоста и љубовта треба постојано и постојано во обременетост да се осознаваат. Шанса да се донесе на светот поинаква перспектива од маскулинистичката.

Точка 4:

Мајчинство – множество на посветени, подвижнички активности кои вплодуваат со грижа, сочувство, поддршка и темелно спознавање на Другиот.

Тоа се точки кои всушност се вмрежуваат, се проникнуваат, создаваат едно тело, еден крик и така вмрежени во својата контрадикторност прават да се отпочне пловидбата без восок во ушите низ сите Сцили и Харибди. Оти жената нема потреба да стави восок. Таа сака да се соочи со искушенијата и стравотиите кои Сцилите и Харибдите ги ставаат

на сцената на животот. Таа има храброст постојано и постојано да го раѓа сопственото постоење, но и постоењето на Другиот, низ битка, низ љубов, низ одбивање, низ прифаќање. Таа е одбиена, неретко омаловажена и обвиена во политичката меланхолија. Сепак, во својата одбиеност, истрајува да ја однегува и преобрази својата потреба за припаѓање. Нејзиното тело, нејзините мислечки процеси сакаат, копнеат да припаѓаат. Но, да припаѓаат по сопствена волја, а не по декрет на некоја институција која сака да ја дисциплинира жената според својата мера.

Велат, многу комплицирам. Нештата се поедноставни отколку што мене ми се чинат. Така ми велат. Ми велат, па сето тоа е нормално – послушноста, подаништвото, нормите, законите. Им велам – не постои нормалност, постои избор на прифатливо постоење за секој еден. Им велам, не сакам да бидам послушна, копнеам да бидам слушната слушајќи го Другиот. Им велам, не сакам да бидам поданик, сакам своеволно да припаѓам, во радост и взаемност да си бидеме потпора со Другиот, да си сослужуваме низ животот. Им велам, не познавам ниту едни закони и норми вон законите и нормите кои моето тело, мојата утроба ги раѓа како иманентен плод на љубовта, на надежта, на волјата, на верата во постоењето преку Другиот кој е избраник, но не пират и насилен наметник.

Мрежата која моето тело, моето политичко, јавно и интимно тело ја гради е мрежа врз која Алиса се обидува да го пронајде својот сон во земјата на насилството. Тоа значи дека станува збор за сон чија реалност минува низ многу замки, лавиринти, прекршени огледала, опасни владетели... За на крајот од приказната, во јавето, мрежата да има шанси да стане поцврста, со појасна траекторија на пловидба низ морето, каде што се води вечната битка да не се биде уловен токму во таа истата мрежа која ја ткаеме самите ние, но која содржи материјали и од „наредбата“, „декретот“ на заедницата. Тие материјали треба да се зобиколат во процесот на ткаење.

Жената ја бара Другоста. Таа својот интегритет нема пречки да го оствари преку другоста, оти без другоста не може да се постои. Токму затоа, нејзиниот јазик е јазик на храброста и на нежноста. Таа не може никогаш да биде убиец. Таа може само и само да биде борец со најтемните думани на животот во потрага по артикулацијата на она што значи вистинска, а не псевдозаедница. А често е присилена (тивко,

речиси невидливо да создава псевдозаедници, заедници на лагата, измамата, нељубовта). Во своето патување таа често е ставена во занданата на нормираната култура која сака да ѝ го одреди местото.

Секоја жена е една уникатна Алиса. Патешествието на Алиса низ сонот е, од една страна, борба со нормираниот идентитет, потреба да се победи битката на сите пранги кои ги создава неугодното во културата, но воедно е и патување кое сака да ги скрши стереотипите за жената. Стереотипот за нејзината слабост, но и за нејзината митска моќ. Не, жената е и кршлива, и нежна, но и храбра и истрајна. Таа носи тајни кои не се прикладни на законите на логиката.

Алиса е трактат за жената која сака да ја покаже нужноста од спротиставувањето во однос на педагогијата на културата. Нејзиниот идентитет е тајна. Нејзината болка е восхитна тајна. Нејзината радост е филигранска тајна.

