Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

35
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 139 www.mchamber.mk 06.06.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 СТОЛНИ МЕДАЛЈИ ОД РЕДОТ НА СВЕТИОТ МАКЕДОНСКИ КРСТ НА ВИДНИ СТОПАНСТВЕНИЦИ И ЛИЧНОСТИ ОД НАУКАТА По повод јубилејот – 45-годишнината од автокефалноста на Македонската православна црква, на свечена церемонија во Стопанската комора на Македонија беа доделени признанија

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 12-Mar-2016

264 views

Category:

Documents


14 download

DESCRIPTION

Неделен билтен на Стопанската комора на Македонија

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 139 www.mchamber.mk 06.06.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

СТОЛНИ МЕДАЛЈИ ОД РЕДОТ НА СВЕТИОТ МАКЕДОНСКИ КРСТ

НА ВИДНИ СТОПАНСТВЕНИЦИ И ЛИЧНОСТИ ОД НАУКАТА

По повод јубилејот – 45-годишнината од автокефалноста на Македонската православна црква, на свечена церемонија во Стопанската комора на Македонија беа доделени признанија

Page 2: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

ПОДВЛЕЧЕНО

Како и за секое фундаментално научно достигнување, потребно е да помине извесен временски период за да се согледаат неговите ефекти. Првата придобивка е за Македонија како земја, бидејќи прв пат е решена и објавена кристална структура на фармацевтски активно соединение, а притоа првиот автор и авторот за коресподенца има адреса од македонска приватна компанија. Второ, покажано е дека

со посветена работа и визионерска поддршка од менаџментот на „Алкалоид“, може и во Македонија да се оствари завидна соработка помеѓу индустријата и научните институции. Бидејќи за фолкодин монохидрат до денешен ден се останати непознати некои аспекти околу неговата физиолошка активност, познавањето на структурните карактеристики на ова соединение може да им даде нови насоки на истражувачите кои се занимаваат со овие научни аспекти за додефинирање на неговите физиолошки својства. Перспективно гледано, освен во подобрувањето на третманот на сува кашлица, резултатот можеби ќе помогне и во терапевтска примена на фолкодин монохидрат при други патолошки состојби во организмот. „Алкалоид“ на годишно ниво инвестира околу 3 отсто од вкупните приходи во развојно-истражувачки активности. Битно е да се напомене дека овој инвестициски тренд беше задржан и во минатите три години, во услови на светска економска криза. Имено, во март 2009 година официјално почна со работа Институтот за истражување и развој, кој претставува исклучително софистицирана и интегрирана развојно-истражувачка единица во рамки на „Алкалоид“. Опремен е со најмодерна технолошка и аналитичка опрема, а во него се вработени педесетина луѓе, од кои повеќето се кадри со завршено високо образование, специјалисти, магистри и доктори на науки.

(Соња Угарковиќ, директорка на Институтот за истражување и развој во „Алкалоид“)

Бројот на изградени станови кои се комерцијална намена во последните две години изнесува 830 станови, и со задоволство можам да констатирам дека повеќе од 90% веќе се продадени.Со ова сакам да посочам дека, Акционерското друштво со кое раководам, спроведувајки ја политиката на Владата за домување, ја искажува својата цврста определба за овозможување на достапност до

становите кои ги градиме како и обезбедување на квалитетен станбен фонд за потребите на граѓаните. Исто така, сакам да истакнам дека сето ова се прави со крајна стратешка цел, а тоа е балансирање на пазарната цена за станбениот простор. Тоа преку практичен пример би изгледало вака: за ново изграден

комерцијален стан во Битола почетната цена е од 499€ по м2, во Струмица 570€ по м2, во Охрид 700€ по м2, Скопје - Аеродром и Лисиче 795€ по м2 и т.н. Со овие цени, ние на пазарот претставуваме сидро на цените од приватниот сектор како тие не би оделе драстично нагоре. Поточно заработувачката или маржата на приватната градба ја држиме на разумен процент.

(Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во РМ)

Не се мешаме во политиката, никој ништо не нè прашува, не знаат како такви и си тераме. Знам дека кај нас важи тоа правило дека без политика нема бизнис, ама еве ние си тераме и немаме никакви проблеми. И во Гостивар е така. Во нашиот маркет купуваат и Македонци и Албанци. Едноставно, имаат доверба во нас.

На прославата градоначалникот на општината Невзат Бејта за нас рече дека сме гордоста на Гостивар. Тоа навистина многу ни значи. Ние сè уште сме најголемата компанија во Гостивар.

(Јован Пејчиновски, управителот на семејната компанија „Монтенегро“)

Во соработка со Амадеус резервацискиот систем, кои ни го дадоа техничкото решение, создадовме веб страница каде во реално време може да се пребара цена за било која компанија, дестинација или појдовна точка во светот, да може да се направи резервација или да се купи авиобилет. Цените на сајтот се транспарентни, без скриени трошоци. Резултатите се сортирани по најниска цена и покажува колку

слободни места има за таа цена. Активирано е да ги прикажува цените за економска класа, но има опција да се избере и бизнис класа. Ги пишува сите авиокомпании што ги оперираат летовите. При одбирање на лет можат да се видат сите правила на авиокомпаниите за летот. Во иднина планираме да го активираме и делот за пребарување на рент-а-кар и хотели, да можат клиентите во склоп на авионската карта да си резервираат и рент-а-кар и хотелско сместување и сето тоа да се направи со едно плаќање. Истовремено овој веб сајт е алатка за сите што купуваат авиобилети на македонскиот пазар, да ги

проверуваат цените што го добиваат дали се реални, затоа што некогаш плаќаат поскапо од тоа што во моментот е слободно да се купи. Нас ни е најважна транспарентноста. Секогаш работиме фер, еснафски. Ако си фер кон клиентот, утре ќе ти донесе друг клиент. Битен ни е квалитетот и клиентите да се задоволни.

(Бојан Рафајлоски, директор на „Авионет“)

ПРИМЕР ЗА ЗАВИДНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ИНДУСТРИЈАТА И НАУЧНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

КВАЛИТЕТЕН СТАНБЕН ФОНД ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

НАЈТЕШКО Е ДА ЈА ОСВОИШ ДОВЕРБАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

СЕКОГАШ РАБОТИМЕ ФЕР, ЕСНАФСКИ

Page 4: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО4

ФОКУСИРАНО

По повод јубилејот – 45-годишнината од автокефалноста на Македонската православна црква, на свечена церемонија што се одржа во Стопанската комора на Македонија, беа доделени столни медалји од редот на Светиот Македонски Крст на видни стопанственици и личности од науката (4.6.2013 година). Овие медалји се форма која ги отсликува политичките, црковните и културните настани во земјава. Медалјите ги додели Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

-Македонската православна црква не би ја остварила својата високо возвишена мисија без помош од македонските интелектуалци, стопанственици и од својот народ, – истакна Г.Г. Стефан пред доделувањето на медалјите. Добитници на наградите се:

1. Душан Туџаров, генерален директор на „Реплек“ – Скопје 2. Илија Гечев, генерален директор на „ИГМ Трејд“ – Кавадарци3. Академик Таки Фити 4. Доне Таневски, генерален директор на „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – Скопје5. Академик Митко Маџунков6. Мите Николов, генерален директор на БРИЛИЈАНТ - Штип7. Академик Катица Ќулавкова 8. Симон Наумоски, генерален директор на „ВИТАМИНКА“ – Прилеп 9. Јордан Камчев, главен извршен директор на „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – Скопје10. Цветан Панделески, сопственик на ПЕЛИСТЕРКА АД – Битола11. Николајчо Николов, заменик-генерален директор на Рудникот „БУЧИМ“ - Радовиш12. Илија Илоски, главен оперативен директор на Комерцијална банка АД – Скопје13. Академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (службено отсутен, во негово име столната медалја ја прими член на неговото семејство) 14. Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и15. Стефан Георгиевски, професор на Правниот Факултет во Скопје, во пензија (службено отсутен, во негово име столната медалја ја прими член на неговото семејство).

четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

По повод јубилејот – 45-годишнината од автокефалноста на

Македонската православна црква, на свечена

церемонија во Стопанската комора на Македонија беа

доделени признанија

СТОЛНИ МЕДАЛЈИ ОД РЕДОТ НА СВЕТИОТ МАКЕДОНСКИ КРСТ

НА ВИДНИ СТОПАНСТВЕНИЦИ И ЛИЧНОСТИ ОД НАУКАТА

Page 5: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 5ФОКУСИРАНО

четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Page 6: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Во името на наградените на присутните им се обрати Академик Катица Ќулавкова. -Зошто е толку битна Македонската православна црква? Поради свеста за потребата, и во рамките на една секуларна држава, каква што е денес Република Македонија, да се сочува и развива уште повеќе, историски стекнатата културна и општествена улога на МПЦ, да се сочува единството на македонскиот православен свет, да се покаже разбирање за иновертните и конвертираните, да се врати моќта на духовниот Ум и Реч, да се биде чинител на современиот опстанок на македонскиот народ кој е исправен, сега и тука, пред нови предизвици и искушенија! На свеченоста настапи и црковниот хор „Хармосини“ од Скопје.

Саво Пејчиновски

-Да изградиме црковен храм со кој ќе гордееме сите. Со новата црква „Свети Константин и Елена“ да ја продолжиме нашата традиција и да останеме блиски до Бога.

Ова беше пораката што поглаварот на Македонската православа црква - Охридска Архиепископија, Г.Г. Стефан ја упати на втората донаторска конференција за довршувањето на црквата „Св. Константин и Елена“ во очи на истоимениот празник на 3.6.2013 година. На донаторската конференција присуствуваше премиерот, м-р Никола Груевски, придружуван од дел од министрите, пратеници и претставници од бизнис-заедницата, предводени од деловните асоцијации. На конференцијата присуствуваше и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, како и членки на најстарата и најбројна бизнис-асоцијација во земјава кои донираа за возобновување на божјиот храм. Прмеиерот Груевски во својот говор пред присутните подвлече дека македонскиот народ има изградено многу храмови и тоа во најтешкиот период на постоењето на државата.

ФОКУСИРАНО

КТИТОРСТВО

6 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Втора донаторска конференција во организација на

Македонската православна црква и Фондацијата

„Свети Цар Константин“

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА УЧЕСТВУВА ВО ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ

КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“

Page 7: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

-Кој има верба во Бога, има и сопствен божји храм. Ако нашите предци не граделе со слава на Бога, ние денес немаше да ги имаме овие храмови. Во многу временски непогоди биле разрушени многу светилишта, но тие одново се граделе. Така било и со црквата „Свети Константин и Елена“, која била разрушена во 1963 година, за време на земјотресот, - додаде Груевски.

Поглаварот на МПЦ - ОА оцени дека се` што се гради најдобро е ако се гради во заедништво, а изрази уверување дека возобновувањето на овој храм ќе биде одраз на македонското единство, украс на Скопје и уште една духовна тврдина за македонската вистина. Инаку Цар Константин бил првиот римски император кој го признал христијанството и застанал во борбата против нивното прогонување. Храмот „Св. Константин и Елена“ во Скопје е изграден во 1926 година со помош од добродетели. Основан е 1927 година и е првиот православен храм изграден на десната страна од градот.

По земјотресот во 1963 година црквата не е возобновена, туку е разурната поради потребата од поголем простор за изградба на Градскиот трговски центар во почетокот на седумдесеттите години. Со изградбата на храмот, кој полека се издигнува на улица „Македонија“, МПЦ достоинствено ќе ја одбележи 1700-годишнината од втемелувањето на православието и 45-годишнината од возобнувањето на Охридската архиепископија.

Горазд Чомовски

КТИТОРСТВО

7четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Page 8: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОБАНКАРСТВО

8 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, а во соработка со Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, одржа Презентација за компонентата “Гарантен Фонд” при проектот “Платформа за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан – Western Balkan Enterprise Development and In-novation Facility – WB EDIF” (5.6.2013 година). На настанот воведно обраќање имше м-р Владимир Пешевски по што следеше кратка презентација на на целокупната Платформа за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан, Презентација на компонентата Гарантен фонд, како и Презентација на објавениот Повик за изразување интерес за учество во компонентата Гарантен Фонд.

Всушност, и официјално стартува со работа регионалниот проект “Платформа за развој на претпријатија и иновации за Западен Балкан”. Проектот е со вкупна вредност од 145 милиони евра, поддржан од страна на Европската комисија, Европската инвестициона банка, Европскиот инвестициски фонд и Европската банка за обнова и развој, а е наменет за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија. Владата обезбеди приклучување на Република Македонија кон овој проект во кој што учествуваат и Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Проектот се состои од четири компоненти. Фондот за иновации е со големина од 40 милиони евра и наменет за инвестии во мали компании и новоосновани компании насочени кон иновации. Фондот за експанзија, со големина од 80 милиони евра, е наменет за поддршка на понатамошниот развој на веќе формирани и развиени компании, компонента за техничка помош во вредност од 5 милиони евра преку која ќе им се помага на државите да ги усогласат законските рамки со европските и да обезбедат непречено функционирање на ваквите

Пред Здружението на банкарство презентиран

„Гарантен Фонд” од Проектот „Платформа за развој на

претпријатија и иновации за Западен Балкан“

СТИМУЛИРАЊЕ НА БАНКИТЕ ДА ГО ЗГОЛЕМАТ КРЕДИТИРАЊЕТО НА

КОМПАНИИТЕ

Page 9: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОБАНКАРСТВО

БАНКАРСТВО

9четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

фондови. Компонентата Гарантен фонд, којашто беше презентирана пред Здружението на банкари, е со вкупна вредност од 20 милиони евра и е наменета за стимулирање на банките да го зголемат кредитирањето на компаниите. -Оваа Платформа претставува уште еден дополнителен инструмент за поддршка и финансирање на малите и средни претпријатија, тема на којашто Владата континуирано работи во изминативе неколку години, со цел подобрување и олеснување на условите за работа и обезбедување на нови извори на финансирање за компаниите во Република Македонија. – истакна Пешевски. Пример за досегашната поддршка на македонските компании е кредитната линија обезбедена од ЕИБ која се спроведува преку Македонската Банка за поддршка и развој (МБПР). Со оваа кредитна линија се обезбедени вкупно 250 милиони евра за македонските компании по субвенционирана каматна стапка од 5.5%. Досега, од овие 250 милиони пласирани се вкупно 210 милиони евра, а финансирани се преку 850 проекти, со што се креирани 4.600 нови работни места. Борис Тримчев

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија организираше

работилница во соработка со Меѓународната финансиска

корпорација (ИФЦ)

КАКО ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПРЕЧКИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА СЕКТОРОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА НА БАЛКАНОТ?

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, во Комората организираа работилница за комерцијалните банки во рамките на регионалната Програма за обновливи извори на енергија (30.5.2013 година). Програмата во Македонија соработува со Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање и се однесува на унапредувањето на правната рамка за обновливите извори на енергија, како и на полето на инвестиционата промоција на истите. Исто така, Програмата обезбедува поддршка на домашните и странските компании кои развиваат проекти за обновливи извори на енергија, а од неодамна започна и со обуки наменети за комерцијалните банки. Основна цел на работилниците за банките кои се организираат во регионот, претставува запознавањето на банките со пазарниот потенцијал на секторот за обновливи извори на енергија, можностите за финансирање на проекти, како и едукација за ризиците поврзани со финансирањето на проектите во овој сектор. -Целта на денешниот собир е банките заинтересирани за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија да се запознаат со советодавните и финансиските производи на ИФЦ. Одделот за советодавни услуги на ИФЦ ја претстави обуката за банките, наменета за обработка на кредитните барања за финансирање на малите хидроелектрични централи и воведување на проектното финансирање на проектите од секторот за обновливи извори на енергија. Од друга страна, Одделот за инвестициони услуги ги претстави финансиските производи кои банките можат да ги користат за наменски кредити во овој сектор, - појасни Небојша Арсенијевиќ, раководител на Програмата за обновливи извори на енергија на Балканот.

Page 10: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОБАНКАРСТВО

10 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 13910

-Шансите за развој на банкарскиот сектор на Македонија се огледуваат во можностите за нови знаења и техники за анализа на проектите, како и во подготовката на кредитните барања на клиентите чии идеи и кредитни барања се поврзани со обновливите извори на енергија. Со сиот потенцијал за користење на обновливите извори на енергија кој го поседува Македонија, се отвора реална шанса и за развој на електроенергетскиот сектор во земјата. Банкарскиот сектор во Македонија, во соработка со ИФЦ, може да даде полн придонес во тој процес, - подвлече Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. Целта на работилницата е унапредувањето на внатрешните капацитети на комерцијалните банки, заради подигнување на нивото на знаење на советниците за кредитирање во однос на техничките, правните, еколошките, социјалните и финансиските ризици, кои со себе ги носат проектите за мали хидроелектрични централи, како и во однос на подоброто разбирање на специфичната правна рамка која се однесува на секторот за обновливи извори на енергија. На работилницата присуствуваа 20 претставници од комерцијални банки од РМ членки на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. Инаку, ИФЦ, членка на Групацијата Светска банка, создава можности за извлекување од сиромаштија и подобрување на животот на луѓето. ИФЦ им помага на земјите во развој да постигнат одржлив развој преку поддршка на развојот на приватниот сектор, мобилизирање на приватниот капитал, давање советодавни услуги и услуги за намалување на ризиците на компаниите и владите. Во фискалната 2012 година, среде економската несигурност што владееше во целиот свет, ИФЦ инвестираше близу 20 милијарди САД долари, помагајќи им на клиентите да создадат нови работни места, подобро да работат чувајќи ја животната средина, како и да дадат придонес во своите локални заедници. За повеќе информации, посетете ја интернет-страницата http://www.ifc.org.

Page 11: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 11

Во насока на заедничко решение за надминување на поголемиот дел од проблемите со кои се соочуваат компаниите од областа на транспортот и шпедицијата, а со цел на забрзување и олеснување на увозот и транзитот со храна, во Стопанската комора на Македонија беше одржана седница на Македонската Транспортна Асоцијација, на која присуствуваше заменик директорот на Агенцијата на храна и ветеринарство, Абдулезел Догани (30.5.2013 година). На состанокот кој се одржа на барање на компаниите членки на Асоцијацијата беа разгледани повеќе прашања кои се однесуваат на унапредување на системите за контрола при увозот и транзитот на храна и тоа на сите гранични премини во државата. Претставниците на Асоцијацијата и на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори - МИФА предложија сет на мерки со кои ќе се забрзат постапките на инспекциските контроли на граничните премини и тоа во насока да се намали времето за нивно спроведување а со тоа и времетраењето на транспортот на стоки. Клучните 3 точки за кои е потребна максимална посветеност во наредниот период се однесуваат на:

- потребата за елиминирање на законските пречки (каде се предвидува исклучиво завршување на сите контроли при влез на стоката во државата), не давајќи можност истото да се заврши опционално и во внатрешноста, а при тоа да се бараат дозволите при `пуштање на стоката во слободен промет`, што е инаку вообичаена пракса а не при премин на граничната линија, што сега е третирано како `увоз`; - потребата да се проверат сите поединечни случаи во EXIM системот, каде за еден тип на стока се бараат повеќе дозволи, односно потребно е преиспитување на одлуките дали воопшто одредени дозволи/согласности за некои видови на стока треба да постојат (истакнат примерот со пченицата која се третира и како храна и растение и подлежи на повеќе контроли) и - подобрување на техничките решенија (посебно во делот на плаќањето на давачките).

