алтернативни извори на енергија

20
Планетата Земја изгледа вака

Upload: i90rche

Post on 22-May-2015

1.372 views

Category:

Business


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: алтернативни извори на енергија

Планетата Земја изгледа вака

Page 2: алтернативни извори на енергија

Ресурсите на нашата планета не се неисцрпни...

...ние чекориме по овој пат

Page 3: алтернативни извори на енергија

Алтернативни извори

на енергија

Page 4: алтернативни извори на енергија

Соларна енергија

Ветерна енергија

Геотермална енергија

Биомаса- биодизел- етанол

Видови на алтернативни извори:

Page 5: алтернативни извори на енергија

Соларна енергија

Page 6: алтернативни извори на енергија

Моќноста на сончевите зраци која пристигнува на површина на еден метар квадратен на границата на земјината атмосфера се нарекува соларна константа.

На површината на Земјата пристигнува нешто помала моќност поради рефлексијата на зраците од атмосферата и абсорбцијата во неа. Вредноста на пристигнатата моќност зависи од аголот под кој сончевите зраци поминуваат низ атмосферата и од метеоролошките услови. Колку аголот на сончевите зраци повеќе одстапува од вертикалата, толку и патот на зраците е подолг низ атмосферата, па следствено на тоа, на површината на Земјата пристига помала моќност. Поради тоа, зрачењето на сонцето во зимскиот период (кога азимутот е помал) е послабо, дури и при идеални услови - бидејќи аголот на паѓање е многу поостар одколку во летен период. Во летен период, при потполно ведро време, во текот на еден час на површина од еден метар квадратен пристигнува енергија од 1kWh (киловат-час). Практично, ако оваа енергија ја искористиме, за еден час би загреале 10 литри вода од 5 на 90 степени Целзиусови.

Соларна константа

Page 7: алтернативни извори на енергија

Сончевото зрачење лесно се абсорбира во разни материјали и при тоа дел од неговата енергија се претвора во топлина. Апаратот во кој се остварува тоа се нарекува приемник (колектор) на соларната енергија.

Дијаграм на конструкција на соларни колектори кои работат на принцип на загревање на вода (пресек):

1 - абсорбер (црно тело кое впива голем дел од зрачењето во областа на соларниот спектар)

2 - топлотен изолатор

3 - кутија

4 - довод на вода

5 - одвод на вода

6 - преден покривач (негова задача е да пропуштни најголем дел од зрачењето на соларниот спектар, и истовремено да го спречи непосредниот допир на атмосферскиот воздух со површината на абсорберот, како би се намалил топлотниот губиток)

Приемници на соларна енергија - соларни колектори

Page 8: алтернативни извори на енергија

На дијаграмот е прикажан заокружен циклусот на загревање на водата преку соларен колектор, и нејзино складирање во резервоар, или (како на сликава) во бојлер, каде се врши дозагревање, доколку се работи за послеб колектор, или доколку моќноста на соларното зрачење е намалена.

Page 9: алтернативни извори на енергија

Ветерна енергија

Page 10: алтернативни извори на енергија

Таа е широко распространета и достапна во изобилство. Теоретските пресеметки покажуваат дека вкупно достапната ветерна енергија ширум светот е за десет пати поголема од тековно потребните количества за човештвото.

Ветерната енергија е дар на природата и е достапна бесплатно.

Силата на ветерот е обновлив и еколошки чист извор на енергија. При нејзино користење не се создаваат емисии на штетни гасови, ниту емисии на стакленички гасови кои ги предизвикуваат климатските промени на глобално ниво.

Цената на производство со овој енергетски извор е пониска во однос на традиционалните производствени методи. Цената на производство на ветерна енергија е намалена за најмалку 8% во однос на 80-тите години на минатиот век. Ова е од особено значење за земјите во развој, во контекст на нивните обиди да се соочат со енергетските кризи од глобални размери.

Основни предности на ветерната енергија, како комерцијален извор на енергија се следни:

Page 11: алтернативни извори на енергија

Геотермална енергија

Page 12: алтернативни извори на енергија

Геотермалната енергија е топлината од Земјата. Таа е чиста и одржлива. Изворите на геотермална енергија се движат од плитката земја и врелите извори на вода како и врели карпи пронајдени на неколку километри под земјината кора, се до подлабоките слоеви на Земјата во услови на екстремно високи температури и стопени карпи наречени магма.

Геотермалните енергетски технологии ја користат топлината на земјата за директна употреба, геотермални пумпи и производство на електрична енергија. Истражувањето на развојот на геотермалните технологии оди во правец на намалување на трошоците и зголемување на нивната употреба. Во Америка, најголем број на геотермални извори се концентрирани на западниот брег, но геотермалните пумпи можат да се користат насекаде.

