proektna zadaca - globalizacija i ekonomski razvoj vo rm

23
СЕПУГС ,,Васил Антевски Дрен’’ Скопје ПРОЕКТНА ЗАДАЧА По предметот Економија ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Upload: tantur

Post on 20-Feb-2015

3.182 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

СЕПУГС ,,Васил Антевски Дрен’’

Скопје

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

По предметот Економија

ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ ВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ментор Изработил

Проф.Лила Дамеска Елена Тантуровска IV-2

Скопје, 2011

Page 2: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

СОДРЖИНА

Вовед 3

1. Дефиниција на глобализацијата 3

1.1 Методологија 4

1.2 Глобализацијата, воопшто 4

1.3 Процес на глобализација 6

2. Економска глобализација 8

2.1 Меѓународните текови на капиталот 9

2.2 Меѓународните текови на стока 9

3. Носители на глобализацијата 10

3.1 Транснационалните компании како економски ефект

на процесот на глобализација 11

3.2 Зашто се транснационалните компании толку моќни? 12

4. Глобализацијата и економскиот развој во Р. Македонија

и другите земји на Југоисточна Европа 13

4.1 Странските директни инвестиции како ефект 13

4.2 Трендовите во врска со странските директни инвестиции

во земјите на Југоисточна Европа 13

4.3 Трендовите во Македонија 14

Заклучок 17

Користена Литература 18

2

Page 3: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

Вовед

Во оваа проектна задача се работи за развојот на процесот на

глобализацијата, самото значење на поимот како и влијанието на глобализацијата

на светската економија, политика и светската заедница заедно. Истакнато е дека

глобализацијата има и негативни и позитивни аспекти но, и дека носи значајни

промени.

Развиениот свет е носител на процесот на глобализацијата и всушност тој

најдобро ги има искористено актуелните глобални околности. Со развојот на

информатичките и комуникациските технологии светот стана единствен состав, а

врската помеѓу два субјекта во различни делови на светот неретко се остварува

во рок од неколку минути. Создавањето на општествени и политички интерграции

е во причинско - последична врска со процесот на глобализацијата.

Сведоци сме на растурените меѓузависности помеѓу државите ширум

светот и одвивање на низа независни процеси кои се случуваат опфаќајки држави,

региони, целиот свет. Овој сплет на сите односи со кои се поврзуваат бројни

судници на државно, регионално ниво, па и цивилизацијата - во разни области,

времиња, при различни брзини на одвивање, со тенденција на сеопфатност , но и

ширење и кај оние процеси кои веќе постанале глобални - го нарекуваме

глобализација.

1. Дефиниција на глобализацијата

Глобализацијата е еден релативно нов израз за некои стари процеси кои

порано само различно биле нарекувани. Така на пример како синоним за

глобализација можеме да го спомнеме и универзалиција и интернационализација.

Глобализацијата доаѓа од францускиот збор глобал, што значи севкупност.

Поимот глобализација може да се свати и дефинира различно. Едно ја

дефинира глобализацијата како позитивен и оптимистичен процес кој носи

3

Page 4: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

развиток на технологијата, ширењето на пазарот, поголем профит, порелаксиран

живот, значаен напредок, распаѓање на диктаторскиот режим и уживањето во

трошењето(како нужност на поврзување на светот без национални граници). Друго

ја дефинира глобализацијата како потребно зло, превласт на САД и ЕУ во сите

аспекти од животот- економијата, политиката, знаметонистите и културата (како

облик на колонијализмот и империјализмот над малите народи). Клаич за

глобализацијата кажува : Основно одбележување на сегашниот општествен живот

и земјите е присуството на меѓузависност. Меѓузависноста и глобалната

распространетост на широк простор е позната како глобализација.

Глобализацијата е име за претварање на светот во единствен простор1.

