i Профил на апликантот - ministry of education...

12
Водич за апликантите за грант Резиме Фондот Градиме мостови, воспоставен во 2014 година, претставува едноставен и лесен начин за пристап до фондови за повеќејазични или партнерски еднојазични училишта и градинки, како и за општини, кои сакаат да имплементираат активности насочени кон унапредување на интеграцијата на децата и учениците со различни наставни јазици. Тој е воспоставен преку заедничка заложба на Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и ОБСЕ Мисијата во Скопје, а подоцна поддржан и од Владата на Ирска. Во моментот, Амбасадата на Кралството Холандија, Владите на Австрија и Соединетите Американски Држави, како и ОБСЕ Мисијата во Скопје активно придонесуваат кон Фондот. Целта на Фондот е да овозможи мултиетнички искуства за сите деца и ученици од најрана возраст, а со тоа да придонесе кон градењето на општество кое ја негува и се гордее со својата разноликост, како и со препознавањето на богатството на заедничките вредности кои ги споделуваме. На новите генерации им се потребни мостови на поврзување и отворен пристап до богатствата и радоста кои ги носи различноста, особено во училиштата кои треба да ги подготват за интегрирана иднина во разновидна Европа. Фондот Градиме мостови цели да придонесе кон тоа. Цели на Фондот и клучни прашања Главната цел на Фондот Градиме мостови е да ја зголеми меѓуетничката интеракција, разбирање и интеграција во училишната средина преку мотивирање и овозможување на финансиска поддршка за општините, повеќејазичните училишта и детските градинки или за партнерски еднојазични училишта и детски градинки со различни наставни јазици, за спроведување на заеднички активности кои ги вклучуваат сите заедници. Специфичните цели на Фондот Градиме мостови се: 1. Да придонесе кон зајакнување на меѓуетничката интеграција на децата и учениците во училиштата и детските градинки преку поддршка на интегративни активности; 2. Да обезбеди лесно достапни средства за училиштата, детските градинки и општините за спроведување на структурирани активности насочени кон меѓуетничка интеграција;

Upload: others

Post on 27-Dec-2019

8 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

Водич за апликантите за грантРезимеФондот Градиме мостови, воспоставен во 2014 година, претставува едноставен и лесен начин за пристап до фондови за повеќејазични или партнерски еднојазични училишта и градинки, како и за општини, кои сакаат да имплементираат активности насочени кон унапредување на интеграцијата на децата и учениците со различни наставни јазици. Тој е воспоставен преку заедничка заложба на Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и ОБСЕ Мисијата во Скопје, а подоцна поддржан и од Владата на Ирска. Во моментот, Амбасадата на Кралството Холандија, Владите на Австрија и Соединетите Американски Држави, како и ОБСЕ Мисијата во Скопје активно придонесуваат кон Фондот.Целта на Фондот е да овозможи мултиетнички искуства за сите деца и ученици од најрана возраст, а со тоа да придонесе кон градењето на општество кое ја негува и се гордее со својата разноликост, како и со препознавањето на богатството на заедничките вредности кои ги споделуваме.На новите генерации им се потребни мостови на поврзување и отворен пристап до богатствата и радоста кои ги носи различноста, особено во училиштата кои треба да ги подготват за интегрирана иднина во разновидна Европа.Фондот Градиме мостови цели да придонесе кон тоа.

Цели наФондот и клучнипрашањаГлавната цел на Фондот Градиме мостови е да ја зголеми меѓуетничката интеракција, разбирање и интеграција во училишната средина преку мотивирање и овозможување на финансиска поддршка за општините, повеќејазичните училишта и детските градинки или за партнерски еднојазични училишта и детски градинки со различни наставни јазици, за спроведување на заеднички активности кои ги вклучуваат сите заедници.Специфичните цели на Фондот Градиме мостови се:

1. Да придонесе кон зајакнување на меѓуетничката интеграција на децата и учениците во училиштата и детските градинки преку поддршка на интегративни активности;

2. Да обезбеди лесно достапни средства за училиштата, детските градинки и општините за спроведување на структурирани активности насочени кон меѓуетничка интеграција;

3. Да ја поддржи проактивноста и ангажирањето на децата и учениците, како и да ја подигне свеста помеѓу децата и младите за важноста на граѓанскиот ангажман и богатството кое произлегува од различностите.

Одржливоста е клучното приоритетно прашање во рамките на Фондот Градиме мостови. Ова значи дека проектните предлози поднесени до Фондот мора да содржат информации за тоа како планирате да обезбедите:

- Финансиска одржливост : Како ќе се финансираат идни интегративни активности и/или ќе се гради на постигнатите резултатите со овој проект откако ќе заврши поддршката од Фондот?

- Институционална одржливост : Какви структури/механизми за комуникација и соработка, изградени како дел од овој проект, ќе ви бидат на располагање по завршување на спроведувањето на овој

Page 2: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

проект, со цел унапредување на постигнатите резултати? Како ќе ги користите овие механизми при планирање и спроведување на идни интегративни активности?

- Социјална одржливост : Како во иднина ќе ги негувате и унапредувате воспоставените врски меѓу учениците? Која ќе биде улогата на училиштата во тоа негување? Какви активности предвидувате во иднина со цел да ги унапредите овие врски? Дали ќе користите социјални медиуми за идна комуникација?

Советодавно тело наФондот ГрадимемостовиСоветодавното тело на Фондот Градиме мостови е клучното тело кое ги оценува апликациите, обезбедува препораки до апликантите за тоа како да ги подобрат своите апликации и што е најважно, доделува грантови. Членовите на Советодавното тело се ангажирани на доброволна основа – тие не се наградени за нивната вклученост во работата на Телото. Некои или сите членови на Телото понекогаш со задоволство ќе се приклучат на започнувањето на активностите кои се поддржани од Фондот.Во моментов, Советодавното тело со сочинуваат следните почесни членови:

Билјана Трајковска, Државен советник, Министерство за образование и наука; Валмира Истрефи, Советник во кабинетот на Заменикот на Претседател на Влада, Секретаријат за

имплементација на Охридскиот рамковен договор; Венера Лумани, музички уметник; Н.Е. Воутер Пломп, Амбасадор на Кралството Холандија во Македонија; Ирена Оровчанец, Советник, Агенција за остварување на правата на заедниците; Лела Јаковлевска, Виш Специјалист на Проектот за Образование, УСАИД, во име на Амбасадата на

САД; Милутин Станчиќ, Директор, Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на

припадниците на заедниците, МОН; Огнен Јаневски, ТВ домаќин и граѓански активист, ТВ 24; Ребека Јанковска Ристески, музички уметник и граѓански активист; Н.Е. Ренате Коблер, Амбасадор на Австрија во Македонија; Садете Рамадани, Виш соработник, Министерство за образование и наука; Сара Барбиери, Проект менаџер на Градење мостови, Мисија на ОБСЕ во Скопје; Сафет Незири, Државен советник, Министерство за образование и наука; Тони Зен, музички уметник; Џеф Голдстајн, Заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Видови на грантовиФондот Градиме мостови обезбедува два вида грантови за апликантите, "Редовни" и "Брзи" грантови. Пакетот со документите за аплицирање може да се симне преку веб-страницата на Министерството за образование и наука1 на било кој од 7-те јазици кои се во службена употреба во било која од локалните самоуправи во земјата. Апликацијата може да се поднесе на било кој од овие јазици, но истата е неопходно да биде преведени и на англиски јазик.

Редовни грантовиРедовни грантови се грантови до 7.000 евра. Секоја година има три рокови за поднесување пријави: 1-ви март, 1-ви мај и 1-ви октомври. Пополнетата апликација треба да се испрати до:

Фонд Градиме мостовиП. Фах 558, 1000 Скопје

1 http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2250-grantovi-za-zaednichki-aktivnosti-gradime-mostovi

Page 3: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

Апликациите се отвораат и разгледуваат најпрво од страна на Извршната канцеларија на Фондот Градиме мостови за да се утврди дали ги исполнуваат наведените критериуми. На првиот нареден состанок на Советодавното тело, сите членови даваат свои коментари на апликациите, одлучуваат дали апликацијата ќе биде поддржана, како и кои препораки за унапредување на апликацијата ќе бидат пренесени до апликантот, со цел соодветно постигнување на целите на Фондот. Препораките се доставуваат до апликантите од страна на Извршната канцеларија и откако ќе се спроведат може да започне спроведувањето на проектните активности.Овој процес обично трае околу два месеца.

Брзи грантовиБрзите грантови се ограничени на максимум од 1.500 евра и за нив може да се аплицира во било кое време, односно нема рокови. Ова се грантови кои се распределуваат брзо и можат да се насочат кон било која активност која ќе се одвива најмалку еден месец од приемот на апликацијата. Како и со Редовните грантови, предложените активности мора градат мостови и да обезбедуваат зајакната интеграција на децата и учениците со различни наставни јазици. Пополнетиот формулар за аплицирање треба да се испрати по електронска пошта на:

[email protected]

По приемот на апликација, Извршната канцеларија ја разгледува нејзината усогласеност со главните критериуми и одлучува дали ќе ги додели бараните средства. Понатаму, Извршната канцеларија може да стапи во контакт со апликантот пред да донесе одлука за доделување на грантот и да даде препораки за тоа како да се ревидира апликацијата со цел подобро постигнување на специфичните цели на Фондот. Овој процес не трае повеќе од неколку недели.

Критериуми за оценаПостојат три вида на критериуми за оцена, кои се однесуваат на:

Апликантот и партнерите; Активностите; и Трошоците.

Критериуми за оцена на апликантот и партнеритеЗа да се квалификува за грант, апликантот мора да е детска градинка, училиште или општина. Ако подносителот на барањето е градинка или училиште со повеќе од еден наставен јазик, тогаш може да аплицира како единствен апликант, но мора да вклучи ученици со најмалку два наставни јазици од тие кои се користат во училиштето. Ако, пак, апликант е еднојазично училиште, во апликацијата треба да бидат вклучени најмалку уште едно партнерско училиште со различен наставен јазик. Доколку апликантот е општина, се применува истото правило - апликацијата треба да ги вклучува училишта и/или детски градинки со најмалку два различни јазици на настава.Освен детска градинка, училиште или општина, партнер во апликацијата може да биде и друг вид на правно лице, како што се граѓански организации и/или други видови образовни организации. Меѓутоа, имајте на ум дека кога вклучувате граѓанска организација и/или друг вид на образовна организација, тие треба да имаат јасна поврзаност со спроведувањето на активностите, да придонесат со уникатна експертиза/знаење кон самите активности, како и да овозможат дополнителна вредност на проектот во целина. Овие организации не можат да бидат корисници на средства доделени за проектот Градиме мостови.

Page 4: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

Критериуми за оцена на активностиАктивностите кои се поддржуваат преку Фондот Градиме мостови можат да бидат најразлични: општини кои организираат серија настани со сите училишта на нивна територија; ученици кои поставуваат заеднички проби, ИТ работилници, модни ревии или диџеј сетови; наставници кои водат серија на мешани настани; родители кои се вклучени во после-училишни активности; училишта кои соработуваат едни со други итн.Можностите се бескрајни и не постојат строги ограничувања сè додека во нив на позитивен начин се вклучени ученици со различни наставни јазици, а преку тоа се градат мостови на поврзување. Ова е најверојатно кога предвидените активностите:

Се дел од серија на активности, а не само еднократни, освен доколку на тој начин не придонесат кон спроведување на таква серија во иднина (ова е посебно точно за Брзите грантови);

Се „мешани“ во вистинска смисла, со еднаква застапеност на деца и ученици со различни наставни јазици; и поттикнуваат соработка помеѓу заедниците на настаните;

Имаат ставено фокус на заедничките интереси на сите ученици, а не на различностите кои создаваат поделби (како традиции на одредена заедница, фолклор, храна, носии итн.);

Се одржуваат на јавни површини за сметка на такви кои се одржуваат во затворени училишни средини;

Подеднакво вклучуваат момчиња и девојчиња, како и деца со посебни потреби и активни родители; Ги исклучуваат политичките активности, но никогаш заедниците; Се насочени од интересите на самите ученици и не се осмислени исклучиво од наставниците или

училишниот персонал; Водат кон посакуван заеднички производ, преку процес на соработка кој ги вклучува учениците од

различни заедници. Фондот Градиме мостови ги подржува модерните концепти на интеграција кои се фокусираат на она што сите заедници го делат.