Решавање на проблемот со плаќањето на давачките за извршените прегледи, каде согласно процедурата во EXIM системот е оневозможено за време на викенди, но и во работните денови по завршување на работното време, е предложено Агенцијата да ги разгледа сите можни решенија при обезбедувањето на доказ дека плаќањето е извршено, со цел навремено да се пропушти стоката на границите и да не се прави застој заради административни процедури. -Во насока на намалување на застојот при контролите на храна која се превезува со железнички транспорт предложено е да се зголеми бројот на инспектори кога е претходно најавено пристигнување на храна на железничките гранични премини, како и да се зголеми бројот на инспекторите на патните гранични премини во деновите или во периодите на денот кога е зголемена фреквенцијата на увоз или транзит на пратки со храна- истакна заменик директорот Догани. Кога станува збор за кадровска екипираност од страна на Агенција, истата во моментов е воглавно концентрирана на граничните премини Богородица и Табановце, бидејќи на овие два премина транзитираат 80% од вкупниот број на пратки. Само на Табановце во моментов се на располагање 7 ветеринари и 6 инспектори за храна, но според барањата на ТАВ Македонија, аеродромот во Скопје кој е исто граничен премин треба да има барем по еден инспектор и тоа во работните денови од 8 до 16 часот. Според заменик директорот Догани, во текот на наредната година со средства од ИПА фондовите планирано е техничко доопремување на граничните премини, со што би се решил дел од инфраструктурните проблеми со кои се соочува Агенцијата и на границите и на аеродромите, а е во интерес на операторите со храна со што ќе се забрзаат постапките за контрола. Агенцијата за храна и ветеринарство, во интерес на унапредување на соработката и реализирање на предлозите на компаниите, во истиот состав ќе реализира ште еден состанок во Стопанската комора на Македонија во период од 2 до 3 недели, на кој ќе се предложат и донесат конкретни мерки.

Билјана Пеева-Ѓуриќ

СОРАБОТКА

ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА СТОКИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

Македонска транспортна агенција и Агенцијата за храна и ветеринарство со заеднички

решенија

четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Page 12: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Во металуршкиот сектор, особено во производството на основни метали од почетокот на оваа година дојде до натамошно влошување на состојбите, со изразено намалување на физичкиот обем на производството, беше констатирано на седница на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија (4.6.2013 година). Производството на метали во првите четири месеци бележи опаѓање од 21,9% (минатата година овој сектор ја заврши исто така со намален обем на производство за 11,1%). Поповолни се состојбите во делот на обоената металургија, каде што производството се движи меѓу 80 и 100%, а кај извозот меѓу 93% и 100% во однос на планираното. Стопанствениците од овој сектор укажуваат на неповолни деловни тенденции до крајот на годината - кај челичната индустрија постои неизвесност во побарувачката на челични производи, која се очекува да се намали за 40%, а кај основните метали се очекува намалување на берзанските за 20-ина проценти.Во ваквите услови на делување, под силно влијание на неповолните економски состојби на глобален план, металуршкиот сектор се соочува со голем број отворени прашања, од кои најзначајно место имаат енергетските прашања поврзани со примената на правилата за пазар на електрична енергија и претстојното часовно балансирање, цената на електричната енергија, очекуван пораст на цената на природниот гас, недоволната усогласенот на цените на нафтата и нафтените деривати со брзанските промени на цената на нафтата. Како отворени прашања во работењето беа истакнати и недостигот на обртни средства во услови на пораст на цените на репроматеријалите, високи трошоци на финансирање, каматни и банкарски трошоци, застарена и недоволно развиена патна и железничка мрежа и инфраструктура и следствено на тоа високи цени на транспортните услуги, во услови на непостоење на приватен оператор, високи трошоци на еколошко усогласување во услови на недоволна финансиска поддршка од страна на банкарскиот сектор, нема услуга - проектно финансирање, се` уште недонесени одлуки од страна на Владата на РМ за пролонгирање на рокот за добивање Интегрирана еколошка дозвола, непрактични еколошки стандарди кои дополнително ја оптоваруваат индустријата, бавни административни процедури за добивање оперативни дозволи и решенија (еколошки, градежни, урбанистички и др.) и група прашања поврзани со законски решенија од делот на работните односи кои не одговраат на состојбите и условите во дејноста.

За посочените прашања Здружението дефинираше предлог-мерки, кои ќе ги достави до Владата на РМ, со предлог - преку отворен дијалог да се договорат заеднички активности за нивно надминување, со цел опстојување на металуршкиот, како витален сектор на македонската економија.

Зорица Мешкова

ПРЕДЛОЗИ Здружението на металургијата дефинира мерки кои треба да

придонесат да се сопре влошувањето на производството во овој сектор

РЕШЕНИЈА ЗА ПРЕСВРТ НА СОСТОЈБАТА ВО ЗАЕДНИЧКИ ДИЈАЛОГ СО ВЛАДАТА

четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 13912

Page 13: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Во Стопанската комора на Македонија, од страна на Турската конфедерација на бизнисмени и индустријалци (ТУСКОН), беше промовиран VIII Меѓународен

саем за градежништво, градежни материјали, градежни машини и мебел, што ќе се одржи во Експо Центарот во Истанбул, Турција. За ТУСКОН воведни напомени изнесе Махмет Емин Четан, главен и одговорен уредник на „Заман” и претставник на ТУСКОН во Македонија, кој истакна дека ТУСКОН е невладина и непрофитна организација која денес е претставувана од 46.000 бизнисмени и повеќе од 120.000 компании. ТУСКОН е најголемата бизнис-невладина организација во Турција, во која членуваат 7 (седум) бизнис-федерации и 176 асоцијации. Турската конфедерација на бизнисмени и индустријалци (ТУСКОН) до сега има организирано седум средби и најчесто на овие манифестации се присутни високи владини претставници, како од Турција, така и од други земји. Од Република Македонија на две средби присуствувал д-р Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија, а во февруари 2012 година бил присутен и м-р Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија. Интересот на ТУСКОН во Република Македонија, е пред се’, за отворање на пат за соработка и меѓусебно поврзување на заинтересираните компании од областа на градежништвото, градежните материјали, градежни машини и мебел, како што е и нивниот слоган ТУСКОН-СВЕТ - ТРГОВСКИ МОСТ. На VIII Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали, градежни машини и мебел во Експо Центарот во Истанбул, Турција, кој ќе се одржи од 18 до 20 јуни 2013 година, се очекува да земат учество 140 земји, со 1.000 меѓународни учесници, 1.500 учесници од Турција, каде се планира да се остварат и околу 25.000 билатерални средби. На оваа манифестација ќе има и 105 изложувачи на сопствени штандови. Заинтересираните компании дополнителни информации можат да добијат и на следните адреси: http://www.tuskon.org/, http://www.tuskonwtb.com/ https://www.dropbox.com/sh/ra5fbfw3zf3270c/TZbAlaLkTI . По извршената промоција беше заклучено да се направат напори, иако е многу кратко времето, да се организира учество на заинтересирани македонски компании на ТУСКОН во Експо Центарот во Истанбул, Турција за 2013 година.

Марија Петроска

МОЖНОСТИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО ИСТАНБУЛ

Турската конфедерација на бизнисмени и индустријалци

(ТУСКОН) во Стопанската комора нa Македонија

четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139 13

Page 14: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОПРЕДУПРЕДУВАЊA

14 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 13914 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Согласно податоците добиени од мелничарите, како и од домашните производители, оваа година како резултат на добрите климатски услови се очекува зголемен принос на пченица. На површина од 87.000 ха засеани со пченица се очекува зголемен принос во однос на минатата година со просек од 3,5-4 тони/ха, односно род од околу 280 тони. Зголемениот принос но и квалитет на лебното жито оваа година се очекува да донесе и пониска откупна цена, – ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (3.6.2013 година). За состојбите во мелничко-пекарската индустрија пред новинарите зборуваше Васко Ристовски, виш советник во Комората.

Состојба со производството на пченица од родот 2012 година, планирани и насеани површини во 2013 година

Производство на пченица од родот 2012 година

Жетвена површина во ха Ожнеана површина во ха Остварено производство во тони

Остварен просечен принос во кг/ха

Вкупно Земјод. претпр

Индив. земј.

произ.Вкупно Земјод.

претпр.

Индив. земј.

произ.Вкупно Земјод.

претпр.

Индив. земј.

произ.Вкупно Земјод.

претпр.

Индив. земј.

произ.93.613 21.107 72.506 92.223 20.721 71.502 236.467 62.242 174.225 2.564 3.004 2.437

Групација на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската

комора на МакедонијаСРПСКОТО БРАШНО ЌЕ ГО

ДЕСТАБИЛИЗИРА ДОМАШНИОТ ПАЗАР

Page 15: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

Површини насеани со пченица во 2013 година

Планирана површина во ха Засеана површина во хаВкупно Земјод. претпр Индив. земј. произ. Вкупно Земјод. претпр. Индив. земј. произ.90.559 18.690 71.867 87.218 18.603 68.615

Од страна на мелничко-пекарските претпријатија, годишно се откупуваат од 35% до 45% (во просек 40%) од вкупното производство на домашна пченица. Податоците од МЗШВ кажуваат дека во моментот има 42 мелници кои вработуваат преку 1994 вработени, додека бројот на регистрирани увозници на пченица и брашно изнесува 96.

Увоз на пченица вкупно за 12-те месеци во 2012 година споредбено за истиот период 2008-2011 година

Година Количина во тони Вредност во евра Просечна увозна цена €/тон2012 118,400,000 28,700,000 2422011 78.114.000 18.447.000 236

Увоз на брашно вкупно за 12-те месеци во 2012 година споредбено за истиот период во 2008-2011 година

Година Количина во тони Вредност во евра Просечна увозна цена €/тон2012 43,900 12,872,278 2992011 30,190 9,923,000 331

Мелничко пекарската индустрија ги подготви своите силоси за откуп по берзанска цена која, како земја-членка на ЦЕФТА, во регионот ја диктира Новосадската берза. Од овогодинешното очекувано производство од близу 280.000 тони се очекува да се откупат како и секоја година приближно 100.000 тони пченица. Од минатата година залихата од 30.000 тони се префрли во оваа економска година што значи, оваа година се очекува увоз на 150.000 тони пченица за потребите на државата. Минатата недела Групацијата на МПИ при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница со цел да се разгледаат состојбите пред овогодинешната жетва. Претставниците на МПИ бараат:

1. Од страна на МЗШВ и Владата на РМ да не се воведува Мерката за заштита на пазарот со пченица и брашно, со врзување на дозволените количини на увоз на брашно со откуп на количини меркантилна пченица произведени во Република Македонија, туку пазарот на пченица и брашно да биде слободен во текот на целата година. Доколку надлежните органи имаат намера истата да ја воведат и оваа година, во тој случај најитно да се воведе мерката во делот на брашното и тоа во однос 5:1. Евентуално опфаќање со мерката и на пченицата, согласно барањето на мелничарите, да биде во однос 2:1 и истата да започне да се применува со почетокот на жетвата. Исто така, компаниите сметаат дека е потребно точно одредување на периодот на траење на мерка, односно до март наредната година.

2. Во однос на субвенциите што ги дава Владата на РМ, мелничарите сметаат дека е во ред принципот на кој тие се доделуваат, по единица површина како и во ЕУ, но истовремено предлагаат да се врши контрола при исплата на субвенциите со цел спречување на „сивата“ економија од страна на нерегистрираните откупувачи и истата да се врзе со откупна/кантарска белешка од регистриран откупувач.

3. Времено одложување на примената на Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи додека не се одреди тип на апарат (согласно податоците доставени од Комората) кој би имал национално типско и би бил направен упис во регистарот на Бирото за метрологија.

4. Измена на цената за чување на пченица од стоковните резерви, односно, зголемување за 100% поради зголемените цени на трошоците.

15четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

ПРЕДУПРЕДУВАЊA

Page 16: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО16 четврток,25 април 2013, Бр. 133

Делегација од 15-тина македонски компании со околу 30 учесници, во организација на Стопанската комора на Македонија, во периодот од 28 до 31 мај 2013 година, го посетија 10. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил ITM TEXPO EURASIA 2013 и Саемот за технички текстил - HIGHTEX 2013. На овие саемски манифестации, кои се едни од најголемите во регионот од областа на текстилната индустрија, земаа учество голем број на водечки компании од преку 20 земји во светот (Кина, Индија, Пакистан и други земји од Блискиот Исток), а го посетија околу 100 илјади посетители. Македонските компании имаа можност да се запознаат со најновите светски текови во областа на текстилната дејност, современите технологии, опрема и алати за машинска обработка на текстилот, како и со разни машини за современа обработка на предива и трикотажа. Новите модели и современиот дизајн на сите видови на машини кои беа изложени на Саемот ITM TEXPO EURASIA 2013 се добра платформа за македонските производители да ги следат најновите трендови во текстилната индустрија, како и можност за отворање на перспективи за осовременување и збогатување на нивниот асортиман на производи. Деловните луѓе од Македонија имаа успешна посета на Саемот, остварија бројни контакти со турските и останатите излагачи, а исто така имаа и билатерални средби. Во директните контакти беше покажана желба за натамошна соработка со македонските компании и се очекува во догледно време контактите да се претворат во реални бизнис-потфати.

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ТЕКСТИЛНАТА

ИНДУСТРИЈА

Македонски компании ги посетија Меѓународниот и Саемот за технички текстил - HIGHTEX 2013 и ITM TEXPO

EURASIA 2013 во Истанбул, Република Турција

Page 17: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

По тригодишна процедура на анализи, процени и проверки од страна на експертски тимови, одобрен е пласманот на антибиотик на „Алкалоид“ на пазарите на водечките европски економии. Станува збор за антибиотикот цефадроксил, цефалоспорински антибиотик кој во Република Македонија е познат под името Алицеф, индициран за третирање на респираторни инфенкции, инфекции на кожата и меките ткива и уринарни инфекции.На крајот од минатиот месец, „Алкалоид“ АД Скопје ја доби првата дозвола за пласман на свој производ во водечките европски економии, пазарите на земјите од стара Европа: Германија, Франција и Австрија, која е прва самостојна регистрација на лек во историјата на компанијата за пазарите на овие земји. – соопштуваат од „Алкалоид“.Целиот проект, од развој на лекот до комплетирање на процедурата за авторизирање на истиот, како што се наведува, траел околу пет години, почнувајќи од анализа на пазарите, внимателен мониторинг на националните законодавни специфики на овие земји, усогласување на производот со најновите европски регулативи за фармацевтски производи, како и соодветна анализа при Агенциите за лекови. Проценката на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на овој антибиотик беше предмет на анализа на над 40 експерти од сите Агенции за лекови на земјите вклучени во процедурата при што конечната позитивна одлука беше

донесена на база на консензус на сите држави. Овој антибиотик, на пазарите Германија, Франција и Австрија ќе биде достапен од септември годинава. „Алкалоид“ е извозно ориентирана компанија која повеќе од 60 отсто од своето производство го пласира во над 30 земји во светот преку своите 16 канцеларии надвор од Република Македонија. Први на листата на приоритети покрај земјите во регионот на Југоисточна Европа, се и земјите-членки на Европската унија каде „Алкалоид“ има над 200 маркетиншки авторизации (дозволи за пласман на лекови) издадени од соодветни институции, од кои повеќе од половина се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската Унија (Процедура за меѓусебно признавање и Децентрализирана процедура). Процесот на ЕУ хармонизација во „Алкалоид“ АД Скопје е отпочнат пред повеќе од 10 години и во тој поглед, компанијата е комплетно подготвена за адаптација на веќе прифатените законски норми и правила на работење кои ги практикува на пазарите во Бугарија, Романија, Словенија, Чешка, Полска, Словачка, како и на хрватскиот пазар.Фармацевтските производи се највисоко регулирана категорија на производи во светот. Како проверен, безбеден и сигурен производител на лекови, „Алкалоид“ АД Скопје редовно ги минува контролите на реномираните мултинационални фармацевтски компании кои се наши партнери, како и инспекциите од страна на неколку европски агенции за лекови и храна, стои во соопштението од компанијата.

„Алкалоид“ АД Скопје

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Антибиотик на „Алкалоид“ првпат на пазарите во Германија, Франција и Австрија

четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

По тригодишна процедура на анализи, процени и проверки од страна на експертски тимови, одобрен е пласманот на антибиотик на „Алкалоид“ на пазарите на водечките европски економии. Станува збор за антибиотикот цефадроксил, цефалоспорински антибиотик кој во Република Македонија е познат под името Алицеф, индициран за третирање на респираторни инфенкции, инфекции на кожата и меките ткива и уринарни инфекции. На крајот од минатиот месец, „Алкалоид“ АД Скопје ја доби првата дозвола за пласман на свој производ во водечките европски економии, пазарите на земјите од стара Европа: Германија, Франција и Австрија, која е прва самостојна регистрација на лек во историјата на компанијата за пазарите на овие земји. – соопштуваат од „Алкалоид“. Целиот проект, од развој на лекот до комплетирање на процедурата за авторизирање на истиот, како што се наведува, траел околу пет години, почнувајќи од анализа на пазарите, внимателен мониторинг на националните законодавни специфики на овие земји, усогласување на производот со најновите европски регулативи за фармацевтски производи, како и соодветна анализа при Агенциите за лекови. Проценката на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на овој антибиотик беше предмет на анализа на над 40 експерти од сите Агенции за лекови на земјите вклучени во процедурата при што конечната позитивна одлука беше донесена на база на консензус на сите држави. Овој антибиотик, на пазарите Германија, Франција и Австрија ќе биде достапен од септември годинава. „Алкалоид“ е извозно ориентирана компанија која повеќе од 60 отсто од своето производство го пласира во над 30 земји во светот преку своите 16 канцеларии надвор од Република Македонија. Први на листата на приоритети покрај земјите во регионот на Југоисточна Европа, се и земјите-членки на Европската унија каде „Алкалоид“ има над 200 маркетиншки авторизации (дозволи за пласман на лекови) издадени од соодветни институции, од кои повеќе од половина се спроведени според најстрого регулираните процедури на Европската Унија (Процедура за меѓусебно признавање и Децентрализирана процедура). Процесот на ЕУ хармонизација во „Алкалоид“ АД Скопје е отпочнат пред повеќе од 10 години и во тој поглед, компанијата е комплетно подготвена за адаптација на веќе прифатените законски норми и правила на работење кои ги практикува на пазарите во Бугарија, Романија, Словенија, Чешка, Полска, Словачка, како и на хрватскиот пазар. Фармацевтските производи се највисоко регулирана категорија на производи во светот. Како проверен, безбеден и сигурен производител на лекови, „Алкалоид“ АД Скопје редовно ги минува контролите на реномираните мултинационални фармацевтски компании кои се наши партнери, како и инспекциите од страна на неколку европски агенции за лекови и храна, стои во соопштението од компанијата.

