sistem na kooperativno upravuvanje so bankite

25
ПРВ ПРИВАТЕН ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Економски факултет Финансиско банкарски и даночен менаџмент Стручен труд по предметот: Корпоративно управување ТЕМА СИСТЕМ НА КООПЕРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО БАНКИТЕ

Upload: sandra-stefani

Post on 12-Apr-2015

73 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

ПРВ ПРИВАТЕН ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Економски факултет

Финансиско банкарски и даночен менаџмент

Стручен труд по предметот:

Корпоративно управување

ТЕМА

СИСТЕМ НА КООПЕРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ

СО БАНКИТЕ

Ментор

Izrabotil: Prof.D-r Павлина Стојанова

Сандра Стефани

Br.indеks 0127/11

Page 2: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

Skopje,2013

Содржина1.Вовед........................................................................................32.Системи на корпоративно управување со банките............43.Поим на корпоративно управување.....................................54.Место, улога и одговорности на Управниот одбор...........75.Одбор за раководење со ризикот.......................................116.Служба за внатрешна ревизија и Одбор за ревизија.......137.Работоводен орган................................................................158. Заклучок................................................................................16

2

Page 3: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

1. ВоведПод корпоративно управување се подразбира систем според којшто се

управуваат и контролираат компаниите. Корпоративното управување вклучува

сет на односи помеѓу менаџментот на компанијата, нејзиниот одбор,

акционерите и другите засегнати лица. Корпоративното управување, исто така

обезбедува организациона структура пред која што се утврдуваат целите на

компанијата, а воедно се определуваат и начините за остварување на овие цели,

како и следењето на префомансите на компанијата. Доброто корпоративно

управување треба да обезбеди соодветни стимуланси за да се остварат целите

што се во интерес на компанијата и акционерите и треба да го олесни

ефикасниот мониторинг, со што ќе ги охрабри компаниите ефикасно да ги

користат своите ресурси.

Компаниите кои се посветени на воведување и примена на управувачки

практики засновани на интегритет, практики кои се во интерес на сите засегнати

лица, вклучувајки ги акционерите, вработени, клиентите, добавувачите,

потенцијалните инвеститори и општествената средина во која компанијата ја

врши својата дејност.

Еден од клучните елементи за подобрување на економската ефикасност е

доброто корпоративно управување. Денес, корпоративното управување е општо

прифатено како суштествен предуслов за воспоставување на атрактивен

инвестициски амбиент, кој што се карактеризира со конкурентни компании и

ефикасен финансиски пазар.

Доброто корпоративно управување во денешно време се смета за основен

предуслов за создавање на атрактивна инвестициска клима, која што се

карактеризира со конкурeнтски ориентирани компании и ефикасни финансиски

пазари.

Корпоративното управување во Банка претставува рамка на правила, односи,

системи и процеси на правни, институционални, културни и економски односи

на Банката врз основа на кои што Банката се однесува кон акционерите, и кон

општеството во најширока смисла на зборот.

3

Page 4: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

2.Системи на корпоративно управување со банките

Основите на ефикасното корпоративно управувње како појдовна точка се

поставени со Законот за банки. Но, тоа не треба да се сфати само како законска

обврска, туку и како добра деловна практика на банките. За разлика од

инокосното, корпоративното управување подразбира сет од односи мегу

различни носители на управување и раководење со банката и тоа; мегу

извршниот менаџмент, членовите на Управниот одбор и останатите акционери

на банката преку Собранието на акционери.

За постигнување на поголема усогласеност со Базелските принципи за

ефикасна банкарска супервизија и Европските директиви од областа на

банкарството, согласно востановените новини со Законот за банки од 2000г. во

однос на управувањето, Народната банка на Македонија во јануари 2002г. до

сите банки го испрати Циркуларот под горниот наслов. Тоа од причини што

ефикасното извршување на супервизорската функција на Народната банка е во

непосреден интеракциски однос со солидно поставениот систем на

корпоративно управување во банките. При тоа во Циркуларот се става посебен

акцент на статусот подобро кажано на правата, обврските и одговорностите на

лицата кои директно се носители на корпоративното управување без претензии

да бидат опфатени сите негови аспекти.

Циркуларот е структуиран во пет сегменти и тоа;

1.Поим на корпоративно управување;

2.Место, улога и одговорности на Управниот одбор;

3.Место, улога и одоворноти на Одборот за раководење со ризикот;

4.Место, улога и одговорности на Одборот за ревизија и

5.Работоводен орган

Во натамошните изложувања накусо ќе биди презентиран секој од овие

сегменти со истакнување на неговите најважни својства.

4

Page 5: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

3.Поим на корпоративно управувањеОсновите на ефикасното корпоративно управувње како појдовна точка се

поставени со Законот за банки. Но, тоа не треба да се сфати само како

законска обврска, туку и како добра деловна практика на банките. За разлика

од инокосното, корпоративното управување подразбира сет од односи мегу

различни носители на управување и раководење со банката и тоа; мегу

извршниот менаџмент, членовите на Управниот одбор и останатите акционери

на банката преку Собранието на акционери. Натаму, во Циркуларот се

наведува содржината на коорпоративното управување со ставање посебен

акцет на

-дефинирањето на стратешките цели на банката;

-прецизно разграничување на одговорностите и овластувањата во

донесувањето на деловните одлуки преку постоење на јасно дефинирана

хиерархиска структура,

-дефинирање на односите меѓу работоводниот орган, Управниот одбор и

ревизорите на банката,

-начинот на раковдењето со секојдневните активности на банката,

-воспоставување на ефикасни системи на внатрешна контрола, како и

ефикасно спроведување на функцијата на интегрирано управување со

ризиците,

-донесување на етички кодекс и други стандарди за добро однесување и

-воспоставување на адекватни системи за проток на информации во

банката и спрема надворешни корисници.

Се разбира дека дефинирањто на стратешките цели е од примарна

важност како рамка за развојот на банката. Но, за успешна реализација на

утврдените долгорочни цели неопходна е добра хиерархиска поставеност со

утврдени надлежности и одговорности и јасно дефинирани и разграничени

надлежности на органите на извршниот менаџмент и нивно ефикасно

работење, со доследно почитување на наодите не само на внатрешниот

ревизор, туку ангажирање и на независен надворешен ревизор.

5

Page 6: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

Во системот на коорпоративното управување во банките значајна новина е

управувањето од страна на врвниот извршен менаџмент(работоводен орган,

директори на сектори и главниот внатрешен ревизор) врз принципот

на ,,четири очи,, не само при донесувањето на ,,главните менаџерски одлуки,,

туку и на пониско ниво на одлучување. Во врска со успешното управување, за

одбележување е препораката во Циркуларот за предострожност, за тоа кои

лица да се избегнуваат како потенцијални менаџери, наведувајќи дека, тоа се

оние кои немаат доволно искуство, кои не се спремни за спроведување на

интерни процедури и кои најчесто кај себе ги концентрираат најголем број на

активности заради што се и во некоја постојана гужва, несреденост и сл.

Во секое работење, а посебно во банкарското, освен законот како рамка

за однесување на сите нивоа и во Циркуларот е утврдена потребата од

прецизно дефинирани морални и етички вредности утврдени во посебен

кодекс. Прашање директно поврзано со успехот на работењето и кодексот на

однесување е и утврдувањето на систем на плати со стимулативни елементи

на наградување. При тоа неопходно е истиот да биде внимателно поставен, да

не доведе до евентуални негативни ефекти на сметка на профитабиноста и

стабилноста на банката на долг рок, да се преземаат поголеми ризици за

остварување на повисоки приходи на кус рок. Во прилог на тоа е и

препораката бонусите и компензациите на врвниот менаџмент најмалку да

бидат утврдувани од Управниот одбор. За успешно остварување на се она што

е подведено под сегментот поим на коорпоративно управување како последна

точка е Обезбедувањето на транспарентност на корпоративното управување со

препорака структурата на Управниот одбор и на другите одбори, потоа

структурата на врвниот менаџмент и глобалната организациона структура на

банката да имаат јавен карактер.

6

Page 7: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

4.Место, улога и одговорности на Управниот одбор

Со оглед на тоа што, во крајна линија Управниот одбор е одговорен за

работењето и стабилноста на банката, неговите обврски према основачите-чии

интереси ги претставува, кон депозитарите и према кредиторите е да обезбеди

компетентен менаџмент, адекватни политики и планови, да врши мониторинг

на активностите во целина, да обезбеди адекватни интерни контролни системи

за откривање и елиминирње на проблемите и идентификација и управување со

ризиците. Во таа смисла при преземањето на сите тие активности и дејствија,

Управниот одбор треба да биде во постојана соработка со извршнит

менаџмент. Во Циркуларт посебно е нагласено дека, извршниот менаџмент е

тој кој работи за Управниот одбор, а не обратно. Не случајно во неколку

точки во Циркуларот се наведени карактеристиките што треба да ги поседува

едно лице за да биде избрано како член на Управен одбор на банка. Мегу нив

да ги споменеме само некои клучни што се услов и претпоставка за

останатите својства на лицата потенцијални членови на Управниот одбор, а

тоа се: способност за независна проценка, мудрост, чесност и силен

интегритет на личноста. Освен наведените, се разбира дека е потребна

стручност од областа на ,,финансискта индустрија,, лојалност спрема

банкарските интереси и др. При тоа е подвлечен институтот ,,конфликт на

интереси,, што наметнува потреба заради објективност на банкарската одлука,

во такви случаеви повлекување на член на Управниот одбор од одлучувањето.

Во врска со активностите на Управниот одбор во неколку точки во

Циркуларот се дадени основни насоки за членовите во врска со извршувањето

на нивните задачи и одговорности. Меѓу останатите ќе подвлечеме дека

Управниот одбор донесува долгорочен план и поставување на стратегиски

7

Page 8: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

план и сет на вредности, потоа, редовно, најмалку еднаш годишно врши

вреднување на перформансите на работоводниот орган што претставува

клучен елемент за успешно работење на една банка. Последната, шестата по

ред насока се однесува на Донесување и верифицирање на политиките

предложени од Одброт за раководење со ризикот на банката а тоа се:

политика на управување со кредитното портфолио; политика за управување со

средствата; политика за инвестирање; политика за етички стандарди на

однесување за членовите на Управниот одбор, другите лица со посебни права

и одговорности, како и вработените во банката.

Од членовите на Управниот одбор секако дека не може да се очекува да

бидат експерти за познавање и решавање на сите прашања и проблеми во

рамки на утврдувањето и спроведувањето на наведените политики. Мегутоа,

ако се има предвид знаењето, искуството и наведените својства на лицата што

го сочинуваат Управниот одбор, нивниот придонес во следењето на процесот

на работењето на банката во целина речиси е незаменлив.

Во услови на глобализација на економијата и високо развиен систем на

електронската технологија, како што континуирано се прошируваат

можностите на банките, така секојднево тие се соочуваат со низа нови

предизвици и ризици. Оттука, членовите на Управниот одбор треба не само да

ги препознаваат ризиците и нивното евентуално потенцијално влијание врз

профитот на банката, туку е потребно тие да ги познаваат и методите преку

кои секој ризик одделно може да се идентификува, мери и контролира. При

тоа тие треба активно да влијаат врз менаџментот за нивно следење и за

истото да бидат континуирано известувани. Во таа смисла, во Циркуларот се

дадени дефиниции и објаснувања за позначајните ризици во банкарското

работење како што се: кредитен, каматен, ликвидносен, ценовен, курсен,

трансакционен, стратегиски, репутациски, ризик од неусогласеност и ризик од

промени во опкружувањето.

Со оглед на статусот на Управниот одбор и неговата одговорност за

работењето и финансиската стабилност на банката преку извештаите на

извршниот менаџмент континуирано ја следи работата на банката. Уште

8

Page 9: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

повеќе, Управниот одбор ,,мора да оди чекор напред во однос на она што

значи прифаќање и преглед на извештаите, т.е. мора да биде уверен во

нивната точност, комплетност и сеопфатност,, се наведува во Циркуларот. За

таа цел од особено значење е користењето на резултатите од активностите

извршени од страна на внатрешните и надворешните ревизори.

Следењето на работата на банката и адекватните податоци и финансиски

анализи, односно мониторингот и вреднувањето на работењето на банката

овозможуваат да се дадат одговори во однос на низа прашања како на пр.

дали менаџментот ги остварува утврдените цели или не? Ако не ги остварува,

кои се причините за тоа. Какво е нивото на приходите и дали е резултат на

стратешките цели, или пак, што е од особена важност на одредени трансакции

за постигнување на кусорочни цели со истовремен пораст на ризик на долг

рок. Дали извештаите се сеопфатни и реално ја вреднуваат активата, односно

дали ги опфаќаат и останатите билансни и вонбилансни позиции?

Во функција на редовното информирање за работата на банката, на

Управниот одбор му се доставува стандарден ,,пакет на податоци и извештаи,,

кој се состои од дневен ред, записник од претходната седница на Управниот

одбор, кратка презентација на работоводниот орган за поважните активности

на банката во претходниот период и основни финансиски податоци за

работењето на банката. За тоа кои и какви се податоци се доставуваат до

членовите на Управниот одбор, во Циркуларот се наведува дека се работи за

компаративни финансиски извештаи и соодветни финансиски индиктори

наведени во 28 алинеи како што се; биланс на успех со компаративни

податоци за билансот на успех на критичниот датум, претходната година и

податоци од извршените проекции; споредбени биланси на состојба на

критичниот датум во тековната и претходната година, преглед на

проблематични кредити идентификувани од менаџментот или супервизорскиот

орган; преглед на достасани кредити; преглед на отпишани

побарувања(искажани во вонбилансна евиденција класифицирани во ризична

категорија Д); извештаи од внатрешни ревизори, супервизорски извештаи и

др.

9

Page 10: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

Натаму, за следење на трендот и нивото на перформансите на одреден

датум одделни индикатори се групирани за да дадат слика за Оценка на

капиталната позиција на банката; Оценка на квалитетот на активата на

банката; Оценка на профитабилноста на банката и Оценка на ликвидноста на

банката .

Горенаведените и останатите индикатори наведени во Циркларот што го

отсликуваат работењето на банката се доставуваат до членовите на Управниот

одбор во одредена динамика утврдена со интерните процедури на банката.

Со оглед на одговорноста на Управниот одбор освен за стандардните

извештаи, на неговите седници задолжително се расправа за низа теми како на

пр. за промени во законската регулатива, за односи со контролни и

супервизорски органи, за воведуање на нови банкарски продукти, за судски

постапки против банката и др. Натаму, еднаш годишно се расправа за

дивидендите, за стратегијата на банката, за финансиски проекции, за

ревидирање на одредени политики, за ревидирање на платите на вработените

и одредени бенефиции, за годишна програма за ревизии што треба да ги

извршат ревизорите на банката и др.

Во сетот на одредби за местото и улогата на Управниот одбор, во

Циркуларот натаму е наведено, дека Управниот одбор мора да обезбеди,

менаџментот постојано правилно да ги остварува своите одговорности во

однос на усогласување на работењето на банката со законската регулатива. На

самиот крај во рамки на овој сет на работи во неколку точки се наведени

надлежностите на Управниот одбор како што е; утврдувањето на деловната

политика на банката и во врска со тоа и каматната политика; свикување на

собранието, давање предлог за распределба на добивката, давање предлог за

покривање на загуби, потоа давање предлог до собранието за назначување на

овластен ревизор, давање согласност за капитални инвестиции и купување

хартии од вредност над 5% од гарантниот капитал на банката; утврдување

листа на нето должници; организирање на внатрешната ревизија;

организирање Одбор за раководење со ризикот и вршење други работи

10

Page 11: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

утврдени со статутот на банката и работи што не се во надлежност на

Собранието.

5.Одбор за раководење со ризикотКако што е веќе спомнато, банките секојдневно се наогаат пред нови

предизвици и низа ризици. Согласно Законот за банки, секоја банка е должна

да формира Одбор за раководење(можеби подобро кажано управување) со

ризикот чија примарна задача е воспоставување на политики и процедури за

идентификување, мерење, контрола и следење на ризиците. Овој Одбор

претставува некој вид ,,продолжена рака,, на Управниот одбор како е

наведено во Циркуларот и се состои од три члена што се избираат од редот на

членовите на Управниот одбор. Тие треба да бидат високо стручни,

компетентни и оперативни лица. Во хиерархиската структура, Одборот за

раководење со ризикот се позиционира непосредно под Управниот одбор.

Како што во Циркуларот е наведено ова тело претставува ,,филтер на

активностите на Управниот одбор,,. Во функција на исполнување на

основните надлежности на овој Одбор може да биде формиран посебен

оперативен дел на банката за интегрирано следење и раководење со сите

видови ризици(што ќе биде предмет на презентација во Циркуларот во

следниот број на списанието).

Во надлежност на овој Одбор е воспоставување и следење на политиката

и процедурите за оценка на кредитите и нивното управување.

Одборот за раководење со ризикот е задолжен за воспоставување и

следење на спроведувањето на кредитните политики и процедури пропишани

11

Page 12: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

од страна на Народната банка како овластен супервизорски орган кој

пропишува стандарди што се однесуваат на евиденција на достасани кредити,

процедура околу пролонгирање на кредитите, услови под кои се дозволува

капитализација на кредитите, процедура за нови кредити, за отпис на

ненаплативи кредити, за начинот на класификација на ризичноста на

кредитното портфолио и др.

Членовите на Одборот во доменот на своето работење наведено е во

Циркуларот, треба да ги имаат предвид ,,ранопредувачките сигнали,,

(веројатно се мисли на ранопредупредувачки ) во доменот на кредитната

активност на банката, а се однесуваат на секоја негативна појава или тренд на

негативно движење на кредитната активност на банката, недостаток на

документација или пак, нагорен тренд на проблематични кредити и воопшто

се она што би било во негативна насока во врска со кредината политика и

процедури и сл. Ранопредувачки сигнали како е наведено во Циркуларот,

треба да имаат членовите на овој одбор и во доменот на управување со

активата и пасивата и нивната рочна структура. И не само тоа, членовите на

Одборот мораат да водат сметка и да преземаат активности во врска со

нарушување на односот помеѓу активата и пасивтата, односно да воспостават

интерни процедури во врска со управувањето со ликвидносниот ризик. Во

надлежност на Одборот е увидот во класификацијата на ризичноста на

активата и адекватното издвојување на посебна резерва. Во таа смисла, од

страна на посебна служба се врши оценка и класификација на ризичноста на

кредитната изложеност на одделни коминтенти. Натаму, врши преглед на

новоодобрени кредити и други облици на кредитна изложеност по одделни

коминтенти. Во прилог на тоа е нормативно утврдениот Кредитен регистер кој

се води кај НБРМ која во септември 2004г. донесе Одлука за содржината и

начинот на функционирање на кредитниот регистар.

Во случај на проблематични побарувања и активности преземени за

нивна наплата редовно се поднесува извештај до Одборот за раководење со

ризикот. Исто така за кредитната изложеност на поединечен субјект со над

10% од гарантниот капитал се одобрува со одлука на Одборот за раководење

12

Page 13: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

со ризикот. И воопшто за работи што се во надлежност на овој Одбор се дава

мислење до Управниот одбор.

6.Служба за внатрешна ревизија и Одбор за ревизија

Во услови на тенденции во банкарството за институционализирање на

повисок степен на либерализација на решенијата во поглед на управувањето

со сопствената ликвидност, за стабилен и сигурен банкарски систем

Базелската регулатива посебен акцент става на интерната контрола и ревизија.

Во таа смисла во системот на коорпоративното управување врвниот извршен

менаџмент во банките е должен да воспостави соодветени системи на

контрола. Покрај Управниот одбор, за извршување на контролната функција

согласно Законот за банки се воспоставени и две посебни тела: Одбор за

ревизија и Служба за внатрешна ревизија.

Супервизорскиот циркулар за внатрешната контрола и внатрешната

ревизија(прв во редоследот на циркулари во кој е дадена освен дефиницијата

на внатрешната контрола и ревизија и нејзиниот правно економскиот статус),

иако е презентиран во еден од претходните броеви на списанието Стопанска

банка, со оглед на посебното значење и практичната примена на внатрешната

контрола и ревизија во системот на корпоративно управување и во овој

Цирклар му се дава посебно место. Од тие причини овде ќе бидат наведени

само некои негови најбитни својства.

13

Page 14: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

Во однос на Службата за внатрешна ревизија, Законот остава на

диспозиција на Управниот одбор, во зависност од организационата структура

на банката по потреба да утврдува и повеќе од еден од вработените да имаат

овластување на ревизор.Управниот одбор е орган кој ги именува вработените

во овој орган кои ја извруваат исклучиво функцијата на оваа служба. Во

хиерархиската структура, Службата за внатрешна ревизија е во непосредна

комуникација и одговорност пред Управниот одбор и Одборот за ревизија.

Одборот за ревизија е составен од три члена именувани од Собранието

на банката, со мандат од две години со тоа што, најмалку еден член има

овластување на ревизор или сметководител. Оттука произлегува обврската

Одборот за својата работа најмалку еднаш годишно да го известува

Собранието. Член на Управниот одбор не може да биде член на овој одбор.

Формирањето на Одборот и неговите надлежности утврдено е во Циркуларот,

дека треба да биде регулирано во посебен документ што подлежи на

одобрение од Управниот одбор. Основната функција на овој Одбор е да му

помага на Управниот одбор да обезбеди целосен увид во квалитетот и

интегритетот на сметководството и системите на внатрешната контрола и

финансиските практики на банката.

Основните ингеренции на Одборот за ревизија се однесуваат на

воспостаставување на соодветни сметководствени процедури и контрола на

усогасеноста на истите со Законот и други прописи; увид во работата на

Службата за внатрешна ревизија преку одобрувањето на годишниот план за

ревизии; разгледување на понудите за извршување на надворешната ревизија

од страна на овластени ревизорски куќи и доставување на мислењето до

Управниот одбор; обезбедување на формална писмена изјава од ревизорите за

постоење на конфликт на интереси помегу одделни субјекти; вреднување на

работатата на надворешните ревизори. Воопшто, за прашања од доменот на

своите надлежности Одборот го известува Управниот одбор, но и за други

прашања за кои смета дека постои потреба за информирање на Управниот

одбор.

14

Page 15: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

7.Работоводен органФункцијата работоводен орган како е веќе погоре спомнато се врши врз

принципот на т.н. ,,четири очи,, воведен согласно Законот за банки од

2000г., а подразбира правило на мегусебна проверка и контрола. Но тоа не

значи дека секоја одлука на банката треба да биде потврдена од страна на

двата члена на работоводниот орган . Овој принцип пред се мора да биде

запазен кај одлуки со висок ризик во работењето на банката, во случаи

утврдени со интерни акти на банката како на пр.одобрување на кредитни

изложености над определен лимит, или пак задолжување во странство над

одреден лимит и сл.

Основните критериуми за едно лице да биде именувано за член на

работоводен орган што е услов за претходна согласност од Народна банка на

РМ освен со Законот за банки, критериумите поподробно се наведени и во

Упатството со прирачник за лиценцирање од 2001 година. Со оглед на

принципот на ,,четири очи,, со статутот на банката е утврдено кој член на

работоводниот орган ја претставува банката. Исто така со статутот на банката

од страна на работоводниот орган се уредува изборот на менаџерскиот тим.

Во системот на корпоративното управување, работоводниот орган или еден од

15

Page 16: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

неговите членови е член на оперативните тела (кредитниот одбор, Одборот за

управување со активата и пасивата и сл.).

Работоводниот орган на банката за својата работа е одговорен пред

Управниот одбор.

За ефикасно остварување на корпоративното управување во банките

покрај со леџ специјалис за извршување на супервизорската функција на НБ,

од посебна важност е не само со закон поставениот систем, туку за неговото

практицирање освен супервизорските стандарди се и супервизорските

циркулари каков што е и тука презентираниот.

8. ЗаклучокВо модерното економско работење, нема ниту еден толку важен фактор каков

што е корпоративниот менаџмент. Како и секој друг современ субјект, така и

корпорацијата е сложена, динамичка, отворена и со високоразвиена структура,

од комплексниот и променлив надворешен свет. Нејзината успешност,

опстојување и континуитет, како и стабилност и динамиката на раст и развој,

зависат од видот, бројноста, интензитетот, квалитетот и промените што ги

спроведува во работата и однесувањето. Доброто корпоративно управување

придонесува за одржлив економски развој преку подобрување на перфомансите

на компаниите и на нивниот пристап кон надворешни извори на капитал. Тоа ја

зголемува профитабилноста на компаниите и овозможува побрз раст. Клучен

фактор кај одлуката да се почне деловна соработка е довербата.

Цел на корпоративното управувањење е да ја заголеми довербата меѓу

компаниите и со нив поврзаните засегнати лица. Корпоративното управување

им помага на компаниите и засегнатите лица да креираат околина која почива

врз одговорност, отвореност, транспарентност, оценка на резултатите и

16

Page 17: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

посветеност на компанијата, врз основа на воспоставените стандарди за добро

корпоративно управување.

Овде пред се треба да се нагласи, правната позадина на корпоративното

управување. Усогласеноста на правниот систем со концептот на доброто

корпоративно управување, има значајно влијание врз градењето на систем на

институции со водечка улога за развојот на рамката на корпоративно

управување. Креирање на правна рамка, која јасно ги дефинира основите врз

кои се врши дејноста и се уредуваат внатрешните односи во компаниите.

Прво, на глобално ниво, фокусот треба да биде на имплементацијата и примена

на постојаните законски и подзаконски прописи. Исто така, особено треба да се

повлече важноста на директно вклучување на приватниот сектор во реформите

на корпоративното управување и обучувањето на сите релевантни професии и

клучни играчи, особено сметководителите, ревизорите, судиите и членовите на

одборите.

Второ, реформите, настојувањата за примена на прописите и вршењето на

обуките, како и иницијативите на приватниот сектор, треба да се фокусираат на

три најзначајни прашања- имено, заштита на малцинските акционери,

зголемување на одборите на компаниите и конвергенцијата кон меѓународните

сметководствени стандарди и објавувањето на нефинансиските податоци.

Треба да се зајакнат регулативните органи за да се подобри имплементацијата и

наметнувањето на прописите.

Цел на овој научен труд за корпоративно управување наспроти

корпоративен менаџмент, е да даде еден мал допринос за атрактивноста и

значењето на корпоративното управување во Република Македонија. Односно,

да се утврди целта на корпоративното управување е 1) да им помогне на

компаниите банките да ја подобрат практиката на корпоративно управување, 2)

да ги подржи институциите од јавниот сектор да воспостават ефективни рамки

за корпоративно управување и 3) да им помогне на образовните институции за

вклучување на содржини за корпоративно управување во нивните наставни

програми.

17

Page 18: Sistem Na Kooperativno Upravuvanje So Bankite

Koristena literature

1. Тодор Тодоров, д-р Димо Димков, "Менаџмент" Европски универзитет –

Скопје (2006)

2. Прирачник за корпоративно управување во македонските акционерски

друштва (2008)

18