1.1 Методологија

Во оваа проектна задача ќе биде користен еден аналитички и компаративен

пристап, концизно хронолошко следење на настаните со конкретни цели за

истото, презентација на генерални статистички податоци (кои можеби за некои

сегменти и не се најактуелни, но сепак многу добро можат да послужат за

создавање на една јасна слика за предметите на обработка за кои истите се

користени од причина што и најновите квантитативни податоци од таа сфера се

движат во приближно исти рамки) со јасна и стручна дескрипција на истите.

1.2 Глобализацијата воопшто

Изворот на глобализацијата се вклопува во новата филозофија позната

како новиот светски поредок кој е замислен во САД после пропаста на

комунистичките поредици и советскиот блок, чија најважна одредба е создавање

на глобален пазар. Како долготраен процес во кој човечкиот род од самиот

почеток на своето проширување и изуми тежи во сеопфатноста на светот.

Глобализацијата своето убрзување го доживеала со распаѓањето на реалниот

1 http://mk.wikipedia.org

4

Page 5: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

социјализам и кршењето на едностраните комунистички режими во земјите од

средна и источна Европа и во бившиот Советски Сојуз.

Во соединувањето на Европа многу видоа прв чекор во создавање на

светска држава, а таа идеа за еден свет е еднакво стара како и илузијата за вечен

мир кој тој свет би требало да го создава. Глобализацијата како процес неможе да

се избегне, со обзир на развиеноста на високософистицираните технологии,

посебно информатичките што светот го претвара во глобално село.

Таков глобален отворен пазар наметнува високи критериуми за квалитет,

развојни способности и афинитети на претпријатијата како и компетенција на

менаџерите. Отвореноста кон светскиот пазар, длабоката меѓународна

интеграција и револуција во знаењето во економијата обликуваат глобализација

како процес со се помали можности националните држави да влијаат на

економските процеси.

Владите на поедини држави располагаат со се помала моќ која преоѓа во

рацете на менаџерите со мултинационални интереси на кои се подредени и

најголемите држави во светот, што предизвикува губење на државниот

капитализам и националноста на државата. На меѓународен план владите

делуваат се повеќе заедно со меѓународните организации, од Соединетите

народи до Генерал Моторс. Како пример можеме да го наведеме Фиат, симбол на

италијанска семејна и национална индустрија, која конечно и попушти на

глобализацијата и се здружи со мултинационалниот амерички партнер Генерал

Моторс.

Глобализацијата може да биде сфатена како ширење, продлабочување и

забрзување на светската меѓузависност во сите аспекти на модерниот општествен

живот, од култура до криминал, од финансии до духовност.

Тешко е да се дефинира глобализацијата, а уште потешко е да се изведе

прецизен заклучок за тоа како глобализацијата го зголемува или намалува

степенот на безбедност. Ако безбедноста е барање на отсуство или намалување

5

Page 6: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

на заканите во анархичниот свет, глобализацијата може да ги зголеми или намали

безбедносните резултати.

Ваквата изменета слика, честопати се опишува како ново безбедносно

опкружување во кое заканите, односно ризиците и несигурноста сé повеќе

произлегуваат од не-воената сфера на безбедноста, отколку од традиционалната

безбедносно воена сфера.

Новото безбедносно опкружување се опишува како многу подинамично и

неизвесно, исполнето со опасности за кои традиционалните безбедносни системи

не можат да понудат сеопфатен одговор.

1.3 Процес на глобализација

Процесот на глобализацијата започнува со индустриската револуција и

капиталистичкиот начин на производство, чија цел е постигнување и зголемување

на профитот. Профитот може да се зголеми со побрз раст на производството од

трошоците за исто ниво на производство. Индустриската револуција и

технолошкиот напредок ги смалија трошоците на производството и овозможија

создавање на нови производи, претходно потполно непознати.

Процесот на глобализацијата е поттикнат особено со технолошкиот

напредок во телекомуникацијата и транспортот, а крајот на 20 век ја донесе

информатичката технологија. Економски гледано, може да се каже дека главните

причинители и поттикнувачи на глобализацијата се капиталистичкиот начин на

производство, технолошкиот напредок и меѓународната регулација.

Во глобалното стопанство факторите на производството, природните

ресурси, капиталот, технологијата, работата информации како и стоките и

услугите слободно се движат во светот.

Шпекулантите заработуваат префрлајки ги наведените фактори од местата

каде се најефтини во места каде се најскапи, а производителите ги лоцираат

6

Page 7: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

своите погони таму каде е најефтино- во неразвиените земји. Домашниот пазар

повеќе не постои, тоа е дел од единствениот глобален пазар. Основната цел на

глобализацијата е профитот, потоа освојување на нови пазари, пронаоѓање на

нови пазари, пронаоѓање на нови и поефтини суровини, намалување на ризикот

во работата, отстранување или ограничување на конкуренцијата и доминацијата

во светската размена од страна на неразвиените светски земји. Глобализацијата

вклучува потполна економска либерализација, т.е. отварање на врата на крупните

бизниси. Мултинационалните компании се на чело. Владите создаваат

максимално поволни услови за пораст на нивните бизниси.

Глобализацијата има позитивни и негативни влијанија , односно аспекти на

друштвени, стопански, комуникациски, национални и други фактори.

Позитивните влијанија на глобализацијата се превземање и креативност на

главните носачи, добра организација на работата, развој на нови извори на

енергија при што се набројани влијанијата кои се посматрани низ интеграција на

науката и производството. Другата група на позитивни влијанија го сочинуваат

структурирањето на производите каде работно-интензивното производство се

лоцира во земјите во развој затоа што има ефтина работна сила, а капитално

интензивното производство се лоцира во подрачјата на развиените земји. Третата

група на позитивни влијанија ја сочинува меѓузависноста која се одразува низ

регионалните здружувања, пренос на знаење, пренос на технологија, едуцирање

на работниците, можност за техничко-технолошко и производно образување на

млади луѓе и така натаму.

Негативните влијанија на глобализацијата се изразуваат преку општи

влијанија – наметнување на обичаи и сваќања од страна на развиените и

поттиснување на домашните традиционални вредности. Глобализацијата

доведува до нерамномерна вработеност, финансиски доминации на развиените

земји (затоа што развиените имаат капитал), ограничување во развој и така

натаму.

7

Page 8: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

2. Економска глобализација

Економска глобализација — слободна трговија и растечки односи помеѓу

членовите на една индустрија во различни делови на светот (глобализација на

индустријата) со кореспондирачка ерозија на националниот суверенитет во

економската сфера. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја дефинира

глобализацијата како „растечка економска меѓузависност на држави ширум светот

преку зголемен број на начини на прекугранична трансакција на стоки и служби,

послободен интернационален економски проток и побрза и поширока дифузија на

технологијата”

Ако економската глобализација ја сватиме во најтесна смисла или како

растеж на стопанството и на меѓузависноста помеѓу државите ширум светот и

тогаш мора да бидеме свесни дека не е доволно стопанските врски да ја

преминуваат границата на државите или регионите, туку е потребно да се

воспоставуваат со голем број на земји и да имаат тенденција да го опфатат

целиот свет т.е да станат глобални и дека се тек тогаш составен дел од процесот

на економската глобализација.

Одамна сме научени дека на потребите и нивниот раст, гледано на

разликите на домашната потрошувачка и производство. т.е инвестицијата и

штедењето, а спрема нивната економска политика, почиваат главните текови на

економските интеграции : меѓународни текови на стока, меѓународни текови на

капитал и нивниот раст.

Двата главни текови на глобалната економска интеграција : меѓународните

текови на капиталот и меѓународните текови на стока се одвиваат циклично, но

имаат јасна тенденција на брз раст, значајно побрзо отколку што е растот на

вкупниот производ.

