Екологија [година 16 | број 125]

7
Година 16 | бр.125 Тема на бројот: Електронски отпад Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад Волонтерите започнаа со волонтирање во Зоо Скопје Тест: Колку имаш познавања за електронскиот отпад?

Upload: bidi-zelen

Post on 30-Mar-2016

259 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Скратена верзија од списанието „Екологија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списание го имаат членовите на Биди Зелен Клубовите. Доколку и вие сакате да го имате списанието и да бидете дел од зелената мрежа, контактирајте не на [email protected]

TRANSCRIPT

Page 1: Екологија [година 16 | број 125]

Година 16 | бр.125

Тема на бројот: Електронски отпад

Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад

Волонтерите започнаа со волонтирање во Зоо Скопје

Тест: Колку имаш познавања за електронскиот отпад?

Page 2: Екологија [година 16 | број 125]

Ја гледате скратена верзија од списанието „Екологија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списание го имаат членовите на Биди Зелен Клубовите. Доколку и вие сакате да го имате списанието и да бидете дел од зелената мрежа, контактирајте

не на [email protected]

Година 16 | бр.124

Импресум:Здружемие на граѓани за заштита на животната средина и одржлив развој - Гоу Грин Скопје

Списание Екологија и одржлив развој

Јануари, 2011; Година 16; бр.125

Уредува:

Главен уредник: Свето Стефановски[email protected]

Уредник: Ива Јовановиќ[email protected]

Редакциски Колегиум:Борис Манев, Фране Јовановски, Мартина Тевчева, Антонио Јовановски, Димитар Попов, Марко Соколовски, Никола Дојчиновски, Александар Танушевски

Зоолошка градина - Скопје фотографија: Фране Јовановски

Графички дизајн и подготовка: Ива Јовановиќ[email protected]

www.bidizelen.org

Содржина:

страна 10 Зоо страна

страна 27 Градски оази

Тема на бројотЕлектронски

отпадГодина 16 | бр.125

страна 4 и 5 Зелена технологија Факти и бројки

страна 14 Балканска мрежа за застапување при управување со

електронски отпад

страна 8 и 9 Зелена twitter заедница

Page 3: Екологија [година 16 | број 125]

Od

Како продолжение од минатото издание ги објавуваме стратегиски области на Гоу Грин до 2013та (области на дејствување):

Стратегиска област I – Развивање на неформално еколошко об-разование и активирање на младите во опш-тествениот живот.Стратегиска област II – Инфраструктурни проекти за заштита на животната средина и намалување на после-диците од климатските промениСтратегиска област III – Поттикнување на дигитално учење

На 26ти Февруари во ГЕМ Клубот се одржа тре-нинг-работилница за членовите на Биди Зелен Клубовите во Скопје, кој претставува продолжение на тренинзите кои се одржуваат во Тетово, Кума-ново и Велес.Целта на тренингот беше личен развој и евалу-ација на личните вредности, како и формирање и организирање на тимовите од секоја област. Тре-нингот беше од особена важност за членовите да се запознаат подобро себеси и да размислат по-веќе околу концептот “вредност” и што тоа значи за нив, како и да поразговараат околу активности-те кои следуваат во следните месеци.Биди Зелен Клубовите се суштински дел од стра-тегискиот приоритет на Гоу Грин за развивање на неформално еколошко образование и активно вклу-чување на младите луѓе во општеството. Мрежата на БЗ Клубовите е присутна во Скопје, Куманово, Велес, Тетово и Штип и брои вкупно 14 средни учи-лишта и 4 иницијативни групи во формирање. Цел-та на мрежата е да се создадат млади агенти на по-зитивна промена кои заедно ќе се активираат, учат и развиваат карактеристики за одржлив развој (личен и колективен)

Наредниот месец ќе се одржи втората тренинг рабо-тилница на Биди Зелен Клубовите во Скопје, на кој а ќе присуствуваат тим лидерите од сите Биди Зелен Клубови од Македонија. На оваа работилница ќе се разговара на темата “Одржлива енергија и што зна-чи тоа?“, а потоа ќе се разговараат и локалните ини-цијативи кои ќе бидат предложени од БЗКлубовите, со цел да се дефинираат и да се почне подготовка и конкретна работа.

Во наредниот број повеќе ќе може да се информи-рате околу агендата со настани кои ќе се одржат по повод Европската недела на одржлива енергија.

Зелена twitter заедница

Во последно време особена важна комуникациска и маркетинг алатка се социјалните медиуми. Големите компании но и организации во светот а и кај нас ги користат овие медиуми за да ја дисперзираат својата порака до што поголем аудиториум. Користењето на twitter, Face Book и други социјални медиуми на организациите им овозможува да стигнат полесно и побрзо до своите таргет групи. Како растечки тренд на употреба на овие алатки т.е социјалните медиуми се забележува кај Зеленените организации кои се едни и од најревносните пласирачи на информации на своите профили. Подолу издвојуваме 5 забележителни организации во светот кои имаат свој twitter профил и на кратко резимираме за што најчесто твитаат тие.