Page 13: алтернативни извори на енергија

Биомасата (органска материја) може да се употребува за производство на топлина, горива, и струја. Ова е наречено биоенергија. Дрвото, најголемиот извор на биоенергија, било користено со илјадници години за производство на топлина. Но, постојат многу други видови на биомаса, како на пример дрва, растенија, отпадоци при земјоделството или шумарството, како и органските состојки на индустриските отпадоци кои сега можат да се користат како извор на енергија. Денес, многу биоенергетски извори се добиваат преку култивацијата на растенија богати со енергија, како што се брзо-растечки треви или дрва, наречени биоенергетски магацини.

Биомаса

Page 14: алтернативни извори на енергија

Биодизел

Page 15: алтернативни извори на енергија

1. Био-дизелот се употребува во секоја конвенционална, немодификувана дизел машина.Нема потреба од преправки за да се употребува био-дизел. Со други зборови, само го „истураш во резервоарот за гориво“.

2.  Био-дизелот ја намалува емисијата на јаглероден диоксид, кој е примарна причина за ефекотот на стаклена бавча, дури до 78% во однос на фосилниот дизел.

3.  Био- дизелот ја намалува емисијата на сулфур (за 100%), јаглероден моноксид (за 50%) , неизгорени и ароматични хидрокарбони (за 90%) и честици (за 20%) во однос на фосилниот дизел. Со сето тоа го подобрува квалитетот на воздухот.

4.  Со сето претходно, го намалува ризикот од рак (канцер) за 90%.

5.  Био-дизелот може да се употребува самостојно, а исто така и да се меша во било кој сооднос со фосилниот дизел. 

6.  Био-дизелот е далеку подобар подмачкувач (лубрикант) од фосилниот дизел, што гопродолжува животниот век на машина. Био-дизелот не содржи сулфур, кој го прави железото покрто и поради кој се јавува потрба од додавање адитиви на фосилниот дизел.

Придобивки од користење на био-дизел:

Page 16: алтернативни извори на енергија

7. Био-дизелот ги подобрува перформансите на машината во споредба со дизелот бидејки има повисок цетански број (го покажува квалитетот на палење на горивото). Поради тоа и машината работи потивко и помазно.

8. Био-дизелот е побезбеден за ракување од фосилниот дизел, бидејки е био-разградлив и нетоксичен. Разградлив е како шеќерот, а помалку отровен од солта за јадење.

9. Био-дизелот е побезбеден за транспорт од фосилниот дизел. Тој има повисока точка на палење (над 160 степени Целзиусови) од фосилниот дизел (55 степени Целзиусови).

10. Био-дизелот има и економски ефекти. Тој ја зголемува побарувачката на домашни земјоделски производи за сметка на намалување на увозот на нафта (намалува трговски дефицит), а го зголемува и вработувањето.

11. Био-дизелот е обновлив и одржлив извор на енергија и ги заменува ограничените природни ресурси на нафта.

12. Био-дизелот не ги загадува водите поради неговата био-разградливост.

Page 17: алтернативни извори на енергија

Етанол

Page 18: алтернативни извори на енергија

Кога во секојдневниот живот се користи зборот алкохол, всушност се мисли на соединението етанол или етил алкохол. Хемиската формула на ова соединение е CH3CH2OH.

До целулозниот етанол се доаѓа од остатоците на пченката, кочаните и видови трева. Автомобилите можат да го користат ова гориво измешано со бензин. И кога се користи оваа смеса загадувањето е помало. Затоа за некои етанолот е ветувачка алтернатива. 

Гледано од аспект на стереометриска смеса (потребен однос на воздух и горива материја за идеално согорување) на етанолот му е потребно 40% помалку воздух во однос на бензинот (ако се смета во kg/моl). Тоа значи дека е потребно и помала енергија на вшмукување на воздух. Од тој факт јасно се гледа дека преправката и адаптацијата на моторите што работат на алкохол е во модификација на системот на довод за гориво

Page 19: алтернативни извори на енергија

Пасивна куќа

Page 20: алтернативни извори на енергија

Компактна форма и добра изолација - компонентите на надворешната обвивка на куќата опфаќаат добра изолација, за да се постигне оптимален фактор на пад на енергија. Следејќи ги техниките на дизајните на пасивните соларни градби, каде што тоа е возможно градбите се компактни по форма за да се редуцира нивната фасадна површина.

Јужна ориентација и водење на грижа за сенки и засенување Енергетски ефикасни прозорски стакла и рамки - стаклата и

рамките треба да го почитуваат стандардизираниот фактор на пад на енергија.

Обвивката на зградата игра улога на непропустлива мембрана за воздух

Високо ефикасен повраток на топлината преку потрошениот воздух користејќи топлински разменувачи

Користење на апарати во домаќинството кои заштедуват енергија - ниско енергетски апарати

Како карактеристики на пасивната куќа, би ги навел следниве: