Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

22
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 12 април 2012, Бр. 93 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 93 од 12.04.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Трговците на мало на алкохолни пијалаци бараат измена на условите за продолжување на лиценцатa МАЛИГАНИТЕ ГИ ПРАЗНАТ ТРГОВСКИТЕ КАСИ Европската унија и соседите ДОСЛЕДНА ВО СВОИТЕ ПОЛИТИКИ И ДОНАЦИИ, ОСТАНАТОТО ЗАВИСИ ОД „ЗАСЕГНАТИТЕ“ ЗАЕДНИЧКИ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ Македонско-турски бизнис-форум со компании-членки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД)

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 25-Mar-2016

313 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 12 април 2012, Бр. 93СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 93 од 12.04.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Трговците на мало на алкохолни пијалаци

бараат измена на условите за продолжување

на лиценцатa

МАЛИГАНИТЕ ГИ ПРАЗНАТ ТРГОВСКИТЕ

КАСИ

Европската унија и соседите

ДОСЛЕДНА ВО СВОИТЕ

ПОЛИТИКИ И ДОНАЦИИ,

ОСТАНАТОТО ЗАВИСИ ОД

„ЗАСЕГНАТИТЕ“ЗАЕДНИЧКИ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

Македонско-турски бизнис-форум со компании-членки на Турската асоцијација на

индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД)

Page 2: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

ХРАБРОСТА И РИЗИКОТ ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВОНОВИ ИНВЕСТИЦИИ – КЛУЧ НА УСПЕХОТ

Ќе биде тешко годинава, но секој од нас мора да најде начин како компаниите да се позиционираат уште подобро на пазарот, и да си го најдат патот за да преживеат. Факт е дека најавите од секаде се многу специфични, но и многу непредвидливи за тоа во кој правец ќе се движи европската економија. Се трудиме

да имаме позитивен пристап кон работите. Бараме начини да најдеме нови позиции за нашата компанија, да го задржиме трендот на раст на компанијата на пазарите каде што сме присутни, но и да освојуваме нови. Што е клучот за успехот? Храброста и ризикот да се влезе во нови инвестиции. Да се отстрани сегментот што не е комплементарен и неконкурентен, а да се развива она што е добро, за да биде уште подобро. Не може да се биде добар во се’, па затоа врз основа на анализи треба да се фокусираме на најдобриот сегмент. За нас не важи правилото евтина цена, туку градење бренд врз квалитет. „Кафетинот“ е нашиот најголем бренд кој е повеќе познат и од самата компанија. Од него се продадени 10 милијарди таблети.

(Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Алкалоид“ од Скопје)

ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ТРЕБА ДА ИНВЕСТИРА ВО ЕЛЕКТРОНСКИ

ПРОДАВНИЦИ

Ние за подобрување на електронската трговија работиме многу одамна, не само со овие 100 електронски

продавници за кои 36 веќе имаме избрано на првиот конкурс кој беше за 50, се пријавија само 36 кандидати. Веќе банките ги надградија своите системи, имаше претходно проблеми со банките каде што дел од нив не користеа ситем каде може да се купи со нивната платежна картичка преку интернет, сега и тоа не проблем.

Останува реално до приватниот сектор да инвестираат во електронска продавница за да можат да ги нудат своите продукти не само во Македонија туку и во целит свет, секаде каде што има интернет. Ние се трудиме колку што можеме тоа да го направиме, но мора и од другата страна да има некој ангажман за да има развиено електронско тргување во Република Македонија.

(Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација)

ЗДРАВА ХРАНА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 25 ЗЕМЈИ

Од почетокот на своето постоење до денес „Виталија“, пред се’, извозно е ориентирана компанија насочена кон производство на квалитетни здрави продукти кои ги следат потребите на современиот консумент. Целосно се вложуваме во создавање на иновативни

продукти кои со својата додадена вредност креираат бенефит за здравјето

на потрошувачите. Со јасна стратегијата за развој изградивме силен бренд што се идентификува како лидер во својата категорија. Кај домашниот потрошувач изградивме голема доверба во брендот „Виталија”, но паралелно создадовме и лојални потрошувачи надвор од нашата земја. Денес извезуваме во повеќе од 25 земји, присутни сме на четири континенти. Најновиот извозен успех е токму соработката со познатиот синџир на супермаркети „Џамбо“ од Грција кој го препозна нашиот потенцијал и во својот асортиман ги воведе добро познатите житни барови „гранола“ и „премиум“. Тоа е уште една потврда за силата на брендот, но и доказ дека со добар производ и јасна стратегија за извоз, успехот е неизбежен. Природно, најширокиот пласман на продукти се одвива на соседните пазари, но голем извозен потенцијал за нас се Израел, Јапонија и Кина, каде што имаме одлична соработка токму во доменот на диететиката и житните производи.

(Искра Ветаџокоска-Муцунска, косопственичка на „Виталија“)

ШТО ПОБРЗО ДО ЕДИНСТВЕНА ПРЕМИЈА, ТОЛКУ ПОДОБРО

На Управниот одбор на Националното биро за осигурување донесовме начелна одлука за пристапување кон таканаречениот мултилатерален договор со Советот на бирото. Меѓутоа, пред да почнеме со што било ќе мора

да решиме две основни работи. Едно е признавањето на регистарската табличка, и второ тоа подразбира дека осигурувањата што го носат зелениот

картон и основното мора да бидат споени, односно да се плаќа единствена премија што ќе го покрива и домашниот и надворешниот ризик. Ние еднаш мора да пресечеме, да го споиме зелениот картон со основното осигурување. Што порано тоа го направиме, тоа подобро. Kога ќе се дисперзира ризикот на сите осигуреници, трошокот ќе биде многу помал. Според наши пресметки основното осигурување може да се зголеми за 25 до 30 отсто и со тоа автоматски сите возила ќе имаат зелен картон.

(Јонче Поповски, директор на Националното биро за осигурување)

СЕДУМ ГОДИНИ РЕМЕДИКА

Во Ремедика се направени над 620.000 дијагностички процедури, над 400.000 лабораториски анализи, околу 30.000 радиолошки услуги, а во делот на гинекологијата се направени повеќе од 8.000 интервенции и операции. На хируршкиот оддел пак, се направени повеќе од 6.000 оперативни зафати.

Донесовме на свет околу 3.800 бебиња, од кои повеќе од 1.800 се родени по пат на царски рез, 1.600 се спонтани породувања, а збирот е поголем затоа што донесуваме на свет и многу близнаци. За разлика од срамежливите почетоци, кога со огромно внимание се преземаа првите интервенции, сега секојдневно во Ремедика се работат зафати кои се одлика на најсериозните, најорганизираните и кадровски најдобро поставените куќи во регионот и во Европа.

(Андреја Арсовски, cтручен директор на Ремедика)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 12 април 2012, Бр. 93

Според Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009 и 158/2010) сите трговци на мало, коишто вршат продажба на алкохолни пијалоци, за продажбата на алкохолните пијалоци се должни да поседуваат лиценца која се издава со важност од две години. За добивање на лиценцата

трговците се должни да платат надоместок од 20.000 денари на сметка на Републичкиот буџет. Со оглед дека периодот на важност на добиената лиценца е две години, согласно законот, за секое продолжување на нејзината важност за наредните две години трговците се обврзни да ги платат следните надоместоци: - 5.000 денари за секој продажен објект ако трговецот има до три продажни објекти за алкохолни пијалоци; -15.000 денари за секој продажен објект, ако трговецот има над три продажни објекти за алкохолни пијалоци и 0,05% од вкупниот промет на компанијата остварен во претходната година.

Со ваквото законско решение, кое предвидува плаќање на различен надоместок, во зависност од бројот на продажните објекти, трговците со повеќе од три продажни објекти се ставени во нерамноправна положба во однос на другите трговци.

Од друга страна, предвидениот надоместокот од 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година, е категорија која се однесува за сите видови на стоки кои се продаваат во продавниците, односно во ланците на супермаркети и не треба да се врзува со лиценцата за продажба на алкохол. Ова беше нагласено на редовната прес конференција во

Стопанската комора на Македонија, на која беше нагласено дека трговците на мало на алкохолни пијалоци бараат измена на условите за продолжување на лиценцатa (9.4.2012 година). Предвидениот надоместок всушност претставува дополнителен финансиски издаток и товар за

трговците ако се земе предвид дека за остварениот годишен промет компаниите редовно плаќаат ДДВ, данок за остварена добивка, како и сите неопходни даноци и придонеси кон државата. По ова прашање, претставници на трговските компании и на Министерството за економија во изминатата година одржаа неколку оперативни состаноци со цел за негово соодветно решавање, меѓутоа до тоа се’ уште не е дојдено. Тргнувајќи од фактот дека оваа законска обврска претставува финансиски товар за компаниите-трговци, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, покрај преку споменатите активности, во рамките на проектот на Владата на Република Македонија –Регулаторна гилотина -4 фаза, достави предлог за измена на Законот за трговија, предлагајќи ги следните решенија: -да се укине обврската за плаќање надомест за продолжување на лиценцата во износ од 0,05% од вкупниот промет на компанијата остварен во претходната година, содржана во член 23-а став 8, од Законот за трговија или, како второ алтернативно решение: -да се измени член 23-а став 8 од Законот за трговија, со што надоместокот од 0,05% за продолжување на лиценцата да се пресметува од остварениот вкупен промет на алкохолни пијалоци во

ФОКУСИРАНО Трговците на мало на алкохолни пијалоци бараат измена на условите за продолжување на лиценцатa

МАЛИГАНИТЕ ГИ ПРАЗНАТ ТРГОВСКИТЕ КАСИ

Page 4: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

претходната година, а не од вкупниот промет на трговецот.