„Алкалоид“ АД Скопје

„АЛИЦЕФОТ“ ЈА ОСВОЈУВА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

ВОВЕДЕНА ИНОВАЦИЈА ВО ТЕРЕНСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

17

Page 18: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Се поголема е довербата на македонските потрошувачи во домашното млеко. Преработувачите континуирано инвестираат со цел обезбедување врвен квалитет, сериозно работат и фармерите кооперанти од кои најмногу зависи суровината, но клучен е и придонесот на надлежните институции чиј инспекциски контроли гарантираат безбедност и исправност. Како што велат во секторот, Македонија е генерално увозно зависна од млеко, со сопствено производство задоволува речиси две третини од потребите, но поголемите капацитети не чувствуваат недостиг зашто имаат коректен, партнерски однос со сточарите. - Квалитетот на суровото млеко од нашите кооперанти е врвен, кај средните фармери е одличен, а најситните во многу скоро време ќе го постигнат бараното ниво. Редовните контроли, пак, и стандардите се гаранција за

домашните потрошувачи дека македонското млеко е безбедно, нагласува Јован Дабевски, сопственик на „Здравје Радово“.Млекарницата по повод Светскиот ден на млекото - 1 јуни, ги образложи своите планови. - Дневниот влез на сурово млеко достигнува над 125.000 литри, а производството е 50 до 60 тони. Последните четири години реализираме 20 до 25 отсто извоз, главно во регионот. Тенденцијата за раст на пласманот надвор се зголемува секоја година, се зголемува и палетата на производи за извоз. Посебно сме горди што сме најголемиот македонски извозник на млечни производи со над 80 отсто од вкупниот извоз, информира Дабевски.Се размислува и за извоз во ЕУ. - Во таа насока се и инвестициите. Во погонот во Куманово вложивме многу средства и нова опрема што практично значи сертифицирање за извоз во Унијата. Планираме изведба на уште еден објект строго наменет за ЕУ. Се надеваме дека во 2015 година ќе бидеме во целост подготвени и присутни на ЕУ пазарите, посочи сопственикот на „Здравје Радово“. Според него, млекарницата секогаш го остварува, но често и го надминува планот за откуп на сурово млеко. - Во првиот квартал од годинава бележиме 30 отсто зголемување и тој тренд продолжува. Имаме се посилна доверба во кооперантите поради што и откупот се зголемува, потенцира Дабевски. „Здравје Радово“, додава, немаше никакви негативни последици од аферата со афлатоксинот. - За пофалба е Агенцијата за храна која многу рано ги спроведе ЕУ регулативите поради што и аферата со афлатоксините не заобиколи. Затоа и немаше влијание врз продажбата. Најбитна во секој случај е довербата на домашните потрошувачи кон нашите производи која уште повеќе зајакна. Довербата, воопшто, во континуитет ни овозможува постојан раст и континуирано подобрување на квалитетот. Како резултат на тоа денес имаме македонски производи со врвен квалитет препознатлив не само во земјава, туку и во регионот, вели Дабевски. Млекарницата моментно располага со четири капацитети, во Василево, Босилово, Куманово и Скопје. Брои 370 вработени, а работи по стари, традиционални рецепти со нова, современа технологија. - Секоја година вадиме нови производи, ја зголемуваме палетата. Засега имаме над 40 типа, а до крајот на летото планираме да лансираме шест нови, намази, топени сирења, путери. Најмногу вложуваме во ферментираните производи, течната програма, свежо млеко со подолг рок на траење кое е доминантно на регионалниот и европскиот пазар. Кај нас, пак, повеќе се консумира трајното млеко, но се надеваме дека постепено ќе го смените ваквиот тренд и дека ќе се зголеми потрошувачката на свежо млеко зашто тоа содржи повеќе корисни состојки, напоменува Дабевски.Компанијата паралелно работи и на два проекта за зголемување на количината на сурово кравјо и овчо млеко.

НА РЕД ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР

Млекарницата „Здравје Радово“ по повод Светскиот ден на млекото - 1 јуни ги образложи своите планови

18

Page 19: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО18 - 19 Јуни 2013 Бизнис средби

Интелигентно-одржлив град, Ница, Р. Франција

Јуни 2013 година година

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Модули на доживотно учење

Акредитирани програми од

Министерството за образование и наука на Република Македонија

Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објектГипсер – монтер

ФасадерАргон Заварувач

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Page 20: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

* По бурните периоди во европскиот банкарски сектор, се чини дека во моментов има мало затишје. Сметате ли дека Европа ја преброди кризата во финансискиот систем? Во почетокот на кризата европските регулатори преземаа секакви конвенционални и неконвенционални мерки да го спасат финансискиот систем од колапс и да ја одржат неговата функционалност. Некои банки, кои не беа значајни, дозволија да банкротираат. За банките за кои се оцени дека се системски важни според големината и изложеноста кон приватниот сектор, не се штедеа средства за тие да се одржат. Целта од сите тие мерки се постигна и стабилноста на европскиот финансиски систем е одржана. Сепак, бидејќи еден од основните принципи на европскиот пазар е слободната пазарна конкуренција и еднаквост на субјектите на пазарот, банките што примија државна помош беа вметнати во програми за задолжително намалување на обемот на работење, т.н. даоунсајзинг, за да се одржи принципот на правичност, односно за да се компензираат конкурентските банки што не користеа државна помош. Тоа е процес што во моментов се одвива кај одредени банки и можно е да предизвика намалување на големината на финансискиот сектор, бидејќи тековните економски услови не дозволуваат агресивен пораст на преостанатите банки. Истовремено, многу финансиски групации се во фаза на дезинвестирање од т.н. небанкарски дејности, така што повеќето банки се насочуваат кон традиционалното банкарско работење. Во моментов, за европскиот финансиски систем може да се каже дека е стабилизиран и функционира, но останува проблемот на рецесијата во Европската Унија, за која во 2013 година се предвидува пад на БДП за 0,4 отсто, како и еврото, кои доколку ескалираат, може да го дестабилизираат финансискиот систем.

ПРЕНЕСЕНО

КАМАТИТЕ НА СТАНБЕНИТЕ КРЕДИТИ СЕ ИСТОРИСКИ НАЈНИСКИ

Интервју на Ѓорѓи Јанчевски претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија за „Нова

Македонија“

20 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Каматите кај станбените и кај потрошувачките кредити се на историски најниско ниво од монетарното осамостојување на Македонија, а во исто време очекуваме дека цената на

станбениот простор ќе се намали, така што би се отворил поголем пазарен простор

Page 21: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

* Македонскиот финансиски сектор остана имун на кризата. Сепак, матичните куќи на две големи банки во земјава (НЛБ Тутунска банка и Стопанска банка) имаат сериозни проблеми. Можно ли е тоа да се одрази врз работата на банките во Македонија? Македонскиот сектор остана стабилен, бидејќи егзистира во една микросредина и беше премал да учествува на меѓународните финансиски пазари, од каде што дојде иницијалниот удар. Но на стабилноста секако ќе влијаат состојбите на нашата економија и на поширокото окружување. Македонскиот банкарски сектор е поставен на здрави основи. Регулативата по која работиме многумина ја сметаат за поконзервативна и од европската, што, пак, можеби и е оправдано, бидејќи механизмите за одбрана на македонската економија од екстерни шокови се скудни. Мислам на слабата развиеност на приватниот сектор, малото учество на извозот во бруто-домашниот производ, високата невработеност и генерално малиот пазар, што земјата ја прави поранлива на надворешни промени. Во земји од размер како Република Македонија, домашната валута се брани со фиксирање на девизниот курс за цврста валута, за што е потребно во секој момент да располагате со значителен износ девизни резерви и да имате монетарна политика, која ќе биде во функција на истата таа стабилност на денарот. А банките, преку своето работење, се еден од столбовите на стабилноста на денарот и на макроекономската стабилност. Според македонската регулатива, банките што се основани во Република Македонија работат на македонскиот пазар, односно собираат депозити на домашниот пазар и истите тие средства ги пласираат во Република Македонија, во најголем дел како кредити за компаниите и за населението и во хартии од вредност на државата и на Народната банка на Република Македонија. Оваа регулатива ќе остане во сила се’ до влезот на Република Македонија во Европската Унија, кога целосно ќе се либерализира протокот на капитал со пазарите на европските земји-членки. Засега, во регулативата постои можност банките да чуваат дел од средствата кај матичните банки, но тој износ е ограничен на 10 отсто од гарантниот капитал на банките, што на ниво на банкарски сектор е незначително. Без оглед на оваа можност, најголемиот број банки од Република Македонија не чуваат средства во странство, бидејќи приносот на тие депозити во странство во последнава година и пол е минимален, кај некои банки дури се нудат негативни камати, така што на секоја од нашите банки и е многу поисплатливо да ги пласира парите во кредити или во хартии од вредност на пазарот во Република Македонија, и тоа во денари.

БАНКИТЕ ТРПАТ РИЗИК ОД ДЕЗИНФОРМАЦИИ Што се однесува до банките што се во доминантна сопственост на странски финансиски групации, меѓу кои како најголеми се НЛБ Тутунска банка и Стопанска банка Скопје, во последниве две години тие трпат репутациски ризик, односно се изложени на информации што доаѓаат од странство, а кај нас се интерпретираат погрешно, пред се’ поради незапознаеноста на јавноста со македонската банкарска регулатива. Јас тврдам, како претседател на Здружението на банкарството, дека и двете банки се стабилни, ликвидни и мошне успешни, што го покажаа со импресивниот пораст и развој во изминатите дванаесет години, а тоа секако го потврдува и Народната банка на Република Македонија, која во повеќе наврати реагираше на погрешното интерпретирање на информациите во јавноста. Во Република Македонија од вкупно 17 банки, 12 се во доминантна странска сопственост. Припадноста кон меѓународни финансиски групации ни донесе многу новитети во работењето со клиентите, во информатичката технологија за банки, во поставувањето стандарден квалитет на услуга и во поставувањето добри внатрешни системи за управување со банките и заштита од ризиците во работењето, односно го издигна банкарскиот сектор на едно поразвиено ниво. Тоа очекувам да се случува и во наредниот период и не гледам никакви директни негативни импликации од случувањата кај матичните банки врз работењето на банките во Република Македонија.