Претставникна учениците и советувања со ученициСите проектни апликации кои вклучуваат ученици од најмалку 8-мо одделение мора да содржат придонес и од еден или повеќе претставници на учениците. Овие претставници мора да бидат директно вклучени не само во процесот на идентификување и дизајнирање на активности, туку и во изготвувањето на апликацијата, но исто така мора да имаат активна улога во спроведувањето на активностите и во обезбедување придонес кон Наративниот извештај по завршувањето на проектот. Целта на овој услов е да се осигура дека предлозите вклучуваат активности за поттикнување на интеграција кои самите учесници ги сметаат за најинтересни и најостварливи, како и да се овозможи отворен проток на идеи помеѓу наставниците и учениците. Доколку апликацијата вклучува повеќе од едно училиште, секое од нив мора да има најмалку еден Претставник на учениците.Вклучувањето на Претставник/ци на учениците не е предуслов кога апликацијата ја поднесува детска градинка или основно училиште, а кога проектот вклучува ученици помали од 7-мо одделение. Сепак, кога е можно, апликантите треба да се консултираат со учениците за време на дизајнирање на проектот. Одлуката за тоа каков тип на советодавни активности најдобро ќе функционира во конкретниот случај им се остава на апликантите и на партнерските училишта, имајќи ги предвид специфичните околности (како што е возраста на децата/учениците кои ќе учествуваат во проектот).

Критериуми за оцена на трошоциФондот Градиме мостови не распределува пари, туку ги обезбедува потребните материјали и/или услуги за спроведување на активностите. Апликантот треба единствено да обезбеди процена на предвидени трошоци, а по тоа Извршната канцеларија ги завршува работите.Апликациите можат да содржат трошоци за надоместоци за наставниците и наставниот кадар за работа на проектни активности надвор од редовното работно време, како и за материјални инвестиции кои се неопходни за спроведување на планираните активности. Сепак, овие видови на трошоци не се основниот

Page 5: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

фокус на Фондот Градиме мостови. Телото може да побара ревизија на проектни апликации кои се фокусираат доминантно на било кој од овие трошоци или нема да ја одбере апликацијата за грант. Телото дава поголемо значење на апликации во кои наставниците и останатиот училишен кадар се волни да придонесат кон остварување на активностите преку делумен pro-bono ангажман.

Известување за донесена одлукаАпликантите се известуваат за донесената одлука на Советодавното тело на Фондот Градиме мостови преку е-маил. Доколку апликацијата е условено одобрена, апликантите ќе добијат коментари и препораки околу тоа како да ја ревидираат апликацијата. Доколку, пак, апликацијата е одбиена на апликантите им се доставуваат причините за таквата одлука.Апликациите кои се најконзистентни со целите во овој Водич, кои имаат најдобар квалитет, очекуван импакт, одржливост и се најекономични имаат најголеми шанси за добивање на грант.

* * *

Фондот Градиме мостови дава одлични можности за новите генерации да имаат пристап до богатствата кои произлегуваат од различностите. Аплицирајте и изградете нови мостови за Вашата заедница, општина, училиште, детска градинка и ученици.

Page 6: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

АПЛИКАЦИЈА ЗА СРЕДСТВА ОД ФОНДОТ ГРАДИМЕ МОСТОВИ

Наслов на проектот

Апликант [НАВЕДЕТЕ ГО ИМЕТО И ОПШТИНАТА2]Партнери [НАВЕДЕТЕ ГО ИМЕТО И ОПШТИНАТА НА СЕКОЈ ОД ПАРТНЕРИТЕ.

ИЗБРИШЕТЕ ГО ОВОЈ РЕД ДОКОЛКУ НЕМАТЕ ВКЛУЧЕНО ПАРТНЕРИ]I Профил на апликантот3

Адреса на училиштето Наставен јазик/циДиректор на училиште, тел. број и е-маил

Проектен менаџер4, бр. на мобилен и е-маил

Градинка, основно или средно?Број на смени?

--

Дали се смените мешани?Претставник/ци на учениците

-- [наведете ни имињата и одделенијата]

Постоечки и/или претходни заеднички активности со партнерите

[наведете ги сите постоечки и/или претходни заеднички активности, посебно доколку истите биле поддржани од Фондот градиме мостови – не навлегувајте во детали тука, за тоа Ве молиме искористете го делот III.5 подолу]

II Профил на партнерот/ите[Доколку имате повеќе партнери отколку што има оставено простор подолу, Ве молиме слободно додадете ги потребните делови користејќи copy/paste. Ако немате партнери, занемарете го овој дел.]Име, адреса и општина – партнер 1 Наставен јазик/циГрадинка, основно или средно?Број на смени?

--

Дали се смените мешани?

- [дали ученици со различни наставни јазици се во иста смена?]

Контакт лице партнер 1 [име и позиција]

Претставник/ци на учениците партнер 1

[наведете ни имињата и одделенијата]

Вкупно барани средства МКД

2 Секаде избришете го текстот кој е во загради, вклучувајќи ги и фуснотите кои се наоѓаат во заградите. Целта на овој текст е да ги направи работите појасни, да овозможи примери и/или да служи како водич.3 Доколку апликантот е општина, наместо да го наведете името на директорот, Ве молиме наведете ги името и контактите на одговорното лице за овој проект. Во ваков случај, не треба да дадете одговор на прашањата кои се релевантни само за градинките и училиштата.4 Проектниот менаџер е одговорното лице за успешно спроведување на предложените активности, како и за изготвување и поднесување на Конечниот наративен извештај по завршување на проектот.

Page 7: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

III Кој е планот?III.1 Кратко резиме[Ве молиме, на кратко опишете ги активностите кои сакате да ги спроведете. Не навлегувајте во детали и не наведувајте активности кои биле спроведувани во минатото.]

III.2 Кој е вклучен?[Ве молиме, наведете детали за учениците кои ќе бидат вклучени во спроведување на активностите. Ако имате повеќе партнери или вклучени наставници отколку што имате простор подолу, додадете уште редови. Ако, пак, немате партнери, избришете ги непотребните редови.]

Податоците во овие четири колони се однесуваат исклучиво на директно вклучени ученици

Име на апликантот и партнерот/ите

Вкупен бр. на ученици

Бр. на ученици

Одделение / клас

Полова застапеност

Застапеност на наставни јазици

1. [Име на училиштето апликант]

[III одд. – 20;IV клас - 15]

[30 машки, 35 женски]

[30 M, 30 A, 30 В, 30 С, 30 T, 30 Б, 30 Р]

2. [име на училиштето партнер]

Имиња на наставници и кадар директно вклучени

во активностите

Позиција и име на училиште/градинка

Број на мобилен телефон

Е-маил

1.2.3.4.

III.3 Вклученост на учениците во дизајнирање на проектните активности[На кој начин ги вклучивте учениците во процесите на идентификација на потенцијални активности и дизајнирање на тука предложените активности? Имајте предвид дека и учениците на Вашите партнери можат да бидат консултирани и да дадат придонес. Наведете и опишете ги сите активности во овој процес.]

III.4 Процес на избор на Претставник/ци на учениците[На кој начин го избравте Претставникот/ците на учениците од секое училиште? Ве молиме наведете и опишете ги сите активности во овој процес. Исто така, имајте предвид дека евентуалните партнери мора да го/ги имаат избрано својот Претставник/ци на студентите пред доделување на грант. Побарајте од Вашите партнери да Ви овозможат податоци околу нивниот процес на селекција.][Доколку имате повеќе партнери отколку простор подолу, Ве молиме слободно додадете дополнителен простор користејќи copy/paste. Ако, пак, немате партнер, избришете го непотребниот простор.][име на училиштето апликант][Ве молиме да дадете детали за начинот на кој го избравте Претставникот/ците на учениците. Наведете ја локацијата/ите каде ги спроведувавте активностите од процесот на селекција, како и името и позицијата на одговорното лице. Наведете и опишете ги сите активности во овој процес. Осигурајте се дека вклучувате најголем можен број на ученици во процесот на селекција и овозможете еднакви можности и пристап до оваа позиција на сите заинтересирани ученици.]

[дата/период на спроведување на

активностите]

[Вкупен број на ученици директно вклучени во активноста/ите]

[Имиња на наставници и останат кадар директно вклучен во спроведување на активноста/ите]

[име на училиштето партнер 1][Ве молиме да дадете детали за начинот на кој го избравте Претставникот/ците на учениците. Наведете ја локацијата/ите каде ги спроведувавте активностите од процесот на селекција, како и името и позицијата на одговорното лице. Наведете и опишете ги сите активности во овој процес. Осигурајте се дека вклучувате најголем можен број на ученици во процесот на селекција и овозможете еднакви можности и пристап до оваа позиција на сите заинтересирани ученици.]

[дата/период на спроведување на

активностите]

[Вкупен број на ученици директно вклучени во активноста/ите]

[Имиња на наставници и останат кадар директно вклучен во спроведување на активноста/ите]

Page 8: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

III.5 Продолжение на претходни активности[Ве молиме дадете детали околу било какви претходни активности за унапредување на меѓуетничката интеграција спроведени од апликантот и/или партнерите. Ако претходно им е доделен грант од Фондот Градиме мостови на апликантот и/или партнерите опишете ги активностите спроведени со поддршка на Фондот.]

III.6 План на активности[Доколку имате повеќе активности отколку простор подолу, додадете дополнителен простор користејќи copy/paste. Ако, пак, имате помалку, избришете го непотребниот простор.]Детален опис на Активност 1[Ве молиме да дадете детален опис на активноста која предлагате да ја спроведете. Обрнете внимание да дадете одговори на шесте клучни прашања кои би можеле да се појават – што, кој, кога, каде, зошто и како. Не заборавајте да ги квантифицирате податоците и да наведете индикатори. Искористете толку простор колку што Ви е потребен.][Ве молиме дадете опис како Претставникот/ците на учениците ќе бидат вклучени во спроведување на активноста, како и во нивното следење.][Вкупен број на ученици директно вклучени во активноста; податоците поделете ги по пол и наставен јазик]

[Име и позиција на одговорното лице за спроведување на оваа активност]

[Имиња на наставниците и останат кадар директно вклучен во спроведување на активностите]

Детален опис на Активност 2[Ве молиме да дадете детален опис на активноста која предлагате да ја спроведете. Обрнете внимание да дадете одговори на шесте клучни прашања кои би можеле да се појават – што, кој, кога, каде, зошто и како. Не заборавајте да ги квантифицирате податоците и да наведете индикатори. Искористете толку простор колку што Ви е потребен.][Ве молиме дадете опис како Претставникот/ците на учениците ќе бидат вклучени во спроведување на активноста, како и во нивното следење.][Вкупен број на ученици директно вклучени во активноста; податоците поделете ги по пол и наставен јазик]

[Име и позиција на одговорното лице за спроведување на оваа активност]

[Имиња на наставниците и останат кадар директно вклучен во спроведување на активностите]

Детален опис на Активност 3[Ве молиме да дадете детален опис на активноста која предлагате да ја спроведете. Обрнете внимание да дадете одговори на шесте клучни прашања кои би можеле да се појават – што, кој, кога, каде, зошто и како. Не заборавајте да ги квантифицирате податоците и да наведете индикатори. Искористете толку простор колку што Ви е потребен.][Ве молиме дадете опис како Претставникот/ците на учениците ќе бидат вклучени во спроведување на активноста, како и во нивното следење.][Вкупен број на ученици директно вклучени во активноста; податоците поделете ги по пол и наставен јазик]

[Име и позиција на одговорното лице за спроведување на оваа активност]

[Имиња на наставниците и останат кадар директно вклучен во спроведување на активностите]