Оправданоста на барањето на трговците за измена на постојните законски решенија, со потенцирање на нелогичноста на основите врз коишто тие се базираат, ја аргументираме преку анализа на ефектите добиени со споредба на издатоците пресметани од вкупниот промет и издатоците пресметани од прометот на алкохокни пијалоци во претходната година. Што се однесува до пресметката по вториот основ, останува нејасно зошто уште во првиот момент од измените на овој дел од законот, не е вградено ова законско решение, кое што е пологично, поиздржливо, пореално и помалку болно од постојното. Споредбената анализа укажува на следното:

1 Вкупно: Вкупен промет на компаниите во 2011 год. 2 16.053.327.348 Промет по основ на продаден алкохол во 2011 год. 3 544.324.249 Износ на надоместокот од 0,05% по основ на Вкупен промет 4 8.026.663 Износ на надоместокот од 0,05% по основ на продаден алкохол 5 272.163 Споредбена разлика на надоместокот за 2011 год. ( 4 – 5 ) 7 7.754.500 Број на продажни објекти 8 169 Вкупен износ на надомест по продажни објекти (n х 15.000) 9 2.535.000Вкупен надоместок според Вкупен промет 10 10.561.663 Вкупен надоместок поред прод.алкох. 11 2.807.163Просечно по прод. објект според вк.промет 12 62.495 Просечно по прод. објект според прод.алкох. 13 16.610

Според анализата, согласно постојните законски прописи, вкупните финансиски издатоци на шесте анкетирани компании за продолжување на лиценцата за наредниот две годишен период изнесуваат 10.561.663 денари, во кои 8.026.663 денари се по основ на надомест од 0,05% од остварениот вкупен промет на компанијата и 2.535.000 денари од надомест за продажни објекти. По овој основ просечните трошоци по продажен објект изнесуваат 62.495 денари, за период од две години. Во анализата се опфатени 169 продажни објекти на алкохолни пијалоци. Доколку надоместокот за продолжување на лиценцата се пресметува по 0,05% од вкупниот промет на продадени алкохолни пијалоци, а не од вкупниот промет на трговската фирма, како пологично и помалку болно решение, тогаш финансиските трошоци на шесте компании би изнесувале 2.807.163 денари, од кои 272.163 денари се по основ на процентот од продаден алкохол и 2.535.00 денари од надомест од број на продажни објекти. Во ваква ситуација, просечните издатоци по продажен објект би изнесувале 16.610 денари, за период од две години, што е за скоро четири пати помалку од постојната законска обврска. Н а п р а в е н а т а споредбена анализа укажува на податокот дека, доколку основот по којшто се пресметува надоместокот би бил базиран на пореални основи, анализираните компании во еден период од две години, би имале помали финансиски трошоци за 7.754.500 денари, односно помал трошок за 45.885 денари просечно по продажно место.

ФОКУСИРАНО

Page 5: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 12 април 2012, Бр. 93

Трговската размена меѓу Република Македонија и Република Турција не е на задоволително ниво, но постојат можности за соработка и за подобрување на економските односи меѓу двете држави, - оценуваат деловните луѓе од компаниите-членки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД) кои во Стопанската комора на

Македонија ги разгледуваа можностите за соработка со македонски компании (6.4.2012 година). Како што истакна претседателот на подружницата на Асоцијацијата на индустријалци и бизнисмени - МУСИАД во Измир, Абдурахман Чабук, целта на нивната посета е унапредување на економските односи со Македонија и остварување билатерални средби со македонските компании. - Во делегацијата има компании од секторите градежништво, прехранбена индустрија, услуги и текстил. Заинтересирани сме за соработка во овие области. При оваа посета се надеваме дека ќе добиеме уште повеќе детални информации во поглед на можностите за инвестирање и потоа ќе ги разгледаме истите, истакна Чабук. - Асоцијацијата брои 5.500 членови во Турција кои остваруваат годишен извоз од 17 милијарди САД долари и обезбедуваат работа на 15.000 лица во државата. Последните неколку години односите меѓу двете држави се на извонредно ниво кое помага и за подобрување и на трговските и на економските односи меѓу бизнисмените. Се надеваме дека од наш аспект ќе можеме и ние малку да придонесеме во подобрување на овие односи. Тој посочи дека има многу сличности меѓу двете држави, особено во

поглед на населението. Според него, има многу голема работна и квалификувана сила, младо население и во Турција и во Македонија, што е фактор што ќе овозможи плодна соработка меѓу двете земји. Љубица Нури, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, рече дека средбата е рефлексија на роуд шоуто што премиерот

и министрите ги направија во февруари во Турција, каде се промовираше Македонија како добра, интересна инвестициска и бизнис-дестинација. -Ова е втора делегација од Турција. Минатата недела имавме претставници од Здружението на претприемачи од Турција. Најавени се уште неколку турски мисии оваа пролет, што значи дека роуд шоуто ги поттикна интересите на стопанствениците на лице место да се уверат дали навистина бизнис и инвестициската клима е таква каква што беше претставена и да си најдат евентуални партнери, - посочи Нури. - Турција за нас е можност за заеднички да одиме на трети пазари, како што се земјите од Северна Африка, Блиски Исток и кавкаските земји. Ние на Турците можеме

да им послужиме како можност за настап на Балканот и во земјите од Европската унија. Турските компании треба да ги искористат предностите што ги има Македонија во поглед на либерализираната трговија со ЕУ и со ЦЕФТА-земјите и преку дијагоналната кумулација на потеклото на стоките ќе обезбедат поконкурентен настап на овие пазари. Турција, истакна таа, за нас отсекогаш била земја-партнер, а трговската размена која е околу 400 милиони САД долари не соодветствува со она што би можеле да направиме.

Бизнис-форумот го поздрави и трговскиот советник при турската амбасада во Скопје, Шенол Туркилмаз, која ги истакна одличните односи со Стопанската комора на Македонија, која секогаш е отворена за гостопримство на турските стопанственици и инвеститори. Влатко Стојановски

АКТУЕЛНО Македонско-турски бизнис-форум со компании-членки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД)

ЗАЕДНИЧКИ ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

Page 6: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

АКТУЕЛНО

НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА

ТУРЦИЈА

Трговска соработка

Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Турција во периодот јануари-декември 2011 годинаВо САД $

Извоз Увоз Вкупноколичина во кг сума во САД$ количина во кг сума во САД$ количина во кг сума во САД$77.133.709,00 73.343.751,00 480.777.741,00 343.882.151,00 557.911.450,00 417.225.902,00

Споредбен приказ на трговската размена со Турција во периодот 01-12.2011 / 01-12.2010Во САД долари

Вкупна размена Извоз Увоз2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс

311.220.073,00 417.225.902,00 134,1 50.909.435,00 73.343.751,00 143,1 260.310.638,00 343.882.151,00 132,3

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2011 година достигна вредност од 417,2 милиони САД $, што претставува раст од 34,1% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 73,3 милиони САД $ или раст од 43,1%, додека увозното салдо изнесува 343,8 милиони САД $, што е зголемување од 32,3% споредбено со истиот период од 2010 година. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 270,6 милиони САД $. Во вкупната надворешно-трговска размена, Р.Турција е 10-ти трговски партнер на Р. Македонија во 2011 година.

Обем на трговската соработка во 2010 годинаВо САД $

ИЗВОЗ УВОЗ ВКУПНО БИЛАНС

50.909.435,00 260.310.638,00 311.220.073,00 - 209.401.203,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2010 година достигна вредност од 311,2 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 50,9 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 260,3 милиони САД $. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 209,4 милиони САД $. Покриеноста на увозот со извозот е 19,5%.

Компаративен приказ на трговската размена со Турција - 2009 / 2010 годинаВо САД $

Вкупна размена Извоз Увоз2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

301.655.525 311.220.073 103.2 40.764.204 50.909.435 128,8 250.746.090 260.310.638 103,8

Вкупната надворешно-трговска размена меѓу двете земји во последните години бележи континуиран раст, како во извозот, така и во увозното салдо. Така, извозот во 2010 е зголемен за 10,1милиони САД $, што претставува раст од 28,8% во споредба со цела 2009 година, додека кај увозот има раст од 9,6 милиони САД $, или зголемување од 3,8%. Вкупната размена е зголемена за 9,5 милиони САД $, или раст од 3,2%.

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2011 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • текстилни материјали и ткаенини - 9,6 милиони САД$; • мермер и огноотпорни тули - 6,2 милиони САД$; • феросилициум- 5,3 милиони САД$; • топло и ладно валани производи од железо и челик - 28 милиони САД$;

Page 7: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 12 април 2012, Бр. 93

АКТУЕЛНО

• сурови кожи од животни - 5,4 милиони САД$; • прехрамбени производи - 3,6 милиони САД$.

Во увозното салдо најголемо учество имаат: • прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 12,2 милиони САД$; • руди од никел - 36,3 милиони САД$; • лекови и козметика - 6,3 милиони САД$; • текстилни предива, ткаенини и теписи - 61,2 милиони САД$; • нафтени масла - 4,2 милиони САД$; • готови текстилни производи, облека и обувки - 10,6 милиони САД$; • производи од железо и челик - 18 милиони САД$; • електрична опрема и бела техника - 12,3 милиони САД$ и др.

Стоковна размена (2001/2009)

Во илјади САД$2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Извоз 8.583 8.462 32.808 53.954 53.954 54.272 53.248 31.564 40,7 Увоз 46.407 59.154 78.787 94.843 94.883 106.969 194.766 268.754 250,7

Вкупно 54.990 67.616 1 11.596 148.798 148.837 161.201 248.014 300.318 301,6 Трг. салдо -37.824 -50.692 - 45.979 -40.889 -40.292 -52.697 -141.518 -237.190 -210

Споредувајќи го периодот од 2001 до 2008 година, во надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Турција, се забележува константен трговски дефицит на македонска страна, кој благо варира од година во година. Во анализираниот период најголемиот дефицит е остварен минатата година (2008) и изнесува 237 милиони САД $.

Приказ на директни инвестиции од Турција во МакедонијаВо мил.евра

2009 2008 2007 2006 2005 2004 2003 -2,35 42.976.042 34.909.718 27.722.719 25.060.107 26.488.657 18.860.126

Турската компанија „ТАВ“ е новиот концесионер на аеродромскиот систем во земјава која се очекува да инвестира околу 200 милиони евра. Аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид ќе бидат дадени под концесија на 20 години и Владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите да добијат подобрување според светски стандарди на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетите и авиосообраќајот. Исто така „ТАВ“ ќе го гради и новиот карго-аеродром во Штип. Во поглед на интересот на турските бизнисмени за инвестирање во Македонија, истите отворено истапуваат со критика дека главен проблем им се бавните бирократски процедури во земјава. Објаснуваат дека откако ќе отворат фирма и ќе вработат луѓе во земјава, морале да се враќаат назад во Турција по работна дозвола. Во другите земји, оваа дозвола се вадела во земјата каде инвестираат. За најавените, а нереализирани турски инвестиции во Македонија, како што е случајот со „Шишеџам“, од турската амбасада во земјава велат дека ќе дошле по завршувањето на кризата. За турските бизнисмени, најинтересни за инвестирање во земјава се прехранбената и текстилната индустрија и градежништвото. Посебен потенцијал гледаат во туризмот, бидејки, велат, имало многу заинтересирани Турци кои би сакале да го посетат родното место и училиштето во кое учел водачот на модерната турска држава – Кемал Ататурк, во Битола.

Бројки и факти ТУРЦИЈА

1. Локација: Југоисточна Европа и Југозападна Азија, граничи со Црното Море, меѓу Грузија и Бугарија, со Егејско и Медитеранското Море, меѓу Грција и Сирија

2. Површина:• Вкупно: 780.580 км2 - Земјена површина: 770.760 км2 - Водена површина: 9.820 км2

3. Граници:• Вкупно: 2.648 км• Земји со кои граничи: Ерменија, Азербеџан, Бугарија, Грузија, Грција, Иран, Ирак, Сирија

Page 8: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

4. Главен град: Анкара

5. Население: 76.805.524 (2009)

6. Религија: Муслимани 99,8%, други 0,2%

7. Јазици: Турски, курдски, арапски, ерменски и грчки

8. Бруто домашен производ (БДП)• БДП куповна моќ: 960,5 милијарди САД $ (2010)• Стапка на пораст на БДП: 8,2% (2010)• БДП по глава на жител: 12.300 САД $ (2010)• БДП по сектори: - Земјоделство: 9,6% - Индустрија: 26,6% - Услуги: 63,8% (2010)

9. Стапка на инфлација: 8,6% (2010)

10. Стапка на невработеност: 12% (2010)

11. Индустрии: Текстил, челик, петролеј, градежништво, хартија, преработка на храна, хартија, рударствo, челик, електроника

12. Стапка на пораст на индустриско производство: 13,1% (2010)

13. Извоз: 121 милијарда САД $ (2010) • Извозни партнери: Германија 9,6%; Велика Британија 5,8%, Италија 5,8%; Франција 6,1%; Ирак 5% (2009) • Извозни производи: прехранбени производи, текстил, метални производи, транспортна опрема

14. Увоз: 177,3 милијарди САД $ (2010) • Увозни партнери: Русија 14%; Германија 10; Кина 9%; Италија 5,4%; САД 6,1%; Франција 5% (2009) • Увозни производи: машини, хемикалии, полу готови производи, горива, транспортна опрема

(Извор: ЦИА)

Листа на интернационални договори и интернационални акти од економска природа меѓу Република Македонија и Турција

Име на договорот Склучен Ратификуван Објавен Влегување во сила

Протокол 2 кон договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција

02.12.2005 Скопје

16.05.2007 68/2007 01.08.2007

Протокол за соработка меѓу Република Македонија и Република Турција (ТИКА)

15.03.2005 Анкара

06.12.2005 110/2005

07.11.2007

Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција

07.09.1999 Скопје

17.12.1999 83/1999 01.09.2000

Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Турција

06.07.1998 Скопје

05.02.1999 7/1999 01.07.2000

Меморандум за разбирање меѓу Република Македонија и Република Турција за трговијата со текстилни производи

27.10.1997 Скопје

11.02.1998 9/1998 01.04.1998

Договор меѓу Република Македонија и Република Турција за поттикнување и заемна заштита на инвестициите

14.07.1995 Скопје

30.01.1997 5/1997 27.10.1997

Договор меѓуРепублика Македонија и Република Турција за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал

16.06.1995 Анкара

20.09.1995 45/1995 28.11.1996

Спогодба меѓуРепублика Македонија и Република Турција за меѓународен патен сообраќај

27.04.1995 Скопје

20.09.1995 45/1995 04.10.1995

Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција

09.12.1994 Скопје

29.03.1995 19/1995 11.07.1997

Спогодба за трговска и економска оработка меѓу Република Македонија и Република Турција

17.03.1994 Анкара

29.03.1995 19/1995 03.04.1995

Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за туристичка соработка

27.10.1993 Скопје

20.07.2007 45/1995 27.10.1995

АКТУЕЛНО

Page 9: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 12 април 2012, Бр. 93

Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата во Штип расправаше за тековните движења во текстилната

индустрија во земјава

ИНВЕСТИЦИИ ВО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПОГОНИТЕ И ПРОМОЦИЈА НА СОПСТВЕНИ

ПРОИЗВОДИ

Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, на 4.4.2012 година во хотелот „Оаза“ – Штип, одржа состанок

ка кој се разгледуваа состојбите и тековните движења на текстилната индустрија во Република Македонија. Претседателот на Здружението, Ангел Димитров, истакна дека текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки индустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемничките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој. Но, во текстилната индустрија во земјава преовладува ,,ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење, што е еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери. Во вкупниот извоз на „ЛОН“-работењето учествува со околу 93%, а на класичното производство на извоз отпаѓа 7%. Оваа гранка вработува околу 40 до 42 илјади работници, што е околу 10-12% од вкупниот број на вработени и околу 40% од вработените во преработувачката индустрија, а додека во извозот учествува со околу 16-18% во вкупниот извоз на земјата. Според статистичките податоци, извозот на текстилни производи во 2011 година достигна 720 милиони САД долари

и има зголемување во однос на 2010 година, а додека увозот во 2011 година изнесува околу 512 милиони САД долари. Стопанствениците на текстилните компании истакнуваат дека радува фактот што странските компании се повлекуваат од Кина и затоа, во наредниот период, најзначајно ќе биде да се зачува познатиот квалитет на изработка на производите од македонските работници, но и да се инвестира во нова опрема која ги подобрува продуктивноста и квалитетот.

Како клучни проблеми кои ја оптоваруваат оваа стопанска дејност стопанствениците ги истакнаа следните:

1. неопходно е намалување на царинските давачки за увоз на репроматеријали од земјите надвор од ЕУ, кои сега се 10% или пак да се изедначат со стапките на ЕУ за увоз на репроматеријали на 7,5% со што би се зголемила конкурентноста на македонските производи во Унијата, а со тоа и на извозот;

2. повисока инвестиција во модернизација на производниот капацитет и промовирање на сопствени производи; 3. намалување, односно растоварување на високите фискални, парафискални и социјални давачки при исплатата на платите кои неосновано се пресметуваат според просечната плата на ниво на државата, а не според исплатената плата; 4. превземање на сериозни мерки за спречување на „сивата“ економија и нелојалната конкуренција од увозот, но и приоритетно третирање на текстилната индустрија како извозна гранка и давање на системска поддршка во насока на експанзија на извозот.

Заклучок на стопанствениците беше да се достави барање за одржување средба со министерот за економија, со цел заеднички да се изнајдат најсоодветни решенија за надминување на проблемите во текстилната индустрија. Исто така, на состанокот, од страна на претставници на агенцијата „Адонис Груп“ беше извршена презентација на саемите од областа на текстилната индустрија во Истанбул кои се одржуваат оваа година:

- Саемот за ткаенини - Fabric Expo 2012;- Саемот за конфекциски машини, машини за везење- Clothing Machineru 2012;- Меѓународниот саем за предива и текстил - Hightex 2012 и- Меѓународниот саем за ткаење, предење, плетење и машини за трикотажа - ITM Texpo EURASIA 2012.

Сашо Деспотоски

СЕДУМ ДЕНА

Page 10: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

Разговори на градежниците со претставници на Светската банка за процедурите за добивање одобренија за градење

ПОСТАПКИТЕ СЕ СКРАТЕНИ, НО ОСТАНУВАДА СЕ ДОЗАОКРУЖИ ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

Во Стопанската комора на Македонија, на 9 април 2012 година, се одржа работен состанок на претставници-членки на Здружението на градежништвото со Мајкл де Линт, експерт за градежна и регулаторна политика од Канада, а ангажиран од Светската банка. Разговорот со гостинот беше на тема: Процедурите за добивање одобренија за градење. Целта на оваа посета е да се разгледаат реформите во Македонија во областа на добивање градежни дозволи, како основа за изработка на анализа за постигнатите цели во оваа насока. На почетокот домаќините истакнаа дека градежништвото во Република Македонија учествува со околу 5,5% - 5,7% во БДП на државата, со околу 4.400 претпријатија и 38.000 до 40.000 вработени. Во 2010 година беа издадени 2.854 одобренија за градење, а 2.596 одобернија во 2011 година. Со новите измени на Законот за градење, се надминаа проблемите околу комплетирање на докуметацијата (согласности) при добивањето на одобренија за градење, така што сега многу полесно и побрзо се доаѓа до конечното решение. Во обемната и конструктивна дискусија беше истакнато дека постои неусогласеност на законската регулатива на Законот за градење со другите закони, кои се во функција за забрзување на процесот на добивање одобренија за градење. Посебно, како проблем беа истакнати тешкотиите со дооформување на градежните парцели, кога на една локација има и државно и приватно земјиште. Овој процес, понекогаш може да трае и повеќе од 6 (шест) месеци. Мајкл де Линт, истакна дека со овој проблем се среќаваат и во Канада и во други земји, бидејќи сопственоста е загарантирана. Како посебен проблем се истакна и непостоење на подземниот катастар на цела територија на државата, па и во Скопје, па често се случува, средување на подземната инфраструктура да одзема многу време и пари. Како посебен проблем се истакна и снабдувањето со електрична енергија кај одредени објекти, бидејќи, некако спонтано се остава инвеститорот, односно изведувачот да мора да изгради трафостаница, што не е во негова надлежност. Оваа обврска е на локалната власт или ЕВН. Во оваа насока, Комората во скоро време ќе организира состанок со заинтересираните страни и постои надеж дека ќе се

дојде до најкоректно решение. На крајот од состанокот се заклучи дека реформите во градежништвото, посебно околу процедурите за добивање на одобренија за градење, се на високо задоволително ниво, скратени се постапките, а во наредниот период се очекува да

се заокружат и другите законски прописи, при што уште повеќе ќе се забрза самиот процес, без притоа да се навлегува во делот на казнените одредби, кои имаат свое влијание во скратување на времето на добивање одговор околу комплетираноста на поднесената документација.

Марија Петроска

Здруженијата на металната и електроиндустријата и на информатичко-

комуникациски технологии расправаа за управување и отпад со електрична и

електронска опрема

НАВРЕМЕНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ

Со стапувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електрoнска опрема („Сл. Весник на РМ“ 06/12) целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад. Со тоа, посебно се придонесува кон процесот на приближување на земјата кон воспоставување модерен и сеопфатен систем за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електрoнска опрема. Ова беше истакнато од претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, на заедничката седница на Здружението на металната и електроиндустријата и Здружението на информатичко-комуникациски технологии (6.4.2012 година). Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и одстранување на ваков вид на отпад. Со донесување на овој закон се предвидува намалување

СЕДУМ ДЕНА

Page 11: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 12 април 2012, Бр. 93

до најмало можно ниво на негативното влијание на отпадната електрична и електронска опрема врз животната средина и врз човековото здравје, унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници, особено при третманот, преработката и отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема, постигнување на високо ниво на повторна употреба, рециклирање и на овој вид на отпад, воспоставување и развој на пазар на повторна употреба и рециклирање и остварување на други цели. Во Република Македонија

во моментов повеќе од 90% од отпад од електрична и електронска опрема завршува на директно депонирање без никаков третман кој има големо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето, а со стапувањето во сила на законот се очекува негово собирање, селектирање и искористување на неговите корисни компоненти, преку повторна упортеба. Одредбите на овој закон се применуваат на електрична и електронска опрема на големи и мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникациска опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт, медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција), инструменти за следење и контрола и автомати. Исто така, на седницата беа истакнати, процедурите за регистрација на производителите и трговците кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема, преземањето на отпадната опрема, функционирањето на самостојниот и колективниот постапувач, како и финансиските импликации кои произлегуваат од овој закон. Во дискусијата се истакнаа повеќе отворени прашања кои произлегуваат од примената на Законот, пред се` висината на надоместокот кој би се плаќал по килограм на производот, доколку фирмата не склучи договор со колективниот постапувач, со оглед дека во производите како што се

електрични шпорети, бојлери, разладна опрема најголемиот дел од тежината се метали, а мал дел отпаѓа на електричната опрема, потоа непостоење на капацитет за рециклирање на електрична и електронска опрема, големите трошоци за извоз на ваков вид на отпад и сл. Исто така, бизнис-заедницата ја истакна неопходната потреба од консултации и јавна расправа во Стопанската комора на Македонија при донесуваењето на подзаконските акти на овој закон, со што ќе се придонесе за успешно инплементирање на истиот. Присутните искажувајќи го задоволството од навременото отпочнување и запознавање со имплементацијата на овој закон ги договорија натамошните активности, со цел успешна подготовка на стопанството за примена на Законот, што стапува на сила од 2013 година.

Војкан Николовски Лазо Ангелевски

Здружение на производители на тутун и производи од тутун

ПИЛОТ-ПРОЕКТОТ ЗА РАН ОТКУП НАТУТУН ОЦЕНЕТ КАКО ДОБАР

Пилот-проектот за откуп на ран тутун чии носители се МЗШВ, откупните компании, како и Сојузот на здруженија

на тутунопроизводители, е оценет како добар на седницата на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун (5.4.2012 година). Предлогот 15 декември како

краен термин за отпочнување на откупот да биде во периодот од 1 до 15 октомври, од страна на Министерството е поддржан но со одредени забелешки во насока на исплата на поверениците кои ќе излезат порано на откупните места, како и краен рок за завршување на откупот. Предлог на откупувачите е тој да заврши до крајот на јануари, односно најдоцна до средината на февруари. Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите го прифати овој пилот-проект со цел да се види дали е можен ран откуп но, сметаат тие, септември е сепак прерано, посебно во некои региони, каде што доаѓа до преклопување со другите земјоделски активности, при што се јавуваат и одредени проблеми (недостаток на работници и сл). И оваа година раниот откуп на тутунот треба да биде пилот-проект, а со ресорното министерство и Сојузот на здруженија на тутунопроизводители да се договори рамка за наредната година. Претставниците на тутунопроизводителите го истакнаа и постоењето проблеми со картоните, односно неиздавањето на евидентни листи од страна на некои подрачни единици на ресорното министерство. Ваквите проблеми треба да се надминат зошто во интерес на откупувачите е да има тутун колку што и самите производители ќе произведат. Проблемите се однесуваат на: производители кои имаат документација но не ја извадиле на време, оние кои немаат расчистено имотно правни односи

и, веројатно најпроблематичната група - производители кои користат ничија земја. Васко Ристовски

СЕДУМ ДЕНА

Page 12: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

- Продлабочувањето на македонско-украинската соработка е „закочена“ со немањето железничка поврзаност преку Коридорот 8, отсуството на директни авионски летови и постоењето на визен режим - проблеми што се надминуваат со палијативни решенија кои влијаат на сигурноста и одржливоста на деловната соработка. Ова беше општо и заедничко согледување на Бранко Азески,

претседател на Стопанската комора на Македонија и Јуриј Хончарук, амбасадор на Украина во Република Македонија, при неговата посета на Стопанската комора на Македонија (6 април 2012 година). - Растот на БДП на Украина минатата година беше 5,3 отсто, а на индустриското производствао 7 отсто. Украина е набљудувач во економската Евро-азиска унија и веќе го има парафирано економскиот дел од договорот за асоцијација со ЕУ. Таа е конзистентна во својата политика на поддршка на Република Македонија, а тоа се гледа и во конкретните активности, како што е проектот и изградба на магистрален гасовод во должина од 400 км од страна на

еминентната украинска компанија за гас „УКРГАЗ“. Таа има проектирано и изведено 16.000 километри гасоводна мрежа во Ирак и Иран. На 17 мај 2012 година, во општината Ѓорче Петров, во Скопје ќе се отвори Украински дистрибутивен центар, со вкупна површина од 14.000 квадратни метри. Од нив, 400 квадратни метри е изложбен простор, во кој, засега, ќе се промовираат десетина украински компании (земјоделски и

индустриски производи). Со поддршка на Амбасадата, основан е Украинско-македонски економски клуб, кој лобира за унапредување на условите за билатерална стопанска соработка, - истакна Јуриј Хончарук. Со цел поддршка на унапредувањето на билатералната економска соработка, договорено е Амбасадата и Комората на 27 април 2012 година да организираат презентација на економските и туристичките потенцијали на Украина и можностите за соработка со Македонија, во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Љубица Нури

ДОСТИГНУВАЊА

Натпревар на студенти од 282 универзитета во меѓународно арбитражно право во Виена

„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ МЕЃУ 16 НАЈДОБРИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО СВЕТОТ

Секоја година почетокот на април е периодот кога во Виена се дебатира за арбитражно право. Натпреварот по меѓународно арбитражно право Willem C. Vis секоја година вклучува илјадници студенти кои дискутираат за симулиран случај од областа на арбитражното право, меѓународното трговско право и Виенската конвенција за меѓународна продажба на стоки. Оваа година, од 282 универзитета кои учествуваа, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во чиј тим како тренер учествуваше и м-р Татјана Штерјова, успеа да стигне до елиминационата рунда на 16 најдобри универзитети на натпреварот. На патот до 16-те најдобри универзитети Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се сретна со Queen Mary University of London, Università Commerciale “Luigi Bocconi” Milan, University of Helsinki, Florida Coastal School of law, University of Sidney, Duke University и Bucerius law school. Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ покажаа дека и во Македонија одлично се познава арбитражата!

ПОСЕТИ

Средба на Бранко Азески со Јуриј Хончарук, амбасадор на Украина во Република Македонија

ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ И ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЌЕ ГИ ОЛЕСНАТ БИЗНИС-

РЕЛАЦИИТЕ

Page 13: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 12 април 2012, Бр. 93

ЕУ и соседитеДОСЛЕДНА ВО СВОИТЕ ПОЛИТИКИ И

ДОНАЦИИ, ОСТАНАТОТО ЗАВИСИ ОД „ЗАСЕГНАТИТЕ“

*Во 2011 година ЕУ донираше 142,3 милиони евра за подобрување на

инвестиционата клима кај соседите. Колку тие активно се вклучени во тој

процес?

Пишува: Љубица Нури

Преку ЕУ - соседската програма за инвестициони олеснувања (EU’s Neigh-borhood Investment Facility - NIF) во 2011 година, за источните и јужни соседи, Унијата донирала 142,3 милиони евра за да се повлечат од европските финансиски институции 4,3 милијарди евра. Оваа сума е за реализација на 15 инвестициони проекти чија тотална вредност е 14 милијарди евра. Ова се наведува во Извештајот на Програмата NIF за 2011 година, промовиран на 4 април 2012 година, во Брисел. На секое евро од грантот се повлечени 15 евра од финансиските институции. - Минатата година беше тест за соработка со регионите од Соседската програма, во која нашите партнери, преку проекти, покажаа што се нивните стратешки приоритети - поддршка на развојот на приватниот сектор и креирање на нови работни места. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува демократските придобивки во овие земји по Арапската пролет. Програмата го поддржува подобрувањето на меѓусебната поврзаност меѓу ЕУ и соседите, со што се зголемуваат стабилноста и просперитетот и градат ефикасни регионални партнерства, – изјави Штефан Фуле по повод промоцијата на NIF-извештајот. - Транспортот, енергијaта, трговијата, сигурноста и климатските промени се клучни содржини на поддршка на приватниот сектор.

Соседи на ЕУ

Географски гледано, NIF-грантовите во 2011 година, вредносно во висина од 91,3 милиони евра (64 %), беа одобрени за јужните соседи (Египет, Мароко и Тунис) и 51 милион евра (36 %) за источните (Ерменија, Грузија, Молдавија и Украина). Одобрената поддршка со грантови во вредност од 112,3 милиони евра (79 %) се однесуваше на инфраструктурaта, додека 30 милиони евра (21 %) се искористија за поддршка на развојот на приватниот сектор. Во рамките на инфраструктурата, 69 % од грантовите се искористени за проекти во транспортот и енергетиката, а 10 % за проекти во врска со вода. Всушност, 85 % од проектите се поврзани со приоритетите на Медитеранската унија и други клучни приоритети, како што е Конективна Европа. Изградбата на првата Кварцна соларна електрана во Мароко, унапредување на искористувањето на водите во горниот дел на Египет, проширување на патната мрежа во Молдавија и Грузија со цел подобра идна конективност со ЕУ, како и Енергетскиот преносен систем во Украина, унапредување на патното поврзување на Мароко и Тунис преку Либија во единствен Медитерански автопат, се камчиња во мозаикот на зголемување на трансмисионите капацитет на ЕУ со соседите во транспортот, енергетиката и трговијата. Поевтино, побрзо и поефикасно инфраструктурно поврзување меѓу ЕУ и соседите (Балканот, Медитеранска Африка, Белорусија, Украина и кавкаските земји), се во функција на потесно интегрирање на овие пазари со ЕУ . Тоа е сосема природно, имајќи предвид дека со сите овие земји ЕУ е во статус на пртнерства со перспектива за проширување или воспоставување на асоцијативен процес. Таа ги поддржува земјите во подготовките да станат интегрален дел од единствениот ЕУ-пазар. Стратешките документи на ЕУ за создавање услови за Конективна Европа и обновен пристап за соработка во транспортот со соседите (јуни 2011 година) поставуваат јасна цел до 2020 година – изградување инфраструктурни конекции со соседите и зголемување на трансмисионата и транзитната моќ на единствениот пазар. Преку инфраструктурно поврзување, со Регионалната конвенција за пан-

евро-медитеранските преференцијални правила за потекло (во имплементација од 1.01.2012 година), со која се овозможи поврзување на земјите од Барселонскиот процес, Западен Балкан, ЕФТА, Турција и ЕУ и со натамошна интеграција на трговијата и создавање на заеднички производи, се овозможува слободна циркулација меѓу партнерите, но и да излезат на трети пазари како производ на ЕУ.

Во нашиот регион, со таа цел, Европската комисија инсистираше на донесување и целосна имплементација на ЦЕФТА 2006. Во стратегиите во однос на транспортот, утврдени приоритети на ЕУ до 2020 година, на Балканот се изградба на железница Софија - македонска граница; модернизација и зајакнување на железничката инфраструктура Софија - српска граница и железничко поврзување Темишвар (Романија) - српска граница. Во однос на инфраструктурата што треба да се изгради од внатрешноста кон ЕУ-границите, Унијата од соседите очекува да ги изградат своите стратегии и да побараат поддршка од ЕУ за се` што таа може да одговори. Стратегијата за создавање услови за Конективна Европа овозможува финансирање од ЕУ под интегрирани услови за Западен Балкан со Инвестиционата рамка за Западен Балкан (WBIF), комбинирано со грантови земени од повеќе извори за кофинансирање на проекти во транспортната, енергетската и инфраструктурата поврзана со заштита на животната средина. Европската комисија ќе дава приоритет за финансирање на проекти кои се во функција на развојот, како што е Сеопфатната регионална транспортна мрежа. WBIF веќе има одобрено 22 транспортни проекта за кои лани има одобрено грантови во вредност од 37 милиони евра со цел да се изврши мобилизација на инвестициони средства преку ИПА и другите европски финансиски институции за поврзување на регионалната западнобалканска транспортна мрежа со Транс-европската транспортна мрежа (TENT-T). На веб-страницата на WBIF е даден преглед на одобрените проекти - вкупно 91. Најмногу проекти се однесуваат на БиХ 24, Албанија 16, Србија 13, Црна

ОД МОЈ АГОЛ

Page 14: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

Гора 11, Косово 8, Хрватска 5 и Македонија 4. Република Македонија аплицираше и доби поддршка за проект за реформа на здравствените институции; Физибилити-студија за развој на пилот-паркот на ветерници; изградба на 400 киловолтен далновод, за поврзување на електричните системи на Србија со Македонија, од границата до Штип и за реформа на затворот во Идризово.

Регионални поврзувања во светот

Без оглед дали Македонија има потреба активно и брзо да одговори на развојните инфрастуктурни стратегии на ЕУ или не, сето тоа ни чука на портите. И не само на Македонија, туку и на регионот Западен Балкан. Бегање од нив нема. Што побрзо ќе се одговори на очекувањата, толку побрзо тоа ќе се врати како директен ефект на развојот. ЕУ отсекогаш била подготвена да помогне

таму каде што немало капацитети да се следат нејзините политики и стратегии. Нејзината концепција на развој се потпира на изградба на партнерските капацитети за заеднички раст, што е гаранција на стабилност на нејзините граници. Во глобалниот натпревар за конкурентност, сведоци сме дека играчи се регионите, а не државите (ASEAN, NAFTA, BRIC, APEC, MERCOSUR, LAFTA, CEFTA, EU...). Регионалниот пристап кон решавање на проблемите бара регионална комуникација, стратегија и одговорност. Без вмрежување нема раст и просперитет за Европа, особено за регионот, a посебно ниту за нас.

ОД МОЈ АГОЛ

Македонски железници - Инфраструктура потпиша договор со германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ПРУГИ ОД КОРИДОРОТ 10

Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура и германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“ во Скопје потпишаа договор за реализација на Проектот „Ремонт на пругите Табановце - Карпош - Куманово“ и „Миравци - Смоквица“. Проектот, кој предвидува целосен ремонт на две делници од Коридорот 10 со вкупна должина од 25 километри, ќе се реализира со финансиски средства во износ од 6,986 милиони евра, обезбедени од Владата на Република Македонија преку кредит од Европската банка за обнова и развој. - Се предвидува целосен ремонт на долниот и на горниот слој и на сите други елементи на двете делници, рече генералниот директор на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани на прес-конференција, а пренесува МИА. Тој посочи дека со средствата од кредитот од ЕБОР во вкупен износ од 17,6 милиони евра се предвидува и ревитализација на делницата Ногаевци - Неготино во должина од 30 километри, со што целосно ќе се заокружи Коридорот 10. - По реконструкцијата на овие делници пругата по целиот Коридор 10 ќе може да се користи со проектираната брзина од 120 километри на час, - посочи Асани. Во врска со Коридорот 8 истакна дека ќе следува потпишување договор со фирмата која ќе треба да ги преработи основниот и изведбениот проект за делот Куманово - Бељаковце. - Веќе имаме одобрени пари од ЕБОР преку Вест Балкан инструментот за делот од Бељаковце преку Крива Паланка до Деве Баир, а има и одлука со ИПА-фондовите за делот од Кичево до Лин во Албанија. Таму наскоро ќе почне процедура за избор на консултант кој ќе го прави и главниот и изведбениот проект, - појасни Асани. Германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“, кој беше избран на јавен тендер, е должен во рок од 60 дена по

потпишувањето на договорот да изврши пренесување на опремата до градилиштето, да изврши набавка на потребните материјали и да го формира градилиштето во станицата Куманово. Со ремонт на пругата ќе се започне од делницата Табановце - Карпош во мај годинава, а рокот за изведба е една година. Последниот ремонт на делниците Табановце - Карпош - Куманово“ и „Миравци - Смоквица“ е направен во 1970 година. Со новиот ремнот се предвидува замена на 30 сантиметри од лошиот земјеан материјал, поставување геотекстил и геомрежа, вградување нов квалитетен камен материјал, комплетна земна на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски и замена на шините и изолираните лепени состави со нови. Ќе се обноват и пероните и стојалиштата и 11 патни премини во исто ниво на двете делници.

Page 15: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 12 април 2012, Бр. 93

Назив на Проектот

ЕУ-поддршка на регионален економски развој

Референца EuropeAid/132792/L/ACT/XK Финансиска референца.

Budget line: IPA 2011/022939/02.22.04

Вид на набавка Грант Финансиер Европска комисија Земја Косово Објавено на 2.4.2012 годинаКраен рок за апликација

9.7.2012 година

Сектори Економски развој

Консолидација на 5 економски региони и креирање на регионална развојна рамка

Контакти h�ps://webgate.ec.europa.eu/euro-peaid/online-services/index.cfm

Назив на проектот

Regional: Evalua�on DepartmentExternal Advisory Panel of Experts

Референца EBRDZ75641 Финансиска референца

Procurement ref

Вид на набавка : 36372 Services Финансиер ЕБРД Земја Albania, Armenia, Azerbaijan, Bela-

rus, Bosnia and Herzegovina, Bulgar-ia, Croa�a, Estonia, Georgia, Hungary,Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Rus-sian Federa�on, Serbia, Slovakia,Slovenia, Tajikistan, Turkey, Turkmeni-stan, Ukraine, Uzbekistan

Објавено на 5.4.2012 годинаКраен рок за апликација

3.5. 2012 година

Сектори Управување со програми Односи со јавност

Банката има намера да склучи рамковни договори со 10 индивидуални експерти

Контакт Ginny Makepeace Awosunle, [email protected]

Назив на Проектот

Енергетска заедница на Југоисточна Европа - APL3

Референца WB2065-820/12 Финансиска референца

Project Id: P106899

Вид на набавка Услуги испораки Финансиер Светска банка Земја Црна Гора Објавено на 5.4.2012 годинаКраен рок за апликација

17.5. 2012 година

Сектори Информатичка технологија Телекомуникации

Поставување на оптички кабел и соодветни услуги

Контакт Црногорски електропреносни систем АД Булевар Св. Петра Цетињског 18 Подгорица Црна Гора Tel: 382-20-201725. Email address: [email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

www.mchamber.mkКонтакт: М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт

поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Page 16: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

На 17 април 2012 година, во Стопанската комора на Македонија

МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС-СРЕДБИ

Стопанската комора на Македонија заедно со Чешката стопанска комора, Ве покануваат на Македонско-чешки бизнис-средби. Македонско-чешките бизнис-средби ќе се одржат на 17 април 2012 година во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-средбите претставуваат можност за спојување на македонските и чешките компании, продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Околу 10-тина чешки компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании за соработка, системи за контрола на пристапот

– агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, сигурносни кутии за безбедност во банки, агенции за безбедост, сегашни и потенцијални извозници и инвеститори во Македонија, со клиенти за договори за јавно-приватно партнерство (локална самоуправа), партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, партнери за joint-venture проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. За успешна реализација на бизнис-средбите, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските компании. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

На 19 април 2012 година eднодневен семинар на тема:

“ЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА’’

(10.00 - 16.00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола за опасностите кои се јавуваат во или од работното место кои можат да го нарушат здравјето и благосостојбата на работниците, замајќи го предвид можното влијание врз околните заедници и животната средина. Човечките, општествените и економските трошоци кои произлегуваат од несреќите при работа и професионалните заболувања долго време претставуваат причина за загриженост на сите нивоа од ниво на индивидуално работно место до национално и меѓународно ниво. Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализираат стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Цел на обуката е запознавање на правните субјекти, раководителите и други лица со улогата на заштитата при работа, влијание на несреќата на индивидуата, компанијата, семејството, воедно економската оправданост на заштитата при работа, да се разбере и да се практикува заштитата при работа во секојдневното работење. Обучувачи на семинарот ќе бидат: Милан Петковски, Д.И. ЗПР, претседател на

Македонското здружени за заштита при работа; универзитетски професор од УГД „Гоце Делчев“ – Штип и претставник од Државниот инспекторат за труд. Тие на учесниците на обуката ќе им ја презентираат Економската оправданост од имплементирање на Законот за БЗР, Правилникот за заштита при работа, основни директиви, европски нормативи, директни и индиректини трошоци на една несреќа, влијанијата врз вработениот, директни трошоци од повреди на вработениот, економски загуби на работодавачите, економска анализа на несреќите, индиректни трошоци на работодавачот, законски казни предвидени со закон во Р. Македонија. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 17 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Од 19 до 21 април 2012 година, во Будва, Република Црна Гора

18. Меѓународен саем за екологија21. Меѓународна туристичка берза и

саем за туризам 7. Саем „Вода – водоводи – санитарни

технологии“ Стопанската комора на Македонија ве поканува на 18. Меѓународен саем за екологија, што ќе се одржи од 19 до 21 април 2012година, во Будва, Република Црна Гора. Цел на оваа саемска манифестација којашто успешно се реализира по 18-ти пат, е промоција и пазарна валоризација на производите и услугите што придонесуваат за одржлив развој и заштита на животната средина. Нераскинливата врска меѓу современото туристичко стопанство и заштитата на автентичното природно богатство ја наметна потребата во истиот термин да се одржат и 21. Меѓународна туристичка берза и Саемот за туризам и 7. Саем „Вода – водоводи – санитарни технологии“, што ќе придонесат за што поуспешен ефект во остварувањето на

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 17: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 12 април 2012, Бр. 93

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

деловните и промотивни резултати на сите учесници.

Саемот за екологија е наменет за производители и даватели на услуги од сите области на заштита на животната средина, одржливиот развој, енергетска ефикасност, рециклирање, нови технологии, здравје, планирање и градежништво, системи за мониторинг итн. Покрај тоа, Саемот е можност да се покажат во посебен сегмент фотоволтаични и термички соларни системи, сите видови на колектори, бојлери и друг вид електрична и механичка опрема. Биогас-технологијата и други обновливи, еколошки чисти извори на енергија ќе се претстават пред нивната целна публика на настанот. Презентација на саемот ќе обезбеди значително поголема видливост меѓу потрошувачите и потенцијалните клиенти на нивото на информираност за конкурентните предности на овие системи. Јадранскиот саем за учениците на Саемот нуди поволни услови за излагање. Подетални информации може да се добијат во Стопанската комора на Македонија, или директно од Јадранскиот саем (marke�[email protected]).

Контакт:Станка ДамјановскаТел: ++ 389 2 3244016Факс:++ 389 2 3244088 [email protected]

На 20 април 2012 година, во Атина,

ГрцијаЧЕТВРТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА

ТРАНСПОРТНАТА ИСТРАЖУВАЧКА АРЕНА (TRA)

Стопанската комора на Македонија во сорботка со Организацискиот комитет TRA 2012, ве информираат дека ќе се одржи 4. Конференција на транспортната истражувачка арена (TRA) во Атина, Грција од 23 до 26 април 2012 година. 4. Конференција – Транспортна истражувачка арена (TRA) е насловена како „Одржлива мобилност преку иновации” и ќе им даде можност на учесниците и заинтересираните страни од патниот,

железничкиот и поморскиот сектор, за решавање на заедничките предизвици и споделување на знаења, со цел заедно да се создаде подобар, посигурен и пофункционален транспортен систем во светот. (TRA) се спроведува на секои две години и секој пат домаќин е различна европска земја. Оваа година, на TRA 2012 домаќин ќе биде Грција. Конференцијата е организирана од страна на: • Европската комисија (ген. директорати: RΤD, MOVE, INFSO); • Конференцијата на европски директори за патишта (C.E.D.R.); • Советодавниот совет за истражување на европскиот патен сообраќај (E.R.T.R.A.C.); • Советодавниот совет за истражување на европскиот железнички сообраќај (E.R.R.A.C.); • Европската технолошка платформа за воден сообраќај (WATER-BORNE T.P.) и • Министерството за инфраструктура, транспорт и мрежи на Грција.

Конференцијата TRA 2012 ќе опфати широк спектар на истражувачки, иновативни и на демонстративните активности, почнувајќи од базични науки до применливо ориентиран инженеринг и ќе ги претставуваат општествените, техничките и економските аспекти, како и политиката и стандардите. Програмата на Конференцијата е организирана со цел да се прикажат европските истражувачки и иновативни стратегии, со нагласување на теми за климатските промени, намалување на емисиите на CO2, ефикасноста и снабдувањето на горивото. Дополнителни информации може да се најдат на веб-порталот на Конференцијата: www.tracon-ference.eu . Учесници на Конференцијата ќе бидат компании, институции и јавни сервиси, како и индивидуални научници, истражувачи и јавни организации кои се занимаваат со транспортниот сектор и посебно со (научни и применети) истражувања на транспортен сектор (патен,

железнички, воден, урбан сообраќај и др.) од целиот свет. З а успешна реализација на Конференцијата, неопходно е заинтересираните македонски компании да го најават својот интерес во Стопанската комора на Македонија.

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт : Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 20 април 2012 година еднодневен семинар:

“МОЖНОСТИ ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ ОД ИПАРД-ФОНД”

(9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3. Кат)

На 31.3.2012 година Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој -ИПАРД објави јавен повик за поднесување на барања за проекти кои ќе бидат кофинансирани. На ова советување учесниците кои ќе присуствуваат ќе имаат јасни сознанија за: 1. критериуми за аплицирање за проектите; 2. документација потребна за аплицирање; 3. презентација на проектот кој се поднесува со апликацијата. Проектот ИПАРД ги поддржува проектите на цела територија на Република Македонија.

Сектори кои се поддржуваат:

- преработувачи на овошје и зеленчук; откупни центри за овошје и зеленчук; млекарници; преработувачи на месо; кланици; винарници; производители на леб, колачи и тестенини (пекарници и

Page 18: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

млинови); производители и преработувачи на чаеви, лековити билки, преработувачи на лековити билки; производители на печурки, собирачи на печурки; туризам – сопственици на семејни и викенд куќи; фирми кои се занимаваат со угостителство или планираат да градат угостителски објекти и рекреативни капацитети; занаетчии и фирми кои се занимаваат со производство и преработка на дрво во мебел, граѓа и други дополнителни производи; занаетчии кои преработуваат железо; други занаетчиски гранки; примарно земјоделие во секторите овошје и зеленчук на отворено и затворено; сточарски фарми. Кои проекти се поддржуваат: - изградба на нови објекти; набвака на нова опрема и линии за производство; дополнителна опрема за веќе постојните линии за производство.

Обучувач на семинарот: Марија Васкова, тренер за ИПАРД-програми и советник за пристап до финасии за кредити и фондови

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 19 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ана Милкова Тел: (02) 3244052Факс: (02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 22 до 24 април 2012 година, советување во Белград, Србија,

АКТУЕЛНИ ТЕМИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ

(Хотел „Праг“ 4* Белград)

Имајќи го предвид значењето и важноста на правилното утврдување, пресметување и плаќање на даноците, нивното влијание во договарањето со деловните партнери, правата и обврските во однос на враќањето на даноците од деловните односи со стански компании, Стопанската комора на Македонија, во периодот од 22–24 април 2012 година, во хотелот „Праг“ 4* во Белград, Р. Србија, организира советување на тема: „Актуелни

теми од областа на даноците“. Учесниците на советувањето ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајните прашања кои ќе бидат третирани на советувањето и пред се` практичните искуства во примената на даночните прописи.

Предавач: Славче Николовски, консултант за даноци, финансии и сметководство.

Програма:

Данок на добивка1. Задржан данок (задржување на данокот на приход платен на странски правни лица):√ вовед;√ задржан данок и даночен обврзник;√ приходи на кои се задржува данокот;√ пресметување и плаќање на данокот по задршка;√ одбегнување на двојно оданочување;√ постапка за враќање на задржаниот данок;

2. Донации и спонзорства:√ вовед;√ давател и примател на донација и спонзорство;√ постапка за давање и примање донација/спонзорство;√ даночни потикнувања.Данок на додадена вредност

3.Исклучување на правото на одбивка на претходниот ДДВ (практични примери):√ вовед;√ набавки или увоз на добра и користењето услуги за цели на прометот;√ исклучување на правото на одбивка кај промет ослободен од данок;√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци при промет во странство;√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за превозни трошоци;√ исклучување на правото на одбивка на издатоци за репрезентација;√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за одредени предмети за опремување простории;√ исклучување на правото на одбивка на

претходни даноци за патни трошоци;√ исклучување на правото на одбивка на претходни даноци за трошоци за сместување и храна;√ исклучување на правото на одбивка за одредени предмети за превисоко искажан данок.

4. Даночна консолидација за цели на ДДВ и поврат на ДДВ кој е платен во странство по основ на трошоци за услуги:√ услови за регистрација на поврзано лице;√ претставник на поврзаното лице;√ пријава за регистрација за ДДВ на поврзано лице;√ рок за регистрација на поврзано лице за ДДВ;√ службена регистрација на поврзано лице за ДДВ;√ прекинување на регистрација за ДДВ на поединечните лица кои се регистрираат како поврзано лице;√ обврски на лицата пред нивната регистрација како поврзано лице;√ пренесување на обврските, односно побарувањата за ДДВ од поединечните лица на поврзаното лице; поврат на ДДВ кој е платен во странство по основ на трошоци за услуги.

5. Презентација од страна на фирмата ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ , која е специјалнизирана за рефундација на ДДВ од странство.

Интересна група за ова советување се директорите/раководителите на финансиско сметководствените сектори во компаниите, вработените во компаниите задолжени за пресметување на даноците и други заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на советувањето. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 18 април 2012 година.

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт лице : Ана Милкова Тел.++ 389 2 3244052Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 19: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 12 април 2012, Бр. 93

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 24 април 2012 годинаЕднодневен семинар

„ПРИМЕНА НА НОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА СТОКИТЕ И ИЗМЕНИТЕ НА ХРАМОНИЗИРАНИОТ

СИСТЕМ ОД 2012 ГОДИНА СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ”

(10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Откријте ги најновите измени на Хармонизираниот систем (ХС) 2012 и нивните дополнителни ефекти на распоредување на стоките. Цели: - да се објаснат најновите измени на Хармонизираниот систем (ХС) што стапија на сила на 1 јануари 2012 година со детално објаснување на измените на ХС и Царинската тарифа; - да се објаснат Основните правила за примена на ХС во поглед на распоредувањето на сложените производи и сетови; - целосно да се разбере новата методологија за распоредување на новите производи според ХС 2012; - практични примери и презентација на новите трендови за распоредување на стоките според ХС 2012.

Профил на учесници: Семинарот е наменет за увозници, извозници, производители и други професионалци што се занимаваат со увоз и/или извоз, царински застапници, шпедитери, транспортери, консултанти и правни советници. Предуслови за максимална корист од оваа обука: основно познавање на Основните правила за примена на Хармонизираниот систем; познавање/искуство од меѓународната трговија. За време на обуката, учесниците ќе ги истражуваат областите за примена на Основните правила за примена на ХС во поглед на распоредување на машини, информатичка опрема, компјутери, прехранбени производи; целосно ќе ги разберат правилата за распоредување на сложени производи и сетови во ХС; ќе следат најновите трендови и одлуки за распоредување на производи според

Хармонизираниот систем 2012 со практични примери; ќе ги истражуваат помошните алатки за правилно распоредување на стоките според Хармонизираниот систем и Комбинираната номенклатура на ЕУ. Обуката ќе содржи презентации, интерактивни дискусии и практични студии на случај. Предавач: м-р Златко Ветеровски, Царинска управа на Република Македонија. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

На 24 април 2012 година Инфо средба ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН НА

ОПРЕМА, МАШИНИ И КОМПОНЕНТИза прехранбената и фармацевтската

индустрија(10:00 часот, Стопанска комора на

Македонија, сала3, на 3-ти кат)

Ве покануваме на информативна средба за хигиенско инженерство и дизајн на објекти за прехранбена и фарамцевтска индустрија. Хигиенското инженерство и дизајн на опрема , машини и компоненти е основен предуслов за безбедно производство на храна и фармацевтски производи, но исто така е и законска обврска според домашното и европското законодавство. Предавач: проф. д-р Владимир Какуринов, претседател на Македонската регионална секција на EHEDG. На средбата се покануваат: • претпријатија што дизајнираат и произведуваат опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија;

• претпријатија за дистрибуција и трговија со опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фарамацевтската индустрија; • консултантски куќи што даваат услуги при избор на опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија; • сите што сакаат да изградат ново претпријатие според HACCP барањата; • сите што сакаат да го предупредат претпријатието според HAC-CP барањата и • сите што сакаат да дознаат повеќе за неопходните предуслови за HACCP.

Сите заинтересирани учесници за овој инфо-ден можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Од 3 до 4 мај 2012 година дводневен семинар

„УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕЦЕСИЈА И ВЕШТИНИ НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЦИКЛУС НА РАСТ НА

ПАЗАРОТ ВО РЕЦЕСИЈА“(9:00-17:00 часот, Стопанска комора на

Македонија,сала1 на 5-ти кат)

Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт по финансиии и организациски промени

Што кога започнуваме процес на промени во моменти на криза? Кој е одговорен за управувањето со промени, а кој е носител на целиот процес? Кои се алатите со кои успешно ќе управувате со промените во рецесија? Кои се најчестите грешки? Кои се проактивните стратегии? Кои се стратегии на раст во услови на рецесија? Каков мора да биде лидерот за да обезбеди раст на својата компанија? Обуката е наменета за сите нивоа на менаџментот, а пресудна е за врвниот и средниот менаџмент во целина, како и за сопственици на помали компании. Целта на овој тренинг е да се запознаат учесниците со основниот „категоријален апарат“ за управување со промените во рецесија; како ефективно да ги мобилизираат вработените и целокупниот менаџмент

Page 20: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

за да се обезбеди неопходна синергија за остварување на деловните резултати во рецесиското опкружување. Ќе бидат истакнати неколку типови на можни стратегии со кои може да се поттикне раст во ограничувачки околности, запознавање со критичните ресурси неопходни за успешната реализација на деловниот раст. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сетот на компетенции и вештини кои се неопходни за лидерите на системот кои сакаат да растат спротивно од можностите на опкружувањето.

Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт по финансиии и организациски промени Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25 април 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Од од 12 до 18 мај 2012 година во Република Србија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНА ВО НОВИ САД

* Саемската манифестација, ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година, а Стопанската комора на Македонија во соработка со Новосадски саем организира учество и посета на македонски компании Меѓународен саем за земјоделство и прехрана, 79 по ред, ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година во Нови Сад, Република Србија, а Стопанската комора на Македонија организира учество

и посета на македонските компании по повластени услови. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Eвропа со најголема и најдолга традиција. На годинешното издание на 79. Меѓународен саем за земјоделство и прехрана се очекува да настапат над 1.500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите пропратни сектори. Саемот претставува добра можност македонските компании да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите кои ќе настапат колективно. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Австрија.

Минатогодишното издание на Саемот за земјоделство и прехрана го посетиле 300.000 посетители, а учествувале 1.300 излагачи од 35 земји од целиот свет. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи, за што е неопходно да се пополни пријавниот лист и да се достави до Комората најдоцна до 20 април 2012 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија:www.mchamber.mk.

Контакт: Станка ДамјановскаТел: ++ 389 2 3244016Факс:++ 389 2 3244088stanka@mchamber./mk

Билатерални средби и Конгрес на 3 и 4 мај 2012 година, во Турција

„ИНОВАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА“ ВО ИСТАНБУЛ

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Билатерални средби и на Конгрес на тема ,,Иновации за безбедност на храна,, во Истанбул, Турција, на 3 и 4 мај 2012 година. Билатералните средби ќе се одржат во Воениот музеј и Културен центар во Истанбул, а ќе учествуваат претставници од реалниот сектор, од јавниот сектор, НВО, експерти, истражувачи и професионалци. На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика да: • разговарате за можностите за соработка за безбедноста на храната; • најдете нов партнер и • воспоставите нови бизнис-односи.

Учеството на билатералните средби во Истанбул е бесплатно. На Конгресот главни теми се безбедноста на храната поврзана со растителното производство, одгледувањето на животните, рабарството, прехранбената индустрија, мрежата за снабдување со храна. Учеството на Конгресот за безбеднос на храната е со котизација. Рокот за регистрација е 5 април 2012 година.

Контакт: Лазо АнгелевскиТел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 21: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 12 април 2012, Бр. 93

Од 16 до 19 мај 2012 година,

Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна

индустрија во Косово„ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА

Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година. ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз. Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посетана македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија

„EXPOKOS 2012“ во Приштина - Косово. „EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на едо место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување

на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2012 година.

Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088

На 30 и 31 мај 2012 година, дводневниот семинар

на Скопски саемУЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на дводневниот семинар на тема: „Учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем во Скопје.На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации.

Сите агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди САД долари. Производите кои се предмет на набавка се: платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени стоки, градежни материјали и др. Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична прилика за македонските компании кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на веб-страната на ОН: www.un.org/en и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН. За учество на тендерите на Обединетите нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување: - 3 години минимум искуство во бизнисoт и - финансиски извештај за последните 3 последователни години.

За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 93 од 12.04.2012 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 12 април 2012, Бр. 93

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Македонска компанија нуди комплетни решенија за печатење, копирање, скенирање, како и визуелна

презентација во рамките на компанијата, надвор од неа од програмата на SHARP Electronics, комплет

програма, репроматеријали, делови и сервис на канцалариски уреди од сите познати брендови.

Валидност до: 30.3.2013 година

Компанија од Америка бара да откупува бел мермер, воедно и за соработка со компании кои извезуваат

процесиран мермер или мермер во блокови од Република Македонија.

Валидност до: 2.12.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на хотелиерството и

угостителскиот бизнис во Република Македонија.Валидност до: 2.9.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е за воспоставување соработка со компании од

Македонија кои се занимаваат со производство на челично поцинкувани патентирани жици, со пречник од 2 до 3,2мм. Станува збор за потреба

од воспоставување на подолгорочна соработка, но во моментот има потреба за набавка на 5 тони од

споменатата жица со пречник од 2 мм.Валидност до: 2.9.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пилешко месо и производи

од пилешко месо.Валидност до: 3.7.2012 година

Компанија од Германија нуди so�/hardwarиндивидуални и системски безбедносни решенија,

како и комплет инструменти за безбедност во сообраќајот во Република Македонија, кои се

однесуваат на мерења на брзината и растојанието, безбедност во тунел, мониторинг на црвено светло, евалуација на сообраќајки, биометрика, опрема за

контрола, читање и оценување на земјиштето.Валидност до: 3.7.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија на мебел произведен со најсовремена

технологија, софтвер за керамика и дизајн на мебел за кујни, бањи, софтвер за керамика.

Валидност до: 3.7.2012 година

Македонска компанија изнајмува комплетно нов индустриски административен објект со вкупна

квадратура од 4400м2 и земјиште од 25.000 м2 во индустриската зона Негорци – Гевгелија, на само

10 км од границата со Грција и 60 км од границата со Бугарија. Компанијата е заентерисирана за заедничко вложување со странски партнер во производствен погон (за почеток со договорен

пласман на производите).Валидност до: 3.7.2012 година

Компанија од Канада заинтересирана е да увезува прехранбени производи од Република Македонија.

Валидност до: 5.12.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на медицински помагала и опрема, како и директна продажба на

истите во болници, клинички центри амбуланти итн.Валидност до: 5.7.2012 година

Компанија од Германија нуди аналитички,технички и оперативни решенија во областа на

транспорт,животна средина, и енергетика во Република Македонија

Валидност до: 05.08.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни

машини за бетон и дробилки за камен и резервни делови.

Валидност до: 6.8.2012 година

Компанија од Република Македонија бара инвеститор и нуди простор од 500 м2 во општина Илинден со

комплетна инфраструктура, наменет за конфекција. Погонот е климатизиран.

Валидност до: 23.3.2013 година

Компанија од Германија бара соработка во областа на преработувачката индустрија во Република Mакедонија за пласман на пластични садови за

складирање производи.Валидност до: 26.9.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за услуги за одржување на индустриски постројки во Република

Македонија. Услугите се во долгорочни проекти во планирање, производство и монтажа на постројки вo областа на производство на цемент, гипс, индустрија за камен, електрани, дрвна и хемиска индустрија и

постројки за согорување на ѓубрива.Валидност до: 27.9.2012 година

Француска консултантска компанија е заинтересирана за соработка со компании од различни дејности во Република Македонија во врска со зголемувањето на продуктивноста, оптимизација на трошоците,

зголемување на продажбата, подобрување на вештините за управување и организациска култура на

менаџерите.Валидност до: 27.7.2012 година

Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот од 45.000m2 во кој се лоцирани два објекта, ресторан и мотел со 11 соби. Во близина на

мотелот има бања со минерална вода, со можност да се изгради бањски комплекс и спортско-рекреативен

центар.Валидност до: 27.3.2013 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за одржување на хигиена, козметика и пластична

амбалажа.- Производна програма на средства за хигиена за

домаќинства од марката TISАl, Citral i Lilla.- Производна програма на козметички препарати

„Royal line“.- Проиводна програма на еколошка пластична

амбалажа (PET, PE, PP).Валидност до: 28.7.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за дистрибутер во Република Македонија за пласман

блиндирани возила.Валидност до: 28.9.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за

одржување на зеленило.Валидност до: 29.8.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои произведуваат работна облека.

Валидност до: 29.7.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на самолепливи

ленти во разни димензии и се употребуваат во електроиндустријата.

Валидност до: 29.7.2012 година

Компанија од Германија бара соработка со македонски компании од ИТ-технологијата и

вработување на искусни компјутерски програмери.Валидност до: 30.7.2012 година

Kомпанија од Србија заинтересирана е да соработува со македонски компании со понуда за доставување

цвеќе, како мешавина од уметност, филозофија и занаети, со идејата на уредените цвеќиња,

внимателно одбрани во согласност со повод и лице, секогаш испорачани на време и на саканата локација.

Својот успешен бизнис за пласман на цвеќе во Белград, Србија, екс Ју-републики и во 185 земји во

светот сака да го прошири во Република Македонија. Како претставник на Teleflora Interna�onal,

меѓународен синџир за испорака на цвеќе, е поврзана со околу 82 000 цвеќарници во светот. Само во Србија, Teleflora може да се пофали со 20.000 клиенти, од кои

околу 3.500 компании.Со континуирано подобрување и проширување на

опсегот на своите активности, Teleflora сега е признатакако експерт со високо професионална организација

и декорација на свадби, коктели, забави, ентериери и екстериери, како и декорација на деловни простори,

годишнини и други настани .Teleflora е секогаш посветена на будењето

на уметноста на претставување на цвеќето и проширување на културата за цвеќето. Мотото на

Teleflora е „Самите цвеќиња зборуваат“.Валидност до: 30.4.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се

превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088