Дали знае некој колку пати матката крвари? Дали знае некој колку пати телото се менува? Дали знае некој колку болки има женското тело? Дали знае некој колку копнежи има? Дали знае некој колку дилеми има? Дали знае некој колку зборови и јазици знае женското тело? Дали некој ќе се спротистави на обезмоќувањето на женското тело? Дали знае некој дека телото на жената не е збир на органи туку збир на мисли и чувства?

Обезмоќувањето на телото на жената е концепт на практикување на моќта. Што би можело да се запише во жената, во нејзиното тело ако не грижите од заситеноста на генерациите кои се надоврзуваат една на друга како речениците во својата јалова фаталност.

И затоа, ќе се обидувам, повторно и повторно да ја испишувам калиграфски врз своето тело онаа историја, онаа утопија која ќе почива врз мојот интимен устав, а не врз уставот кој е надвор моето тело, моето расудување и кој сака да ме вкалапи и втолпи.

За телото кое мисли и чувствуваИскра Гешоска

фото: Ванчо Џамбаски

Page 3: Избор! бр.4 - весник на Матка

Дваесет и осми мај 2013 година, Македонија. Опуштена пролетна вечер или барем навидум таква. Наеднаш интернет-просторот е преплавен со информации дека Законот за прекин на бременоста ќе се менува. Информацијата е чист спин: „Абортирајте, но само еднаш годишно“. Одредба која си беше ставена во Законот многу години пред овие случувања. Ваквите информации во медиумите не претставуваа ништо друго освен чисто дефокусирање на јавноста од вистинските измени кои се предвидени да влезат во овој закон. Затоа, уште наредниот ден повеќе невладини организации на чело со „ХЕРА“ се организираа и направија протест пред Собранието. Во овој период беа организирани и неколку дебати на различни медиуми, беше организирана и јавна расправа во која за промена беше повикан и граѓанскиот сектор заедно со експертите од областа на гинекологијата на кои претходно донесувачите на Законот не ни помислија. Забелешките на граѓанскиот сектор и гинеколозите не беа земени предвид. Со еден збор, сите овие заложби не вродија со плод.

На почетокот на јуни 2013 година беа организирани уште два протеста кои имаа за цел да посочат на спорните одредби во Законот и да ја разбудат свеста кај граѓаните дека ова што се случува воопшто не е исправно. Да покажат дека носењето не еден ваков, навидум наивен Закон директно ги доведува во прашање правата на жените, а со тоа и човековите права. Дека овие измени не се одраз на цивилизациските придобивки на современите демократски општества, туку напротив тие се одраз на диктаторски режими и системи кои ги ставаат жените и нивните избори и одлуки во подредена положба. Дека ваквите измени претставуваат еден чекор поблиску до прогласување на абортусот за илегален.

Сепак, во однос на сите измени се направи само една отстапка која се однесува на присуството на сопругот за време на советувањето пред извршувањето на абортусот. Отстапка која мошне веројатно беше планирана и исценирана за да ги „затишат“ граѓанските организации и активисти.

Законот беше изгласан во јули 2013 година. Ова се 23-те жени

кои помогнаа во изгласувањето на Законот без притоа да се консултираат со ниту една граѓанска организација, ниту еден активист за човекови права, ниту пак ги зедоа предвид препораките од експертите и здруженијата на гинеколозите:

1. РУНЧЕВА ХРИСТИНА

2. ЈАКИМОВСКА СВЕТЛАНА

3. АНОВА СУЗАНА

4. НИКОЛИЌ-МАЗНЕВА КОСАНА

5. САЛИУ СУЗАНА

6. АВИРОВИЌ ВЛАДАНКА

7. БЛАГОРОДНА ДУЛИЌ

8. РАШКОВСКА МАРИЈА

9. ТАНЧЕВА-ТУЛИЕВА НАДИЦА

10. СТАНЧЕВСКА НАДА

11. КУЗМАНОВСКА БЕТИ

12. ПАВЛОВА ЕЛЕНА

13. ЛАШКОСКА АНЕ

14. ПЕМОВА ВЕСНА

15. ЦИПУШЕВА НАДА

16. ЗАТУРОСКА ЛИЛЈАНА

17. КУЗМАНОВСКА ЛИЛЈАНА

18. МАТЕВСКА-ДУЗА ЦЕНА

19. МЕХМЕТИ-НУРЕДИНИ ВЈОЛЦА

20. КАРАПЕТРОВА СВЕТЛАНА

21. МИСИМИ ХАЈРИЈЕ

22. МАРКУ ЈУЛИЈЕТА

23. ИМЕРИ ДЕШИРА

27.9.2013По неколкунеделен консултативен процес, „ХЕРА“ во соработка со „Реактор“, „Хелсиншкиот комитет за човекови права“, коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

и проф. д-р Каролина Ристова–Астеруд, поднесоа иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на повеќе одредби од Законот за прекинување на бременоста до Уставниот суд на Република Македонија. Спорните одредби пред сè се однесуваат на: ограничувањето на правото на жената слободно да одлучува за своето репродуктивно здравје и во планирањето на семејството, задолжителното и пристрасно советување, поднесувањето на задолжително писмено барање за вршење абортус, задолжителниот период на чекање од 3 дена, исклученоста на малолетните лица и лицата со попреченост во процесот на одлучување и ограничувањето на вршење само еден абортус годишно. После речиси 8 месеци од поднесувањето на претставката сè уште нема никаква одлука од Уставниот суд.

29.11.2013Поднесена е претставка до тогашниот Совет за радиодифузија, а сегашната "Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги", за повлекување на спорниот рекламен спот против абортусот – „Избери живот“. Советот и претходно постапуваше по претставка против спорниот рекламен спот, но одлучи да не го повлече, туку само да го ограничи неговото прикажување во терминот од 00.00 до 05.00 часот и да го забрани прикажувањето на делот од спотот во кој абортусот се поистоветува со убиство. И покрај ваквата одлука, „ХЕРА“ сметаше дека спотот и понатаму има вознемирувачка содржина и побара од Советот негово целосно повлекување. На 19.12.2013 година, СРД со писмен допис (одговор на претставката), кој ниту е насловен како Одлука, ниту е продискутиран на седница на Советот, ја информираше „ХЕРА“ дека спотот и понатаму ќе се емитува на програмите на радиодифузерите затоа што слободата на изразување е една од основните цели на Законот за радиодифузна дејност. Симптоматично е што во дописот Советот вели дека не можел да се вклучи во дебатата „за или против абортусот“ и да зазема страна.

13.1.2014Поднесена е претставка за вознемирување до Комисијата за заштита од дискриминација против Владата на РМ и СРД за изготвување

и прикажување на спорниот спот против абортусот. На 3.4.2014 година, Комисијата носи мислење во кое констатира дека спорниот спот нема вознемирувачка соодржина. Крајно несфатливо и неприфатливо е тоа што Комисијата како стручно тело за утврдување на дискриминација и вознемирување, своето мислење го темели и се повикува на одлука на Советот за радиодифузија кој во никој случај ја нема потребната експертиза во оваа област. Дополнително, Комисијата воопшто не го префрлила товарот на докажување кај Советот и Владата, согласно со Законот за спречување и заштита од дискриминација. Исто така симптоматично е тоа што во ниту еден дел од мислењето Комисијата не се осврнува на Владата која е наведена како изготвувач на спорниот спот, ниту пак може да се види каков било одговор од Владата во однос на претставката.

По речиси една година од донесувањето на Законот за прекинување на бременоста, Министерот за здравство сè уште ги нема донесено подзаконските акти што се однесуваат на формата и содржината на писменото барање и начинот и содржината на задолжителното советување, а тоа создава проблеми во реалното и практичното спроведување на Законот (подзаконските акти треба да бидат донесени најдоцна до 25.6.2014 г. од страна на министерот). Имено, иако во самиот Закон за прекинување на бременоста е предвидено дека до донесувањето на подзаконските акти од страна на министерот ќе се применуваат одредбите од стариот Закон за прекинување на бременоста, во пракса докторите не го прават тоа. Под закана на големите парични и затворски казни предвидени со новиот закон, докторите веќе подолг период ги применуваат одредбите кои се однесуваат на задолжителното писмено барање, задолжителното советување и периодот на чекање од 3 дена, иако нема подзаконски акти кои ја уредуваат содржината и формата на наведените работи или кратко кажано докторите постапуваат спротивно на законот. Ваквиот правен лавиринт и ваквите законски дупки резултираат со загрозување на животот и здравјето на жените коишто сакаат да извршат абортус. Да не ги изгубиме придобивките на современото и цивилизирано општество. Да оставиме телото и одлуките на жената да бидат само нејзини.

Марија Матовска, Игор Јадровски

ретроспектива

Мое тело, моја одлука.

`

Или не?

3

Page 4: Избор! бр.4 - весник на Матка

4 ставЖена, жртва, нација Миша Поповиќ

„ИДЕЈАТА ЗА ТОА ШТО БИЛА НАЦИЈАТА ВО СВОЈОТ НАЈДОБАР ЧАС – КОГА БИЛА НАЈМНОГУ СПЛОТЕНА, НАЈМНОГУ АЛТРУИСТИЧКА – Е ЗА ЗАЕДНИЦА ВО КОЈА ЖЕНИТЕ ГИ ЖРТВУВАЛЕ СВОИТЕ ЖЕЛБИ ЗА ДОБРОТО НА КОЛЕКТИВ ВОДЕН ОД МАЖИ“ (СИНТИЈА ЕНЛО).

Скулптура: Birth Machine" - Ханс Рудолф Гигер

Во мирни и немирни услови, за национализмот, жените треба да бидат матката на нацијата. Синтија Енло посочува една приказна за салвадорската партизанка Есмералда, од која политичкиот естаблишмент „побарал“ да ја отстрани својата дијафрагма откако конфликтот во кој таа се борела завршил. Тоа е уште еден пример во кој желбата и телото на жените се подредени под перцепцијата за колективното добро.

Тоа е така бидејќи во националната имагинација жените не се важни. Нивното тело е репродуктивниот апарат за нацијата. Оттука, телата на мајките, сестрите и жените се симболичка граница на нацијата па затоа мажите сакаат да имаат контрола врз нив.

Додека жената ја раѓа нацијата, тоа што историјата памети се татковците на нацијата - нејзините основоположници. Јувал-Дејвис потсеќа дека жените отсекогаш постоеле, иако во пракса, нивното значење е сведено на фуснота. Меѓутоа, доманинатното замислување на нацијата е дека таа е хоризонтално „братство“ (Бенедикт Андерсон). Или, како што тоа го нарекува Георг Мосе, „машка потрага по пријателство и заедница“.

Низ Балканот, честопати, демографското опаѓање на нацијата се гледа како на национална закана, па жените се повикуваат да се жртвуваат за нејзиното добро. Во 2007 година, портпаролот на Владата на Република Македонија изјавил дека демографскиот пад е резултат на губење на традиционалната улога на жената. Ова е повторено и неколку пати подоцна во изјави на високи функционери.

Минатогодишната владина реклама против абортусот беше и досега најконтроверзна. Ако се потсетиме, приказната оди: медицинска сестра доаѓа кај таткото и му честита на абортусот нарекувајќи го „убиството“. Првата очигледна контроверзност беше што дезинформираше дека абортусот е убиство, па од тогашниот Совет за радиодифузија нејзиното емитување беше цензурирано.

Меѓутоа, втората, за мене многу поголема контроверзност е дека симболички ја доведе жената онаму каде што според националистите и е местото - надвор од сликата. Во рекламата постојат две жени - првата е експлицитна и отелотворена во ликот на медицинската сестра, а втората е имплицитна и отелотворена во мајката. Се поставува прашањето каде е мајката и зошто таа отсуствува. Родовите улоги кои ги сугерира рекламата ја зацврстуваат националистичката

природа на рекламата. Најважно е што рекламата се обраќа на машките. Со тоа се игнорира дека примарниот и единствен одлучувач за тоа дали ќе има или нема абортус е мајката. Истото, во помала форма може да се види и во претходната владина реклама каде мајката го убедува таткото дека не треба да има абортус.

