Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

25
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 14 октомври 2010 „Аромата“ ќе ја загорчи тутунската индустрија во Македонија „БЛЕНД ТОБАКО„ ДО ТАБАНОВЦЕ Предупредувања Број 25 од 14.10.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: ОЕЦД ги анализира нетарифните бариери во регионов СОНУВААТ ЗА ЕВРОПА, А СЕ ДРЖАТ ЗА ГРАНИЦИТЕ КАКО ПИЈАН ЗА ПЛОТ Бизнис-заедницата предупредува - пораст на извозот нема без поттик од државата НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ СЕ ПРАВАТ ВИСОКИ СТАПКИ НА ЕКОНОМСКИ РАСТ! Актуелно СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 08-Mar-2016

269 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 14 октомври 2010

„Аромата“ ќе ја загорчи тутунската индустрија во Македонија

„БЛЕНД ТОБАКО„ ДО ТАБАНОВЦЕ

Предупредувања

Број 25 од 14.10.2010 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

ОЕЦД ги анализира нетарифните бариери во регионов

СОНУВААТ ЗА ЕВРОПА,

А СЕ ДРЖАТ ЗА ГРАНИЦИТЕ КАКО

ПИЈАН ЗА ПЛОТБизнис-заедницата предупредува - пораст на извозот нема без поттик од државата

НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ СЕ

ПРАВАТ ВИСОКИ

СТАПКИ НА ЕКОНОМСКИ

РАСТ!

Актуелно

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Page 2: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 14 октомври 2010

Покровители

ПАРИ ИМА ЗА СЕКОЈ ПРОФИТАБИЛЕН

БИЗНИС Не можеме да зборуваме за

строго или за помалку с т р о г о одобрување кредити од страна на б а н к и т е . Н и в н о т о одобрување мора да се

врши согласно со прудентните банкарски стандарди. Најголем дел од банките во Македонија се во сопственост на странски акционери, во голем број случаи странски банкарски групации кои овие стандарди на кредитирање ги применуваат во сите земји во кои се присутни. Истовремено, банките ја финансираат својата кредитна активност во најголем дел од домашното штедење. Притоа, нивна примарна функција е алокација на вака прибраниот финансиски потенцијал преку процесот на кредитирање во профитабилни проекти во економијата кои ќе можат да генерираат нови работни места и да ги вратат зајмените средства. Значи, и сега и во иднина, пари има за секој профитабилен проект, за секоја компанија која има профитабилен бизнис со конкурентни производи и услуги кои си го наоѓаат своето место на домашниот или на странските пазари. Може да се очекува дека трендот на зголемување на кредитниот раст до крајот на годинава ќе продолжи со умерена динамика.

(Тони Стојановски, заменик-генерален директор за ризици во Стопанска банка)

ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ ГО ЈАДЕ

АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Бројот на администрацијата зависи од потребите на државата. Не може да се пресмета тоа според бројот на жители, туку според тоа колку може да издржи стопанството. Ако нашата економија е многу јака, нема проблем да имаме и 150.000 администрација. Но, ако стопанството тоа не може да го издржи, јавната и државната администрација ќе бидат товар на државата. Во земјите-членки на ЕУ секој европски граѓанин преку даноците што ги плаќа, всушност три недели во годината плаќа за услугите што ги добива од европските институции. Кај нас преку даноците околу седум месеци плаќаме за државната и за јавната администрација. Тоа е неодржливо.

(Лидија Димова, Македонски центар за Европско образование)

ПОДВЛЕЧЕНО Совет на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТАСО БРЗОРАСТЕЧКИТЕ ЕКОНОМИИ

* Џефри Колин од „Џонсон Мети“ нов претседател на Советот на странски инвеститори, а заменик Денис Корниенко од „Скопски легури“ Еден од нашите главни предизвици ќе биде да ги привлечеме странските инвеститори не само од Европа, туку

и од брзорастечките економии како Кина, Индија, Азија и Северна Африка. Ќе се фокусираме и на зголемување на извозот не само на европскиот, туку и

на пазарите во Турција и Северна Африка, - изјави Џефри Колин пред претставниците на македонските медиуми во Стопанската комора на Македонија (13.10.2010 година). Тоа е глобалната визија за натамошното делување на Советот на странски инвеститори што ја изнесе новиот претседател при неговото претставување во јавноста, во рамки на редовната седница на ова тело. На оваа функција, наместо досегашниот Георг Валднер од ЕВН Македонија, стапува токму Џефри Колин од „Џонсон Мети“, а за

негов заменик е избран Денис Корниенко од „Скопски легури“. Советот на странски инвеститори е тело во рамките на Стопанската комора на Македонија и во него членуваат претставници од компании со доминантен странски капитал. Моментно брои околу 170

членови. Претседателот на Советот има четиригодишен мандат.

ИЗДВОЕНО

Page 3: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 14 октомври 2010

Бизнис-заедницата предупредува - пораст на извозот нема без поттик од државата

НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ СЕ ПРАВАТ ВИСОКИ СТАПКИ НА ЕКОНОМСКИ РАСТ !

Пишува: Стојмирка Тасевска

Глобализацијата на светската економија, интензивирана во 80-те години на минатиот век, на сите земји им наметна потреба од нивна поголема интеграција во светските текови, односно во размената на стоки и услуги. Во такви околности, растот на извозот е еден од најважните услови за зголемување на економската активност на земјата, посебно кога станува збор за една мала земја со релативно скромни ресурси. Кај малите земји, потребата за зголемување на извозот е поголема отколку кај големите земји, најмалку поради две причини:1) на домашниот мал пазар не може да се обезбеди соодветен обем на економијата, како еден од најважните услови за зајакнување на конкурентноста на домашните компании на глобалниот пазар;

2) недостатокот на основните инпути на производството, како и неопходноста за задоволување на потребите на сите граѓани, преку набавка на стоки и услуги, неизбежно доведува до раст на увозот, со што се зголемува потребата од раст на извозот за да се одржи рамнотежата во надворешно-трговската размена.

Македонија, како земја којашто спаѓа во групата на мали земји со скромни ресурси, мора да обезбеди подинамичен пораст на извозот од просечниот во изминатите 10 години (без 2009 година како инцидентна поради економската криза), за да ги оствари своите основни економски цели – забрзан економски раст и вработеност, а со тоа подобар животен стандард за своите граѓании.

1. Надворешно –трговска размена на РМГрафикон1 Во милиони САД $

Вкупната надворешно-трговска размена во 2008 година достигна 10,8 милијарди денари, што во однос на 1998 година, односно по десет години, оствари пораст од скоро два и пол пати (индекс 335). Со пораст за скоро три пати во однос на 1996 година (индекс 390), кога започна процесот на либерализација, извозот забележа пораст од 247%, а увозот пораст од 321%, или увозот бележи повисока динамика на пораст за 74 индексни поени. Но, и покрај високата стапка на пораст на извозот просечно од над 25% на годишно ниво, во периодот од 1998 до 2008 година, сепак македонскиот извоз не е на ниво коешто ќе може да обезбеди одржливост на движењата во надворешниот сектор во насока во догледно време да се постигне урамнотежување на основните надворешно-трговски агрегати. Основните карактеристики на надворешно-трговската размена на нашата земја можат се сведат на следното:

1. Висок надворешно-трговски дефицит, односно дефицит на тековната сметка на платниот биланс - Трговскиот дефицит континуирано од 1998 година бележи пораст, така што од 516 милиони САД $ во 1998 година, достигна 2,5 милијарди САД $

во 2008 година, и во целиот наведен период, извозот не успеа да надмине 60% од вредноста на увозот, а многу е далеку да надмине 70% како во 1998 година (71%).

- Дефицитот на трговскиот биланс е покриван со суфицитот од другите компоненти на тековната сметка во платниот биланс. Накратко, девизните дознаки, посебно приватните девизни дознаки на нашите граѓани, приливот од скромните странски инвестиции, го пополнуваа дефицитот во трговскиот биланс во изминатите години. Но, за покривање на трговскиот дефицит, во отсуство на планираните странски инвестиции, а дознаките, иако значајни, сепак недоволни, остануваа се` помалку можности, па дефицитот на тековна сметка од 7,2% во 2001 година, го зголеми своето учество во БДП на 13,1% во 2008 година.

2. Неповолна структурата според економската намена на производите Во структурата на извозот, учеството на извозот на стоки за широка потрошувачка од 47,33% во 1996 година, се намали на 35,4% во 2008 година, а учеството на извозот на производите за репродукција од 50% се зголеми на 61,2% во наведениот период, што укажува на се` понеповолна извозна структура на македонското стопанство според економската намена на производите. Кај структурата на увозот според економската намена, производите за репродукција од 55,6% во 1996 година, го зголемија своето учество на 64,4% во 2008 година, што укажува и натаму и се` повисоката увозна суровинска зависност на нашето стопанство.

АКТУЕЛНО

Извор:ДЗС

Графикон 2Структура на извоз според економската намена на производите (во%)

Графикон 3Структура на увозот според економската намена на производите (во%)

Извор:ДЗС

Page 4: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 14 октомври 2010

3. Неповолна структура според степенот на обработка - Покрај ниската конкурентност, македонскиот извоз се карактеризира и со неповолната структура, во којашто доминираат производи со ниска фаза на преработка, главно суровини и полупроизводи.

Графикон 4Структура на извозот според степенот на обработка( во %)

Во 2000 година производите со висока преработка во вкупниот извоз учествуваа со 51,9%, а во 2007 година со 40,8%, или за 22% помалку. Наспроти тоа, во наведениот период, има пораст на учеството за 25,5% кај производите од обична преработка, и за 14,4% кај необработените производи, што укажува на се` понеповолната структура на македонскиот извоз.

4. Кај размената по сектори, може да се согледа значајно зголемување на извозот, но исто така и на увозот, дури и кај секторите кај кои има природни потенцијали за подмирување на домашните потреби, на пример, кај производите за храна, пијалоците и тутун, хемиски производи итн. Извозот кај секторот на храна во 2008 година е повисок за над три пати во однос на истиот во 2002 година, а увозот за 152,4%, но сепак извозот од 308 милиони САД долари е 50 % од реализираниот увоз во вредност од 620 милиони САД долари. Втор пример, кај увозот на разни готови производи во 2008 година кој е поголем за дваипол пати ( индекс 396,7) од истиот во 2002 година, додека извозот

за128,7%, или помал за 168 индексни поени, укажува на пониската конкурентност на нашите производ во однос на увозните. Според изнесеното, македонскиот извоз и покрај забележаниот пораст во последниве години (без 2009 година), се` уште не е на ниво за да може да обезбеди одржливост на порастот и почеток нa урамнотеженостa на извозот со увозот. Во услови на нагласена структурална зависност на националната економија од увоз, којашто во подолг период се зголемува како директна последица на отсуството на структурните реформи, зголемениот обем на вкупната размена со странство само ја верификува реалноста, дека секој раст на размената како последица има и раст на трговскиот дефицит.

Причините за тоа главно се сведуваат на главните недостатоци коишто генерално би можеле да се сведат на:

- недоволен број на крупни стопански субјекти кои би можеле да обезбедат висок пораст на извозот; - недоволни инвестиции во производниот и извозно ориентираниот сектор;- неповолна структура на извозт – високо учество на производи со ниска фаза на преработка;- високи трошоци на финансирање на извозните активности и соодветен степен на неконкурентост;- незначителен настап на нови пазари.

Системска поддршка за пораст на извозот Висок пораст на надворешно-трговскиот дефицит, а со тоа и на тековната сметка од платниот биланс е присутен скоро во сите земји на транзиција, како пропратна појава на процесот на приближување кон развиените земји, главно како последица на структурните промени и значаен прилив на капитал. Но, иако високите надворешни дебаланси се пропратна појава во земјите во транзиција и се присутни скоро кај сите транзициони земји, сепак во оваа група на земји постои значителна разлика во врска со успешноста на транзициониот процес и консолидирањето и развојот на реалниот сектор. Имено, земјите кои на релативно успешен начин го завршија транзициониот процес, успеале побрзо да го зајакнат стопанството (Унгарија, Полска, Словенија, Чешка) и на среден рок да ја повратат рамнотежата во надворешно-трговската размена. Праксата покажа дека земјите кои успеале да го зајакнат извозниот сектор и да

обезбедат висок извоз, во кој дел системската поддршка имаше клучна улога, најбргу поминаа низ транзициониот процес и во голема мера успеаја функционално да се приближат кон најразвиените земји на ЕУ. На пример, Словенија, веднаш по осамостојувањето, покрај поттикнувачките мерки во производството, воведе и

системска мерка - финансиска помош за подготовка на производство за извоз, чија висина пропорционално зависеше од степенот на финалната преработка на извозниот производ. - ЕУ како членка на СТО, вo рамките на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) , преку извозните рефундации, ја зголемува конкурентноста на нејзините земјоделски производи. Всушност, извозната рефундација е извозна стимулација на вишокот на стоки и количества земјоделски производи, произведени во рамките на Европската унија, која ќе се постигне како разлика на пониската цена на странските пазари, од цената на пазарот на

АКТУЕЛНО

Извор:ДЗС

Управен одбор на Стопанската комора на Македонија во Кавадарци

„ИЗВОЗОТ – КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА ПОРАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО

И ВРАБОТЕНОСТА“ Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, во проширен состав, со присуство на најзначајните извозници од нашава земја, на седницата одржана на 6.10.2010 година, расправаше на тема: „Извозот - клучен фактор за пораст на производството и вработеноста“. Целта беше активно да се отвори дијалог за најсоодветните потребни решенија со коишто македонската економија ќе постигне забрзана стапка на раст во производството и извозот. На самиот почеток, претседателот на Стопанската комора на Македонија, господинот Бранко Азески, истакна дека без зголемување на извозот нема висока стапка на економски раст и вработеност, поради што неопходно е заживување на извозната активност. Притоа, истакна дека предложените мерки за поттикнување на извозот се продолжение на претходно усвоените мерки од Управниот одбор за поттикнување на инвестициите и производството, со кои сегментарно бизнис- заедницата реагираше на темелните проблеми коишто во изминатите 20 години не се разрешени, пред се` проблемите кај сопственоста на земјиштето, како главен предуслов за нова инвестиција, односот на капиталот и трудот, честото менување на правната регулатива, што го руши фундаментот на пазарната економија.

Page 5: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 14 октомври 2010

ЕУ, со цел да се задржи нивото на цените на единствениот европски пазар. На пример, извозните рефундации за свинско месо согласно (Commission Regula�on (EU) No 343/2010 of 22 April 2010 fixing the export refunds on pigmeat), изнесени се во приложениот анекс. - Република Србија се` уште преку извозните стимулации дава системска поддршка на извозот, но таа се` уште не е членка на Светската трговска организација. Согласно наведеното, клучна и приоритетна задача на економската политика е обезбедување системски мерки за пораст на извозот, по примерот и праксата на успешните земји во транзиција, како би се обезбедиле најосновните претпоставки за: - пораст на производството, а со тоа и вработеноста и животниот стандард;

- макроекономска стабилност, преку намалување на осетливоста на стопаснкиот пораст од приливот на капитал. Секако дека неможноста за воведување директни извозни стимулации, како во одделни земји, па и членки на СТО, може да се премости со други системски мерки, коишто перманентно се истакнуваат од членките на Стопанската комора на Македонија, како на пример; финансиска поддршка за подготовка на производи за извоз, помош во намалување на производните трошоци, согласно карактерот на производниот процес (олеснет пристап до суровини за преработка, олеснет транспорт, покривање на залихите) и др. Со цел да се обезбедат најосновните претпоставки за пораст на производството, а со тоа и вработеноста и животниот стандард, клучна и приоритетна задача на економската политика е обезбедување системски мерки за стабилен и подинамичен пораст на извозот. Во тој контекст, по изнесените предлог-меки за поттикнување на инвестициите, производството и вработеноста, во делот на надворешно-трговската размена неопходни се системски мерки за поттикнување на извозот, кои се однесуваат пред се` на: 1. Зајакнување на конкурентноста и олеснување на пристапот до странските пазари преку модерна инфраструктура - пред се` на патната инфраструктуа - коридорите 8 и 10, железничката инфраструктура и користење на Солунското пристаниште. 2. Поттикнување на извозот на нови пазари - насочување на претпријатијата кон нови пазари, помогнати со конкретни анализи на истите од страна на промоторите, во коишто ќе се утврдат можностите и приоритетите за извоз одделно по производи на истите. 2.1. Склучување договор за слободна трговија меѓу Македонија и Русија - имајќи го предвид потенцијалот на рускиот пазар, како и традиционалната соработка со партнери од оваа земја. 2.2. Примена на системска мерка - извозни рефундации за извозот насочен кон регионалниот пазар на Блискиот и Средниот Исток и Северна Африка за пораст на конкурентноста на македонските производи на тие пазари. 2.3 Унапредување на размената во регионот преку надминување на актуелните пречки кои ја оптоваруваат трговијата во рамките на ЦЕФТА. 3. Формулирање програма за системска поддршка на извозот за наредните години, со годишни програми во истата одделно по дејности и мерки, утврдени во соработка со бизнис-заедницата и носителите на економската политика. При тоа појдовна точка да биде праксата во земјите-конкуренти на странските пазари. Во тој дел бизнис-заедницата предлага мерки за: 3.1. Обезбедување поволни извори на финансиски средства за подготовка на извозот - за која цел е потребно да се обезбедат средства во износ од 10 милиони евра со Буџетот на РМ за 2011 година, кои преку МБПР ќе се користат за субвенционирање на каматните стапки за кредитите наменети за: - одржување на ликвидноста на извозните претпријатија; - финансирање на трајни обртни средства; - за реализација на извозни активности, за претпријатија кои над 50% од своето производство го реализираат во странство; - обезбедување поголема финансиска поддршка за извоз на производи со повисока додадена вредност, преку одобрување на подобри финансиски услови за извоз на истите. 3.2. Обезбедување буџетски средства во денарска противредност од еден милион евра, за субвенционирање на каматите на кредитите за откуп и преработка на земјоделски производи во 2011 година. 4. Забрзување на активностите од надлежните институции, во врска со овластување, односно акредитирање на национални лаборатории, неопходни во инфраструктурата за проверка на квалитетот на производите во земјата. Бизнис-заедницата перманентно изнесуваше и други мерки, како на пример: олеснување на визниот режим со земјите на БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина), како мерка за соодветно олеснување на потенцијалните инвеститори од тие земји во нашата земја; склучување договори за избегнување на двојното оданочување, посебно зо земјите од Блискиот Исток, наплата на ДДВ со пролонгирани рокови за извозниците и други.

(Советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија)

АКТУЕЛНО

Тенденција во светот во надворешната трговија Светската трговија во последните седум години бележи повисок пораст од растот на светското стопанство, што е продолжување на трендот од втората половина, посебно во последната четвртина на XX век.

Кај порастот на обемот на надворешната трговија изразен во долари, се забележува з н а ч и т е л н о п о д и н а м и ч н а стапка на пораст од стапката на пораст на економските активности, како последица на нагорната линија на

светските цени и промената на девизните курсеви. Светската трговија се карактеризира со висока производна концентрација, којашто произлегува од тоа што првите 20 производи (сурова нафта, патнички автомобили, минерални масла, електронски цевки, телекомуникациска опрема, сметачка опрема, делови и прибор за моторни возила, лекови, канцелариски материјали, електрични машини и апарати, електрични машини за струјни кола, воздухопловни летала и опрема, природен гас, клипни мотори со внатрешно согорување, мерни контролни инструменти, мебел, машини за одделни индустриски гранки, хартија и картон, облека) учествуваат со 46-48% во вкупната светска трговија. Овој факт укажува дека во извозот доминираат земјите кои: - имаат значајни енергетски ресурси (сурова нафта, природен гас) и - земјите во кои е развиена автомобилската, електронската, фармацевтската индустрија и секторот на информатичка технологија. Концентрацијата на светскиот извоз е поизразена според

земјите отколку според производите. Десетте најголеми извозници доминираат во структурата на вкупниот светски извоз со 52,4%, а најголеми светски извозници се најразвиените земји во светот.

UNCTAD, Handbook of Sta�s�cs 2008

Покрај порастот на вкупната трговија во светот, значаен е и порастот на извозот од земјите во развој и земјите во транзиција, којшто главно кај успешните земји во транзиција потекнува од порастот на извозот од секторот 7 по СМТК; односно од порастот на извозот на машини и транспортни средства во нивниот вкупен извоз. Растот на извозот на машини и транспортни уреди кај сите успешни земји во транзиција е значително висок и побрз во однос на растот на извозот кај другите сектори, со што неговото учество во вкупниот извоз значително е зголемено, а кај некои земји е достигнат износ од преку 50% (Унгарија 58,8%, Чешка 50,2%).

UNCTAD, Handbook of Sta�s�cs 2006-07

Page 6: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 14 октомври 2010

Пишува: Љубица Нури Претставници на владите на ЦЕФТА-земјите, вклучувајќи ги контакт-точките, како и претставниците на приватниот сектор, националните комори, одржаа тркалезна маса на тема: “Елиминација на нетарифните бариери во трговијата во рамките на ЦЕФТА”. Тркалезната маса се одржа на 6 и 7 октомври 2010 година во Будимпешта, во Министерството за надворешни работи на Република Унгарија, коешто, заедно со ОЕЦД Инвестмент компакт за Југоисточна Европа се организатори и поддржувачи на овој процес. Во долгорочната стратегија за економски и политички развој на Унгарија, Западен Балкан е во фокусот на интересот. ОЕЦД и ЕК констатираа дека либерализацијата на трговијата во рамките на ЦЕФТА не се помести од постигнатото ниво на проста либерализација, а ниту тој процес не е довршен целосно.Тоа едноставно значи дека трговијата во рамките на ЦЕФТА не преминува во фаза на подлабока интеграција, а тоа е создавање заеднички производ. И како што е манирот на Балканот, така и овој пат, без менторство или, поточно туторство, тешко ни е самите да чекориме напред. Во анализата

за интра-ЦЕФТА трговијата на ОЕЦД се констатира дека колку што е пазарот поотворен, толку повеќе привлекува странски инвестиции, односно дека странските инвестиции влијаат на отворањето на економиите. Самиот ЦЕФТА-договор не е доволен самиот по себе да привлече инвестиции. Добитната комбинација е зголемување на трговската отвореност, интрарегионална интеграција на трговијата и симултана работа на економските реформи, вклучувајќи ја институционалната изградба (и обврските што произлегуваат од ЦЕФТА-договорот) - коишто треба да доведат до општо регионално подобрување на инвестиционата клима, а не до индивидуални поволности. Зошто е важен хоризонтален, симултан приод? Едноставно, затоа што отворањето на пазарите неминовно води кон трговски дефицит којшто може да се надмине со странски инвестициии во развој. Преку интрарегионално поврзување и интрарегионален производ, може да се зголеми извозниот капацитет на регионот. За жал, поради досегашната ненивелираност на регионалниот пазар (постоење на паралелни пазари, а не заеднички), странските инвестиции во регионот главно се влезени во нетрговски сектори, недвижнини, трговски синџири, финансии, телекомуникации и услуги. Ги нема во производството, во онаа мерка што е потребна за развој на регионот, преку зголемување на конкурентноста и извозот и намалување на трговскиот дефицит. Аналитичарите на ОЕЦД констатираа дека постојат случаи на синџири на додадена вредност меѓу индивидуални ЦЕФТА-

ВО ФОКУСОТ

ОЕЦД ги анализира нетарифните бариери во регионов

СОНУВААТ ЗА ЕВРОПА, А СЕ ДРЖАТ ЗА ГРАНИЦИТЕ КАКО ПИЈАН ЗА ПЛОТ

ЕВОЛУЦИЈА НА РАЗМЕНАТА НА РЕГИОНАЛНИТЕ ПАЗАРИ

РАЗМЕНА ВО РАМКИ НА CEFTA 2004 РАЗМЕНА ВО РАМКИ НА CEFTA 2009

Албанија

Босна и Херцеговина

Хрватска

Молдова

Србија

Македонија

Извор: OECD analysis based on UN Comtrade

Page 7: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 14 октомври 2010

ВО ФОКУСОТ економии и ЕУ, но многу помалку такви синџири има меѓу ЦЕФТА-земјите. Освен немањето интерес да се размислува мултилатерално, веројатно на сето ова влијае и постоењето на нетарифни бариери како последица на различни брзини на усвојување на ЕУ-регулативи, стандарди со различни приоритети. Доколку овој процес и понатаму се одвива спонтано, економиите на ЦЕФТА се изложуваат на опасност да си ги затворат пазарите едни на други, по одделни стоки, само затоа што тие нема да одговорат на техничките, фитосанитарниte, ветеринарниte и други стандарди, зависно од индивидуалниот степен на апроксимација. Постои опасност од создавање апсурдна ситуација во којашто одминатиот процес на усвојување на ЕУ-легислативата кај едни, ќе стане нетарифна бариера за производи кои доаѓаат од други ЦЕФТА-економии, каде што тој процес е со поинаков интензитет.

ИЗВОЗНИ ДЕСТИНАЦИИ ВО CEFTA 2009

Албанија Босна и Херцеговина

Хрватска Молдова Црна Гора Македонија

Извор: OECD analysis based on UN Comtrade

За да се предупреди на можен застој на проток на стоки и да се поттикне создавање на регионален производ со додадена вредност, ОЕЦД експерти укажуваат на потребата регионот да ги утврди приоритетите во однос на целосна либерализација на полупроизводи кои се најфреквентни во интрарегионалната трговија. Тоа значи дека владите со стопанствата треба да направат национална проценка на приоритетните сектори и производи на коишто би требало да се фокусираат во мултилатералната елиминација на нетарифните бариери (апроксимација), или приоритети врз основа на националните проценки и одлуки. Целосната либерализација на полупроизводите, како што нагласува ОЕЦД, може да поттикне создавање заеднички регионален производ и привлекување странски инвестиции. Анализирајќи ја статистиката, во рамките на ОН и ЕУ, ОЕЦД укажува дека регион меѓусебно најмногу тргува, редоследно по големина на учество, со: електрична енергија, гас и водоснабдување, базични метали, други неметални минерални производи, гума и други пластични производи, кокс, нафта и други нафтни деривати, хемикалии, хемиски производи и синтетички влакна, земјоделски производи, метални фабрикувани полупроизводи, прехранбени производи и пијалоци, дрво и дрвени производи, пулпа, хартија и производи од хартија, електрични машини и апарати, други рударски производи, машини и опрема и текстил. Македонија, во рамките на ЦЕФТА најмогу увезува редоследно: електрична енергија, базични метали, прехранбени производи и пијалоци, хемикалии, хемиски производи и синтетички влакна, земјоделски производи, гума и други пластични производи, пулпа, хартија и производи од хартија, електрични машини и апарати, дрво и дрвени производи. Врз основа на оваа статистика потребно е да се одберат заеднички приоритети - полупроизводи кои се инпут во извозните производи, како дел од стратегијата за извозната конкурентност и да се пристапи кон хармонизиран процес на усвојување на техничка регулатива или стандарди. За да се изведе овој процес, потребна е политичка волја и активност во рамките на регионот. Процесот треба да се гледа како прагматична иницијатива, којашто ако не ја реализираме бргу ќе доведе до оддалечување на економската соработка во регионот. ОЕЦД инсистира на прифаќање на фактот дека без исполнување на обврските од ЦЕФТА нема влегување во ЕУ. На тркалезната маса беше најавено дека Европската комисија, ОЕЦД Инвестмент компакт за Југоисточна Европа и ЦЕФТА-секретаријатот ќе ангажираат средства за поддршка на реализацијата на првата фаза на мониторингот за мултилатерално отстранување на нетарифните бариери, што е исто така порака за важноста и обврзноста за влегување во квалитативна либерализација на трговијата во рамките на ЦЕФТА. Инаку, сите земји потписнички на ЦЕФТА учествуваа во работата на тркалезната маса онака како што беа и поканети од ОЕЦД, двајца претставници на владите на ЦЕФТА-земјите, вклучувајќи ги контакт-точките и претставници на приватниот сектор, националните комори. Претставникот на Стопанската комора на Македонија сам ја претставуваше Република Македонија.

(Директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање)

Србија

RoW

CEFTA

EU

Page 8: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 14 октомври 2010

„Аромата“ ќе ја загорчи тутунската индустрија во Македонија

„БЛЕНД ТОБАКО„ ДО ТАБАНОВЦЕ

Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија на 7.10.2010 година одржа седница на која беа разгледани активности и заземање ставови пред претстојното гласање по иницијативата на ФЦТЦ (рамковна конвенција за контрола на тутунот) врз производството на тутун и тутунски производи-иницијатива за воведување забрана за користење адитиви кај производите од тутун. Ставовите на Здружението на редовната

прес конференција во Стопанската комора на Македонија ги изнесе неговиот претседател Кирил Филиповски, инаку од Институтот за тутун од Прилеп (12.10.2010 година). Кирил Филиповски

-Предлогот на Канада за измена на членовите 9 и 10

односно укинување на бленд цигарите ќе значи нивно исчезнување, а и производството на ориентален тутун во Македонија би се соочило со истата состојба. Предлогот со кој истапува Канада не нуди аргументирани докази дека редукцијата на адитивите ќе значи и редукција на пушењето. Од СТО и покрај протестот од страна на многу земји сеуште нема повратен одговор по јулското гласање а со приближување на датумот во ноември кога ќе се гласа во Уругвај притисокот од се повеќе земји расте. – нагласи Кирил Филиповски. Заедничкиот Пазар од Источна и Јужна Африка бара спротиставување на овој предлог како и голем број на земји од Унијата. Во Македонија најголем дел од тутунот (99%) е ориентален, годишно производство од преку 24.000 тони и вработува во примарното производство околу 30.000 производители и 5.000 во откупните претпријатија. Нашата земја се спротистави на Канадскиот

предлог во 2009 и 2010 година и достави свои коментари во јули оваа година. Потребно е, како што истакнаа претставниците на фирмите на седницата на Здружението, да се искаже спротиставување и на гласањето следниот месец, да се назначи лице кое ќе не претставува и во координација со земјите од регионот да се гласа негативно по предлогот. На седницата на Здружението, претставниците на МЗ ги презентираа активностите кои ова министерство ги презема во врска со Канадскиот предлог. Тие ги слушнаа аргументите на фирмите за кои искажаа потполно разбирање и, иако нивниот мандат е заштита на здравјето, го посочија фактот дека не само преку тутунот и пушењето туку и преку осиромашувањето на производителите на тутун се загрозува здравјето на лугето. Аргументот за социоекономската положба на населението беше подигнат на повисоко рамниште, а беше потенцирано и да се води сметка за член 17 (компензаторски

механизам) кој е предвиден за земјите кои би претрпеле загуби од оваа парцијална мерка од која се загрозени само најсиромашните земји. Додатен агрумент кој оди во корист на нашите фирми е и оној кој го даде претседателот на Здружението, а се однесува на работата на група експерти од ЕУ во врска со алтернативни култури наместо тутунот при што беше утврдено дека таква не постои. Во Грција и Бугарија е намалено производството на ориентален тутун, во Италија скоро и да го нема, а и Турција, која до неодамна беше една од четрите најголеми производители, за една четвртина го намали производството на оваа култура. Претставниците на откупните претпријатија го потенцираат фактот дека со оваа мерка не се оштетени само фармерите, туку и фирмите кои откупуваат, преработуваат и извезуваат тутун и кои заедно остваруваат девизен прилив на државата од приближно 96 милиони САД %. Членките на здружението, како што беше нагласено и на средбата со претставниците од медиумите, донесоа одлука да најдоцна до 13.10.2010 година од страна на фирмите и Комората се достават сите релевантни податоци до Инститиутот за тутун кои потоа во вид на официјалн предлог-аргумент би биле доставени како информација до Владата на РМ од страна на МНР и МЗ.

Васко Ристовски

Групацијата на авто-такси превозот на патници за Предлог - одлуката на Градот за регулирање на овој вид превоз

БЛИЗУ ДО ИНТЕРЕСИТЕ НА ТАКСИ – КОМПАНИИТЕ, НО И НАТАМУ СО

НЕДОСТАТОЦИ

* За претседател на Групацијата повторно е избран Сашо Рајчановски, “Коммак комерц“-Скопје, а за негов заменик Љупчо Андревски, Радио-такси “Водно“-Скопје На седницата на Групацијата на авто-такси превозот на патници при Стопанската комора на Македонија, одржана на 12 октомври 2010 година, беше разгледан текстот на Предлог-Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје што ќе биде точка на дневен ред на Советот на Град Скопје на седницата закажана за 13 октомври 2010 година. Со констатација дека во предлог-Одлуката се вградени значаен дел од забелешките и мислењата што Групацијата ги има доставувано до предлагачот уште во подготвителната фаза, такси-компаниите се на мислење дека истата се уште е со одредени недостатоци од формален и суштински карактер, коишто не кореспондираат во целост со интересите на такси-превозниците и со реалноста. Со цел да се укаже на утврдените недостатоци, беше договорено ставот на Групацијата по ова прашање, да биде изготвен во вид на систематизирани забелешки и мислења коишто ќе се достават до Советот на Град Скопје. Покрај работниот дел, седницата имаше и организационен карактер, на која беше извршен и избор на членови на Управниот одбор од 5 члена, претседател и заменик председател на Групацијата. За членови во Управниот одбор беа избрани претставници на фирмите “Вардар“-Скопје, “Лотус“-Скопје, “Парк“-Скопје, “Пулстарс“-Скопје и “Коммак комерц“-Скопје. За претседател на Групацијата повторно е избран Сашо Рајчановски, “Коммак комерц“-Скопје, а за негов заменик Љупчо Андревски, Радио-такси “Водно“-Скопје.

Митко Митевски

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Page 9: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 14 октомври 2010

Средба со нови членки на Стопанската комора на Македонија

НАСКОРО И РЕГИОНАЛНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ

* Одржанана информативна средба на мали и средни компании со претставници од „Eуролинк осигурување! и презентација на ФП7 неповратни средства на Европската унија достапни за македонските компании

Стопанската комора на Македонија продолжува со доближувањето на институциите до своите нови членки како дел од информирањето на компаниите за придобивките од зачленување во Комората.

На средбата, на којашто присуствуваа 20-тина компании, пред се` новозачленети компании во Комората, тим менаџерот на „Еуролинк осигурување„, Јане Мојсовски ги презентираше новите осигурителни пакети и осигурителни услуги кои се достапни за компаниите, како и основните бизнис-пакети за осигурување на имот и бизнис-пакет за осигурување на пратки. Интересот на компаниите за нови можности за осигурување и користење на поволностите од осигурителните пакети кои самите ги нудат, ќе биде редовна практика на Комората и во идниот период.

Исто така, од страна на Илија Вучков беше извршена презентација на ФП7 неповратни средства на Европската унија достапни за македонските компании. Тој ги запозна компаниите за објавените повици во рамките на ФП7 и насоките за конкретен пристап и помош за компаниите да пристапат до неповратните средства од Европската унија.

На барање на членките на Стопанската комора на Македонија средбите од овој тип ќе се организираат и регионално со институции кои се од интерес на компаниите. На оваа и идните средби компаниите се запознаваат и со придобивките од членство во Комората, за што презентација изврши Јадранка Аризанковска, директор на Дирекцијата за застапување и претставување на членките.

Групација за противпожарна заштита и безбедност при работа

„ГАСЕЊЕ“ НА НЕЛОГИЧНОСТИТЕ

ВО ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПП

ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА

На седница на Управниот одбор на Групација за противпожарна заштита и безбедност при работа, одржана на 7.10.2010 година во Стопанската комора на Македонија, се водеше расправа за покренатата иницијатива за организирање состанок со Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување за изменување и диполнување на Правилникот за задолжителна ПП опрема во возилата („Службен весник на РМ„ 31/10, „Сл. весник на РМ„ 48/10 и „Сл. весник на РМ„ 105/05). За реализирање на овие активности Групацијата преку Стопанската комора на Македонија со писмени дописи се обрати до Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување, за организирање средби за образложување на иницијативата и давање на конкретни предлози. На седницата членките беа информирани дека од страна на Министерството за внатрешни работи, Групацијата писмено е информирана дека Правилникот за задолжителна опрема во возила - член 4 („Сл. весник на РМ„ 31/10 и „Сл. весник на РМ„ 48/10 ) не е во надлежност на Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност. Исто така, по однос на писмените обраќања до Дирекцијата за заштита и спасување од страна на Комората (од 28.4.2010 година и 24.6.2010 година) и повеќекратните контакти со ДЗС за организирање средба за истата

проблематика, членките беа информирани дека Групацијата се` уште нема добиено одговор за реализирање средба. На седницата повторно се посочи дека постои несоодветно определување на противпожарните апарати по видови и количина кај различните по големина моторни возила, односно неправилна класификација на возилата. Како пример беше посочено дека моторно возило до

осум седишта нема потреба од поседување на ПП апарат, а возило со 9 седишта 2 противпожарни апарати!? Исто така не е дефинирано дали службените возила на правните лица, такси возилата кои вршат јавен превоз, возила со алтернативни горива треба да поседуваат ПП апарати. Пикап-возилата и комби-возилата со сегашните решенија треба да поседуваат ПП апарат од 6 килограми, што е 3 пати поголем апарат кој се пропишува за вакви возила во ЕУ и земјите од нашиот регион. За надминување на моменталната неповолна состојба во овие дејности, беше заклучено Групацијата да изготви предлози за измени и дополнување на правилниците согласно искуствата и законската регулатива на Европската унија и во соседните земји и истите да ги достави до надлежните органи и институции.

Војкан Николовски

Средба на делегацијата од Вировитичко-подравската жупанија со бизнис-заедницата во Велес

РАЗВОЈНИТЕ ПЛАНОВИ НА ОПШТИНАТА ПРЕД

ХРВАТСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ

Локалната самоуправа на општина Велес, заедно со претставници на бизнис-секторот, на 5.10.2010 година, беше домаќин на делегација на Вировитичко-подравската жупанија од Република Хрватска. На средбата со градоначалникот Горан Петров и претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Трајче Трајков, гостите, придружувани од амбасадорот на Р. Хрватска во Р. Македонија, Иван Кујунџиќ, имаа можност да се информираат за потенцијалите, компаративните предности и развојните стратегии на општината Велес. Хрватската делегација беше информирана за идејата за рестартирање на старите, како и можностите за отворање на нови погони, развивање на транзитниот туризам на Езерото Младост и винскиот туризам. Според жупанот Томислав Толушиќ, Македонија има големи шанси за пласман на црвено и црно вино на хрватскиот пазар. Во Хрватска постои заинтересираност за вложување во ски-центарот Кожув, но по заокружување на патната инфраструктура. Претставниците на компаниите од Хрватска на средбата разменија информации со претставниците од поголемите велешки компании и најавија разгледување на сите можности за идна соработка. Следната средба е планирана за јануари 2011 година, за време одржување на меѓународниот саем ВИРОЕКСПО во Вировитица.

Биљана Пеева Ѓуриќ

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ

Page 10: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 14 октомври 2010

Важечкиот Закон за ревизија во РМ е донесен во 2005 година. Причините за подготовка на нов Закон за ревизија за толку краток период, наместо негови измени и дополнувања, како што се наведува во Образложението на Законот, е фактот што истиот не е усогласен со Директивата на Европскиот парламент и на Советот на Европската унија 32006L0043 за законска ревизија на годишните сметки и консолидираните сметки, од 17 мај 2006 година. Донесувањето на новиот Закон за ревизија е предвидено и во НПАА (Националната програма за усогласување со законодавството на Европската унија), па оттука Република Македонија има обврска истиот да го усогласи со правото на ЕУ. Заради тоа се наведува дека потполната транспонираност на горенаведената Директива ќе претставува важен предуслов Република Македонија да стане полноправна членка на Европската

унија, од една страна, а од друга страна, ревизорскиот систем ќе го постави на ниво што ќе значи усогласеност со критериумите на Европската унија во оваа област. Неусогласеноста на постојниот закон се однесува на непостоењето на ефикасен систем за контрола на

квалитетот на ревизијата, како и непостоење на соодветен надзорен орган чие крајно овластување е надзор и унапредување на ревизорската професија. Поради тоа, направени се измени во делот на надлежностите што досега беа во Министерството за финансии, а сега преминуваат кај Советот за унапредување и надзор на ревизијата, како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања детално утврдени во предложениот закон. Доколку овој закон се донесе во текст еднаков со предложениот, овластените ревизори кои се стекнале со уверение за овластен ревизор до влегување во сила на овој закон ќе бидат должни во рок од три месеци од влегувањето во сила на законот да поднесат барање за добивање лиценца за овластен ревизор. Законот е во собраниска процедура (првото читање на Законодавно-правната комисија е на 29.9.2010 год).

Предлог-измени и дополнувања на позначајни прописи за стопанството, коишто се во постапка на донесување во Собранието на РМ

Во подготовка нов Закон за ревизија

ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ НА РЕВИЗИЈАТА

* Нови предлог-измени и дополнувања, заради бришењето на точка 30 од член 4, со којашто се дефинираше изразот: “лице за кое постои поголем ризик”, а врз основа на иницијативата на Стопанската комора на Македонија

По иницијатива на Стопанската комора на Македонија се отстранија правните претпоставки за нереалното и незаконско одземање на правото за вршење на шпедитерска дејност на компаниите кои би се третирале како “лице за кое постои поголем ризик“, поради нелогично поставените критериуми за стекнување ваков статус. Со измените и дополнувањата на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ„ бр. 48/2010), се усогласи текстот на Царинскиот закон со Решението У.бр. 1/2009, донесено од Уставниот суд на Република Македонија, односно се избриша точка 30 од член 4. Со бришење на одредбата за “лице за кое постои поголем ризик“, Царинската управа се дистанцира од заземениот курс на одземање на одобренија и лиценци без завршени постапки, со што е задоволено основното барање на Стопанската комора на Македонија. Но, во постапка на донесување во Собранието на РМ е нов Предлог за

изменување и дополнување на Царинскиот закон со кој се менува целиот член 6, со кој одново се уредуваат условите и постапката за давање и одземање на одобрение за вршење работи на застапување во царински постапки и лиценци за вршење на застапување. Образложението е дека поради укинувањето на определени одредби од членот 6 од страна на Уставниот

суд на Република Македонија, со Одлука У. Број: 1/2009-0-1 од 16.9.2009 година, се наметнала потреба за изменување на целиот член, како и воведување на нови одредби со кои поблиску ќе се регулираат критериумите за издавање и одземање на одобренија за застапување во царинските постапки и лиценци за застапување. Со предложените измени и дополнувања на Царинскиот закон се воведуваат нови одредби што се

однесуваат на можноста да се даде одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки и на трговец поединец, воведување на одредба за издавање на лиценца за вршење на застапување без полагање на посебен стручен испит (на лица кои имаат високо образование од специјализиран факултет и најмалку две години работно искуство

од областа на царинското работење и на лица кои имаат најмалку средно образование и три години работно искуство на работни места во Царинската управа од областа на царинското работење), издавање на идентификациска картичка на царинскиот застапник заедно со лиценцата за застапување. Со предлог-измените и дополнувањата на овој закон се воведува терминот „суспендирање“ на одобрение за вршење на работи за

застапување во царинските постапки на одредено време и се воведуваат нови казнени одредби кои ги дефинираат потешките прекршоци во царинското работење. Највисоката казна е во износ од 250.000,00 до 900.000,00 денари, во случај ако трговското друштво или трговецот поединец, без одобрение врши работи на застапување во царински постапки.

Предлог за изменување и дополнување на Царинскиот закон

„СУСПЕНДИРАЊЕ“ ВО ЗАСТАПУВАЊЕТО ВО ЦАРИНСКИТЕ ПОСТАПКИ И НОВИ КАЗНИ

Page 11: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 14 октомври 2010

Предлог-измени и дополнувања на позначајни прописи за стопанството, коишто се во постапка на донесување во Собранието на РМ

Станува збор за нов закон, каков што досега не познаваше македонското законодавство. Овој Предлог на закон е во постапка на донесување во Собранието. Како причина за неговото донесување се наведува потребата од законско регулирање на алтернативните извори за финансирање со цел обезбедување полесен пристап до финансиски средства, пред сè на малите и средни претпријатија, кои не можат да одговорат на строгите стандарди за банкарски кредити. При тоа, предлагачот појаснува дека состојбите не кореспондираат ниту со економските критериуми кои се претпоставка за членство во Европската унија, а кои подразбираат способност на финансискиот сектор да ги насочи заштедите кон продуктивно инвестирање. Во тој контекст, една од препораките на Европската комисија е Република Македонија да ја зајакне финансиската интермедијација во небанкарскиот сектор и да се олесни пристапот до кредити. Се оценува дека донесувањето на посебна регулатива за небанкарски финансиски институции кои вршат кредитирање во разни форми ќе придонесе за развој и раст на овој значен сегмент на финансискиот пазар. Донесувањето на Законот за финансиски друштва ќе влијае на транспарентноста во работењето на овие институции и на информираноста на јавноста за можностите што тие ги нудат, со што финансиските друштва ќе станат препознатлива алтернатива на банкарската индустрија. Во Законот се уредени финансиските активности што смее да ги

врши друштвото (одобрување кредити, издавање и администрирање на кредитни картички, факторинг и издавање на гаранции и другите дозволени активности - советување поврзано со финансиските активности и изнајмување на подвижен и недвижен имот на трети лица, вклучувајќи

и оперативен лизинг), како и условите и постапката за основање финансиски друштва. Финансиско друштво се основа како акционерско друштво, друштво со ограничена одговорност или подружница на странско друштво врз основа на претходна дозвола што ја издава министерот за финансии. За добивање дозвола се доставуваат документација и информации пропишани со член 9 со кои треба да се докаже исполнувањето на пропишаните услови и тоа: обезбеденост на средства за основна главнина од најмалку 6 милиони

денари и изворите од кои потекнуваат средствата, стручност и компетентност на членовите на органите на управување, соодветност на основачите и сл. , при што децидно се определени случите во кои министерот го одбива барањето. Заштитата на трети лица и на системот во целина се обезбедува и со членот 20 со кој се лимитира кредитната активност на финансиското друштво. Имено, агрегатниот износ на одобрени кредити не може да биде поголем од десеткратниот износ на основната главнина. Со истиот член на друштвото му се забранува да одобрува кредити на поврзани субјекти. Со ова решение се влијае на постигнување на една од целите на законот – засилена интермедијација и олеснет пристап до кредити за малите и средни претпријатија. Во Делот 9 се поместени одредбите за водење на сметководство и изготвување на финансиски извештаи, кои се предмет на ревизија од страна на овластено друштво за ревизија, со што се олеснува контролата заснована на моделот пазарно однесување. Во функција на контрола на законитоста во работењето и навремено преземање на санкции за прекршителите на законите се и одредбите за редовно доставување на извештаи до Министерството за финансии и одредбите за вршење надзор и преземање мерки спрема друштвата заради отстранување на утврдените незаконитости. До Комората не беше доставен Предлогот на овој закон.

Предлог на закон за финансиски друштва

РЕГУЛИРАЊЕ НА АЛТЕРНАТИВНИТЕИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ

Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци

СЛЕДЕЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Со донесувањето на Законот за заштита на личните податоци во 2005 година се воспостави правната и институционалната рамка за заштита на личните податоци во Република Македонија, се диференцираа правата и обврските на субјектите на личните податоци и контролорите, со што се зацврсти почитувањето на уставно загарантираното право на заштита на личните податоци и правото на приватност. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци („Сл. весник на РМ„ бр. 103/08), се прошири важењето на одредбите на Законот и на личните податоци кои се обработуваат во кривичната постапка, како и зголемување на независноста и ефикасноста во работењето на Дирекцијата. Исто така, определени категории што не беа предвидени со Законот (пример: видеонадзорот, се` поголемото користење на биометриските и генетски податоци и сл.) поради развојот на информатичката технологија, а коишто имаат суштинско влијание врз кршењето на правото на заштитата на личните податоци, се

оцени дека е потребно овие категории да се уредат во овој закон. Дирекцијата за заштита на личните податоци, како самостоен и независен државен орган е надлежна за преземање мерки за целосно имплементирање на веќе донесените одредби. Врз основа на извршената анализа на досегашното практично имлементирање на законот, ја утврди потребата

од допрецизирање, што ќе придонесе за негова полесна имлементација. Во таа насока, последните измени и дополнувања на Законот („Сл. весник на РМ„ бр. 124/2010) во поголемиот дел се од номотехничка природа, а од останатите измени, се издвојуваат само позначајните:

* се предвидува одредбите од Законот за заштита на личните податоци да не се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши за професионалното новинарство, само во случај ако јавниот интерес преовладува над приватниот интерес на субјектот на лични податоци;

ПРЕГЛЕД НА НОВИ ДОНЕСЕНИ ЗАКОНИ

Page 12: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 14 октомври 2010

* во врска со користењето на матичниот број на граѓанинот, избришана е можноста за обработка на ЕМБГ по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци, со образложение дека оваа формулација предизвикува конфузија во толкувањето, па сега матичниот број на граѓанинот може да се обработува само со негова претходна изрична согласност или доколку дозволата за користење на матичниот број е утврдена со закон. Исто така, се воведува законска обврска за контролорот да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци;

* се врши дополнување на одредбите од Законот, во врска со видео-надзорот, на тој начин што се определува дека формата и содржината на актот за видеонадзор ќе биде пропишана од страна на директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, заради полесно практично спроведување на одредбите за видеонадзор од страна на контролорите;

* се предвидува нова законска обврска на контролорите да определат офицер за заштита на личните податоци. Исто така, во овој член се наведени работните задачи на офицерот за заштита на личните податоци. Оваа обврска е задолжителна за сите правни лица што, при работењето, имаат потреба од обработка на лични податоци, со исклучок на компаниите со помалку од 10 вработени лица. Досега, оваа материја беше уредена со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/09), според кој контролорите задолжително имаа обврска да определат едно или повеќе лица за заштита на личните податоци кои што ќе бидат одговорни за координација и контрола на постапките и упаствата утврдени во документацијата за техничките и организациските мерки;

* се врши дополнување на содржината на Известувањето до Дирекцијата за заштита на лични податоци, кое сега, покрај другите елементи определени

во Законот, ќе треба да содржи и информација за рокот на чување на личните податоци;

* со членот 21 од измените на Законот се воведува новина со која се предвидува одобрение за обработка на личните податоци да се бара и во случај кога постои изречна согласност од субјектот на личните податоци. Ова ново законско решение е поради се` позачестеното обезбедување на принудна согласност од страна на контролорите за обработка на посебните категории на личните податоци;

* со член 33 од Предлогот на Законот се врши усогласување со Предлог- мерките за унапредување на казнената политика и подобрување на бизнис-климата во Република Македонија донесени од страна на Владата на Република Македонија. Во таа насока се доуредува начинот на постапување на инспекторите за заштита на личните податоци при утврдување на одредени неправилности при вршењето на инспекцискиот надзор. Оттука, доколку инспекторот утврди некоја неправилност при инспекцискиот надзор, за одредени прекршоци ќе биде должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со едновремено врачување покана за спроведување на едукација на контролорот, односно обработувачот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.

Закон за процена

УТВРДУВАЊЕ НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА ПРЕДМЕТОТ НА ПРОЦЕНА

Станува збор за нов Закон (објавен во „Сл. весник на РМ„ бр., 115/2010) со кој се уредува материјата за вршење на процена од овластени проценители, заради утврдување на пазарната вредност на предметот на процена при експропријациите, при определување на вредноста на капиталот на друштвата во сите случаи кога доаѓа до промена на вредноста и структурата на капиталот, во стечајните постапки, при финансирањето и кредитирање, оданочувањата, пренос на правото на сопственост, при финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит, инвеститорски консалтинг и сите други случаи предвидени со закон. Со членот 3 од Законот за

трговските друштва се дефинира терминот „овластен проценител“ како лице кое врши процена како овластен проценител и се води во регистарот на овластени проценители, востановен врз основа на закон. Во периодот на трансформација на општествениот и државниот капитал во Република Македонија оваа материја беше уредена со Законот за трансформација на општествениот капитал и подзаконските акти изготвени врз негова основа. Со нив Агенцијата за приватизација ги спроведуваше стручните испити и со исполнување на одредени услови издаваше Уверение за овластен проценувач со времетраење од 5 години. По укинувањето на Агенцијата за приватизација, оваа материја остана нерегулирана и заклучно со 31.3.2005 година престана важноста на сите издадени уверенија од страна на Агенцијата за приватизација. Во изработката на текстот на законот се користени компаративни материјали од Република Бугарија и Република Словенија. Во Законот се содржани одредби со кои се уредува вршењето на процена, субјектите и областите на процена, одредби околу полагањето на стручен испит за проценителите, начините за добивање и одземање на лиценца, дисциплинската одговорност и одредби за формирање посебна струкова организација - Комора на проценители и нејзините органи. Усвоениот Закон за проценка остава правен вакуум од најмалку 8 месеци, во поглед на проценките што моментално и што во наредните 8 месеци ќе се спроведуваат во рамките на редовното банкарско работење (проценката на хипотеки, преземен имот и имотот на банките). Законот за проценка се разгледува од страна на Правната комисија на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија и овластените проценители на поголемите банки, со цел создавање иницијатива за измена на истиот од аспект на воведување

на преодни и завршни одредби на овој закон, со кој на субјектите (банките) ќе им се овозможи период на усогласување и усогласено постапување до формирање на соодветните комисии во рамките на надлежните министерства и издавањето лиценци.

ПРЕГЛЕД НА НОВИ ДОНЕСЕНИ ЗАКОНИ

Page 13: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 14 октомври 2010

Закон за државна помош

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА ПОСТАПКАТА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА

НЕДОСТАТОЦИТЕ

Со овој закон се уредуваат облиците на државна помош, општите услови и правилата за известувањето за државна помош и оценката и надзорот на државната помош. Основна цел на Предлог-законот е натамошно хармонизирање на законодавството за државна помош во Република Македонија со соодветното законодавство на ЕУ, како и подобрување на ефикасноста на постапката и отстранување на детектираните недостатоци. Со оглед на големиот обем на измени и дополнувања на Законот за државна помош, потребата од подетално уредување на областа на државната помош во склад со новите европски решенија на ова поле, оценката и надзорот на државната помош и постапувањето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, доведоа до нужноста да се пристапи кон изготвување на нов Предлог-закон за државна помош.

Поим на државна помош

(1) Државна помош се сите потенцијални или реализирани расходи или сите потенцијално или реално намалени приходи на државата, доделени од давателите на државната помош кои ја нарушуваат или може да ја нарушат конкуренцијата преку овозможување на економска предност на определено претпријатие која не би била можна без доделената државна помош или преку фаворизирање на производството на одредени стоки или давањето на одредени услуги.

(2) Државната помош од став 1 од овој член може да биде доделена во различни облици, а особено преку: -субвенции; -отпишување или преземање долгови; -изземање, намалување или одлагање на плаќањето на јавните давачки; -доделување кредити под

поволни услови; -давање гаранции од давателите на државна помош под поволни услови; -инвестиции од давателите на државна помош со стапка на поврат пониска од стапката на поврат на инвестиции која може да се очекува при инвестирање под нормални пазарни услови; -намалување на цените на стоките и/или услугите од страна на давателите на државна помош под пазарните цени, особено во случај на продажба на акции, згради или земјиште во сопственост на давателите на државна помош.

Субјекти на државна помош

Давател на државна помош во смисла на овој закон е: Владата на Република Македонија, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, како и секој друг орган или правно лице кои доделуваат или планираат да доделат државна помош. Корисник на државна помош во смисла на овој закон е претпријатие кое учествува во промет на стоки и/или услуги, а користи некој од облиците на државна помош.

Доделувањето на државната помош може да се дозволи ако се работи за: а) регионална помош за унапредување на економскиот развој на подрачја во Република Македонија во

кои животниот стандард е исклучително низок или каде што постои голема невработеност; б) помош наменета за отстранување на тешкотиите во домашното стопанство или за унапредување на остварувањето на проекти од значаен економски интерес за Република Македонија; в) помош за спас и реструктуирање на претпријатија со тешкотии; г) помош наменета за

унапредување на културата и заштитата на културното наследство, кога таа не влијае значително на трговските услови и конкуренцијата на пазарот; д) хоризонтална помош и ѓ) друга државна помош доделена врз основа на актот од став 3 од овој член.

- Владата на Република Македонија, на предлог на Комисијата за заштита на конкуренцијата ги пропишува условите и постапката за доделување на државната помош од став 2 од овој член. - Комисијата за заштита на конкуренцијата е надлежна за оценка и надзор на секој облик на државна помош.

Закон за спречување на перење на пари и финансирање тероризам – измени

УСОГЛАСУВАЊЕ НА НЕПРИМЕНЛИВИТЕ

ОДРЕДБИ И ОПЕРАТИВНОТО РАБОТЕЊЕ

На 26.4.2010 година беа усвоени измени на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот. Иако пред донесување на измените Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам побара мислење од Комисијата за спречување на перење пари и усогласеност при Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, освен за одредени технички прашања, Управата не ги усвои повеќето забелешки кои ќе претставуваа значајно подобрување и унапредување на текстот на Законот, а тоа резултираше со одредени неприменливи одредби што ги содржи Законот. По донесувањето на Законот, Комисијата свика неколку состаноци на кои беа присутни и претставници од Управата и НБРМ за усогласување на неприменливите одредби и оперативното работење. Управата во таа насока преку дополнителни мислења доставени до банките придонесе за усогласувањето на оперативното работење на банките со Законот. Со оглед на горенаведеното, во месец септември 2010 година е започната постапка на повторна измена на Законот за спречување на перење пари и ФТ. Комисијата за спречување на перење пари и усогласеност при Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија во неколку наврати достави мислење до Управата по предлог-текстот, со цел усогласување на оваа регулатива со домашната регулатива којашто го регулира банкарското работење и соодветната во ЕУ.

ПРЕГЛЕД НА НОВИ ДОНЕСЕНИ ЗАКОНИ

Page 14: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 14 октомври 2010

„Алкалоид“ од Скопје

ДОДЕЛЕНИ УШТЕ 40 СТИПЕНДИИ

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ од Скопје, по четврти пат ги додели стипендиите „Трајче Мукаетов“. И годинава фондацијата одобри и додели 40 стипендии, и тоа 18 на студенти по фармација и 22 на студенти по медицина. За првпат беа доделени и награди за најуспешниот дипломиран фармацевт и лекар. Како првенци на генерација, Анела Тосевска и Андреј Кралев, добија еднократната парична награда во вредност од 1.000 евра.

Ваучерите на наградените, како што шишува „Утрински весник“, им ги врачи генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов: -Најдобриот студент по фармација е и наш стипендист, што е доказ дека стипендиите одат во вистински раце. И годинава „Алкалоид“ ќе вработени дел од стипендистите. Лани беа вработени четворица. -Досега имаше 53 нови вработувања. За два месеца се планира бројот на нови вработувања да се заокружи на 65, од кои половината од нововработените ќе бидат стипендистите, додава Мукаетов. Преку фондацијата формирана во чест на Трајче Мукаетов, кој долги години го развиваше „Алкалоид“, досега се доделени вкупно 142 стипендии. Стипендијата изнесува 6.500 денари месечно и се доделува 12 месеци. Имињата на добитниците ќе бидат објавени в петок во дневните весници.

ПроКредит банка од Скопје

ЗГОЛЕМЕНИ КАМАТИ НА ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ

ВО ЕВРА

ПроКредит банка од 1 октомври до крајот на годината нуди промотивна каматна стапка од 5 отсто на депозитите во евра орочени на една година, а со цел да се стимулира долгорочното штедење кај граѓаните. Каматната стапка е фиксна и загарантирана за целиот период на орочување.

Од Банката информираат дека каматата може да биде исплатена месечно, квартално и на истекот на периодот на орочување. Во првата половина од 2010 година ПроКредит Банка бележи раст во депозитното портфолио, кое изнесува 141 милиони евра што претставува раст за 6,18 отсто споредено со првата половина во 2009 година. ПроКредит Банка е дел од ПроКредит групата, предводена од ПроКредит Холдинг, со седиште во Франкфурт, Германија.

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд

ЗАШТЕДИ ОД НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА

КБ Прво пензиско друштво објави дека оствариле заштеди над 100 милиони евра во задолжителниот пензиски фонд со кој управуваат. Со ова, како што се наведува во соопштението, тие се првото пензиско друштво во Македонија кое управува со капитално финансиран фонд поголем од 100 милиони евра.

Износот од 100 милиони евра е надминат на 4 октомври годинава, а заклучно со 30 септември на задолжителниот пензиски фонд на КБ Прво пензиско друштво му припаѓале 99,6 милиони евра од вкупните 184,7 милиони евра нето средства на задолжителните пензиски фондови. Во текот на петгодишното работење во КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд вклучени се повеќе од 136.000 членови и времено распределни лица.

Меѓу 100 најуспешни во Југоисточна Европа во бизнисот со осигурување

ЧЕТИРИ КОМПАНИИ ОД МАКЕДОНИЈА

Четири осигурителни компании од земјава се најдоа на листата со 100 најуспешни фирми од осигурувањето во Југоисточна Европа. Акционерското друштво за осигурување „Вардар Скопје“, кое го зазема 64. место на листата според ланските бруто-приходи е најдобро рангирана фирма од македонските компании. Следат „Сава табак“ на 74. место,

„Кјуби Македонија“ на 80. и „Еуролинк“ на 97. позиција, – пишува скопски „Дневник“. Според податоците од официјалната листа, компанијата „Вардар Скопје“ лани остварила бруто-приход од 21,5 милион евра, а „Сава табак“ околу 17 милиони, „Кјуби“ и „Еуролинк“, пак, оствариле приходи од 15, односно 10 милиони евра. Лидер на листата е словенечката „Триглав осигурување“, која лани имала бруто-приход од 744,5 милиони евра. Второпласирана е хрватската „Кроација осигурување“ со речиси двојно помал приход од „Триглав“, односно 415 милиони евра. На трето место се пласира „Алијанц-Тириак осигурување“ со приходи од 304 милиони евра. Романија води на листата со 20 фирми што доаѓаат од оваа земја, а следат Бугарија со 19 и Хрватска со 18. Иако ја има финансиски најуспешната осигурителна компанија, меѓу топ-100 во Југоисточна Европа се пласираа 13 словенечки фирми. Од Србија има 11, од Босна и Херцеговина 10, а Македонија е застапена со четири фирми. По две компании на листата се од Црна Гора и Молдавија и една од Албанија. Генералните податоци покажуваат дека бруто-приходите на осигурителните компании во Југоисточна Европа лани изнесувале околу седум милијарди евра, што е за четири отсто помалку од 2008 година. Падот на приходите се објаснува со ефектите од глобалната економска криза, која многу се одрази и врз осигурителниот сектор.

Вести од покровителите: ИК Банка од Скопје

ОТВОРЕНА НОВА ФИЛИЈАЛА ВО ОХРИД

ИК Банка од Скопје отвори нова филијала во Охрид, со што бројот на експозитури и филијали на банката изнесува 21. – јавува МИА. Тие се распоредени во 12 градови во земјава. Преку новата филијала на ИК Банка, на правните и физички лица ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на Банката штедни влогови, платен промет во земјата и станство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Вестерн Унион - брз трансфер на пари, ВИСА, МастерКард и Маестро платежни картички, е-комерц и друго.

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 15: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 14 октомври 2010

Промовирани два проекта од инструментот ИПА за надградба и конкурентност на земјоделскиот сектор

ЗАЕДНИЧКО УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕИ ИНДЕНТИФИКАЦИЈА НА

ЗЕМЈИШНИТЕ ПАРЦЕЛИ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евроамбасадорот Ерван Фуере го промовираа официјалниот почеток на двата проекта од инструментот за претпристапна помош - ИПА 2008, чија цел е институционална надградба на секторот според ЕУ-стандардите и јакнење на неговата конкурентност. – објавува МИА.

Станува збор за проектите „Усвојување и спроведување на европското законодавство во насока на заедничката земјоделска политика, посебно во делот на уредувањето на заедничките пазари за земјоделски производи“ и „Дизајнирање на функционален интегриран систем за администрирање, контрола и потребниот институционален капацитет“. Нивни главни корисници ќе бидат институциите од сектoрот земјоделство, но и земјоделците кои со прилагодувањето на аграрот кон европските стандарди и исполнувањето на здравствените и еколошки критериуми го подобруваат квалитетот на производите, стануваат поконкурентни на пазарот со што го зголемуваат квалитетот на животот воопшто. - Првиот прокет ќе обезбеди техничка поддршка за Министерството и за Платежната агенција, за јакнење на капацитетите на национално и локално ниво, како и за усогласување со пазарно-ориентираните реформи на ЕУ во делот на заедничкото уредување на пазарите, а вториот, техничка помош за воспоставување на Системот за идентификација на земјишните парцели (ЛПИС) и проверка на апликациите за финансиска поддршка, истакнал министерот Димовски. Според него, последниве неколку години Министерството за земјоделство почна со серија активности кои обезбедуваат услови за воспоставување земјоделски пазарен информативен систем како алатка за транспарентнен преглед на движењето на пазарите за земјоделски производи и храна, како и поддршка во одлучувањето и во формулирањето на земјоделските политики. Системот за идентификација на земјишните парцели, пак, базиран на компјутеризиран географски систем на информации овозможува графички преглед на земјишните парцели со

што се ограничуива можноста за неправилно внесување на податоците при апликацијата за субвенционирање. - Интеграцијата меѓу различните бази на податоци и регистри ќе овозможи, од една страна поедноставен и посигурен процес на аплицирање на земјоделците за финансиската поддршка, а од друга, корисни податоци за креирање на државните политики во земјоделството и во бизнис секторот, нагласил, како што го цитира МИА, Димовски. За да има пристап до ЕУ фондовите, Министерството за земјоделство мора да воспостави институционална рамка соодветна на ЕУ барањата и треба да има капацитет за да управува со финансиска поддршка по влезот во Унијата. На ова поле, како што напомена Фуере, Македонија изминатиов период стори многу, но тоа не значи дека работите треба тука да запрат, напротив, активностите мора интензивно да продолжат. - Македонија има огромен потенцијал во земјоделството и одлични можности за зголемување на неговата конкурентост, рекол Фуере, посочувајќи ги македонските домати како едни од најубавите во светот.Согласно финансиската проекција на ИПАРД 2007 – 2010, за поддршка на македонското земјоделство се предвидени преку 31 милион евра.

**********************Продажба на државно градежно земјиште во општина Центар

ДВЕ ПАРЦЕЛИ ЗА ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКСИ

Министерството за транспорт и врски распиша објави за продажба преку јавно наддавање на две парцели со државно градежно земјиште во општина Центар наменети за изградба на хотелски комплекси. Градежните парцели бр. 2.2 и бр.2.3 кои се предмет на јавното наддавање се предвидени со ДУП Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2. Почетната цена на наддавањето изнесува 61 денар за метар квадратен, согласно одлуката на Владата за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. - Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, државјани на Република Македонија и правни лица, односно домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистер, соопшти Министерството за транспорт и врски. Пријавите за учество на јавното наддавање за градежната парцела бр.2.3 може да се достават најдоцна до трети следниот месец до Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се одржи на 12 следниот месец во 11 часот. Рокот за пријавите за учество на јавното наддавање за парцелата бр.2.2 е 5 ноември, а наддавањето е најавено за 15 ноември во 11 часот. Во тек се објави за учество во јавни наддавања за отуѓување државно градежно неизградено земјиште за изградба на хотели во Охрид, Штип, Делчево, Кратово и Гевгелија.

МОЖНОСТИ

Page 16: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 14 октомври 2010

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

ЕНЕРГИЈАТА ГИ ЗАГРЕВА ЦЕНИТЕ

* Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2010, во однос на истиот месец од 2009 година, се повисоки за 7.8% Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, изнесува 107.8. Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемените цени во групата Енергија за 15.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5%, Капитални производи за 3.5% и Нетрајни производи

за широка потрошувачка за 2.3%. Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот Вадење на руди и камен во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е повисок за 3.0%, во секторот Преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 8.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 3.7%. Во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, индексот на продажните цени во групата Елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 5.9%.

Обем на стоковна размена на РМ со странство до крајот на август

ПОРАСТ ОД 10 ОТСТО

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-август 2010 година изнесува 1 995 385 илјади САД

долари, а на увозот 3 354 637 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 59.5%. Трговскиот дефицит во периодот јануари-август 2010 година изнесува 1 359 252 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот јануари-август 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (61.1%) и земјите од Западен Балкан (31.8%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (52.2%) и земјите во развој (29.0%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Русија и Италија (44.0% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

******************

Промет на трговија на мало и на големо

ЦАРУВА КЕШОТ

* Во периодот април-јуни 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, прометот во трговијата на мало е зголемен за 2.7%, а прометот во трговијата на големо е зголемен за 8.6%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот април-јуни 2010 година, во трговијата на мало е остварен промет од 22 994 милиони денари, а во трговијата на големо е остварен промет од 33 693 милиони денари. Најголем дел од прометот во трговијата на

СТАТИСТИКА

Page 17: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 14 октомври 2010

мало, според начинот на плаќање, е остварен за готови пари (91.2%). Со потрошувачки кредит најмногу се продадени моторни возила (15.6% од вкупната продажба на возила).

*********************

Издадени одобренија за градeње

ПРЕДВИДЕНА ИЗГРАДБА НА 492 СТАНА

* Бројот на издадени одобренија за градење во август 2010 година зголемен за 18.7%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2010 се издадени 267 одобренија за градба што е за 18.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 294 858 илјади денари што е за 43.5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 205 (76.8%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (11.2%) за објекти од нискоградба и 32 (12.0%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 267 објекти, на 200 (74.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 67 објекти (25.1%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 492 стана со вкупна корисна површина од 40 987 м2.

*********************

Индекси на трошоците на животот (според COICOP)

ХРАНАТА И БЕЗАЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛОЦИ СО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2010, во однос на август 2010, изнесува 100.1, а во однос на септември 2009 изнесува 102.0.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември 2010, во однос на август 2010, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.8%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.2%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Останати стоки и услуги за 0.1%. Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Образование за 9.5%, Рекреација и култура за 2.5% и Комуникации за 1.7%. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Облека и обувки, Здравје, Транспорт и Ресторани и хотели.

*********************

СТАТИСТИКА

Page 18: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 14 октомври 2010

Индустријата за текстил и конфекција во ЕУ ризикува да загуби 120 000 работни места во наредните три години поради концесиите дадени на Пакистан

СКРОЕНО ВО КОРИСТ НА СОПСТВЕНА ШТЕТА

* Колкава е опасноста за македонската текстилна индустрија? Европската конфедерација на конфекција и текстил (Еуратекс) јавно изрази загриженост за 120 000 работни места по постигнатата согласност на Европската комисија (7 октомври 2010 година) на Пакистан да му се дадат трговски концесии. Тие се однесуваат на бесцарински влез во наредните три години на 81 производ и над 60 производи во секторот на текстилната индустрија и конфекцијата, а како поддршка на земјата да ги надмине последиците од поплавите. Со предлогот се одобрува бесцарински влез во ЕУ на пакистански стоки во вредност од 900 милиони евра

веќе идната година, од вкупно предвидените 1,3 милијарди евра. Европската комисија оценува дека со оваа мерка на Пакистан ќе му се помогне да отвори нови работни места. Во поплавите беа уништени над 1,5 милион памучни бали (една бала тежи 220 -230 килограми). Овие концесии ќе се одразат на вкупниот снабдувачки синџир во ЕУ - од предива до ткаенини, конфекција и текстил за домаќинството (засега маици и постелнина не се вклучени). Негативниот ефект ќе се одрази веднаш во сите 27 членки на ЕУ, но и во трети земји кои се во трговски преференцијален однос со ЕУ, а особено во Турција, - истакнуваат во Конфедерацијата. Во дописот доставен до Херман Ван Ромпуе, претседател на Европскиот совет, до Хозе Мануел Боросо, претседател на Европската комисија и до Белгиското претседателство, Конфедерацијата истакнува дека е неприфатливо и неразбирливо да се жртвува текстилната индустрија, коа е најсилен и доминантен играч на светскиот пазар. Во писмото се истакнува дека на сите им е познато оти текстилната индустрија на Пакистан е сместена вон поплавеното подрачје, дека се работи за многу конкурентна индустрија, добро опремена, со високата технологија и ефикасна. Много од тамошните компании остваруваат годишен обрт од 100 до 200 милиони евра, многу повеќе од компаниите во ЕУ. Еуратекс оценува дека користа од концесиите нема да заврши кај населението, туку кај сопствениците на бизнисите. Во дописот, исто така, се наведува дека не е прв пат индустриите во ЕУ да се жртвуваат поради политички

причини во однос на третиот свет. Одлуката на Европската комисија требаше да има предвид дека во 2009 година, поради економската криза, веќе се изгубени 270 000 работни места и дека се` уште трае закрепнувањето. Во моментот текстилната индустрија во ЕУ вработува 2 милиона луѓе, а во Турција 3,5 милиони луѓе. Турција како членка на царинската унија со ЕУ е во обврска унилатерално да ја прифати мерката на Европската комисија. Одлуката за трговски концесии во текстилот за Пакистан може посредно да се одрази и на македонскиот извоз на текстил во ЕУ, заради опасноста од евентуално намалување на нарачките. Република Македонија користи преференцијална трговија со текстил со ЕУ, бесцарински извоз и од 2011 година ќе користи и бесцарински увоз. Воедно, со Турција и ЕУ земјава е во зоната на бесцаринска трговија преку дијагоналната кумулација. Во 2009 година, Македонија извезла текстилни производи во вредност од 415.624.000 евра, од што околу 90% во ЕУ.

Љубица Нури

Европската комисија предлага воведување данок на финансиските активности

ОД БАНКИТЕ ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

Со оданочување на профитите на банките и на надоместоците на банкарските службеници, Европската унија би можела годишно да оствари приходи од дури 25 милијарди евра, кои би биле употребени за заздравување на економијата, се наведува во предлог-документот на Европската комисија за воведување на „данок на финансиските активности“. Во документот се посочува дека банките се „премалку оданочени“, имајќи предвид дека тие треба најмногу да придонесат за заздравување на економијата на која и` нанесоа огромни штети со глобалната финасиска криза. Данокот на финансиските активности е познат уште и како „данок на Тобин“, според американскиот економист Џејмс Тобин, кој предлагал негово воведување уште во 70-те години на минатиот век. Еврокомесарот за даноци Алгирдас Шемета оцени дека данокот на финансиските активности би требало да се воведе во сите земји во светот, со цел да се избегне преселување на банкарскиот капитал од едни држави во други. Европската унија нема ингеренции да воведува даноци, бидејќи тоа е во надлежност на земјите-членки, па затоа останува нејасно дали воопшто ќе биде воведен ваков данок или тоа ќе остане само како идеја на Европската комисија. Комисијата воедно го поддржа воведувањето на даноци на финасиските транскции, вклучително и на трговијата со акции и обврзници, што го предложија Германија и Франција.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 19: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 14 октомври 2010

Интервју на Милош Бугарин, претседател на Стопанската комора на Србија

КРИЗАТА НЕ ПОМИНА Кризата во Србија се` уште не е помината. И покрај знаците за заздравување во оваа година, тешкотииите и понатаму се присутни во работата на целото стопанство. Потврда за ваквата состојба се фактите дека вкупниот долг на крајот на 2008 година беше 35 милијарди евра, а на крајот на минатата година беше три пати поголем. Висината на стапката за земаните кредити индексирани во евра денес во просек е поголема за околу 30 отсто во однос на 2008 година, поради курсот на динарот, животниот стандард е на пониско ниво, а бројот на невработени е поголем. Значи, јасно е дека кризата се` уште не е помината и дека оваа година нема да биде лесно. Со постојната економска структура, со ниска инвестициска потрошувачка, со постојното ниво на технолошки развој и знаења, со неповолни извори на финансирање и лошите вкупни бизнис-перформанси на економијата во се` уште неизградениот квалитетен деловен амбиент, потенцијалот за раст на економијата е мал, а тоа значи дека ќе потрае излезот од кризата. Од кризата не можеме да излеземе исти како што влеговме во кризата и затоа е неопходна една сосема нова офанзивна стратегијата за одржлив економски раст, - вели претседателот на Стопанската комора на Србија, Милош Бугарин.

* Како ги коментирате информациите од извештајот на Агенцијата за деловни регистри дека загубите на економијата во 2009 година изнесувале 95,7 милиони динари и дека во однос на 2008 година се зголемени дури за 120 отсто? Економскиот раст запре уште во 2008 година и компаниите работеа со загуба од 37 милијарди динари ( во моментов 1 евро = 105.9780 динари) . Во 2009 година, покрај кризата, дојде до значителен пад на економската активност за повеќе од 16 отсто, поради намалената побарувачка, намаленото индустриско производство, намалениот прилив на странски инвестиции, забавување на кредитните активности. Тоа доведе до значително зголемување на загубите во економијата. Покрај тоа, зголемената неликвидност и претходната висока задолженост на стопанството, како и се` поострите услови за нови задолжувања ја зголемија чувствителноста на нашата економија на новите предизвици од окружувањето.

* Курсот е конечно стабилизиран. Дали е тоа доволно за стопанствениците или очекуваат уште некоја мерка од НБС? Не, тоа не е доволно, затоа што се работи за краткорочна стабилизација. Стабилизација на курсот на долг рок не е можна без побрз и континуиран економски раст. Очекуваната повисока понуда на девизи од продажбата на „Телеком„ треба да доведе до намалување на притисоците од депресијација и натамошна стабилизација на курсот на динарот. Но, тоа е краткорочно решение. Притоа не треба да се заборави дека кон крајот на минатата година изостанаа ефектите од зголемување на девизната ликвидност. Затоа, Комората смета дека долгорочна стабилност може да се обезбеди само преку многу поголема и континуиран прилив на девизи од извоз. Значи, клучните мерки на државата, а не само на НБС, треба да го поттикнуваат растот на извозот и промена на стопанската структура кон извозно ориентирано стопанство. Секако, и поттикнувањето на инвестиции, бидејќи само растот на инвестициите и континуираниот прилив на инвестициски капитал може да доведе до промени во стопанската структура и изградба на конкурентна економија, којашто извезува стоки и услуги со висока додадена вредност. Ова води кон долгорочна стабилност на курсот. А, тоа е предизвик пред новата деценија на развој на Србија. Додека не се воспостави долгорочна стабилност на курсот на динарот, стопанството ќе има проблеми во работењето, со оглед на тоа дека цените на голем број производи и кредити се врзани за еврото. Растот на еврото во комбинација со други ризици во работењето директно доведува до зголемување на оперативните трошоци. Во крајна инстанца, имаме притисок на растот на цените и инфлацијата, а стопанството во услови на макроекономска нестабилност не може да планира развој и да биде конкурентно.

* Како Вие го оценувате успехот на досегашните мерки на Владата за помош на стопанството и дали е потребно да се понудат некои нови решенија? - Досегашните мерки беа насочени пред се` на надминување на последиците од кризата и евидентно е дека тие дадоа позитивен резултат

за нивно ублажување. За жал, нема ниту брзи ниту лесни решенија коишто можат да дадат долгорочни ефекти. Краткорочно, неопходно е да се оди на креирање на нова програма на мерки којашто доминантно би била фокусирана на решавање на проблемот на ликвидноста, со којашто особено се погодени малите и средните претпријатија. Со системските (законски) мерки мора да се регулира финансиската дисциплина на сите учесници на пазарот, да се обезбеди развој на пазарот и заштита на доверителите, што бара секој стопански субјект да има соодветен цензус за основање и адекватност на капитал за ризиците на коишто е изложен. На пример, за формирање компанија доволен е цензус од 500 евра, а преземате ризик за плаќање на пет или 50 милиони евра. Дали тоа е можно? Кај нас се покажа како можно, но не е ефикасно, особено во неразвиените пазари, во услови на неефикасна заштита на доверителите и во време на криза. Покрај тоа, секое претпријатие мора да ги плаќа своите договорени обврски, односно да ги почитува договорите на стопанското право, без што нема пазарна економија. Овие правила мора да важат и за државата и за сите буџетски корисници. И државата и компаниите мора да ги прифатат и да ги развиваат етичките кодекси во работењето и да учествува во градењето на довербата и развој на пазарот.

* Како очекувате стопанството да работи во 2010 година?

- И покрај одржаниот тренд на раст на индустриското производство и извозот, започнати инфраструктурни проекти, во стопанството, генерално, се` уште нема значајно закрепнување. Се` уште има ризици од натамошно слабеење на националната валута, пад на побарувачката, зголемување на неликвидноста, скапи и за многумина недостапни извори на финансирање, како и ризик за амбиентот на работење, којшто генерира големи трошоци, посебно поради воведувањето на нови парафискални оптоварувања. Сè уште постои ризик од пораст на невработеноста и социјални тензии, како резултат на големиот број неликвидни и несолвентни компании. Економијата се` уште се соочува со многубројни опасности.

Ова е тешка година во којашто само што го сопревме падот на економската активност и се надеваме дека до крајот на годината ќе успееме да го задржиме на нивото на деловна активност од првата половина на годинава. Исто така, се надеваме дека преку интензивирање на инфраструктурни проекти, коишто ќе биде вклучена домашната градежна индустрија, ќе дојде до зголемување на стопанската активност. Без зголемување на производството и извозот нема никакво позначително заздравување на економијата, а без закрепнување на економијата и нејзино структурно приспособување, нема излез од кризата. Клучни ограничувања за зголемување на економската активност во првите шест месеци беа: одржување на ликвидноста, континуирано слабеење на динарот и зголемување на кредитниот ризик. Деловниот ризик во Србија се` уште е зголемен како резултат на малата домашна побарувачка, намалување на кредитната способност и покрај постојаниот проблем на неликвидност, високата кредитна задолженост и континуираното слабеењето на националната валута. Врз зголемениот деловен ризик во Србија дополнително влијаат: бавното закрепнување на земјите во регионот, во централна и југоисточна Европа, како и влошувањето на условите за бизнис и нестабилноста во еврозоната.

(„Данас“ – Белград)

РЕГИОН

ИСЧЕЗНА СЕКОЈА ВТОРА МАЛА ФИРМА

Кризата најмногу ги погодува оние чии потенцијали и ресурси се најмали, а тоа се токму малите компании. Во Србија не постои посебна регулатива за олеснување на работењето на малите фирми, што значи дека високите оперативни трошоци и проблемот со неплаќање или продолжено време за наплата на побарувањата од 90 - 120 дена директно придонесува за гаснење на малите претпријатија. Од друга страна, малите компании се директно погодени од зголемувањето на комуналните давачки, коишто честопати се капка што ја прелева чашата. Затоа, еден број од нив оди и во зоната на „сивата„ економија, којашто се шири колку што е кризата поголема. Таму никој не ги контролира, паричните казни се ниски, а и се избегнуваат постојаните инспекциски контроли и ризикот од плаќање високи казни за прекршок на прописите за чија примена немаат доволно ресурси. Праксата покажа дека државата ја интересираат само оние коишто легално работат бидејќи сите инспекциски и даночни органи се занимаваат со оние кои што работат легално. Затоа е неопходно да се воспостави систем на мерки по препораките на ЕУ, со коишто ќе се овозможи опстанок и развој на малите претпријатија, но исто така и премин од „сива„ економија во легална економија, тоа е подобро и за стопанствениците и за државата. Покрај тоа, нема развој на мали без развој на големи претпријатија. Клучен збор и решение е развојот.

Page 20: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 14 октомври 2010

Бесплатни услуги од Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија на македонските мали и средни претпријатија ги врши следните бесплатни услуги: * Информации ид европската легислатива, * Барање партнери за економска соработка во Европа, * Претставување на компаниските профили и интересот за соработка со странство, * Помош за аплицирање за користење грантови од Европската унија, * Барање партнери за ЕУ проекти, * Настап на странски саеми и бесплатно поврзување со сите странски учесници, Повелете јавете се во Стопаската комора на Македонија-ЕИИЦМ за унапредување на Вашата работа со странство!

ЕИИЦМ-Стопанска комора на Македонија располага со над 300 актуелни профили на странски компании заинтересирани за бизнис и соработка со македонски компании, мегу кои се следниве:

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија

20100531032 Претпријатие од Србија, производител на машки чевли, бара дистрибутери во европски земји и нуди склучување на поддоговори за активности на потенцијалните деловни партнери. Српското претпријатие веќе работи како подизведувач за италијански деловни партнери. 20100527036 Хрватската компанија, специјализирана за развој на видео игри за PC и други уреди и конзоли (iPhone, iPad, Nin-tendo, Wii, итн) бара трговски посредници и кооперанти за партнерство (“работа за изнајмување” на разни игри платформи). 20100525032 Австриски извозен консултант е во потрага за соработка со локални партнери во бизнисот во ЗНД, Централна и Источна Европа за да им помогне на локалните клиенти кои сакаат да се прошири на пазарите на ЕУ. Оваа соработка може да биде во форма на заедничко вложување, кооперанти / аутсорсинг, или трговски посреднички услуги. 20100525031 Компанија од Велика Британија специјализирана за низа на услуги од областа на електриката, е заинтересирана за подизведувач за странските компании ангажирани (или сакаат да се вклучат) во договорните работи во Велика Британија. 20100525029 Германска фирма раководи со Европската база на податоци за пребарување на клиниките и нивните услуги. Фирмата нуди своите услуги како трговски посредник: таа е во потрага по странски клиники заинтересирани за дистрибуција на своите услуги во Германија и за европски медицински лица заинтересирани за

изнаоѓање на можности за лекување во Германија. 20100525024 Словенечка компанија специјализирана за производство на стакло, уникатен накит и производство на соларна чаша, вечни светла бара партнер за трговија и посреднички услуги. 20100525009 Српско претпријатие, производител на мед и разни производи изработени од мед (како што се овошјето во мед, ракија направена од мед ...), бара дистрибутери во Европа. 20100524020 Словенечка компанија е специјализирана во производство на уредот за управување со климатизација единици преку GSM. Компанијата е во потрага за трговија посреднички услуги. 20100517059 Грчка компанија активна во увозот и прометот на мебел, дрвени рамки и врати бара кооперанти заинтересирани за производство на отворено дрвените рамки и дрвени врати за грчката компанија. 20100517018 Шпанска компанија за производство на производи за осветлување хотели. бара нови партнери во странство. Тие се заинтересирани за соработка со комерцијални агенти во хотелскиот сектор, кои се занимаваат со продажба на производи осветлување или хотелска опрема (од фен на мебел за хотели ..) 20100513033 Хрватска компанија, формирана во рамки на слободна индустриска зона со цел да подобри бизнис услови за компаниите, исто така активна во зоната, е во потрага по трговски посредник, франшиза, транспорт / логистика и заедничко вложување партнерство. Компанијата

е исто така, бараат ЗАКУПЦИ на багаж-производство простор за производство или за чување на стока. 20100513025 Хрватската компанија, специјализирана за вграден софтвер за дизајн и софтвер консултантски услуги, бара кооперанти и партнери. 20100513010 Турски производител на мебел бара трговски посредници како што се дистрибутери, претставници и агенти. 20100512030 Српски производител на производи од жица, бара дистрибутери во странски земји. Фирмата ги произведува сите видови пружини во индустријата за мебел. 20100512028 Турска компанија специјализирана за производство на навојни прачки, споите производи, шестоаголна завртки, хексагонални завртки за автомобилска индустрија, земјоделството, производство на машински, и одбранбена индустрија бара трговски посреднички услуги. Турската компанија започна со производство во 2002 година. 20100512025 Турска компанија специјализирана за производство на пластични и метални додатоци за кујна, прибор за бања, бара и нуди заедничко вложување и реципрочни производство. Доколку и Вие, како македонска компанија, ни испратите пополнет формулар - БЦД профил и го искажете Вашиот интерес за економска соработка со странство, ние ќе Ве претставиме во 40 земји и 600 канцеларии во Европската мрежа на бизнис можности.

Page 21: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 14 октомври 2010

Бесплатни услуги од Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија

Бесплатно учество на саем во Валенсија, Шпанија EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA 2 - Саем и Настан за Технолошка и Бизнис соработка

Вид на настанот: брокерски настани Почеток на настанот Датум: 16-февруари-2011 Крај на настанот Датум: 17-февруари-2011 Град: Валенсија Земја: Шпанија

Второто издание на Саемот и Настан за технолошка и деловна соработка. Настанот ќе се одржи во Валенсија на 16 и 17 февруари, 2011 година, за време на заеднички меѓународни саеми:

- EGÉTICA-EXPOENERGÉTICA: Саем за Енергии - ECOFIRA: Саем за вода, почва, воздух, отпад и нивно технологии и услуги - EFIAQUA: Саем за ефикасна водостопанство

Настанот ќе се состои од меѓународна платформа која им овозможува на компаниите и организациите од секторот на енергија, вода и отпад, да се среќаваат со цел да се споделат иновативни технолошки предлози, бараат решенија за технолошки предизвици и да започне бизнис соработки. Области на интерес:

- Одржливо производство и дистрибуција - Новите технолошки решенија (енергија и животна средина) - Ефикасност во градежништвото - Ефикасност во транспорт и одржлива мобилност - Урбанистичко и индустриско управување со отпад - Управување со системи за животната средина - Оценување на индустриски отпад - Потврдување - Рециклирање - Еко-производи - Третманот на отпадните води- Колекционерање и третман за прочистување на водата - Набавка и дистрибуција на вода - Контрола на поплави - Крајбрежната заштита - Проекти за финансирање

Рокови: - 3 февруари 2011: Регистрација и поднесување на профили - 9 февруари 2011 година: Барање за билатерални средби

Повеќе информации за саеми: EGÉTICA - EXPOENERGÉTICA: www.ege�ca-expoenerge�ca.com ECOFIRA: www.feriavalencia.com / ecofira EFIAQUA: www.feriavalencia.com / efiaqua

Веб-сајт на Вториот настан за технолошка и деловна соработка: h�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/public/bemt/home.cfm?even�d=2460

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија

Page 22: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 14 октомври 2010

Брокерски настан за здравствена заштитаMedica Healthcare во Дизелдорф, Германија

Од 18-19 ноември 2010 во Северна Рајна-Вестфалија, Дизелдорф, Германија ќе се одржи брокерски настан за здравствена заштита Medica Healthcare Секторската група на Enterprise Europe Мрежата организира брокерски настан со цел да помогне на претпријатијата, универзитетите и истражувачките институции во изнаоѓање на партнери во Европа за производи, развој, производство и лиценцирање на договори, заеднички вложувања или други видови на партнерство. Учесниците ќе имаат можност да иницираат нови бизниси, запознаат даватели на иновативни технологии од Европа и низ светот, да стапат во контакт со потенцијални партнери за идната соработка, воспоставување на прекугранични контакти за долгорочни деловни односи.

Теми: Електромедицинска опрема, медицинска технологија, Лабораториска опрема , Спасување и итна опрема, Дијагностика, Физиотерапија, Ортопедска технологија , За еднократна употреба на производи и стока за широка потрошувачка, Информатичка и комуникациска технологија, Медицински текстил, Медицински мебел и опрема.

Околу една недела пред настанот, секој учесник ќе добие распоред за индивидуална средба. Веб-сајт за онлајн регистрација: www.brokerage-events.eu/Medica2010

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата:

Октомври 2010

18/10/2010 SIAL MATCH 2010 PARIS (France)

19/10/2010 NEXT 2010 New Exploratory Technologies Conference Turku (Finland)

19/10/2010 TEHNOMA Partnering 2010 Skopje (Macedonia, the Former Yu-goslav Republic of)

20/10/2010 “b2fair 2010” at the “Forum des entrepeneurs by ini�a�ves” Liège (Belgium)

20/10/2010 Nanotechnology London (United Kingdom)

21/10/2010 Brokerage event “EastLink: Business-Science Coopera�on” KLaipeda (Lithuania)

21/10/2010 Korea - Europe Technology Transfer: Berlin 2010 Berlin (Germany)

21/10/2010 TechnoInCon conference and brokerage event Varaždin (Croa�a)

21/10/2010 Gate2BrnoBiotech Brno (Czech_Republic)

22/10/2010 B2B@SASOfair - construc�on technologies, metal industry and electricalengineering

Split (Croa�a)

22/10/2010 Salon Pyme San�ago (Chile)

26/10/2010 BioFIT - innova�on & transfer in life sciences Lille (France)

26/10/2010 Polish-Spanish matchmaking event Warsaw (Poland)

27/10/2010 Company mission at Biotech 2010 / NUCE Milano (Italy)

27/10/2010 Matchmaking at Aachen Membrane Kolloquium AMK 2010 Aachen (Germany)

28/10/2010 EURO-WINE 2010 Ramnicu Valcea (Romania)

28/10/2010 Plas�cs and Rubber: K matchmaking at K 2010 Düsseldorf (Germany)

29/10/2010 B*Day / Business in AREA Science Park Trieste (Italy)

29/10/2010 Find your ICT research partner Warsaw (Poland)

29/10/2010 Tex�le Brokerage Event Izmir 2010 Izmir (Turkey)

Контакт: Лазo Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 [email protected]

Page 23: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 14 октомври 2010

Од 26 до 28.10.2010 година, саеми во Република Србија

ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ И ЕНЕРГЕТИКА

Во организација на Новосадскиот саем, во периодот од 26 до 28 октомври 2010 година ќе се одржат две Меѓународни саемски манифестации: • 5. Меѓунроден саем ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ • 19. Меѓународен саем за ЕНЕРГЕТИКА и заштита на животна средина Главните содржини на саемските манифестации се: *Инвестиции* Недвижнини*Енергетика*Заштита на животната средина

Изложувачите и посетителите на деловно стручниот саем во Нови САД (минатата година имаше над 7000 учесници и посетители) за време на трите саемски денови ќе можат да ги проследат и да учествуваат на регионални форуми, презентации на проекти, семинари, конференции, едукативни програми. Подетални информации на www. sajam.net и www. Novisadexpo.com Заинтересираните субјекти, Пријава за учество на саемот во Нови Сад може да добијат во Стопанската комора на Македонија, тел. 02/3244 019, e-mail: [email protected]

Контакт лице : Зорица МешковаТел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015E-адреса: [email protected]

****************

Од 16 до 20 октомври саеми за мебел во Република Турција

“INTERMOB 2010” и “WOOD PROCESSING MACHINERY 2010” ВО ИСТАНБУЛ

Во периодот од 16 до 20 октомври 2010 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 13. Меѓународен саем за производство и опрема за мебел, шумарство и дрвна индустрија “ INTERMOB 2010’’, како и традиционалниот 23. Меѓународен саем за машини и алатки за преработка на дрво “WOOD PROCESSING MACHINERY 2010” Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15 до 17 октомври 2010 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со доручек, влез за саемот, трансфер од хотел до саемот и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4

или 5 звезди. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 8 октомври 2010 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

На 3 и 4.11.2010 година во Киев

УКРАИНСКО�МАКЕДОНСКИ БИЗНИС�ФОРУМ

* Официјална посета на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски на Украина, на 3 и 4 ноември 2010 година заедно со бизни- делегација

Во рамките на најавената официјална посета на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, на Украина, на 4 ноември 2010 година, планирано е одржување на Украинско-македонски бизнис-форум. Бизнис-форумот претставува можност за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Украина, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. За успешна реализација на настанот, првенствено е неопходно македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со украинските компании, преку пополнување на Пријавниот лист, со цел конкретна финализација на билатералните средби. Целокупните логистички (хотелско сместување и превоз) и административни формалности ќе бидат навремено дефинирани и истите ќе бидат проследени на сите заинтересирани македонски компании. Заинтересираните лица за учество на бизнис-форумот можат да се пријават најдоцна до 15.10.2010 година (петок) до 12 часот.

Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Војкан Николовски Тел: (02) 3244068;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 10 до 13.11.2010 година во Република Бугарија

INTERFOOD & DRINK ВО СОФИЈА

Од 10 до 13 ноември 2010 година во Софија во просториите на Интер Експо Центарот ќе се одржи саемската манифестација INTERFOOD&DRINK. Во нејзиниот склоп ќе има посебни специјализирани изложби како МЕСОМАНИЈА, СВЕТОТ НА ВИНОТО, БУЛПЕК, САЛОН НА ВИНОТО И ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ. Детални информации како и пријавување (вклучително и формулари и услови за пријавување) може да се добијат на официјалната веб страна на саемот- h�p://www.iec.bg/ и воСтопанската комора на Македонија.

Контакт лице : Васко Ристовски Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 24: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 14 октомври 2010

На 12 и 13.11.2010 година во Република Србија

САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА ВО БЕЛГРАД

* Стопанската комора на Македонија организира посета и обезбеди бесплатен заеднички штанд од 12 м2 за македонските компании

На 12 и 13 ноември 2010 година, во Белград, Србија, ќе се одржи првиот Меѓународен саем за франшиза – Franchising 2010 . Мисијата на оваа саемска манифестација е да го популаризира и промовира развојот на економската структура преку користење на франшизниот концепт насочен првенствено кон малите и средни претпријатија, како и поставување на основа за успешна промоција на франшизниот бизнис формат.

На фирмите учеснички во само два дена ќе им се даде можност да остварат контакти кои би можеле да бидат решавачки за иднината на нивниот бизнис преку проширување во франшиза мрежа, при што пред голем број на потенцијални приматели ќе можат да ги презентираат своите франшизни концепти. Стопанската комора на Македонија, организира посета на меѓународниот саем и конференција за македонките компании било како изложувачи на националниот штанд или како слушатели на конференцијата. Заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на саемот најдоцна до 13 октомври 2010 година.

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс (02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

*************************На 20 и 21.10.2010 година дводневен семинар:

„ЕТНИЧКИ СТАНДАРДИ (ХАЛАЛ И КОШЕР)”

(од 9:00 – 16:00 часот)

Семинарот претставува одлична можност компаниите детално да се информираат за значењето на Халал и Кошер, што сé опфаќаат, конкурентската предност што ја нудат, видот на производите и услугите за кои се однесува, и економското значење на Халал и Кошер стандардите за компанијата. Предавач на семинарот е сертифицираниот консултант Александра Марковска од консултантската куќа “Фуд Консалтинг”, од Скопје. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да земат учество на семинарот кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври 2010 година, сала 1, на 5-ти кат, во Стопанската комора на Македонија. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна

до 18 октомври 2010 година. Цената за еден учесник изнесува 8.850 денари (7.500+ДДВ) за компании членки и 10.620 (9.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk

На 19.10.2010 година на Скопски саем

ТЕХНОМА EEN Партнерство 2010 Во рамките на саемот Технома 2010 Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија организира меѓународни средби (ТЕХНОМА Партнерство 2010) за претпријатија заинтересирани за изнаоѓање на потенцијални партнери за технолошка и бизнис-соработка. ТЕХНОМА Партнерство 2010 нуди можност за остварување на нови бизнис релации и размена на технологии со интернационални партнери од следните области: металургија; градежништво (производство и трговија со градежни материјали); производство и трговија со електрични материјали и електроника; енергија и енергетика. Сите информации и формата за пријавување може да се најдат на: h�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/publicwebsite/bemt/home.cfm?even�d=2448h�p://www.mchamber.mk/default.aspx?lId=1&mId=40

Контакт лице : Лазе Ангелевски Тел: (02) 3244090; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

**********************Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија

САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”

Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” - Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”.

На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на : • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн.

Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот.

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Page 25: Бизнис ИНФо бр.25 од 14.10.2010

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 14 октомври 2010

Македонска компанија бара дистрибутер во Европа за пласман на болнички програм на производи во кој посебно место завземаат чаршави за заштита на јоги од мокрење ,изработени од ПВЦ фолија и опшиени со ластик,памучни чаршави,перници, постелнина,хирушки мантили,одела бели мантили и др.Вид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:30.12.2010

**************************Македонска компанија бара дистрибутер во Албанија за пласман на трикотажни детски производи изработени од 100% памук боди,бенкици,пижами, јорганчиња и оградици за детски креветчињаВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:30.12.2010

**************************Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на издувни вентилаториВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:1.11.2010

**************************Македонска компанија бара пласман на сончогледово масло во пакување од 1 литар и рефус во Република АлбанијаВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:1.12.2010

**************************Кинеска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на ламинатВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:1.11.2010

**************************Хрватска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на гуми за возилаВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:1.12.2010

**************************Компанија од Црна Гора бара да откупува свежи калинки од Република Македонија за производство на сокВид на соработка: Proizvodi,proizvodstvoОбласт на соработка : ZemjodelijeВалидност до:3.12.2010

**************************Хрватска компанија е заинтересирана за изнаоѓање на деловен партнер од Република Македонија заинтересиран за заедничка инвестиција во проект за производство,складирање,преработка и дистрибуција на храна во Република ХрватскаВид на соработка: Zaedni~ko vlo`uvaweОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:2.12.2010

**************************Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман стаклени фолии за заштита од топлина, преголема светлина наменети за згради-објекти како и заштитни фолии за прозорци и компјутериВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : ГрадежништвоВалидност до:2.12.2010

**************************Компанија од Израел бара соработка со откупувачи на земјоделски производи во Република Македонија за пласман на пазарите во ЕУ- компанијата е заинтересирана да врши откуп на 5 шлепери земјоделски производи неделноВид на соработка: Техничка соработка:Област на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:2.12.2010

**************************Компанија од Црна Гора е заинтересирана да увезува конзервиран зеленчук од Република Македонија (пиперки,краставици,лутеница,ајвар и феферони)Вид на соработка: Техничка соработка:Област на соработка : Proizvodstvo na prehran-beni proizvodi,tutun i pijalociВалидност до:3.12.2010

**************************Македонска компанија бара соработка со албански компании за пласман на производи за инконтиненција(пелени за возрасни,медицински чаршави за кревети,анатомски влошки-медицински помагалаВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:3.12.2010

**************************Германска компанија е заинтересирана за соработка со агенции за мерење за изведба на проекти во областа на градежништво, контрола и спроведување на техничка изведба во Република МакедонијаВид на соработка: Техничка соработка:Област на соработка : ГрадежништвоВалидност до:6.11.2010

**************************Германска компанија е заинтересирана да соработува со инженерски бироа во Република Македонија кои изведуваат геотехнички мерења,земјишна статика, и истражувања во издржливост на стари тежиниВид на соработка: Tehni~ko istra`uvawe i razvojОбласт на соработка : ГрадежништвоВалидност до:6.11.2010

**************************Германска компанија бара соработка со македонски компании во облaста на обновливи енергииВид на соработка: Техничка соработка:Област на соработка : Заштита на животна срединаВалидност до:6.11.2010

**************************Грчка компанија побарува македонски текстилни компании за производтсво на машки костуми по принципот на „лон„ систем.Пред потпишување на договор, компанијата ќе испрати примероци од текстил, за изготвување на пробни костуми.Вид на соработка: Соработка во производство - доработкаОбласт на соработка : производство на текстил и текстилни производиВалидност до:31.12.2010

**************************Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на радиоактивни и нерадиоактивни ин витро реагенси за дијагностицирање на разни болестиВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:6.11.2010

**************************Македонска компанија бара партнери за соработка во ЕУ за извоз на зеленчук и овошјеВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:7.12.2010

**************************Германска компанија бара соработка со македонски компании кои произведуваат навртки и заврткиВид на соработка: Производи, производствоОбласт на соработка : Трговија на големо и малоВалидност до:7.12.2010

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски