proektna zadaca pakovanje i ambalaza 2

Post on 22-Oct-2014

191 Views

Category:

Documents

1 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

СОУ ,,Богданци” - Богданци

Проектна задача по предметот

БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Тема: Амбалажа и пакување

Ментор: Изработил:

Проф. Росица Шабанова Васко Пецанов

2011

СОДРЖИНА:

1. Поим, развој, значење, видови и поделба..................................03

2. Амбалажата од маркетинг аспект...............................................08

3. Тестирање на амбалажата од промотивен аспект......................12

4. Поим за пакување........................................................................ 14

5. Заклучок........................................................................................15

6. Користена литература..................................................................16

2

1. Поим, развој, значење, видови и поделба

Под дејство на надворешни влијанија, својствата на стоките се менувваат. За да се

зачува квалитетот на производите тие се амбалажираат. Користењето на пакувањето

започнало во XIX век со индустриската револуција. Денес се смета дека преодот од

занаетчиско на индустриско производство на храна е овозможено со решавање на

проблемот на амбалажата.

Зборот АМБАЛАЖА има француско потекло(emballage) и значи “опремата на

стоката”,”прибор за пакување”,”замотување” и сл.

Амбалажата е средство за културно презентирање на стоката на пазарот. Се

приспособува на начинот на диструбуција- продажба, односно на средствата со кои тие

се вршат. Благодарение на амбалажата е овозможено доопремување, транспорт,

манупалација, складирање, прикажување и продавање на произвo-дот, без тој да изгуби

од својот квалитет.

Производот на релација од производител до потрошувач мора да помине низ

неколку фази. Улогата на амбалажата е стоката во неа да се смести, заштити и

продаде.

Способноста за сместување зависи од материјалот од кој е изработена

амбалажата. Поврзувајќи ја содржината на производот во определен облик го спречува

растурот затоа што некогаш амбалажата ја има исклучиво само оваа функција како на

пример: садовите за течност, буриња, вреќи и др.

Сместувањето на стоката во амбалажата со одреден облик има повеќекратно

значење. Правилно одбраната форма на амбалажата ќе овозможи рационално

искористување на складишниот, транспортниот и продажниот простор. Обликот треба

да дава можност за едноставно манипулирање со користење палети и помали

контејнери, а при транспорт употреба на виљушкари и пренос. Сместувањето со

погоден облик и конструкција го оневозможува поткрадувањето на спакуваната стока.

Амбалажата го разрешува основниот проблем на прометот, а тоа е заштитата на

квалитетот се додека да стигне до купувачот. За да се заштити стоката од расипувзње

со помош на амбалажата, потребно е да се познаваат факторите кои што го

предизвикуваат расипувањето. Кај пооделни стоки амбалажата штити од температура,

притисок, влага, а кај други од инсекти, микроорганизми или пак од удар, пад и др.

3

Добро изработена амбалажа овозможува заштита од секакво физичко и механичко

влијание како и од атмосферско дејство како на пример: сонце, светлина, ветер, дожд,

студ, мраз, град и др. Во современи услови, од амбалажата се бара да ја заштити

човековата околина од дејството на спакуваната стока. Таков случај е кога стоката е

отровна, заразена, запалива, експлозивна, радиоактивна и сл.

За да се исполнат овие задачи, на амбалажата се посветува поголемо внимание

при изборот на материјалот за нејзина изработка.

Погледнато во минатото, а и денес, се користат оние материјали кои на одреден

степен од развојот на науката и технологијата, овозможуваат најдобра амбалажа.

Првиот материјал кој бил искористен за амблажа било дрвото. Неговата добра

механичка цврстина, малата специфична тежина, еластичноста, добрите топлотно-

изолационски својства, нискиот коефициент на топлотна проводливост, отпорноста на

хемикалии од органска природа и др. го препорачуваат и денес за употреба.

Дрвото има големи можности за користење и во други стопански гранки, па затоа

не се користи, односно се оди на тоа да се замени со друг амбалажен материјал онаму

каде што може. Рационализацијата во користење на дрвото опфаќа изработка на

повратна амбалажа, преработка на непотребната или искористената амбалажа,

изработка на амбалажа од комбиниран материјал(дрво-картон, дрво-пластика и сл.).

Од дрво се изработуваат сандаци, гајби и сл.

Текстилот е првобитно употребен за амбалажа на семенски материјал во

селските домаќинства. Подоцна се користат различни текстилни влакна од природно,

растително, животинско и минерално потекло, како и синтетичко кое денес станува се

позначајно. Оваа амбалажа ја препорачува можноста за изработка на ткаенини, кои

употребени како амбалажа ќе овозможуваат проветрување. Приспособливоста на

формата овозможува искористување на просторот што исто така е позитивно, а

складирањето не бара многу голем простор.

За изработка на текстилна амбалажа се уште најценета е јутата, но се користи и

конопот, памукот, ленот, рафијата и др. кои современоста ги заменува со полиамиди,

полиестерски,полиакрилонитрилни и др. синтетички материјали.

Хартиената амбалажа е израз на современета трговија. Од хартијата се

изработуваат разни видови на амбалажа.

Основна е поделбата на : хартија за транспортна амбалажа или карто-нот,

лепенките, натрон-хартија и

4

комерцијална амбалажа т.е хартија за меко пакување, налепници, непропустлива

хартија итн.

Хартијата е најпогодна комерцијална амбалажа, која овозможува високо

хигиенско ниво во трговијата, но таа не се одликува со механичка цврстина и

отпорност. Некои од негативните особини на хартијата се отстранети со изработката на

картонот. Остра граница меѓу картонот и хартијата

не постои , но вообичаено е да се смета дека хартијата со маса 150 gr./m² е картон.

Се произведува и повеќеслоен картон(двослоен, трослоен итн).

Во употреба е и ребрестата лепенка која се добива со слепување на рамна хартија со

брановидна. Таа може да биде еднослојна или повеќеслојна. Освен ова се употребува

“непропустлива хартија”, хартија која се слепува со алуминиумска или пластична

фолија и сл.

Од хартијата и од картонот се изработуваат кесиња и кутии со различна големина и

облик.

Металната амбалажа опфаќа употреба на бела и алуминиумска ламарина(плех).

Белата ламарина(плех) е челична и од двете страни калаисана со различна

дебелина на калајниот слој. Калаисувањето може да се изведе со топло калаисување и

електролитски, што повеќе се користи за заштеда.

Со иста намена се користи и челичната ламарина(плех), преслечена со алуминиум,

алуминска ламарина(плех), фолија и лента. Во последно време се користат и хемиски

пасивизирани ламарини(плех) кои по површината имаат фосфатно хромен слој.

Изработената метална амбалажа е непропустлива за светлина, гасови, пареа и

микроорганизми. Отпорна е на температура, механички повреди и едноставна е за

обликување.

Негативната страна кај оваа амбалажа е тоа што бара голем и скап складишен простор,

што е нестислива, а условите на температурата и влажноста постојано треба да се

контролираат за да не дојде до корозија.

5

Како метална амбалажа се изработуваат: разни кутии, туби, канти, бури-ња,

цистерни и сл.

Стаклото како материјал за амбалажа е посебно значајно. Хемиската постојаност,

тврдината, термичките и оптичките својства го прават стаклото како незаменлив

амбалажен материјал.

Негативната страна е нестисливоста, нееластичноста, зафаќање на голем

складишен простор и сл.

Од стакло се изработуваат: шишиња, чаши, тегли, балони, цилиндри и др.

Пластичните материјали се “последниот збор” на индустријата за изработка на

амбалажа. Тие се материјали кои се цврсти и постојани на нормална(дневна)

температура, а се топат на зголемена температура. Материјали кои под притисок се

потиснуваат во специјални калапи. При оладување го задржуваат обликот. Хемиски тие

се органски синтетски макромолекуларни соединенија. Освен основната суровина тие

можат да содржат: врзива смола, омекнувачи, стабилизатори, полнители и бои.

Со правилен избор на суровината(хемиски состав), за секој производ може да се

избере синтетички материјал за амбалажа.

Статистичките податоци покажуваат дека ¼ од светското производство на пластични

маси се користи за изработка на амбалажа. Најупотребувани се полипропиленот,

полиетиленот, поливинилхлоридот, полистеренот и др.

Разновидноста на синтетичките материјали озвоможуваат да се изработи

амбалажа која ќе биде проѕирна или непроѕирна, полупропустлива итн.

Негативната страна е што ја загадува природата т.е. нејзината невклопливост во

природниот циклус на материјата во природата.

Од пластиката се изработуваат ќесиња и вреќи, кутии, шишиња од различен

облик, ЦД, буриња, цистерни, гајби, држачи итн.

6

Комерцијалната функција на амбалазата е двојна. Од една страна го зачувува

квалитетот т.е. вредноста на стоката, а од друга страна ја зголемува цената на чинење

на производите. Пакувањето ги зголемува трошоците за работна сила, материјал за

изработка, инвестиции за опрема итн. Цената на амбалазата зависи од материјалот и од

начинот на изработка. Кај одделни стоки таа се движи и до 50 % од цената на чинење, а

кај посебно луксузните продукти на пр. кај парфемите може да достигне и до 70%.

Со цел да не се оптоварува цената на чинење на производите со цената на

амбалажа некои стоки, а најчесто суровините денес се продаваат неамбалажирани. т.е

во рифузна состојба. Таков е случајот со рудите, некои материјали од градежништвото,

дрвата за огрев, житото и сл.

За поголемиот број производи цената на амбалажата е занемарлива во однос на

она што на стоката и го обезбедува.

Третирајќи ја амбалажата како можност за комуникација со потрошува-чот,

производителите се обидуваат преку неа да влијаат врз одлуката на купувачот, за кој

производ да се одлучи. Тука до израз доаѓа(површинскиот) дизајн. Многу често

амбалажата е изработена од сјајни и транспарентни фолии во различни бои и нијанси.

Украсена е со цртежи кои се допадливи и популарни(од цртани филмови, животинско

царство, музички и филмски ѕвезди) или пак вршат реклама на составот, вкусот или

друга карактеристика на производот.

Современиот свет ја третира амбалажата како и секоја друга стока. Таа подлежи

на стандардизација, а тоа подразбира контрола на квалитетот. Притоа се испитува

цврстина на кинење, механчка отпорност, порозноста, пропустливос-та на течности,

гасови и пареа, апсорпција на мириси, стабилност на хемикалии и корозија итн.

Важноста на амбалажата во прометот е се поголема. Во светот за оваа

проблематика се занимаваат стручни лица и цели институции. Постојат разни поделби

и класификации , според различни критериуми.

1. Според намената може да биде:

КОМЕРЦИЈАЛНА(се користи за продажба по самослужувањата и

др.продавници);

ТРАНСПОРТНА(за внатрешно и надворешно пакување на

стоки,за домашен и странски пазар,за континентен и прекуморски превоз).

2. Според материјалот од кој е изработена :

7

метална

стаклена

дрвена

хартиена

пластична

и текстилна;

3. Од економски аспект се разликува:

Повратна- обично скапа амбалажа која се користи неколку пати;

Неповратна -еднократна употреба.

2. Амбалажата од маркетинг аспект

Во практика се срекаваат четири основни категории амбалажа:

1. Примарна амбалажа со која производот се заштитува уште во

процесот на производство и останува во текот на целиот век на траење.

2. Секундарна амбалажа со која дополнително се заштитува

производот, но со неа се влијае на потрошувачот. Пред употреба се отсранува од

производот.

3. Display-амбалажа, односно амбалажа за излог во трговијата на

мало

4. Транспортна амбалажа која служи посебно за заштита при

обавување на транспорт

8

Кои се функциите на амбалажата?

1) Заштитна-која е доминантна кај производите за производствената

потрошувачка;

2) Дистрибутивна-која зависи од продажните канали на производот;

3) Функција на потрошувачка-која се одразува преку влијанието на

купувачите;

4) Функција на унапредување на продажбата-од аспект на

привлекување внимание, овозможување идентификација на производот,

создавање на саканата слика на производот и пропагандно влијание.

Имајќи го в предвид Надворешниот изглед на Амбалажата,се

разликуваат следниве групи:

1) Амбалажа која ликовно е решена само со заштитен знак или со името на

производот, кои исто служи како заштитен знак.

2) Амбалажа низ која преку транспарентноста или провидноста, може да се види

стоката за продажба.

3) Амбалажа во која купувачите се запознаваат со производите преку етикетата.

Тоа се главно слични производи (масло за јадење, сокови,);

4) Амбалажа со реалистички ликовни решенија на производот.

5) Амбалажа на која производите се прикажани со реалистички цртежи и име,

односно натпис.

6) Амбалажа на која ликовно е истакнат производот и зголемен така што служи

како декоративен елемент.

7) Амбалажа со хумористички приказ со цел да се привлече вниманието;

8) Амбалажа решена на начин кој на купувачите му пружа некоја награда, игра

9) Стандардна амбалажа -кога производот ликовно е решен со името на

производот, сопствениот знак и име .

Во однос на маркетингот, амбалажата мора да задоволи некои барања:

9

Економичност и тоа не само во производството, туку и во

транспортот и манипулацијата;

Функционалност особено во поглед на дистрибуцијата до

потрошувачите;

Комуникативноста во смисла на промоција на марката

инејзиното разликување од конкурентските марки и во смисла на

идентификување на некои основни карактеристики на производот,како на

пр.соджината,составот,начинот на користење;

Големината која е детерминирана пред се од големината на

производот и количината на производите кои се пакуваат со амбалажата.

Соодветно влијание имаат и трговските обичаи, цената на производите, и

специфичните барања на потрошувачите за ракување.

Обликот е најчесто определен со обликот на производот, но

влијаат и други фактори како на пример: традицијата во пакувањето и

трошоците на пакувањето, начинот и местото на чување, практичноста во

употребата, визуелната привлечност и др.

Материјалот има големо влијание за амбалажата, зависно од тоа

дали се користи хартија, метал, стакло, пластика, дрво, текстил и др. Значајни

фактори во изборот на материјал се трошоците, визуелната

атрактивност,традицијата,транспорноста;

Конструкцијата во голема мерка зависи од трошоците, потрбата

за заштита на производот, начинот на користење, привлечноста и др.

Начинот на отварање и затворање е значајна карактеристика на

амбалажата која е определена со барање во поглед на трајноста, функионалноста

во отворањето и затворањето, атрактивноста и цената;

Површинскиот дизајн е еден од битните карактеристики, при

што посебно значење има бојата, обликот на буквите, илустрациите и сл.

Изборот на амбалазата зависи од голем број фактори, а најзначајни се:

1) осетливоста на производот од оштетување;

2) ризикот кај производот кој е нормално изложен во комерцијалното

пакување при што прескапо е да се заштити производот од тој ризик;

3) времето во кое производот може да остане во амбалажата а сеуште

да биде во задоволителна состојба и

10

4) пропагандната улога на амбалажата.

При изработка на амбалажата на производи треба да се има во предвид низа

општи принципи:

-кога е изводливо амбалажата треба да овозможи атрактивно прикажуање на

самиот производ кој во неа се наоѓа, што се постигнува со користење на такви

материјали какви што се стаклото, целофанот и др.

- со квалитетот на изработка, димензиите и естетскиот изглед да го прикаже

производот во што подобра форма.

-да ги сугерира корисноста и задоволствата што ги пружа производот, а

што може да се постигне со сликата или текстот кој се користи.

Постојат денес и некои нови оргинални решенија:

-калеидоскопска амбалажа при која се настојува да се оствари побарувачка за

амбалажата исто како за производот. Кај оваа амбалажа постојат такви решенија да

може да се користи како украс, слика, налепница и сл.

-амбалажа со двојна функција каде што на амбалажата и се дава поголемо

значење, како на пример: пакување на производот во садови кои можат дасе користат и

за друго нешто во домаќинството и сл.

-повеќекратна амбалажа или комбинирана амбалажа каде што се групираат

повеќе примарни амбалажи во една поголема(пијалоци и сл.) или пак пакувањето се

врши врз база на динамиката на купување(за еден ден,неде-ла,месец и сл.)

11

3. Тестирање на амбалажата од промотивен аспект

Цитирајќи го Young Dillon (‘Marketing research in marketing enviroment”-стр.679)

укажувам на значењето што пакувањето го има за еден нов производ. Разликата помеѓу

една сиромашна амбалажа и една добра амбалажа во поглед на определени елементи е

приказана во табелата подолу:

Сиромашна амбалажа% Добра амбалажа%

Прегледност на полицата 39% 59%

Интерес за проба 13% 48%

Негативни коментари 81% 31%

Апелирање 28% 82%

Атрактивност 3% 30%

Наједноставно кажано, за да биде ефективна амбалажата треба да биде

едноставна, да укажува на суштината на производот, да се разликува од

конкуренцијата, лесно да се направи селекција во самата продажна линија,

да остава импресија за висок квалитет и да го рефлектира имиџот на

производот.

Амбалажата може да се тестира(дали е адекватна и ги задоволува бараните

потреби во согласност со производот).

Целите заради коишто се врши тоа тестирање се следниве:

да се оцени способноста на алтернативите од амбалажите да ги пренесу-

ваат перцепциите од физичките и емоционалните “крајни користи”-end benefits.

да се оцени веродостојноста на барањето;

да се оцени ефективноста на амбалажата;

да се оцени функционалноста на амбалажата.

Тестирањето на амбалажата и мерењето на степенот на нејзината забележливост и

имиџ мора да се одвива внимателно. Дизајнот на амбалажата никогаш не треба да се

тестира изолирано. Ова значи дека определени алтернативи на амбалажата покажуваат

висок степен на забележливост кога се тестираат изолирано, што не е случај кога се

тестираат заедно со конкурентните производи. Постојат тестови на бои, дизајн, форма и

сл. кои укажуваат на условите во коишто се поставува производот што се продава

(на пр.една боја може да биде пожелна ако производот е пласиран меѓу конкуренските

12

производи со друга боја). Растојанието на изложениот производ до очите на

потрошувачите исто така многу е значајно при тестирањето. Овој факт треба да се земе

предвид при дизајнирањето на големината и формата на амбалажата.

Техники кои се користат за тестирање на алтернативите на амбалажата:

слајдови- овозможуваат поголема контрола над изложеното на

полицата, отколку вистински приказ;

tachistoscope-(T-scope)-дозволува на истражувачот да го

контролира интезитетот на светлото и времетраењето на излагањето

Меѓутоа, алтернативите на амбалажата можат да бидат тестирани во вистинско

окружување во продавницата, на пробни пазари или пак на симулирани пробни пазари

што поретко се прави.

При тестирање на дизајнот на амбалажата се користат голем број

различни истражувачки техники.

Имено, најчесто употребувани методи и техники се следниве:

1) Лабараториски тест -се применува во однапред конструирани услови,односно

контролирање на реакциите на тестираните субјекти во однос на определенаата

амбалажа.

2) Тест на спонтан избор на испитуваните лица им се поднесува на увид, во

многу кратко време, определена амбалажа. И потоа од нив се бара да кажат што се

забележале.

3) Длабинско испитување претставува збир на повеќе техники и тестови што се

засноваат врз експериментална психологија.

4) Тестови на местото на продажба се изведува само со набљудување.

Всушност се става производот со тестирана амбалажа на определено место во

продавницата меѓу конкурентските производи и се набљудува

однесувањето на потрошувачите во однос на неговата амбалажа.

5) Различни техники за истражување на перцепција

Во оваа група тестови за испитување на перцепции во врска со соодветната амбалажа

се оценува на каква далечина амбалажата најдобро се забележува, под каков агол на

поставеност или каква светлина во објектот најмногу придонесува една амбалажа да

биде видлива т.е. се утврдуваат аспектите на амбалажата што се повзани со нејзината

промотивна функција.

13

4. Поим за пакување

Во индустриската терминологија нема граница помеѓу поимите пакување и

амбалажа и се користат со еднакво значење.

Заради научна точност, треба да се разграничи дека стоката што се испорачува се

става во одредена амбалажа, а процесот на ставање се вика пакување. Начинот на

пакувањето е тесно поврзан со производството, па во модерната индустрија се смета за

завршна фаза од производството.

Пакувањето, зависно од условите се врши рачно, механички или комбинирано.

Во многу индустриски гранки има можности сите операции, почнувајќи од

одмерување на производот, полнење и затворање на амбалажата, па се до

етикетирањето, да се организираат автоматизирано.

При пакувањето на производи за исхрана и лекови, посебно мора да се води

сметка за санитарно-хигиенските услови. Ова пакување подлежи на специјална

контрола од стручни лица, познати како санитарна инспекција.

Начинот и видот на пакувањето, од своја страна, придонесуваат за создавање на

квалитетот на производот и за формирање на неговата цена. Затоа и оваа дејност е алка

од веригата, на патот на стоката од производител до потрошувачот.

14

5. Заклучок

Производот за да се заштити, сигурно да се транспортира, складира и достави до

крајниот потрошувач треба да се стави во одреден сад, пакување т.е. амбалажа.

Амбалажата го штити производот од разни механичко-физички, хемиски,

микробиолошки и климатски влијанија, но исто така ја штити и надворешната средина

т.е. луѓето од штетните влијанија на производот. Тоа е особено важно за производите

од прехрамбената индустрија.

Амбалажата има значајна комерцијална улога и ја подобрува продажбата на производот

и затоа дизајнот на амбалажата е едно од нејзините најважни својства(често и поважно

од содржината).

Пакувањето е еден од најчестите примери за графички дизајн. Освен за

прикажување на важни информации, пакувањето стана важна визуелна презентација

при продажбата.

Со употребата на илустрација, боја, типографија па дури и различни материјали за

пакување, убавиот и атрактивниот производ може да ја зголеми продажбата и да се

издвои од конкуренцијата.

15

5. Користена литература

Основи на Маркетинг(шесто и дополнително издание) - проф. д-р Бошко Јаќовски,

Познавање на стокатa(трето дополнително издание) - проф.д-р Димитар Грамтиков

и проф.д-р Снежана Коевска-Максимовска

Маркетинг Истражување - проф.д-р Нада Секуловска и

проф.д-р Марија Башеска-Ѓорѓиеска

Интернет (www.google.com/sliki/ambalaza; Wikipedia.com;)

16

top related