* Домашните банки во изминатиов период се претпазливи кога се во прашање кредитите за корпоративниот сектор. Очекувате ли годинава да има забрзување на кредитниот пораст? Воздржаноста беше нормална реакција на негативните трендови во реалниот сектор во Република Македонија во изминатите три години. Кога една компанија користи кредити, а која поради различни причини не успева да ги исполни обврските за нивна редовна отплата, нормално е дека не може да и’ одобрите нови кредити, ниту, пак, регулативата го дозволува тоа. Тоа што ние го направивме во изминативе две години, како одговор на кризата, е репрограмирање на кредитите на подолг рок или реструктурирање таму каде што беше оценето дека влошувањето на работењето на компанијата е поради променетите пазарни услови. Кај многу компании се обидовме да помогнеме со наоѓање партнери за соработка со овие компании, за да се извлечат од кризата. Генерално гледано, банките солидно се справија со ударот на кризата, иако ризикот се’ уште постои, за што говори и порастот на салдото на нефункционалните пласмани за околу 13 отсто од почетокот на годинава. Сепак, средства за кредити има и верувам дека доколку индустријата продолжи и понатаму да расте како во последниве три месеци, се отвора нова можност банките да го зголемат кредитниот пораст на корпоративниот сектор, бидејќи очекуваме да добиеме барања за финансирање инвестициски проекти за разлика од претходните три години, кога барањата главно беа за кредити за премостување на ликвидносните проблеми на компаниите.

ПРЕНЕСЕНО

21четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Page 22: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

* Сметате ли дека одлуката на НБМ да се забрза продажбата на хипотекарен имот ќе влијае врз пазарот на недвижности во земјава? Одлуката на НБМ, пред се’, се однесува на пореално искажување на билансите на банките и нивната профитабилност. Според старата регулатива, при преземањето овој имот ја имаше вредноста како во времето кога е одобрен пласманот, што е нереално кај некои видови имоти. Новата регулатива бара банките секоја година да прават пресметковно намалување на вредноста на преземениот имотот според реални пазарни процени, но не помалку од 20 отсто годишно, што значи дека по истекот на пет последователни години, доколку не го продале имотот, банките ќе направат негово 100 отсто оштетување, односно ќе искажат трошок за истиот во билансот на успех. Мислам дека се работи за добра одлука на НБМ, која ќе придонесе билансите на банките да се пореални и да не се креираат добивки од стекнат имот. Не би рекол дека новата одлука ќе ја забрза продажбата на хипотекарниот имот, бидејќи и досега банките редовно објавуваа огласи за продажба на преземениот имот, а постапките за продажба течеа редовно. Проблем настана со започнувањето на кризата во реалниот сектор во Република Македонија пред три години и долготрајната неизвесност за излез, поради што многу инвеститори се воздржани за влез во нови инвестиции. На тоа укажува и фактот што индивидуалните станови се’ уште добро се продаваат, додека потешко оди продажбата на деловен имот, опрема и на цели компании или фабрики. Очекувам дека со подобрување на економската состојба и со почнување на позитивниот тренд во стопанството, ќе има поголем број интересенти, бидејќи хипотекарните имоти што ги продаваат банките се доста атрактивни и со голема вредност, зашто банките во залог земаат квалитетни обезбедувања.

ОЧЕКУВАМЕ ПАД НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ

* Некои банки во земјава почнаа со намалување на каматите на потрошувачките и на станбените кредити. Дали може да очекуваме понатамошен пад на каматите? Од почетокот на годината најголем дел од банките направија намалување на каматите на кредитите за населението, што беше очекувано со оглед на зголемената конкуренција и падот на каматите на депозитите во изминатите две години. Очекувам дека во следните месеци ќе има поголема кредитна активност во овој сегмент, бидејќи каматите кај станбените и кај потрошувачките кредити се на историски најниско ниво од монетарното осамостојување на Република Македонија, а во исто време очекуваме дека цената на станбениот простор во Република Македонија ќе се намали, така што би се отворил поголем пазарен простор.

ПРЕНЕСЕНО

22 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ВРВНИ ЕВРОПСКИ БАНКАРИ

На 7 јуни 2013 година (петок) во Скопје, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија е домаќин на 36-от работен состанок на земјите-придружни членки на Европската банкарска федерација (ЕБФ). На состанокот, на кој ќе присуствуваат 20 високи претставници од банкарски здруженија од 15 земји-членки на ЕБФ, предводени од извршниот директор на Европската банкарска федерација, Гвидо Равоет, ќе бидат разгледувани новините од воведувањето единствен супервизорски механизам, последните промени во европската регулатива, која се однесува на финансиските услуги, различни теми за иднината на банкарството и неговата улога во порастот на економиите.

Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија е домаќин на 36-от состанок на Европската банкарска федерација. Тоа стана дел од семејството на ЕБФ на 1 јули 2011 година. Кои се придобивките од членството на Здружението на банкарство и банките од РМ, кои сите се членки на тоа здружение, со зачленувањето во оваа европска федерација?

Да, оваа година нам ни припадна честа да го организираме 36-от состанок на Европската банкарска федерација, каде што сме асоцијативна членка од 1 јули 2011 година. За помали економии, како Република Македонија, членството во вакви меѓународни федерации има големо значење, пред се’ како можност за промоција на земјата и рамноправно учество во светските настани и случувања. Во Европската банкарска федерација членуваат здруженија на банките од 31 земја, или вкупно 4.500 банки со 2,5 милиони вработени. Со зачленувањето, ние започнавме меѓународно поврзување и размена на искуства со овие банки, што треба да го зголеми институционалниот капацитет на нашиот банкарски сектор. Главната мисија на Европската банкарска федерација е да биде главен форум каде што се разменуваат најдобрите пракси, се разменуваат мислења по предлог- законските промени и се гради единствен став на банкарската фела по прашања што го засегаат работењето на банките, но и кон дефинирањето на релевантните политики. Европската банкарска федерација ги претставува, брани и ги промовира интересите на нејзините членки, го промовира развојот на индустријата, обезбедува значајни информации и професионални услуги за асоцијативните членки и им помага на новите членки при нивното пристапување кон Европската Унија или кон монетарната унија.

BE FEuropean Banking Federation

The Voice of European BanksBBB

Page 23: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

1. Банкарскиот сектор во Европа доживеа силни потреси во изминативе неколку години. Како ја оценувате моменталната состојба на финансиските институции во ЕУ?

Европската банкарска федерација ги претставува интересите на банкарскиот сектор основана во 31 европска земја. Како такви, ние се обидуваме да ги пренесеме гледиштата на финансискиот услужен сектор до европските и светските креатори на политики и регулатори. Целта е да бидете сигурни дека гласот на банките се слуша кога станува збор за нови регулаторни иницијативи, кои ги имаше доволно во текот на овие 5 години. Ние сме биле погодени од она што го нарекуваме „регулаторно цунами“, она кое го револуционизира целиот финансиски услужен сектор, не само во Европа. По кризата, беше навистина потребно да се преиспитаат структурите и особено основата на целокупното банкарство. Креаторите на политики, почнувајќи од земјите на Г-20, одлучија да донесат голем број мерки со цел да се избегнат идните кризи. Регулаторите на Европската унија се надоврзаа во осмислувањето на европските закони и нивно прилагодување кон глобалните препораки на европскиот пазар. Многу од нив се спроведени, особено во поглед на капиталните барања, надзор, наградување. Уште неколку се` уште се во процес на имплементација, главно на европско ниво, но во некои случаи, исто така, на национално ниво, како што се одредени даноци за финансиски трансакции и дополнителни капитални барања кои одат подалеку од европските. Банките затоа се соочуваат со многу тешки времиња, општо земено. Конкуренцијата е посилна од кога и да било, а банките треба да го задржат своето место на пазарот, ако тие бидат профитабилни. Ние работиме во пазарна економија, а банките се комерцијални операции. Во исто време, тие треба да си ја играат својата клучна улога, а тоа е дека ги финансираат економијата, бизнисите и домаќинствата. Ова значи дека правилна рамнотежа мора да биде воспоставена меѓу регулаторните мерки и способноста да се финансираат иницијативи. Ние веруваме дека засега, треба да се направи јасна проценка на сите мерки кои веќе се усвоени, за да се обезбеди соодветна рамнотежа. Ако одиме предалеку прерано, тоа ќе биде многу тешко да се премости.

2. Дел од банките во Грција имаат сериозни проблеми во наоѓање пари за покривање на наталожените загуби и за докапитализација. Постои ли можност да дојде до национализација на дел од големите грчки банки?

Од мај 2010 година, Грција поминува низ многу тешко реструктуирање и програма за реформи. Ова го погоди економскиот раст на Грција, што неизбежно влијае на состојбата на грчките банки. Да се потсетиме дека грчките банки беа во добра форма во времето кога кризата ја погоди земјата. Нивната позиција е потресена од голем број на фактори, вклучувајќи го падот на кредитниот рејтинг на земјата и влошувањето на економската ситуација, со именување само на неколку. Сепак, ситуацијата постепено се подобрува, и Грција е на патот на попозитивна состојба на среден рок. Верувам дека комерцијалните банки во Грција ќе направат се` за да се зголеми приватниот капитал, за да се избегне интервенција од страна на Владата.

ПРЕНЕСЕНО

23четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

БАНКИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ТЕШКИ ВРЕМИЊА

Интервју на Гвидо Равоет, извршен директор на Европската

банкарска федерација за „Нова Македонија“

BE FEuropean Banking Federation

The Voice of European BanksBBB

Page 24: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

3. Оданочувањето на штедните влогови во Кипар беше доживеано како своевиден преседан. Какви последици може да имаат ваквите одлуки во однос на довербата на штедачите во финансискиот систем во ЕУ?

Додека мислевме дека е позитивно тоа што носителите на одлуки во ЕУ може да дојдат до заедничка одлука за помош на Кипар, ние бевме многу загрижени дека постигнатиот договор за кипарскиот депозитен данок првично вклучуваше заштеди покриени до прагот од 100.000 евра од Шемата за гарантирани депозити. Ние стравувавме дека оваа одлука ќе ги повреди малите депоненти и, најверојатно ќе генерира еден вид на несигурност, што на нашата економија не и` е потребна во сегашните услови. Ние затоа ја поздравивме промената на пристапот за износите над овој праг. Сепак, мора да се истакне дека дури и прагот од 100.000 евра генерира ненамерни последици за кипарската економија во нејзиното секојдневно функционирање, и таквите одлуки не може да се преземаат лесно.