Page 4: Екологија [година 16 | број 125]

Зелени забелешки за Фебруари:

ФЕБРУАРИ 2011

1 3 42 5 6

7 8 9 10 11 12 13

14 15 16 17 18 19 20

21 2423 25 2622 27

28

пон вто сре чет пет саб нед

Page 5: Екологија [година 16 | број 125]

Што со старите електронски и електрични уреди?Дали го купивте најновиот модел на мобилен, лаптоп, конзо-ла за игри, иако старите сè уште беа функционални и сосема доволни за вашите потреби?

Многумина од нас посакуваат да го имаат најно-виот и најмодерен уред, без притоа размислу-вајќи што да правиме со стариот. Во многу слу-чаи заменетиот уред е сè уште функционален и (неправилно) завршува во канта со останатиот отпад. Токму овој вид отпад, односно несоод-ветно фрлените електронски уреди и делови, накратко именувани е-отпад (електронски и електричен отпад), претставуваат опасност за животната средина и здравјето на луѓето би-дејќи содржат токсични елементи кои се ши-рат преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од де-пониите. Е-отпад е генерички термин кој се ко-ристи за да се опишат различни стари, нефунк-ционални или заменети уреди, кои содржат компоненти напојувани на струја. Тој вклучува голем број на уреди, не само оние поврзани на електричната мрежа, но и оние кои корис-тат батерии и соларни панели како напојување.

Оваа категорија вклучува од уреди за домаќин-ството, како фрижидери и тостери, до ИКТ оп-рема, како лаптопи и паметни телефони, уре-ди за широка употреба, како телевизори и МП3 плеери, до уреди како електрични бормашини и машини за шиење и списокот продолжува. Дефиниција која се користи за дефинирање на терминот е-отпад е наведена во легислати-вата на Европската Унија, Директива за отпад-на електрична и електронска опрема (Waste Electric and Electronic Equipment - WEEE), која содржи и детална табела со категориите на е-отпад. Оваа директива има за цел да промовира повторна употреба, рециклирање и други фор-ми на обнова со цел да се намали количество-то на отпад кој се генерира од електричните и електронски уреди. Во Македонија во моментов се подготвува закон со кој ќе се опфати рако-водењето со е-отпадот и е планирано да биде изгласан оваа година.

Ја гледате скратена верзија од списанието „Екологија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списание го имаат членовите на Биди Зелен Клубовите. Доколку и вие сакате да го имате списанието и да бидете дел од зелената мрежа, контактирајте не на

[email protected]

ГРАДСКИ ОАЗИ

ГРАДСКИ

ОАЗИ

Page 6: Екологија [година 16 | број 125]

Проектот Балканска мрежа за застапу-вање при управување со е-отпад ини-цира решавање на проблемот со е-от-пад во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија преку градење на капаци-тетите на граѓанските организации од регионот, за тие да можат да поттикнат промени и да работат заедно со сите релевантни чинители – законодавната и извршната власт на централно и ло-кално ниво, невладиниот и деловниот сектор обезбедувајќи знаења и ресур-си, примена на новите технологии и вмрежување.Очекуваните резултати од проектот опфаќаат: зајакната соработка на сите заинтересирани страни и распростра-нување на добрите практики за уп-равување со е-отпад со примена на стандардите и искуствата од ЕУ, по-добрена јавна свест и информираност за управувањето со е-отпад и изграде-ни капацитети на НВО за лобирање и застапување при управување со е-от-пад. Акцијата ќе ги постигне резултатите преку развивање на регионална мре-жа на граѓански организации за заста-пување со цел размена на знаење и најдобри практики, која потоа се раз-гранува на четири национални мрежи, составени од по минимум 10 НВО од целата територија на секоја земја. Ор-ганизациите кои се дел од македон-ската националната мрежа за заста-пување при управување со е-отпад се:4х4х4 Балкански Мостови (Скопје) | Биди зелен (Скопје) | Движење за

одржлив социоекономски развој „Гло-бал” (Битола) | Еколошко друштво „Вила Зора“ (Велес) | Еколошко друштво „Виножито“ (Штип) | Еколош-ко друштво „Планетум“ (Струмица) | Здружение за заштита на животна средина културно-историските знаме-нитости и човековото здравје „Извор“ (Кратово) | Здружение „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” (Скопје) | Центар за електронска комуникација ЕкоНет (Скопје) | Центар за истражу-вање и информирање за животна сре-дина „Еко-свест“ (Скопје) | Центар за одржлив развој на заедницата (Дебар)По градењето на нивните капацитети, овие организации ќе започнат со ак-тивности за застапување на регионал-но, национално и локално ниво со цел да се зголеми свеста кај граѓаните, компаниите и властите за проблеми-те со е-отпадот, како и да се поттикне креирање и спроведување политики за соодветно да се одговори на потре-бите во оваа област. Наскоро ќе запо-чне национална кампања за подигање на свеста за правилно раководење со е-отпадот.Повеќе информации и ресурси за е-от-пад и проектот може да прочитате на www.bewman.mk

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад

Пишува: Елена Игнатова, Проектен координатор во Фондација Метаморфозис

Како се користи електронскиот отпад во светотНајди инспирација и ти!

Ја гледате скратена вер-зија од списанието „Еко-логија и одржлив развој“ бр.125. Целосното списа-ние го имаат членовите на Биди Зелен Клубови-те. Доколку и вие сакате да го имате списанието и да бидете дел од зелена-та мрежа, контактирајте не на [email protected]

Page 7: Екологија [година 16 | број 125]

www.bidizelen.org