8

Page 9: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

2.1 Меѓународните текови на капиталот

На глобален план, финансиите се повеќе стануваат дигитална дејност,

затоа што финансиските пазари денес стануваат внатрешност на компјутерските

мрежи и повеќе нема потреба за физички структури.

Последната декада на 20 век го одбележи растот на висока мобилизација

на капиталот, интернационална мобилност на капиталот и неговата

концентрација, која запленува со брзината на инеграција, експанзија и обем. Во

вкупните, нови текови на капиталот, се одвивале две значајни структури на

промени: едната е значајно преусмерување на банкарските кредити на посредни и

непосредни инвестиции и инвестиции во државни хартии од вредност, а другата

до азијската финансиска криза, преусмерување на инвестирањето од

супериндустријализирани на ново индустријализирани земји, вклучувајќи ја тука и

Кина.

Денес практично сите земји од светот, и богати и сиромашни се увозници и

извозници на капиталот.

2.2 Меѓународните текови на стока

Брзиот раст и необично големата брзина и обем на движење на некои облици на

капитал како и фактот дека практично целиот свет е покриен од мрежа на

транснационални и меѓународни финансиски претпријатија, сеуште не значи дека

меѓународните текови на капиталот станале главен инструмент на економската

глобализација. Во спротивност, меѓународното пазарување било и остана

најглобализираниот вид на меѓународни економски односи.

Благодарејќи на од една страна, многу диманичниот раст на индустриското

и земјоделското производсво во поединечни региони и земји, а од друга страна на

либеризацијата на светската трговија, меѓународната трговија расте брзо и

постојано.

9

Page 10: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

Меѓународното движење на стока е попратено со движењето на парите и

капиталот. Системот на меѓународното плаќање во својот развој доведе до

постигнување на меѓународни споразуми за системот на меѓународните плаќања

и институции, кои го овозможуваат и олеснуваат плаќањето. Создаден е

меѓународен монетарен систем. Технолошкиот развој, од една страна, т.е

либерализацијата на тековните и капиталните сметки, од друга страна доведе до

еден страшен пораст на тековите на капитал, така да финансиската интеграција,

всушност е независна од другите аспекти на економската интеграција, односно

финансиските текови повеќекратно ги надминаа економските текови на стока.

Клучна улога во процесот на глобализацијата на тековите на стоките (исто

како и глобализацијата на технологијата) играат мултинационалните компании.

2.3 Носители на глобализацијата

Како што претходно наведовме, клучна улога во глобализацијата имаат

транснационалните компании. Транснационалните комании се опишуваат како

компании кои соработуваат ширум светот. Ваквите компании имаат седиште во

една земја, а соработуваат во многу земји (Генерал Моторс, ИБМ, Генерал

Електрик, Тојота).

Транснационалните компании многу ги користат предностите на работните

прилики во многу ралични земји. Компаниите со операции распрострени ширум

светот понекогаш имаат пристап и на природните ресурси и материјали кои

можеби не се секогаш достапни на домашните компании. Предностите од

мултинационалните делувања мораат да бидат одмерени во однос на

предизвиците и ризиците поврзани со делувањето во странски опкружувања. Еден

од проблемите претставува пораст на национализмот во многу земји. ТНК мораат

да одржуваат добри односи со земјата домаќин, што може да биде тешко, затоа

што доаѓа до често менување на владата, а корпорациите мораат да се носат со

тие промени и непрестано да им се прилагодуваат.

10

Page 11: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

Иако многу компании тежат кон постанување на глобални, само неколку во

тоа успеале. Тоа бара развивање на производот имајќи го на ум целиот свет. При

донесување на статешки одлуки треба да се води сметка за целокупниот свет,

додека тактиките мораат да бидат прилагодени во национално и локално

опкружување. Со компаниите од земјите во кои глобалните компании е

оневозможен пристапот, потребно е да се основа стратешка алијанса.

3.1 Транснационалните компании како економски ефект на процесот

на глобализацијата

На феноменологијата на ТНК2 во современата економска литература и се

посветува исклучително значење – се испитуваат корените на нивното

настанување, се утврдуваат нивните битни карактеристики, се анализира

суштината на нивната експанзија, развојна стратегија, мотивите на нивното

производтво и.т.н.

Големи истражувања се вршат врз проблематиката на ТНК , не само заради

ширината на тоа поле, како главна претпоставка за реализирање на една тимска

обсервација и испитување, туку пред се заради актуелноста на овој феномен. ТНК

на некој начин претставуваат оска на вртење на целата Земјина топка, ако не

повеќе ама сигурно во поширока економска смисла на зборот. ТНК се во центарот

на вниманието, ако не се срцето ама се главната артерија која ја снабдува

светската економија со потребниот прилив на „економска крв” – капиталот и тоа

преку најнепосредно вбризгување во срцето, во форма на директни инвестиции.

Можеби ТНК ја имаат само „шемата за кроење”, можеби само „ножицата”,

„материјалот”, „иглата”, а можеби некаде, а сигурно во најголем број случаеви и

сите елементи на креацијата заедно. Транснационалните компании сега се битен

елемент во институционалната структура, заедно со глобалните финансиски

пазари и транснационалните комерцијални блокови. Една од најзабележливите

трансформации настанати под влијание на неолибералната економска

2 Транснационални компании

11

Page 12: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

глобализација е огромната концентрација на економска моќ во рацете на

транснационалните компании: од 100 економски најјаки системи во светот, 47 се

транснационални компании, 500 транснационални компании контролираат 70% од

вкупната светска трговија, а 1% од транснационалните компании држат 50% од

директните странски инвестиции.

3.2. Зашто транснационалните компании се толку моќни ?

Доминацијата на неколкуте транснационални компании во светот следи

природно со развојот на капитализмот кој е базиран во потрага по најголем

индивидуален профит. За да се направи тоа, капиталистите се принудени да се

натпреваруваат еден со друг, зголемувајќи го производството, нивната продажба,

отварајќи нови пазари, понатамошна експлоатација на постојните пазари и

селење на капиталот во нови земји кои имаат ефтин труд и ефтини суровини, итн.

Резултат е концентрирањето на богатството во помалку и помалку раце: на една

рака може да се стават големите корпорации во развиените капиталистички земји

кои надвладуваат со целиот свет. Секогаш кога не можат да ги наметнат нивните

услови само со економски методи, транснационалните компании ги користат

политичките и воените институции на своите земји по потекло (влади,

парламенти, закони и армии на големите сили како САД, Европа или Јапонија) со

цел постигнување на нивните цели. Често пати тие сакаат да ги скријат нивните

вистински интереси за овие интервенции под изговор одбрана на „хуманитарните

интереси”.

Глобализацијата е димна завеса да се прекрие вистинската природа на

системот. Описот кој најдобро го дефинира денешниот капитализам

карактеризиран со интернационална експлоатација на работничката класа и

народите на светот од неколку суперсили и транснационални компани, е

империјализам.

4. Глобализацијата и економскиот развој во Р. Македонија и другите

земји на Југоисточна Европа

12

Page 13: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

4.1 Странските директни инвестиции како ефект

Познато е дека СДИ3 се јавуваат како главни двигатели во забрзувањето на

економската трансформација и реконструкција во речиси сите транзициони

општества. Тие придонесуваат за лесно реинтегрирање во светската економија,

но и за поставувањето на правилата и на принципите на отвореното пазарно

општество. Доколку ги анализираме бенефитите од СДИ во земјата, можеме да

направиме две суштински поделби на нивното влијание - микроекономско и

макроекономско.

На макроплан, тие претставуваат финансиски извор на јавни инвестициски

проекти и извор на девизни средства што го намалуваат долгот кон странство

На микроекономско ниво, пак, тие ја иницираат појавата на нови

технологии, менаџерски техники и знаења, и притоа влијаат на подобрувањето на

квалитетот на производите и на услугите, на целокупната конкурентност, како и на

пристапот до странските партнери и до новите пазари - како клучни елементи во

преструктурирањето.

4.2 Трендовите во врска со странските директни инвестиции во

земјите на Југоисточна Европа

Бугарија, Хрватска и Романија се веќе атрактивни инвестициски

дестинации, понекогаш дури и поатрактивни од некои земји-членки на ЕУ.

Значителниот влез на СДИ во нивните економии предизвика поделби во ЈИЕ, а

токму тие се означени како фаст-трацк земји за интеграција во ЕУ. Овие факти

дополнително ја потенцираат важноста на влезот на СДИ во економијата.

Македонија зазема уникатна позиција во очите на западниот свет, односно во

очите на потенцијалните главни инвеститори.

3 Странски директни инвестиции

13

Page 14: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

4.3 Трендовите во Македонија

И покрај тоа, од независноста до денес, влезот на Странските Директни

Инвестиции во Македонија е незначителен. Кумулативната вредност на

Странските Директни Инвестиции во периодот од 1991 до 1995 изнесува

симболични 40 милиони долари4. Отсуството на интерес кај странските

инвеститори се должи, пред сé, на веќе споменатите факти, како што се:

политичката нестабилност, лошите економски перформанси, немањето стратешки

партнер, а тоа се клучните фактори за незначителниот прилив на Странските

Директни Инвестиции во една економија.

Подобрувањето на имиџот преку преземањето бројни мерки на политички и

на економски план, придонесе за тоа 1998 година да биде клучна година за

Македонија од аспект на привлекувањето на Странски Директни Инвестиции во

економијата. Барем така велат цифрите. Ако на тоа се додадат и значително

подобрите економски односи со Грција, што пред сé се должеше на новата и

поотворена политичка ориентација на коалицијата на власт, тогаш може да се

дојде до тоа како Македонија во 1998 година доби прилив од дотогаш

незамисливи 121 милион евра5.

Но, Македонија е проколната да не може да спои две последователни

години на планот на Странски Директни Инвестиции, без регионални турбуленции.

Во годините од 1999 до 2001 во Македонија беа забележани голем број грчки

инвестици, во речиси сите сектори на економијата.

Колку за споредба, во 1998 година учеството на грчките инвестиции

изнесуваше 29% од вкупниот прилив на Странски Директни Инвестиции во

Македонија, во 1999 - 35%, а во годините што следуваат тој процент се одржува

на над 30% од вкупните странски инвестиции. Моменталните официјални и

неофицијални податоци покажуваат дека вкупното учество на грчките Странски

Директни Инвестиции изнесува повеќе од 600 милиони евра, бројка којашто е

4 www.dzs.gov.mk5 www.dzs.gov.mk

14

Page 15: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

незанемарлива и заслужува почит - се разбира имајќи го предвид вкупното

инвестирање.

Во последните години во Македонија се отворени многу малку фабрики со

странски капитал но, за разлика од тоа, отворени се повеќе трговски центри, а се

најавуваат и други. А тоа, пак, не води кон создавање поголем број нови работни

места, од каде што следува дека изостануваат големите ефекти од самиот прилив

на странски инвестиции.

Најнапред, сепак, ќе треба да се направи увид во тоа како стои Македонија

во однос на приливот на странски инвестиции. Имено, ако се гледаат и

споредуваат износите на влеаните странски инвестиции во секоја од државите од

нашиот регион ставени во однос на бројот на жителите во секоја држава (тоа се

реални бројки), тогаш апсолутен шампион е Хрватска, по неа следуваат, само

никако не толку шампионски, Бугарија и Романија, но веднаш потоа е Македонија,

а сите други држави од регионот се зад Македонија6.

Исто така, ако се гледаат и споредуваат износите на влеаните странски

инвестиции во секоја од државите од нашиот регион ставени во однос на висината

на бруто-домашниот производ на секоја држава, повторно апсолутен шампион е

Хрватска, по неа следува Бугарија, па Македонија, а и Романија и сите други

држави од регионот се по тоа. И токму во тоа е нашата поента - дека Македонија,

фактички, има прилив на странски инвестиции толку колку што и има капацитет да

ги има.

Убедливо најголем дел од странските инвестиции во Македонија се

инвестиции во потрага по пазар (вториот вид); потоа следуваат оние кои се

инвестиции во потрага по природни суровини (првиот вид); само мал дел се

инвестициите во потрага по ефикасност; а инвестиции од четвртиот тип нема

воопшто.

И тоа е тоа, како што рековме и претходно, точно согласно со реално

постојниот капацитет на Македонија да апсорбира странски инвестиции. Но,

6 www.a1.com.mk

15

Page 16: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

наедно, покрај одговор на прашањето какви странски инвестиции имаат навлезено

и/или најавуваат влез во Македонија, го имаме и одговорот на прашањето зошто е

тоа така. Треба само да бидеме искрени спрема себеси - речиси единственото

нешто што Македонија може реално да го понуди на странски инвеститори е

побарувачката што постои на домашниот пазар и која, иако релативно мала (или

тоа само ние мислиме дека е така), сепак, е атрактивна за нив. Тие секогаш

настојуваат да ја опфатат целината на еден пазар (цел регион од кој Македонија е

составен дел), па ако не одат преку дилери и дистрибутери, тогаш инвестираат во

продажни салони, маркети и слично. Можностите за натамошен прилив на

инвестиции во потрага по природни суровини во Македонија се речиси исцрпени,

бидејќи оние природни наоѓалишта што се исплатливи веќе се зафатени. А

нашата евтина и квалитетна работа сила? Реално, далеку сме од тоа. Ниту по

ниската цена (иако мислиме дека имаме мали плати), ниту по продуктивноста,

немаме ама баш никакви предности споредено со други држави – напротив.

Заклучок

Преку анализата на севкупниот материјал за обработка на оваа тема која

привликува огромен јавен интерес детално се запознав со можностите за

16

Page 17: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

придобивка и заканите од глобализацијата. Таа ја потикнува промената од

индустрии на кои им е увозот конкуренција, во експанзија на нови конкурентни

извозни индустрии, глобализацијата обезбедува широки можности во

потрошувачката, преку пониски цени и производствени трошоци. Секако

незаобиколни се и негативните последици кои се резултат на експанзијата на

глобализацијата. Ова доведува до преселба на работната сила, невработеност,

пониски приходи во други сектори. Секако најголемото противење го забележав

од домашните производствено насочени претпријатија и лица кои не се способни

да се носат со гигантите од меѓународната конкуренција.

Глобализацијата доведува до нагло рушење на социјалните и

културолошките специфичности на одредени земји кои се усмеруваат кон

отварање на внатрешната економија и замена на трговскиот протекционизам со

либерализација на трговијата.

Доста голема придобивка е хармонизацијата на стандартите и

промовирањето на култура на ефикасност во производството и услугите. Во

целост глобализацијата поседува позитивни и негативни карактеристики но, наша

главна определба не треба да биде оцена на глобализацијата туку искористување

на можните придобивки и нејзино прифаќање како незапирлив светски процес.

Користена литература:

1. Андревски. Б ,, Меѓународен менаџмент,, Европски универзитет, Скопје,

2007

17

Page 18: Proektna Zadaca - Globalizacija i Ekonomski Razvoj Vo RM

2. Петковска Т. Мирчевска, “Меѓународен маркетинг”, Економски институт,

Скопје 2007

3. Др.Бранко Ракита , “Medzunarodni biznis i menadzment”, 2006, Економски Факултет,

Београд

4. Интернет литература :

- www.a1.com.mk

- www.kapital.com.mk

- www.economy.gov.mk

- www.dzs.gov.mk

- http://mk.wikipedia.org

18