Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

33
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 71 од 27.10.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Македонија трет топ-реформатор според „Дуинг бизнис 2012“ на Светската банка, но... Македонските производители на кафе бараат 18 отсто ДДВ за сите видови кафе заради отстранување на нелојалната конкуренција НЕСОТ МУ „ПИЕ„ ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ ГОДИШНО НА БУЏЕТОТ Производителите на керамички производи алармираат ПРОИЗВОДСТВОТО НА ТУЛИ ТОНЕ, УВОЗОТ ДЕСЕТПАТИ ПОГОЛЕМ ОД ИЗВОЗОТ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕФОРМИ БИЗНИС-КЛИМАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ УШТЕ ПОВЕЌЕ

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 12-Mar-2016

293 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Неделен електронски бизнис информатор на македонската економија

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 71 од 27.10.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Македонија трет топ-реформатор според „Дуинг бизнис 2012“ на Светската банка, но...

Македонските производители на кафе бараат 18 отсто ДДВ за сите видови кафе заради

отстранување на нелојалната конкуренција

НЕСОТ МУ „ПИЕ„ ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ ГОДИШНО НА БУЏЕТОТ

Производителите на керамички производи алармираат

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ТУЛИ ТОНЕ, УВОЗОТ ДЕСЕТПАТИ

ПОГОЛЕМ ОД ИЗВОЗОТ

СО ДОПОЛНИТЕЛНИ

РЕФОРМИ БИЗНИС-КЛИМАТА

МОЖЕ ДА СЕ ПОДОБРИ УШТЕ

ПОВЕЌЕ

Page 2: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

НЕМА ДА ИМА ПОВИСОКИ ДАНОЦИ, НИТУ ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ

Во нашата програма нема предвидено зголемување на даноци, ниту воведување на прогресивно одданочување. Сметаме дека тоа е лоша политика посебно

во вакви околности кога во економијата во Европа и светот се случуваат кризни ситуации зголемувањето на данокот не е добро и тоа би одвело многу претрпијатија во пропаст. Остануваме на тоа дека наспроти предизвиците кои ги имаме како земја, Македонија ќе остане со најниски даноци во Европа.

(М-р Зоран Ставрески, вицепремиер и Министер за финансии

во Владата на Република Македонија)

НА МАКЕДОНИЈА И СЕ ПОТРЕБНИ ПОСИЛНИ ИНСТИТУЦИИ, ОСОБЕНО ПАРЛАМЕНТ

Посебно би сакал да видам посилни институции, особено Парламентот, кој би имал корист од зајакнат капацитет за да ја извршува својата надзорна улога. Ние имаме проект со Парламентот со

кој му помагаме да се зајакнат неговите капацитети, кој го спроведуваме со нашиот партнер, Вестминстерската фондација за демократија. Мислам дека ова е клучно затоа што бизнисмените и инвеститорите не гледаат само на економската клима на земјата. Тие ја гледаат и ситуацијата во однос на политичката стабилност. Силен парламент е знак на стабилност и затоа, се надевам дека неговата улога ќе се зајакне. Исто така, ги поддржуваме реформите во јавната администрација со обука на основа на компетенции, модел кој е заснован на вештини при вработување и развој. Ова ќе помогне да се воведе пристап заснован на перформанси во јавната администрација. Во таа насока, ќе помогнеме во напорите за европска интеграција, ќе помогнеме за развој на повеќе професионална администрација и ќе придонесеме за обезбедување поефикасна услуга на граѓаните на Македонија. Во однос на поврзаноста на политичката и економската димензија, Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2011 година го нагласи ова. Колку и да е добра сликата на макроекономско ниво, потенцијалните инвеститори сакаат да видат дека и другите области добро функционираат, како независно судство и силна јавна администрација. Ова им дава доверба дека нивните инвестиции добро ќе се раководат и дека проблемите ќе се решаваат објективно. Тоа е една од причините зошто гледаме цел пакет-придобивки од нашата поддршка за

реформа на јавната администрација.

(Кристофер Ивон, амбасадор на Обединетото Кралство

во Република Македонија)

НА СВЕТОТ МУ ТРЕБА ТИМСКА ИГРАЗА ДА СЕ СПРАВИ СО КРИЗАТА

Мислам дека на светот сега му треба токму тимската игра, заедничко фокусирање на политичките и бизнис-лидерите кон постигнување резултат, а тоа е надминување на финансиската криза и стабилизирање на светската економија. За почеток, владите мора да почнат да трошат помалку, затоа што многу земји се задолжуваат многу над своите м о ж н о с т и . Значи, потребна е колективна енергија и напори, нешто слично како обединувањето во Втората светска војна за борба против злото, потоа Маршаловиот план за обнова на разрушените економии или пак, заедништвото при формирањето на Организацијата на обединетите нации. Не очекувам значителни позитивни промени во следните 6-12 месеци, но генерално, сум оптимист и верувам во способноста на луѓето да создадат комбинација од високи идеали, жртвување, тимска работа за да се извади светот од кризата.

(Мајк Зафировски, член на бордот на “Македонија 2025“)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

Page 3: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Република Македонија е трета најподобрена економија во светот оваа година, според Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис 2012“, во кој таа се искачи за 12 места од 34 на 22. место. Македонија, заедно со Мароко, Молдавија, Сао Томе и Принципе, Летонија, Зеленортските Острови, Сиера Леоне, Бурунди, Соломонските Острови, Република Кореа, Ерменија и Колумбија, се 12-те економии кои постигнале најголемо подобрување на леснотијата на водење бизнис во повеќе области на регулативата, мерени со Извештајот на Светска банка. Во Извештајот во општата леснотија за водење бизнис води Сингапур, следен од Хонг Конг, Нов Зеланд, САД и Данска. Република Македонија направи прогрес во четири дејности - добивање градежни дозволи, добивање кредит (кредитни информации) и решавање на несолвентноста. - Го олесни добивањето градежни дозволи преку префрлање на процесот на надзор врз приватниот сектор и со рационализирање на постапките. Го олесни регистрирањето на имотот преку намалување на нотарските надоместоци и спроведување временски ограничувања утврдени со Законот за катастар на недвижности. Основањето на приватното Кредитно

биро го подобри информацискиот систем за кредитите. Со законодавството се подобри транспарентноста на стечајните постапки, се наведува во Извештајот за Македонија. „Дуинг бизнис 2012“ година ја препознава Македонија како една од 10-те економии кои направија најголем напредок во создавање подобра регулаторна клима за деловно

работење во последните шест години. Со тоа Македонија се искачи на глобалното скалило во олеснување на деловното работење од 81. место во „Дуинг бизнис 2006“ на 22-ро место во годинашниот извештај. - Македонија е на вистинската патека. Потребно е време за реформите да покажат промени во економијата, но веќе од сега може да забележиме позитивни сигнали кои се рефлектираат

во сегашната економска активност и зголемувањето на странските директни инвестиции. Гледајќи кон иднината, посилен развој бара поголеми промени. Прогресот направен од страна на Македонија во индикаторите на „Дуинг бизнис“ покажува капацитет за имплементација на реформи преку политичка желба, желба за промена и координација со засегнатите странаки, вели Лилиа Бурунчук, директор на Канцеларијата на Светската банка во Македонија, а пренесува МИА. Извештајот ги анализира регулативите кои се однесуваат на бизнисите во економијата за време на нивниот животен циклус, вклучувајќи ги почнувањето и работењето, прекуграничната трговија, плаќањето даноци и разрешувањето на инсолвентноста. Опфатени се 183 економии за кои оценува дека продолжиле да спроведуваат реформи со кои се подобрува способноста на локалните фирми да водат бизнис, а транспарентноста и пристапот до информации да играат клучна улога во реформите. Глобалниот извештај покажува дека владите во 125 од 183 мерени економии спровеле вкупно 245 реформи на деловната регулација - 13 проценти повеќе од лани.

БИЗНИС КЛИМА

„Дуинг бизнис 2012“

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ НАЈПОДОБРЕНИ ЕКОНОМИИ ВО СВЕТОТ

Македонија трет топ реформатор во светот во Извештајот на Светска банка

за водење бизнис СО ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕФОРМИ МОЖЕ

УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОДОБРАТ УСЛОВИТЕ ЗА БИЗНИС

Република Македонија е трет топ реформатор во светот оваа година, според Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис 2012“, по Мароко и Молдавија. Во Извештајот, објавен денеска, таа се искачи за 12 места од 34 на 22 место. Таа е лидер во Западен Балкан и подобра е од 19 земји членки во ЕУ. Годинашниот извештај кажува дека Македонија оди напред. Тој кажува дека Македонија продолжува со успеси. Македонија е трет топ реформатор во светот според најреноминарниот Извештај за мерење на бизнис климата за 2012 година, во кој направи извонреден скок од цели

72 места во однос на 2006 година, истакнал вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески на презентација на Извештајот во Владата на Република Македонија, а пренесува МИА. - Македонија бележи континуиран напредок во сите индикатори и оти тоа е резултат на макотрпни реформи, мерки и активности што се спроведени во сите области во овие пет-шест години. Македонија е убедливо најдобра во регионот, но и подобро рангирана од 19 членки на ЕУ. - Македонија сега е на скалата на ранг листата на Светската банка за водење бизнис пред Естонија, Литванија, Белгија, Франција, Португалија, Холандија, Австрија, Словенија, Шпанија, Луксембург.... и пред Грција. Македонија повторно е убедливо најдобра во регионот. Убедливо сме најдобри според условите за водење бизнис. Нашето 22. место е подобро од првиот конкурент во регионот -

Словенија која е на 37. место, од Црна Гора која е на 56., Бугарија на 59., Турција на 71., Романија на 72.,... Мислам дека бројките зборуваат повеќе од што било што можам јас да кажам, изјавил министерот Ставрески. Тој смета дека значајно е тоа што Македонија оваа година бележи нов напредок во однос на напредокот кој веќе е постигнат во претходните пет години. Многу е потешко, додаде, да оствариш скок од 12 места, колку што ние остваривме на вкупната ранг листа, од позиција кога си веќе меѓу најдобрите или подобрите. Извештајот ќе претставува мотивација за сите да продолжат со работа во насока на идентификување на областите каде можеме да одиме уште понапред, каде можеме со дополнителни реформи да ги подобриме условите за бизнис, истакнал министерот за финансии.

Page 4: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

БИЗНИС КЛИМА

Директорката на Канцеларијата на Светската банка во Македонија, Лилиа Бурунчук истакнала дека

Македонија има постигнато најголем напредок и оти заедно со Латвија се двете економии кои постигнаа најмногу и се во првите 30. Ова, според неа, придонесува за подобрување на бизнисот и создавање нови работни места. Таа посочила дека реформите за водење бизнис се дел од една посеопфатна агенда за конкурентност: - Потребно е време за да се почувствуваат промените од реформите во економијата, меѓутоа во Македонија се гледаат овие промени кои се рефлектираат во неодамнешното зголемување на економската активност и зголеменото ниво на странски инвестиции. За посилен пораст се потребни посеопфатни реформи. Овој извештај покажува дека земјата има капацитет да спроведува реформи преку политичка желба, желба за промени и координација со учесниците. Светска банка веќе работи со Владата за оваа посеопфатна агенда, истакнала Бурунчук. Таа додала дека во Извештајот за оваа година е вклучена и студија за Македонија. - Македонија е меѓу економиите кои имаат направено најголем чекор во подобрувањето на прописите и создавањето поповолни услови за водење бизнис во последните шест години. Македонија е третата земја најдобро ориентирана во Источна Европа и Централна Азија, подвлекла

Бурунчук. Република Македонија направи прогрес во четири дејности - добивање градежни дозволи, добивање кредит (кредитни информации), решавање стечајни постапки и регистрирање имот. - Го олесни добивањето градежни дозволи преку префрлање на процесот на надзор врз приватниот сектор и со рационализирање на постапките. Го олесни регистрирањето на имотот преку намалување на нотарските надоместоци и спроведување временски ограничувања утврдени со Законот за катастар на недвижности. Основањето на приватното кредитно биро го подобри информацискиот систем за кредитите. Со законодавството се подобри транспарентноста на стечајните постапки, се наведува во Извештајот за Македонија. Во делот за добивање градежни дозволи Македонија има напредок од 86 места. Намалени се бројот на процедури од 20 на 10 и времето за добивање градежни дозволи скратено од 139 на 117 дена. Кај решавањето на стечјани постапки има напредок од 116 на 55 место. Намалено е времетраењето на стечајната постапка од три на две години, а трошоците се намалени од 28 на 10 проценти од вкупната вредност на имотот на компанијата. Македонија кај индикаторот пристап до кредити има напредок од 21 места, односно од 45 на 24 место, а придонес има воспоставувањето и почетокот со работа на приватното Кредитно биро и зголемувањето на достапноста и опсегот на кредитни информации. За регистрирањето имот има напредок од 18 места. Во оваа област бројот на постапки е намален од 5 на 4, времето за регистрација е намалено од 58 на 40 дена и трошоците за регистрација се намалени од 3,2 проценти на 3,1 процент од вредноста на имотот. Напредок има и на индикаторот - спроведување на договори каде сме рангирани од 65 на 60. место. Македонија, заедно со Мароко, Молдавија, Сао Томе и Принципе, Летонија, Зеленортските Острови, Сиера Леоне, Бурунди, Соломонските Острови, Република Кореа, Ерменија и Колумбија се 12-те економии кои постигнале најголемо подобрување за олеснување водење бизнис во повеќе области на регулативата мерени со Извештајот на Светска банка. Во Извештајот во општата леснотија за водење бизнис води

Сингапур, следен од Хонг Конг, Нов Зеланд, САД и Данска. Извештајот ги анализира регулативите кои се однесуваат на бизнисите во економијата за време на нивниот животен циклус, вклучувајќи ги почнувањето и работењето, прекуграничната трговија, плаќањето даноци и разрешувањето на инсолвентноста. Опфатени се 183 економии за кој оценува дека продолжиле да спроведуваат реформи со кои се подобрува способноста на локалните фирми да водат бизнис, а транспарентноста и пристапот до информации да играат клучна улога во реформите. Глобалниот извештај покажува дека владите во 125 од 183 мерени економии спровеле вкупно 245 реформи на деловната регулација - 13 проценти повеќе од лани.

СРАБОТЕНОТО ВО РЕФОРМИТЕ НОСИ РЕЗУЛТАТИ

Македонија е трета во светот според спроведените реформи во последните 12 месеци и изби на 22 место на генералната листа на земји коишто имаат добра бизнис клима за правење бизнис. Да потсетам, кога се формираше Владата во 2006 Македонија беше на 94 и во овие години постепено правејќи ги реформите создавајќи промени дојдовме на 22 позиција во светот. Што е најважно како и минатата година зад нас останаа сите земји од Централна и Источна Европа.

Меѓутоа со последниот скок што го имаме на оваа листа само седум земји членки на ЕУ се пред Република Македонија, а 20 земји од ЕУ се зад Македонија на оваа листа. Така што ова претставува сериозна валоризација од институција која што нема политички пресметки кога ги прави овие рангирања, туку гледа само стручно -експертски и според она што е сработено во реформите и спроведувањето на тие реформи особено во делот на економијата и економските промени што се направени во Македонија.

(М-р Никола Груевски, претседател на Владата

на Република Македонија)

Page 5: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

БИЗНИС КЛИМА

Ефективни нови 50 милиони евра за малите и средни претпријатија од ЕИБ

НА РАСПОЛАГАЊЕ КРЕДИТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ЗА ТРАЈНИ ОБРТНИ СРЕДСТВА

Кредитната линија од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) намената за финансирање на проекти за средните и малите претпријатија стана ефективна со потпишување на договорите за гаранција на заемот (19.10.2011 година). Средствата ќе бидат дистрибуирани од Македонската банка за поддршка на развојот преку комерцијалните банки со поволни услови. Каматната стапка ќе изнесува 5,5 проценти, а ќе бидат одобрувани два вида на кредити - инвестициски кредити и кредити за трајни обртни средства. Висината на инвестициските кредити ќе се движи од 10.000 до три и пол милиони евра со рок на отплата до осум години и грејс период од две години. Кредитите за трајни обртни средства ќе бидат од пет илјади до 670 илјади евра, со рок на враќање до три години и грејс период од шест месеци. Средствата ќе се одобруваат преку деветте банки кои беа вклучени во првата транша од 100 милиони евра, но побарано е согласност од ЕИБ да бидат вклучени уште три банки за полесна достапност на средствата до крајните корисници. Скратени се и процедурите, односно намален е обемот на документација потребен за одобрување на проектите. За разлика од претходно кога беше потребно да се достави подетална информација за корисникот и

проектот, сега банките до ЕИБ ќе треба да достават само листи со генералните податоци за корисникот, износот на средства и намената. - Се` она што како поволни услови за кредитирање ќе пристигне од која било страна е многу значајна работа во услови на глобална економска криза. Убеден сум дека компаниите во Македонија имаат инвестициски проекти и можности да ги искористат овие средства многу брзо, рече Бранко Азески од Стопанската комора на Македонија на прес-конференција во Министерството за финансии. За м-р Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија, користењето на овие 50 милиони евра е значајна во денешни услови кога во Европа кризата зазема се поголеми размери и кога е извесно дека банкарскиот сектор и во Европа и во нашата земја се соочува со дополнителни ризици заради кои евидетно е дека пристапот до финансиски средства станува се` поотежнат. - Затоа навреме ги почнавме подготовките да обезбедиме нови финансиски средства за македонските фирми и успеавме да ги завршиме сите подготвителни

активности, - додава Зоран Ставрески. - Нови 100 милиони евра од ЕИБ ќе бидат на располагање кога ќе бидат искористени 70 проценти од оваа транша од 50 милиони евра. Ќе направиме се` за да нема простор меѓу двете транши, односно да може веднаш по искористувањето на оваа транша да се ефектуира следната транша од 100 милиони евра која најверојатно во првиот квартал од следната година би станала ефективна. Кредитната линија од 50 милиони евра се надоврзува на претходно реализираниот проект од 100 милиони евра финансиска поддршка за малите и средните претпријатија со кој се финансираа над 300 проекти и се отворија над 2.000 работни места.

Владата на Република Македонија ќе ја субвенционира кредитната линија на ЕИБ за

мали и средни бизниси

КАМАТАТА ЌЕ ИЗНЕСУВА 5,5 ОТСТО

Владата на Република Македонија донесе одлука за субвенционирање на каматата за новата кредитна линија којашто е обезбедена од Европската инвестициона банка во износ од 50 милиони евра и е наменета за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти. Како што соопштува владината прес-служба, со оваа одлука субвенционираната камата за малите и средни претпријатија за оваа кредитна линија ќе изнесува 5,5%. Примарна цел на оваа нова кредитна линија од ЕИБ е обезбедување на свеж капитал за поддршка на малите и средни претпријатија кој ќе биде насочен кон реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Со одлуката за субвенционирање на каматата од страна на Владата трошокот за овие средства значително се намалува, со што се дава дополнителна поддршка на малите и средни претпријатија во обезбедувањето на поевтини средства за финансирање на нивните деловни активности,- соопштуваат од Владата. Кредитната линија ќе ја пласира Македонската

банка за поддршка на развојот преку деловните банки до крајните корисници. Најмалку 70% од оваа кредитна линија ќе биде наменета за финансирање на мали и средни претпријатија, додека под други приоритетни проекти, кои можат да се финансираат со најмногу 30%

од средствата предвидени за оваа кредитна линија, се подразбира мали и средни инвестиции, кои ќе бидат преземени од крајните корисници во која било големина во областа заштита на животната средина, економијата базирана на знаење, енергија, инфраструктура, вклучувајќи го здравството и образованието, индустријата, туризмот, трговијата и други услужни дејности. Финансиски средства наменети за субвенционирање на каматата се обезбедени од буџетот на Република Македонија.

