Национален форум за интернет надзор

16
Национален Форум за Интернет Надзор Ванчо Орданоски [email protected] 1/8

Upload: infoproject

Post on 29-Jul-2015

134 views

Category:

Internet


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Национален форум за интернет надзор

НационаленФорум заИнтернетНадзор

Ванчо Орданоски

[email protected]/8

Page 2: Национален форум за интернет надзор

ЗОШТО?

2/8

Page 3: Национален форум за интернет надзор

ОПАСНОСТИ

● Сексуална злоупотреба

● Говор на омраза

● Оружје, насилно однесување

● Верски фундаментализам

● Коцкање, обложување

● Штетен софтвер (malware)3/8

Page 4: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА

● Позитивна цензура на содржини

● Соработка со

интернет-провајдерите

● Подигање на свеста и едукација

● Можност граѓаните да пријавуваат

престапници4/8

Page 5: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА (2)

● Соработка со државни институции и

органи

● Соработка со странски организации

● Интернет присуство

● Известувања за јавноста

5/8

Page 6: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА (3)

Образовни институции

6/8

Page 7: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА (4)

Домашна заштита

7/8

Page 8: Национален форум за интернет надзор

НФИН ИНФО

● „Национален форум за интернет надзор“ е здружение регистрирано во ЦРМ под број 6579515 на 21 април 2010 година.

● Негови основачи се повеќе експерти од ИКТ индустријата, општествените и правните области.

● Управниот одбор се состои од следниве членови:o Ванчо Орданоски, претседателo Никола Хорватовиќ, членo Бранко Зафировски, член

● НФИН е непрофитна организација која целосно се финансира од донации

8/8

Page 9: Национален форум за интернет надзор

НационаленФорум заИнтернетНадзор

Ванчо Орданоски

[email protected]/8

Национален Форум за Интернет Надзор

Предавач: Ванчо Орданоски, [email protected]

Page 10: Национален форум за интернет надзор

ЗОШТО?

2/8

Зошто постоиме

Во последните неколку години сме сведоци на експлозивен развој на светската глобална мрежа - Интернет. Таа веќе стана нераздвоен и перманентен дел од нашето живеење, и тоа во сите негови делови: работење, забава, учење и усовршување, па дури и здравје. Полека но сигурно, Интернетот ја презема улогата на примарен извор на информирање, социјално поврзување, чување на информации, итн.

Децата на денешнината се особено поврзани со употребата на Интернетот, бидејќи скоро и да не познаваат време кога тој не постоел.

Има многу штетни појави на кои децата се изложени кога користат Интернет - кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, но можеби најголемата опасност се крие во нивната потенцијална сексуална злоупотреба.

Сексуалната злоупотреба може да се појави во повеќе видови: сексуални предатори, несоодветни содржини, злоупотреба на малолетници во педофилски активности, итн.

Децата, како млади личности отворени за сознанија, сеуште немаат доволно развиени критериуми и одбранбени механизми за да ги препознаат овие опасности, а уште помалку да се борат со нив.

Токму тука се наоѓа оправданоста, а и неопходноста од постоењето на организации како што е НФИН - Националниот форум за интернет надзор.

Овие организации ги заштитуваат децата од несаканите видови на нивно искористување, и тоа со повеќе видови на активности, кои меѓусебно се надополнуваат и помагаат.

Page 11: Национален форум за интернет надзор

ОПАСНОСТИ

● Сексуална злоупотреба

● Говор на омраза

● Оружје, насилно однесување

● Верски фундаментализам

● Коцкање, обложување

● Штетен софтвер (malware)3/8

Опасности

Најважната карактеристика на Интернетот денес е неговата нерегулираност, отвореност за сите.

Истовремено, тоа е и неговиот најголем недостаток, кога се зборува за децата како корисници.

Нерегулираноста значи дека било кој може да постави содржина, и таа е истовремено достапна низ целиот свет, на било кој корисник. Нема „светски“ уредници, регулатори, филтри. Се наоѓа с и сешто... и тоа е совршен модел ѐза возрасните.

Децата, познати по својата љубопитност и желба да го откриваат светот се директно изложени на сите можни опасности кои овој модел ги носи.

● Сексуална злоупотреба

● Говор на омраза

● Оружје, насилно однесување

● Верски фундаментализам

● Коцкање, обложување

● Штетен софтвер (malware)

Потребно е само површно пребарување и веднаш се создава можност да се „залута“ во несакани, сиви ќошиња на светската мрежа, а такви има многу. Навидум невино пребарување за нов филм, песна или информација дава стотици илјади, ако не и милиони „погодоци“ или теми кои се блиски до содржината која се бара.

Најчесто се случува во овие најдени теми да има и оние кои не се пожелни да бидат на дофат на децата.И самите деца можат да станат жртви. Тие се без искуство, наивни во големиот лош свет. Она што порано беше лошиот чичко кој со лижавче ќе ги намами децата, сега се „собите“ за разговор, форумите, коментарите под музичките или филмските спотови, итн.

Сексуалните предатори демнеат и постојано се обидуваат во својата мрежа да измамат дете кое ќе го злоупотребат.

Говорот на омраза, често поврзан и со верски фундаментализам, е често присутен, дури и кај нас, на јазиците кои ние ги употребуваме. Различни групи, „команданти“, квази-навивачи, со патетична реторика измамуваат млади да им се придружат, дури и да појдат во војна со нив!

На интернет лесно може да се најдат „рецепти“ за изработка на експлозиви, молотови коктели, киселини за наводна „одбрана“, ладно оружје (ножеви, бричови) па дури и пиштоли, со неодамнешните напредоци во 3D печатењето (кое наскоро ќе стане дел од многу домови). Младите, лесно поводливи, можат да се почувствуваат загрозени од некого и да употребат некој од овие упатства, повредувајќи луѓе околу себе, а дури и полошо...

На крај, штетниот софтвер (malware), стана толку сеприсутен, што дури и искусните ИТ професионалци стануваат жртви. Со помош на вакво софтвер, компјутерот на корисникот може да се „киднапира“ и да служи во различни хакерски напади, спамирање, прислушување, уништување на податоци, итн.

Page 12: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА

● Позитивна цензура на содржини

● Соработка со

интернет-провајдерите

● Подигање на свеста и едукација

● Можност граѓаните да пријавуваат

престапници4/8

Позитивна цензура на содржини

Она за што се залагаме е еден вид на „позитивна цензура“ на содржините кога се работи за децата. На тој начин може да се воспостави поголема контрола врз она што им е достапно и да се направи обид најштетните содржини да не допираат до нив.

Во ниеден момент не се согласуваме со општа цензура на интернетот, ниту пак со профилирање на содржините по политички, верски или други слични критериуми.

На овој вид на позитивна цензура треба да се пристапи особено внимателно, бидејќи лесно се паѓа во стапицата на моделирање на светот кој же го гледаат децата низ призма на лични убедувања, кои - мора да признаеме - не секогаш се совршени и подобни.

Децата, особено повозрасните, мора да имаат комплетен поглед на информациите за одредени теми, за да можат квалитетно да бидат информирани за сите страни на одредени битни општествени, политички, верски или социјални дебати.

Позитивната цензура технички се изведува со поставување на уреди и/или софтвер кои ги филтрираат доаѓачките информации по основ на клучни зборови, црни листи на сајтови, хеуристичко „погодување“ на содржината, адресни податоци, па дури и одредени земји...

Соработка со интернет-провајдерите

Основната активност на НФИН е соработката со интернет провајдерите и мобилните оператори во Република Македонија, како примарни канали за достап до Интернет.

Овие компании, доброволно имплементираат листи за филтрирање во кои би се содржеле адресите на сајтовите и другите интернет ентитети (социјални мрежи, инстант-комуникации, IRC канали и слично) кои докажано имаат содржини со кои сексуално се злоупотребуваат децата.

Всушност, се работи за еден вид на рецензија на содржините, која доброволно би била применувана од страна на интернет-провајдерите.

Листите кои ќе бидат применувани ќе бидат достапни на увид на заинтересираните.

Сите оние компании кои ќе соработуваат со НФИН имаат можност на своите сајтови да постават беџови и други информации со кои ќе ја потврдат својата соработка. Исто така, се издаваат и плакети за соработка.

Подигање на свеста и едукација

НФИН, низ предавања, промотивни кампањи и друг вид активности врши континуирано подигнување на свеста и едукација на сите инволвирани и заинтересирани страни: децата и младите, родителите, наставниците и останатите вклучени во едукативниот процес, младинските организации и здруженија, итн.

Соработката со невладините организации кои се бават со заштита на децата и младите и нивните права е природно проширување на активностите, и размената на податоци и активности со овие НВО е многу важна.

Од интерес за соработка се и производителите на електронски едукативни содржини и друг софтвер кој го употребуваат децата и младите.

Повремените сондирања на јавното мислење за оваа проблематика ќе помогнат за увидување на состојбата и прилагодување на идните активности според потребите на заинтересираните страни.

НФИН издава билтени со анализа на тековната состојба во областа која ја покрива, кои ќе бидат широко објавувани и ќе помогнат во обликување на свеста на јавноста и интересентите.

Можност граѓаните да пријавуваат престапници

На својот веб-сајт, НФИН обезбеди начин граѓаните да можат да пријават сајтови и другите интернет ентитети на кои се забележани активности од областа на сексуалната злоупотреба на децата и младите.

Пријавувањето е анонимно, и се проверува од нашиот стручен тим пред да биде вклучено во листата.

Секоја пријава, откако ќе биде верифицирана (т.е. ќе биде докажано дека навистина се работи за закана) — се става во листата на рецензирани сајтови која автоматски се доставува до ISP-ата од Македонија (оние кои доброволно учествуваат). На тој начин, граѓанската пријава реално ќе биде ефектуирана со блокирање на престапничкиот сајт.

Page 13: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА (2)

● Соработка со државни институции и

органи

● Соработка со странски организации

● Интернет присуство

● Известувања за јавноста

5/8

Соработка со државни институции и органи

Бидејќи задачата за заштита на децата е од фундаментално значење, во соработката e вклучена и државата, низ нејзините различни органи и институции, особено оние кои имаат допирни точки со оваа проблематика.

Тука, пред с , се мисли на Министерствата за образовaние и култура, ѐинформатичко општество, но и Министерството за внатрешни работи (како битно за сузбивање на ваквите активности), потоа Агенцијата за електронски комуникации, Бироата за основно и средно образование, локалната самоуправа, судско-обвинителните органи итн.

Соработка со странски организации

Во светот, особено во земјите на ЕУ, веќе повеќе години се воспоставени сродни организации. Обично се наречени „Internet Watch Foundation“.

Соработката со овие организации е од клучно значење, бидејќи тие поседуваат големо искуство, составени листи, воспоставени активности и знаење како да се справуваме со проблемите во оваа област.

Освен специјализираните организации, постојат уште многу светски, европски и регионални организации кои се занимаваат со заштита на децата и младите -- почнувајќи од Обединетите нации, преку органите на Европската унија, Советот на Европа, итн.

Интернет присуство

На своето интернет седиште, организацијата има известувања за своето работење, документи, совети за заштита, правни документи, новости од областа кај нас и во светот...

Известувања за јавноста

НФИН периодично издава анализи на состојбата од оваа тематика во Македонија, со препораки кон државните органи, граѓаните и стопанството. Овие анализи се широко публикувани, со што се подигнува свеста кај сите засегнати страни.

Page 14: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА (3)

Образовни институции

6/8

Заштитата на образовните институции најдобро се врши со употреба на специјални уреди кои се поставуваат на влезот на интернетот во институцијата.

Овие уреди се еден вид „заштитен ѕид“ (често нарекуван firewall), кој е сепак порозен за одредени видови на информации, додека за оние кои се на неговата листа за забрана е потполно непробоен.

Освен оваа функција, заштитниот уред служи и за оневозможување на хакерски напади и неовластени упади во мрежата на институцијата, со што се штитат компјутерите кои се во внатрешниот дел на мрежата од крадење на информации, поставување на штетен софтвер, вируси, итн.

Уредите можат лесно да бидат контролирани и управувани од оперативен центар, кој ќе се грижи тие да бидат усогласени, со најнови информации за забранети содржини (бидејќи тие постојано, во секунда, се менуваат), и да се контролира нивниот оперативен статус - дали се во полна употреба или не.

