Фактурални завиткувања - Филип Перески

12
ФАКТУРАЛНИ ЗАВИТКУВАЊА ФИЛИП ПЕРЕСКИ

Upload: -

Post on 06-Apr-2016

244 views

Category:

Documents

4 download

DESCRIPTION

Прва самостојна изложба на Филип Перески - каталог

TRANSCRIPT

ФАКТУРАЛНИЗАВИТКУВАЊА

ФИЛИП ПЕРЕСКИ

Насловот „Фактурални завиткувања“ непосредно нè води кон првата самостојна изложба на младиот скулптор Филип Перески. Неговите скулптури претставуваат отворени естетски волумени со експресивна, експериментална и уметничка форма. Тие се дела кои му припаѓаат на новото време, во чија содржина се препознава современата скулптура со сите нејзини пропратни елементи. Активноста на скулптурата во просторот Перески ја нагласува почнувајќи од линеарното обликување, преку динамичното движење на формата и нејзината текстура - фактура, која дава дополнителни ликовни сензации. Вака сработените дела, крајно заокружени со интервенција, поставени во конкретен простор, веќе претставуваат скулптури чија статичност е трансформирана во динамичност и раздвиженост, кои ја разбиваат не само временско-просторната монотонија, но и мисловната бариера на реципиентот, отворајќи ни ја единствената вистина дека современата уметност е уметност, сама по себе и сама за себе, а нам ни е дозволено најпрво визуелно да ја консумираме како таква. Оттука, според ова, во сите овие дела на еден непосреден начин се препознава почеток на една, следна и уште многу идни приказни. Приказни испишани од амбицијата на Перески, кој е воден од желбата да создава уметност, од линија до издржано готово дело, од идеја до реализација на една своевремена скулптура. Својот талент го става во служба на убавото, за да го стигне времето и да ја разбранува постојаноста на едноличноста.

Елизабета Дерменкоска - ЦефиИсторичар на уметност

49 x 41 x 36

36 x 53 x 25

27 x 40 x 25

18 x 58 x 23 96 x 13 x 13

96 x 13 x 13

24 x 73 x 30

26 x 95 x 44

25 x 57 x 30

19 x 65 x 40

29 x 76 x 47

Биографија:

Роден на 10.09.1990 во Прилеп, Македонија. Дипломира 2013 год. на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на катедра за ликовна педагогија, насока вајарство во класата на професор Станко Павлески. Член е на друштвото на ликовни уметници Прилеп (ДЛУП)

Самостојни изложби

2014 Прилеп, „Фактурални завиткувања“, НУЦК Марко Цепенков

Групни изложби

2014 Прилеп, 5 години ДЛУП, НУЦК Марко Цепенков2013 Прилеп, Годишна изложба ДЛУП, НУЦК Марко Цепенков2010 Скопје, Арт Институт – “Loading…“ , Стар геолошки завод2009-13 Скопје, Годишни студентски изложби на ФЛУ, ФЛУ

Колонии

2013 Прилеп, Камена колонија „Прилепски кринови“

Издавач: НУЦК “Марко Цепенков“ - ПрилепЗа издавачот: Тони Чатлески, директорТекст: Елизабета Дерменкоска - ЦефиФотографии: Филип ПерескиДизајн: Томислав ЈованоскиПечати: Гинис, ПрилепТираж: 300

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 7.038(497.7)(06.064)Перески, Ф. ПЕРЕСКИ, Филип Фактурални завиткувања / Филип Перески ; [текст Елизабета Дерменкоска-Цефи ; фотографии Филип Перески ; дизајн Томислав Јованоски]. - Прилеп : Центар за култура “Марко Цепенков”, 2014. - 12стр. : илустр. ; 21 см

ISBN 978-9989-811-01-2 а) Скулптура - Апстрактна уметност - Македонија - ИзложбиCOBISS.MK-ID 97592842

НУЦК “Марко Цепенков“Прилеп

Проектот е финансиран од:

Пр

ил

еп

, 20

14