На тој начин, во одлуката се воведува втор карактер - таткото. Во последната реклама, тој практично останува единствениот лик. Симболички тој добива пошироки „ингеренции“ во процесот на носење одлука. За мајката не знаеме ништо. Таа е обезличена. Не знаеме дали таа ја донела

одлуката, ниту пак дали е донесена под притисок. За нараторот тоа очигледно и не е важно.

Без разлика дали тргнуваме од позиција против абортус или за избор, целна група на кампањата треба да бидат жените. И во двата случаи, тоа треба да се кампањи насочени кон охрабрување на жените да донесат одлука без притисок. Нивното тело е нивна слобода. Секој друг лик во таа приказна е навраќање на патријархалната основа на национализмот во кој жената има секундарна улога. (погледни повеќе кај авторите: Венди Брејсвел, Џули Мостов, Георг Мосе и Синтија Енло)

Page 5: Избор! бр.4 - весник на Матка

ЖЕНА

колумна

Стереотипот наречен

Љуми Бекири

Доаѓаш на овој свет исто како и сите – прекриена во крв и со плач. Сите околу тебе се радуваат на твоето раѓање, но сепак би се радувале многу повеќе кога тоа што те бележи би било друго, односно твојот полов орган меѓу нозете. Ќе ти ги бушат ушите и ќе те облекуваат во неудобна дамска облека. Ќе си играш со сексистички играчки, нема да се играш во песокот со машките, затоа што можно е песок да ти влезе таму и да ти ја расипи твојата инкубаторска иднина. Ќе водат сметка за твојата исхрана, за твојата линија, ќе те научат да се кубиш, да ставаш шминка, да мораш да изгледаш убаво за да привлечеш маж. Кога ќе пораснеш ќе те учат дека не смееш повеќе да плачеш, затоа што светот ќе мисли дека манипулираш со солзите. Ќе читаш „Убавина и здравје” и „Глориа”. Тие ќе те научат како да се однесуваш, како да изгледаш, како да се храниш, ќе те научат за диети, затоа што си жена и не смееш да се здебелиш и мораш по секоја цена да изгледаш прекрасно во машките очи и да им се допаднеш. Светот ќе те лаже дека ти треба да бидеш успешна и паметна жена, затоа ќе учиш и ќе бидеш најдобра во тоа, но сепак твоите машки колеги ќе ти го преземат работното место, затоа што тебе те чека семејната кариера – да бидеш мајка и да се грижиш за своите деца. Но, бидејќи си жена, ти не си доволно способна да се грижиш сама за семејството, така што ти треба маж кој ќе се грижи за тебе и останатите, сепак тој е глава на куќата.

Јас навистина не можам да замислам како е да си жена во едно вакво општество. Дали жените имаат избор? Плоштадот на Скопје ми го даде овој одговор. Гледајќи по спомениците ставени тука, сфатив дека изборот на жените се ограничува на само две опции: мајка или шмизла.Мајчинството е твојата идна кариера. Ќе раѓаш и ќе ни ја продолжуваш нацијата, за тоа те имаме исчувано и изгледано со толку нежност до сега, ти си инкубаторската машина на оваа нација, односно ти си матката на нацијата. Доколку не се одлучиш за ваков живот ќе бидеш сатанизирана, ќе ти фрлаат анатеми, ќе бидеш прогонувана од општеството и од сите околу тебе, ќе те прогласат за лезбејка или курва. Ти си вишокот на општеството, изрод. Твоите родители очајно ќе те убедуваат да тргнеш по патот на мајчинството, да се „нормализираш” за да бидеш прифатена од соседите и од кругот. А ако пак абортираш, тогаш ќе си со печат, дамка на ова општество, ќе те прогласат за убиец, за неморална личност, си ја продала душата на ѓаволот.

Јас навистина не можам да замислам како е да си жена во едно вакво општество. Дали жените имаат избор? Плоштадот на Скопје ми го даде овој одговор. Гледајќи по спомениците ставени тука, сфатив дека изборот на жените се ограничува на само две опции: мајка или шмизла. Твоите родители, пријатели, семејство, љубовници, соседи, колеги и сите луѓе од твојот микросвет кои ако не успеат да те поправат да станеш мајка или шмизла – ќе те напуштат. Ќе си играат со твоите човечки права, затоа што не сакаат епитетот „човек“ да го делат со никој друг. Ќе имаш код на пишани или непишани правила што и како смееш во животот. Доколку не ги исполниш, срамот на општеството е секогаш тука за да те голтне.

Денес, во 21-от век, кога се сметаме за цивилизациски доволно развиени, ние ги загрозуваме најосновните човекови права, односно, да потенцирам, правото на абортус. Повеќе од половината од луѓето што ги водат кампањите против абортусот се мажи кои никогаш нема да бидат бремени. Сепак ти, жено, треба да успееш и да не бидеш силувана во животот, бидејќи ако бидеш ќе биде крив твојот изглед на кој ние те научивме уште од мали нозе. Ќе го наречеме сексуална провокација. А ако си силувана, тешко дека ќе стигнеш до пристап за абортус. Абортусот постои од кога постојат првите човекови

здруженија, забележан е во сите можни култури и традиции уште од праисторијата. Ние сега наводно се грижиме за здравјето на жените, па ќе носиме закони кои ќе гo штитат нивното здравје, а во исто време ќе ги загрозуваат нивните основни човекови права.

Најголемата кампања против абортусот и против човековите права од речиси секој вид можеме да забележиме дека ја водат религиите. Јас би сакал да им порачам на свештениците од која било религија, нивните богови да ги држат подалеку од вагините на жените. Понекогаш и верувам во тоа дека основната цел на двете најголеми религии кај нас им е да шират мизогинија, хомофобија, нетолеранција и омраза, него ли да ги научат луѓето да сакаат живи битија, како што учеле нивните пророци.

Зарем не е машката мастурбација, односно исфрлањето сперматозоиди, исто така убивање на невини, сеуште неоформени деца? Мене ме гризи совест и ми е срам што живеам во држава и општество каде што мајка ми не ја сметаат за рамноправна на татко ми. Каде што мојата сестра, другарка, колешка, сосетка, тетка, професорка и пола од популацијата на оваа држава се дискриминирани и омаловажувани само затоа што се родени како жени. Грешнички кои ќе го плаќаат долгот на Ева. За тортурите и прогоните на жените во средниот век не сакам ни да помислам, а не пак да зборувам, но јас мислев дека тој заврши, или...?

5

Page 6: Избор! бр.4 - весник на Матка

6

Документарниот филм „Кодовите на полот“ (The Codes of Gender) ги анализира проблематиките и улогата на полот во маркетингот и поп-културата. Авторот Сат Џали (Sut Jhally), инаку експерт за медиуми, со неговата теза дека маркетингот не продава само продукти туку и идеи за светот околу нас, нуди детална анализа за немоќноста на комерцијалната култура да ги избегне реакционерните репрезентации на полот. Џалиевата теза произлегува од револуционерното дело на Ервинг Гофман (Erving Goffman), чија книга од 1959, „Претставувањето на себството во секојдневниот живот“ (The Pres-entation of the Self in Everyday Life), е претходник на се попопуларните перформативни студии. Режисерот ја користи Гофмановата анализа на телото во печатените реклами за да и самиот анализира стотина реклами во кои разоткрива шокантен шаблон на регресивни и деструктивни кодови на полот. „Кодовите на полот“ (The Codes of Gender) ни дава поглед во општествената конструкција на машкоста и женскоста, односот помеѓу моќта и полот и секојдневната перформативност на културните норми.

Сат Џали е професор по Комуникации на Универзитетот во Масачусетс, основач и извршен директор на Фондацијата за медиумско образование. Неговата истражувачка дејност се фокусира на улогата која ја играат маркетингот и популарната култура во развојот на општествената контрола и конструкцијата на идентитетот.

КултураФилм: музика:

книга:

Кодовите на родот (The Codes of Gender) USA, 2010

Сценарио и режија: Sut Jhally

http://www.mediaed.org/

WarpaintАлбум: Selftitled Издавач: Rough Trade, 2014

Интимни војни

Како да му останеш верен на своето име? Во својот втор албум четирите девојки од овој инди психоделичен бенд се прашуваат токму тоа. Четири години по издавањето на нивниот прв албум „Д фул“ (The Fool), албум кој го промени мислењето за „женскиот рок”, девојките се враќаат за повторно да ги стресат креативните музички граници. Овојпат тоа се границите на креативниот етос и звучниот изглед.