4. Како ја оценувате состојбата на банкарскиот сектор во Македонија? Сметате ли дека е можен влез на нови европски банкарски брендови во земјава?

Република Македонија е млада земја со мала економија, со популација од нешто повеќе од 2 милиона за БДП од околу 7 милијарди евра. Нејзиниот банкарски сектор е претежно во странска сопственост и се` уште е во процес на продлабочување на својата пенетрација на локалниот пазар. Банкарството и економијата одат рака под рака: никој не може и не постои без другиот. Ова е причина зошто е важно за македонските власти да обезбедат стабилна макро-економска и монетарна средина за финансиските, како и за нефинансиските институции за да работат. Тогаш тоа е до банките, да ја преземат својата улога во давање поддршка за економски раст. Република Македонија е исто така млада демократија, и затоа јас не гледам причина нови конкуренти да не влезат на пазарот, треба само да се има добра бизнис-прилика за тоа.

5. Какви промени наметнува евроинтегративниот процес на земјава во македонскиот банкарски систем? Процесот на интеграција во ЕУ вклучува транспонирање на acquis com-munautaire на ЕУ, односно постојната европска регулатива во националното законодавство. Тоа е тело на ЕУ за закони, така што секоја земја-членка на ЕУ мора да ги прифати како би имала законско ниво на пазарот со другите земји-членки на ЕУ. Познато е дека банкарството и финасиите се едни од најпознатите строго регулирани индустрии. Количината на ЕУ легислативата во финансиските услуги е во константен пораст во текот на изминатите неколку години, со цел да се подобри стабилноста и отпорноста на ЕУ-банките. На Република Македонија ќе и` треба постепено воведување на acquis во нејзините финансиски услуги. Ова ќе придонесе за поголема правна сигурност, а со тоа ќе се привлечат повеќе инвеститори, кои за возврат ќе придонесат за економски раст на економијата на вашата земја. 6. Дали со зачленувањето во ЕУ може да очекуваме намалување на каматите на кредитите во Македонија? Навистина, како резултат на економските перформанси на вашата земја, и благодарение на Програмата за конвергенција на Европската централна банка, наречена Механизам за девизен курс, што овозможува соработка во однос на политиката за девизен курс меѓу Евросистем и земјите-членки на ЕУ чија валута не е еврото, ќе почнат да се конвергираат краткорочни каматни стапки кон нивото на ЕУ. Долгорочните каматни стапки постепено ќе се конвергираат до 10 години во Владата на Германија, но поради кризата, веројатно ќе останат 100-200 базични поени погоре. 7. Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија е домаќин на 36-тиот состанок на Европската банкарска федерација. Тоа стана дел од семејството на ЕБФ на 1 јули 2011 година. Кои се бенфитите од членството на Здружението на банкарството и банките од РМ, кои сите се членки на тоа здружение со зачленувањето во оваа европска федерација? Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија има корист на повеќе начини со станување придружна членка на ЕБФ.

- Отворен форум, платформа за вмрежување со банкарските здруженија на сите земји-членки на ЕУ и земјите на ЦЕФТА како и придружните членки на ЕБФ. Форумот и се одвива лице в лице (годишни состаноци) и преку електронски средства.

- Редовно ажурирање на случувањата во ЕУ-легислативата за финансиските услуги.- Можност за учество (како набљудувач) во ЕБФ-комитетите. - Пристап до највисокото ниво на креаторите на политики и трустот на мозоци на ниво на ЕУ, итн.

Зависи од индивидуалните членови и придружните членови како ќе одлучат да имаат влијание во ЕБФ и да направат најмногу за истото. Искрено, колку што е поактивен придружниот член, толку побрзо јазот во законодавството на финансискиот сектор ќе се затвори, инфраструктурата во рамките на банкарскиот сектор може да се донесе на ниво на ЕУ и полесно ќе биде за земјата да ги исполни ЕУ acquis во финансиските услуги. Десетте нови земји-членки на ЕУ, а сега и Хрватска, се адекватен пример за ова.

ПРЕНЕСЕНО

24 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Page 25: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

11.06.2013 година (вторник)9:00 – 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

ПРОГРАМА:• национална правна рамка за вработувањето и работата на странци;• меѓународна правна рамка;• Закон за вработување и работа на странци; • ограничување на бројот на странци на пазарот на трудот;• работни дозволи;• постапка за издавање на работни дозволи на барање на работодавач и на корисник на услуги;• прекугранично давање услуги од странски компании преку преместени работници;• назначување на работници;• преместување на лица во рамките на трговските друштва;• обука и напредна обука за странци;• сезонска работа на странци;• договорни услуги од странци;• надзор;• надоместоци за такси и посебни трошоци;• евиденција за работни дозволи;• осврт врз Правилникот за постапките за издавање на работни дозволи и формата и содржината на посебните видови работни дозволи;• Правилник за постапката за регистрација и завршување на работата која ја вршат странци;• состојби и искуства од спроведувањето на прописите за вработување и работа со странци на АВРМ.

Предавач: Стојан Трајанов, дипломиран правник со повеќегодишно работно искуство во областа на трудовото законодавтсво. Работел на повеќе проекти во врска со легислативата, законски и други проекти поврзани со имплементација на истата.

Гости-Предавачи: - Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на Република Македонија - Наташа Костадиновска

Пријавување до 7 јуни 2013.

Контакт :

Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Page 26: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Стопанската комора на Македонија согласно овластувањето – Решение од Министерството за животна средина и просторно планирање да врши обуки за полагање на стручен испит за управување и /или постапување со отпад организира обука за изготвување на Програма за управување со отпад наменета за стручни лица кои имаат положено испит за Управител со отпад.

Кои компании се задолжени да изготват Програма за управување со отпад? Согласно членот 21 од Законот за управување со отпад правните и физичките лица кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да изготват и да ја реализираат Програмата за управување со отпад за период од 3 години.

Што треба да опфати Програмата за управување со отпад? • постојно ниво на создавање отпад, по видови, количини и извори на создавање и предвидување на видот и количеството отпад што се

создава во наредната година;• постојни и планирани технички, организациони и други мерки за избегнување и за намалување на создавањето на отпад и намалување

на штетноста од отпадот;• податоци за постојни и планирани организационо-

технички капацитети на правните и физички лица;• постојни и планирани технички, организациони и

други мерки (вклучувајќи и инвестициски зафати) за постапување со отпадот (селектирање, третман, преработка, искористување на енергијата, складирање и отстранување);

• рокови за реализација на одделни барања од планост за управување со отпад и рокови за реализација на одделни фази од планот;

• временска рамка за спроведување на стандардите кои се однесуваат на составот и изработката на одделни производи и пакувања и нивна соодветност за повторна употреба или преработка вклучително и рециклирањето;

• мерки за заштита од штетното влијание на отпадот по животната средина, животот и здравјето на луѓето;

• воведување на меѓународни системи за заштита на животната средина (ISO 14001 и други);

• планирани активности за едукација и за обука на кадарот што управува со отпадот; и• други мерки што се од значење за реализација на програмата за управување со отпадот.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 5 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени сите сегменти кои треба да бидат опфатени во Програмата за управување со отпад, практичните искуства при изготвување на истата, проблеми со кои најчесто се соочува изготвувачот и насоки за полесно изготвување и спроведување.

Кој ја спроведува обуката? Стопанска комора е овластено правно лице за спроведување на обуката. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна 7 јуни 2013 год. Времетраење на обуката: 5 часа. Предавач: Фана Христовска, консултант/експерт од областа на животна средина.

Контакт :

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Обука

“ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД”

11 јуни 2013 год., 10:00-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 27: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Поради големиот интерес пројавен од страна на бизнис-заедницата, а имајќи го предвид значењeто и важноста при вршењето на инспекцискиот надзор во областа на трговијата од страна на Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора на Македонија, на 12.6.2013 година (среда), со почеток во 10:00 часот, во сала 1 на V кат ќе организира еднодневен семинар на тема: Права и обврски на потрушувачите и трговците според Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија што го спроведува Државниот пазарен инспекторат. Целта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни со: правата и должностите кои ги имаат тргoвците според Законот кои го спроведува Државниот пазарен инспекторат и тоа во делот на правилно пишување на декларациите, форимирање на цени, како и намалување на цени во време на попусти и нивно правилно означување, обврски на трговецот кон потрошувачот при рекламација на производот пред и по истекот на гарантниот лист и заштита на правните лица од нечесно пазарно однесување. Учесниците на советувањето ќе имаат можности да ги продлабочат своите знаења и да ги споделат искуствата поврзани со најзначајни прашања кои ќе бидат третирани на советувањето и пред се` практични искуства во примена на работењето на државните пазарни испектори.

Целна група: трговците, увозниците, потрошувачите и други заинтересирани правни и физички лица во областа на трговијата. П Р О Г Р А М А:

1. Закон за заштита на потрошувачите: должности на трговецот; рекламирање на производи и услуги; измамничко пазарно однесување; надзор; прекршочни одредби.2. Закон за трговија: вршење на трговија; формирање на цени; формирање на попусти и нивно правилно означување; услови и начин за вршење на трговија; други аспекти при вршење на трговијата; надзор; прекршочни одредби.

Предавач: Соња Солевска, дипломиран правник, државен пазарен инспектор во Министерството за економија - Сектор за инспекциски надзор, Одделение за инспекциски надзор – Скопје. Работно искуство 20 години како државен пазарен инспектор.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 7 јуни 2013 година

Контакт :

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Семинар

“ПРАВА И ОБВРСКИ НА ТРГОВЦИТЕ И ПОТРОШУВАЧИТЕ И СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА

ШТО ГО СПРОВЕДУВА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ “12.6.2013 година, 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на3 кат

Page 28: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

На 13.6.2013 година, во Стопанската комора на Македонија се организира еднодневен семинар на тема: “Начин на обезбедување потреба од работници на определено време; обезбедување сезонски работници; договор за вработување; вработување на работник кај повеќе работодавачи; постапка за промена на работодавач; надоместок на штета; најчести повреди на Законот за работни односи врз основа на податоци од извршени инспекциски надзори”. Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА: - Начин на обезбедување на потреба од работници на неопределено време - начин на обезбедување на сезонски работници; -договор за вработување; -годишен одмор: стекнување, искористување, права при неискористување на годишен одмор; - вработување работник кај повеќе работодавачи; - постапка за промена на работодавач; -надоместок на штета; - мирно решавање на работни спорови;

- колективни договор: поим, видови, правно дејство; - најчести повреди на Законот за работни односи врз основа на податоци од извршени инспекциски надзори.

Предавач: Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика. Пријавбување до 11.6.2013 година. Контакт

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Програма:• Причини за донесување на Законот за преземање на акционерските друштва и поле на негова примена• Понуда за преземање и конкурентска понуда• Постапка за преземање• Улогата на органите на управување во постапката за преземање на акционерските друштва• Овластувања на Комисијата за хартии од вредност, Централниот Депозитар за хартии од вредност, Комисијата за заштита од конкуренцијата и Македонската берза во постапката за преземање• Практични аспекти на постапката за преземање на акционерските друштва од призмата на овластените правни лица (брокерски куќи и банки)

Предавачи: • Оливера Гроздановска, Партнер/Адвокат• Весна Гаврилоска, Партнер/Адвокат• Владимир Боцевски, адвокат• Маја Јакимовска, адвокат• Елена Димова, адвокат,• Претставник од овластено правно лице – брокерска куќа Пријавување до 18 Јуни 2013 година.

Контакт

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

[email protected]

Семинар

РАБОТНИЦИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ“Начин на обезбедување потреба од работници на определено време; обезбедување сезонски работници; договор за

вработување; вработување на работник кај повеќе работодавачи; постапка за промена на работодавач;надоместок на штета; најчести повреди на односи врз основа на податоци од извршени инспекциски Законот за работни надзори од

страна на трудов испектор” 13.06.2013 година, 9:30-15:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 спрат

Семинар

“НОВ ЗАКОН ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКЦИОНЕРСКИТЕ ДРУШТВА”

20 јуни 2013 година (четврток), 09:30-15:00 часот , Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 29: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Семинар

РАБОТНИ ОДНОСИ

,,Кршење на работен ред и дисциплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување, постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки, Можност за

извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување, Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник “

27.06.2013 година, 09:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ПРОГРАМА:

- Кршење на работен ред и дициплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување - Постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки - Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување - Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник

Предавачи: Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II-Скопје

Контакт :

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Page 30: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30

На 18 и 19 јуни 2013 година во Ница, Франција

ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ ГРАД Б2Б бизнис-средби

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на Меѓународните Б2Б средби – Паметен и одржлив град, што ќе се одржат од 18-19 јуни 2013 година во Ница, Франција, во рамките на Конгресот за иновативен град. Вториот Конгрес за иновативен град ќе се фокусира на трансформацијата на градовите, за да станат паметни и одржливи, преку урбана интеграција на технологиите и услугите. Целта на овој настан и на Б2Б средбите е да ги собере заедно на едно место приватните и јавните играчи, во насока да создадат нови услуги и нови нови технички и комуникативни решенија. Учесници: технолошки и производствени провајдери, инвеститори, промотори, архитекти, равојни агенции, институции за планирање и урбанизам, јавни услужни служби, општински асоцијации, јавни и мешани стопански компании, кластери и федерации, организации за истражување и развој, академии, технички центри... Овие технички и комуникациски сектори вклучуваат: - телекомуникации и информатичка технологија; - енергетска ефикасност и управување; - животна средина (вода и ѓубре); - транспорт и мобилност; - здравство; - изградба и реновирање на згради; - сигурност и безбедност.

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно.

Контакт: Лазо Ангелевски Софче Јовановска Тел: (02) 3244090 Тел: (02) 3244060 [email protected] [email protected]

четврток,25 април 2013, Бр. 133

Page 31: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОчетврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139 31

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

ПОВИК

Page 32: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ДОКОЛКУ

ПОСАКУВАТЕ ДА ГИ ИЗЛОЖИТЕ

ВАШИТЕ ПРОИЗВОДИ ИЛИ

ДА ПОСЕТЕТЕ САЕМ ВО СВЕТОТ,

ЈАВЕТЕ СЕ!

СО

КОНТАКТИСтопанска комора на МакедонијаExcellent SME Македонија„Димитрие Чуповски“ 131000 Скопје

Т: (02) 15015Ф: (02) 3244071E: [email protected]: excellent-sme.mchamber.mk

Што претставува сертификатот Excellent SME?

Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата.

Page 33: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ДОКОЛКУ

ПОСАКУВАТЕ ДА ГИ ИЗЛОЖИТЕ

ВАШИТЕ ПРОИЗВОДИ ИЛИ

ДА ПОСЕТЕТЕ САЕМ ВО СВЕТОТ,

ЈАВЕТЕ СЕ!

СО

КОНТАКТИСтопанска комора на МакедонијаExcellent SME Македонија„Димитрие Чуповски“ 131000 Скопје

Т: (02) 15015Ф: (02) 3244071E: [email protected]: excellent-sme.mchamber.mk

Што претставува сертификатот Excellent SME?

Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата.

Компанија од Србија бара пласман на машини за производство на челични влакна во Република Македонија.Валидност дo: 22.7.2013 година

Компанија од Србија бара дистрибутер на брусилки за внатрешно и надворешно кружно брусење во Република Македонија.Валидност дo: 22.8.2013 година

Компанија од Пакистан заинтереирана е да соработува со текстилни фабрики во Република Македонија за набавка на користени машини за шиење со следниве технички детали.Brand: Sulzer Projectile Looms.Model: TW11, PU or P7100Width 280cm, 330cm, 360cm, 390cmSingle Color Cam or 4 Color Dobby Brand: Sulzer Rapier Looms

Model: F2001 or G6100Width: 190cmMechanical or Electronic DobbyВалидност дo: 22.8.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер за пласман на производи од информатичка и комуникациска технологија во Република Македонија.Валидност дo: 22.8.2013 година

Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на работна облека кои би произведувале по нарачка или пак имат свој производ, кој би ги задоволил нивните критериуми и би ги откупувале од нив и за да ги пласира на својот пазар.Валидност дo: 23.9.2013 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република

Македонија за пласман на експлозивни производи кои се користат во рудници, каменоломи како и за јавни работи (тунели, национални патишта, за уривање на објекти и подводно уривање).Валидност дo: 23.8.2013 годинаКомпанија од Турција бара дистрибутер за пласман на пени и силиконски лепила во Република Македонија.Валидност дo: 23.7.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на декоративни панели за изработка на влезни врати.Валидност дo: 27.8.2013 година

Компанија од Хрватска бара соработка со компании во Република Македонија во областа

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

33четврток, 6 Јуни 2013, Бр. 139

Page 34: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФО

на производство на обновливи извори на енергија.

Валидност дo: 27.8.2013 годинаРеномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. Нов Белград 11 и е евидентиран во имотен лист број 3251 со вкупна земјишна површина од 20.964 м2 и 13.849 м2, изградена површина. Зградите се користени за складирање и обработка на тутун повеќе десетици години, а земјиштето е лоцирано во урбанизирана околина. Имотот е поврзан со главниот влез со пат до главниот булевар во градот. Околу имотот нема други индустриски објекти. Сите згради имаат потребна инфраструктура, вода, канализација и се поврзани меѓусебно со асфалтни патишта. Постои делумна инсталација за хидрантски систем за ПП заштита со подземен резервоар за вода, со зафатнина од 60м3. Сите објекти имаат три силни аргументи

за инвестирање во нив:-имотот е во урбанизираниот дел на Кавадарци;-поголем број на објекти (1,2,3,4), со вкупно околу 10.000 м2, може да бидат преуредени во станбен или деловен простор;-близина до главниот автопат E75 (15км).Валидност дo: 26.6.2013 година

Компанија од Хрватска бара соработка со компании во Република Македонија во областа на производство на обновливи извори на енергија.Валидност дo: 27.8.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на памучни, полиестерски и друг вид ткаенини.Валидност дo: 27.8.2013 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи.Валидност дo: 27.8.2013 година

Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електрични мотори, трансформатори и генератори.Валидност дo: 27.8.2013 година

Компанија од Република Македонија издава канцелариски и магацински простор во кругот на МЗТ, со вкупна квадратура од 1500м2. Посебно погоден за текстилна и метална индустрија. Локацијата е централна, близу до самиот главен влез што овозможува лесен пристап и движење.Валидност дo: 28.12.2013 година

Чешка компанија на недвижности е еден од водечките и најбрзорастечки компании за недвижнини во Централна и Источна Европа. Компанијата е продолжена рака на Avestus Капитал Партнерс, силен меѓународоден инвеститор за недвижности со седиште во Ирска, сопственик и управување со средства во вредност од над 8 милијарди евра. Avestus недвижнини делува како водач и советник во структурирање, финансирање, развој и управување на разновидно портфолио на актива. Компанијата има завршено бројни проекти во Централна и Источна Европа и во моментов е во развој, управување или лизинг на недвижен имот со вкупна површина од над 2.200.000 м2.Валидност дo: 28.8.2013 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на преси за балирање на метални отпадоци, преси за хартија, картон и пластика во различни големини.Валидност дo: 28.8.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за печатење: еднобојни тампон машини; двобојни тампон машини и тробојни тампон машини.Валидност дo: 28.9.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

34

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

четврток,25 април 2013, Бр. 133

Page 35: Бизнис ИНФО број 139 од 6 Јуни 2013

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642