Една од најпознатите фирми во светот која произведува вакви уреди е Cyberoam, дел од познатата сигурносна компанија Sophos, која со својата експертиза и познавање на состојбите е водечка во овој сегмент. Се работи за робустни, солидни уреди кои ќе издржат години непрекинато работење, тивко но сигурно извршувајќи ја својата задача.

Она што е битно кај ваков вид на заштита е да се има и редовно сервисно одржување, замена и надградба на уредите, за тие да бидат постојано во добра оперативна кондиција. За среќа, во Македонија имаме солидна компанија која ги дистрибуира и одржува овие уреди - Кабтел.

Page 15: Национален форум за интернет надзор

ЗАШТИТА (4)

Домашна заштита

7/8

Заштитата на домовите е релативно поедноставна задача и не се прави со уреди, бидејќи тие се со повисока цена на набавка и експлоатација. Најчесто, на секој компјутер, мобилен уред, лаптоп или таблет во домаќинството се поставува соодветен софтвер.

Овој софтвер има повеќенаменска улога:

● Анти-вирус

● Анти-малвер

● Филтрирање на содржини● Родителска контрола

● ИзвестувањеСофтверот е подесен автоматски да се надополнува со најнови верзии на сигурносните и одбранбените податоци, и обично, еднаш инсталиран, постојано работи во позадина, извршувајќи ја својата улога.Освен заштитата од вируси и слични закани, можно е да се постават филтри со кои ќе се забранат одредени содржини ако на уредот работат и деца.Родителите можат да постават и посебни контроли за времетраењето на употреба на уредот и/или интернетот, забрана на одредени апликации, итн.

Корисниците честопати прават грешка и ја употребуваат бесплатната верзија на програмата за заштита. Иако и овие верзии донекаде се употребливи, сепак, веројатно околу 60-70% од можностите не се вградени во оваа бесплатна копија.Цената на ваквите апликации е релативно ниска, обично во форма на годишна претплата, и е во рангот на 10-тина евра годишно, што е прифатливо за скоро секое домаќинство.Родителите, доколку се во финансиска можност, секогаш треба да одат на варијантата да ја имаат платената (често пати наречена „професионална“) верзија на апликацијата за заштита.При секоја набавка на уред кој се поврзува на интернет, родителот мора да инсистира на тој уред да има вградена полна верзија на ваков софтвер за заштита и одбрана од интернет закани и вируси.

Една од најпознатите лаборатории за производство на софтвер за интернет и вирусна заштита е „Касперски“. Тие се одлично етаблирани, во постојан развој и дополнување на производите, имаат добар оддел за следење на најновите закани, на кои реагираат брзо и решително.Кај нас ги дистрибуира и одржува компанијата Кабтел, еден од соработниците на НФИН во Македонија.

Page 16: Национален форум за интернет надзор

НФИН ИНФО

● „Национален форум за интернет надзор“ е здружение регистрирано во ЦРМ под број 6579515 на 21 април 2010 година.

● Негови основачи се повеќе експерти од ИКТ индустријата, општествените и правните области.

● Управниот одбор се состои од следниве членови:o Ванчо Орданоски, претседателo Никола Хорватовиќ, членo Бранко Зафировски, член

● НФИН е непрофитна организација која целосно се финансира од донации

8/8

За нас

„Национален форум за интернет надзор“ е здружение регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија под број 6579515 на 21 април 2010 година.

Негови основачи се повеќе експерти од ИКТ индустријата, општествените и правните области.

Управниот одбор на здружението се состои од следниве членови:

● Ванчо Орданоски, претседател

● Никола Хорватовиќ, член

● Бранко Зафировски, член

НФИН е непрофитна организација која целосно се финансира од донации. Доколку сакате да учествувате во работата и/или да донирате, контактирајте н .ѐ

Линкови

Internet Watch Foundation UK - https://www.iwf.org.uk/

OSCE/POLIS - Policing OnLine Information System - http://polis.osce.org/portals/cseci/

Self-regulation for a Better Internet for Kids - http://ec.europa.eu/digital-agenda/en/self-regulation-better-internet-kids