Првиот албум идејно и композициски го обликуваа Емили Кокал и Тереза Вејман (Therese Wayman), кои од долгогодишното пријателство го создадоа „Ворпејнт“ (War-paint). Со вториот албум ја реализираа долгогодишната желба за музика создадена од сите членови на бендот, заедно со басистката Џени Ли Линдберг и нивниот најголем адут, Стела Мозгава (Stellа Mozgawа). Токму поради заедничката соработка на вториот албум, тој го носи името на бендот.

Разноликата форма на новиот албум ја претставија изминатата година со двете песни, „Лав ис ту дај“ (Love Is To Die) и „Биги“ (Biggy). Како што најчесто се случува по успешниот прв албум, и овој бенд во креирањето на својот втор албум експериментира со своите препознатливи мелодии. Својот меланхолично-мрачен гитарски звук го надградуваат со повеќе ритам и примеси на аренби (R&B), додека лирично остануваат верни на нивната специфична сензитивност.

Како што и би очекувале, нивниот втор албум останува верен на феминизмот, тој е непопустлив и непочитувачки до се она што искрено не го чувствуваат, а тоа им го порачуваат и на своите слушателки/и. „Безобѕирна, но не и бензадежна“, „нема да ми кажеш што да правам“,бендот тивко пее во песната „Чувствувајќи се добро“ (Feeling Al-right).

Албумот претставува триумф на група на жени кои ни ги претставуваат своите „борбени бои“ а секое негово преслушување открива нов, уникатен и неверојатно длабок звук. Мерл Хофман, основач на „Чоисес“ (Choices),

една од најголемите медицински установи за жени и уредник на списанието „Он ди ишјус“ (On The Issues), пишува за тоа колку ги сметала за ограничени очекувањата на жените во периодот кога растела и созревала. Таа ја истражила идејата за живеење на живот на уметник, но ѝ недостасувал вистински предизвик сѐ до одѕивот на еден повик за работа во 1970 година како асистент на семеен доктор од Њујорк. Во тоа време во Њујорк е легализиран абортусот, па нејзиниот работодавец, д-р Мартин Голд, ја искористил оваа ситуација како можност за позиционирање на неговиот центар како водечки центар во давањето на услуги за абортус. Тој и неговиот партнер ја отвориле една од првите амбулантни установи за абортус во земјата каде што Хофман била управник (Flushing Women’s Medical Center). Клиниката била пионер во новото поле на услуги поврзани со здравјето на жените, нудејќи алтернативи за мастектомија како и услуги поврзани со абортус. Таа со елан пишува за првите возбудливи години кога траекторијата на движењето за женски права билa во подем и таа била еден од водачите на ова движење додека пак врската со д-р Голд се продлабочува и води до брак. Тогаш движењето „За живот“ се групира одново. До 1985 се случиле 150 напади на клиники за абортус и авторката добива бројни смртни закани.

Инспиративна приказна за жена која учествувала во „една од најголемите револуции во историјата“ и сѐ уште е на првите редови на борбата.

Животот и времето на жената која го донесе прашањето за абортусот од темните улички до седница на управен одбор.

Превземено од www.kirkusreviews.com

Брутално искрен деби мемоар на лидерката во борбата за правата на жените за „легално добивање и применување на репродуктивно право – моќта на животот и смртта“.

издавач: Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус

уреднички тим: Благица Петрова, Кристина Леловац, Наташа Ѓеорѓиевска, Јана Коцевска

лектура: Даниел Матракоски

редакција: Благица Петрова, Искра Гешоска, Наташа Ѓорѓиевска, Јана Старделова, Јана Коцевска, Марија Матовска

Печати Печатница Серафимовскитираж: 1250 примероци

Page 7: Избор! бр.4 - весник на Матка

забавакрстозбор:

лавиринт:

Одведи ја младата девојка во сигурни раце!

216

46

6

35

71

1711

18

14

810

12

13

1915

имам 16 год.штотуку дознав дека сум бремена,каде да се обратам?

1. Прекин на бременост со помош на лекови

2. Aбортус по барање на бремената

3. Медот со којшто се спречува непланирана бременост и СПИ

4. Најпознат вид на бариерен контрацептив

5. Една од најчестата бактериска, сексуално пренослива инфекција

6. Синдром на стекната имунодефициенција предизвикан од ХИВ

7. Скр. АРТ, терапија која ја користат лицата коишто живеат со ХИВ

8. ............. не е инкубатор на нација

9. Процес на спојување на јајцеклетката и сперматозоидот

10. Кулминација, врв на сексуалното уживање (постои и кај мажот и кај жената)

11. Однесување/уверување кое им препишува голема вредност на агресијата, физичката сила и комплетната доминација на мажите над жените

12. Осамостојување, ослободување од зависност, еднаквост и уживање на човековите права

13. Организирано движење за здобивање на правата на жените и борба против патријархатот

14. Системски општествени структури кои ја институционализираат машката физичка, социјална и економска моќ врз жените (универзално зло)

15. Способноста на една личност за длабока емоционална, љубовна и сексуална привлечност кон, како и за интимни и сексуални односи со индивидуи од различен пол, од ист пол или од повеќе од еден пол

16. Кратенка која се користи за лезбејки-гејеви-бисексуалци- трансродови луѓе, интерсексуалци- квир

17. Категорија според која луѓето се делат на машки и женски (и трансродови) и која за разлика од полот, се однесува на културните, економските и социјалните атрибути со кои се стекнуваат биолошки родените тела

18. Неосудувачки термин кој најдобро ги опишува искуствата на сексуалните работнички и овозможува разгледување на комерцијалниот секс како економска акстивност т.е. форма на вработување

19. Француска писателка, теоретичарка, феминистка и политичка активистка (види фотос)

одговори: 1. Медикаментозен абортус 2. Индициран абортус 3. Контрацепција 4. Кондом 5. Кламидија 6. СИДА 7. Антиретровирусна терапија 8. Матка 9. Фертилизација 10. Оргазам 11. Мачоизам 12. Еманципација 13. Феминизам 14. Патријархат 15. Сексуална ориентација 16. ЛГБТИК 17. Род 18. Сексуална работа 19. Симон Де Бовуар

7

Page 8: Избор! бр.4 - весник на Матка

8

Ве кани на целодневниот настан посветен на правото на жената слободно да донесува одлуки поврзани со незиното здравје и живот

НОВИОТ З�КОН З� ПРЕКИН Н� БРЕМЕНОСТ�...

ја оневозможува жената слободно да одлучи за своето тело и живот;

го нарушува правото на приватност на жената и доверливоста на личните и медицински податоци;

не придонесува за осовременување на здравстветниот систем и актуелните методи и принципи на лекување;

не соодветствува на определбата на државата своето право да го гради врз основа на концептот за човекови права.

НОВИОТ З�КОН З� ПРЕКИН Н� БРЕМЕНОСТ� НЕМ� Д� ПРИДОНЕСЕЗ� ПОР�СТ Н� Н�Т�ЛИТЕТОТ ВО ДРЖ�В�Т�. ТОЈ НЕМ� ГО Н�М�ЛИ БРОЈОТ Н� �БОРТУСИ, С�МО ЌЕ ГИ Н�ПР�ВИ НЕЛЕГ�ЛНИ И Ф�Т�ЛНИ З� ЖЕНИТЕ.

31.05. сабота Жена парк – Скопје

12.00

12.00

13.00

15.00

17.00

18.00

Изложба на фотографии

Маратон на документарни филмови

Кондом рели и друштвени игри

Форум театар

Свечено поставуваhЫе на склуптура на жена во Жена парк

Концерт:

G - ROUGHSleetДа Џака НакотDJ сет: Фреш и �нгелина

На платформата за слободен пристап до легален абортус МАТКА се здружени Tiiiit!Inc, ХЕРА, Студентаската организација Излез, Колаицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, ЛезФем, Бори се женски, Здруженска и Контрапункт. Нивната заедничка иницијатива „Мое тело – мој избор!“ е поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.