Детален опис на Активност 4[Ве молиме да дадете детален опис на активноста која предлагате да ја спроведете. Обрнете внимание да дадете одговори на шесте клучни прашања кои би можеле да се појават – што, кој, кога, каде, зошто и како. Не заборавајте да ги квантифицирате податоците и да наведете индикатори. Искористете толку простор колку што Ви е потребен.][Ве молиме дадете опис како Претставникот/ците на учениците ќе бидат вклучени во спроведување на активноста, како и во нивното следење.][Вкупен број на ученици директно вклучени во активноста; податоците поделете ги по пол и наставен јазик]

[Име и позиција на одговорното лице за спроведување на оваа активност]

[Имиња на наставниците и останат кадар директно вклучен во спроведување на активностите]

IV Временска рамка[Едноставно ставете “X” во полето со месецот кога сакате да ја спроведете активноста.][Месеците се нумерирани согласно Вашата замисла за спроведување на активностите. Ве молиме да го замените бројот 1 со соодветниот месец (пр. мар, сеп, ное...) кога активностите би започнале. Оставете ги останатите броеви.][Доколку имате повеќе активности отколку простор подолу, додадете дополнителен простор. Ако, пак, имате помалку, избришете го непотребниот простор.]

Активност Месец Локација на

Page 9: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

спроведување1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 121.2.3.4.

V Што Ви треба?[Кажете ни што Ви треба! Мислете на сите ставки кои Ви се потребни за успешно спроведување на активностите. Имајте ги во вид потребните набавки, опрема, услуги, останати трошоци, провизии, трошоци за транспорт итн. Бидете детални и реалистични. Не изоставајте ништо, затоа што доколку одредена ставка не е наведена во буџетот ние нема да можеме да обезбедиме средства за истата.][Ако имате повеќе буџетски ставки отколку што има простор подолу, додадете дополнителни редови. Ако имате помалку, пак, избришете ги непотребните линии. Слободно вметнувајте дополнителни линии за под-ставки на било која ставка (пр. 3.1. Активност за цртање; 3.1.3. Креони)]

Ставка Единица Количина Единечна цена Вкупна цена

1. Човечки ресурси1.1. Трошоци за наставници и останат кадар5

1.2.1.3.

Вкупно Човечки ресурси2. Транспорт2.1.2.2.2.3.2.4.2.5.

Вкупно Транспорт3. Активности6

3.1.3.2.3.3.3.4.3.5.

Вкупно Активности4. Опрема3.1.3.2.3.3.3.4.3.5.

Вкупно Опрема5. Друго5.1.5.2.5.3.

5 Доколку барате трошоци за наставници и останат кадар, Ве молиме имајте предвид дека единствено часови надвор од редовните работни часови се подобни за поддршка со овој буџет. Единицата може да биде претставена по часови или денови (пр. ако е по ден, количината е 0,25 (за ¼ работен ден, еквивалент на 2 часа), додека единечната цена е 500 МКД)6 Ве молиме да ги наведете активностите во ист редослед како и во III.6 План на активности. Додадете дополнителни линии за да ги вклучите сите ставки. Материјалите кои се потребни за спроведување на активноста треба да бидат наведени под таа активност (пр. за спроведување на Активност 1 од III.6 Посета на Македонска опера и балет потребно е да ги вклучите трошоците за транспорт под 2. Транспорт, додека останатите трошоци (како билети, освежувања, закуска итн.) треба да се наведат под 3.1.1., 3.1.2., 3.1.3…).

Page 10: I Профил на апликантот - Ministry of Education …mon.gov.mk/.../BB_Guidelines_and_Application_MKD.docx · Web viewВодич за апликантите за грант

Вкупно Друго

Вкупно МКДVI Одржливост[Што после успешното спроведување на активностите? На кој начин Вие и Вашите партнери ќе градите на постигнатите резултати? Како овој проект ќе влијае на унапредување на меѓуетничката интеграција и на такви активности после завршување на проектот? На кој начин ќе ја искористите добиената опрема за унапредување на меѓуетничката интеграција?] [Јасно наведете како ќе овозможите следење на спроведените активности и како истите ќе ги оценувате.]