Page 6: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

АКТУЕЛНО

Македонските производители на кафе – членки на

Стопанската комора на Македонија со барање до

државатаОДАНОЧУВАЊЕТО НА ФИЛТЕР

И НЕС КАФЕТО ДА СЕЗГОЛЕМИ НА 18 ОТСТО!

М а к е д о н с к и т е производители бараат филтер и инстант кафињата да се оданочуваат по стапка од 18 отсто, исто како суровото кафе, со што ќе се соберат дополнителни средства за

буџетот и ќе се елиминира нелојалната конкуренција од странство. - Суровината при увозот се оданочува со 18 отсто ДДВ, а готовиот производ, филтер и инстант кафињата, со пет проценти. Притоа, суровото кафе е дополнително оптоварено со пет отсто царина, додека за инстантот, ако доаѓа од земјите на ЕУ, ова не важи, - нагласува Кирил Андоновски претставник од еден од најголемите производители во земјава „Рио кафе“ на денешната прес-

конференција во Стопанската комора на Македонија. Поради актуелните пет отсто данок на додадена вредност за филтер и инстант кафињата, државата, како што пресметале производителите, губи околу половина милион долари годишно. Едновремено, Кирил Андоновски, смета дека ваквата ситуација, кога сите преработки на кафе, освен филтерот и инстантот, се оданочуваат со 18 отсто, создава нелојална конкуренција. Од Стопанската комора на Македонија сметаат дека најверојатно се работи за превид. Во сите земји од регионот, Хрватска, БиХ, Србија, данокот за сите типови кафе е ист. Во Македонија годишно се увезуваат 4.000 тони сурово кафе што вредносно е 12 милиони долари, а просечно се трошат 6.000 до 8.000 тони. Килограм т.н. турско кафе чини 250 до 350 денари, а нес кафето се продава по 700 до 1.000 денари. Употребата на кафе годинава бележи благ пад, но вредноста расте зашто берзанските цени на суровото кафе само во последните 12

УВОЗ-ИЗВОЗ НА КАФЕ И ПРЕРАБОТКИ ОД КАФЕ ВО РМ ПО ГОДИНИ Извоз 2008-2010 година

2010 2009 2008

кг САД$ кг САД$ кг САД$

Кафе, печено 29,645 117,847 47.547 188.721 93.318 400.758

Увоз 2008-2010 година2010 2009 2008

кг САД$ кг САД$ кг САД$

Кафе, непржено, со кофеин 5.616.003 12.356.252 7.027.785 14.274.274 6.564.159 16.778.072

Кафе, печено (ЕСПРЕССО) 748.006 3.932.023 839.569 4.698.599 787.780 4.627.226

Екстракти, есенции и концентрати на кафе) НЕС И ФИЛТЕР) 565.701 3.743.344 540.079 4.060.720 438.358 3.469.245

Увоз 1-8м 2010/11 година1-8 2011 1-8 2010

кг САД$ кг САД$

Кафе, непржено, со кофеин 4.115.623 12.430.108 3.962.681 8.343.461

Кафе, печено 464.100 3.199.501 500.662 2.694.197

Екстракти, есенции и концентрати на кафе 426.682 3.069.251 346.721 2.288.985

Page 7: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

месеци се зголемени за 30 до 40 отсто. Кон крајот на ноември и почетокот на декември, кога треба да пристигнат новите берби, ќе се знае и дали ќе има какво било поскапување на кафето. Во Македонија се уште најмногу се пие турско кафе, околу 75 отсто, потоа еспресо и капучино, 15 проценти, а најмалку нес и филтер кафе, 10 отсто. Лани биле потрошени 7.000 тони турско кафе што е благо намалување во однос на 2009 година кога оваа бројка била 8.3000 тони.

Групацијата за производство на керамички производи

предупредува на алармантните состојби во дејноста

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ТУЛИ ТОНЕ, УВОЗОТ

ДЕСЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД ИЗВОЗОТ

На состанокот на Групација за производство на керамички производи, одржан на 26.10.2011 година, се расправаше за актуелните проблеми во производството и пласманот на глинените производи. Во направената анализа, беше истакнато дека производството на тули бележи континуиран пад, така што споредено послeдните две години (споредено 2008 со 2010 година), производството е опаднато за околу 50%. Производството бележи натамошен тренд на опаѓање и во 2011 година. Како главна причина за ваквиот пад, според претставниците на туланите, е зголемениот увоз на овие производи од соседните земји, пред се` од Србија, Бугарија и Грција. Увозот на овие производи се движи од 1,8 милиони САД долари во 2009 година, 1,2 милиони САД долари

во 2010 година, а само за осумте месеци од 2011 година изнесува 2,6 милиони САД долари. За споредба, извозот за овие месеци од 2011 година изнесува околу 250 илјади САД долари или увозот е скоро десет пати повеќе од извозот. Причините, како што беше истакнато, се пред се`, во високите цени на домашните производи, кои се последица на цените на инпутите, посебно на мазутот, кој учествува кај одделни компании и до 70% во единица производ. За задржување на купувачите, се` почеста е нелојалната меѓусебна конкуренција, која уште повеќе ја влошува состојбата, при што

се намалува производството или се затвораат голем дел од капицитетите. Во оваа гранка вработени се преку 500 вработени. Туланите се залагаат да се води поголема контрола при увозот на глинени производи и да се испитаат условите под кои се увезуваат тулите, од причина што се нудат на македонскиот пазар глинени производи кои се со многу ниски цени. Туланите се залагаат за производите кои се вградуваат во становите, стапката на ДДВ да биде 5%, со што ќе се овозможи намалување на цената на станот. На состанокот беа

иницирани и други прашања, како што се договор за почеста комуникација и средби на туланите, каде што заеднички ќе се предлагаат мерки за подобрување на работењето на туланите, потоа средба со претставниците на туланите од соседните земји и друго.

Марија Петроска

АКТУЕЛНО

Page 8: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Здружение на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија

ПОДДРШКАТА НА ТУРИЗМОТДОНЕСЕ ПОВЕЌЕ ГОСТИ

Туристичките работници посочуваат дека добрите резултати во туризмот се дел и поради мерките што ги презеде државата за поддршка на туризмот. На седницата на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, што се одржа на 20.10.2011 година, беа апострофирани намалувањето на ДДВ за угостителството и туризмот, кое се воведе на барање на Здружението на угостителството и туризмот при Комората, како и постојните субвенции за организирано донесените странски туристи. Тие претставуваат можност за развој на туристичката дејност каде што директно работат 15.000 луѓе, а учеството во БДП е 1,5 отсто.

На седницата беше нагласено дека најавената реорганизација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонска - национална туристичка организација (чија цел ќе биде поголема и подиректна соработка со бизнис-заедницата и локалната самоуправа), како и формирањето Комитет за туризам при Владата на Република Македонија, за обезбедување навремена реализација на Стратегијата за развој на туризмот и на проектите од Програмата на Владата од оваа област и зголемувањето на финансиската поддршка на туризмот, се добра основа за натамошна државна поддршка и успешен развој на туризмот во Република Македонија. Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија останува на ставот предлог-мерките за развојот на туризмот Владата да ги донесува и да ги реализира во соработка со бизнис-заедницата.

Лазо Ангелески

“Како правилно да изготвите документација за учество на тендер?”

ТРЕНИНГ КАКО УСПЕШНО ДА СЕ ПОДГОТВИ ПОНУДА, НО И ЗА ЗАШТИТА ОД

НЕПРАВИЛНОСТИ

Во Стопанската Комора на Македонија, на 19.10.2011 година, беше одржан еднодневен семинар на тема: “Како правилно да изготвите документација за учество на тендер?”. На овој едукативен настан беа разгледаат проблемите поврзани со успешното подготвување на понудите, користење на ЕСЈН (огласи за јавни набавки, електронски јавни набавки и е-аукции) и правна заштита во постапките со кои фирмите се судираат во секојдневната пракса. Предавачи беа м-р Маре Богева Мицовска, директор, м-р Александар Аргировски, м-р Марија Јованоска, сите вработени во Бирото за јавни набавки.

Експерти на одржаниот семинар дадоа одговор на многу прашања, меѓу кои и оние поврзани со релевантни прописи за јавни набавки со кои се регулира оваа област притоа, давајќи им насоки на фирмите за тоа како истите треба да ги подготовуваат понудите согласно законските прописи, односно на што да се стави акцент при подготовка на понудите и каква документација да се користи за поднесување на понуда? Исто така, се вршеше и пребарување на објавени тендери и договори се` со цел да им се прикаже на фирмите како треба да изгледа комплетна тендерска документација подготвена согласно законските прописи и правила.

Учесниците на овој семинар беа детално запознати со процедурата и правилата за правилно користење на електронскиот систем за јавни набавки и е-аукции, со начинот како најбрзо да добијат информација за ново-објавените тендери и како да учествуваат во постапка која се спроведува по електронски пат. Детално беше објаснето што, всушност, претставува електронската аукција и како да се учествува во неа за се` ова да биде заокружено со детално образложение на се` она што го претставува интегралниот електронски систем за јавни набавки како целина. На крајот на овој едукативен настан беше претставена можноста за интервенција од страна на учесниците во постапката за јавни набавки во случај да постојат определени неправилности. Учесниците беа запознати со своите права во постапката и правото на жалба, како истата да се подготви, до кој орган треба да биде поднесена и наводите по кои може да биде истакната. Учесниците се здобија со потребните вештини во иднина успешно и правилно да ја подготват тендерската документација за што им беше издаден и соодветен сертификат.

Анита Митревска

Одржан семинар во Кочани

КАКО ДА СЕ ПРИВЛЕЧЕ КАПИТАЛ ПРЕКУ БЕРЗАТА?

На 20 октомври 2011 година во Хотел „Национал„ во Кочани се одржа презентација на тема: “Финансирање на реалната економија - Како да се привлече капитал за развој преку Берзата?” Оваа презентација е резултат на соработката меѓу Стопанската комора на Македонија и Македонската берза на хартии од вредност АД - Скопје, а во Кочани се одржа во организација на Регионалната комора со седиште во Кочани. Компаниите и претставниците на деловните банки од регионот беа запознати со можноста од еден ваков, условно кажано, алтернативен начин на финансирање на нивниот развој, а беа запознати и со придобивките од котирање на Берзата. Пред присутните компании свое обраќање имаа Елена Јакимовска Петровска, извршен директор на Македонската берза и Евита Иванова, советник на Управата на Македонската берза.

Кирил Ковачев

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 9: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

БАНКАРСТВО Охридска банка, Societe Generale

Group го постигна цензусот

ВО КЛУБОТ НА ГОЛЕМИТЕ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА

- Од јуни годинава Охридска банка, Societe Generale Group, се придружи на семејството големи банки со актива од 24 милијарди денари, - соопшти на средбата со новинарите претседателот на Управниот одбор на Банката, Јитка Пантучкова, која истовремено е и потпретседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. Досега овој критериум го исполнуваа Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка.

Банката во првата половина од годината бележи раст во сите сегменти - и во кредитирањето и депозитите и пазарниот удел и најавува проширување на понудата. Наскоро Охридска банка, Societe Generale Group ќе ја лансира Виза картичката и производ од областа на осигурувањето. - Инвестицијата на Societe Gen-erale во Македонија е долгорочна и идејата е да го поддржува локалниот развој, локалниот бизнис, но и приближувањето на Македонија кон ЕУ, - нагласи Јитка Пантучкова. Директорот на мрежата на банки на Societe Generale за Европа и претседател на Надзорниот одбор на Охридска банка, Дидие Колин, порача дека Societe Generale како групација е горда што е присутна во Македонија и оти нивното присуство има темелно значење.

- Тука сме да го поддржиме бизнисот. Задоволни сме од стратегијата за трошоци што се применува тука и задоволни сме што Societe Generale

преку Охридска банка е активна не само во земјата, туку и на Балканот. Со оваа поддршка ќе продолжиме и во иднина, - рече Колин. Од Банката најавија учество во новата кредитна линија од Европската инвестициска банка наменета за мали и средни претпријатија. Очекуваат да почне исплатата на првите проекти од крајот на ноември. Охридска банка учествуваше и во пласирањето на претходната кредитна линија од 100 милиони евра, од кои преку оваа банка се поддржани 20-тина проекти со 8 милиони евра. Во однос на изложеноста на So-ciete Generale кон грчкиот долг, Колин истакна дека нивната изложеност е маргинален дел од вкупната изложеност на групацијата и оти од тој аспект овој долг и изложеноста е едноставна за управување и оти генерално нема да има никакви последици врз групацијата. -Од почетокот на финансиската криза банката посебно обрна внимание и ги „стегна“ трошоците. Успеавме да постигнеме одлични резултати со намалени трошоци во сите сегменти на банкарското работење, - подвлече Јитка Пантучкова.

Халкбанк АД - Скопје со нови специјализирани финансиски

решенија

ПАКЕТ ЗА ПЗО, АДВОКАТИ, НОТАРИ,ИЗВРШИТЕЛИ И СМЕТКОВОДСТВЕНИ

БИРОА

Халкбанк АД - Скопје ги разбира потребите на секоја професија поединечно и затоа воведе специјализирани финансиски решенија за приватни здравствени организации, адвокати, нотари, извршители и сметководители. Со овој пакет производи Халкбанк oвозможува финансирање на обртни средства, инвестиции во основни средства, рефинансирање на кредити во други банки и/или финансиски институции и многу други погодности. Со овој пакет Халкбанк продолжува да го проширува својот спектар на кредитни производи и воедно им нуди на физички и правни лица одлични услови за постигнување на своите сегашни и идни амбиции. Кредитниот пакет нуди разновидни кредити; микро кредит со мошне поволна номинална годишна каматна стапка определена на 9,5% за кредити чиј износ достигнуваат до

1.000. 000 МКД со рок на отплата до 36 месеци; мал кредит со мошне поволна номинална годишна каматната стапка определена на 9% за кредити чиј износ достигнува до 50.000 евра со рок на отплата до 60 месеци. Како дел од специјализираните финансиски решенија Халкбанк исто така им нуди специјален кредитен пакет на сопствениците и вработените во овој тип организации; потрошувачки кредит, станбен кредит, автомобилски кредит, кредит со депозит, ЕКО-кредит и кредитни картички по најповолни каматни стапки и рокови на отплата, – соопштуваат од Банката.

Наградна игра на Комерцијална банка

„СО МАЕСТРО И МАСТЕРКАРДДО ПАТУВАЊЕ ОД СОНИШТАТА“

Комерцијална банка АД - Скопје започна наградна игра “Со маестро и мастеркард до патување од соништата”. Во наградната игра можат да учествуваат сите иматели на платежните картички од програмата на Мастеркард и Маестро издадени од Комерцијална банка (Маестро дебитна, Мастеркард Стандард кредитна, Мастеркард Риволвинг кредитна, Мастеркард ко-брендинг кредитна, Мастеркард домашна кредитна картичка и Мастеркард меѓународна кредитна картичка). Учесниците во наградната игра за секои 4.000 денари искнижени како промет во трговија со која било од наведените картички добиваат шанса повеќе за учество во наградната игра.

Главната награда е вредносен ваучер за двајца во вредност од 100.000 денари за патување од соништата во периодот од 1.3.2012 до 30.9.2012 година. Ќе бидат доделени уште и еден лаптоп, 18 дигитални фотоапарати и 100 ранци брендирани со логото на Мастеркард.

Page 10: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА Семинар за менаџирање со ризикот

од хемикалии во Македонија ЗАКОНОТ ЗА ХЕМИКАЛИИ ЌЕ СЕ

ПРИМЕНУВАПОСТАПНО И НЕМА ДА НАПРАВИ

ШТЕТИ НА КОМПАНИИТЕ

Адаптацијата и примената на Законот за хемикалии и неговите одредби ќе биде постепена и нема да се направи штета на никој. Ако сега се применат одредбите, тоа значи дека некои погони за производство на хемикалии ќе бидат затворени веднаш. Тоа значи дека дел од производството на медицинска пластика која се користи би била забранета.

Ова го истакна директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев, на семинарот на тема: „Систем на менаџирање со ризикот од хемикалии во Македонија во согласност со европското законодавство“. Семинарот се одржа во организација на Бирото за лекови во соработка со Стопанската комора на Македонија (27.10.2011 година). Новиот Закон за хемикалии, донесен пред една година ги имплементира најновите европски директиви т.н. Reach и правила за однесување со хемикалиите. Според Илчо Захариев, изненадувачки ќе биде кога ќе се види дека некои супстанци кои биле користени во секојдневната пракса веќе нема да постојат и ќе се знае во каква амбалажа ќе биде пакувањето на лековите, на прехранбените производи итн. - Живата веќе ќе ја нема во термометрите, во тонометрите,

во апаратите за притисок итн. и индустријата мора да направи таква технологија за производство на хемикалии каде нема да има шанси да дојде до контаминација. Амбалажата мора да биде специфична, а уништувањето по строги правила и прописи, - посочи Захариев. Тој истакна дека има 25.000 хемикалии кои можат да бидат опасни по здравјето на човекот, животните и животната средина, а нивното уништување е специфично во Европа бидејќи крајна цел е тие да не дојдат до животната средина, да не дојде до контаминација на почвата, воздухот и водата и да го заштитиме здравјето на населението. Околу 15 подзаконски акти од Законот се донесени и тој се имплементира. - Критериумите се строги. Имплементацијата на Законот за хемикалии на Европа годишно и` носи штета околу 30 милијарди евра и затоа тие направија продолжена примена и целосна имплементација на Законот која ќе биде до 2017 година. Металургијата, рударството, хемиската, фармацевтската, текстилната индустрија, термоцентралите користат многу хемикалии. Ризикот од нив е секаде присутен, - додаде Захариев. На семинарот учествуваа претставници на хемиската, фамрацевтската и прехранбената индустрија, трговијата со хемикалии итн.

Комисијата за управување со отпад од пакување

ЗАЕДНИЧКА КООРДИНИРАНА АКЦИЈАЗА ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Комисијата за управување со отпад од пакување ја одржа првата седница со која претседаваше министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми (27.10.2011 година). Комисијата е формирана во август од страна на Владата заради следење на состојбите со управување со отпад од пакување. Македонија во делот со управување на отпадот од пакување го има усогласено законодавството со европското. - Искуството што го имаме со законот за управуавање со отпад од пакување е големо и тоа ќе ни служи за спроведување на другите закони, како што се законите за управување со отпад од акумулатори и од батерии и за управување со отпад од електронска и

електрична опрема кој е во собраниска процедура, рече Адеми, а пренесува МИА.

Ресорниот министер информира дека покрај „Пакомак“, која засега е единствена компанија со лиценца за управување со отпад од пакување, во постапка се и други за добивање дозволи. Појасни дека компанијата која сака да добие дозвола на почеток треба да приложи договори дека на почетокот се обврзува да собере 10 отсто од целиот отпад од пакување кој се создава во Република Македонија, а за следната година како цел да има собирање на 30 отсто. - Во Македонија моментално се создава 100 илјади тони отпад од пакување и секоја компанија сега треба да приложи дека на почеток може да собере 10 тони од овој отпад, изјави Адеми, додавајќи дека оние што нема да го почитуваат Законот ќе плаќаат казни. Потпретседателот на Асоцијацијата за рециклатори и отпадни суровини при Стопанската комора на Македонија, Васил Гацевски, смета дека најскапа работа во овој вид отпад е собирната функција. Според него, основните проблеми лежат во фазата на собирање, додека селектирањето и балирањето зависат квалитетот на собраниот отпад. - Целите на Законот се многу јасни, тоа е заштита на животната средина, да не дозволиме пластиката да плива по реките и да се наоѓа по улиците, а тоа може да се оствари само со заедничка координирана акција на сите одговорни, рече Гацевски. Тој нагласи дека во земјава има капацитети за рециклирање на хартија и пластика, но оти за стакло нема и во моментот тоа е проблем, бидејќи, како што рече, транспортот е скап и не е исплатливо. - За стаклото може да се најде решение бидејќи тоа е одличен материјал за тампон за патишта и тука може да најде место, истакна Гацевски.

Page 11: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА

Стопанска делегација од областа на земјоделството од провинцијата

Анхуи од НР Кина во посета на земјава

НА ПОВИДОК ИЗВОЗ НА ВИНО И СОРАБОТКА

ВО ОБЛАСТА НА ЖИТНИТЕ КУЛТУРИ

Од 23 до 26 октомври годинава во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Амбасадата на Народна Република Кина во земјава, беше остварена официјална и деловна посета од страна на делегација од провинцијата Анхуи. Делегацијата од Кина беше од областа на земјоделството и беше составена од претставници на Anhui Huai Xiang Industry & Trade Group Co и Anhui Yanzhifang Food Co, водечки компании во делот на житните култури, како и претставници од истата компанија во делот за увоз на вино. Притоа, беше направена студиска посета на јужниот регион и делегацијата се запозна со можностите и потенцијалите на земјоделскиот сектор, беа направени и посети на домашни фирми меѓу кои на „Агрокор“ и винарниците „Далвина“ и „Попова кула“. Воедно, беа посетени кочанскиот и валандовскиот регион, а делегацијата се запозна со постојните преработувачки капацитети и можноста за проширување на соработката со нив.

Последниот ден од престојот на кинеската делегација, на покана на ресорното Министерство, претставници од Стопанската комора на Македонија остварија контакт и беше направена и презентација на фирми од агросекторот. За „Сковин“ од Скопје, „Тиквеш“ од Кавадарци и „Жито Вардар“ - Велес кинеските гости изразија интерес за соработка, пред се`, во областа на виното и житните култури. Воедно, на средбата беше договорено со посредство на Стопанската комора на Македонија и ресорното Министерство, да се продолжат веќе воспоставените

контакти и да се оствари договорената соработка во агросекторот, пред се` извоз на виното, како и соработка во делот на житните култури.

Васко Ристовски

ПИ „Витаминка“ од Прилеп„ЦЕВИТАНА“ И „ВИТАНЕЗ“

ПРОГЛАСЕНИ ЗА SUPERBRANDS

Производите „Цевитана“ и „Витанез“ на „Витаминка“ од Прилеп се прогласени за Superbrands за 2011/2012 година. Признанието од компанијата го оценуваат како верификација на напорите да се произведуваат квалитетни производи по достапна цена, а со него двата производа се вбројуваат во групата на брендови од оваа фабрика што веќе ја имаат ознаката Superbrands. - Прогласувањето на „Цевитана“ и „Витанез“ за Superbrends е доказ дека нашето повеќегодишно вложување во производството и технологијата има позитивен ефект и е единствен начин да се добие квалитетен производ. Тоа што потрошувачите ги препознаваат и избираат токму нашите производи е доволна награда за нас, а признанието Superbrends, само ја заокружува приказната за „Витаминка“, како фабрика која прави производи со одличен квалитет, препознатливи и барани на пазарот, изјави комерцијалниот директор на „Витаминка, Владимир Трпаноски, а го цитира МИА. „Витанез“ е мајонез кој 20 години е присутен на пазарот, а „Цевитана“ е инстант прашок за подготовка на освежителен витамински напиток со девет витамини.

Национална награда за општествена одговорност за 11 претпријатија

НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ДОБИТНИЦИ – ЧЛЕНКИ НА

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Единаесет големи, средни и мали претпријатија од Министерството за економија добија национална награда за општествена одговорност за проекти спроведени во 2010 година преку кои покажале позитивни практики на општествено одговорно делување во пет категории, а 26 беа наградени со плакета за постигнување во таа област. Наградените се избрани во

конкуренција на 63 проекти од 38 компании, доставени на конкурсот што го распиша Министерството за економија, преку проектот „Општествена одговорност на претпријатијата во Македонија“, кофинансиран од Европската унија. Кај големите претпријатија, награда во категоријата односи со вработените добија „Македонски телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“ за Проектот „САП Модул“ и „Џонсон контролс Македонија“ за „Зголемување на задоволството на вработените“. Кај малите и средните претпријатија таа награда не беше доделена. Во категоријата етичко управување кај големите фирми наградата му припадна на „Алкалоид“ АД - Скопје за Проектот „FriWild стандард - круна на 75 годишна традиција на високи вредности“, а кај малите и средните претпријатија „Фармахем“ - Скопје за Проектот „Транспарнетност на менаџментот и вклученост на вработените во носење одлуки“. Стручното жири за категоријата однос со добавувачи и потрошувачи ги награди „Фени индустри“ АД за Проектот „Транспранетни и фер-набавки“, како и „Дониа“ ДОО за „Е-истражување на пазар“. Во категоријата животна средина наградени се Цементарница „УСЈЕ“ АД за „Биодиверзитет на вештачките езерца„ и „Адора инжинеринг“ ДООЕЛ за „Заедно ја градиме иднината“. Најдобра општествена одговорност преку вложување во заедницата практицирале АД „Електрани на Македонија“ со Проектот „Декларација за општествена одговроност/ донација на оперативен микроскоп за уво, нос и грло“ и „Македонски телеком“ АД за „5 Радио драми“, како и ТТК Банка АД за Проектот „ТТК Банка во поддршка на заедницата“. Плакети за постигнувања во општествената одговорност кај големите фирми добија Цементарница „УСЈЕ“ за Проектот „Безбедност и здравје за нашите вработени“ , ЕВН Македонија АД за Проектот „Едукација на корисниците за енергетска ефиканост“, како и Пивара Скопје, Фени Индустри, Прокредит Банка... Министерот за економија Ваљон Сарачини на доделувањето на наградите истакна дека за промоцијата на концептот на општествената одговорност се` повеќе има интерес и на македонско тло, не само кај деловните субјекти, туку и кај јавниот и граѓанскиот сектор, пошироката јавност и медиумите.

Page 12: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Европска недела за безбедност и

здравје при работаСО ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА

РАБОТНИЦИТЕНАЈГОЛЕМ ЌАР ИМААТ

РАБОТОДАВАЧИТЕ!

Република Македонија сериозно вложува во подобрување на статусот на работниците и квалитетот на активностите на компаниите, истакнал министерот за труд и социјална политикаСпиро Ристовски, на одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа, што ја организира Македонското здружение за безбедност при работа. - Државата ги имплементира сите потребни директиви што ги носи Европската унија и оти истовремено се вршат зголемени надзори врз компаниите за обезбедување минимум услови потребни за поголемо здравје и безбедност при работа на вработените, - нагласил Ристовски, а пренесува МИА. Претседателот на Македонското здружение за безбедност при работа Милан Петковски истакнал дека во Македонија постојат фирми кои достигнале светски стандарди за работа, но оти има и такви кои работат под тие стандарди. - Треба многу да се работи за подигање на свеста и особено да се зборува на јазикот на кој зборуваат менаџерите, јазикот на парите.Сите несреќи на работа не влијаат само на повредениот, тие многу влијаат врз работодавачот и менаџерот.Тој директно ги сноси последиците од неработење или немање стручен кадар или од издатоци поврзни со несреќата.Ако некој во просек зема 12.000 денари и е отсутен од работа три месеци или подолго работодавачот би платил околу 120.000 денари непредвидени трошоци.Ова кажува многу за тоа колку треба да посветат внимание работодавачите при заштитата на здравјето.

Годинава имало девет жртви на работно место, кои се во приватниот сектор. - За поголем дел од случаите се изречени казни, а за останатите постапката е во тек, рекол ресорниот министер, додавајќи дека во најголем процент несреќите настануваат поради невнимание на работниците. Последните објавени податоци на Еуростат од 2006 година кога во Македонија имало четири жртви на работно место на 300 илјади вработени, во Словенија имало 149, во Шведска 115, а Германија 95 на 100 илјади вработени. - Од почетокот на 2011 година до септември извршени се 10.105 инспекциски надзори, донесени се 3.756 решенија за отстранување на утврдени недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа, при што се донесени 112 решенија за забрана за работа и 127 барања за поведување на прекршочна постапка, 166 мандатни казни и осум кривични пријави, - информирал Ристовски. За непочитување на законските одредби се предвидени глоби и привремени мерки, од забрана на вршење на дејноста до отстранување на извесни корекции кои треба да ги предвиди и реализира соодветниот работодавач, за да може да продолжи со вршење на дејноста.Доколку и по корекциите и сугестиите продолжат да работат необезбедени тогаш се извлекуваат глоби, но може да се затвори и работата на субјектот. - Само со целосна примена на законите и успешни инспекциски надзори над примената на законите и подзаконските акти од трудовото законодавство се гаранција за добра економска клима, за добри услови на пазарот на трудот, како и за безбедна работа на вработените на своите работни места.Имплементацијата и усогласувањето со условите за безбедност и здравје при работа е одговорност на работодавачите, а користењето на системски пристап во управувањето со безбедноста и здравјето при работа во едно претпријатие обезбедува постојано проценување и подобрување на нивото на заштита и превенција, - рекол министерот Ристовски.

Македонското кредитно биро стана сигурен партнер на бизнис-

заедницата и граѓанитеФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА

РАСТЕ, РИЗИЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО СЕ` ПОМАЛИ

Македонското кредитно биро (МКБ) веќе се етаблира како сигурен партнер за своите членки.Во изминатите 10 месеци откако профункционира, има издадено 23.000 известувања за обврските на правните и физичките лица.Резултатите од неговото работење се валоризираат. Тоа го покажува и извештајот „Дуинг бизнис“ на Светската банка каде што Македонија по индикаторот „одобрување кредит и пристап до кредитни ифнормации“ бележи искачување за 21 место.

- Досега Македонија редовно губеше неколку позиции токму заради непостоењето приватно кредитно биро и во досегашните извештаи секогаш се вреднуваше само според податоците на Кредитниот регистар.Тоа беше мотивот Владата да го иницира основањето на Кредитното биро, а потоа таа задача им ја препушти на банките, рече директорот на МКБ, Славица Богоева на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија. Според неа, МКБ делува како систем за намалување на ризикот во работењето и зголемување на финансиската дисциплина.Тоа придонесува да се подобрат вкупните услови за водење бизнис што, пак, ќе и` помогне на државата да се промовира како посигурна инвестициска дестинација. Македонското кредитно биро моментно брои 94 членки од сите економски сфери.Меѓу нив има банки,

Page 13: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

осигурителни и лизинг-компании, комунални претпријатија. - Членките на МКБ се` повеќе му ја даваат довербата и ги користат неговите податоци за да донесуваат посигурни деловни одлуки, - истакна Богоева.

До крајот на првата половина од 2012 година

ЕЛЕКТРОНСКИ КАТАСТАР ВО СИТЕ ГРАДОВИ

Реформите и обврската за електронски катастар во целата држава била меѓу темите на седницата на Економcкиот совет со која претседавaл премиерот Никола Груевски (24.10.2011 година). Директорот на Агенцијата за катастар за недвижности Љупчо Георгиевски изјавил за медиумите дека приоритетна задача што катастарот ја добил од Владата е што поскоро да го воведе електронскиот катастар на целата територија на Македонија, кој засега е имплементиран во Скопје и во уште 13 градови.

- До крајот на јуни 2012 година мора да биде воведен во сите градови каде што има катастарски одделенија. Граѓаните кои имаат недвижности, доколку живеат во Скопје, а сакаат да извадат имотен лист за катастарска парцела која се наоѓа во друга општина, тоа може да го направат во Скопје или обратно. Тоа беше еден од приоритетите што Агенцијата мора да ги заврши до крајот на јуни, рекол Георгиевски, а пренесува МИА. Тој ги повика приватните геодетски фирми и нотарските канцеларии да го користат електронскиот шалтер, односно аплицирањето и сите трансакции да се вршат по електронски пат и без доаѓање во катастарот да се префрли недвижност од еден на друг сопственик. На тој начин ќе се намали и метежот во катастарските одделенија. - Во овој момент ваквата привилегија се користи најмногу во Скопје, иако може да се применува и во другите 13 градови каде што е воведен електронскиот катастар.Го користат 11 нотарски канцеларии и 13 геодетски фирми. Затоа апелирам

да се приклучат што повеќе, зашто тоа е многу едноставно, - додал Георгиевски.

Почна изградбата на трговски центар во Петровец

ИТАЛИЈАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА

Со поставување камен-темелник во општина Петровец почна изградба на мултифункционален трговски центар, инвестиција на италијанската групација „Еуроиталија“ во вредност од 10 милиони евра. Деловниот објект ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри и треба да овозможи 100 нови работни места. Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, како што пренесува МИА, истакнал дека италијанската инвестиција е значајна за натамошниот развој на општина Петровец. Покрај 10-те милиони евра што ќе бидат вложени и 100-те нови работни места, особено е значајно што ќе се создадат можности за трговија во општината, но и предуслови за развој на трговски активности и размена со Градот Скопје. Трговскиот центар во Петровец е втора инвестиција на италијанската групација во државава. - Владата останува посветена на реформите и на натамошно подобрување на бизнис-климата за привлекување што повеќе инвестиции, што во наредниот период треба да овозможи поголем економски развој, намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард на граѓаните, - истакна Пешевски. Алберто де Лука, еден од инвеститорите на трговскиот центар, најави отисо оваа градба само се означува почетокот на плановите за инвестирање што ги има групацијата во Македонија. - Веруваме во Македонија како млада држава во која ќе наидеме на одличен прием и од граѓаните, - наведе де Лука. Следната нивна конкретна инвестиција, според градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, веќе се официјализира. Италијанските инвеститори веќе купиле парцела со површина од 6.000 метри квадратни во Катланово на која ќе градат објект со вкупна површина од 27.000 метри квадратни. Изведувач на градежните работи на мултифункционалниот трговски центар во Петровец е компанијата „Ники градба“.

Објавен повик за користење финансии од 5.компонента на ИПАРД-Програмата 2007-2013

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРЕТПРИСТАПНАТА ПОМОШ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ ДО 9

ДЕКЕМВРИ

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави 5. јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија. Целта на ИПАРД-Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ и постигнување одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Финансиските средства од ИПАРД-Програмата 2007-2013 се наменети за мерките за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската унија, за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Огласот ќе трае 45 дена, до 9 декември годинава. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД-Програмата 2007-2013 може да се преземат на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk, како и лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање

Page 14: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Меморандум за разбирање меѓу МЕПСО и КОСТ

ЧЕТИРИСТОТИНИ КИЛОВОЛТНА ИНТЕРКОНЕКЦИЈА

МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО

М а к е д о н с к и о т електропреносен систем оператор МЕПСО и косовскиот КОСТ наскоро ќе се поврзат со 400-киловолтен далновод. Тоа го овозможува Меморандумот за разбирање што го потпишаа Дејан Бошковски, генералниот директор на МЕПСО и Фадил Исмајли, генерален извршен менаџер на КОСТ (20.10.2011 година).

Со потпишувањето на Меморандумот се унапредуваат и продлабочуваат односите меѓу двете електроенергетски компании и оперативно се создаваат предуслови за отпочнување на цел сет постапки кои претходат на реализацијата на 400-киловолтното далноводно поврзување меѓу ТС Скопје 5 и ТС Косово. - Овој проект е приоритет и на двете компании заради тоа што има билатерално и регионално значење.Билатерално, ќе го зголеми протокот на енергија и ќе го зголеми капацитетот за пренос на електрична енергија.Регионалното значење на новата интерконекција е во тоа што ќе ја зголеми стабилноста и доверливоста на регионалниот електроенергетски систем, велат од МЕПСО. Оваа 400-киловолтна интерконекција се наоѓа на листата на проекти во Студијата за развој на преносна мрежа на МЕПСО. - Во рамки на Меморандумот

двете страни се согласија на интензивирање на активностите за поставување оптички кабел на трасата на далноводот што ги поврзува системите. Покра тоа, двете страни се согласни да ги споделат работните искуства и добрите практики, а и да воведат и креираат механизам за редовна размена на информации на билатерално и на регионално ниво, нагласуваат од МЕПСО. Се дефинираат, посочуваат, и мерки за натамошно подобрување на соработката во електроенергетскиот сектор, а страните се согласуваат во иднина да разменат информации и за развојот на своите електроенергетски политики, процесите на либерализација на пазарот на електрична енергија и хармонизација на своите правни и регулаторни рамки со директивите на Европската унија.

Од 30 октомври редовни авионски летови на релација Скопје – Рим

„БЛУ-ЕКСПРЕС“ СО ДВА НИСКОБУЏЕТНИ ЛЕТА ВО НЕДЕЛАТА

Италијанската авиокомпанија „Блу-експрес“ која обезбедува нискобуџетни летови и е во сопственост на „Блу Панорама Ерлајнс“ од 30.овој месец почнува со редовни авионски летови на релација Скопје - Рим. Како што соопштува Амбасадата на Италија во Скопје, летовите ќе се реализираат два пати неделно, во четврток и во недела со авиони „Боинг“ 737/300 и 737/400.

Летот од Рим за Скопје ќе биде во 11:00 часот од аеродромот „Фјумичино“, а пристигнувањето е во 12,40часот. Летот од Скопје за Рим е во 13,15 часот, а пристигнувањето на „Фјумичино“ е во 14,55 часот. - По подолг временски период на нередовна авионска врска, а во одделни периоди и целосно отсуство на директна авиолинија меѓу Македонија и Италија, сега двете земји ќе бидат повторно авионски поврзани.

Со редовните авионски летови, Скопје и Рим ќе бидат на растојание од околу час и половина што сигурно позитивно ќе влијае врз унапредувањето на туризмот и економската соработка меѓу двете пријателски земји, наведуваат од италијанската Амбасада. Од пред неколку недели во функција е и директната авионска линија Скопје - Венеција.

Хрватски „Атлантик Груп“ ја зацврстува позицијата на

македонскиот пазарПЛАНОВИ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ

ГОДИШНИОТ ОБРТ ОД 23 МИЛИОНИ ЕВРА

Групацијата „Атлантик“ од Хрватска една од водечките прехранбени компании во регионот, производител и дистрибутер на познатите брендови Аргета, Баркафе, Цедевита, Гранд кафе, Најлепше жеље, Смоки, ја зацрвстува својата позиција на македонскиот пазар. Досега беа застапени со својата дистрибутивна компанија „Атлантик трејд“ – Скопје, но по минатогодишната аквизиција на „Дрога Колинска“ за 243 милиони евра, што беше најголемото преземање лани во цела средноисточна и југоисточна Европа, сега се присутни и преку оваа компанија. „Атлантик Груп“ вработува вкупно 4.300 лица, од кои околу 150 во земјава. Само минатата година компанијата остварила 635 милиони евра годишен приход.Менаџерскиот тим е особено задоволен од финансиските резултати во Макeдонија кои достигнуваат 23 милиони евра вкупен годишен приход. - Засега не планираме да купиме производствен погон во Македонија, но предвидуваме да го збогатиме портфолиото на погонот за производство на кафе тука, во земјава, истакнала директорката за корпоративни комуникации, Габријела Касаповиќ на средба со новинари, а пренесува МИА. „Атлантик Груп“ е водечки

ИНФОПУЛ

Page 15: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

ИНФОПУЛ европски производител на храна за спортисти со познатиот бренд „Мултипауер“, најголем производител на додатоци во исхраната во регионот преку линијата „Диетфарм“ и истакнат производител на препарати за лична нега. Воедно, компанијата е водечки дистрибутер на стока за широка потрошувачка во ЈИЕ. Дистрибуциското портфолио на „Атлантик Груп“ ги вклучува и светските премиум брендови на познати производители меѓу кои Wrig-ley, Fererro, Hipp и Johnson&Johnson.

ТВ спотот „Macedonia Timeless - Food“ со меѓународно признание на

фестивал во ХрватскаИМПРЕСИВЕН ПРИКАЗ НА

ТУРИСТИЧКИТЕВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНИЈА

Телевизискиот спот „Mac-edonia Timeless - Food“ доби посебно меѓународно признание за „Импресивен приказ на туристичките вредности на Македонија“ на Фестивалот на туристички филмови во Солин, Хрватска. Од вкупно пријавени 272 филма со туристичка, документарна, промотивна, културолошка, религиозна и еколошка тематика, номинирани беа 80 филмови, од кои 55 странски и 25 од Хрватска.

О в а меѓународно признание за „Импресивен приказ на туристичките вредности на Македонија“ е втора награда од меѓународен карактер за ТВ-спотот „Macedonia Timeless - Food“, што е дополнителна потврда за соодветната промоција на вредностите на Република Македонија како туристичка дестинација. За ТВ-спотот, „Macedonia Time-less - Food“, агенцијата„Република“, беше наградена и на Меѓународниот

фестивал за туризам во Будва, во категорија ТВ Продукција „Прва награда за ТВ-спот“. Меѓународниот фестивал на туристички филмови, се одржа од 12 до 14 октомври 2011 година, во Солин, Хрватска.

СТАТИСТИКА

Преработувачка индустрија

ПРОИЗВОДСТВОТО ОПАЃА, ОЧЕКУВАЊАТА НА МЕНАЏЕРИТЕ

ЗА НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ НЕПОВОЛНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во септември 2011 година исто како и во претходниот месец, а поповолна во однос на септември 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во септември 2011 година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се исти како и во претходниот месец. Во септември 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата.Залихите на готовите производи во септември 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2011 година изнесува 62,7% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во септември 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 19,9%, недоволната домашна побарувачка со 18,7%, финансиските проблеми со 13,1% и неизвесното економско опкружување со 7,7%.

Користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци

ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА И НАТАМУ ЗАНЕМАРЛИВА

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2011 година, 55,0% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 8,9 процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2010 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 37,2% во 2010 година, на 42,1% во 2011 година. Во набљудуваниот период, најзастапено поврзување на интернет, кај 46,5% од домаќинствата со интернет пристап, е широкопојасното поврзување кое вклучува: фиксно жично (кабел, фибер, Ethernet, PLC итн.), фиксно безжично (сателит, јавен WiFi, WiMax) и мобилно поврзување на интернет (најмалку 3G телефон - UMTS или најмалку 3G модем - USB/картичка за лаптоп). Во првото тримесечје од 2011 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 58,9%, додека интернет користеле 56,7%. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96,6%. Најчесто, 82,9% од корисниците на интернет во последните 3 месеци, користеле интернет за учество на социјални мрежи (например, креирање кориснички профил, праќање пораки или други содржини на фејсбук, твитер, итн.). Во првото тримесечје од 2011, само 4,1% од корисниците на интернет кои кога било употребиле интернет, направиле нарачки преку интернет за купување на стоки/услуги за лична намена, додека 6,7% тоа го направиле во последните 12 месеци, најмногу за купување на облека или спортска опрема (20,4%) . Од лицата кои користеле интернет во последните 12 месеци, 22,2% користеле услуги на е-влада и тоа за: добивање информации (18,2%), симнување на официјални формулари (11,2%) од веб-страниците на јавната власт/администрацијата, испраќање на пополнети формулари до веб-страниците на јавната власт/администрацијата (7,4%). Обука или курсеви (од најмалку 3 часа) од кој било аспект на употреба на компјутер, во последните 3 години, имале 14,2% од лицата кои кога било користеле компјутер, 21,5% имале обука пред 3 години, додека преостанатите (64,2%)немале никаква обука. Главна причина за непосетување курсеви за компјутер, кај 67,8%, била немањето потреба од нив бидејќи нивните компјутерски вештини биле задоволувачки.

Page 16: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Локална агенција за развој од Струга

ПРЕКУГРАНИЧЕН ПРОЕКТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЖЕНИ ОД СТРУГА,

ВЕВЧАНИ И ОД ПОДГРАДЕЦ

Во организација на Локалната агенција за развој од Струга започна обуката за навработени жени од Струга и Вевчани. Обуките кои ќе бидат во серија, се дел од проектот насловен како „Женска прекугранична соработка за промени“ кој ќе се имплементира во пограничниот регион на Македонија и на Албанија. Проектот ќе се реализира во наредните два месеца, преку вкупно 12 обуки и ќе има за цел младите невработени жени од пограничниот регион на Македонија и Албанија да станат

конкурентни на пазарот на труд преку зајакнување на лидерски и комуникациски вештини. Предвидени се, информриа Јасминка Попоска од ЛАР од Струга, и разни наменски обуки, студиски патувања и прекугранични средби. - Имавме обука за комуникациски, за презентациски и за лидерски вештини, а ќе имаме и обука за финансиска работа, на правење интервју, да знаеш да пристапиш при првото вработување и она што е најважно ќе учиме како да започеме сопствен бизнис, рече една од учесничките во Проектот, а пренесува МИА. Обуките ги изведуваат стручни лица и експерти од различните области предвидени со самиот проект. Активностите треба да придонесат и за зајакнување на прекуграничната соработка на три нивоа. Првото е соработка меѓу граѓанските организации, второто е воспоставување соработка директно меѓу жените и третото е институционално ниво, во рамките на коешто треба да се постигнеме соработка меѓу претставниците од јавните институции во Струга и Поградец. Проектот е финансиран од ЕУ и поддржан од Програмата за регионален развој на Република Македонија во име на германското федерално Министерство за економска соработка и развој.

До крајот на годината десет стари куќи во Вевчани ќе бидат ревитализирани

ЗАФАТ ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИЗМОТ

Охридскиот завод и музеј заедно со општина Вевчани до крајот на оваа година ќе ревитализраат неколку стари куќи во Вевчани кои ќе го отсликуваат минатото на овој крај познат по богатата и долга традиција на одење на печалба. Куќите во иднина ќе бидат во функција на туризмот, ќе бидат заштитени со закон, т.н. куќи споменици и ќе добијат својство на споменично заштитено добро. - Жителите на Вевчани кои оделе на печалба влијанијата од архитектурата од различни земји ги носеле тука. Токму куќите кои ги ставаме под заштита се градени во тој стил, вели Тања Паскали–Бунташеска, директорка на Заводот и музеј од Охрид, а пренесува МИА. Моментно се работи на елаборатите за валоризација на десет вакви објекти кои ќе добијат статус на заштитени добра.

Според општина Вевчани, уште десетина други објекти кои се надвор од функција со помош на државата или странски донации може да се ревитализираат и во иднина да бидат ставени во функција на развој на туризмот, бидејки постои интерес за такво нешто. Врз објектите може да се изврши санација, но тие треба да го задржат постојниот надворешен изглед. Промени се дозволени само во внатрешноста, а можат да бидат и пренаменети и да се користат за угостителство. Пренамената не смее да ја наруши архитектурата на објектот.

Општина Крива Паланка се вклучи во прекуграничниот проект „Туризам без

граници“ИНФОТЕРМИНАЛИ ЗА ЛЕСНО

ПРЕБАРУВАЊЕ НА ЗНАМЕНИТОСТИТЕ

Примена на иновативен пристап за промоција на културни, историски и природни знаменитости во прекуграничниот регион во развој на туризмот и економијата, социјалната интеграција и меѓународната економска и културна интеграција, е целта на

прекуграничниот проект „Туризам без граници“ во кој се вклучија македонските општини Крива Паланка и Штип, како копартнери на бугарската општина Ќустендил. Во тек на проектот ќе се постават осум инфо-терминали во Ќустендил, Крива Паланка и во Штип, поврзани во мрежа на специјализиран софтвер. - Системот ќе овозможи пренос на информации од снабдувачите на туристички услуги на вистинските корисници - туристите, истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски. Тој додаде дека инфо-терминалите ќе овозможат лесно пребарување на информации за туристичките знаменитости во регионот, вклучувајќи фотографии и опис. Во Крива Паланка ќе се постават два информатички портали, еден во центарот на градот и еден во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“.

Во Струмица потпишани договори со

невработени лица за почнување бизнисСАМОВРАБОТУВАЊЕ НА 35 ЛИЦА

Во Подрачната единица на Агенцијата за вработување во Струмица денеска беа потпишани договори со 35 невработени лица кои преку проектот за самовработување регистрираа приватни фирми. На нив ќе им бидат исплатени по 185 илјади денари за отпочнување на бизнис. Досега преку овој проект во струмичко се регистрирани околу 200 фирми од областа на занаетчиството, услугите но, и од други дејности. Годинава интересот за самовработување беше голем, но по шестмесечната обука и трите селекции само 35 проекти ја добија

довербата на комисијата, изјави Павлинка Георгиева, раководител во струмичкото одделение на Агенцијата за вработување, а ја цитира МИА. Во Струмица во тек е и конкурсот за пријавување на млади невработени високообразовани лица до 27 години кои во следните три месеци преку ИПА програмата за практиканти ќе имаат можност да работат во некоја од струмичките фирми.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 17: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

И Црна Гора заинтересирана за приклучување кон гасоводот „Јужен

Поток“РУСКИ ФИРМИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ И

МЕТАЛУРШКИОТ СЕКТОР

Црна Гора е заинтересирана за вклучување во проектот за изградба на гасоводот „Јужен Поток“, додека руски компании се подготвени да учествуваат во изгрдаба на хидроцентрали на црногорска територија, се наведува во соопштението

од седницата на Црногорско-руската меѓувладина комисија за трговска, економска и научно-техничка соработка, што деновиве се одржа во Подгорица. За време на седницата шефот на црногорската дипломатија Милан Роќен и рускиот министер за вонредни состојби и цивилна заштита Сергеј Шојгу потпишаа Протокол со кој се регулураат некои од најзначајните прашања за кои се расправаше на ова петто по ред заседание на Меѓувладината комисија. По седницата Роќен нагласи дека Црна Гора би сакала да се приклучи кон гасоводот „Јужен Поток“, доколку за тоа постои можност, додека Шојгу изјави дека руските компании се заинтересирани за инвестирање во црногорскиот енергетски и металуршки сектор. - Постои интерес руски фирми да инвестираат во изградба на хидроцентрали во Црна Гора. Доколку тоа се реализира, Црна Гора ќе стане главен извозник на електрична енергија во регионот, - потенцира Шојгу. Според планот, „Јужен Поток“ ќе почнува од рускиот црноморски брег и преку дното на Црното Море ќе доаѓа до Бугарија од каде ќе се дели на две траси - една преку Грција и Јонското Море до Италија и втора преку Србија, Унгарија и Словенија до Австрија. Предвидени се и краци од „Јужен Поток“ кон Македонија и Хрватска. Интерес за приклучување кон гасоводот најави и Република Српска.

Рускиот министер за вонредни ситуации и цивилна одбрана Сергеј Шојгу при престојот во Подгорица изјави дека договорот за слободна трговија на Русија со Црна Гора и Србија ќе важи и за царинската унија која неговата држава ја има со Белорусија и Казахстан. Шојгу за време на средбата со црногорскиот министер за економија Владимир Кавариќ истакна дека Црна гора, освен Србија, е единствената држава во регионот со која Русија има Договор за слободна трговија. Рускиот министер оцени дека ова ќе биде дополнителен поттик за инвестиции во Црна Гора, бидејќи, како што нагласи, покрај постојните, се отвора и пазарот на сегашните три членки на Царинската унија.

Пропадна приватизацијата на косовската „Поштенска и телекомуникациска

компанија“СОМНЕЖОТ ВО КОРУПЦИСКИ АФЕРИ

ГО СОПРЕ ПРЕЗЕМАЊЕТО

Тендерот за приватизација на косовската „Поштенска и телекомуникациска компанија“ (ПТК) пропадна откако еден од најсериозните потенцијални купувачи „Хрватскиот телеком“ во последен миг ја откажа понудата и во трката остана само „Телеком Австрија“. Како што јави дописникот на МИА, косовската Влада сега треба од почеток да ја почне постапката за приватизација на ПТК, која е најпрофитабилна компанија во Косово со околу еден милион претплатници на мобилната и 100.000 на фиксната телефонија, а нуди и интернет-пристап. Како главна причина за повлекување на „Хрватски телеком“ косовските медиуми ја посочуваат истрагата и сомневањата за корупциски афери во ПТК. „Хрватскиот телеком“ (ХТ) неодамна соопшти дека го преразгледува натамошното учество на тендерот за приватизација на ПТК, поради обвиненијата против менаџери на оваа компанија за корупција. Хрватскиот оператот на мобилна и фиксна телефонија кој е во мнозинска сопственост на „Дојче Телеком“, како и „Телеком Австрија“, во јуни ги исполнија претквалификациските услови за преземање на 75 проценти од ПТК. Но, неколку дена подоцна, ЕУЛЕКС го обвини извршниот директор на ПТК, Шукри Хаџи и уште четири вработени во компанијата за корупција. Тие се товарат за склучување на штетни договори и злоупотреба на својата службена позиција во компанијата. Судскиот процес против менаџерите на

ПТК се` уште не е почнат, а Хаџи ги отфрла обвиненијата. Владата во Приштина очекуваше со продажбата на ПТК да оствари меѓу 300 и 600 милиони евра приход, а тие пари веќе се пресметани во овогодишниот буџет. Приштина се соочува со буџетска криза откако Меѓународниот монетарен фонд стави крај на овогодишниот стенд-бај аранжман во вредност од 108 милиони евра, бидејќи косовската Влада отстапи од договорената програма, зголемувајќи ги платите во јавниот сектор.

„Лидл“ планира да се шири на Балканот ВО СРБИЈА ПРОДАВНИЦИ

ВО 20 ГРАДОВИ

Германскиот дисконтен синџир „Лидл” во моментот во Србија испитува дваесетина локации односно градови во кои планира да отвори свои објекти.

Како што пишува „Блиц”, два града во кои сигурно ќе бидат изградени супер маркети се Нови Сад и Ваљево, во кои засега нема ниту еден поголем трговски објект. Добро упатени извори тврдат дека „Лидл” нема да ги отвора објектите спорадично, бидејќи бизнис политиката на компанијата предвидува најпрво да се купат и опремат локациите, а потоа, речиси истовремено, се отвора цела низа на нивните продавници.

РЕГИОН

Page 18: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Европскиот парламент усвои уредба која ќе се применува ретроактивно од 1 јануари

годинаваРЕЖИМОТ НА БЕСЦАРИНСКИ УВОЗ СО

ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ПРОДОЛЖЕН ДО 2015 ГОДИНА

Европската унија одлучи да го продолжи режимот за слободен увоз на стоки од земјите на Западен Балкан до 2015 година. И Европскиот парламент со усвојувањето на оваа уредба ја потврди одлуката која ќе се применува ретроактивно од 1 јануари оваа година. Европскиот парламент со 605 гласови “за” и 20 “против” ја усвои Резолуцијата со која се потврдува предлогот на Европската комисија за продолжување на овој режим на увоз за над 90 проценти од производите од Западен Балкан. Преференцијалниот статус на производите од Регионот во сегашниот облик е во сила од 2005 година, а се применувал своевремено на сите земји опфатени со процесот на стабилизација и асоцијација (Албанија, Хрватска, БиХ, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија).

Целокупниот западно-балкански извоз во ЕУ претставува помалку од еден процент од вкупниот увоз на земјите од ЕУ. Со оглед на тоа што трговската размена со ЕУ се одвива врз основа на договорите за стабилизација и асоцијација, кои се вградени како дел од аранжманот, пакетот на мерки со повластувања сега се применува само со БиХ, Косово и во Србија. Со тоа се продолжува примената на преференцијалниот статус со што речиси сета стока од земјите на Западен Балкан увезена на пазарот на ЕУ е ослободена од царински давачки, со цел ревитализација на регионалните економии и нивно брзо вклучување во Европа. Тоа би значело дека повеќето производи ќе бидат под преоден трговски режим, а се` уште ќе биде во сила ограничувањето за увоз на одредени “чувствителни производи”, со променети квоти за увоз на вино, шеќер, младо говедско и риба. ЕУ-парламентарците константно ја предупредуваа Комисијата дека целосното отстранување на привилегиите, посебно во време на економска криза, сериозно би го загрозило економското заздравување на земјите од регионот.

Селење на бизнисотКАПИТАЛОТ НА ГРЧКИТЕ КОМПАНИИ ВО

БУГАРИЈАПРОЦЕНЕТ НА 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

`Околу 2.000 грчки фирми го префрлија работењето во Бугарија во последните две години поради сериозната криза во таа земја, изјави бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков. Тој додаде дека покрај фирмите, голем број грчки државјани вложиле пари во бугарските банки, така што приливот на капитал од Грција во Бугарија достигна милијарда евра. - Сега се стекнува впечаток дека на Грците им е потешко, а тоа нам многу ни помага како Влада, - изјави Ѓанков. Бугарскиот минситер во интервју за германскиот дневник „Ди велт“, нагласи дека грчката финансиска и економска криза позитивно влијае на Бугарија. Ѓанков рече дека Бугарите поради зачувување на нивото на долгот на најниското ниво во Европа (16 отсто БДП за 2010 година), со години им завидувале на грчките соседи заради високиот животен стандард. - Сега Бугарија служи како засолниште на компаниите, инвеститорите и грчкиот капитал, истакна бугарскиот министер. Според Интернет-сајтот GreekRe-porter.com, капиталот на грчките компании и во Бугарија се проценува на околу три милијарди евра со новоотворените 100.000 работни места. На тој грчки сајт се наведува дека нивните компании го напуштаа родниот пазар и се селат со својот бизнис во Бугарија каде што трошоците на работната сила се четири пати поевтини. Се очекува до крајот на 2011 година уште 800 грчки фирми да го преселат бизнисот во Бугарија.

Трговскиот аташе при грчката Амбасада во Софија, Јаоана Јанару изјави дека Бугарија е дестинација број еден за фирмите од Грција во текот на последните десет години. - Тие доаѓаат во Бугарија заради ниското ниво на кооперативно оданочување од десет проценти, како и заради брзата и лесна процедура на отпочнување нов бизнис во Бугарија, - нагласи Јанару.

Барак Обама ги потпиша спогодбите за слободна трговија со Јужна Кореја, Панама

и со Колумбија АМЕРИКАНСКИОТ ИЗВОЗ ЌЕ СЕ

ЗГОЛЕМИ ЗА 13 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Претседателот на САД Барак Обама ги потпиша трговските спогодби со Јужна Кореја, Панама и Колумбија, завршувајќи ги долготрајните преговори, пренесоа светските агенции. Трите спогодби за слободна трговија неодамна беа ратификувани од Конгресот на САД и се очекуваше само потписот на Обама, за тие да влезат во сила.

Предвидено е задоцнетите спогодби да го зголемат годишниот извоз на САД за околу 13 милијарди САД долари и да создадат нови работни места во земјата. Конкретно тоа ќе се случи преку зачително намалување или целосно укинување на царините за американските производители. Според аналитичарите, најголема корист ќе донесе спогодбата со Јужна Кореја, 13-та економија во светот (со годишен бруто домашен производ од еден билион долари) и дамнешен сојузник на САД во источна Азија, во која доминира Кина. Спогодбата ќе ги зацврсти позициите на САД во азиско-тихоокеанскиот регион, што бележи брз економски раст.

Проценка на Владимир Путин

ЕВРОАЗИСКА УНИЈА ВО 2015 ГОДИНА

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека Евроазиската унија, која ги опфаќа поранешните држави од Советскиот Сојуз, би можела да биде формирана во 2015 година. - Дури околу 2015 година би можеле да пристапиме на реализација на идејата за создавање на Евроазиската унија, ако продолжиме да работиме енергично како и досега. Тоа е прашање на иднината, истакна вчера Путин за „Волт стрит журнал“. Рускиот премиер на почетокот од месецот повика на формирање на Евроазиската унија која би била изградена на основите на постоечката Царинска унија, трговска група што ја сочинуваат Русија, Белорусија и Казахстан. Шефовите на владите на трите држави вчера ја разгледуваа декларацијата за формирање на Евроазиска унија. Путин посочи дека очекува декларацијата да биде потпишана во декември.

ГЛОБУС

Page 19: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Москва со формирањето на таквата унија сака да ги зајакне економските односи меѓу поранешните советски републики. Путин упати повик и до другите држави да се придружат на Евроазиската унија, со цел да се подобри координацијата на економските и монетарните политики на земјите-членки. - Формирањето на таква заедница не претставува повторно создавање на СССР туку поврзување на Европа и азиско-пацифичкиот регион, наведе Путин.

Премиерите на Русуја, на Украина и на уште шест поранешни советски републики (Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Молдавија и Таџакистан) во вторникот потпишаа договор за формирање на зона на слободна трговија, што би можел да сатпи во сила од јануари 2012 година, доколку го ратификуваат парламентите на земјите потписнички.

Русија е на чекор од членството во СТОСО ЕУ РЕШЕНИ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРАШАЊА, ОСТАНУВА ОТВОРЕН САМО КОНФЛИКТОТ СО

ГРУЗИЈА

Европската унија соопшти дека е остварен огромен чекор во преговорите, чија цел е Русија да стане членка на Светската трговска организација (СТО), што би можело да се случи кон крајот на годинава. Еврокомесарот за трговија Карел Де Гухт изјави дека се решени последните билатерални прашања со Москва околу автомобилската индустрија, извозот на земјоделските производи во Русија и квотата за увоз на дрва.

Русија е последната голема економија која не е членка на СТО, меѓународната организација која ја промовира слободната трговија, а нејзиното пристапување во оваа организација се смета

како клучно за пошироко партнерство кое ЕУ сака да го оствари со Русија. Де Гухт нагласи дека Русија треба да го реши конфликтот што го има со соседна Грузија околу транспарентноста на трговијата, и се понуди да посредува. Грузија може да го блокира членството на Русија во СТО, за кое се преговара од 1993 година.

Истражување на Меѓународната организација на трудот (МОР)

МЛАДИТЕ СЕ КРИЈАТ ОД ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Меѓународната организација на трудот (МОР), која е специјализирана агенција на ОН, соопшти дека намалениот број невработени млади луѓе покажува дека младите во развиениот свет се „кријат“ од пазарот на трудот, со тоа што продолжуваат со школувањето или остануваат во родителските домови.

МОР наведе дека глобалната невработеност меѓу младите од 15 до 24 години годинава е намалена на 74,6 милиони од 75,8 милиони до 2009 година, пренесуваат американските медиуми. Организацијата, меѓутоа, напоменува дека намалувањето го прикрива големиот број млади луѓе кои се откажаел од барање работа заради глобалната економска криза. МОР во денешното известување наведува дека заклучокот се темели на истражување кое покажа дека минатата година на пазарите на трудот во 56 земји се забележени 2,6 милиони млади луѓе помалку отколку што се очекувало.

Истражувачки институт „Креди Суис“.РЕЧИСИ ПОЛОВИНА СВЕТСКИ

МИЛИОНЕРИ СЕ АМЕРИКАНЦИ

Од 24,5 милиони милионери во светот, што е еднакво на 0,5 отсто од глобалната популација, дури 41 отсто или 9,9 милиони се Американци, соопшти истражувачкиот институт „Креди Суис“. На второ место е Јапонија, каде живеат десет отсто од вкупниот број светски милионери, а на трето е Франција со девет проценти. Според податоците на Институтот, вкупното богатство на 24,5 милиони светски милионери во средината на 2010 изнесуваше 69,2 билиони долари, а најголемиот број од нив поседуваа меѓу десет и 50 милиони

долари.

- Проценуваме дека во Кина има 800.000 луѓе кои поседуваат богатство меѓу десет и 50 милиони долари, што е еднакво на 3,3 отсто од вкупниот број светски милионери, изјави извршниот директор на компанијата „Креди Суис прајват бенкинг“, Валтер Бертхолд. Кога станува збор за луѓе „тешки“ со над 50 милиони долари, при што има и такви со над пет милијарди долари, такви во светот има една илјада, кои исто така најголем број се од САД.

Ватикан со предлог за основање светска централна банка

НАДНАЦИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА СОГЛОБАЛЕН ЈАВЕН АВТОРИТЕТ

Ватикан предложи основање институција со „глобален јавен авторитет“ односно, светска централна банка со контрола над финансиските институции со оглед дека тие се често неефикасни во реакции на кризи, јавуваат италијански медиуми. Во документот од 18 страници под наслов „Реформи на меѓународни финансиски и монетарни системи во контекст на глобален јавен авторитет“, Ватикан наведува идеи кои би требало да бидат многу добро дочекани од страна на „огорчените“ демонстранти во светот кои протестираат против причините за економската криза.

„Економската и финансиска криза низ која минува светот повикува поединци и народи подлабоко да ги испитаат принципите како културни и морални врендости кои се темел на општествената коегзистенција“, се вели во документот. Ватикан предлага основање „наднационална институција“ за светот со „универзална надлежност“ да води економска политика и донесува одлуки.

ГЛОБУС

Page 20: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Намален профитот на германската „Дојче банк“

ФИНАНСИСКИТЕ ОКОЛНОСТИ ПРЕДИЗВИКАА

ПАД ОД 37 ОТСТО

Најголемиот германски кредитор „Дојче банк“ соопшти дека во третиот квартал забележа пад на профитот од 37 отсто, на 777 милиони евра, за што се обвинети финансиските околности.

Должничката криза во еврозоната, турбуленциите на пазарот и стравувањата од глобалното забавување заедно ја создадоа најлошата финансиска клима од колапсот на американската инвестициска банка „Лиман брадерс„ во 2008 година, изјави извршниот директор „Дојче банк“ Јозеф Акерман. - О п е р а т и в н о т о функционирање не беше вака тешко од крајот на 2008 година, додаде тој. Банката наведува дека споредбата на годишно ниво нема претерана смисла бидејќи во третиот квартал од 2010 година, е остварен трошок заради преземањето на „Постбанк“, што резултираше со загуба од 1,2 милијарди евра. Во однос на првите две тромесечја од оваа година, меѓутоа, забележено е влошување на ситуацијата на пазарот, рече Акерман.

„Лукоил“ од Романија за првпат ќе добива нафта во Европа

ЦРПЕЊЕ ОД ЕКВАТОРИЈАЛНИОТ ДЕЛ

НА ЦРНО МОРЕ

Владата на Романија ги ратификуваше концесионерските договори за истражување и разработка на двата блока во романскиот сектор на Црното Море - Ест Рапсодија и Трајдент. Проектот

ќе го реализира конзорциумот во состав „Лукоил Оверсиз“, фирма-ќерка на ЛУКОИЛ, и Vanco Interna-�onal. Правото на реализација на овој проект беше добиено според резултатите од тендерот одржан во јуни 2010 година. Концесионерските договори беа потпишани од страна на Националната агенција за минерални ресурси на Романија, во февруари 2011 година. Блоковите Ест Рапсодија и Трајдент се наоѓаат во екваторијалниот дел на Црното Море, на длабочина од 90 до 1.000 метри. Растојанието до бреговата линија е 60 до 100 километри, најблиското населено место на брегот е градот Сулин, кој се наоѓа во делтата на Дунав. Вкупната површина на лиценцираните парцели е околу 2.000 метри квадратни. За да се прецизираат геолошките структури на блоковите идната година се планира спроведување на 3Д-сеизмички испитувања.

За полесно раководење со овој проект, „ЛУКОИЛ Оверсиз“ во Букурешт отвори и своја дирекција. Компанијата неодамна од Владата на Виетнам доби одобрение за зделката за купување 50 отсто од Договорот за поделба на продукцијата (ДПП) на нафтеното наоѓалиште во морскиот блок Ханои Троугх-02 (НТ-02), при што се стекна и со потребниот инвестициски сертификат. Блокот НТ-02 се наоѓа во Јужното Кинеско Море, близу брегот, во плитководната зона. На ова место уште од 2007 година се спроведуваат геолошко-истражувачки работи како резултат на што се пронајдени неколку издашни места. До крајот на годинава се планира дупчење на три истражувачки бушотини, од кои

првата ќе биде поставена до крајот на овој месец. За управување со проектот во Ханој е формирана и регионална канцеларија на „ЛУКОИЛ Оверсиз“. „ЛУКОИЛ Оверсиз“ е формирана во декември 1997 година како специјализирана за меѓународни проекти за геолошки истражувања и добивање јаглевородни суровини, сурова нафта и гас. Моментно работи на 25 проекти во 13 земји од светот, а вработува повеќе од 1.500 луѓе. Обемот на ревидираните, докажани резерви на јаглеводороди изнесува 2,1 милијарда барели нафтен еквивалент. Добивката лани изнесуваше околу 5 милиони тони нафта и гасен кондензат и 5,4 милијарди кубни метри природен и пропратен гас.

Американска инвестициска банка „Морган Стенли“

ОСТВАРЕН КВАРТАЛЕН ПРОФИТ ОД 2,15 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

А м е р и к а н с к а т а инвестициска банка „Морган Стенли“ во третиот квартал од оваа година оствари профит од 2,15 милијарди долари, односно 1,15 долари по акција. Вкупните приходи на оваа втора по големина банка во САД, во истиот квартал изнесувале 9,89 милијарди долари, што претставува нивно зголемување за 46 отсто на годишно ниво. Во третиот квратал лани „Морган Стенли“ имаше загуба од седум центи по акција.

Според претставник на банката, вака остварениот профит се должи првенствено на ревизијата на пазарната вредност на нејзиниот долг за 3,4 милијарди долари.

КОРПОРАЦИИ

Page 21: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

„Дајмлер“ вложува 350 милиони долари во САД

ПРОИЗВОДСТВО НА ПЕТТИОТ „МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ„

ВО АЛАБАМА

Германската групација „Дајмлер“ ќе вложи 350 милиони долари во производство на петтиот „Мерцедес-Бенц“ во фабриката Венс во Алабама каде ќе бидат вработени уште 400 работници почнувајќи од 2015 година. Компанијата не даде детали за типот и дизајно на новиот модел.

Во почетокот на оваа година извори од „Дајмлер“ изјавија за германски медиуми дека во САД можно е да се изработува новата купе верзија на спортско-теренско возило М-класа, најверојатно под називот МЦЛ. Купето од М-класа на пазарот ќе биде во сегментот во кој е БМВ Х6 кој се изработува во Спартанбург. Директорот на Дајмлер, Дитер Цече изјави дека новиот модел во Алабама ќе биде еден од 10-те возила кои „Мерцедес“ ќе ги понуди во следните четири години. Производството е дел од вложувањата од повеќе од две милијарди долари.

Кинеска телекомуникациска компанија „Хуавеј“

РАЗВИЕН ТАБЛЕТ „МИДИЈА ПЕД“

К и н е с к а т а телекомуникациска компанија Хуавеј разви таблет (мини

преносив) уред Мидија пед. Компанијата смета дека ќе привлече голем број потрошувачи. Се работи за уред помал од АјПад со екран од 17 сантиметри и ОС Андроид. Производителот на мобилни телефони Сони Ериксон истовремено разви два модела на телефони под ОС Андроид. Сони Ериксон со тој потег има намера да заземе што поголем дел од пазарот со „паметни“ телефони.

Пазар на паметни телефони„АЈФОН“ СИМНАТ ОД ТРОНОТ,

НОВИОТ КРАЛ Е „САМСУНГ“

Оваа година донесе големи промени на пазарот на паметни телефони - после долги години „Нокиа“ повеќе не е предводник по бројот на продаден паметни телефони, иако нејзиниот удел со години се намалуваше и само беше прашање на време кога ќе го изгуби првото место, на кое во вториот квартал заседна Епл кој во понудата има само еден телефон - Ајфон. Но според најновиот извештај на „Вол Стрит Џурнал“ Епл не остана долго на првото место и во последиот квартал тронот го зазема Самсунг. Во тримесечниот период кој заврши со крајот на септември, Епл продаде малку повеќе од 17 милиони Ајфон-ови што е бројка која ги разочара аналитичарите од Вол Стрит, додека Самсунг според непотврдени информации испорачал околу 20 милиони од своите паметни телефони. Што се однесува на Епл, аналитичарите предвидуваа дека оваа компанија ќе продаде меѓу 19 и 20 милиони паметни телефони, но продадени се „само“ 17,1 милиони што влијаеше и на помал приход од очекуваниот па и цената на акциите падна по објавувањето на финансиските резултати. Се разбира не се работи за намалување на побарувачката за Ајфон туку Епл за ваквите резултати

ги „обвини“ бројните гласини за Ајфон 5 поради што многумина се откажаа од купување на Ајфон 4 и го чекаат излегувањето на новиот модел. Самсунг не објави податоци за бројот на продадени телефони, но се претпоставува дека бројките што ги објави „Вол Стрит Џурнал“ се точни особено со оглед на големата побарувачка за нивниот Галакси S2 паметен телефон. Во Њујорк предупредуваат на еден детал на кој треба да се внимава при одредување на водечките компании на пазарот, а тоа е бројот на испорачани во однос на бројот на продадени телефони. Така бројката од 20 милиони на Самсунг се однесува на испорачани а не продадени телефони, додека Епл го објавува бројот на продадени телефони. Прашање е како ќе се движи ситуацијата на овој пазар во иднина, со оглед на рекордната продажба на Ајфон 4С во последниот овогодишен квартал со што Епл повторно би можел да го заземе првото место на пазарот на паметни телефони, додека Самсунг

покрај моделот Галакси С2 пред божиќниот шопинг ќе има уште еден силен адут - Галакси Нексус кој ќе работи на нова верзија на Андроид. Во иднина во борбата за првото место на пазарот на паметни телефони, освен Епл и Самсунг би можела повторно да се вклучи и Нокиа која следната недела ќе ги претстави првите телефони кои ќе работат на оперативниот систем „Виндоус фон“ на Мајкрософт кој за неколку години би требало да го надмине Епл и неговиот iOS.

КОРПОРАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Поранешниот британски министер за финансии Норман Ламонт за

спасување на евротоНАЈГОЛЕМА ПИРАМИДАЛНА ШЕМА

НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Поранешниот британски министер за финансии Норман Ламонт во лондонски „Дејли меил“ објави авторски текст во кој се залага за банкрот на презадолжени држави од еврозоната како безболно решение додека планот за спасување на еврото што вклучува директни позајмици од ЕЦБ го нарекува „огромна пирамидална шема“. Ламонт потсетува на

настанувањето на еврозоната и наведува дека никогаш не верувал во успех на монетарната унија бидејќи смета дека за тоа е потребен федерален систем на оданочување и издатоци - односно ист фискален режим за сите држави. - Сега лидерите на државите кои тој проект го поддржуваа, се најдоа во тесно бидејќи знаат дека парламентите во сосптвените држави никогаш нема да им одобрат огромни суми потребни да се спаси тој проект. Поради тоа, министрите за финансии направија алтернативен план, да се заобиколат парламентите со тоа што најголем дел од потребната сума ќе ја обезбеди ЕЦБ, -наведува Ламонт. - Тоа е она што е најстрашно, потенцира тој. Кој ќе ја спасува ЕЦБ ако падне во неволја и стане несолвентна? Одговорот е - истите оние презадолжени членки кои таа со свои заеми треба да ги спасува и кои се обврзаа да се спасуваат една со друга. Сето тоа потсетува на џиновска пирамидална шема - спекулативен аранжман во кој високи камати се финансираат со нови влогови се додека целата контрукција не се урне, наведува тој. - Наместо тоа. многу побезболно, пореално и демократски би било презадолжените држави да им се овозможи да прогалсат банкрот и еврото постепено и организирано

да се демонтира, потенцира Ламонт. Норман Ламонт беше министер за финансии (1990-1993) и заедно со тогашниот премиер Џон Мејџор издејствува Британија да остане вон еврозоната.

Кристина Лагард ММФ ИМА ДОВОЛНО КАПИТАЛ

ЗА БОРБА ПРОТИВ ДОЛЖНИЧКАТА КРИЗА

Меѓународниот монетарен фонд има доволно капитал за борба против должничката криза која ја зафати светската економија, изјави извршната директорка на оваа институција, Кристина Лагард. - Сметам дека ММФ моментално има доволно ресурси, истакна Лагард за Радио „Европа 1“, откако некои членки на Групата 20 најразвиени земји во светот на состанокот во Париз во петокот и

саботата побарале зголемување на капиталот на ММФ за околу 350 милијарди долари, со цел оваа светска организација да може поуспешно да и се спротивстави на економската криза. САД, меѓутоа, се изјаснија против зголемување на ресурсите на ММФ, укажувајќи дека тоа е непотребно. Членките на Г-20 во Париз ветија дека ќе обезбедат ММФ да има доволно ресурси за да може да ги исполнува своите обврски и укажаа дека за тоа прашање ќе разговараат за време на Самитот на лидерите

на Г-20 во Кан, во Франција, на 3 и 4 ноември. Лагард во Париз повторно предупреди дека светските економски изгледи се влошиле од собирот на министри за финансии на Г-20 во Вашингтон на 22 и 23 септември и дека слабеењето на развиените економии „почнува да ги погодува и земјите во драстичен раст“.

Џорџ Озборн, британски министер за финансии

ЕВРОЗОНАТА МОРА ДА СМИСЛИ ИМПРЕСИВЕН

ПЛАН ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЕВРОТО

Водечките светски економии очекуваат од еврозоната на Самитот на ЕУ на 23 октомври да претстави импресивен план за спас на глобалната економија од грчката должничка криза, изјави во Париз британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Озборн, кој во Париз учествуваше на дводневната средба на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на членките на Групата 20 најразвиени држави и земји со забрзан економски развој (Г-20), истакна дека учесниците на собирот им порачале на своите колеги од еврознота дека мора да најдат решение за должничката криза. - Од колегите од еврозоната дознавме на кои мерки работат во моментов, но сметам дека по завршувањето на овој собир ќе им биде повеќе од јасно дека се под голем притисок да најдат решение за кризата, нагласи Озборн, додавајќи дека должничката криза во еврозоната претставува „епицентар на актуелните светски економски проблеми“. Според Озборн, кое и да било решеение за кризата во еврозоната ќе

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Page 23: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

мора да опфати и докапитализација на слабите банки, решавање на должничките проблеми на Грција и максимизирање на обемот на Европскиот фонд за финансиска стабилност. Озборн најави дека Велика Британија е подготвена да обезбеди дополнителни средства за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), под услов тие да не отидат во посебен фонд од кој полза би имале само земјите од еврозоната.

Етјен Давињон, претседател на клубот „Билдерберг“

БРЗО ДО КРАЈ НА „ГРЧКАТА ПРИКАЗНА“

- Кога имате заедничка валута мора да разберете дека таа им припаѓа на сите. Приказната со Грција треба да заврши, на начин што Грција ќе остане во еврозоната. Ако тоа не биде сторено, можно е истото да се повтори и во други земји, рече Давињон, кој престојува во Букурешт каде учествуваше на конференцијата „ЕУ по кризата со државните долгови“.

Според Давињон, по решавање на проблемот со Грција, ЕУ ќе мора да најде решенија и за обезбедување на економски раст во своите земји-членки. - Моделот на европската интеграција е уникатен. Ако тој пропадне, тоа ќе биде многу лоша порака до целиот свет. Ако не успееме, ќе ја уништиме недежта и на другите, нагласи Давињон. Клубот „Билдерберг“ е неформална група која еднаш годишно одржува собир на најмоќните луѓе во светот на политиката и бизнисот, на кој се разговара за најначајните меѓународни прашања и проблеми. На собирите на клубот секоја година учствуваат меѓу 120 и 140

истакнати политичари, банкари и индустријалци пред се од Западна Европа и САД. Собирите се од затворен тип и на нив се присуствува само со специјални покани. Клубот го добил името по хотелот „Билдерберг“ во Холандија, каде во 1954 година е оджан првиот годишен собир на групата.

Мирослав Сингер, гувернер на Чешката народна банка

ЕВРОЗОНАТА НЕАКТУЕЛНА ВО НАРЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ

Размислувањата за усвојување на еврото во Чешка по неколку години нема да бидат актуелни заради состојбата на земјите од еврозоната и состојбата на домашните јавни финансии, изјави на брифингот за кризата во еврозоната, гувернерот на Чешката народна банка, Мирослав Сингер.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според него, дискусиите за усвојување на еврото ќе бидат актуелни тогаш кога ќе биде познато кои правила ќе ги применува еврозоната. - Постоечките правила беа повредувани и често пати неисполнувани, изјави Сингер. Тој смета дека чешката економија не е подготвена за еврото. - Ние нема да влеземе во еврозоната, додека нашиот буџет не биде доведен во ред, изјави гувернерот. Тој додаде дека еврозоната во иднина веројатно нема да биде премногу примамлива за никого. Сингер има сличен став како премиерот Петр Нечас. Неодамна Нечас изјави дека неговата Влада нема да востанови термин за усвојување на еврото. Еврозоната според него се менува од монетарна унија во унија на долгови и нејзина подлабока интеграција не е решение на актуелните проблеми.

Според Сингер, актуелните должнички проблеми на еврозоната не се предизвикани од самата криза, туку од хетерогеноста на земјите и неможноста да воспостават долгорочни услови за пораст. За опстанок на еврозоната, според чешкиот гувернер се неопходни структурни реформи во периферните земји на еврозоната како на пример Грција и Португалија.

Барање на Александар Стуб, фински министер за надворешна

трговија и европски прашања ИТНА ПОТРЕБА ЗА ЕКОНОМСКА

УНИЈА

Должничката криза во ЕУ покажа итна неопходност од „економски сојуз“ оти во спротивен случај државите-членки се осудени да се разделат, вели финскиот министер за надворешна трговија и европски прашања Александар Стуб.

Време е да им се каже на министрите за финансии дека се неспособни да најдат решение за кризата, изјави Стуб за западни медиуми. Координацијата на економската политика е недоволна, и имаме потреба за економска унија, изјави тој. Францускиот министер за буџет, Валери Пекрес изјави дека „нема враќање назад, кога станува збор за еврото“. Не можеме да се вратиме кон франкот бидејќи ако тоа се случи ќе настапи трагедија, сега еврото не заштитува, додаде таа.

ПОГЛЕДИ И МИСЛЕЊА

Page 24: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

„Окупирај го Вол стрит“ (1)ФИНАНСИСКАТА ИНДУСТРИЈА

ГО ЗАГУБИ ИМУНИТЕТОТ

Додека движењето „Окупирај го Вол стрит“ продолжува да расте, одговорот за целите на движењето постепено се менува: безмилосното отфрлање го замени јадикување (читателите на мојот блог предлагаат нашата владеачка класа да почнеме да ја нарекуваме „плачократија“). Модерните лордови на финансиите ги гледаат демонстрантите и прашуваат: Зарем овие не сфаќаат што направивме за американската економија? Одговорот е да, многумина од демонстрантите сфаќаат што Вол стрит и уште повеќе, елитата на националната екомонија, направија за нас. И затоа и протестираат. Во саботата, „Тајмс“ извести што луѓето во финансиската индустрија приватно велат за протестите. Мојот омилен цитат доаѓа од неименуван менаџер кој изјавил: „Финансиските услуги се една од последните работи кои ги направивме во нашата земја, и ги правиме добро. Да им дадеме поддршка“. Ова е многу нефер кон американските работници кои се добри во многу нешта, и можат да бидат дури и подобри ако направиме адекватни инвестиции во образованието и инфраструктурата. Но, до нивото кое Америка го постигна во се освен во финансиските услуги, прашањето не треба да биде зошто, туку дали е тоа тренд кој сакаме да го продолжиме? За финансијализацијата на Америка кое не е водено од невидливата рака на пазарот. Она што е причина за финансиската индустрија да расте побрзо отколку остатокот

на економијата, почнувајќи од 80-тите, беше серија на ненамерни политички одлуки, посебно на процесот на дерегулација која продолжи се до зората на кризата во 2008. Не е случајно што добата на секогаш растечката финансиска индустрија беше исто така и доба на секогаш растечката нееднаквост помеѓу приходот и богатството. Вол стрит направи голем директен придонес на економската поларизација, затоа што

опаѓачките приходи во финансиите учествуваа во значајнен дел од растечкиот удел на врвните 1 процент (и врвниот 0 процент, што влегува во повеќето од достигнувањата на врвниот 1 процент) во националниот приход. И пошироко земено, истите политички сили кои ја промовираа финансиската дерегулација, ја забрзаа вкупната нееднаквост на различни начини, потценувајќи го организираниот труд, избегнувајќи ја „претераната принуда“ со помош на која се ограничуваа извршните исплати, и повеќе од тоа. И да, даноците на богатство се разбира, беа нагло намалени. Сето ова беше беше претпоставка дека е оправдано: ни беше зборувано дека резултатите на исплатите на волшебниците од Вол стрит беа соодветни, заради прекрасните нешта кои ти ги прават. Сепак, некако таа прекрасност не успеа да се однесува на остатокот од нацијата - и тоа беше вистината дури и пред кризата. Просечниот семеен приход, прилагоден за инфлација, порасна само за една петтина помеѓу 1980 и 2007, исто како што беше случајот и со генерацијата по Втората светска војна, иако поствоената економија беше одбележана и од стриктните финансиски правила и од многу повисоката даночна стапка на богатството отколку било што кое е сега предмет на политички дискусии. Потоа дојде кризата која докажа дека сите оние тврдења за тоа колку модерните финансии го намалија ризикот и го направиија системот постабилен, беа чиста бесмислица. Владинната помош беше сето она што не спаси од финансиски распад, онака лошо или уште полошо отколку она што ја предизвика Големата депресија. Што е со сегашната ситуација? Плаќањето на Вол стрит отскокна дури и кога обичните работници продолжија да страдаат од висока невработеност и од опаѓањето на реалните плати. Сепак, сега е дури и уште потешко да се види дека финансиерите прават - ако воопшто и прават - се за да ги заработат тие пари. Тогаш зошто Вол стрит очекува сериозно да бидат сфатени нивните јадикувања? Оној менаџер за пари кој тврди дека финансиите се единственото во Америка кое оди добро, се пожали и дека двата демократски сенатори од Њујорк не се на неговата страна кога изјавија дека „тие треба да сфатат које е нивната содржајност“. Всушност, тие со сигурност многу добро знаат која е нивната содржајност - и дури и во Њујорк, 16 од 17 работници се вработени во нефинансиската индустрија. Но, тој всушност не зборуваше за гласачите, се разбира. Тој зборуваше за она што Вол стрит сеуште го има во избилство благодарејќи на тие помоши, и покрај губитокот на неговата кредибиност: парите. Во Американската политика парите зборуваат, и она што го зборуваат парите во

финансиската индустрија во последно време е тоа дека ќе го казнат секој политичар кој ќе се осмели да го критикува тоа однесување на индустријата, без разлика колку нежно е тоа - како доказ на ова е начинот како парите на Вол стрит го напуштија претседателот Обама во корист на Мит Ромни. И ова го објаснува шокот на индустријата од неодамнешните настани. Гледате, до пред неколку недели изгледаше дека Вол стрит ефективно го подмитуваше и наведуваше нашиот политички систем да заборави за сета таа бркотница околу исплатите додека го растураше светскиот економски систем. И одеднаш некои луѓе почнаа да инсистираа на повторно

испливување на оваа тема. А нивниот бес најде оддек кај милиони Американци. Затоа не е чудно што Вол стрит сега јадикува. (Њујорк тајмс – Њујорк)

„Окупирај го Вол стрит“ си има своја историја (2)

ПО МОДЕЛОТ НА АРАПСКАТА ПРОЛЕТ

За повеќето Американци „Окупирај го Вол стрит“ одамна се очекуваше. За Вол стрит, пак, се чини дека ова им трае веќе подолго време. Не, тука не зборуваме за шестнеделните протести кои се во тек. Ова има долга врска со демонстрациите на Вол стрит кои одат назад се до Револуцијата и воспоставувањето на националната банка. Во многу случаи, Вол стрит и њујоршката берза се националниот центар, веднаш после Националниот плоштад во Вашингтон. Протестите на Вол стрит се американска институција, уште од времето на маршот на отец Џемс Кокс на Вашингтон во времето на депресијата, кое го споменав минатата година, преку народните движења во доцниот 19-ти век, па се до нередите Хард хет во 1970. Покрај нивниот ефект варира и јавната политика, големите финансиски интереси и јавната перцепција, затоа што движењата си имаа свои централни теми, освен она на Хард хет: битка против алчноста, нееднаквоста на приходите и против поддршката на владата за финансиските интереси. Се досега, ниту едно од нив немаше фокус врз банкарството и финансиите, вели

Page 25: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Чарлс Гејст, професор по финансии на колеџот Менхетен и автор на книгата „Вол стрит: Историја“. „Ова е уникатно“, вели Гејст. „Историски гледано, Вол стрит беше вообичаената цел, но никогаш не беше директна цел“. Вол стрит беше најблиску до центарот на вниманието во доцните години од 19-от век, преку народното движење свртено против бароните ограбувачи, фондовите и условите за работа. Џ.П Морган - човекот, а не банката - беше омилена цел на демонстрантите. Следуваа грст закони наменети за кршење на монополите и за правата на работниците. Работите се смирија се до 1920. Само неколку минути после пладне на тој 16 септември, кола влечена од коњ застана пред Вол стрит број 23 каде Џ.П Морган имаше канцеларија. Колата носеше бомба направена од 50 килограми експлозив и 250 килограми метални парчиња. По експлозијата, имаше 38 мртви и стотици повредени. Бомбашите никогаш не беа фатени. Тоа доведе до неколку теории за мотивите. Најсомнителни беа галеанистите, група Италијанци фрустрирани од економските и социјалните услови. Но бомбата не предзивика такви

реакции кои бомбашите ги очекуваа. Кофузијата околу тоа кој е одговорен - а бољшевиците беа првите осомничени, според извештаите на Њујорк тајмс - беше дел од проблемот. Бесот заради нападот се чини дека го сврте јавното мислење против антикапиталистите. И берзата наскоро почна да здивува. Нередите Хард Хат се разликуваа затоа што централната тема беше војната во Виетнам. Студентите од колеџите и средните училишта се собраа на Бродвеј и Вол стрит на 8 мај 1970, да им оддадат почит на четирите студенти кои неколку дена претходно беа убиени на државниот универзитет во Кент. Тие се судрија со 200 градежни работници. Се направи хаос. Извештаите од нередите кажуваа дека брокерите од Вол стрит и синдикатите се обиделе да ги скршат протестите. Од перспектива на финасиската историја, Вол стрит беше местото на повеќе протести. Сега темата беа правата на акционерите, вели Гејст. И повторно, рече тој, влијанието на овие протести беше тешко да се

измери. Во 1990, 250 демонстранти беа уапсени кога групи како Ден на земјата на Вол стрит повикаа на еколошка одговорност на корпорациите и маршираа пред њујрошката берза и во финансискиот кварт во Сан Франциско. Еден памфлет од тој протест вели: „Вол стрит е симболичен центар на економијата базирана на неограничената алчност и шпекулациите“. Во 2000, протестите „Меј Деј“ предизвикаа големи полицски коордони во Њујорк и ги затворија галериите за посетители на берзата во Чикаго. Демонстрантите носеа пароли кои можат да се користат и во „Окупирај го Вол стрит“: „Луѓето пред профитот“ и „Чикашка берза на педавници“. Но ако историјата на протестите

на Вол стрит е конецот, „Окупирај го Вол стрит“ претставува големиот чвор. Гејст вели дека досега на Вол стрит немало протести со волкава должина. И верува дека протестите ги зголемија сите претходни напори да се прошират низ целата земја и меѓународно. Дел од успехот на „Окупирај го Вол стрит“ е употребата на социјалните мрежи и блоговите. „Ова истото се случуваше и на Блискиот исток“, рече тој. Тоа не е случајно. „Окупирај го Вол стрит“ е базирана на моделот на арапската пролет. „Окупирај го Вол стрит“ не е блиску до уривање на владата, се разбира, но очигледно дека постигна повеќе од било кој друг протест во богатата историја на демонтрации на улиците Вол и Брод. Затоа „Окупирај го Вол стрит“ е поинаков, дури и за банкарите и брокерите, кои преживеаа низ долгата историја на протести.

(Вол стрит џурнал, Њујорк)

Биткоин, валута на иднината или?ВИРТУЕЛНА КОНКУРЕНЦИЈА НА ЕВРОТО И

ДОЛАРОТ

Вредноста на парите се темели на доверба, а довербата на многу луѓе во класичните валути еврото и доларот, финансиската криза многу ја разниша. Поради тоа една дигитална, „паралелна“ валута стекнува се повеќе симпатизери. Криптологот со псевдоним Сатоши Накамото на 3 јануари 2009 година заврши со програмирање на код од 31.000 редови и го креира биткоин. Се проценува дека денес во своето работење го користат повеќе од 100.000 луѓе.

Колективната мрежна валута е децентрализирана, таа е псевдоним, ја контролираат само алгоритмите на Накамото и овозможува директно плаќање во целиот свет без платежни посредници како пејпал или кредитните картички. Во овој момент постојат веќе седум милиони биткоини. Со нив може преку интернет да се порачаат чорапи или компјутерски хардвер или во некои ресторани да се плати сметка. Тие се на една од 50 трговски платформи, целосно се конвертибилни и можат да се заменат за други валути како еврото и доларот. Моментно за еден биткоин можат да се добијат две евра. Парата начелно не е предмет, туку особина, изјави експертот за валути Герхард Реслер за германското државно радио „Дојче веле“. Професорот од Регенсбург смета дека биткоин задоволува три клучни функции на пари: парата е математичка (компјутерска) единица и со тоа се овозможува споредување на цените, тие се платежно средство, со што можат да се исплатат обврски кон трета страна и како трето биткоин е средство за чување на вредноста, што значи дека со него може да се купува и утре.

Со оглед на сето тоа, биткоин барем во теоријата е вистинска валута. Биткоин секако има и свои критичари, тие на кои не им се допаѓа идејатаа средство за плаќање кое е независно од централните банки и државните институци. Германското сојузно здружение на дигитално работење побара во јуни овој проект да се забрани, оценувајќи го за опасен. Нивниот аргумент е дека со употребата на биткоин како платежно средство се оневозможува државната контрола во случај на затајување на данок или перење на пари. Пред нивното барање, експерти од ЦИА се информираа за валутата кај Гевин Андресен, шеф на развојниот тим за биткоин, кој на некој начин го наследи Накамото, на кого целосно му се изгубила трагата. Спротивно од тоа мислење, основачот на интернет страната WeUseCoins.com Стефан Томас, за германското радио изјави дека трансакциите во биткоини начелно се транспарентни. Секој пренос од еден на друг сопственик е дел од код. Со тоа треба да се

Page 26: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

спречи еден сопственик два пати „да потроши“ еден исто биткоин. Така секогаш може да се каже од која сметка е извршен трансферот на биткоини. Но, тоа е само теоретски некоја сигурност, во пракса секој корисник може да отвори неограничено многу сметки под неограничено многу имиња и така да ја прикрие својата трага.

Стефан Томас смета дека биткоините се уште не се „пари“ за масите.

- Нивната употреба е многу комплицирана, а сигурната употреба е уште покомлицирана, вели тој. Томас истакнува дека биткоинот пред се е атрактивен поради ниските трошоци за трансфер на пари, бидејќи трошоците за една трансакција моментно изнесуваат четвртина цент. Накамото го замислил биткоин неколку месеци по колапсот на светските финансиски пазари, како одговор на печатењето на пари кое предизвикува инфлација. Бројот на биткоини е математички ограничен, а тоа крие опасност од дефлација. Герхард Ресел смета дека може да настапи проблем ако еден ден биткоините силно се прошират, бидејќи луѓето не се навикнати да се справат со цените кои паѓаат.

(Танјуг – Белград)

Пред распукнувањето на надуваниот балон на хипотекарни кредити во САД

„ПОТОПЕНИ“ 15 МИЛИОНИ ДОМОВИ

За многумна Американци, куќите се основната форма на имотност. По распукнувањето на надуваниот балон на купување куќи во 2006, имотноста на американските сопстевници на куќи падна за некои 9 трилиони долари, или скоро за 40 проценти. Во последните 12 месеци до јуни, вредноста на куќите падна за уште еден трилион, или за 8 проценти. Овој остар пад во имотноста значи помала потрошувачка, што води до намалена продуктивност и помалку работни места. Но од политички причини, и администрацијата на Обама и лидерите на републиканците во конгресот одбиваат да го применат единственото решение: намалување на хипотекарниот долг кој виси над Америка. Овој отпор е разбирлив. Гласачите не сакаат нивните пари од даноците да се користат

за да им се помогне на некои сопственици на домови кои можат да си дозволат да ги плаќаат своите хипотеки, но одлучиле да не го прават тоа, па затоа наместо тоа можат да се решат на банкрот, и едностано да си заминат. И гласачите не сакаат повеќе да им помагаат на банките кои даваат позајмици кои им го загорчеа животот. Но неуспехот да се делува значи дека понатамошниот пад на цените на куќите ќе продолжи, што ќе спречи раст на потрошувачката која е потребна за опоравувањето. Колку и да чнни перманентното отпишување на хипотеките, ќе биде уште поскапо ништо да не се стори и ризично да се тргне кон нова рецесија. Цените на домовите паѓаат затоа што милиони сопственици банкротираат на нивните хипотеки, и проажбата на запленетиот имот ги движи надолу цените на сите куќи. Скоро 15 милиони сопственици поседуваат повеќе отколку што вреди нивниот дом; во оваа група скоро половина од хипотеките ги надминуваат вредностите на куќите за скоро 30 проценти. Повеќето резидентни хипотеки се ефективно непреусмерувачки заеми, што значи дека кредиторите можат евентуално да ја земат куќата ако сопстеникот објави

банкрот, но не можат да им го одземат другиот посед или заштедите. Индивидуалците со долгорочен хипотекарен долг тогаш имаат причина да престанат да плаќаат; тие најчесто можат да останат во нивните куќи уште година или две пред имотот да биде запенет, и да бидат присилени да си одат. Надуваноста на хипотекарниот долг ги спречува сопственицитте да се преселат во области каде имаат повеќе изгледи за работа, и од упоребата на вложувањето на куќите во започнување и продолжување на финасисрање на мали бизниси. И заради нивните сегашни хиптеки кои ја надминуваат вредноста на нивните домови, тие не можат да добија слободен кеш со рефинансирање и по ниски кредитни стапки. Администрацијата на Обама проба различни програми за да ги намали исплатите на месечните камати. Овие програми пропаднаа затоа што не се однесуваа на реалниот проблем: висината на хипотеката која ја надминува вредноста на куќата. Да се сопре паѓањето на цените на куќите, владата треба да ја намали главнината на хипотеките кога таа ќе достигне 110 проценти од вредноста на домот. Околу 11 милиони од скоро 15 милиони домови кои се „потопени“ спаѓаат во оваа категорија.

Ако секој кој е финансоспособен учествува во ова, еднократниот износ ќе биде под 350 милијарди долари. Еве како може ова да функционира: Ако банката или некој друг кој ја поседува хипотеката се согласи, вредноста на хипотеката треба да се намали на 110 проценти од вредноста на куќите, при што владата ќе апсорбира половина од трошоците од намалувањето, а банките другата половина. За милиони потопени хипотеки кои ги држат Фани Меј и Фреди Мек, владата ќе си плаќа самата на себе. А во замена за ова намалување на главнината, оној кој позајмува ќе треба да прифати дека новата хипотека може целсно да се преусмери - со други зборови, владата ќе може да оди на .другите поседи на позајмувачот ако овој банкротира на куќата. Сето ова треба да биде на доброволна основа. Овој план е фер затоа што и позајмувачот и кредиторот ќе направат жртва. Банката ќе треба да ги прифати трошоците од отпишувањето на главнината заради резулатите од заемот - заради понискиот однос кредит-вредност на куќата, и заради можноста за целосно преусмерување на хипотеката - кое има помалку изгледи да доведе до банкрот. Позајмувачите ќе прифатат цеосно пренасочување да се добие намалување на хипотеката. Без програма за да се сопре банкротот поради хипотека, нема начин да се дознае уште колку надолу можат да паѓаат цените на куќите. Иако цените на куќите во некои области се веќе многу ниски, потенцијалните купувачи продолжуваат да чекаат бидејќи сметаат дека во идинина цените ќе бидат уште пониски. Пред распукнувањето на надуваниот балон на купување куќи во 2006, нивото на цените на куќите пораснаа за скоро 60 проценти над повеќегодишпниот просек на цени. Па затоа не може да се знае колку можат цените да паднат под долгорочниот просек пред ситуацијата да почне да се опоравува. Не можам да се согласам со оние кои велат дека треба да оставиме цените на куќите да продолжат да паѓаат додека самите не сопрат. Иако некои шумски пожари се оставаат самите да си догорат, никој нема да остави да горат оние пожари кои се закануваат на цели населби. Падот во цените на куќите не е само намалување на имотноста, туку и намалување кое притиска врз потрошувачката, правејќи ја економијата послаба и предизвикувајќи уште поголемо губење на работни места. Сите имаме задача да го спречиме тоа.

(Њујорк тајмс – Њујорк)

Page 27: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

КАКО ДА СЕ ПРОДАДАТ ГРЦИЈА И БОСНА

Никако не ми оди во оваа тврда глава тоа што најубавите земји секогаш се и најзадолжени. Погледнете ги ве молам Португалија, Шпанија, а пак Грција... А кога ќе кажат Шведска, Норвешка, Финска, се стресувам од студ. Веднаш барам шал, капа, дебел капут. Помислувам на нашата раја која сеуште не се свикнала на минус степени и смрзнување околу таа „игла“ што на половите го пробива глобусот со кој не гаѓаа по училиштата. Пријателите ми јавуваат дека со поларната зима некако се снаоѓаат, најлоши им се поларните ноќи. Никако да се стемни, нема акшам, а каков е кеифот да се акшамлучи по бел ден кој ги голтнал убавините на залезот и ноќта. Никаде ја нема Босна, ладовинка и сливини овоштарници, ѕвездени покривки, кога малку подолго ќе се остане на разговор доцна во ноќта. Додека од генерација во генерација не успива мајка клима, тие јадни северњаци разбрале што е најважно. Пари брате! Го губевме времето во ладовинка бегајќи од

сонцето, а Скандинавците, нека им бидат куќите далеку, ги полнеа државните каси. Хм, а што можеш друго да правиш во тој нивен регион, од тоа да работиш. Сигурно нема да уживаш во фрлање на поглед на вечниот мраз и снег? Но, затоа во поларните подрачја најтопла е економската и социјалната клима. Многумина денес високите температури би ги замениле со неизбежниот снег. Најдобро те греат полниот џеб и стомакот. Отидов јас во климатолози, а намерата беше да видиме како да се извлече Грција од кризата. Бидејќи, ако земјата на древните Хелени дојде на зелена гранка, тогаш има шанси и за Босничка сиротичка. Тие потомци на Сократ секогаш биле попаметни од нас. Тие убаво на време се сместија во Европската унија, уште побрзо ја зграбија валутата наречена евро и сега со нивниот заканувачки банкрот ги влечат сите за нос. За да не остане Старата дама без прекрасните фустани со кои се гордее, треба да се посегне по чантата и на немирната ќеркичка да се

позајмат само 110 милијарди еврички, со надеж дека ќе ја задржат на ивица на амбисот. Не е тешко да се добие кредит, но како да се врати. Во златното време на Тито, се знаеше. Ќе позајмам од тебе, па потоа од друг за да ти вратам. Од трет да вратам на втор, од четврт да вратам на трет и така во круг, па кој кого. Овие одлични европски економисти, што од време на време се изненадуваат од падот на берзата во Америка, открија како јадната Грција да ја натераат да ги враќа долговите и конечно да почне да го стега коланот. Бидејќи секое заштедено евро е заработено евро. Ајде драги господа под вечниот Партенон да почнеме со продажба на семјното богатство! Зацртано е Грците прво да ги понудат рудниците за никел, воената индустрија, аеродромите, морските пристаништа, државните акции во банките и слично, што би донело слаби од 10 до 15 милијарди евра. А што е со тој долг од речиси 100 милијарди кој преостана? Е тоа некако би можело да се направи со продажба на земјиштето, пред се на островите. Државата од Апенинскиот полуостров, на нејзина среќа има 6.000 острови од кои само 227 се населени. Се очекува дека островите можат да се продадат по цена од 2 до 15 милиони евра. За најефтините делови на историската земја, треба да се издвои како за еден среден стан во центар на Њујорк. Ако одат како алва и сите останати ситни работи за продажба, ќе се соберат околу 50 милијарди евра. Земјата Грција ќе биде распродадена а долгот само преполовен. Не треба да се биде финансиски гение па да се сфати дека остатокот нема да можат никогаш да го вратат.

Е, што има со тоа Босна и Херцеговина?

Ние сме веќе на добар грчки пат во провалија. Ако не примат во ЕУ и ако ни даваат кредити, како ќе ги враќаме? Ќе почнеме и ние од државниот имот. Увозниот руски гас, рудниците на црн јаглен, зачадените железари, телефонијата, акциите на прочуената Развојна банка и слично, и за тоа ќе добиеме цели 2-3 милијарди евра. Под услов ако некој се интересира за никаквите индустриски постројки, енергенси како што е јагленот, кој главно не го користат во Европската унија и тие две, три речни пристаништа и ниту едно морско. Вистина им нудиме 23 километри од јадранскиот брег, некој километар помалку од Словенците, а тие го имаат и Копар и Изола и Пиран и Порторож. Ние само Неум, за кој ни текнува дека е пристаниште само од време на време, кога ќе вплови некој турски или американски воен брод. Не смееме да заборавиме на островите. Само во коритото на Миљатска за сушниот период се собираат стотици. Со Босна, Неретва, Уна и Дрина ги имаме исто како Грција. Вистина, нашите острови се помали па ќе бидат подостапни на средната

европска класа, а можеби и на пролетерите од капиталистичките земји. Наша најголема предност е што на светот кој е луд за адреналински спортови, можеме да понудиме крос низ земјата, крос низ милиони квадрати мински полиња. Федералниот дел на БиХ е посебно привлечен во тој вид на предизвикувачки авантуристички туризам. Најинтересно е околу Маглај и низ долините на Босна. Локалните телевизии можат да направат реалити шоу со светски ексклузивитет, со кои исто така би можеле да го враќаат долгот. Ќе пронајдат такви што се бутаат по „Големиот брат“, па убаво со камери ќе ги следат додека талкаат по полињата на изненадувањата. Можеме да понудиме и спуштање на ролшули низ оштетената боб-патека од гранати на падините на Требевиќ, па потоа стрмоглаво возење на велосипеди кон сараевската котлина. Кој ќе преживее ќе добие награда – почесен круг со ГСП трамвај со лотариска можност да се избегнат средби со хулигани или ревизори. За светската дама желна за возбуди имаме игрица наречена „Ноќна прошетка низ Сараево со чанта во раце“. Интересно би било и натпреварувањето „Најчист граден кош“. Би се организирало во Зеница, Тузла и други центри познати по зачувување на животната средина. На крај на зимскиот период, натпреварувачите би застанале во ред за рендген снимки. Победник би бил тој со најмалку црнила во градите. Наградата – 10 дневен престој опасен по живот, на чист воздух на Јахорина или Игман. За прва помош ќе биде дозволено повремено длабоко дишење од ауспуси на дизелаши што возат низ нашите патишта. Продажбата на планините би одела малку побавно, бидејќи сеуште не знаеме колку ќе остане од Босна и Херцеговина кога ќе успеат сите тие референдуми, што ни се закануваат од југ и запад. Додека размислувам како да се помогне на својата татковина да може полесно да се распродаде, допираат зборовите на Ангела Меркел, која нервозно забележува дека луѓето од југот на Европа мора повеќе да работат. Вели, рано одат во пензија и имаат долги годишни одмори. Бесните Шпанци и Португалци возвраќаат дека тоа не е точно и дека кај нив одморот во просек е за 4 дена покус од одморот во Германија. Потоа се уфрлуваат браќата Грци, па се закануваат дека ќе излезат од еврозоната и ќе се вратат на старите добри драхми, со кои без ниту малку мака се задолжуваа мислејќи дека со евро валутата ќе дојде спасот... Ма да, гледам јас дека овие западњаци пукнаа од љубомора што немаат што да продадат како Грците и ние.

(Ослобоѓење- Сараево)

Page 28: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Назив на Проектот

RS-Приштина: Испорака на разна безбедносна опрема Дополнување

Референца EuropeAid/131767/D/SUP/XK

Финансиска референца

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 18.10.2011 година

Краен рок за апликација 21.12. 2011 година

Сектори

Трговија - индустрија Јавна администрација Општествени служби

Опис на Проектот LOT 1. health and safety signage. LOT 2. se-curity reference books. LOT 3. fire hydrants. LOT 4. 24-hour ra�on packs. LOT 5. EUCIcompliant class 2 storage safes. LOT 6. rotary equipment measures and equipment. LOT 7. weapons and firearms lockers

Контакти EULEX Kosovo, Main Warehouse Compound, Procurement Sec�on, Zona Industriale Veter-nik, PO Box 268 (opposite Gorenje Hotel, next to fuel sta�on), 10000 Pris�na, KOSOVO

Назив на ПроектотКосово - Развој на истражувачки капацитети

Референца EuropeAid1132003/L/ACT/XK

Финансиска референца

Budget line: 2010 1022-452

Вид на набавка Грант

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 18.10.2011 година

Краен рок за апликација 25.01. 2012 година

Сектори

Земјоделство - рурален развој Образование Енергетика Животна околина Здравство Заштита на потрошувачи

Опис на Проектот Проектот треба да придонесе за зајакнување на истражувачките капацитети на универзитетите и јавни и приватни истражувачки институти .

КонтактEUROPEAN COMMISSION LIAISON OFFICE TO KOSOVOE-mail address:[email protected]: +38138 5131307

Назив на Проектот

Комани- безбеност на браната на хидроцентралата-Дополнување

Референца EBRDZ70522

Финансиска референца

Project number: 43125

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД, Светска банка, KfW Bankengruppe

Земја Албанија

Објавено на 18.10.2011 година

Краен рок за апликација 14.02. 2012 година

Сектори

Градежништво - инженеринг Енергетика Животна средина

Опис на Проектот

Зајакнување на безбедноста на браните на реката Дрим и на каскадите на Мат.

КонтактTel: +44 20 7338 6794; Fax: +44 20 7338 7472, Email: [email protected]

Назив на Проектот

HR-Загреб:ИПА - Испорака на опрема за националниот информативен систем за надзор на заштитата на природата

Референца EuropeAid/132085/D/SUP/HR

Финансиска референца

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Хрватска

Објавено на 18.10.2011 година

Краен рок за апликација отворен

СекториИнформатичка технологија Животна околина

Опис на ПроектотLOT 1. servers, SAN switch, firewalls and UPSwith so�ware. LOT 2. compu�ng devicesand accessories. LOT 3. microchip reader and animal-catching equipment. LOT 4. photo-graphic equipment. LOT 5. backpacks

КонтактАгенција за централно финансирање и договарање, Загреб, Хрватска

Назив на Проектот

RS - Приштина: ИПА - поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање за менаџмент со водите и за мониторинг на водните ресурси - дополнување

Референца EuropeAid/130896/C/SER/XK - Relaunch

Финансиска референца.

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 19.10.2011 година

Краен рок за апликација 24.12. 2011 година

Сектори

Земјоделство - рурален развој Информатичка технологија Животна околина Управување со ресурси Урбан развој

Опис на ПроектотДавање институционална поддршка на службата за водостопанство при Министерството за подготовка на стратегија и акциски план за водните ресурси

КонтактEuropean Union, represented by the Euro-pean Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country, Pris�na,KOSOVO

Назив на ПроектотGESF – техничка подготовка на зелени компоненти

Референца EBRDZ70615

Финансиска референца

Procurement ref: 34868

Вид на набавка Услуги

Финансиер ЕБРД

ЗемјаAlbania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia,Georgia, Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Repub-lic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Fed-era�on, Serbia, Slovakia, Slovenia, Tajikistan,Turkey, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan

Објавено на 20.10.2011 година

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 29: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Краен рок за апликација 18.11. 2011 година

Сектори

Енергетика Животна околина Управување со ресурси

Опис на Проектот Консултантски услуги

КонтактMaria Haugh European Bank for Reconstruc�on and Devel-opment One Exchange Square London EC2A 2JN Tel: + 44 20 7338 7185 Fax: +44 20 7338 7451 E-mail: [email protected]

Назив на ПроектотMK - Скопје: База на податоци – менаџмент-систем

Референца ECZ70640-земји кандидати

Финансиска референца 2011/S 202-329201

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 20.10.2011 година

Краен рок за апликација 24.11. 2011 година

Сектори Информатичка технологија

Опис на Проектот

Воведување електронски систем во регистрите на матичната евиденција во Македонија

КонтактМинистерство за правда - Управа за матична евиденција Мито Хаџивасилев Јасмин бб За Емилија Андонова1000 Скопје Република македонијаTelephone: +389 23223787 +389 23223787 E-mail: [email protected]: +389 23215406Internet address(es) www.uvmk.gov.mk

Назив на ПроектотЧеркаси - Проект за енергетска ефикасност

Референца EBRDZ70621

Финансиска референца

Procurement ref: 6509-IFT-37511

Вид на набавка Испораки

Финансиер ЕБРД

Земја Украина

Објавено на 20.10.2011 година

Краен рок за апликација 6.12. 2011 година

Сектори Енергетика

Опис на ПроектотИспорака на следните стоки:- цевбковод за подземна мрежа на топла вода спрема следните стандарди EN253:2003, shall not exceed 0.027 W/m°C. Required diameters – from DN45/110 to DN630/800- steel pipes as specified in GOST-10704-91.Required diameters – from DN40 to DN630- PE-RT preinsulated bonded pipe as specifiedin TY B.2.7-25.2-30336890-014. Required diameters – from DN50/110 to DN180/250- shutoff and pipeline valves- system of remote control and technical con-di�ons monitoring of thermal insula�on

КонтактMunicipal Enterprise of District Hea�ng Net-works “Cherkasyteplokomunenergo”Contact person: Mr. Mykola Kulish, PIU Pro-curement ManagerUkraine, 18000, Cherkasy, O. Dashkovycha Str., 62Tel: +380 472 32 52 20E-mail: [email protected]

Назив на ПроектотПроект за зајакнување на конкурентноста

Референца WB4490-810/11

Финансиска референца

IDA Grant H 187 MD; IDA Credit 4119 MD, Project Id: P089124

Вид на набавка Испораки

Финансиер Светска банка

Земја Молдавија

Објавено на 20.10.2011 година

Краен рок за апликација 8.12. 2011 година

Сектори

Енергетика Животна средина Општествени служби

Опис на ПроектотНабавка на опрема за подвижни лаборатории LOT 1. Примарна опрема за мерење гас LOT 2. Опрема за мерење вода LOT 3. Помошна опрема за мерење гас LOT 4. Секундарна опрема за мерење гас LOT 5.опрема за мерење притисок LOT 6. Опрема за мерење температури LOT 7. Опрема за мерење на време и за фрекфенции LOT 8. Аналитичка опрема LOT 9. Општа опрема LOT 10. Опрема за обем и густина на житни култури

КонтактProject Implementa�on Unit of the WorldBank Compe��veness Enhancement Projectwithin the Ministry of Economy . A�n: Mr. Aureliu Casian, Execu�ve Director.180, Stefan cel Mare Ave., office 815.Chisinau, MD-2004, Moldova. Tel: + 373 22 296-723; 296-724. Fax: + 373 22 296-724. E-mail: [email protected].

Назив на Проектот

RS-Белград:ИПА - Надзор врз изведбените работи на коридорот 10, E75 автопат - Предејане и Манајле тунели, дополнување

Референца EuropeAid/130238/C/SER/RS

Финансиска референца 10SER01/15/11

Вид на набавка Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Србија

Објавено на 22.10.2011 година

Краен рок за апликација 25.11. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот

Техничка помош во надзор за целовреметраење на изведбените работи по FIDIC

КонтактEuropean Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country,Belgrade,SERBIA h�p://ec.europa.eu/europe-aid/work/procedures/implementa�on/serv-ices/index

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 30: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

На 28 октомври 2011 година бесплатен семинар во Прилеп, Хотел„Салида“

“ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И

ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА”10:00 – 12:00 часот

Со цел зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализираат стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Цел на обуката е запознавање на правните субјекти, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните минимални законски барања од областа на безбедност и здравје при работа кои треба да се применуваат на работните места. Обучувачи на семинарот ќе бидат еминентен претставник од Државниот инспекторат за труд, како и претставници од Македонското здружение за заштита при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Законот за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците. Во делот на законските акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните барања од: Законот за БЗР, Правилникот за инспекциски надзор и подзаконските акти што ќе произлезат како прашања на самата обука. Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик, се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука ќе и` се посвети посебно внимание на оваа тема. Овој семинар е организиран од страна на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и Стопанската комора на Македонија, во рамките на одбележувањето на Европската недела за БЗР. Заинтересираните лица можат да се пријават најдоцна до 27 октомври 2011 година.

Контакт: Ристо Најдоски Тел: 048 415536Факс:048 415536Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 28.10.2011 година бесплатен еднодневен семинар

“БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИ”од 10:00 – 15:30 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Поаѓајќи од потребата за презентирање на можностите што ги нуди Законот за безбедност на производите и правилниците донесени согласно овој закон и успешна практична примена на истите, Стопанската комора на Македонија и Министерството за економија, на 28 октомври 2011 година (петок), со почеток во 10:00 часот, организираат бесплатен еднодневен семинар на тема: “БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОДИ”. Предавачи на семинарот ќе бидат претставници од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Агенцијата за електронски комуникации, Министерството за транспорт и врски, Институтот за акредитација на РМ, Институтот за стандардизација на РМ и Бирото за метрологија.

На семинарот ќе бидат презентирани законската рамка, подзаконските акти, досегашните и идни активности на субјектите за успешна примена на предметната регулатива. Особено внимание ќе се посвети на потребната документација што го следи производот како доказ за неговата безбедност, како и начинот за нејзиното обезбедување. Обуката е наменета за компаниите-производители, увозници и извозници на пренослива опрема и едноставни садови и опрема под притисок, апарати на гас и гасна опрема, топловодни котли во кои согоруваат течни или гасовити горива, лифтови и сигурносни уреди за лифтови, жичани постројки наменети за превоз на лица, електротехничка опрема наменета за работа во определено напонско подрачје, опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експолозивни атмосфери, лична заштитна опрема, детски играчки и градежништво и сл.

Контакт: Војкан Николовски Тел: (02) 3244068Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

На 1.11.2011 година еднодневен семинар н“ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА

АКЦИОНЕРИТЕ И СОДРУЖНИЦИТЕ И ПОБИВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ВО ТРГОВСКИТЕ

ДРУШТВА”10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Прашањето за остварување на правата на акционерите и содружниците и можноста од поништување на одлуките на надлежните органи на трговските друштва, во ситуација на повреда на овие права е постојано актуелно прашање во услови на динамични односи во сферата на економијата и работата на трговските друштва.

Во таа насока, Стопанската комора на Македонијa, на 1 ноември 2011 година, со почеток во 10:00 часот, организира еднодневен семинар на тема: “Остварување на правата на акционерите и содружниците и побивање на одлуките во трговските друштва”. На семинарот ќе биде детално презентирано остварувањето на овие права од аспект на тоа како се тие уредени со законот и проблемите и сознанијата од практиката. Предавачи: Теофил Томановиќ, Фиданчо Стое и Ранко Максимовски, судии во пензија. Ззаинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 28 октомври 2011 година. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари (4500+ДДВ) за компании -членки и 7.080 денари за 1 учесник (6.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 31: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар на 7 и 8.11.2011 година“КАКО УСПЕШНО ДА ПОДГОТВИТЕ ДЕЛОВЕН ПЛАН И ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДА ДОБИЕТЕ

ГРАНТ ОД ИПАРД-ПРОГРАМАТА”7-8 ноември 2011 година

од 9:00-17:00 часотСтопанска комора на Македонија

Со цел да се подготват компаниите како да користат средства од ИПАРД-Програмата и успешно да ја пополнат апликацијата и инвестиционата програма за проекти, Стопанската комора на Македонија организира дводневна обука која ќе се одржи на 7-8 ноември 2011 година, во просториите на Комора, сала 53 на 4 кат од 09:00 до 17:00 часот. Ги покануваме сите заинтересирани физички и правни лица од секторот земјоделие (овошје, зеленчук, грозје, млеко и месо), преработувачи на овошје, млеко и месо, преработка на храна, туризам и занаетчиство (рурален туризам) како и:

* производители на вино;* производители на мед;* производители на леб и бели печива; * преработувачи на житни производи;* сопственици на туристички објекти и

локации; * сопственици на семеен имот кои

планираат да се занимаваат со туризам и

* занаетчии од традиционални занаети.

Обуката е предвидена да ги исполни следниве цели:

1.запознавање на учесниците со новоизменетите критериумите за учество за ИПАРД-програмата;

2.подготовка за методот на апликација на корисниците за користење на средствата според дефинираните мерки (101, 103 и 302);

3.запознавање на учесниците со прифатливи трошоци и за инвестирање (101, 103 и 302);

4.претставување на бизнис-планот потребен за апликација за ИПАРД;

5.објаснување на постапка за барање и за исплата на средствата за финансирање.

Обучувач: Марија Васкова, тренер на тренери за ИПАРД-програмата. Сите заинтересирани за учество во работилницата можат да се пријават најдоцна до 4 ноември 2011 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија

САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ„COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН

Од 4-13 ноември 2011 година во Пајерн - Швајцарија, се одржува 6-та традиционална регионална саемска манифестација за храна и пијалаци „COMP-TOIR BROYARD”. Стопанската комора на Македонија организира настап и посета на заинтересирани македонски компании на 6-та традиционална регионална саемска манифестација за храна и пијалаци во Пајерн - Швајцарија, на која нашата земја учествува како земја-партнер. Просторот за излагачите од Македонија ќе биде бесплатен, а големината на изложбениот простор ќе зависи од потребата и бројот на излагачите (80-100 метри квадрати, стандарден штанд, струја, интернет и паркинг).

„COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа:

- месо и месни производи, опрема за месна индустрија и месарници;

- млеко и млечни производи;- риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед;- брашно и производи од брашно;- диетална, макробиотичка храна;- производители на здрава, био и

органска храна;- пакување (хартија, фолија, пластика);- конзервирана храна;- природна минерална и изворска

вода;- безалкохолни и енергетски пијалаци;- сокови, сирупи и екстрати;- пиво, суровини и опрема за

индустријата за пиво;- вина од сите винарски земји и

региони;- вински и овошни ликери, овошни и

други ракии;- јаки алкохолни пијалаци, опрема и

машини за производство;- опрема и машини за винарство.

Програмата на „ COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци , нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и можност за наоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехраната. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни), туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 27.10.2011 година.

Контакти:Венера Андриевскател:3244037; факс:[email protected]

Влатко СтојановскиТел. 3244004; факс: 32 44 [email protected]

На 8.11.2011 година, во Лондон, Велика Британија

СРЕДБИ ЗА ВИНСКИ ТУРИЗАМ НА WORLD TRAVEL MARKET

Здружението на угостителството и туризмот и ЕЕН при Стопанската комора на Македонија организираат посета на Меѓународниот саем World Travel Market 2011, во чии рамки ќе се одржат средби за вински туризам. Во текот на бизнис-средбите учесниците ќе можат да ги искористат платформите за почеток на нови бизниси, за промовирање на бизнис-контактите и да се добие целосен поглед на пазарот на светскиот туризам.

Учеството е слободно, а организаторот ќе обезбеди за учесниците платформа за локацијата за разговори, за

Page 32: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

просторот за состанок и за индивидуалните планови. Средбите се наменети за:

- тур-операторите специјализирани за вински туризам, за да остварат комерцијални договори и

- винарските визби со проекти за вински туризам, за размена на искуства, know-how и др.

За повеќе информации:

Здружение на угостителството и туризмотСтопанска комора на МакедонијаЛазо АнгелевскиТел. (02) 32 44 [email protected]

На 17 и 18 ноември 2011 година Mеѓународен саем во Република Германија

„ МЕДИКА 2011“ ВО ДИСЕЛДОРФ

Здружението на угостителство и туризмот и ЕЕН при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Меѓународниот саем за медицина „МЕДИКА 2011“, место број еден за средби од секторот медицина. Целта на настанот е да им се помогне на претпријатијата од медицината, универзитетите и истражувачките институти да најдат патнери во Европа за развој на производите, производството и склучување на лиценцни договори, договори за заедничко вложување и други видови на соработка.

Овој меѓународен настан од медицината има традиција повеќе од 10 години. Во последните години на секој од овие настани имаше повеќе од 160 учесници од повеќе од 20 земји со повеќе од 500 состаноци. За повеќе информации:Здружение на угостителството и туризмотСтопанска комора на МакедонијаЛазо АнгелевскиТел. (02) 32 44 [email protected]

Анкета на Стопанската комора на Македонија

ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ

Стопанската комора на Македонија, на барање на Министерството за финансии, спроведува трет круг на анкета со своите членки во врска со постапката за приватизација на градежно земјиште. Целта на оваа анкета е да им се

помогне на фирмите за остварување на правото на приватизација на градежното земјиште, под поповолни услови. Во таа смисла, се покануваат сите членки кои веќе имаат поднесено барање за приватизација и постапката е во тек, како и правните лица кои се во подготовка и имаат намера да поднесат барање за приватизација и имаат некакви проблеми со приватизацијата на градежното земјиште, да се вклучат во оваа анкета.

Добиените анкетни прашалници Стопанската комора на Македонија ќе ги достави до Министерството за финансии, кое со сите фирми ќе организира дополнителни директни средби за да добие клучни информации кои ќе помогнат да се подобри ефикасноста во решавањето на предметите, да се излезе во пресрет на сите прашања и проблеми кои праксата може да ги покаже, што во крајна линија е заложба за побрзо и поедноставно остварување на правата на барателите на приватизацијата. Подетални информации и Анкетниот прашалник може да го превземете од веб- порталот на Стопанската комора на Mакедонија: www.mcnamber.mk Контакт: Ацо Спасовски Тел: ++ 389 2 3244044 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: ac 25.10.2011 - 25.10.2011

На 30 ноември 2011 година јавна дебата на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

- Скопје„YOUTH TO BUSINESS FORUM 2011“ во

Скопје

На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во заедничка организација на Стопанската комора на Македонија со AIESEC, на 30 ноември 2011 година ќе се одржи Youth to Business Forum, единствен настан од ваков вид во земјава. Иницијативата беше покрената на еден од состаноците на Тренинг-центарот за европски интеграции - ЕИТЦ на Економскиот факултет, каде што во креирањето на активностите директно е вклучена и Стопанската комора на Македонија, со цел организирање на заеднички настан во кој ќе бидат вклучени студентите и бизнис-заедницата. Форумот претставува извонредна платформа за отворање дијалог меѓу младите и бизнис-заедницата со цел дискусија и подетално разгледување на прашања и решенија од сферата на образованието,

лидерството и иновациите. Дијалогот ќе се одвива во рамки на прашањето: Како образовниот систем денеска помага/придонесува за подготвување на студентот за вклучување во деловниот живот или формалното образование наспроти неформалното образование, лидерство од аспект на преземање конкретни дејства и иновации – нови решенија применливи во секојдневниот живот. Со цел соодветна реализација на Форумот, се покануваат заинтересираните компании да се вклучат во реализацијата на настанот како партнери, поддржувачи или модератори на некоја од работилниците, за што е концепиран и пакет на поволности. Пополнетиот формулар треба да се достави најдоцна до 27 октомври (петок) 2011 година. Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 17-18 ноември 2011 година, во Република Грција

БИЗНИС-СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ ВО КОМОРАТА НА ХАЛКИДИКИ

Стопанската комора на Македонија и Комората на Халкидики организираат Бизнис-средба на македонски и грчки компании од различни сектори во Комората на Халкидики .

Ве покануваме да земете учество на бизнис-средбите (B2B) на кои ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација со грчки компании. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите кај лицата наведени во Пријавниот лист и да одредите со кои грчки компании или од која дејност би сакале да стапите во контакт.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс: 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Јадранка Аризанковска Тел: ++ 389 2 3244038Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 33: Бизнис ИНФО број 71 од 27.10.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 27 октомври 2011, Бр. 71

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на

печатена, режана, перфорирана и вакуум-фолија за конфекционирање на производи во

прехранбената индустрија.Валидност do: 4.12.2011 година

Компанија од Франција бара соработка со производители на печурки во Република

Македонија за пласман во Франциј.аВалидност do: 4.6.2012 година

Компанија од Хрватска бара пласман на базени и опрема за базени во Република Македонија.

Валидност do: 5.12.2011 година

Компанија од Хрватска бара пласман на пченица, пченка, рж` и брашно во Република Македонија.

Валидност do: 5.4.2012 година

Компанија од Хрватска нуди уреди за прочистување на отпадни води и бара соработка со проектантски бироа во Република Македонија.

Валидност do: 5.12.2011 година

Компанија од Хрватска работи во обласата на дробење на камен. Бара да набавува во Република

Македонија асфалтна маса, резервни делови за дробилки и гуми.

Валидност do: 5.12.2011 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на антикорозивни туби, картонски цевки и

картонски прстени наменети за сите индустрии и градежништво.

Валидност do: 6.5.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер за пласман на пиво во Република Македонија: светло

пиво - 0,5 l стакло, 0,33 l стакло, 0,50 l лименка1 l пет, 2 l pet,бочва 30 l, бочва50 l; црно пиво – 0,5

l стакло, 0,33 l стакло, 0,50 l лименка, бочва 30 l; бикер пиво (со лимун) -0,5 l слатко, 0,5 l пет, 1,0 l

пет, бочва 30 l.Валидност do: 6.4.2012 година

Компанија од Англија бара соработка со трговци на големо во Република Македонија за пласман на

видеоигри.Валидност do: 7.02.2012 година

Компанија од Израел бара соработка со откупувачи на земјоделски производи во

Република Македонија за пласман на пазарите во ЕУ- компанијата е заинтересирана да врши

откуп на 5 шлепери земјоделски производи неделно.

Валидност do: 10.6.2012 година

Грчка компанија побарува македонски текстилни компании за производтсво на машки костуми по

принципот на „ЛОН„ -систем.Пред потпишување на договор, компанијата ќе

испрати примероци од текстил, за изготвување на пробни костуми.

Валидност do: 10.9.2012 година

Македонската компанија ТНТ ЕКСПРЕС Македонија нуди брзи услуги и решенија во областа на

транспортот и им овозможува на компаниите сигурна и безбедна испорака на бизнис-

документи, пратки и товар, до која било земја во светот со вклучена услуга во секое време да

видат каде точно се наоѓа нивната пратка.Валидност do: 10.10.2012 година

Компанија од Македонија нуди филтри за климатизација, индустриско отпрашување, филтри за лакирници, транспортни ленти и трансмисиони

ремени, екстрамултус и транспортни.Валидност do: 10.10.2012 година

Компанија од Хрватска бара застапник во Република Македонија за продажба на

надворешни бродски мотори Хонда, гумени чамци, бротчиња и глисери.

Валидност do: 10.3.2012 година

Компанија од Македонија бара дистрибутер во Европската унија за пласман на еко-вода.

Валидност do: 10.10.2012 година

Компанија од Грција заинтересирана е да пласира кожна облека и обувки во Република Македонија.

Валидност do: 12.02.2012 година

Компанија од Црна Гора бара изведувачи на занаетчиски работи во градежништвото во

Република Македонија.Валидност do: 12.9.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на магични

крпи и препарати за заштита на коса.Валидност do: 12.4.2012 година

Хотелот „Москва“ сместен во центарот на Белград во близина на Плоштадот Република има 124

комфорни соби и 6 луксузни апартмани опремени со стилски мебел, мини бар, кабловска ТВ и

бесплатен безжичен интернет. На приземјето има кафе-слаткарница и ресторан, ноќен клуб, банкет сали, гаража и паркинг, конференциски сали за

бизнис-состаноци, презентации кои се опремени со аудио и дигитална видео-проекција системи,

како и безжичен Wi Fi интернет на 10Mbps брзина.Стручниот тим на готвачи на хотелот е подготвен

да помогне во подготовка на бизнис-ручеци.Контакт:

www.hotelmoskva.rsHotel Moskva

BelgradeTerazije 20

Tel: +381 11 2686 255Fax: +381 11 2688 389

Reserva�ons: +381 11 3642 069E-mail: [email protected]

Нада РодоичиќВалидност do: 29.9.2012 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на конзервирани

производи, пинџур, туршија, печена пиперка, како и млеко и преработки од млеко од Република

Македонија.Валидност do: 29.4.2012 година

Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за соларни системи за

греење на вода за искористување на топлината од отпадот во производствените процеси.

Валидност do: 29.4.2012 година

Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на сончевата енергија за пласман на фотоволтаични системи, соларни системи за греење на вода и топлински

пумпи.Валидност do: 29.3.2012 година

Хрватска компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на опрема за пекарска

индустрија.

Валидност do: 29.3.2012 година

Бугарска компанија има интерес за соработака со фирми од Република Македонија кои произведуваат струготини од дрво, а се

употребуваат за изработка на палети, бараната количина треба да биде 1800 м3 месечно, а во

моментот бараат 360м3.Валидност do: 29.4.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со производители на вино во Република Македонија

за пласман во Шибеничката жупанија.Валидност do: 30.9.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со компании во Република Македонија за продажба

на џинс облека.Валидност do: 30.4.2012 година

Компанија од Хрватска бара да увезува грав во суво зрно (шарен, бел и зелен) и свеж лук во

пакување од Република Македонија.Валидност do: 30.5.2012 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е за набавка на амбалажа за пакување на кондиторски

производи од Република Македонија, како и пласман на истите.

Валидност do: 3.4.2012 година

Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на расветни

тела.Валидност do: 3.2.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка во областа на водоснабдување и пречистување на вода во Република Македонија за пласман на опрема и

нивна монтажа.Валидност do: 3.4.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на купување и продажба

на разни видови компир, имаат 80 регистрирани сорти на компир.

Валидност do: 20.01.2012 година

Компанија од Германија нуди широк спектар на услуги во соларна технологија во планирање,

инсталација и модернизација на соларни системи.

Валидност do: 26.12.2011 година

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

професионална опрема за кујни во ресторани.Валидност do: 26.12.2011 година

Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со македонска фабрика за производство

на чевли која би сакала своите производи да ги извезува во Европа.

Валидност do: 27.5.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може

да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски