Бизнис ИНФО број 99 од 24.05.2012 година

16
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 99 од 24.05.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Регионална комора со седиште во Скопје ЗАЕДНИЧКО ДОКОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ И СЕМИНАРИ ЗА ОБУКА ЗА КОМПАНИИТЕ Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство потпишаа Меморандум за соработка НАМЕСТО ЗАПИШУВАЊЕ ХИПОТЕКИ, БАНКИТЕ ДА ОТКУПУВААТ УДЕЛИ ИЛИ АКЦИИ ОД КОМПАНИИТЕ! СОРАБОТКА ПРАКТИЧНО ДА НИ СЕ ОВОЗМОЖИ ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА АЛИЈАНСАТА Катарските туроператори во Стопанската комора на Македонија најавија интензивна соработка со домашната туристичка индустрија СТАВ

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 24-Mar-2016

282 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО број 99 од 24.05.2012 година

TRANSCRIPT

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 24 мај 2012, Бр. 99СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 99 од 24.05.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Регионална комора со седиште во Скопје

ЗАЕДНИЧКО ДОКОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИИ СЕМИНАРИ ЗА ОБУКА

ЗА КОМПАНИИТЕ

Стопанската комора на Македонија и

Агенцијата за храна и ветеринарство

потпишаа Меморандум за соработка

НАМЕСТО ЗАПИШУВАЊЕ ХИПОТЕКИ, БАНКИТЕ ДА ОТКУПУВААТ УДЕЛИ ИЛИ

АКЦИИ ОД КОМПАНИИТЕ!СОРАБОТКА

ПРАКТИЧНО ДА НИ СЕ ОВОЗМОЖИ ДА

УЧЕСТВУВАМЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

НА АЛИЈАНСАТА

Катарските туроператори во Стопанската комора на Македонија најавија интензивна соработка со домашната туристичка индустрија

СТАВ

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

КОНЦЕПТОТ НА ЗАДОЛЖНИЦАТА Е ДА СТАНЕ ЕФИКАСЕНИНСТРУМЕНТ ВО РЕГУЛИРАЊЕ НА ДОЛЖНИЧКИТЕ ОДНОСИ

Концептот на задолжница е ефикасен инструмент како приватна потврда за обезбедување за наплата на достасаните побарувања во должничко-доверителски односи меѓу должникот и доверителот. Таа се издава единствено со согласност на двете страни. Ефикасноста на инструментот се состои во тоа што има својство на приватна извршна исправа, бидејќи законот предвидува солемизација од страна на нотарите

кои ќе бидат надлежни да ја издаваат должницата. Целиот процес и обработката на податоците ќе се одвива во Централниот регистар, преку системот за регистрирање на задолжниците.Заштитата на потенцијалните доверители се состои во тоа што не може да се издаде задолжница доколку компанијата има блокирана сметка, ако му е изречена некоја прекршочна санкција за забрана на вршење професија, дејност, должност или друга дејност и ако е изречена некоја сторена казна за сторено кривично дело на тоа правно лице и ако е отворена стечајна или ликвидациска постапка, бидејќи сите податоци ќе се проверуваат преку интегрираните регистри кои се водат во

рамките на Централниот регистар. Понатаму, правното лице нема да може да издава задолжници во висина над 30% од вкупните приходи остварени во претходната година, со цел да се заштитат доверителите, за да не се јави неограничено издавање задолжници. Доколку не постојат никакви пречки, задолжницата ќе се издаде, ќе се евидентира и ќе се креира автоматски единствен број на задолжницата. Тогаш нотарот задолжницата ја дава на доверителот, а Централниот регистар веднаш преку кипс ја испраќа до носителот на платен промет, каде што во задолжницата е пријавена сметката на должникот. Таа сметка никогаш не може да се затвори доколку не се избрише задолжницата. Како што ќе се плаќа по основ на задолжницата, автоматски Централниот регистар добива известување од банките и се ослободува оној дел кој е платен по основ на задолжница. Доколку должникот кој ја издал задолжницата нема платено, доверителот кога ќе достаса може да ја однесе во банката носител на платниот промет и ако нема доволно парични средства на таа сметка, преку кипс-банката ги известува сите банки во кои должникот би можел да има пари и тие се блокираат додека не се наплати задолжницата. Доверителот исто така може да ја предаде задолжницата на извршители, кои по основа на задолжницата можат да вршат наплата од непаричниот имот од должникот. Според сегашните информации, задолжницата треба да почне да се применува од 1 септември 2012 година. Исто така, откако ќе профункционира системот на задолжници, секое правно и физичко лице ќе може да провери колку некое правно лице има издадено обврзници, колку е изложено по основ на издадени задолжници и слични информации, што ќе помогне за да се носат подобри деловни одлуки.

(Ванчо Костадиновски, генерален директор на Централен регистар)

ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ 21,5 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ Со ребалансот на Буџетот обезбедивме многу пари за капитални инвестиции, вкупно 21 милијарда и 500 милиони денари кои им стојат на располагање на министерствата и на фирмите во Македонија да ги искористат за капитални инвестиции. Тоа е голем износ на средства и очекувам тие да бидат добро и навремено искористени. Со уште стоте милиони евра што ги обезбедуваме од Европската инвестициска банка и што ќе бидат на располагање до крајот на јуни ќе помогне да се оствари позитивна стапка на економски раст што би било одлично остварување имајќи предвид дека ретко која земја во Европа во вакви услови има позитивна стапка на економски раст.

(М-р Зоран Ставревски, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии)

„Алкалоид“ АД - Скопје води сметка за спречување и контрола на загадувањето на животната срединаДОБИЕНА ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

„Алкалоид“ АД - Скопје доби интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. Заради усогласување со законската регулатива во земјава и со закoнодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето, „Алкалоид“ АД - Скопје во 2007 година почна подготовки за добивање интегрирана еколошка дозвола, потфат за кој се вложени над половина милион евра, соопшти компанијата.

Интегрираната еколошка дозвола на генералниот директор на „Алкалоид“ АД - Скопје, Живко Мукаетов, му ја врачи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми. Со добивањето на дозволата „Алкалоид“ АД - Скопје се вброи во листата на одговорни компании кои во текот на секојдневните производствени операции се грижат и водат сметка за интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина, се вели во соопштението.

ПОМОШ ЗА ЖЕНИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ

Жените имаа важна улога во сопственичкиот дел на малите и средни претријатија. Некои велат дека женското претприемништво е нешто посебно и затоа ги разгледуваме сите начини за да им помогнеме жените претприемачи. Мислам дека знам повеќе жени претприемачи во Македонија отколку во Холандија, посочи амбасадорката Шурман.

(H.E. Мариет Шурман, амбасадор наКралството Холандија во Македонија)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ЗАФАТИ ПОДВЛЕЧЕНО

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Седум закони и 140 подзаконски акти се донесени во изминатиот период во сегментот за безбедноста на храната, ветеринарството и фитосанитарната заштита. До крајот на годината треба да се донесат уште 40 подзаконскиакти. Со тоа, целата оваа област ќе биде целосно регулирана, изјави на прес конференција во Стопанската комора на Македонија директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски (21.5.2012 година). Македонија од овој аспект е подготвена за отпочнување преговори со Европската унија за членство во рамки на поглавјето 12, – додаде Рунтевски. Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство денеска, во рамките на добрата соработка меѓу двете институции, а во функција на запознавање на членките со сите обврски согласно донесените правилници, потпишаа Меморандум за соработка. Во следниот период ќе бидат организирани повеќе едукативни семинари, чија цел е на бизнис-заедницата да и` се претстават најновите прописите кои се однесуваат на безбедноста на храната, како и нивна имплементација во работењето на компаниите. - Соработката на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатиот период е на високо ниво и од извонредно значење за компаниите, пред се`, во делот на донесувањето на подзаконската регулатива, односно правилниците за обезбедување минимален квалитет на пазарот кој е единствена бариера за заштита од нелојална конкуренција на

домашниот пазар. На тој план, согласно нашите барања поднесени во рамките на регулаторната гилотина, Агенцијата реагираше брзо, - изјави м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Како што потенцираше м-р Георгиева, Комората и Агенцијата заеднички работеа на Правилникот за адитиви, како и на здравствените сертификати заедно со претставниците на кондиторското производство. Соработката продолжи и во подготовката на Правилникот за квалитет на конзумни јајца, Правилникот за квалитет на пченичното брашно со мелничко-пекарската индустрија, во тек е изработка на нов Правилник за масло за јадење со соодветната Групација, која всушност иницираше донесување нов правилник. Сега работиме на уште 5 нови правилници: Правилник за квалитет на супи, концентрати за супи, концентрати за сосови и додатоци за јадења; Правилник за квалитет на освежителни и безалкохолни пијалаци; Правилник за квалитет на печурки и производи од печурки; Правилник за квалитет на производи од овошје и зеленчук и Правилник за квалитет на зачини и мешавина на зачини, - додаде м-р Јелисавета георгиева. Инаку, со донесувањето на Законот за безбедност на храна, од 1.01.2011 година, дојде до инкорпорирање на Управата за ветерина која до тогаш беше во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дирекцијата за храна, како дел од Министерството за здравство. Всушност, се формираше една независна институција за ветеринарство и безбедност на храна која делува како единствен надлежен орган од овие области. Во нејзин состав функционираат седум сектори и тоа: Сектор за гранична инспекција, Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните, Сектор за ветеринарно здравство, сектор за храна од неживотинско потекло, Сектор за ЕУ и меѓународна соработка, Сектор за правни работи и Сектор за стручна поддршка.

СОРАБОТКА Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство потпишаа Меморандум за соработка

ЗАЕДНИЧКО ДОКОМПЛЕТИРАЊЕ НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ И СЕМИНАРИ ЗА ОБУКА ЗА КОМПАНИИТЕ

Cтопанската комора на Македонија за тоа каков ќе биде ефектот врз македонската економија без членство во НАТОПРАКТИЧНО ДА НИ СЕ ОВОЗМОЖИ ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА АЛИЈАНСАТА

Со оглед на фактот дека Македонија не беше на дневен ред на Самитот на НАТО во Чикаго, за што македонската јавност беше известена уште пред неколку месеци , за Македонија не треба да има прашање „Пред и после Чикаго”. Чикашката агенда на НАТО беше: Безбедноста низ призма на противракетен штит, унапредување на соработката со Русија и повлекувањето од Авганистан. Од аспект на бизнис-заедницата (како приватен сектор), тоа што не` интересира во случајот со НАТО е како македонските компании да учествуваат во јавните набавки во НАТО? Бидејќи ние не сме членка на НАТО, не можеме засега да ја користиме можноста за пласман на нашите производи и тоа не само стоки за посебни намени, туку и стоки за широка потрошувачка и услуги, освен доколку се работи за проект во Република Македфонија. Би можеле, но како подизведувачи на компании од земјите-членки на НАТО. Но тоа е само како можност на регулативата, но не и во пракса. Како бизнис-заедница, свесни сме дека е тоа објективна пречка и проблем, но сепак би ја замолиле Владата да се обиде да се најде решение. Впрочем, ние не сме членка на НАТО, а сепак испраќаме војници во нивните воени мисии.

СТАВ

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Регионалната комора со седиште во Скопје

НАМЕСТО ЗАПИШУВАЊЕ ХИПОТЕКИ, БАНКИТЕ ДА ОТКУПУВААТ УДЕЛИ ИЛИ АКЦИИ ОД КОМПАНИИТЕ!

Регионалната комора со седиште во Скопје предлага деловните банки активно да се вклучат во санирањето на неповолните влијанија предизвикани од светската економска криза. Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје, на својата 8-ма седница, одржана на 16 мај 2012 година, со која раководеше д-р Горан Рафајловски, расправаше, меѓу другото, за стопанските движења и одразот на економската криза врз компаниите од скопскиот плански регион. Посебно ги истакнаа проблемите поврзани со неликвидноста и слабата финансиска дисциплина во измирувањето на должничко-доверителните односи. Заради значењето и влијанието на состојбите во компаниите од Скопскиот регион на вкупното стопанство во земјава, Управниот одбор утврди конкретни предлози кои можат да придонесат во овие услови поуспешно да се решаваат актуелните проблеми. Притоа, беше потенцирано: - Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје оцени дека деловните банки можат многу да придонесат за успешно решавање на проблемите во стопанството. Во таа смисла, Управниот одбор упатува предлог до деловните банки со нивната деловна политика, за сметка на намалување на учеството на хипотекарните кредити за стопанството, се` повеќе да се вклучуваат во решавање на проблемите од развоен и ликвидносен карактер во компаниите со откуп на удели или акции. На тој начин деловните банки ќе придонесат до подобрување на квалитетот на своето портфолио со намалување на учеството на ризичните пласмани, односно до зголемување на капиталот на банките што ќе овозможи зголемување на нивната вредност и ќе имаат подобар пристап до дополнителен капитал со пониски камати за пласмани во стопанството. Суштината на овој предлог е деловните банки да преземаат поголема одговорност и да придонесат за поуспешно решавање на актуелни проблеми во компаниите. Од друга страна, со поголемо користење на овие банкарски продукти во финансиската поддршка на стопанството ќе се создаваат услови и за креирање на нови финансиски инструменти кои ќе придонесат и за заживување на тргувањето на Македонската берза за хартии од вредност. Во овие активности на стимулирање на банките за користење на овој начин на поддршка на

стопанството потребно е да се вклучи и Народната банка на Македонија со конкретни мерки од нејзиниот домен. Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје оцени дека досегашните мерки на економската политика за поддршка на start-up бизниси не ги дадоа очекуваните резултати. Затоа, Управниот одбор предлага Владата на Република Македонија да разработи стратегија за поддршка на start-up бизниси со финансиски средства до износ од 50.000 евра, согласно издржани бизнис-планови на компаниите. - Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје повторно го актуелизира барањето до Владата на Република Македонија да ги поддржи барањата на стопанството за зголемени капитални инвестиции во патната инфраструктура, реконструкција и модернизација

на железничкиот сообраќај и инвестиции во енергетиката, како предуслови за зголемен стопанскиразвој. - Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Скопје ја актуелизира иницијативата до Владата на Република Македонија за донесување на посебен закон за финансиска дисциплина, како една од мерките за ублажување на неликвидноста во стопанството.

Во врска со другите точки на дневниот ред по кои се дискутираше, треба да се потенцира дека Управниот одбор заклучи:- да се пристапи кон реализација на иницијативата за потпишување спогодби за соработка со Стопанската комора на Загреб и Стопанската комора на Љубљана;- да се пристапи кон операционализација на Одлуката за финансиската поддршка на Регионалната комора со средства од Финансискиот план за 2012 година;- во текот на јуни 2012 година да се организира бесплатен семинар за членките на Регионалната комора со седиште во Скопје за користење на Арбитражата во деловните спорови.

М-р Ацо Спасовски

ПРЕДЛОЗИ

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Македонскиот банкарски сектор ја задржа својата стабилност, одржувајќи висока солвентност и ливквидност и покрај неизвесноста со должничката криза во ЕУ. Стрес-тестовите покажуваат дека македонските банки би издржале и најлоши сценарија. Ова го заклучи Комитетот за финансиската стабилност кој на 22.5.2012 година ги разгледуваше најновите движења во банкарскиот систем на Македонија. - Македонскиот банкарски систем покажува исклучителна стабилност. Адекваноста на капиталот е зголемена на 17,5 проценти, а високо ликвидната актива во вкупната актива на банкарскиот сектор достигна 31,5 поценти во првиот квартал на оваа година, рекол гувернерот на НБРМ, м –р Димитар Богов и додал дека ова покажува оти има доста голема стабилност на банкарскито систем и отпорност на шокови. Тој додал, како што пренесува МИА, дека стрес-тест симулациите покажуваат оти и при најцрни сценарија македонскиот банкарски систем не ја намалува адекваноста на капиталот, односно дека ниту една банка не ја намалува адекваноста на капиталот под законскиот минимум од 8 проценти. Според вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, добро е што и во услови на зголемен ризик во европската економија македонскиот банкарски сектор ја задржува стабилноста, а добро е и тоа што растат депозитите, односно показател за довербата на населението и фирмите во стабилноста на банкарскиот систем е фактот што во вакви околности има умерен пораст на депозитите кај банките. Тоа, како што додал, го потврдува и високата ликвидност на банките и стапките на адекваност на капиталот што од друга страна е показател дека добар дел од капиталот на банките може да се доискористи во насока на зголемување на кредитната активност за добри и добро таргетирани квалитетни проекти кои ќе помогнат македонското стопанство и граѓаните полесно да ја пребродат ситуацијата во која се наоѓаме поради последиците од случувањата во Европа. Значајно, смета министерот, е што симулациите за евентуални сценарија за развој на ситуацијата со повеќе варијатни покажуваат дека нема ниту една банка во Македонија што би дошла во критична ситуација и оти и граѓаните и фирмите

може да бидат спокојни од тој аспект во однос на стабилноста и сигурноста на нивните депозити. Комитетот заклучи дека македонскиот банкарски систем нема речиси никаква зависност од изворите на финансирање од странските финансиски пазари, што ја минимизира опасноста за прелевање на тековните кризни случувања во евро-зоната во домашниот банкарски сектор. Според податоците НБРМ и Министерството за финансии, активностите на банките продолжија да растат и во првите месеци од 2012 година, со слична динамика како и во текот на 2011 година. На 31 март годинава, депозитите достигнаа износ од 237 милијарди денари и во споредба со овој период лани, се зголемени за 9,8 отсто. Растот на кредитите е малку побавен во однос на депозитите и изнесува 8,3 отсто. Банките одржуваа стабилна ликвидност, а показателите за ликвидноста се зголемени. Учеството на ликвидната актива во вкупната актива изнесува 31,5 отсто. Исто така, зголемена е и покриеноста на депозитите на населението со ликвидната актива, која на крајот на март изнесуваше 61%. Сите банки ги исполнуваат пропишаните минимални стапки на ликвидност во висина од 1, а стрес-тест симулациите покажуваат отпорност на банкарскиот систем на ликвидносни шокови. Во 2011 година, нивото на ризици на кои се изложени банките во своето работење се задржа во контролирани рамки. Комитетот заклучува дека е забележано одредено зголемување на кредитниот ризик, но конзервативноста и внимателноста како на регулативата, така и на банките обезбедуваат целосна покриеност на „лошите“ кредити со издвоените резервации. Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на крајот на март 2012 година изнесува 9,9 отсто. М-р Димитар Богов одговарајќи на новинарско прашање за новите мерки

на монетарната политика, рече дека ефектите од нив треба да се очекуваат во третиот и четвртиот квартал од годинава. - Трансмисијата на монетарната политика кон банкарскиот систем обично одзема некаде два до три квартали. Така, овие мерки што ние сега ги донесовме вистинските ефекти треба да ги дадат некаде од третиот и во четвртиот квартал од оваа година. Мерките се така темпирани за во втората половина

од годината кога се очекува заживување на европската економија и соодветно повлекување на македонската економија банките веќе да можат да ги поддржат македонските претпријатија и да го фатат тој воз на закрепнување што ќе почне во ЕУ, рече Богов и доаде дека не смета оти банкарскиот сектор бавно ги следи мерките, туку дека тоа е едно нормално приспособување и дека засега оди онака како што и очекувале. За тоа колкаво ќе биде кредитирањето, Богов истакнал дека НБРМ со мерките се обиде да спречи во втората половина на годината да дојде до намалување на кредитниот раст. - Оваа стапка која ја забележавме во првиот квартал од 8,3 отсто сметаме дека на овој начин ќе ја задржиме до крајот на годината што би било солиден кредитен раст во сите овие околности, - рекол гувернерот. За Стопанска банка, која има грчки капитал, Богов истакнал дека во моментот има адекватност на капиталот над 18 проценти што е исклучително висок процент.

- Дури и во најцрните сценарија тој процент би се намалил незначително и би бил значително над 12 проценти, што е некој неофицијален минимум кој ние го бараме од големите банки, истакнал гувернерот на Народната банка на Република Македонија.

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Банкарскиот систем стабилен, депозитите сигурни

СТРЕС-ТЕСТОТ ПОКАЖУВА ДЕКА БИ СЕ ИЗДРЖАЛЕ И НАЈЛОШИТЕ СЦЕНАРИЈА

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Стопанска банка договори партнерство со„ Импексел 2“ и „Еуро Актива“ АРАНЖМАН ЗА СТАНБЕНИОТ КОМПЛЕКС „ГРАНД ПРЕСТИЖ“ ВРЕДЕН НАД 70 МИЛИОНИ ЕВРА

Стопанска банка АД - Скопје потпиша Меморандум за долгорочно партнерство со своите партнери и клиенти „Импексел 2“ и „Еуро Актива“ за Проектот „Гранд Престиж“, вреден над 70 милиони евра. Проектот нуди 80.000 метри квадратни станбен комплекс. За него инвеститорите минатата година ја добија титулата „Проект на годината“. Две од станбените згради се веќе изградени, а во процес на подготовка се и останатите четири. Стопанска банка АД - Скопје во изминатите 67 години континуирано ја поддржува македонската економија и стопанство и се гордее со секој поединечен проект како и со свој успех. Посебно внимание посветуваме на градежната индустрија која во последните неколку години е во постојана експанзија создавајќи нов имиџ за градот и државата, беше речено на прес-конференција. Освен поддршка за инвеститорите, Стопанска банка ќе понуди и најповолни услови за финансирање на клиентите заинтересирани својот нов дом да го имаат токму во комплексот „Гранд Престиж“. За таа цел, на објектот ќе биде отворен посебен шалтер на Банката кој ќе ги опслужува клиентите во целиот процес на купување на новиот дом и ќе ја нуди неопходната поддршка.

Комерцијална банка” доби признание за успешност од “Дојче Банк” НАГРАДА ЗА ОБРАБОТКА НА ПЛАЌАЊАТА КАЈ ТРАНСАКЦИИТЕ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПЛАТЕН ПРОМЕТ

“Комерцијална банка” доби награда од “Дојче Банк” за одлични перформанси при директната обработка на плаќањата минатата година. Од банката соопштуваат дека ова признание е доказ за исклучителниот квалитет во работењето со меѓународни плаќања, посебно во делот на директната обработка на плаќањата кој има голема улога во намалувањето на трошоците во глобалното банкарство. Од “Дојче банк”, кој е светски лидер во областа на меѓународните плаќања, ја потврдуваат успешноста на тимот на “Комерцијална банка” кој постигнал исклучително висока стапка во директната обработка на плаќањата кај трансакциите во меѓународниот платен промет.

„Халбанк“ интензивно ја проширува својата банкарска мрежа доближувајќи се максимално до клиентитеНОВА ФИЛИЈАЛА ВО АЕРОДРОМ

Според плановите и целите кои „Халкбанк“ АД Скопје ги реализира, следејќи ја својата стратегија континуирано да биде чекор поблиску до своите клиенти, на 22.5.2012 година беше отворена нова филијала во општина Аеродром, на бул. “Јане Сандански”, спроти трговскиот центар „Бисер“. Локацијата на филијалата е во срцето на општината каде што населението има потреба од секојдневни банкарски услуги кои „Халкбанк“ ги нуди и задоволува на високо ниво на подготвеност на вработените. Овој дел од градот, исто така, претставува центар на повеќе важни и потенцијални клиенти на банката и затоа една од стратешките цели е нејзиното позиционирање токму на овој простор. -Се надеваме дака оваа експозитура ќе биде бериќетна и за Банката и за македонската економија. –истакна Нечдет Палакчи,

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

новиот главен извршен директор на „Халкбанк“ во Македонија, кој заедно со претседателот на општината Аеродром, Ивица Коневски, ја пресече лентата при свеченото отварање на филијалата. Преку новата Филијала на „Халкбанк“ , на правните и физички лица од оваа општина ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на Банката: штедни влогови, платен промет во земјата и станство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Western Union - брз трансфер на пари, VISA, MasterCard и Maestro платежни картички, е-комерц и друго. „Халкбанк“ има исклучителни производи и сервиси за физички лица и е специјализирана во областа на кредитирање на микро, мали и средни фирми, со што се отвора додатна можност за развој на претпријатијата во овој регионот. -Дистрибутивната мрежа на филијали и експозитури ширум земјата, сега брои вкупно 22 локациja во 11 градови низ државата. Пред само десетина дена беше отворена филијалата на „Халкбанк“ и во Визбегово, со што банката ги потврдува своите намери и цели во своето работење. За неколку дена отвараме филијала во Штип, а потоа следи отварање и во Струга и во Велес. Подготвуваме и понуда на нови атрактивни производи на банката. – нагласи Нечдет Палакчи.

ПроКредит Банка во првиот квартал од 2012 година НЕТО-ДОБИВКАТА ПОВИСОКА ЗА 52,26 ОТСТО

Како година со силни предизвици за реалниот и финансискиот сектор предизвикани од локалното и светско макроекономско опкружување, ПроКредит Банка ја заврши 2011 година со позитивни финансиски резултати и раст на кредитното портфолио, бележejќи континуирано зголемување на пазарниот удел на кредити. Вкупното кредитно портфолио достигна 165 милиони евра, што претставува пораст од 10,6% споредено со 2010 година. За споредба, во 2011 година растот на ниво на банкарскиот сектор во Македонија изнесуваше 8,53%. Банката ја заврши годината со профит од 1,2 милиона евра, а процентот на нефункционални кредити изнесуваше 2,85%, далеку пониско од нивото на банкарскиот сектор од 9,9 %. И во првиот квартал од 2012 година, ПроКредит Банка забележа позитивни финансиски резултати со пораст на кредитно портфолио од 10,32% споредено со првиот квартал во 2011година и нето-добивка од 325.842 евра која што е повисока за 52,26% во однос на добивката од првиот квартал минатата година. Во 2012 година, ПроКредит Банка продолжува активно и одговорно да ги кредитира малите и средни претпријатија, нудејќи банкарска услуга која обезбедува раст и унапредување на бизнисот. За таа цел ПроКредит Банка од неодамна има нова бизнис-понуда за нови инвестиции и рефинансирање на постојните кредити со продолжен рок на отплата до 15 години (зависно од видот на инвестицијата) и 0% провизија при исплата на кредитот. Како банка со доминантен германски капитал, ПроКредит Банка продолжува да биде сигурен партнер за штедачите, градејќи долгорочен однос од доверба, – соопштуваат од Банката.

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Заедничка седница на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и на Групација на

производители на заштитни вратиВГРАДУВАЊЕ БЕЗБЕДНИ ПРОТИВПОЖАРНИ ВРАТИ

ВО ЈАВНИТЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ ОБЈЕКТИ

Во рамките на Групацијата на производители на заштитни врати при Стопанската комора на Македонија, во изминатиот период на неколку наврати актуелизирани се одредени прашања и проблеми сврзани со увоз на безбедносни врати. Сознанијата во Групацијата се дека е присутен зголемен увоз на заштитни врати за кои не постои сигурност за нивниот квалитет и безбедност, а се вградуваат во јавните и колективните станбени објекти. За да се надмине ваквата состојба, а имајќи ги предвид несаканите последици по животот и безбедноста на населението и имотот, на 22 мај 2012 година, во Комората, се одржа заедничка седница со претставници на Здружението на градежништвото и Групацијата на производители на заштитни врати. На состанокот присуствуваа и претставници на Министерството за економија, Државниот пазарен испекторат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизами. Во обемната дискусија се потенцираше дека правна регулатива е донесена со Законот за градежните производи, Правилникот за пожарна класификација на градежните производи, како и македонските национални стандарди кои се прифатени и хармонизирани. Во однос на прашањата и проблемите поврзани со увозот на заштитни врати, за кои се цени дека се со несоодветен квалитет и не ги задоволуваат барањата согласно Законот за безбедност на производите, се заклучи производителите на врати, заедно со Државниот пазарен инспекторат да ги испитаат сите можности за сертифицирање на домашните произоди, како и обезбедување сознанија за исправноста на документација која се приложува при увоз на овие производи. Исто така, се заклучи, да се препорача на инвеститорите, односно локалната самоуправа, за потребата од вградување на заштитни пожарни врати во јавните и колективните станбени објекти, со соодветен квалитет, согласно позитивните законски прописи и стандарди, со што ќе се намали ризикот од несаканите последици при пожари.

Војкан Николовски Марија Петроска

Семинар за промени во Законот за здравствена заштита и прописите

за безбедност и здравје при работаПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА СИТЕ НОВИНИ

ВО ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ

На 22.05.2012 година во Стопанската комора на Македонија беше одржан еднодневен семинар на тема: „Промени во Закон за здравствена заштита и прописите за безбедност и здравје при работа“. Целта на овој едукативен настан беше да се акцентира значењето од унапредување на безбедноста и здравјето при работа, како и отворањето на можностите за зголување на капацитетите на компаниите во областа на безбедноста и здравјето при работа, запознавање на правните субјекти, раководителите и други лица засегнати од примената на овој закон во кој се опфатени здравствените оптоварувања на сметка на ФЗО. Посочен беше и практичен пример: Kолку ја чини тоа компанијата? Семинарот беше спроведен во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), кои реализираа стручна тематска обука поврзана со промените во Законот за здравствена заштита и од областа на работните односи.

Обучувачите на семинарот беа од Фондот за здравствена заштита, од Организацијата на работодавачи, Државниот инспекторат за труд и од МЗЗПР. На учесниците тие им ја презентираа промената во Законот за здравствено осигурување, делот на евиденција на несреќите при работа според членот 122 од Законот за здравствено осигурување, прописите за безбедноста и заштитата при работа, како и економски анализи за безбедноста и заштитата при работа. Согласно Законот за здравствено осигурување, задолжително е пријавување на повредeн работник, во спротивно следуваат санкции за работодавачот. Стопанската комора на Македонија на секој од учесниците им додели соодветен сертификат за стекнатото знаење од областа на Законот за здравствена заштита и прописите за безбедност и здравје при работа. А. М.

БАРАЊА ЕДУКАЦИЈА

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Семинар за менувачко работење и вршење услуги брз трансфер на париПРАКТИЧНА ОБУКА СО СТРУЧЊАЦИ ОД НБРМ

На 21.5.2012 година во Стопанската комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема: “Менувачко работење и вршење на услуги брз трансфер на пари”. Целта на овој едукативен настан беше да се презентираат и објаснат проблематиката и дилемите поврзани со надзорот над спроведување на Законот за вршење услуги брз трансфер на пари и менувачкото работење, прописите донесени врз основа на истиот, како во постапката за лиценцирање, во известувањата за измени во податоците и документите, водењето на евиденцијата, доставувањето на извештаите, така и при вршењето услуга брз трансфер на пари и менувачко работење. Предавачи на овој едукативен настан беа практичари од сферата на лиценцирањето и следењето како на менувачкото работење така и на вршењето услуги брз трансфер на пари во Народната банка на Република Македонија: Царка Накова, самостоен советник, Зора Петровска, самостоен советник супервизор, Елеонора Симовска, супервизор и м-р Милена Делева помлад супервизор. Откако предавачите завршија со своето излагање во врска со: условите за добивање дозвола за вршење менувачки работи; начинот на вршење на менувачките работи; условите за добивање дозвола за вршење на услугата брз трансфер на пари; условите за склучување на договор меѓу давател на услугата брз трансфер на пари и субагент и начинот и условите за вршење на услугата брз трансфер на пари, следуваше дебата со која се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата. Учесниците на семинарот за здобиените знаења и вештини добија соодветни сертификати од страна на Стопанската комора на Македонија. Ана Милкова

Семинар за Собрание на акционерското друштвоФОКУСИРАНА ОДГОВОРНОСТА НА ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ И НАДЗОР

На 18.05.2012 година во Стопанската комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема: “Собрание на акционерско друштво: Одговорност на органите на управување и надзор на акционерското друштво”. Иако овој семинар, пред се`, беше наменет за членови на органите на управување и надзор со АД, како и за лица вработени во правните сектори во акционерските друштва, кои, меѓу другото, се задолжени за организација на собранија на АД, се покажа дека сите категории вработени од стопанството пројавија голема заинтересираност. Целта на овој едукативен настан беше да се презентираат и објаснат сите специфични аспекти поврзани со организацијата и одржувањето на собранието на акционерското друштво, согласно Законот за трговски друштва, како и одговорноста на членовите на органот на управување, односно членовите на органот на надзор на акционерското друштво. Притоа, беше направена јасна дистинкција меѓу неколкуте видови на одговорност на членовите на споменатите органи во АД, со сите нивни специфични карактеристики. Предавачи на овој едукативен настан беа д-р Зоран Михајлоски, судија во Апелациониот суд во Скопје и д-р Марко Андонов, професор при Универзитетот Американ Колеџ - Скопје. Тие ги запознаа присатните со значењето на собранието како обврзен орган на АД и неговата улога, ги објаснија видовите собранија на АД и надлежност на собранието на АД, беше образложена и постапката и условите за свикување на собрание на АД и начинот на неговото одржување, учество во работа, претходни дејства потребни за одржување на собранието, презакажување, водење, гласање, влегување во сила на одлуките на собранието, посебно собрание... Присутните учесници беа запознати и со условите под кои одлуките на собранието на АД можат да бидат без важност, односно ништовни одлуки на собранието и одлуки на собранието кои може да се побиваат. Детално беа објаснети условите за одговорност на органите на управување и надзор на АД, статусна одговорност, имотна (граѓанска) одговорност на членовите на органот на управување на АД и посебната одговорност на членовите на органот на управување на АД спрема доверителите. На дебата по образлагањата на предавачите, беше направен обид за расчистување на одредени нејасности и дилеми кои се јавуваат во праксата, вклучително и одредбите поврзани со ништовноста на одлуките на собранието, како и одлуките кои се подобни за побивање. Стопанската комора на Македонија на сите учесници за здобиените знаења и вештини им додели соодветни сертификати. Анита Митревска

ЕДУКАЦИЈА

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Европската банка за обнова и развојМАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ГОДИНАВА СО РАСТ ОД 1,3 ОТСТО

Најновата проекција на Европската банка за обнова и развој за растот на македонската економија годинава е 1,3 отсто. - Македонија во првата половина на 2011 година имаше силен раст поттикнат од зголемениот извоз. Но, растот забави во втората половина од 2011 година и почетокот на 2012 поради случувањата во еврозоната. Надворешните влијанија ќе продолжат негативно да влијаат на економијата во Македонија и растот на БДП од ланските 3 проценти годинава ќе се намали на 1,3 процент. Земјата се уште има пристап до официјални извори за финансирање и меѓународните финансиски пазари на капитал, стои во извештајот на ЕБОР. Македонија годинава ќе забележи најголем раст меѓу земјите во регионот. Проекцијата за растот на Албанија, Бугарија и Романија е 1,2 проценти, 0,4 проценти е за Босна и Херцеговина и Црна Гора, а 0,1 отсто за Србија. Растот на економијата во регионот на Југоисточна Европа ќе биде еден процент. Претходната проекција на ЕБОР за растот на Македонија беше 1,8 проценти, за Црна Гора 1,9, за Албанија и Бугарија 1,2 отсто, 1,1 отсто за Србија, 0,8 за Романија и 0,5 проценти за Босна и Хрецеговина. Во 2013 година според новата проекција растот на БДП во Македонија ќе биде 2,6 проценти. ЕБОР со проекција од 2,6 проценти за раст во следната година и во Романија и Србија, 2,5 во Бугарија, 1,8 процент во Албанија, 1,6 во Црна Гора и 0,6 отсто во Босна и Херцеговина

Загрижувачки извештај на Меѓународната организација на трудотЗА ПЕТ ГОДИНИ НОВИ 4 МИЛИОНИ МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЛУЃЕ

ПРОЕКЦИИ

Глобалната стапка на невработеност кај младите за оваа година останува на високо ниво од периодот на кризата и не се очекува да се намали пред 2016 година, се наведува во извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ), „Глобални трендови во вработувањето на младите за 2012 година“. Проекциите покажуваат дека 12,7 проценти од младата работна сила на глобално ниво ќе бидат невработени во текот на оваа година, при што состојбата не е променета од најголемата криза во 2009 година и претставува мало зголемување од минатогодишната стапка од 12,6 проценти. Стапката би била уште повисока, ако се земат предвид и лицата, кои често обесхрабрени од немањето можности се откажуваат или го одложуваат барањето работа. Изразено во бројки, во 2012 година ќе има околу 75 милиони невработени млади лица на возраст од 15 до 24 години, што претставува зголемување за речиси четири милиони од 2007 година. МОТ нагласува дека се очекува и дополнителен притисок врз стапките на невработеност, кога лицата што го продолжуваат образовниот процес поради ограничените изгледи за вработување ќе влезат на пазарот на трудот. - Кризата со невработеност на младите може да се надмине, само ако отворањето работни места за младите лица стане клучен приоритет во креирањето на политиките и значително се зголемат инвестициите во приватниот сектор, изјави извршниот директор на Секторот за вработување на МОТ, Хозе Мануел Салазар-Ксиринакс. Тој додаде дека тука се вклучени и мерки што им нудат даночни и други олеснувања на

претпријатијата, кои ангажираат млади лица, напори за намалување на јазот во вештините кај младите, програми за претприемништво што вклучуваат обука за вештини, менторство и пристап до капитал, како и подобрена социјална заштита за младите.

МОТ напоменува дека иако некои региони заздравеле од економската криза или барем го намалиле нејзиното влијание, сите се соочуваат со предизвиците на голема невработеност кај младите. Во развиените економии состојбата е и полоша отколку што се наведува, со стапка на невработеност на младите од 18 проценти за оваа година, поради масовното напуштање на работната сила. Во Независните држави на Комонвелтот и регионот на Централна и Југоисточна Европа, стапката на невработеност на младите благо опадна на 17,6 проценти во 2011 година. Во Северна Африка, невработеноста кај младите се зголеми за пет процентни поени по Арапската пролет, при што 27,9 проценти од младите останаа без работа во 2011 година. На Средниот Исток стапката изнесуваше 26,5 проценти. Во Латинска Америка и Карибите стапката на невработеност на младите нагло се зголеми за време на економската криза, од 13,7 проценти во 2008 година на 15,6 проценти во 2009 година. Во 2011 година се намали на 14,3 проценти и не се очекуваат дополнителни подобрувања на среден рок. Во Супсахарска Африка стапката од 11,5 проценти во 2011 година е релативно стабилна уште од 2005 година. Во Југоисточна Азија и Пацификот во 2011 година стапката изнесуваше 13,5 проценти, што претставува намалување за 0,7 проценти поени од нивото од 2008 година. Дури и во Источна Азија, можеби економски најдинамичниот регион стапката на невработеност на младите лица е за 2,8 пати

повисока отколку стапката на возрасните. Во извештајот се наведува дека на глобално ниво и во повеќето региони, кризата имаше посилно влијание на стапката на невработеност кај младите жени, отколку кај младите мажи. Оваа разлика е најизразена во Северна Африка, додека во развиените економии, влијанието е посилно кај младите мажи. Многу млади лица, додава МОТ, се заглавени во нископродуктивни, привремени или други видови на работа, што не го трасираат патот кон подобро вработување. Во развиените економии младите сè повеќе имаат привремена работа или работа со скратено работно време, додека во земјите во развој, многу млади се вклучени во неплатена работа, како поддршка на неформалните семејни претпријатија или фарми. Во извештајот се наведува дека младите што не се вработени, ниту вклучени во образовниот процес, претставуваат сериозен проблем, особено во развиените економии. Оваа група, често, ја сочинуваат најмалку 10 проценти од младите и значително се зголемува во многу развиени земји. „Глобални трендови во вработувањето на младите за 2012 година“ е објавен пред одржувањето на Глобалниот форум за вработување на младите, кој ќе се одржи на 23-25 мај, каде што ќе се состанат 100 млади вклучени во унапредување на пристојната работа за младите. Со поддршка на експерти од МОТ Владата на Република Македонија во соработка со социјалните партнери го подготвуваат првиот Национален акционен план за вработување на младите. Се очекува мерките кои ќе се преземат врз основа на планот да придонесат за намалување на големата стапка на невработеност на младите во Република Македонија (стапка од околу 59 проценти во последниот квартал на 2011 година).

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

INTEGRALISSIMO - ИНТЕГРАЛНИ КЕКСИПочитувани потрошувачи,

АД Европа-фабрика за чоколади, вафли и бонбони со гордост ви го презентира првиот производ од нејзината здравствена програма- Inte-gralissimo- интегрални кекси .

АД Европа во 2011 год. започна процес на ребрендирање на речиси целокупниот асортиман на производи, кој вклучуваше анализа на пазарот, и на побарувачката и желбите на потрошувачите, прибирање податоци за истите, изнаоѓање на креативни решенија и најпосле реализација на истите.

Целта на Ад Европа е секогаш да ги следи новите трендови, па оттука и идеата да започне со производство на овие интегрални кекси, како дел од програмата на диететски производи, која планира континуирано да ја збогатува.

Овие производи потрошува-чите веќе може да се најдат во сите маркети ширум Скопје и Р. Македонија. Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне оваа новина од АД Европа, бидејќи ние не застануваме тука, и наскоро ќе ве запознаеме со уште многу ребрендирани и нови производи.

Откријте ја тајната на слаткиот вкус... Секогаш ваша, АД Европа.

ОГЛАС

Компанијата АД Европа-фабрика за чоколади вафли и бонбони е избрана за Супербренд во Македонија и за 2011/12.

Субербренд ја вброи АД Европа меѓу малкуте брендови во Македонија кои се здобија со ова признание, што се должи на нивниот квалитет на производи, стандарди, препознатливост

и имиџ.

Повеќе од 12000 потрошувачи и експерти вклучени во истражувањето на Superbrands гласаа по меѓународни

стандарди, кои ја потврдуваат определбата на АД Европа кон постигнување на највисоки вредности во работењето,

неприкосновен квалитет на производите и врвна услуга кон своите ценети корисници.

Втора година по ред Superbrand го организра и надгледува изборот, чија цел е да се претстават најдобрите трговски

марки кои се присутни во секојдневниот живот.

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

Од 23 мај до 11 јули 2012 година oбука„ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/

ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД”10:00-16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Времетраење на обуката: 8 недели, еднаш неделно по 6 часа дневно.

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад, компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно

стручно оспособено лице - управител за отпад. Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; • да води евиденција и изготвува извештаи; • да ја спроведува годишната програма на својата компанија; • да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава,

преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад; • да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија. Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад.

Управителот со отпад треба да поседува уверение за положен

стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука со која се стекнува со потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот

за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 20 мај 2012 год. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/

или постапување со отпад.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088 [email protected]

Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 28 мај 2012 годинаПрезентација на повикот за

ЦИП-ПРОГРАМАТА ЕКО-ИНОВАЦИИ ЗА 2012

(11:00 часот, Стопанска комора на Македонија)

Целта на презентацијата е да се запознаат македонските компании со условите на ЕУ Програмата ЦИП (Програма за конкурентност и иновативност). За повикот за еко-иновации на проекти во висина од 34.800.000 евра објавен од страна на Европската комисија, можат да аплицираат претприемачите од цела Европа, со цел да се помогне да се донесат еколошки проекти на ЕУ-пазарот. Оваа година ќе бидат поддржани околу 50 нови проекти. Повикот е отворен за еко-иновативни производи, техники, услуги и процеси кои имаат за цел да се спречи или да се намалат влијанијата врз животната средина, или кои придонесуваат за оптимално користење на ресурсите. За еко-иновативни проекти ќе може да се аплицира: – како прва апликација по спроведен развој или истражување – пилот-проект; – или реплицирање на еко-иновативна технологија, процес, услуга на пазарот. Повикот за 2012 година има пет главни приоритетни области: - материјали за рециклирање; - вода; - одржливи градежни материјали; - зелени бизниси и - храна и пијалаци.

Повикот е насочен особено за малите и средни претпријатија, кои имаат развиен иновативен зелен производ, процес или услуга, кои прават напори да си најдат свое место на пазарот. Повикот

нуди кофинансирање 50%, со тоа што 50% од цената на проектот ќе го покрие ЕУ-проектот, додека останатите 50% се самофинансирање. Повикот на ЦИП еко-иновации за пријавување е објавен на 8 мај 2012 година, а крајниот рок за аплицирање е 6 септември 2012 година. За успешна реализација на презентацијата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Јадранка АризанковскаТел:++ 389 2 3244038Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

На 30 мај 2012 година, семинар на Институтот за стандардизација

на Република Македонија на Филозофскиот факултет во Скопје„СТАНДАРДИ, КВАЛИТЕТ И ГЛОБАЛНА

КОНКУРЕНТНОСТ“

Институтот за Стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) ќе организира семинар на тема: „Стандарди, квалитет и глобална конкурентност“, на кој ќе бидат опфатени значењето на стандардите, бенефитот од примената на стандардите, квалитетот и конкурентноста на компаниите. Семинарот ќе го води претставник на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Семинарот ќе се одржи на 30.5.2012 (среда), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Филозофскиот факултет – Скопје (предавална 19), а учеството на семинарот е без надомест.

Ве молиме да го потврдите вашето учество.

Контакт: Емилија ТодоровскаТел:++ 389 2 3244047; Факс:++ 389 2 [email protected]

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

На 30 и 31 мај 2012 година дводневен семинар

„УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕЦЕСИЈА И ВЕШТИНИ НА

ПОТТИКНУВАЊЕ ЦИКЛУС НА РАСТ НА ПАЗАРОТ ВО РЕЦЕСИЈА“

(9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија,сала3 на 3-ти кат)

Што кога започнуваме процес на промени во моменти на криза? Кој е одговорен за управувањето со промени, а кој е носител на целиот процес? Кои се алатите со кои успешно ќе управувате со промените во рецесија? Кои се најчестите грешки? Кои се проактивните стратегии? Кои се стратегии на раст во услови на рецесија? Каков мора да биде лидерот за да обезбеди раст на својата компанија?

Обуката е наменета за сите нивоа на менаџментот, а пресудна е за врвниот и средниот менаџмент во целина, како и за сопственици на помали компании. Целта на овој тренинг е да се запознаат учесниците со основниот „категоријален апарат“ за управување со промените во рецесија; како ефективно да ги мобилизираат вработените и целокупниот менаџмент за да се обезбеди неопходна синергија за остварување на деловните резултати во рецесиското опкружување. Ќе бидат истакнати неколку типови на можни стратегии со кои може да се поттикне раст во ограничувачки околности, запознавање со критичните ресурси и варијабли неопходни за успешна реализација на деловниот раст. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со сетот на компетенции и вештини кои се неопходни за лидерите на системот кои сакаат да растат спротивно од можностите на опкружувањето.

Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт оо финансиии и организациски промени Едукација:2010 - EBU – HRM and Change Management, Ge-neva, Swiss2004 - MBA Henley Management College, Oxford2003 - Diploma in Management - Henley Manage-ment College, Oxford2001 - Executive Certificate, Henley Management College, Oxford1991 - 1996 Универзитет во Осиек - Економски факултет - Финансиски менаџмент

Работно искуство:- директор за човечки ресурси во ХРТ (Хрватска Радио Телевизија);- директор на друштвото EKS d.o.o.;- корпоративен директор за човечки потенцијали на ADRIS GRUPA d.d.; - директор за човечки потенцијали во TVOR-

NICA DUHANA - Ровињ;- раководител на заводот за вработување HZZ – Осиек;- стручен соработник за финансии, заменик на Директорот на финансии; стручен соработник за управување со човечките потенцијали SAPONIA d.d.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 [email protected]

Еднодневен семинарCASH FLOW АНАЛИЗА И ИЗВЕШТAИ

(1 јуни 2012 година, oд 09:00 до 17:00 часот)

Стопанска комора на Македонија Предавач: Александар Василски За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 25 мај 2012 година Контакт: Елизабета А.Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 [email protected]

Анита Митревска тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 [email protected]

Од 21 до 25 јуни 2012 година, во Каиро, Египет

17. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО “INTERBUILD 2012”“INTERBUILD 2012” во Каиро, Египет(Меѓународен конференциски центар (CICC) во Каиро)

Стопанската комора на Македонија Ве поканува да го посетите најпознатиот Саем на градежна индустрија на Блискиот Исток и во Северноафриканскиот регион. На Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет, на површина од околу 30.000 квадратни метри ќе се претстават 1030 излагачи во повеќе од 30 категории, а се очекуваат над 150.000 посетители. Најновите статистики покажуваат дека Египет е еден од најголемите и брзорастечки пазари на Блискиот Исток и доколку се одлучите да почнете да работите на овој пазар, можете да ги

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

искористите предностите што ви ги нуди Саемот за градежништво “Interbuild 2012”, во Каиро, Египет. За успешна реализација на настанот, Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија преку пополнување на Пријавниот лист, кој може да се преземе од веб- порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

http://interbuildegypt.com/

http://interbuildegypt.com/interbuild%20magazine/index.html Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт лице : Марија ПетроскаТел:++ 389 2 3244017Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Од 4 до 6 јули 2012 година, во Софија, Бугарија

БИЗНИС-ФОРУМ НА ФРАНЦУСКИ СО ПРЕТПРИЕМАЧИ

ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Стопанската комора на Македонија организира бизнис-средби што ќе се одржат 2 дена, од 4-6 јули 2012 година во хотел „Хилтон“ во Софија, Бугарија. Македонските компании ќе имаат можност да остварат директни средби со околу 150 француски претприемачи и со други компании од десет други земји во Југоисточна Европа кои прават бизнис со Франција, со земјите на ЕУ и со претприемачи од соседните земји. Бизнис-форумот нуди можност за директно воспоставување деловни партнерства со најголемите француски компании и со други компании од Југоисточна Европа, како и за зајакнување на нивните понуди на производи и услуги во регионот.

За да воспоставите повеќе трговски, финансиски, технолошки или инвестициски партнерства, приклучете се на повеќе од 150 француски и странски компании кои учествуваат во оваа динамична бизнис-средина. На форумот ќе учествуваат компании од различни сектори: туризам, хотелиерство, земјоделие, инфраструктура, енергетика, животна средина, производи за широка потрошувачка, франшиза, услуги, итн. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес, преку пополнување на пријавниот лист. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија до 28 мај 2012 година .

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Влатко СтојановскиТел:++ 389 2 3244004Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 24 мај 2012, Бр. 99

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на градежни

материјали од Република Македонија и сака да добие понуди за следните

градежни материјали:-градежни блокови 20 шлепери

годишно;-гипс картон, обичен и водоотпорен

до 100 шлепери годишно;-цемент до вредност од 2 милиона

евра;-ПВЦ и алуминиумска столарија (врати

и прозорци и блендирани врати);-керамички плочки и паркет.

Авансно плаќање до 100% со добар рабат.

Валидност до: 17.12.2012 година

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да вработи

градежни работници од Република Македонија за работа на градежни објекти во Русија - 70 работници со обезбедена плата од 25 до 35 евра за еден работен час и обезбедено

сместување.Валидност до: 17.12.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со туристички агенции во Република

Македонија за организирање туристички посети во Франачката

област.

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со

производители на мермер и природен камен.

Валидност до: 3.9.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании во областа

на градежништвото, проектирањето и трговијата со градежни материјали.

Валидност до: 3.9.2012 година

Македонска компанија нуди завртки и навртки (сврзувачки елементи), опрема, резервни делови и врши

одржување на термоцентрали.Валидност до: 4.12.2012 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е за соработка со фармацевтски фабрики во

Република Македонија за пласман на суровински материјали - прашок за фармацевтско производство на

лекови. Сакаат да регистрираат лек во РМ, како и да отворат претставништво.

Валидност до: 4.7.2012 година

Компанија од Македонија издава производен објект со простор

од 3500м2. Погонот се користел за производтсво на конфекција,

комплетно е опремен за производтво. Објектот има струја, вода, паркинг, климатизација, осветлување и др. Локација Индустриска Зона Здуње

- Гостивар, близу поранешната Стакларница.

Валидност до: 7.12.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија

за пласман на ткаенини од памук, вискоза и полиестер.

Валидност до: 8.9.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машки, женски и детски

чорапи.Валидност до: 8.9.2012 година

Компанија од Шпанија бара соработка со македонски компании кои би

вршеле склопување на сигурносни врати во Република Македонија, за

натамошен нивен пласман.Валидност до: 9.10.2012 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија

за плсман на безбедносни каси/сефови.

Валидност до: 10.9.2012 година

Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија

за пласман на индустриски пумпи.Валидност до: 10.9.2012 година

Компанија од Шпанија бара да пласира во Република Македонија

користени автобуси за превоз на патници.

Автобусите можат да бидат стари од 6-16 години.

Валидност до: 10.9.2012 година

Компанија од Шпанија заинтересирана е да отвори погон за производство на канцелариски мебел

во Република Македонија.Валидност до: 11.9.2012 година

Компанија од Уругвај, со претставништво во Бугарија, бара дистрибутер во РМ за пласман на

лепило двокомпонентно, за лепење метал, цемент, мермер, пластика,

стакло, дрво, каучук, бетон, керамика, гранит, порцелан.

Валидност до: 11.9.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република

Македонија за пласман на апарати за алко-тест, апарати за откривање на конзумирање дрога и апарати за

мерење крвен притисок.Валидност до: 14.9.2012 година

Компанија од Белгија бара да откупува стари шини во Република Македонија.

Валидност до: 15.9.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора

на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

PonudaPobaruva~ka