gragjansko - seminarska

21
Универзитет Св. Климет Охридски – Битола Правен факултет – Кичево Предмет: Граѓанско право Семинарска работа на тема Предмет, метод и принципи на граѓанското право 1

Upload: teodora-mladenoska

Post on 26-Nov-2014

242 views

Category:

Documents


11 download

TRANSCRIPT

Page 1: Gragjansko - seminarska

Универзитет Св. Климет Охридски – Битола

Правен факултет – Кичево

Предмет: Граѓанско право

Семинарска работана тема

Предмет, метод и принципи на граѓанското право

Изработила: Ментор:

Љубица Николоска 370 Проф. Ристо Речкоски Асс. Орданчо Пецов

1

Page 2: Gragjansko - seminarska

Кичево - 2011СОДРЖИНА

Вовед ........................................................................................ 3

Предмет на граѓанското право ........................................... 4

Метод на граѓанското право ............................................... 6

Принципи на граѓанското право ........................................ 7

Други принципи на граѓанското право ............................. 12

Заклучок ................................................................................... 14

Користена литература ............................................................ 15

2

Page 3: Gragjansko - seminarska

Вовед

Граѓанското право како семејство од правни гранки регулира општествени односи кои предизвикуваат имотен ефект. Граѓанското право претставува најстара и најизградена правна гранка, а според класичната теорија спаѓа во сферата на приватното право заедно со трудовото, трговското и меѓународното приватно право.

Тоа во себе покрај општиот дел ги опфаќа и облигационото, наследното и стварното право, што значи дека ги регулира договорите и надоместот на штета, како и законското и тестаменталното наследување и односите кои настануваат по повод сопственоста и владението на стварите – институти кои се стари колку и организираното општество и кои во еден или во друг облик го следат истото уште од неговиот настанок и ги сретнуваме во сите епохи од развојот на цивилизацијата, уште кај старите цивилизации на Вавилон и Феникија во Хамурабиевиот законик (речиси 20 векови пред нашата ера ) преку Јустинијановата кодификација па се до Наполеоновиот грашански законик и современото право.

Иако тие биле предмет на интерес на учените луѓе од различни епохи, не секогаш се изучувале под иститот назив и по истата систематизација.

Современиот назив граѓанско право потекнува од стариот Рим, поточно доаѓа од терминот jus civile. Со овој термин се означувал целокупниот правен поредок кој важел во римската држава и исклучиво за римските граѓани, односно лицата кои имале status civitatis. Овие лица имале признаено право да се служат со установите на семејното право – право на правовалиден римски брак, развод, последици од развод, правен режим на миразот. Но имале право да се служат и со установите на имотното право и со установите на процесното право.

3

Page 4: Gragjansko - seminarska

ПРЕДМЕТ, МЕТОД И ПРИНЦИПИ НА ГРАЃАНСКОТО ПРАВО

Предмет на граѓанското право

Граѓанското право претставува право, што ги уредува имотно-правните односно граѓанско-правните односи, помеѓу граѓаните и другите субјекти на граѓанското право.

Најопшто кажано граѓанското право е такво право коешто правно ги уредува економските односи кои што настануваат помеѓу различните видови на субјекти во граѓанското право, односно субјектите кои што учествуваат во стоковно-паричниот промет. Тука спаѓаат сите односи кои настануваат во широките рамки на општествено-економските односи, во кои потребите на луѓето се задоволуваат со посредство на пазарот и законот на вредноста, при кои што стварите и услугите добиваат карактер на стоки.

Предмет на граѓанското право се имотно-правните односи. Ова право има различни димензии, односно тоа опфаќа повеќе делови на имотното право, односно граѓанското право. Различните делови на граѓанското право се:

Стварно право. Ова право, како дел од граѓанското право, ја регулира сопственоста и другите права врз стварите. Овој дел од имотното право ги уредува правилата за присвојувањето. Тој ја уредува статиката на сопственоста. Во наши сегашни услови, кога доминантна форма на сопственоста е општествената сопственост и кога е отпочнат процесот на нејзиното укинување, како сопственичко-правна категорија, општествената сопственост, односно правата врз предметите во општествена сопственост се основен предмет на уредување од овој дел на имотното право. Притоа, специфичностите кои во оваа област ги носи општествената сопственост, не се пречка за постоењето и на некои основни стварно правни категории како заеднички за општествената и приватната сопственост.

Облигационо право. Ова право, како дел од граѓанското право, ги регулира односите, кои настануваат во прометот на стоките и услугите, а покрај тоа и односите кои настануваат поради оштетувањата како и некои други односи од таканаречен облигационен карактер. Најважна констатација во врска со облигационото право како дел од имотното право е таа дека тоа ги опфаќа сите договори т.е. и оние од областа на стопанството, кои по владеачките досегашни систематики беа предмет на стопанското право како посебна гранка на правото издвоено од имотното право.

4

Page 5: Gragjansko - seminarska

Според тоа, облигационото право како систем на норми кој го уредува прометот и воопшто движењето на вредностите по донесувањето на Законот за облигационите односи всушност претставува единствен дел од имотното право.

Наследно право. Ова право, како дел од граѓанското право, ги уредува односите што настануваат меѓу лицата по смртта на еден субјект на права и обврски, поточно го уредува преминувањето на имотот на умреното лице врз други лица кои имаат својство на наследници на умрениот. За стекнување на наследничко својство во нашето наследно право постојат два правни основа: наследувањето по сила на законот од страна на лица во семеен, односно родбински и сличен однос и наследување по волјата на наследодавецот кој своите наследници ги определува во тестамент, како акт на последната волја. Според тоа и наследното право уредува односи од правен карактер, односи кои значат преминување на правата и обврските од имотен карактер, макар што таквото движење на вредностите не е промет, размена во вистинска смисла. Наследувањето на имотот е еден од значајните рефлекси на правото на сопственост како правна и општествена основа за одредените општествени продукциони односи, кои условуваа стоковно-парични односи. Затоа наследното право, иако има врска и со семејното право, во основа припаѓа на имотно-правниот комплекс.

Заштита на различни видови на права во граѓанското право. Ова право како дел од граѓанското право, се огледа преку различните видови на правни инструменти, кои им стојат на располагање на различни субјекти во граѓанското право, како и различни правни односи, кои настануваат врз основа на причинување на различни видови на штета, како и нанесување на различни видови на штета.

Право на интелектуална сопственост. Како и индустриска сопственост (авторски, музички, литературни, сликарски и други права).

5

Page 6: Gragjansko - seminarska

Метод на граѓанското право

Методот на граѓанското право се сведува на извесен број принципи врз кои се гради системот на имотно-правните норми. Методот претставува синтеза на сите особини што го карактеризираат граѓанското право. Методот во целина има за функција да создаде такво право, кое ќе обезбеди нормално функционирање на имотно-правниот промет како предмет на уредување. Методот на граѓанското право го означуваат 4 принципи:

Еднаквост на странките во граѓанското право

Слободна иницијатива, автономија на вољите на странките на граѓанското право

Преносливост на правата на граѓанското право

Имотна санкција за непочитување на обврските спрема другите

Начинот на прикажувањето на одделните карактеристики на методот во нашата литература е донекаде нееднаков, но всушност сите се согласуваат дека споменатите карактеристики се суштествени. Може да биде спор дали некоја од овие карактеристики има поголема важност од другите, но и тоа нема суштинско значење за општиот став на науката.

6

Page 7: Gragjansko - seminarska

Принципи на граѓанското право

Принципи на граѓанското право:

Еднаквост на странките. Еднаквоста или рамноправноста на странките има повеќе свои аспекти. Тоа пред се значи еднаквост во правата и обврските што произлегуваат од односот. Во принцип не може една страна да има повеќе права од другата или само една страна да има права а друга само обврски. Обично еднаквоста се гледа и во координацијата меѓу странките, во еднаквите волји за разлика од субординацијата во јавното право. Меѓутоа, координацијата е само надворешен израз на еднаквоста и таа повеќе се однесува на иницијативата на странките отколку на самата еднаквост, иако овие две странки на односот се поврзани. Еднаквоста, натака, значи еднаквост во примената на правилата на имотното право на субјектите од односот. Така, ако еден јавно правен субјект заклучи еден договор за некаква услуга со еден занаетчија, тој јавно-правен субјект ќе биде третиран еднакво како и занаетчијата, т.е. од односот ќе се јават еднакви права и обврски за странките.

Еднаквоста се огледува и во вршењето и заштитата на правата. Еднаквоста има своја длабока општествена смисла, која произлегува од природата на односите што ги уредува имотното право. Таа е неопходен услов за непречено одвивање на размената, односно на општествената репродукција. Размената мора да се одвива на еквивалентна основа. Имено стоковно-паричните односи се базираат врз законот на вредноста, а овој закон е форма и мерило на еднаквоста. Размената мора да се одвива врз основа на почитувањето на правата и обврските на учесниците во прометот.

Многу автори и законодавства овој принцип го сметаат како основен и поважен од другите. Сепак овој принцип колку и да е фундаментален, не смее да се апсолутизира. Правото не е пасивен израз на економската стварност. Тоа има и своја релативна самостојност, односно игра и активна улога, која на ова подрачје се огледува во некои отстапувања од еднаквоста како принцип. Како свесен израз на економските потреби, правото самостојно ја одредува мерата и начинот на одразувањето на тие потреби. Затоа имотно-правните прописи во одредени случаи не ја почитуваат стриктно еднаквоста како принцип. Тоа не е ни можно, ни секогаш потребно, односно оправдано. Пред се, за самиот економски промет не важи буквална еднаквост на страните учесници. Економскиот закон за понудата и побарувањето т.е. конкретните пазарни услови веќе го релативизираат

7

Page 8: Gragjansko - seminarska

законот на вредноста, така што кога понудата е поголема од побарувањето на стоките, понудувачите ќе остварат пониски цени. Тие ќе добијат помалку отколку што даваат на други. Ако во размената на вредностите еден учесник добие помалку отколку што дава, поради причини што се надвор од дејството на законот за понуда и побарувачка, тогаш тој со помошта на правото ќе може да го добие она што му припаѓа, т.е. ќе може да ја обезбеди својата еднаквост во размената, само под услов ако несразмерата меѓу давањето и добивањето ќе биде знатна т.е. голема, а не каква било.

Еднаквоста како принцип познава и други ограничувања. Таа воопшто не доаѓа до израз во случаите на добротворни договори. Во овие случаи волјата на странките е од посебни мотиви, движењето на вредностите да биде еднострано, така што еднаквоста е воопшто исклучена.

Во областа на одговорноста за штети, за која важи начелото на еднаквост, изразено преку правилото дека секој кој ќе го оштети другото треба да му ја надомести полната штета, исто така постојат отстапувања од споменатиот принцип. Главното отстапување оди во правец на намалување на одговорноста зависно од разни околности изразени во основа преку принципот на правичност. Според овој принцип надоместот може да се намали на пример ако штетата е сторена со некој поблаг вид на вина, а целосното надоместување би можело да го руинира штетникот, додека намаленото надоместување не му паѓа тешко на оштетениот.

Отстапувања од принципот на еднаквост се познати и во областа на наследното право, каде што има примена споменатиот принцип на правичност. Така, наследниот закон иако го прокламира принципот на еднакви права на сите наследници, допушта можност судот на одделни наследници да им го зголеми или намали делот, кој инаку би им припаднал.

Посебно отстапување од принципот на еднаквост е начелото за приоритет на правата. Познати се повеќе случаи, во кои повеќе носители на исти права или правна моќ имаат нееднакви овластувања, односно правна положба.

Во секој случај изложените отстапувања од принципот на еднаквост не треба да се сфатат како да го доведуваат во прашање него како принцип.

Слободна иницијатива. Овој принцип е познат и како принцип на слободна диспозиција или автономија на волјата. Оваа карактеристика на методот означува дека субјектите се слободни сами да одлучуваат дали ќе влезат во некакви имотно правни односи, со кои субјекти, во какви односи, под какви услови итн. Според тоа слободата на страните може да се изрази во сите правци. Оваа карактеристика е втор израз на потребата стоковно-паричните односи да се одвиваат слободно и во согласност со економските

8

Page 9: Gragjansko - seminarska

закони. Учесниците на прометот сами одлучуваат дали да влезат во промет и под какви услови да учествуваат во него.

Слободната иницијатива најдува изрази во сите гранки на имотното право. Во областа на сопственост таа се изразува во слободата на користење и располагање со предметот на своето право, во облигационото право е познато како слобода на договарањето, а во наследното право како слобода на тестирањето, т.е. одредувањето на своите наследници. Ова начело најдува израз и во заштитата на правата, така што од носителите на правата зависи дали во случај на повреда на нивните права ќе бараат или не заштита од судот или од друг надлежен орган. (Ако некој не ми го исплатил долгот од еден договор, од мене зависи дали ќе побарам исполнување на договорот преку судот.)

Ни ова начело нема апсплутен карактер. Прво, има односи кои настануваат независно од волјата на страните на односот. Така, во случај на оштетување одговорното лице е должно според силата на законот да ја надомести штетата. Таков е случајот со наоѓање на туѓа ствар, неосновано збогатување, настани и други случаи кога односот настанува врз основа на некоја околност (правен факт) независно од волјата на обврзаното лице. Во поново време, со појавата на државната интервенција во областа на стоковно-паричните односи, слободата на договарањето и воопшто располагањето и користењето со стварите во сопственост помалку или повеќе се ограничуваат. Тоа беше редовен случај кај нас во времето на т.н. административниот социјализам кога државата често интервенираше и во имотно-правните односи. Иако овој однос на државата спрема слободата на волјата е значително изменет и интервенцијата намалена, такви појави односно ограничувања на слободата и денес се присутни.

Ограничување на слободата познато е и во наследното право, каде слободата на тестирањето е условена со почитувањето на правата на т.н. нужни законски наследници.

Слободата на користењето и располагањето со предметите на своето право, па и слободата на договарањето, во современи услови имаат и една своја општа граница позната под името забрана на злоупотреба на правото, односно почитување на начелото на совесност и чесност. Независно од државната интервенција на подрачјето на стопанските односи во зрелиот капитализам е веќе согледано дека носителот на правата мора да ги користи нив на еден општествено оправдан начин, т.е. не со намера да се штети на другото односно да се користи правото нетипично. Наместо на индивидуализмот на првобитното имотно право се разви принципот на општествен солидаризам, на кој треба да му се потчинуваат сите носители на правата. Овој солидаризам макар роден во буржоаски услови, има своја вредност и во социјалистичките услови, така што споменатата забрана на

9

Page 10: Gragjansko - seminarska

злоупотреба на правото, како соодветен правен израз на солидаризмот на членовите на една заедница, претставува и денес неспорен правен инструмент, како едно од ограничувањата на слободната иницијатива на субјектите на правата.

Заштитата на правата од своја страна познава отстапувања од слободната диспозиција. Има ситуации кога носителот не одлучува слободно за заштитата на своето повредено право. Ако за остварувањето на правото се заинтересирани трети лица, тогаш постои можност и тие лица да одиграат активна улога во остварувањето на заштитата, па и против волјата на носителот на правото. Тука спаѓа случајот кога доверителот на едно лице под определени услови може да бара заштита на правата на својот должник спрема трети лица. Тоа е позната римска action Pauliana која е и наша позитивна правна институција. Во други случаи, кога е во прашање општествената сопственост, односно општествениот интерес, под определени услови за заштитата е овластен и јавниот првобранител, кој не е никаков учесник на граѓанско-правниот однос од кој се раѓаат одредени права и обврски за општествено-правните субјекти.

Преносливост на правата. Оваа црта на имотното право е иманентна на односите во прометот, затоа што неговаат суштина се состои во пренесувањето на вредностите, односно на правата врз тие вредности. Во наши услови без размена на вредностите и на правата на тие вредности нема општествена репродукција. Имотното право има токму задача да ја обезбеди и со правни средства да ја регулира таа репродукција. Затоа прометливоста на правата е една од основните црти на имотно-правното регулирање на односите.

И оваа црта трпи некои отстапувања, кои, макар како исклучоци, имаат свое место и оправдување во имотното право. Отстапувањата главно се однесуваат на случаи кои не се промет во вистинската смисла на зборот, односно кои значат ограничен промет. Така на пример непреносливи се правото на издршка врз основа на семејно-правен однос, правото на плодоуживање, правото на користење градежно земјиште во општествена сопственост. Непреносливи се и правата, односно обврските тесно сврзани со одредена личност. (На пример познат сликар се задолжил да изработи портрет на едно лице, по смртта на сликарот неговиот син не може да инсистира на одржувањето на односот со тоа што тој би ја презел обврската на својот татко).

Имотна санкција. Последната од основните карактеристики на методот е самата санкција за случај на повреда на правата од еден однос. Додека на пример во кривичното право санкцијаат по својата цел и природа

10

Page 11: Gragjansko - seminarska

е насочена кон личноста на повредувачот на правата, санкцијата во имотното право е насочена кон обезбедувањето на имотно-правната рамнотежа на субјектите. Поблиску речено таа е насочена кон имотот на повредувачот на правата. Овој имот е единствена гаранција за почитувањето на правото на оној кому му е сторена повреда. Во историјата на имотното право долго време се задржани извесни карактеристики на казненото право, каде основна цел е казнување на повредувачот како таков.

Санкцијата во имотното право може да се изрази во повеќе правци. Еден од нив е прогласувањето одредени дела за неважни, во должување на едно лице да ја изврши својата обврска спрема друго, односно да го предаде предметот на овластено лице, меѓутоа доколку е сторена одредена штета, како општа санкција постои можноста повредувачот да се задолжи да ја надомести штетата на повреденото лице.

Секогаш кога се работи за принципите на граѓанското право, треба да се земе во предвид единството на сите 4 принципи на методот, сите да се земат како целина, правото претставува систематски облик на дејствување.

Други принципи на граѓанското право

11

Page 12: Gragjansko - seminarska

Други принципи на граѓанското право се: правичност, правна сигурност, совесност и чесност, јавност односно транспарентност и легалитет.

Правичност – во граѓанското право претставува отстапување од еднаквото третирање на субјектите на имотното право. Отстапувањето се изразува било како зголемување на правата, било како намалување на обврските на субјектите на имотно-правниот однос (како на пример кога некој нема да плати од она што следува според определено правно дело, па врз основа на тоа нему ќе му се намали долгот). Тоа се случува и кај штетата и нејзиниот надомест, во кои случаи се применува т.н. општествена правда, која ја има и во уставот на Република Македонија. Причинетата штета од страна на малолетници, ја надоместуваат родителите. Оправдувањето за отстапување од еднаквоста треба да се бара во општествената цел преку нееднаквоста, всушност да се постигне одредена општествена еднаквост, поточно да се намали нееднаквоста. Причина за ваквиот метод на постигање на приближна еднаквост е во тоа што и во социјалистички услови основниот метод за нормално одвивање е во одредена надворешна форма. Во таа смисла можеме да констатираме дека нормите се манифестираат во повеќе форми, како што се и повеќе факторите што ги креираат.

Правна сигурност – Овој принцип претставува еден од условите за нормално одвивање на прометот. Во отсуство на сигурност учесниците се воздржуваат од прометот. А тоа негативно се одразува на неопходната репродукција како општ услов за егзистенција на определено општество. Сигурноста има две подрачја. Таа прво се однесува на самото објективно право кое мора да биде релативно непроменливо за да не му пречи на прометот, а во самото остварување на правото сигурноста се изразува по почитувањето на односите, кои настануваат по волјата на странките или независно од неа. Во договорното право главен израз на сигурноста е начелото pasta sunt servanda т.е. начелото спрема кое договорите треба да се исполнуваат така како што се склучени. Во неговите рамки спаѓа и правото на заштита на правата како посебен израз на сигурност. Меѓутоа оваа сигурност во мноштво односи добива различни форми и различни правци на дејствување. Понекогаш првобитната сигурност се претворува во своја спротивност. Тогаш инсистирањето на првобитно создадениот однос се противи токму на начелото на сигурност. Така се доаѓа до установата на застареноста што се инспирира со принципот на сигурност макар што на некој начин значи и одстапување од него. Исто така клаузулата rebus sic stantibus е институт спротивен од принципот pacta sund servanda, па сеак значи некаква сигурност за странките дека во

12

Page 13: Gragjansko - seminarska

битно изменети услови еквивалентниот однос ќе биде сочуван со соодветна измена на порано склучениот договор. Принципот на сигурност се остварува и преку принципот на јавност т.е. со јавно регистрирање на определени права и односи во посебни книги какви што се таписките и земјишни книги и низа регистри предвидени со наши позитивни прописи. Слична функција има и формата на делата. Според тоа принципот на правна сигурност, се изразува преку низа посебни институти.

Совесност и чесност – По своја суштина тоа е психичко-етичка категорија. Имено совесноста пред се е субјективна состојба на еден субјект во имотно-правните односи, кој есвесен или не е свесен за недостатокот на своето право, односно за правната положба во која се најдува. Ако тој знае или можел да знае дека правната положба во која се најдува е неповолна за него, т.е. дека правото не му припаѓа или на друг начин е противна на правниот поредок, тој се третира како несовестен. Во спротивен случај тој е совестен. Во таквата ситуација субјектот се определува и етички, т.е. несовесниот сака да ја одржи, односно поради невнимание ја одржува ситуацијата која не е согласна со правото. За да се спречуваат ваквите однесувања кои не се согласни со правото, правниот систем ја третира несовесноста понеповолно, построго отколку однесувањата на совесните субјекти.

Јавност односно транспарентност – овој принцип значи дека правата и обврските во граѓанското право, исклучувањето на определени правни дела во граѓанското право, треба да бидат јавни и транспарентни, пример регистрација на недвижности. Присуството на сведоци во определена постапка, исто така претставува потврда на принципот на јавност и транспарентност.

Легалитет – е принцип, кога определени норми треба да се во согласност со уставот и законот.

Заклучок

Граѓанското право претставува најстара и најизградена правна гранка, а според класичната теорија спаѓа во сферата на приватното право

13

Page 14: Gragjansko - seminarska

заедно со трудовото, трговското и меѓународното приватно право. Граѓанското право покрај општиот дел, во себе ги опфаќа и облигационото, стварното и наследното право.

Методот на граѓанското право, се огледа и остварува преку различни видови на принципи на граѓанското право, кои што претставуваат негови инструменти на остварување. Тој се огледа преку: еднаквост на странките во граѓанското право; слободна иницијатива, автономија на вољите на странките на граѓанското право; преносливост на правата на граѓанското право; имотна санкција за непочитување на обврските на граѓанското право. Секогаш кога се работи за принципите на граѓанското право, треба да се земе во предвид единството на сите четири принципи на методот, сите да се земат како целина.

Други принципи на граѓанското право се: правичност; правна сигурност; совесност и чесност; јавност, односно транспарентност; легалитет.

Користена литература:

Родна, Живковска. Општ дел на граѓанското право, Скопје, 2006Асен, Групче. Имотно (граѓанско) право-општ дел, Скопје, 1983www.wikipedia.com

14

Page 15: Gragjansko - seminarska

15